Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа...

16
2009 M T TRANSPARENTNOST MAKEDONIJA SKOPJE ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ Транспарентност Македонија за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството во 2009 г. www.transparentnost-mk.org.mk 2009 Вовед Измината, 2009 година, Транcпарентност Македонија (ТМ) продол- жи редовно и непосредно да ги следи состојбите во борбата против коруп- цијата и криминалот, како и состојбата со транспарентноста во општеството и во функционирањето на државните органи и други институции кои распо- лагаат и трошат јавни пари или други јавни средства и ресурси во Репуб- лика Македонија. Стручниот тим на ТМ, составен од повеќе јавно и академски потврдени експерти, континуирано ја анализираа и опсервираа состојбата преку следење на 6-те антикорупциски столбови: економскиот и финансискиот систем; политички систем (Собрание и политички партии); јавна администрација и локална самоуправа; граѓански сектор, медиуми, ме- ѓународна заедница; правосудство; и институции надлежни за надзор. Како резултат на ваквото континуирано следење на состојбите во повеќе области поврзани со неправилностите, кршењето на законските и други процедури, сомневањата за извршени коруптивни и криминални дела или недостатокот од транспарентност и јавност во работата на државата и нејзините органи и институции, ТМ објави еден годишен извештај за 2008 г., еден четиримесечен извештај (јануари - април 2009 г.) еден тримесечен (јуни - август 2009 г.) пет месечни извештаи (мај, септември, октомври, ноември и декември 2009 г.), и 5 посебни соопштенија до јавноста, со на- ведување на стотина конкретни случаи, но и феномени и системски тен- денции, од областите што беа предмет на опсервација. Овие извештаи дадоа детален пресек на повеќето недостатоци што се појавија во функцио- нирањето на сите три гранки на власта, со нудење конкретни препораки и со- вети во областа на одговорното и законско анти-корупциско работење. Намерата на ваквата интензивна мониторинг-активност е актерите во маке- донската политика, надлежните државни органи и институции, како и граѓа- ните, овие јавни укажувања, предупредувања и препораки да ги сфатат конструктивно, како еден континуиран и објективен механизам за следење

Transcript of Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа...

Page 1: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

2009MT

TRANSPARENTNOSTMAKEDONIJA

SKOPJE

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Транспарентност

Македонија

за состојбата воборбатапротив корупцијата и криминалот исостојбата со транспарентноставо општеството во2009 г.

www.transparentnost-mk.org.mk

2009

Вовед

Измината, 2009 година, Транcпарентност Македонија (ТМ) продол -жи редовно и непосредно да ги следи состојбите во борбата против коруп-ци јата и криминалот, како и состојбата со транспарентноста во општествотои во функционирањето на државните органи и други институции кои распо-лагаат и трошат јавни пари или други јавни средства и ресурси во Репуб-лика Македонија. Стручниот тим на ТМ, составен од повеќе јавно иака демски потврдени експерти, континуирано ја анализираа и опсервираасостојбата преку следење на 6-те антикорупциски столбови: економскиот ифинансискиот систем; политички систем (Собрание и политички партии);јавна администрација и локална самоуправа; граѓански сектор, медиуми, ме-ѓу народна заедница; правосудство; и институции надлежни за надзор.

Како резултат на ваквото континуирано следење на состојбите воповеќе области поврзани со неправилностите, кршењето на законските идруги процедури, сомневањата за извршени коруптивни и криминални делаили недостатокот од транспарентност и јавност во работата на државата инејзините органи и институции, ТМ објави еден годишен извештај за 2008 г.,еден четиримесечен извештај (јануари - април 2009 г.) еден тримесечен(јуни - август 2009 г.) пет месечни извештаи (мај, септември, октомври,ноември и декември 2009 г.), и 5 посебни соопштенија до јавноста, со на-ведување на стотина конкретни случаи, но и феномени и системски тен-ден ции, од областите што беа предмет на опсервација. Овие извештаидадоа детален пресек на повеќето недостатоци што се појавија во функцио -ни рањето на сите три гранки на власта, со нудење конкретни препораки и со-вети во областа на одговорното и законско анти-корупциско работење.На мерата на ваквата интензивна мониторинг-активност е актерите во маке-донската политика, надлежните државни органи и институции, како и граѓа-ни те, овие јавни укажувања, предупредувања и препораки да ги сфататконструктивно, како еден континуиран и објективен механизам за следење

Page 2: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

на состојбите во Република Македонија во областа на транспарентноставо општеството и борбата против криминалот и корупцијата.

Многу мал дел од нашите забелешки и препораки беа земенипред вид, а одговорните институции спомнати или прозивани во реакциитена ТМ најчесто не реагираа или со одредена доза на нетрпеливост јавно гиотфрлаа забелешките.

ТМ, како политички независно и непрофитно граѓанско здружение,не претендира дека објавените месечни извештаи се единственото мерилона реалните состојби во Република Македонија, ниту дека во тие извештаисе опфатени сите случаи на корупција, нетранспарентност или друг вид накриминални злоупотреби во сферата на јавната политика и трошењето најавни пари во Македонија. Во атмосфера на висока исполитизираност, раз-лич ни поделености во општеството и недоизграденост на институциите насистемот, ТМ преку овие извештаи се труди, користејќи го демократскотоправо и правото на јавен ангажман, одговорно и отворено да проговори вообласт во која ниту само политичарите, ниту само органите на државнатауправа го немаат правото на монопол врз вистината и правото на влијаниеврз формирањето и спроведувањето на политиката.

Во оваа смисла, овој Годишен извештај претставува селекција, ноистовремено и симбиоза на најбитните настани во повеќе области, интегри -ра ни во повеќе тематски и логички целини, со цел полесно следење и си-стематизација на различните случувања во изминатата година, теснопо врзани со феномените кои беа предмет на месечната опсервација. Пуб-ликата што е цел на овој Годишен извештај не е само стручната и експерт-ска јавност во Македонија, туку и поширок граѓански аудиториум кој со правое заинтересиран за тоа како се креираат политиките, како се трошат јавнитепари и како се спроведуваат законите во областа на борбата против коруп-цијата и организираниот криминал во Република Македонија.

МИСИЈА

Држава во која владее правото, а владата,

политиката, бизнисот, граѓанското

општество и секојдневниот живот на

луѓето се без корупција.

ВРЕДНОСТИ

Транспарентност, одговорност,

солидарност, смелост, правичност,

демократија, интегритет.

Членови на Управен одбор

M-р Сашо Орданоски - претседател

Мирче Чекреџи - потпретседател

Сашо Клековски

Џевдет Хајредини

Проф. Д-р Ванчо Узунов

Дритан Крифца

М-р Даниела Лазаревска

Калина Миљовска

М-р Дане Талески

Членови на експертска група

Проф. Д-р Гордан Калајџиев

Драган Малиновски

Проф. Д-р Ана Павловска Данева

Калинка Сентиќ - Габер

Проф. Д-р Ризван Сулејмани

Проф. Д-р Предраг Трпески

Извршен директор

Ана Јаневска Делева

Издава:

Транспарентност Македонија

Ферид Бајрам бр. 39

1000 Скопје

Тел/факс:02/3121100

Емаил: [email protected]

Веб страница: www.transparentost-mk.org.mk

За издавачот:

M-р Сашо Орданоски, претседател на ТМ

Печати: Форумпринт Д.Е. - Куманово

Тираж: 500 примероци

Page 3: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

Резиме

Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено во работатана државните органи и институции, продолжи политиката на нетранспарентноработење и незаконско и недомаќинско трошење на државните пари, при штосе бројни случаите на кршење на законските процедури и принципите на отчет -но и совесно управување со јавните средства и интереси. Владата на Републи -ка Македонија, наспроти политички декларираните цели и скапо платенитерек ламни кампањи за борба против корупцијата и транспарентно работење, сосвоето делување произведува загрижувачки состојби.И во 2009 г. вработувањата во државната администрација и во државните ор-

га ни незапирливо продолжува, исклучиво врз партиска и/или роднинска основа.Никој со точност не знае кој е бројот на вработени државни службеници, иако соточност се знае дека тој голем растечки бирократски апарат се алиментира врзгрбот на даночните обврзници. Проценка е дека во последните 2-3 години др -жавната администрација е порасната за цели 30%. Потсетуваме дека големитедржавни административни апарати, пронижани со висок степен на судир на ин-те реси, се еден од најсигурните извори на коруптивни практики во општеството.Како и во изминатите години така и во 2009 г., продолжи практиката на пропад-на ти или сомнителни тендери распишани од страна на државата. Во јавноста неможеа да се добројат проблемите во изминатата и неколку години наназад приграндиозните јавни набавки или јавни продажби од областа на хотелиерството,„сончевите градови“, информатиката и компјутерите, енергетиката, жичницитеи автобусите, спомениците и фонтаните, стокатниците и мостовите, музеите,автомобилите, хеликоптерите, спортските сали и аеродроми, полициските маи -ци, лековите и другата медицинска опрема и помагала... Јавните набавки и во2009 г. останаа како еден од главните извори за корупција во државата. Сегашниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата и воизминатата година продолжи да работи како ефикасен инструмент на Владатаза политички пресметки и криење на состојбите во областа на своите надлеж-нос ти. Ваквите оценки, за жал, се повторуваат од година во година, а за тоаникој не носи ни политичка, ако веќе не и некој друг вид на одговорност. Наме-сто контролор на работењето на власта, ДКСК се претвори во декор кој го оза-конува кршењето на законите и коруптивните практики. Оттука сериозно сепоставува прашањето за темелно преиспитување од натамошното постоењена овој орган, во ваков формат и делување. Уште повеќе што за ваквото функ-ционирање државата годишно одвојува 250.000 евра јавни пари.Во сферата на трошењето јавни пари за партиски и политички цели во областана пропагандата се претвори во делотворен механизам на Владата за ширењена големи коруптивни зделки и суштинско нарушување на елементарните демо -крат ски принципи во сферата на слободата на јавното информирање и медиу -мите. Владино-медиумската коруптивна спрега е толку голема, што прет ставуваеден од клучните столбови за начинот на владеење на оваа власт.Политичките пресметки и конфликти, јавните повици за политички линч на не-ис томислениците, делењето „телевизиска правда“ и заканите од најразличенвид за секој кој не се согласува со постапките и идеите на власта, во 2009 г. ес-ка лираа до степен што директно се заканува по здравјето и имотот на многу одопонентите на оваа власт. Транспарентност Македонија предупредува дека вла-дее њето според принципот на ширење на страв во општеството и кај политич-

3

Карикатурите објавени на

страниците од овој Извештај се

наградените дела од конкурсот

за карикатури објавени по повод

9-ти декември, Меѓународниот

ден за борба против

корупцијата.

Page 4: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

ките противници може да биде исплатливо за власта на краток рок, но е ката-стро фално во однос на темелните национални интереси и опстанокот и раз-војот на демократијата во државата.

I. ДЕМОКРАТИЈАI.1. Институционална реакција на детектираната корупција

Прашањето за институционалната реакција на детектиранта коруп-ција заслужува посебна елаборација, бидејќи е повеќе од очигледно дека тоа е„тесното грло“ во реализацијата на каква било антикорупциска политика водржавата. Во изминатата 2009 г. во Република Македонија се манифестирашејалова и парадна борба со корупција, којашто продолжи, како и во претходнитегодини, главно да се занимава со моделирање на перцепциите во јавноста засамата државна антикорупциска активност, наместо со вистинското справувањесо распространетоста на овој општествен проблем. Продолжи прогонот на, восуштина, малите форми на корупција, од типот на поткуп на полицајци и цари-ници со по 5–10 евра. Но, режираните медиумски спектакли, со учество на ко-лони џипови со полициски специјалци кои приведуваа бројни осомничени, воникој случај не можат да ја компензираат немоќта на институциите за справу-вање со облиците на крупната и софистицирана корупција, која точно се от-сликува во ревизорските извештаи. Кога велиме софистицирана, не мислимена нејзината перфектна и уникатна изведба, со оглед да тоа дека таа најчестое во вулгарна и примитивна форма на незаситна алчност на разни ешалони навладеачките структури, туку поради инволвираноста на високи партиски функ-ционери од власта.

Во системското соочување со овој тип на корупција имаме комплетнапарализираност на линија МВР–јавно обвинителство–суд. Наместо надлеж-ните институции во врска со спомнатите наоди на ДЗР да покренат официјалнипостапки пропишани со закон, после секое укажување следуваат агресивнипрес-конференции на партиски и ресорни портпароли со закани до граѓанскиотсектор, новинарите или опозицијата за посочените скандали. Со оглед на про-филот на прозваните функционери во ревизорските извештаи, ниту МВР нитуЈавниот обвинител воопшто не пројавуваат каков било интерес за процесуи-рање на истрагите.

Она што особено загрижува е несфатливата пасивност на Јавното об-винителство. Согласно Законот за државна ревизија, извештаите кои во себесодржат елементи на злоупотреба, со елементи на криминал и организиран кри-минал во себе, задолжително се доставуваат и до Јавниот обвинител. Со огледна тоа што во текот на 2009 г. ДЗР презентираше податоци за злоупотреби намилионски суми (во евра), поразително е сознанието дека од Јавното обви-нителство не произлезе ниту едно (и со бројка: 0) барање за спроведувањеистрага до надлежен суд против прозваните и надлежните функционери.

Паралелно со ова, и со новиот Закон за внатрешни работи се про-должува практиката на нетранспарентност и игнорирање на мислењето на екс-пертите и граѓанскиот сектор од страна на МВР при донесување на многу важнизаконски проекти кои ги тангираат човековите права и слободи. Овој Законостана на застарени и етатистички модели на устројување и делување на„тајната полиција“, без јасно правно уредени надлежности, овластувања и безможности за каква било реална надворешна контрола врз работата на безбед-носните служби. Со намерните недоречености на Законот најмногу ќе страдаприватноста на граѓаните, бидејќи и натаму нема инструменти за каква билоефикасна контрола врз прислушкувањето и врз Управата за безбедност и конт-

4

Режираните медиумски

спектакли, со учество на

колони џипови со полициски

специјалци кои приведуваа

бројни осомничени, во никој

случај не можат да ја

компензираат немоќта на

институциите за

справување со облиците на

крупната и софистицирана

корупција, која точно се

отсликува во ревизорските

извештаи

Втора награда Драган Китановски (Октопод)

Page 5: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

раразузнавање. За да се спречи арбитрерност и политичка злоупотреба наслужбата за цели на политичките елити на власт, и да се обезбеди владеењетона правото и почитување на човековите права, особено е важно јасно да се ре-гулираат надлежностите на службата и овластувањата на нејзините припад-ници. Но, секое покренување на овие дилеми во стручната и општата јавност воМакедонија наидуваше на одбивност и игнорирање од страна на надлежнитеинституции и владеачката политичка гарнитура.

I. 2. Партиски притисок и рекет врз македонските бизниси

Во 2009 г. во јавноста сé повеќе превладеа тезата дека државните ин-ституции вршат перманентен, селективен и осмислен притисок врз македон-ските фирми и граѓани со изрекување на различни казни, глоби и „измислени“нови давачки. Ваквиот притисок се објаснуваше со потребата да се наполнидржавниот буџет, кој поради слабата економска активност не можеше да го реа-лизира планираниот приход. Еден од начините да се приберат средства бешеда се изрекуваат казни врз физичките и правните лица.

Случајот со смената на директорот на Државниот пазарен ин-спекторат го отвори до сега многу често поставуваното прашање: Дали вла-дејач ката гарнитура преку одделните инспекторати врши притисок и насистематски начин зема рекет од бизнисите во Република Макеоднија? Од-бивањето на државните институции надлежни за прогон да покренат истрага воврска со овој скандал само ја засилува претпоставката за постоење на органи-зиран државно-партиски рекет во македонската економија.

Ваквите шпекулации беа доста фрекфентно елаборирани во јавностазаради праксата државните инспекторати и другите државни институции коиможат да изрекуваат казни постојано да се присутни во фирмите, а бројот на каз-нетите компании по еден или друг основ да го надмине бројот на неказнетитево бизнис-секторот во земјава. Доста често ваквите казни се покажуваат како не-основани и неправедни. Примерите се многубројни, но како илустративен ќе госпомнеме оној со Дирекцијата за спречување на перење на пари и финанси-рање тероризам. Таа изрекуваше казни на брокерските друштва со минимум5.000 евра за правното лице и 1.000 евра за одговорното лица заради тоа штоне ги пријавувале во Дирекцијата клиентите кои тргувале со хартии од вред-ност, иако тоа не е обврска на брокерските друштва, бидејќи сите трансакциипри тргувањето со хартии од вредност се одвиваат преку банкарски сметки, абанките се тие кои имаат обврска да доставуваат извештаи до Дирекцијата заспречување на перење пари и финансирање тероризам. Уште поилустративене примерот со поразителното јавно сведочење на осумтемина младинци одКочани, поддржано од сопственици на угостителски објекти од градот, дека ре-кетот на кој брутално биле изложени подолго време, станал неподнослив и декаполицијата свесно ја толерирала ваквата состојба во градот. Сето тоа кулмини-рало со нивно самоорганизирање, земање на правдата во свои раце и масовнафизичка пресметка – што претставува класичен пораз на правната држава.

Од притисоците не беа изоставени ни ретките странски инвеститори воземјава. Така, на пример, во месец декември по добивањето на Извештајот наЕвропската комисија за потребата од поголема независност на регулаторнитеоргани од извршната власт, претседателот на Владата на Република Македо-нија јавно го повика енергетскиот регулатор во земјава, кој по дефиниција требада е најнезависен – Регулаторната комисија за енергетика – да започне ин-тензивни контроли врз работењето на ЕВН со крајна цел да се најдат основи заодземање на нејзината лиценца за работа. Ваквото барање беше поткрепено со

5

Дали владејачката гарни-

тура преку одделните

инспекторати врши прити-

сок и на систематски начин

зема рекет од бизнисите во

Република Макеоднија? Од-

бивањето на државните

институции надлежни за

прогон да покренат истрага

во врска со скандалот со

директорот на Државниот

пазарен инспекторат

само ја засилува

претпоставката за

постоење на организиран

државно-партиски рекет во

македонската економија

Page 6: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

личното видување на премиерот дека оваа фирма била “најлошиот странскиинвеститор во Македонија”. Регулаторната комисија послушно се одзва на овојповик на Владата и започна жестока битка за изнаоѓање на незаконитости во ра-ботењето на автрискиот инвеститор во ЕВН. Останува нејасно, ако навистинаимало незаконито работење од страна на ЕВН, зошто членовите на Регулатор-ната комисија кои треба да бидат истакнати стручњаци, чекаа Премиерот каколаик во енергетската област да им каже што и кога да направат?!

I.3. Состојбата во цивилниот сектор и медиумите во 2009 г.

Продолжувајќи една пракса која веќе подолг период се провлекува воРепублика Македонија, во 2009 година бевме сведоци на кулминација во про-лиферацијата на фантомски, односно виртуелни невладини организации чиеделување беше во директна корелација со потребите и интересите на вла-дејачките центри на моќ, а со цел да се создаде привид дека (особено влади-ните) политики и практики се потпираат на активности и ставови на „слободни“граѓански и невладини организации. И покрај таксативните одредби кои го за-брануваат вршењето на политички активности или користење на имотот и сред-ствата на овие организации за остварување на цели на политичките партии, војавноста во точно определени периоди се појавуваа здруженија на граѓани чијацел беше да кренат врева околу некое политичко прашање и да замаскираат илида стават во втор план друго поважно прашање. Така, бевме сведоци на орга-низации кои повикуваа на македонската гордост, се бореа „Против враќањетона БЦ на политичката сцена“, „...За здрави животни стилови“ и за заштита надостоинството на Паљурци. И покрај постојаните укажувања од страна на Транс-парентност Македонија, ниедна од овие организации не се одважи да ги пре-зентира на поширокота јавност своите програмски цели, спонзори и потекло, сошто само дополнително ја засили нашата аргументација дека поттикнувањето,основањето и финансирањето на невладини организации (најчесто) од странана власта (преку државни или партиски иницијативи и средства) не значи про-длабочување на демократијата во земјата, туку нејзино уназадување.

Дополнителна дамка врз демократските процеси во државата, изра-зени преку делувањето на она што во развиените демократии се нарекувачетврт столб на власта, т.е. цивилното општество, фрли и неможноста за спро-ведување на граѓанската иницијатива - референдум. Имено, со престанокот нанадлежноста на Министерството за правда околу изборите, избирачките спи-соци и водењето обрасци за потписи за референдум и други граѓански ини-цијативи и формалното преминување на надлежноста во рацете на Државнатаизборна комисија (ДИК) се створи правен вакуум кој барем во еден случај им гоускрати правото на граѓаните да ги остварат своите со Устав загарантираниправа за влијание врз политичките процеси во земјата преку институтот гра-ѓанска иницијатива. Несфатливата инертност, игнорантскиот однос и отсуствотона политичка волја во предавањето на целокупната евиденција, технологија,архива и човечки ресурси од Министерството за правда до ДИК, како и отсу-ството на надлежен орган за издавање заверени и испечатени обрасци на коитреба да се стават потписи на граѓаните, ја блокираше иницијативата подне-сена од здружението на граѓани „Плоштад Слобода“ во врска со изградбата наверски објект во центарот на Скопје, со што дополнително ги разбурка тензиитеоколу ова чувствително прашање. Вообичаено, и за оваа неодржлива ситуацијаникој не ни помисли да поднесе макар политичка одговорност.

Финансирањето и политичкото влијание врз медиумите и во 2009 г.останаа најгорливи проблеми во македонскиот медиумски простор. Најслико-

6

Во јавноста во точно

определени периоди се

појавуваа здруженија на

граѓани чија цел беше да

кренат врева околу некое

политичко прашање и да

замаскираат или да стават

во втор план друго

поважно прашање

Финансирањето и

политичкото влијание врз

медиумите и во 2009 г.

останаа најгорливи

проблеми во

македонскиот

медиумски простор

Page 7: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

вит доказ за ова понудија мартовските локални и претседателски избори когадел од медиумите чија сопственичка структура е во блиски односи со одреденипартиски моќници не отстапи од тенденцијата за пристрасно и пропагандистичкоинформирање, со што кај јавноста се остави впечаток дека наместо промоторина медиумска неселективност, на избалансираност на информациите, непри-страсност и еднакво покривање на активностите на сите партии и кандидатиучесници во изборите, медиумите своите професионални активности ги на-сочуваа кон партиско мобилизирање, а не кон информирање на јавноста.

Иако загрижувачките состојби во македонскиот медиумски простор беанотирани од низа релевантни меѓународни институции како Извештајот за на-предокот на Република Македонија изготвен од Европската комисија, Годиш-ниот извештај на Freedom House за слободата на медиумите, како и оној наReporters without Borders, тоа сепак не ги освести надлежните органи да се од-важат и да поработат на отстранување на проблемите и прекршувањата на не-колку законски одредби од Законот за радиодифузна дејност. Така, воРепублика Македонија сé уште постојат барем двајца пратеници и уште неколкупретседатели на политички партии кои, спротивно на Законот, посредно или не-посредно, се сопственици на радиодифузери со национална или локална кон-цесија. Дополнително, важен дел од медиумскиот пазар функционира врзоснова на забранета медиумска концентрација, односно појава на радиодифу-зери кои истовремено се јавуваат како основачи на друштво од областа на печа-тот кое издава дневен весник што се дистрибуира на подрачјето на кое сеемитува условно речено нивна радио и/или телевизиската програма.

I.4. Случај "МРТВ"

Програмската, правната и организационата агонија во МРТВ продолжии во 2009 г., паралелно со сомневањата за направени злоупотреби во јавниотрадио-дифузер во државата. Според податоците изнесени во јавноста, ТМукажа дека договорот кој МРТ го склучила со продуцентската куќа "Кралот Алек-сандар Македонски" е спорен по најмалку три основи. Првиот беше формално-правниот, односно дилемата дали за тој договор расправал Управниот одбор наМРТ, или пак истиот бил самоволна одлука на нејзиниот директор. Вториотаспект беше нејасниот и крајно конфузен модел на плаќање (со компензацииво рекламниот простор и сл.), дополнително замаглен со изјавата на авторот напроектот дека продуцентската куќа воопшто и не ги наплатувала емитувањатана емисијата „Гласот на народот", што го доведува во прашање мотивот и биз-нис-моделот на оваа продуцентска куќа да создава и пласира програма во МТВ.Третиот, а веројатно и најматниот аспект на овој проект, беше политичката мо-тивација на власта за емитувањето на емисијата преку која единствено се воз-дигнува ликот и делото на Премиерот, како еден од генераторите на неговиотполитички рејтинг.

И покрај укажувањата на ТМ за низата нерегуларности и дубиози воемитувањето на емисии подготвени од независни продуцентски куќи на фрек-венцијата на јавниот сервис, Македонската телевизија не само што не престанасо ваквата криминална и коруптивна пракса, туку и дополнително ја интензиви-раше. Имено, по одлуката на Советот на министри на ЕУ од 8 декември, МТВна својот сателитски канал неколкукратно ги репризираше интервјуата на пре-миерот Никола Груевски дадени за комерцијалните емисии „Јади бурек“ и „Ми-ленко Неделковски Шоу“, со што уште еднаш потврди дека нејзината главнаулога е да презентира инструирани пораки, наместо да биде јавен сервис насите граѓани на Република Македонија.

7

По одлуката на Советот на

министри на ЕУ од

8 декември, МТВ на својот

сателитски канал

неколкукратно ги

репризираше интервјуата

на премиерот Никола

Груевски дадени за

комерцијалните емисии

„Јади бурек“ и „Миленко

Неделковски Шоу“, со што

уште еднаш потврди дека

нејзината главна улога е да

презентира инструирани

пораки, наместо да биде

јавен сервис на сите

граѓани на Република

Македонија

Page 8: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

Ваквата слика се надополни со агресивната и недолична за јавен ра-диодифузен сервис програма на МРТВ преплавена од верски содржини.

Дополнителен револт кај граѓаните создаде и ноемвриската акција наМРТВ за присилна наплата на радиодифузната такса за сметки од октомври2008 г., со образложение дека се работи за јавна давачка којашто имаат об-врска да ја плаќаат сите физички и правни лица. ТМ благовремено упати на не-законитоста на ваквите извршни решенија, од една страна, бидејќи на граѓанитево ниеден момент не им била понудена законската можност за наплата на так-сата за радио и за телевизија на 12 месечни рати, како и заради фактот што соодлуката на МРТВ да наплатува изминати сметки истата влегува во директна ко-лизија со начелата за ретроактивност.

II. НЕТРАНСПАРЕНТНО ТРОШЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ ПАРИII.1. Ревизорски извештаи објавени во 2009 година

При оценката за состојбата со корупцијата, во секоја земја, па така иво Република Македонија, неопходно е да се следат и анализираат неколку су-штествени индикатори и тоа:

1. лоцирање на жариштата на корупцијата и нивно категоризирање според тежината на коруптивните акти;

2. успешноста во разоткривањето на актите на корупција; и3. институционалната реакција на детектираната корупција.

Во однос на првиот индикатор, несомнено е дека јавните набавки итрошењата на буџетските средства од страна на централната власт и јавнитепретпијатија кои се под нејзина контрола, се областа каде се лоцираат најтеш-ките форми на корупција во државата. Злоупотребите што се вршат во овааобласт на најдиректен начин го разоруваат ткивото на македонската економија,ги урнисуваат економските, но и политичките перспективи на земјата. Оваа, т.н.џамбо корупција, подразбира и воспоставена персонално организациона струк-тура, со сите елементи на организиран криминал на средно, високо и највисокониво на власта.

Една од карактеристиките на корупцијата преставува и обратно про-порционалноста помеѓу тежината на коруптивниот акт и можноста за негово раз-откривање. Логиката на ваквата релација се наоѓа во фактот што најтешкитекоруптивни појави се случуваат високо во хиерархијата на власта, во тесен пер-сонален круг (т.н. „фамилија“) и далеку од очите на јавноста. Во такви околно-сти единствен ефикасен институционален механизам се ревизорските контролина финансиските извештаи.

Општ е впечатокот дека системот на внатрешна ревизија, согласно За-конот за внатрешна ревизија во јавниот сектор, во изминатиот период не ги дадеочекуваните резултати. Во изминатиот период ниту Централната внатрешна ре-визија, во рамките на Министерството за финансии, ниту пак единиците за внат-решна ревизија во самите субјекти од јавниот сектор, не успеаја да воспоставатсвоја функционална независност и потребниот професионален интегритет, какоби можеле да се соочат со предизвикот на својата функција. Овие тела се неминабљудувачи на злоупотребите и безмилосното крчмење на буџетските сред-ства, што секојдневно се случува пред нивните очи.

Единствена институција која во изминатата година покажа доследноство работата, беше Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештаите кои овааревизија ги направи при анализата на работењето на владата, нејзините мини-стерства и јавните претпријатија, содржеа навистина фрапантни податоци.

8

Логиката на ваквата

релација се наоѓа во

фактот што најтешките

коруптивни појави се

случуваат високо во

хиерархијата на власта, во

тесен персонален круг

(т.н. „фамилија“) и далеку

од очите на јавноста

Page 9: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

Владата и останатите државни институции се однесуваа крајно не транс па рент -но, коруптивно и имаа игнорантски однос кон законите во Република Македонија,покажувааат извештаите на ДЗР. Од извештаите може да заклучиме декаВладата и владините институции, наместо да дадат пример на останатитеинституции како треба да се функционира и како се спроведуваат законите, зажал, беа пример за нетранспарентност и корупција. Во повеќе извештаи од ДЗРсе констатирани неправилности во работењето на бројни институции од јавен ка-рактер. Сепак, според бројот и тежината на злоупотребите, пред сé може да сеиздвојат ревизорските извештаи за две институции: Агенцијата за млади испорт и Министерството за транспорт и врски.

Така, на пример, ДЗР во извештајот констатира дека финансискиот из-вештај на Агенцијата за млади и спорт во делот на проектот 35 спортски салине ја покажува состојбата вистинито и објективно и дека има ненаменско тро-шење на средства за околу 100 милиони денари, како и повеќекратно пре-кршување на Законот за јавни набавки. Епилогот од ова е веќе познат:директорот на Агенцијата за млади и спорт Ивица Георгиевски стана пратеник,а Владата го усвои Годишниот финансиски извештај на Агенцијата. Владата ни-когаш не излезе јавно да го расветли овој случај и не даде образложение зоштодо сега не се санкционирани овие направилности.

Државниот ревизор во ревизорскиот извештај за Министерството затранспорт и врски има утврдено дека незаконски се потрошени 21 милиониевра. Но, и покрај тоа што се работи за голема сума на пари, целиот случај,сепак, остана мистерија, засилена од заканите на ресорниот министер МилеЈанакиевски дека е подготвен да тужи за клевета и навреда доколку се кори-стат податоците на ДЗР за негово повикување на политичка и кривична одго-ворност.

Врвот на залоупотребите произлегува од Извештајот на државниотревизор за работењето на Владата на Република Македонија. ДЗР во својотконечен извештај за Владата го потенцираше неправилното трошење набуџетски средства, како и непочитување на бројни закони. Загрижува фактотшто институција каква што е Владата, наместо да служи како пример започитување на законските регулативи, всушност во наодите од ревизорскиотизвештај може да послужи како пример за неспроведување на одредбите одзаконите. Владата во 2008 г. постапила спротивно на повеќе закони, како штосе Законот за буџети, Законот за извршување на буџет, Законот за државнислужбеници, Законот за даноци на имот, Законот за радиодифузна дејност, За-конот за јавни набавки и тн. Типичен пример за непочитување на Законот забуџет е владината одлука за пренамена на средства во износ од 86 милиониденари помеѓу буџетски корисници надвор од собраниска процедура, со што сестава сомнеж на транспарентното трошење на средствата. Со префрлањето на45 милиони денари на МРТ, покрај кршењето на Законот за буџет, Владата него почитувала ниту Законот за радиодифузна дејност. Случаите во Владата когаедно лице има раководна функција, а истото е вработено со договор за дело, еспро тивно на Законот за државни службеници. Сепак, она врз коешто се фрланај голем сомнеж се трошењата за рекламни кампањи. Владата има потрошеноско ро 600 милиони денари - или 10 милиони евра - за рекламни кампањи, без притоа да се почитуваат законски и други одредби за трошење на јавните средства.

Ако на сите забелешки и официјални ревизорски укажувања Владатана Република Македонија нема одговор, тогаш може да се констатира дека таае директен соучесник во склопувањето „сомнителни зделки“. ТранспарентностМакедонија се прашува како тоа Владата ќе го сузбие криминалот и корупцијатаи ќе се бори против оние кои не ги почитуваат законите, кога и самата масовнопостапува спротивно на законските одредби?

9

Загрижува фактот што

институција каква што е

Владата, наместо да служи

како пример за почитување

на законските регулативи,

всушност во наодите од

ревизорскиот извештај

може да послужи како

пример за неспроведување

на одредбите од законите

СЛУЧАЈ „ДКСК“

Навистина е тешко да се оцени рабо-

тата на Државната комисија за спречу-

вање на корупцијата (ДКСК) во 2009 г.

Со оглед на тоа што оваа специјализи-

рана институција за борба со коруп-

цијата не продуцираше речиси ниту

еден став од нејзина надлежност, а кој

е од суштинско значење и би се одне-

сувал на актуелната власт, единстве-

ната можна констатација е дека ДКСК

намерно придонесува за губење на

смислата за своето постоење. Во 2009

г. ДКСК, на чело со својата нелегално

избрана претседателка Мирјана Ди-

мовска, го доживеа врвот на својата

стручна, политичка и законска компро-

митација. Таа не реагира на извеш-

таите на Државниот завод за ревизија,

не реагира за бројните нерегуларно-

сти на кои посочуваат медиумите и не-

владините организации, не реагира на

жалбите на странските инвеститори и

домашните бизнисмени, не реагира на

извештаите на странските институции

кои го следат напредокот на државата

во остварувањето на принципите на

правната држава, борбата против кри-

миналот и корупцијата и отчетното и

одговорно владеење.

ТМ во неколку наврати во 2009 г. јавно

бараше отповикување на овој состав

на ДКСК и предупредуваше дека колку

подоцна тоа ќе се случи, толку пови-

сока ќе биде општествената и поли-

тичката цена што ќе ја плати

Македонија заради компромитацијата

на улогата на оваа важна институција

во спречувањето на корупцијата и кри-

миналот во општеството.

Page 10: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

II.2. Сомнителни јавни набавки и нетранспарентно трошење на буџетските средства

Нетранспарентноста при трошењето на буџетските средства изразенапреку крајно сомнително спроведени тендери за јавни набавки остана едно одосновните обележја на политиката на Владата на РМ и во 2009 г.

Владата како најодговорна институција за спроведување на законите,истите не ги почитува. Истата институција која троши огромни суми на буџетскисредства за различни кампањи и рекламирање со кои наводно сака да го по-дигне моралот кај македонските граѓани во 2009 г., беше место од кое про-излегоа многу скандали.

Иако „чесноста“ е основното прокламирано владино начело за вла-деење, 2009 г. започна скандалозно, со телевизиската најава на премиерот заизградба на повеќе споменици во Општина Центар. Скандалозно е тоа штосредствата се директно префрлени од буџетот на Републиката на Општина Цен-тар, што е директно кршење на Законот за буџетите каде точно е дефиниранокои се приходите на единиците на локалната самоуправа, додека средства одБуџетот на Републиката може да се префрлат само врз основа на посебензакон. Покрај тоа, до денес е нејасно како е спроведена постапката за избор нанајповолен изведувач на овие проекти.

Скандалот со поништување на тендерот за избор на најповолен фик-сен оператор исто така остана мистерија за јавноста. Според извори од мобил-ниот оператор „Космофон“ (како еден од учесниците на тендерот), доколку овојтендер не се поништел и „Космофон“ беше избран на тендерот како најповоленпонудувач, тогаш Владата би заштедила околу 30% (околу 150.000 евра) го-дишно за сметките што во моментов ги плаќа за фиксна телефонија.

Нетранспарентното спроведување на јавните набавки и трошењетона буџетските пари Владата го направи и при спроведувањето на проектот „Бес-платни учебници“, што изнесуваше околу 15 милиони евра. Иако ТМ во сеп-тември ги повика Владата и ресорното Министерство за образование да ѝобјаснат на јавноста на кој начин е спроведена постапката за избор на најпово-лен понудувач и зошто се доцнеше со печатењето на учебниците, надлежнитеинституции не почувствуваа за потребно да дадат одговори на овие прашања.

II.3. Нетранспарентно трошење на буџетските средства во предизборен период

Трошењето народни пари во предизборен период е регулирано со им-перативни норми кои ја ограничуваат слободата на избор во трошење на буџе-тот од страна на носителите на власта. Така, согласно со чл. 11 од Законот заспречување на корупцијата, од донесувањето на одлуката за распишување наизбори па сé до нивното завршување, не можат да се користат буџетски сред-ства на Република Македонија, средства од буџетите на општините и градотСкопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установиили правни лица што располагаат со државен капитал. Исто така, во овој пе-риод „не може да се започне изградба со средства од буџетот или од јавни фон-дови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица шторасполагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како па-тишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти, или на објекти заопштествени дејности, училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа на-мена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реа-лизација на програма донесена врз основа на закон во тековната година“.

10

СЛУЧАЈ "МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА"

Министерот за правда Михајло Маневски,

оној кој треба да се грижи за доследно

спроведување на секој збор од секој

закон, оној кој треба да се грижи за бес-

пре корно функционирање на нашите пра-

восудни органи, оној кој е најповикан за

почитување на правдата, за владее ње на

правото и за правната сигурност на гра-

ѓаните во државата, во 2009 г. про должи

да биде во центарот на вниманието на

јавноста, поврзано со неколку коруптивни

афери кои, посредно или непосредно, ја

вклучуваа и неговата личност.

Изминатата година во јавноста беа изне-

сени докази дека министерот за правда

неколку месеци од почетокот на 2009 г.

земал министерска плата, истовремено

добивајќи и пензија од Фондот за пен-

зиско и инвалидско осигурување. Овој

скандал изнесен најпрво во самиот зако-

нодавен дом, па потоа дискутиран од

сите правни аспекти и осуден од сите

стручњаци по право во државава, како и

во детали анализиран и презентиран во

јавноста од страна на новинарите, вроди

со неочекуван резултат: министерот е сé

уште на функција, без никаква политичка

или друга одговорност за своите по-

стапки. Јавноста и денеска не знае дали,

кога и во колкав иснос парите што ги

земал министерот се вратени во буџетот

на државата.

Во поекспонираните скандали врзани за

името на овој министер спаѓа и аферата

со повеќемесечното (не)пензионирањето

на неговата сопруга, бивш судија во Апе-

лациониот суд која, и покрај исполнува-

њето на условите за пензија, едноставно

одбиваше да ја прифати реалноста што

произлегува од законските прописи за ре-

гулирање на работните односи во држа-

вата.

Сепак, најголемиот и континуиран скан-

дал, во чиешто средиште се наоѓа Ма-

невски со години наназад, е отвореното и

грубо мешање во работата и во независ-

носта на институциите коишто го сочину-

ваат македонскиот правосуден систем.

Овој заканувачки „упад во системот“ е

јавно констатиран од повеќето домашни

и меѓународни, владини и невладини, ин-

станци кои го мониторираат македон-

ското судство. Но, заради природата и

историјатот на односите на Маневски со

премиерот Никола Груевски, министерот

за правда останува вон дофатот на поли-

тичката, моралната и другата одговор-

ност вообичаени за правните и

демократски држави во светот.

Page 11: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

Сите овие со законски забранетидејствија секојдневно се случуваа во 2009 г. Вопериодот пред и за време на траењето на ло-калните и претседателските избори во Македо-нија. Еден од главните инструменти за спре чувањена ваквите состојби требаше да биде Држав-ната комисија за спречување на корупцијатакоја согласно законските одредби е должна дапреземе мерки за утврдување на сомневањатадека државни средства сепак се трошат во из-борната кампања спротивно на наведениотЗакон. Од сите мерки кои стоеа на располагањена ДКСК таа го стори следново: одржа две (мо-жеби три) прес-конференции. На првата која сеодржа речиси пред самиот крај на изборнатакампања, ДКСК соопшти дека испратила дописдо Владата на РМ во кој побарала информацијадали биле планирани инвестициските предизборни активности, зашто ако билепланирани тогаш ќе се констатира дека нема никакви нарушувања на Законоти нема никаква изборна корупција. Веќе на втората прес-конференција ДКСКизвести дека сите дејствија на Владата потпаѓаат под законскиот исклучок, од-носно дека инвестициите биле предвидени во владината програма. Од другастрана, ДКСК не спомна, ниту презеде какво било дејствие или мерка во врскасо трошењето на локалните средства, ниту пак слушнавме дека побарала ин-формации од општинските органи за тоа дали нивните средства биле навремеиспланирани да се трошат токму во предизборието.

II.4. Кампањи за оптимизам (и за напразно трошење јавни пари)

ТМ повеќе години наназад инсистира на објавување на сите финан-сиски и тендерски детали за долгата листа владини рекламни кампањи. Како исите други активности, така и оваа владина активност беше исполнета сомноштво контроверзи, пред сé во поглед на оправданоста на големата сума по-трошени пари, како и вистинските цели и ефекти кои со тие кампањи треба дасе постигнат. Наспроти централните пораки во овие владини кампањи - нелажи, биди одговорен, бори се против корупцијата, отвори го своето срце, бидитолерантен и сл. - токму властa секојдневно ги газеше позитивните вредностина отчетното и одговорно владеење, упорно криејќи ги од своите граѓани це-ната, условите и начините на реализирање на овие кампањи.

Нарачка на седум владини кампањи за подигање на свеста и опти-мизмот кај народот чинеше 4 милиони евра. И, повторно, по медиумското раз-откривање на цената и намената на овие средства, премиерот направи обид зарелативизирање на проблемот, со импровизации дека тоа сé уште не е дефи-нитивно, ќе се преиспита и пролонгира реализацијата на проектите и сл. И по-крај целата намерно произведена конфузија, факт е дека Владата само во овиенеколку случаи потпишала договори, вредни 4 милиони евра, со што презелаконкретна обврска кон другата договорна страна. ТМ предупреди дека влади-ното откажување од договорите автоматски подразбира основано барање занадомест на штета. Другата владина опција би била овозможување на некој видконцесии кон оштетената страна, што, пак, по дефиниција значи спогодувањеврз коруптивна основа.

11

Нарачка на седум владини

кампањи за подигање на

свеста и оптимизмот кај на-

родот чинеше 4 милиони

евра. И, повторно, по ме-

диумското разоткривање на

цената и намената на овие

средства, премиерот на-

прави обид за релативизи-

рање на проблемот, со

импровизации дека тоа сé

уште не е дефинитивно, ќе

се преиспита и пролонгира

реализацијата на проектите

и сл.

Прва награда Дамјан Здравев (Бутик)

Page 12: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

ТМ укажа дека ДКСК, која на оваа тема повеќе години јалово се допи-шува со Владата, треба итно да ја преиспита законитоста и оправданоста наовие огромни трошења на буџетски средства, согласно чл. 2 и чл. 3 од Законотза ревизија, од кои произлегува обврската за законито и наменско користење насредствата, како и ефикасност на таквите трошења, односно чл. 3 од Законот заспречување на корупцијата, кој вели дека функцијата и службената должностмора да се извршуваат совесно и одговорно.

ТМ го повика и Државниот завод за ревизија да се произнесе по односна ефикасноста на потрошените пари, односно за тоа кои се постигнатитеефекти од спроведените кампањи и дали таквите ефекти соодветствуваат на по-трошените средства.

II.5. Случај „Сведмилк“

Како и низа други случаи кои беа предмет на директна опсервација нанашето здружение, TM со интерес го следеше и мега скандалот „Сведмилк“.Пред очите на јавноста, аминувано од Владата на РМ и од останатите надлежни

институции, се случи грабеж што тешко се спо-редува со богатата транзициска архива на гра-бежи во државава. Посебноста е во тоа што овапљачкосување се одвиваше транспарентно,пред очите на фрапираната јавност, поддржана однајвисоките нивоа на власта.

Дека Владата стои зад случајот „Свед-милк“ упатува фактот што таа на шведскиотдржавен фонд „Сведфунд“ му дала писмена га-ран ција, потпишана од тогашниот заменик на ми-нис терот за земјоделство, шумарство иво достопанство, дека фирмата „Феникс енерџи“,која сé до тогаш не била позната на шведскиотфонд „Сведфунд“, ќе им ги исплати парите нафармерите. Владата со овој документ, споредизворот, го имала клучното влијание „Сведфунд“да ја донесе одлуката за препишување на својотудел на новите сопственици, фирмата „Фениксенерџи“. Врз основа на таа гаранција шведскиотдржавен фонд „Сведфунд“ за само 1 евро му гопрепиша својот удел во „Сведмилк“ на фирмата“Феникс енерџи“. Се разбира, „инвестицијата“ одедно евро се оплоди на неколку милиони евра игаздата на фирмата „Феникс енерџи“ непреченоја напушти државата.

Секако, дури кон крајот на годинатаМВР поднесе кривични пријави, но сега противпр вите сопственици на „Сведмилк“, додека фир-ма та „Феникс енерџи“ воопшто не се ни споме-ну ва. Епилогот е познат: денес „Сведмилк“ ефирма во стечај, фирмата „Феникс енерџи“ езначително побогата и без последици ја напуштиМакедонија, кривични пријави добија првите соп-ственици на „Сведмилк“, а македонските сточариостанаа без добитокот да се гушат во долгови.

12

Наместо главни гаранти за

независноста на судството,

овие тела со својата не-

отпорност на политичките

влијанија и нетранспарент-

носта на своето работење и

во 2009 г., се изродија во

својата спротивност и

станаа една од главните

алатки за политичките

влијанија врз судството и

јавното обвинителство

Трета награда Александар Јанковиќ (Михајло Маневски)

Page 13: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

ТМ повеќе пати во текот на 2009 г. ја повикуваше Владата да ѝ објаснина јавноста што навистина се случувало во „Сведмилк“ и кои се одговорнителица за настанатата ситуација? Секако, Владата и на овие повици не одговори.Останува нејасно дали издадената гаранција од Владата е падната, бидејќифирмата „Феникс енерџи“ не ги исплати фармерите, и дали тоа значи дека Вла-дата треба да исплати пари на Шведскиот државен фонд?

III. СОСТОЈБИ ВО СУДСТВОТОIII. 1. Судскиот совет и Советот на јавните обвинители -

катализатори на политичките влијанија

Судскиот совет и Советот на јавните обвинители ги потврдијанајцрните сценарија од времето на дебатите по однос на уставните амандманиза судството од 2004 г. Наместо главни гаранти за независноста на судството,овие тела со својата неотпорност на политичките влијанија и нетранспарент-носта на своето работење и во 2009 г., се изродија во својата спротивност истанаа една од главните алатки за политичките влијанија врз судството и јавнотообвинителство. Грубото влијание на извршната власт преку министерот заправда и претседателот на Врховниот суд во работата на судиите и обвините-лите, а особено при нивниот избор и разрешување, силно го разниша интегри-тетот и легитимитетот на овие институции.

Неодамна обзнанетите резултати од анонимната анкета меѓу судиитепокажа поразителни резултати: судиите признаваат дека во вршењето на суд-ската функција биле под голем притисок на извршната власт (Владата, Мини-стерството за правда и МВР), на политичките партии и на повисоките судови!75% од судиите немаат доверба во независноста на Судскиот совет и сметаатдека министерот за правда не треба да членува во истиот.

Иако се очекуваше формирањето на Советот на јавните обвинители дапридонесе за поголема независност и поголем квалитет при изборот на кадриво редовите на јавното обвинителство, се чини дека тој со своето работење ста-нува подеднакво контроверзен како и Судскиот совет. За волја на вистината,разочарувањето од неисполнетите очекувања од Судскиот совет не даваше го-леми надежи дека можеби Советот на јавни обвинители ќе успее да се воста-нови како независна институција, согласно неговата уставна улога. Партискотовлијание врз Советот одамна стана јасно, за во 2009 г. тоа да стане и очебијно.Разрешувањето на првиот човек на Скопското обвинителство и уште на неколкудруги обвинители ширум државава претставуваше отворена пресметка со об-винителите поставени за време на претходната власт.

III. 2. Институционални проблеми на јавното обвинителство

2009 г. покажа дека како држава имаме сериозни институционални про-блеми со јавното обвинителство кое се држи во положба на силна подреденостпод политиката и со неа поврзаните центри на моќ. Од друга страна, јавнотообвинителство како институција се држи во позиција на зависност од МВР воостварувањето на своите функции и надлежности. Овластувањата и одговор-ностите кои обвинителството ги има согласно Законот за јавното обвинителствоод 2007 г. со новиот Закон за кривична постапка се предвидува и натаму да сезголемат. Оттука, клучна е борбата за јакнење и на самостојни капацитети и најавното обвинителство, во смисла на сопствени тимови од истражители и другиексперти кои на обвинителството ќе му асистираат во тоа барем малку да се

13

Оценката како реформата

на судството влијаела врз

корупцијата може да се

види преку познатите

судски корупциски случаи.

Поразително делува фактот

што Врховниот суд на РМ

ги укина пресудите кај дел

од експонираните предмети

на организираниот крими-

налитет („Југ“, „Змиско око

1“, „Бачило 2“, „Тифани“ и

др.) поради оценките за се-

риозни пропусти во

постапувањето на

првостепените судови,

односно и на првостепените

и на второстепените судови

Трета награда Благица Цветковска (Суд)

Page 14: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

осамостои од МВР. Тоа е условот Република Македонија да стане правна, а неполициска држава.

За жал, гледаме дека самите обвинители не се чувствуваат подготвениза новата улога и се крајни песимисти за успехот на реформата која токму од нивочекува да станат гарант за човековите слободи и права, наспроти полицијата.Ова е голем проблем и бара сериозна опсервација и акција. Не треба да се за-борави дека токму начинот на тесна „соработка“ на МВР со Обвинителството заорганизиран криминал и корупција, раководството на МВР го препорачува какоуспешен модел кој треба да се преслика за целата организација. Тивкиот отпорна обвинителите со непријавувањето на конкурсите за специјализираното Ос-новно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција многу кажува.

Оценката како реформата на судството влијаела врз корупцијата можеда се види преку познатите судски корупциски случаи. Поразително делува фак-тот што Врховниот суд на РМ ги укина пресудите кај дел од експонираните пред-мети на организираниот криминалитет („Југ“, „Змиско око 1“, „Бачило 2“,„Тифани“ и др.) поради оценките за сериозни пропусти во постапувањето напрвостепените судови, односно и на првостепените и на второстепените судови.

Од друга страна, и во 2009 г. превладеа оценката на невладините ор-ганизации кои се занимаваат со мониторинг на судења дека судиите не ја санк-ционираат адекватно корупцијата поради длабоката навлезеност на политикатаво судството. Ваквите перцепции внесуваат загриженост и еволуирање на ква-лификациите од „влијание на реформата врз борба против корупцијата“ на „ела-борација за присутната корупција во судството“. Станува збор за корупција восудството што се огледа во чудни, брзи и нелогични напредувања на некоисудии по одлучување во определени предмети, но за ваквите тврдења немаатконкретни докази, па перцепцијата останува на ниво на шпекулација. И покрајподатокот дека Судскиот совет на РМ во 2009 г. разрешил вкупно 12 судии зазлоупотреба на службената должност, сите овие случаи не може да се поврзатсо коруптивно однесување.

Судството останува цел на носителите на извршната власт која, какошто може да видиме, дури не ги ни крие намерите за негова политичка инстру-ментализација. Потврда за ова е и скандалозното повикување на „разговор“ кајпремиерот лично на претседателот на Апелациониот суд во Скопје. Така, на-место да работи на создавање неопходни претпоставки за унапредување на не-зависноста на судството и на градење поголема доверба на граѓаните воправниот систем во една земја аспирант за Европската Унија, Владата продол-жува да се конфронтира со судиите и обвинителите кои не им се по волја.

III. 3. Притисоци врз Уставниот суд на РМ

Во 2009 г. бележиме и досега невидени отворени напади врз работатана некои судови, а особено драматичен беше нападот на политичката елита навласт (извршната и законодавната) врз Уставниот суд на РМ. Изјавите на пре-миерот, лично, како и на други претставници на извршната и законодавнатавласт, дека судиите на Уставниот суд се политички избрани и политички од-лучуваат во јавноста, директно ја поткопува довербата во работата на Уставниотсуд на РМ, но и дигнитетот на судството во целина.

ТМ смета дека проблемите на (не)компатибилноста на некои од но-вите законски проекти со Уставот на РМ се должи на тоа што некои од нив сеподготвени набрзина, без претходни истражувања на проблемите во даденатасфера, на споредбеното право и сл. Некогаш, пак, споредбеното право се пре-зема некритички, без да се познава доволно и со доза на експериментирање идилетантизам. Во таа смисла, добро е што воопшто има некој што се грижи но-14

ТМ смета дека проблемите

на (не)компатибилноста на

некои од новите законски

проекти со Уставот на РМ се

должи на тоа што некои од

нив се подготвени

набрзина, без претходни

истражувања на

проблемите во дадената

сфера, на споредбеното

право и сл.

СЛУЧАЈ „ОКТА“

Помина уште една година без реак-

ција на Јавниот обвинител во врска со

поднесената кривична пријава во 2007

г. од страна на ТМ во врска со сомне-

вањата за направен организиран кри-

минал при продажбата на Скопската

рафинерија. Од Обвинителството по-

времено информираат дека постап-

ката е во тек, но впечаток е дека,

заради политички причини и заради

инволвираноста на високи функцио-

нери од сегашната и од некои минати

власти во Македонија, овој потен-

цијален мега-криминал нема да дожи-

вее скора судска разврска. Сепак,

вредно е да се забележи дека, од пра-

вен аспект, случајот „Окта“ е сé уште

отворен и може да причека поинакви

времиња за правно-политички рас-

плет.

Page 15: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

вите решенија да бидат во согласност со словото и духот на Уставот на РМ. Како и да е, ТМ сметадека независноста на Уставниот суд треба да се поддржи, бидејќи оваа судска инстанца игра зна-чајна позитивна улога во одбраната на демократските вредности на Уставот, пред налетот на ин-тересите на извршната власт. Особено треба да се поздрави тоа што Уставниот суд на РМ се трудиУставот и законите да ги толкува согласно меѓународните стандарди за човековите права и со ре-шенијата и искуствата од споредбеното право на развиените европски демократии.

Препораки

n ТМ препорачува во наредниот период да се направат суштински напори во вос-поставување на системот на внатрешна ревизија во јавниот сектор, во смислана обезбедување на нејзината неопходна функционална независност.

n Надлежните институции, а пред сè Јавното обвинителство, веднаш да поста-пат по наводите во извештаите на државниот ревизор за да се расветли неза-конското работење на соодветните државни институции, со што би сеспречила понатамошната егзистенција на корупцијата во институциите кои сефинансираат со народни пари.

n Да се обезбедат услови Судскиот совет и Советот на јавните обвинители не-пречено и без политички влијанија да ги вршат своите уставни функции на обез-бедување на самостојност и независност на судството и јавнотообвинителство.

n Владата на Република Македонија итно да се зафати со осветлување на слу-чаите кои предизвикаа реакција во јавноста за да се отстранат дилемите за не-транспарентно и незаконско работење на владата.

n ТМ препорачува Министерот за правда да учествува без право на глас во Суд-скиот совет и во Советот на јавните обвинители. На министерот да му се на-ложи итно да престане со праксата грубо да се меша во работата на различнитенивоа на правосудните органи во државата.

n Извршната власт на чело со Премиерот на државата да престанат со прити-соците врз Уставниот суд. Непримерно, срамотно, но и политички неопортуное политичари кои немаат допирна точка со правото и правната наука (освеншто се долгогодишни студенти на Правниот факултет) да даваат квалифика-ции за стручноста и професионалноста на судиите на Уставниот суд. Одлу-ките на Уставниот суд на Република Македонија претставуваат извор направото, тие имаат општозадолжително дејсто (за разлика од пресудите наредовното судство) и токму затоа извршната власт не смее да си дозволи ни-какво вмешување при одлучувањето на Уставниот суд.

n Да се смени составот на Државната комисија за спречување на корупцијата и со-гласно законските услови, да се изберат членови на ДКСК кои ќе се пријават наконкурс и кои ќе бидат вистински авторитети и стручњаци во областа на пра-вото, заштитата на демократските принципи и спречувањето на корупцијата.Ако не биде обезбеден ваков персонален состав на ДКСК, тогаш нејзиното по-стоење на правниот и политичкиот систем на Република Македонија е бесцелно,неефикасно и финансиски неоправдано, па ваков државен орган не би требало даопстојува во иднина.

15

Page 16: Транспарентност Македонија T …...Резиме Во 2009 г. во низа области во македонското општество, а особено

n Да се обезбеди стручна и професионална администрација која ги подготвува за-конските предлози и која ќе им укаже на актуелните политички функционери деканивната наредба да се напише одреден законски текст едноставно е неуставна.

n Да се обезбеди политичка волја, па и култура за сите поважни законски проектида се организираат јавни дебати, расправи, тркалезни маси, научни дискусии и сл.Да се почитуваат аргументите, укажувањата и забелешките на стручњаците,јавноста, невладиниот сектор, медиумите, науката, уште пред да се даде за-конскиот текст во собраниска процедура – со еден збор наместо новите закон-ски решенија да се промовираат на затворени седници на Владата и да се држатво тајност речиси сè до нивното изгласување во Собранието, потребно е во це-лост да се обезбеди начелото на транспарентност во целата постапка на пред-лагање и усвојување законски и подзаконски акти во државата.

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛИ И АФЕРИ ВО 2009 г.

1. СКАПИ ИЗБОРНИ КАМПАЊИ СО СОМНИТЕЛНИ ПАРИ

2. 19.000 ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА

3. ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ ВО ПРЕДИЗБОРЕН ПЕРИОД (удирање камен темелници

и сечење ленти)

4. ПОМИЛУВАЊЕ НА ЗОРАН ТРАЈАНОВ (поранешен претседател на Основниот

суд Кочани осуден за злоупотреба на службена положба)

5. 8.5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СПОМЕНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

6. 56 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА ВЛАДАТА

7. ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК ВРЗ МЕДИУМИТЕ

8. СЛУЧАЈ "ПЛАТА И ПЕНЗИЈА" (Михајло Маневски, 4 месеци примал и плата и пензија)

9. ЗЛОУПОТРЕБА НА 21 МИЛИОН ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ВО МИНИСТЕРСТОТО

ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

10. НЕЗАКОНСКА НАБАВКА НА МАИЦИ И ПАНЦИРИ ВО МВР

11. ЛАЖНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

12. ГРУБИ ПРИТИСОЦИ ВРЗ НЕЗАВИСНОСТА НА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

13. ДРЖАВЕН РЕКЕТ ВРЗ СТОПАНСТВОТО И НЕПРИМЕРНО ВИСОКИ И

АРБИТРАРНО ИЗРЕЧЕНИ КАЗНИ И ГЛОБИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ

Поддржано од: