Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка...

351
ВАСИЛИЈА АРХИТЕМА на -новото општество-

Transcript of Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка...

Page 1: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ВАСИЛИЈА АРХИТЕМА на -новото општество-

Page 2: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

1

1

ПРЕДГОВОР: Свесен за тежината на македонската историја,и за тежината на политичките околности кои таа славна историја ни ги даде како одговорност и предизвик,совесно ја пишувам оваа книга која би требало да служи за воскресение на столбовите и вредностите на македонската култура,каде што според логиката на нештата,првин би требало воскресението на таа култура да се случи во самото македонско општество.Оваа книга стратешки би требало да служи и како патоказ кон нови предизвици со кои ке се соочува македонското општество, реанимирано самостојно да одлучува само за себе од 1991 година,година во која сум се родил јас. Она што ке им го препорачам на читателите на самиот почеток,е да не очекуваат сиов труд и сфаќања кои сум ги обработувал целиот мој живот и сум ги внел во пишана форма во оваа книга,читателите да ги разберат со еднонеделно прелистување на книгата. Најдобронамерно им препорачувам за да нема забуни и погрешни разбирања,доколку се заинтересирани за оваа тематика со сериозен пристап неколку пати да ја прочитаат оваа книга.

Page 3: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ГЛАВА ПРВА: -Историско-етнолошка дијалектика.........................................4 -Соглед на проблемот..............................................................40

ГЛАВА ВТОРА: -Установи и поделба на власт................................................71 -Василевс....................................................................................79 -Василевски Пријатели/Повереници...................................102 -Синедрион/Собрание............................................................111 -Организација на месната власт...........................................124 -Правната филозофија...........................................................134 -Агема-општество во општеството......................................150

ГЛАВА ТРЕТА: -Политичкото бреме на Македонскиот народ....................191 -Семејството и Аристократијата во новото општество...228 -Образовно уредување за новите генерации....................240 -Економско уредување на новото општество...................254 -Милитаризмот во новото општество.................................302 -Етнички простор и сфери на влијанија..............................314 -Фази за преобразба на општеството..................................328

Page 4: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

3

3

ГЛАВА

“Секоја возраст,секоја култура,секој обичај и традиција има свој карактер,свои слабости и своја сила,своја убавина и грдост...” Херман Хесе,извадок од Степски волк

Page 5: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ИСТОРИСКО-ЕТНОЛОШКА ДИЈАЛЕКТИКА За да се одреди кое општествено уредување би било најдобро,како во теорија така и во пракса,за негово определување првин мора да се одговори на следниве три прашања: Каков е менталитетот на субјектите(граѓаните) врз кои се применува власта? Што го обликувало тој менталитет на тие граѓани? И какви очекувања и потреби имаат тие граѓани стекнати од тој менталитет? Прецизни одговори на овие прашања,создавачите кои ке го обликуваат тоа општество ке можат да дадат ако се родени,односно да потекнуваат од тој народ или од тие граѓани,или пак да има живеено подолго време па како резултат на местото на живеење, креаторот да го спознал менталитетот.Но освен тоа,за да може некој да ги одговори овие три прашања,тој човек мора да има високо познавање од историјата на тие граѓани,како и високи познавања од правото,со особен нагласок кон природното или натуралното право и односи од таа средина. Познавањата да се втемелени како во теоријата,така и во пракса. Овој метод за одредување на тоа какво општество би било добро општество,односно кое општество би било практично најкорисно за самите субјекти или граѓани врз кои ке се применува,како последица од тоа каков научен профил и познавање би требало да поседува човекот кој би го обликувал општеството,согласно,овој метод го нареков Историско-етнолошки метод(istoria+ethnos+logos). Доколку би се применувал овој метод за определување и обликување на општествата во светот,секоја нација и секој народ би имал посебно уредување,а сето тоа би било како резултат од различноста на менталитетите,како и различности на историските случувања низ текот на времето. Ако се постави прашањето зошто овој метод би бил користен во употребата за обликување на општествата,најпрост одговор на оваа прашање би бил,затоа што општеството се создава со цел да ги подобрува,заштитува и унапредува интересите на граѓаните и субјектите врз кои се применува власта,а тоа не би можело да се направи доколку не се погледне во менталниот склоп и историскиот тек кој придонел за таков менталитет и потреба. Но за да поубаво го разбереме терминот менталитет или ментален склоп на еден народ,мора првин да појасниме што е колективна свест. Според социологот Емил Диркем,тој колективната свест ја дефинира како оној облик на колективното дејствување,чувствување и мислење кои се заеднички за сите поединци,припадници на едно одредено општество. Тоа би значело специфично дејствување,чувствување и мислење на група луѓе,во еден период од историјата.

Page 6: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

5

5

Како таква дефинираната колективна свест,не можеме да ја рамниме со менталитет на еден народ,затоа што менталитетот се создава како поминува времето и како поминуваат периодите од историјата,заедно со различното дејствување,чувствување и мислење. Од еден период колективната свест,како поминува во друг период може да се менува или задржува,како последица од дејствувањето,чувствувањето и мислењето од претходниот период. Па според тоа,менталитетот би можеле да го дефинираме како единство на колективната свест од почетниот период на постоењето на таа групација,па до денес.Или од сите историски текови кои ги имала таа групација со различна колективна свест,собрана во менталитет на таа група. Историски периоди X Колективна свест=Менталитет на колективот Од денешна современа перспектива би се рекло дека општествата се обликуваат со цел да се подобруваат,заштитуваат и унапредуваат интересите на одредени поединци и групации,затоа што самото форсирање на глобализацијата како модерна алатка на современите империјалистички сили,често користи девизи од типот мора да се чекори кон иднината,без притоа да се погледне кон менталитетот и потребите со кои би се отстраниле негативностите,и би се формирал здравиот менталитет на еден народ. За да се чекори здраво кон иднината мора првин да имате правец,тој правец го одредува минатото и денешната потреба,односно ниеден народ денес не е свежо излезен од рајската градина па слободно да чекори кон иднинaта,сите народи се обврзани од историјата и историските случувања кон некои должности и тежини,а тие должности и тежини го формираат правецот кон иднината,или ако сакате правецот на идното дејствување,мислење,а со тоа и чувствување. Доколку се запрашате зошто глобализацијата сама по себе е негативна преобразба на популациониот менталитет на светското население,таа е таква затоа што таа е премногу неприродна,форсирана од одредени елити кои очигледно лошо го следат римскиот модел за светот. Народите и нациите немаат потреба од глобализација,поединци имаат потреба заради толку очигледната масовна контрола и економски профит. Друга негативна карактеристика е тоа што таа е хипербрза преобразба или ад хок,па сама по себе бара од обичниот човек да нема вредности, кои доколку ги има би ја кочела глобализацијата во тој процес и би го одлагал самиот процес,а тоа би значело одложување на зголемената контрола и профит. Трета клучна негативна карактеристика e“она” што самата фаза ни нуди,фаза во која сме длабоко навлезени со цел светската популација и одредени народи да го заборават своето минато,култура и начин на

Page 7: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

живеење во наметнатата работна динамика и потрага по материјални добра.Апсолутен простор во умот на модерниот човек зазел егзистенцијализмот,да со цел се изгуби правецот за иднината преку безсознание,и тогаш самите елити да ви го наметнат правецот преку просветлувањето на “вистинското сознание”. Наместо како главно филозофско прашање еден општествен систем да го има одредениот економски опстанок на граѓаните,или детерминирачкиот егзистенцијализам,денес сета тежина се префрла врз самиот граѓанин,притоа државата ставајќи се во улога на заштита за оние кои ја креираат легислативата,и оние кои го имаат финансискиот монопол,таксативно набројувајќи им права и “вредности на хартија”,и грубо занемарувајќи ги нематеријалните потреби. Преку притисокот за егзистенција кој секојдневниот модерен граѓанин го има во мислите,духовниот развој заостанува во најбуквална смисла ,состојба на кои ние како генерација сведочиме. Со заостанување на духовниот развој,заостанува и разумниот прогрес скоро на сите полиња и науки. Единствено технолошкото движење има свој мистериозен процут,но не заради добротвор ниту како олеснувачки алатки на луѓето,само навидум претставени со таков хуман мотив. Од горенаведените наводи,ке заклучите дека овој метод има карактеристики против модерните текови,односно тој е антиглобален ,антиимперијален метод за обликување на општеството. Тоа би значело дека овој метод заради неговата примена,би наишол на потешкотии од денешната модерна политика,затоа што овој метод нуди решенија за здраво општество со темелни човечки вредности,но од друга страна е неизводлив во креирање на глобални империјални системи,и за користење на контрола врз крупни повеќенационални маси. Доколку би се спроведел овој начин на работа врз повеќе народи,ке се примети дека одредени менталитети на народите се сите со разлики, но одредени менталитети на одредени народи имаат сличности меѓусебно.Тоа е како последица од сличните историски судбини што ги имале,или биле во минатото во склоп на една држава или припадници на еден систем,од каде што од тој систем некоја вредност се задржала во јадрото на менталитетот на некој народ. Така ке заклучиме дека денес имаме менталитети кои се повеќе слични или помалку слични.Менталитетите од Балканскиот Полуостров би спаѓале во повеќе слични. Менување на менталитет на еден народ како процес,само по себе претставува еден долг и тежок процес,особено ако се спроведува по вештачки и форсиран пат. Често таквите процеси завршувале неуспешно и често погубно за самите оние кои го спроведувале тој процес,но како пример за таков процес кој завршил успешно во промената,може да се спомене оној на рускиот цар Петар Велики.Во самиот тек на тој процес,структурата на Петар Велики морала да погуби милиони животи од својот народ.

Page 8: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

7

7

Што би значело дека во нашиот македонски пример,таков процес не би можел да се спроведе,и не би требало да се спроведува на неприроден начин,затоа што остана малку свесно македонско население.

Но да не дојде до забуна кај читателите со посериозен профил,односно кај оние читатели со високо разбирање на политичката филозофија,овој метод не претставува методот на Карл Маркс,односно методот на историскиот материјализам. Можеби на моменти,историско-етнолошкиот метод со методот на историскиот материјализам има допирни точки,во текот на процесот за откривањето на одговорите кои се бараат,но никако не се исти ниту слични методи,туку се би рекол,на моменти крајно спротивни. Ова е така затоа што историскиот материјализам се базира врз теоријата на Чарлс Дарвин за развитокот на биолошките организми,или ако сакате историскиот материјализам почива врз претпоставена теза на дарвинизмот.Методот на марксизмот најголемо влијание обратува према производството,односно се претпоставува дека материјализмот има доминантно и првенствено влијание во креирањето на односите во општеството.Друга разлика која е карактеристична за овој метод,е тоа што со посериозна анализа навлегува само кај Западно-Европските менталитети,и тоа од периодот на ренесансата,односно од периодот на Данте Алигиери(кој марксистите го сметаат за последен средновековен,и прв ренесансен поет). Историско-етнолошкиот метод се разликува од марксовиот,затоа што ниту тој се полага врз дарвинистичката теорија,ниту за главно внимание го има креирањето на производството,средствата на производството и економските односи,иаку влијанието на овие три работи не ги запоставува тотално,и не го потценува нивното влијание во натамошниот историски тек.Туку преку заеднички пристап еднакво се земаат мерилата за влијание како од материјалниот,така и од нематеријалниот дел врз народот. Анализата,овој метод не ја прави толку доцна во историските текови,како и не врз менталитетите на цел еден регион(како што прави Маркс за цела Западна-Европа,митолошки поврзана со робовладетелска “старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината само за менталитетот на еден народ,дури не навлегувајќи ни во анализа на послични менталитети,како што е можно со примерот кај народите со јужно-словенска култура. Историско-етнолошкиот метод,не се базира врз дарвинистичката теорија,затоа што таа теорија се коси и со последните археолошки пронајдоци,но освен со тоа се коси и со здравата логика. Впрочем самата теорија е основана врз многу плитки доказни средства,и напросто кажано,можеби имало неконтролирани сексуални односи и заостаната човечка свест во региони каде што и денес ги има(за пример се дава Папуа Нова Гвинеја),но никој досега не докажа дека тие односи и заостаната свест биле “општочовечки” и “општоглобални”,односно дека тие односи биле застапени кај сите луѓе и општества во дамнината. Историско-етнолошкиот метод не обврнува доминантно внимание врз материјализмот,затоа што сметам дека човекот е многу повеќе од

Page 9: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

суштество кое собира дрва и храна за да преживее,додека вишокот од собереното,психолошки да го злоупотребува и користи за наметнување на влијание. Како што е изречено од Б.Франклин дека човекот е homo-faber (tool-making animal),човекот како биолошко суштество во суштина е многу повеќе од тоа,иаку е докажано дека преку убедување и демагогија може од него да настане налик на животно. И крајната разлика,е тоа што Западно-Европскиот од Балканскиот дел,заради географската местоположба има различни сфаќања,начини и филозофија према производството,економија и општеството,а со тоа и различен развиток и иднина во историскиот тек. Овој полуостров секогаш контактирал и секогаш имал и ке има внимание ѝ од народите од Западно-Европскиот и од Источно-Европскиот регион,но и со Ориентот.Таквото комуницирање и размена на искуства, прави без цврста припадност кон ниеден од горенаведените региони,туку свој специфичен и посебен регион. Сумирање на главните карактеристики на Историско-етнолошкиот метод:

1. За главно прашање ја има последицата и потребата ,кои се резултат од историјата.

2. Притоа при истражување не дава доминантна улога на материјалниот,ниту на нематеријалниот дел од човековото дејствување,туку со логиката се заклучува кој од тие две во кој историски тек имал доминантно предизвикување на промени во колективната свест.Имаме разни примери каде што некогаш и комплетно нематеријализирани сфаќања,пораки и мотив имале клучен момент за промена во дејствието на една групација,без притоа во тоа општество да имало потреба од класна распределба или забележано присуство на производствените односи.

3. Не претпоставува некаков историски настан,без одредени доказни средства,пишани и непишани.Каков што имаме за пример кај историскиот-материјализам со тезата за примитивен комунизам.

4. Истражувањето се спроведува само врз одреден народ,или етнос,без можност на едно пошироко истражување на еден или повеќе етноси со слични менталитети.Затоа што две реки може да се спојат во нивниот тек и да формираат делти,но секогаш течат од различни извори.

5. Не цели кон апсолутна евдемонија или апсолутно добро,туку крајно прашање е откривање на позитивности,нивно воскреснување,и практично применување согласно денешни потреби.

Page 10: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

9

9

Каков е менталниот склоп? За одговор на првото прашање,или за да може некој да одговори на оваа прашање,мора да има солидни познавања од историскиот тек низ кој поминал народот на кој се проучува менталниот склоп,како и да потекнува или да има живеено подолго време меѓу тој народ. Кај сите народи одредени работи,места,градби,животни и слично,различно се согледуваат/интерпретираат. За некои народи некои работи претставуваат светост,за други истите тие претставуваат обичен предмет или објект. Прост пример имаме од индиските народи,каде длабоко во нивната свест или ако сакате менталитет,е вкоренето дека кравата е свето животно,додека од наше гледиште кравата е само домашно животно. Што би значело дека производството на млекото и млечни производи различно се одвиваат тука и во Индија,само заради различната интерпретација на народите. За да се одговори правилно на оваа прашање,од менталитетот на еден народ верувањата кои произлегуваат од таа свест,мора да се издвојат празноверијата од митовите и преданијата. Затоа што одредени преданија,митови и легенди,заради нивната старост низ текот на времето можеби се погрешно пренесени во некоја општествена криза,заборавени или модификувани во правци на кои им одговарало на новите текови,и слично.Тоа може да се открие само со солидно познавање на историските состојби и односи меѓу луѓето. Сите народи си имаат своја симболика и хералдика,без разлика дали се добиени по природен пат или по вештачки пат. Како пример може да се наведе свастиката како симбол. Свастиката денес во Западната цивилизација се третира како знак на лошо,како знак на ултранационализам и како знак за антисемитизам. Додека во Источната хемисфера,поточно во Азија,овој симбол се согледува како симбол на добра среќа и надеж. Вештачкото користење во некои европски држави од минатиот век, довело до искривување на интерпретацијата кај европското и западното население за свастиката,но доколку не би имало “Втора” светска војна,или пак доколку не би се употребил тој симбол за некакви империјални идеи,во Европа тој знак денес можеби би имал исто значење со интерпретација на свастиката,каква што имаат денес источните држави во Азија(најчесто Индија и Тибет). Ова е само пример како еден историски тек на настаните,би можел кај народите да ги измени гледиштата кон работите.Ова се општи примери за различностите на народите,и за нивни гледишта кон некои работи. Дека ова прашање може навистина да наметне обемна тема,би можеле и самите да заклучите,па затоа ке се задржиме да го дознаеме одговорот на прашањето за нас,односно каков е менталитетот на Македонскиот народ.

Page 11: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Што го обликувало менталниот склоп? За да се дознае што го обликувало менталниот склоп кај еден народ, исто така како и кај првото прашање,мора да се познава тој народ на терен како и да му се познава минатото. Кај некои народи обликувањето траело подолго,кај некои пократко. Обликувањето кај некои народи одело побавно,додека кај некои процесот бил побрз.Некои народи биле обликувани со вештачки инструкции,некои биле обликувани според потребите,односно по природен пат без некоја структурално-установна интервенција. Напоменавме дека менталитетите тешко се менуваат кај народите, кај некои народи вештачкото менување е скоро невозможно. Кога зборуваме за менталитетот или менталниот склоп,треба да заклучиме дека некои елементи се базични,додека некои се споредни,исто така треба да се напомене дека некои елементи се од домашно потекло,односно се производ од домашните сваќања и вредности,додека другите елементи се наметнати или страни,односно настанале со влијание од некоја друга култура. Во креирањето на еден добар систем,мора во предвид да се земат базичните елементи како клучни,кој ке дадат во кој правец да се движи едно општество,затоа што едно општество е исто како и човекот,мора да има силен мотив за да опстанува,доколку едно општество го изгуби мотивот,тогаш настанува процесот на изумирање. Доколку се постави прашањето,зошто е битно да се дознае што го обликувало менталниот склоп таков како што е,одговорот може да се даде на докторски начин,односно откако ке се утврди дијагнозата,се гледа историјатот на болеста,како една болест се менувала и која е причината зошто се менувала,со цел да се дознае правилниот начин со кој би можел пациентот(менталитетот) да се излечи. Но да не се сфати погрешно одговорот,не сите сегменти од менталниот склоп на народите може да се видат како “болести”,одредени сегменти се позитивни,и тие сегменти треба да се задржат. Денес можам слободно да кажам,дека сите општества во светот се со тешка дијагностицирана болест,некои се полоши,некои подобри случаеви. Другото битно,кога ке се одговори на ова прашање,е што и кој е мотивот од тоа историско време,гледано од кога настанал процесот на обликувањето на некој сегмент од менталниот склоп,што сакало да се постигне,дали се постигнало,или пак дали погрешно се постигнало и обликувало тој дел од менталниот склоп. За пример ке ја земеме,денешната позната германска работливост и дисциплина.Оваа вредност била вештачки наметната,под влијание на девизата Uber Alles.Со оваа се дало мотив на тоа германско население,првично заради производството во воената индустрија,но денес од современа перспектива е со сличен мотив,но сменета примена,затоа што денес овој сегмент од германскиот менталитет се користи претежно во цивилна индустрија,што претставува позитивна трансформација од првичната примена.

Page 12: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

11

11

Какви се очекувањата и потребите? Третото прашање е можеби клучното прашање за одредувањето на правецот кон иднината,кога би се создавал еден систем. Важноста на оваа прашање е толку големо што другите две би ги класифицирал како теорија,додека оваа прашање како пракса. За да се одговори на оваа прашање,треба да постои солидно познавање од реалната состојба на моменталното општество,како и да постои познавање од очекувањата на еден народ.Попросто кажано,не сите народи би се задоволиле или еднаквомерно би биле среќни,со одредено општествено постигнување.Идеален одговор на оваа прашање би било кога би се поставило идеална рамнотежа измеѓу очекувањата и потребите,премногу големи очекувања со помала потреба би можело да доведе до неуспех,и обратно преголема потреба со премало очекување исто така би предизвикало неуспех на тоа општество. Пример африканска држава со население од два милиони,има потреба од мал ефикасен аеродром за воздушен сообраќај.Исто така изградбата на тој аеродром,самата вест би предизвикало чувство на задоволство кај тоа население,бидејќи таквите работи таму се реткост.Додека изградба на голем аеродром дури и поголем од оној на африканскиот,во некоја европска држава од 80 милиони население,самата вест би поминала како секојдневие,затоа што во Европа аеродромите се честа појава,и самите очекувања за да се задоволат,бараат многу повеќе од онаа чувство дека некаде некој аеродром бил изграден. За да се постават здрави темели на иднината во едно општество, мора да се цели кон урамнотежување на очекувањата и потребите кај тоа население,со цел мотивот да остане силен и свеж. Очекувањата кај едно население,може да се настанати по природен или настанати по вештачки пат.Потребите исто така може да се настанати,по природен или вештачки пат.Кај потребите битно е да се спомене дека клучна потреба е опстанокот,односно да се обезбедат основни услови за да субјектите можат да преживеат,како во физичкиот аспект така и во духовниот.(пошироко објаснето во економско уредување на новото општество ). Здравите очекувања би биле оние,кои кај мнозинското население би биле малку под потребите,со цел мнозинскиот дел од населението да биде задоволно,додека нездрави очекувања би биле кога поголем дел од населението ке премине кон поголеми очекувања од потребите. Така со нездравите се создава потребата за туѓо,со цел да се задоволи со апетитот на очекувањата,но тоа најчесто завршува и неуспешно. Крајот во овој воведен дел на историско-етнолошкиот метод, за креирање на добро општество кај некој народ,зацртува дека мора на тој народ да му се спознае менталитетот,причините за создавање на тој менталитет и да се спознаат очекувањата и потребите на тој народ.

Page 13: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Човечки особини во општествените прилики и неприлики Пред да навлеземе во етнолошкото прочешлување низ историјата, неможеме а да не споменеме првин дека сме специфично биолошко суштество во научни кругови познато како humanum. И како таква биолошка категорија сите човечки суштества на планетата Земја,имаат сличности и карактеристики како во материјализирана форма со тело и органи,така во нематеријализирана форма како што е човечката наивност,човечката емпатија и човечката разумност. Таквите сличности кои се карактеристични за човекот,предизвикуваат во одредени општествени состојби од еден период,во друг период со слична општествена состојба,одредени луѓе да реагираат исто или слично со одредени луѓе од таа друга историска епоха или период. Пример,кога во едно општество имаме случај на прекумерена материјална благосостојба,човекот односно голем дел од населението од тоа општество,во голема мера заборава дека е човек и ги запоставува оние човечни карактеристики кои горе ги набројавме. Така тежнее да се издвои од другите,преку што поголемо акумулирање на материјално богатство. Кога едно општество е во криза и населението е на работ на егзистенција и преживување,голем дел од луѓето бидуваат задоволни само со преживување,или со задржување на онаа што веќе го стекнале или наследиле во предкризниот период,без притоа да прикажуваат тежнеење кон прекумерно богатење,и преку богатство да се истакнуваат во општествените односи. Обично во кризниот период на едно општество,се јавува кај помал дел од населението,истакната човечност и интерес кон спознавање на човекот,природата и Создателот. Низ старите епохи имаме разни примери,како во такви лоши состојби во општествата меѓу населението,потикнати од високо осознаени луѓе да се јавува монотеизмот како религиозно движење,како и религиозни движења кои појасно ги дефинираат односите природа-човек,Бог-човек,општество-човек и човек-општество. Најверојатно во тие периоди се јавува интерес кон овие работи од надарените луѓе,затоа што условите кои ги нуди таквата состојба во општеството,доведува до тоа лично да ја почувствуваат маката,тешкотијата и нечовечноста кој може да настане од самиот човек. Примери за тоа имаме во староегипетската општествена криза и појава на атенизам,која била монотеистичка религија ширена од фараонот наречен Акенатен(сличноста со биографијата на Мојсеј е огромна). Имаме појава на будизам со кризата кај старите индиски држави,обмислен и образложен од Шаќја Муни(Буда). Стоицизмот кој исто така се појавува во постглобалната криза по Александровата смрт,и пропаст на Македонската Империја. Дури и христијанството,како монотеистичко учење се јавува во римскиот кризен период и нестабилност во Источното Средоземје.

Page 14: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

13

13

Ваквите состојби многу влијание и промена освен што ја има во духовната клима кај населението,има директно влијание и во промената на односите помеѓу поединецот и државата,како и промената во очекувањата и амбициите на една личност во врска со неговата изразеност кај органите на државата. Кога едно општество е во состојба на безредие и хаосот преовладува,очекувањата на луѓето се на ниско ниво,и повеќето од луѓето се преокупирани со решавање на проблемите на личниот дел од животот,со копнеж за лидер во државата кој би поставил ред во системот и во меѓучовечките односи. Но кога едно општество е во состојба на општествен ред,и кога системот функционира во правец на прекумерна благосостојба за одреден народ ,а хаосот не е видлив за повеќемина од припадниците на тој народ, тогаш на поголемиот дел во тој момент,очекувањата им се високи и како расте благосостојбата во системот,така им расте копнежот за вмешаност во системот,дури и до таму,за оние општествени позиции кои што се клучни за одржување на редот. Не разбирајќи притоа сериозно,колку е поголема општествената моќ на една личност,толку поголема одговорност се бара од него,за да успешно се одговори на предизвикот,и да не се нанесе штета за идни генерации од тој народ. Затоа внатре во едно општество,кое цели кон здрав и одржлив развој во својата економија,своите установи но и во најбитното,а тоа е здрав психофизички развој на своите субјекти(народот),и редот и хаосот мора да се присутни,особено сетилно да се видливи за повеќемина од народот,без притоа да се дозволи хаосот да преовладува,притоа редот да биде истакнат во клучните органи на системот,за да не се дозволи избегнување од здравиот и одржлив пат на една држава. Со тоа во едно општество,благо би требало да преовладува редот. Ваквата состојба во внатрешните работи на едно општество,е навистина тешко за лидери и оние кои ја имаат одговорноста за водење,да ја одржуваат оваа урамнотеженост на редот и хаосот. Тоа бара сериозен пристап од луѓе со високо разбирање за работите ,речиси од сите научни дисциплини. Освен што бара внимание,бара и време и период. Тоа време и период на денешните лидери сериозно им е скратено,па затоа наместо истите да креираат сериозно промислени идеи,и нив да ги спроведат во пракса,тие најчесто на народот нудат брзи решенија ,кои најчесто и брзо се покажуваат како некорисни и креираат нови проблеми,наместо постоечките да ги решат. Додека брзите решенија секогаш се нудат затоа што народот кој има многу проблеми,тежнеејќи кон тоа сите да ги реши,ги избираат брзите решенија за прифатливи,а со тоа ги избираат и лидерите кои истите ги промовираат/образложуваат.

Page 15: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Примена на методот во Македонскиот пример Каков е менталниот склоп?

Главни карактеристики на општиот или генералниот македонски менталитет би се рекло дека тој е неагресивен,неекспанзивен,лесно вклоплив во страни менталитети,но и битна карактеристика која ги задржила клучните елементи на раната македонска култура во современиот македонски менталитет,е тоа што тој е тешко менлив односно статичен по клучните прашања. Тој е неагресивен,затоа што современиот македонски менталитет во самата современа и историска пракса,покажа дека не негира туѓи вредности,ниту пак ги омаловажува другите вредности иаку самите македонски вредности се цел на негирање. Тој е неекспанзивен,затоа што современата пракса покажува дека несака насила,ниту воопшто цели кон тоа вештачки да наметне свои вредности. Тој е лесно вклоплив во другите менталитети,како последица од горенаведените две главни карактеристики,тој лесно се вклопува затоа што лесно ги учи другите вредности без предрасуди и омаловажувања,не учејќи ги со цел да им ги наметне сопствените на сила. Тој е статичен,затоа што главните вредности од типот на слободоумност и слободољупство,еднаквост меѓу граѓанството,родовата еднаквост,неагресија према послабите се вредности создадени уште првичниот период на создавање на македонската нација,задржани до ден денешен. Покрај главните карактеристики на македонскиот менталитет,постојат и споредни карактеристики.Покрај поделбата на главни и споредни карактеристики,другата разлика потребно е да се направи на негативни и позитивни карактеристики. Како дел од позитивни споредни карактеристики на современиот македонски менталитет,е тоа што тој е слободоумен,исто така и цели кон прогресија,родова еднаквост во семејството,еднаквост меѓу граѓаните,неагресија према послабите. Тој е слободоумен и слободољубец,затоа што современата како и историската пракса покажала,дека е голем противник против ропството,несака наметнувања на туѓи вредности врз него доколку самиот не ги посака или почувствува како потреба. Тој е прогресивен,затоа што современата пракса покажува дека генерално македонските граѓани се склони кон изучување на општата култура,прогресијата може да биде и негативно насочена,но сепак писменоста која го дава денешниот концепт на образование е на стабилно базично ниво,иаку статистиката знае да даде спротивни резултати. Но да не дојде до заблуда и контрадикторност кај читателот од гореспоменатата главна карактеристика статичност,за таа

Page 16: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

15

15

карактеристика се зборува во смисол за зачувување на културните вредности,додека за споредната карактеристика прогресија,зборуваме за образовното ниво и целење кон придонесот во технолошкиот развој. Често се злоупотребуваат овие две карактеристики и често се зборува дека тие две неможат да одат заедно,што секако не е точно. Тие две карактеристики секогаш одат заедно. Тој цели кон родова еднаквост,со мала доза на патријархални елементи(во делот на одговорот на второто прашање со историски метод ке појасниме поопширно зошто имаме такви елементи). Современата но и историска пракса,покажува дека македонскиот маж како и македонската жена,никогаш не целеле кон крајна доминација во брачната заедница. Тој речиси секогаш е неагресивен према послабите,што историската пракса неколку пати потврди дека современиот македонски менталитет, како наследство од стариот,никогаш организирано ни со цел не посегнува со агресија према послабите,изнемоштените,децата и жените во услови кога можел да биде.Тоа е голема цивилизациска карактеристика остаток од дамнешни времиња. Како дел од негативните карактеристики на современиот македонски менталитет,може да се наведат висок степен на индивидуализација ,самосожалување заради моменталната политичка состојба ,апатичност и склоност кон материјализмот(последица од големи очекувања). Тој е со висок степен на индивидуализација,и иаку во Западниот свет се наметнува индивидуализацијата како придобивка,сепак превисокиот степен на индивидуалност доведува до отуѓување од семејството ,отуѓување од пријателите,а со самото тоа во денешен свет на виртуелност,лесно индивидуалецот ја губи реалноста во околината. Самиот висок степен на индивидуализација доведува до следните негативни карактеристики,како што се самосожалување ,апатичност и материјализмот. Високиот степен на индивидуалност,во праксата на современиот македонски менталитет се покажа како многу погубен,по репродукцијата на населението,по зачувување на македонскиот начин на живот и други сегменти од културата. Тој е често самосожалив,(повеќе ке ги објасниме причините за ваквата карактеристика во одговорите на второто прашање) Тој е апатичен,затоа што современата пракса покажува слаби знаци на активност,во креирање на сопствената реалност,покажува слаба економска активност,слаб интерес кон потенцијалите кои ги има и слаб интерес кон креирање долгорочни политики. Тој е склон кон материјализмот,каде историската и современата пракса покажува дека македонскиот менталитет често знае да биде во одредени состојби поткуплив,некогаш како последица од големите очекувања,некогаш како од потребата физички да опстане. Главно наследство денес,оваа склоност во пракса ни покажува висок степен на раслој на македонското население и асимилација кон други, најчесто соседски менталитети,како и неуспех во клучните моменти од историските текови.

Page 17: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Што го обликувало македонскиот современ менталитет?

За главните карактеристики на нашиот менталитет кои воглавном се позитивни,придонело тоа што македонскиот менталитет се обликува речиси дваесет и пет века наназад. Низ текот на тие дваесет и пет века,македонскиот менталитет три пати достигнувал врв на своето постоење. Првиот пат врвот го достигнал за времето на македонската династија Аргеади,кој своите вредности ги распространило од Балканот(Хемос) до Индија,и постојат денес наметнати преку континуитет кај некои балкански народи,и кај малоазиското население. Од оваа прво достигнување на врвот,денес од наследството во македонскиот менталитет има опстанато неагресивноста,од пример каде што јасно гледаме дека Александар Трети Македонски за прв пат во историјата ги промовирал како идеи за државноста.Во историските примери јасно се гледа како Александар ги почитувал туѓите културни вредности,дури и прифатил одредени како за свои.Тоа можеме да го видиме и за време на владеењето на Антигонидската династија,каде што со власта врз другите народи,не наидувале на насилна и форсирана асимилација.Од овој период имаме промоција,иаку многу порано создадено во македонскиот менталитет,кој како наследство ни ја оставиле слободоумноста и слободољубството.Тоа јасно го гледаме кај војниците и следбениците на Александар Трети Македонски,кога се обидел да ја наметне проскинезата(поклонување пред владетелот)и кај Македонците,наидувајќи на жесток отпор(тука се манифестира и статичноста како еден од клучни елементи на македонската култура). Овие обиди на Александар,можеби го чинело и самиот негов живот. Со доаѓањето на Римјаните,слободољубството се изразува и во жестокиот отпор од 50 години што династијата на Антигонидите ке до даде против римскиот империјализам,тука како пример е и востанието на Андриск.Што значи овие две карактеристики се едни меѓу првите обликувани и вметнати во македонскиот ментален склоп. Прогресијата исто така се манифестира во овој период,со основање многу школи и гимназиуми,а како добар пример е и формирање на Александриската библиотека,која служела како големо складилиште на знаењето и центар на културата во стариот свет. Прогресијата значително стагнирала во римскиот период,најверојатно заради лошата материјална база,но во византискиот период и македонската ренесанса во Ромејската држава,ја вратило оваа карактеристика во својот полн сјај меѓу населението. Родовата еднаквост исто така е изразена во тоа време,тоа се гледа преку примерите на Евридика(мајката на Филип) и Олимпија(мајката на Александар)каде што вршеле големи активности на политичката сцена, оваа карактеристика била изразена дури и повеќе од денешниот современ македонски менталитет,бидејќи денешниот содржи примеси на Патријархалните принципи,кои се остаток,односно наметнати преку континуитетот на римската цивилизација,подоцна и на ромејската односно византиската цивилизација.Исто така важно е да се напомене дека во модерните текови денес,родовата еднаквост како карактеристика често наидува на дисбаланс,што од влијанието на вештачки наметнати

Page 18: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

17

17

вредности на глобализацијата,што од самото непознавање на сопствената културна карактеристика.Имено често знае оваа позитивна карактеристика да биде на мета од радикалниот феминизам и заговорниците на патријархалност во современото време. Еднаквоста меѓу граѓаните,е исто така карактеристика започната со обликување од време на Филип Втори,кој со својата политика создал доминантно населениe со средна материјална база,или среднокласно општество.Дека сите се гледале како еднакви,говори и тоа што во тоа време секој можел од страна на владетелот да биде вметнат во највисокиот сталеж,доколку претходно ја докажал вредноста и лојалноста кон сопствената држава.Како пример може да се спомене Антигон Едноокиот,кој всушност потекнувал од сточарско семејство од Еордаја.Подоцна самиот Антигон првин од страната на Филип,а потоа и од Александар,заради своите воени способности бил гледан како дел од соматофилаксите(личните телохранители на владетелот).Ист случај е и со Лисимах.Еднаквоста и гледиштата кон еднаквоста како карактеристика,доживеало сериозен пад во римскиот период и варирало во ромејскиот односно византискиот период. Од негативните карактеристики во раниот почеток започнале да се обликуваат индивидуализацијата,апатијата(во римскиот период),и склоноста кон материјализмот. Индивидуализацијата пред овој период драстично се изразил и по смртта на Александар,каде што се манифестираат тешки примери на превисоки очекувања,зголемувајќи ја и склоноста кон материјализмот кај тогашното македонско благородништво,работи кои довеле до распад на империјата на Александар.Самиот Александар сфатил дека за да го владее големото новоосвоено население,самиот владетел морал да има божествен мотив,односно самиот владетел да е бог меѓу луѓето,со цел полесно да ја постигне дисциплината и послушноста меѓу субјектите. Раната смрт на Александар,кога “богот” починал,тогаш сите меѓу Македонците посакале да станат “богови”,односно да владеат. За овие случки славниот Николо Макијавели во своето дело Il Principe(Владетелот) за Македонците ке запише: “Бидејќи разгледавме дека постојат тешкотии да се одржи новоосвоена држава,можеме да се зачудиме како Александар Велики станал господар на Азија за кратко време и починал тек по нејзиното освојување,разумно би било цела таа држава(Персија) да се побуни,а Александровите наследници сепак ја задржаа таа држава и единствена тешкотија која ја имале за да би опстанале со неа,бил спор измеѓу самите нив,кој се јавил заради нивните амбиции”. Самиот Макијавели потенцира дека очекувањата станале преголеми меѓу наследниците. Овој боженствено-автократен концепт на владеење,подоцна ке продолжи како континуитет во ромејската држава со институцијата император. Второто достигнување на врвот,македонскиот менталитет го достигнал за времето на владеење на македонската династија или за време на македонската преродба во Ромејската држава(Византија).

Page 19: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Во овој период покрај првичните карактеристики,како последица од спојот на македонската култура и римското право во самата Ромејска држава,одредени карактеристики се видоизменети,во родовата еднаквост каде што се јавува силниот римски pater familias,примеси од патријархализмот.Но самата ренесанса довела до оживување на старите вредности во самото ромејско општество,со што уште еднаш се манифестира статичноста односно тешката менливост или ако сакате македонската тврдоглавост. Освен во овој период што се манифестирала статичноста како карактеристика,тука стариот сјај и бил вратен и на прогресијата. Прогресијата како карактеристика во македонската ренесанса особено се изразува со Магнаурската школа,добри примери се Кирил и Методиј,Климент и Наум,како и Црноризец Храбар кој ја карактеризира слободоумноста,но не смееме да ги заборавиме и богомилите кои исто така оставиле длабока трага и помогнале во третото достигнување на врвот односно во Самуиловиот период. Белег во современиот македонски менталитет од ромејскиот начин на владеење е православието,односно царот бил божји намесник на земјата.Но непоучени од македонскиот империјален период,ромејската владеачка елита како и предходно македонската,често имале проблем со своите амбиции. Во третото достигнување на врвот,обидот за сепарација на Македонците од Ромејската држава,која за жал завршила неуспешно,е за времето на владеењето на цар Самуил. Во овој период македонската ренесанса како и богомилизмот,до тој степен ја освежиле меморијата на Македонците за нивната култура,да посакале целосно оделување од Ромејската држава. Периодот бил изразен со карактеристики на статичноста ,слобољубството и слободоумноста,но по падот на Самуиловото царство,следела високо изразеност на сите современи негативни споредни карактеристики,а тоа се апатичноста ,самосожалување и склоност кон материјализмот. Склоноста кон материјализмот се манифестираат од настаните со предавството на Иван Владислав према својот братучед Гаврило Радомир,потикнат од ромејскиот император дека ке го признае него за цар,Иван го убива својот братучед,и ослепување на Петар Дељан од страна на својот роднина Алусијан,кој исто така бил примамен и потикнат од ромејскиот дворец,со големи поседи и титули. По неуспешното востание на Георги Војтех,4 века напред што следеле најизразена била апатијата и самосожалување,каде што опстојуваат во нашиот менталитет и до ден денес и тоа на високо ниво. Секако дека 28 илјади извадени очи во подножјето на Беласица неможе да биде извор за општа радост меѓу населението,но сепак среќа е што од овој настан не дели временска дистанца од еден милениум. Апатичноста најмногу може да се увиди од тоа што Македонскиот народ целосно иаку насилно,ја прифатило идејата да се слее во ромејското општество. Клучен момент за прифаќањето на “ромеизмот” е тоа што идејата и мотив на ромејското општество било православието,додека идеите на

Page 20: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

19

19

православието меѓу македонското население било општоприфатени,и тоа прво меѓу европските народи. Раслојството на македонското население е широко изразено во овој период,се до падот на Константинопол во 1453 година. Битката кај реката Марица или Маричка битка,како и падот на Константинопол,исто така сериозно влијаело врз севкупното православно население на Балканот. Маричката битка била важна затоа што по оваа битка Македонија потпаднала под Османлиите,додека падот на Константинопол е важен затоа што со овој настан се потврдило присуството на Османлиите на овие простори,кои ке го имаат наредни 5 века. Во текот на овие пет века,во првите четири века највеќе до израз биле негативните карактеристики на современиот македонски менталитет. Прогресивноста доживеала пад како никогаш порано,сета интелегенција која го потикнувала прогресот заминала во Западниот католички свет,од каде што ретко кој се вратил. Минималниот степен на прогресот биле одржувани по манастирите,кои служеле како единствен извор до последниот век од владеењето на Османлиите,самосожалувањето,апатијата и склоноста кон материјалноста биле до највисок степен изразени,додека единствена позитивна карактеристика е слободољубството,која низ разни историски текови како минувале се манифестирало преку ајдутството,преку разни буни и востанија. Била изразена и статичноста,но иаку главните елементи на македонската култура не биле сменети,сепак заради големата временска дистанца,како и заради падот на прогресот,споредните елементи и македонскиот начин на живот биле во некои делови сосем заборавени,додека во некои делови видоизменети. Во петвековното османлиско владеење битно е да се напомене дека процесот на раслојување на македонското население во други менталитети продолжил,дополнително и со “данокот во крв” кои Османлиите го практикувале. Но од друго гледиште таквото однесување на османлискиот државен апарат,им дало мотив за поголема репродукција на човечката бројчаност во православните фамилии,која особено во својот процут ке се изрази кон крајот на владеењето на Османлиите до балканските војни. Со почетокот на танзиматските реформи во Османлиската Империја,кај македонското население особено дошле до израз слободољубството и народната колективна самосвест. Дошло и до нормализирање на прогресот,каде што повеќето македонски еснафски фамилии можеле да си приуштат солидно,но сепак страно претежно егзархиско и западноевропско образование. Сето тоа довело до формирање и на револуционерни организации. Добар пример за добри опстанати карактеристики на македонскиот менталитет,се манифестираат преку солунските атентатори. Самите нивни акции покажуваат висок степен на слободоумност ,неагресивност према послабите и према невините,но и висока прогресивност и пожртвуваност. Самата замисла и спроведување на акцијата говори за висока образованост во стратегичноста,додека самиот чин на информирање на

Page 21: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

невините граѓани за нивните планирани акции,и самиот акт на изнесување на патниците од бродот Гвадалкивир,покажува каква е суштината на македонскиот менталитет.Покажува дека тој е неагресивен ,но дека за да се избори за својата слобода тој секако дека може да стане агресивен према узурпаторот,но не и према невините,што е битен момент во настаните. Илинденското востание,креирањето на самата Крушевска република и Крушевскиот манифест е израз на високата волјата за еднаквост на граѓаните. По неуспехот на востанието,следи нареден период за негативни споредни карактеристики кои силно ке останат врежани во македонскиот современ менталитет. Имено во следната деценија што следи,Македонија поминува низ најтежок период од својата историја,по онаа кога Рим навлегува во Македонија по битката кај Пидна. Предавството од христијанските соседни земји,изигрувањето од големите сили,букурешкиот мировен договор и настаните што следат, долго ке бидат паметени во колективната свест како негативни настани, кои оваа население ке го остават без основни елементарни потреби за опстанок не по своја вина. Балканските војни како и “Првата” светска војна,заедно со Солунскиот фронт,ке придонесат Македонија да ја вратат неколку векови наназад во економскиот поглед. Освен во економскиот поглед,треба да се напомене масовното раслојство на Македонците за еден краток период од половина век. Пејоративните пропаганди форсирани од системите на кои им било дадено парче од Македонија,силно кај поединци ке изразат чувство на комплекс за пониска вредност. Како остаток од овој бурен и лош период,можеме да ја напоменеме карактеристиката самосожалување од моменталната политичка состојба. Прогресивниот момент во тие периоди бил загушен од туѓите пропаганди,со што постепено тоа довело до криза во идентитетот и самосвесноста кај голем дел од населението. Периодот од “Првата” светска војна до “Втората” светска војна ,карактеристика на државните апарати кои биле инсталирани на територијата на Македонија,биле со постојана пропаганда и влевање страв меѓу населението,насилно наметнување на туѓи вредности,насилно протерување и размена на населенија,додека македонската интелегенција демонстрирала сериозно неединство,и непрактични замисли и планови околку можни решенија за прашањата кои биле наметнати. По “Втората” светска војна,благодарение на тоа што бил разнишан британско-францускиот империјализам,а со тоа и претежно ослабнато нивното влијание на Балканот,како и партизанската организираност во Македонија,довело до тоа да се формира независен државен апарат ,односно апарат каде што би можело да се креира и негува колку толку опстаната македонска култура. Во овие моменти македонскиот менталитет доживува надеж со силно изразени моменти на слободоумност,која подоцна ке биде приметена како сепаратизам од југословенскиот режим.

Page 22: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

21

21

Во социјалистичкиот систем,најверојатно заради притисокот на Англо-саксонската империјална политика на Балканот,како и продолжување на истата од страна на САД по “Втората” светска војна,иаку постоел независен државен апарат на територијата на Вардарскиот дел,сепак очигледни се обидите уште од самиот почеток,на Македонскиот народ да му се отргнат белезите со кои се карактеризира автентичната култура,па на тоа место вешто користен космополитизмот и вешто манипулирана комунистичка идеологија,како виша наднационална идеја во која била користена пропагандата за бескласност.(слична пропаганда за космополитизмот има водено Ромејската држава,со разлика во изговорот за космополитизмот,каде била користена вероисповеста како виша наднационална идеја). Ваквата поставеност на идеологијата во државниот апарат,довело до тоа да во македонскиот начин на живот,лесно се вметнат елементи од страни култури. Раслојот на македонското население би бил многу поизразен во периодот од “Втората” светска војна се до прогласувањето на независна република,но самата состојба со постоење на независен или полунезависен апарат на територијата на Вардарска Македонија ,довелото до нејзино ублажување. Високиот степен на слободоумност,била изразена во почетните години од формирање на АСНОМ во манастирот св.Прохор Пчински. Водечките ликови како Панко Брашнаров и Методија Андонов,биле примери за изразот на македонската слободоумност и македонската слободољубивост. Постепено со годините македонскиот независен државен апарат кој бил формиран во Вардарскиот дел,потпаѓал се повеќе и повеќе под централизирана власт која Југославија ја преферирала во Белград. Заради спроведување на таквата политика,постепено била гушена македонската слободоумност од сопствениот систем. Но важно е да се напомене дека самото општо мислење на населението тогаш,со помислата дека создала сопствен државен апарат,и со свежината низ хаосот што го поминал претходно,македонскиот менталитет станал презадоволен само со тој акт. Дополнително задоволството било големо,затоа што долгогодишна временска дистанца сме немале шанса за креирање на сопствена држава. Таа е и причината што југословенскиот централизиран систем,не со толку големи маки успеала да ги наметне своите идеи. Почетоци на индивидуализација се појава во овој период,а особено се засилила со насилната индустријализација во социјализмот,заедно со склоноста према материјализмот. Во овој период на индустријализацијата,може да го спомнеме и наметнатиот комплекс према селската средина.Пејоративни и честите пропаганди за некорисноста на селото,довело до тоа населението во Вардарскиот дел од Македонија претежно се пресели во град,што не било случај никогаш во историјата на Македонскиот народ. Секогаш населението,процентуално повеќе живеело во селски средини. Таквите политики драстично нанеле удар према македонскиот начин на живот.

Page 23: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Поновиот период од годината на осамостојувањето преку референдумот па наваму,нема многу да го образложуваме,затоа што секој потенцијален читател е свесен каков претставуваше тој период, делумно и е сведок и самиот може да заклучи какви негативности се нанесоа од тоа време.Тој период од две декади,само зацементира некои споредни негативни карактеристики во нашиот менталитет. Единствено ке напоменам дека е пропуштена голема можност,во првата декада да се создаде доверба во денешново општество,односно да бидат создадени услови за здрави темели. Периодот од 2001 па до сега,е голем израз на карактеристиката за склоност кон материјализмот,самосожалувањето и апатичноста,таквото влијание првин го примени владеачката групација, а потоа сама по себе како чума се рашири низ општото јавно мнение. Она што допридонесува некои негативни карактеристики,да бидат поизразени кај нас од другите менталитети,е тоа што за нивно врежување покрај тоа што голем допринес имаат историските текови,силно потикнување предизвикува и глобализацијата. Впрочем овие негативни карактеристики се силно потикнати од самиот процес на глобализација,и од страна на модерните трендови кои се силно поврзани со процесот на глобализација. Единствениот мотив кој го дава овој процес,е мотивот за креирање на пари и профит,и самиот мотив доколку биде силно потикнуван од самото општество во пракса,покажува дека кај луѓето покрај склоноста кон материјализмот,силно како нова појава меѓу работниците се појавува кариеризмот,што е состојба на негативно размислување. Ако го сумираме одговорот за македонскиот пример со оваа второ прашање,ке заклучиме дека македонскиот менталитет постојано и драстично варирал со позитивни историски текови,но со многу повеќе негативно влијателни текови,што доведува до логичен заклучок дека негативни карактеристики во нашиот менталитет,никако не се производ на случајност. Низ историјата има многу други помалку позитивни,но многу повеќе негативни историски текови,и она што можеме да забележиме е тоа дека сите негативни текови биле испровоцирани од империи кои сакале контрола врз Македонија,а со самото тоа и врз Балканскиот Полуостров. Римскиот модел за контрола на Македонија,најмногу бил во употреба,како што е во употреба ден денес,преку Divide et Impervm моделот(подоцна во политичкото бреме на Македонскиот народ подетално ке објасниме,за сличностите на римскиот окупационен модел со денешниот). Интересно за напоменување е и тоа што,секогаш кога македонскиот менталитет достасал до врвот и до степенот на империјализам, тој никогаш не наметнувал свои вредности насила. Тоа можеме да го заклучиме во сите три периоди на врвот. Друго битно за забележување,е дека македонскиот менталитет секогаш се наоѓал на врвот во оној момент,кога во самиот македонски менталитет најистакнати биле елементите на автентичната македонска култура и македонски начин на живот. Тоа е веројатно тајната природна формула за неагресивна експанзија.

Page 24: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

23

23

Влијанието од религиозно-филозофските движења Посебно внимание во обликувањето на македонскиот народен склоп,ке обврнеме кон религиите кои оставиле белези,затоа што како кај нас така и кај многу народи,религиите оставиле поголемо влијание отколку самите општествени уредувања. Од античкиот период,како посебно филозофско и религиозно движење ке го одвоиме стоицизмот како појава. Стоицизмот како движење се појавува во Атина.Оваа движење за прв пат го покренал познатиот филозоф Ѕенон Китиецот. За Ѕенон се претпоставува дека бил по потекло Феникиец,но затекнат со крупната промена на светот по Александар,Ѕенон претежно сиот свој живот го има проведено на Атика.По Ѕенон оваа движење многу било изучувано во Пела,од филозофите Персај и Арат од Соли. Посебно за напоменување околу стоицизмот,кога тој зема замав како појава обмислена и објаснета од филозофскиот кружок во Атика,овој регион тогаш се наоѓал под македонска управа,поточно под владение на антигонидскиот василевс Антигон Гоната. Овој Василевс сериозно и самиот бил вљубен во филозофијата,па така ширењето на оваа движење во неговото владение одело прилично лесно, дури и самиот Гоната го прифатил овој правец за свој. Најверојатно во негово време стоицизмот бил доминантен во Македонија,и меѓу македонското население. Но може да се каже дека и самиот стоицизам,има примеси и од карактеристиките на македонската култура,која била тогаш на врвот на својата слава. Стоицизмот како религиозно-филозофска појава е во принцип монотеистичка. Односно стоицизмот учи на тоа,дека постои само еден Креатор,на се што гледаме и чувствуваме во физичкиот и духовниот свет. Исто така ова движење учи на тоа,дека секое случување носи своја причина и дека секој настан без разлика позитивен или негативен од него мора да се извлече поука,за да подоцна ако се повтори позитивно да се одговори,односно никогаш човекот не треба да тежнее кон самосожалувањето. Стоицизмот најголема почит им одава на природните закони,кои постојат во природата,односно дека луѓето треба да живеат во склоп со тие закони,и секое спротивно однесување од законите на природата, може да доведе до сериозна последица. Човекот треба да се води по правиот пат низ секоја животна состојба,односно секое негово делување треба да се води кон логос, делувањето да има логика и разум.Неразумното однесување и нелогичното е патос,тој е патот кој човекот треба секогаш да го избегнува.Стоицизмот ги одредува негативните чувства на човекот,кои се спротивни на разумот.Се мисли на четирите човечки чувства,посакувањето,стравот,задоволство(добиено од перверзните работи) и болка.Додека од позитивните човекови чувства се споменуваат волјата,смиреноста и радоста.

Page 25: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Покрај стоицизмот,како филозофско движење ке го одвоиме и христијанството,вероисповест која е доминантна и ден денес. Оваа религија е потикната од Исус Назарениот,или попознат како Исус (Х)Ристос,каде во таа чест движење е наречено како (х)ристијанско. Во Македонија,оваа движење доаѓа првин во градот Филипи,од апостолот Св.Павле. Зачудувачки е тоа што,оваа движење многу брзо се раширило во Македонија. Но ако навлезете подлабоко во филозофијата на христијанството,ке увидите дека гореспоменатите карактеристики на филозофијата на стоицизмот,се скоро идентични. Најверојатно затоа христијанството,лесно се вклопило меѓу македонското население,но и кај населението каде што бил застапен стоицизмот. Дека тоа е така,доказ е и патот по кој одел првично Апостолот во Источниот дел од тогашната Римска Империја,каде претежно одел во правецот кај народите каде што стоицизмот бил со најдоминантно влијание. Сличностите во учењето кои ги имаат овие два правци,покрај верувањето во еден Креатор или Бог,и покрај живеење во складот со природата,речисти ист пристап има и во одредувањето на тоа кои човекови емоции се негативни и позитивни. За посакувањето и христијанството учи кон тоа дека оваа емоција е негативна,и не треба да се посакува она што е туѓо,исто како и задоволството како негативен акт,и да не се задоволува човекот од оние работи кои се спротивни на логиката и разумот. Сите три позитивни емоции од стоицизмот,се во склоп со христијанското учење,учи да не ја губиме волјата,да сме смирени во секоја ситуација,и да му се радуваме на животот кој Бог го дарил. Христијанството,покрај сличностите кои ги наведовме,и кои се најверојатно причина за нејзиното брзо ширење во Мала Азија и Балканот,има уште една голема сличност со стоицизмот,особено во делот за општественото уредување.И двете учења во политичките погледи,тежнеат кон егалитарното уредување,односно еднаквоста да биде изразена. Друго филозофско и религиозно движење кое ке го издвоиме е богомилизмот. Како движење се појавува во срцето на Македонија,во Велешкиот крај. Ова движење најверојатно се јавува,како последица на изменувањето и преобразувањето на христијанството,од страна на римскиот модел на уредување и македонската културна ренесанса во Источната Римска Империја,кој како настан предходи неколку века пред богомилизмот. Видоизменувањето на христијанството,од своите првични методи кон доближувањето на Богот,е сторено со цел да се искористи оваа движење во државни и политички интереси на тогашна империја.

Page 26: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

25

25

Така во тој поглед христијанството,со доаѓањето на Константин Велики,можеби доби државно признание како религија,но со тој чин доби и инструментализација за манипулирање и злоупотреба на оваа религиoзно движење.Создавање на црковните институции,создавање проповедници кои се одредуваа од волјата на владеачката класа ,креирање на раскош спротивно од филозофијата на христијанизмот, и одалечување од првичните методи кон доближување на Богот,сето тоа довело да христијанството од самото населението се разбира како дел од државната политика.Богомилизмот всушност тежнеел кон враќањето на старите методи на христијанството,најостро одбивајќи го црквеното уредување поставено од римскиот модел на управување. Оваа движење всушност ги цени,истите вредности кои ги ценел стоицизмот и првичното неинституционализираното христијанство. Од тука логично е да се заклучи,дека првичната критичка реакција кон институционализирањето на христијанството,природно се појавила во овој реон,или ако сакате реакциите да се изнесени од претставниците на македонскиот менталитет,затоа што двата претходни правци заради долгото временско присуство,длабоко ги вкорениле нивните вредности во населението.Богомилизмот би можеле да кажеме дека повеќе ги изразува стоицистичките методи,особено во делот кон доближувањето на човека со природата.Овој метод бил изразен најверојатно заради претходно зголемената урбанизација од Римската Империја.Како битна разлика од институционализираното христијанство и првичното христијанство,можеме да го споменеме погледот кон општеството,односно тежнеењето кон егалитарното уредување.Римскиот модел на општество неможело да препознае вакво уредување,затоа што самиот имал сериозно сталежно и класноразлично уредување.Богомилизмот,затоа најостро го осудува институционализираното христијанство,како манипулативна алатка на римскиот систем,и го нарекува ѓаволско дело,додека самото движење во своите обреди продолжило да практицира егалитаризам,односно природна еднаквост меѓу самите луѓе. Исламот,иаку многу порано стапи во контакт со нашиот народ,сепак се наметнал кај поединци со доаѓањето на Османлиската династија.Христијанството и исламот се толку слични религиозни филозофии,да би рекол дека тоа е една иста религија со различна материјализирана практика.Во светите книги на Куранот и Библијата,ке најдеме исти преданија со исти мотиви.Џебраил е исто што и Гавриил,Муса со Мојсеј,Иса со Исус,Зулкарнај е пророштвото на Данаил за Александар Македонски,и други доминанти сличности.Врв на филозофијата на исламот е суфизмот,изразени со “дервишлук” кај нас.

Од овие четири филозофско-религиозни правци,можеме да заклучиме дека во современиот македонски менталитет,опстанале длабоко вкоренети карактеристиките на неагресивноста или неагресија према послабите,затоа што вредносните системи на сите правци истото го сметаат за доблест,еднаквоста меѓу граѓаните од прокламација на сите правци за егалитаризмот,и слободоумноста и прогресот од критиката.

Page 27: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Какви се потребите?

Во третото прашање кое е многу битно,ке започнам првин со тоа какви се потребите на Македонскиот народ во модерните дневно-политички и човечки односи. Долгиот историски тек довело до тоа да самиот народ заради испреплетеноста на политиката,на своите рамења да носи тежок товар. Првичната потреба претставува опстанокот,кој би можеле да го наречеме и како преживување или со било кој друг термин. Опстанокот за да биде здрав,мора да опстои како во физички план така и во духовно-културолошки план,со цел да може кога ке се создадат услови за нивно воскреснување,тие да можат да се реанимираат. Благодарение на статичноста која како главна карактеристика се одликува во македонскиот менталитет,тој досега успешно ја исполнувал оваа важна задача,дури и во невидено тешки услови. Но онаа што мораме да напоменеме во врска со горенаведеното,е тоа што статичноста по “Втора” светска војна,кај македонскиот менталитет постепено опаѓа и како главен виновник може да се посочи самиот систем. Македонскиот народ знае статичноста да ја одржува до невиден степен кога се наоѓа под туѓ државен апарат,но кога декларативно се наоѓа под сопствен уредувачки апарат,тој оваа карактеристика ја предава кон системот. Самиот систем мора да се грижи за главните темели на нашата автентична култура,каде освен грижата за нејзината заштита,битен фактор претставува нејзиното унапредување и изнаоѓање на начини како да биде самата интересна за практицирање во модерни и новонастанати услови. Битен фактор за ослабнување на статичноста кај македонскиот современ менталитет,е и тоа што поголем дел од македонското население денес живее во урбана средина. Градската урбана средина е најголемо упориште и извор на глобализацијата. Во таквата средина се врши најголемо пропагирање,иаку во поновиот период мора да признаеме со воведување на интернетот и дигитализација,тој процес лесно се пренесува како во градска така и во селска средина. Но да се вратиме на потребите. За да нив појасно ги образложиме што се и какви се,севкупното население ке го поделиме според староста,па според тоа ке ги поделиме на четири групи и тоа на подмладок,млади, средни и стари.

Page 28: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

27

27

Во подмладокот би спаѓало онаа население кое има возраст од своето раѓање па до свои 7 години. Подмладокот своите физички потреби со цел здрав развиток, ги има следните доленаведени. Подмладокот има физичка потреба од грижа од своите родители,со поистакната грижа од својата мајка,но да не биде сфатено погрешно и како шовинистичко фразирање,веднаш треба да потенцираме дека мајката,грижата за својот подмладок треба поистакнато да го има во периодот до 7 години или во пораните години,додека од 7 па до независноста како личност,поголем акцент за оформувањето на личностата и внесување во светот како здрава персона треба да го има таткото.Што би значело дека институцијата брак и различно полово родителство,за креирање на иднината во едно здраво општество се неопходни. Подмладокот има физичка потреба од здрава природна околина. И не само подмладокот,свесноста за тоа колку е неопходна здравата средина за човекот општо,постепено расте. Поврзаноста на човекот со Земјата и природната средина е беспрекорна,и ниеден профит,ниедна потреба за моќ и ниедна друга човечка причина и интерес не е побеспрекорна од горенаведената,затоа голем акцент во заштита на околината мора да постои во самото општество и меѓу самите луѓе. Покрај здравата природна околина,подмладокот има потреба од здрава исхрана ,која што самата здрава природна околина е поврзана со производство на здрава исхрана.Тука ке образложиме како глобализацијата го форсира нездравиот начин на исхрана. Одредени корпорации кои се заговорници на глобализацијата,ги пропагандираат нивните производи,кои се забележува дека се убави однадвор но трули одвнатре,и доколку се запрашаме зошто тоа тие го прават,одговорот е затоа што самите корпорации како мотив го имаат профитот,навлезени во играта на профитот често влегуваат во конкуренција и борба кај слободниот пазар,небирајќи средства. Тука би го навел негативниот кариеризам како појава во модерниот светски менталитет,кој е во постојан пораст меѓу населението (за оваа карактеристика повеќе во економско уредување на новото општество). Покрај физичките,како повозрасните луѓе така и подмладокот има своја потреба за негување на духовноста. Подмладокот има потреба од безгрижност,се со цел да се создаде весела личност,но треба да се забележи за родителите,дека потребно е да знаат како да ја наметнат рамнотежата во безгрижноста. Таа безгрижност доволно би била за самиот подмладок,да нема потреба самото да мора да обезбедува здрава исхрана и здрава околина,а не треба ниту да помислува дека ја нема потребната грижа и нега од своите родители.

Page 29: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Што би значело дека оваа особина иаку ја ставаме во духовна,таа е испреплетена со физичките потреби. Друга духовна потреба која исто така е поврзана со безгрижноста,е потребата на самиот подмладок или ако сакате самото дете,да има контакт со други врсници. Тоа е битно затоа што детската игра мора да постои,во периодот кога му е време да постои.Или со други зборови детето мора да го исживее детството. Може да заклучиме дека потребите на подмладокот се тоа да биде психо-физичко здраво,за да може подоцна да се обликува како здрава личност која ке твори во општеството. Она што можеме да го потенцираме како генерален заклучок,е тоа дека првата фаза или првата група/подмладокот,за нив потребата насекаде е иста.Од тука логички може да заклучиме дека сите луѓе се раѓаат исти и се еднакви,но со текот на времето или ако сакате со влегување во други групи како од подмладокот во млади,средни и на крај во стари,еднаквоста меѓу луѓето постепено исчезнува како во интелектуална,така и во материјална смисла. Денес сме сведоци дека во современата пракса,овие потреби не функционираат во брачната заедница.Впрочем модерните текови доведоа до тоа,да и самата институција брак биде ставена под сериозен знак прашалник.Самите вредности кои ги носи глобализацијата со себе и самото потикнување на карактеристиките кои ги напоменавме како негативни,покажува дека вредностите кои глобализацијата ги дава се неиздржани на општ план меѓу населението,па според тоа со тие вредности невозможно е креирање на иднината на долгорочен план. Потребите на младите,која според секоја анализа би била онаа од 7 па до некаде 21 годишна возраст на човекот,исто така можеме да ги поделиме на физички потреби и духовни. Откако фазата на преминување од подмладок во млад ке настане,физичките потреби можат да се јават како: Физичка потреба од грижа на сопственото општество ,или систем. Со влегување на младите во образовниот систем,тежината за грижа од родителите паѓа на сметка на системот. Секое здраво општество со креирање здрави темели за иднината,мора да има смислено сериозен систем со кој би го обликувало младиот човек во здрава личност,како на психички така и на физички план. Образовниот процес кај младите,мора да претставува потикнувачки од самите претставници и вмешувачи во тој процес,со цел да се намали апатичноста кај самата популација кај младите. Здравото физичко развивање,може да се потикне само со физичка активност кај младите. Тука во образовниот процес сериозно треба да наметне гимнастиката, спорт и спортските дисциплини,зависно од тоа која личност за што е предиспозиционирана. Во самиот образовен процес,исто така треба да се врши и потикнување на прогресот,со цел да се задоволи и да се зајакне на бар едно завидно

Page 30: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

29

29

ниво духовноста кај младите,затоа што човекот е единствено живо суштество кое има свест да ја изменува природата во широк план,и тоа не треба да го злоупотребува,туку да го унапредува. Бидејќи ова спаѓа во духовна потреба,подолу ке објасниме повеќе. Физичка потреба од здрава природна околина,и кај младите. Како што погоре споменавме,човекот во севкупниот дел од неговиот живот има голема физичка потреба од оваа. Физичка потреба од здрава исхрана,потреба која е со слична употреба или делување со потребата од здрава природна околина. Покрај физичките потреби на младите,во духовните би ги навел следниве: Духовна потреба од образовниот систем. Оваа потреба е тесно поврзана со физичката потреба од заштита од сопственото општество.Покрај тоа што самото општество,треба физички да ги заштитува младите како идни граѓани и творители во општеството,духовно треба да ги унапредува,со цел да можат самите млади кога ке дојдат во фазата на независност,позитивно да одговорат на предизвикот кој ке им следи во самата заедница. Во текот на образовниот процес,кој напоменувам треба со сериозен план и пристап да го обликува младиот,треба да настојува кон тоа да се открие кој за што има,односно каков талент поседува. Освен откривањето на талентот,кој би требало да му служи како фокус на младите кон што да напредува,исто така во раната фаза кога подмладокот ке навлезе во образовниот процес,тој појавува потреба со цел да му се појаснат појавите,што секојдневно започнува да ги открива.Од тука се појавува потребата од духовноста на младиот човек,каде што образованието треба правилно да ја насочи таа личност. (во овој дел само ке ја напоменеме потребата и причините од потребата од образовниот процес,додека детално ке образложиме како би требало да одвива процесот во делот образовно уредување за нови генерации). Духовна потреба младите имаат и за создавање свесност за околината во која живеат,и моменталната состојба на општеството. Оваа потреба иаку навидум на момент претставува како оптоварување на младите,сепак кон крајните години на самиот човек од групата млади и преминување во групата средни,младите за идни психолошки сваќања,требаат да ја разберат тежината на моменталната состојба,односно да им се појасни со сериозен пристап,каков е сопствениот менталитет и менталитетот на соседите,каква е моменталната економска состојба, што се очекува од нив и што бара самото општество во годините што минуваат.Некогаш и најдобрите можни општества во пракса,се покажало дека се ранливи и можат да бидат загрозени,однадвор или одвнатре. Во духовната потреба ке ја сместиме и припремата за независност за младите,откако успешно ке се обликуваат во психо-физички здрави личности.

Page 31: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Потребата од создавање свесност и припремата за независност,се завршни фази за успешно преминување на личноста од млади во групата средни.Овие две фази би требало да се одвиваат од 18 годишна возраст до 21.Заради комплексноста и обемноста на идејата за образование и за тоа какво би требало да биде во ново општество исто така подетално ке појасниме во делот за образовното уредување. Откако младиот ке премине во фазата на средна група,тогаш започнува најдолгиот и најпредизвикувачкиот период од животот на една личност. Категоријата на средни,би можеле да ги ставиме од 21 година до 60-тата од животот. Откако здраво обликувана личност како на физички така на психички план,ке влезе во средна категорија,тогаш поголема потреба ке пројави општеството од личноста,отколку самата личност према општеството. Исто така и тука во оваа фаза потребите ги делиме на физички и духовни,со што идеално и најздраво би било доколку акцентот се нормализира и се наметне рамнотежа меѓу овие две потреби,со други зборови да има приближно задоволени толку физички потреби,колку што се духовните. Во физичките потреби,средната група има потреба од здрава природна околина и здрава исхрана. Но за да ги има овие потреби,тежината за нејзино заштитување и одржување во здрава околина како и производство на здрава исхрана, најмногу паѓа товарот за тоа врз оваа група. Оваа група има физичка како и духовна потреба од стапување во институцијата брак,со цел да го продолжи својот род,но и да креира иднина за општеството. Пред самото стапување во брачните води,личностите пожелно е да имаат искусено сексуални активности,бидејќи во крајната фаза на младата група започнува оваа физиолошка потреба,и затоа е потребно да постои сексуална слобода. Но битно за напомена е оваа сексуална слобода,да не биде злоупотребувана во работи како што се еднополови сексуални односи,или пак злоупотреба во разни перверзни игри. Сексуалните активности кои се јавуваат како потреба во младата група,претставува понесериозен облик на она што подоцна во бракот ке се нарече љубов,активност која претставува почеток на посериозен облик во тие односи. Битноста на сексуалната слобода во предбрачниот период е голема,со цел да нема во брачниот живот создавање на перверзии и злоупотреба на истата таа слобода,туку да се сфати значењето,суштината на сакањето и улогата која треба да ја има во општеството. Голема функција од сексуалната активност која се извршува, е одржувањето на еластичноста кај една личност,што би значело дека тоа е нормална човечка појава,нормално доколку не се злоупотребува. Во бракот таа би требало континуирано да се практикува меѓу сопружниците.

Page 32: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

31

31

Оваа средна група откако ке навлезе во бракот,како една битна алка во општеството и во креирањето на иднината,самата личност има физичка потреба за заштита на истата од надворешни можни опасности. Заштитата може да ја поделиме како лична заштита,односно онаа заштита кој ја спроведуваат самите личности од постојните внатрешни опасности,и општествена заштита. Таквата заштита треба да ја понуди самиот систем,од можни опасности како внатре во општеството така и можни опасности надвор од општеството,односно од страни општества. Луѓето од средна група имаат физичка потреба од креирање и создавање на сопствена материјална база. Врз помош на оваа база,покрај тоа што се обезбедува исхраната како физичка потреба на сите групи,така се обезбедуваат и духовните потреби во разни сегменти,како и нејзиното унапредување. Материјалната база,човекот би можел да ја креира на следните два начина и тоа: -Преку наследување од родителите или друг подарувач. -И преку сопствен труд. Без разлика на кој начин ке започне создавањето на материјална база,битно е да се напомене дека заради одржување на таа база мора човекот да има постојан работен однос. За предлозите и начинот на работа,заради специфичностите во македонскиот пример околу ова повеќе ке појасниме во Економско уредување на новото општество. Во овој дел треба да се истакне дека нетреба да се тежнее кон преголема материјална база,таквото тежнеење ке создава појава на негативни карактеристики како кариеризам или декаденција. Материјална база на една просечна личност не би требало да е ниту преголема ниту премала,туку да се создаде база малку над од чињенето на одржување на потребите. Директно кажано станува збор за ткн средна класа,или состојба на ни многу сиромашни ни многу богати,за едни економски стандарди кои ги нуди економијата на едно општество. Од духовните потреби,главен акцент се става на релаксација на умот. Секојдневниот живот знае да биде напорен и да приредува изненадувања од различни типови,па затоа оваа духовна потреба која ја имаат средната група,е битна за одржување на здравјето како на психички така и на физички план. Оваа потреба секоја персона различно ја практикува,па така не навлегуваме во нејзина деталност. Средната група има духовна потреба од разбирање од другите групи,со благ акцент разбирањето најважно да доаѓа од старата група,како и од младата,додека разбирањето која доаѓа од подмладокот е со помал акцент. Битноста на разбирањето за одредено однесување,како и севкупниот начин и стилот на животот на една персона која делува независно,твори и заштитува во општеството,неговите методи мора да наидат на

Page 33: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

разбирање,затоа освен што потребата е тесно поврзана со потреба за релаксација,и кое самото разбирање дава стимул за поголема самодоверба,претставува работа со битен сегмент за личноста која спаѓа во средната група,и кои како најголем товар од општествените односи паѓаат врз нив.Во делот од книгата со наслов Соглед на проблемот,балкански синдром,подетално ке објасниме зошто негативната споредна карактеристика самосожалување,е изразено речиси кај сите балкански менталитети,со посебно големо изразување кај македонскиот. Како што можете да забележите севкупните потреби во современата пракса сериозно се загрозени,непостојани,а во некои сегменти од потребите и невозможни,односно се создаваат под услови на хипокризија.Современата пракса покажува дека самиот процес на глобализацијата, направи и продолжува да прави нови,би ги нарекол нереални потреби.Со модерните текови на технолошкиот развој,некои работи место да се искористат за рационални потреби,најгрубо и најподмолно се искористија за други цели,уништувајќи ги можностите за реални потреби.Така модерната персона,некои реални потреби кои горе ги наведовме се заменија со виртуелни или да ги наречеме спротивни од реални,односно нереални,со што со самото тоа се изгуби свеста за околината и реалната состојба во општеството,а да не говориме што самата виртуелна понуда(остварлива кај малкумина)кај просечната персона од самата помисла према тие возможни потреби што му се вештачки наметнати и прикажани,се и нереални(општо неостварливи) односно виртуелни,и создава состојба на општа незадоволност. Слаби се и резултати на реалното поле,или доколку ги има тие се најчесто со нездрави темели,а со самото тоа овој процес ни дава нездрава иднина.Така потребата од експонација на своите ставови во општеството,се заменети или да речам се изгубија во морето на виртуелниот свет.Една човечка идеја изгуби значење во експонацијата на сите човечки идеи презентирани во виртуелноста,дел корисни дел бескорисни и без поенти. Глобализацијата за да создаде услови меѓу самите луѓе дека таа на ним им е потребна,има постојана потреба да ги “гуши” реалните потреби на една личност,а да создава постојано нови виртуелни и нереални потреби,кои се производ од самиот глобален процес. Последната е старата група,и претставува онаа група составена од личности кои наполниле над 60 години,па се до крајот на нивен живот. Исто така и оваа група има физички и духовни потреби. Во физичките потреби ги ставаме покрај оние најосновните и најнеопходните,потребата од здравата околина и потребата од здрава храна,посебна улога во исполнувањето на останати има системот и пружање грижа од истиот тој систем. Таа потреба ке ја наречеме грижа од својот систем. Од оваа потреба системот треба грижата да ја насочи кон пружање на здравствена нега.Знаеме дека како една личност старее и стигнува до групата на старите,самата енергија постепено слабее,додека суровоста на живот секого различно го троши.

Page 34: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

33

33

Затоа за да се одржи долговечноста на таа личност кога ке надмине над 60 години,здравството треба да овозможи сериозни услови,дал во видови на бањи,неги или други можности. Впрочем доколку една личност сите групи ги премине според замислената теорија,заедно со здравата околина и здравата исхрана,исполнетост од постигнатото во животот,ке овозможи потребата од здравството да е минимална.Праксата знае да покаже дека некогаш не оди се како што пишува во теоријата,а и животот знае да донесе големи непредвидени дел позитивни дел негативни работи,па така грижата за оваа група од системот треба да има сериозен пристап. Покрај грижата,ке ја истакнеме физичката потреба од одржување на стекнатата материјална база. Во текот кога една персона во фазата на средна група ке стекнува материјална база,за да не паѓаат подоцна на товар на други групи,околу набавките на потреби од здрава исхрана но и за други споредни физички потреби кои се набавуваат материјално,за оваа група потреба претставуваат редовните пензии. Во духовните потреби,ке ја истакнеме потребата од разбирање од другите групи и потребата од пренесување на животното искуство. Духовната потреба од разбирање од други групи,е многу битна потреба за да може работите во едно просечно семејство да функционираат како нормални,но и да се развие хармоничност која е битна и допридонесува исто колку сексуалните активности за еластичноста и енергијата кај една персона,особено за персоните од средната група. Старите имаат исто така духовна потреба,од творење со цел да се пренесе животно искуство на младите и на средните. Сиве овие духовни потреби се на некој начин испреплетени и поврзани меѓусебно,затоа е битно разбирањето од другите групи кон старите,но и разбирањето од старите кон другите групи.Се со цел старите полесно да ја сфатат намерата на младите и средните,да ги сфатат пред какви предизвици се соочени и да им ја кажат споредбата од нивно време, овозможувајќи полесно едно општество и луѓето во него да се справат со предизвиците.Пренесување на искуство на овој начин,би бил сериозен стимул на прогресот во едно општество.Прогресот е исто многу важна работа,па така пренесувајќи ги стекнатите вештини и искуства од сите полиња,постои поголема можност истите да се унапредуваат од младите и средните кои ги изучуваат.Што значи дека од оваа духовна потреба на старите со која тие би оставиле трага,потреба од нив има и самиот систем.Современата пракса покажува дека скоро ниедна од овие потреби освен текот на пензиите,не се одвива како што реално имаат потреба личностите од оваа група. Човекот во секојдневието мора да има време за работа,одмарање и релаксирање.Искуството од секојдневието дава одредено знаење или уметност.Со само работа човекот станува робот/механика,со само одмарање станува идиот,со само релаксирање станува декадент.

Page 35: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Какви се очекувањата?

За да биде појасно одговорено оваа прашање,исто така населението ке го поделиме со иста поделба на старосни граници,освен подмладокот која како група нема да ја споменуваме,затоа што таа група реално и нема некои конкретни сериозни очекувања од системот и од животот, тие се во фазата на “детска магија”,но и со уште две измени во овој дел,каде населението ке го делиме и на полови разлики,односно на машки и женски пол,и другата поделба врз населението ке ја правиме и според нивната материјална база,на сиромашни,средни и богати. Младите сиромашни женски личности,кај нив очекувањата поголеми им се во погледот за материјалната база. Неможејќи сопственото семејство да им ги приуштат оние работи кои можат да се набават од материјалната база,а гледаат дека други семејства им приуштуваат и прибавуваат такви работи на други млади женски личности,кај оваа група со самото тоа им се пројавува голема склонот кон материјализмот.Пострашниот дел од оваа очекување кај оваа група,е што со текот на фазите на преминување кон други групи(најчесто онаа фаза со преминување во средна група),личностите не бираат средства за да стекнат што поголема материјална база. Од тука се појавува хипокритичниот брак,негативниот кариеризам во работата,склоноста кон недозволени средства,незадоволство,апатија и сл. Младите сиромашни машки личности,очекувањата исто така како и кај женските,им се насочени кон стекнување на голема материјална база. Истата фаза на фрустрација се случува како горенаведената,но како особено посебен мотив кај машките во македонскиот модерен менталитет,за склоноста на стекнување на голема материјална база е што гледајќи дека младите сиромашни женски личности,не им обрнуваат соодветно внимание на младите сиромашни машки личности,или ако сакате не им даваат шанса за креирање на нормален брак,а со текот на времето и посериозна сексуална активност наречена како љубов,затоа што сиромашните женски личности очекуваат дека доколку креираат брак со богати машки личности,шансите со кои ке имаат конформитет каков што бараат во животот им се поголеми. Младите среднокласни женски личности,кај оваа група најверојатно затоа што имаат почесто контакти со двете различни групи,односно со сиромашни и богати,гледајќи ги негативните и позитивните страни од припадништво на тие две групи,очекувањата генерално им се најумерени. Секако дека поединци тежнеат со очекување да станат припадници кон богата група,но тоа се исклучоци. Заради таквите очекувања,среднокласната група претежно се насочува со остварување на реалните потреби,а со самото тоа дозволува општествените односи за оваа група,работите да течат и се одвиваат нормално.

Page 36: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

35

35

Младите среднокласни машки личности,кај оваа група исто како и кај женските,очекувањата им се слични со умереноста. Единствена работа би ја навел што оваа средна група гледајќи ги негативностите на двете крајни групи,но и гледајќи дека системот не реагира за истите полесно или да се надминат или да се спречат,тежнеат кон прогресот.Што би значело имаат очекување за подобра иднина.Има секогаш исклучоци и поединци кои имаат или повисоки или други очекувања,но пак ке напоменам најумерени и најздрави очекувања имаат токму од среднокласната група. Проблемот е што оваа група е реткост во нашиот современ македонски менталитет. Би рекол дека кај секој добар и силно прогресивен систем,очекувањата на среднокласниот менталитет има доминантно преовладување. Младите богати женски личности,очекувањата им се одвиваат кон тоа материјална база да ја задржат,која не ја стекнале со труд туку со наследување.Самиот чин,автосугестивно на младите женски личности очекувањата им одат кон тоа да стекнат почит,авторитет и моќ во општеството иста како онаа што ја имаат родители од кои ја наследиле материјалната база.Така тие на некој начин гледаат да ги имитираат постапките на своите родители,некогаш и до најситна деталност. Но оваа имитација не секогаш доведува до посакуваното очекување,затоа што некогаш во самото општество условите или се смениле или бараат нови постапки. Заради слабите контакти со сиромашната група,и заради задоволеноста од самата количина на материјална база,како и желба за имитирање на постапките на своите богати родители,нагонот и склоноста кон прогресот е минимален. Женските личности заради не толку голем интерес према зголемување на материјалната база,кога избираат сопатник за бракот во модерни услови ги бираат оние кои се со помала материјална база,за да можат полесно да си ја наметнат доминацијата и авторитативноста,и оние кои се со добар надворешен изглед со цел да си ја задоволат само несериозната сексуална потреба.Често и не се одлучуваат за брак,туку навлегуваат кон поголема декаденција. Младите богати машки личности,исто како и кај женските,имаат слични очекувања во иднината како желбата за ист почит,авторитет и моќ во општеството како што нивните родители имале,но тука со поголем акцент ја ставам изразеноста на декаденцијата од женскиот дел. Најчесто оваа група преминува кон поголемо експериментирање со недозволени работи. Битно да се напомене за оваа млада богата група,е што доколку материјалната база е свежо стекната од нивните родители,односно да нивните родители свежо преминале или направиле неверојатен скок на било кој начин од сиромашни во богати,тогаш многу повеќе е изразена декаденцијата.Доколку нивните родители направиле скок од средна во богата класа,тогаш декаденцијата е многу помала,но како одат

Page 37: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

генерациски,доколку материјалната база останува богата,тогаш декаденцијата постепено се зголемува. Средните сиромашни женски личности,очекувањата кај оваа група со самиот нагон за стекнување на богата материјална база,во текот на тоа стекнување покрај тоа што ке си навлечат негативни карактеристики како негативниот кариеризам во професионалниот живот,како хипокритичен брак,хипокризија на карактерот во личниот живот,и доколку не успејат да дојдат до очекуваното ниво на материјалната база и работите што можат да ги имаат со нив,самата личност станува апатична и самосожалувачка. Доколку успее со сопствен труд на било кој начин да направи скок кон богатите,во бракот поранешно сиромашни женски личности ке имаат поголеми очекувања за доминација во самиот брак и повеќе влијание во заедничките одлуки,со што се истакнува негативниот феминизам кај самата женска личност.Доколку материјалната база ја стекне благодарение на склучување на брак со некоја богата-материјална машка личност,такви очекувања ке се видно намалени во семејството,но самиот брак ке стане хипокризен,односно навидум женската личност ке биде како жена која ги почитува фамилијарните вредности и личност која ке ги следи само реалните потреби,но од друга страна секогаш кога ке има шанса,истата личност ке ги прекршува со разни активности,со цел да си ги излечи фрустрациите и да си го задоволи нагонот кој неможел да го задоволи од времето кога била со сиромашна материјална база. Средните сиромашни машки личности,очекувата се со сличен мотив и кај горенаведените женски личности од оваа група. Интересна појава за напомена во современата пракса,е онаа која што машкото почнува да ги користи истите потези кои жената ги користи за лесно стекнување на побогата материјална база,а тоа е преку стапување во брак со женски богати личности.Порано во пракса обично таквата работа претставуваше вистинска реткост. Средните среднокласни женски личности,очекувањата во оваа група е на слично реално ниво како и кај младите среднокласни групи. Поголеми очекувања може да настане,кон остварувањето на функции кои ги нуди самиот систем.Самото нефункционирање на системот во било кој поглед кој се очекувало од оваа група,доведува до општо незадоволство. Флексибилноста за очекувањето во бракот која потекнува од оваа група и го склопува со некоја од другиве две,знае да биде голема. Благи очекувања среднокласната женска личност ке има за поголема доминација во бракот,доколку склопи брак со сиромашна машка личност,додека кога склопува со богата машка личност најчесто има нормализирани очекувања,претежно со желба за еднаквост и во доминацијата и во донесувањето заеднички одлуки. Средните среднокласни машки личности,очекувањата во оваа група поистакнато е,очекување за добро функционирање на системот и можностите кои се нудат од женската среднокласна личност.

Page 38: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

37

37

Самото незадоволство од нефункционирање на системот како што ветува,доведува до општо незадоволство и очекување кон промени во самото општество.Тие се всушност и двигателите на прогресот. Флексибилноста во очекувањата во бракот со било која од групите,е претежно со желба за еднаквост и нормална рамнотежа во доминацијата.Очекувањата на професионален план,без разлика било каква работа да работи,е да му се цени еднакво вредно како на сите други,тежнеејќи кон рамнотежа од стекнување на материјалната база,односно да има доволно за реалните потреби,некогаш малку повеќе од тоа но не премногу. И кога има мотив за преминување кон богатата група,претежно ги избира средствата со кои ке дојде до богата материјална база. Средните богати женски личности,очекувањата им зависат од тоа како станале богати. Доколку уште од подмладокот биле со богата материјална база(се родени во богата материјална средина),очекувањето им е големо,кон смисол да им се задоволи секоја нивна желба која потекнува од материјална база. Доколку станале богати подоцна со брак,срамежливо ке им се пројавува очекувањето за задоволување на желбите,и најчесто ке гледаат да ги скријат тие очекувања од машката личност со која стапиле во брак. Средните богати машки личности,очекувањата исто така им зависат од тоа како станале со богата материјална база. Доколку уште од кога биле во групата на подмладокот биле со богата база,исто така голем е нагонот со очекување да им се исполнува секоја желба(ова уште можеме да го наречеме и разгаленост),додека во бракот секако бараат поголема доминација. Доколку станале богати од стапување во бракот,дозволуваат очекувањата на богата женска личност за доминација да ја спроведат,но за сметка на тоа,очекуваат слобода кон беспотребно искористување на материјална база која како брачна заедница ја располагаат. Она што треба да го напоменеме за богатите групи,без разлика на која од трите старосни групи припаѓаат,е тоа што не тежнеат кон прогресот во општеството,затоа што често својата положба ја злоупотребуваат во општеството,а со самото тоа системот го прават со двојни аршини и хипокризично.Затоа и не тежнеат кон подобрување на функционирањето на општеството. Старите сиромашни женски личности,очекувањата им се главно насочени,кон разбирање од помладите старосни групи. Тоа разбирање им е потребно,со цел да не се најдат на мета на напад за моментална материјална база,односно да не им се поставува прашањето од другите старосни групи,зошто нема побогата состојба. Кога ке започне прашувањето,а најчесто во сите семејства ја има оваа тематика кога започнува фрустрацијата од тоа што други имаат,правдањето оди кон тоа дека тие биле оние кои се служеле со чесни средства,а со тие средства во моменталниот систем човек не би можел да се збогати.

Page 39: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Лошото од тоа е што индиректно постарите старосни групи,им поентираат на помладите дека доколку сакаат побогата материјална база,не треба да бираат средства. Често имаме и примери каде што старите женски личности ги учат помладите женски личности,дека за полесен начин кон збогатување требаат во брак да стапат со машка личност со богата база,директно погазувајќи ја љубовта како важна формула во нормално функционирање на бракот. Старите сиромашни машки личности,исто патат од очекувањето да бидат разбрани за моменталната материјална состојба. Старите среднокласни женски личности,во старите години обично, очекувањата им се поврзани со напредокот во семејството кај помладите личности. Старите среднокласни машки личности,очекувањата исто така им се тесно поврзани со напредокот во семејството,но кај машките доколку и самиот е роден во семејство со среднокласно богатство,повеќе е изразено очекувањето да му се даде признание за тоа што успешно низ текот на животот ја одржал таа среднокласност,и не дозволил да се намали кон сиромашна база. Очекувањата им се исто помладите во семејството,да ја продолжат среднокласната состојба. Имаат очекувања и од системот во старите години,особено општеството да им ја исполни должноста за грижа,или како што ја нарековме таа физичка потреба,грижа од сопствениот систем. Доколку не се исполни таа функција,критички кон системот се влијае према помладите во тоа семејство. Така се создава самата критичка маса,што почетно донесува кон прогресот,а со самото тоа еластичност на општеството и аларм за нејзино поправање и прилагодување. Старите богати женски личности,очекувањата кај оваа група,зависи од начинот на кој стигнале до оваа група. Доколку уште од подмладочната група биле со богата материјална база ,очекувањата се поголеми во влијанието кон воспитување на новиот подмладок во тоа семејство,со цел да го искажат својот авторитет кој го виделе уште од своите родители,исто така очекување оваа група има од машката личност да ја одржува таа богата материјална база. Доколку во периодот на младата или средната група,со брак со богата машка личност се стекнале со членство во оваа група,очекувањата ке им тежнеат со текот на годините,кон намалување на прифатената доминација од машката личност во бракот.Предвремена појава уште во средниот старосен период на ова,обично доведува до распад на формираниот брак. Старите богати машки личности,исто така очекувањата зависат од тоа,како се стекнале и на кој начин за членство во оваа група.

Page 40: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

39

39

Доколку е стекнато со брак,во овој старосен период исто така се гледа како и кај женската група,да ја намали доминацијата на спротивниот пол. Тежнеат со очекување за целосно прифаќање од општеството,како член со богата материјална база. Доколку базата е стекната со труд но без бирани средства,поголеми очекувања има кон тоа да се разбере за сторените постапки,како и нагон за признавање на неговите постапки како “генијални”,што го извлекле од сиромашната база. Тоа претставува на некој начин,негативна промоција на лошите вредности. Оваа група која направила скок на овој начин во материјалната база ,помалку е заинтересирана за напредокот на помладите членови во семејството,заради егоичноста и себичноста што ја наследиле од таквата постапка. Ваквите фамилии често имаат проблем,во обликувањето на помладите членови во здрави психофизички личности. Доколку богата материјална база ја поседувале уште од подмладочката група(родени во богато семејство),оваа група има очекувања од признание на државата за богатата состојба,но имаат и поголеми очекувања и поголемо интересирање за обликување на помладите личности во семејството,со интерес богатата база да продолжи да се одржува. Сиве овие очекувања,се земени со набљудување од современата пракса. Очекувањата се земени на генералното општо ниво од современиот македонски менталитет,и она што е битно да се заклучи и потенцира е дека секогаш во секоја група,секогаш има личност која прави исклучок во очекувањата. Откако одговоривме на сите три прашања,наредните пишувани страни ке бидат насочени кон современиот период. Анализа која главно ке се одвива за најсвежата историска инстанца на Македонија,со што ке опфатиме некои сегменти и за историските случувања на целиот Балкан. Оваа анализа е битна,затоа што некои однесувања на соседните народи доведоа да се испреплетат работите и односите уште повеќе со Македонскиот народ. Таа историска инстанца е од 1991 година,односно од независноста на Македонија со републичко уредување,па се до ден денешен. Освен тоа,ке појасниме за поновите општествени модели кои доминираа во последниот период кај општествата,нивните корени,нивната суштина но и нивните придобивки и грешки.

Page 41: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

СОГЛЕД НА ПРОБЛЕМОТ Секогаш кога Македонскиот народ,организирал сопствен државен апарат,секогаш во почетниот дел воскреснуваат позитивните карактеристики кај истиот менталитет. Но доколку тој апарат декларативно е прогласен за македонски,тогаш современата но и историската пракса покажуваат дека тогаш во периодот на функционирањето на тој апарат,двојно поголема штета нанесува врз менталитетот на македонското население,изразувајќи ги на највисоко ниво негативните споредни карактеристики кои ги набројавме, а постепено со текот заборавајќи ги позитивните. За жал апаратот кој денес го нарекуваме македонски,кој функционира на дел од Македонија и е основан од 1991 година,можеме да кажеме дека е декларативно македонски. Затоа негативните карактеристики во менталитет гледано од современата пракса,се на високо ниво,подгазувајќи ги постепено позитивните кои уште се влијателни во одреден дел од населението. Дел можеме за декларативноста на апаратот,како вина да ја препишеме на македонската владеачка елита,дел на политичкото бреме што сме го наследиле,но главно заради апатичноста и незаинтересираноста на гореспоменатата елита за приоѓање на тој проблем со сериозен пристап.Тоа наследено бреме,за да се реши позитивно за македонското население,потребно е не само сериозен пристап,туку високи виши вредности и идеали како и висок степен на пожртвуваност. Нашата историја кажува дека само овие вредности успеаа од време на Филип Втори,кога државата на Македонците се спасила од пропаст,за да подоцна наметне врв на својот менталитет и култура на овој полуостров. Всушност пред самото доаѓање на власт на Филип,државата била во толку голем политички и внатрешно-уредувачки хаос,што се верувало дека Македонија и Македонците засекогаш ке исчезнат. Од југ биле испратени други претенденти на престолот подржани од Атињаните против Филип,на исток Траките заедно со градот Амфипол ги нарушувале македонските интереси,на запад Дарданците навлегле длабоко во Македонија,на север Пајонците потикнати од сето ова и тие нападнале.Но “среќата” ни го пратила Филип Втори Македонски. Во почетните години на деведесетите меѓу македонското население, силно воскреснала идејата за слободоумност и слободољубството. Но покрај воскреснување на овие позитивни карактеристики,сериозна била изразена и збунетоста меѓу самото население. Имено економскиот концепт создаден и осмислен од југословенскиот државен апарат,сериозно покажувал да истакнува знаци на слабост во функционирањето.Голема грешка претставува што не е користен историцизмот заедно со етноцизмот како метод,кога се вршела индустријализацијата во тој апарат.Впрочем и различните интереси на различните народи кои биле дел од таа Југославија,довело до тоа овој метод кој е клучен за креирање на стабилна економска и системска

Page 42: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

41

41

иднина,да биде од самиот почеток отфрлен доколку некој би се обидел да го користи,ставајќи акцент на историскиот материјализам. Идеологијата тогаш налагала помалку да се користи,со цел да се намалат ефектите од самата историска позадина во менталитетот кај народите,но како што напоменавме во историските пракси,менување на менталитет кај еден народ е тешко скоро и невозможно,особено кај народите со силна меморија и со поранешна империјалност. Она што сакам да го истакнам поедноставно(нема да зборувам за бивши Ју-републики) е дека Македонија никогаш немала реална потреба од индустријализација и толку нагла урбанизација,за да може економски да биде просперитетна.Самото општо мислење,навиките,обичаите и природната околина говорела за друга потреба. Потенцијалите кои можеле да ги искористат во периодот на тој систем,биле трговијата од земјоделските и сточарските производи, рударството,како и високата културолошка понуда,а со самото тоа и добар туризам,било зимски,било летен,било археолошки. Доколку би се имало потреба од индустриски капацитети,тоа би бил за пакување и конзервирање на гореспоменативе производи,што би значело мала но практична индустрија. Дека македонскиот менталитет не бил за индустријализацијата,говори и тоа што поголем дел од населението живеело во селски средини. Со самото тоа што насилно морале да ги истераат жителите од тие средини,говори дека самиот замислен концепт бил неприроден. Индустријализацијата која се случувала пред неколку векови во градовите крај Рајна,и во други западноевропски градови,биле на доброволна база,но и со гледање дека тоа е потребата од тамошното население,односно биле прикладни со знаењето,вештините и времето. Штетата што ке се направи со овој процес,кој започнал некаде од 50-тите години од минатиот век,во македонскиот менталитет ке бидат сериозни.Дека овој концепт за нашиот менталитет бил неприроден и нефлексибилен,во деведесетите години ке говори самиот застој но и потребата од транзиционен период. За транзицискиот период,нема многу простор за збор,а уште помалку за “византиските игри” на една бивша владеачка гарнитура тогаш,бидејќи мислам дека воопшто не ни заслужуваат мој коментар и место во оваа книга.Сите читатели знаат што и како се случувало во тој период. Проблемот од тој период за македонската економија е со тројни разорни ефекти. Првин се доуништи селото,а со самото тоа се уништи континуитетот на пренос на вештините и знаењето во кои бевме силни. Се зголеми популацијата во градовите,каде и онака имавме слабо искуство во индустриските функционирања. А во градовите по транзицискиот период,се зголеми невработеното население,и тоа онаа население кои веќе е длабоко навлезено во средната старосна група(обликувани за друг економски концепт). Покрај тоа истата група не беше доволно запознаена и заинтересирана, за новите економски концепти која ги нудеше глобализацијата во тој период,па така физичка потреба од одржување на материјалната база сериозно беше загрозена.

Page 43: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Големото градско население,освен што се најде приклештено и неискусно од овие два концепти,едниот на заминување другиот во процес на наметнување,истото население беше незаинтересирано за враќање кон природниот економски концепт.Што било сосем разбирливо ,затоа што веќе беше поминало половина век откако селските фамилии преминаа во град и се вклопија во градската средина.Со други зборови, веќе поминал долг период на процесот кој од жител од село направило жител на град.И самиот систем немал никаква идеја,визија а со тоа и системско вмешување да го заживее селото и можностите кои ги нуди. Со самото ова во овој период кај македонскиот менталитет,со тоа што се нарушија основните реални потреби на средната старосна група, донесе да се изразат негативните карактеристики,какви што се степенот на индивидуализација,склоноста кон материјализмот и самосожалувањето. Со нарушување на основните потреби,самиот процес на обликување на иднината,односно обликување на подмладокот и младите,наидува на нездрав тек на настаните. Тоа доведува до декаденцијата кај помладата генерација,истакнување на негативните вредности најчесто потикнати од самото влијание на глобализацијата,и масовно отселување на македонското население. Да биде состојбата потешка од тоа што е,во политичкиот дел една модерна Римска Империја реши да го продолжи римскиот модел за контрола на Балканот,кој беше воскреснат и применет во модерни услови од англо-саксонската политика према Балканот од 1913 година. Така во вардарскиот дел користејќи го албанскиот идеал креиран од призренската лига,таа империја вештачки исценира конфликт во 2001. Историчарите и ден денес спорат,за тоа што навистина се случило во 2001та година. Најодговорно би го нарекол тоа како акт на империјализмот на таа западна суперсила,од кои како најизманипулирани останаа македонското мнозинство,и албанското малцинство присутно во западниот дел. Со потпишувањето на рамковниот договор во Охрид,и принуденото ставање крај на конфликтот со цел да се остави простор за понатамошна кревкост на системот,одредбите што се усогласија со рамковната спогодба,намерно се запишани во многу општи и декларативни норми(немање точно одредена граница до каде ке се случуваат промените). Така освен што се остави кревкост и слабост,со кој денес таа империја кога ке посака ке може да ја искористи,се остави и простор за пазар со тогашните владеачки македонски групи. Сведоци бевме од прекршување на уставот со предвремено отстранување од должност на уставните судии,до автентични толкувања на “хашките случаи”,кои се злосторство од stricto sensu карактер. Овие натамошни случаи уште толку ги потикнаа негативните текови кон обликување на иднината,и ги изразија негативните карактеристики како склоноста кон материјализмот,самосожалувањето но и поголем акцент кон зголемувањето на апатичноста во општото мислење.

Page 44: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

43

43

Националната гордост уште толку беше погазена со помислата на обичниот човек,дека неколку пати принудно сме дозволиле менување на уставот и симболите. Со тие случувања империјалната политика на таа западна суперсила, оствари две клучни работи во приликите на Балканот. Со тоа што во македонскиот устав се избришаа некои одредби за заштита на македонските малцинства и преамбулата,која ги истакнуваше автентичните македонски вредности,шансите за менување на државните граници формирани од 1913 се сведоа на минимум.Тоа е приказот на стравот од воскреснување на македонската култура,нејзиниот потенцијал и нејзиното природно влијание на Балканот,страв како од соседните држави така и од суперсилите,на кои никогаш не им одело во прилог на нивните интереси,да има силно организиран систем во овие краишта,особено не на народ со силна историска позадина. И втора клучна работа која оствари таа западна суперсила, е тоа што со општите и недефинираните одредби од рамковниот договор,државниот апарат на Македонците неофицијално е ставен во зависна положба и под контрола. Албанскиот призренски идеал,практично повторно се стави во служба на туѓи интереси и стана “овчарско куче на западниот овчар за плашење на балканските овци”. За горенаведеното говори,современата пракса на политичките односи во општеството.Ниедна покрупна промена кој ја врши законодавната власт,не поминува без предходно консултирање на владеачките гарнитури,со амбасадорското претставништво на таа суперсила. Единствена позитивна случка што би ја навел од современата пракса,е културната револуција за идентитетот на македонското население. Оваа ренесанса интезивно е започната некаде 2007 и 2008 година,да со цел од самото влијание на ренесансата,официјалните македонски државни ставови за идентитетот наследени од југословенскиот државен апарат,се видоизменија во позитивна насока. Придонесот за таа ренесанса имаше и притисокот на грчкиот државен апарат,кој константно испратува барања за уназадување на македонските автентични културни вредности,иаку делумно успеаја со менување на државната симболика и нагрдување на именувањето на државата,сепак сето тоа придонесе за посилен прогрес и мотив кон тоа поле,со цел македонското население да си ја докаже автентичноста и правото на територијата на која отсекогаш живеело.Позитивната промена на свеста кај општото јавно мислење,допридонесе за идентитетската криза што е започната од осамостојувањето од југословенскиот државен апарат,но меѓу населението постепено од почетокот на културната револуција па до денес,таа се намалува. Негативностите што излегоа од оваа промена во ставот,е злоупотреба од политичките гарнитури и практикување на хипокритичен патриотизам,се со цел да се придобие поголемо гласачко тело.

Page 45: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Уште понегативно ке го наведам,однесувањето на политичките групации по оваа прашање.Тие најбесрамно се дрзнаа да се делат на едни кои веруваат во словенството додека другите во антиката,со што неприродно наметнаа жестоки дискусии помеѓу припадниците на помладата старосна група и средната и старата старосна група,односно на онаа група која се обликувала во југословенскиот државен апарат. Во прилог на тоа,една битна работа ке истакнам во врска со тие неприродни теми,кои со смена на генерациите ке исчезнат. Македонското современо население,дури генетското потекло да го води и од бушманскиот народ,интересите од онаа население кое живеело на оваа место во средновековниот и античкиот период сепак се исти,природни и неможе да се менуваат. Тоа значи дека во утврдувањето на интересите и насоките кон иднината, на современото македонско население несмее да се гледа само од генетска гледна перспектива. Симболиката и хералдиката потврдуваат и докажуваат дека македонството во овој народ,благодарение на статичноста како наша карактеристика опстојало до ден денешен,и спаѓа во ретки народи кои успеало истото толку долго низ тековите да не го измени и сочува. Исто така и современите студии за генетика,покажуваат позитивни резултати за автохтоноста на современото македонско население,иаку за мене,симболите и именувањето од “колено на колено”се доволни.

Проценете дали има потреба од идентитетски дискусии ?

Page 46: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

45

45

Суштината најчесто им кумува на зборовите Често во самата содржина на зборовите кои означуваат одредена работа,го наоѓаме чистото значење.Што подлабоко одиме во самиот корен на зборовите,толку почистата содржина и поим имаме за таа одредена работа,односно појасно ни станува што сакал да каже оној кој го измислил тој збор.Така најчесто забележливо е дека првин одел поимот/суштината за одредена работа,па потоа одело именувањето во кој најчесто суштината/поимот се јавува,како еден вид “кум”на зборниците.За пример го имаме образование како збор.Коренот на тој збор доаѓа од образ/лице,со кој суштината на овој збор појаснува дека се мисли на оној кој има образ да зборува,односно оној кој прошол низ процес на учење и сега е кадар со знаење правилно да говори за одредена работа.Оние зборови кои се од постаро потекло,се повистинити и подобро се “кумувани” вплеткани со логика и смисол,за разлика од поновите зборови кои ги среќаваме и се кованици најчесто од збир на два или повеќе страни јазици,создавајќи нов безсуштински и неприроден збор кој неможе да се преведе соодветно на мајчиниот јазик. На територијата на стара Европа,три јазици оставиле длабока трага од кои денес,сите европски народи имаат примеси во секојдневниот говор. Тоа е јазикот на Хомер,латинскиот и ткн германски тип на јазик. Така во нашето секојдневие е влезен зборот премиер,збор кој неможе преку македонски јазик да му се преведе коренот,но всушност му доаѓа од примус/primvs и со превод преку латинскиот,поимот на зборот укажува дека се мисли на првенец.Во секојдневниот говор го имаме зборот луфтирање,и најчесто кај нашиот народ се мисли на ладење,но со превод го добиваме почистиот поим,мислејќи се на проветрување затоа што коренот на зборот е од германскиот луфт/luft кој означува етер.Јазикот на Хомер пак,ни оставил безброј зборови кои ги употребуваме денес,затоа што овој јазик “врие”од “словенизми”(ако е соодветно така да ги наречеме),исто како што во бара “врие” од жаби. За пример ке го земеме зборот ванака(wa na ka),збор кој со хеленизација станал како Анакс.Овој збор го среќаваме во Илијадата и тоа за означување како титула на двајца битни личности,кај Ага-мемнон и кај Пријам.Никој точно неможе да ја образложи точната содржина,и обично честото појаснување се дава дека е даден според некој гигант Анакс,со цел да се означи некоја личност за гигантен/голем водич.Но во тој јазик веќе имаме збор за водич,односно зборот Василеос.Така со хеленскиот јазик ниту со современиот грчки,неможеме да го појасниме точниот поим на овој збор,ниту на хеленизираниот превод на зборот како Анакс,ниту на оригиналниот Ванака.Но со употреба од словенските јазици тој збор ке произлезе како внук.Зошто било битно Хомер да ги означи Пријама и Агамемнона за нечии внуци,одговорот е бидејќи едниот бил внук на Илиј,во чија чест е наречена земјата Илијада,додека другиот бил внук на Пелопс,во чија чест земјата на Агамемнон е наречена Пелопонез. Бидејќи нивните дедовци биле родоначалници,тие двајца претставувале легитимни владетели на тие земји.Намерата со текстот не ни е “словенските” јазици да ги докажуваме,туку да упатиме дека познавањето на јазиците е битно,за да се дознае суштината и да се отстрани илузијата.Добар јазичар тешко ја губи правилната суштина.

Page 47: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

“Човечкиот живот се сведува на вистинско пеколно страдање,само кога два века,две култури и религии се преклопуваат... постојат моменти кога една цела генерација е фатена на овој начин измеѓу два века,два начина на живот,со последица да ја изгуби сета моќ да се разбере себеси,немајќи стандарт,немајќи сигурност,немајќи едноставно согласување” Херман Хесе,извадок од Степски волк

Page 48: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

47

47

Балканскиот синдром Во оваа анализа ке го појасниме и синдромот,кој имал негативни ефекти врз духовните и физичките потреби на сите групи од старосната граница. Од овој синдром денес се чувствува ефектот на неразбирање помеѓу различните старосни групи,или ако сакате популарно наречено судир на генерации. Овој синдром започнал корени од распадот на поседите на Османлиската Империја на Балканскиот Полуостров,и одтогаш границите на Балканот и општествата во самите држави,постојано се менуваат до ден денешен. Со официјалните договори од распадот на поседите на Османлиската Империја на Балканот,кој како процес започнал од Букурешкиот договор од 1812 година со Руската Империја,до денес има изминато повеќе од два века. Во таа историска инстанца од два века,границите на државите се имаат менувано некаде 12 пати,и со исто толку радикални промени во самите општества. Што би значело дека потребите кај сите старосни групи,оделе во испрекинати фази а со тоа и со нездрави текови. Една група на млади личности ке го започнела процесот на обликување според принципите на едно општество,а со преминот во средна старосна група,таа личност завршувала во принципите на друго општество. Затоа една генерација или била принудена на повторно реобликување за да се вклопи во друг систем,или наидувала на неможноста да се вклопи.Со ова особено стагнирала редовноста на креирање на материјална база,која се јавува како физичка потреба. Битно за напомена е и тоа што преку обликувањето кај едната генерација,се наметнал еден вредносен систем,додека кај другата генерација преку обликувањето се наметнал друг вредносен систем. Затоа во ”Втората” светска војна,во една фамилија од четири личности,едната била за монархизмот,другата за комунизмот,третата за републиканизмот,четвртата за федерализмот и сл. И денес може да ја забележите таа појава,речиси кај сите фамилии. Со тоа духовната потреба која е многу битна,за одвивањето на природниот тек на работите кај младата,средната и старата група на личностите,меѓу балканските народи е ставен комплетен генерациски јаз кој потекнува од историската судбина. Се губат старите идеали,верувања и принципи,се губи сопствена општествена и морална рамнотежа,прифаќајќи да “тече се како што си тече”.Се губи интерес и веќе не е ништо вредно и свето. Можеби под претпоставка некој и посакува ние да не сме заинтересирани за текот,туку бледо да го пратиме туѓо-диктираниот тек на настаните. Овој синдром влијае за потикнување на речиси сите негативни карактеристики во менталитети на балканските народи,кај некои помалку

Page 49: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

кај некои повеќе.Но сите тие негативни карактеристики,знаат да доведат до состојба на комплетна деморализација кај населението. “Деморализацијата не е само акт на губење на вера и морални принципи,туку и напуштање и оспорување во секоја идејност и принципиелност”. Или како што ке забележи Стефан Влахов Мицов,во својата книга Филозофија на балканскиот пекол: “Балканските земји се слаби,полни со комплекси,и жалосни во споредба со другите европски земји.Од една страна тие себеси се сметаат за нивни жртви,а од друга страна се обидуваат да ги заведат.” Таквите однесувања на официјалните и неофицијалните политики на балканските држави,многу полесно доведе да се спроведе на дело римскиот модел на окупација.Со нивните претерани претензии,кои се речиси неостварливи,бидејќи сите претставуваат мегаломански идеи и делувањето кон правец на влошување на соседно-државничките односи,доведува до тоа да балканските народи и она парче земја која го поседуваат,само декларативно да го поседуваат. Довербата меѓу самите балкански држави е на многу ниско ниво,но уште полошо е она што кога ке почувствуваат,некој нивен сосед да е во слаба или загрозена политичка состојба,таа нивна слабост често ја користат и ги оживуваат претензиите кон истата земја врз која ги имаат. Во суштина,на Балканскиот Полуостров,во моментов ниеден народ не е задоволен од сегашната политичка состојба. Политичките елити патриотизмот го користат само за популистички потреби,а ретко која реално нешто остварува во тој дух. Оваа незадоволство можеби намерно се создава,односно се замрсува “балканскиот јазол”,за да сложените зовриени односи создадат состојби, кои би биле уште повеќе корисни за империумите кои го пратат римскиот модел. Освен ова никако не смееме да заборавиме,дека овие претерано сложени односи покрај тоа што вештачки се одржуваат на високо зовриено ниво,преку историските претензии на балканските држави,многу поголем удел за сегашната состојба има од претходните историски-неправедно решени прашања.Македонија претставува “мечот”,кој би можел да го пресече балканскиот јазол и да го залечи синдромот кој речиси сите балкански народи го имаат,а најмногу ние. Неможно е тоа овој синдром,да се искорени од менталниот склоп за краток временски период,како и искоренувањето да биде извршено од еден нестабилен и полузависен државен апарат.

Што би се рекло дека историјата ни покажала,дека деморализацијата не секогаш значи и крај на едно движење или барање. Луѓето секогаш се способни да по деморализацијата,покренат нови сили и нови вредности,кои ја надминуваат деморализацијата и претставуваат почеток на една нова и подобра состојба.

Page 50: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

49

49

Проблемот со генерациските нерамномерни можности Инспириран од еден разговор со мој роднина и пријател,воочивме еден проблем околу можностите кој им се пружа на различните генерации. Овој проблем всушност укажува на тоа,дека прогресот околу можностите има граница до која може генерациите да одат. Кај народите околу Средоземнието(зап. Медитеранот)па и пошироко,во поновите векови постои еден процес,кој често се одвива исто или барем слично. Имено една генерација на луѓе до две од еден народ работат макотрпно,со што создаваат одреден вишок за идната генерација која следи. Следната генерација која следи или онаа која го наследила вишокот, создаден од макотрпниот труд на претходната генерација,таа генерација ужива,најчесто не размислувајќи за идната генерација која следи,веројатно повеќемина од таа генерација наивно(човекова особина) залажана дека секогаш ке го има тој “вишок”. Наредната генерација која не наследува вишок,односно за да создаде одреден вишок мора да се врати кон првичните макотрпни работни односи,но не се во можност затоа што истите се воспитувани од страна на своите родители,во услови на “вишокот” заедно со сите удобности кои ги пружа истиот. Така таа генерација е онаа,која се наоѓа во состојба на збунетост и немајќи способност да се разбере,ниту волја да работи макотрпно,оваа генерација страда. Истата неможејќи да се вклопи во новите сурови можности,така подолго не навикнувајќи се на неа,истите создаваат минус,односно уште полоши можности за идните генерации. Откако ке поминат генерации-страдалнички,следна на ред доаѓа генерација која го воочила проблемот и генерација која се бори. Оваа генерација соочена со “минусни можности” и немајќи никакви шанси повеќето од народот да создадат вишок,низ текот на целиот свој генерациски живот се борат да ги вратат можностите,со кој ке се создадат услови за фер работење и можност преку макотрпното работење да имаат шанса за некаков вишок. Оваа генерација е онаа,која се труди да ги врати работите во нормална состојба. Откако генерација до две,ке се избори и ги враќа работите во нормала,тогаш се почнува одново,односно следи генерација која ке работи и ке има некакви шанси за вишокот. Во ваков случај главното прашање се фокусира на тоа,дали е возможно сите тие четири карактеристики кои одат низ генерациите,можат да се вметнат во една генерација.?Односно секоја генерација да може,да ги искуси сите четири можности и секоја генерација,да ги почувствува поволностите и маките од истите. Доколку истото би можело да се воспостави и би се урамнотежило,тогаш тоа би било најидеалното решение за одржлив развој на едно општество,па би рекол и за одржлив квалитет на човечкиот живот.

Page 51: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Зошто империите настануваат и исчезнуваат? Веројатно многумина се запрашале,зошто империите покрај сиот нивен врв на моќ,слава и експанзија низ историската пракса на крајот пропаѓаат. Секоја империја има свој процут,стагнација и исчезнување,додека ниедна империја досега немала своја целосна константа,низ текот на историјата како во нејзина креација,така и во нејзино функционирање,што преку систем што преку рефлексија на менталитетот. Формирањето на империите не се реална потреба на ниедна народност, која за нејзино формирање дошле по природен пат,затоа што ниеден природно-формиран народ,нема исти реални потреби и немаат ист план на заштита на тие потреби,од други природно или вештачки формирани народи и нации. Мотивот за формирање на империи од народите,може да се најде од неколку работи и тоа:исполнување на амбиција на неколкумина во системот(најчестиот,најагресивниот и најнеоправданиот мотив),културолошка и цивилизациска супериорност над другите(неагресивна експанзија) и заради натпревар или заштита од други империи(принудена експанзија). Гледано низ историска призма и историските текови,моја лична претпоставка е дека првата империја,се формирала врз мотивот на културолошка и цивилизациска супериорност над другите соседни народи.Потоа следело исполнување на амбициите на оние кои што управуваат со системот,со цел да им се задоволи алчноста и на крајот третиот мотив,односно креирање доволни економски и воени можности со цел да може да се заштити од окупација на други империи,кои се во пораст и кои се потенцијална закана. Империите пропаѓаат затоа што сите империи,релативно брзо го губат мотивот.Некои империи подолго опстојуваат,затоа што вешто ги менувале и манипулирале нивните мотиви зависно од моменталната состојба,но сите овие мотиви поминуваат брзо како потреба на народностите кои живеат во системот. Освен губењето мотив како главна последица за пропаст на империјалните системи,лежи во дисбалансот на реалните потреби и очекувањата кај водечкиот народ во империјата. Рамнотежа се губи односно дисбалансот настанува,со тоа што во текот на својот процут водечкиот народ или народот кој создава последица за креирање на империјалниот систем,очекувањата кај тие народи нагло растат се до моментот кога империјата ке почне,да не го оправдува мотивот за нејзино постоење и настанува период на стагнација. Тогаш остануваат големите очекувања кај водечкиот народ,додека системот снемува капацитет за остварување на нивните очекувања. Во овој период најчесто се случуваат граѓанските војни. Секоја империја кога ке дојде до моментот на стагнација,прашање на време е кога тој империјален систем ке доживее пропаст.

Page 52: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

51

51

Во периодот на стагнација како споредна последица за пропаст на империјалниот систем,е креирање на потребата од самостојност кај покорените или споредните народи кои живееле во состав на таа империја. Во периодот на стагнација историската пракса покажала,дека сите империи употребувале најжестоки,најкрвави и најнехумани методи врз покорените народи со цел да ја одложи пропаста . Кога споредните народи почнуваат да се оделуваат од империјалниот систем,тогаш самата империја доживува пропаст. Империјалниот систем спаѓа во лошо уредување,затоа што не може да се создаде добро уредување со добри закони,доколку луѓето не им се потчинуваат.Империјализмот им наметнува закони на други народи,согласно потребите на водечкиот народ. Додека за водечкиот народ овој систем е лош во иднина,затоа што со стекнување на преголемо количество на стоки и услуги,самата состојба обезбедува комфорт кај водечкиот народ,а со тоа и нејзино привикнување на преголемо количество на стоки и услуги. Тоа разгалување кај народот доведува до декадентна состојба,додека нереалните очекувања даваат последица на распад на споменатиов систем. Така можеме да заклучиме дека империјалните системи,се лоши и за народите над кои им се наметнува законот и за водечките народи кои го наметнуваат законот.

Зошто глобализацијата е империјален процес? Глобализацијата е империјален процес,затоа што тежнее кон воспоставување на контрола врз севкупното светско население,со цел остварување на амбициозноста на неколкумина(најнеоправданиот мотив). Но самата глобализација е алатка главно употребувана од една империјална суперсила креирана 1776 година,империја која веќе покажува знаци на стагнација. Глобализацијата е таков процес затоа што остварува економски монопол ,а економскиот монопол го остварува преку креирање на пошироки регионални економски заедници. Под изговор на напредокот и развојот за креирање на такви економски заедници,се воспоставува контрола со легислативата односно законските норми. Со контрола на светската легислатива,се замислува контролата на светот. И бидејќи секој народ оди кон ускладување на легислативата согласно потребите,самата глобализација тежнее да ги потисне реалните потреби

Page 53: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

и да креира нови потреби,кои се воглавном тесно поврзани со технолошкиот развој. Овој процес е модерна психолошка алатка,затоа што за прв пат еден империјален систем низ процесот на наметнување на власта, употребува првин наметнување на потреби различно од конвентивниот метод на наметнување првин на закони,за да народите со новонаметнатите потреби потоа самите преку своите општества,да донесат закони кои им одговараат на потребите на глобализацијата односно на империјата која ја користи како алатка. Овој нов изменет начин на наметнување на власт,најверојатно произлегол од тоа што двигателите на овој процес разбрале,дека добрите закони се оние закони кои луѓето им се потчинуваат. Но забораваат дека доброто уредување е она,на кое луѓето им се потчинуваат на законите,но дека треба и тие закони што луѓето ги почитуваат,да се добри за самите нив. Глобализацијата е започната по падот на Берлинскиот ѕид,односно кога неофицијално светот станал,еднополарен во меѓународните односи. Одтогаш овој процес во пракса се покажа многу негативен,затоа што најагресивно им го руши текот на потребите на личностите,како на физички така и на духовен план. Така преку континуирана медиумска кампања,очекувањата кај населението се држат на високо нереално ниво,додека можноста од остварување на тие потреби на личностите се со ниска шанса за успех. Ова предизвикува мотив за човековото постоење,да биде само креирање на постојано поголема и поголема материјална база, заборавајќи на другите реални потреби. Така склоноста кон материјалноста бидува,многу изразена кај речиси сите менталитети,а како последица од ова да произлегуваат се посуровите капиталистички и меѓучовечки односи,во самите општества. Преку истата медиумска кампања,сериозно се загрозува и потценува бракот со вредностите врз кој почива тој брак. Без креирање на функционални бракови во едно општество,самите природни текови на реалните потреби,добиваат друг негативен тек за моменталното нивно остварување на младата,средната и стара старосна група,а има во иднина и попреченост во нормалниот тек за обликување на подмладокот. Затоа овој процес покрај тоа што е империјален процес,тој е и негативен процес за сите општества под нејзино влијание.

Page 54: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

53

53

Корени и суштината на капитализмот Капитализмот претставува една од најстара форма,за уредувањето на економските односи во едно општество. Корени како и нејзината инспирација,потекнуваат од Римската Република. Затоа не случајно сите оние општества,кои ке достигнуваат капиталистички империум во еден реон,се повикуваат на римското право кои ги уредуваат односите,на римскиот начин на уредување на поделбата на општествената моќ и на римската симболика. Симболот на римскиот сенат насочен кон исток

Низ историјата имаме настани кои ни ја повторуваат истата лекција,за развојот и како на мали деца покрај тоа што денес имаме многу повисоко позитивистичко образование,без “вмешување” на религиите и идеологиите,сепак на крајот и денес исти настани со иста содржина,само понекогаш со малку видоизменета или различна симболика. Односно ни се повторува многу пати,процутот,стагнација и исчезнување,процес кој веќе предходно го напоменавме и појаснивме,но со разлика во тоа што од Рим па до денес,имаме римска верзија на тој процес најверојатно затоа што таа империја,најмногу е проучувана. Римската верзија на тој процес го напоменувам,затоа што и пред Рим но и по Рим,на некои региони од светот се имаат формирано различни империуми,кои во ист процес исчезнале но имале сосем друг правец,идеја и односи на кои се темелеле. Римската тогашна економија,се базирала на приходи од експлоатирање на туѓи добра.И претходно имаме примери за такви економии кои се базирале на тоа,но сепак тие не придодавале толкав фокус колку што придодавале Римјаните со нивната алчност. Инспирацијата или поточно потврда на она што го работеле,Римјаните го нашле во Атина,затоа не случајно Рим со војсководецот Фламинин,ги преферирал Хелените во војната со Македонија,под изговор за ослободување од ропството на василевсот Филип Петти.

Page 55: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Римската Република освен што експлоатирала туѓи добра и вредности,без притоа сериозно да ги разбере што значат и за што се создадени,најмногу од се ја експлоатирале човечката работна рака. Затоа со право Рим,се нарекува робовладетелско општество. Изговорите на Рим,за таквото експлоатирање на соседните култури и народности,варирале зависно од потребите. Првичниот изговор бил за заштита. Добар изговор за проширување во Калабрија и Апулија,им дал амбициозниот владетел Пир од Епир. По него постепено изговор одел кон заштита,но овојпат заштитата на римските интереси од Апенинскиот Полуостров,преминал во заштита на римските интереси на островите Корзика,Сардинија и Сицилија. Откако и тука Рим,ке постави своја власт и ке ја порази Картагина,веќе изговорот ја започнал својата промена во офанзивни елементи,односно ширење на ”цивилизацијата” во”нецивилизираниот”дел од светот. “Ти Римљанину научи да владееш со народите,тоа ке биде твојата уметност,да донесуваш закони на мирот,да ги поштедиш победените и да ги совладуваш злобните” Енеида,стихови 847-853. За да добие потполност оваа значење,римската цивилизација имала потреба себеси да се докаже како најнапредна. Знаејќи дека оружјето не го одредува степенот на напредноста,кај една цивилизација и дека веќе има многу понапредна од неа во нејзина непосредна близина,Рим по поразот на Македонците постепено својата култура ја надоградува врз базата,на онаа којашто ја оставил Александар Македонски и неговите наследници. Цивилизација која претставувала многу напредна,во тој период речиси во секој поглед. Откако Рим овој изговор ке го ојакне,со постепеното надградување на секое општествено поле суштината,развојот и растот на римската економија,ке биде во водење војни заради,создавање робовски маси и внесување на таа бесплатна работничка рака за римски потреби. Затоа многуте племиња и народи од тој период,во списите се означени како варварски,додека Рим како центарот на цивилизацијата. Овој начин на дејствување на капитализмот,Рим ке ги удри темели на суштината на ваквата економија. Суштината се состои од тоа,да економскиот раст и развој на културата се заснова на туѓи добра и труд,додека тој раст се остварува исклучиво под сила,дал со војни или со дипломатски притисоци и слично. Културата на земјата која има капиталистичка перспектива,се базира исклучиво на агресија на секое поле,према другите култури и строго го застапува машкиот принцип(кај Римјаните pater familias). Агресивноста е неопходна,затоа што растот на економијата е зависна од туѓа експлоатација,но претставува и најбрз можен начин за остварување на раст. Кога агресивноста опаѓа во културите базирана на овие темелни капиталистички односи,државата заедно со нејзините институции се соочува со стагнација,на која подоцна и следи исчезнување. Тоа всушност се случи и со историјата на стариот Рим.

Page 56: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

55

55

Овој почетен римски капитализам,ги втемелува вредностите на овој модел.Тие столбови се: теорија на супериорност,теорија на сила,а со тоа добивање право на искористување и грабање. Римската култура исто се карактеризира,со одземање на културата на Источното Средоземје,вештачко вметнување во својата додека сето тоа, довело од поголемиот дел од римското население,величење на материјализирана страна на “хеленизмот”,или ако сакате примена на нивната уметност и архитектура,не разбирајќи го сосем процесот на настанокот на тие материјални вредности,ниту разбирајќи ја сосем потребата и примената на истите. Идеите на Рим,особено во правото продолжиле во Источното Римско Царство,односно Ромејската Империја,која заради менталитетот и поголемото неримско културно влијание,растот на економијата не се базирал исклучиво на туѓа експлоатација.Особено се намалила зависноста од робовската бесплатна рака,затоа што се увидело неодржливоста од таквиот однос,кој носел притисок за нови и нови војни. Ромејскиот економски систем,иаку имајќи примеси и од стариот римски,сепак главна гранка во почетните процути било семејното самопроизводство и трговијата. Симболот на Ромеите(Палеолози)со исток и запад

Ромејскиот изговор за ширење,освен во периодот на Јустинијан кој бил со офанзивни елементи и реторика(идејата за обнова на границите на старото Римско Царство),сепак по Јустинијан воглавно изговорите биле за заштита,со дефанзивни елементи сведено на просторот на границите од Источно Римско Царство по поделбата. Ромејската култура е онаа,што ја имале на ум Цезар и Клеопатра да ја создадат,а тоа е спој на римската култура со македонската култура. Во периодот на македонската династија,во Ромејското Царство клучни сегменти биле продукт од македонската култура(хеленистичка зап.пр). Но во моментот кога идеите на македонската култура,начинот на живот,економијата и развојот дошле до израз во Источното Средоземје во Западното,во ист период воскреснале и созревале идеите на римската култура. Па така растот,кој од самопроизводството и од трговијата довеле до огромен капитал на Истокот,исто толку огромен раст и желба добил,тоа да се одземе и насила да се присвои од Западот.

Page 57: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Папата кој со текот на времето добивал на тежина во политичкиот живот на Западот,преку Франките односно Света Римска Империја,овојпат со видоизменета реторика,се повеќе ги зголемувал офанзивните елементи. Реториката се состоела во тоа што во периодот на Рим,имавме проширување на цивилизацијата на сметка на варварите,додека во периодот на Ватикан имаме,проширување на католицизмот на сметка на “еретицизмот”. Првата проба или првата примена на старонов римски метод,ја почувствувале Катарите во Окситанија и се покажала како многу ефикасна.Папата го ширел своето политичко влијание но и давал пример,за оние кои не го прифаќале Ватикан за свој политички центар.Крстоносците биле задоволни затоа што се бореле под “свет идеал” но посебно задоволство им причинувало,преку ноќно станување на богати феудалци,со почесни титули и владетелски права на еден регион,како и добивање сопствеништво на голем туѓ капитал. Алчноста не застанала тука,бидејќи”сеуште гробот на Исус бил под муслиманите”.Па така Папата се одлучил за примамливиот богат Исток, каде што е прогласено света војна врз муслиманите.И секако интересот за учество на крстоносците,во овие “свети војни” бил голем. Колку биле “продуховени” западните крстоносни сили,ке забележи Раул од Руен во својата хроника: “...во Маара нашите ги вареа безбожниците во котел,а децата ги печеа на ражен и лакомо ги јадеа...” Вистина,претходниците на повеќето Западно-Европски народи,попознати како Келти или Галати и на луѓето од античкиот период,не им била непозната нивната склоност кон вакви работи но сепак овој пат,имале силна морална подршка од центарот,кој порано ги користеше како робови и ги нарекуваше варвари. Алчноста продолжила понатаму и на ред се нашол Константинопол ,градот тогаш попознат како “кралица на градовите” и град,во кој повеќе-вековно е создаван капитал од целото Источно Средоземје. По ова познато повеќе-декадно пљачкосување,наречено уште и како Франкократија(владеење на Франките),Истокот никогаш суштински не се опоравил и оставил простор за огорчен муслимански продор. Во овој период битно за напомена е моментот,на формирање на банките.Имено учествувачите на крстоносните војни,до толку се обогатиле незнаејќи како да го движат големиот капитал понатаму,ги формирале и првите банки во Венеција и Ѓенова,а подоцна и во другите Западно-Европски подрачја.Постепено се развивал и банкарскиот систем,нудејќи им го она одземаното на оние од кои било одземено,со каматен интерес.Таквата состојба претставувало,идеална формула за добивање влијание и профит,суштински неработејќи ништо. Овој средновековен капитализам,ги содржи истите темели на предходниот римски со теоријата на супериорност(овојпат религиозна),теоријата на сила и добивање право за грабање. Новост се банките како последица од вишокот капитал,добиен од успешните пљачкосувања кои доведуваат до развој на други страни на капитализмот,во поглед на понатамошниот прогрес на овој економски

Page 58: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

57

57

модел.Но и овој пат истата грешка постои,во оној момент кога се одземаат културните добра и вредности.Само материјализираната страна од источната култура,ке се пренесе на западот.Таквата површна разбраност,ке се примети во средновековните дела на Тома Аквински. Во овој период најверојатно,повторно како порано кај Рим ке се јават и инцестоидните појави во семејната заедница. Се претпоставува дека истите односи се создадени,заради нагло креирање на големата материјална база,нагло одскокнување од другите фамилии,кои се во нивна родна средина и креирање на социјална нерамномерност.Па заради тоа за да се заштити капиталот,да не преминува и да не се раслојува по други фамилии,имаме многу чест пример во западните обичаи,брат со родена сестра да стапуваат во брак,нешто што е крајно ризично и за моралот и за здравјето на подмладокот.Истиот пример го имаме и кај Птоломејската династија,но тука за разлика од западниот материјален мотив,било за зачувување на генскиот етнички код,односно национален(истички) мотив. Проблемот со инцестоидноста во западните односи,се одсликуваат и во денешните односи односно,многумина владеачки фамилии,одгледале деца кои пателе од ткн едипов комплекс. Понов пример е Вилхелм,кајзерот на Германија и човекот кој на многу начини ја подржуваше и ја започна “Првата” светска војна.За овој човек имаме детална анализа,од познатиот психолог Сигмунд Фројд. Инцестоидноста во овој период,е многу изразена и заедно со појавата на дарвинизмот,расните теории и други идеи,многупати од нивните подржувачи гледаме обиди за научно оправдување на оваа појава. Па така Рихард Вагнер познатиот музичар,во своето дело Нибелунг кој има обид да го преслика примитивното минато,поставува наведувачко прашање: ”Дали некој чул да брат ја грли својата сестра како сопруга?” Перверзијата навистина знае понекогаш да ја изманипулира разумноста ,дури и кај цврстите интелектуалци.Коментарот на Карл Маркс во врска со ова прашање,се обидува исто така да ја оправда присутноста на инцестоидните односи,преку недокажаното првобитно општество: ”Во првобитната доба,сестрата била сопруга и тоа тогаш било морално” Разни психолошки анализи наведуваат,дека западните семејни односи се “ладни” по традиција,во споредба со фамилијарни вредности на другите култури и тие допридонесуваат,до потикнување на вакви перверзни идеи но и тоа,дека ваквите односи порано биле оправдани и постоеле како традиционално “нормални” односи,допридонесува истите со поголемо влијание да се манифестираат и денес. Бидејќи темата не се односите и семејните вредности на Западот,нема подлабоко да ги согледуваме очигледните грешки,кои настанале во нивната култура и обичај.Тоа им стави на вагата на страна,на кризата која ја имаат со нивниот морал,криза која изразено се гледа денес.

Page 59: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Подоцнежниот период кој ке следи,светското влијание ке го креираат италијанските градови-републики. По нивната слабост и опаѓање,светското влијание ке го превземе Шпанија.Тие и нема да имаат некоја револуционерна реформа во капитализмот,туку благодарејќи на ограбувањето на Андалузија и падот на Гранада,постепено ке бележат раст.Како прва држава ке се постават, по воспоставувањето на власта во “ниските земји”(Холандија). Новост ке претставува новите морепловски откриенија,кои ке го сторат португалските и шпанските морепловци.Но сепак нема да наидеме во промена на функционирањето,на империумот на шпанскиот капитализам.Тие целосно ке ја прифатат и применат,реториката и приматот на Ватикан и праксата на конквистадорите од крстоносците. Откако и ова шпанска или со друго име нарекувана како Иберска Империја,ке почне да опаѓа на сцена ке стапи Британската Империја. Во овој период ке наидеме на поголеми промени,од страна на англо-саксонската политика во односот на развојот на капитализмот. Тие всушност ке ги постават темелите на модерниот правец на капитализмот,кој денес го нарекуваме неолиберална економија. Британскиот империум откако ке го наметне своето влијание преку таласократијата,нивниот мотив или изговор на почетокот заради условите и потенцијалот од грабање по новооткриените земји,ке наиде на мешавина од офанзивна реторика на сите претходни изговори. Од изговорот за ширење на “цивилизацијата”,се до религискиот “свет изговор”. Така откако овие изговори ке бидат црпени и од други потенцијални империуми,кои се јавуваат како Франција и Шпанија,Англичаните ке измислат преку дарвинизмот и нов мотив,а тоа е расниот изговор,односно теоријата за расна супериорност. Тој мит иаку многумина ке помислат дека потекнува од националсоцијализмот,сепак тоа е многу постар мит од таквата негативна појава во Германија.Хитлер не случајно на Англичаните во својата теорија ке гледа како на свои идни потенцијални сојузници. Додека Англичаните научно ке се обидуваат да ја докажат својата национална супериорност над другите народи,Французите претходно ке измислат и нов тип на изговор односно мотив за создавање на поширок француски империум. Овојпат со француската револуција,која исто така ке ги воспостави темелите на неолиберализмот,ке создаде од парче хартии нешто што се нарекува правата и слободите на граѓаните. Симболот на Наполеон насочен кон исток

Page 60: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

59

59

Истите “новоизмислени” декларации,претставувале примамлива идеја за државност за сите Европјани во тој период,но во суштина Франција со Наполеон во целост,ке ја копира Римската Империја и заедно со Британија ке грабаат по целиот свет,со нивните виши идеали за државноста и виши расни идеи за супериорни нации и раси. Заради се поголемата одвоеност,од политичкиот ватикански центар и се поголем фокус кон науката и научните откритија,во овој период ке се случат две големи промени во погледот на развојот на капиталистичкиот модел.Тоа е влијанието на развојот во економијата,од страна на технологијата и технолошкиот развој или оној настан кој во учебниците е попознат како индустриска револуција.И втората промена е поголем значај на патната инфраструктура во економскиот раст,заради се поголемите и нови пазари.Исто така земајќи си ја улогата во главни кодификатори на светската историја,заради свои цивилизациски комплекси ке наидеме,на голем дел фалсификување на историјата по нивен вкус,надоградувајќи ги и други научни дисциплини со таквата историја,притоа со крут тон недавајќи за било каков простор за некаква критика и промена.Таквите односи во нашиот пример на овие простори,потикнати од истите империуми ке навестат на создавање на национални митови,какви што никогаш порано не постоеле,но заради одредено остварување на влијание и поклопување на нивните западни гледишта на историјата,тие ке постојат и ден денес.Со овој момент по трет пат гледаме кражба на Источно-Средоземски цивилизациски вредности, припишувајќи си ги како свои или како наследници на истите,секако овојпат посериозно сфаќајќи ја силата на пишаниот збор и суштината на тие вредности,но сепак не со крајна разбраност и со вистинска одржлива примена кај нив. Овој би го нарекол британско-француски капитализам,крупни промени создал во теоријата на супериорност,поткрепувана со научни дисциплини со особен акцент на фалсификување на историјата и антропологијата,секако на сметка на слабеење на религиозната супериорност.Теоријата на сила изразена до тој степен,да денес учиме за многубројни обиди за геноцид и етничко чистење,и секако сето тоа заради суштинското право за експлоатирање на туѓи добра и вредности. Во економскиот дел гледаме поголемо влијание на банкарскиот,со се поразвиен систем и креирање на широки слободни пазари но и важноста на инфраструктурата,која е тесно поврзана со технолошките пронајдоци. Во подоцнежниот период САД и Советскиот Сојуз,во поголем дел за оправдание за својот империум,ке го развиваат францускиот тип на виши наднационални државни идеи,додека Германија со Хитлер во обид да создадат свој империум и широк пазар,ке го развијат британскиот тип на расна супериорност. Симболот на Третиот Рајх насочен кон запад

Page 61: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Без разлика што овие навидум два различни типови,биле и во конфликтни состојби,сепак и едните и другите иднината на капитализмот ја гледале во технократијата и технократско општество. Главни проблеми во функционирањето на капитализмот,претставуваат преголемото внимание свртено кон материјалниот профит,алчноста и вариации на вредносниот систем,зависно од потребите кои се бараат за остварување на профит. На подолги стази капитализмот е одржлив,но тој е одржлив до оној момент кога едно капиталистичко општество,има извор на експлоатација на туѓи добра(робови/руди/капитал/стоки и сл). Капиталистичките општества имаат прогрес,само на сметка на туѓ регрес.Кога изворот на експлоатација ке пресуши,настанува кризен период во кој разгалените граѓани од општество кое прогресирало на туѓа сметка,мора да дадат една цела генерација која ке има својство на “жртва”,за да подоцна евентуално општеството би можело да продолжи да функционира.Нема гаранција за идна функционалност на тоа општество,дури и ако една генерација се даде како “жртва”.Империите кога ке дојдат до овој степен,најчесто се распаѓаат додека националните држави се пожилави во преживувањето. Оние кои биле сопственици на производството,кои најчесто со таквото сопствеништво се стекнале/прогресирале на неетички начин,како се зголемува кризата во капиталистичките општества,така тие се повеќе се одвојуваат од останатите луѓе,до степен да формираат и суб-култура различна од останатите. Најчесто во овие општества класната нетрпеливост е изразена,со што претставува еден вид внатрешна поделба и заоштрување помеѓу класи. Таквата состојба доведува до тоа,да еден тип на класите од различни капиталистички општества имаат поголемо меѓусебно разбирање и соработка,отколку со граѓаните кои се од друга класа а се од иста земја од која потекнуваат. Преку историската пракса тоа беше изразено со средновековните владеачки фамилии,но и во поновиот период имаме разни мулти-национални групации,кои се основаат исклучиво по основ на материјално- класната припадност.

Page 62: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

61

61

Корени и суштината на комунизмот Комунизмот претставува понов иден модел на економско уредување,кој според теоријата комунистичките односи би требало да ги наследат капиталистичките односи. Всушност кога зборуваме за комунизмот,тој никогаш не е постигнат во целосност,како што предвиделе нејзините основачи. Теорискиот дел на комунизмот го имаат креирано германскиот филозоф со еврејско потекло,Карл Маркс и неговиот пријател и ученик Фридрих Енгелс. За практичниот дел поголем придонес имаат допридонесено,руските социолози поточно Владимир Ленин. Инспирацијата за креирање на ваков модел,потекнува од француската револуционерна буна,која се случила во Париз.Оваа буна попозната како Париска комуна,во своето краткотрајно постоење има креирано општество со голема благонаклоност кон социјалните мерки,затоа што и самата покрај што имало примеси од националното незадоволство,сепак како главен повод за буната биле социјалните нееднаквости. Од Парискиот експеримент,Маркс добил инспирација за комунизам. Тој во обид да го објасни човековото дејствување низ историјата,под влијание на учењето на германецот Хегел и филозофијата на дијалектиката,се обидува сето тоа да го објасни на база на две научни гранки,и тоа преку дарвинизмот и преку анализата,на западната варијанта на светската историја или историцизам. Го креирал методот на Историскиот материјализам. Главната идеја за овој метод е настанат под девизата “Човекот за да функционира,мора првин да јаде”.Па според оваа логика откако човекот се преобразил од мајмунолик преку труд во човеколико суштество(homo sapiens),тој првин почнал да се организира во ловечко-собирачко општество.Тоа воедно претставувало фаза каде што не се придодавало значај на општественото и сталежното уредување,туку заради фокусот што повеќе да се собере и складира неопходната храна,во овој период иаку речиси без никакви материјални и пишани докази,се утврдува дека општествени класи не постоеле. Тие постепено настанувале,како почнал да настанува процес на одвојување на населението по материјалната база,со богатење од вишокот собереното. Почнало и да се развива техниката на производството,па така оние кои биле водачи на тие првобитни општества,тие се огласиле како класа која ги поседува средствата на производството,додека останатите биле работничка маса,која била угнетувана и експлоатирана под разни изговори. Маркс понатаму констатира дека првичниот поголем развој на цивилизацијата,се случила во средоземниот басен во Европа со градовите-држави во Хелада.Со тоа тој всушност ја превзема грешката на западните гледишта на историјата и митолошки оваа негова теорија,ја поврзува со “мистичната Грција” и “мистичниот народ Грци”,кои би требало да претставуваат “лулка на цивилизацијата”.

Page 63: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Маркс тука го оправдува делувањето на капитализмот и делување на градови-држави во Хелада,подоцна и Рим оправдувајќи го развојот со експлоатацијата.Така јасно потврдил дека со ваквите економски модели,развој и раст има само доколку има и експлоатирани. Овој историски период кој Маркс го нарекува “грчки”,заедно со неговиот пријател Енгелс,уште го нарекуваат и како детски период на развојот на човекот,најверојатно затоа што од ова време имаме многу дела,теми и појаснувања кои се тесно поврзани со религиозни прашања(спој на науката со религијата). Не негирајќи ја привлечноста на културата и на тие народи,овие социолози ке истакнат: “Кој возрасен човек не би посакал,да се потсети на своето детство” Дали луѓето од тој период претставувале деца или ние од овој,е прашање кое на секого интимно му оставам да го размисли?. Маркс ја користел поезијата и митовите,како би ја открил скриената суштина на класната угнетеност и борба. Па така италијанските градови-држави,ги смета за први кои од феудализмот преминале во фазата на рани буржујски држави,односно држави со класа на луѓе кои капиталот го движат на приватна иницијатива за профит. Дали намерно или од незнаење,основачите на марксизмот за овој период,исто како претходно не појаснувајќи што поконкретно допридонело за “очовечување” на човекот и овој пат,не споменуваат што навистина предизвикало,за таков ненадеен огромен капитал во рацете на бившо-крстоносните фамилии и за такви нагли промени,во општествените и економските односи во италијанските државички?. Класните разлики почнувале да се изоштруваат во тие општества,затоа што еден дел се збогатил од пљачкосувањето,а другиот останал на исто материјално ниво,какви што биле и пред крстоносните војни. Сепак оставајќи го недообразложено овој можеби најбитен момент,кој придонел за идниот развој на буржујската владеачка класа,тие продолжиле со историски материјализам,кон идно истражување на литературните дела од ренесансниот период. Фокусот бил насочен кон прашањето за религија и богопостоењето. Потребно е да истакнеме дека во тој период,заради фрустрацијата од политиките на Ватикан,спојот на црквата со збогатената класа,псевдо-верувањето како и разни злоупотреби од материјални побуди на свештеничките редови,речиси сите идеи,филозофии и размислувања кои произлегуваат од Западот во периодот на Маркс и Енгелс,одат директно или индиректно против религијата и црквата. Маркс тука вешто го искористува хуманизмот,кој реално како појава се појавува на Апенинскиот Полуостров,под влијание од источно-ромејски филозофии,поточно од Гемисто Плетон.Тој како дел од нов бран,на неоплатонистичка филозофија но и многу други,кои намерно заради злоупотреба во подоцнежно плагијатство или ненамерно,ке останат како незнајни учители-потикнувачи кон идеите на хуманизмот.

Page 64: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

63

63

Хуманизмот тие ке го сметаат како движење на ренесансата,кое е прапочеток на атеизмот,и кој настанал како последица на укинувањето на богопостоењето кај италијанските народи. И со ова недообјаснување на Маркс,околу тоа што всушност допридонело за таква филозофија на хуманизмот,буквално со својата теорија убедува а не објаснува по трет пат,за клучните моменти во текот на историската дијалектика.Убедувањето е во некој вид на еурека(Архимед).Одеднаш се присетил некој кој живеел на денешна територија на Италија,дека нема потреба од црква и религија и дека човекот,треба сам да е во центарот на своето внимание. Тука сериозно се манифестира незнаењето,дека во повеќето религиозни филозофии,хуманистичкиот дел воопшто не е изоставен. И така се одеднаш,првин настанал човекот како посебна биолошка категорија,буржујот како материјална класна категорија,како и настанокот на хуманизмот како доминантно движење во ренесансниот период???.Дека навистина постои недореченост (дупки),во теоријата за настанок на марксовиот хуманизам и поврзаноста со атеизмот,лесно ке воочиме доколку навлеземе во делата и идеите на неоплатонистите,од античкиот и ромејскиот период. Истите,точно дека за главно внимание и прашање го имаат развојот на човековото тело и човековиот ум но секогаш во корелација со богопостоењето,кој најчесто го замислуваат преку панта,односно пантеизмот или ако сакате верување дека богопостоењето е се што можеме и се што неможеме да почувствуваме со своите сетила во природата.Дури ни во најрадикални филозофии на негирање од Истокот,како што е скептицизмот,од нивните мислители не наидуваме на негирањето кон Богот. Токму заради вакви гледишта на историјата,претходно ги потенцирав моментите на неприродно (ад хок)превземање на туѓите културни вредности,кој на западната култура често им се повторува,нивното избрзано применување во своите култури и која заради недореченоста на истата кај себе си,односно фокус само на материјализираниот дел, таа практично е неодржлива кај нив. Слободно можам да истакнам дека,погрешното согледување на минатото,сурово казнува со погрешна визија кон иднината. Сепак атеизмот,искористувајќи го хуманистичкиот мотив на комунизмот,се наметнал како верување во голем дел од светската популација,каде опстојува и денес,исто така во голем број. Откако се оправдал материјализмот и на материјализмот се гледа како главен двигател,на човековиот развој и човечката цивилизација во методот на марксистите,за главни теми и прашања биле социјалните права и борба за еднаквости.Поточно постои обид да се докаже дека, промените во општествата во минатото и денес,се заради видоизменета внатрешна состојба помеѓу класата на оние кои ги поседуваат средствата на производството и оние кои учествуваат во истите како работна рака.Така настанала теоријата за класната борба,придодавајќи на секоја буна низ историјата,скриено и нескриено незадоволство за социјални права.

Page 65: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Во тој прв период по индустриската револуција,банкарскиот систем и технолошките откритија,создале голем број на невработени луѓе и социјална нестабилност.Таа појава била главна тема за цела Европа. Поточно производството од мануфактурното рачно,се заменило со механичко машинско производство.Често Англичаните ке истакнуваат дека овците ги изедоја луѓето,односно дека ги изгубиле нивните работни места. Маркс под влијание на социјалната несигурност,а со тоа и зголемената класна нетрпеливост,прави теоријата да е во поглед на економските односи,кои се одвиваат исклучиво во градовите и положбата на индустриските работници,занемарувајќи ја руралната средина. Маркс ке покаже дека и се восхитува на римскиот робовладетелски тип и на британско-францускиот тип на капитализам,кои довеле до тоа да “човекот e поразвиено свесно суштество” и затоа,заради наводна технолошка заостанатост,во периодите на робовладетелство и заради несовршеност на средствата на производството,експлоатацијата претставувала нужно зло.Во писмото до Павел Василевич Аненков,во 1846 година ке му појасни: “Во однос со ропството,нема потреба да зборувам за лошите аспекти. Единствена работа која дава објаснение е добрата страна на ропството.Не мислам на индиректно ропство,поистоветено со оној на пролетеријатот,мислам на директното ропство,ропство на црнците во Суринам,во Бразил и во јужните региони на Северна Америка. Директното ропство допридонесе за денешниот индустријализам,да се претвори во машинерија,кредити итн.Така да ропството претставува економска категорија со масивна важност. Многу посурово писмено ке дејствува неговиот пријател Фридрих Енгелс,кој најверојатно потикнат од германската идеологија,ке потикнува и на геноцид над словенските народи(со исклучок на Полскиот народ). Тајната на историјата,според марксизмот претставувало методот на материјализмот.Текот на историјата е прогласена за “освестена категорија”,односно свесна за своето минато и иднина,па според тоа за главна цел претставува,затворањето на историскиот круг и враќање на првобитните бескласни економски односи,каде што не постоело приватната сопственост,ниту ограничување во сексуалните односи. Во врска со таквите првобитни општества,неможеме да негираме дека не постоеле и дека не постоел таков економски однос . Имаме многу конкретни примери,со новите пронајдоци на племиња кои живеат во густите шуми на Амазон,со што ни се докажува дека постоеле и дека постојат такви општества,приближно слични со првобитните кои се опишуваат во теоријата.Но многу битно што треба да се потенцира, е тоа дека неможеме со сигурност да тврдиме дека,сите племиња имале такви општествени почетоци со такви економски и сексуални односи.

Page 66: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

65

65

Исто како што пронаоѓаат секојдневно нови неоткриени племиња,исто толку научниците и археолозите пронаоѓаат високотехнолошки обработени објекти и предмети,кои дел можеби се високоразвиени средства за производството.Секако пирамидите по светот,со сигурност не е само активност на робовската работничка маса и таквите археолошки чуда,најмногу го демантираат митот за универзалноста на ловечко-собирачките општества. Другиот проблем со крајната цел на комунизмот, е креирањето на светско бескласно општество,кој во пракса наидува на суштински проблем.Како тоа да се спроведе,односно како човекот самиот да се натера,да прифати одредена општествена улога и таа улога,да ја игра за доброто на сите.За пофалба претставува замислата,дека сите возрасни луѓе поседуваат толкаво големи алтруистични чувства,но сепак тоа е наивна,би рекол детска замисла. Кај сите народи,исто како и кај природата,постои нееднаквост речиси во се. Постојат луѓе со високи алтруистички идеали и луѓе,со високи себични идеали.Бескласното општество остава простор за искористување на општествените добра,од страна на луѓето со себичните идеали,притоа стекнувајќи го капиталот,истите со можност да станат и најпопуларни,односно да служат како пример за другите граѓани,додека оние со алтруизмот,да се сметаат за будалести и непопуларни.Оваа состојба впрочем,се случи и ние како народ ја имавме среќата да ја искусивме,во југословенската општествена пракса(школата секогаш се плаќа).Истата пракса можеби беше таква,затоа што имавме еден избрзан процес на премин од едни сурови економски односи,во фазата на социјализмот,која теориски е преодна фаза на комунизмот. Многумина марксистички социолози,укажуваа на овој проблем ,константирајќи дека брзото преминување на тие фази кои ги теоретизираат,може да наидат на големо разочарување и неуспех. Се потенцира дека,потребно е минување на повеќе од три генерации,за успешен вештачки (со државна интервенција) креиран премин,од едни капиталистички односи во други.И секако до ден денешен,не е изнајдено практично решение за бескласноста во функционалното општество. Најголемиот теоретичар и практичар на марксизмот,Ленин,повикувал на радикални решенија,кои би требало да го воспостават вистинскиот правец на општеството кон комунизмот. Тој всушност со својата теорија и пракса,под извесно влијание од претходните социолози Чернишевски и Енгелс,по успешно изведената револуција,со негово стапување на власт ја вовел ткн “пролетерска диктатура”.Оваа диктатура во теорија,наишла на оправдување и од основачите на марксизмот,говорејќи за потребата од владеачката класа и во идното комунистичко општество. Фридрих Енгелс ке истакнe: “… крајна лудост е да зборуваме за слободна и народна држава,се додека пролетеријатот има корист од државата,таа ке користи, но не заради постигнување на слободата,туку да ги држи долу нејзините непријатели ” писмо до Август Бебел,1875 год.

Page 67: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Освен што се наметнала револуционерната диктатура,во бившата царска Русија,во голема мера општеството се милитаризирало,со цел успешно да се спречат контрареволуционерните движења.Во овие моменти големи крвопролевања,ке се случат на територијата на Советскиот сојуз.По успешното воспоставување на власта,Владимир Илич Ленин,ке ја објави новата економска програма или скратено НЕП,а со тоа и ке го укине ткн воен комунизам.Во оваа програма постоеле одредби,кои предвидуваат полиберални економски односи,дозволување на приватната иницијатива,заедно со поголема државна контрола врз индустријата.На почетокот овие мерки,до некаде ке ја стабилизираат економијата во Советскиот сојуз,но со неодржливост на подолги стази. Ленин исто како и многумина марксисти,сметале дека како ке расте свеста за социјализмот,така ке расте и свеста за потребата на пролетеријатот,со што луѓето самите ке се откажуваат од потребата за приватна сопственост,во корист за општествената сопственост. Со исчезнувањето на приватната сопственост,постепено ке исчезнувало и потребата за национално самоидентификување,која според логиката на теоријата,на нацијата се гледа како производ од приватната сопственост.Па така пред фазата на преминот кон замислениот комунизам,потребата за државата и дел од нејзините институти ке пропаѓаат,односно ке исчезнат,а на место на државата ке настанат комуни,односно економски организации или корпорации,кои внатре ке се самоуправуваат и ке ги уредуваат економските односи,рамноправно и совесно со сите членови-пролетери кои ке бидат припадници на одредена комуна. Под влијание на оваа идеологија,им било дадено каде што претходно во царската Русија биле забранети,политички права на народностите кои живееле во Советската унија.Така самата држава била преуредена,како федерација на народите кои живеат во неа. Тоа дало причина за популарност на комунистичката идеологија,кај другите народи кои долго време немале такви права.И со право во тој период важело дека: “Комунизмот е советската сила,плус електрификација на целата земја” По смртта на Ленин,ривалите Сталин и Троцки ке започнат битка за освојување на власта во комитетот.Сталин ке се наметне како лидер,но со него економски политики и идеи на Ленин ке исчезнат,додека ке продолжи ткн црвен терор.Масовни политички ликвидации и чистења,масовна експропријација на поседите на селаните,масовна насилна индустријализација,а со тоа и нагла урбанизација како и масовен глад,ке завладеат во советското општество во почетните години од владеењето на Сталин.Идеи на Сталин за владеењето,повеќе се базира на автократно владеење од византискиот тип,но овој пат без прикази на божествениот ореол по црквените фрески,туку со масовни паради и со истакнување на култови на личности.Имало ист систем како во претходната царска Русија,само со сменета владеачка структура и мотив.

Page 68: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

67

67

Позитивноста од револуцијата се состоела во тоа што општеството,било бргу индустријализирано и со тоа таа земја се вратила во натпревар за империумот,со другите високо индустријализирани нации. Главни проблеми во функционирањето на теоријата на комунизмот, претставува преголем фокус кон материјалното влијание(најверојатно затоа што првите творци на комунизмот,се родени и израснати во традиционално капиталистички земји),недокрај функционалниот метод на историскиот материјализам и неодржливоста на системот на подолги стази. Творците на комунизмот својата теорија,исклучително ја засноваат врз основа на западните капиталистички земји или како што еден марксист од овие простори ке истакне: “Комунизмот се раѓа од утробата на капитализмот” Тие со својот метод предвидуваа,дека комунизмот првин ке се појави во западните земји,затоа што тие се земјите со најразвиени капиталистички односи.Но знаеме дека комунистичкиот пат,првин официјално е формиран во Русија,земја која имала сурови феудални односи(феудализмот според методот,се смета за пониска/претходна фаза на економски односи од капитализмот). Освен во Русија,тој најмногу е прифатен и најмногу се истакнува во земјите кои се свежо излезени,од туѓи угнетувања и експлоатации,земји како што се од Балканскиот регион,Африканскиот и Латино-Американскиот,додека најмалку комунистичката теорија беше изразена токму во земјите,каде што според методот првин би требало таму да се случи,земјите како што се Италија,Германија,Франција и Британија. Со ова освен археолошките пронајдоци и древните пишани дела,кои го демантираат претпоставениот развој на човечката цивилизација,овој метод на марксистите се покажа неточен и од праксата. Друг проблем претставува,неодржливоста на системот на долги стази. Невозможно е денес овој систем да прогресира,без притоа да нема извор од кој би експлоатирале туѓи добра. Односно бидејќи оваа општество за прв план ги има социјалните еднаквости и социјалните права,тоа бара уште поголема акумулација на капитал,кој е невозможен истиот да се создаде еднакво за сите во една држава,особено не во земји кои не располагаат со ценетите ресурси. Затоа во споредба со капиталистичките држави,помалку витални се државите со оваа уредување,во момент кога ке дојдат до степен на криза. Во тој момент еднаквоста и правата,губат на тежина и за да продолжи едно општество да функционира бара жртви,додека луѓето сите претходно навикнати на социјална благосостојба(заради начелото на бескласност),во таквите кризни моменти не се подготвени за “жртвувањето” ,па најчесто или се губи довербата во комунистичката теорија и се бара преобразба на општеството,или државата преку кредитирање го одолговлекува рокот на нејзиното изумирање.

Page 69: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Корени и суштината на фашизмот Фашизмот како општествен модел,се појавува во Италија по “Првата” светска војна. Името фашизам(fasce) или спој на гранки/дрвја со една секира, претставува инспирација од римската симболика на обединување на општеството,под еден авторитарен лидер додека истакнатата секира, претставува водење агресивна надворешна политика. Некои тврдат дека фашизмот е креиран под влијание на националниот синдикат на Италија,другите под влијание на разни групации,но воглавном во официјална примена влегува,со доаѓање на власта на социјалистот Бенито Мусолини. Бидејќи има инспирација од Рим,веднаш е јасно дека станува збор за раст и развој на сметка на другите. Идејата за Mare Nostrum,претставува повикување на Италија на своето римско наследство,и означува креирање на империум врз целото Средоземје,исто претходно како и Рим. Затоа италијанскиот фашизам заради желбата,да ја оствари оваа идеја и да ја стави Италија меѓу земјите со сопствени широки пазари,кои постоеле во тој период,свесно го подржувал ултранационализмот. Ултранационализмот обично кажано,претставува апсолутно омаловажување на туѓите културни вредности,согласно со апсолутно величање на сопствените. Со таквата идеја всушност Италијаните со фашистичките институции,си создавале чувство на убавина кон себе и чувство на грдост кон соседите. Впрочем оваа идеја претставува главен проблем за тоа уредување,но поради притисок од што побрза желба за грабање,разбираме дека едно без друго практично и не би можело да постои. Освен овој проблем,голем претставувал проблемот со апсолутноста на државните институции.Девизата која го објаснува фашизмот е: “Се за државата,ништо против неа” Државните институции биле одговорни за севкупните односи,а тоа би значело дека приватната иницијатива,во поглед на економијата и во поглед на политиката,или постоела во декларативна форма,или воопшто и не постоела.Доколку некој се обидел да критикува или да ги воочувал грешките јавно на институциите,тогаш во периодот на владеење на Мусолини,тоа претставувало еднакво на самоубиство. Познат пример за ваква состојба,бил инцидентот со италијанецот Чано кој претставувал висок претставник,за територијата на Албанија и роднински поврзан со Бенито Мусолини. Во економска гледна точка,има извесна милитаризација на општеството. Освен тоа главна цел на фашизмот,во поглед на производството на сопствената економија,тежнеела кон автаркија преку корпоратизмот. Автаркијата,претставува економијата на една држава,да е способна или да може самата да си ги задоволи своите потреби и потребите на граѓаните во тоа општество,односно како што напоменавме,еден извесен период на автаркија или самопроизводството,постоело и во ромејската економија.

Page 70: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

69

69

Главни проблеми во функционирањето на теоријата на фашизмот,се преголемиот фокус кон туѓи добра и прекумерната агресија. Со насочувањето кон формирање на империум,несомнено е дека овој систем е осуден на пропаст. Изворот на експлоатација на туѓи добра,секогаш е ограничен и пресушува па со тоа,тоа општество несомнено и со сигурност ке се најде во криза.Дури и кога тој извор не би пресушил,од историјата учиме дека секогаш ке се најде друга сила,која ке ја порази агресивната надворешна политика,а со тоа ке се оневозможат пристапите до експлоатацијата на овој тип на општество. Проблемот со неодржливоста на ултранационализмот,се состои во тоа што тој наметнува неприродни состојби кај народите.Па така или ке настојува истиот физички да го истреби,народот кој е целна точка или ке настојува да ја уништи непосакуваната култура,која не е складна со официјалниот митовен мотив.Ултранационализмот има разурнато многу автентични култури,кои се градени по природен пат. Ултранационализмот односно прекумерната агресија,раѓа сличен одговор од другата страна.Со тоа практично оној народ кој прекумерно бил агресивен кон друг народ,приморан е истиот да го уништи. Доколку не го уништи,голема е веројатност самиот народ кој вршел прекумерна агресија да биде цел на агресија од народот,на кој претходно му било вршена агресија и на истиот да му се заканува уништување.И да успее истиот народ со агресивната политика да се одбрани од овој ризик,многу лесно другите народи ке најдат изговор за нивна интервенција.Односно народите со агресивната политика,многу полесно даваат оправдание тие да бидат нападнати,во ист момент и помалку жалени доколку западнат во немилосрдни напади од другите. Пример од современата пракса,може да извлечеме од судбината на германската нација.Имено целиот свет ја жали и ја разбира,тагата и болката што им е нанесена на невините луѓе по нацистичките логори,додека многу помалку знаат,а уште помалку некој би разбрал за она што им е нанесено на Германките,по сојузничка окупација на Германија.

Page 71: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ГЛАВА

“Слободата другар,таа пак пустињата, најсилно го опијанува човековото срце... Слобода,сакам да се радувам,а нешто не ме оставаат,разбираш. Слобода другар,проклетство,ќе паднат лажните државни судој,трулата власт, другар. Народен суд,народни судии,нова власт,се по правда,без протекции,без црни робии. Разбираш,ќе нема богати и сиромаси,едно лепче ќе се делит на сите,не ќе има гладни,не ќе има жедни,власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место,на прво место човекот,разбираш,да си биде тоа што си е од природата,човек.” Живко Чинго,извадок од Нова Пасквелија

Page 72: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

71

71

УСТАНОВИ И ПОДЕЛБА НА ВЛАСТ ВО НОВОТО ОПШТЕСТВО Историската пракса покажала дека сите добри општества се општества, кои траат подолго во одреден историски период. За да се постигне долготрајноста на едно општество,потребни се следниве социолошки елементи во самото општество: -Потребна е Социјалната кохезија. -Потребна е Социјалната комуникација меѓу самото население. -Потребна е Социјална интеграција на помладото население,по нејзиниот здрав тек. За да се оствари кохезијата во едно општество,потребно е да не бидат нарушени тековите на преминувањата на една личност низ старосните групи,нужно е да се остварат реалните потреби на населението,а и кај самото население да се создаде состојба на урамнотежени очекувања, со реалните потреби. Логичкиот заклучок ке не наведе на тоа,дека за да се оствари урамнотежени очекувања и остварување на потребите кај населението ,потребно е долгорочна државна и политичка стратегија со кој самата политичка стратегија,ке ги пропагира и ке тежнее кон остварување на трите цели. Околу поактивната комуникација меѓу самото население,не се мисли на виртуелната комуникација,бидејќи таа се покажа како штетна за реалната комуникација во современата пракса. Остварување на оваа цел,исто како што е потребна подолгорочна државна и политичка статегија,потребно е од самата стратегија постојано да се изнаоѓа нови и нови мотиви,за истата да се оствари. За стабилна интеграција на помладото население,или ако сакате периодот на преминување на личностите,од младата група во средна група на личности,потребно е смислен образовен концепт која по природниот и здравиот тек ке ги остварува,физичките и духовните потреби.Успех во оваа цел исто така потекнува,од подолга државна и политичка стратегија. Од констатирање на горенаведените цели,новото општество кое јас го нареков василевско општество или василеизам,бидејќи доминанта улога ке ја одигрува Василевсот,ке тежнее кон остварување на потребите кои ги наведовме,но и кон тоа да се отстранат превисоките очекувања на општ план,со цел самите да се сведат на нормално,здраво и урамнотежено ниво. Покрај тоа ке тежнее кон креирање на независнота на системот,од други империјални влијанија,а со тоа ке тежнее и кон нејзина заштита. Ке тежнее кон креирање кај менталитетот,доминантно влијание да има од среднокласното население,со цел да се обезбеди добар пат кон остварување на социјалната кохезија и социјалната комуникација,како и да го зголеми прогресот.

Page 73: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Поделбата на власт ке биде изведена на следниов начин: Извршна власт: Во извршната власт ке спаѓа,институтот Василевс и институтот Василевски пријатели. Законодавна власт: Во законодавната власт ке спаѓа,институтот Собрание/Синдерион,каде што во самиот Синедрион нејзини учесници ке бидат Народните претставници и Архонтите. Судска власт: Во оваа власт ке спаѓаат,судиите и судскиот апарат,кои ке го спроведуваат владеењето на правото. Вертикалната поставеност на сите овие три власти,ке бидат на исто растојание,што би значело дека сите власти ке бидат еднакви/независни. Локалните институти и централните,ке бидат ставени на урамнотежено ниво,односно ниту ке има преголема децентрализација,ниту преголема централизација. Месна власт: Во месна/локалната власт,главна улога ке ја имаат Архонтите и Кефалоните Мотивиран од аристотеловите анализи и сфаќања за општествата,од неговото дело “Политика”,особено од делот кој појаснува дека секое општество се создава,за некое вишо добро или на друг начин кажано добива мотив за нејзино креирање,но и дека со текот на времето самото општество,може да го изгуби мотивот преку исполнување ,неисполнување или попречување на вишото добро,па така општествените институции да станат алатка,за доброто на поединците и оние кои владеат со тие институти или установи. Всушност Аристотел не предупредил,дека иднината е непостојана и самото општество,може да се претвори во лошо. Тоа во нашиот случај би се случило,кога ке се искриват погледите за реалните потреби и ке создадат нереални и нездрави очекувања кај општиот менталитет на народот,и истото би можело да се случи кога ке се постигнат целите,кои ги има и кон кои тежнее општество.

Page 74: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

73

73

Па така за добра флексибилност самото василеитичко општество ,кога ке ги оствари зацртаните цели во пракса,за да не се дозволи преминот кон лошо општество и злоупотреба на креираните институти да се случи,во оваа општество ке има уште едно општество,односно власт која ке биде над сите горенаведни власти. Таа власт ке биде Заштитна власт. Во оваа власт ке спаѓаат,членовите на Агема-општеството(подетално објаснето во агема-општество во општеството,образовно уредување за нови генерации и фази за преобразба на општеството). Битно за напомена е тоа што оваа власт,на почеток нема да постои туку таа ке се создаде,по првата генерација на обликување на подмладокот и младите личности во василеиското општество. Всушност оваа власт ке биде декларативна,во условите кога нема општеството да има потреба од нејзината употреба. Во услови кога ке се појави општествена потреба од заштитната власт,таа ке има врхновна карактеристика. Во погледот на демократичноста,овој систем ке биде полудемократски,додека во погледот на монополот и поделбата на власта,ке биде полуавторитативен. Овој систем е полудемократски затоа што,народот ке има доминантен удел во избирањето преку избори на василевсот,или потврдувањето преку референдум на василевсот. Исто така ке има право и на доминантен удел,во отповикливоста на василевсот преку рефендумот. Ке има целосен удел во избирањето преку избори,на народните претставници како претставници на народот во Синедрионот,архонтите како претставници на градовите и кефалоните,како претставници на локалното селско население. Овој систем е полуавторитативен,затоа што ке нема право во избирањето на членовите на Агема-општеството,туку самите претставници на Агема,ке прават селекција во избирањето на тоа кои идни членови,ке ги земат за учење и вклопување во тоа општество. Исто така за членовите на Агема,како претставници на заштитната власт,народот ке нема право преку референдум на отповикување на членовите во тоа општество. Овој систем е полуавторитативен,затоа што Василевсот како монокефална инстуција,откако ке се избере претпоставка е неговиот мандат да трае до крајот на животот,на личноста која е изберена да ја носи титулата василевс. Исто така авторитативноста се пресликува и во тоа што,василевсот сам ги бира,отповикува и предлага пред синедрионот за негова потврда,кои личности ке бидат членови во институцијата Василевски пријатели. Синедрионот само ке ја потврдува или ке ја негира,довербата на личностите кои се избираат за Пријатели од страната на Василевсот.

Page 75: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Прашањето зошто не се избира демократски-неолиберален систем,систем кој моментално е најзастапен во светот,одговорот лежи во историската теорија на Аристотел,но и во современата пракса од глобализацијата. Од историската теорија,доколку ја анализираме аристотеловата логика,ке сфатиме дека најверојатно од тогашните декларативно- демократски земји,увидел дека демократијата станува со расипување на уставната власт. Демократијата не случајно од Аристотел,е сместено како општество од лош карактер. Во своето дело забележал,дека демократијата како општествено уредување бара еднаквост,но не еднаквост кај оние со исти способности,туку во еднаквоста на сите во креирањето на легислативата. Со тоа демократијата како општество,неможе да тежнее кон општото добро,туку тежнее кон остварување на интересите на оние кои успеале со убедување да дојдат на власт. Современата пракса на глобализацијата,го покажа и докажа карактерот на демократијата,кој Аристотел ја тврдел во историската теорија. Впрочем современата пракса покажа,дека денешните демократски општества воопшто не претставуваат демократија од теоријата,иаку и таму во теоретскиот дел спаѓа во лош вид.Туку пракса покажа дека тоа е манипулативна алатка,преку која модерната “Римска Империја”,си ја користи за остварување на своите империјални интереси. Од аспектот на луѓето од 90тите години од минатиот век,демократија ја доживувале како нешто што претставува слобода,злоупотребувајќи го тој момент на перцепција,само декларативно се основани таквите општества.Демократијата понекогаш може да успее во современи услови,само во претходни општества со високо развиени капиталистички односи.Што не е случај во нашиот пример. Интересно за споредба е примерот за промената,во менталниот склоп на општото мислење од денешниот најнов аспект кај луѓето. Тие денес на демократија гледаат како,на општество во кое владеат малкумина,кои се лесно манипулативни од суперсилите и каде човековите слободи се декларативно набројани.

Page 76: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

75

75

Други белези кои ке ги има василеизмот,е што во оваа општество државата ке се сфаќа и како држава на етнос,но и како држава на граѓани. Како држава на етнос оваа општество ке се истакнува,затоа што ке ги штити и унапредува интересите на доминантниот/државотворниот етнос. Односно во услови кога ке бидат загрозени,интересите на доминантниот дел од населението,првично ке се однесува како држава на етносот. Може слободно да направиме логички заклучок,дека во македонскиот пример,василеизмот ке се однесува како држава на етнос. Но тоа мора да биде така,затоа што самата историска тежина ни оставила таков товар,да сме доведени до фаза на опстанок и да мораме првин да се заштитиме себеси,а потоа интересите на други. Односно болен човек мора првин себеси да се излечи,доколку сака подоцна да помогне на другите да се излечат. Доколку долгорочната политичка и економска стратегија,ни е кон остварување на интересите на повеќето етноси,тогаш самата долгорочна стратегија е осудена на пропаст,заради преобемноста на проблемите и нерешените прашања. Како држава на граѓани василеизмот ке се истакнува,во тоа што иаку главната улога во услови на загрозени интереси,на доминантиот етнос ке има другото сфаќање за државата,сепак правата на малцинствата како правото на мајчиниот јазик,правото на слободно изразување за националност и сл,ке бидат гарантирани.Што би значело дека оние права,кои нема да попречуваат во заштитата на интересите на доминантиот етнос,но и оние работи кои немаат да бидат спротивни со долгорочната политичка и економска стратегија,ке бидат дозволени. Кога интересите на доминантниот етнос ке бидат сигурни,заштитени и незагрозени,тогаш сфаќањето за држава на граѓаните,ке добие поголем израз.Таквото ротирање на овие две сфаќањата за државата,покрај тоа што ке доведе до стабилност,ке наиде и на почит,зајакнување на довербата и солидарноста измеѓу доминантното население и другите малцински групи. Тоа ке се случи,доколку едната малцинска група наиде на разбирање за моменталнта состојба,на мнозинската група и ја сфати потребата од државата на етнос не бунтувајќи се против истиот,затоа што основните малцински права никогаш и нема да се доведат до прашање. Ке наиде на зајакнување на почитта и довербата,затоа што намерите на малцинските групи за унапредување на нивните интереси во општеството,ке ги исчисти од помислата на мнозинската група дека барањате имаат задна намера,за сепарација или пак за неприродно доминирање во самата држава. Ке наиде на солидарност,кога мнозинската група ке го награди разбирањето кое го дала во текот на загрозеноста,за употребата на етничкиот модел.Наградата би требало да се состои од тоа,што кога ке се види моментот на успешната заштита и посериозна

Page 77: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

незагрозеност,мнозинската група да го примени граѓанскиот модел за државноста. Овој ротирачки модел е толку добар,што самото по природен тек ке овозможи да се дознае,чии интереси на чии малцинските групи немаат антидржавно и антиопштествено дејство. Доколку таа малцинска група ги изразува овие елементи,тогаш знаеме како реагира секој нормален систем на ова. Кој го познава Македонскиот народ,претпоставената теоретска почит сигурно нема да биде изостаната,односно ротирањето ке се случи. Сметам дека овие две сфаќања за државата,се крајно радикални и се неприродни сами по себе. Доколку се применува само етничкиот модел во сите услови,тогаш се насетува ултранационализам,кој може да дојде до најлоша форма како фашизмот. Доколку се применува само граѓанскиот модел во сите услови,тогаш мотивот за нормален и здрав национализам меѓу доминантниот етнос, наидува на фрустрација и се намалува,додека мотивот за сепарација или агресивно однесување на малцинските групи,наидуваат на пораст. Примената на овој ротирачки модел,има најздрава и најприродна логика како за остварување на потребите на мнозинството,така и за потребите на малцинството,секако доколку се употребува според наведеното. Дека употребувањето на само на граѓанскиот модел не функционира, најприкладно говори и нашево современо општество. Знаеме дека преку рамковниот договор,се направија измени со кои официјално го применуваме граѓанскиот модел. Праксата со овој модел кај нас ни покажува,дека клучните проблеми кои ги има Македонскиот народ не се решени,па со тоа тешко се остваруваат потребите на доминантниот менталитет,додека зголемените малцински права во вакви услови наидоа и дадоа потик,да може желбата за сепаратизмот да се одржува на завидно ниво меѓу малцинството и за да се намали,истиот вештачки се одржува преку разни политички пазари меѓу владеачките групи,со што и кај малцинството очекувањата не се остваруваат,додека потребите се остваруваат само на поединци. Таквата состојба намерно или ненамерно креирана од договор во 2001, доведуваат до општо незадоволство и фрустрација,и кај едните и кај другите. Таквата примена во едно општество,може да доведе до тоа и да случи распад на истото,бидејќи не се остваруваат потребите,декларативно се наметнати очекувања на малцинствата и вештачки се одржува, состојбата на status quo. Додека пак самата состојба на status quo,доведува до апатичност и анемија на функционирањето и на системот и на населението,врз кој се спроведува тој систем. Доколку не се промени таквата состојба и не се применат сериозни мерки,кон решавањето на прашањата кои ни се наметнаа во нашиов пример,проблемите и понатаму само ке се таложат врз грбот на Македонскиот народ,самото таложење ке доведе до нови и нови проблеми,а со тоа “горделивиот јазол” постепено ке се заплеткува

Page 78: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

77

77

повеќе и повеќе,правејќи го македонското прашање уште толку нерешливо на пократок период. Во погледот на уставноста како начело,сите принципи врз кои се заснова и денешново општество,ке се задржат и во василеизмот. Со мала измена,во делот на поделба на државната власт. Тој дел ке се менува тогаш,кога самиот устав ке има само пишана,а ке биде изоставена практична форма,ке се менува и кога самиот устав ке наиде на груба манипулација и злоупотреба,или кога самиот устав погрешно ке се протолкува,намерно или ненамерно со што самото такво толкување,манипулирање и злоупотреба ке предизвика сериозни негативни последици,во меѓучовечките и меѓуопштествените односи. Во такви состојби поделбата на државната власт,ке биде покрај законодавна,извршна и судска власт,со додавање и заштитна власт со врховен карактер во однос на другите. Во погледот на законитоста како начело,и делот на системот на контрола на уставноста,ке биде со иста поставеност како во денешново општество. Единствено системот на контрола за уставноста на законите,ке биде изменет во услови кога ке се влошат до толку меѓучовечките и меѓуопштествените односи,да ке бидат приморани да интервенираат претставниците на заштитната власт.Тогаш контролата претходно што ја вршел уставниот суд,односно системот на уставно-судска контрола,ке биде заменет со системот на контрола од посебен политички орган,од претставниците на Агема. Во погледот на правата на граѓанинот,главна измена ке биде онаа во делот на политичките слободи и права. Од политичките права граѓанинот,во василевското општество ке ги ужива сите моментално наведените во теорискиот концепт,каде уставот на денешново општество ги гарантира. Сите овие права,право на јавен говор,слобода на здружување,слобода на информирање,право на мирно собирање,избирачко право,право на претставки ке бидат неизменети,освен правото на учество во јавни функции,ке има претрпи одредени промени. Промените кои ке се одвиваат во оваа право,ке одат кон таа насока да не секоја јавна функција,биде достапна за секој граѓанин со различна материјална база. Односно секој граѓанин ке има право на учество во јавните функции,но не секој граѓанин ке има право на учество во секоја јавна функција. Подетално ке објасниме зошто ке има таква промена,парарелно со деловите каде ке ги опишуваме институции,кои се новоспоменати.

Page 79: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината
Page 80: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

79

79

ВАСИЛЕВС (полуавтократна извршна установа) Историска оправданост во нашиот пример Потеклото на зборот василевс,не е со сигурност утврдено од кој јазик потекнува,но се претпоставува дека потекнува,од древно-“пелазгискиот јазик” или древно-“микенскиот јазик”,кој можно е овие два да се во сродство.Коренот на зборот според разни теории се тврди,дека доаѓа од зборот “гвасил”. Се повеќе се прифаќа тезата,дека потеклото на овој збор не е од старогрчкиот јазик,туку тој е прифатен од истиот и модифициран со додавката ус,односно на грчки василе-ус (Шиндлер,1976год). Погрешна е и интерпретација на значењето на зборот,односно најчесто се согледува дека означува крал,во буквална смисла од современ аспект.Употребата на овој збор во старите времиња,неговата интерпретација често се однесувало кон тоа,да означува водич или поглавар на народот но и како главен во религиските прашања,односно на оној на кого му е даден авторитетот од народот,за севкупни работи поврзани во општеството за остварување на општиот интерес. Значењето на зборот василевс,постепено низ текот на историјата заедно со случувањата на побитните историски настани,неговата интерпретација доживувала промени. За време на владеењето на Александар Трети,овој збор постепено се доближувал до персиската интерпретација на водич на државата,со многу народи во неа или персиската титула шаханшах(владетел над владетелите),се со цел да се изрази новото владеење на повеќе народи во една држава. Па така на овој збор му се додал и зборот Мега,што означувало Велик Василевс.На Александар Трети по успешните походи и битки,започнале да му се обраќаат со таа титула.Оваа интерпретација на титулата василевс,најверојатно продолжила и по смртта на Александар кај Селевкидската династија,со цел полесно да ја разберат положбата различните народи,кои спаѓале во составот на Селевкидската држава. Во ромејскиот период оваа интерпретација на оваа титула,главно се однесувала со доближување до онаа на император на Римјаните. Ромејскиот император Ираклиј,подоцна ги враќа автохтоните означувања на титулите,и оваа настанала како Василеус тон Василеон. Во времето на Палеолозите како владеачка династија на Ромеите,на оваа титула му се додавало поголемо истакнување на религискиот карактер на државата. Па така се додавале зборовите како,во Христа и Господ верен Василевс,како и Василевс и Автократор на Ромеите(православните христијани).Ромејскиот модел на извршната власт,предвидувал и уште еден совладетел или оној кој е најблизок и заменик на василевсот,а тоа претставувал носителот на титула симвасилевс.Најчесто по смртта на првиот човек во Ромејското Царство,него симвасилевсите го наследувале,кои биле предходно вторите луѓе на државата.

Page 81: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Во македонската историја,континуитетот на василевсите имаме: Од старата македонска ера од 808 до 148 пред Христа василевс Каран василевс Којно василевс Тирима василевс Пердика Први василевс Аргај Први василевс Филип Први василевс Европ Први василевс Алкета Први василевс Аминта Први василевс Александар Први василевс Алкета Втори василевс Пердика Втори василевс Архелај Први василевс Кратер Први василевс Орестиј Први и Европ Втори василевс Архелај Втори василевс Аминта Втори василевс Павзаниј Први василевс Аминта Трети василевс Аргај Втори василевс Александар Втори василевс Пердика Трети василевс Аминта Четврти василевс Филип Втори василевс Александар Трети Велики василевс Филип Трети Архидеј василевс Касандар Антипатридски василевс Филип Четврти Антипатридски василевс Александар Петти Антипатридски василевс Деметриј Втори Антигонидски василевс Птоломеј Птолемајов Кераун василевс Мелеагар Птолемајов василевс Антигон Антигонидски Гоната василевс Деметриј Втори Антигонидски василевс Антигон Антигонидски Досон василевс Филип Петти Антигонидски василевс Персеј Антигонидски василевс Андриј Антигонидски Оваа ера има континуитет,од шест века и 43 години. Во пресметката се одземени 17 од годините,бидејќи имало толкав годишен прекин,кој се случил по битката кај Пидна,односно кога Римјаните поставуваат свој окупационен систем на територијата на Македонија.Прекинот бил тргнат со востанието на Андриј Антигонидски,но по негов неуспех завршила старата македонска ера.

Page 82: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

81

81

Од ромејската ера од 802 година до 1425 година по Христа василевс Никифор Први василевс Ставро Први василевс Михаил Први василевс Лав Петти василевс Михаил Втори василевс Теофил василевс Михаил Трети василевс Васил Први василевс Лав Шести василевс Александар василевс Константин Седми василевс Роман Први василевс Роман Втори василевс Никифор Втори василевс Јован Први василевс Васил Втори василевс Константин Осми василица Зое василевс Роман Трети василевс Михаил Четврти василевс Михаил Петти василицаТеодора василевс Константин Деветти василевс Михаил Шести василевс Исак Први василевс Константин Десетти василевс Михаил Седми василевс Роман Четврти василевс Никифор Трети василевс Алексеј Први василевс Јован Втори василевс Мануил Први василевс Алексеј Втори василевс Андроник Први василевс Исак Втори василевс Алексеј Трети василевс Алексеј Четврти василевс Алексеј Петти василевс Михаил Седми василевс Андроник Втори василевс Андроник Трети василевс Јован Петти василевс Јован Шести василевс Андроник Четврти василевс Мануил Втори Оваа ера траела вкупно пет века и 69 години. Во пресметката се вклучени прекините од 54 години.

Page 83: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината
Page 84: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

83

83

Во ромејската ера прекинот од 54 години,се смета од оној настан кога крстоносците го освојуваат и опљачкосуваат Константинопол. Тогаш 54 години траела “франкократијата” или владеењето на Латините на овие простори,до реставрација на Ромејската Империја од Михајло Палеолог.Исто така последните два василевса од палеолошката династија,Јован Седми и Константин Драгаш, се исклучени од пресметките затоа што нивното владение тогаш,не се простирало на ниеден дел од Македонија,туку биле сведени на Константинопол,Мореја/Пелопонез и на неколку градчиња околу нив. По падот на Константинопол и нејзиното освојување од Османлиите,завршува ромејската ера. Отогаш оваа титула воопшто не се употреба,никаде од ниедна држава. Единствено по грчкото востание,со цел да се претстави новата Грчка држава како наследничка од ромејската ера,секако мотивирани од западните влијателни личности кои себеси си се декларирале како хеленофили,првиот грчки крал од германско потекло Ото Први,во документите ја зема за употреба титула василевс.Таа употреба започнува од 1832 година. Од тој момент па до последниот крал на модерната грчка држава Константин Втори,Грците ке ја употребуваат оваа титула василевс,до годината 1973 по Христа. Интерпретацијата од грчката држава за користењето на оваа титула, кореспондира со истата западна интерпретација на титулата крал. Од последниот крал на модерната Грчка држава,оваа титула не се употребува никаде до ден денешен. Но како и да е во нашиот случај,континуитетот на василевсот со клучна државничка улога во општествата каде што бил Македонскиот народ, траел вкупно еден милениум,два века и 12 години. Ова се груби статистички пресметки,затоа што незнаеме дали пред првиот василевс Каран,клучните државници исто се именувале со оваа титула.Следејќи го потеклото на зборот,многу веројатно уште многу историски неевидентирани векови пред Каран,оваа титула била со употреба во општествата кај населението од овој реон. Што би значело дека овој збор или оваа титула,има многу поголема предност и оправданост за нејзина денешна употреба,за разлика од употребата од сегашново македонско современо општество,за сегашните главни државнички титули,како претседател или титулата премиер која влече корени од латинскиот јазик. Употребата на оваа титула од старата македонска ера,силно е поврзана со митолошки и религиски карактер. Со митолошкиот карактер оваа титула,а со тоа и функцијата е тесно поврзана со карактерот на еден митолошки јунак. Поточно станува збор за Херакле или Херкул(зап.) Митот за Херакле и неговите дела,кои се опишани во митот се речиси невозможни за обичниот човек,но вредноста од сета таа приказна за митот се моралните поуки ,во кој василевсите од старата македонска ера идентификувајќи се со него,тежнееле кон нему слични карактеристики.

Page 85: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Поврзаноста на василевсите води и од тоа што,тие прокламирале дека водат потекло од него и дека претставува,родоначалник на народот. За нивното индентификување,силно говорат приказите на монетите,каде се прикажани многумина македонски василевси,претставени со капа направена од лавја глава.Истиот тој физички приказ го имаме и кај Херакле,со лавја глава од убиениот немејски лав(според митот). Главните карактеристики кои излегуваат од карактерот на Херакле,на кои им се дивееле македонските василевси,се пожртвуваноста, храброста или јунаштвото и алтруизмот . Овие карактерни особини на тогашните владетели,кои имале инспирација од овој мит,всушност им бил реално потребен,а и ден денес им се потребни на Македонскиот народ кај нивните водачи. Идентификацијата всушност ги утврдувало насоките,на тоа кон што требало да тежнее еден македонски владетел. Со религискиот карактер,кој е тесно поврзан со извршувањето на главните религиски настани во самото општество,се барало и покрај реалната можност за остварување на некој одреден интерес,дали постоело одобрување и од вишите сили.Често имаме евидентирани историски случаеви,каде што водачите одат во светилишата,за да дознаат од таму какво е мислењето по одредено политичко прашање,на вишите сили.Учеството на василевсот во религискиот дел од животот, најверојатно се должи на поврзаноста со митологијата за настанокот,на самиот Македонски народ и народи воопшто од тоа време. Приказ на Херакле

Приказ на Александар Трети

Page 86: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

85

85

Современо споредување Овој институт гледано од денешна современа перспектива,од тоа кои се главни носители на политичките функции,василевсот како установа во новото општество би имал најголема сличност со претседателскиот систем,во поглед на должностите,местото во поделбата на власта и начинот на односите и комуникација со другите власти. Претседателски систем на уредување на државната власт,се заснова врз начелото на појасна поделба на власта,каде односите меѓу трите власти е со поголема независност на истите. Освен појасната поделба на државната власт,други карактеристики кои ги има овој систем,се обединувањето на извршната власт во еден инокосен орган,рамноправна положба на законодавната и извршната власт и постоење на правен механизам,за меѓусебна контрола и воспоставување на рамнотежа во односите измеѓу државните органи,секако без можност за пречекорување на уставните рамки. Имаме многу модерни социолози и филозофи по политички науки,каде што ги истакнуваат предностите на спојување на извршната власт во еден инокосен орган. Тука ке го спомене мислењето на Александар Хамилтон,кој важел за високо морален човек,а воедно и првиот секретар на трезорот на Соединетите Американски Држави,со изјава: “Секогаш кога две или повеќе лица се вклучени во заедничка акција, постојано постои опасност меѓу нив две да дојде до разлики во мислењето.Ако е во прашање јавна функција или положба,коишто на овие лица им даваат исто достоинство и власт,постои опасност меѓу нив да дојде до лично соперништво,па дури и до омраза. Заради овие причини избувнуваат најлути судири.Ако дојде до овие судири,тие ке го намалат почитувањето спрема власта,ке ја заслабат и ке ги нарушат плановите и дејствувањето на оние што ја делат власта.Ако овие судири,за несреќа го опфатат и највисокиот магистрат(се мисли претседател и на премиер)на извршната власт во земјата,којшто се состои од повеќе лица,тие можат да ги попречат најзначајните мерки на владеењето во судбоносниот час за државата.И уште полошо,тие судири можат да доведат до поделба на општеството,на жестоки и непомирливи партии.... ” Во нашиот пример денешното македонско општество,за наша несреќа секогаш кога сме имале во поновата пракса,претседател и премиер од различна партија,секогаш тој момент за Македонија бил значаен за идните години,дури би рекол дека Македонија заради местоположбата, ретко има незначајни политички моменти. Уште полошо што имаме искусено од современата пракса во нашиот пример,кога сме имале од различни партии вмешаност во извршната власт,секогаш тоа биле од партии кои се непомирливи противници и претставници,на два сосем различни правци и два сосем различни начини на размислување.

Page 87: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Токму она што Хамилтон го предвидел,во делот на намалување на почитта на власта и одговорностакоја им е дадена,како и судирите кои ги нарушуваат на плановите за остварување на интересите,токму тоа ни се случуваше на нашата политичка сцена. Видовме невидени примери на незаинтересираност за интересите на републиката,но и невидени примери на злоупотреба на функциите за лични цели.Имавме пример до толкава злоупотреба,кога на еден наш бивш претседател му се закануваше отповикување,односно импичмент(зап.превод). Сето ова горенаведеното,само ја оправдува практиката од обединувањето на извршната власт,со цел полесно остварување на потребите кои произлегуваат од овој орган. Обединувањето на извршната власт во еден инокосен орган,е како главно бележје на овој систем на уредување.Најголемата сличност претседателските системи ја имаат со василеистичкиот начин на уредување на извршната власт,токму во овој поглед.Претседателот претставува монокефална фигура во извршната власт,а се разликува од другите системи на уредување што постојат денес,со бикефално, односно уредување каде што извршната власт се дели на претседател на државата и премиер,односно претседател на владата. Овој ткн парламентарен систем на уредување,денес е во употреба од современото македонско општество.Научени од искуството не одлучува уставот и законите,туку зависно од партијата на власт и од нејзината внатрепартиската поставеност,одредува кој од овие две фигури ке има поголема доминација.Во теорискиот дел на парламентарен систем,се предвидува поголемото влијание да го има премиерот. Од другите современи видови на системско уредување на државна власт,василеистичкиот начин поголема сличност ке има и со полупретседателскиот систем.Полупретседателскиот систем, во теоријата е воведен од францускиот социолог Морис Диверже. Карактериските кои ги навел Диверже за овој систем,се покрај појасната поделба на трите власти и на обедувањето на извршната власт,претседателот да се избира на општи избори,претседателот да има клучна доминација во оваа власт,претседателот покрај големата доминација,тој да има право на избор на премиери и министри. Сличностите ке се во тоа што василевсот исто така ке се избира на општи избори,ке има главна доминација во власта од која потекнува,и ке назначува луѓе кои ке имаат слична улога со министрите. Главните предности на кои наидуваат системите,со монокефален и инокосен орган во извршната власт,се стабилноста и одлучноста. Во нашиот пример заради остранување на напоменатите негативни карактеристики,кои историските настани ни ги имаат оставено но и заради предизвиците кои бараат огромна одлучност,за добра иднина овие предности секако ке бидат добредојдени. Затоа сличностите кои се позитивни од претседателскиот и полупретседателскиот систем,се предвидуваат во новата замисла за системот.

Page 88: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

87

87

Избирање,начин на избор,кој може да биде избран и мандат За да се оствари легитимитетот на идниот Василевс,тој како и во претседателскиот,полупретседателскиот и мешовитиот систем ке се избира на општи избори за избор на Василевс. Во учеството на општите избори,ке можат да бидат личности со навршени 21 година. Начинот на избор ке оди во три фази. Првата фаза ке биде претставување на кандидатите,за потенцијалните можни василевси.Кандидатурата на василевсите може да биде самоиницијативна,односно не по предлог кандидатура или по предлог оставен во вид на аманет,од страна на бившиот Василевс. По предлог на предходниот Василевс,нема да може да се кандидираат од првата фаза на преобразба на старото општество во василеистичко општество,затоа што ке има бивш претседател,а не василевс што би значело дека на првите избори за избор на Василевс,кандидатурите ке мора бидат по самоиницијативен пат. Кандидатурата можат да предложат лица кои имаат навршено 21 година ,но и последните 15 години да имаат живеено во Македонија. За поднесување на кандидатурата,кандидатот мора има соберено 10 000 потписи од избирачите. Избирачите ги даваат потписите пред органот,надлежен за водење евиденција на избирачкото право. Собирањето на потписи ке трае 15 дена,започнувајќи од петнаесетиот ден од денот на распишувањето на изборите. Со овие потписи се составуваат кандидатските листи. Во предлагање на кандидатурата,нема да можат да учествуваат народните претставници,архонтите и партиите ниту смеат јавно да изразуваат на некој од кандидате,односно да му даваат подршка. Затоа и овие избори покрај општи и демократски,ке бидат и сенародни односно безпартиски избор.Тоа значи дека на изборите ке се избира личност,а не партија. Откако ке одминат фазите(преобразата би требало да се случи во текот на една генерација)и општеството стане комплетирано василеистичко општество,кандидатурата за василевс нема да имаат право сите да ја предлагаат. Односно право на кандидатурата ке имаат оние,кои имаат моментална средна и богата материјална база,додека оние со моментална сиромашна матријална база ке немаат право на оваа кандидатура. Оваа е така со цел да се избегне,влегување во политиката од страна на личностите заради лични профити. Односно ке има начело кое ке гласи,дека политиката е работа на добро ситуирани луѓе. Нивната моментална добра материјална состојба,ке биде причина повеќе за поголема одговорност за општеството.

Page 89: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Најмногу инспирација за вметнување на оваа начело,добив од современата пракса на македонската политичка сцена. Имаме безброј примери на политичари каде што,пред влезот во политика беа со сиромашна материјална база,а по влезот во политиката станаа со неверојатен скок до богата материјална база. Претпоставувам сите ке претпоставите од каде им е тој скок?,од општествената материјална база. Доколку моменталните сиромашни,односно со сиромашна база во текот на владеење на претходниот Василевс,некоја состојба им даде шанса да истакнат виши вредности,како што е пожртвуваноста,алтруизам ,херојство односно јунаштво,тогаш Василевсот со давање на признание и одлика за заслугата,ке има начин преку донација или подарок на Василесвот или на самото општество,да таа одликувана личност преку овој начин од сиромашна материјална база се стекне,со средна материјална база и да премине во групата на средните. Така на следните избори,таа личност ке има право на кандидатура за василевс. Со ова ке се избегне апсолутна дискриминација,врз основа на социјалниот елемент. Втората фаза се општите избори. Во општите избори ке учествуваат,сите граѓани на Македонија. Општите избори за избор на василевсот,ке се одвиваат на мирен и демократски начин. Општите избори ке бидат со безпартиски карактер,односно во текот на промоцијата на кандидатурата на некој од потенцијалните василевси,тие не ке можат да донираат пари за рекламација,ниту да истакнуваат партиски симболи во текот на промоцијата и рекламацијата. Доколку се прекрши некое од горенаведените правила,партиите ке бидат остро казнети,додека кандидатурата на потенцијалниот василевс ке му се прекине,односно ке му се одземе правото за учество во изборот. На крајот од гласањето,излезност на граѓаните мора да биде на високо 75%тно ниво. Откако ке се избројат гласачките ливчиња,и се прогласи кој кандидат е победникот,следи третата фаза. Во третата фаза најголем дел од работите,ке бидат со церемонијален карактер. Третата фаза нема да биде присутна во текот на првите општи избори за василевс на државата,затоа што за функционирање на сите три замислени изборни фази,општеството мора претходно тотално да е преминато во василеизмот. Но откако ке се направи таа преобразба на општеството,трета фаза ке оди по следните редоследи. Кандидатот-победник ке поднесува до Синедрионот,негова потврда за утврдување на титула василевс. Откако ке се поднесе потврдата,се гласа од страна на народните претставници и од страна на архонтите.

Page 90: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

89

89

Откако ке се изгласа двогрупно мнозинство(мнозинство гласови од групата на архонтите и од групата на претставниците)од страна на Синедрионот,и ке му се даде подршката или ако сакате ке му се изгласа доверба,ке следи посебен церемонилен настан. Доколку не се изгласа двогрупното мнозинство,кандидатот-победник ке изнесе говор во Синедрионот,со цел да се претстави подетално како на личен план,така и на негов политички план и на неговите политички намери во иднина,исто така народните претставници и архонтите ке имаат право на говор во Синедрионот,со цел да предложат зошто не му изгласуваат подршка и доверба. Така ке има повторно следно гласање.Доколку и по втор пат не му се изгласа двогрупната доверба и подршка,одлучувачко мислење ке имаат Василевските пријатели/пријателскиот совет(оние претставници кои се поставени од страна на претходниот Василевс),и доколку се изјаснат позитивно кандидатот победник,официјално ке ја добие титулата василевс и од тој момент ке може да ја положи заклетвата. Но доколку се изјаснат негативно,како трет степен и последен за одлучување,ке го дадат во изјаснувањето претставниците на Агема,како да се најде решение за спротиставените ставови. Главната симболика која ке се искажува на таа церемонија,ке претставува единството. Сите личности кои поднеле кандидатури за изборот на василевсот,ке мораат да му одадат почит и честитки на избраниот кандидат. Таа почит може да биде симболично,дал со дарување на некој подарок,дал со некоја свечена поговорка за среќа во владеењето и успех во остварувањето на општите интереси. По ова ке следи заклетвата на Василевсот пред Синедрионот. Заклетвата би можела да гласи: “Изјавува дека функцијата Василевс на Македонија,ке ја вршам совесно и одговорно,ке го почитувам уставот,законите и принципите на василеизмот,ке го штитам суверенитетот,територијалниот интегритет и независноста на Македонија,и се колнам пред Севишниот во моето здрајве и здавјето на моите најблиски,дека моите намери ке бидат за општото добро” Мандатот на избраниот Василевс,ке трае до крајот на неговиот живот. Доколку на друг начин биде прекинат неговиот мандат,преку ненадејна смрт,попреченост во извршувањето на функцијата или предвременото отповикување,заради сериозни злоупотреби или негативни ефекти од одлуките,изборите за избор на василевсот ке се вршат во рок од 40 дена,од денот на прекинот на мандатот на предходниот Василевс. Во текот на извршувањето на оваа функција,нема да следи паричен надоместок во вид на плата како што постои денес претседателска плата,но во одредени ситуации може да следи пензија. Извршувањето на оваа функција треба да претставува,највисока почест за носителот на оваа титула. Извршувањето на оваа функција,ке е неспојлива со другите функции и професии.

Page 91: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Положба и одговорност на Василевсот Положбата на Василевсот на Македонија,ке се состои од четири елементи,кои ке го претставуваат неговото обележје. Тој ке биде шеф на државата,но и шеф во извршната власт. Како шеф на државата тој ке ја претставува Македонија,како на внатрешен така и на надворешен план. На внатрешен план,Македонија ке ја претставува пред странските делегации кои ке доаѓаат во земјата,а на надворешен план кога македонската делегација ке оди во посета во друга држава. Исто така претставничка улога ке има и кога ке оди,за учество на работата на меѓународни или регионални организации. Тој ке биде шеф на извршната власт. Како шеф на извршната власт,тој ке го креира составот на Пријателскиот совет и во рамки на тој состав,самиот Василевс ке има специјален primvs inter partes статус. Тој ке го има последниот збор во одлуките,кои ке ги носи севкупната извршна власт. Институционално ке управува со својот кабинет и со пријателскиот совет(владата),но и ке врши доминантно влијание врз одлуките на Синедрионот. Изборот на неговиот легитимитет ке биде неприкосновен,и ке претставува посилен легитимитет од сите избрачки функции,односно ке има доминантен легитимитет,даден откако ке биде избран под услови на високи 75 одстотно излезеност на граѓаните во периодот на изборите,освен тоа ке има и спореден легитимитет,даден од страна на политичкото раководство,дал преку Синедрионот,преку Василевските пријатели или од претставниците од посебното општество Агема. Функциите ке ги врши согласно уставот и законите. И како последно обележје,ке има главна политичка и целосна кривична одговорност. Во условите на политичкиот плурализам кој ке се истакнува преку партиите,кои поголем удел ке имаат во локалната власт и законодавната власт,заради укинување на неединството,симболиката која ке ја има преку положбата,непартискиот избран од народ Василевс,заедно со негова политичка потврда,ке биде силен пример за “татко на нацијата”,односно во најбитни одлуки и работи,тој со своите обележја ке има можност,да одлучува со легитимност на силно сенационално единство(обединител на интересите на народот со политичарите).

Page 92: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

91

91

Надлежности на Василевсот Товарот и одговорноста која ке биде врз овој институт ке е голема,затоа што ке има одлучувачки карактер во речиси секоја сфера. Воено-одбрамбениот дел,надворешно-политичкиот дел и внатрешниот-организационен дел ке бидат со доминантно одлучување од овој магистрат.Така под надлежност на овој институт ке бидат: Претставувањето на државата Оваа улога од современата пракса,ја одигрува и сегашниот претседател на државата.Надлежноста за претставување на државата,повеќе има церемонијален карактер.Преставувањето на државата ке биде од надворешен и внатрешен тип,односно ке прима странски делегации во посета,но и ке оди со својата делегација на посети или на меѓународни собири. Водење надворешна политика Оваа улога е многу повеќе со безбедносен карактер и е битно,оваа надлежност да е во рацете на Василевсот,затоа што за нашиот пример е многу неопходно водење на црвста,долгорочна и единствена политика. Таквата политика може да произлезе само од магистрат,кој има такви карактеристики.Всушност сите карактеристики што се предодредени на Василевсот,се ставени во тој дел,токму заради остварување на успешна политика на надворешен план. За македонскиот пример тежината е голема за остварување на успешна надворешна политика,и елементите од овој орган се навистина неопходни.Речиси сите пет држави кои границата ја делат со македонската,имаат политички спорови со нас.За да се разрешат истите успешно,без штета на македонскиот сенароден интерес,потребно е повеќе цврста,долгорочна и единствена политика. Па така во доминантната улога кој ке ја врши оваа институција,ке се изразува преку: - одлучување за признавањето на државите и владите - ке одлучува за воспоставување на дипломатски и конзуларни односи со други држави - ке предлага и именува амбасадори и шефови на конзуларни претставништва - ке одлучува за утврдување на стратегија за вклопување на Македонија,во разни меѓународни организации каде што општеството ке има интерес од нив. - ке склучува меѓународни договори,во име на Македонија

Page 93: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Прогласување на законите Со оваа надлежност Василевсот како доминантна фигура,со негов потпис и указ за прогласот на законот,тој ке ја претставува финалната фаза за почетокот на примената на одреден закон. Прогласувањето повеќе ке има карактер кон тоа,да се формира позитивно мислење кај граѓаните за одреден закон,со самото тоа што Василевсот како чувар на василеизмот потпишал и дал указ за негов проглас,би значело дека тој закон не е спротивен на принципите и на општествениот интерес. Клучното влијание Василевсот ке го извршува со правото на вето,кој денес исто така оваа право го има и претседателот на републиката. Правото на вето на законите,Василевсот ке го има со ограничен карактер,односно законите кои ке се донесат со двотретинско мнозинство во Собранието,нема да можат да наидат на вето од Василевсот.Доколку законот не е донесен според двотретинското мнозинство,правото на вето може да се искористи. Откако Василевсот некој закон би го закочил со употребувањето на вето,тој закон се враќа на повторно разгледување од страна на Синедрионот/Собранието. Василевсот ке мора да се произнесе во најкраток можен рок,зошто е ставил вето на законот,дали тој закон треба да се воопшто примени или пак,дали тој закон треба да претрпи одредени промени,со цел да се нема негативни ефекти од самата примена на законот во пракса. Доколку повторно се изгласа позитивно од страна на претставниците на Синедрионот,за законот да биде применет,тогаш тој закон официјално станува закон во проглас. Законите кои ке бидат тесно поврзани со воената и одбрамбената природа,за нејзино официјално прогласување ке мора да има согласност од Василевсот. Определување на состав на Пријателскиот совет Оваа право ке биде исклучиво право самиот Василевс,да ги одреди каков и кој ке биде составот на Василевските пријатели. Пријателите ке ги одбира самиот Василевс,со право како на нивно одбирање така и на нивно разрешување. Пријателите кои ке се бираат,нема да имаат одреден временски мандат. Предлогот за избор на пријател за одредено поле,може Василевсот да побара од разни луѓе,кои имаат искуство и експертиза на тоа поле. Известување пред Собранието за својата работа Известување на Василевсот за неговата работа,ке биде право но и обрвска да предаде отчет пред Синедрионот,за неговите сторени работи(оние работи кои ке можат јавно да се претстават),но и за мислења за разни прашања и планирани стратегии за во иднината. Известувањето на Василевсот за неговата работа,ке мора да го одава секогаш кога ке има потреба,додека еднаш во пролетниот период од година,задолжително ке мора да предаде еден годишен отчет за

Page 94: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

93

93

стореното.Оваа известување нема да има за цел Василевсот,да одговара за својата работа пред членовите на Синедрионот,туку повеќе ке има информативен карактер,за да се запознаат со состојбите претставниците на другите власти,но најмногу да се запознае народот. Известувањето ке биде проследено од медиумските и новинарските куќи,како што е пракса и денес. Именување на носители на други државни и јавни функции Василевсот ке го утврдува составот и ке ги именува претставниците на Советот за безбедност. Во советот за безбедност,ке се одлучува за прогласувањето на вонредната или воената состојба. Во тој совет доколку се создадат услови за проглас на таквите состојби во државата,се прашуваат и изнесуваат мислења сите членови. Потоа истите членови гласаат,но крајниот збор ке го има Василевсот. Предлогот за одредување на овие две состојби,може до советот на безбедност да го дадат и претставниците на Синедрионот. Доколку се одлучи за воена состојба Василевсот во Собранието,доколку е во можност истиот да се собере во двотретински состав ,претставниците ке гласаат за одавање доверба во одлуката на Василевсот. Доколку не е во можност Синедрионот да се собере во двотретински состав,одлуката на Василевсот сепак останува во сила. За прогласување на вонредна состојба,зависно од степенот на сериозноста на состојбата ке се повтори таа постапка,доколку не е потребно само ке се извести јавноста пред Синедрионот за тоа. При постоење на воена или вонредна од крајна нужда,Василевсот како иконосен орган заедно во соработка со Василевските пријатели,како колегијален орган ке донесуваат уредби во вид на закони. Василевсот исто така ке поставува и разрешува,стратези/генерали или други старешини во вооружените сили. Василевсот ке го именува и разрешува,директорот на Агенцијата за разузнување на внатрешен план и директорот на Агенцијата за разузнување на надворешен план. Предлагање на кандидати за одредени функции и предлагање на уставни промени. Василевсот исто така ке предлага,двајца судии на Уставниот суд на Македонија и двајца членови во Судскиот совет. Василевсот исто така ке има право,на предлагање на уставни промени. Ке има право и да предлага за донесување на одредени државнички одлуки,како што се стапување во економски и воени сојузи со други држави,како и членство во разни меѓународни и регионални организации.

Page 95: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Практична потреба од ваков институт Во нашиот пример примената во практика од ваков институт,ке има за потреба од неколку причини. Првин заради избегнувањето на непотребни церемонијални политички фигури,од граѓанска и финансиска гледна точка,обединувачкиот фактор кој ке го прикаже овој институт ,предностите кои ги нуди персоналниот принцип,стабилност и одлучност во одлуките и заради потребата од долгорочна стратегија на внатрешен и надворешен план. Избегнувањето на непотребните церемонијални политички фигури од финансиска гледна точка е потребно да се отргнат,наведните институти од извршната власт,но и затоа што во нашиот пример,менталитетот е навикнат еден шеф на државата да има најголем удел,како во внатрешниот така и во надворешниот политички дел. Церемонијалностите кои ги гледаме од денешниот современ апсект,од претседателскиот институт,кај мноштвото од јавното мнение наидува на тоа да некои делови од извршна власт,да се согледуваат со несериозност,а со тоа исто мислење се создава и во начинот на водењето политика,по однос на државните интереси. Со самото тоа што еден претседател на републиката,кој како претставник и шеф на државата,има помало политичко влијание од шефот на владата,потикнува на мислење дека првиот на другиот му претставува марионета(секако ако не се од различни партии). Освен во гледната перспектива на граѓаните за сегашната поделба на власт,од финансискиот гледен аспект,избегнувањето од постоењето на вакви институти не претставува за потценување,бројката од можната заштеда на општествени пари. Тоа што Василевсот ке биде и шеф на државата и шеф на владата/советот,ке претставува и појасна политичка поставеност согласно со менталниот склоп,но и помала финансиска оптеретеност. Обединувачкиот фактор кој ке го прикаже Василевсот,е исто така една од придобивките кои ке поизлезат,со позитивни ефекти во нашиот пример.Со тоа што ке се избере личност со безпартиски карактер и ке има долготраен мандат,во пракса ке демонстрира единство меѓу самата нација. Од современа пракса искусивме,дека отсуство на еден институт кој ке биде беспартиски и со доминантна улога во политичката сфера,предизвикува поделеност по етнички основ,но многу посериозна и помасовна поделеност по политичко-партиски основ меѓу самата нација. Василевсот кој ке има безпартиски карактер,ке ги претставува политики кои потекнуваат и од левицата и од центарот и од десницата,односно сите оние политики,кои ке бидат корисни и потребни во македонскиот пример. Како пример за позитивна пракса,ке го споменеме примерот кој постои во Белгија.Поделеноста која е поизразена на национална база во белгиското општество,самото постоење на институт кои има сличности со Василевсот,односно тамошниот кралски институт,доведува до тоа да

Page 96: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

95

95

таа политичка фигура претставува,единствена причина за неотцепување и поделбата на тамошното белгиско општество. Заканата која постојано го демнее белгиското општество,е тоа што постои различна национална поделеност на Валонци и Фламанци. Двата народа тежнеат кон независност и ретко преку избори,можат да формираат заедничка федеративна влада. Но почитта која се прикажува кон кралот на Белгија,доведува до тоа да белгиското општество да опстанува такво какво што е,а со самото тоа докажува дека дел од карактеристиките кои потекнуваат од овој институт,има големи предности и позитивности во поделените општества. Во нашиот пример немаме до толку изразена национална поделеност,затоа што доминантен дел во македонското општество се припадниците од Македонскиот народ,но и од тоа што Македонската држава не е федеративна и не е креирана од персонални потреби. Но современата пракса покажува голема потреба, што од долготрајната поделеност во политичките идеологии и ставови ,што заради младоста во функционирањето на општествениот апарат,што заради судирот на генерациите и балканскиот синдром кој го чувствуваме ние,но и од влијанието на туѓите империјални интереси и нивната примена на стариот римски модел,кој секако не сакаат сериозен систем да функционира на овие простори.Сето довело до тоа,да поделеноста меѓу самиот народ биде изразено на многу високо ниво. Персоналниот принцип кој ке постои во институтот василевс,заради долготрајниот мандат и беспартискиот карактер,е со цел титулата “татко на нацијата” да дојде до полн израз во практичниот дел. Персоналниот принцип оди кон таа логика,самите привилегии и моќта кои ке му ги пружа на таа личност носењето на титулата василевс,ке оди кон тоа да личноста-носител кон севкупното општество гледа,како на “свој дом”,односно како на “своја куќа”.Позната е таа човечка особина,дека луѓето многу повеќе размислуваат и се грижат за она што го чувствуваат за “свое”,отколку за она што го чувствуваат за“туѓо”. Денес неколку годишниот политички мандат,современите народни претставници на дадената јавна власт,повеќе размислуваат “рентабилно”,односно како на нешто“туѓо”,што треба да се изнајми за да се оствари најчесто личен бенефит. Персоналното гледиште секако дека има и свои мани. “Императорот” е субјект на никого освен на Бога,е суетната девиза на императорот Фридрих “Барбароса”,кој исто така имал функција во магистрат со доминатна општествено-политичка моќ и долготраен временски мандат.Оваа девиза знае со ваквите доминанти политички институти,да креираат тиранство и таквата состојба грубо да не потсети на онаа поука од Аристотеловите делби,на добри и лоши општества како и премините на истите системи. За да не се дојде до таков степен и премин на општеството,кој може да произлезе од персоналните/личните принците, како заштитник од таквите злоупотреби ке се јавуваат претставниците од заштитната власт(Агема).

Page 97: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Во македонскиот пример,потребата од стабилност на политичката сцена,но и на одлучноста во одлуките се од многу големо значење. Истакнавме во предходните тематики кои ги анализира оваа книга,дека за да се искоренат негативните карактеристики,кои постојат и се присутни во македонскиот ментален склоп,овие две потреби се неопходни. Институтот василевс со долготрајноста на мандатот и со оставениот простор,со големата политичка моќ која ке му го пружа мандатот,овие две потреби би требало во целост да се возможни и остварливи во практиката. Потребата од долгорочна статегија,е речиси потреба на секој државен апарат,така што од неа самата безбедно ке се исполнуваат зацртаните цели на василеизмот,кои би биле во корист на искористување на предностите кои излегуваат од нашиот менталитет и остранување на негативните диспозиции од нашиот пример,со цел креирање на општеството какво што се замислува во теорискиот дел. Долгорочната стратегија исто така ке излегува,од долгорочноста на траењето на василевскиот мандат,како и доминанта политичка улога која ке ја има во општеството. Авторот на масивното писателско дело,The Story of Civilization (Приказна за Цивилизацијата) од Вил Дјурант,воедно писател кој претставува еден од најдобрите историски аналитичари некогаш,преку своите заклучоци ке изнесе дека: “Моќта(во наш случај на општествената),природно се собира во еден центар,кој истата е неефективна доколку е поделена”. Долгорочниот мандат кој ке го има Василевсот,секако ке наведе многумина читатели,оваа форма на општествено уредување да им наликува на монархијата,односно многу повеќе на ограничената или уставната монархија,која постои денес низ многу од постарите европски општества. Вил Дјурант истакнува,дека монархијата освен што најдолго е присутна како форма на уредување низ историјата на човештвото,тој вели дека таа претставува и најприродно уредување на човекот од сите други кои постојат денес. Бидејќи таа се манифестира врз народот со авторитет,исто како онаа на таткото во една фамилија.

Page 98: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

97

97

Како денес треба да се согледува титулата Василевс Откако во почетните страни за установата Василевс,опишавме како во минатото гледиштата кон оваа титула,биле и се менувале со текот на преобразба како и менувањето низ историјата врз општествата во кои оваа титула се употребувала,крајниот дел за овој институт ке биде насочен кон тоа,како би требало во денешните современи услови,да се применува и согледува кон титулата василевс,односно како треба да се интерпретира. За да полесно објасниме гледишата ке ги делиме на тоа,кој се ке може да ја интерпретира оваа титула.Според тоа поделбата ке биде на општа интерпретација,колегијална интерпретација(во односите со други институти) и интерпретација од самиот носител на таа титула.

Општата интерпретација претставува онаа интерпретација,која ке ја согледуваат обичните граѓани,кои се дел од оваа општество. Обичните граѓани према институтот Василевс,пред се треба да гледаат како на “татко на нацијата”,односно на оној на кој му е даден авторитет, да ги води битните работи “домаќински” во едно општество,но никако не треба да преовлада кај мнозинскиот дел према овој институт,како тиранство ,узурпаторство или несериозност. Од граѓанската интерпретација може,да се појави потреба од различни гледишта во две можни состојби во државата.Односно во услови на мирнодопска состојба и во услови на воена состојба. Во мирнодопската состојба на државата,граѓаните пред се треба во Василевсот да гледаат како обединувачки политички фактор. За да не завлезе општото јавно мнение,во политичка криза и неединство со кој би можело да се доведе,до несакани дејства врз севкупното општество,(во нашиот пример имаме многу такви случки,од современата па и историската пракса),оној што ке ги обединува сите граѓани,ке биде токму личноста односно носителот на Василевсот,кој е избран со висока излезност на изборите и со непартиски карактер,во делови слична со интерпретација од белгиските граѓани. Во услови на воена или вонредна состојба,граѓаните во Василевот треба да гледаат на личност,кој ке биде лидер во учеството за елиминирање на таквата состојба во државата. Често од современата пракса наидувањето на недовербата,во самиот систем од граѓанството под претпоставка,дека последицата ја потикнале самите носители на функции,кои се од различни партии и кои во изборните кампањи претходно,искажуваат секакви навреди меѓусебно,па во вакви кризни услови,сосем разбирливо е што граѓаните веруваат дека во елитата која владее нема единство,а со тоа и капацитет за решавање на проблемите. Исто така современата пракса покажува,дека различностите во погледот на партиска припадност и националностите,меѓусебните односи ги прикажуваат со голема демонстрација на недоверба,искажана од самите функционери.

Page 99: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

За битноста на оваа особина и самиот Николо Макијавели,во своето дело Il Principe (Владетелот) ке истакне дека: “Да се оствари победата,трупите(читај граѓаните од современа перспеткива) треба да имаат самодоверба,како во себе така и во својот командант(читај политичари од современа перспектива)” Колегијалната интерпретација претставува,онаа гледиште на титулата од личностите кои се претставници на другите институти. Тука ке спаѓаат гледиштата на Василевските пријатели,учесниците во Синедрионот,претставниците на локалните институти и сите други носители на јавните функции. Гледиштата према оваа титула треба,да се прикажуваат со највисок можен почит,затоа што хиерархиски и по пирамидалната поставеност,но и по поделбата на моќ,ке биде најсилна можна официјална установа. Но оваа почит никако не треба да генерира гледиште,на едноумие и слепа послушност кон личноста,која ке претставува Василевс. Сите Македонците се слободни луѓе,па затоа таквата почит исто така не треба да генерира церемонијални почести,како што се проскинезата ,бакнување на раце,поклонување,наведнување на глави и слично,во реалниот контакт со носителот на титулата Василевсот. Историската пракса покажала,дека тоа не успеало да го наметне на сметка на гордоста на Македонците,ниту василевсот Александар Трети Македонски,и покрај тоа што наишол на огромна инспирација,восхит и почит врз неговот дело,кое е речиси неповторливо. Тоа традиционално значи дека нетреба,да се демонстрира ни во современи услови од никого. Сите можни одлуки кои ке ги донесува Василевсот,може и здраво е да наидуваат на неофицијални издржани критики,изнесувани пред самиот Василевс. Секако критиките треба да бидат мотивирани од доброто на општеството,а не од лични мотиви. Доколку се со лична мотивација,тогаш оправдано е да наиде на нивно неприфаќање,како и безодговор од самиот носител. Што би значело дека интерпретација од носителите на други јавни функции,никако кон оваа титула не треба да гледаат како директен “божји намесник”,со цел да се спроведе слепа послушност и дисциплина,како што имавме примери со александровата односно ромејска модификација на оваа титула. Таквата послушност и дисциплина е потреба,само во оние апарати кои спроведуваат државна власт врз повеќе народности,односно врз повеќе региони кои се присилно припоени. Или со други зборови,империумите и нивните системи имаат потреба од таквата интерпретација,заради успешно спроведување на вештачки интереси(претежно економски),но истата интерпретација за народот реално нема никаква потреба. Затоа колегијалната интерпретација на титулата Василевс,треба да е со гледиште како на оној на кого му е дадено,да ги канализира интересите и да го избира најдобриот пат за нивните остварувања,со што помалку штета.

Page 100: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

99

99

Интерпретацијата од самиот носител на оваа титула,претставува онаа гледиште на онаа личност,која ке ја има честа да биде именуван со титулата Василевс. Личностите кои ке бидат носители на титулата,покрај тоа што ке им се даде огромна општествена моќ и нејзино управување,со тоа истиот ке добие и огромна општествена одговорност. “Владеењето е благородно ропство.” Е мислата искажана од Василевсот од старата македонска ера,Антигон Гонат. Токму со таков нагласок треба да биде интрепретацијата,од самиот носител директно кон титулата и функцијата. Огромната општествена одговорност која ке му се предаде,животот на таа личност во буквална смисла ке му стане ропство,се со цел за успешно извршување на задачите и предизвиците,кои потекнуваат од тешката проблематика од нашиот пример. Гледиштето на носителот на оваа титула,во секојдневно функционирање ке бидат насочени кон интерпретација во односите према другите јавни носители на функции,интерпретација кон односите со странските делегации и интерпретација на односите према општото население. Интерпретацијата во односите према другите јавни носители на функции,треба да биде насочена кон севкупното нивно најдобро искористување,за остварување на зацртани цели. За остварување на гореспоменатото,Василевсот ке мора да има добри психички проценки,како и добра информираност со цел заштита на владеењето од личната,партиска и друга негативна мотивираност од другите јавни функционери.Или како што забележил владетелот Шарл од Франција “Тој кој незнае да десимулира,тој неможе да владее.” Добрите проценки како и добра информираност,ке треба да бидат јака страна и во изборот за кој ке биде надлежен Василевсот на јавните функционери,со цел да се изберат достојни,мотивирани и квалификувани персони,кои успешно ке одговорат на поставениот предизвик. Никако не треба кон пирамидално пониските јавни функции,да се гледа со потценување и несериозност од страна на носителот на титулата Василевс,ниту пак со несериозност да се поставуаат јавни функционери. Секоја функција е задолжена и битна,во остварувањето на одредено поле за која е наменета. Интерпретацијата во односите со странските делегации,или оние односи кои ке доведат,до водење на успешна надворешна државна политика. Личноста која ке биде носител на оваа титула,во односите со странските делегации,покрај церемонијалните настапи кои ке следат,ке мора и на

Page 101: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

оваа поле пристапот да е сериозен,со сериозни психички проценки и добрата информираност,со цел да се оствари успех во надворешниот план. Воглавном насоката на надворешниот план,ке биде со неагресивен карактер доколку има услови на стабилен безбедносен систем во надворешната политика,но зависно доколку настанат измени од таквата состојба и доколку се загрози безбедносниот систем,потреба од агресивна политика во односите ке бидат искористени онолку колку што ке одредат проценките,со цел да се демонстрира сигурност и решителност во остранувањето на потенцијалните загрозувачи однадвор.Со други зборови кажано: “Василевсот ке мора да биде лисец да ги препознае стапиците,и да биде лав да ги исплаши волците.” Носителот никако и во ниеден случај од надворешната политика,не треба да тежнее кон прикажување на зависност или пак да бара, надворешно вмешување за решавање на проблемите од наш внатрешен карактер.Со таквите постапки ке се нарушат принципите од василеизмот,кои тежнеат кон независноста во функционирањето на општеството. Интерпретацијата на односите со општото население,од носителот треба да бидат односи,во кои ке бидат искажувани високи морални и етички вредности,со цел народот да го прифати носителот,како вистински и прав носител на титулата. “Затоа што најсилна тврдина кој може еден владетел да си ја приушти,е приврзаноста на народот кон него”. Тоа би значело кога личноста ке стапи во улога на Василевс,треба тотално да заборави на личните интереси и сета енергија,да ја насочи кон алтруизмот,односно кон остварување на интересите за општото добро,па така сите граѓани во општеството ке претставуваат негови “браќа” и “сестри”.Општествениот интерес и општото добро,ке претставува единствениот личен интерес и мотив на Василевсот. Носителот на оваа функција никако несмее,да ја злоупотребува во лично мотивирани цели,од кои подоцна би произлегне посериозни општи последици за сите во општеството. Овие работи ке бидат потикнати од долготрајниот мандат на личноста,која ке биде на иста позиција до крајот на животот,како и од персоналниот принцип и предностите кои ги нуди тој принцип. Граѓаните кои ке се истакнат во воените,вонредните и слични услови, треба да бидат наградени од страна на Василевсот,со цел да се потикнуваат и даваат како примери тие граѓани,и нивните позитивни постапки.Исто така во таквите услови кои ке бараат човечки жртви,Василевсот треба да тежнее кон одлуки кои ке чинат,што е можна помала човечка штета.Како што би истакнал ромејскиот василевс Лав,не случајно наречен Мудриот: “Сите луѓе се икони на Севишниот,затоа треба да се почитуваат,па и во време на војна по можност да се заштитат.”

Page 102: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

101

10

1

Носителот на оваа функција најголем психолошки проблем,ке го има со својата амбиција. Затоа неопходно е освен поседувањето на гореднаведените карактерни особини,и огромна цврстина и имуност особено од богатата македонска историја. Оваа цврстина и имуност,се однесува особено према освојување и скротување на амбициите,кои настануваат како последица од инспирацијата.Македонската историја,оние кои што добро ја познаваат и читаат,сигурно почувствувале дека таа може да делува како “опиум” и “отров”,во делот на ширењето на човечката амбиција,со особено делување и дејство кон припадниците од Македонскиот народ. Сето ова може да доведе до мегаломанство,што секако не е добра карактеристика за еден владетел,како и за другите носители на јавните функции. Затоа во одредени граници,каде што самиот Македонски народ е принуден,заради неговата заштита да извршува влијание надвор од своите граници(повеќе во Етнички простор и сфери на влијанија), личноста-носител на оваа титула,ке треба да се придржува кон тоа гранично влијание,односно секое преминување на таа граница ке води до империјализам,побуден од најнегативните мотиви односно од амбиција на неколкумина. Личноста-носител на титулата Василевс,никако не смее да создава од себе култ на личност. Култ на личноста е негативна појава,затоа што таа се применува само во оние државни апарати,кои служат за наметнување и исполнување потреби не на народот,туку на оние кои се владеачка елита. Култот на личноста најчесто,се применува во оние системи кои во својот состав имаат апсорбирано повеќе народности,односно системите кои се формирани вештачки,од империјални потреби по вештачки пат,а не од народни потреби формирани по природен пат. Оваа појава е со цел народот кон владетелот,да му придодава слепа послушност и дисциплина. Самото тоа доведува до негативни последици према прогресот,но и према општото добро заради кои системите првично се создадени,без мотивот за постоење на едно општество да е индивидуализиран.

Page 103: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ВАСИЛЕВСКИ ПРИЈАТЕЛИ/ПОВЕРЕНИЦИ (колегијална извршна установа) Историска оправданост во нашиот пример Името на овој институт,произлегува од зборовите василевс и од зборот кој се означува човек кому му е близок на некого,односно пријател. Инспирацијата за овој институт е добиена,од државното функционирање на Македонија од старата македонска ера.Всушност оние кои биле главни луѓе,опкружени околу лицето со најголема концентрација на политичка моќ во државата,ги нарекувале како Василикој Филој. Зборот Филој потекнува од старите балкански јазици,и е со исто значење како со денешниот современ македонски збор за пријател,односно сакан. Историскиот тек од старата македонска ера,уште од самиот почеток на формирање на Македонија како држава,оваа титула за блиските луѓе на владетелот или негови луѓе од доверба,е во употреба. Тоа би значело дека од Каран па до Андриск,со временски тек од историска инстанца од шест века и 43 години,била присутна во политиката на тогашниот апарат кој се применувал врз тукашниот народ. Лицата кои биле во најблизок круг на владетелот од старата македонска ера,всушност претставувале конкретни извршители на зборот на Василевсот. Зависно од потреби,овие луѓе кои биле во блиското владетелско опкружување,извршувале како воени така и економски па дури и градителски функции. Дел од познати пријатели од старата македонска ера,ке ги издвоиме оние од периодот на процутот на македонскиот менталитет.Односно за време на владеењето на василевсите Филип Втори и Александар Трети со дијадосите. Од времето на Филип Втори,како најистакнати луѓе биле Парменион,Полиперхонт,Атал и Антипатар. Истите лица биле наследени во функциите и од Александар Трети ,освен Атал кој бил лишен од животот. За времето на владеењето на големиот василевс Александар Трети,бил проширен опкружокот,како и од последиците од смртноста на походот бројот постепено варирал.Но при крајните моменти од животот на Александар,како носители на овие главни функции биле Антипатар ,Кратер,Неарх и Пердика. Овие луѓе од историските преданија,извршувале речиси секакви типови на функции,зависно од потребите на тогашната империја. Од функција на регент,војсководци па се до функција на заштитник на младите наследници,функција како што ја имал Кратер по договорот од Вавилон. Во бурниот период на дијадосите,оваа титула во оригинално значење најмногу се задржала кај дијадосите,кои останале да владеат во Европски дел.Дијадосите од азиските владенија,почнувале да применуваат примеси и од македонскиот начин,и од начинот на уредување кој потекнува од територијата со која владееле.

Page 104: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

103

10

3

Современо споредување Од современата перспектива на уредување на системот,овој институт кој ке се употребува во василеистичко општество,најмногу ке наликува на владите кои се дел од извршната власт.Но специфичноста ке биде тоа што овој институт,ке е сличен и со кабинетот на претседателот од претседателските и полупретседателските системи,но и сличност од владите од мешаните системи односно парламентарните. Од претседателските и полупретседателските системи,сличноста ке се состои од тоа што составот ке го составува монокефална личност,каде што ке му биде доверена севкупната моќ од извршната власт,односно Василевсот. Од мешаните и парламентарните системи,ке има тоа што исто така Василевските пријатели ке имаат слична положба,сличен состав и слична надлежност и начин на функционирање со владите од гореспонативе системи,односно сличноста најмногу ке се отсликува во институционално управување на кабинетот. Василевскиот пријател всушност ке биде исто,што претставуваат министрите од владите. Но намерно е избегнат терминот министер,затоа што ако го гледаме самото потекло на самиот збор,ке видиме дека не е од автохтон јазик. Многу побитна причина за непримена на зборот министер,лежи во самото значење на зборот. Зборот министер всушност води потекло од соработниците на владетелот од Англија,кој бил како синоним за слуга. Бидејќи василеистичко општество нема да признава слуги на никого,зборот пријател е многу поприкладен,со многу поприфатливо значење и со многу подостоинствена за употреба,како за личноста која ке го именува,така и за личноста која ке биде именувана како носител на оваа титула. Всушност лицата кои се назначени од владетелот,сметањето на нив за слуги потекнува,од источни и средновековно-западни филозофии. Филозофии кои извршиле влијание и потекнуваат од овие простори,не признаваат таков начин на сметање на работите. Друга сличност со владата ке биде тоа што,Василевските пријатели ке претставуваат државен колегијален орган. Пријателите ке бидат таков орган,затоа што составот ке биде од поголем број,зависно од општествената потреба и по правило ке се наоѓаат на одделни ресори од државната управа. Овој орган исто така ке биде активен извршен орган,односно заедно со Василевсот кој ке биде со најголемо влијание во извршната власт,ке планираат,предвидуваат и ке го остваруваат планираното. Затоа е и избран терминот пријател на Василевсот,бидејќи покрај тоа што има историска позадина во нашиот пример,логички зборот ке се вклопи односно носителите ке бидат персони,специјализирани или со капацитет за успех во одредена област,каде што ке му помагаат на Василевсот во креирањето на државната политика и остварувањето на државните проекти.

Page 105: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Избирање,начин на избор,кој може да биде избран и мандат Избирањето на носителите на титулата Василевски пријател,ке се одвива во двe фази. Првата фаза ке биде поделена на две подфази,односно фазата каде што нема да се одвива пред “очите” на јавноста,и фазата каде што ке се обзнани пред јавноста. Првата подфаза,која што ке биде надвор од јавноста е всушност онаа фаза,каде ке биде со воспоставување на контакт на Василевсот,кој го има крајниот збор за изборот,со личноста која е намислена да биде поставена на оваа функција. Тука спаѓа делот за информирање на личноста,секако дали е спремна за предизвикот и за тоа какви ке бидат очекувањата,доколку таа личност се постави да биде пријател на василевсот. Доколку избраниот го прифати предложениот предизвик,кој ке му го понуди Василевсот,следи наредната подфаза. Втората подфаза е онаа подфаза,која ке биде изнесена пред јавноста. Односно кога ке се утврдат работите со позитивни одговори од личноста,и кога ке се утврдат детали за работата која треба да ја извршува тој човек,односно на кое поле и со какви проекти ке биде ангаржиран,тогаш јавно се објавува дека таа личност е избрана од Василевсот за одредено поверенство(одел). Откако ке се пополни составот на Василевските пријатели за сите поверенства,тогаш се преминува на втората фаза од начинот на избирање. Василевсот на Македонија ке има рок од еден месец,за пополнувањето на составот на пријателите. Втората фаза од избирање на Василевските пријатели,повеќе ке има церемонијални карактеристики,но и демонстрација на обединета политика или потврда од политичките партии за доверба на составот избран од страна на Василевсот. Во оваа фаза откако ке се одреди,составот на пријателите и ке им се одреди со кое поверенство секој од нив ке раководи,тогаш избраниот состав се објавува пред Синедрионот. Откако ке се објави пред Синедрионот,се гласа доверба за избраниот состав од страна на избраните претставници во Синедрионот,односно народните претставници и архонтите. На гласањето за доверба за составот,Синедрионот мора да биде во што е можно поцелосен собраниски состав. Доколку некој од претставниците на Синедрионот,неоправдано не се појават во Синедрионот за гласање,тогаш ке следи одземање на мандатот кој му е доверен.Оправдувањето за отсуство мора да биде од висок човечки или природен мотив(семејна трагедија,временска непогода,неочекувана болест и сл.). Откако ке се гласа во Синедрионот,доколку се изјасни Синедрионот позитивно,тогаш официјално следат церемонијалните фази и конечно

Page 106: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

105

10

5

предавање на функциите на избраните пријатели.Доколку се изгласа негативно,ке се презакаже нова седница на Синедрионот и тогаш ке следи повторно гласање.Доколку и на второто гласање се изгласа негативно за составот на пријателите,тогаш јасно е изкажано недовербата во изборот на составот на Василевсот. Но ваквото изјаснување,нема да наиде на никакви функционални пречки за предавање на функциите.Тоа ке биде така заради тоа што,времето ке покаже дали Василевсот го направил вистинскиот избор за составот на пријателите,додека гласањето негативно за довербата од страна на претставниците на Синедрионот,може да побудено од други мотиви,а не од сомнителност во капацитетот на луѓето кои се избрани. Откако ке заврши гласањето за доверба пред Синедрионот,без разлика негативно или позитивно се преминува во церемонијалната фаза,односно фазата за давање заклетва пред Синедрионот. По завршувањето и на оваа фаза,тогаш официјално личностите кои се избрани стануваат Василевски пријатели. Нема сите сталежи да имаат пристап,до право да бидат изберени за пријатели на Василевсот. Бидејќи сериозно ке биде нагласено правилото,за тоа дека политиката е за оние кои се добро ситуирани,па согласно луѓето кои ке бидат избрани од страна на Василевсот,ке мора да имаат моментална средна или богата материјална база. Но секако,за да не биде до толку изразена социјалната дискриминација,право на избор ке имаат и сиромашните личности со исклучок. Тој исклучок ке може да го направи Василевсот,доколку одредена личност која има моментална сиромашна материјална база,преку големи заслуги и демонстрација на високо морални карактерни особини,се докаже како достоен,тогаш преку подарок или материјална донација,ке може да стане дел од групата на луѓе со средна материјална база. Исто така ке постои можност и за адопција,односно присвојување на личноста со сиромашна материјална база,која покажала виши вредности ,од страна на семејството на Василевсот. Со овие исклучоци луѓето со моментална сиромашна материјална база, ке добијат право на избирање за носител на титулата пријател на василевсот или Василевски пријател. Личностите кои ке се избираат за оваа функција,може да бидат припадници на политичките партии од Македонија. Но откако ке навлезат со оваа функција,треба да следи безпартискиот предзнак во нивното работење. Доколку следи злоупотреба на оваа функција,за бенефитите на партијата на која таа личност припаѓа,тогаш ке следи отповикување на мандатот од страна на Василевсот. Мандатот на избраниот Василевски пријател,можно е да биде со траење до крајот на неговиот живот,единствено доколку на друг начин биде прекинат неговиот мандат,преку ненадејна смрт,попреченост во извршувањето на функцијата или отповикување на мандатот од страна

Page 107: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

на Василевсот,заради сериозни злоупотреби или заради неефективност и слаби резултати. Во текот на извршувањето на оваа функција,на Василевските пријатели ке им следи паричен надоместок во вид на плата,како што постои денес министерската плата,но исто така во одредени ситуации може да следи таканаречена “пријателска пензија”. Извршувањето на оваа функција исто така треба да претставува, највисока почест за носителот на оваа титула. Оној Василевски пријател кој ке успее да одржи најдолг временски мандат меѓу останатите пријатели,ке има специјална функција и положба за разлика од другите пријатели. Односно тој ке биде прогласен и со титулата Најверен пријател на Василевсот. Најверниот василевски пријател ке претставува десна рака на првиот човек во државата,или од денешна општествена титуларност како што претставува претседателот на владата,така тој ке претставува претседател на пријателскиот совет. Извршувањето на функцијата Василевски пријател,исто ке е неспојлива со другите функции и професии.

Page 108: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

107

10

7

Положба и одговорност на Василевските пријатели Василевските пријатели ке бидат дел од извршната власт,заедно со Василевсот како носител на извршната власт во Македонија. Пријателите како дел од извршната власт,поголемо влијание ке имаат во економскиот и внатрешниот дел. Така тие ке претставуваат,ефективен орган на извршната власт. Пријателите ке претставуваат колегијален државен орган,составен од поголем број на луѓе-учесници во оваа функција. Пријателите ке бидат орган кој заедно со Василевсот,ке ги креира одлуките и државната политика. Одговорноста на пријателите и на Пријателскиот совет,ке биде во смисол да ке останат онолку долго на функција и на власт,толку колку што ке уживаат доверба од страна на Василевсот на Македонија. Синедрионот ке може да изгласува недовeрба за капацитетите на одредена личност,и за евентуално нејзиното позитивно одговарање на поставениот предизвик,но битен е резултатот кој таа поставена личност ке го даде кога ке му се пружи можност,затоа истото нема да има функционално влијание. Политичката одговорност на Пријателскиот совет,пред народот ке биде од двоен карактер.Односно колективна одговорност или одговорност во целост за нефункционално и неуспешно државно водење,тука во оваа одговорност ке спаѓа и апсолутна политичка одговорност и на Василевсот,заедно со неговиот избор на Пријателскиот совет или на изборот на Василевските пријатели.И пријателска одговорност кое ке биде лична или индивидуална пред Василевсот,заради нефункционално и неуспешно одговарање на зададениот предизвик. Пријателската одговорност ке се изразува на четири начини,односно на политичка,на материјална,кривична и морална одговорност. Политичката одговорност на Василевскиот пријател,ке значи губење на доверба од страна на Василевсот,со што би можело да доведе и до разрешување од функцијата пријател на Василевсот. Материјална одговорност ке претставува онаа одговорност,која со несовесно и незаконито работење личноста-носител на титулата пријател,ке причини груба злоупотреба како јавен функционер,без разлика дали за лични или партиски цели. Кривична одговорност на пријателот ке постои,кога во текот на носење на оваа функција таа личност-носител на оваа титула,ке направи сериозно кривично дело. За утврдување на оваа одговорност,ке одлучуваат судиите од врховниот суд на Македонија. И морална одговорност ке претставува онаа одговорност,кој што личноста-носител ке чувствува совест и потреба за тоа.Израз на оваа одговорност ке ја одредува самата личност-носител,со неговата оставка.

Page 109: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Надлежности на Василевските пријатели Надлежностите на Пријателскиот совет составен од Василевските пријатели,заедно со Василевсот и со нивните поверенства за одредено поле,позначителна улога ке има во креирањето и спроведувањето на државната политика на внатрешен план. Така Пријателскиот совет ке биде надлежен за следниве работи: -утврдување на политиката за извршувањето на законите и други прописи на Синедрионот,како и целокупна одговорност за нивното извршување -предлагање на закони и републичкиот буџет и други прописи што ке се донесуваат во Синедрионот -предлагање на просторен план на Македонија,како и одговорност за нејзино извршување,донесување на прописи за извршување на законите -утврдува начела за внатрешна организација и за работата на поверенството и други органи на управата,насочувајќи ги и вршејќи контрола над нивната работа и насока -дава мислење и предлози за законите и други прописи кои на Синедрионот ке му ги поднесуваат овластени предлагачи -предлага јавен обвинител -утврдување на развојната и економската политика,превземање мерки за остварување на слободата на пазарот и нејзина заштита од монополска положба и монополско однесување на пазарот од страна на приватниот сектор -поттикнување на економскиот напредок и остварување на порамномерен просторен и регионален развој и побрз развој на недоволно развиените подрачја -одлучување за располагање и користење на државниот капитал -потикнување и помагање на научниот и технолошкиот развој на Македонија,следење и анализирање на состојбите за остварување и унапредување на човековите права и слободи -поттикнување на развојот на државните институции на општеството - превземање на мерки за создавање на услови за социјална сигурност на македонските граѓаните - утврдување на програма за активностите во областа на одбраната и безбедноста на земјата -предлага одлуки за резервите на Македонија и се грижи за нивното извршување Заради спроведување на успешна реализација на овие горенаведени надлежности,секој пријател ке раководи со одредено поверенство кое ке биде конкретизирано и специјализирано за одредено поле.Така бројот на поверенствата и нивната ангажираност за работите,зависно од општествената потреба ке варира,но делбата која ке се прави,секогаш ке постојат поверенства од воениот дел и поверенства од цивилниот

Page 110: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

109

10

9

дел.Поверенствата од цивилниот дел ке претставуваат во доминантен број,за разлика од воените. Првичните поверенства кои имаат поголема потреба а со тоа и трајност, ке бидат вкупно 17 од кои 15 од нив ке го претставуваат цивилниот дел,додека останатите два ке бидат од воениот дел. Од цивилниот дел: 1 Поверенство за внатрешни работи (повеќе во милитаризмот во новото општество)

2 Поверенство за надворешни работи

3 Поверенство за правда

Во делот за правдата,откако општеството ке се преобрази во тотално

василеистичко општество,по втората генерација или првата генерација

образована според концептот на принципите на василеизмот,правото во

Македонија со поголем акцент ке тежнее кон употреба на обичајното

право и начелото на справедливост,а постепено ке се отргнуваат

принципите на римското право,односно принципите на строга

формалност и деталност.

4 Поверенство за јавни пари/финансии

Во делот за даночниот систем и даночната политика,во василеистичкото

општество нема да се наплаќа данок за имот од граѓаните,кои ке бидат

физичко лице со сопственичко право.Секоја приватна сопственост на

имот на физичките лица,ке претставува даночно ослободен.Освен ова

во подоцнежните фази на општеството,постепено ке се преминува кон

оригинерно потекло на даноците,како главни и основни даноци кои ке го

полнат државниот буџет,а ке се намалуваат даноците од дериватното

или оние даноци кои се на сметка на одземање на економската моќ на

граѓаните.Дериватното стекнување ке бидат постепено насочувани,како

даноци од вонреден тип,односно како споредни даноци.Оданочувањето

на земјоделците,или оние работници кои ке бидат пријавени како

вработени лица со главна земјоделска активност,за нив ке постои

посебен даночен систем,кој ке претставува натурален,со можност кој ке

им пружи на тие лица,данокот да го плаќаат не со пари туку со

земјоделски производи.

5 Поверенство за образование и култура (повеќе во образовно уредување за нови генерации)

Page 111: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

6 Поверенство за индустрија (повеќе во економско уредување на новото општество) 7 Поверенство за земјоделие и сточарство (повеќе во економско уредување на новото општество)

8 Поверенство за трговија и занаетчиство

(повеќе во економско уредување на новото општество)

9 Поверенство за сообраќај и врски

(повеќе во економско уредување на новото општество)

10 Поверенство за јавно здравје

(повеќе во економско уредување на новото општество)

11 Поверенство за информатика

12 Поверенство за технологија

13 Поверенство за рударство 14 Поверенство за природна средина и урбанизам (повеќе во економско уредување на нотово општество) 15 Поверенство за труд и социјална политика Од воениот дел: 16 Поверенство за одбрана (повеќе во образовно уредување за нови генерации)

17 Поверенство за воено производство

(повеќе во милитаризмот во новото општество)

Page 112: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

111

11

1

СИНЕДРИОН/СОБРАНИЕ (законодавна установа) Историска оправданост во нашиот пример Зборот синедрион исто како и за зборот василевс,се претпоставува дека потекнува од древно-балканските јазици. Овој збор има исто значение,со денешниот современ македонски збор собрание или собир. Погрешна е тезата дека оваа државно тело всушност претставува институција,која била со потекло од хеленските држави позиционирани на Балканскиот Полуостров,или пак дека самиот збор потекнува од древнохеленскиот јазик.Единствена употреба од хеленските државички на овој термин за установата,која делувала како врховно федеративно тело,било во употреба кога Филип Втори ја создал Коринтската лига,односно Коине Ирене,институт кој самата суштина за нејзино постоење претставувало алатка за хегемонија и неформална контрола врз хеленските град-држави.Тука слободно можеме да забележиме дека оваа тело со овој термин им бил наметнат,а не дека тоа државно тело било со потекло од тие хеленски држави. Синедрионот како врховно државно тело,било употребувано и во Епир, држава и народ кои постоеле во таа стара македонска ера. Епирците всушност биле многу сличен и пријателски настроен народ према Македонскиот,често биле и политички сојузници,така да најверојатно кај нив оваа тело било инспирирано за негово превземање и прифаќање како свое,од старата македонска култура кога била во процут во тој период. Интересно за напомена од историската пракса,е што овој институт постоел и кај јудејската држава,најверојатно наследена од влијанието на Селевкидската Империја која пред реставрација на Јудеја ,Селевкидската династија и династијата на Птолемаидите имале долг период на владение во тој крај,наречен како Сиропалестина. Меѓу Македонскиот народ оваа тело било со врховен карактер,многу години од старата македонска ера.Не е сосем сигурно дали оваа тело било во употреба уште од Каран,како прв Василевс на македонската династија Аргеади од таа стара ера,но сосем сигурни податоци постојат дека оваа тело функционирало од времето на Филип Втори,па се до падот на Македонија под римска окупација.Каква и да е должината на временска инстанца на оваа државно тело или институт во општествена употреба,од времето на василевсот Филип Втори,оваа тело било составено од највлијателните и најпроминентите Македонците во општеството.Во оваа тело како нејзини учесници претставувале Василевските филои,односно пријателите,соматофилаксите или телесните стражари на Василевсот,и други највлијателни луѓе во државата како што се идните наследници и сл.Постои можност и мислење,дека ова тело опстанало во изменета форма како единствен федерален презентативен институт пред римскиот сенат,на четирите мериди со кои била поделена Македонија по римската окупација,но тогаш системот бил со вазален однос.

Page 113: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Со сигурност за постоење на овој институт,можеме да кажеме дека е со временска инстанца од 193 години,и тоа во периоди каде што функционирал независен македонски државен апарат. Современо споредување Институтот Синедрион ке има иста улога и сличен начин на функционирање,како што го има денешново Собрание. Измените кои ке се извршат,ке бидат во делот на составот и начинот на избор на учесниците во оваа законодавна власт. Синедрионот како и денешново Собрание,ке биде претставнички орган и носител на уставотворната и законодавната власт,но исто како и Собранието и Синедрионот ке биде под уставот,а не над уставот. Собранието претставува место,каде што се собираат претставниците и дискутираат или зборуваат за одредени прашања.Отука доаѓа и вториот термин кој денес се употребува како парламент,и кој е формиран од зборот со латинско потекло парла(parla),што значи зборува. Бидејќи зборот парламент е збор од јазик кој не е автохтон на овие краишта,пожелно е да се користат зборовите Синедрион и Собрание за овој институт/установа. На некој начин според составот и начин на избор на учесниците во Синедрионот,ке претставува голема сличност со дводомните собранија кои постојат во светот. Синедрионот ке биде фактички дводомно собрание,додека правно ке биде еднодомен или ако сакате неофицијално,Синедрионот ке претставува дводомно тело.Во денешново собрание кое функционира во современото македонско општество,има наметнати обиди за креирање на втор дом. Вештачката желба за креирање на вториот дом,се изразува преку телото ткн Комитетот за односи со заедниците. Комитетот за односи со заедниците,како тело се покажа многу нефункционално во техничка смисла,многу непопуларно меѓу народот и многу невлијателно во прашањата кои постојат меѓу заедниците. Целта за кој е создаден овој комитет,беше да се зближат заедниците,но доколку навистина сакате да ги зближите заедниците во едно општество,треба прашањата кои постојат во општеството и се со етнички предзнак меѓу заедниците,да не ги толку воочувате пред народот, туку прашањата кои постојат со економски предзнак и претставуваат заеднички именител за сите,тие да се стават во прв план. Така делбата која се прави меѓу народите врз етничка основа во граѓанството,помалку ке биде изразена и истата нема да може да се користи во манипулативни политички игри. Претседателот на овој комитет,еднаш во јавноста даде изјава дека: “Доколку една Македонка се вљубила во еден Ром,ние тука не сме можеле ништо да сториме”?.Се прашувам дали е потребно овој комитет да постои,за да се случи тоа?Доколку се случило под влијание на овој комитет,тогаш овој комитет всушност со провокација ги усложнуваме прашањата со етнички предзнак,а не ги релаксира или подобрува како што се наведува.

Page 114: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

113

11

3

Избирање,начин на избор,кој може да биде избран и мандат Народните претставници Бидејќи Синедрионот ке претставува законодавно тело,од каде ке се креираат законите,потребата од спојот на теоријата и праксата е голема,со цел да се креира што е можно подобар,пофункционален и покорисен закон.Сведоци сме од современата пракса денес,постоење на закони кои функционираат само на хартија,како и големото копирање на законите од оние менталитети кои се со различна потреба,а со самото тоа и нефункционални во нашиот менталитет. За да се создаде корисна критика и дијалог измеѓу теоретскиот дел и практичниот дел,во собранискиот состав ке има две групи,кои ке бидат еднакви по број во составот.Едната група ке е група составена од народните претставници,група која би требало да го обработува и претставува теорискиот дел и група составена од архонти,која ке го обработува и претставува практичниот дел. Бројот на народните претставници и на архонтите,ке изнесува онолку колку што има градови во Македонија.Што би значело дека на денешнава територија на Македонија,постојат вкупно 34 градови,со уште еден во изградба,односно Сончевград(населба која би имала можност да се одвои како град).Со тоа,вкупната бројка од 35 градови,ке креира потреба од вкупно избирање на 35 архонти,со што на секој архонт ке следи по еден народен претставник,или плус 35 народни претставници.Така денешната потреба од учесниците во Синедрионот би изнесувала вкупно 70 претставници. Изборот на народните претставници,ке се карактеризира со избори од партиски карактер,односно народните претставници ке бидат кандидирани од партиите.Секоја партија на изборите,ке е задолжена да излезе со кандидат со жителство минимум од 5 години,избран од секој град во Македонија.Кандидатурата за народните претставници,ке биде дозволена за секој граѓанин на Македонија,без разлика на етничката,религиозната и материјално-базната припадност.Единствено во изборот на оваа функција,правилото дека политиката е работа на добро ситуирани луѓе ке биде во мирување,во корист и со цел да се задоволи севкупниот претставнички карактер во законодавното тело на сите категории граѓани од населението на Македонија. Изборот ке се одвива во две фази. Првата фаза ке се одвива во објавувањето на листата на кандидатурите на избраните личности,од страна на партијата која ги кандидира. Партиите кои ги кандидираат,мора да состават листа од 35 луѓе-кандидати,сите од различни градови.Нема да постои можност за независна кандидатура за една личност,или пак партијата да формира листа од еден или неколкумина личности.Таквата листа би била недополнета и со тоа партијата,нема да има можност да учествува на изборите.

Page 115: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Откако ке се објават учесниците во изборите,ке следи втората фаза на гласање на народот. Втората фаза ке се одвива преку гласањето на народот,каде што на демократски и тајни избори ке ги избираат луѓето-кандидати. Сите граѓани од еден град,ке избираат претставници кои се предложени од партиите од тој град,но нема да гласаат за претставници од друг град,односно за него ке избираат жителите од тој друг град. Откако ке се заврши со гласањето и ке се објават победниците,по верификацијата,официјално се утврдува идниот состав на Синедрионот. Мандатот на народните претставници,ке изнесува вкупно 5 години. Па според тоа претставниците ке се избираат секоја петта година,во последните 90 денови од мандатот на стариот собраниски состав,или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Синедрионот. Мандатот на народните претставници би можел да биде и одземен, доколку стори кривично дело за кое ке биде осуден казна затвор од најмалку пет години,стори кривично дело или друго казниво дело кое ке го направи неподобен во вршењето на оваа функција,ако неоправдано отсуствува во Синедрионот повеќе од 2 месеци,ако неоправдано отсуствува на седницата за изгласување на доверба за избраниот состав на Василевските пријатели,ако настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник,ако со правосилно решение му се одземе деловна способност или ако настапи смрт на таа персона-носител на оваа функција. Оваа функција ке е неспојлива со јавните функции,како Василевс на Македонија,Василевски пријател,односно член во Пријателскиот совет,судија на судовите во Македонија,Јавен обвинител,Народен правобранител,Архонт,член на некој од Градските совети,и јавната функција Кефалон. За извршувањето на оваа функција,нема да следи паричен надоместок во вид на плата,но ке бидат покриени патните трошкови,како и телесната заштита доколку се пројави потреба за тоа. Укинувањето на правото на надомест,е со цел за овие функции да се пријавуваат личностите кои поседуваат високи харизматични и алтруистични особини. Современата пракса покажа,дека под изговор на професионализација на денешните пратеници како и креирање независност,а со тоа и да се зголемело присуството во собраниските седници,треба да им следи висок финансиски надоместок. Но наведените изговори и причини,воопшто не дојдоа до израз од моменталните учесници во Собранието,туку напротив,се создаде погрешен мотив за обиди за учество во овој институт. Впрочем доколку има финансиски мотив една персона,за да стане учесник во Собранието тогаш таа персона,воопшто не ни треба да биде учесник или дел од тој институт.

Page 116: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

115

11

5

Извршување на оваа функција,треба да претставува висока чест за самата личност-носител,како и шанса за промовирање на интересите од групата граѓани,која таа личност-носител ја претставува. Права и должности на народните претставници Народните претставници како и со денешните пратеници кои претставуваат учесници во денешново Собрание,ке имаат исти права и должности,со исклучок на правото на паричен надомест. Така народните претставници ке ги имаат следниве права: Право на синедриската иницијатива ,или она право на претставникот да предлага донесување на закон,деловник,одлука или општ акт.Како и предлагање измени,во горенаведениве можни предлози. Право на говор,е онаа право на претставникот,да може да учествува со дијалог во Синедрионот.Народниот претставник ке има комплетна слобода на говор и изразување на своите ставови,како и изразување на интереси од групата која ја претставува. Право на информирање,ке претставува онаа информирање и достап до документацијата,која може да се пружи од страна на Синедрионот . Право на глас,ке биде онаа право каде што со со индивидуализирано гласање,народниот претставник ке има право да учествува во донесувањето или одбивањето на одлуките,кои можат да се предложат во Синедрионот. Право на здружување,ке биде онаа право каде што повеќето народни претставници ке имаат право да се здружат,доколку застапуваат исти интереси и гледишта по одредени прашања. Право на претставнички имунитет,ке биде право дадено со цел поизразена заштита за слободното дејствување и изразување на носителите на оваа функција.За да се спречи евентуална злоупотреба на оваа право,за одредени случаи ке одлучува Синедрионот за одземање на овој имунитет. Од должностите на народните претставници,ке имаат делба на морални и правни должности. Од моралните должности,народните претставници би требало да се придржуваат најмногу што можат до онаа,што е замислено да претставува еден народен претставник,односно активен,креативен политички учесник и борец за интересите од групата која е избран. Од правните должности,претставниците ке имаат должност да присуствуваат на седниците кои ке се одржуваат во Синедрионот на Македонија,почитување на редот во Синедрионот,како и чување на државната,службената,воената и деловната тајна која ке ја осознае претставникот.

Page 117: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Архонти Зборот архонт потекнува од старите балкански јазици,исто така со дискутабилно претпоставеното потекло од хеленскиот јазик. Зборот архонт означува првенец,односно управител. Низ историската пракса,овој термин во употреба често бил од старите хеленски град-држави.Во Атина оваа титула претставувала највисок државен магистрат,односно функција.Со атинското општество управувале повеќемина Архонти,кои управувале со одредени функции ,од кои едните биле задолжени за воени операции,другите со судски карактер,трети со религиозен карактер и сл. Од старата македонска ера,не постојат сигурни податоци како се именувале градските управители,иаку има повеќе историски податоци за нивно споменување и егзистирање во државниот апарат,особено богати со податоци од нив,е од периодот на македонско-римските војни. Интересна е модификацијата или превземањето на оваа титула,кога тука владеел ромејскиот државен апарат,периодот кога Ромејската Империја била поделена на тематски области.Во рамките на Темата,постоела посебна локално-управна единица наречена Архонтија,со кои управувал Архонт. Приказ на плочата пронајдена во Р.Македонија

Во василеистичкото општество,архонтот ке извршува специфична функција.Архонтот ке претставува две сериозни општествено-политички улоги,односно во улога на градоначалник од современа титуларна точка и претставници на практичниот дел во Синедрионот ,како нивни учесници.Затоа е дадена оваа титула Архонт,а не титулата Градоначалник,затоа што оваа функција ке биде многу повеќе од функциите на еден градоначалник. Изборот на Архонтите ке се карактеризира,со избори од партиски карактер.Изборот на народните претставници и изборот на Архонтите,ке се одвива во ист изборен циклус,односно изборите ке бидат и локални и собраниски избори. За објавување на кандидатурата,партиите ке мораат да состават листа на луѓето-кандидати од сите градови,односно без можноста да има независен кандидат или пак партијата да објави кандидат од еден или неколку градови,таквата листа ке се смета како нецелосна и истата ке биде забранета за учество на изборите. За кандидат за Архонт на град,ке го немаат сите тоа право,односно за пријавување на кандидатурата,ке имаат право само личностите од средна и од богата материјална база.Сиромашните односно личностите со сиромашна материјална база,ке имаат право да се кандидираат со исклучок,ако направат во меѓувреме скок во средна материјална база преку донација,подарок или адопција,исто како со

Page 118: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

117

11

7

исклучоците кои ги наведовме,за изборот на Василевсот и изборот на Василевските пријатели.Во спротивно оние со сиромашна материјална база,нема да имаат право на кандидирање од страна на партиите. Местото на живеење и годишното жителство,нема да содржат стрикни норми и правила за допуштеност на кандидатурата,како онаа задолжителност за 5 годишно жителство за претставниците. Изборот на Архонтите ке се одвива во две фази. Првата фаза ке биде објавување на кандидатурата,од страна на партиите.Партиите ке мора да состават листа од 35 луѓе-кандидати,за секој град во Македонија.Откако партиите кои избрале да учествуваат на изборите,ке ги состават и објават листите на личностите-кандидати за архонти,во исто време ке се објават и листите на личностите-кандидати за народни претставници,и тогаш ке следи втората фаза. Втората фаза ке биде гласањето кое ке биде тајно,во мирнодопски услови и со демократски карактер.Секој граѓанин-жител ке има право да гласа за оној кандидат-архонт,кој ке се бира за Архонт на архонтија каде што граѓанинот има жителство,односно жителите од градот или селата од таа архонтија.Пред оваа втора фаза и пред самиот тек,Василевсот кој ке претставува “татко на нацијата”,на овие избори за локални и собраниски мандати,ке нема право јавно да подржи било кој од овие партии.Тоа ке биде со цел да се остави народот по демократски пат,да избере која партија ке има мнозинство учесници во Синедрионот,како и да се задржи демонстрацијата на политичко единство по изборите , кој како политичка фигура воглавном единството ке го симболизира Василевсот. Мандатот на Архонтите ке изнесува вкупно 5 години,исто како и на претставнците.Па според тоа како претставнците така и Архонтите,ке се избираат секоја петта година во последните 90 денови од мандатот на стариот собраниски состав,или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Синедрионот.За извршување на оваа функција исто нема да следи паричен надоместок во вид на плата,но секако патните трошкови и телесното обезбедување,доколку има потреба од тоа ке биде на сметка на државниот буџет. Права и должности на Архонтите во рамки на Синедрионот Архонтите ке ги уживаат сите права,како и правата кои ги имаат народните претставници.Така правото на синедриска иницијатива ,правото на информирање,правото на говор,правото на глас,правото на здружување и правото на синедриски имунитет,ке им биде целосно гарантирано на архонтите. Како со правата,така и исти должности ке сносуваат архонтите. Од морална должност тој е должен,најдобро да ги рефлектира во Синедрионот интересите и проблемите на граѓаните од Архонтијата од која доаѓа,додека од правните,тоа ке биде присуството,чување тајна и почитување на редот пропишан од деловникот на Синедрионот.

Page 119: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Надлежности на Синедрионот/Собранието Надлежности на Синедрионот,ке бидат од повеќе општествени природи. Така Синедрионот ке претставува уставнотворна власт,ке извршува законодавна дејност,ке распишува референдум,ке донесува одлука за менување на државните граници,ке одлчува за стапување и истапување во сојузи,без можност за сојуз за обединување во друга држава,како и ке врши контрола врз работата на Пријателскиот совет и Василевските пријатели,од кој тој совет ке биде составен.

Уставотворната власт ке се карактеризира со тоа што Синедрионот на Македонија,ке го има единственото право да го донесе уставот на Македонија.Освен за нејзино донесување,Синедрионот ке има и право за негово изменување преку уставните амадмани,единствено за менување на уставната Преамбула,за нејзино евентуално менување ке треба да има согласност и од советот на Агема. Така Синедрионот истовремено,ке претставува и уставотворен и законодавен орган. Законодавната дејност ке биде главна преокупација,од работата на Синедрионот.Така учесниците во овој институт,ке биде задолжени за донесување на законите во склоп со уставот,се со цел да се уредат општествените односи. За некои закони ке има потреба од согласност од други институти,за да би можеле тие закони да стапат на сила. Во Синедрионот ке се води расправа за предлог-проектите на Пријателскиот совет составен од Василевските пријатели,со тоа Синедрионот ке врши контрола со тоа што ке претставува местото каде ке се расправа за мерките на Пријателите,пред очите на јавноста. Референдумот за донесување на закон,ке се распишува во Синедрионот со мнозинство гласови од вкупниот број на учесници,во Синедрионот на Македонија.Освен за донесување на законите,ке постои право за распишување на референдум,за потреба од ратификација во Синедрионот за евентуален меѓународен договор. Референдумот ке може да се распише и за оценување на веќе постоечките закони и одлуки,донесени од Синедрионот. Тоа ке биде со цел да се даде механизам,со кој дел од контролата ке се даде на народот врз институтот,задолжен за законодавната власт кој ке ја извршува Синедрионот/Собранието. Синедрионот ке ја потврдува или официјализира воената и вонредната состојба во државата,доколку е во можност да се одржи собраниска седница. Доколку во советот за безбедност,Василевсот се одлучи за прогласување на овие две можни состојби во државата,одлуката ке подлежи на нејзиното потврдување преку гласање,а со тоа и давање

Page 120: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

119

11

9

предност доколку е во можност Синедрионот да се собере,таму да се прогласи таквата состојба,односно да се официјализира. Синедрионот со мнозинство гласови од двете групи учесници,или мнозинство гласови добиени од бројката на народните претставници и мнозинство гласови добиени од бројката на архонтите,двогрупното мнозинство,со кој овој институт ке одлучува за менување на државните граници,како и за стапување во политички,воен или економски сојуз,но без можност за обединување во друга држава на сметка на Македонија. Изборна надлежност на Синедрионот на Македонија,ке биде во рамки на избор на органи и тоа: Избирање на дел од судиите на Уставниот суд на Македонија ,избирање на дел од судиите на Врховниот суд на Македонија ,избирање на дел од членовите на Републички судски совет ,избирање на Јавен обвинител по предлог на Пријателскиот совет и избирање на Народен правобранител(за негово избирање ке гласаат само народните претставници,додека архонтите ке немаат право на учество во нејзиното избирање) Право на вето на државниот буџет,предложен од страна на Пријателскиот совет. Правото на вето на државниот буџет,всушност ке се изразува преку тоа што претставниците на Синедрионот,доколку не се согласат со предложениот буџет тогаш ке може преку негово неизгласување,да го блокираат државниот буџетот. Така доколку се стави вето на буџетот,ке има седница со кој ке се расправа,зошто и кои делови од предложениот буџет не се прифатливи. На седницата ке учествуваат и Василевсот,заедно со Василевските пријатели. Откако ке премине и оваа седница,доколку предложениот буџет претрпи промени,ке се стави на гласање новиот предлог,доколку не се прифатат промените кои се понудиле од страна на учесниците на Синедрионот ,тогаш се става на повторно гласање стариот предлог. Доколку се изласа државниот буџет,тогаш официјално е тргнато ветото,доколку пак не се изгласа државниот буџет и остане ветото,тогаш Синедрионот ке мора да распише референдум,со кој би се прашале граѓаните дали се за или против предложениот државен буџет,на кој и ставено вето од страна на Синедрионот. Тогаш на референдумот граѓаните ке се изјаснат,дали се за промени во предложениот државен буџет или пак се за прифаќање истиот и тргање на ветото на предложениот државен буџет. Пред да се одржи референдум,од страна на Синедрионот или пак од страна на предлагачите на буџетот,односно од страна на Василевсот и Пријателскиот совет,мислење може да се побара и од советот на Агема како претставник на заштитичката власт.

Page 121: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Претставничко прашање ке биде формално за индиректна контрола на Пријателскиот совет,како и на нејзините членови. Освен што ке претставува индиректна контрола од страна на Синедрионот,така преку отворена јавна дебата,контролата ке биде и од страна на граѓаните. Со тоа ке се извршува целосен увид,во работата на Пријателскиот совет. На седницата која ке се одржува секој месец,ке мора да присуствуваат Најверниот пријател и членовите од Пријателскиот совет. Прашањата мора да бидат поставени на оној јазик,кој што зборува мнозинскиот дел од народот и ке биде временски ограничено. Интерпелацијата ке биде квалификувано пратеничко прашање,со кои ке има право да се поднесе,доколку поднесат минимум 5 претставника од Синедрионот,без разлика од која група се дали од народните претставници или од архонтите. Интерпелацијата може да биде индивидуална,односно да се поднесува на одреден Василевски пријател,или пак може да се поднесе колективно,односно севкупно врз целокупната работа на Пријателскиот совет. Пред да се поднесе интерпелацијата,мора за тоа да има сериозно образложение и истото да биде наведена од страна на учесниците од Синедрионот,кои ја поднесуваат интерпелацијата. Откако ке му се врачи интерпелацијата од страна на Претседателот на Синедрионот,тогаш во рок од 30 дена оној на кого му е врачена,има право на извештај,односно одговор на образложението заради кое му е врачена интерпелацијата.Доколку не се поднесе извештај или одговор,таа ке се стави на дневен ред на наредната седница. Со ставањето на дневен ред на седницата,ке има дискусија и претрес, со која евентуално би се нашла одговорноста на личноста на која му е врачена интерпелацијата. Претставничкото прашање ке се карактеризира со тоа што,од него ке се дознава битна информација,додека интерпелацијата ке биде карактеристична со тоа што прави претрес,а со тоа и оцената на работата од страна на Василевскиот пријател или од страна на Пријателскиот совет. Анкетната комисија ке биде во можност да се формира во одредени случаи,поврзани со одговорноста на Пријателскиот совет,односно на Василевските пријатели. Синедрионот ке може да формира ваква комисија,со цел да се расчистат или отстранат недостатоци,кои евентуално би постоеле во претставничките прашања или во интерпелацијата. Анкетните комисии нема да можат да учествуваат во законодавниот процес,тие ке имаат информативен карактер без никакви овластувања поврзани со судската власт. Со започнување вмешувачите да бидат претставници на органите на судската власт,анкетната комисија тука престанува со работата,која претходно била предмет на комисијата.

Page 122: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

121

12

1

Состав и структура на Синедрионот/Собранието Синедрискиот состав појаснивме дека ке варира,зависно од бројот на градските урбани средини во Македонија. Така од денешна гледна перпектива,составот би требало да има 70 претставници,односно 35 народни претставници и 35 архонти. Во иднината тој број во василестичкото општество,ке биде во пораст,затоа што ке има 7 нови урбани средини(повеќе во економско уредување на новото општество).Тоа би значело дека бројот на архонтите ке се зголеми на 42,па така и бројот на народните претставници ке изнесува 42,со вкупна бројка од 84 учесници во Синедрионот. Со собранискиот состав ке раководи Претседателот на Синедрионот, кој ке биде избран од онаа партија која најмногу освоила гласови на изборите за народните претставници и архонтите,со што тие преку изборот ке го гласаат за претседателот во самиот Синедрион. Претседателот на Синедрионот,ке биде задолжен за одржување на редот и административното работење во Синедрионот.Неговиот мандат ке изнесува исто колку и мандатот на народните претставници и мандатот на архонтите,односно 5 годишен мандат.Потпретседателите ке се избираат од редовите на втората партија,која освоила најмногу на изборите,со истогодишен мандат како и претседателот. Структура на Синедрионот Според домноста Синедрионот ке претставува уникатно претставничко тело,односно тоа ке биде правно еднодомно но фактички ке претставува дводомно тело. Правно еднодомно претставничко тело ке произлегува,од тоа што целата работа ке се одвива на иста седница во иста просторија. Исто така по број и права во текот на учествувањето во Синедрионот,двете групи ке бидат исти. Тоа ке биде така затоа што еднодомноста на овој институт,ке ја претставува теоријата за суверенитетот на народот,чија волја ке е една и неделива.Односно одење според логиката дека народот е еден,и затоа неговото претставништво мора да се изразува во единствено на седниците на Синедрионот. Фактички Синедрионот ке претставува дводомен,затоа што составот на Синедрионот ке биде составен од две групи. Но фактичката состојба на Синедрионот,нема да биде со цел да се изразуваат ирационалните желби на оделни сталежи или малцинства,туку тоа ке биде од практични причини. Односно потребата од спојот на пракса и теорија,во контекстот на контрола на легислативата е огромна. Архонтите нема да претставуваат одредени групации кои живеат во одредени географски,социјални,економски или културни рамки,туку тие ке претставуваат директен канал за претставување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните,од Архонтијата која ја претставува Архонтот.

Page 123: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Начин за донесување на законите Начин за донесување на законите,ке се одвива во три фази Првата фаза е онаа која што започнува постапката за донесување на законот,односно таа ке започнува со поднесување предлог за донесување на закон. Предлогот ке може да го поднесат сите учесници во Синедрионот ,членовите во Пријателскиот совет заедно со Василевсот,Народниот правобранител и10 000 полнолетни граѓани преку граѓанската иницијатива. Предлогот за донесување на закон,ке мора да содржи уставен основ,причини поради кои се покренува постапката,основните начела врз кои ке почива законот и содржина на законот. Предлогот за донесување на законот,ке се доставува до Претседателот на Синедрионот.Тој го образложува предлогот пред Синедрионот,како и на секој учесник во законодавниот институт,ке му се доставува по еден примерок со кој сето тоа со рок ке биде обврзан Претседателот да го направи. Така предлогот ке се стави на дневен ред на седницата,најдоцна до 30 дена. Доколку се усвои предлогот за донесување на законот,тогаш предлагачот ке биде обврзан да поднесе предлог на законот. Откако ке се поднесе предлогот на законот,тогаш постапката ке премине во втора фаза. Втората фаза ке биде во оној дел,каде што од законодавно-правната комисија предлогот на закон ке се разгледува. Тоа ке биде со цел да се провери,дали предложениот закон е согласно со уставот и од каква природа е. Тогаш и ке се отвори седница за дискусија на законот,каде што право на присуство на таа седница во Синедрионот,ке го има и подносителот. Доколку се работи за некој обемен и сложен закон,тогаш Синедрионот може да му наложи на овластениот предлагач,да изработи нацрт на законот. Предлогот за донесување на закон и предлогот на законот,ке постои можност да се спојат или законот да се донесува по скратена постапка. Доколку се одлучи да се донесе нацрт на законот,тогаш ке биде со предвиден рок,во кој нацртот мора да биде образложен. По завршувањето на претресот или дискусијата,Синедрионот може да со заклучок,да утврди ставови и забелешки и да ги достави до предлагачот за да ги има во предвид,при изработката на предлогот на законот. И третата фаза ке биде онаа фаза,каде што предлогот закон ке се стави на гласање во Синедрионот и кога Василевсот ке го официјализира законот,со ставање потпис на указот за проглас. Предлогот закон ке стане закон,ако за истиот се изјасниле мнозинскиот дел од Синедрионот,или од претпоставената бројка од 70мина учесници,да гласале 36. За одредени закони ке се бара двогрупното мнозинство.

Page 124: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

123

12

3

Откако ке се изгласа предлогот закон,Василевсот со потпис на законот го официјализира,односно тоа ке биде услов за влегување на законот во сила. Законите ке се прогласуваат со указ,додека указот ке го потпишува Василевсот на Македонија и Претседателот на Синедрионот. Законите кои ке наидат на вето од страна на Василевсот,се враќаат на повторно изгласување во Синедрионот. Пред повторно да се гласа,Василевсот ги објаснува образложенијата за искористување на правото на вето.Учесниците на Синедрионот тогаш ке може да ги прифатат образложенијата на Василевсот и предложениот закон да претрпи измени,но учесниците ке можат и да не ги прифатат забелешките на Василевсот и да го стават истиот предлог закон,на повторно гласање.Доколку повторно се изгласа законот со мнозинство од учесниците,тогаш законот станува во проглас без потпис од Василевсот ,односно само со потпис на указот од страна на Претседателот на Синедрионот. Доколку законот од указ потпишан само од Претседателот на Синедрионот,се покаже како корисен и добар во иднина,Василевсот ке има можност да го промени мислењето за истиот закон и да го потпише указот за проглас,односно ке постои можност да се тргне правото на вето кој бил искористен против тој закон. Законите кои ке се изласуваат со двотретинско мнозинство,Василевсот ке го нема право на вето врз таквите закони. Законите кои ке бидат тесно поврзани со воено-одбрамбената природа, ке мора да се донесат со указ потпишан од страна на Василевсот,во спротивно тие нема да можат да стапат во сила. Оваа право на вето за овие закони,ке биде од таква природа со одлучувачки карактер. Одкако ке се потпише указот за проглас,законот ке се објави во службен весник по стандарна постапка,каде што најрано од 8 дена од денот на објавувањето во службениот весник,ке стапи во сила.

Page 125: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕСНАТА ВЛАСТ Организирањето на локалната власт во василеистичка Македонија,ке биде со цел тоа организирање да се карактеризира со ефикасен апарат за сервис на граѓаните,решавање на локалните проблеми и остварување на потребите на граѓаните на локално ниво,и претставување на проблемите и на потенцијалите пред централизираните институти. Ефикасен апарат за сервис на граѓаните ке биде во смисол,да кога ке има потреба од означување и маркирање на парцелите и решавање на приватната имотна сопственост,самиот апарат да креира состојба за нејзнино лесно остварување,како и дефинирање. Современата пракса покажува,оние работи кои би требало да се решаваат со најмала активност,истата да биде исцрпна за граѓаните и истата да претставува тешка состојба за решавање. Решавање на локалните проблеми и остварување на потребите на граѓаните,ке биде со цел организирањето на оваа власт,да служи за што е можно полесно остварување на потреби,како што се инфраструктура и одржување на истата,но и достап до енергија со основни потреби кои би ги креирале условите за добар живот. Современата пракса покажа,дека решавање на овие проблеми често наидуваат на застој и пролонгирања,само заради добивање мотив на политичките кампањи за наредни избори,како и зголемената пракса на злоупотреба на финансискиот фонд,кој е одобрен за изградба на разни јавни проекти.Како и со организирање со уставот од 1963,и овој е декларативно во служба на селскиот дел од населението,кој заради запоставеноста од системот,оваа население постојано се намалува. Претставување на проблемите и на потенцијалите пред централизираните институти,ке биде оној дел каде што во организирањето на оваа власт,ке има две претставителни групи,едната ке биде избрана да ги претставува проблемите и потенцијалите пред главниот локален орган,додека втората претставителна група ке има права,должности и право на учество во законодавната власт. Со тоа вториот орган ке биде оној кој ке биде задолжен,да ги презентира интересите кои на нему му се презентирани,од најниското можно ниво на организација на локалната власт.Со тоа што ке има исти права како и народните претставници,ке има изворедна можност за презентирање ,отварање јавни дебати и учество во донесувањето на законите. Во современата пракса од организацијата на денешната локална власт,ваква карактеристика не постои.Но сведоци сме на тоа,да локалните единици почнаа да се употребуваат како “партиски ровови”, на одредени политички партии или амбициозни луѓе,кои успеале да ја освојат власта на одредена локална единица,како и за збогатување на одредени партиски фондови.Истата организација се претстави како многу непрактична,и скоро фрустрирачки лоша за поголем дел од граѓаните на денешнава република.Оние локални единици каде што победиле претставници од владеачката коалиција,наидуваат на поголеми привилегии од оние,каде што победиле од опозицијата.

Page 126: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

125

12

5

Начин на организирање Три локални институти,ке ги извршуваат севкупните функции на локалната власт. Тоа ке бидат Архонтите,како главни претставници на Архонтиите и на градот од таа Архонтија,Кефалонот кој ке биде главен претставник на селото односно Кефалонијата,и Градскиот совет каде што ке се расправа за сите локални прашања. Градскиот совет ке биде место каде што Кефалоните,директно ке им ги претставуваат на Архонтите проблемите на селото од коешто доаѓаат. Архонтите ке формираат генерална слика за проблемите на Архонтијата,каде што истите ке ги изложуваат пред Синедрионот. Така всушност Архонтите во Синедрионот,ке го обработуваат практичниот дел. Според степеноста,овој модел на организирање на локалната самоуправа ке биде второстепена,каде што основни единици на локалната самоуправа ке бидат Архонтија и Кефалонија. Согласно денешните потреби,ке има вкупно 35 Архонтии,односно онолку колку што има градски урбани средини,додека потребата од кефалониите ке биде онолку колку што има селски средини во Македонија. Моделот на второстепеноста ке биде избран,затоа што селото ке одигрува важна општествена улога во економијата,во обичајното право и во општата здравствена состојба на населението. Отука секако дека ке се појави потреба,од урамнотежена контрола од страна на локалните институти. Во современата пракса,имаме пример на едностепен модел во организирањето. Таквиот модел денес е присутен најверојатно затоа што,селата се опустошени и нефункционални за основните потреби на граѓаните. Потенцијалот од искористување на македонското село за трите битни улоги,е речиси под минимална експлоатација од самото општество. Имаме обиди за повторно заживување на селото,преку разни програми за субвенции,каде што би можел да се потикне искористувањето на економскиот потенцијал,но сепак за да се вистински постигнат резултати, потребно е тотална реорганизација на општествената економија,на општествената економската филозофија и особено на начинот на организирање на локалната власт. За да повторно заживее македонското село,не се потребни само субвенции и основање на месни заедници,потребно е можност или шанса во структура на локална самоуправа,за изразување на проблемите кои ги имаат селските средини,за да би можеле истите да се решаваат. Општините со денешна организираност,можат да ги решат проблеми на оделни села,најчесто оние села кои имаат средишен статус во општината,но не и на повеќето во државата. Тоа прави голем број на села да се запустуваат,а со тоа нивните потенцијали да останат неискористени.

Page 127: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Архонтија и Кефалонија,положба и меѓусебна соработка Територијалниот елемент ,поголем акцент во одбележувањето како и на одредувањето на границите,ке има Архонтијата затоа што органите на Архонтијата,ке ги извршуваат поранешните општинско-катастарски работи.На Архонтиите,предходница ке им бидат денешните Општини,додека Архонтиите ке бидат нејзини идни наследници во василеистичкото општество. Карактеристика на територијалниот елемент на Архонтијата,ке биде тоа што на секоја Архонтија,ке се наоѓа максимум една градска урбана средина,каде што и таа градска средина ке претставува средиште. Возможен територијален приказ на 42 Архонтии

Горенаведната мапа претставува гранична поделба на Архонтиите,заедно со замислените нови 7 градски урбани средини,кои се означени со црвени точки.Од 42 Архонтии,една од нив ке претставува Архонтија-Велеград,односно Скопската архонтија.

Page 128: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

127

12

7

Тоа ке биде така,заради преголемата густина на населението во таа Архонтија.Посебноста ке се карактеризира со тоа што,во рамки на таа Архонтија ке има прогласено Кефалони во градски урбани. средини,односно ке има Кефалон на градските населби за разлика од другите Архонтии,каде што сите Кефалони ке бидат поставени на селските средини,пример Кефалон на населба Кисела вода,Кефалон на населба Карпош и слично. Територијалниот елемент на Кефалонијата,повеќе ке се карактеризира со формален начин,отколку на строга демаркација. Односно граничниот простор на една Кефалонија,ке се протега до таму каде што има објекти од кои се претпоставуваат дека припаѓаат на таа селска средина. Додека Кефалоните од Архонтијата-Велеград,односно Кефалоните од градските средини,нивниот територијален елемент ке се карактеризира со слични демаркациони мерки како со Архонтиите,се со цел да се избегнат можни спорови меѓу кефалониите,за чиј објект на чија кефалонија припаѓа. Кефалонии во Македонија со исклучок на Кефалоните од Архонтијата-Велеград,ке има онолку колку што има села во Македонија. Според статистика правена од деведесетите години од минатиот век,за намените на Законот за територијална поделба,избројани се вкупно 1766 селски населби,од кои 121 селска населба е без ниеден жител,што би значело дека има 1645 активни села од таа статистика. Ако се земе во предвид дека има изминато скоро две децении од таа статистика,како што е и неопходно да се земе во предвид трендот на миграција село-град,бројот на напуштени села сигурно се има зголемено ,односно бројот на селските населби се има намалено. Но бидејќи нема на располагање посвежи информации за бројноста на селата во Македонија,според таа статистика Македонија ке има 1645 Кефалонии и Кефалони,со исклучок на Кефалоните од Архонтијата-Велеград. Предходно,пред да се прогласи бројот на Архонтиите и Кефалониите официјално,ке мора да се направи најнова статистика за бројот на населението како и бројот на сите села,како на селата со жители така и на селата без жители. Кефалоните од Архонтијата-Велеград,односно од Скопската архонтија,нема да наиде на моја сегашна лична поделба,затоа што за тоа ке треба работа од стручен тим,но сегашната поделба исто така нема да биде соодветна затоа што во иднината,со применување на василеистичките принципи за економијата и начинот на животот воопшто во идното општество,ке претрпи големи миграциони и урбани промени.Така со таквите промени,јасно е дека некои општини што се денеска под Градот Скопје,ке ја изгубат нејзината потреба,па според тоа или ке исчезнат или ке бидат припоени кон други општини,односно во нашиот иден случај Кефалонии.Заедно со денешната поделба на градот Скопје,евентуално ако останат по стручната анализа со ист број општините кои денес ги има десет,бројот на идните кефалонии ке изнесува 1655.

Page 129: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Кефалони Зборот кефало исто така влече корени,од балканските јазици кои биле во употреба во старите времиња.Зборот кефало означува во буквална смисла глава,но исто интересно за напомена е што тој збор иаку се употребувал порано во секојдневната комуникација,и денес со исто значење често меѓу населението и во временски поблиските народните преданија,можеме да ја сретнеме употребата на овој збор. Кефало или Кефалон,како употреба за институционална титуларност,имаме пишани преданија дека во ромејската ера ,поконкретно со доаѓањето на Палеолозите и нивната династија,овој термин означувал оној кој бил управник на помала област,односно на помало градче или поголемо село. Меѓу балканското население во поновата историска инстанца,неретко неофицијално и денес се употребува титулата кмет,за да се означи оној со најголемо влијание во селото. Зборот кмет всушност потекнува од зборот коме,кој бил исто така назив од старата македонска ера за мала населба или село.Но со текот на времето,особено во времето на Самуиловото Царство,овој назив добил друго значење,всушност зборот коме со латинизирање станал comitis, па според тоа Комитите или Комитопулите,со текот на времето меѓу македонското население почнало да означува,оној кој потекнува од родот на владетелот(луѓето од династијата на Никола,кој бил таткото на Самуил,биле нарекувани Комитопули). Затоа бидејќи е изменето значењето,поприкладна е употребата како и значењето на зборот Кефалон. Кефалоните во василеистичкото општество,покрај тоа што во севкупната организираност на локална власт ке има подредена улога,сепак за да најпрактично се остварат замислените цели и потреби на најниско можно ниво,Кефалонот односно Кефалонија,ке претставува битна алка во општеството.Кефалоните ке извршуваат,две битни општествени функции.Прво,ке биде одговорен за општите работи во селото,каде што е поставен и второ,со учеството во градскиот совет ке има шанса да ги претстави проблемите,како и неискористените потенцијали на повисоко институционално ниво. Од одговорноста за општите работи,покрај грижата за нормалното функционирање на селото и економијата,новост ке биде и тоа грижата на Кефалонот за обезбедување на оние кои неможат да стекнат услови за нормален живот,како и грижата на ниедна фамилија да не замре лозата,односно да не исчезне родот и името на една фамилија. Изборот на Кефалоните ке се одвива во две фази: Првата фаза ке биде објавувањето на кандидатурите на личностите,кои имаат амбиција да станат Кефалони. Право на кандидатура ке имаат личностите од богата и средна материјална база,односно и тука ке важи начелото дека политиката ке биде работа на добро ситуирани луѓе,но за оние од сиромашната

Page 130: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

129

12

9

материјална база,примерите со заслуги кои ги наведовме преходно,преку нив ке имаат право и тие на кандидатура. Човекот кој е кандидат може да биде учесник,во некоја од партиите или пак јавно да се декларира како партиски определен. Исто така право на кандидатурата ке имаат оние и кои не се припадници на ниедна партиска определеност,односно независен кандидат. Откако ке се состават листите од кадидатите,ке следи втората фаза. Втората фаза ке претставува гласањето,или избирањето на Кефалоните. Кефалонските избори,ке се со демократски карактер и тајно гласање. Партиите ке имаат право да имаат вмешаност во овие избори,но и немора,затоа што право на избор ке имаат и независни кандидати. Населението од едно село ке имаат право да гласаат само за кандидатите од тоа село,што значи населението од едно село ке нема право да гласа за кандидатите за друго село. Откако ке заврши гласањето,оној со најмногу гласови,официјално ке се прогласи за Кефалон. Извршувањето на оваа функција,ке биде со мандат од траење на 10 години или на секои десет години,ке има кефалонски избори. Носителите на оваа функција ке немаат право на паричен надоместок,но доколку се појави потреба за надоместок на патните трошкови,носителите ке имаат право на финансирање од локалниот односно архонтскиот буџет. Организациониот елемент,ке биде оној дел кој што самите водечки фигури во локалната власт,ке треба да го создадат со цел да имаат ефикасно делување. И Архонтите и Кефалоните ке имаат можност,да организираат еден вид свој кабинет со кој тие ке раководат. Во тој кабинет може да спаѓа градскиот архитект,благајник и сл. Од организациониот елемент,главна улога во креирањето на политиката во една Архонтија,ке го има Градското собрание или Градскиот совет. Во Градскиот совет ке се соопштува,колку ке изнесува годишниот архонтски буџет и каде ке се насочат во кои проекти,финансиите од тој буџет. Во Градскиот совет,личностите во кефалонската улога таму,ке имаат шанса да му предлагаат на Архонтот,проекти како и потенцијали за идно проектирање во некоја од кефалониите. Архонтот ке го има главниот збор и тој ке ги одредува,кои проекти и зафати ке бидат приоритетни. Како Василевсот во Синедрионот,така и Архонтот во пролетниот период од годината,ке изнесе отчет пред Градскиот совет за сторените проекти ,информација за обемот на новиот годишен архонтски буџет и за тоа кои проекти и зафати,ке се одредени како приоритетни за идно делува. Обичај би требало да биде,најважни проекти да се оние кои обезбедуваат основни потреби на граѓаните во таа Архонтија,односно достап до енергија,вода и инфраструктурата.

Page 131: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Материјално-финансискиот елемент,Архонтиите и Кефалониите ке имаат сопствени извори,од кои самите ке се финансираат. Така главните сопствени извори,ке им бидат таксите на добра и стоки,таксата на подароците и донациите,таксите на игрите на среќа, процентите од експлоатацијата на дрва и шуми,процентите од користењето на јавните и спортските објекти,кои ке се во сопственост на Архонтијата или Кефалонијата,рентите и продажбата на истите доколку се одлучи во Градскиот совет на таков чекор,издавање концесии како и од градежните дозволи. Новост во идното општество,ке биде таканаречениот данок за финансирање или данок за самопридонес на платен буџет или проект. Откако комплетно македонското општество,ке почне да ги применува василеистичките принципи,нема да има оданочување на имот ,оданочување на користење на енергија и вода(повеќе во економско уредување во новото општество).Откажувањето од тоа,ке доведе да приходите за финансирање на локалната власт,драстично да бидат намалени но и заради избегнување на малверзациите со приходите,од страна на лицата на кои ке им биде доверено да одлучуваат со тој буџет,воведување на таков вид на данок би било најпрактично решение. Всушност овој данок во кефалониите,ке постои секој месец и тој ке изнесува,некоја симболична сума со цел да се обезбеди основно,односно да се обезбеди онолку финансии,колку да се исплати персоналот во кабинетот,кој ке биде формиран од страна на Кефалоните. Или со други зборови кажано,доколку едно село има 1000 полнолетни жители,данокот за финансирање месечно по човек ке изнесува по 100 македонски денари и така би се формирал буџет во касата на Кефалонот ,доволно за платите на двајца или тројца луѓе зависно од потребата на вработените таму. Право на ваквиот данок за финансирање на платите,ке го имаат само кефалониите.Доколку пак се планира некој проект,кој ке биде од големо значење во една Архонтија,првиот човек во таа Архонтија ке има право да објави данок за финансирање,на целокупниот или пак на дел од тој проект,доколку се увиди дека тој проект би бил прескап за да само граѓаните го финансираат.Луѓето кои ке бидат со слаба или сиромашна материјална база,ке бидат ослободени од ваквите даноци. Ова би значело дека обичниот граѓанин,нема да биде секој месец оптоварен со разни давачки и сметки,према локалните органи како што е пракса денес и каде што воочивме,дека најчесто се прават разни злоупотреби врз финансиите креирани од таквите давачки. Давачки ке има само кога,ке има потреба за општото добро. Граѓаните солидарно ке бидат обрзани преку објавување на данок,да финансираат проект,секако кој ке биде за нивна употреба. За да се намали можноста од манипулација на ваквиот даночен систем, како и да може точно да се одреди колку ке изнесува данокот,ке мора да претходи јавно објавување на точното чинење на одредениот планиран проект.

Page 132: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

131

13

1

Покрај свои извори на финансирање кои ке ги имаат органите на локалната власт,ке постојат и извори на финансирање од централните органи. Тоа ке бидат дотациите одобрувани од пријателските одели,односно поверенства и специјални грантови. Материјално финансискиот елемент во идното општество,ке има силно начело на солидарност. Тоа најмногу ке се манифестира преку тоа што,секоја формирана материјалната база на буџет од најнискиот можен локален институт(Кефалониите)па до највисоките органи,финансиите половично ке одат во буџетот на повисок институт. Буџетот формиран од една Кефалонија,50% од финансиите на тој буџет ке одат во буџетот на Архонтијата.Буџетот формиран од една Архонтија,50% од финансиите на тој буџет,ке одат во државниот буџет. Така големата концентрација на финансии во највисоките институти,ке даде можност за остварување на големи проекти и цели,како и насочување на истите.Сето тоа ке биде во склоп и од голема помош,во долгорочните национални и државни политики на системот. Шематски приказ за буџетите

Page 133: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Од правниот елемент,битно за напомена е тоа што ке постојат две забрани. Едната забрана ке е тесно поврзана со материјално-финансискиот елемент,додека другата ке биде со територијалниот или поточно просторниот елемент на една градска урбана средина. Првата ке е забрана на кредитирање на органите на локалната власт,односно Архонтот како и Кефалонот,ке немаат право да се задолжуваат или да земаат кредити,од приватни лица со приватна сопственост без разлика каква и да е оправданоста за тоа. Втората забрана,ке биде во делот на ширењето на градската урбана средина. Оваа забрана ке се однесува само на Архонтот,додека не и на Кефалонот. Тоа би значело дека Архонтот,ке нема право да објавува проширени урбани планови,ниту спојување на селата како приградски населби. Ваквата политика за забранетост на градовите просторно да се прошируваат,ке биде со цел да се даде предност и приоритет на развитокот на селската средина. Оваа забрана по исклучок ке биде проширена и врз Кефалониите,но само на оние кои ке припаѓаат на Архонтијата-Велеград. Шематски приказ на месната власт

Page 134: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

133

13

3

Граматејски установи Граматејскиот институт ке претставува еден вид научно-истражен центар,како и јавна архива на сите можни истражени информации. Воведување на ваков специфичен институт,ке е со цел полесно да се осознаат и истражат потенцијалите на секој дел од Македонија,а со тоа и да се искористат истите од локалните власти. Слободно денес можам да кажам,дека ние како граѓани од помладата генерација на денешнава Република,незнаеме што се има само нашата околина,а да не зборуваме за знаења на поширок регион.Но и како не би било така,кога сериозни истражувања и научни испитување последен пат ,се имаат правено во социјалистичкиот период и тоа под надлежност на органите од Белград.Самоиницијативните истражувања се ретки,често и невозможни заради слабата активност на населението во неурбаните делови,а и доколку ги има тие се несериозни или погрешно интерпретирани.Затоа Граматејскиот институт ке постои,во секое село и во секој град.Овој институт ке биде под локална самоуправа,но ке биде финансиран од разни пријателски одели(поверенство за природна средина и урбанизам,поверенство за образование и култура,поверенство за рударство,како и поверенство за правда). Сигурно ке се запрашате,каква поврзаност ке има поверенството за правда? И поверенството за правда,ке пружа финансиски средства за овој институт,заради тоа што сета судска архива што ке биде создадена,ке се сочува и во Градскиот граматејски институт. Ке постојат три нивоа на овој институт и тоа: -Граматејски институт,кој ке биде под кефалонската локална власт. -Градскиот граматејски институт,кој ке биде под архонтската локална власт. -Топограматејскиот институт,кој ке биде независен државен институт на државно ниво,каде што сите собрани информации и архиви ке бидат на едно место,нешто налик на денешен државен архив. Граматејските институти ке имаат три архиви: -Биолошка архива или онаа архива,за научните истражувања на полето на флора и фауна. -Геолошка архива или онаа архива,за научните истражувања за рудата,за почвата,нивниот квалитет и слично. -Општествена архива или онаа архива,каде што ке се складираат сите судски,сите историски и слични документи и информации од тој крај. Тоа што овие институти ке бидат под локалните власти,ке биде од огромна предност за дознавање на избраните Кефалони и Архонти,за економските,туристичките и културните капацитети на своето место,како и полесно претставување на планови за искористување на истите.

Page 135: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ПРАВНАТА ФИЛОЗОФИЈА (лат:ivrisprvdentia) Правната филозофија е навистина голема и обемна материја,која бара навистина многу големо внимание и долг период.Но неможеме а да не го споменеме развојот на таа јуриспруденција,која денес јa опишуваме како современа,како и од какви извори настанувала и се дополнувала,затоа што се истакнува разликата во поглед на развојот. Затоа за главна поделба на европскиот простор во правната филозофија ,ке ги опишеме на кратко римската јуриспруденција,која денес е уште активна и се обработува во современото право,и источна правна филозофија/правната филозофија од старата македонска ера,која во многу мал дел се обработува,има вметнато дел во современото право и речиси е неправедно запоставена од денешните претставници на македонската јуриспруденција. Римското право и римската правна филозофија,е одсјај на нивното секојдневно живеење и начин на размислување. Римското право како растел империумот,така растело и за потреба да се обликува и кодифицира,затоа што тоа постепено израснувало и надвор од својот менталитет,проширувајќи се секогаш со оружје и сила. Некогаш во римската историја и неримјани по родот,станувале луѓе со главен збор.Иаку главната или генералната кодификација во облик на правна енциклопедија,нема да се изврши се до Јустинијан која како идеја е започната уште од Диоклецијан,сепак предходните неколку книги кои ги содржеле законите биле во главна употреба,jvs и leges-от. Како за пример на општествениот одсјај,ке го спомене законското третирање на Римјаните кон семејството(statvs familiae). Така семејството во стариот Рим,не претставувало поврзување на луѓето по крвно сродство,туку поврзување на луѓето по заедничкото живеење и производство,агнатско сродство,кое подоцна со дефинирањето на кодексот на Јустинијан,кој под влијание на моментална таква семејна нерепродуктивност,но и под влијание на филозофијата на истокот,тоа гледиште за семејно поврзување ке се менува. Шефот на фамилијата,таткото(pater familias) претставувал граѓанин со свое односно полно право(svi generis),сите други во семејството му се потчинети,односно носители на отуѓено право(alieni jvris). Жената во овој римски семеен тип,законски само првородената керка не смеела да се отфрли,сите други биле на немилост.Додека во текот на развитокот на женската личност,како и по нејзино полнолетство таа морала да биде под туторство на постари жени,бидејќи тие биле сметани за личности кои неможеле да ги разберат своите постапки. Не случајно Фридрих Енгелс ке истакне,дека овој период претставувало историски пораз на женскиот пол.

Page 136: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

135

13

5

За разлика од овие сфаќања и размислувања,кај Источното Средоземје имаме остатоци од нетолку слични начела со римските. Пример го имаме гортинискиот законик,од градот Гортин најден на Крит. Секако дека би се запрашале,зошто имаме потреба да го именуваме овој законик како законик од старата македонска ера,би рекол затоа што начинот на кој ја применувале правната филозофија,била општобалканска во тој период и контактите и разменувањето на искуства, секогаш биле интензивни. Впрочем и влијанието од македонски династии по Александар,по Егејските острови не треба да се потцени.Тоа се огледува и во овој законик,каде што наоѓаме сличности како што е зборот статер или зборот Хетајри,зборови што биле во употреба и меѓу Македонците во тој период. Но да се вратиме на битните состојби од тој период. Гортинската за разлика од римската кодификација,не содржи поделба на титулари и не се задржува во опишување на истите,туку содржи неправни состојби,опишани во краток текст разбирлив за сите жители во тоа време.Односно нема точно одредено и во текстот не се објаснува,кој е носител на полно право а кој на отуѓено право,туку однапред граѓаните врз кој се применува законикот,го знаат тоа и делбата е јасна и природна.Тоа укажува дека законикот,е за потребата на локален карактер.Така кога го читаме текстот,наоѓаме слободни луѓе со политички права и слободни без политички права,поробени луѓе,мажи и жени и синови и керки,без дообјаснување кој поточно претставува тоа. Истакнатата разлика во правната филозофија,се гледа во рамноправноста на жената и различното сфаќање за односот кон жената,децата и семејството. Па така жената по полнолетство,не е подлежна на туторство. Дури во одредени ситуации жената,имала можност да создаде бенефицирачко право на идни генерации.За пример имаме: “Ако роб оди кај слободна жена и се ожени со неа,децата нека бидат слободни”. Жените во овој законик се опишани и како потенцијални наследници на имотот,доколку нема машко дете-наследник. Еднаквоста кај половите била и во правото,на задржување на детето по разводот.Па така доколку бившиот маж го отфрли детето од претходниот брак,тогаш тоа право го имала и мајката,односно разведената жена. Особено се обрнувало внимание на митовите,нивно значење и согледувањето на последицата во надалекусежен поглед,од евентуално сторување на неправото.Во тоа ткн архаично право,општ законодавец бил Хомер.Идејата на овој правец на правна филозофија,била да се креира здрав и нормален човек во текот на својата морална метаморфоза,односно развој.Дали би било поповолно да се креираат морални луѓе а со тоа и морални судии,или пак да се креираат по навршениот развој,преку санкции и тоа од неразбирливо обемно право?.

Page 137: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

“Архаично” морално право и влијание од митовите Состојбите,ситуациите,акцијата и реакцијата која е произлезена од митовите,особено од тогаш доминантните Илијада и Одисеја,всушност укажува на луѓето преку приказна на разбирлив начин,што се случува кога се постапува противправно,па дури и кога човекот ке се извади од земската казна. Освен тоа,за оние работи кои треба кај човекот да се истакнат,некои особини,на најдобар можен и најдобар смислен начин се опишува во митовите,се со цел да се создаде чувство но и потик за тоа која акција и реакција,во една настаната ситуација би се решила човечно,храбро и праведно. Така слободно можам да истакнам,дека Хомер им ја обликуваше душата на Македонците,но и на другите народи кои живееа на овој полуостров и пошироко,во таа стара ера. Дека Хомер бил успешен и квалитетен обликувач на моралот,можеме да увидиме во идните историски настани кои ке следат,каде што се покажува висока мудрост,зрелост,храброст и човечност. Германскиот писател и филозоф Јохан Волфганг фон Гете,исто така истакнува дека луѓето кои живееле на овој полуостров во тој период,допридонеле огромно квалитетно знаење на сите научни полиња,па со тоа можеме да заклучиме дека станува збор,за квалитетот на луѓето како народи во целина,така и за квалитетот на нивната култура и начинот на живеење. Според тоа би можеле да претпоставиме,дека правната филозофија во Источното Средоземје се креирала на начин,првин со формирање на еден сеопшт митски настан,каде што се обликува моралот,правилната реакција и неправилната реакција,за да подоцна на локално ниво, согласно со локалната потреба и практика,посебно да се озаконува што е дозволено а што не е. Во подоцнежниот период на Римската Империја,кога запаѓа во морална и финансиска криза,на политичка сцена настапува мистериозниот Диоклецијан. Можно е тогашниот император и легислатор да разбрал, дека закон без претходна моралност,чесност и сликовита разбраност кај луѓето,нема да постои како и успешно да се спроведе на дело донесениот закон. Има многу нејаснотии,околу самото делување на Диоклецијан. Неговите постапки укажуваат на тоа,дека се работи за врвен познавач на правото и филозофијата,како и тоа дека бил ретко способен администратор,кој ке донесе многу правни решенија. Она што збунува од тој период на негово владение,е што му се препишува дека бил наредбодавец на прогонот на христијаните, додека од друга страна,многуте од неговите најблиски соработници биле христијани и како такви самите се изјаснувале. Исто така потребно е да се забележи,што ретко патувал во Рим. Сметал дека Рим е безморален град,заедно со неговите политичари и граѓани.Сенатот во негово време,тотално ја изгубило улогата.

Page 138: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

137

13

7

Освен збунувачката теза дека бил антихристијански распожен,интересно да се напомене е дека голем дел од прогонетите христијани и војници христијани во служба на Диоклецијан,подоцна ке бидат канонизирани за светци,кои ке претставуваат најпознати во христијанскиот свет. За пример ке го земам Свети Георгија(св.Ѓорѓија) и приказната за спас на Александра.Освен што Ѓорѓија бил христијанин и војник на Диоклецијан,многу позагадочна е сличноста,која скоро до последен детал е иста со митскиот јунак Персеј и приказната за спас на Андромеда.Помала би рекол естетска сличност има со Кадмо и Белерефон,јунакот кој се споменува и во Илијада. Приказ на Кадмо и змејот

Приказ на Белерефон со Химера

Page 139: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Приказ на Св.Ѓорѓија и змејот

Главното прашање за Диоклецијановото владеење е,дали се обиделе да создадат нова митологија на христијанството,по принципот и инспирација на претходната митологија,според кој би се влијаело врз поданиците на Римската Империја,која во тој период сериозно надвладеал општиот неморал и граѓанската нечесност.?Настанот кој следел по Диоклецијан,е официјализирање на христијанството,како и “кодифицирање” на библиски настани и норми во “никејската верзија” на светата книга Библијата.Со тоа постепено дошло до нормализирање по долгогодишниот хаос,исклучиво во источниот дел од Римскиот империум.Секако ваквата претпоставка е заклучена според,логичкиот распоред од историските настани кои ни се достапни,но мораме заради креирање на правилна и практична правна јуриспруденција,која историјата ни оставила многу примери за наравоучение,овој начин на размислување сериозно да се истражи и испита. Јустинијановата кодификација,претставува збир од сите претходни и нови закони.Под влијание на христијанското учење,но и од тукашниот менталитет,видоизменети се гледиштата према семејството,жената и робот.Но и оваа кодификација претставувало обемно дело и тешко разбирливо меѓу општото население,со што подоцнежните владетели од македонската династија во Ромејската држава,постојано ја крателе и реиздавале во помал кодификуван законик.Пример за таквите обиди била Еклогата(ecloga),дело на ромејските владетелите Лав и Константин.

Page 140: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

139

13

9

Моралот е претходница на законот Мудрите луѓе велат дека хартија трпи се. Дека е навистина така како за пример ке дадам ситуација,кои верувам дека повеќето од македонските граѓани денес,се имаат соочено но и ја имаат воочено следнате состојба. Секој кој ке оди во некоја јавна здравствена установа,ке забележи најчесто прикажано на влезовите во оделенијата,копиран дел од Законот за заштита на правата на пациентите. Проблемот е што истите тие права,стојат само на хартија.Ниедно од тие права реално не функционираат,дури ни најосновните начела. За споредба од поранешниот систем на социјализмот,за таков закон ретко некој претпоставувал дека постои или дека би требало да постои во пишано,затоа што суштината на Законот за правата на пациентите на тогашните лица вработени во јавните здравствени установи,тоа им било општо познато и општо прифатливо.Тоа како општо познато го разбрале, во текот на нивното претходно предзаконско знаење и образување. Тоа образување би го нарекол морално обликување.Затоа многумина денес од постарата генерација,сведочат за многу подобрата здравствена услуга или барем подобрата пружена здравствена нега ,односно подобар однос медицинско лице-пациент од тоа време. Би можеле да заклучиме дека луѓето мора првин морално добро да се обликувани,за да може подоцна полесно и посериозно да ја разбираат суштината и етичката логика на законите,како и полесно да ја разбере потребата од тој закон и евентуална последица од неговото непочитување. Друго што би можеле да забележиме е тоа,дека закониците секој ден се повеќе се прошируваат,и се повеќе се опфаќаат протиправните ситуации,затоа што луѓето се почесто не ги разбрираат,не ја разбираат потребата од истиот да функционира,воедно и не ја разбираат последицата за општо добро,доколку не се спроведува без употреба на сила(репресија),затоа се почесто и ги злоупотребуваат. За тоа дали е повеќе потребно широко опфатени законици,или силно морално влијаније за да постои општествен ред,добар одговор ни дава воената генерација по “Втората” светска војна. Повеќе општествен ред имало тогаш отколку денес,иаку истите и немале пишани законици,односно во почетните години го користеле обичајното право и некои претходни закони од СХС. Поголемото морално влијание,остава простор за помали и поошпти законици,а тоа секако дека доведува до полесно разбирање на суштината и духот на законот,односно на тоа што сака да се постигне со тој закон.Таквата состојба сигурно води кон поголем општествен ред.Помало морално влијание,остава простор за злоупотреба на истите помали и поопшти законици,а со тоа и се создава притисок на правната јурисрпуденција да оди кон пошироки закони,но и зголемена репресија.Праксата вели дека тоа доведува до минимални успеси,во врска со општествениот ред и кон поголеми психолошки последици кон населението.

Page 141: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Глобалното законодавство За главна главоболка глобалната легислатива,односно оние кои се обидуваат да креираат функционален законик над целата популација во светот,е тоа што различностите во моралните сфаќања и менталитети не се секаде исти.Во поединечни региони се слични,но никако не претставуваат исти. Затоа современите системи составен од модерни правила,начела и правна јуриспруденција,има за цел истиснување на моралот преку истиснување на меморијата за национална припадност,вулгаризирање на религиозноста,како и на брачната заедница,а со самото тоа и постепеното исклучување на обичајното право од нејзината кодификација и потреба. Нормално,во правната литература ке сретнете зборови за обичајното право дека е “заостанато”,дека не е со “модерните текови”и дека е изминат процес во правото,со пројден рок.Всушност рокот почна да изминува во правната филозофија на ова право,откако се креираа телата на Обединетите нации,кои се меѓународни по својата природа. Обичајното право се става под шкафот,без притоа од модерната јуриспруденција да разгледа што сакало да се постигне со него,и дали може да се иземе одредена корист.Секако заслуга за ова добар дел има вулгаризирањето на позитивното право,како и општо-прифатената теорија на дарвинизмот за развитокот на човекот.Во секојдневна практична смисла,првин истиснување оди преку медиумите и невладините кои се финансирани,од сомнителни парични магнати. Преку тие медиуми и невладини,се создава чувство дека во едно општество нешто не чини,без притоа да се напомене дека денес речиси во секое општество нешто не чини.Откако ке се создаде едно општо незадоволство кај народниот менталитет,се покачуваат очекувањата без разлика дали тие реално може да се остварат,и се бара промената. Благодарение повторно под влијание на медиуми,се опишува и дава за пример дека во поразвиените земји,кои обично се бивши или сегашни империи,имале закони кои биле под правилен правец.Откако ке се даде насоката и чувството за тоа што е “подобро”,без притоа да се разбере и анализира дали тој одреден туѓ закон за туѓи потреби,би се вклопил меѓу локалното население,и се прави измената која впрочем е и одвреме подготвена.Откако ке се извршат измените,обично доаѓаат официјални лица на разни меѓународни организации,појаснувајќи како реформите биле за локално и вишо добро,и како биле согласно современите текови.По извесно време,кога тој одреден закон не профункионирал како што треба меѓу населението,повторно се јавува незадоволството,но овојпат тоа со мали шанси да се промени.Главната кривица зошто не профункционирал,паѓа врз народот поради тоа што менталитет на населението било “заостанато”,и дека требало да се менува и менталитетот,доколку сака да профункционира донесениот закон. Додека еднаш донесен таков закон,особено ако е со меѓународна препорака,без разлика дали е практичен и во служба на граѓаните или не,тој сепак останува во сила.Начинот на наметнување на меѓународни слични законици во државите,во добар дел се одвива по принцип на Хегеловата теза(thesis) - антитеза(antithesis) = синтеза(synthesis).

Page 142: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

141

14

1

Шема за наметнување на законици

Page 143: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Проблеми со правото во Македонскиот современ пример Македонското право и нејзините јуриспруденти,се почесто и почесто се усогласуваат со нормите и принципите на Европското право. Дека сме добри усогласувачи со туѓото право,се огледува во тоа што добар дел од законите,се преписка од Хрватска,Балтичките земји и др. Веќе ја образложивме тезата,дека сето тоа се прави под изговор дека таму ваквата регулатива веќе функционира и дека функционира успешно.Никогаш не чувме некој да појасни во современите гласила, дека не случајно таму каде што функционираат законите се најчесто од домашно производство,и проблемите се претежно решени затоа што нивната јуриспруденција ја усогласила практиката со теоријата. Затоа кај нас обично првин се донесува теоријата,па потоа се бара да се усогласи практиката врз теоријата,а всушност сиот процес би требало да биде обратен,односно да се провери потребата на практиката,и со тоа најдобро можно да се усогласи теоријата.Затоа нашите правни филозофи се скарани со нашиот менталитет,и често тежнееат према благонаклоност кон другите,макар и да биле полоши од нашиот. Денес благодарение на добри теоретичари,имаме одлична теорија на правото,би рекол секој кој што ке седне да ги чита македонските законици,ке увиди дека има одлична содржина и намера,дури и Јустинијан да им подзавиди. Но дали добро создадената правна теорија,може да функционира во пракса ако не е на исто рамниште со менталитетските услови,и дали е подобро да имаме добри закони или добри општочовечки односи меѓу населените?. Така во поглед на модерната правна филозофија,незнаеме дали е корисно за општо добро и општествениот поредок,цената која се плаќа за релативно добрата правда,која ја нуди денешниот судски систем. Тука не би рекол дека тотални виновници се и судиите,кои не се изборија да создадат свои мислења и ставови по однос на почестото менување на решенијата.Дали е корисно за општото добро,секој со секого да не говори и твори,и неправдите што ги сторуваат едни врз други,судот да им се става во улога на апсолутен правдоделител,кој суди денес според строгите утврдени правила,кои се без емоции и без свест. Ако продолжи во овој правец уште да се развива современата правна филозофија,не само што драстично ке влијае врз човечките квалитети,и врз она дејствување на човекот кое го чини човек или човечен, туку ке се доведеме во состојба да човекот,нема потреба да размислува самиот што е добро а што не,и што треба да стори а што не,туку тоа мислење кои ни е општочовечко и дадено од природа на сите луѓе,да го предадеме на некој кој знае да креира добри законици кои се навидум добри за секого,но само на првичниот поглед.Во надалекусежните последици,тие грст хартии со правна теорија претставуваат бариери за човековото однесува. Многу посериозно е играта со терминоголијата на меѓународните организации,кои доколку тие одлучат дека некое движење и однесување спаѓа под заштита на човековата повелба,тогаш сите законодавства без

Page 144: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

143

14

3

размислување го декриминализираат тоа движења или однесувања.Притоа сведоци сме на се погрубото вулгаризирање на човековата повелба. За пример ке наведам уште една правна нелогичност,која постои денес. Оваа нелогичност,би ја нарекол исформализирано делење на правдата од закониците.Па така инкриминализирачката област ја направија да опфатува и најмала работа или престап да оди преку судовите,под изговорот дека треба да се казни мотивот и со тоа да се исполни правдата.Но кога навистина некој ке создаде сериозно дело,со невидена нечовечка мотивираност,тогаш кога треба одговорот на општеството да биде сериозен и недвосмислен,особено во погледот на давање пример ,тогаш под закрила на човечката слобода и хуманост,се потикнува поблаго казнување. Да не зборуваме кога ке се создаде состојба за казнување,на некои од политичките претставници кои уште имаат на тежина.Тогаш успешен пазар,знае да ја заобиколи и најнеизбежната правда. Конкретниот проблем кај нас претставува општото незадовлство кај народот,од самото функционирање на судскиот систем.При тоа народот критикувајќи се по ред,од земјата,системот,партиите па до судскиот систем,судиите,адвокатите,извршителите,обвинителите и така натаму. Но и како не би бил незадоволен. Здравата логика вели дека народот,никогаш нема да биде задоволен од правдата,доколку еден просечен граѓанин има минимум по два до три судски спорови или ако сакате предмети.Тоа е така затоа што судската пресуда,секогаш остава еден граѓанин кој добива и еден граѓанин кој губи спор.Или со пресекувањето на судијата,едниот граѓанин е задоволен,другиот е незадоволен.Што би значело доколку по глава на жител имаме по три спора,многу е веројатно едниот од тие трите,да биде со негативна конечна одлука кај судовите.Нашиот менталитет во поглед по правдата е таков,да доколку еден човек добие и десет спорови а еден загуби,тогаш не ја чувствува правдата толку среќно од десетте добиени спорови,како што ја чувствува несреќата од добиената правда на спротивната страна во спорот.Што помалку спорови,толку позадоволен народ. Да биде несфатениот проблем поголем,поновите измени беа токму во погледот да се зголеми бројот на споровите,или ако сакате да се потикне поднесување на тужби од страна на граѓаните.Поновите измени се донесоа во поглед на роковите,притоа роковите беа намалени и со тоа се зголеми веројатноста од страна на судовите да се дели квантитативна правда,а не квалитативна правда. Постојат и квоти кој еден просечен судија во еден одел,по колку предмети треба месечно да одлучува,додека еден судија и колку да е квалитетен,доколку нема доволно време за размислување,секако дека шансата за грешки се зголемува.Покрај проблемот со преголемата квота што ја имаат судовите во текот на еден месец,дополнително претставува проблем и постојаното едуцирање на судовите,со цел да се усогласат со “современото право”и со “современото функционирање”. Според мое лично видување,еден судија би требало да има минимум 5 дена за размислување по предмет,што секако не е случај денес.

Page 145: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Во последните измени,ке увидите колку се всушност размислува сериозно и критикува од страната на правната фела,и колку се размислува за директно подобрување на состојбата и односите на граѓаните,а тоа е она што претставува општо добро.Можеби од страна на граѓаните ваквите мерки,на прв поглед им се привидуваат како добри и сторени за нивна корист,но на долгорочен план допрва ке ги видиме последиците кои ке настанат.Од таквото кратење на рокови,всушност индиректна корист ке имаат адвокатите,невладините и извршителите. Затоа би рекол дека денешните судови,се третираат како фабрика составена од механички машини(читај судиите,обвинителите),кои составуват веќе припремени делови во готов производ(читај пресуда). Секако дека квалитетните пресудите,не треба да бидат производ кој директно се составува од готови делови,и да се пуштаат во промет. Можеби според логиката на капитализмот,ваквото функционирање претставува добро,но никако не претставува тоа квалитетно делење на правдата. Квалитетните пресуди би требало,да бидат процес од сложен мисловен карактер а не од избрзани пресуди,само заради непропуштање на роковите а со тоа и спас на судиите од казнување. Доколку се продолжи вака,би рекол дека и дактилографите односно записничарите,би можеле да ја вршат во иднина улогата на судиите,затоа што работата се сведува се повеќе на штампарија(печатење). Ако денешниот систем навистина го разбере проблемот и сериозно навлезе во нејзиното решавање,во иднина доколку сака да произведе квалитетно делење на правдата,ке мора или бројот на судиите во судовите драстично да се зголеми,па така да се намали месечната квота на еден просечен судија или ке ја зголеми ограниченоста,односно пристапот на граѓаните во поведувањето на постапките пред судовите. Вака избрзаната и неквалитетната пресуда,создава работа и за другите судови кои голем дел од случаите во првостепената постапка,подлежат на надлежност на сите три инстанци,што значи потенцијана работа и за повисоките судови. Дека проблемот со пренатупаноста со предметите кај нас е главен проблем во правниот систем,говорат и податоците. Според статистиката направена во 2013та година,од страна на Судскиот совет за оценување на работата на судовите во Република Македонија, ја имаме состојбата на ниво на целата територија на државата,да имаме активни предмети од бројка вкупно 681 238.Тоа би значело дека за само една година,повеќе од една четвртина од вкупното население на Р.Македонија,имала работа со судовите,адвокатите,обвинителите итн. Според една анкета правена од магазинот Форбс,под наслов Топ 10 земји каде што преовладува правдата,на прво место ја зазема Кралството Данска.Доколку ги погледнеме нивните годишни извештаи за судот,во нивниот главен град Копенхаген кој е со 2 милиони житела,имаме просек на примени предмети од само 10 000 годишно.

Page 146: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

145

14

5

Page 147: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Но освен овие квантитативни проблеми,кои го гушат квалитетот на севкупната правда,воопшто и кочејќи го процесот истите судии тоа да го спроведат на дело,претставниците на судската власт во Македонија,се соочени со уште еден би рекол поголем проблем. Тој проблем претставува политичкиот притисок. Политичкиот притисок е главниот виновник,кој доведе до полесно проодрување на законите кои се креираат од глобалното законодавство(туѓи закони).Сето тоа беше сторено со цел да се остварат одредени политички цели,кои немаат никаква врска со правдата. Освен за оваа политичкиот притисок доведе до тоа,да се создаде испартизино судство,лесно за манипулација во иднина. Проблемот кој уште од осамостојувањето постојано се зголемува во македонското судство,е директно потикнато од речиси сите политички партии,кои имаа некакво учество во извршната и законодавната власт. Ова најверојано се моменти наивно сторени од челните луѓе на поголемите партии,со цел доколку евентуално утре не бидат дел од власта,односно ги загубат изборите,тие да имаат влијание и кога се надвор од власта или кога би се откажале од политичката професија,да можат да ги остварат своите лични интереси. Независно кој од овие изматеријализирани мотиви доведоа до вакви погрешни постапки,судството денес во многу мал процент претставува професионално судство.Тоа не е така затоа што поголем број од судиите не претставуваат професионалци,туку напротив,клучните позииции во хиерархијата на судската власт,се оние кој претставуваат непрофесионалниот дел или главата во судството. Заради тој дел од судството,и другите делови се ставаат во истиот кош.Секако за граѓаните кои имаат малку познавање од правната материја,највиновни им се оние кои ги гледаат,односно судиите од првата инстанца,додека оние од втората и третата им се помалку виновни,затоа што ретко се присутни во нивните простории. Средниот сталеж од судската хиерархија,најмногу е извалкан од игрите на лукавите бранители,односно адвокатите.Затоа не случајно важи онаа изрека дека добар адвокат е оној што ги знае законите,додека одличен е оној што ги знае судиите.Најнискиот сталеж,секако дека не е изоставен од притисоци,но заради помалата тежина на одлучувачкиот збор,како и првиот контакт на граѓанинот со судот,прави да е најмалку е подложно од гореспоменатите притисоци. Со ваквата поставеност на работите слободно можеме да кажеме,дека најмалку одлучуваат законите во одлуките на судиите,односно истите можат да одлучат,само доколку нема интерес во одреден предмет од моќните политичари и адвокати. Основен проблем претставува,влијанието врз судската хиерархија. Наместо правичното толкување на законите,да имаат клучно влијание во одлуките на повисоките судски сталежи,таму најголемо влијание има интересот,додека правичното толкување најчесто го среќаваме во најдолниот сталеж од хиерархијата,кој подоцна со жалбите станува предмет на личен интерес,зависно од материјалната база на вмешаната страна,како и зависно од судијата и адвокатот. Затоа со право граѓаните немаат доверба во судството,иаку поголем дел од нив не сосем го разбираат проблемот,ниту како тој настанува.

Page 148: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

147

14

7

Овој проблем не верувам дека ке може да се реши со разрешување на денешните судии,дури ни со смена и на оние кои се припадници на највисокиот сталеж.Ова го истакнувам,затоа што ако одиме според теоријата на играта,ке разбереме дека процентот и за новопоставените судии ке е голем за подложност кон истите работи,од моменталниот државен систем и начинот на кој тој функционира. Најдобар начин за исправување на работите,би преставувало стабилна власт која има намера да воспостави одржлив систем. Битен дел кој ја гради одржливоста на системот,е квалитетната правда. Тоа би значело на истите носители на судската власт да им се даде втора шанса,простор за исправување но и многу строг пример за оние кои ке ја злоупотребат втората шанса.Можна е и потребата од нова установа,изоставена од политичко влијание,која ке наликува на Републичкиот судски совет,специјализирана да ја прати теоријата на игра во судовите и со тоа шансите за нова злоупотреба,да ги стави на минимум. Шема на влијанието врз судската хиерархија

Page 149: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Устав или уставни конвенции? Во современиот свет сме запознаени,дека сега постојат два типа на устави. Едниот претставува устав кој на еден свечен настан официјално е прогласен,и со тоа го нарекуваат формален устав и устав кој нема свечено прогласување,туку е граден со конвенции низ текот на времето,и го нарекуваат неформален устав. Во современиот свет,најчесто преовладуваат формалните устави. Но формалните устави се релативно нова појава,во уредувањето на односите помеѓу властите во едно општество.Главни покренувачи на оваа појава се Француската револуција,со кој денес речиси сите држави се идентификуваат,губејќи ја својата автентитчност во уредувањето на односите,и Американската револуција која во тој период во голем дел ги прати идеите на Сен-Симон и Џон Лок.Со тоа разбираме дека овој тип на свечено прогласен устав,е западен модел за уредување на односите во државата. Пред да се случат овие настани од светската историја,низ светот претходно,речиси неколку милениуми од материјалната историја,бележиме доминација на уредување на односи во општествата со конвенции. Конвенцијата доколку се употреби во уредувањето на односите во државата,означува договор со неформални правила во кој страните на кој се повикува мора да ги следат и почитуваат. За задржување на својата автентичност,Англија е добар пример,каде што имаме серија на правила кои се неформални.Тука е Magna Carta Libertatum и Habeas Corpus Act,договорите со кој се уредуваат односите меѓу тогашните лордови и носителот на извршната власт. Во дамнината во Македонија,тогашниот државен апарат односите ги уредувал со неформален устав,односно со уставни конвенции кои биле издавани зависно од состојбата на терен. Ова го сознаваме од еден проект на Јужноафриканскиот универзитет. Поточно станува збор за обид да се состави изгубеното дело на Хиероним од Кардија,историчарот кој ги напишал настаните од смртта на Александар па до смртта на Пир(периодот на Дијадосите). Во ова дело ги наоѓаме диаграмите како македонски тип на уставни конвенции,кои ги уредувале односите во државата. Па така ја имаме диаграмата за реорганизација на империјата по Александар,диаграмата на Филип Аридеј за уредување на односите со Хелените,итн. Ако навлеземе во значењето на терминот диаграм,ке видиме дека има повеќецелно значење,но најчесто означува шема или план,и се употребува и денес во математиката. Но и без да ја браниме автентиката,мора да размислиме за практичноста на обемните формални устави,и колку вистински се корисни за нашите бурни услови.Во неколку децениско искуство со современиот македонски свечено прогласен устав,увидуваме промени на речиси секоја половина декада.Тоа го поставува прашањето,дали е попрактично односите во нашето општество,да се уредуваат со еден устав или со повеќе уставни конвенции(диаграми),кои стабилно би формирале неформален устав.?

Page 150: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

149

14

9

Page 151: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

АГЕМА-ОПШТЕСТВО ВО ОПШТЕСТВОТО Историска позадина Тежината на овој термин кога функционирал,бил секогаш голем и важен во јавните работи,истовремено секогаш кога се употребувал се употребувал во македонски системи. Точното значење на зборот Агема не е познат,иаку има обид за негово преведување како збор кој означува движење,односно единица која има еден претпоставен(командант). Бидејќи во дамнешните државни системи,сенсимонистичкиот пристап кон смисолот за постоење на државата кој претежно се состоел од остварување економски интереси,не бил во употреба,овој термин тогаш се употребувал секогаш поврзано со специјални задачи,поврзани со работи кои се претежно од воен односно заштитнички карактер. Агема претставувал одред составен од мала група на луѓе,најдобрите од елитните единици на хетајрите(братска коњаница),аргироспистите (фаланга со сребрени штитови) и хипаспистите(штитоносци),кој во старата македонска ера во мирнодопски услови,најчесто имале за улога заштита на најбитните луѓе во државата. Во воени услови,на овие луѓе им се давале најсложени задачи. Периодите на владение на Агреадите не изболиуваат толку многу со информации за овој одред,но затоа периодите за време на Антигонидите се со поголема содржина. Така имаме запис со кој најверојатно попрецизно се опишува карактерот на работата на припадниците на Агема ,од Полибиј,кој говори за настан откако Филип Петти ја изгубил битката со Римјаните кај Киноскефале,тој испраќа човек од елитната единица за да ги уништи државните документи кои се наоѓале во градот Лариса,Тесалија. Најмногу пишани историски информации имаме од времето на Персеј,кој воедно претставува и последниот владетел од старата македонска ера. Дали станува збор за се почестата активна улога на овој одред во тој период,заради кризата и сложеноста во која западнала старата македонска држава,или пак овој период за Агема е најизворен заради нешто друго,неможеме со сигурност да знаеме. Записот од Ливиј пак ,појаснува како Агема одредот во формациската поставеност кај Битката кај Калиник,дејствувала во центарот со Персеј заедно со други свети единици.Во ова битка Македонците оствариле победа,и ја одложиле римската кампањата за многу подолг период одошто очекувале Римјаните таа да трае. По Александар,освен за династиите кои владееле на територијата на Македонија,има записи за употреба на овој термин речиси кај сите династии-наследнички.Во Селевкидската,во Птолемејската,во Бактријанската држава,во сите овој термин се употребувал за одред со слични карактеристики со оние на Аргеадите и Антигонидите.

Page 152: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

151

15

1

Што ке претставува заштитната власт? Заштитната власт ке претставува посебно општество во државата,каде нема да важат општите законски правила,кои ке важат за сите граѓани во општеството. Како посебно општество,ке има свои правила,начела и принципи. Заштитната власт ке претставува власт која ке постои само декларативно,односно нема да постои,но ке му биде дозволено со системското уредување,шанса за вмешување кога ке има потреба. Затоа што заштитната власт нема да претставува секојдневна власт,односно ке е декларативна и потенцијална,таа нема да претставува активен чинител кон секојдневната политика,која ке биде водена во државата. Заштитната власт ке претставува власт која ги набљудува правилата,принципите и начинот на работа во другите власти. Оваа власт се додека јавно не објави преминување,односно активирање од посебно општество во заштитна власт,ке нема можност за директно вмешување во работата на другите власти. Заштитната власт нема да претставува власт,која би опстанала засекогаш активен чинител во политиката на едно општество. Оваа власт не е создадена со цел таа да ги води јавните работи во државата,туку таа има заштитнички карактер кон народот од страна на политичарите,односно од законодавната,но првенствено од извршната власт која ке го има поголемиот дел од монополот и влијанието на општествената моќ во државата.Тој монопол секако дека создава услови за премин од остварување на општите интереси,кон искористување на моќта во интересите на дел од народот. Нејзината задача како активен чинител,ке се состои од тоа да ги поправи работите кои ги изгубиле правите принципи и правиот пат,и има за цел да остави терен за идно демократско делување на општествените власти во услови на политичка слобода. Заштитната власт ке претставува во одредени услови,орган со советодавна улога. Од советодавната улога,тоа може да премине во совет односно мислење кое ке го има одлучувачкиот збор по одредени прашања,кои ке бидат од клучно значење кон идното дејствување во општеството. Секако,овие мислења доколку се покажат за погрешни,ке паѓаат на одговорност врз претставниците на оваа власт. Претставниците на заштитничката власт,нема да претставуваат политичари избрани од страна на народот или од некоја државна установа,туку ке претставуваат посебна група на луѓе-заштитници,со посебни учења и вештини.

Page 153: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Потребата од свесноста и совеста Потик и идеја за вметнување на вакво засебно општество во системското уредување,влече корени од учењата на Платон и Аристотел. Платон,иаку има делови од неговата филозофија со кој јас не се сложувам,сепак тој во својето дело опишува дека главниот збор во одлучувањето за јавните работи,треба да го имаат луѓе од посебен слој,кој би претставувале еден вид високоумни “пролетарски филозофи”. Аристотел пак,повикува на тоа дека водачите на општествата,би требале да имаат склоност кон филозофијата,односно идните водачи да имаат претходно филозофско образование,и истите да се поучувани од филозофите.И со филозофијата на Аристотел,како и со онаа на Платон,не се сложувам докрај,особено со неговото прекумерно позитивистичко гледање на работите. Сепак и двајцата,многу реално ја увидиле потребата од вмешување во приликите на општеството,од страна на луѓе кои би имале поинакви и посвесни гледишта од оние кои вообичаено ја водат политиката. Проблемот со платоновиот предлог,претставува што тие филозофи,доколку би станале секојдневни раководители на државата,тогаш тие сигурно со текот на времето ке бидат потиснати од притисокот на секојдневната политика,и со сигурност ке сторат нешто што би било спротивно од онаа на кое повикуваат повеќето од филозофските учења. Откако ке сторат такво нешто,се поставува прашањето дали тие остануваат легитимни,односно дали се тоа истите луѓе кои ги имаат истите карактерни квалитети,за кои зборуваме дека треба да ги имаат за да би го исполнувале критериумот за тоа посебно место во општеството. Успешно водење на секојдневна политика претставува многу валкање на човековиот карактер,додека вистинска уметност претставува успешен водач,а со многу малку извалканост. Доколку претпоставените филозофи би се извалкале,тогаш тие не би претпоставувале ништо различно од денешниве политичари,туку само можеби на почетокот би дале малку надеж за промени,додека подоцна истата реторика ке се спроведува на дело. Тоа е всушност и главен проблем во севкупната Платонова филозофија,односно тој отфрла се што е “грдо”,додека апсолутно се прифаќа се што е “убаво”.Но доколку кај луѓето не би постоело она грдо,тогаш не би имале чувство за убавото. Оваа грешка ја увидел Аристотел,разбрал дека поставување на посебен род на филозофи за управители е неостварлив,дури и да би се остварил,под знак прашање е колку тие навистина би биле практични и имуни во поглед на политиката и моќта која ја нуди.Со тоа Аристотел ,попрактично решение гледал во претходно образование на идните раководители во општеството,па со тоа да се создадат шанси,добрата филозофија да врши влијание во донесувањето на клучните одлуки. Сепак овој предлог има и свои слабости. Критериумот за одредување на тоа кој треба да биде означен како иден раководител,Аристотел се водел според моменталната материјална и

Page 154: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

153

15

3

општествена моќ на семејството,од кое потекнува потенцијалниот ученик. Не секогаш,тие што се означени од како лица-идни раководители на општеството,се вистински родени за таа работа. И не секогаш тие ги даваат надобрите и најпрактичните резултати,во успешно и разумно водење политика за општ интерес на долг план. Некогаш и од најневлијателни семејства,излегуваат луѓе кои имаат извонредна дарба и разбирање за општествените работи. Впрочем нивното секојдневно чувствување на проблемите на животот,им го изострува сетилото за доброто и лошото,и би биле многу подобри раководители доколку истите би ги скротиле нивните животни фрустрации,кои ги стекнале од реалните проблеми на секојдневниот живот. Тука во овој дел несомнено победува филозофија на Платон. И двата предлога,и двата концепти подоцна,ке има обид тие да се спроведат на дело,но никогаш успешно. Има и разни средновековни теории,модификации на Платоновиот систем со средновековни гледишта,за воспоставување диктатура од страна на религиозни пролетари,кои би ја воделе државата.Но истиот проблем настанува како и кај првичната теорија,односно дали тие длабоко религиозни лица би останале тоа што се,доколку ги извалкаат рацете во политиката.? Сиве овие размислувања,можеби ке ве доведат до тоа да гледате на државата,како на нешто што претставува зло. Во комунистичката теорија,многу теоретичари заради тоа што таа претставува еден вид ограничување на човечката слобода,предлагаат “изумирање” на државата.Други понови теоретичари на државата и националноста,гледаат како на внатрешна човекова состојба односно како на продолжено его. Би рекол човекот да знаеше како да се ослободи од страстите и да останеше разумот непоматен,можеби не ке имавме потреба од установи и држава…но денес кога разумноста е исмевана,и многу поматена благодарение на приоритетноста на современиот човеков ум,за постоењето на државата со добри насоки и за доброто на народот,не треба ниту да се наметнува како прашање. Државата откако имаме пишани и материјални докази за односите на луѓето,од тогаш па до денес државата претставува нужно зло. Дури и да ја сфатиме државата и народот,како продолжено човеково его,се прашувам доколку би изумреле истите,не ли би тоа его преминало од национално,во регионално и културолошко его.?Доколку утре не би постоеле државите и народите,не ли би се луѓето групирале како Западњаци,Источњаци,Африканци и сл.И не ли би истите имале слично его како претходно,односно Западњаците заради својата подобра материјална благосостојба,да создадат чувство на супериорност врз другите?И дали таквото регионално его,не би создало тло за повторно формирање на нација,која би била многу слична со претходната?.

Page 155: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Сите горенаведени прашања,само укажуваат на тоа дека на човекот државата и народот како колективна организираност му претставува нужност,односно дека тој доброволно дава дел од своите права а за возврат од неа,би требало да добие други поприоритетни права. Би можеле да заклучиме дека државата и државните установи се создадени од човекот,затоа тие можат да решаваат за работи кои се создадени од човекот.Впрочем тоа е и суштината на една држава,да решава како општ посредник за работи создадени од човекот,кој се претежно од материјална природа. Бидејќи државата е човекова творевина и замисла,таа како таква неможе да стане идеална на долг период,затоа што кога е момент на криза или е во прашање опстанокот,таа е принудена да “жртвува”,кои неретко во таа “жртва” спаѓаат и невините.Така државата ја губи својата невиност. Затоа државата не треба заедно со нејзините установи да се поистоветуваат со Творецот,односно да не се прикриваат човековите карактеристики на државата. Но владетелите за да успешно ги решаваат овие проблеми,но и за да истите бидат позитивно решени за идните генерации,мора да имаат познавања од законите кои настанале пред да настане човекот и државата. Тие закони се исти,перманентни и не зависат од волјата на човекот. Доколку владетелот не се држи до тие закони,лесно може општиот интерес,државата и народот да западнат во тешкотија,во најлош пример дури и во пропаст. Но дури и онаа лице кое ке ја носи титулата која ке ја пружа најголемата општествено-политичка моќ,претставува личност со висока осознаеност на многу работи(освен за Онаа една која е непоимлива),сепак за да успешно одговори на зададените предизвици,ке дојде момент кога ке мора истиот да стори нешто “лукаво” и спротивно од вистинските правила,а со тоа “валкање” на своите раце,со сигурност ке се одалечи од осознаеното,и ке му се “замагли” видот и гледиштата кон работите,ако не до крајот на неговиот живот(во најлош пример),барем на одреден период,период кој би можел да претставува клучен за иднината на општиот интерес. Така носителот на оваа функција ке биде подложен на притисок од вакви работи,додека членовите на Агема,немајќи ја секојдневната општествена одговорност,ке имаат поголем простор без таков притисок,а со тоа и потешко одвојување од онаа вистинското и од онаа што е осознаено. Со тоа членовите на Агема ке бидат многу корисни за советодавна улога,но во краен случај и како во улога на заштитник. Но заради ограничената човекова логика,како и наивноста,вистинските ефекти од погрешните потези не се чувствуваат веднаш,дури и на краток период тие можат да претставуваат благопријатни за општиот интерес,и затоа за таквите потези,секогаш е добредојдено таквите работи на почетокот да се спречуваат од луѓето кои го осознале ризикот.

Page 156: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

155

15

5

Затоа што државата произлегува од еден народ,кој има едни сфаќања и односи,култура и обичаи,а со тоа и сопствени материјални интереси,на државата фокусот неможе да и биде кон она што е суштината на сите работи. Спојот на државните установи со општоморална свесна и совесна контрола,е немозможен и непрактичен. На државата фокусот треба да и биде кон остварување на разумно структуирање на ресурсите со што би се осигурал социјалниот мир,и обезбедување на политичката слобода на народот од кој произлегува таа држава. За да се минимизираат сите воочени слабости,и за да се максимизира практичното вметнување на сите предности,Агема ке претставува општество на мал број на луѓе во општеството. Агема нема да претставува орган,кој ке ги донесува одлуките за секојдневните проблеми во државата. Во Агема самите ке ги донесуваат одлуки,како и самите членови ке ги проценуваат и избираат идните членови во ова засебно општество,не бирајќи ги под разни материјални стеги и стереотипи од претходна припадност. Агема нема да биде активен чинител на државната политика,освен во моменти кога ке се создадат услови за вмешување,со тоа системот или поточно василеизмот нема да претставува Теократија. Современи сличности Од сите општествени уредувања кои јас успеав да ги проучам,единствена сличност со заштитната власт најдов во Исламската Република Иран,бивша Персија. Персија претставува народ и држава со огромно историско искуство,исто како и Македонскиот народ. Уредувањето на иранскиот систем е означен како синкретички систем,односно систем во кој е направено спој на републиканскиот систем со теократското уредување. Законодавната власт претставува Меџлисот(собранието),додека извршната власт претставува претседателот на републиката. Но освен овие две,додадена е и трета која има поголемо влијание од горенаведените две. Таа власт претставува таканаречениот совет составен од експерти(Муџтахиди). Овој дел од уредувањето на Иран,има сличен карактер со заштитната власт,односно одигрува советодавна и заштитничка улога. Во Советот на експерти,право на кандидатура би имале оние личности кои имаат познавање од исламското учење,со што правилно би го толкувале шеријатското право,и согласно исламските вредности правилно би ги донесувале одлуките за побитни прашања.

Page 157: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Овој совет составен од 86 членови,се состанува два пати годишно,и овој совет го избира и Врховниот водач на државата. Врховниот водач,кој како бивш носител на оваа титула бил Ајатолахот Хомеини,денес е Али Хамнеи,е задолжен за грижа и контрола,дали согласно утврдените насоки на државата се водат јавните работи. Врховниот водач на Иран претставува татко на нацијата,воедно и врховен командант на вооружените сили. Во овој дел Врховниот водач,голема сличност има со Василевсот,како надпартиска личност,татко на нацијата,одговорен за вооружените сили и за одржување на правилните насоки на државната политика. Разликата ке претставува во тоа што Василевсот ке е претставник од извршната власт,и нема да има вмешување на религијата и теократските елементи при изборот,односно изборот директно ке е во рацете на народот,во ретки исклучоци доколку се создаде судир помеѓу изборот на народот и политичарите,тогаш ке има вмешување при изборот од страна на советот на Пријателите и од советот на Агема. Советот на експертите,со тоа што се бираат членовите од популарни избори,несомнено е дека при нивниот избор постои одреден тип на валкање на кандидатите. Искрено немам некое лично искуство од уредувањето на системот од таа земја,но теоријата на игра вели дека постои можност добар дел од нив,да стапиле во вид на “политички пазар” и со тоа нивното учење како и практично делување да е ограничено зависно од изпазареното. И да не стапиле,односно да не се случуваат ваквите работи кај иранската политичка сцена,сигурно еден ден,тие ке бидат подложни на вакво валкање при изборот од страна на моќни харизматични политичари. Овој дел со избирање е најверојатно таков,за да советот добие легитимитет од народот,и за да истиот е активен чинител на секојдневната политика(избирање Врховен водач). Но овој дел несомнено им претставува најголема системска слабост,и истиот совет е многу подложен на корупција спротивно од нивните претходни учења.

Page 158: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

157

15

7

Организација на Агема Зошто Агема-членовите нема да бидат избирани од страна на граѓаните? Денес во земјите каде што клучните политички места во државата се избираат преку избори,особено во земјите од Западот,овие изборни кампањи благодарејќи на помош на денешната технологија,истите се претворени во еден вид тв-шоу за избирачите. Толку многу пари се трошат на овие изборни кампањи,просто е запрепастувачки,додека граѓаните би требало да се запрашаат за што всушност гласаат?За личност која ке создаде реални општествени промени,или за подобра понудената политичка пропагандна порака?. Јасно е дека денешниот ткн продемократски систем на функционирање во изборните кампањи,се еден тип на затворен круг на луѓе кои би можеле да се натпреваруваат.Тој круг на луѓе претставуваат оние,кои можат да си приуштат финансиски да креираат пропагандна политичка порака,додека оние кои неможат и колку добри идеи да застапуваат но и колку вистински сакаат да ги остварат,со чесни намери,доколку го немаат претставено во пропагандната порака на тв,исто како да не ги поседувааат истите работи. Денес термините “демократија” и “избор на народот”,е празна фраза.Живееме во време кога техниката за масовна манипулација е усовршена до тој степен,да личниот и колективниот избор тотално е изгубен и без суштина. Првин,за да некој оствари сериозна политичка кампања,тој ке мора да е “изматеријализиран” за да ја финансира истата. Второ,за тоа ке мора да се бараат “спонзори” или финансиери,кои истите имаат свои интереси,претежно од материјална природа,со што моментот на “пазарање” тешко би можел да се избегне. Трето,кое воедно претставува најлошото,е што кандидатите ке мора да манипулираат со народот,употребувајќи ја дијалектиката и семантиката, преку политичките дебати и говори,во текот на својата кампања. Сиве три ке претставуваат спротивно од учењето и кодексот на Агема. Но најмногу зошто изборот нема да го прави народот,ке биде затоа што идните членови од млада возраст ке бидат под посебен психо-физички образовен третман.Предностите кој ги нуди автокефалниот избор на советот на Агема,се состои во тоа што земајќи ги идните членови под свој процес,нема да дозволи “валкање” на истите,и во иднина ке ги учи самите да го избегнуваат. Маните кој ке ги има овој автокефален избор,се состои во можноста да главните членови ги злоупотребат своите позиции,и да создадат слепи послушници од идните членови.Но доколку се создаде таква состојба,тогаш Агема во својата суштина нема да претставува Агема,додека системот нема да претставува василеизам. Согледувајќи ја оваа мана,најтежок,но воедно и најбитен процес ке биде избирањето на првата генерација на членовите во Агема-советот.

Page 159: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Избор на членовите Изборот на идните членови кои ке бидат во Агема-советот,ке се одвиваат според два начина. Едниот начин ке претставува основен и вообичаен начин,според кој ке се избираат луѓето од рана возраст,одлучено од страна на оние кои се веќе дел од советот. Личностите кои ке се избираат,ке бидат избирани од домовите за сираци,односно оние деца кои се оставени од животот самите на себе,и на милоста и немилоста од системот. Главна причина поради кој ке се избираат личностите од домовите,ке биде затоа што на нив мајка и татко ке им претставува системот,односно државата.Па според тоа најдобар начин истите да им се одолжат на системот,ке биде тие да претставуваат главен дел од заштитната власт. На овој начин,тие личности ке имаат најдобар можен начин да претставуваат корисни за општото добро,односно бидејќи првин се на товар од системот создаден кој е за општо добро,а подоцна дел од нив несомнено ке претставуваат голема придобивка за истиот. Но сите деца без родители,нема да бидат избрани за членови во почетната фаза од Агема-општеството. Оние кои ке се избрани,ке се избираат на многу рана возраст,односно од нивна 5-7 година од нивниот живот.Притоа при изборот ке се согледува и проценува буквало се што поседува тоа дете,кое ке биде анализирано од страна на веќе членови на советот. Од неговото емоционално-интелектуално разбирање,астролошките ознаки,генетските предиспозиции и мани,па се до физичката сила. Изборот ке го вршат оние кои се веќе дел,од страна на Агема-општеството. Вториот начин ке биде претставува случаен начин,односно од страната на членовите на советот,да биде забележано некое лице кое не е припадник од домот за сираци,или пак истиот да е во поодмината возраст.Забележаното лице да претставува вообичаен граѓанин на државата,но притоа да го има осознаеното и да ги разбира работите,кои во Агема ке бидат од исклучителен интерес и улога. Овој втор начин ке остава простор и за оние членови кои самите со свој труд,или пак како посебна природна надареност,имаат способности кои би можеле да и бидат од корист на заштитната власт. Овој начин на избор ке биде поредок и помалку застапен,затоа што навистина многу ке мора да поседува забележаната личност,а тоа особено е тешко да се оствари и одржи во секојдневниот живот на вообичаените граѓани.Влезот на овие забележани личности,ке се одвива на едноставен начин,односно оној член на советот на Агема кој го забележал,ке оствари комуникација со потенцијалниот иден член,за да се дозапознае со квалитетите на таа личност.Откако ке стане сигурен дека истиот заслужува да стане дел од членството,предлогот ке биде поднесен во советот на Агема,каде што рамноправно ке се гласа за тоа дали забележаната личност треба да биде примена,како и тоа откако ке биде примен,дали ке биде во почетна фаза(под туторство),или пак веднаш да му биде дадено членство во советот.

Page 160: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

159

15

9

Членови и хиерархија Подмладокот на Агема ке претставуваат оние личности,кои од најрана возраст се собрани од домовите за сираци. Откако ке бидат ке се создаде групата на подмладокот,истите веднаш ке бидат подложни на посебен третман за психо-физички развој. На овие личности кои ке преставуваат всушност деца,родителите од моментот кога ке бидат собрани од Домот за сираци,ке им претставуваат оние членови кои се веќе во Агема-општеството. Овие личности кои се одберени од страна на членови,заради високи способности и разбирање кои ке го поседуваат,ке бидат ставени по специјална заштита и третман од неколку причини. Првата причина ке биде,заради што пораното припремање за влез во советот. Втората причина е многу повредна,затоа што нивното учество во Агема-општество,всушност ке им одземе шансите,надарените деца или нивната личност да остане неискомплесирана од страна на животот,кој и онака ги оставил на милост и немилост. Не постои обид од текстот,луѓето кои се задолжени денес за овие деца во домот за сираци,да се претстават како несоодветни и дека не си ја вршат својата работа,но самиот момент кога ке дознаат дека тие всушност тука се само за да преживеат,и истите кога ке станат возрасни ке бидат препуштени самите на себе,кај нив со сигурност создава момент на разочараност. Додека оние личности кои ке бидат под третманот на Агема-општеството,нивното сознание дека тие можат да бидат од исклучително добро за државата,но и дека им се создава шансата да дадат удел во општеството,секако дека ке им даде дополнителен мотив и смисол во нивниот живот. Подмладокот на Агема,нема да преставува почетна фаза,туку ке преставува заштита од секојдневието на животот и постепено припремање,на оние личности кои подоцна ке влезат во првата фаза. Подмладокот ке преставуваат личности од раната возраст,па се до стасувањето на периодот на пубертетот. Ефеб ке претставува личност во Агема-општеството,од моментот на почетокот на неговиот пубертетски период. Ефеб ке биде личност кој влегол во првата фаза,од обучувањето за членство во советот.Ефеблиите ке бидат под надзор,на оние кои се во советот.Секој Ефеблија ке биде под надзор од страна на оние кои се во советот,односно еден надзорник на секој еден кој е под надзор. Тие ке им преставуваат директни учители и упатувачи на ефеблиите,и дополнително со тоа ке се усовршуваат во осознавањето. Онаа личност која ке преставува Ефеблија,односно во првата фаза,нема да биде во советот на Агема,и нема да има право да гласа за работите кои ке бидат на дискусија.

Page 161: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

За одлучувањето на премин од прва фаза во членство во советот а со тоа и со сите права внатре во Агема-општеството,ке одлучува самиот совет на предлог на претпоставениот врз ефебот,или по предлог на останатите од членството во советот. Кога ке му заврши првата фаза или онаа фаза за обука на личноста, тогаш истата преминува личноста со право на членство и право на гласање во советот на Агема. Отогаш личноста кога ке се усоврши,станува од Ефеб во Даскал. Даскалот станува личност со сите права во посебното општество. Тој од моментот кога ке ги добие сите права,туторството од неговиот Даскал(претпоставен) му истекува,и има шанси и можност истите да добијат личности под свој надзор,односно тие да станат учители на новата генерација на Ефеблии,кои ке бидат обучувани и насочувани. Даскалиите ке бидат оние личности,кои најчесто ке се вклучени директно во работата на Агема.Па зависно според делот во кој најмногу се усовршил,Даскалите можат поголемиот дел од својата работа да ја поминуваат во својство на физички план,односно да се посоодветни за извршување и обучување на физичките работи,или пак на психолошки план,како и на обучување на менталните способности. Согласно со тоа,Даскалиите можат да се јават во две категории или два типа,и тоа Даскал-чувар и Даскал-филозоф. Даскалиите-чувари,повеќето од своето време ке го поминуваат надвор од објектите на Агема,додека Даскалиите-филозофи,повеќе време ке го посветуваат внатре во објектите,поточно во библиотеката на Агема. Согласно своите мисии кои ке им се одредува од страна на Агема,тие зависно од суштината и ризикот на истата,со себе ке ги носат оние на кои им се претпоставени,односно ефеблиите,за да учените стекнуваат искуство. Советот на Агема ке претставува место,каде што ке се расправа за работите од страна на оние кои им се нивни членови,Даскалиите. Тука зависно од потребата,со рамноправно гласање тие ке предлагаат и одлучуваат за одобрување на некоја од мисиите,кои ке бидат извршувани надвор од објектите на Агема. Советот исто ке претставува контолор,на однесувањето на нивните членови.Доколку некој од членовите,ги напушти принципите и ги прекрши правилата кои ке ги имаат во својот вредносен систем,во Агема-советот ке се одлучува како со нив ке се постапи,и дали е потребно да му се одземе членството. Од советот ке биде избран еден од членовите,кој во суштина ке претставува еден од постарите членови,и тој ке биде задолжен за секојдневното водење на Агема општеството. Овој човек ке биде Челник на советот,и тој ке е администратор,задолжен за финансиско-организационо водење на работите. Тој ке одлучува каде и како ке се одржува советот на Агема,кој покрај тоа што ке има посебно место во централниот објект за одржување на

Page 162: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

161

16

1

советот,сепак нема да има пречки истиот да се одржува надвор или на друго место од објектите. Челникот на советот,покрај тоа што ке претставува администратор,тој воедно ке преставува и личност која ке комуницира со јавноста. Сите работи кои ги интересира јавноста,доколку има можност истите да се откријат а да не претставуваат подоцна опасност за општество во општеството,тој ке е должен да ги разјасни. Дедодаскал ке претставува членот на советот,кој ке има најмногу влијание и искуство во Агема. Оваа личност ке има најмногу почит од останатите членови на Агема,па според тоа тој ке претставува и природен водач во посебното општество. Тој нема да се избира со посебен начин од страна на членовите на општеството,туку долгогодишното присуство,знаењето и искуството во осознавањето на работите,самите ке му ја обезбедат оваа титула на членот. Дедодаскалот нема да има некои посебни права,туку само неговите мислења најмногу ке се ценат заради неговото искуство и знаење. Па со тоа тој ке преставува членот со најмногу авторитет меѓу другите,но во поглед на правата нема да биде член со primus inter partes статус. Дедодаскалот за непишана обврска и должност,ке има согледување на начинот на работа на сите членови,и советување на истите доколку сторат нешто што би било спротивно од вредносниот систем. Тој исто така ке биде најмногу активен во припремањето на подмладокот на Агема,како и во изборот на идните членови. Личностите кои ке бидат предложени по случаен начин на избор,мора претходно да подлежат на непосредна анализа од страна на дедодаскалот.Тој подоцна пред гласањето за прием,ке го каже своето мислење за потенцијалниот член. Со тоа работата на дедодаскалот ке биде во обезбедувањето на добриот правец на иднината на Агема,како и нејзин неформален контролор на сегашниот правец на Агема. Шема на организација и хиерархија во Агема

Page 163: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Објекти Бидејќи Агема ке претставува општество на мал број луѓе,потребата од материјалните простории нема да претставуваат во голем број. Од она што ке го има за потреба членовите на Агема,ке биде еден официјален централен објект и неколкумина неофицијални објекти. Еден официјален централен објект ке има за корист,затоа што тој ке претставува местото каде што ке се одржува седиште на советот на Агема. Исто така како централен објект ке претставува и место,каде што јавноста ке го остварува својот контакт. Овие две функции кои ке ги врши овој официјален централен објект,ке бидат од споредно значење за членовите на Агема,затоа што вистинската потреба и корист од овој објект,ке биде искористуван како главно место за доусовршување на членовите на Агема,како и собирање на сето знаење и вештини на едно место. Со тоа овој централен објект,освен што ке преставува седиште на советот на Агема,тој ке преставува и нејзина академија и библиотека. Како академско седиште,тука членовите на Агема заради официјалноста на објектот и контактот со јавноста,ке ги усовршуваат повеќе умствените способности и знаења,отколку физичките вештини. Додека активноста во библиотеката на Агема,ке се состои од собирање и преведување,а со тоа и сопствено производство на ретки книги со оригинални текстови. Многуте од вистинските книги,навистина претставуваат изгубени дела.Многуте од тие ретки книги денес се имаат преведено,а со тоа пренесени во јавноста со поматена содржина. Затоа интересот во знаењето од страна на Агема ке биде голем,и големо внимание ке треба да посветува во архивирање на книгите кои под идна претпоставка ке претставуваат најдобри можни копии,во најдобар случај и оригинали од делата од кои ке се пројави интерес. Освен овој централен објект,во кој воглавном ке се одвиваат секојдневните работи на членовите советот на Агема,оние кои ке претставуваат идни членови,односно подмладокот,повеќе своите потенцијали ке ги усовршува во објектите,кои ке бидат од неформален и нејавен карактер. Овие објекти нема да имаат постојана употреба од Агема општеството,и воглавном ке претставуваат објекти кои ке бидат на локација во природата. Тука бидејќи набљудувањето на природата претставува најдобар можен начин за осознавање на законите,идните членови заедно со постарите членови ке ги започнат подготовките за влез во ова општество,кое ке претставува посебно од системското општество.

Page 164: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

163

16

3

Материјално одржување Единствено во изградбата на централниот објект на советот на Агема,ке има потреба од парична помош од државниот буџет. Откако ке се создаде тој објект,тогаш самите членови ке го организираат начинот на финансирање. Одржувањето на објектите,исхраната и други материјални потреби кои ке се јавуваат од ова општество,самите членови ке ги обезбедуваат. Бидејќи оваа општество ке функционира во вид на братство,ке има задолженија врз секој од членовите за одредена работа,за извршување во врска со одржувањето на објектот. Државата нема да има никаква должност,во врска со финансирањето за одредени работи во оваа општество. Како посебно општество внатре во општеството,Агема ке има начело на самоодржување.Од неформалните објекти кои ке бидат сместени во природата,членовите освен што ке се усовршуваат,тие од таму ке создаваат и собираат разни плодови и материјали од природата. За да најдобро се појасни начинот на самоодржувањето и самопридонесот,сето ке се одвива на начин на кој се одржуваат луѓето по манастирите(пример од Света Гора). Донациите ке може да се примаат од страна на Агема,но само доколку содржат работи кои се од исклучителен интерес за проучување од членовите на ова општество.Додека донациите од парични средства,во најголем дел од случајот ке се избегнуваат. Впрочем начинот на живот и учењето во ова општество,нема да создава голема потреба од парични средства. Паричните средства ке се користат за разни операции,кои ке се извршуваат од страна на членовите на Агема. Пример доколку се испрати еден или повеќе од членовите,во друго странско општество кое претставува интересно место за да се проучи климата и расположението,а со тоа и да се процени делувањето во иднината од страна на тоа општество.Секако дека за таквата работа ке биде потребно,обезбедување одредена сума на парични средства. Но овој пример кој го дадовме и наликува на разузнувачка операција,членовите од Агема нема да имаат такви својства односно таков карактер,затоа што повеќе со научни методи ке се испитуваат состојбите и истите резултати кои би се постигнале од тие испитувања ,нема да бидат прикажувани во разузнувачките служби на државата. Службите и агенциите за разузнување кои ке бидат финансирани од државниот буџет,самите ке ја вршат таа работа и исклучително ке му подлегнуваат кон информирање на претпоставените и водечките луѓе на извршната власт. Овие делувања кои ке ги прават членовите во Агема,ке бидат работи кои ке бидат дискутирани исклучително во советот на Агема. Единствено доколку се процени дека има потреба од советување кон претставниците на другите општествени власти,на ним ке им се каже мислењето од советот.

Page 165: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Цели и вредности на Агема ВРЕДНОСЕН СИСТЕМ Оние луѓе кои ке претставуваат членови и претставници на заштитната власт,несомнено е дека ке бидат луѓе кои ке имаат права кои другите граѓани,па ни Василевсот ке ги немаат. Законите кои ке бидат важат за сите во државата,нема да важат за членовите на Агема,затоа и ке бидат посебно општество. Но за да некоја личност стане член на посебното општество,тој ке мора да се откаже од она за што луѓето најчесто живеат,и им дава мотив за делување во општеството. Откажување од материјалниот свет,ке биде карактеристика и вредност во посебното општество.Тоа значи дека се она што причинува задоволство од материјата,членовите на Агема ке го избегнуваат и ке се воздржуваат. Членовите на Агема,ке немаат право на создавање лична материјална база.Односно тие нема да бидат сопственици на имот,и нема да имаат право на приватна сопственост.На материјата ке се гледа како средство, за остварување на целите на општото добро. Не би можеле да ги наречеме овие луѓе пролетари,затоа што тој назив влече корени од proletarii,луѓето кои во Римската Империја претставувале слободна и ниска работничка класа,луѓе кои сепак имале мал имот,односно приватна сопственост,претставници на мало сопствеништво но сепак сопственици. Членовите на Агема ке бидат луѓе без сопственост на имот,и најчесто ке претставуваат од класата на деца без родители и семејство(класа на сираци,класа на напуштените),а тоа не значи задолжително потекло од ниска работничка класа и од луѓето со сиромашна материјална база. За целосно откажување од материјалниот свет да се оствари,членовите ке мора да се откажат и од потребата за независност. Потребата од независност,претставува психолошка потреба на еден човек. Но таа потреба често луѓето од желбата да станат независни,стануваат зависни,и често натрупуваат нови и нови обрвски спрема физичките и приватните лица. Денес парите,кои претставуваат синоним за материјалноста,се најмногу посакувани и луѓето најмногу по нив чезнеат,затоа што помислата за поседот на многу пари е често поврзана со помислата за независност. Откажување од семејниот свет,исто така ке биде карактеристика кај членовите на Агема. Тоа значи дека членовите кои се во посебното општество,ке немаат право на семејство,односно право да основаат семејство. Иаку,членовите во своите меѓусебни односи ке делуваат како едно семејството,сепак меѓу членови нема да имаат право да стапуваат во законски брачни односи,но и со граѓаните надвор од посебното општество.

Page 166: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

165

16

5

Членовите на Агема преку осознавањето,ке бидат луѓе кои ке се откажуваат од психолошката потреба од љубов. Љубовта е навистина голема и силна работа,како и силно чувство,но баш затоа што претставува сето тоа,таа може човека да го натера да стори големи неправедни грешки. Единствена работа према која членовите ке гајат љубов,ке биде кон единствената вистина. Но членовите иаку нема да имаат право да основаат свое семејство,тие сепак ке имаат право на потомство. Ускратување и на ова право кај членовите,би можело да доведе до низок морал,односно на моменти да ја губат енергијата. Во Агема,самите за ова право ке одлучуваат дали и зошто себеси да го ускратат,односно изборот ке биде личен и нема да претставува правило на Агема.Доколку некое дете на кој родител му е член на Агема,би можел да се вклучи во процесот за осознавање,но само доколку ги наследил и ги поседува оние особини кои во Агема ке се ценат. Генетиката и генетските предиспозиции,некогаш знаат да се пренесуваат низ генерации. За да се избегне евентуалниот непотизам во ова посебно општество,ке се бараат повисоки критериуми и поголема анализа за вклучувањето на тие деца во процесот. Една од функциите на Дедодаскалот ке биде и заштита на Агема,од појавата на непотизмот. Доколку некој член на Агема,пристрасно постапи за своето дете,тогаш тој член всушност не би требало да биде член на Агема. Откажување од потребата за моќ,или од уште една силна психолошка потреба на човекот. Оваа потреба можеби претставува најсилна,воедно и потреба која дава најголем мотив во делувањето на човекот. Оваа психолошка потреба посебно ке ги демнее членовите на Агема,затоа што посебното општество ке им дава услови во кој тие лесно ке можат да ја злоупотребат моќта во државниот систем. Токму затоа членовите ке бидат обучувани уште од раната возраст,за да знаат како и зошто е потребно да се воздржуваат од ваквата потреба. Доколку некој од членовите не успее да се воздржи,односно не разбрал зошто е потребно од откажување од оваа потреба и како таа е штетна,тогаш тоа може да биде многу погубна за посебното општество. Затоа е потребно најискусниот и највлијателниот член во Агема,воедно да претставува и најмудриот. Дедодаскалот,за да спречи евентуална злоупотреба на моќ,првин тој ке мора да е највоздржаниот од неа. Сите овие вредности кои ке бидат карактеристични за членовите на Агема,се со цел тие да претставуваат слободни луѓе,ослободени од секакви стеги кои го ограничуваат умот.Затоа што само со тие луѓе би можеле да бидеме сигурни,дека посебното општество ке биде од корист за сеопштиот интерес.Тие ке претставуваат сиромашни луѓе во материјална смисла,но луѓе кои ке знаат да бидат задоволни од она што тие ке претставуваат и за она за што ке се борат.

Page 167: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Мудрост и лукавост Несомнено е дека мудроста и лукавоста,претставуваат делувања кај човекот поврзани со менталниот склоп. Затоа често кога се говори за овие две работи,се поврзуваат како да станува збор за едно исто.Овие две работи кај човекот се изразуваат на ист начин,но потикот и изворот многу веројатно не претставува ист. Постои јасна разлика измеѓу мудроста и лукавоста. Мудроста е пропратена со намери,кои кај нормалните луѓе се сфаќаат како позитивни особини. Лукавоста е пропратена со намери,кои кај нормалните луѓе се сфаќаат како негативни особини. Мудроста најчесто претставува стабилно и делување за долгорочен план,затоа што таа претежно е потикната од праведност и вистинитост,без мотив за себе или за некој ближен,туку таа се сторува со цел да се постигне добро за сите. Лукавоста најчесто претставува ризично и делување за краткотраен план,затоа што таа претежно е потикната без грижата за праведноста и вистинитоста,туку со единствен мотив за добро на себе или на некој ближен на сметка другите. Кога мудроста се изразува од еден човек,за работа која претставува мала вредност(работа со мала придобивка),тогаш таа од забележаните луѓе наидува на несериозност,и често се забележува како досадна и бескорисна идеја. Пример,кога еден човек на сите во автобус сака да им стори правда,и се обидува на сите да им создаде место за седење.Таквото делување најчесто од забележаните луѓе,ке го окарактеризираат како будалесто. Додека лукавоста,кога се изразува од човек за работа која претставува од мала вредност(работа со мала загуба),тогаш таа од забележаните луѓе наидува на заинтересираност,но и почит и често претставува идеја во која повеќето од луѓето кои ја воочиле,сакаат тие да ја повторат. Пример кога некој кога ке влезе во автобусот,ке се стори изнемоштен и ке најде “жртва” која ке се сожали и таа ке му отстапи место.Таквото делување од забележаните луѓе,ке го окарактеризираат како паметно. Кога мудроста се изразува од некој човек,за работа која претставува од висока вредност(со голема придобивка),тогаш таа од забележаните луѓе наидува на сериозност,и таа идеја создава длабока почит од луѓето кон човекот кој ја изразува. Пример,кога еден човек е претпоставен во едно претпријатие,и истиот навремено и заслужно ги исплатува вработените. Лукавото делување пак,за работа која претставува од висока вредност(со голема загуба),се забележува со гнев и одмаздољубивост,и многу е веројатно некој да му наштети,или пак да се оправда наштетување врз лукавиот во иднина. Пример,претпоставениот човек во препријатието да изврши проневера на парите,или пак истиот да ја злоупотребува својата позиција.

Page 168: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

167

16

7

Просвета во историјата и општата култура на Полуостровот Изучувањето на историјата и културата на народите кои живеат на Балканот,е битно од неколку причини. Со тоа што ке се учат сите гледишта на сите народи,ке им се согледуваат нивните гледишта кон минатото,а со тоа и нивните гледишта кон иднината. Историјата на Балканот општо земено,е со многу контрадикторни тврдења за разни настани,особено за оние со личности низ историјата во кои делувале под општиот и религискиот идеал. Затоа освен што ке се изучуваат гледишатата и ставовите на сите нации и народи на Балканот,ке се изучуваат и преданијата од колено на колено или народните кажувања,како и песните кои претставуваат етнички фолклор,се со цел вистинската историја што повеќе да е забележана од членовите на Агема,и да не дојдат истите до забуни и погрешни познавања за некој тек од историјата. Историјата на Балканот е согледувана така од разните нации и народи, заради нивниот национален мит,додека тие митови зад себе кријат многу поголеми аспирации на разни регионални и меѓународни сили. Согледувањето на историјата е започнато како службен процес,или поточно се “патентирале” одредени историски личности и одредени историски текови како “свои”,со цел да се добие оправдание за присуство на одреден простор. За жал балканските нации кога почнаа да се оформуваат по одвојувањето од Османлиската Империја,го измислија најлошиот мотив за нивното проширување.Тој мотив никогаш порано низ тековите на овој полуостров не бил употребуван,од страна на големите цивилизации и култури.Тој мотив за проширување претставува злоупотребување на историјата.Затоа ни се случуваа на овој полуостров дејствија на геноцид,од страна на националните политики,со што успеа на големо ниво да ги спречи добрите меѓучовечки односи меѓу народите кои тука отсекогаш постоеле.Вакви обиди од националните политики видовме и во периодот на балканските војни,и во “Првата” и “Втората” светска војна,па до временски блискиот распад на Југославија. Овие национални политики подржани од страни империуми,во голема мера се минато денес,секако со исклучок на поединци.Тоа е најверојатно така затоа што империумите кои ги подржаа тие политики,дел од нив се во стагнација а дел ја видоизменија надворешната политичка реторика. Агема-членовите,освен што изучувањето на историјата ке им потребна за полесно разбирање на различните однесувања на нациите и народите ,многу повеќе ке им е потребно за успешно спроведување на исторско-етнолошкиот метод.Успешното сфаќање на одредена нација или народ,е тесно поврзано со успешното спроведување на гореспоменатиов метод врз таа нација или народ. Доколку вистински не би ја познавале историјата и причините за таквите текови низ неа,членовите не би можеле успешно методот да го спроведуваат од теорија во пракса.Членовите ке имаат високи познавања како од историјата,така и од “патентиратана историја”.

Page 169: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Просвета во митските преданија од Полуостровот и другите реони Во ова проучување не спаѓаат националните митови,иаку со просветата во историјата,можно е во некој од националните митови,да најдеме мали остатоци присвоени од митските предација. Кога зборуваме за митските преданија,зборуваме за период во кој историјата не се забележувала,или пак можно е да зборуваме за период од кој имало историски забелешки,но денешната официјална позитивистичка научна гранка како историјата,ги нема тие материјални докази или не ги вбројува.Многу е поверојатно дека постоеле материјални докази,затоа што подоцнежните запишувања на митовите кое најчесто се одвивало со пет века,некои и со милениуми доцнење од проценетиот тек во историјата,и со тоа малку е веројатно да бидат запишани во толкава деталност,без претходно луѓето кои ги запишувале,да биле без располагање на некои пишани извори,односно да се базирале само на оралното предание на митските настани. Од митските преданија,во посебното општество,со посебно внимание ке се изучуваат митските преданија за Уран и Геа,за титаните,за Крон или Кронос и митот за Прометеј и Епиметеј. Овие наведените митски преданија,во прастарите обичаи имале за улога појаснување во создавањето на Космосот и Човекот.Па со тоа можеме да ги наречеме како први митови,или почетни митови кои го појаснуваат почетокот на нештата.Овие митови несомнено потекнуваат од реонот на овој полуостров,но интересно е што некои митови кои за мотив имаат појаснување на почетокот,а се од другите реони на Земјата,имаат слична содржина.И митовите од други реони ке се предмет на изучување во Агема. Митот за Персеј,за Кадмо,за Дедал,за Херакле,Агронаутиката запишана од Аполониј Родиски,исто ке бидат исто проучувани. Епот за Илијада и Одисеја од Хомер,би можеле да кажеме дека е здание кој има извршено најголемо влијание во оној период,кога културата од овој полуостров(тогаш нарекуван Хемус),извршила најголема експанзија и процут врз целиот тогашен познат свет,оставајќи трага во сите големи цивилизациски култури тогаш.Тој период е период на Дијадосите ,односно еден историски тек од старата македонска ера. Оваа здание претставува дело од поголем формат,и затоа поголемо внимание во проучувањето ке има од луѓето во посебното општество. Сличности со овие митови,имаме од митовите од другите реони со слична содржани,како што се еповите од Индискиот ,Северно-Африканскиот и Мес(з)опотамискиот реон,кои исто така ке бидат предмет на проучување. Дел од овие митови ке бидат проучувани,заради инспирацијата кои истите ја даваат.Некои содржини од горенаведените епови,на неверојатен начин му даваат смисол на човекот да делува во насоката кон алтруизмот.Додека дел од митовите ке бидат проучувани заради симболиката,како и заради појаснувањето на тоа кое делување каква последица знае да донесе во иднината.

Page 170: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

169

16

9

Просвета од религиозните правци и нивните вредности СТОИЦИЗМОТ,настанат под влијание на најдобрите филозофии,поточно од Питагора,Хераклит,Диоген,Платон и Аристотел,претставува правец кој на најдобар можен начин го опишува и одредува човекото однесување. Ѕенон,првиот кој пришол во стоата,истакнува дека најдобро претставува човекот да живее согласно природата. Тоа значи човекот да живее согласно својата природа,односно со својата човечка,заедно со другите природи во универзумот. Но за да поубаво се појасни човечката природа,првин мора да се појасни Универзумот и Човекот. Главна и првичната материја,стоицизмот утврдува дека е огинот. Во природата постојат две работи од кои настануваат сите други,а тие две работи се Причина и Материјата.Материјата стои неподвижна,и таа мирува се додека некој не ја поткрене,причината,односно разумот,ја обликува материјата,ја движи како сака и од неа создава различни работи. Затоа мора да постои Онаа од што нешто настанува,и заради Онаа што настанува. Космосот е доказ дека постои интелегенција,која Ги поставува работите во својот космолошки ред. Хрисип(третиот водич на стоицистичката школа) истакнува: “Доколку постои нешто што човекот неможе да го создаде,суштеството кое може е подобро од човекот. Човекот неможе да го создава светот,небеските тела и сл.Затоа Оној што ги создава е супериорен во однос на човекот.Но кој е оној посупериорен од човекот,освен ако не е Бог?.Според тоа Бог постои”. Химната за Ѕевс од Клеант,подетално објаснува: “Без тебе,Боже,не настанува ниедно дело ни на земјата,ни во боженствениот небесен етер,ни во морето,иземено она што во своето безумие го прават изопачените. Па и нерамното умееш Ти да го направиш рамно,даваш убавина на онаа што не е убаво,а и она што не е мило,Тебе ти е мило. Така си здужил во едно се добро со зло,да од тоа настане единствениот општ и вечен логос. Од него бегаат и го напуштаа сите изопачени смртници,јадници кои секогаш брзаат кон посед на имот,но се слепи и глуви за општиот божји закон...а да му се покоруваа,би можеле да живееме разумно и среќно. Но во своето безумие,тие одат од едно зло во друго,едните се натпреваруваат околу славата,другите тражејќи добивка без никаков обзир,а трети одавајќи се во неработењето и лагодноста на телото.

Page 171: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Но Ѕевсе,Дарувачу на се,црнооблачен,громовнику,штити ги луѓето од тужните незнаења,тргни го,Оче,од неговите души и дај да постигнат мудрост,која е подлога во праведно управување на сите,да почестени Ти возвратиме со чест,непрекидно славејќи ги твоите дела,како му доликува на смртникот.Нема,ни за смртиците ни за боговите поголем дар туку секогаш како што доликува да го слават општиот логос”. Од природата како што вели Филон,ниеден човек не претставува роб...”Нека господарите не постапуваат со робовите,како со робови по природа,туку како со наемници”. Човековата душа,Клеант(ученикот на Ѕенон подоцна и водич на стоицистичката школа) наведува дека е материја,односно дека се состои од материјата,а не како што повеќето од луѓето замислуваат,дека таа е составена од нематеријата.Често на душата се говори како за нешто нематеријално.Но прашање е дали тоа што неможеме да го осетиме со своите човечки сетила,претставува нематеријално,или тоа претставува материја за која ние немаме сетило со која би ја утврдиле. Човековата душа кога е во болка,таа се манифестира однадвор во човековото тело,и обратно,кога човековата душа е во радост таа исто така се манифестира со движења и знаци врз телото. Освен тоа,душата да не претставува нешто телесно,не би го напуштала телото,како што го напушта по смртта на човекот.Оваа делување всушност укажува на тоа односот кој го имаат телото и душата,и на кој начин тие се поврзани.По смртта телото изумира,но не и душата,таа опстанува како личност се додека не се соедини во Главниот огин,кој претставува основа на се.Душата,односно квалитетите кои може таа да ги носи,се пренесува преку генетиката од една генерација кон друга. На тој начин,човекот е споен со светот,односно светот претставува макрокосмос,додека човекот е дел,односно претставува микрокосмос. Умот на човекот во суштина претставува tabvla rasa,односно страница од чиста хартија,која чека да биде испишана од прстот на искуството.Поточно умот на човекот е дијалектички,исто како што многу подоцна и Хегел ке се согласи во тоа. И доброто и лошото е добро да постои во светот.Едното со друго се контрира,а со тоа не би имало движење доколку едното од тие две не би постоело.Со тоа и доброто,како и лошото,си го оправдува своето постоење во светот. Стоицизмот,научните дисциплини ги дели на Логика,Физика и Етика. Етика се смета за најглавна,и наука со најголема важност од сите други.Човечката природа,во негова најдлабока суштина претставува етичка.Човекот е налик на Боженственото,потекнувајќи од Примарниот огин односно етер.Тој има слобода,која се содржи од учење да се воздржи од нерационалните потреби,покорувајќи ја волјата кон разумот.Дигнитетот на индивидуалецот е многу вреден,со моќта на волјата,додека емоциите,претставуваат елемент кој попречува во расудување кон правата одлука.

Page 172: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

171

17

1

ИСИХАИЗАМ,претставува правец или начин во православната религија. Овој правец оди до поголема деталност и поголем опис,за процесот на осознавањето на природниот логос. Стоицизмот и исихаизмот претставуваат начин на осознавањето,кои се скоро идентични. Исихаизмот е термин кој означува мирување,затоа што при процесот за постигнување на главната цел,првин го има постигнувањето на внатрешниот мир,исто како што една од главните цели на стоицизмот претставува смиреност,односно истата се цени како многу вредна особина на човекот. Овој правец во христијанството,поточно во православието има за главна цел спојување на човекот со Духот кој е секаде околу нас,и кој Го има и во “наредните векови”. Човекот со спојот кој ке го постигне,тој може да почувстува работи далеку од својата промисленост,односно неискажливи работи. Мистериозно јазично знаење,мистериозни предвидување на иднината,мистериозно препознавање на човековата душа при контакт ... Но за да се постигне оваа состојба,потребно е првин да се постигне апатија,односно оној дел од срцето кој го исполнува со страст(делот кој може кај човекот да предизвика разни перверзии,посакувања и сл),да е ставен во мирување или под контрола,додека на негово место човекот потребно е да ја стави чистата љубов кон своите ближни. Тоа е потребно да се стори,затоа што целосна апатија кај човекот може да предизвика депресија,односно истата состојба е многу тешко на вистински начин човекот да ја создаде,доколку ја нема во него потребната чистина и енергија. Освен очистувањето на срцето,потребно е мирување на умот од секаква интелектуална активност.Така би можел умот да го собере во себе,односно растројството со интелектуалната активност да биде избегнато. Овие работи се потребни,затоа што човекот,поточно човековиот дух има преживеано пад,па затоа човековиот дух е подложен да прави работи страни од Создателот,кој е Непоимлив за ограничената човекова логика. Создателот,претставува Нешто што е сеприсутно,но во ист момент преставува Нешто што е нестворено(почеток). Сесоздателот неможе да се види,како и почувствува како со човековиот ум,така и со човековите сетила,дури ни по одвојувањето на душата или духот од телото односно човековиот организам(по смртта). Со тоа суштината на Бог,неможе да се дознае,но Неговите енергии ,односно Негово делување може да се искуси,и во животот со огранизам и дух. “Како што човекот не ја знае суштината на сонцето,но сепак знае дека неговите зраци се од сонцето”.

Page 173: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Многумина од светителите кои го практикувале овој процес за осознание,посведочиле за појава на светлост. Григориј Палама,светогорскиот свештеник,овој процес го индивидуализира/персонализира. Секоја индивидуа или личност,на свој начин го спознава Светиот Дух. На некој му се појавуваат работите во сон,на некого при молитва,додека на другите со светлина.Секој доживува различни работи,кои му се благопријатни за овој живот. Затоа осознавањето треба на луѓето да им се остави,на секого на свој посебен начин. Овој процес уште се нарекува и созерцание. Созерцанието е состојба на умот кога е во мирување,очистен од секакви моменти кои човекот може да ги замисли,при самиот тој процес неговото тело и дух се прочистуваат. Поголем степен на созерцанието кај човекот се постигнува кога често се практикува,и со тоа се доведува до состојба на еден вид позитивна екстаза кај човекот. Како што и самиот Гете ке забележи: “Убаво е да мислиш,уште поубаво да знаеш,но најубаво е да имаш созерцание”. Оваа состојба невозможно е да се постигне без притоа да постои чиста намера,односно очистување на умот и срцето. Дури и кога на одреден период би се очистил човекот од наведените работи и постигне одреден степен на созерцанието,а подоцна истиот повторно се врати на стариот начин,спознанието исчезнува. Неможе спознанието,ниту работите од кои се дознаваат од спознанието, да се искористи за намери кои имаат себични и лични побуди. Расеаниот ум кај човекот,според св. Василиј,е она што го одалечува човекот од правиот пат,односно го одалечува од спознанието. Губењето на самоконтрола или ѓаволопоседот,доведува до негативна екстаза кај човекот. Псевдо-Дионисиј,исто така ја утврдува дијалектиката на човековиот ум,како и тоа кој начин е добар,а кој начин треба да се избегнува. Човековиот ум ги согледува работите,што може да ги примети со своите сетила од организмот.Овој начин Дионисиј го нарекува праволиниски. Додека умот кој согледувајќи ги работите кои може да ги почувствува,притоа согледувајќи се и себеси,претставува кружен начин. Божјите суштества(ангелите според христијанството),се движат во небеската сфера кружно. Затоа овој начин претставува најдобар начин за функционирањето на човековиот ум,и заради кружењето нарекуван уште и ангелски или непогрешлив начин.

Page 174: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

173

17

3

БОГОМИЛИЗМОТ,претставува христијанско движење и правец во погледот на разбирање на светите списи,како и организирање на начинот на живот. Овој правец се смета за еретички,најмногу затоа што луѓето кои го следеле овој правец,одлуките кои ги донесувала администрацијата на црквата не ги сметале за валидни и легитимни. Но од друга страна,некој што премногу си зема за право да говори од името на Создаделот,временски се покажа дека сторува само штета,на сметка и на вербата кај луѓето,и на црквената организација. Богомилизмот е движење чија симболика кажува дека несомнено е дело осмислено од Македонците и од нивната култура,иаку има обиди да се прикаже дека е настано под влијание на ерменското движење на павликијаните. Кај народот во Босна,ова движење ке завземе корени,затоа што правото да имаат своја автокефална црква,на тој народ како и на Македонскиот денес,им било одземено.Нивното противење за насилно наметнување на духовниот живот од другите,создало подлога подоцна полесно таму да продре исламот. Кај народот во Масалија,односно денес регион попознат како Окситанија/ Provincia nostra(Јужна Франција),овој христијански правец ке завземе корени,затоа што тој народ и таа култура влече корени од културата на денешниот Балкански Полуостров,и се сметале за страни со римокатоличката црква и култура. Масалијскиот народ,заради културолошките сличности со народите од Балканскиот Полуостров,како и заради начинот на кој искрено било практицирано христијанството од страна на богомилите,многу лесно ова движење станало главна религиозна определба во тој реон. Пред да настане светот,ѓаволот пред да стане ѓавол,бил дел од ангелството(енергија),која што имала важна функција во космологијата. Но овој ангел,согледувајќи ја моќта на Сесоздателот,посакал самиот да стане како Него. Таа алчност сторила од оваа енергија да стане паднат ангел. Неможејќи да го достигне нивото на Создателот,ѓаволот со неговите опстанати претходни сили кои му биле доделени од важната функција,успеал да придобие уште неколку ангели(енергии),со што го создал светот. (борбата измеѓу едната страна односно материја и другата како антиматерија,создала она што е во универзумот,е исто така современо тврдење на теоријата за Голема експлозија и настанокот на универзумот). Во овој материјален свет,тој се обидува да го имитира Сесоздателот,притоа истиот неможејќи тоа да го прави во универзумот.

Page 175: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Затоа човековиот организам,бидејќи е настанат како последица од одметништо на ѓаволот од Создателот,богомилите го сметале за помалку вредно за разлика од духот,кој е дел од она првичното и претходното. Овој дел на различно мислење измеѓу православието и богомилизмот,е дел каде што најмногу ке произведе подоцна различни начини на практицирање на христијанството. Стариот завет е делот каде што поголема улога имал Енок,кој заедно со неговите книги во кој тој им ги запишал,подоцна од генерација на генерација,практикувале обреди посветени на ѓаволот. Новиот завет е главната инспирација на богомилите,и претставува период кога духовното триумфира над материјалното. Хелиос,односно свети Илија,и Големата Божица Мајка,односно Марија се ангели кои го претставуваат праведното и вистинитото,испратени од Сесоздателот. Апсолутното негирање на сметка на материјата,и апсолутно прифаќање на духовното,е истото тврдење кои и стоиците го искажуваат претходно,но со други зборови,материјата е неподвижна,доколку не постои разум кој би ја обликувал,па според тоа материјата е инфериорна во однос на разумот. Бидејќи апсолутно се негира материјата,животот на богомилите е воден на вистинскиот христијански начин. За свештеници помеѓу богомилската заедница,можеле да бидат и личности од женскиот пол. Во поглед на облеката,носеле работи кои се наједноставни и скромни. Во исхраната,оние кои биле cathari perfecti(латинска титула за богомилски свештеник од Прованса),се воздржувале од се што е добиено при сексуалниот однос(месо,млеко и сл). Тие како и питагорејците,претставувале вегетеријанци. Исто така се воздржувале и од истите работи кои стоиците и исихаистите се воздржувале,и воделе целосен аскетски живот. Иаку христијанството е претежно религија базирана врз принципите на женската енергија,богомилизмот како и стоицизмот,се правци претежно базирани врз машката енергија.

Page 176: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

175

17

5

СУФИЗМОТ,претставува правец на спознавање од исламот,додека некои пак овој правец го оделуваат како посебна религија. Најверојатно затоа што суфизмот,за разлика од обичното практицирање на исламот кој е затворен кон сите критични и филозофски мисли(исто како и обичното христијанство),суфистите застапуваат многу поотворен,помирољубив и потолерантен начин. Создателот,универзумот и човекот,се оделени едни од други,но во суштина тоа претставува една целина. Создателот е највишото битие,и е супериорно во однос на универзумот и човекот. За да се достигне повисоко ниво на битијата во човековата природа,потребно е отргнување на мислите од лошите работи,како и воздржување од оние работи кои причинуваат перверзно задоволство. Мислите потребно е да се соберат,со цел да се постигне мир. Во суфистичкиот процес на спознавање,наоѓаме примеси и влијание од митот за Орфеј.Па така музиката може да се употреби за полесно постигнување на смирена состојба,внатре кај човекот(налик на нирваната).Музиката исто така како и со случајот на екстасис,односно екстазата,може да се злоупотреби за негативното,односно за човековото вознемирување и одалечување од процесот на смирението. Главна цел на суфистичкиот процес е соединување на човечкиот дух со Алах(Сесоздателот). Ибн Сина(Avicenna),со своите извонредни дела од полето на медицината,кој ги забележува детално функциите на мозокот,исто така ја истакнува вишата улога на човековата душа: “Човечката душа,кој има за задача спознавање,е супстанција која има разни способности и совршенства.Едната од способностите е управување со телото.Таа способност во специфична смисла се нарекува практичен разум.... Наредната способност на душата,придоаѓа кога кај неа проработат првите спознајни принципи.По таа нова способност,душата постанува во можност да прими подлабоки спознајни содржини(пример содржината на маслинката)...било преку интелектуалната интуиција,која претставува додавање на масло во огнот,во тој момент интуцијата станувајќи посилна од размислувањето....” Џалал ал-Руми на најдобар можен начин го покажува размислувањето на суфистите: “Во патот кој го бараме,мудрите луѓе и будалите се едно исто. Во Негова љубов,браќата и странците се едно исто. Одете!Пијте го виното од Саканиот! Во верата,Муслиманите и Паганите се едно исто”.

Page 177: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Обуки Бидејќи членовите на посебното општество,несомнено ке мораат да имаат непосреден контакт со сите можни постоечки слоеви и типови на луѓе,од домородната држава,но и од другите, сето тоа ке доведе до потреба од членовите да имаат обуки за да стекнат вештини во делот на однесувањето,заедно со соодветно разбирање,но и во делот на самоодбрана во физичка смисла. Обуката за стекнување на политичките вештини,членовите ке ја имаат во текот на целиот престој во Агема,односно тие ке ја учат и усовршуваат оваа вештина додека се живи. Тоа значи обучувањето ке се одвива во погледот на ораторството,во погледот на дипломатијата,но и во погледот на специфичното однесување кое е својствено за оваа група на луѓе. Сиве овие обуки за стекнување на политички вештини,на членовите ке биде со цел самите да можат да се снаоѓаат кога ке мораат да пристапат во тие кругови,но и заради полесно разбирање на однесувањето на домашните и надворешните политичари,како и разбирање на дипломатите.Нивната цел потребно е да биде суштински сфатена. Во погледот на специфичното однесување за оваа група на луѓе,се мисли на оној дел кој претставува нејавен од нивниот живот.Јасно е дека заради нивната многу подобрата материјално-базна состојба,но што и од нивната досадност која е добиена од ограничувањето во комуникацијата со обичните луѓе,имаат развиено вкус кон разни спортови и забави. Сите тие членовите ке ги учат,за да знаат да ги применат. Обуката за стекнување на боречки вештини,ке има посебно внимание во посебното општество. Јасно е дека заради општественото-политичка одговорност и моќ која ке ја има Агема,сите нивни членови ке бидат под големо внимание. Затоа за да не зависат истите од разни телохранители,бранители и слично,тие самите ке бидат обучувани за физичка самоодбрана. Од боречките вештини,низ децении постигнуваме големи резултати во натпреварувањето во карате-вештините. Тоа говори дека имаме предиспозиции кон оваа боречка вештина,која потекнува од Азија. Но освен оваа вештина,ке бидат обучувани од разни мајстори во паркурот,во мечувањето и сл. Сите оние вештини кои ке служат за телесната самозаштита на членовите,ке бидат во служба на Агема. Не ја искулучуваме можноста и самите членови да создадат нова боречка вештина која ке им е наприкладна за нивните услови,и која ке претставува карактеристика за нив. Обуките за боречки вештини,членовите ке ја започнат уште кога ке бидат во фазата на подмладокот на Агема.

Page 178: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

177

17

7

ЦЕЛИ НА АГЕМА Позитивизам Позитивизам или позитивистичкиот пристап,претставува сфаќање или метод кој се однесува на проучувањето и осознавањето на работите од страна на човекот.Овој метод за прв пат го има изнесено французинот Огист Конт,кој воедно бил и ученик на Сен-Симон. Главниот проблем кај позитивистичкиот пристап кон работите, претставува доказниот метод.Имено доколку нешто може да се докаже,тогаш тоа според овој метод постои,но доколку неможе тогаш истиот се отфрла.Се запрашувам,дали е возможно човек да има можност да ги истражи сите планети и сите закони кои постојат во физиката?.И дали доколку истиот не ги докаже и не обезбеди докази за нив,тие не треба да постојат како идеи,теории и хипотези?. Прост пример е неможноста на човекот да ја пронајде тајната формула, за толку совршеното функционирање на мравките. Согледуваме дека создаваа совршено општество и честопати и лично сме биле сведоци во нивните акции,но незнаеме и немаме докази зошто се такви и како успеваат во тоа,а пред нос ни е нивниот резултат. Овој пристап кон осознавањето на работите,претставува многу ограничувачки за човекот и човечкиот дух и ум,затоа што шпекулативниот метод најостро се отфрла. Несомнено е дека овој пристап,кој во моментов е најзастапен во изучувањето во образовните системи на речиси сите држави во светот,има дадено голем придонес кон делови од некои научни гранки. Позитивизмот како пристап и тоа како е потребен,за постигнување на резултати во некои социолошки моменти или ако сакате проблеми. Но овој пристап е неприменлив во сите работи,односно во сите научни гранки,ниту пак за тие научни гранки постои практична можност истите да се оделат,и да се добро применуваат како неповржани едни меѓу другите.Заради тоа овој пристап не треба да се целосно отфрли во изучувањето на науките,но нетреба и целосно да се прифати на сметка на отфрлање на другите методологии. Се она што е создадено од човекот има позитивистички карактер,но останатото што не е создадено од човекот,тие творби невозможно е сите да ги разбереме со позитивизмот. Или пак,за да се создаде посовршен метод кон внесувањето на човечкиот ум према епистемологија,односно кон знаењето,тогаш потребно е спој на позитивизмот со метафизиката,спој кој најверојатно во минатото постоел како појава во методологијата. Но за да се создаде овој спој,потребно е првин една од теориите кои всушност претставува и еден од темелите на позитивизмот,да се отстрани.Затоа што таа теорија претставува момент кој не дозволува поврзување на позитивистичкиот метод со други методи,односно самата теорија ги негира.Таа теорија претставува таканаречениот закон на трите стадиума.

Page 179: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Прогрес Овој термин претставува еден од најмотивирачките,во погледот на човековото делување.Затоа воедно претставува и термин,кој е еден од најизманипулираниот низ историјата и вековите. За да ги избегнеме овие моменти,потребно е појасно да ги образложиме работите поврзани со прогресот. Прогрес би го дефинирал,како изменување на нешто претходно,кон идно подобро,односно подобрување. Прогресот постои само кај човекот,и тој ги движи останатите работи. Кај човекот прогресот постои кај две работи,и тоа прогрес во знаењето и прогрес во разумот/моралот. Духот на човекот не прогресира,туку тој се осознава преку прогресот на разумот кај човекот. Кај човекот не постои биолошки прогрес.Тој е дефинирана билошка појава и единствено што преостанува,е негово проучување.Сите обиди да се создаде биолошко прогресирање кај човекот,се нехумани,неетички и како краен резултат може да бидат многу погубни за човечкиот род и неговата природа. Точно е дека е потребно човекот да ”скроти” дел од својата природа,но тоа не треба да го чини со помош на технологии и машини,туку со срце и разум. Вистинскиот односно одржливиот прогрес,секогаш е со успорен раст,и секогаш бара време,како и макотрпна работа. Нереалниот односно неодржливиот прогрес,секогаш е со нагло зголемување на растот,и најчесто е настанат на сметка на туѓ регрес. Затоа метафизиката и религија,се потребни во успешно остварување на одржливиот прогрес.Тие им помагаат на луѓето во макотрпноста,и тие им даваат на луѓето она што е потребно за да истите се одржат со такви услови во добра кондиција,односно им ја даваат надежта и среќата. Општествениот прогрес,секогаш настанал откако претходно луѓето кои го претставуваат тоа општество,рационално прогресирале и го осознале духот на своето постоење. Прогрес во односите на луѓето е мит,и не постои таков прогрес. Секогаш на некого односите му се добри во сегашноста или подобри од минатото,и обратно,секогаш на некого односите му се лоши во сегашноста или полоши од минатото.

Page 180: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

179

17

9

Технолошкиот прогрес не постои,односно техниката и технологијата се движења зависни од прогресот на човечкото знаење.Доколку не прогресира човечкото знаење,нема да има движење и во технологијата. Според тоа технолошкиот прогрес претставува,прогрес во општото стандардизирано знаење. Затоа материјалниот профит денес,преку валкањето на човековата душа,го извалкува и духот на технолошкото движење. Спојот на материјалниот профит и човековата смисла за постоење, донесува до тоа да има силен спој денес измеѓу профитот и технологијата. Денес технолошкото движење,е во правец на максимизирање на материјалниот профит,а не во она што беше суштината за откривањето на технолошкото движење,како помагало на човековото биолошко битие. Затоа,голем број од технолошките иновации денес,создаваат продукти кои се противречни на човековото биолошко битие. Економскиот прогрес не постои,бидејќи таа е тесно поврзна со технолошкото движење,кое пак оваа движење е зависно од страна на прогресот на човековото знаење.Со тоа и овој прогрес претставува, движење од страна на прогресот на човековото знаење. Светската економија има своја конечна реална вредност,односно има своја математичка бројка во бруто домашниот производ. Оваа дефинитивна реална вредност,би можела да се измери во оној момент,кога сите техники и природни закони би се осознале во општото стандардизирано знаење. Денес,со моменталното општо стандардизирано знаење,светската реална вредност може да се измери. Но оваа бројка која ке се добие од анализирањето и мерењето,неможе да претставува конечна,затоа што прогресот на знаењето кај човекот не е дефинитивен,па според тоа и технолошкото како и економското движење неможе да биде дефинитивно. Денес,со моменталното општо стандардизирано знаење,невозможно е сите региони во светот,подеднакво да прогресираат. Теоретски е возможно тој подеднаков светски прогрес да се случи,но само доколку сите региони на Земјата имаат ист прогрес во човековото знаење со исто технолошко и економско движење,притоа кај сите да не се појави желба и акција кон побрзо прогресирање на сметка со регрес према другите. Оваа практично е невозможно,затоа што таков е природниот логос. Не сите региони на Земјата,подеднакво се со ист третман од страна на климата,вегетацијата и природни богатства,иаку постои тешко согледлива рамнотежа при распореденост на овие три. Освен тоа не сите луѓе,се подеднакво дарувани со исти квалитети и предиспозиции.

Page 181: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Заштита на јавните работи од позитивистички карактер Ниедна од државите денес,не се придржува стрикно до една од теориите на политичките системи.Ниедна од нив постојано е на патот на капитализмот,комунизмот или пак на фашизмот. Секогаш во некој момент,за заштита или остварување на експанзија на некој од зацртаните интереси,во системите се применуваат дел од политиките на левицата,дел од центарот или дел од десницата. Тоа претставува реална потреба на еден здрав и практичен систем,од употребата на сите три. Сето тоа говори дека митот за одбереност на еден од патот на теориите од државните системи,претставува само мит. Државниот систем претставува динамична категорија,и нејзините приоритетни цели се остваруваат благодарение на синкретизмот. Синкретичката теорија претставува теорија на политички систем, каде што се прави спој од делови на две или повеќе веќе постоечки теории,при што се создава еден сопствен и специфичен систем на уредување. Василеизмот,нема во својата суштина да биде застапник на ниедна од овие идеологии,но во василеистичкиот систем,за да успешно се справи со предизвиците на динамиката која се поставува врз еден државен апарат,како и заради успешно остварување на зацртаните цели,ке користи делови од сите три,односно ке манипулира со нив зависно од дадената ситуација и потреба. Оваа манипулација на системите,не приврзувајќи се врз нивните идеологии,претставува најдобро можно системско решение. КАПИТАЛИЗМОТ,претставува систем во кој работи за постигнување на што повеќе материјален профит,и што повеќе стекнување на капитал. Комплетно одговара на капитализмот девизата ”се за профитот и капиталот ”. Овој систем како појава на економско уредување и односи,на Балканскиот Полуостров,никогаш претходно не постоел. Затоа и угнетувањето кај народите на овој полуостров,секогаш се одвивал врз база на националната или религиозната основа,но никогаш врз база на класна односно социјалната основа. Не постои востание до XIX век,нема книжевност,ниту драма,на која главниот мотив му била потикната од страна на социјалните односи. Најверојатно ова било низ дамнината така,затоа што гео-климатските услови,начинот на живеењето како и обичаите,не довеле одредена групација да почувствува глад и стереотипност од страна на својот колектив,а со тоа и фокус према остварување на социјалните права.Односно немало состојба во општествата,до толкава национална класна поделба и контраст,изразена до степен на нетрпеливост. Можеби и влијанието од натуралната филозофија,која тука секогаш била присутна,довела до разбирање од потребата дека секогаш во едно општество,мора да има луѓе претставници од сите класи. Тука секогаш борбата,била за остварување на политичките права кај народите.

Page 182: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

181

18

1

Но иаку капитализмот е стран поим во погледот на уредување на државниот апарат за балканските народи,сепак тој има делови кои претставуваат позитивни и за системот и за народот. Тие делови се приватната иницијатива и немонополизиран слободен пазар. Приватната иницијатива,која мора да постои кај народот,е потребен затоа што невозможно е еден систем да му ги извршува основните работи на одреден човек.Приватната иницијатива,го ослободува системот од непотребни работи. Во комбинација со слободниот пазар,на луѓето им се дава можност и мотив,самите да стекнуваат за сопствената материјално-базна состојба со еднакви правила за сите. Но се забележува дека откако ке измине одреден период кај системот со капиталистичкото уредување,меѓу населението се создава еден слој кој го претставуваат оние кои успеале да стекнат најмногу материјална-базна состојба и моќ.Тие со текот на времето создаваат и состојба на монополизација на слободниот пазар,во кој тие претставуваат монополисти,додека на системот му ги наметнуваат нивните интереси како за државни.Така всушност и завршуваат позитивностите,кои ги нуди капиталистичката теорија. Бидејќи капиталистите имаат за цел максимизирање на профитот,тие постепено измислуваат начини како да го намалат бројот на трошковите и работниците,а да го зголемат производството.Истите ослонувајќи се повеќе на машинско производство на сметка на мануфактурното,како и намалувајќи го бројот на работниците,а со тоа намалувајќи го бројот и на потенцијалните потрошувачи,движењето на капиталот згаснува,а со тоа згаснува и капитализмот и редот во системот. КОМУНИЗМОТ пак,за разлика од капитализмот,би рекол дека има позитивни и хуманистички цели,но истиот се темели на нездрави ,недокажани и нестабилни научни теории. Една од целите на комунизмот се постигнување на социјална и материјално-базна еднаквост,кај сите граѓани во општеството. Девизата “се за пролетеријатот,односно работниците”,јасно укажува дека е систем кој произлегол од состојба на класна нетрпеливост,и систем кој претставува директен одговор на монополистичкиот капитализам.Посебно интересно и внимание за проучување бара тоа што комунизмот,поточно маркс-ленинизмот,влезе во пракса од страна на народите кај што постоеше претходно класна нетрпеливост,создадена од страна на националната експлоатација и угнетеност. Позитивните страни на оваа системска теорија е тоа што има за крајна цел постигнување на егалитаризам,а со тоа и создавање систем кој ке нуди еднакви права за сите. Ова од страна на практичната примена на комунизмот,преку маркс-ленинизмот,се спроведуваше на начин на државна контрола врз севкупниот живот на обичните граѓани,како и контрола на пазарот. Тука всушност настанува проблемот,во пракса на комунизмот. Со државната контрола се гуши слободниот пазар,а со тоа и приватната иницијатива.Системот постојано се натрупува со нови и нови работи и обврски,со што самиот апарат ја губи својата суштина на постоење.

Page 183: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Губењето на суштината на системот,односно државниот апарат,исто така претставува една од крајните цели на комунизмот,но во теоријата овој момент се забележува со позитивни карактеристики,додека во пракса овој момент се забележува со негативни анархистички карактеристики. Освен губењето на суштината на системот,луѓето поточно народот во комунистичкото општество,со гушење на приватната иницијатива,истиот го губи својот мотив за делување и настанува апатија кај народот. Очекувањата од системот постојано се зголемуваат,заборавајќи дека не сите работи се обврска на државата.”Електрификацијата на нацијата”за кој говореше Ленин,од почетокот на воспоставување на овој правец во системот,окарактеризирајќи се како многу голем меѓу народот,постепено таа згаснува како изминуваат годините,заради репресијата од страна на диктаторскиот режим на пролетеријатот(кои во суштина претставуваат црвена бирократија). Така згаснуваат позитивностите,кои и оваа теорија за системско уредување ги нуди. Комунизмот,во голема мера е теорија која е создадена под влијанието на принципите на женската енергија. ФАШИЗМОТ,е систем каде што во пракса,подолго време е во можност да опстане “електрификацијата” кај луѓето,најверојатно затоа што системот пружа реален мотив и реален начин за неправедно решавање на сопствените проблеми. “Се за државата,ништо против неа”е девизата на овој систем,кој јасно говори дека создава состојба на обединетост на една нација под системските институции,односно установи. Затоа би рекол дека фашизмот има добри крајни цели за општото добро и за народот,но постигнување на истите на лош начин.Односно мотивот на фашизмот е комбиниран со добри намери за сопствената нација,и со лош начин за постигнување на тие добри намери. Позитивната работа која ги пружа во пракса оваа теорија на системско уредување на државиот апарат,е токму обединетоста на нацијата. Овој момент е многу потребен за остварување на одредени цели,и би бил многу корисен доколку истиот се употребува на добар начин и со позитивно насочување на мотивот. Манипулација на делови од овој систем,од страна на василеизмот,ке се користи во употреба на краток временски период и ке трае најмалку за разлика од манипулацијата на деловите од капитализмот и комунизмот. Затоа што предолгата присутност и задржување на овој систем,неминовно ке доведе до лоши последици и за државниот апарат кој манипулира со овој систем,и за народот и нацијата кој се наоѓа под тој апарат.Предолгото задржување на фокусот на националниот мотив кај народот,ке доведе до појава на негативните карактеристики и состојби на злоупотреби,со што патот на системот и крајните цели ке бидат изменети во погрешни насоки.Обединетост кај народот под бајракот на државниот апарат,е најмногу потребен во одбраната на опстанокот,како и во одбраната на интересите. Фашизмот претставува систем,каде што во голема мера има влијание од страна на принципите на машката енергија.

Page 184: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

183

18

3

Заштита на јавните работи од непозитивистички карактер Несомнено е дека како што постојат два пола помеѓу населението,така постојат и два типа на енергии,како и принципи врз кои тие енергии почиваат. Авторот на Geschlecht und Charakter(Пол и Карактер),Ото Вајнингер,истакнува дека кај сите личности во светот,овие два принципа постојат во една индивидуа. Идеалното машко според Вајнингер претставува личност со 70% машки принцип и 30% женски принцип,додека идеалното женско претставува со 70% женски принцип и со 30% машки принцип. Се што е различно од ова доведува до разни деформации и однесување, не според својата природа и предиспозиции.Пример доколку кај машко се најде поголем процент на женските принципи,кај него се јавуваат потреби спротивни од неговата природа,и обратно ист пример и кај жените. Машката енергија се симболизира со огин и воздух,кој всушност претставува нашата мотивираност,наша страственост и пасија,односно она што ја движи материјата. Женската енергија се симболизира со вода и земја,и ја претставува нашата чувствителост,емоционалната поврзаност,емпатијата и нашата смисла. Системот несомено денес,преку мотивација,пропагандата и средствата за комуникација,може да влијае врз потик на било која од овие две енергии,односно два принципа врз населението. Во војната има потреба од она што претставува огинот,додека по војната има потреба од воспоставување рамнотежа измеѓу овие два принципа. Затоа личностите кои ке раководат со системот,мора да внимаваат кога е потребно од овие две енергии,да бидат потикнувани меѓу населението,притоа недозволувајќи непотребно забегување на рамнотежата измеѓу овие две енергии. Шема на приказ за тежа на енергии во мирнодопска состојба

Шема на приказ за тежа на енергии во предконфликтна состојба

Page 185: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Шема на приказ за тежа на енергии во конфликтна состојба

Шема за приказ на тежа на енергии во свежа поконфликтна состојба

Шема на приказ на тежа на енергии во застарена поконфликтна сост.

Шема на приказ на тежа на енергии во враќање на мирнодопска сост.

Советот на Агема,заштита на тежата и рамнотежата во услови кога е потребно,ке ја спроведува врз основа на два начина. Првин таа може да ја спроведува во услови на невмешаност во јавните работи како советодавно тело,која ке дава совети на личностите од извршната власт.Василевсот,како главен претставник на извршната власт,ке биде главниот манипулатор на овие енергии. Во услови на вмешаност во јавните работи,советот на Агема ке ја замени улогата на главен манипулатор.На ист начин посебното општество ке пружа заштита и за јавните работи кои се од позитивистичкиот карактер,односно манипулацијата со теориите на политичките системи.

Page 186: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

185

18

5

Следење на технолошкото движење Се до индустриската револуција,кај човекот двата прогреса се одвиваа колку толку рамномерно. По индустриската револуција,кај човекот се создаде нерамномерно прогресирање помеѓу знаењето и разумот.Прогресот на знаењето е од тој настан па до денес,многу побрз прогрес од прогресот на разумот,односно моралот кај човекот. Со тоа,имаме побрзо технолошко движење,од културолошкото движење.Културата постепено заостанува,остапувајќи и се поголем простор на технолошкото движење. Во периодот на идустриската револуција,можеме да забележиме две битни работи. Првата се состои во тоа што веќе го напоменавме,односно технолошкиот систем станува се пократок и пократок,речиси без стабилност,и имаме процес на постојана и перманентна иновација. Второто се состои во тоа што науката и филозофијата,до пред XIX век,често комуницирале меѓусебно,но по револуцијата,односите постојано се нарушуваат.Со ваквата новосоздадена состојба,постојано настануваат нови и нови односи,кои ја имаат динамиката исто како и динамиката на технолошкото движење. Ова довело до тоа,да се создаде поголем натпревар измеѓу компаниите,кои пак истите довеле до отворање на нови широки пазари,отварајќи го процесот на глобализацијата.Националната сфера е запоставената сфера,додека на нејзино место настанува сферата на натпревар и борба во неа со технолошките иновации,поточно со технолошкото движење. Во тој период се случил премин од економска војна,претворајќи се постепено во технолошка војна.Тоа било потикнато од согледувањето на резултатите на технолошкото движење,и како тоа движење е супериорно во однос на економското движење. Луѓето од XIX и XX век,не сосем го разбрале процесот кој е новосоздаден,но денес тој процес ние од XXI век го чувствуваме со брутална сила (Бернард Штиглер). Точно е дека дел од суштината на човекот,му претставува техничка,односно човекот е суштество кое произведува техника. Но баш затоа,бидејќи сме единствено биолошко битие на Земјата,кое има потреба постојано да се заштитува преку измислувањето на техниката,а со тоа и постојано да ја менува и природата,тоа уште толку ни дава тежина за одговорност. Затоа технолошкото движење,мора да е под надзор на разумот и моралот. Карл Маркс,ги забележал ефектите од технолошкото движење,па во своите дела истакнува дека е потребно да се разработи теорија на технолошката еволуција.Но и да се изработи таква теорија за идна технолошка еволуција,под знак прашалник е колку профитот ке и даде простор таа реално да проработи во пракса.

Page 187: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Денес државата,е длабоко притисната од лошо разбраниот сенсимонистичкиот поглед за функциите на државните установи,па со тоа државата е притисната од натпреварот за профит. Сето внимание таа го насочува кон технолошкото движење,но за остварување што е можно повеќе материјален профит,особено на сметка на човековиот разум,кој секојдневно гледаме како регресира. Духот на технолошкото движење,кој го даваат оние кои инвестираат во тоа движење(корпорациите),се повеќе докажува дека е штетен и неодржлив во иднината.Со тоа слободно можам да истакнам дека: Технолошкото движење+материјален профит=човеков регрес

За овој проблем,забележува и Збигњиев Бржежински во своето дело Between two ages(Помеѓу две доби). Бржежински особено истакнува за образованието на технократскиот слој,како и за начинот на кој тие гледаат во технолошкото движење. Посебно за внимание привлекува анализата правена од страна на 17тиот извештај на американската Национална научна фондација од 1967 година,во кој помалку од 5% од 200 000 научници,се загрижени и запознаени за социјалните и психолошките науки,а со тоа и незаинтересирани како технолошкото движење влијае врз нив. Со тоа научниците,одговорот за појаснување на некоја технолошка иновација го насочуваат кон прашањето “како” работи,а помалку го даваат одговорот за тоа “зошто” работи и која му е нејзината примена. Ова иаку е на некој начин “детско” согледување,сепак ова е многу нормално и очекувано,затоа што технократите поточно научниците,поголем дел од своето образование го имаат насочено кон прогресот на знаењето отколку во прогресот на разумот,односно моралот. Вил Дјурант,исто така пропаста кај една цивилизација ја согледува како започнат процес во оној момент,кога ке се случи кулминација измеѓу поделба на интелектот со религијата,започнувајќи го процесот на создавање на ткн секуларен интелектуализам. Како што ке ја истакне неговата најславна мисла: “Голема цивилизација нема да биде освоена однадвор,додека не се уништи самата одвнатре”. Сиве овие анализи и мисли на големите умови,упатуваат на тоа дека потребно е следење и надзор на технолошките иновации,но тоа следење да е пропратено од луѓе кои веќе внатрешно разрешиле со материјалниот профит. Најсигурно и најпрактично решение ке претставува,оваа улога да ја извршува посебното општество. Со тоа нема да има потреба од дообразование за прогрес на разумот/моралот на моменталните научници и технократи,процес кој со сигурност ке бара многу време и разбирање,но и во иднина ке им се остави истиот простор за поголемо прогресирање во знаењето,на сметка на другиот прогрес на идните научници.

Page 188: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

187

18

7

Со тоа Агема ке претставува следач и контролор на технолошките иновации,кои ке се случуваат во општеството. Таа ке има можност да го блокира процесот на комерцијализација на одредени денешни технолошки пронајдоци и технолошки пронајдоци во иднина,доколку пронајде дека истите со нивната употреба во сегашноста или иднина,може да претставуваат многу штетни за човештвото и природата. Оваа важна општествена улога која ке биде на товар врз посебното општество,силниот спој кој денес постои измеѓу профитот и технолошкото движење,ке биде разбиен и “духот на машините” според речникот на Мартин Хајдигер ке добие друга,поправилна и поразумна насока,ако не на светско/глобално ниво,барем на национално ниво. Онаа технологија која на непосреден начин влијае врз човековиот начин на живот,човековиот биолошки организам како и врз човековите секојдневни односи,претставува технологија која во нејзина суштина е непотребна и штетна,без разлика какви придобивки допридонесува таа. Денес голем број од технолошките иновации,непосредно влијаат врз човековиот био-психолошки организам. Онаа технологија која му овозможува на човекот енергија и заштита,без притоа да стори измена или штета врз природната средина,како и врз биолошките организми,претставува технологија која му е најпотребна на човекот,па според тоа и фокусот на технолошкото движење треба да биде насочен кон оваа технологија. Начинот на кој Агема ке ја извршува оваа обврска,може да се одвива преку многу примери. Може да се одвива преку следење и контрола на листата на патентираните пронајдоци,и со тоа да се оствари непосреден контакт и комуникација со пронаоѓачот на технолошката иновација,со што би се дознал вистинскиот мотив на пронаоѓачот,како и повеќе информации околу причината и можните ефекти од технолошкиот пронајдок. Може истиот пример да се одвива по допрен глас на некој од членовите на Агема,и на разни други примери и начини,зависно од дадената ситуација.

Page 189: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината
Page 190: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

189

18

9

Page 191: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ГЛАВА

“РАЗУМОТ БЕЗ СТРАСТВЕНОСТ Е НЕПЛОДЕН,НО СТРАСТВЕНОСТ БЕЗ РАЗУМ Е ХИСТЕРИЈА” Артур Шлесингер

Page 192: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

191

19

1

ПОЛИТИЧКОТО БРЕМЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Посебноста на Македонскиот политички ум Македонскиот народ на европската почва,откако имаме пишани и материјални докази,претставува прва европска нација со установен државен апарат,додека во светот се вбројува меѓу првите. Но тоа што претставуваме прва европска нација со установи,без разлика што ни дава за право на гордост,тоа има одраз врз менталитетот,во кој на моменти ни претставува и слабост. Всушност тоа што македонската нација првично била под превелот на нејзини установи,доведува до тоа да обединетоста на Македонскиот народ денес,може да се постигне само под нејзини установи. Односно делувањето во име на целокупниот Македонски народ,и повикување на нејзино општо добро со индивидуални чекори надвор од нејзините установи,доведува до тоа невидена непрактичност како и оставање простор да се создаде во иднина невиден раздор. Ваквите примери увидовме во посвежата македонска историја,односно примерот со војводите на Македонската револуционерна организација,каде што подоцна по одредени неуспеси а особено по Илинденското востание,секој војвода кој имал посериозно влијание и моќ на одредена територија,имал свој план и идеја за доброто на Македонија и Македонците,притоа ниеден од нив не остапувајќи на своја сметка за да се создаде нешто реално и практично,за обединувањето со другите војводи,заедно прифаќајки делови и од нивни идеи и планови. Таквото делување на моменти повеќе ке допридонесе за штета,отколку за корист на Македонија. Таа неколку декадна историја на Македонија,во целост истакна и ни укажа на тоа што значи да претставуваме прва европска институционализирана нација. Дирекно почувстувавме дека длабоко во нашиот менталитетот ни е вкоренето,со повеќе сигурност и мотивација да гледаме во делувањето кон нашите институции и установи,отколку кај делувањето на нашите интелектуалци,револуционери и војводи. Односно повеќе одзив кај населението ке имаме од повик на установите,отколку на повикот за делување од страна на одредени личности и нивни организации. Затоа е потребно државните установи кои ги имаме денес,да не ги ставаме под туѓо влијание,и со тоа да не ги наметнуваме меѓу народот како декларативно македонски.Тоа може да создаде многу лоша практика во иднина,затоа што во нашиот менталитет ке создаде состојба на тотална неактивност,притоа неможејќи истата да се мотивира ни од установи,ни од индивидуалци со своите идеи.Тоа ке даде момент на слаб одзив на народот према повикот за делување,со што практично нема да можеме да создадеме нешто сериозно.

Page 193: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Македонскиот народ е народ,кој има особини на коштрева или пиреј. Во потполност се согласувам јас,но и минатото со тезата на Петре М. Андреевски со пирејот,еве и зошто. Македонија а со тоа и Македонскиот народ,досега имал пет посериозни периоди низ историјата,во кој им се заканувал опстанокот воопшто,и тоа состојби низ кој многу од народите кои поминале низ нив не опстанале. Првиот период е периодот,кој во кратки црти го појаснивме претходно. Тоа е периодот од оној момент кога македонскиот владетел Пердика Трети,останал да лежи на бојното поле убиен од страна на Дарданците ,па до моментот на настапување на сцена на неговиот роден брат Филип Втори.Во тој период,Македонците биле сведени на територија од Круша планина до градот Воден и од Пиреја до С’ботско. Освен тоа на таа територија тие западнале во политичка криза за престолонаследство,па со тоа и на таа територија тие биле несигурни и загрозени од страните интереси,благодарение на внатрешно политичката нестабилност. Овој период траел се додека Филип Втори не го осигурал тронот. Вториот период е оној од времето на Галичката инвазија,врз земјите од полуостровот.Тогаш Македонската држава и народ иаку биле прославени низ тогаш познатиот свет,сепак претставувале изнемоштени од азиската кампања на Александар,но уште поизнемоштени од братоубиствената војна на Дијадосите. Галатите познати по нивни варварски особини,навлегле во голем број во ослабената Македонија,исто така оставајќи го нејзиниот владетел на бојното поле по битката. Птоломеј Кераун бил убиен,со што Македонија и нејзините градови биле оставени со неорганизирана одбрана,како и со криза за престолот на тронот,со што се пројавило разединетост. Но и овој период поминал,а со тоа и прашањето за опстанокот,кога настапил на сцената василевсот Антигон Гоната. Третиот период е започнат од битката кај Пидна,и со влегувањето на Емилиј Паул во Македонија.Овој период иаку долго траел,сепак најверојатно благодарение на славното минато,меморијата за етничката припадност на Македонците не исчезнала.Овој период неговиот крај го започнувал со слабеењето на Римската Империја,а со тоа и политичката состојба внатре.Постепено од Диоклецијан па до дефинитивното ставање на крај на овој период,од моментот кога на сцена се случила Македонската преродба во Ромејската држава. Четвртиот период е од моментот на смртта на Самуил. Овој период на кој ни се заканувал опстанокот,исто така временски претставувал долг период.Но оваа закана била од поинаква природа,и таа не ни се заканувала по физичкиот опстанок,како и закана на слободно етничко и културолошко истакнување,туку ни се заканувало опстанокот на домородната територија,бидејќи Ромејската Империја имала за цел создавање една националност,притоа заменувајќи ја силната народна припадност со религиозно-културна основа.

Page 194: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

193

19

3

И петиот период е оној кој започнал од моментот на потпишувањето на Букурешкиот мировен договор,и траел се до АСНОМ и дефинитивното ресоздавање на македонската држава. Имало периоди и пред АСНОМ но и по АСНОМ,со некакви намери за поништување на Македонија,но сите тие за разлика од овие пет набројани се со послаб ефект и интензитет.Затоа голема е веројатноста Македонија и Македонците,како географска територија и народ да ги има и во наредните векови. Овој народ има повеќе иднина отколку минато. Но на овој народ уште две особености има,кои му ја создаваат посебноста на политичкиот ум,а со тоа и делување. Македонците се народ кој имаат неколку пати искусено империјално искуство.Тоа не вбројува меѓу неколкуте народи во светот,со вакво искуство.Оваа искуство го имаме од периодите на Филип и Александар,од периодот на Македонската династија во Ромејското Царство и во периодот на Самуил Комитопулот. Оваа искуство во нашиот менталитет,ни ја има вкоренето вклопливоста или разбирливоста на туѓите менталитети. Оваа особина која потекнала од такви искуства,може на моменти да се пројави и како слабост,но и како придобивка. Како слабост се јавува во моменти кога немаме сигурност и стабилност,па често се одлева и асимилира македонското население во туѓо.Во периоди на стабилност оваа особина е придобивка,затоа што полесно можеме да ги предвидиме состојбите,како и тоа како би реагирале одредени народи во одредени моменти. Исто така империјалното искуство ни вметнало и тоа,секогаш да размислуваме во широк и голем план,без разлика дали сме во можност да ги оствариме во пракса. И крајната особеност ни претставува,застапеноста на етноцентризмот со хуман/човечки мотив.Македонците се народ кој својата култура,обичаи и симболи ги има сочувано до ден денес и покрај тоа што поминале низ периоди,кои давале тешки услови за истите да се сочуваат.Несомнено е дека Македонците својата култура ја возвишуваат за разлика од останатите,и со право.Но покрај овој етноцентризам кој најчесто во научните кругови денес се употребува во негативна смисла,сепак етноцентризмот кај Македонците никогаш не претставувал во крајна и негативна смисла,односно тој е секогаш со разумен мотив. Туѓото не го сакаат,своето не го даваат. Македонците се едни од ретките народи,во моменти кога меѓу другите народи имало нагони за грабеж,пустошење и убивање,ние да истакнуваме егалитарни идеи,идеи за соживот,напредок меѓу народите и слично.Во целата таа долгогодишна меморија,можеме да најдеме една црна дамка и тоа во времето на Александар Трети,кога истиот извршил физичко истребување на племето попознато како Косијци/Косајци. Но во моментот кога се случила таа кампања со нерационален мотив,Александар веќе своето политичко дејствување го има

Page 195: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

променето,односно бил “персеизиран”,како и тоа кампањата била предводена од мешовит состав,со Македонци и новите единици од Персијци,кои го поминале македонскиот тип на војнички тренинг. Мораме и да истакнеме дека тогаш сиве овие начини на размислување и делување,наишле на големо противење и неодобрување меѓу Македонците. Со вакви ретки поединечни исклучоци,генерално овој народ никогаш не застапувал идеи кои се крајно неетички и неразумни,односно хуманиот мотив никогаш не бил изоставуван,и со тоа целосно да се остави простор кон радикално етноцентристичко размислување. Примери кои ја истакнуваат оваа особеност имаме речиси во сите моменти,кога Македонскиот народ имал можност да премине во крајност и да го злоупотреби етноцентризмот. Од времето на владение на Антигон Гоната,имаме забележана случка кога истоимениот владетел бил во војна со познатиот Пир од Епир. Имено Пир бил убиен од некој македонски војник,и му ја исекол главата,па откако дознал за тоа синот на македонскиот владетел Халкионеј,веднаш истрчал и му ја зел главата за да радосно му ја однесе на својот татко.Но Антигон откако ја видел и препознал за чија глава станува збор,веднаш станал и удирајќи го својот син,нарекувајќи го со погрди зборови и варварин,го истерал од местото. Друг пример за разумни постапки имаме,од времето на владение на Антигон Досон. По битката кај Селасија,во кој Македонците излегле како победници врз спартанската војска и спартанскиот владетел Клеомен,Досон не дозволил да се пристапи кон грабање и пустошење врз спартанското невино население во Лаконија,од страна на победничката македонска војска,кој според записите на Помпеј Трог,Клеомен се сметал за непријател,а не Спартанците. Иаку Досон бил првиот туѓ владетел кој влегол во градот Спарта,сепак ниту ги приморал да им се придружат,ниту пак им наметнал свои закони. Од поновите периоди,ги имаме мислите на Гоце Делчев кој: “Светот го разбирал како поле за културен натпревар меѓу народите” Тука се и политичките документи на Илинденското востание и на АСНОМ,кој се надоградува на идеите на Крушевскиот манифест каде јасно,директно и недвосмислено истакнуваат на еднаквост меѓу народностите,но и многу други документи,мисли и идеи од старата ера па до денес,кои истакнуваат вакви разумни и политички потези со хуман мотив од страна на Македонците.

Page 196: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

195

19

5

Македонска симболика и значење Уште од моменти на зародиш,кога Македонците се формирале како свој посебен колектив и ентитет,главните и светите симболи кои ги користеле тогаш,ги користиме како генерација за идентификација и денес. Од она што може да се забележи,е тоа што имаме три категории на симболи,тоа се главните,споредните и светите симболи. Главните симболи се оние кој секој и денес,ги знае како македонски симболи.Тоа се сонцето и лавот.Симболот на сонцето е тесно поврзан со ИЛ,и не случајно посебно место завземаат Илинден и Св. Илија.Симболот на лавот го симболизира народот на Македонија,односно карактеристиките на лавот и неговото однесување,се поистоветува со карактеристиките на народот на генерално ниво низ историјата,па и денес. Споредните симболи на Македонскиот народ,се козата,грифонот и паунот.Митолошкото суштество Грифон е симболот,кој најчесто е употребуван од војниците од старата македонска ера,и претставува чувар на наоѓалишта на злато,кој според легендите се наоѓале во скитски предели.Споредбата е јасна,Македонија е најголемото злато за Македонскиот народ,додека нејзината војска се нејзините чувари ,односно грифони.Се претпоставува дека овој симбол бил и во употреба од регените/заменици на василевсите,од старата мак. ера. Мозаичка претстава на лов на грифоните од Олинт

Шлемови на македонската фаланга со грифонски приказ

Page 197: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Паунот пак,ако го прифатиме православното согледување,симболизира вечност,додека нејзината шара кои наликуваат на очи,го симболизира Оној кој се види.Паунот како главен симбол е забележан во периодот на владеењето на Самуил Комитопулот,односно во средновековниот период на Македонскиот народ. Симболот со два пауна од гробот на Самуил од Мала Преспа

Светите симболи на Македонскиот народ,отсекогаш била формата на Крстот и пресвета Богородица,која во подамнешен период се нарекувала како Матер или Кибела,како и Свастиката која ја симболизира Галаксијата.Крстот не претставува инспирација од познатото библиско распнување,туку тој означува Почетокот на универзумот,односно претстава за Првата материја или Оној кој е непоимлив за луѓето. Не случајно првата буква од глаголицата,е токму формата на Крстот. Сите позначајни симболи на Македонците,можеме да ги пронајдеме во мозаиците кај Олинт на Халкидичкиот Полуостров. Македонски тип на Свастика/Коловрт

Мозаички приказ на Крстот/Двигателот во центар на Универзумот

Page 198: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

197

19

7

Осинџирената независност на Македонија Народ,нација и национални митови Народот,сите претпоставувам знаете како,на кој начин и од кои колективи се формира.Првин оди родот,повеќе родови под еден владетел формираат племе,повеќе племиња под еден владетел формираат народ.Несомнено е дека тоа претставува процес,кој се потикнува од харизматични луѓе.Но постои една мала работа,која всушност го менува текот и го дели на два типа,овој процес кон формирање на народот.Тоа е доброволен тек на процесот(овој тек бил чест во минатото),кога две или повеќе племиња наоѓаат заедничка причина да се здружат со еден владетел,и насилен тек кога со заплашување и под присила се вклопуваат во еден народ(овој тек бил поредок и потежок во минатото).Нација претставува,кога од повеќе народи се формира еден колектив.Нациите за разлика од народите не можат да се формираат под доброволен пат.Тоа е најверојатно така затоа што народите кои во суштина претставуваат племиња,се бројчано повеќе а со тоа и претставуваат повеќе сложени односи,со што тоа прави да е речиси невозможно без присила да се формира една нација. Постои уште еден незабележителен процес,во врска со нацијата и народот.Доколку една нација се формира,па потоа измине долг период во кој народите во таа нација се соочуваат со исти проблеми,како и негуваат исти обичаи,емоции и размислувања,поради долгото одминување на времето,како и долгото опстанување на нацијата ,постепено меморијата за припадност на еден народ,се слојува во нација.Односно припадноста поминува во поширок план. Така кога на повеќето единки во една нација,ке им избледи претходната припадност кон едно племе,на него му преостанува само меморијата за една припадност,кон нацијата.Тогаш на колективот му останува само една меморија за припадност. Со изминување на таков процес,нацијата всушност повторно станува народ,односно единките имаат чувство кон една припадност. Кога во еден поброен колектив,единките имаат чувство кон една расна,културолошка и етничка припадност,тогаш тој колектив претствува народ.Кога во еден поброен колектив,единките имаат чувство кон две или повеќе расни,културолошки и етнички припадности,тогаш тој колектив претставува нација. Затоа Македонскиот народ денес е народ,иаку со сигурност сме биле создадени како нација,во процес кој бил спроведен пред два милениума и неколку векови,односно процес кој бил воден од страна на василевсот Филип Втори.Тогаш македонската нација била составена од племињата Пајонци,Агријани,Линкести,Бриги,Мајди и други племиња.Но денес ниедна единка од кај Македонците,не се идентификува со нив иаку дел од населението води потекло од нив,односно меморијата за таква припадност исчезнала и останала само припадноста за Македонци.

Page 199: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Но интересно е што во преданието за настанокот на Македонија и Македонците со браќата Гаван,Европ и Пердика,кои ја формираат Аргеадската династија,во тој мит и претходно се споменува постоење на Македонија и Македонци. Митот кој е запишан од Херодот во неговото дело “Историја”,укажува на тоа дека Пердика,кој е најмладиот од браќата,се востановил како владетел на Македонците,односно дека ја создал Аргеадската династија како владеачка,а не дека тие ги формирале Македонците како народ или нација.Тоа укажува на тоа дека и претходно имало Македонци како народ или нација,и дека процесот за формирање кој го покренал Филип Втори,всушност претставувал проширување или нејзино ресоздавање/реформирање повторно како нација,која претходно најверојатно се поделила со губењето на централизираната власт,или со уривање на некоја друга владеачка династија преходно. Несомено е дека зад секој народ и нација постои мит,кој го појаснува потеклото и настанокот на тој колектив. Националните митови,имаат за улога неколку работи,односно се повеќедимензионални за човечкото согледување. Во минатото,особено кај народите од овој полуостров,таквите митови имале првично за улога да даваат насоки,односно тие служеле како еден вид преамбула,додека второстепено им било за улога да ја оправдаат територијата на кој тој колектив е постојан,со што претставуваат еден вид општоколективна тапија за една земја. Во современото време,работите се видоизменети,односно митовите служат првично за оправдување на територијалниот простор,додека во втор план е ставена улогата за давање насоки,или пак воопшто некои митови и ја немаат таа насока денес,односно се еднодимензионални. Најлесно по тоа можат да се разликуваат,природните од вештачките митови.Природните секогаш се многудимензионални,додека вештачките се претежно едно до дводимензионални,и претежно насоката е кон оправдување на присуство на еден територијален простор,додека другите димензии се превземаат од страни природните митови. Некои митови со текот на историските периоди,се надоградуваат со разни херојски и инспиративни настани,со што таквите митови добиваат се повеќе на тежина.Односно едните митови да се поинспиративни од другите,кај човековото делување. Митовите на империјалните нации,се митови кои имаат апсорбирано повеќе природни митови од нациите и народите,при што од сите апсорбирани се зема оној кој има најмногу на тежина како еден централен и главен апсорбиран/превземен мит. Македонскиот мит е мит,кој има несомнено најмногу на тежина во Европскиот и Мало-Азискиот регион.За тоа говорат и обидите за превземање низ минатото од римскиот империјален мит,поточно обидот на Галеријан,обиди за превземање од ромејскиот империјален мит,кој воедно тогаш претставувал и главен од останатите апсорбирани,како и современиот обид преку превземање на ромејскиот мит од страна на денешниот грчки национален мит.

Page 200: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

199

19

9

Митот на Македонскиот народ во современи услови,претставува жртва на туѓи вештачки митови,кои во суштина се создадени со цел страни сили во некогашно време да ги остварат своите интереси,како и тоа да не му дадат можност на народите од овој полуостров да формираат еден здрав и природен тек на настаните,а со тоа и мир и политичко-економска стабилност. Историјата на Македонскиот народ од античкиот период,е дело во кој постои обид за превземање од страна на грчкиот национален мит. Суштината на нивното постоење е обид,да ја реставрираат Ромејската Империја.Митот на Ромејската Империја,не го опфаќаше и средновековниот период на Македонскиот народ,па затоа и денешниот грчки мит нема апетити,кон превземање на тој период од историјата на Македонскиот народ. Но за тој период од историјата на Македонскиот народ,интерес и апетити има современиот бугарски национален мит. Делови од доцен пред-османлиски период,има обид за превземање на делови од страна на современиот албански национален мит,кој во суштина претставува и нација со најмлад национален мит. Современиот национален мит на Македонците,има темели со првите политички документи на првото заседание на АСНОМ. Некои,тие документи ги согледуваат како опис на почетокот на митот од времето на Самуиловата држава,но ако убаво се забележи,поентата укажува на тоа дека од тој период па до АСНОМ,сме немале сопствен државен апарат,а не дека од тогаш ни започнува настанокот на историјата на современиот Македонски народ.Со тоа митот со овие документи,не го одредуваат почетокот од времето на Самуил. Затоа имаме еден проблем со тежината на македонскиот мит,односно проблем со прифаќањето од современата македонска психологија на општо ниво. Преголемата цена благодарение на историјата и митологијата,заради моменталната мала материјална состојба но и сурова реалност, предизвикува кај обичниот Македонец,самиот да си ја отфрла тежината и цената на сопствената историја и митологија. Споредено,тоа е исто како на еден сирак да му појасните дека тој всушност потекнува од богато и моќно семејство,но да не му појасните дека тој не растел во тоа семејство,затоа што некој друг зел и го однел во дом за сираци.Реакцијата нормално е дека ке биде со негативни емоции,кон тоа семејство. Митот на Македонскиот народ,иаку тој е дефиниран,сепак заради политички неможности во претходните декади а и денес,како и заради обемната тежина од долгите историски периоди,односно многудимензионалноста на митот,е во неможност да се дефинира на официјално ниво.Затоа современиот македонски мит е во фаза на додефинирање,кој благодарение на прогресот во знаењето,кој е придобика од глобализацијата,со сигурност е влезен во еден процес кој ке достигне официјално ниво.

Page 201: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Римскиот начин на окупација“Раздели па владеј”(Divide et impera) Овој начин за окупација на Македонија,е започнат од заседанието во Амфипол,со кој претставниците на македонските градови безусловно им се предале на Лукиј Емилијан Паул,римскиот војсководец и победник во битката кај Пидна врз последниот старомакедонски василевс Персеј,и е возобновен и трае до ден денешен со Букурешкиот договор од 1913 година. Овој модел или начин во тој период од страна на Римјаните,било спроведено со цел Македонија никогаш повеќе да неможе,да претставува закана за римските владенија на Балканскиот Полуостров. Односно со Македонија во Амфипол,било решено да биде поделена на 4 републики кои биле зависни од Рим.Првата ткн мерида била,од реката Места до реката Струма со главен град Амфипол,втората била од реката Струма до реката Аксиј(Вардар) со главен град Тесалоника,третата била од реката Аксиј до Воден со главен град Пела и четвртата била создадена во Горна Македонија,од Воден па до Охридското езеро со главен град Пелагонија.Но освен територијалната поделба и децентрализација која им се случила на Македонците,на меридите им било забрането да комуницираат меѓусебно,како на населението на општ план,така и на синдерионите на политичкиот план. Во Букурешт 1913 година,иаку не на директен начин,туку на индиректен,на Македонците истите работи им се случија,па со тоа повторно стапи во функција римскиот начин на окупација. Во Букурешт Македонија не се подели помеѓу четири зависни републики,туку таа се подели помеѓу четири држави кои беа подржувани од империите во тоа време.Тие држави бидејќи беа страни соседни држави кои често имаат непријателства меѓусебно,истата овојпат неформална забрана за комуникација е спроведена на дело. Овој старонов модел спроведувал и уште потешки услови за Македонците,затоа што првичниот потикнувал асимилација само од еден центар,додека овој модел потикнувал асимилација од сите кои имале интерес и моќ да ја вршат на територијата на Македонија. Суштината на овој модел,бидејќи е неприроден а со тоа и неспроведлив на долг рок,е тој да креира нестабилност и криза на внатрешен и надворешен план. Римјаните овој модел го спроведоа не затоа што очекуваа тој да профункционира во пракса,туку оставајќи ги слабите републики самите да се бранат од варварски и страни напади,се со цел да се припреми населението да посакува “римско присуство” на оваа територија,но и уште повеќе од внатре да се ослабнат Македонците меѓусебно. Оние кои го потикнаа договорот во Букурешт,го спроведуваат овој модел,со цел да креираат посакувана и контролирана нестабилност на Балканскиот Полуостров,а со тоа да се владее не само врз разединетата Македонија,туку и врз разединетите политики на балканските држави. Овој модел или начин бил користен и во “Втората” светска војна,а се користи и денес со тетрахалната окупација на етничка Македонија.

Page 202: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

201

20

1

Поделбата на Македонија по заседанието во Амфипол

Поделбата на Македонија по Букурешкиот договор во 1913 год.

Page 203: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Поделбата на Македонија во 1941 год.

Поделбата на Македонија по 1991 година до денес

Page 204: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

203

20

3

“ И кој раздвои,и кој раздвои човек од човек со ѕид? И кој направи,и кој направи човек на човека роб!”

Коста Солев Рацин,извадок од Елегии

Page 205: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Светско бреме(Технотронизам и технократија) Пред да навлеземе во современите македонски неприлики,неможеме без да го образложиме бремето кое постои речиси врз севкупниот свет денес. Имено живееме во свет,каде што поголемиот светски капитал е собран во рацете на неколку стотина луѓе.Бидејќи денес повеќето од држави се со неолиберално-капиталистички уредувања,тоа значи дека тие неколку стотина луѓе со поседот на капиталот,се во позиција да го контролираат процесот на општествената стандардизација на знаењето.Со тоа тие се во состојба да го насочуваат технолошкото движење,движење кое пак ја насочува економијата,односно економското движење.Но овие работи иаку се согледливи,сепак тешко се докажливи. Почетоците на технократијата можеме да ги согледаме во делата на американецот Луис Х.Морган(Lewis H.Morgan),кој уште во XIX век истакнува за еволуција на општеството,каде што клучно место завзема технолошкиот фактор.Џејмс Бернхам(James Burnham) зацртува во своето дело The Managerial revolution (Револуција на Менаџирањето), дека техниката и технократијата претставуваат клучна во развојот и односите во современиот свет.Технократите сочинуваат посебна класа, која заради процесот на распаѓање на капитализмот и заради неспособноста социјализмот да го наследи,стануваат владеачка класа. Од оние работи кои можеме јасно да ги потенцираме,се општествените карактеристики и нејзините резултати на оваа ера,која Бржежински уште ја нарекува технотронска.Тие се: -Технолошкото движење е насочено кон тоа да ги гуши реалните потреби на човекот,постојано наметнувајќи му нови. -Стравот од нестабилност и стравот за егзистенција е голем,и е главна човечка окупација. -Брзи политичко-економски решенија се најпосакувани,иаку се најнепрактични и создаваат нови проблеми. -Брзите решенија ги креираат и популаризираат псевдо-интелегенцијата на јавната и политичката сцена -На крајот сиот страв успешно користен за остварување на профит,кој најчесто оди во еден глобален политички центар. Точно е дека глобализацијата како идеја,за прв пат е потикната од Александар Македонски.Александровиот тип на глобализација која исто така се покажа како многу погубна и непрактична,со мотивот на денешната е сепак многу различна. Можеби ке биде чудно,но оние кои беа главни заговорници против “комунизмот” од времето на Студената војна и се бореа против него,денес истиот политички центар најмногу ја има спроведено во пракса теоријата на Маркс,секако во неофицијална смисла. Модерната цивилизација денес,на која правецот и е притиснат од глобализацијата,ги има истите несигурни темели како што ги имал и комунизмот.Модерната цивилизација се заснова на несигурни и недокажани теории,како што се теорија на дарвинизмот поточно теоријата на еволуција.

Page 206: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

205

20

5

Оваа теорија вмешана со општеството му нуди на човека денес еден вид механички живот,како и тоа истиот од системот да се гледа само како на бројка,а некако како на посебна личност. Освен тоа сличности гледаме и во корпоративната идеја на марксизмот, со практиката на денешиот глобален свет.Дека оваа цивилизација многу далеку има отидено по замислата на Маркс,говори и силното влијание на корпорациите и компаниите,како крајна замена на национална сфера во глобална.Таквото делување говори и тоа дека е замислено да наближува “крајот на државата”,со што би се заменил со комуната поточно корпорацијата во наш неолиберален случај. Во прогресот на знаењето како и со науката,соочени сме со неверојатна вулгаризација на работите.Па така денес оваа вугаризација тотално ги изменува суштините на некои делови,вредности и сфаќања од старите цивилизации,во која глобализацијата вметнувајќи ги во современа пракса,ни ги нуди денес.Римјанизираните делови во современата цивилизација,се централните и се претставуваат преку преценување на профитот и материјалниот дел. Египтоизираните делови претставуваат,опседнатост во секојдневниот живот со естетиката и надворешната убавина на биолошкиот организам на човекот.Тука спаѓаат вештачките додатоци за проубавување од првичниот изглед,шминкањето и слични работи.Овој дел посебно е натежнат врз женскиот дел од популацијата. Јудеизираните делови од современата цивилизација,се верување во црно-бел свет,односно верување во избрани и останати/добри и лоши. И меѓу првите започната со вугаризацијата воедно и најмногу извулгаризираната стара култура и нејзини вредности,претставува онаа од која ние потекнуваме и народите од овој полуостров. Според западната терминологија би ги нарекле хеленистички делови од цивилизацијата.Таа има влезено во ваков процес уште од средниот век од тамошната владеачка и религиозна структура,а се вулгаризира и ден денес.Од хеленистичките делови,имаме вулгаризација на филозофијата на Аристотел преку Тома Аквински во погледот на аристократијата и во погледот на половата доминација. Вулгаризацијата на хуманизмот,каде особено настанала злоупотреба на експресијата од старите материјални артефакти,со цел да се создаде движење за егоцентризам на човекот меѓу населението. Потоа вулгаризација на родољубството и разумниот национализам со крајни форми како што се шовинизам и нацизам,како и вулгаризацијата на сексуалната слобода,преку потценување на семејните заедници и преценувањето на сексуалната активност. Глобализацијата како алатка за воспоставување на империумот,најчесто ги злоупотребува зборовите демократија и прогрес,во оние општества кои не се насочени кон посакуваниот пат.Притоа во едно општество ,разни невладини организации дејствувајќи со исти намери и крајни цели,во разни отворени правни,меѓуетнички и институционални прашања,со цел врз населението под глобализацијата да им стекнат слични односно исти емоции.Со населението кое има слични емоции по слични прашања,воспоставувањето на една власт е полесно затоа што

Page 207: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

многунационалното населението,ке се пронајде во заедничките проблеми,заедно со заедничките решенија. Во ова секако дека имаат придонес и светските медиуми,односно тие успешно ги прикриваат реалните состојби,преку дезинформацијата или преку одвлечувањето на внимание на луѓето.(некои проценки според италијанскиот новинар Џулието Киеза,велат дека медиумските програми во Западниот свет е со 95% покриеност од забавно-рекламните емисии). Александар Дугин(современ руски писател),наведува дека глобализацијата всушност наметнува во општествата еден вид фашизам.Тој ткн неолиберален фашизам не дозволува било каква суштинска промена во политиката на една држава,туку на гласачкото тело им е понудено само неолибералната десница и неолибералната левица.Секое скршнување од ваквата состојба и појава на други политички теории и идеи,доведуваат до осуда окарактеризирајќи ги како назадни и лоши замисли.Одговорот на овој фашизам и на неолибералната десница и левица,претставува крајната десница и крајната левица,која се повеќе добива на сила од гласачите денес. Форсирањето и потикнувањето на населението во светот се повеќе за свое живеалиште да го одредуваат во градското урбано подрачје,се создава од неколку причини и тоа заради зависноста на опстанокот на човекот од сервисната економија и полесна реална контрола како и полесно спроведување на законите. Додека луѓето кои имаат самопроизводство на производите кои му се неопходни,се многу понезависни од оние кои ги набавуваат со појавата на неопходните продукти по маркетите и продавниците. За повеќе од половина век,светската популација во урбаните средини од бројката во 1950 година која изнесувала 746 милиони лица,денес достигува до бројка од 3.9 милијарди лица.Со тоа урбаната популација се има зголемено за повеќе од 500%,споредено со бројката од 1950тата година.Процентуално со популацијата денес на светско ниво,таа изнесува 54 проценти,а се очекува во наредните 35 години бројката да достигне до 6 милијарди лица(бројките се од анализите на Обединети нации).Гладот несомнено ке стане една од главните оружја,на глобализацијата и на други империјални политики. Во општествата кои се притиснати од глобализацијата,јасно увидуваме и на злоупотреба на криминалната политика. Односно од една страна сведоци сме на постојано популаризирање на криминалот,како и постојано негирање на бракот како неопходна заедница во општеството,додека од друга страна имаме “загриженост”, во кој решенијата се нудат со закони кои постојано ја кратак човечката слобода.Со тоа гледаме дека проблемот со криминалот,денес претставува манипулација на системот за изговор со кој би се експериментирало врз човечката слобода. Денес се е дозволено во теоријата,но сепак суштински работите се забранети.Се додека не станете силни и влијателни со што би ги измениле работите до тој момент сте прикладни,но кога ке го поминете прагот,станувате забранети.

Page 208: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

207

20

7

Злоупотребата на технолошкото движење,претставува според мое лично видување главна карактеристика на оваа современо бреме. Духот на машините е тотално насочен кон остварување на профит и моќ,а не во насока за добробит на човекот и човечанството. Од индустриската револуција па до денес,технолошкото движење на моменти имало свое добро насочување,но сепак сето тоа е залудно доколку не се сведат во стандардизација на општественото знаење ,поточно да се официјализираат и комерцијализираат таквите технолошките пронајдоци. Николај Кондратиев,советскиот економист,истакнува дека секоја нова стандардизација во општественото знаење,како и комерцијализација на одредени технолошки пронајдоци,доведуваат до огромни општествено-политички поместувања во светот. Со новото технолошко миље започнато од индустриската револуција,со која акцент на прогресот почна со науката да го става само во знаењето ,доведува до тоа немилосрдно да го уништува и запоставува останатиот прогрес кај човекот. Така натпреварот меѓу нациите и суперсилите,поминувајќи и во технолошкото движење,доведува до пронајдоци од технологијата во кој како резултат би требало да има само доминација на еден центар или уништување на конкурентниот центар,без притоа да и се дозволи место на етиката,за да разбереме по која цена и какво значење,употребата на тие технолошки пронајдоци имаат за биолошкиот свет,за околината како и за човекот и човечките односи. Кондратиев следејќи ја динамиката на ова технолошко движење, проценил дека на секои помалку или повеќе педесет години,се случува нова стандардизација на општественото знаење,а со тоа нов внес на технолошките пронајдоци во секојдневниот општествено-економски живот.Преку технолошките пронајдоци,влијаејќи врз порастот на економијата,а со тоа сеприфатениот сенсимонистичкиот пристап кон сфаќање на државата,влијае и врз промена на политичките односи во светот. Според теоријата на Кондратиев,досега од индустриската револуција до денес имаме вкупно пет брана од по 50 години,и од тогаш до денес имаме пет циклуса во кој светската економија има доживеано просперитет,рецесија,депресија и на крај со комерцијализација на новите пронајдоци закрепнувње и раст на економијата. Во првиот бран биле комерцијализирани парната машина и памукот,додека некои следбеници на кондратиевата теорија,како Лео А.Нефиодоф,истакнуваат дека денес светот се наоѓа во шестиот бран започнат од 2000та со рецесија,која денес е во фазата на депресија. Во овој шести бран кој се очекува да биде во својот подем некаде 2020-2025тата,главната технолошка иновација ке биде поврзана со психолошкото здравје и биолошкиот организам на човекот. Согласно со ова,човекот или ке го скроти моменталниот дух на технологијата,или технологијата ке го скроти човекот.

Page 209: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Петте економски бранови според кондратиевата теорија

Шестиот кондратиев бран според Лео А.Нефиодоф

Во современата ера,моменталната насока на технолошкото движење ни донесе три позначајни промени. Првата промена од правецот на технологијата,заедно со нејзините технолошките пронајдоци,донесоа кај “изворите” кои ја создаваат и градат културата и обичаите на еден колектив. Бржежински уште во шедесетите,истакнувал за оваа промена во САД и Западните земји,но денес по падот на берлинскиот ѕид,речиси секој на светот стана подложен и зависен од овие извори. Станува збор за промена која како главни “обликувачи” од црквите/џамиите и светилишта,денес преминаа во телевизорите,образовната програма а во поново време со се поголема улога и интернетот.Со тоа и ризикиот од манипулациите е зголемен.

Page 210: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

209

20

9

Другата промена од сегашниот правец на технолошкото движење, увидуваме во технолошките пронајдоци кои постојано ги изменуваат биолошките организми и природниот свет,вклучувајќи ги промените и во природниот човечки организам,создавајќи во суштина нови категории. Ваквите промени жестоко поминуваат низ општото јавно мнение,но неверојатно е како се пронаоѓаат изговори за продолжување на овие промени,благодарение на овозможените нови обликувачи на човечкиот морал и човечкото размислување,односно манипулација на човечката емоција и психологија. Би истакнал дека кога некој во некоја приказна,мит или филмско дело фаворизира или е благонаклонет према некој лик или страна,тогаш авторот со сигурност ви сокрил пола вистина. Од оваа промена,произлегуваат генетските модификации на органската храна,која од пракса увидуваме дека немодификуваната храна е многу поздрава и со поголеми нутритивни својства за човечкиот организам. Но многу поопасни вештачки модификации од онаа на храната,денес се во фаза на обид за оправдание на нивното идно воведување. Тука е движењето на трансхуманизмот,кое всушност се обидува преку теоријата на еволуција,на човечкото население да им се наметне размислување,дека со спојувањето на вештачки делови и човековиот организам,тој ке премине во следна “напредна фаза”од неговата мајмунолика еволуција до денес,односно дека човекот ке стане многу “понапредно суштество”. Од документарецот на Реј Курцвел,наречен“Transdecent Man”,која е инспирирана од книгата Singularitу is near(Единственоста е блиску) од истоимениот автор,увидуваме точно во кој правец ке се насочува технолошкото движење,и какви промени ке создадат врз биолошкиот свет како и врз односите меѓу луѓето.Како мотив и оправдување се користат лични загуби,здравјето на луѓето и напредокот на човечкиот организам,односно дека сето е за доброто на човештвото. Но кога доаѓаат до момент за вметнување на имплатни во мозокот на човекот,со цел да се подобри неговата интелигенција,не појаснуваат дали може да се злоупотребат истите,и како би се спречило имплати да не бидат користени и за други цели,како на пример електрошокови на непослушните??. Друго интересно што ке забележите од овој документарец,е тоа што од страна на технократите не е оставено правото на избор кај луѓето,туку работите етапно со општествен притисок врз индивидуата е замислено да се одвиваат.Технократите едноставно укажуваат на тоа дека, моментот кога корпорациите ке ги пуштат во комерцијализација тие работи,кои ке му сторат трансхумално обележје на човекот,првин луѓето нема да дадат широк одзив,но кога ке бидат убедени какви бенефиции им допридонесуваат на оние кои се трансхуманизирале,сите ке посакаат да се трансхуманизираат. Исто се наведува дека трансхумалните луѓе ке бидат супериорни во однос на другите луѓе,односно дека ке бидат поинтелигентни,како со располагање на поголемо знаење така и со информации. Со тоа всушност ке настане состојба на дискриминација и приморување, на оние кои уште не се трансхуманизирале да се транхуманизираат.

Page 211: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Шема на еволуцијата на човекот според Реј Курцвел

Шема на очекувана стапка на раст кон трансхуманизацијата

Page 212: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

211

21

1

Третата промена од правецот на технолошкото движење,претставува онаа која го промени вообичаеното војување. Со помош на денешните технолошки иновации,дојдено е до степен да човекот може да исполнува “чуда” од митскиот размер. Како што истакнал Фридрих Енгелс: “Оружјето стаса до таква фаза на совршеност,да идниот прогрес кој ке има револуционерно влијание,не е веќе возможен” Бржежински исто истакнува во својата книга,дека возможно е да стаса во употреба оружје,со кое стратегиските точки и позиции во светот веќе ке немаат значај и улога во војните. Во извештаите од војската на САД од деведесетите години,под наслов “Owning the Weather in 2025”(Поседување на времето во 2025),јасно и јавно укажуваат на технолошко вмешување во временските прилики,со помош на разни метали(претежно алиминум и бариум),се со крајна цел создавање вештачко време,кое би било под човечка контрола со помош на технологијата. Во извештаите на Royal institute(кралскиот институт)од Велика Британија,наидуваме на научни испитувања како геоинженеринг,како и геоинженериг на климата,исто како и биоинженеринг на храната. Истотака на разни страни низ светот денес сведочиме за објекти,кои се создадени и во употреба за експериментирање со јоносферата. Руските институти најверојатно и пионири,иаку се помалку јавни за нивната работа,сепак од извештаите на САД јасно гледаме инспирација од работата на руските научни истражувања,поврзани со јоносферата. Таков објект од Русија е Сура,во близина градчето Василсурск,кој служи за загревање на јоносферата. Сличен таков објект е и најпознатиот HAARP во Аљаска,кој е воедно и најмногу поврзуван со вмешувањето во временските прилики. Несомнено е дека денес суперсилите во светот,се натпреваруваат кој попрв ке ја превземе контролата на времето,исто како што порано се натпреваруваа со атомското вооружување и вселената. Со тоа всушност,империумите низ светот ке добијат нов момент за супрематија,покрај традиционалните супрематии на копно и на вода попозната и како таласократија,со можност за настанување и на супрематија во временските прилики,поточно метеократија.(од meteorologia+kratein,поточно владеење со времето). Денешните држави кои ке го остваруваат својот империум врз принцип на оваа супрематија,ке претставуваат првите во пишаната историја. Освен метеократијата,тука е и информационата војна преку дезинформациите по медиумите,како и виртуелната војна преку хакерство и вируси. Едвард Сноуден истакнува дека Националната агенција за безбедност на САД,обезбедила една милијарда долари за буџет на оделот составен од хакери за виртуелно војување. Овој одел го има мотото “Ваши податоци-наши податоци,ваша опрема-наша опрема”.

Page 213: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Современите суперсили САД е државата,која денес има најголема концентрација на воен и финансиски капитал.Според новинарот Џулието Киеза,САД со своето население од 320 милиони,троши некаде 25% од ресурсите во светот. Со тоа таа земја претставува прва од останатите суперсили,кои се во светот. Таа е воедно и земјата која по победата во Студената војна,стана со најголемо политичко влијание меѓу земјите на овој наш полуостров. САД е држава која се прокламира како демократска земја,исто како што се прокламираат и сите други земји кои се во воениот Северноатлантски сојуз.Но повеќето земји кои денес се означуваат како демократски,се всушност установени олигархиски земји,бидејќи функционираат во интерес на поедини групации,а не во интерес на народот или нацијата. Демократијата како уредување во една држава,во самата нејзина суштина е неспроведлива на дело,исто како комунизмот.Затоа што демократијата има проблем со природните закони,односно самата природа е недемократска појава.Примери имаме насекаде околу нас. На еден народ земјата им е плодна,на другите им е сушна. Внатре во народот на едната единка му е дарен подобар физички изглед,на другите им е дарено подобар умствениот изглед итн. САД вешто прокламира демократија,но само во изборот на обичаите и обичајните норми.Во таа земја овој избор е слободен,затоа што таа нација е создадена со туѓи и неавтохтони норми и обичаи. Затоа низ нејзината историја,има лесно поминато демократијата во обичајните норми.Денес и оваа демократија им се ускратува од страна на државниот апарат врз американската нација,во обид да им се наметнат нови глобални норми. По Шпанско-американската војна,со кој САД му објави на светот дека има намера да стане империја,најмногу како главни идеи во системот се наметнуваат идеите на тејлоризмот,нешто подоцна и на технократизмот. По падот на берлинскиот ѕид,откако Буш постариот објави “novus ordo mundi”(нов светски поредок) со својот говор,државниот апарат на САД се наметна како шампион на глобализацијата,воедно вметнувајќи ја глобализацијата како дел од својата државна политика. Со тоа САД и денес претставува земја,која најмногу допридонесува за процесот на глобализацијата.Тука и настанаа големите главоболки за американската политика. САД е земја која прва ја вметна глобализацијата за своја политика,но американската нација е прва која се спротистави на глобализацијата. Битката во Сиетл во 1999та,претставува една од најзначајните и најмасовните антиглобални моменти во светот,со која на протестот се проценувало учество на над 40 000 луѓе. Заседанието на Светската трговска организација во Сиетл било одложено,со што претставува и еден вид победа на антиглобалистите. Штетите настани од протестите,достигнале до 20 милиони долари.

Page 214: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

213

21

3

Глобализацијата во својата суштина не создржи своја цел. Да претпоставиме утре,дека постои еден центар на политичка моќ во светот,дека машините се на неверојатно високо ниво и дека човекот ја нема својата природна суштина,што е целта.? Што е корисно постигнато за човештвото,па и за тие што замислиле да бидат во единствениот центар на моќ?? Апсолутно ништо,ке преовлада само звукот на машините и една голема досадност за оние што ке претставуваат управители,толку голема колку што е Земјината топка. Американската идеологија која на главно место завземаше демократија,постепено е погазена и заменета со технократско владетелство.Дури има моменти кои се забележуваат во американската новокомпонирана идеологија,кои откриваат дека цели да од човечката биолошка категорија создаде нова,со комбинација од човек-машина. Согледувајќи ги бурните реакции на американската нација врз овие идеи,јасно ке увидиме дека денешната американска идеологија е само подржана од неколку стотина луѓе,кои свесно манипулираат со илјадници против сите оние во светот кои се против глобализацијата. Иднината на оваа земја ке биде со сигурност различна,со помала моќ и капитал од ова што е денес.Глобализацијата е преголем залак за било која од суперсилите,воедно истата е неспроведлива на демократски начин.Промената на идеологијата на САД,донесе врз администрацијата од страна на американската нација,таа кон нив да гледа како на противник.Тоа доведува до момент на слабеење на мотивот за постоењето на таа држава,што секако ке се одрази врз нивната моќ и нивната безбедност од страни манипулации. Дополнително со светската економска криза,и материјалниот мотив кој секогаш од сенка даваше стабилност во односите внатре во нацијата, исто е загрозен,додека создадена е и голема материјално-базна нееднаквост меѓу населението. Друг особен проблем на САД,претставува разноликоста не само во нациите и народностите,туку и во расните разлики на американската нација.Создавањето на американската нација а со тоа и САД како држава,претставува најголем експеримент некогаш спроведен врз одредено население.Оние кои го извршија тој експеримент,во овие моменти согледувајќи ја неуспешноста на целиот проект,притоа немајќи никакви чувства и поврзаност со тоа население и земја,пред конечно да пропадне овој проект,главните проектанти први ке ја напуштат и остават таа земја и нација сама со своите огромни проблеми. Во моментот со ткн “украинска криза” на Европскиот континент,САД нивните граѓани ке се обиде да ги манипулира преку русофобијата,евентуално и со комунизмот на Кина и нејзиниот подем,во надеж да им го зајакне мотивот на американската нација. Кога ке се доведе во ситуација администрацијата на САД,официјално да манипулира внатре кај себе со расна фобија,тогаш на федерацијата дефинитивно ке му следи распадот.

Page 215: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА,е земјата која има најголемо територијално пространство. Согледувајќи ги ставовите на современите руски аналитичари,јасно увидување има на силен повраток на руската иделогија кон концептот за “Трет Рим”.Имено кратко по падот на Константинопол,дел од династијата Палеолози кои имаат пребегано на Апенинскиот Полуостров,поточно Зое Палеологина,се мажи подоцна во руската владеачка династија. Отогаш таа владеачка елита,делејќи ја истата православна вера,себеси се смета за наследник на Ромеја(вториот Рим).Тоа значи силен спој на еклесијалната или иституционалната религија,со државниот апарат. Владетелот во тој систем за да го добие потребниот “боженствен орел”,ке мора да го има благословот од црквената организација. Русија не ја негира глобализацијата,туку јасно бара поголем удел во неа. Официјалната руска политика,вешто ги користи античовечките карактеристики на глобализацијата,одејќи против нив на моменти. Александар Дугин,кој се претпоставува дека е главен идеолог на Путин,ги критикува “механичките односи” во секојдневниот живот на луѓето кои се наметнаа во Западниот свет,и материјализмот кој е во централно внимание.Исто така е против теоријата на дарвинизмот. Дугин повикува на мултиполаризмот во светската политика,како и тоа секој одреден регион самостојно за себе,слободно да одлучува. Се обидуваат да изработат четврта теорија,во која филозофијата на германецот Мартин Хајдигер ”Da Sein”(битието) ке има главно внимание. Станува збор човекот кој постепено се губи во виртуелниот свет,повеќе работите да ги доживува и открива во реалност,а не како што тотално се наметнува денес преку нереалноста. Човекот искуството треба да го стекнува надвор од виртуелизацијата,со цел ги “почувствува” работите на вистинскиот и правилен начин. Оваа идеја секако дека е многу подобра,од идеи кои му ги нуди глобализацијата на човештвото,но сепак незнаеме дали таа идеја е алатка за манипулација,или е вистински искрен одговор против глобализацијата. Украинската криза според Сергеј Глазјев,претставува обид на САД да креира нестабилен регион во стратегиско важно место(Украина),со што еднакво би се слабееле воедно и дефокусирале и Русија и Европската Унија.Конфликтот е и со цел да се спречат можните економски сојузи и договори,меѓу Европската унија и Руската федерација. Одејќи според теоријата на Николај Кондратиев,Глазјев ја потврдува тезата за шестиот бран,како и тоа дека смената на технолошката генерација доведува до хаос во економијата и политичкиот систем. На САД победата и ја препишува во Студената војна,заради супериорноста во развојот на технологијата од петиот бран,која се базирала на микроелектроника,информации,комуникациски системи како и воспоставување на монополот врз монетарната политика. Новата технолошка генерација е претежно нехумана,и се состои од нов начин на хранење,како и ново образование,додека во иднина се повеќе во секојдневниот живот ке доминира технологијата.Се очекува раст во шестиот бран на нанотехнологијата и хелио-атомска енергија.

Page 216: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

215

21

5

Економската светска криза,намерно е потикната од финансиската пирамида,која го повлекува својот капитал од економијата со застарената технологија,за да може подоцна да реинвестира во нови технологии.Со тоа тие всушност внатре кај себе,предизвикуваат се поголема сиромаштија меѓу граѓаните. Земјите во раст според Глазјев,се во многу поповолна позиција затоа што нивните економии и индустрии,не се со толкав вложен капитал во застарената технолошка генерација,како и немаат надакумулација на капитал од економиите со старата технологија,па се послободни во инвестирањето и развојот во економијата со нови технологии. Украинската криза според Глазјев,претставува демонстрација на нов тип на војна.Оваа ткн “хибридна војна” има за цел да наметнува забуни ,страв и паника меѓу населението,додека индирекно се слабее економијата и политичката стабилност на земјата,против која е насочена војната. Бидејќи руската државна политика се обидува да ја копира ромејската(византиската),тогаш таа ке се соочува со истите проблеми какви што ги имала и Ромејската Империја.Главни главоболки на Русија и претставуваат проблемот со лојалноста,како и проблемот со амбициите на нивните финансиски велможи(магнати).Глазјев укажува на тоа дека од руската економија во последниот период е изнесен над 500 милијарди долари капитал,а е пренесен претежно во земјите кои се под контрола на Западот. Шема на технолошките генерации според Сегреј Глазјев

Иднината на Русија секако е многу поповолна од онаа на САД,затоа што таа располага со големо пространство кое дава огромни речиси непресушни ресурси,неспоредливи со другите земји.Освен тоа руската нација брои околу 140 милиони жители,половина од населението на САД.Русија има долга и горда историја што им дава повеќе на својот мотив,а дополнително на тежина со мотивот добиваат,тоа што Русите се доминантен елемент во самата руска нација.Сепак,ако преминат во широк и непотребен империум,сите овие бројки и статистики нема да значат ништо,доколку ризикуваат политичка и економска нестабилност.

Page 217: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

КИНА претставува земја,која има најголемо жителство на својата територија. Кинескиот државен апарат е со комунистички карактеристики,но оваа теорија Кинезите многу внимателно ја спроведуваат во нивната пракса. Со реформите од 1978 година,новата теорија е како што ја нарекуваат социјализам со кинески особини.Од овие реформи,кинеската владеачка структура имаа доблест да признаат,дека се во примарната неразвиена фаза според теоријата на комунизмот,освен тоа сосем добро согледале дека прескокнувањето на тие фази,може да доведе до штета и крах на системот(како што направија Советскиот сојуз,Југославија и други бивши комунистички земји).Овие реформи во Кина,дозволија да се развие приватната сопственост,а со тоа и приватната иницијатива и приватниот сектор,кои се многу битни за виталноста на една економија. Со ова започна процесот на деколективизација на земјоделскиот сектор. Странските инвестиции исто така се дозволија во Кина,каде што истите им овозможија достап на Кинезите со поновите технолошки продукти. Џао Зијанг,еден од водечките фигури на оваа реформа,истакнува дека оваа примарна фаза се очекува да трае 100 години,поточно еден век. Позитивните страни кои ги има пролетеријатот,Кинезите успеаа да ги наметнат на едно општо национално и политичко ниво,со што несомнено тоа им даде огромни економски разултати. Иднината на Кина е стабилна,скоро во секој поглед.Таа претставува во моментот втора економска сила,според акумулацијата на капиталот. Силните страни на Кина се многубројната и ефтината работна сила Но затоа што кинеската нација претставува најмногубројна,толку повеќе и е потребно таа ефтина работна сила да ја одржува на едно ниско ниво,односно стандардот на граѓаните да не го покачуваат до високи нивоа.Доколку Кина која ги има сите услови за ширење на своето влијание,се прелаже и им го покачи превисоко стандардот на нејзините граѓани од денешниот,тогаш таа несомнено ке ја изгуби својата силна страна,а ке има последици и за кинеската и за светската економија. Тоа одржување на нискиот стандарт,може да се одвива само доколку има еднакви социјални права и услови за многубројната нација.Но и покрај тоа,материјалните искушенија на Кинезите ке им бидат големи, согледувајќи го стандардот на другите нации.Затоа оваа силна страна на Кина од многубројноста,во некој поглед претставува и нејзина слабост. Дотолку потребата од ресурсите им е поголема,со многу поголема потреба во иднина од САД.Таквата идна потреба несомнено ке доведе до идни конфликти со непресушната Русија,како и со нејзиниот огромен ненаселен простор во Азија,без разлика што односите меѓу двете државни политики се денес на едно големо пријателско ниво. Евтината работна сила на Кина,им овозможува неверојатно ефтини продукти,во однос со западните економии.Знаејќи го тоа,преку најавените нови“патишта на свила”кој едниот ке поминува по земја низ Казахстан-Русија-Белорусија се до Германија,а другиот по вода до Пирејското пристаниште во Атина,преку Македонија-Србија се до Унгарија,кинеските продукти брзо ке го завземат пазарот на ЕУ. Битно за забележување е и тоа што политиката на Кина,е единствената на моменталните суперсили,што не и наштетила досега на Македонците.

Page 218: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

217

21

7

Современите политички прашања на Македонскиот народ НАДВОРЕШНИТЕ прашања стојат отворени во сите држави,со кои граничи Република Македонија. Главен политички проблем од надвор претставува прашањето за идентитетот на Македонскиот народ,наметнат преку прашањето за името кој го притиска Грчката држава. Не е сосем јасно од каде и толкава сила на една држава како Грција,која дури не е ниту постојана членка во Обединетите нации,таа да ги доведува во прашање универзалните повелби на ОН. Прекршувањето со сигурност е потикнато и подржано од моќен центар, кој има за интерес да докаже дека системот на Обединетите нации,не е во состојба на функционирање и дека е потребно ново прекројување на светските правила.Тука во истиот прилог одат и настаните со бомбардирањето на Југославија,од страна на НАТО воениот сојуз. Освен подршката,со сигурност можеме да потврдиме дека ваквото политичко прашање е експеримент. Од политички,оваа прашање можно е да претставува и научно-социјален експеримент. Со тоа што ни се ускратуваат можните економски придобивки од влезот на разни економски и воени организации,под изговор за проблемот со името,директно ни се нудат социо-економски права на сметка на политички права.Односно можно е сето прашање да е воспоставено како краен резултат и пример,да има откажување на луѓето од својата култура со цел да има некакви економски и материјални придобивки. Доколку ова успее некако да се оствари како краен резултат,тогаш Македонскиот народ од оние истите,кои не притискаат да има решение од ова безизлезна ситуација,ке бидеме презентирани како позитивен пример за нив,врз останатите народи на кои ке им се наметнуваат слични политички проблеми,само со различна содржина. Таквиот исход и тоа како ке им оди во прилог,на оние кои замислуваат “изумирање на државата”. Од светската пракса можеме да увидиме,дека најстарите народи се под удар на глобализацијата како што се Ирак,Иран(Персија),Сирија и други. Народите со долга историја,со славни предци и личности,имаат поголеми метафизички способности,црпена од инспирацијата.Овие способности некогаш се корисни и практички,но некогаш се сосем спротивно од тоа. Денес тие метафизички способности во дадената ситуација,се манифестираат како позитивни и главни антиглобални елементи. Другите посериозни надворешни проблеми,претставуваат етничко-јазичкиот проблем со официјалната политика на Р.Бугарија и црковно-хиерархискиот проблем со официјалната политика на Српската православна црква.Овие два проблеми се исткаени за да служат како политики,кои дефинитивно ке стават шах-мат на Македонскиот народ,а со тоа и неправедно ставање крај на Македонското прашање.

Page 219: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Случајно ако се прифати некакво решение со проблемот со името,тогаш овој народ кога политички се согласил да не биде тоа што е,бугарската официјална политика ке премине во лов на тоа новонационално население.И претпоставувам дека ке им биде успешен,затоа што моралот по некакво решение со името на Македонскиот народ повторно ке им биде скршен,а со тоа одлевањето во туѓи колективи и вклопувањето во туѓи менталитети,драстично ке биде зголемен.Згора на тоа не ке им претставува потежок проблем од денес и на СПЦ,односно ке си ја олесни работата за воспоставување на јурисдикцијата,врз останатата македонска територија на Охридската архиепископија. ВНАТРЕШНИТЕ проблеми на современата македонска политичка сцена,како главно прашање ги имаме оние кои се наметнаа,од повторната злоупотреба на Призренскиот идеал на Албанците. Со рамковниот договор,всушност интеграцијата на Албанците во македонската нација,дополнително беше отежната и одложена за најмалку две децении,со дадена можност за создавање на идни конфликтни состојби,со што уште повеќе интеграцијата би била усложнета и одложена.Тоа што Албанците ја почувствувале СР Македонија и СФРЈ како страна држава,е проблем кој требало системски да се решава од тогашниот апарат.Тоа најмногу имало влијание од образовниот систем,односно невниманието на задоцнетата едуцираност кај Албанците.Тие работи довеле до состојба на чувство на инфериорност кај истите,а со тоа и неможност за успешно политичко делување во иднина.Освен тоа потребно е да се забележи,дека албанската нација е во фаза на формирање.Сиве овие слабости се забележани и успешно изманипулирани од страна на модерната Римска Империја,и наметна реторика кај Албанците во Македонија особено од филозофиите на нивните современи политички претставници,да размислуваат дека прогресот настанува само кога е постигнато со насилството,односно дека Албанците ке прогресираат само кога Македонците во Р.Македонија ке регресираат. Друг посериозен проблем претставува,“торбешката ерозија” од Македонскиот народ.Оваа состојба исто така е запоставена како проблем и од минатите политички стратегии,а и денес.Најмногу за ова ерозирање од Македонскиот народ,допридонесе рамковниот договор.Дополнително ерозирање даваат радикалните религиозни организации на вахабизмот и салафизмот,кои се финансирани од сомнителни канали,но најчесто од Саудиска Арабија.Помал удел има турското политичко влијание,кое станува се посилно.Бројката на Македонците со муслиманска вероисповед,најверојатно изнесува околу 100-150 илјади,но оваа бројка постепено се намалува со премин во албанската или турската националност.Дури имаше економски интерес и вештачки обиди,за формирање на ткн торбешка националност. Најголема спротиставеност во размислувањето на православните Македонци со муслиманите Македонци,претставува гледиштата кон историјата.Православните гледаат со благонаклоност према Ромејското Царство,додека муслиманите гледаат со благонаклоност кон Османлискиот Султанат,субјектите кои се виновни за оваа поделба.

Page 220: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

219

21

9

ВМРО Внатрешно Македоно-Одринска Револуционерна Организација,е политички субјект кој од Рилскиот конгрес до формирањето на комунистичката партија,беше единствена политичка матрица на Македонскиот народ. Оваа организација до пред Рилскиот конгрес одржан во 1905год.,претставуваше единствена и обединета организација. По овој конгрес,политички фракции со кои различно се нудеа решенија за македонското прашање,беа зголемени и се повеќе харизматичните фигури со кои Македонците се идентификувале,станувале се поразединети и послаби во ефективноста и делувањето. Оваа организација е составена претежно од војводи и чети,со потекло од селските средини.Радикална измена во начинот на војувањето и раководството,настанува со Тодор Александров и Ванчо Михајлов,каде што од четнички начин на војување преминуваат во тероризам,со што се и видоизменува карактерот и принципите на ВМРО,од претежно селски во градски,најчесто во градовите каде што имало силна македонска емиграција во Бугарија.Таквите измени,донесоа и послаб контакт на организацијата со народот во Македонија,како и премини од колективни интереси во лични. Согласно со дадените политички услови,овој политички субјект на Македонците,максималистичките барања им биле во склоп на формирање независна Македонска држава.Оваа барање им било се до Илинденското востание.По поделбата на Македонија во Букурешт 1913год.,максималистичкото барање се видоизменило во барање за автономија на Македонија,во склоп на Балканска Федерација или Бугарија.Со предвременото кревање на Илинденското востание и нејзиниот краток неуспех,централизацијата на оваа организација сериозно била нарушена,со што дури и по Рилскиот конгрес не успеала да го поврати својот внатрешен ред.Заради емиграцијата и влијанието,оваа матрица има благонаклоност према Бугарија. Иван Хаџи Николов,еден од основачите на ТМОРО,подоцна кога ке согледа каква грешка направила организацијата,а со тоа и политичка штета на Македонскиот народ ке истакне: “Да се пишува за една организација,која за резултат го има упропастувањето на Македонија,макар што тоа не е самата организација,туку Софија со својот цар,со своите министри и генерали,со својата државна а не национална политика,ја погреба Македонија и ѝ причини огромни жртви во луѓе и материјални блага,а јас пак се чувствувам виновен за сите тие злосреќници што со моите другари станавме причина за револуционизирањето и во последица на тоа,погубувањето на Македонија и Македонците.И јас му се чудам на македонскиот дух како тие луѓе не не убија со камења откако го согледаа грозниот излез на нашата револуционерна иницијатива.” Денешните политички наследници на оваа матрица е партијата ВМРО-ДПМНЕ,кој како нејзин основач се наоѓа Драган Богдановски.

Page 221: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

КПМ Комунистичката партија на Македонија,е создадена во 1943 година во градот Тетово. Со формирање на овој политички субјект,тој ги воспоставува темелите на втората матрица. ВМРО под раководството на Ванчо Михајлов,во потполност била загушена од бугарската политика,не оставајќи никаков простор за независно делување на истата.Тоа оставило слободен вакум за страна на новата генерација,да формира нов политички претставник на Македонскиот народ. Оваа партија претежно е создадена од млади личности,претставници на градската сиромашна материјално-базна класа. Политичките услови му овозможиле КПМ да воспостави контрола врз Македонија за само две години,и да го оствари воскреснувањето на Македонската држава со АСНОМ. Со тоа овој политички претставник на Македонскиот народ,се покажал кој направил нешто многу посериозно од првиот претставник,но сето се должи на поволните услови кои го овозможиле сето тоа. Максималистичкото барање на овој политички субјект,во воениот период претставувало формирање на независен државен апарат,додека повоениот период тоа барање се намалило во задржување на македонскиот државен апарат и нејзините установи,макар и декларативно означени како македонски,под покровителство на Белград. Сходно на тоа со повоениот период,следела смена на составот и карактерот на КПМ,со премин сличен на оној на ВМРО. Смената тука се случила со промената на раководителите,од оние кои претставувале идеалисти и оние кои верувале во идеалот за ослободување на цела Македонија(оние најзаслужните за слободата денес што ја уживаме)со што се залагале за целосно затворање на македонското прашање,со премин во оние кои биле кариеристи и верувале дека е доволно тоа што Македонскиот народ формирал сопствени установи во Вардарскиот дел на Македонија,па со тоа Македонското прашање ги задоволило минимумите,и дека понатаму потребно е да се сконцентрираат силите во оцврстување на установите, под централизација на Белград за изградбата на комунизмот. Интересно е да се забележи,менувањето на карактерот е обратно од оној на ВМРО,односно раководството во КПМ поточно СКМ,претежно во повоениот период станувала партија составена од луѓе со потекло од селските средини,заменувајќи ги оние од градските средини. На КПМ им се случило она,како и на сите политички партии и посериозни претставници во повоениот период,кога централизираниот апарат на Југославија постепено ги гушела националните идеи,насочувајќи им го интересот на водечките политички фигури,кон создавање на политичка кариера во новосоздадената федерација.Заради долгодекадното покровителството на Белград,постои благонаклоност према Србија. Со распадот на Југославија,како политички наследници на оваа матрица се јавува партијата на СДСМ.

Page 222: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

221

22

1

Современа македонска политичка реторика Македонската политичка сцена,иаку не се многу разликува од соседните земји и пошироко,како последица од глобализацијата која ги наметна своите правила,сепак во одредени делови мора да се истакне политичкото обележје на македонската реторика. Полемиката,е главно обележје во современата пракса на македонската политика.Оваа обележје се истакнува особено кога ке дојдат на ред изборите,со кој Македонскиот народ е принуден да ја подели општествената моќ на некоја од партиите.Од овие полемики ке забележите теми и дискусии кои воопшто не носат подобрување за Македонците,а ке воочите дека сите партиските теми кои се на мета на полемиката,укажуваат само на што полошо претходно водење и справување со проблемите,кој во македонскиот пример ги имаме сериозно многу. Тука како придружник на полемиката мораме да ја потенцираме цитатологија,која е присутна кај секој посериозен политички индивидуалец.Речиси и да нема политичар од Македонија,што својот јавен настап не го истакнал со парче хартија напишано,држејќи го во неговите раце.Нема воопшто да забележите некој искрено и од срце да го каже својот став према Македонскиот народ,туку сите се под некаков цитат,кој многу веројатно е да претставува нарачан или напишан од професионални цитатолози. Бидејќи на македонската сцена има разум без страственост,тогаш остварувањето на македонските политички права се безплодни. Освен што нема плод во делот за кој се и основани тие државни установи,увидуваме големо присуство на разум со страственост во личните интереси,со што остварувањето на личните материјални самоприуштени права се со голем плод,создавајќи од македонскиот државен апарат само систем на грабеж.Системот на грабеж е воспоставен како политичка реторика,кај сите неолиберални уредувања. Тој систем на грабеж,постепено создава се посилно чувство кај македонската нација,секако во прилог на глобализацијата и нејзината дезинтеграција,да од македонските граѓани према македонските установите се гледа како на паразитизам.Таква состојба во умот на граѓаните е оправдана,затоа што ниту политички ниту економски права и слободи се почувствуваа,додека системот на грабеж најмногу се чувствува,без разлика од кој наследник од која политичка матрица е на власт. Друг поголем проблем во македонската современа политика,претставува тоа што политичарите кога ке дојдат на власт,поставуваат клучни луѓе на клучни позиции во државниот систем.Со тоа тие луѓе на клучни позиции во системот,му должат на човекот кој ги воспоставил на таа позиција,а со тоа влијанието на политичарот-поставувач останува и по завршувањето на политичкиот мандат.Така новиот политичар-мандатар кој е свежо стигнат на власт е приморан,долгогодишно да е фокусиран кон “чистење” на клучните луѓе кои се на клучни позиции и под влијание на претходниот мандатор.

Page 223: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Тоа оневозможува формирање на стабилни држави установи и стабилна државна политика,со кој би се заштитувале државните интереси но и водење на долгорочна и сериозна политика.Ова всушност претставува и главната слабост,на современите неолиберални “демократии”. Таквата состојба оставува лесен пат кон делбата на народот,под партискиот предзнак. Главните македонски политички субјекти,кои себеси се декларираат како претставници на ВМРО и КПМ,освојуваат масовно гласови кај Македонскиот народ,најмногу заради историското брендување на тие партии.Во самата суштина тие две партии само ги извалкаа историските значајни и важни организации,и својата непрактичност ја покажаа неколку пати на дело.Согласно со тоа,тие не прават ништо корисно за правата на Македонците,туку само прават разделби кои се на штета на сеопштите македонски интереси. Кога наследниците на матрицата на КПМ се во позиција на власт,најголема нивна слабост им претставува тежнеењето кон туѓ помоќен центар.Тие своите главни одлуки ги оставаат на таков центар,без додатна критика,додека за возврат очекуваат стабилна власт,што е на некој начин многу контрадикторно (не)размислување. Претставниците од оваа матрица,првата ваква фрагилна политичка демонстрација ја искажуваше со Белград и Југославија,а денес нивните наследници неколку пати сериозно ја искажаа со Брисел и Европската Унија.На своето име тие навлекоа политички потези,со кои всушност го започнаа своето дефинитивно згаснување како политички претставник на Македонците.Неопростлива политичка одлука претставува,промената на знамето на Р.Македонија и правно откажување од македонските малцинства во соседните земји,политичката одлука за кршење на уставот со цел применувањето на рамковниот договор,политичка одлука за промена на територијалните граници,со што се воспостави политичка нереална доминација во Западна Македонија на албанските политички субјекти,разни пазарења со страни неблагонаклонети политики за Македонскиот народ и разни други помали ексцеси. Оваа партија од денешна гледна перпектива е во крајна фаза на изумирање,а во тоа освен нивните неразумни дејствија и валкањето на името на КПМ,придонес има и нивната идеологија која тврдат дека ја застапуваат,идеологија која се покажа како многу несоодветна. Кога наследниците на матрицата на ВМРО се во позиција на власт,нивната најголема слабост им претставува склоноста према приграбување на што е можно повеќе материјални средства од јавните фондовни,односно од државните пари. Оваа нивна слабост,се прикажа во 2001та година кога до последен денар беа “исчезнале” парите од државниот буџет,оставајќи го исто Македонскиот народ од тогашното раководство самото да се снаоѓа со огромните проблеми.Праксата со злоупотреба на јавните пари со сигурност се продолжува и денес,секогаш затскриено под патриотизмот,кој во суштина е хипокризија,и претставува најбесрамно манипулирање на Македонскиот народ,злоупотребувајќи ни ја

Page 224: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

223

22

3

фрустрацијата од долгата насилна забрана да се изразиме самите себеси во онаа руво,какви што ние го претпочитуваме. Политичките потези со кои го извалкаа името на ВМРО,претставува договорот за јазична употреба во односот со Р.Бугарија со што македонскиот јазик стана јазик на Р.Македонија,политичкиот потег за мајскиот договор со политичката партија на ДУИ за кои содржината уште не детално ја знаеме,политичкиот потег за автентично толкување на вратените ткн “хашки случаи”,со што Р.Македонија се дрзна да ги руши темелите на Женевските конвенции,со кои се определуваат правилата и обичаите на војувањето,како и разни локални пазарења за јавните работни места помеѓу гореспоменативе две партии.Од денешна гледна перспектива,ВМРО-ДПМНЕ е во почетна фаза на изумирање,односно е навлезена во истата.Нивниот мандат најверојатно е во можност да трае најмалку една декада,но тоа не е благодарение на нивната способност, туку затоа што Македонскиот народ нема подобар избор,односно го избира помалото зло од двете зла. Сите горенаведени политички потези,се високоштетни во идните политички состојби за Македонскиот народ.Тоа укажува дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ немаат веќе идеализиран углед помеѓу Македонците ,додека сета нивна подршка се сведува на “старата слава” и материјалистички понуди према граѓаните,се со цел да се задржат што е подолго на власта.Тоа ни од далеку не е доволно за да ги реши големите и многубројните проблеми,кои ги имаме како бреме и ни претставува синџир за остварување на политичката и економската слобода. Самиот систем како и самите лидери,немаат капацитет да ги разберат потребите,а со тоа успешно да направат трансформација на политичката филозофија и реторика,со позитивни текови како и немање силна визија кон тоа како да се решаваат проблемите. Дополнително се продолжува делбата помеѓу самиот Македонски народ,а со тоа тие брендираните партии што имаат одреден број на “традиционални гласачи”,создава неможност едната од тие две партии да создаде политичко единство кај Македонците.Секогаш на традиционалната бројка која е за една партија,има традиционална бројка која е против и е за другата партија,без разлика што и да понудат истите во своите програми.Со тоа и двете политички филозофии се непрактични денес.И ВМРО и КПМ си ја одиграа својата улога делумно успешно,и затоа народот треба и двата правца,идеологии или начини на делување да ги цени и почитува.Но во институционалните периоди на Македонија,тие претставуваат истрошени правци на размислување. За да полесно се разрешат овие внатрешно-македонски проблеми,и во име на идно попродуктивно остварувањето на македонските права и решавање на Македонското прашање,едно од решенијата е во идниот систем на василеизам,овие значајни кратенки како ТМРО,ВМРО,КПМ и сл. да се забранат во употреба од политичките партии,за да се заштитат истите од беспотребно валкање,и да останат како позитивни примери во историјата за македонската борба.Тоа ке го разбие традиционалното гласање,и ке остави простор за појава на нови неизвалкани политичари и партии.

Page 225: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Слобода Ако одиме според логиката на Хегел,тој вистинската човечка слобода ја согледува како услов,кој има свесно спознавање на рационалната нужност.Откако ке се спознаат минималните нужности или услови,дури тогаш одредена личност може да стапи во остварување на слободата. Наједноставна дефиниција за слободата на индивидуалецот,би претставувала како човекова можност да си ги оствари своите материјални и духовни потреби. Но некогаш,колективната слобода претставува и ја одредува количината на можност за остварување на индивидуалната слобода. Самото припадништо кон одреден колектив,значи или зголемување или намалување на можностите за остварување на индивидуалната слобода. Колективната слобода,најчесто сегашните можности која таа ги пружа,се во можност да се изјаснат со дијалектичкиот метод.Пример со историско-етнолошкиот метод,појаснивме претходно какви услови ни ределе историските текови. Заради испреплетеноста на индивидуалната слобода со колективната,личната слобода е еднакво на државна слобода односно независноста на државниот апарат.Личната слобода се дели на два типа на слободи и тоа на економска и на духовна слобода. Економската слобода е еднакво на економските стандарди во државата,односно економската независност на одредено општество,додека духовната слобода е еднакво на културната независност и изразување во едно општество.Или: 1)Лична слобода = 2)Колективна слобода 1.2)Економска слобода = 2.2)Економска независност 1.3)Духовна слобода = 2.3)Културна независност Од економската слобода,поединецот добива можност за исхрана,можност за работа/фер исплата и сл.,додека од духовната слобода поединецот добива образование,народно/национално слободно изјаснување како и право на слободна вероисповед. Од економската независност на државата,колективот добива ресурси и енергија,додека од културната независност право на самоопределување односно право на организирање на сопствен државен и образовен апарат. Со тоа логично ке заклучиме,дека личната слобода претставува спознавање на условите и нужностите,и со внес на личен труд оди кон постепено создавање на слободата,додека условите и минималните нужности ги одредува колективната слобода.

Page 226: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

225

22

5

Македонскиот национален идеал Националните идеали на другите земји,претежно претставуваат воспоставување на нереални империуми и приграбување што е можно туѓа територија и туѓи ресурси. Сите идеали на соседните земји се замислени како прогрес на сметка на туѓ регрес,притоа сите соседни земји го имаат или го имале во претходниот век,полното право на самоопределување. Идеалот на грчкиот национален мит,претставува создавањето на ткн “Мегали идеа”,а тоа би значело дека максималистичкото барање на Грција е секогаш возобновување на некогашното Ромејско Царство,од границите од времето на Палеолозите. Од денешна гледна перспектива,тоа значи поробување и регрес врз Македонците,Турците,Бугарите и Албанците. Идеалот на бугарскиот национален мит,претставува создавање на ткн “Санстефанска Бугарија”,односно држава Бугарија,предвидена со границите од договорот во градчето Сан Стефано. Со тоа максималистичките барање се однесуваат,секогаш на регрес и поробување на Македонците. Идеалот на српскиот национален мит,претставува ткн “Србија од Неготин до Карловац”,односно “мала Југославија”,со кој нивното максималистичко барање е на сметка на регрес врз Бошњаците,Црногорците,Хрватите и по можност и врз Македонците. Идеалот на албанскиот нациолен мит,претставува Призренската лига,која секогаш кога е потребно да се предизвика немир и окупација на балканската територија од одредена суперсила,секогаш се манипулира со оваа замислена идеја. Нивното максималистичко барање им е создавање на ткн “Голема Албанија”,односно регрес врз Србите,Црногорците и Македонците. Разликата на македонскиот национален мит од гореспонативе,е тоа што тој нема максималистичко барање,со кој би остварил прогрес на туѓ регрес.Туку барањето оди кон отстранување на регресот,кој неправедно е направен на наша сметка,од страна на соседните држави со Букурешкиот договор,без цел за остварување на поширок империум, туку полното остварување на правото на самоопределување. Притоа истиот идеал,кога би се исполнило правото на самоопределување,повикува и на правата за другите малцински колективи кои живеат на целата територија на Македонија,не барајќи,ниту повикувајќи за експлоатација на туѓи национални богатства,ниту угнетување на туѓи народности. Со тоа,максималистичкото барање кој произлегува од нашиот националниот мит,е најоправданиот и најчистиот човечки мотив за остварување на слободата.Односно со остварување на попреченото правото на самоопределување,колективната слобода ке ги зголеми можностите кои потекнуваат од нашите национални богатства,кои се на територијата на Македонија,за разлика од денешните можности и услови,кои се регресирани и намалени,затоа што националните богатства сеуште се под туѓа окупација и експлоатација.

Page 227: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Кршење на синџирите и нејзината условеност Македонскиот народ е ставен во таква состојба,да нема друго решение за својот опстанок,туку само преку полното остварување на правото на самоопределување.Во поопширни рамки,тоа значи дека страните национални митови и влијанија,се длабоко навлезени во македонскиот мит како и на територијата на Македонија.Со тоа Македонците нема да бидат оставени,дури и да ги има само на територијата на една најмала општина,затоа што се додека има посебна колективна група на територијата на Македонија,која себеси се индентификува со македонската историја,ке постои страв од нејзино “воскреснување”,како и страв истите да дојдат по она што е нивно.На Македонскиот народ не му преостанува ништо друго,освен да оди докрај за своите права,и нема нешто што би можел да изгуби.Ниту пак ке бидеме оставени намира со помош на “вишите сили” од оние кои ни ги попречуваат правата,и истите ке ни ги дадат тие права на “тацна”.Ова се почесто од разни псевдо-интелектуалци е појаснето со теории на траење на Букурешкиот договор на 100 години,без да разберат дека дури и да има таков анекс,доколку Македонскиот народ нема сила на терен,истиот пак не би бил поништен,или пак дека разни страни држави како Турција или САД ке ни “помогнат” и слични други теории.Историјата кристално јасно ни укажа дека Македонците,мора самите да се изборат за своите права. Туѓото вмешување или “помагање”,несомнено ке доведе до нови синџири за македонската слобода. За да започне кршењето на синџирите,првин за тоа треба формирање на политичко единство.Тоа формирање на политичко единство,секако дека ке има обид да биде попречено од страните империуми,преку посредство на Призренскиот идеал на Албанците.Затоа решавањето со политичкото единство е тесно поврзано,со решавањето на главниот внатрешен проблем на Македонската држава.Решението на овој проблем,несомнено лежи во разбивањето на спојот со призренскиот идеал и стран империум,односно елиминација на надворешните влијанија внатре во системот.Откако успешно ке се елиминираат тие врски,парарелно треба да следи елиминација на сепаратистичките елементи кај Албанците во Македонија.Со оваа втора парарела би требало да следи и трета парарела,а тоа е митолошкото доближување на Албанците и нивната природна поврзаност со Македонија. Ваквите примери од историските личности имаме многу,како Олимпија,Скендербег,Мајка Тереза и слични како нив. Претпоставувам да не беа страните влијанија,овие процеси природно ке се одвиваа кај Албанците во Македонија.Исто со оваа трета парарела,треба да оди и четврта парарела,која ке се однесува кон обврнување на поголемо внимание во образованието кај Македонските Албанци.И петата паралела која би требало да претставува и трајно системско решение,е обезбедување исти социјални права и услови,како за Македонците кои се државотворен народ,така и за Македонските Албанци,но никако не би требало да се даваат поголеми и или помали права на едните или кај другите,затоа што таквото решение е подложно на дискриминирачко чувство,па според тоа нема да претставува трајно

Page 228: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

227

22

7

решение,туку привремено.Вториот по големина внатрешен проблем,со “торбешката ерозија”,би требало да се одвива првин со “доближување” ,односно “освежување”на Македонците-муслимани за нивната татковина Македонија.Ова е возможно доколку тоа освежување на нивната меморија би се одвивало,со македонската славна историја од античкиот период. Дополнително парарелно,потребно е елиминација на радикалните елементи во исламското и христијанското организирано практикување. Таквите елементи во никој случај не е пожелно,да имаат присуство и влијание на територијата на Македонија,затоа што тие не ја правилно проповедаат верата. Најапсурден и најнесфатлив мотив за војна и конфликт во историјата на човештвото,претставува оној кој ја предизвика помеѓу христијаните и муслиманите.Како може едните да убиваат во името на Севишниот,и тоа да ги убиваат оние кои се од култура која исто учи за Севишниот?.Тие кои ја потикнуваат оваа војна,не разбираат каков зло нанесуваат себеси и на другите,ниту разбираат што проповедале и кон што не предупредиле надарените умови и од едната вера и од другата,за фасиреи,за закониците,за оние со скаменетото срце... Исто е потребно да се истакне,влијанието на филозофијата од културата од старата македонска ера,во овие вери,со цел да се разбере дека и двете вери зборуваат и практикуваат всушност една иста работа. Откако ке се постигне политичко единство и разрешување на внатрешните проблеми,тогаш ке имаме шанса,односно исполнет минимум условот кон дефинитивното кршење на синџирите. Клучен а воедно и најосинџирен врз Македонија,претставува оној на надворешните проблеми кои ги имаме со грчката држава. Доколку на овој синџир му се зададе удар и се скрши,па со тоа грчката држава ни го признае правото на самоопределувањето,следствено и правото на македонската историја и територија,тогаш другите синџири кои ги имаме со проблемите на Бугарија и СПЦ,ке бидат бесполезни и безсуштински,односно тие најмалку ке изгубат,дури може во иднината да добијат одредени придобивки,како политичка стабилност на полуостровот и економски просперитет на истиот. Грчката држава најмногу ке изгуби,затоа што има најмногу окупирана македонска територија,и најмногу експлоатирала од културните и националните богатства на Македонија.Таа доколку ни го признае правото на самоопределување,тогаш на неа ке и се заканува дури и пропаст како држава,затоа што дефинитивно ке мора да се откаже од ромејскиот/византискот мит,кој е темел на постоењето на грчката држава.Затоа најагресивна политика према присуството на Македонскиот народ на територијата на Македонија и воопшто,е токму од грчката.Тоа што немаме друг избор освен полни права или изчезнување,и затоа што Грција се довела во ситуација на,или етноцид на Македонците или можен распад на Грција,во иднина многу е возможно вооружен и отворен конфликт помеѓу Македонците и Грција. Најверојатно,тоа е и целта на современиот римски модел на тетрахална окупација на Македонија,од страна на страни империјални политики.

Page 229: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

СЕМЕЈСТВОТО И АРИСТОКРАТИЈАТА ВО НОВОТО ОПШТЕСТВО Аристоите и Аристократија,согледувања Зборот Аристократија,претставува кованица од зборовите аристои+кратеин. Аристои или Аристој,според некои истражувачи означува термин за најдобар.Но почист превод а со тоа и почисто значење на овие зборови, ке ги пронајдеме доколку го откриеме потеклото на зборот Аристои. Сите досега укажуваат на тоа дека Аристо(ј)и е настаното од Арете(arete).Не е сосем сигурно дали овој збор е за означување на некое божество,ниту знаат дали овој збор е машки или женски род(иаку е сосем јасно).Од разни антички и раносредновековни записи кои се на јазикот на коине,јасно увидуваме дека арете всушност означува најправилно/најправилното,не означувајќи нешто што е многу далеку од најдоброто.Не верувам дека е случајно,тоа што православието некогаш се нарекувало и ристјанство.Со тоа сфаќање на Аристократијата би се означувало владение на правилното,токму она што Аристотел се обидувал да го појасни за аристократите. Западната употреба за аристократијата,е со означување на луѓето односно класата,која е на позиција на финансиска и политичка моќ. Со тоа Тома Аквински ”воведувачот” на теоријата на аристотеловата филозофија во Западниот латински свет,без разлика дали е намерно или ненамерно,тотално погрешно ги согледал и пренел учењата. Од таа дамнина на Тома до денес,аристократијата со употребата се постојано вулгаризира во врска со различното означување,дури и со негативна конотација.Односно секогаш кога ке се напомене аристократија,аристократски,аристократ,се мисли на група богати луѓе,начин на кој богатите живеат или материјално-базно богата личност.Најбогати со најправилни едните со другите,во нивната суштина врска немаат ниту спој.Со одредени исклучоци богатите можат да бидат и правилни,но тоа не е секогаш правило,богатите можат да се однесуваат и спротивно од правилното.Таквата поставеност во секојдневното согледување на работите,ни укажува на тоа дека всушност за Западот,најбогатите се најправилните,односно дека “ренесанската” терминологија за плутократија како кованица од XVII век е исто што и аристократија,додека во теориите и учењата на Аристотел ,никогаш не е направена таква споредба,ниту тогаш терминот плутократија(владение на најбогатите),се споменувал како термин со такво значение.Туку Аристотелови гледишта се во рамки на тоа,да се создаде од оние луѓе кои се добро материјално-базно ситуирани во општеството,од нив да се создадат луѓе-аристои преку најправилно образование,се со цел подоцна тие најправилно да размислувааат и делуваат,користејќи ја својата лична и фамилијарна моќ морално за општо добро.Денес вулгаризираното сфаќање и употреба за аристократијата,најверојатно пренесено преку учењето на марксистичките теории и препишувањето од западната литература,се употребува и кај нас и кај сите народи на овој полуостров.

Page 230: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

229

22

9

Современиот поглед и став Во современата практика на македонската поставеност во класите,увидуваме дека погрешното согледување на аристократија довело до тоа да се создаде или бар оправда,погрешен вулгаризиран тип на владеачка класа,но тоа има и свои поодминати корени. Имено во бившиот социјалистички систем на Југославија,од идеолошки причини кон општото јавно мнение,и од себично-материјалистички побуди за оние кои се воспоставиле како владеачка “пролетарска” класа подоцна и преименувани како самоуправувачи,измачената според марксовата терминологија буржоазија кај народите на полуостровот,во наш случај градските еснафлии во Македонија,постепено им следел процес кон национализирање на нивните имоти.Но и колку грубо да звучи овој процес на национализација,сепак од тој систем на оние кои биле луѓе со искуство и способност од бившо еснафлиска и чорбаџиска поставеност,им се давале солидни позиции во новоформираните државни колективи и претпријатија.Со тоа било компензирано одземаното на оние кои имале повеќе имот под своја приватна сопственост,а и системот за истите на моменти заличил како праведен систем,кој се грижи за материјалната состојба на своите граѓани. Проблемот настанал со смена на генерацијата,односно премин на првата генерација која и ги удри темелите и ја создаде социјалистичка Југославија кон втората генерација,која е одгледана од образовниот систем на социјалистичката Југославија.Со овој премин влијанието во управувањето на државните колективи и претпријатија,од страна на старите еснафлии и чорбаџии исчезнал,а со тоа исчезнало и влијанието од културата и кодексот кој истите го носеле.Биле заменети со ткн “учени луѓе/факултетски образовани луѓе” или луѓе кои имале ливче или хартија,на која им пишува дека тие се “учени/образувани”. Притоа во таа втора генерација,од страна на општеството секогаш имало блага наклоност према учените луѓе од селско потекло,и учени луѓе со кревко семејно потекло со слаба материјално-базно минато, најверојатно сето ова побудено од учењето на марксизмот и класната борба,која на овој наш полуостров и онака била слабо изразена,за разлика од приликите во Франција или Советскиот сојуз. Оваа генерација всушност го упропасти социјалистичкиот систем на Југославија,а по нејзиниот федерален распад,користејќи го празниот простор во класната поставеност,како последица од тоа што била уништена и онака кревката аристократија,која постоела пред социјалистичката Југославија,како и користејќи ги и старите врски кои опстанале во бирократијата,тие себеси си се наметнале како буржоазија со желба,на нив да се гледа како на “аристократија”. Така во суштина и на нас ни се случи во мали и поненасилни размери,она што им се случи на Западот по походите и грабањето од крстоносните војни.”Учените луѓе” беа крстоносците,додека нивен Константинопол беше државната сопственост на големиот капитал. Така претежно во сите земји кои беа со претходно социјалистичко системско уредување,во транзиционите периоди се создаде класа на новопечена плутократија/новопечени богаташи.

Page 231: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Ерозија на вредностите Светското бреме кое го демнее целиот свет,воведе едни процеси кои дополнително донесоа за уништување,на семејството и вредностите кај луѓето.Овој процес е долг временски процес,и воочливо е тоа што се одвива систематски.Првин започнува со отуѓувањето и егоизацијата кај луѓето. “Најголем производ во капиталистичката епоха е онаа,која не оставила помеѓу човек и човек никаква друга врска освен голиот интерес” извадок од Комунистичкиот манифест. Кај нас ова значително се зајакна и стана присутно по транзицијата,во кој голем придонес допринесоа оние кои беа управувачи или владеачка класа во тој период.Сосем нормално е од истите луѓе да се очекува вакво делување на настаните,затоа што самите се создадени од нивното образование тоа да го работат,односно се создадени без стабилни кодекси и под влијание на вулгаризираниот марксизам.Недообјаснет или недоразбран марксизам поставува подлога,за лесно запаѓање во безвредносен систем и безвредносен кодекс на однесување,како и концетрирање кон приграбување на материјално-базната состојба Ова е согледано уште од од временото на основачите на оваа идеологија,додека Фридрих Енгелс до крајот на својот живот предупредувал за вулгаризирањето на истата.При посетата на Карл Маркс со некои француски марксисти,истакнал дека:“Знам само тоа дека јас не сум марксист”.Оваа втора генерација по распадот на Југославија,разбрала дека единствениот нивен интерес преостанува заработување на што е можно профит,негрижејќи се за никаква друга работа која на нив како владеачка класа,им преостанува како обврска. Со тоа наглото зголемување на материјално-базната состојба на некои од припадниците на нацијата,како и наглото осиромашување на поголем дел од населението,довело до полесна и побрза состојба за отуѓување како и егоизација,затоа што новопечените богаташи себеси се согледуваа како “чудо”,бидејќи успеале за само една генерација од своето сиромашно фамилијарно стебло,да стасаат до степен на владеачка класа,притоа заборавајќи дека за тоа дозволиле условите и празниот класен простор,и нема никаква поврзаност со генијалност и чудо на личноста.Пострашно од ова произлезе,по извесен период и стабилизација на транзицијата.Неоправданото и незаслуженото его на оваа владеачка класа,стана мотив и инспирација за поголем дел од населението,односно материјално најуспешните воедно и највлијателните,им претставуваа модели на новите генерации. Со тоа нашата транзиција и тоа како и одеше во прилог,кон забрзување на процесите кои ги турка глобализацијата. По алиенацијата и егоизацијата меѓу населението,наредното што следи е дехуманизација на општеството,односно дехуманизација на државните установи,или ако сакате ставање на системот во служба на материјата,а не на нејзината суштина.Ова е понов процес и состојба која се случува кај нас,и е многу задоцнета за разлика од Западните земји, кои веќе сериозно се навлезени во трансхуманизиција.

Page 232: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

231

23

1

Ерозија на семејството Денес во современото време,сведоци сме на тоа дека семејството а со тоа и породот на новите генерации,се ставени во застој и регрес. Многумина псевдо-интелектуалци,изнесуваат тези во јавноста дека причина за ваквата состојба особено кај помалку индустриско-економско развиени земји,претставува тоа што населението нема стабилни приходи и нема стабилен стандарт,односно нема доволно пари за издршка.Точно е дека дел од причините кои донесоа ваква состојба денес во семејните односи,припаѓаат и на овој проблем,но оваа е далеку од причината што не постои почит кон семејството и што се повеќе помладите генерации кај нас и на Западот,се одлучуваат за регрес во породот и бракот.Два докази идат во прилог на наведеното. Разликата во семејните односи и во наталитетот измеѓу земјите кои се длабоко под влијание на процесите,кои допринесоа до ерозирање на вредностите,односно оние кои се наречени развиени,и земјите кои уште кај нив нема толку изразено влијание од тие процеси или оние земји кои се наречени неразвиени и земји во развој,се огромни. За пример Скандинавските земји,кои имаат можеби најдобри социјални услови во светски рамки,кај истите има намалување во наталитетот,додека Средно-Африканските земји и дел од Азиските земји,особено оние во кои урбанизацијата и не е толку изразена и кои речиси и да немаат институционална понуда од општеството за социјалните услови,нивните семејни односи и нивниот наталитет е далеку повисок за разлика од оние примери со “социјален рај”. Тоа докажува едно нешто,дека социјалните услови во зададениот проблем,играат споредна улога и влијание во овие односи.Традицијата и културата или сфаќањата и моралот кај одредено население,играат клучна улога во идното формирање на овие односи.Доказ за тоа се статистичките бројки од САД и Американското население,на кои први им се наметнаа современите процеси,и кои за само 40 години согледуваме катастрофални резултати на сметка на семејството и на наталитетот.

Page 233: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Силното влијание на егоцентризмот или егоизацијата кај населението,доведе до силни изрази на патријархалноста и феминизмот од двата спротивни пола,па затоа редно е да ги расчистиме недоумиците. ПАТРИЈАРХАЛНИОТ начин и соглед кон семејството е несомнено оставштина од римското гледиште на бракот,односно од pater familias.Самиот назив патријарх е кованица од латинскиот назив за татко и од прастариот јазик од овој наш полуостров со назив за првенец, односно pater+archon,што во буквален превод би значено првенство на мажот.Тоа во своите првични и римски погледи значи,апсолутна правна и реална доминација на мажот во семејните и брачните односи. Од ромејската ера согледуваме правен удар врз римскиот поглед на патријархалноста,благодарение на влијанието од “елинската” поточно културата од старата македонска ера,но влијанието во реалниот дел од римскиот поглед постојат до поновите векови речиси низ цела Европа. На сметка на жените од Западот во средниот век,за нивна несреќа Тома Аквински погрешно ги пренесува сфаќањата,од филозофиите од старо македонската ера и пред неа. Особено извулгаризирано е гледиштето на Аристотел,и неговите коментари за жените.Таквото вулгаризирано гледиште најверојатно е сторено,со цел да се најде оправдание за воспоставување и продолжување на влијанието од римските гледишта,и во средниот век од католичката црковна управа. Точно е дека Аристотел истакнува за жените во споредба со мажите, освен што во себе содржат физички разлики,тие содржат и ментални,па според него жените се: “повеќе склони на погрешни размислувања ,повеќе избувни,повеќе чуствителни,помалку едноставни,полесно плачат,повеќе љубоморни,повеќе фрустрирани,повеќе склони кон кавга и напади,помалку надежни,помалку срамежливи,помалку се самопочитуваат,повеќе лажно говорат,повеќе измамуваат,повеќе помнат,повеќе се будни и потешко стапуваат во акција”.(Историја на животните). Точно е и тоа дека Аристотел истакнува во брачните односи,да мажот има позиција како монарх во државата,односно тој го има последниот збор во побитните семејни одлуки.Но никаде во аристотеловите согледувања и теории,тој не истакнува дека мажот е супериорен во однос на жената,туку напротив,покрај тоа што постојат големи разлики измеѓу двата пола,сепак јасно ја укажува истата вредност и на мажот и на жената.За да има добро семејство како и добро општество,жените во семејствата од тие општества мораат да бидат среќни. Разликите кај половите кои ги навел Аристотел се вулгаризираниот дел,односно оној дел кој им одговарал и им одел во прилог на Западните средновековни заговарачи и на римскиот поглед кон машко-женските односи,но во суштината на филозофиите од овој полуостров,со римските филозофии се крајно спротивни гледишта,затоа што едните се за еднаквост со меѓусебна разбрана разноликост,додека другите се за машка доминација во семејството,општеството и односите.

Page 234: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

233

23

3

ФЕМИНИЗМОТ е термин,од францускиот социјалист Шарл Фуриер. Оваа движење е директен одговор,на долгогодишното владение на патријархалноста во Западна Европа. Феминистичкото движење се појавува заедно со социјалистичките идеи,а особена и директна подршка добива од комунистичката теорија преку Енгелсовото дело Der Ursprung der Familie (Потеклото на фамилијата) ,кој пак ја изложува теоријата на Јохан Баховен и неговото дело Das Mutterrecht (Мајчинско право).Тука наидуваме на митот за универзален матријархат(mater+archon),митот за универзални неуредени сексуални односи и разни други недокажани теории,кои се темели на комунизмот и кои одат во прилог на дарвинизмот. Современиот феминизам,злоупотребува и вулгаризира една друга теорија.Марија Гимбутас,литванскиот археолог и стручњак за неолитот,во документарецот The World of Goddess(Светот на Божицата) изнесува теорија,во која со археолошките пронајдоци и согледување на нивната уметност,укажува дека на територијата на Европа,живееле луѓе под теократско мирнодопско уредување,во кој како главни свештеници се јавувал женскиот пол,и во кој населението имало постојани населби и живеалишта.Жаришта на оваа неолитска култура бил Медитеранскиот појас,со особен акцент на Старопланинскиот полуостров(Балкан) и Јужна Европа.Оваа култура со вакво уредување,опстанала се до 6 и 5 милениум пред нашата ера. Спротивно,на територијата на Евроазискиот регион имала друга култура, која Гимбутас ја именува како Курган,односно култура со свои машки херои и лидери,во кој истите биле карактеристични што ги закопувале хероите во гроб со вештачки создаден рид(како што Македонците во антиката ги закопувале своите владетели). Оваа култура била сточарска,и немала постојани населби,па според тоа претставувала агресивна.Гимбутас понатаму посочува дека претставниците на оваа Курган-култура,навлегла длабоко на територијата каде што била мирољубивата староевропска култура,и тоа во три бранови.Отогаш сите Европски народи настанале како хибриди од двете култури. Приказ на правци на миграциите и брановите на Курган

Page 235: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Современите подржувачи на феминизмот ја злоупотребуваат оваа теорија,истакнувајќи дека оваа стара Европска култура е матријархатна,односно дека таа е “првата”/“вистинската” Европска култура и цивилизација во која немало војни.Па според тоа матријархатот треба повторно да стане влијателен кај општествените уредувања во светски рамки,со цел да се спаси светот и Земјата од војни,и да навлезе во апсолутно добра состојба.Овие теории со големо одобрување наидуваат кај феминизмот,особено од кај полу-учените и неупатените во историските циклуси и култури.Наидува на воодушевување затоа што агресивните Индоевропски миграции,биле под влијание на машкиот елемент,односно дека патријархатот е наметнат на сила.Но и да ја прифатиме тезата на Гимбутас,која и самата е поборник за родова еднаквост односно гиланијата,тезата која сигурно во голем дел е точна,сепак неможеме со сигурност да тврдиме дека овој тип на теократско општество било првобитно.Имаме разни митови со неточно утврдена старост,кои не укажуваат на никаква доминација на жените или свештеничките.Секако дека и овој тип на општество не преставува идеално решение,како што се обидува феминизмот да го прикаже.Доколку би претставувало идеално,не би дозволило толку лесно да потпадне под Индоевропските налети.Многу е поверојатно,дека луѓето тогаш и не обврнувале многу внимание на тоа,кој пол ке има доминација во домот и општеството.Тоа е окупација на денешните патријархисти и матријархисти.Во дамнина луѓето оделе според природната логика,односно кој пол за која работа има природни дарби,и кој е посоодветен да одговори на зададениот предизвик и задача. Но феминизмот не случајно денес,завзема голем замав. Тој очигледно многу повеќе и одговара на процесите кои ги турка глобализацијата,од традиционалните идеи на патријархалноста. Односно ке забележите дека повеќето од активните подржувачи на феминизмот,започнале да се занимаваат со ова не од интерес или наука ,па со тоа да го подобрат статусот на жените во општествата,туку навлегле мотивирани од лични фрустрации. Феминизмот и одговара на глобализацијата,затоа што таа бара промени. Особено трансхуманизацијата е подржана од феминистките,заради тоа што природата на ним им дарила послаба физичка сила,за разлика од машките.Таа желба да се совлада таа фрустрација,и жените да станат еднакво физички силни,е возможна преку трансхуманизација на луѓето. Освен тоа феминизмот остава простор и за паганизам,кон разни божици како Геа,како и обожување на земски и материјални работи. Извештајот на Хенри Кисинџер за светската популација под назив NSSM200,упатува на тоа дека во “третите земји” во кои имаме огромен популационен раст,потребно е да се потикне,зајакне и манипулира со феминизмот,преку создавање на нерамномерни општествени услови во полза на жените,се со цел растот на наталитетот да се намали. Од овие два става,јасно е дека ниту едниот ниту другиот е прифатлив денес за двата пола,што е многу природно и здраво размислување. Единствено прифаливо решение за двата пола е согледување и помирување со сопствените разлики,како и практично искористување на истите во оние работи кои прилегаат,се друго е безмислено.

Page 236: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

235

23

5

Правилниот поглед и став Ниедна институција или установа,без разлика на тоа колку е совршено организирана и совршено осмислена,неможе да ги замени работите кои луѓето ги добиваат и стекнуваат во семејството.Улогата на семејството во обликувањето на луѓето е огромна.Многу е веројатно првичната состојба на човекот да претставувала унисекс,односно биолошка категорија која во себе ги содржела и машките и женските елементи. Така би ја појасниле потребата на човекот,од спој со спротивниот пол. За да тој се исполни себеси/да биде цел,потребно е или да ја задоволи неговата сексуална потреба,или пак истата да ја негира,односно да се откаже целосно од неа како потреба.Доколку семејството не опстојува како што е потребно,и е ставен под знак прашалник,како што е пример тоа денес,огромна штети ке настануваат по духовните и по физичките потреби за моменталните генерации,но многу поголеми штети настануваат за идните генерации.Семејството денес е во постојан популарен напад,особено од историските настани кои не се докажани.Тука се тие научни митови кои сите укажуваат дека се насочени,да внесат сомнеж во функцијата на семејството. Особено постои обид,да се извулгаризираат термините од времето на старата македонска ера и пред неа.Во повеќето рани дела (Мајчинско право,оние на Фридрих Енгелс и др) за мажите се употребува термин “Хетароји”,односно “хетајрично склони”,и се мисли на односите кои ги одржувале војниците во македонската фаланга од таа ера. Хетарој,е многу стар термин кој означува братство,и затоа среќаваме дека коњаницата на македонските владетели е нарекувана така. Но во походите,најверојатно за да не им опадне моралот од одалеченоста од домот,македонските владетели на своите војници им обезбедувале женска придружба,односно проститутки кои ги нарекувале хетајреи,или братски девојки,односно братски делени од сите.Затоа од Западот е превземен овој термин,за да се појаснат научно работите и односите кога мажите бараат “љубов надвор од домот”.Но овој термин е вулгаризиран и е несоодветен,за споредба со тие односи од дамнината и овие денес.Тоа е така затоа што таквите односи,војниците ги одржувале бидејќи биле приморани со одалеченоста и кампањите од домот,притоа потребно е да се напомене дека повеќето биле во стабилни и моногамни брачни односи.Во поновите условености,мажите не бараат такви состојби затоа што се принудно одалечени и оневозможени полово да општат со сопствените сопруги,туку заради сопствената перверзија. Со тоа мотивот за прељубата е сосема различна,па и употребата на тој термин за овие понови неверни односи е несоодветен. Државниот апарат внатре во општеството,потребно е да создаде услови,во кој мажите ке се почувствуваат како мажи,додека жените ке се почувствуваат како жени.Воопшто не е потребно постоење на разни организации кои се повикуваат за некакви права на половите,и кои само внесуваат дискусии кои водат кон одалечување на разбирањето и создавање на поголем јаз меѓу половите.Тие служат за манипулација. Секој здраво прогресиран маж и здраво прогресирана жена,тежнее кон создавање на стабилен брак во кој би создале нормални услови за остварување на своите потреби,и создавање на нормален/здрав пород.

Page 237: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Потребата од помирување со новопечената плутократија Класниот простор од 1991 година,периодот кога Македонија се осамостоила како државен апарат од југословенскиот,и моменталната состојба,се со поминати декади и истиот е значително променет. Во периодот на осамостојувањето,класниот простор бил празен и непополнет,благодарение на начинот на функционирањето на претходниот социјалистички “безкласен систем”.Во тој период сме имале добра шанса правилно и рамноправно да се пополни тој простор,но наметнатите прилики и условите ги затекнале граѓаните тогаш,дел загрижени,дел во забуна и се случило тоа што се случило со транзицијата.Денес класниот простор е речиси пополнет,односно меѓу граѓаните постепено класните разлики гледано во материјално-базната состојба,се воочуваат и се стабилизираат.Точно е дека многумина од оние кои се наметнаа како плутократи,се наметнаа на несоодветен начин.Точно е и тоа дека многумина од нив,немаат морален кодекс и однос кој би и доликувал на таквата класа.Но доколку се дрзнеме повторно да го прекројуваме класниот простор,Македонија и македонските народни интереси,повторно ке доживејат застој и пролонгирање во остварувањето на истите,за декади однапред. Тоа во појасен превод би значело,плутократите какви и да се сепак се македонски плутократи,па со тоа тие можат да се стават во служба на македонски интереси,интереси кои ги засегаат сите класи вклучително и оваа плутократска.Дополнително во прилог на помирувањето,е и тоа што многу од капиталот кој е стекнат од државниот имот,е изнесен надвор од границите на Македонија.Се претпоставуваат неколку милијарди долари во број.Доколку василеизмот би ја прекроил материјално-базната состојба на новопечените богаташи,тогаш тие со сигурност ке се обидат да се заштитат и одселат од оваа држава заедно со својот капитал,со што освен што ке се стори човечка штета,ке се стори и штета со одземениот капитал кој се наоѓа под името на плутократот. Тоа е во суштина двојна штета,која ние како народ и земја ниту сме во можност заради разните други проблеми да ја оствариме,ниту сме во можност да си ја приуштиме.Многу ке се допридонесе кон империјалните политики,и дополнително кревкиот систем и економија ке ослаби. Затоа со оваа класа,системот како и народот потребно е да се помири,но не без условености.Имено од страна на извршната власт,потребно е безусловно плутократите кои имаат голем капитал,да се вржат со македонските интереси,односно да се спојат со делувањето на идната извршна власт во василеизмот.Освен тоа тие кои себеси си се наметнале како богати,токму заради тоа што зад нивна личност ,семејство или име стои толкав имот и капитал,идните генерации на плутократијата ке ги сносуваат повеќе одговорностите,во поглед на заштитата на интересите и во поглед на правилно одржување на системот.Мора да постои секогаш еден слој од народот во едно здраво општество,кој ке има привилегии и обврски поголеми и потешки од останатите.Идеална состојба на класната шареноликост во приликите на Македонија би изнесувале 51% - 60% среднокласни, 30% - 35% сиромашни и 10% - 5% богати од населението.

Page 238: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

237

23

7

Поим за Аристојот и Аристократот Богатите луѓе не претставуваат по автоматизам и аристократи. Првин за да станат тоа,тие мораат да имаат правилно морално однесување.Аристоите се оние кои правилно се однесуваат,согласно со своите услови,со што стануваат најдобри.Согласно со тоа секој човек без разлика на класно-материјална припадност,си има вродено свој потенцијален Аристој,секој посебно за одредена работа која најдобро би ја работел. За Аристој може да се смета оној кој ја работи својата работа правилно и без присила,оној кој со таа работа освен што создава егзистенција за себе и за своите ближни,создава искуство и истото го пренесува без личен или материјален мотив,туку со алтруизмот за општо добро. Аристоите може да се јават во неколку типа,и тоа според видот на сопствеништвото на материјалната база,според масата на материјалната база и според местото на потеклото на Аристојот. Според видот на сопствеништвото на материјалната база,тој или таа може да се јави како приватен и бирократски аристој,зависно од тоа дали аристојот ја врши својата работа во некое претпријатие или некоја установа.Според масата на материјалната база,тој или таа може да се јави како сиромашен материјално-базен аристој,средно материјално-базен аристој и богато материјално-базен аристој. Според местото на потеклото,тој или таа може да се јави како селски аристој или градски аристој. Аристојот мора да поседува повеќе духовни и ментални способности отколку имот и богатство,духовна слобода со храброст и алтруизам.Храброста е длабоко поврзана со среќата и слободата,додека алтруизмот и моралот му дава ограничување на таа среќа и слобода,личноста да не западне во безморал и спротивно од тоа што претставува Аристојот(правилен). Материјалното богатство најмалку го прави човекот да е аристој,туку само му дава определен вид на материјална/економска слобода. За Аристократ пак,може да се смета оној кој е припадник на семејството кое генерациски делувала правилно,а со тоа стекнувала углед и материјално-базна состојба во една средина. Аристократите можат да се јават во неколку видови и тоа: -Зависно од материјална база,се јавува како 1)среднокласен аристократ и 2)богат аристократ. -Зависно од угледот,се јавува како 1)сиромашен аристократ со задржан семеен углед,односно припадници на бившо средно или богато аристократско семејство,кој заради разни причини материјално-базната состојба им се променила,2)аристократ со одреден углед,или оној кој ја задржал материјлно-базната состојба и своето потекло,3)аристократ со виш углед,или оној припадник на аристократијата кој со својата личност и дело допридонел за општото добро. -Зависно од местото на творење,1)градска и 2)селска аристократија -Зависно генерациското спластнување,како 1)стара аристократија(минимум пет аристократски генерации),2)млада аристократија во фаза на стареење(над три аристократски генерации) и 3)млада аристократија(со две аристократски ген.).

Page 239: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Гени и континуитет Интернационалното мешање за Македонците,не претставува новост. Македонија под Александар Трети Македонски,станала глобален а со тоа и мултиетнички империум,во кој за дел од учествувачите на походот ваквиот исход бил непосакуван.Со тоа слично како и денешната партиска поделеност кај народот,и тогаш Македонскиот народ се поделил на традиционалисти и глобалисти(подвлечени со нова терминологија),постепено запаѓајќи во корупција од персиското злато. Оние кои биле традиционалисти,не сакале никакво менување и никакво семејно поврзување/мешање со другите народи,задржувајќи ги своите норми.Тука силно сведочи и настанот со кој по смртта на Александар ,сите Македонци кои биле оженети и преоженети со Персијките-благороднички(настан познат и како свадба помеѓу Европа и Азија,околу 10 000 присутни на број),сите се развеле со исклучок на Хефајстион. Овој табор и овие гледишта,биле прифатени од подоцнежната владеачка династија на Македонија,Антигонидите. Оние кои биле глобалисти,во голем број се отселиле од Македонија во Азиските и Северно-Африканските сатрапии,следејќи го идеалот кој се обидувал да го воспостави Александар Трети.Но тие иаку долги децении во тие предели важеле за владеачи,сепак со постепеното мешање нивната меморија и култура се изгубила,а со тоа се изгубил и голем број од македонското население.Оние кои цврсто застанале до своите обичаи,тие опстанале до ден денешен како Македонци. Интересен е односот кај нашиот народ,кога некој ке склопи брак со личност од страни народности или нации,тогаш нивното дете од страна на македонската околина не се смета како Македонец,туку најчесто дури и се придодава и надимец,со кој му се означува националноста од родителот кој не е Македонец.За разлика од размислувањата на другите народи и нации кои со таквиот чин на мешањето во своја средина,вршат асимилација,Македонците отстапувајќи им предимство на туѓата идентификација на децата од мешаните бракови,не вршат асимилација. Таквото гледиште има свои маани и предности.Маните се состојат во тоа што со мешаните бракови,бројчано се намалува Македонскиот народ,но од друга страна генската структура на Македонците останува иста и непроменета.Расното,националното и народното мешање,имало,има и ке има.Но тоа мешање е оправдано само доколку е под природни околности сторено,односно со двострана доброволна привлечност. Таквото природно мешање е поретко забележано во историјата,за разлика од она кое е неприродно.Неприродно мешање претставува секое онаа мешање,кое е потикнато институционално.Таквото потикнување најчесто се потикнува со сила,или креирање состојба која целниот колектив ке биде приморан од условите,самите да посакаат мешање. Македонскиот народ има долга традиција,кон неприфаќањето за насилното мешање.Оние кои подклекнале од условите и прифатиле насилно мешање,од македонскиот колектив веднаш се означувале,и се бришеле од колективот,додавајќи ги како припадници во оние колективи во кои се смешале,или како нова колективна група сродна со Македонскиот народ.

Page 240: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

239

23

9

“НЕКА НЕ ВЛЕГУВА ОНОЈ КОЈ НЕЗНАЕ АГЕОМЕТРИЈА” Влезен натпис на Академија

Page 241: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ОБРАЗОВНО УРЕДУВАЊЕ ЗА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ Суштината на образованието Уредувањето со кој се обликуваат младите во нивното знаење,разумот и вештини,претставува многу значајно уредување кој на одреден начин ги воспоставува темелите на иднината. Образованието би го дефинирале како општ догматски начин,во кој луѓето преку воспитание и со пренос на знаењата и искуствата се оспособуваат,за да во иднина разумно и успешно одговараат на личните и општествените предизвици кои се појавуваат во животот. Со тоа јасно се укажува,дека колку поуспешно е пренесено знаењето и искуството,толку поуспешно и поразумно ке биде одговорено на предизвиците,со кои ке се соочат оние кои го поминале овој процес. Ваквата состојба го обврзува државниот апарат и му налага сериозно,да ја прати како и да се вмешува во уредувачката политика на образованието,кое се организира преку установите. Но постои уште едно образнование,различно од образование кое се уредува од државните установи и приватни фирми,и кое е многу битно.Тоа претставува образование/воспитание од домот,односно од семејното опкружување.Тоа е и првичното недогматско образование. Некогаш на институционалното образование не се обврнувало толку големо внимание и значај,па и не претставувала некоја задолжителна општа појава организирана од државниот систем.Но сепак во тие периоди улогата на семејството,успешно имала начин да создаде генерации,кои стабилно и разумно одговарале на зададените предизвици.Денес тие работи се видоизменети,и воочливо е тоа што повеќе внимание од страна на општеството,се придодава на институционалното образование и воспитание,не оставајќи притоа никаков простор на неинституционалното семејно образование и воспитание.Па затоа и резултатите во одговорот на предизвиците од страна на новите генерации,се неразумни и неуспешни како никогаш досега.Таквото неинституционално образование,кое се стекнува надвор од државните установи и приватни фирми,само укажува на уште една битна улога на семејството,која подобро го врши обликувањето на младите во раните години од установите,и покрај тоа што ги обезбедува и основите потреби на луѓето.Со тоа само уште повеќе му се додава на тежината за вредноста на семејството,како “најбитна клетка во општествениот организам”.Откако младите веќе добро претходно се обликувале од страна на семејното опкружување,можеме да зборуваме за влез во институционално образование,кои преку догмата истите треба да се пронајдат,и преку преносот на знаењата и искуствата да согледаат потврда во она што го стекнале претходно,до толку да го прошири опсегот и видикот,со кој би си ги дефинирале и зацрврстиле своите однесувања и своите ставови,формирајќи се во стабилни и здрави личности. И двата процеса,се испреплетени меѓусебно и истовредно битни.

Page 242: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

241

24

1

Состојби низ дамнината и низ сегашноста Првичните почетоци на организираното образование,се јавува во периоди кога се јавуваат и познатите надарени умови и филозофи,кои постепено ке го развиваат и надоврзуваат знаењето и разумот. Пред да настанат првите организирани појави на образованието,најверојатно знаењето се стекнувало заедно во склоп со религиозните обреди и сл.Односно првин кај човекот се појавиле организирани воспитни форми на моралот преку верата,па потоа заедно се јавувал прогресот во знаењето,преку пренос на искуствата. Таа карактеристика можеме да ја забележиме и во првите организирани форми на образованието,како што го знаеме денес.Карактеристиката се состои во тоа што големите и надарените умови во минатото,преку нивниот личен прогрес во моралот и знаењето,создале услови за формирање на школи во кој нивните искуства и гледишта,би се складирале,изучувале и надоградувале во идни времиња.Битно да се нагласи е тоа што сите школи кои се прапочетоци на образовното уредување какво што го познаваме денес,се организирани и формирани по приватна иницијативи,односно од личната вопја и желба,а не под потик на тогашните државни апарати.Тука можеме да ги забележиме Академијата на Платон,Лицејот на Аристотел,Стоата на Ѕенон и многу др.Прв обид државата директно да се меша во организирањето на образованието,е токму на Александар Трети во градот Александрија. Подоцна оваа идеја ја спроведува во реалност Птоломејската владеачка династија,која во Александрија ја формирала библиотека од глобален размер,знаења и искуство.Таа библиотека која била пристапна за сите, била еден вид прва “википедија” во светот на знаењето. Глобализацијата како процес е единствено добра,само за развивање и споделување на искуства и знаења. Низ сегашноста,ја имаме благодатта и честа за слични услови како што некогаш нудела александриската библиотека,преку пристапот на интернетот и пристапот до разни дела и книги,од разни големи умови. Денес сме во изобилие од пишани извори кои ни пружаат информации кои во изминатите векови,луѓето често си ги ризикувале животите за да ги дознаат.Таквата благодет кој ја имаме денес,со сигурност во наредните декади ке има обиди да ни биде ускратена,исто како што беше ускратено складиштето од знаења од Александриската библиотека на луѓето пред два милениума.Затоа е потребно денешната лесна достапност до пишаните извори кои нудат бесценето знаење и искуство,да се искористи,како и да се складира во што е можно поголем број на реални/авиртуелни примероци. Во сегашноста,речиси секаде низ светот имаме два типа на образование и школство,државното и приватното. Во нашиот случај,државата од АСНОМ па до референдумот за независност,беше единствениот потикнувач,материјален одржувач и планер во уредувањето на образованието во Македонија.

Page 243: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

По поновите декади се пројавија и првите приватни школи,за средно и високо образование.Но проблемот е во тоа што и државно потикнатите и приватно потикнатите школи денес,во кој се образуваат македонските генерации се образовни установи,каде што е изгубена суштината и сериозноста на самото образование. Државните станаа само места,каде што би се вработиле просветните работници по вкус на партиските гледишта,без разлика дали воопшто постои желба и жар кај истите кои се вработуваат.Затоа постои обид испровоциран од наглиот раст на овие појави и постојаниот регрес и во знаењето и во моралот кај новите генерации,преку дополнителни контролни испитувања да се следи работата на просветните лица,од страна на управата на државниот систем.Но и тоа само допридонесува во полза,суштината на образованието уште повеќе да се загуби. Учителите и професорите,наместо тие да ги учат и оценуваат учениците и студентите,тие стана предмет на учење и оценување од страна на државната управа. Приватните пак станаа места,од кои би можело да се оствари добар материјален профит.Честа појава на македонската плутократија,кои ги запишуваат своите деца во овие установи,е да пројдат полесно во тој процес,а не за да научат и да станат стабилни и корисни(има исклучоци во примерите). Со изгубената суштина,македонското образование е во позиција повеќе да им наметнува,на генерациите кои проаѓаат низ нејзин процес фрустрации и комплекси,отколку разум и знаења. Тотално прецизно ја опишал состојбата,американскиот рапер Артис Леон(Artis Leon) познат како Кулио(Coolio),во својата песна “Gangsta paradise”(Гангстерски рај) кога вели:

“They say i gotta learn,but nobody’s here to teach me If they can’t understand it,how can they reach me I guess they can’t,I guess they won’t I guess they front,that’s why I know my life Is out of luck” “Тие велат дека морам да научам,но никој нема тука да ме учи Ако тие неможат да разберат,како ке ме сфатат Претпоставувам дека неможат,претпоставувам дека нема Претпоставувам ке продолжат,затоа знам дека мојот живот е надвор од среќата” Потребно е да истакнам,дека кога оваа песна првпат ја слушавме во мојата генерација,ритмот и видеоспотот ни ја правеше песната посакувана за слушање,но ретко кој од нас вклучително и јас,вистински ја разбиравме пораката и содржината на песната тогаш. Многу подоцна,се запрепастив од вистинската содржина која опишува негативни општествени состојби,вулгаризирано мислејќи претходно дека се работи за опишување на “убавината” од криминалниот/бунтовнички живот.Со тоа и тука согледав,како е возможно само материјалниот дел од работите на страните култури да се превземаат,а со тоа и вулгаризираат,исто како што во дамнина неколку пати западната култура ги превземала работите и ги извулгаризирала културите од Истокот.

Page 244: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

243

24

3

Опишаната состојба е од состојбата во општеството на САД во деведесетите,но денес комплетно содејствува со состојбата кај македонското општество. Од мојата генерација,во моите гимназиски денови од средното образование,еден наш талентиран уметник,потикнат од “сериозноста” и реалната состојба во тие ученички моменти,има напишано песна под наслов “Гимназија во срцето” па вели: “Ако ти се пие или пуши трава веруј ми братче гимназија е права. Образовна институција жими к.р од свако WC искача чур. Школа е лом како и сви у љума глумаци,шмизле и маице PUMA” од Марко Трајковиќ,учебна година 2007-2008,Куманово Постојат еден куп дела,кои би ни предизвикале чувство на хумор и кои укажуваат на состојбата,во која во образовните институции постои несериозност и безмотивираност.Да бараме виновници?,би рекол дека ни е доцна.Потребно е реално согледување на работите,кои го создаваат проблемот и нивно поправање.

Page 245: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Замисла и цели за новото образовно уредување Образованието во василеистичкото општество,ке има за постигнување три цели.Првата од целите ке претставува онаа најбитната,и најпотребната.Таа цел ке претставува,враќање на суштината на образовниот систем.Главна пречка во постигнување на ова,во современиот македонски образовен систем е тоа што постои висок степен на “партизираност”,односно вмешување на политичките партии во начинот на организирањето кај образовните установи,а со тоа и начинот на избирањето на просветните кадри таму.Тоа не само што допридонесува за лоша организација,туку и оние кои се квалитетни просветни кадри и кои претставуваат аристои во својата професија,се демотивираат од таквите очигледни пристрасни одлучувања,кои немаат врска со образовниот процес. Во современиот државен апарат кој постои и кој Македонија ја формира како република,решението за овој проблем речиси и да не постои. Во која насока да се измени и одлучи,кој да ги избира уредувачките и избиричките места во образовните установи,сепак ке има партиско влијание.За пример,доколку таква одговорности им се даде на денешното Министерство за образование,сепак него го избираат партиите кои се на позиција на власт.Ваквото уредување беше додека не се спроведе децентрализацијата,заедно со ткн “професионализација”. Денес пак со децентрализацијата,одлучува за тоа локалната власт,но и тука влијание врши онаа партија која победила во таа општина. Со василеистичкиот систем,овој проблем би се решил многу лесно,односно таа улога ке ја врши Поверенството за образование и култура,во кој ке раководи Пријателот на Василевсот. Бидејќи извршната власт ке биде надвор од партиско влијание,ке претставува департизирана и стабилна со долгогодишниот мандат кој ке го имаат,а со тоа ке се остави голем простор кон враќањето на образовниот систем,во вистинскиот пат и правилната суштина. Втората цел ке претставува,создавање од оние личности кои ке влезат во образовниот процес,во личности кои откако ке го поминат задолжителното образование,да претставуваат активни чинители во јавните работи на општеството,односно да претставуваат политес. Спротивно од политес имаме идиотес,кој би претставувал пасивен член на едно општество,и кој нема желба и знаење истиот да делува. Александар Дугин,идиотесот го дефинира уште и како: “Персона која поседува само една работа-приватната сопственост”. Авторот на The Civic culture(Граѓанска култура),Габриел Олмонд(Gabriel Almond),изнесува интересни заклучоци кои се јавуваат во врска со идиотесот.Генерално постојат три типа на јавни мислења и делувања,и тоа 1)јавност која не е запознаена со проблемот,2)јавност која е запознаена со проблемите во општеството,но не мислат дека треба истите директно да се вмешуваат во нивното решавање,и 3)јавност која ги запознала проблемите и која смета дека истите треба директно да се вмешуваат во нивното решавање.Последниот тип,всушност претставува најправилниот/здравиот,односно го отсликува делувањето на политесот.

Page 246: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

245

24

5

Третата цел ке претставува одлучувачката улога на образованието,во смената на општествените класи.Поточно станува збор,за преобразба на македонската плутократија во македонска аристократија. Најправилен,најбезболен и најдобитен начин за општеството и граѓаните ,би претставувало улогата за промената да ја превземе и да не му припадне на никој друг,освен на образовниот систем.Идните генерации од плутократијата или децата од оние семејства кои претставуваат со богата материјално-базна состојба,да се воспитуваат под посебен третман,па така тие да се преобразуваат во најдобри/најправилни за општеството,односно преку своето образование да станат аристократи. Сите три целни работи,претставуваат испрелетени едни со другите,но најбитно е правилната суштина на образованието.Кога би се постигнало таа цел,тогаш би можеле да говориме за остварување на останатите цели.Тоа ја прави првата цел главна,додека другите споредни. Ускладување на образовните догми според природата на луѓето ОД 0-7 ГОДИНИ,образованието и воспитанието ке се одвива без институционални грижи,во вообичаените нормални услови. Во тој период,многу е потребна улогата и влијанието од семејството,бидејќи севкупната грижа и внимание ке биде на дел на тоа опкружување. Во невообичаените услови и случаеви,кај што нема семејно опкружување,кога установите ке бидат приморани да реагираат и да ги земаат личностите од оваа возраст под свое внимание,за овие личности-деца,ке постои можност преку вообичаениот начин на Агема,дел од нив да бидат под нивно туторство и обучување.Домовите за деца без родители,ке бидат главни и најчести извори за новите членови на посебното општество Агема. Во овие годишни периоди на луѓето,македонскиот психолог Вера Цуракова,има забележано појава на ткн предвремено созревање на личноста.Оваа појава е се почеста,во современото општество кај нас. Можеби на моменти тоа да звучи како нешто добро со прогресивен опис на личностите од раните возрасти,но всушност таквата состојба на личностите им создава забуна,неприродно однесување и потешкотии во понатамошен психо-емоционален развој. До оваа појава кај личностите доаѓа,кога духовните потреби им се попречени,согласно нивните возрасни групи и согласно нивната природа.Или доколку на децата не им се остави простор,тие да си го изживеат своето детство,и доколку им се попречи нивната “детска магија”.И доколку во раната возраст предвремено прогресира знаењето,што е чест случај во современата доба,која до таквата состојба е овозможено со пристапот на раните возрасни групи,до интернетот и секакви информации кои ги примаат од таму. И разни други моменти,кои го попречуваат нормалниот развој. Тоа јасно говори дека има за потреба да се обврне внимание во развојот на раномладите,согласно со нивните стасани години,односно етапи.

Page 247: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Приказ на развојни етапи според Вера Цуракова

Приказ на неприроден развој на личностите

Page 248: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

247

24

7

ОД 7-15 ГОДИНИ,заради остварување на зацртаните цели,потребно е да биде поделено на неколку страни и делови,зависно од материјално-базната состојба и половиот предзнак.Така поделбата според материјално-базната состојба,образовниот систем дел ке претставува потикнат од државна иницијатива,а дел со мешовита иницијатива, односно државно-приватна.За оние деца кои потекнуваат од семејства со богата материјално-базна состојба,тие ке бидат во делот на мешовита иницијатива.За нив ке се одредува посебна догма под Миеѕа-правило.Потик за вакво именување на оваа догма/правило/начин,црпи од некогашниот локалитет Миеѕа,кој најверојатно се наоѓа близу денешниот град Негуш.Во дамнината на тоа место,македонските првенци биле обучувани од познатите учители и филозофи,со цел да станат аристократи.Миеѕа-правилото ке се состои во тоа што наставата ке се одвива во група од 5 ученици,и ке бидат обучувани од големите генијалци,кои според сознанијата се во значителен број во државава. Под гение би можеле да подразбереме ум на личност,кој има високи познавања од природните,општествените и уметничките науки,и кој во една од нив е со посебно сознание до степен на откритие во тоа поле. Освен тоа со ваква догма,наставите ке се одвиваат во различни услови од вообичаените,односно тие ке се одвиваат во образовни кампуси кои ке бидат најчесто лоцирани во природата.Освен поволностите и убавите услови кои ги нуди природата,таквото засебно место ке доведе до помала комуникација со македонските плутократи,кои всушност ке им бидат родители на децата-ученици кои ке се образуваат под ова посебна догма,затоа што тие во овие кампуси ке престојуваат со месеци,надвор од контактот со сопственото семејно опкружување.Тоа ке остави простор за полесна трансформација на идните генерации,од плутократи во аристократи.Бидејќи овие засебни училишта ке бидат создадени под мешовита иницијатива,државата на разни начини може да го потикне создавањето на овој систем,преку финансирање,ниско кредитирање и слично.Но оваа образование нема да биде бесплатно,туку тоа ке има висока цена за осумгодишното засебно/специјализирано образование.Таа висока цена ке го одредува критериумот,на тоа кој ке биде образуван и воспитуван под Миеѕа-правилото.Односно оние семејства,кои ке можат да ја платат цената за образување на нивното дете,под оваа засебна догма.Тоа ке можат да го приуштат само семејствата со богата материјално-базна состојба,но и оние кои се од среднокласно,без разлика дали тие финансии ке ги најдат од моменталната состојба или ке ги најдат со кредити и заеми,како што прават многу родители денес,за да им приуштат образование по приватните школи,но без разлика сепак и за тоа е потребно семејството, да е во солидна материјално-базна состојба.Според тоа,оваа школо освен што е наменето за воспитување на децата на македонската плутократија,сепак во неа ке има можност да се образуваат и децата од среднокласните семејства. Образовниот систем потикнат под целосна државна иницијатива,ке претставува целосно бесплатно образование,со цел општеството да е во можност,да им обезбеди образување и за оние кои неможат да си го дозволат.Ке бидат поделени под групи,со максимален број од 25 деца.

Page 249: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Половата делба ке постои и кај вообичаеното образование,и кај засебното образование,најмногу заради тоа што постојат изразени разлики кај половите,и прават да имаат различно прилегање во однос на различни предмети,па со тоа логично е да следи и различно развивање и различна насока на истите,иаку предметната настава нема да се разликува многу,односно ке има само во одредени делови/нијанси. Со тоа групите ке бидат поделени на женска група од 25 ученици,и машка група од 25 ученици,како и машка група од 5 ученици,и женска група од 5 ученици.Во овој осумгодишен период на основно образование и воспитание,поголем нагласок од оној што е во денешниот образовен систем,ке биде кон фискултурата,односно кон физичкиот развиток на децата.Во овој период,децата почнуваат надворешно да се развиваат,па за да се правилно развијат,потребно е поголемо внимание и поголеми услови за тоа.”Компјутеризацијата” која се воведе во образовниот систем од страна на сегашниот државен апарат,воглавном е добар процес,но само доколку истите правилно се употребуваат и од учениците и од учителите,што тоа не е случај денес. ОД 15-18 ГОДИНИ,нема да постои делба на образованието помеѓу вообичаено и засебно.Односно овој дел од образовниот систем,ке преставува подржан само од страна на државната иницијатива. Сите средни училишта ке преставуваат гимназии,или средни училишта во кои се изучуваат до одреден степен сите науки,во кој ке учат децата кои потекнуваат од семејства од сите материјално-базни состојби. Тоа единство е потребно,заради можноста да се почувствуваат и да се спознаат децата од сите класи,со цел во иднина полесно да се разбираат,и да не се дозволи да се стори некој поизразен класен јаз измеѓу населението,кое всушност претставува иднината на општеството. Половата поделба и тука ке биде застапена,во поделба во групи од по 25 ученици.Овој дел од образовниот систем ке трае четири години,во кој потребно е да постои поголем нагласок,кон внатрешното правилно развивање кај децата.Мора да се изнајде догма,со која децата урамнотежено ке го развиваат своето знаење,но и својот разум.Затоа Етиката како предмет,потребно е да биде застапен како задолжителен во сите четири години,од оваа средно образование и воспитание. ОД 18-21 ГОДИНА,откако ке наполнат личностите и здраво ке се обликуваат внатрешно и надворешно,истите ке стапат во служба на двегодишен државен рок,во различни општествени установи.Било тоа да е служба во војска,било во некоја од здравствена,социјална установа и слично(повеќе во милитаризмот во новото општество). Збигниев Бржежински поучен од разни анализи,истакнува дека луѓето во овој период имаат голема желба и мотив,да ја истакнат својата личност во хуманиот/општочовечки дел,за средината во која живеат и општат, како и за луѓето во неа(образложено во книгата како човечки периоди лесни за манипулација). Тоа укажува дека службата во сопствените државни установи,освен што допридонесува во корист на државата,допридонесува и во исполнувањето на образовната догма согласно природата на човекот.

Page 250: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

249

24

9

Со отслужување на овој рок,завршуваат и општи образовно-воспитните задолжитености,и дури тогаш личности би можеле да се прогласат за граѓани со полни права и обрвски во општеството. По станување на личностите во граѓани со полни права и обврски,понатамошното образование нема да претставува задолжително,па со тоа самите ке избираат дали ке продолжат со образовната надоградба.За високото образование,која денес е свежо е потпадната под влијанието на тнк Magna Charta Universitatum(Болоњски систем),се покажа на дело како многу несоодветен за нашите услови. Незнам и колку се соодветни употребите на латинизираните термини како универзитети,студенти,магистри,докторати и слично. Многу поприкладно согласно нашата историја се употреба на лицеи,перипатетици,школар(schole+arch),школарси и слично,термини кои се употребувале во општества,каде општел слободно нашиот народ.Често постои и забуна кај луѓето кога се употребува терминот доктор,притоа незнаејќи дали се мисли на личност со завршени докторатски студии,или пак за личност-медицинско лице.Сите тие работи треба посериозно да се разгледаат,како и несоодветниот Болоњски систем да се отстрани. Од страните искуства за високото образование,подобро е приватната иницијатива да доминира во овој дел,но и општо решение со кое не би се дозволило,високото образование да стане бизнис под приватниот сектор,односно решение со кое нема да дозволи високото образование да ја изгуби својата суштина.Во современата пракса согледуваме,дека високото образование под државен сектор,не остава многу простор за напредок под разно разни изговори,со што нивната нееластичност во делови каде што со промените би предизвикал поголем прогрес кај студентите,прогрес кој е клучен за добро одвивање на технолошко и економското движење,наидува на постојан судир помеѓу извршната власт и автономијата на универзитетот.Тоа само оди во прилог на “приватизацијата” на високото образование. Ускладување на догмите според технолошкото движење Сведоци сме на се позачестени технолошки иновации,кои постојано ги менуваат општествено-економските односи меѓу населението.Таквото нестабилно “технолошко миље”,доведува од потреба задолжително да се воведе ткн “перманентно технолошко образование”.Тоа е можно да се изведе,преку неколкумесечни курсеви.Односно на секои десет години,да постои задолжителен технолошки курс од 6 месеци.Со тоа граѓаните во едно општество,нема да бидат во несогласност со технолошките направи.Граѓаните ке бидат навремено информирани и обучени за идните генерации на технолошкото движење,со кој би се отстраниле прашањата од типот кои постојат денес како:За што служи тоа?,Како работи?,Кои се предностите и последиците од употребата? и сл. Дополнително ваквите курсеви ке бидат од корист за економското движење,а со тоа и нема да постојат кадри кои не би се снаоѓале со новите технолошки пронајдоци,кои се наметнуваат како основни.

Page 251: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Шема на новото образовно уредување

Page 252: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

251

25

1

Практика и практичност Практиката можеме да ја сретнеме во употреба,кај разни реченици кои се со различен смисол.Практиката и практичноста може да означува спремен за делување,односно спремен за работа.Практиката и практичноста може да се појасни и како активност,ефективност,или пак како способност да се делува на одредена работа. Како и да е секогаш практиката и употребата на овој термин кружи околу една работа,која можеме да ја прикажеме на различни начини. Општо Практиката би можеле да ја дефинираме,како спознанство на објективната реалност,со кој луѓето може активно да ја менуваат. Во таа објективна реалност,многу често пред човекот да ја спознае целосно,наоѓа закони по кои таа реалност се води,и тоа закони кои не зависат од човекот и не зависат од неговата волја,закони кои постоеле и пред него.Човекот бидејќи ја има способноста да ги спознае законите од таа реалност,јасно укажува дека тој е налик на Творецот на тие закони,но тоа не значи дека сме ние како Него,бидејќи јасно е дека човекот неможе и не е во можност да ги спознае сите закони по кои се води севкупната реалност,иаку сме во можност да го видиме резултатот од нивното делување. Во практиката постои уште еден проблем,а тоа е спознанието кое овозможува активно делување,претставува нагласено индивидуална работа,односно практиката е многудимензионална,со исто толку димензии колку активни спознаени делувачи и засегнати страни од активното менување.Пример за еден работодавач,практичност би претставувало роботизација на работната сила,затоа што претпоставуваме дека роботот може да работи непрекидно,без одмори,додека на човечката работна сила и е потребно паузи и одмор.Но од друга димензија,оваа активност е непрактична за работниците кои имале работа од работодавачот,и затоа што тие ке ја изгубат конкуренцијата за продуктивност со машините,со што ке останат без работа.Од третата и најопшта димензија,за општеството,ова би претставувало крах,односно многумина од работодавачите ке го следат првиот пример,со што ке се создаде огромен број на невработени,и ке нема потрошувачи,односно продуктите ке останат по продавниците. Човековата Практика претставува,согледување на реалноста и активно приспособување на законите,согласно потребите на согледувачот. Многудимензионалноста на практиката,укажува дека активните делувачи ,освен што имаат спознание за објективната реалност,мора да имаат и разум и совест,за да можат практиката да ја направат практична за што е можно поголем број на димензии.Спој на етика и пракса. Човековата практика,зависно од општата практичност за димензиите,би можеле да ја поделиме на добра и лоша практика. Добрата практика е онаа која спознаениот делувач со својата активност, не ги загрозил основните потреби на засегнатите страни,додека лошата практика е онаа со која делувачот ги загрозил потребите на другите.

Page 253: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Улога и значај на новинарство,телевизии и виртуелноста Колку навистина може да допридонесуваат овие работи кон културата и вредностите,напоменавме и претходно.Со тоа што овие работи вршат влијание во однесувањето,и учествува во формирање на вредностите кај поголемиот дел од населението,укажува на тоа дека никако на истите не треба да им се остави голем простор за профит и манипулација. Тоа што денес станавме “доба на насилното однесување”,во голема мера се должи на насилството и негативните информации,кое постојано се прикажуваат по новинарството,на телевизиите и други виртуелни места.Кај младите особено насилни видеоигри вршат влијание,и допридонесуваат кон негативните емоции и мисли. Во нашата новинарска,телевизиска и виртуелна сфера,поточно во македонската,ни се наметнаа редици на проблеми кои треба да се решаваат во иднина.Првичните проблеми се должат кај новинарството,кое впрочем и не е толку голем проблем кој негативно влијае врз населението.Имено од минатото па до денес,во оваа работа се почесто се соочуваме со квантитет,отколку со квалитет.Како што едноставно истакнувале граѓаните на САД во изминатиот век: “Премногу луѓе туркаат премногу пенкала,низ премногу хартија,исполнувајќи ги со безвредни содржини.” Главниот проблем претставува спојот на интересите на политичките партии,со личните интереси на сопственици на тв-каналите. Таквиот спој дополнително остави простор за сопствениците,да направат уште еден спој и тоа со профитот.Сета ова состојба,донесе да денес по македонските тв-канали,најмалку да наоѓате позитивна како и македонска содржина.Многу малку граѓани во нашава република ,легитимно би можеле да се наречат Македонци,затоа што поголемиот дел од нив не ја знаат и не ја носат во себе македонската култура,а на тоа место се почесто е наметнатата глобалната акултура. Македонија не претставува само за етничка идентификација,туку Македонија претставува и начин на размислување,начин на однесување па и начин на верување. Едно од можните решенија на овие проблеми,би можело да претставува децентрализација на државните тв-канали и децентрализација на радиодифузната такса.Секој град да има една државна телевизија,додека еден да претставува канал кој би се емитувал на целата македонска територија.Така наместо 100% од давачките да одат во една тв-куќа,тој да оди во повеќе тв-куќи финансирани од народот. Па така една четвртина(25%)од давачките да оди во националниот канал,додека останатиот дел разделен на другите градски тв-канали.Претпоставениот на националната тв-куќа да го избира извршната власт,која во василеизмот ке претставува безпартиска,додека градските тв-куќи да ги избира месната власт,односно архонтите,кои зависно во кој град е избран,за државна тв-куќа од тој град да одлучува.Бидејќи нема да има партиско влијание во националниот медиум,додека во локалните ке биде овозможено,единството во прикажување на една од партиските вистини ке биде отстрането.

Page 254: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

253

25

3

“Денови ли се денови аргатски маки големи! Стани си утре порано, дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси, навечер тага донеси- ај пусти да е,пуст да би останал живот кучешки! Роди се човек-роб биди, роди се човек-скот умри, скотски цел живот работи за други,туѓи имоти. За туѓи бели дворови копај си црни гробови” Коста Солев Рацин,извадок од Денови

Page 255: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ЕКОНОМСКО УРЕДУВАЊЕ НА НОВОТО ОПШТЕСТВО Поим за пари,капитал и економија Капиталот во својата терминологија не означува стрикна поврзаност со економијата,туку е термин со општа употреба.Капитал е збор со потекло од латинскиот јазик,и означува главно или главнина на некоја одредена работа. Во економска смисла,капитал означува материјална главнина од која би можело да се започне процесот,кој го движи економскиот капитал.Со тоа капиталот за да влезе во економското движење,но и за да постои воопшто економското движење/економија во еден колектив/општество,мора да се јави како паричен,производен или стоковен капитал. Од паричниот капитал,во современите услови произлегува банкарството.Од производниот капитал произлегува индустријата,додека од стоковниот капитал произлегува трговијата.Но сигурно како прашање се јавува во современата формулација на економското движење,каде е она од што произлегуваат стоките и ресурсите?. Во современиот период сите три вида на економскиот капитал се меѓусебно поврзани,и за да се движи економијата,мора да има циркулација на сите три во еден тек. За да една личност влезе во современите економски односи,потребно му е почетен паричен капитал,со кој би можел да купи стоки,од кој со стоките би можел да создаде производи.За создавање на производот потребно е работната сила,и средствата на производството(било да е некое орудие,машина и сл).Откако ке се создаде производот,се купува од трговецот кој истиот го пласира на пазарот.На пазарот преработениот производ се продава како стоки/роби,кои истите се купуваат со пари од паричниот капитал на потрошувачите. Така изведена е формулацијата:

Од оваа формула ке увидиме,дека за современото економско движење се започнува со паричен капитал и завршува со паричен капитал. Но што во вистинска суштина претставуваат пари,и како тие успеале да се наметнат како алфа и омега,во современото економско движење?. Парите всушност се драгоцен ресурс,првично создавани од злато и сребро.Парите се предвидени како стока која ке ја мери вредноста на сите стоки,кои се создаваат од човекот.Или како средство кое количински одредува,колку индивидуалната работа се признава како општествена работа.Со тоа основните функции на парите се,тие да се јават како мерило на вредноста и како прометно средство.Но сепак парите не се веднаш јавуваат во односите кај луѓето,ниту се наоѓаат како ресурс или плод,туку тие се создаваат и преработуваат од ресурсите.

Page 256: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

255

25

5

Првичните пари претставувале полновредните пари,односно пари кои се создадени од злато или сребро.На современите пари,двојно им е сокриена нивната вистинска суштина,односно тие не претставуваат ниту преработен ресурс,туку парче хартија,односно хартиени пари издадени од општествените установи.Овие хартиени пари,се нарекуваат уште и сурогатни пари. Со овие современи пари,државните установи успеале да се наметнат како главни во економското движење,а со тоа се создала и како централизирано сопствеништво на вистинската вредност на парите. Вредност на овие хартиени пари,се одредува од количината во која се пуштени истите во оптек и количината на златниот ресурс,кои би биле потребни за стоковен промет на одреден период. Односно доколку државата пушти поголема количина на хартиени пари во оптек од потребите на стоковниот промет во вистинската вредност(злато),вредноста на хартиените пари ке опаѓа,додека цените на пазарот ке се зголемуваат,и обратно. Затоа државата мора со овие пари да биде еден вид регулатор,додека во минатото со постоењето на златните пари,тие автоматски се регулирале. За да постојат овие современи безвредни пари,освен што е потребно пуштени хартиени пари во оптек,потребни се и депозитни пари,како и банкарски инструмент за плаќање. Така тежината на банкарството денес,во севкупните односи на луѓето во едно општество е уште толку зголемена. Но дали современата економија,претставува иста претстава кај луѓето како од времето кога е искован овој термин?. Економија е од oiko или главен+nomos или закон,термин со кој се мислело на семејното раководење,односно домаќинството. Домаќинството и домаќинско однесување,претставува разумно раководење со ресурсите,односно разумно и навремено расподелување на истите. Притоа од семејното субјективно значење,се создало и општествено објективно значење,односно на главните политички фигури во општеството како на домаќини,додека на општеството како на едно големо семејство,во кој членуваат сите граѓани во него. Суштината на економија претставувало паметно и разумно раководење со ресурсите,додека суштината на современата економија претставува стекнување и создавање на што е можно поголем капитал. Иаку двете суштински значења на дамнешното и современото сфаќање,може да бидат на моменти во сродство,на пример со штедењето за одредена работа претставува еден вид зголемување на одреден вид на капитал и истото би се нарекло домаќинско однесување ,сепак двете суштини се многу различни,односно нивната крајна цел на едните е разумно однесување во дадени услови со дадени на раслолагање ресурси,додека на другите е безусловно зголемување на капиталот.Со тоа што иаку навидум незабележително,но со крајно изменети мотивите,и тука ја забележуваме вулгаризацијата која и се случила на економијата,односно на суштината на зборот.

Page 257: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Меркантилизам и Физиократизам Речиси секаде на светот каде што се изучува економијата на општ план,секогаш првин догмата налага да ги запознае поучуваните со овие два правци,ако не со нивната филозофија,барем со нивната терминологија и основачи,што е случај и пракса во македонската образовна догма. Но колку навистина се битни овие два правца,две филозофии и начини на размислувања,ке увидиме само кога подлабоко ке ги разработиме. Меркантилизмот претставува правец,кој се јавува во Англија.Овој правец на размислување,за начинот на функционирањето на една општа економија е во согласно со капитализмот и римските идеи. За меркантилистите највредно и најважно нешто во економијата,воедно и она што ја движи истата се парите,поточно скапоцените ресурси. Главна преокупација претставува,акумулација на што е можно скапоцен капитал,односно злато,сребро и сл. Бидејќи е согледано дека некои земји располагаат со повеќе скапоцени ресурси за разлика од другите,овој правец речиси и да го има усовршено империумот и како тој би требало да функционира. Па така фокусот настанал врз формирање на широки пазари и земји создадени со слаба политичка стабилност,се со цел земјата-империум да може да врши експлоатација или за ефтина цена да го набавува посакуваниот ресурс,додека веќе преработените продукти да се враќаат во истата нестабилна земја,но со повисока цена од реалната. Така се оди на тоа земјата-имперум што помалку да увезува готови продукти за скапа цена,и истите што е можно повеќе да ги извезува за повисока цена,додека скапоцените ресурси да ги експлоатира за што е можно помала цена.Во минатото овој процес беше претставуван на многу погруб начин,но денес бидејќи националните богатства се заштитија со универзалните повелби,учество во широки слободни пазари,протекционизмот на сопствениот пазар и создавање на нестабилна политичка состојба во страни послаби земји,се главни карти со кој овој правец на размислување и водење на општата економија работи.Земјата-империум,ке ја препознаете по тоа што внатре во својата општа економија има надакумулација на капитал,со високо развиена индустрија заедно со голем интерес према таа гранка,од државната политика но и од работоспособното население. Физиократијата,како начин на размислување се развива во Франција,од Франсоа Кенеј,и е правец кој укажува дека во општата економија,единственото нешто што создава вишок е земјоделската гранка кај една земја,затоа и богатството на една земја треба да се мери по поседот на плодните и обработливите земјишта. Овој старонов правец на размислување,во тоа време иаку претставувало нов за Западот,сепак со сигурност е инспириран од идеите и начинот на кој функционирале општите економии кај народите од овој наш полуостров.Физиократија всушност означува владеење на природата.

Page 258: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

257

25

7

Оваа теорија јасно укажува на еден прост факт,а тоа е дека постои во природата поставеност на работите,односно природен закон и ред,кој е втемелен и независен од човекот.Затоа таа е насочена кон остварување на што е можно поголема реална продуктивност,согласно природните закони. Од земјоделството излегуваат плодовите,нешто што вистински претставува вишок создаден продукт(јаболки,круши,жито и др),па затоа Кенеј земјоделците ги нарекува продуктивна класа. Уметниците,продавачите/трговците и индустриските работници според Кенеј,не создаваат реален вишок на продукти,туку тие нив ги преподаваат,преработуваат или ги користат за остварување на своите неопходни потреби.Затоа оваа класа претставува стерилна класа. Третата класа е онаа класа која има сопственост над земјата која се обработува,односно земјопоседниците,и тие ја имаат главната улога во економското движење. Сите овие три класи меѓусебно се поврзани,и тие ја движат општата економија во една земја. Земјопоседниците бидејќи стекнуваат вишок на капитал на одреден период,тие стекнатото го трошат кај двете класи.Така пример стекнат годишен капитал до 600 златници,300 одат кај продуктивната класа односно кај земјоделците,било за плата за обработеното,било за купување храна и останати неопходни продукти и др.Останатите 300 одат кај стерилната класа,односно кај преработувачите,препродавачите или уметниците,од каде се набавуваат облека или некој друг преработен продукт,додека од уметниците се набавуваат уметничките дела,истите овозможуваат забава по претставите и сл. Овие стекнати 300 златници на годишно ниво,стерилната класа ги нема бидејќи со овој капитал е приморана периодично да ги троши кај продуктивната класа,за да ги купат неопходни продукти,исто како што и земјоделците од својот стекнат капитал го трошат кај стерилната класа,за облеки,некои алати за работа и сл. Оваа шема која го објаснува начинот на кој реално функционира економијата,и кој реално појаснува која класа од кого е зависна,па според тоа и која треба повеќе да е уважена,Кенеј со Tableau Economique(економската табела)образложува,додека Ричард Кантиљон,инспириран од истата уште подетално ке навлезе во проучување на проблематиката. Иаку од западните мислители,постоел голем интерес во проучувањето на овој начин на размислување во врска со економското движење,сепак во ниедна земја таму нема да се спроведе во пракса. Многу веројатно тоа се должи на менталитетите кои го имаат тие нации,како и трката во натпреварувањето за создавање на што е можно посилен империум,не оставиле многу простор за физиократите. Тогаш а и денес,економската наука стрикно се развива во меркантилистичкиот правец,оставајќи ја сама физиократијата во теориска шпекулација.

Page 259: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Шема на меркантилистичката пракса

Шема на економското движење според Кенеј

Page 260: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

259

25

9

Денешниот систем на антиекономија Слабости на неолибералната политика Доколку на економија треба да се гледа како на разумно и рационално водење на сметките,односно економијата да означува “домаќинска математика”,како тогаш можеме денешните осмислени системи да ги наречеме економски.?Напротив,нив би можеле да ги наречеме антиекономски,затоа што начинот на кој денес функционираат кај општествата,покрај тоа што претставуваат се само не “домаќинска математика” и “домаќинско одлучување”,туку оди и против разумната логика за општото добро.Соочени сме со неразумно и нерационално трошење на јавните пари,речиси кај сите западни,прозападни означени општества и пошироко.Од непотребни и не сосем разбирливи реклами наводно создадени за позитивно психолошко влијание/перење на мозок кај граѓаните,па се до финансирање на разни организации кои во суштина ништо не работат,како и разни други владини мерки наменети за граѓаните,а во суштина корисни само за законито злоупотребување на јавните пари.За сета ова состојба и за сиот искривен правец во кој е тргнат неолиберализмот,некогашниот претседател на САД,Роналд Реган има предупредено во својот говор одржан во 1964 година. Краткотрајните мандати што ги имаат политичарите,како и постојаната потреба од докажување пред гласачкото тело во едно општество,создава само привидни и популистички резултати.Неолибералната политика према граѓаните е во постојан притисок од залажување на гласачите,се со цел наводно да им се задоволат потребите,со тоа создавајќи и нереални очекувања меѓу гласачкото тело,одалечувајки ги истите од реалноста. Многу полошо што произлезе од краткотрајните мандати во неолиберализмот/неолиберлната демократија,е тоа што тотално се смени мотивот кај луѓето да станат политичари,и да се вмешаат во јавните работи.Согледувајќи ја можноста за законито и неправедно збогатува преку злоупотреба на јавните пари,и притоа не сносувајќи никаква одговорност,со единствен ризик за политичка одговорност или да не бидат реизбрани од страна на граѓаните на следните избори,што и не претставува некоја казна доколку некој влегол со таков личен мотив и навистина материјално добро се обезбеди за тековниот мандат,политиката и управувањето со јавните пари стана најдобар можен начин во општеството за обезбедување на индивидуалната материјална иднина.Не случајно се соочуваме со дефицит во идејноста и харизмата кај политичарите,кој се повеќе самиот систем остава простор за успех на оние кои се популисти и илузионисти,отколку на оние кои се со реални идеи и со харизма на подолг план. Покрај краткотрајниот мандат и неможност за водење политика на подолг план,односно сериозна политика,оставениот простор за популизам и “одгледување” на политичари со лош мотив кои ги злоупотребуваат јавните пари,се главните слабости на современите системи,поточно на неолибералните демократии.

Page 261: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Проблемот на Западот со надакумулација и хиперпродукција Водејќи се по логиката на меркантилизмот и усовршувајќи го истиот метод,економските системи во западна Европа и северна Америка создадоа состојба на надакумулација на капиталот,споредбено во светската економија.И можеби тоа добро звучи,но тоа е само на момент. Потрагата по што е можно поголема и побрза акумулација на капитал,односно со фокус кон остварување на што е можно поголем профит кај поголемиот дел од светската економија,денес доведе до тоа истата да е неодржлива,заоштрувајќи ја социјалната нееднаквост и загаденоста во природата.Точката на акумулација е достигната до оној степен,да вложениот капитал не создава вишок . Таквата состојба освен што има проблеми со човечката природа и природните законитости,покажува лоши резултати и со ускладеноста со технолошкото и економското движење. Преголемата развиена индустриска економија која почива врз една технолошка генерација,при смена во идна нова технолошка генерација,кај таквата економија тој процес е поскап и помалку флексибилен,притоа оставајќи простор друга туѓа економија да ја надмине со пофлексибилно воведување на новата технолошка генерација.Во тој поглед какво влијание дава технолошкото движење,ни појаснуваат кондратиевите бранови. Во поглед на економското движење и законитости,постојаниот мотив за профит,создава и ткн хиперпродукција. До таа состојба се доаѓа кога се произведува повеќе одколку што пазарот има потреба и можност,односно се произведува многу повеќе отколку што има потенцијал побарувачката. Така огромната желба за профит создава загуба во економијата,преку намалување на цените на производите,или во најлош случај останувајќи непродадени.За да се избегне или ублажи таквата состојба во кружењето на капиталот,постојано потрошувачите се под пропаганда која потикнува трошење и купување на производите повеќе од потребното,односно создаваат ткн потрошувачко општество. “Потрошувачкото општество се дефинира како оној степен на економски и општествен развој,кога нивото на потрошувачката го преминува нивото со кое се задоволуваат минималните животни потреби”. Според евреинот родум од Украина,Волт Ростов(Walt Rostow),доколку едно општество достигне и ја надмине етапата на економска зрелост,таа почнува повеќе да се интересира за понудата отколку за побарувачката ,а помалку за производството отколку за потрошувачката.Во своето дело The stages of economic growth (Етапи на економскиот раст),појаснува дека САД оваа етапа на економска зрелост ја има достигнато по “Првата” светска војна,додека Западноевропските земји по”Втората”светска војна. По оваа етапа на економска зрелост,следи етапата на високомасивна консумпција,која е предпоследна ростова етапа,додека крајната е означена како етапа по консумпцијата,односно влез кон непознатото.

Page 262: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

261

26

1

Триумф на банкарството Терминот банка произлегува од италијанскиот збор banco,и е збор кој има значение за клупа.Самиот корен на овој збор ни потврдува дека создавањето или ресоздавањето на вакви односи,се случило на просторот на денешна Италија,околу почетокот на ренесансниот период,најверојатно од страна на вратените италски крстоносци. Банкарството претставува паричен,односно каматоносен капитал. Ако сакаме денес да посочиме во современиот свет,некој систем кој работи домаќински и економично кон своите интереси,тогаш со сигурност можеме да посочиме кон банкарството. Најголемиот и најстабилниот профит или вишок се создава и оди кај овој сектор,и тоа најмногу оди од државните буџети,од државите кои се задолжиле.Најмоќните банки се оние кои се поврзани со разни глобални организации,или пак претставуваат некакво претпријатие создадено по иницијатива на државите или пак од меѓународните органи,каде што најчесто подоцна стихијно се преобликуваат во полуприватни или целосно приватни претпријатија.Тие подоцна се јавуваат како кредитори со располагање на голем капитал,и започнуваат со масовна понуда према државите кои се заинтересирани за тој капитал. Интересно е што најразвиените индустриски економии се всушност најзадолжените,и голем дел од нивниот собран државен буџет,им оди кон раздолжувањето на кредитите кои ги земале од банките. Притоа речиси сите земји кои се задолжиле и кои имаат поголем долг од над 20-30% од својот бруто домашен производ,за да продолжат и понатаму со нормално работење на нивниот општествено-економски систем,приморани се повторно и повторно на годишно ниво да се задолжуваат со кредитите,при што нивниот долг постепено расте. Приказ на земјите со нивните долгови и дефицити

Состојбата веќе со задолжувањето е драматична кај дел од презадолжените држави,а се очекува да стане и кај другите држави кои

Page 263: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

уште некако наоѓаат решение за опстанокот на нивното општествено економско движење.Голем дел од државите се веќе доведени до состојба да нивниот долг како и нивниот буџетски дефицит,е во неможност да го стабилизираат со декади во иднината.Тоа создава поголема моќ на банките од самите држави,кои се ставаат преку потпишана хартија со обрвски во зависна положба према банкарството. За јавните задолжувања и начинот на кој банките работат,разни надарени луѓе во минатото имале негативен став.Така еден од основачите на САД,Џејмс Мадисон има познат коментар кој вели: “Одам по принципот дека јавниот долг е јавно проклетство,додека во републиканското уредување клетвата е поголема од било кој од другите уредувања”. Потребно е и да се посочи тоа,дека сиот долг на државите е создаден во претходните декади,односно за краток временски период.Но прашањето е како државите си дозволиле толкаво и ризично задолжување?.Дел од одговорот секако ке го пронајдеме од слабостите кој ги произведува неолибералната политика,и неолибералните политичари кои се јавуваат како краткотрајни нивни извршители.Дел во моменталните меѓународни односи кои постојат и непрестајно вршат политички притисок за создавање на вакви системи,а дел и во самата наивност која е својствена за човекот.Исто како прашање се јавува и што ако поголемиот дел од државите(особено оние Западните)не успеат и не се во можност навремено да ги исплаќаат нивните долгови,и притоа истите не се во можност да бидат ликвидни,односно државниот капитал да стаса до ниво каде што ке нема веќе што да понуди на банките за враќањето на заемите?Што тогаш и какви официјални односи,помеѓу кредиторите и државите ке следуваат?Дали и на државите ке им се случи ликвидацијата,како што им се случуваат на компаниите?. Времето еден ден ке ни ја покаже намерата. Светскиот долг од податокот на ММФ за 2009 година

Page 264: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

263

26

3

Современи митови поврзани со економските односи Во последниот период,под влијанието на глобалната акултура,некои митови и илузии меѓу светското население станаа многу популарни и со многу верба дека тие претставуваат “вистината работа”.Некои од митовите држат на популарност од најстарите времиња,но денес се повторно во фаза на кулминација во нивното верување.Некои пак од нив се нови митови,но сепак имаат поврзаност и нишка со староновите популарни митови,кои се наметнати во умовите на современиот човек. МИТ ЗА МОЌТА НА ПАРИТЕ,е мит кој речиси секогаш држи на популарност и верба кај луѓето,иаку суштината за кои истите се создадени,е тие да служат на луѓето како помошно или олеснително средство при стоковно-прометни односи.Но бидејќи парите претставуваат ткн монополна стока,односно стока која ги мери вредностите на сите останати стоки,во умот на луѓето често создава изопачена илузија за нивната моќ. За оваа илузорна проблематика,Шекспир во своето дело Timon Athenian (Тимон Атињанинот) дава детално објаснување: “Злато(полновредни пари)?”Скапоцено,светкаво,црвено злато? Не,богови,не сум замолувал залудно. Толку од него се создава црно во бело, Неубавото во убаво,а злото го прави добро, Старото во младо,плашливото во храбро, А подлото во благородно.” Шекспир директно појаснува на кој начин се гледа од луѓето према парите,и во што таквото гледиште ги преобразува истите. Првин дека тоа е “видливо божество”,кој ги преобразува сите човечки и природни својства во нивната спротиставеност,сеопшто изменување и извртување на работите,тие се збратимуваат со неможноста. Второ дека тие претставуваат сеопшта проститутка,и универзален заводник на луѓето и народите. “Тоа што се парите за мене,тоа што можат да го платам,односно она што парите можат да купат,тоа сум јас.Колкава е сила на парите,толкава е и мојата сила.Својството на парите се и моите својства,својства и моќ на сопственикот.Она што јас сум и можам,према тоа за ништо не е одредено со мојата индивидуалност.Со тоа јас сум неубав,но можам да ја купам најубавата жена.Према тоа јас не сум неубав,затоа што дејството на неубавото,неговата одбојна сила е уништена со парите.Јас сум по својата индивидуалност кут,но парите ми прибавуваат дваесет и четири нозе,према тоа јас не сум кут.Јас сум недобар и непоштен ,безсовесен човек без дух,но парите се ценети,па според тоа и неговиот сопственик.Парите се најголемо добро,па според тоа и неговиот сопственик е добар;парите ме со тоа ослободуваат од трудот да бидам поштен;јас сум без дух,но парите се стварен дух на сите работи,како тогаш неговиот сопственик е без дух?...”

Page 265: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Иаку навистина,илузијата која се создава околу парите и ѝ даваат изопачена моќ да ја извртува вистината,сепак извртувањето има своја скапа цена. Најубави работи кои му се случуваат на човекот во текот на неговиот живот,се бесплатни и не се купуваат со пари. МИТ ЗА ЕДНАКВОСТ ВО ОДНОСИТЕ,е илузија која наводно е поврзана и испрелетена со ткн демократски и транспарентни општествени односи. Овој мит навлегува речиси во секоја сфера во општествениот живот,но во овој дел ке се задржиме на илузијата која ја дава во економските движења,и односите во ткн “слободен пазар”. Постои сериозно верување во голем дел од населението на Земјата,дека во слободниот пазар секој има шанса и можност,да стане богат и тоа за кратко време да стекне голем капитал. Првин треба да се подвлече дека “слободниот пазар” се нарекува “слободен”,не затоа што во тој пазар учествуваат слободни луѓе,или луѓе на кои во односите им се дадени еднакви можности,туку затоа што тежнее кон намалување на влијанието од националните пазари и нивните правила,во корист на широки пазари.Поедноставно,слободен пазар претставува широк пазар со што е можно помалку реални граници,царини и други ограничувања во економските односи. Еднаквоста во економското движење и митот кој е испреплетен околу тој термин,многу лесно може да се разоткрие,и доволно е само да се увиди статистиката за одредени фамилии кои формирале одредени претпријатија,кои опстојуваат и профитираат од генерации на генерации многу капитал со векови наназад,никогаш речиси никогаш доведени во криза,туку секогаш во поволна положба.Прашањето е кон што се должи нивното лесно и непречено профитирање?Дал можеби имаат способност да гатаат и да ги предвидуваат случувањата?Или можеби само се во позиција да манипулираат вешто со системот и правилата?Тој мал процент од населението,се луѓето кои можат да се наречат меѓусебно еднакви,бидејќи ним им се нудат еднакви можности и шанси. Останатото население е приморано да зема кредит и често со лошо осмислен инвестиционен ризик,од желба да дограби што побргу дел од моќта на парите кој како илузија ја има вметнато во глава,доведе до состојба да имаме маси на луѓе-бездомници(особено изразено во земјите каде што овие митови имаат доминантно влијание),луѓе кои од ден за ден трпат и за храна,затоа што при обидот да станат многу богати,од банките и од новоздадените прилики во “пазарот на еднакви можности”,изгубиле и она што малку го имале и што го реално стекнале во својот живот.Мал дел од луѓето кои ризикувале,успеале да се вклопат во новините на системот и правилата,односно во економските движења,но тоа често се должи на среќа која ретко опстојува во тоа поле. Еднаквост ли претставува,тоа што имаме мал дел од населението кој на мистериозен начин секогаш е во поволна положба,и останатиот дел од населението кој речиси секогаш е во неповолна положба,бидејќи незнае кога како и што ке донесат новините во тој “слободен пазар”.?

Page 266: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

265

26

5

МИТОТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ,како и првичната суштина и намена за парите,исто и оваа работа доживеала извесно вулгаризирање. Професионализмот во својата суштина всушност претставува етика,но денес на професионализмот се гледа како кон придржување кон одредни правила,без разлика дали тие правила содејствуваат со етичките норми или не.Вистинскиот професионализам е исто што претставува и аристојот. Денешниот професионализам повеќе е во правец,кој каков пристап има, каква облека носи,и дали истата му прилега на физичкиот изглед со работата што ја работи,а не дали оној што ја работи работата ја работи правилно и совесно.Популаризацијата на ваквото вулгаризирано гледиште често е благодарение и се должи на филмската индустрија,која и онака вулгаризира многу други работи. Многу веројатно е дека ваквото искривено гледиште се наметнува,со цел митот за професионализмот да содејствува со митот за моќта на парите. Вистинскиот професионализам/аристојот,нема за потреба од илузорната моќ на парите во неговото делување во општеството.Тој е исполнет и задоволен и без таа илузија. Но овој мит за професионализам,заедно со митот за моќта на парите,изродува појава кај луѓето која се нарекува кариеризам. Кариеризам потекнува од латинскиот carvs кој означува кола,а поточно доаѓа од францускиот cariere кој означува коњска трка. Многу брзо и лесно кога ги откриваме корените на овој термин,на памет може да ни падне сцената од Јуда бен Хур и коњската трка која тој ја има со римјанинот Месала пред императорот во Рим.Таа сцена детално докрај сликовито,ни доловува што претставува кариеризмот.На таа сцена имаме тркачи,кои повеќето не бираат средства да станат први. Првиот се прогласува од страна на внимателниот гледач/император кој во негови раце е моќта да го објави победникот,гледајќи ја сета трка како забава.Додека во очите на оние кои се натпреваруваат/тркачите,тие се желните за илузијата,не толку желни да бидат претставени во јавноста како први од останатите во таа игра,колку што се желни да си направат простор слободно и оправдано да го изразат подоцна своето его. Кај личностите кои се рано/свежо влезени во средната старосна група,односно кога личностите станале граѓани со полни права во општеството,бидејќи им е ускратена потребата на други поправилни начини себеси да се докажат пред општеството,влегувајќи во вакви односи,претходно изложени под силно влијание на митовите ,навлегуваат и со години се заплеткуваат како плен во пајакова мрежа во разни психолошки стравови. Сите свежовлезените во средностаросната група,прикажуваат висока енергичност.Оној дел од нив кои ке се вработат и првпат ке стапат во работните односи,секогаш енергично навлегуваат да се докажат како корисни.Но со текот на времето,кога ке се забележи таа енергичност и волја од веќе длабоко присутните во работните односи,тоа кај нив предизвикува љубомора и страв од отказ,и често од околината врз оној кој прв пат влегол во работните односи со енергичност и желба,му се ставаат неправедни препреки се со цел да не успее да се докаже.

Page 267: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Така свежовлезените средностаросни личности,со текот на времето се приморани да преминуваат кон поголем негативен кариеризам,кој во себе содржи голема доза на себичност и желба за моќ. По малку подолго изминат период,доколку истите успеат да опстанат во работните односи,тие без да забележат стануваат исти како и оние кои им завидувале и кои им создавале неправедни препреки.Односно стравот од губење на работниот однос,заради влезот на нови генерации кои се енергични и имаат желба да се докажат како корисни,постепено се зголемува,притоа истиот страв приморувајќи ги исто да се однесуваат неправедно према новите генерации,како што на ним некој им се однесувал претходно. Оној дел од свежовлезените во средностаросната група,кои нема да стапат во работен однос,од разни причини или неможности,а притоа истите во себе имаат голема желба за докажување и енергичност,кај нив пак се појавува состојба на фрустрираност како и акти на поголема агресивност.Кај овој дел како изминува времето агресијата станува се поголема,потисната од стравот за немаштија/сиромаштија. Овие личности се оние кои најчесто преминуваат кон незаконити дејствија и начини на стекнување на егзистенцијата,останувајќи тешко ранети од фрустрацијата која општеството не им пружило услови себеси да се докажат на правилен начин.

Page 268: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

267

26

7

Македонија-денешни слабости и можности во иднината Современата македонска антиекономија Бруто домашниот производ на Македонија,за овие две и пол декади,имаме состојба во која речиси секоја година се бележи постепено покачување во економијата.Така на пример БДП на Македонија во 2006тата година изнесувал некаде 6 милијарди американски долари,за да во 2015та да забележиме пораст од некаде 4-5 милијарди американски долари,односно вкупно од 10-11 милијарди американски долари.Таквата речиси двојно поголема бројка,во севкупната македонска економија за период речиси помал од една декада,изгледа охрабрувачки.

Но тие позитивности и растови во економијата,претставуваат само бројчана статистика и многу малку влијание,допридонесуваат тие позитивности во реално ниво кај граѓаните. Државниот буџет на Република Македонија,исто така е со позитивен раст.Така од 2000та година имаме државен буџет од 63 096 милиони мк-денари или околу 1 милијарда американски долари,додека во 2015тата година имаме државен буџет од 163 280 милиони мк-денари,што претставува раст за околу 2 милијарди американски долари,односно вкупно некаде државен буџет од околу 3 милијарди американски долари.И ова претставува охрабрувачка бројка за декада и пол,и за економија и политичка состојба каква што има Македонија,но сепак и оваа бројчана статистика останува без посебно влијание. Доколку разгледаме во што се трошат парите од државниот буџет,можеби ке ни стане и појасно зошто не е возможно во системот,да се создаде некоја позитивна разлика со неолиберализмот. Најмногу од државниот буџет парите одат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување,Фондот за здравствено осигурување и во Министерството за труд и социјална политика.

Page 269: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Во набројаниве три,вкупно од буџетот на годишно ниво кај нив одат речиси две третини,или некаде околу 2 милијарди американски долари. Кај ПИОМ,состојбата станува се подраматична,затоа што постојано имаме зголемување на расходите,додека приходи во ПИОМ постојано се намалуваат.До 2001та година,имаме стабилна слика во приходско-расходска математика.Тука во овие периоди имаме речиси израмнети сметки.Од 2001та па наваму,овој фонд постојано е под оптеретување од расходи,кои постојано се зголемуваат.Па така во ПИОМ за 2014та година имаме приходи од вкупно 30 190 милиони мк-денари,додека расходите изнесувале вкупно 48 220 милиони мк-денари,со што минусното салдо во фондот стасал за некаде 18 000 милиони денари,или за некаде 320 милиони американски долари.Во 2015тата година имаме драматично нагло зголемување за краток временски период на минусното салдо,па така расходите пораснале до 56 656 милиони мк-денари или за вкупно околу 1 милијарда американски долари.За само една година,расходите на ПИОМ пораснале за некаде 18 % од расходите од претходната година,со што ПИОМ остварил минусно салдо од речиси половина милијарда американски долари. Состојбата во иднината со сигурност ке стане уште подраматична,бидејќи во програмата на владеачката партија има одлуки со кои се наведува дека во наредните години пензиите ке се покачуваат,и тоа за несфатливо високи проценти.Дали таквите најави се наивни,или пак претставуваат краткротрајна политичка мерка за илузорно задоволување на потребите на граѓаните,неможеме со сигурност да утврдиме,но јасно е дека сегашната состојба и уште пооптоварена состојба во иднината,ке доведе до одлуки со кои ке мора или фондот да ги крати пензиите на граѓаните,или пак државата да се одлучи кон поголемо задолжување од кредиторите,со цел овој фонд да може да функционира. Кај Министерството за труд и социјална политика,расходите за 2015та година изнесуваат вкупно 34 169 милиони мк-денари,или некаде 600 милиони американски долари.Тука не постои проблем во минусни салда и во приходно-расходни математики,бидејќи министерството не се појавува како фонд.Во овој дел проблематиката е од поинаков карактер.Оваа трошење на парите од државниот буџет,има проблем со логиката и разумот.Државата на која суштината и е заштитничкиот карактер,со оваа трошење и фокус преминува во донаторска организација.Точно е дека државата треба да се грижи за социјалните права на граѓаните,но тоа треба таа да го работи преку обезбедување на што е можно подеднакви услови,и што е можна подеднаква распределба на капиталот,на тој начин обезбедувајќи го социјалниот мир. Денес социјалната политика е насочена кон разгалување на социјално загрозените граѓани,изигравајќи државата “добра самовила”.Таквото трошење на буџетските пари,освен што не го обезбедува социјалниот мир,туку напротив создава фрустрираност кај сите категории на граѓани.Така оние кои ја земаат “социјалната плата”,никогаш не се задоволни од нејзиниот износ.Додека на оние кои им се одзема од реалната плата/оние кои работеле да ја добијат,и притоа на нив им се

Page 270: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

269

26

9

даночи од истата,за да може социјалните случаи да добијат “социјална плата”,се создава незадоволство кон таквото неразумно трошење. Каква е логиката на оваа социјална политика,која првин одзема пари од граѓаните со кој им ги зголемува шансите и тие да станат социјални случаи,додека одземаните пари им ги дава на оние со цел да се задржат како социјални случаи?.Таа политика всушност го зголемува бројот на социјалните случаи,а не го намалува.Со тоа не се обезбедува и социјалната правда и мир на правилен начин.Да бевме економија која обезбедува високи приходи,а мали расходи врз државниот буџет,тогаш можеби ваквото фрлање на пари би имала некоја логика,но со моменталната состојба,и со волкаво големи минусни салда во македонскиот буџет,таквата поставеност претставува несериозно управување со парите.Но донекаде е јасно зошто на проблемот не и се приоѓа со решение,кое би ги измениле работите околу социјалната политика.На неолибералните политичари најбитното им претставуваат гласовите,и доколку истите би се дрзнале да ја изменат состојбата,ке се соочат со масовно губење на гласовите од оние кои се приматели на “социјалната плата”,луѓе-гласачи кои воопшто не се во мал број. Во овој дел,кај нашиот пример се отсликува слабоста на неолибералната демократска политика,која ни потврдува дека тој систем не ги решава проблемите,туку ги продлабочува во општеството. Исто и во овој дел од владечката партија,има неразумни најави за зголемување на социјалните примања. ФЗО,е третиот(по значај на бројките)проблем,за расходите на државниот буџет.Исто како и во ПИОМ,и кај здравствениот фонд до 2001та година имаме стабилни и израмнети сметки.Дури во некои години пред 2001та година во 1999та и во 2000та,имаме вишок во фондот,односно расходите биле помали од приходите.Во 2001та година,фондот имал приходи и расходи од 13 048 милиони мк-денари или вкупно од околу 250 милиони американски долари.Во 2014тата,во фондот наоѓаме намалени приходи од 2001та година,односно со вкупно од 12 623 милиони мк-денари,додека расходите изнесуваат речиси двојно,односно 22 217 милиони мк-денари,или вкупно расходи од околу 400 милиони американски долари.Минусното салдо во фондот изнесува околу 180 милиони американски долари.За само една година бележиме пораст на расходите во фондот,па така за 2015тата имаме расход од 24 049 милиони мк-денари,или некаде околу 450 милиони американски долари.Така минусното салдо за една година е зголемена за некаде 8% од претходната година,или расходите изнесувале повеќе од приходите за 200 милиони американски долари во 2015тата.Но во здравствената политика се вбројува и Министерството за здравство.Тука од буџетот е одвоено за 2015тата вкупно 5 932 милиони мк-денари,или некаде 100 милиони американски долари.Така можеме да заклучиме дека сета здравствена политика,не чини околу повеќе од половин милијарда американски долари. Сигурно ке се запрашаме,ако толку многу се вложува во здравствената политика,тогаш зошто не се испорачани резултатите кои се посакувани.?

Page 271: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Овие пари кои се даваат иаку споредбено со нашите буџетски приходи претставуваат големи суми,сепак за создавање на едно државно здравство на задоволително ниво,оваа бројка е реално многу малку. И овој случај со буџетот кои се на располагање на здравствената политика,на некој начин претставуваат безвредно и неразумно фрлање на парите,затоа што и покрај тоа што даваме големи суми за наши услови,сепак не сме во можност да ги добиеме посакуваните резултати. Денес сме соочени со хаотично здравство,во кој вина неможе на никого да се препише.Моменталната загадена средина и експериментирањето со биосветот од помоќните,несомнено и нам ни донесе пораст,но и многубројни нови болести.Лекарите се ставени во притисок ту од државата ту од луѓето,кои се често незадоволни.Од другата страна болестите кои настануваат секој ден,се дури и смртоносни и бараат висока техничка анализа како и период на испитување на подолг рок,за да се открие догмата за успешното лекување.Македонската економија и образование,во моментов неможе да ги следи случувањата и динамиката на овие процеси,па затоа во првичните декади,лекарството потребно е да се остави во голема мера под приватната иницијатива. Субвенционата политика која е започната од 2006тата година споредбено со горенаведениве,на годишно ниво таа не чини само 150 милиони евра.Но од 2006 до 2013та вкупно од буџетот е одвоено 550 милиони евра,а во иднина се очекува до 2018тата година таа да не чини уште 600 милиони евра,со што вкупно за рок од 12 години субвенционата политика на Македонија ке изнесува 1 милијарда и 150 милиони евра. Не е проблем тоа што постои обид да се потикне земјоделството во Македонија,гранка која во БДПто се проценува дека учествува со некаде 11% на годишно ниво.Во нашата земја има услови земјоделството да стане главна гранка.Проблематичното прашање се состои во тоа,дали оваа политика навистина правилно го потикнува развојот и дали намерата и е успешна.Резултатите од Државниот завод за статистика говорат,дека во сточарството од 2007 година до 2013та имаме намалување во бројките.Така бројот во 2007та изнесувал 241 257 говеда,794 053 овци и 233 702 свињи.Во 2013тата бележиме пад на сите,па така говедата биле 238 333 на број,овците 731 828 илјади и најголем пад на бројот кај свињите со 167 492 илјади.Ни во пољоделството не бележиме посериозни промени,но тука мора да забележиме дека играат улога и климатските услови,кои во последниве години постојано е непогодна со поплави и дождови од град,услови кои допринесоа за лоши сезони за овие гранки во земјоделието. Дека оваа субвенциона политика е неуспешна,покажува и увозната зависност на Македонија од земјоделските производи.Се проценува дека 125 милиони евра одат за увоз на месо,за жито 90 милиони евра,додека за овошје и зеленчук одат 60 милиони евра(Валентина Ангеловска,Нова Македонија,2015).Тие продукти се оние кои според логиката,би требало ние да ги извезуваме и да ги имаме во изобилие под најевтина цена,а не за тие продукти да зависиме од увозот.Бидејќи и субвенциите на државата и насочуваат да се однесува како “добрата самовила” ,притоа не испорачувајќи ги посакуваните резултати,дури спротивно од тоа,и тука гледаме состојба на неразумно фрлање на буџетските пари.

Page 272: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

271

27

1

Јавниот долг Од 2010тата до 2015та година,државниот буџет на Македонија е секогаш во дефицит со повеќе од 2.4% од БДП.Односно буџетот на годишно ниво ,секогаш е пократок за некаде 250 милиони долари.Повеќе се троши отколку што буџетот реално има. Таквата состојба со минусното салдо на буџетот,се пополнува со разни заеми од меѓународни кредитори.За рок од пет години од 2010 до 2015та,само за да се задоволи минусното салдо на државниот буџет,сме биле приморани да се задолжиме повеќе од 1 милијарда долари. Македонија со тие постапки всушност е на прагот исто како и Западните земји,да дозволи да биде триумфирана од банките за кратко време, доколку продолжи со оваа динамика.Со таквото секоегодишно задолжување,Македонија се повеќе само се заплеткува во договите. Иаку може неофицијални проценти да се создадат,околу севкупниот моментален долг на Македонија,сепак тој официјално не е изложен прецизно од оние кои се одговорни за задолжувањето. Изнесена е бројка од 37.5 % од БДПто во првиот кватрал од 2015та,или повеќе од 3 милијарди долари.Но таа бројка е најверојатно бројка која го покажува долгот само на државниот долг,а не севкупната должничка бројка.Во таа пресметка многу веројатно не се внесени и бројките од долговите на општините,јавните претпријатија и Народната банка на Република Македонија,односно севкупниот долг кој според дефиницијата на законот се нарекува јавен долг.Само една општина,онаа во Охрид има вкупни долгови од над 30 милиони евра.Тоа ни укажува дека бројката која се изнесува во јавноста од официјалните власти,со сигурност надминува многу повеќе,и доколку одиме во шпекулативната математика,Македонија многу веројатно има севкупен долг од над 4 милијарди долари. Динамиката на задолжувањето ке продолжи и во иднина,затоа што во моментов од владеачките партии,не постои пристап кој би ги решил проблемите со минусните салда на фондовите,како и проблемот со неразумната социјална и субвенционата политика,туку имаме најави и за нереално и неразумно зголемување на пензиите,платите и субвенциите,со кој уште толку ке допридонесат за зголемувањето на дефицитот во државниот буџет.Партиите нема да имаат волја да сменат нешто се додека има простор уште за задолжувањето,односно додека не дојде до момент од притисокот за банкрот на државата.Тие на тој илузорен начин најдобро знаат,да ги освојуваат за ним бесценетите гласови кои им пружаат власт.Всушност суштината на играта, е политичарите на народот да им даваат илузорно(нереално и краткотрајно)задоволување на потребите,додека народот на политичарите да им даваат илузорна(краткотрајна)власт. Доколку не дојде до некаква политичко-економска промена,со кој државниот буџет драстично би се зголемил,со постоечката динамика Македонија за помалку од eдна декада е во ризик да се соочи со сериозен недостиг од пари,што ке ја примора да ги крати платите и пензиите,како и да се откаже од “добро-самовилските политики” кои се применуваат веќе долго време.

Page 273: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Наивната политика за привлекување на странските инвестиции Во последниов период,зачестени во речникот на политичарите се ткн странски инвестиции. И навистина инвестициите кои вложуваат капитал од страна,се некогаш со големо позитивно влијание.Првата посериозна таква инвестиција во зоната Бунарџик,на Македонија и донесе многу нови отворени работни места,зголемување на извозот но и зголемување на БДП општо. Откако се увиде ефектот,и какво за политичарите олеснување им создаде таквата инвестиција во погледот при вработувањето и статистиките,веднаш се тргна кон политиката со која систематски ке се привлекуваат странските инвестиции. Така денес од државата на страните компании,им се нуди неверојатно многу големи олеснувања.Земјиштето во зоните во кои ке инвестираат, им се дава под неверојатно евтини цени,државата е задолжена да им обезбедува инфраструктура,како и 10 години се ослободени да не плаќаат фондовски придонеси кон вработените и 10 години не се обврзани да плаќаат царински давачки. Сигурно како прашање од политиката се појавува,што со тоа ке добие Македонија и нејзините граѓани.?Одговорот е едноставен,експлоатација. Повеќе од јасно е кога се одлучувало за ваква државна политика,во прв план било ставено прашањето што ке добија неолибералните политичари.?Тие имаат скромни барања гледано од очите на крупни инвеститори,и само сакаат да купат социјален мир кај населението,со што ке биде обезбедена власта,но наивно се залажуваат. Бенефитот околу вработувањето на македонските граѓани,со ништо не е обврзано да трае по изминувањето на тие 10 години со огромни олеснувања.Тоа значи дека странскиот инвеститор е во можност цели 10 години да експлоатира евтина работна рака и слободен простор за поголеми злоупотреби,затоа што со сигурност државата која прави толку многу да ги привлече инвеститорите,сега нема кога ги примамила да им приговара за третманот околу работниците и условите кој ги пружаат. Откако ке изминат 10 години,инвеститорот е слободен да си замине,заедно со неговиот капитал. Друг посериозен ризик кој постои,е доколку се наметнат инвеститорите како доминантни учествувачи во БДПто и како најбројни работодавци,тие ке се доведат во состојба да влијаат целосно врз политиката на Македонија,односно буквално да станат сопственици на Македонија. Дал преку уцени и закани од предизвикување на социјални немири,со масовни отпуштања или со приложување на вработените кон екстремно тешки услови,притоа државата да биде приморана постојано да им отстапува кон нивните барања. Дополнително,третманот од страна на државата према странските инвестиции и домашните,е крајно нееднаков.Постојано од профитот државата им одзема на домашните претпријатија,бидејќи не се предвидени никакви олеснувања,слични како во случајот со странските.

Page 274: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

273

27

3

Меркантилизмот доведува до загрозување на основните продукти Во блиска иднина,ке има сериозен недостиг од квалитетна храна и вода,со можност од истите во некои региони во светот,да има нејзин недостиг целосно како продукти. Она што допридонело и ке допридонесува до оваа состојба,со најголем удел учествува меркантилистичкиот поглед кон општествените економии,која за да се постигне што е можно поголема акумулација на паричен капитал,односно да се постигне што е поголем вишок на профит,дозволува и оправдува да се загрозува квалитетот на сите продукти кои се пласираат на пазарот,без разлика дали се основни. Неолиберализмот стои зад меркантилизмот.Но проблемот во неолибералната концепција,која се изразува во еднаквоста на стоковно-паричните односи,е проблемот со постојано спуштање на квалитетот на стоките,а помал интензитет во спуштањето на цената на стоката. Заради профитот,нивото на квалитетот во содржината на продуктите постојано опаѓа,додека повторно заради профит,големо внимание се предава кај пакувачко-рекламниот дел од процесот. Цените пак не се спуштаат на стоката,затоа што секогаш кога една брендирана компанија го намалила содржинскиот квалитет на производот,останатите помалку брендирани,охрабрени од постапката на“најугледниот” во своето поле(брендираната компанија),уште повеќе го намалуваат квалитетот на содржината,додека само мал број се одлучуваат да го зголемат квалитетот,во надеж и амбиција да се наметнат како бренд.Но и тука откако тие ке се наметнат како бренд,и тие го солидаризираат квалитетот со останатите брендирани производи. Така потрошувачите заради влијанието од профитот се соочени со постојано намалување на квалитетот на стоките,но и со монопол во ценовното намалување. Дополнително предизвикува проблем,тоа што денес динамиката на технолошко движење создава перманентна иновација,за разлика од минатото каде што немало такво технолошко миље,па имало помалку често со стеснети можности и услови кај произведувачите,да пристапат кон драстично намалување на квалитетот на стоките и продуктите. Современата доба ни носи ризик од поголемо и почесто до степен на крајност,спуштање на квалитетот на стоките и продуктите,без притоа од страната на потрошувачи да има видливо забележување на промената. Пример,потрошувачот купува домати кои изгледаат како домати,но тие содржат генетски модифицирани организми од риба или инсект,па според логиката,тој производ ги нема нутритивните својства на домат туку само изгледа како домат,и не е домат.Потрошувачот е измамен!.Или потрошувачот купува играчка,која изгледа како играчка,но внатре во неа има содржина од олово,па бидејќи има лоша содржина за децата,тој продукт не е за играње,односно не претставува играчка,итн,итн. Опасниот спој помеѓу профитот и технолошкото движење,е целосно подржан од меркантилистичкиот поглед и став,и тоа ке донесе кон побрзо загрозување на основните продукти и потреби кај човекот.

Page 275: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Значајот од согледување на сите законитости Економијата исто како прогресот,но и како многу други работи кои се воспоставуваат врз одредено население и кој го формираат системот,претставува мултидимензионална работа. Само правилен економски систем во вистинска смисла на зборот, претставува одржлив економски систем,сите други се под постојан ризик кон пропаѓање.За да се формира таков правилен систем потребно е,и има огромен значај,согледувањето на сите законитости во кои се вплеткува самиот систем.Тоа значи дека треба да се внимава на сите законитости,како и да не се оди противречно кон нив,заради правилното одржување на системот. Законитостите во кој се вплеткува економскиот систем,можеме да ги поделиме на две категории,и тоа на основни и споредни зависно од важноста на одржливост на системот. Како основни законитости,се јавуваат природните(околина) и законитостите под кои е природата на човекот. На овие две,потребно е секогаш да им се дава примат и уважување,затоа што и едниот и другиот се законитости кои постоеле и ке постојат не по волјата на човекот,и законитости кои се уште не се докрај појаснети со науката.Затоа тие мора да имаат примат во согледувањето и формирање систем,согласно нивните правила. Како споредни законитости,можат да се јават оние правила кои се јавуваат во технолошкото движење,правила и законитости во индустријата но и правилата кои се јавуваат на пазарот,односно трговските законитости(меркантилизам). Денес економскиот систем(неолиберализмот) почива исклучиво со примат врз трговските законитости,односно меркантилизмот.Затоа во прашање се доведени многу работи,кои се есенцијални за животот воопшто.Во минатото марксизмот и неговиот економски систем,во пракса функционирал исклучиво со примат на индустриските правила,противејќи им се тотално и не согледувајќи ги правилата на пазарот.Марксистичкиот економски систем,ги занемарувал природните правила,ароганто со желба истите законитости да се приспособат во пракса преку техниката на луѓето,притоа не согледувајќи ја мултидимензионалноста на праксата,но и неможноста кон детално проучување на монолитната поврзаност во тие безбројни правила. Марксизмот за разлика од неолиберализмот,сите овие правила ги уважувала со примат,под хуманиот мотив,но пак не согледувајќи ја детално природата на човекот,тежнеела за него да создаде некаква поинаква слобода,односно мотивот преминал кон романтичен хуманизам,или хуманизам кој сака на човекот да му ја измени природата на подобро.За несогледувањето на природните законитости од страна на марксизмот,на социјалдемократскиот конгрес одржан во Франкфурт и во Вроцлав некогашен Бреслау,Георг фон Фолмар(Georg von Vollmar)истакнал јасен став дека Маркс,не ја воочил битната разлика помеѓу законите за индустрискиот развој и закони кои делуваат во земјоделството.

Page 276: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

275

27

5

Работна рака и обрт на капитал Во економијата,многу работи вршат влијание во нејзиното движење.Некои влијанија кои се вршат,се од карактер зависен од волјата на човекот,како што е пример со политичка состојба и општествено уредување,додека некои од нив се од карактер кој е независен од човековата волја,како на пример ресурсната распределба,климатските услови и сл. Така формулацијата која е изведена е не докрај појаснета,и не се појаснети зависностите во кој првин тие играат улога,па потоа следат работите кои ке ја исполнат изведената формулација. За да имаме пари и стоки,кои се јавуваат како први во движењето на општествената економија,претходно мора да имаме ресурс на благородни метали и прилив од земјоделски производи. Количината на тие две,се длабоко зависни од ресурсната распределба и добрата сезона. Средствата на производството и работната сила кои се јавуват како втори,нивната практичност и продуктивност е длабоко зависна од прогресите кои се јавуваат кај човекот,односно колкаво е знаењето и техничката подготвеност,толкаво практични ке бидат вештачко-создадените средства на производството,како и продуктивноста на работната рака. Производот,цената и пласманот на производот се трети по ред и крајни од формулацијата,и се длабоко зависни од општествено-економски условености,односно какви се можностите и колкави се побарувањата на пазарот каде што се пласираат. Но освен кај првите кои се јавуват во економското движење,кај сите останати во најголема мера е зависно од политиките на едно општество и од уредувањето на општествениот систем.Пример технолошкото движење е подобро изразено кај оние,каде што прогресот кај луѓето правилно систематски се потикнува(добро образование),поброен производ подобро е изразено кај оние,каде што имаат систематски правилно организирана индустрија,посигурен пласман на производот е изразено кај оние,кои имаат трговски договори со повеќе држави,па можат слободно да тргуваат и да пласираат,итн.

Page 277: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Работната рака се вбројува,меѓу првите двигатели на овие односи. Така секогаш е потребно организирана работна рака/сила,која ке има мотив да работи нешто. За да дојдат до допир благородните метали во економските односи,потребно е првин тие да се ископаат/извадат,односно да се донесат од ресурсното наоѓалиште кое се наоѓа во природата.Подоцна од нив се прават пари и разни други стоки. Исто правило важи и за земјоделските стоки.Потребно е првин организирана работна рака,која ке ја обработува земјата согласно природните законитости,се до оној момент кога настанува жетва,односно собирање на плодовите,или пак за сточарството,каде што исто е потребно одреден период,работната рака да ги чува животните.Подоцна тие се пласираат како стоки,или се создава од нив преработена стока. Во современите услови,работна рака поголемо влијание дава во одредувањето на цените на производите.Така колку е поефтина работната рака,толку поефтин ке може да биде крајниот производ. Ако постои низок стандарт во едно општество,тогаш поголеми се шансите производите кои се произведуваат од таа економија,да се поефтини а со тоа и поконкуренти кај широките пазари. Доколку постои висок стандарт во едно општество,возможно е производите од таа економија да имаа нереално многу висока цена. Пример доколку од какао се создаде чоколаден производ во Брегот на слоновата коска,економија која има таков домороден ресурс,и која има низок стандарт и ефтина работна рака,тој краен чоколаден производ ке чини многу поефтино,од истиот краен чоколаден производ кој е создаден во Франција,во општество кое има нереално висок стандарт и скапа работна рака,како и економија која нема на располагање какао како домороден ресурс.Или САД е приморан да потроши повеќе пари во програма за развивање на нов тип на борбен авион,отколку Русија,најмногу заради тоа што платите на американските научни работници се повисоки од оние на руските,без притоа да забележиме некоја поголема разлика во перформансите кај новосоздадените борбени авиони.Повисок општествен стандарт и поскапа работна рака,не значи и повисококвалитетни крајни производи од тоа општество.

Бидејќи цената на работната рака има големо влијание,во некои моменти и доминантно влијание во одредувањето на цената на производот,многу е потребно да се води грижа и да се одржува стандардот во општеството,секогаш на едно разумно и реално ниво. Доколку стандардот достигне до нереално високи нивоа,тогаш нереално високата цена на работната сила,ке даде производ кој ке има нереално висока цена при пласманот на пазарот. Секако во одредувањето на цената,улога има и цената на средствата на производството(инвестиција во машини и алатки),но најчесто цената на

Page 278: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

277

27

7

производот варира од цената на претходно непреработените стоки(ресурс и земј.стоки) и цената на работната сила,бидејќи тие две се перманентно динамични во барањето за влогот на капитал(купување и плати). Обртот на капитал,означува оној процес од почетниот до крајниот дел од формулацијата.Односно вложениот капитал,да се врати со нов капитал. Крајниот дел на обртот на капиталот,можеме да го најдеме на два завршетока,сето тоа зависно во кој дел се учествува од формулацијата. Така на пример за земјоделците,обртот е во крајна фаза во оној момент кога земјоделските стоки ке бидат купени од индустријата. За индустријата обртот е во крајна фаза,кога преработените индустриски производи ке бидат купени од страна на трговците и продавачите. Додека за трговците и продавачите,крајната фаза претставуваат моменти кога ги продаваат набавените производи на потрошувачите. Со тоа крајните фази во формулацијата,можеме да ги најдеме како време на продавање и време на купување.

Но како што цената на производот зависи од цената на ресурсот,како и од цената на работната рака,брзината на обртот на капиталот е најмногу зависен од технолошкото движење. Колку побргу се одвива преработувањето на стоките во производ од страна на индустријата,и колку побргу се пласира на пазарот до потрошувачите,толку побргу севкупно ке се одвива и обртот на капиталот,односно оној што вложил капитал,побргу ке добие нов капитал.Технолошкото движење има најдлабоко влијание,кај средствата на производството.Техниката и технологијата прават постојано преку усовршувањето на средствата на производството,преработувањето на стоките да се одвива побргу и во пократок временски период. Освен во преработувањето несомнено влијание,технологијата има и во преносот или транспортот на производите.Денес на далечни растојанија,многу полесно може да се транспортираат и таму да се пласираат производите за продавање на потрошувачите од тој пазар,што не претставувало секогаш случај и во минатото. Затоа технолошкото движење е важно,во акумулацијата на капитал. Технолошкото движење иаку постои современ обид,тоа да влијание и врз природните законитости,а со тоа и врз брзината на обртот на капитал во земјоделието,сепак праксата ни докажа дека тој обид е неуспешен,односно таквото вмешување во природните законитости,создаде повеќе штета врз квалитетот на земјоделските продукти.Па со оглед на согледаното,технолошкото движење единствено нема клучно влијание во обртот на капиталот во земјоделието.Односно за да има продукти како што се очекува од земјоделието,потребно е истото да се одвива под оние законитости,на кои за нив обртот на капитал и нејзината брзина не значат ништо.

Page 279: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Отуѓување и работен ден Оваа појава во многу сегменти,претставува психолошка појава кај луѓето.Особено се изразува со појавата на нови машини,кои овозможија масовно автоматизирано производство и воведоа ново значење и нова динамика во производството.Марксизмот има доста проучувано на оваа тема,но проблем кај нив не е во нивната анализа со која е појаснето што му се случува на човекот,и кој денес ние како современа генерација ја чувствуваме со сета тежина,туку проблемот е во нивното предложено решение,со кое во претходниот југословенски систем,увидовме дека на тој начин не се решаваат правилно и на долги стази проблемите на отуѓувањето. Точно е тврдењето дека дел од суштината на човекот е тој да работи,односно да твори во текот на својот живот,остварувајќи ги своите психо-физички потреби.Но проблемите настануваат,со видоизменување на значењата на работата и на творењето. “Работникот не е сопственик на тоа што го создал,па со тоа производот е стварно и психолошки отуѓено од својот произведувач,а со тоа и смислата за работата е намалена.” “Сопственикот на средствата на производството е отуѓен од својата суштина-работа.” “Капиталитстот и работникот се отуѓени едни од другите.Тие се странци во иста куќа.Отуѓувањето на човек од човек станува нехумана состојба.” “Работникот не е слободен да ја планира својата работа и да преку сопствената иницијатива,го организира работниот процес.Се за него е припремено,распоредено,измерено и испланирано во студијата за работа.” Со автоматизацијата на работниот процес,работникот кој е вмешан во тој процес,работата ја чувствува механички,односно ја доживува како досаден процес.Тоа му овозможува на човекот тежок умор,додека е во текот на процесот.Од “автоматизираната работа” се отуѓени,сите битни интелектуални способности.Работникот станува нов тип на стока на пазарот,продавајќи ја својата работна сила,време и енергија,продавајќи се себеси како и секоја друга стока на пазарот.Понатаму во анализите се истакнува дека проблемот не е во неработењето,односно ослободување од работата не е ослободување од работа(неработење),туку ослободување од работата која предизвикува отуѓување,и ослободување од експлоатацијата на работата. “Експлоатација на туѓата работа,тоа е она што создава отуѓување на човекот.” Решението на овој проблем од страна на марксизмот не е согледан во нејзиниот корен,кој лежи во прашањето што довело до промената во производството и со каков мотив е сторено тоа,туку решението се бара во сопственичките односи и промена во истите,со што не се решава проблемот суштински,туку продолжува во изменета форма.

Page 280: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

279

27

9

Во современите економски односи согледуваме уште еден битен момент ,кој многу допридонесува во отуѓувањето на човекот од човек. Тоа претставува работниот ден.Современиот работен ден,е со 40 работни часови во една седмица.Бројката на работните часови не претставува проблем,туку начинот на кој е вметната во планот на човекот во текот на денот.Воведено е работно време,кое уште е наречено и “европско”,со намера да се создаде по углед на Западноевропските држави и по урнек на нивните економски движења.Тоа работно време започнува од 8 и 30 минути наутро,а завршува во 16 и 30,со најчеста пауза од 30 минути по 12 часот предпладне.Овој диаграм на работниот ден не е секаде применуван во приватните сектори,кои најчесто работниот ден го зголемуваат за час два плус во својата шема,но барем во државниот сектор е во функција.Проблемот не се состои и во тоа што се додава некое време плус врз личноста во работниот процес,туку оние личности кои се водени по оваа шема и диаграм,се оневозможени да посветат внимание према семејните односи,према задоволување на секојдневни меѓучовечки односи,но и задоволување на човечките потреби од одмор,со неможност сите да ги изврши во еден ден,туку секогаш ограничени со избор на една опција.Така луѓето најчесто од овие три го избираат одморот,со цел да бидат способни и за утрешниот работен ден,со страв да не се прикажат како некорисни,а со тоа и да ја изгубат својата работа.Од ваков работен ден и од овие неможности,најчесто настануваат отуѓување во семејните односи,отуѓување од меѓучовечките односи,но и отуѓување на човекот од сопствениот начин на живот и идеи,односно отуѓување сам од себеси. Бидејќи денот на човекот му поминува во работа и одмор,тој е приморан да избира измеѓу роб/механика или човек без средства и без можност да си ги задоволува потребите,кои за тоа бараат парични средства. За да се отргне од човекот тежината на овој избор кој воопшто и не претставува избор,и да им се полесни на луѓе кои се водат по работни шеми,потребно е нејзина промена на општо ниво.Односно измените да се применат,во започнувањето и завршувањето на работниот ден. Старото работно време,помалку дозволувало да се губи од денот во работењето,но најдобро решение е работното време да започнува уште порано,од 7 часот,па така со осумчасовна дневна работа,работното време би привршувало во 15 часот. Возможно е да покаже како правилна идејата,да се работи 6 дена во една седмица,додека еден ден да претставува неработен.Па така со 6те работни дена,40 работни часови повеќе би се разложиле,а со тоа еден просечен работен ден би бил со многу помалку работни часови на ден,и со многу повеќе слободно време на луѓето за остварување на останатите потреби.Со 6те работни дена,работното време на ден би можел да изнесува 6 и пол часа,додека двата од 6те работни дена да изнесуваат по 7 часа со цел да се исполнат 40те часа.Или работното време да започнува во 7 часот наутро и да трае до 13 и пол часот,додека два работни дена од деновите да има работно време со траење до 14 часот.Луѓето кои ке работат по оваа шема,освен тоа што ке имаат многу повеќе време за други работи,и денот нема да им помине само во работење и одмор,туку намаленото работно време на ден и многу повеќе слободното време,ке овозможи на работата да не се гледа како на казна.

Page 281: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Приватна и општествена сопственост Сопственост е термин,кој е општопознат на сите луѓе.Неа би можеле да ја изведеме во дефиниција како: Сопственост претставува разграничување на одредени мисли,објекти или имот,во кој се овозможува на луѓето,а понекогаш и на општеството,да полагаат но и да се повикуваат на одредени права врз нив. Од разликата во поседот на “работите”,и од разликата на поседувачите,се појавуваат и разни типови на сопствеништво,како што е имотната,интелектуалната,персонална,колективна итн. Сопственичкото право,е создадено со цел праведно да им се обезбедат на луѓето правата кои произлегуваат од поседот на “нештата”,односно да не се дозволи злоупотреба и загрозување на тие права кои логично би му следувале на одредениот човек.Но иаку има логична и правна функција,сепак сопственичките права,вакви какви што луѓето ги познаваат во односите во едно општество,знаат да побудат голема алчност,со иста мера како што знаат да побудат парите,како и акумулацијата на капитал.И во сопствеништвото има одредена доза на илузорна моќ,која му се наметнува и му го поматува умот на човекот. Затоа сопственост на луѓето треба да биде загантирана од општеството,но што помалку зборуваат за неа,толку подобро за нив. Во нашиот пример низ историската пракса,во ромејската ера наоѓаме интерес запис,кој се однесува на позитивен пример на доброволно роднинско колективно сопствеништво,па во записот се вели: “Мојот татко и твојот татко беа браќа…нашите родители не го делеа нивниот имот.Ние исто така го задржуваме имотот неподелен....и понекогаш јас ке обработувам едно парче земја,а ти останатите...или ке ја работиме земјата двајцата во заедништво”. Луѓето кои живееле на овие простори во ромејската ера,разбирале дека многу е побитно прашањето што може да се создаде,од тие нешта кои се во можност на посед и како истите добро да се искористат,а небитно прашањето кој е сопственикот,каков што е случај на размислување во современата ера.Многу е веројатно ваквата роднинска колективна сопственост кај населението во Македонија,да се одржувала се до распадот на Османлиската Империја. По АСНОМ,односно по воспоставувањето на југословенскиот државен апарат,наидуваме на големо експериментирање со сопственичките права.Иаку никаде во своите записи основачите на марксизмот,не наведуваат дека приватната сопственост треба насилно да се отстранува,парарелно со масовна експропријација и национализација на имотите,сепак истото беше сторено.

Page 282: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

281

28

1

Теоријата на марксизмот,наведува дека во оној момент кога во едно општество ке се создадат услови,свеста на луѓето да ги натера самите да се откажат од приватната сопственост во бенефит на колективната,тогаш тоа општество е навлезено во фазата на комунизмот,односно би бил дојден моментот кога комуните ке триумфираат над државите.Теоретичарите на југословенскиот социјализам,најверојатно потикнати од идеите за класната борба,но и од желбата што побргу да се стигне до таа фаза,го наметнале доминантното присуство на општествената сопственост,дури на почетокот односно по војната и за најситни работи.Со тоа создале услови за иден хаос. Многу важно за забележување околу класната борба,е дека таа се изразува во оној момент кога класните разлики се случуваат со брзи промени,додека класните разлики кога се дефинираат со повеќегенерациско одминување,тогаш класната борба односно нетрпеливост не е изразена до степен на стереотип,борбата ја нема.На овој наш полуостров,такви помисли речиси и да немало ,благодарение на добрите услови кои овозможуваат остварување на основите потреби,па со тоа луѓето тука немале на значај од таквите идеи,додека на Западот,класната нетрпеливост влече корени уште од средновековниот капитализам. Во услови на класна нетрпеливост и борба,луѓето се зближуваат по основ на класна сличност.Додека во услови на класната хармонија,луѓето се зближуваат и се ценат по основ на човечките квалитети,односно човековиот карактер.Затоа класната нетрпеливост ниту е корисна,ниту треба да има доминантно влијание во еден систем,во една идеолошка филозофија,во расудувањето кон луѓето со друга класна позиција и слично. Секоја класа има своја тежина,одговорност и корист,но и потреба од сите нив во едно здраво општество. Откако навршија годините на југословенскиот државен апарат,заедно со социјализмот,во наша современа пракса се воведе неолиберализмот. Па со тоа кај нас,иаку задоцнето започна процесот на денационализација,односно премин од доминантната општествена сопственост кон доминантна приватна сопственост.Но тој премин повеќе во наши услови донесе негативности отколку позитивности,и на микро и на марко план.Преминот од општествената во приватната сопственост, уште толку ги усложни и разнебити македонските семејни односи,кои и онака беа во фаза на отуѓување,со “модернизацијата” потикната од системот на претходната Југославија.Таквото разнебитување,донесе само застој во искористувањето на правата,кои можат да произлезат од поседот на имотите,но и усложнетост во обид на идно разумно искористување на истите.Покрај тоа што денес брат/сестра со брата/сестра не говори,и несакаат да се смислат,таквата состојба на микро план овозможи нефункционалност и на макро план,односно имотите зјаат запуштени и при евентуален обид на нивно заживување,потребно е расчистување во имотноправните односи.

Page 283: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Начела на правилната економија базирана врз македонски услови Начело на храна и вода за сите Ова начело наједноставно искажано,би претставувало таква состојба во едно општество,каде што ниеден член од севкупното население во Македонија,нема да се најде под ризик да остане без основните човекови потреби,посебно не без потребата од исхрана. Начелото во дамнината и без да се напомене како начело постоело,односно самите услови кои ги пружа овдешната земја,не дозволувале ризик од такви неможности.Низ историјата имаме примери од генерации,кои преживувале неколку пати страшни војни. Генерациите на нашите прабаби и прадедовци,се генерации кои ги имаат преживеано тешките за нас балкански војни,како и “Првата” и “Втората” светска војна,и притоа без ниеден момент од ускратувањето на прехраната.Имало чести моменти кога војската,им ги одземала намирниците на населението,но пак успешно се справувале со прехранувањето и основните продукти.Таквата стабилност во извор на основните продукти,им ги пружала земјата,односно земјоделието. Од тоа време во чест на земјата,имаме останати поговорки кои гласат: “Земјата не храни” и “Се можат да земат(се мисли на страните војски),ама земјата неможат”. Затоа во голема мера им должиме сите ние,кои сме настанале подоцна од тие генерации,благодарност кон земјоделието.Но денес во современата доба,оваа начело постепено губи на тежина во Македонија. До таквата состојба доведуваат самите луѓе,бидејќи се почесто го напуштаат земјоделието но и селото,и преминуваат кон поголемите градски урбани средини.Дел тоа го прават залажени и во надеж дека ке наидат на подобар живот во градот,дел од лошите услови во селото,но и дел во обид да избегаат од сопствените фрустрации кои постојано им се наметнуваат од глобализацијата.Со таквата миграција, луѓето не разбираат што навистина оставаат и напуштаат,и со што навистина го заменуваат претходниот живот.Не се цели кон тоа земјоделието,да го прикажеме како лесна работа или како работа од која секогаш има материјален бенефит,но таквото масовно напуштање и преминување во градовите,доведува до намалување на шансите од домородни основни продукти,и изумирање на основната економска гранка,а тоа во овие несигурни времиња е недозволиво.Дополнително станувате зависни од монополната стока на пазарот(парите),за да ги набавите основните продукти,а со тоа вие сте директно зависен постојано од работниот однос,и од исплатите на платата.Со таквата новонастаната состојба во последниов век,оваа начело кое секогаш важело во Македонија, денес бара сериозни реформи кои се однесуваат кон селото и кон земјоделството,со цел тие повторно да заживеат правилно.

Page 284: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

283

28

3

Земјоделска преобразба и придобивките од земјоделието Ако економијата на Македонија ја гледаме низ призмата на меркантилизмот,тогаш ке увидиме сиромашна земја. Акумулацијата на капитал како и БДПто е на многу ниска стапка споредбено со другите европски земји,и со сигурност македонската економија никогаш нема да се вброи меѓу добро развиените економии. Дополнително кај Македонскиот народ,забележливо е присуството на приврзаност кон домот,најверојатно како последица од доминантниот земјоделски начин на живот,присутен тука со милениуми.Таквата карактеристика не е складна со капитализмот и неолиберализмот. Но ако економијата на Македонија ја погледнеме низ призмата на физиократизмот,тогаш ке увидиме огромен потенцијал и реткост во она што навистина го поседуваме,еве и зошто. Р.Македонија има 1 260 000 ха земјоделско земјиште.Од таа бројка на ха од земјоделското земјиште,44% или 560 000 ха претставува обработливо земјиште,додека останатите 704 000 ха или 56% се пасишта. Шумскиот фонд по висорамнините и планините,од земјата изнесува некаде 37%.Само 80 000ха е забележано во 2007та дека е наводнувано земјиште,а многу веројатно е дека најновите бројки изнесуваат помалку. Се проценува дека населението е составено од 650 000 домаќинства(бројка од последниот попис во 2002та год).Околу 27% се сметаат за невработени лица,додека стапката на сиромаштија постојано се зголемува.Тие бројки логично наведуваат на аграрна реформа,со која би се спровело подеднаквата распределба на земјиштето. Реформата би се состоела во тоа,да на едно семејство им се додели еден хектар обработливо земјиште.Еден хектар земјиште е доволно за едно семејство,да опстанува самостојно и достоинствено. Но за да се стори тоа,потребно е првин да се уредат правилно сопственичките односи околу обработливото земјиште.Со законот од 1996та година,државата правилно го дефинира земјоделското земјиште како јавно добро.Се проценува дека некаде 100 000 ха од обработливото земјиште е под државната сопственост,додека пасиштата се во доминантна сопственост на државата,поточно на ЈП претпријатие за стопанисување со пасишта.Дел од обработливото земјиште најверојатно денес,се издава под наем на приватни или полуприватни агрокомбинати. Останатите 463 000 ха од обработливото земјиште,се наведува дека се приватни фарми во приватна сопственост.Таквата состојба околу сопствеништвото е создадено со денационализација,односно земјиштето им е дадено на оние кои им следува да станат сопственици,но истите одамна се без интерес кон обработувањето на земјиштето,и се луѓе кои живеат далеку од тој посед.Таквите сопственички односи прават,голем дел од обработливото земјиште да стои необработено.Аграрната реформа,потребно е да ја смени таа состојба.Така на оние личности кои имаат големи во сопственост необработени земјоделски површини, односно не ги искористуваат,на истите земјиштето да им биде одземено,оставајќи им 1 хектар.Одземаното земјиште да им биде предадено на оние кои би го обработувале земјиштето,и на оние кои не би ја одбиле понудата на државата,да им даде хектар земјиште во нивна сопственост,под услов да ја обработуваат.Па така наместо социјално

Page 285: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

загрозените да земаат социјална плата,ке допридонесуваат во БДПто, ослободувајќи ја социјалната политика од непотребни давачки. Македонското општество,треба постојано да тежнее кон зголемување на земјоделско ориентираните семејства,затоа што придобивките се огромни споредбено со било која друга гранка во економското движење. За разлика од другите економски сектори,земјоделието не е под ризик трајно да биде оштетено од страна на законитостите на технолошкото движење(кондратиевите бранови),како и од страна на законитостите на пазарот.Поточно ситните и средните земјопоседници се имуни на кондратиевите бранови,затоа кога доаѓа до смена на технолошката генерација,земјоделието не е условено за разлика од индустријата со неопходноста на таа смена на технолошките генерации,односно возможно е и при непромената земјоделството да функционира. Тоа исто така значи дека земјоделството,не е притиснато да создава нови невработени лица/да ги отпушта земјоделците,како што е случај со условеноста кај индустријата,со цел за да им отстапи место на технолошки новиот припремен кадар.Главните и неопходните законитости во земјоделието,се законитостите кои функционираат во природата,па со тоа единствено што е потребно кадарот да ја познава природата. Земјоделската “замисла”,ке доведе до тоа човекот да не заборави дека е човек.Покрај тоа што ке има допир со високо-технолошки направи,со тоа што ке ја обработува земјата и ке биде во постојан допир со природата,секогаш секојдневно ке се навратува во вистинската реалност,не губејќи се во виртуелноста. Природата може без нас,а ние без неа не!. Земјоделството нема неопходна потреба од пари,туку од луѓе и правилна работа.Затоа земјоделството е имуно и од законитостите на пазарот,кој денес е се понестабилен.Доколку вишокот земјоделски производи не се продадат на пазарот,земјоделците секогаш ке ги имаат на располагање основни продукти,односно нема да зависат од монополната стока,за да набават од она што е најпотребно за човекот,туку секогаш се во можност без учество на парите,единствено со труд тоа да го стекнат.Земјоделството го ослободува човекот,од неопходноста на парите и учеството на пазарот. Освен придобивките кои ги дава за опстанокот и здравјето на човекот,поволности одат и во полза на Македонија како држава и економија,но и како народ.Доколку земјоделскиот сектор се наметне како доминантен во економијата,освен Македонија што ке стане стабилна од “перманентната иновација” и од потресите на светскиот пазар,таа ке стане увозно-независна земја од неопходните продукти,зголемувајќи го севкупниот извоз. Како народ,каде постојано бележиме се поголем негативен природен прираст,статистиките покажале дека кај семејствата со земјоделска ориентација,прирастот е поголем.Доколку повеќето од семејствата станат земјоделски,која е и една од главните цели на аграрната реформа,многу е веројатно и природниот прираст меѓу македонското население да се стабилизира. Овие поволните укажуваат на тоа,дека само земјоделските земји можат да опстанат правилно и човечки,неоштетени од технолошката динамика.

Page 286: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

285

28

5

Начело на мала,практична и еколошка индустрија Оваа начело се однесува на состојбата во севкупното БДП на Македонија,индустрискиот сектор да не учествува повеќе од 25-30%. Многумина се убедени дека што е поголема индустријата,толку поголема е акумулацијата на капитал,но колку е тоа навистина одржливо на долги стази?. Доминантото учество на индустријата за нејзина функционалност ,освен што бара внес на туѓи ресурси под ефтина цена,бара и широк пазар во кој вие ке ги диктирате цените.Со еден збор бара империјалистичко однесување со меркантилистички поглед.Со таа економија освен што сте приморани да сторите проимперијалистички грев,таа бара и голема жртва од сопствениот народ,односно што поголема претставува индустријата во една економија,толку поголеми се шансите за отуѓувањето кај народот. Малата индустрија не остава простор за хиперпродукција,или пак состојба на масовна невработеност.Малата индустрија е далеку поеластична/поскладна варијанта со шоковите кои ги донесуваат кондратиевите бранови,кои брануваат речиси секој половин век. Практична индустрија е индустрија,која е ускладена да го обработува домородниот ресурс.Тоа во македонски услови би значело дека прехрамбената заедно со текстилната индустрија,ке бидат доминантни во “колачот” кај индустрискиот сектор.Со земјоделската преобразба/аграрната реформа,замислата е нагол раст на земјоделието и земјоделските продукти во учеството на БДПто.Таквиот раст би значело и пораст на прехрабената индустрија.Земјоделската замисла предвидува и раст на сточарството,а со тоа текстилната индустрија која е многу важна во индустрискиот сектор и завзема високо место во извозот,ке закрпне од увозно-зависниот материјал која го употребува оваа индустрија денес(волна,памук и сл.),и дополнително увозот ке се ублажи во македонската економија со домородна стока.Со други зборови текстилната индустија е многу складна со земјоделието. Еколошка идустрија би значело индустрија,која при нејзиниот процес на преработување на стоките,не и сериозно противречи на природната околина и здравјето на луѓето.Воведување закон од страна на државата,со кој ке го нагласува начелото,и ке се бараат сериозни мерки со строга заштита,доколку се возможни истите да се спроведат кај одредени индустриски капацитети,или укинување на таквите штетни индустриски сектори.Ова за македонските услови значи,откажување од главнината на металургиската индустрија.Главни точки кои се најзагадувани од овој сектор,се околината на Скопје,Велес,Кавадарци и Тетово.Овој индустриски сектор во извозот на македонската економија, зема годишно учество од околу 20-30%,односно со укинување на главнината од металургијата,Македонија ке оствари загуба во извозот некаде 700 милиони долари.Со тоа ке се загрози профитот на македонските капиталисти и на државата,но логиката наведува дека нивниот загрозен профит е помалку вреден од загрозување на околината

Page 287: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

и здравјето на луѓето.Таа индустрија го загрозува и најскапоценото нешто што поседува Македонија,а тоа е земјоделието и квалитетот на земјоделските стоки. Лоши страни од овој општествено-заштитен чекор е тоа што извозот ке се намали,додека економијата целосно ке стане увозно-зависна од металуршките продукти,но и ке се создадат некаде околу 12 000 невработени луѓе,моменталната бројка која е вработена во овој сектор. За овие луѓе државата треба да изнајде начин и можности,како тие луѓе да бидат обештетени.Пример доколку државата им отплати однапред 12 месечни плати/за една година,од буџетот би било потребно да се одвои некаде 45 милиони евра.Исто како добра идеја би можела да се јави давање на поволни кредити,со цел невработените да бидат потикнати да инвестираат во земјоделието и сл. Добрите страни на овој чекор,укажуваат податоците дека Македонија не располага со богата по состав железна руда,која претставува основен метал во црната металургија.Се проценуваат некаде 150 милиони тони железна руда,со само 36% просечна содржина на железото.Нашиот домороден железен ресурс спаѓа во групата на сиромашни руди со многу сулфур и фосфор,односно на нашата територија нема железна руда со над 50% железо во нејзиниот состав,појава која е честа во речиси повеќето земји од светот.Таквата состојба принудува постојано преку вештачки процес таа да се обогатува,но тој процес е неповолен за развојот на металургијата.Добрата страна која оди во прилог на укинувањето,претставуваат и податоците од увозно-извозните статистики на Македонија.Според податоците од 2009 година ,македонската економија од овој индустриски сектор остварила повеќе извоз од увоз само кај основните метали,со некаде 150 милиони долари повеќе од увозот.Сите останати производи кои произлегуваат од оваа индустрија,како што е производство на машини, приколки,радио,компјутерска опрема и слично,се под дефицит,односно повеќе ги увезуваме производите отколку што извезуваме.Тоа говори за слабата конкурентност на македонскиот металургиски сектор. Најбитната придобивка од еколошката индустрија,ке претставува многу помалку штета за бесценетата природна околина и бесценетото здравје на луѓето,но и лесно одржлива економија. Металургијата не претставува целосен виновник во загадувањето,па со тоа укинување на главнината од металургиската индустрија,не претставува целосно решение во заштита на она бесценетото.Тука спаѓаат и хемиската и другите индустрии,во кој сите не би можеле да ги укинуваме,туку потребно е на истите да им биде наложено да се ускладуваат со строгите еколошки мерки.Тоа секако ке чини време и пари.Друг посериозен загадувач на околината и здравјето на луѓето, претставуваат издувните гасови од автомобилите.За ова исто така има решение.Едно од решенијата е забрана на употреба на штетните горива, и воведување целосно на биодизелот за употреба кај возилата. Во прилог на оваа оди и статистиката која говори дека граѓаните во Македонија,повеќе употребуваат возила со дизел мотор,односно мотор кој е складен со биодизел горивото.Постојат и други решенија кои треба сериозно,од повештите лица да се разгледаат.

Page 288: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

287

28

7

Начело на биодинамичка обработка во земјоделието Земјоделието напоменавме дека бара само познавање и придржување кон природните процеси кои се случуваат,и не бара посебно совладување или познавање на некоја технолошка струка.Но и за тоа познавање на природните законитости/природните процеси,постои наука која го усовршува знаењето.Таа наука е наречена биодинамика. За нејзин основач или реосновач(многу веројатно е и порано на овие простори да имало такво познавање за природата)се смета Австриецот родум од денешна Хрватска,Рудолф Штајнер. Многумина ја обвинуваат оваа наука дека е паранаука или псевдо-учење ,и со секакви разни наречија,се со цел да и се намали вредноста на она што го изучува оваа наука.Но и колку да го омаловажуваат оваа учење и познавање,сепак крајните резултати кои излегуваат по обработка на земјата согласно правилата на биодинамиката,говорат за точноста на она што го изучува оваа наука. Со обработка на земјата согласно биодинамичките правила,се добива поплодна земја,поголеми и повкусни плодови/поквалитетна земјоделска стока,и сето тоа без употреба на разни хемикалии и пестициди,со што обработката на овој начин врз земјата овозможува да биде одржлива ,односно јасно укажува дека овој начин е правилен начин на обработка. Постои светска организација за биодинамичка обработка на земјата,под назив Деметер интернационал(Demeter int.).Таа организација доделува сертификати на оние земјоделци,кои ја обработуваат земјата согласно биодинамичките правила. Целта на оваа начело,претставува севкупната земјоделска обработка на земјата во Македонија,да изнесува над 51% од обработена земја согласно биодинамичките правила.Така ке се намали употребата на штетните хемикалии и пестициди,кои не се согласни и ѝ противречат на плодноста на земјата,но и на квалитетот на земјоделските стоки. Со тоа Македонија ке го специјализира своето земјоделство,се со цел квалитетот на земјоделските стоки да стане многу поголем,а со тоа и поконкурентен на светските пазари. Позиционата положба измеѓу Африка,Блискиот Исток па и Европа,во иднина заради нивната незаинтересираност во здравото хранопроизводителство,на Македонија таквата состојба,храната може да и стане главна економска и дипломатска алатка за остварување на своите интереси. За да се постигне тоа,потребно е првин одреден период за обучување на постоечките македонски земјоделци на овие правила,но и воведување на биодинамиката како наставен предмет уште во средните училишта/гимназии,се со цел биодинамиката како наука да стане општо стандардизирано знаење меѓу населението,а со тоа и идните земјоделци да станат веќе обучени со биодинамичките правила.И во високото образование/лицеите/факултетите оваа наука треба да се најде како предмет. Со цел да се потикне кај земјоделците правилната обработка,потребен е и општествено-заштитен чекор со кој би се забранила и ограничила употребата на пестициди,и други разни хемиски и неоргански производи.

Page 289: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Начело на ограничена урбанизација/рурализам Постои едно познато наречие која потекнува од религијата,со која се опишуваат лажните работи кои можат да настанат во едно општество.Тоа наречие претставува вавилонската блудница. Кога се употребува овој збор,се мисли на нешто што е убаво однадвор,а труло/валкано одвнатре,или нешто што претставува примамливо за човечките апетити,но сепак неприродно,односно претставува извитоперување на работите.Вавилоската блудница сликовито се претставува како жена/проститутка,која јава на змеј со седум глави. Современиот живот кој е наметнат од глобализацијата во големите урбани места/мегалополисите,претставува она што се препишува на вавилонската блудница.Современите мегалополиси претставуваат “модерните вавилонии”. Таквиот живот одалечен од природата во големите градови,на луѓето им носи немир,притисок,деперсонализација,невротично однесување,материјален интерес пред разум и сл. На оние пак кои не се родени и не живеат во такви средини,се примамуваат од лажната слава и лажната слика која е им понудена на истите.Младите особено се погодени,преку студирањето,притоа небирајќи средства истите да се изборат за таа средина,без поим дали има некаква вистинска вредност и придобивка со опстанокот во таква средина. Збигниев Бржежински на оваа тема јасно наведува за лошите симптоми, кои се предизвикуваат од големо-градската околина: “Животот изгледа има недостиг од кохезија откако околината рапидно се промени,и човечките суштества настанаа нагло манипулативни и податливи.Се изгледа повеќе променливо и привремено,надворешната реалност повеќе течна одколку солидна,човечкото суштество повеќе синтетичко отколку автентично.... Урбаниот раст досега било првично ко-продукт на случајна економска погодност,од магнетската привлечност на популационите центри,и од бегството на многумина од руралната сиромаштија и експлоатација.Не беше по испорака создадено да го подобри квалитетот на животот.Импактот од “случајните” градови веќе допридонесуваат кон деперсонализација на индивидуалниот живот, како и за сродните структурни контакти и трајните врски на пријателство кои станаа потешки да се воспостават.” За да накрај истиот автор недвосмислено да заклучи: “Градскиот живот денес дефинитивно води кон масовни ментални болести,кон растечки вандализам и возможни ерупции од масовно насилство”.

Page 290: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

289

28

9

Скопје е современиот македонски Вавилон Населението на Македонија,откако имаме пишани и непишани извори,укажуваат дека никогаш порано немало повеќе во градската отколку во селската околина,туку секогаш руралниот процент на население,доминирал над урбаниот. Денес состојбата е значително видоизменета.Севкупниот процент на урбаното население на ниво на Македонија,денес варира од 59/60% до 57% (извор од светска банка). Најзначајните промени се случуваат во СРМ,во периодот на југословенскиот државен апарат.Од статистиките на Данчо Зографски кои се однесуваат на вардарскиот дел на Македонија,имаме податоци кои детално ги опишуваат наглите промени кои се случуваат околу бројките на населението во градовите.Пред само малку повеќе од половин век,кратко по “Втората” светска војна,според пописот во 1948 година,бројната состојба на поголемите македонски градови изнесувала во Скопје со 87 654жители,во Битола со 30 761жители,во Прилеп со 26 246жители,во Куманово со 20 578жители и Тетово 17 132 жители. Вкупното население на СР Македонија во 1961 година,изнесувал 1 406 003 лица.Градското население во овој период изнесувал вкупно 38,6%,додека во 1953та година со само 31,3%.Во 1961та година,Скопје бил град со 197 341 жители,а останатите поголеми градови биле Битола со 49 601 жители,Прилеп со 37 459 жители,Куманово со 30 762 жители,Велес со 27 050 жители,додека најмалиот бил градот Валандово со 2 201 жители.За само една декада,кај пописните статистики од 1971 година,градското население изнесувало близу половин од вкупното население,со 48,7%,додека селското население опаднало од 61,4% на 51,3%.Во економијата,пораснал процентот на индустријата во БДП до 34,6%,додека земјоделството се намалило од 36,2% во 1961 година на 25,7% во 1971 и на 24,4% во 1972 година. Бројната состојба од статистиката во 1972 година,во поголемите градови изнесувала во Скопје со 312 980жители,во Битола со 65 035жители,во Прилеп со 50 757жители,во Куманово со 47 809жители и Велес со 36 520жители.Скопје за една декада пораснал за некаде повеќе од 100 000лица,додека најмалиот град Валандово со пораст од само некаде 500 лица,односно со вкупна бројка од 2 779жители во 1972та. Бројчаните статистики укажуваат на неприроден раст,неавтохтоноста на градското население,но и за посебниот рурален карактер на Македонија. Македонија денес има некаде малку повеќе од два милиони житела,со град Скопје кој има концентрација од вкупното население со над 30%. Дополнително владеачките структури во моментов,се наоѓаат пред голема грешка.Прокламираат идеи и интерес да ја заживеат агрономијата и селото,како и зголемување на наталитетот,но од друга страна најголеми вложувања одат во еден дел од државата,во градот Скопје,град кој постојано расте и се шири неконтролирано и непланирано.Историјата ни укажува дека овие состојби,се неповолни за државите и нациите.Посебен пример претставува Ромејското Царство,на кое и пропадна моќта во оној момент,кога темите и стратиотите како лојална земјопоседничка група пропаднаа од општествената негрижа.

Page 291: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината
Page 292: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

291

29

1

Ограничување на урбаниот простор и основање на старонови градови Начелото на ограничена урбанизација е со цел да се остави простор да се истакне начелото на рурализам,начело кое природно и одговара на особините на Македонија.Со тоа начелото на ограничена урбанизација е исто и начело на рурализам. Оваа начело треба да се води,според учењето на Хиподам.Според него земјата во општествените прилики,единствено може да се подели како јавна,приватна и света земја(земјиште во поседот на црквите,манастирите,џамиите и сл).Хиподамовото мислење за градските урбани средини,е дека таа во еден град несмее да надминува над 50 000 жители.Секој град кој изнесува над 50 000 жители е град кој тешко може да се планира,но и град кој ке има атмосфера на нарушена хармонија. За да се спроведе на дело начелото заедно со хиподамовата норма,во македонски услови потребно е закон со кој би се строго забранувало, проширувањето на градските урбани средини од постоечките. Хиподамовата норма,во минатото била спроведлива за сите градови кои се во вардарскиот дел на Македонија,но денес таа е невозможна на дело само кај градот Скопје.Според тоа Скопје е потребно да се ограничи на половин милион жители,и да претставува единствениот велеград.Другите поголеми градови како Куманово,Прилеп и Битола,потребно е да се доведат до 50 000 жители,и на таа бројка да и се дозволи природен градски раст.За полесно и попрактично да се овозможи тоа во Македонија,потребно е основање на нови градови. Тие нови градови,се планирани на простор каде во минатото постоело градско население,простор кој се наоѓа близу добрата патна мрежа и простор во кој ке можат природно да се развиваат и одржуваат новите градови.Првенствено предност треба да има оној дел од планот,кој предвидува намалување на бројот во Скопје а со тоа и во Куманово,но и во Велес.Градот Велес не претставува пренаселен град,и е град според хиподамовата норма,но загаденоста на тој простор од штетната индустрија е голема,па целосното иселување од велешкиот градски простор ке има засебна особина.Дополнително таа штетна индустрија која е во Велес,ке и се остави простор да опстане како единствена статегиски важна точка од таа штетна индустрија. За скопското,кумановското,велешкото и дел од прилепското моментално градско население,највеќе за нив се предвидени идните староновите градови Билаѕора,Стоби,Баргала и Персеида.Тие претставуваат приоритетни во основањето,односно ке бидат првиот бран од новите градови.Вториот бран ке претставува изградба на дополнителни 3 градови,Мородвис,Пелагонија и Полин.Тие останати три градови,ке бидат наменети највеќе за битолското и прилепското,додека помалку за скопското,кумановското и евентуално и за штипското и струмичкото моментално градско население,доколку овие два града во иднина неприродно ја надминат бројката од хиподамовата норма. Населувањето во овие нови градски урбани средини,ке се потикнуваат плански,и полесни околности ке им се даваат на оние кои ке претставуваат главни доселеници,односно доселеници за кои се изградени тие градови,заедно со споредните доселеници.

Page 293: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Приказ на локација на идните старонови градови

Приказ на доселеничките правци во новите градови

Page 294: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

293

29

3

Начело на државен удел во клучните области Состојба која би значела вмешување на државата со капитал и сосопствеништво,во оној дел од економијата каде државата има интерес и е од значење за општото добро.Во тие клучни области ,државниот удел не треба да учествува целосно односно со 100% учество,туку тоа да се ограничи до 51% од учеството,со цел полесно да може претпријатието да се одржува и да работи.Доколку државата зеде 100% учество во некоја од клучните области без приватна иницијатива,и започне да се меша во уредувачката политика на тоа претпријатие,тогаш многу лесно може да настане она што и се случи на југословенските влијателни претпријатија. Во македонските услови оваа државно вмешување е очајно потребно,и тоа од три причини. Првата причина е тоа што македонските претпријатија,располагаат со релативно мал капитал за инвестирање и развивањето на областа,каде што претпријатието работи.Македонските позначајни препријатија кои се влијателни во македонската економија,многу малку се влијателни и конкуренти надвор од Македонија,и многу малку од нив се претпознатливи како брендови или гиганти.Но доколку тие влијателни претпријатија соработуваат со државата и им обезбедат удел во акциите,а за возврат од неа добијат капитал за инвестирање,истите ке можат многу побрзо да напредуваат,преку инвестирањето во техничко-технолошките опреми и во други делови. Впрочем единственото решение и можност за македонската економија да добие на значај,е тесната соработка на приватниот сектор со државниот,во кој ке го формираат мешовитиот сектор. За пример,акционерското друштво “Алкалоид” е претпознатливо македонско претпријатие во областа на медицината и фармацијата,кое располага со некаде 100 милиони евра капитал,и има кадар со капацитет за многу повеќе.Општеството има интерес за биогоривата,па со цел да се потикне еколошката технологијата,извршната власт од државниот буџет обезбедува капитал од 50 милиони и им го дава на користење на АД “Алкалоид”,притоа немешајќи се внатре во уредувањето и политиките на одборот на акционерското друштво,каде досега успешно уредувало.АД “Алкалоид” преку вмешувањето на државата и преку внесот на свеж капитал,побргу ке напредне и ке го прошири своето влијание,со единствено задолжение да ја развие еколошката технологија,и да го дели профитот подеднакво со државата во иднина.Така ке растат и препријатијата заедно со нивниот профит и влијание,но ке расте и државниот буџет преку “оригинерниот извор”,притоа остварувајќи го општествениот интерес за развиток во одредена област. Втората причина е спојот,кој ке се направи во интересите на државата и приватниот сектор.Многу често денес имаме примери особено во неолибералните општества,каде приватниот сектор не секогаш е складен со интересите на општеството.

Page 295: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Приватниот сектор секогаш има само едно за цел,а тоа е профитот,додека таа цел понекогаш знае да е противречна со интересите на државата и остварување на нејзината политика. За пример ја имаме денес Германија,која има целосно приватни високоразвиени претпријатија,кои остваруваат милијарди евра профит годишно.Но политиката на Германија денес налага на економски санкции према одредени држави,оневозможувајќи им на германските компании влез на пазарот и можноста за профит кај санкционираната држава.Така се создава судир на интересите,помеѓу приватниот сектор и државата. Русија пак има државно учество во клучните сектори,со што врши одредено влијание во идните политики и интереси на претпријатијата,притоа не дозволувајќи нивните интереси да противречат со државната политика,туку прави секогаш тие да се складни.Со тоа Русија е поединствена и полесно може да ги оствари своите интереси,дополнително во прилог за рускиот државен буџет кој се полни од делениот профит од претпријатијата со мешан сектор. Таквите примери и тоа искуство кое ни се укажува од современата политика,е потребно да се препознае и да ги искористиме согласно нашите услови. Третата причина,со државното вмешување во највлијателните домашни претпријатија,ке овозможи помало спречување во остварувањето на социјалната правда,и помали шанси за отуѓување кај населението. Точно е дека постои еден вид експлоатација од страна на оние кои ги поседуваат средствата на производството,врз оние кои се претставници на работната сила.Но решението кое го нуди марксизмот во теоријата,се покажа многу неспроведливо во пракса. За главен проблем се јави свесноста,односно несвесноста на луѓето према она што е колективна сопственост,односно она што е навидум нивно,а всушност не е нивно.Затоа за да се обезбеди поправедна состојба помеѓу средствата на производството и производствените сили,сопствеништвото врз најголемите и најбитните “средства за производството”,треба да биде со мешано учество на државното(колективно) и приватното сопствеништво. Така социјалната правда ке може да добие на тежина,во услови кога ке може,а и моментот на човечката несвесност и лежерност ке биде отстранет. Во мешаниот сектор,директорите ке бидат оние со најголемо учество во приватните акции.Државата пак ке се јави како главен инвеститор со капитал. Со тоа државните интереси полесно ке се остваруваат,ке има побрзо развивање на економијата и неможност за излив на капиталот надвор од домашната економија,како и настанување на стабилни вработувања. Државата нема да се меша во уредувачката политика,се до оној момент кога ке настанат неразумни и неочекувани загуби,сторени од неспособноста на управниот одбор.

Page 296: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

295

29

5

Начело на мнозински удел на домашните претпријатија Во современата доба во која најмногу влијание има неолиберализмот,со нејзините вредности и ставови,имаме состојба во одредени економии каде што не се складни со логиката.Повеќе учество имаме на странскиот удел,отколку на домашниот во општествената економија.Таквата состојба можеби ке ви ги зголеми бројките и статистиките,и можеби ке создадете како општество некое работно место плус,но профитот од експлоатацијата оди во оние кои инвестираат.Така доколку во сопствената економија имате мнозински странски удел,како и мнозинско учество во статистиките на БДП,тогаш она што вие сте требале да го создадете и вие да црпите профит од создаденото,ви го црпи некој друг. Пример имате наоѓалиште на злато,и немате доволно капитал вие да го отворите како рудник.Но која би била логиката тоа наоѓалиште да го предаде на странец тој да го експлоатира,само за неколку стотина работни места и за одреден период статистички раст на БДПто. Што потоа кога наоѓалиштето ке биде исцрпено,и златото како ресурс со вистинска вредност однесено некаде настрана?.Здравата логика вели дека тоа наоѓалиште би требало да биде оставено за експлоатација од домашните инвеститори,во подобри времиња кога би имало услови за тоа.Наоѓалиштето и златото нема да “испари”,и доколку не е експлоатирано од некој друг,вие ке имате шанса тоа да го сторите некогаш,но доколку го оставите да го експлоатира некој друг,вие ја поништувате таа шанса и можност која природно ви припаѓа вам засекогаш. Постои уште една појава,која им се наметнува во психата кај луѓето. Капитализмот има долга историја во проучувањето на човечката психологија.На пример,денес ја ослабнуваат колективната свест потикната/базирана од народната/националната особина,за да се отстапи предност на колективната свест потикната од компаниите и корпорациите.Проблемот е тоа што корпоративната колективна свест може да згасне многу лесно,преку губење интерес за профит од таа групација или едноставно доколку сопственикот така посака. Тогаш таа колективна свест многу лесно исчезнува од вмешаниот поединец,што не претставува случај со народната и националната колективна свест кое е стабилна и перманентна. Затоа денес се толку многу изразени човековите психолошки болести,на прв план депресијата.Сиот напор што една единка го вложува својот труд,во корпорациската колективна свест,може да и се признае или потцени,односно сопственикот може и да го награди,но тоа трае се додека постои компанијата/корпорацијата. Кога ја нема корпорацијата,заслугите од пожртвуваноста лесно се забораваат и исчезнуваат.Кај народната и националната колективна свест,доколку искрено се препознае пожртвуваноста од својата единка,ке ја слават и паметат генерациски,а во некои случаи и вечно. Согласно начелото,целта е мнозинскиот удел во економијата на домашните претпријатија да изнесува над 51%,до најпосакувана состојба од 70% од вкупниот бруто домашен производ,согласно нашите услови.

Page 297: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Начело на независна економија/полуавтаркија Заради одржливоста на еден систем,од големо значење е системот да биде независен од туѓото производство.Но ретки се земјите кои можат да се стават во состојба на целосно домашно производство,односно произведување на сите потребни продукти од домашната економија. Во Македонија со нејзините услови,возможно е независност од туѓото производство во најнеопходните работи,и тоа во областа на прехрамбено-текстилните продукти(храна и облека),во областа на енергетиката,во областа на одбраната и во областа на создавање на квалитетен кадар(образование). За независност во областа на храната,покрај тоа што македонските услови се од посебно квалитетен карактер,во прилог на домашно-локалното производство одат и многу други економско-математички работи.Денес транснационалната трговија и бизнис со храната,постојано ја намалуваат нутритивната вредност на прехрамбените производи. Со постојаното вештачко одгледување и со хемикалиите,доведоа до појави на нови болести. Пред некаде 100 години,40% од парите оделе кај земјоделците и одгледувачите на храна.Денес одат само 7 центи од доларот,додека 73 центи одат во редистрибуција,ладење,транспорт,складирање и сл.(според документарецот “Трансфер на храната”). Со локалното производство парите помалку ке одат во работите кои не се поврзани со квалитетот на производот,односно ке се намалат тие 73 центи,како и локалното земјоделство ке добие подршка од локалните потрошувачи,додека цената на храната ке стане многу поефтина и поквалитетна. За независност во областа на енергетиката,Македонија со употреба на новите технолошки иновации,возможно е драстично да ја намали зависноста.Најголема потрошувачка на енергентите претставуваат нафтените продукти со 41,7% и електричната енергија со 32,4%,додека како најголеми потрошувачи се јавуваат индустријата со 33,8%,домаќинствата со 29,2% и сообраќајот со 20,5%(статистика за 2006та година,според МАНУ). Македонија е целосно зависна од нафтениот ресурс добиен од фосилите,кои предизвикуваат издувно-штетни гасови.Тие во воздухот ни овозможуваат да ја дишиме “смртта на прабиолошкиот свет”. Со смена во биогорива,возможно е големо намалување од зависноста на штетната фосилна нафта,но и многу важно претставува тоа што за производството на биогоривото,се користат ресурси кои можат да се најдат како домородни(тревна силажа,маслодајна репка,органски отпади и сл).Веќе постои една рафинерија под сопственост на АД “Макпетрол” кој произведува биогориво,со некаде 30 000 тони производство на годишно ниво.Македонија годишно има потреба од некаде 1 400 000 тони.Овој сектор може да се јави како многу складен со земјоделството ,дури во можност да станат најмасовни соработници,затоа што потребата од земјоделските продукти за производството е голема.

Page 298: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

297

29

7

Моменталното македонско производство на електрична енергија изнесува 5 676 GWh,додека конзумира повеќе и тоа некаде 7 000 GWh на годишно ниво,со очекување во иднина побарувачката од електричната енергија да расте.Неа најмногу ја користат индустријата и домаќинствата.Македонија може на два начина да го покрие увозно-зависниот дел на електричната енергија,и тоа преку зголемување на електричното производство,или преку намалување на побарувачката. Преку зголемувањето на производството,возможно е увозниот дел да се покрие целосно со изградбата на проектот “Вардарска долина”. Во овој проект се предвидуваат изградба на 12 хидроцентрали долж реката Вардар,со потреба од влог на капитал некаде повеќе од една милијарда евра.Втората можност претставува гасификацијата на 5те термоелектрани,и повторно пуштање во употреба на ТЕ “Неготино”. Преку намалување на побарувачката,Македонија може да стане помалку зависна со укинување на главнината на еко-штетната индустрија,и со внес на уреди кои имаат обновлива енергија во индустријата и домаќинствата.Со укинување на главнината од индустријата за челик и феролегури,потребите од потрошувачката на енергентите од вкупната македонска индустрија ке се намали за некаде 61%,односно за некаде 15% од севкупната конзумација на електричната енергија.Намалувањето на побарувачката на ел.енергија е многу возможно,со поголеми инвестиции и потик од страна на државата према граѓаните,во употребата на обновливата енергија.Тука во прв план може да се јави сончевата енергија,која во нашите услови со многу сончеви денови нуди поволен развој.За нејзино искористување потребно е да се изнајде решение,како граѓаните индивидуално да бидат потикнати да ја користат сончевата енергија.Доколку повеќето од 650те илјади домаќинства ја користат оваа бесплатна и обновлива енергија,покрај тоа што општеството и државата ке стане понезависна од побарувачката на електричната енергија и увоз,туку и домаќинствата самите ке стана понезависни од туѓиот “компаниски” пренос на електричната енергија. Моменталната владеачка структура,има државни проекти со кои субвенционираат уреди за искористување на сончевата енергија,но сепак тие пари се многу малку,малку процентуално допридонесуваат кон независноста,и малку потикнуваат кај граѓаните интерес за оваа обновлива енергија. Од иднината на технологијата заедно со спојот и почитта према традиционалните вредности,треба да се искористат добрите работи што таа ги нуди: -технолошка стручност за енергетска независност -технолошка стручност за безбедносен систем Крајна цел на правилната економија со нејзините начела,е создавање состојба на урамнотежен социјализам и егалитаризам меѓу населението, кој е возможен само преку земјоделието,односно земјоделски социјализам,и независност во производството на неопходните продукти внатре во општеството,односно полуавтаркија.

Page 299: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Идеалното поединечно искористување на технолошкото движење Технологијата и техниката,првично е позитивна работа која му се случила на човекот.Таа му се наоѓала при помош во многу корисни и човечни работи,и одигрувала значајно-позитивна улога во одредени периоди.Денес тоа не е случај,и најчесто техниката се злоупотребува против човекот,а не е ставена и потикната во корист на човекот. Технолошкото движење,навистина би можело да се примени во “правилниот дух”.Таа може да се употреби и да користи многу,во снабдувањето на луѓето со основни работи,кои му се од важно значење за функционирањето.Денес со моменталните технолошки иновации и продукти,таа може да учествува во снабдување на “домот на човекот” со бесплатна вода и енергија,односно она што порано претставувало бесплатно.Водоснабдувањето во “домот на човекот”,денес се одвива преку јавните претпријатија наречени “Водовод”,и најчесто таа вода додека да дојде до домовите,неколкупати е посолена со разни хемикалии кои би требало да го обезбедат “штитот” против бактерии,кои се на патот за водата од далечниот извор(често езера) до домот. Притоа за сетото тоа се наплаќа,од страна на јавните претпријатија задолжени за таа работа.Но денес со помош на технологијата,односно со поставување во домовите ткн уред-хидрофор,возможно е водата да се добива бесплатно без посериозно учество на ЈП “Водовод”,односно водата да доаѓа од поблиските изводи како што се бунарите,и од нив домаќинствата да се снабдуваат со вода.Така општеството ке се ослободи од грижата за водата,додека домаќинствата ке се ослободат од грижата за сметките.Ова е базично размислување во тоа како да се искористи таа технологија,бидејќи за таа работа е потребно првин бунари,и тоа бунари со доволна проценета количина на вода,притоа оваа работа не претставува безгрешна,и може и кај неа да настанат разни проблеми со пресушување на бунарите и слично.Но како идеја може да се применува во идните населување,со цел што е можно повеќе ослободување и на државата и на граѓаните од обврските,онаму каде што би можело да биде спроведливо ова работа.Тоа бара посериозни анализи од вешти лица,и изготвување на карта со локации на водните наоѓалишта.Енергоснабдувањето,поточно станува збор за снабдување со електричната енергија,преку поставување на сончеви колектори ,возможно е граѓаните да се ослободат од грижата за сметките,додека државата да се ослободи од грижата за поставување на далноводи и разни други спроводни уреди(иста грижа околу обезбедување на патот за снабдување).Современите технолошки иновации кои отвораат многу можности,наведува на тоа како идеално тие да се искористат во “домот на човекот”.Од ова може да прерасне иден модел за домовите на луѓето,со кој преку неа граѓаните ке го искористуваат максимално технолошкото движење,дом во кој има бесплатна струја и вода. Дури и автентичната архитектура која е од овој простор,оди во прилог кон создавање нов модел,која во себе би создржала комбинација од традиција и корисна технологија.Традиционалниот пандатиф со нејзиниот облик,би претставувал многу прикладен доколку во таа форма се постават уреди за искористување на сончевата енергија,и практично од сите положби и локации на Сонцето ке биде прифатена енергијата.

Page 300: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

299

29

9

Патна мрежа(инфраструктура) По многу години во Македонија денес,имаме состојба каде што сериозно од страна на државата,се обврнува внимание кон нејзината инфраструкура и кон нејзиното подобрување,состојба и чин кој е за поздравување. Започната е изградбата на автопатот Миладиновци-Штип,како и автопатот Кичево-Охрид.Исто така предвидено е автопатски завршеток на меѓународно важниот автопат Е-75,или поново наречен автопат “Александар Велики”,кај делот Демир Капија-Смоквица. Во иднината се предвидени,многу нови изградби и подобрувања на патиштата.Предвидени се брзи(експресни) патишта од Куманово-Деве Баир со можност во прераснување на линијата во иден автопат,потоа брз пат Охрид-Пештани,брз пат Штип-Радовиш,брз пат Велес-Штип и други помалку важни патни проекти. Во железниот сообраќај,потикнат од кинескиот трговски интерес,возможно е изградба на брза пруга од Будимпешта до Пиреја,линија која ке поминува низ Македонија. Доколку се оствари проектот обсмислен и потикнат од Кина,многу корисно би било за Македонија истата линија да минува по замислата на др.Иван Минев,низ градовите Куманово-Свети Николе-Штип-Радовиш-Струмица-Валандово-Дојран,и да се напушти постоечката линија долж реката Вардар,која опфаќа многу помалку градови. Брзата пруга од Будимпешта до Белград,е предвидена да биде завршена до 2017тата година. Доколку се завршат по план зацртаните патни и железнички проекти,на Македонија многу малку ке и преостане да ја создаде својата идеална патна мрежа. Односно ке и преостане автопатското поврзување Штип-Струмица,автопатското поврзување Гостивар-Кичево,автопатското поврзување Куманово-Деве Баир,автопатското поврзување Прилеп-Неготино и брз пат низ Пелагонија,односно линијата Прилеп-Битола. Струмичката околија заради своите земјоделски особини,има голема потреба од автопатски поврзувања,како и временско доближување до аеродромите.Доколку се изгради предвидениот карго-аеродром кај Три чешми во близина на Штип,преку автопатско поврзување со Струмица,полесно ке биде остваруван преносот на вишокот земјоделски производи во страните земји,а со тоа ке се задоволи инфраструктурната потреба на овој регион. Со остварување на автопатското поврзување Куманово-Деве Баир,и Гостивар-Кичево,ке се заврши линијата од Албанија и Бугарија,но многу поважно е тоа што Македонија ке има побрз и полесен пристап до пристаништата кај Драч и Варна,кои во крајни случаеви би користеле како замена за солунското пристаниште. И со подобрување на линијата од Битола до меѓународниот Е-75,и овој голем и важен регион на Македонија кој има големи земјоделски можности,ке биде поврзан и ке има подобар пристап до важните точки.

Page 301: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината
Page 302: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

301

30

1

“КОЈ ПОСАКУВА МИР,НЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА”

П.Флавиј Вегетиј

Page 303: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

МИЛИТАРИЗМОТ ВО НОВОТО ОПШТЕСТВО Состојби на македонските вооружени сили низ дамнината и низ сегашноста. Од времето на Aргеадската династија па до времето на современата република,македонските вооружени сили но и содејствувањето и напорот на општеството кон нив,има изменет и изгубен значај. Славната Македонска фаланга во минатото,го имала најзначителното внимание обврнато од страна на македонското општество.Тоа се гледа јасно во приходно-расходската математика на Македонија,од тоа славно време.Вкупните државни приходи во времето на владение на Филип Втори,според некои извори од старомакедонската ера,и според пресметката на останатите можни приходни извори,се претпоставува дека изнесувале некаде околу 2000 таланти злато годишно,или некаде во современите пари буџет близу милијарда и пол долари,од кои најголемиот и најважниот придонесител во тие приходи,бил рудникот за злато од Пангајон(близу некогашен град Филипи,и близу сегашен град Кавала). Одржувањето на славната Македонска фаланга,тогаш македонското општество го чинело искористување на речиси севкупните приходи,кога биле активирани војниците,односно кога траела одредена воена акција. Така се проценува од изворите дека во времето на Филип Втори,војската се движела од околу 30 000-35 000 војници,додека во кампањите на Александар Трети,војската била зголемена до одреден степен, достигнувајќи бројка од околу 50 000 војници.Во тие воени дејствија и кампањи потребно е да се потенцира,дека големо население претставувало невоен персонал(готвачи,архитекти и сл),а особено голем бил бројот на проститутките/хетајреите,кои биле придружнички на војниците во текот на траењето на кампањите,се со цел моралот на војниците да се одржува на високо ниво,и истите да не посегнуваат по неразумност,во кој суровите услови знаат војниците да ги придобијат кон тие работи како што е силувањето,пљачкањето,разрушувањето,убивање на недолжни луѓе/цивили и сл.Така севкупната бројка на луѓето вмешани во воените кампањи,изнесувал речиси секогаш двојно од бројката на војниците,односно ако сме имале во една кампања активирани 35 000 војници толку изнесувал некаде и бројот на невоениот персонал,со што кампањите достигнувале до бројка од 60 000-70 000 активни луѓе. Пред да ја започне Александар Трети својата славна Азиска кампања,за одржување на фалангата,одредени извори од тоа време укажуваат дека му биле потребни 3 000 таланти злато на годишно ниво.Преку математиката можеме да откриеме дека војниците од тоа време,земале плата во современи пари од околу 3 000 долари месечно,односно 0.05-0.06 таланти злато годишно. Современата состојба на македонското општество,околу приходите во буџетот е двојно поголема,од онаа во далечното славно минато. Но вниманието од страна на државата,кон современите вооружени сили е видно изменета.

Page 304: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

303

30

3

Македонската современа војска под назив АРМ од страна на државниот буџет,им се одвојуваат некаде 100 милиони долари на годишно ниво. Според “Бела книга на одбраната”,издадена од Министерството за одбрана во 2012тата година,бројот на македонските војници изнесува 7130 лица,од кои 633 претставуваат цивилни лица,со многу помал број на резервна војска,во кој до 2016та година е планирана активна резерва од околу 1 800 лица. Македонското општество,од 2001та до 2012та година,има вкупно вложено скромни 2 милијарди и 246 милиони долари.Тие пари се доволни само за минимално одржување на објектите на АРМ,и за платите на вработените во Министерството за одбрана. За разлика од соседните земји,Македонија има вложено малку повеќе само од Албанија,која од 2001та до 2012та има две милијарди долари дадено за одбраната,додека Грција,земјата со која имаме гопеми политички проблеми,има вложено во сопствената војска 110 милијарди долари за периодот од 2001 до 2012тата.Србија за гореспоменатиов период има вложено 13 милијарди и 300 милиони долари,додека Бугарија има вложено 12 милијарди и 600 милиони долари. Ако одлучуваме според општествениот влог на пари од буџетот,тогаш Македонија слободно можеме да ја наречеме полициска држава. Полициска држава од страна на мнозина теории и многумина мислители,се смета за негативна појава во државните управи. Неа ја карактеризираат со три особини и тоа: 1)Самоволие на власта олицетворена со првенство од извршно-управните органи. 2)Управна,особено полициска контрола над медиумите/новините,собири,состаноци и систем на полициско прислушкување и следење на граѓаните. 3)Одсуство на моќта на правните правила кои се битни за уставно-правната држава. Од страна на македонскиот државен буџет кон полицијата/Министерството за внатрешни работи,се одвојуваат речиси двојно повеќе пари од онаа бројка која се одвојува за војската. Во 2015та година,имаме “полициски буџет” на МВР од околу 190 милиони долари.Во изминатите години,имавме исто така двојна или повеќе одвоеност на пари,во буџет на МВР од буџетот на МО/АРМ. Бројот на вработените во полицијата,исто така е поголем од бројот на вработените во АРМ,кој изнесува некаде 11 000 лица. Улогата и учеството на МВР,во одржување на суверенитетот и збиднувањата на кризите кои ги доживеа Македонската современа држава,е далеку поактивна од учество на АРМ.Од 2004тата година одлучено е границите да ги надгледува ткн “гранична полиција”,ситуација која довела до укинување на пограничната улога на војската,како и стеснување и намалување на учеството на АРМ. Сите тие предзнаци укажуваат на преминот кон полициската држава,но и состојба во современата македонска војска,која нема ниту мал дел од сјајот на славната Македонска фаланга,кој традиционално ни припаѓа.

Page 305: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Горкото македонско искуство од полицентризам на идеи Македонскиот народ,во моменти кога ја немал јавно изразено својата слобода,посегнувал од разни периоди во разни востанија и ослободителни војни. Но во тие моменти,една многу честа појава во текот на тие војни се појавува меѓу вмешаните во востанието,а особено меѓу надлежните или водачите од вмешаниот дел,појава која слободно можеме да ја наречеме македонска особина.Речиси во сите востанички и народноослободителни војни кои ги кревало Македонскиот народ,се појавувале разни идеи од страна на водачите за идниот тек,и секогаш тоа мноштво на идеи допридонесувало кон полицентризам,раздор и често неуспех во обидите за остварување на слободата. На ниеден од оние кои ги предлагале идеите,неможеме лесно да кажеме дека таа идеја не е дадена,изнесена и подржувана од љубов кон татковината и слободата,односно дека таа идеја е дадена за да создаде раздор.Повеќето од разните идеи во разните востанички периоди,имале логика и претставувале можни решенија кон слободата,додека ретки се оние кои лесно можат да се карактеризираат како подготвувани особено за создавање на необединета состојба. Тоа мноштво на идеи и подоцна појава на полицентризам во делувањето,особено се истакнувало по одреден неуспех во текот на ослободителната војна. За пример од ромејската ера,го имаме востанието на Петар Дељан,кој по неуспехот по опсадата на Солун се случува дејствието на Алусијан,кој дал поголем придонес во неуспехот на востанието и околу моралот на востаниците,отколку делувањето на самите Ромеи. Најгорчлив пример ни претставува периодот по неуспехот на Илинденското востание и Рилскиот конгрес,кој дал класичен пример за шареноликост на идеи и полицентрично делување на членовите на МРО,со која таквата расцепканост и разделеност донела повеќе неколкудекадна штета кон патот за слободата,отколку корист кон истата. Тука е и помалку горчливиот пример со КПМ и Методија Шаторов,но и како добар пример од овој период исто се случувањата на скопското Кале,каде македонското водство потпаднало лесно и ефтино заради неединството под покровителство на Белград. Постојат и многу други историски примери,кои говорат за оваа македонска особина во вакви настани. Наравоучението е јасно,неединството и шареноликост на идеите ни донесуваат лоша состојба во делувањето и ефективноста во борбите, кој најчесто тие работи се главни виновници за одредени неуспеси. До неединство на македонското водство,придонесува тоа што нема легитимни и авторитетни водачи,односно можност која пружа шанса сите да се наметнат како такви.Затоа во василеистичкото општество,ке постои шанса преку долготрајниот маднат една личност-Василевс да се наметне како легитимен и авторитетен водич,но докопку и тој ја пропушти таа шанса или ја изневери довербата на било кој начин,во евентуалните агресорски окупации,Агема ке се јави како водечки орган,па со тоа шансите за полицентризмот ке бидат намалени.

Page 306: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

305

30

5

Преобразба на војската и полицијата Повраток на стариот сјај на војската Македонците се одлични во воените услови не заради дисциплината, туку затоа што минатото ни остави многу неправди.Сите воени стратези знаат дека одредена доза на бес,е исто толку добра колку и храброста. Доколку се воведе и вештината и стратешката техника со дисциплината заедно,на едно општо/генерално ниво кај македонската војска,тогаш таа со сигурност ке претставува една од најподготвените и најдобрите војски во регионот и пошироко. За да се достигнат тие работи кај современата македонска војска,потребно е зголемување на буџетот за одбраната,зголемување на улогата на војската во заштитата на суверенитетот и вмешаност во кризни моменти,реформи во обуката за професионализација на војската,исклучување на политичкиот пазар при вработувањето,зголемување на бројот на професионалните војници,како и воведување повторно на задолжителна служба на воениот рок. Зголемувањето на буџетот е очајнички потребно и денес,а особено ке порасне потребата доколку се зголеми бројот на војниците и вработените во македонската војска. Според проценките(весела математика),зголемувањето треба да изнесува двојно до тројно од сегашната бројка,односно некаде 250 милиони до 300 милиони долари годишно. Зголемување на улогата на војската,во прв план би се однесувало завземање на главно учество во разрешувањето на посериозни воени и вонредни ситуации во општеството,каде кај нас се се почесто присутни.На втор план би се однесувало кон враќање на пограничната војска. Реформите во обучувањето,значи наметнување на побројна и потешка војничка догма,со цел да се зголеми степенот на дисциплината и квалитетот на вештините,работи кои се едни од најбитните во војничката работа.И овој дел ке бара повеќе пари во буџетот на одбраната,особено затоа што оваа бара поголем период и побројни активни вежби на војниците,акции и воени вежби кои чинат пари. Исклучување на политичкиот пазар при вработувањето,е момент кој треба сите да го разберат и сите да се согласат со нејзината негативност,бидејќи војската ке служи за обезбедување на слободата на сите нас,и особено не претставува нечија услуга да биде вработен во ваква ризична професија,доколку не е вистински способен за тоа. Оваа појава во војската е изразена,особено со пазарот на македонските партии на Македонците и македонските партии на Албанците,пазар кој предизвикува вработувањето во војската да се разбере како можност,за придобивање државна плата со малку работа.Во оваа чест,можеме да го наведеме инцидентот со истакнувањето на туѓи државни знамиња во велешката касарна,акт кој покажува ниска дисциплинираност и незаслужено работно место во македонската одбрана.

Page 307: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Зголемување на бројот на професионалните војници е потребно,заради полесно справување со многуте политички проблеми кои ги имаме со соседните воено-помоќни држави,но и со полесно стабилизирање на политичките проблеми кои често ни се јавуваат внатре во општеството. Ако правиме споредби со Грција,таа има население петпати поголемо од Македонија,односно 10 милиони жители,додека нивната војска е петнаесетпати и повеќе поголема од нашата по бројност,со некаде од околу 110 000 војници.Грчкиот БДП е некаде десетпати поголем со некаде 216 милијарди долари,додека вложувањата во грчката одбрана и покрај нивната криза со јавните долгови,од нашиот е поголем за неверојатни седумдесетпати споредбено со нивниот буџет од 2013тата,односно со влог од некаде 7 милијарди долари. Нивниот официјален изговор и покрај тоа што се членка во НАТО-пактот за големата воена потрошувачка,им претставува ризик на суверенитетот од соседните држави(се мисли од Македонија и Турција),иаку реално македонскиот суверенитет е оној кој постојано се негира и загрозува. Соседните држави кои се поголеми во бројност и подобри во опременост,со македонските услови,македонската војска е невозможно и не треба да ја ставиме во натпревар во тие две релативно скапи работи(бројка и опрема),но нивната надмоќ во тоа нетреба да значи дека нашата војска треба тотално да ја напуштиме,и да ја исклучиме како фактор и можност во одбрана на државата при претпоставениот иден агресорски напад. Македонската војска,со современите услови и можности,потребно е да го покачи бројот од сегашните 7 000 војници на 24 000 војници заедно со специјалните полкови,и зголемена активна резерва од 1 800,со бројка до 20 000 војници-резервисти.Заедно севкупната македонска војска да вброи до 50 000 лица. Задолжителноста на служење на воениот рок во војската за младото машко население,е потребно најмногу затоа што тој период е складен со потребите на личностите од такво искуство.Покрај тоа што ке бидат задоволени потребите,дополнително тие луѓе ке бидат до одреден степен обучени и со вештина,за употреба на основните технички средства и орудија од воената одбрана,што секако е во корист за општеството.Бројот на достасани млади личности за служба во војската, секоја година изнесува 16 144 лица(според ЦИА).Доколку воениот рок се воведе на задолжителни две години,тогаш бројот на младите воени-службеници(популарно наречени гуштери) во касарните секогаш ке изнесува некаде 30 000-32 000 лица. Со овие идеи за преобразба,забележливо е дека ке се наметнат/создадат три вида на војници,зависно од нивниот степен на подготвеноста и вмешаноста во одбраната.Тоа ке бидат војници-службеници и резервисти,војници-професионалци и војници-специјалци. Тие три типа ке ја сочинуваат современата Македонска фаланга,кои можеме да ги поделиме по боја која е складна симболично со нивната особина и вредност,и тоа како црвена фаланга(народна војска),жолта фаланга(професионална војска) и пурпурна фаланга. (високопрофесионална војска).

Page 308: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

307

30

7

Преобразба од отуѓена полиција во народна полиција Покрај тоа што народната полиција звучи позитивно за ушите на граѓаните,сепак оваа преобразба е многу попотребна и тоа од три причини во нашите услови. Првата причина претставува спречување на воениот рок и задолжителната војничка служба на младите,да стори штета врз земјоделството,кое ке сочинува главна економска гранка во Македонија. Карл Кауцки(Karl Kautsky) авторот на масивното дело Die Agrarfrage (Аграрно прашање),добро забележал како војската и службата во војската го оделува младиот човек од земјоделскиот начин на живот. Кауцки заклучил дека младите земјоделци го напуштаат селото за да станат војници,притоа сите лесно напуштајќи ја желбата за “живот на земја”,и стануваат изгубени за земјоделството засекогаш.Оние кои се враќаат,често не се враќаат во најдобар елемент.Ефектите од урбаната култура прават да го прифатат најлошото од нејзиниот дух.Во слободно време кафеаните и јавните куќи,се единствените места за поминување на слободното време на војниците.Единствено што би можеле да донесат назад во селото,претставува шкртиот војнички однос и сифилис.Парите што му се даваат,од страна на таткото-земјоделец према младиот син-воен службеник кој е во град,се трошат таму,додека некои дури и знаат да профитираат од војската стационирана во град. За земјоделството касарните кои се сместени во град,симболизира централизација на војската во град,и означува најопасна форма на отсуство и отуѓување од селото и од земјоделието.Исто подвлекува дека селаните се најтврдиот столб на милитаризмот,најверојатно затоа што знаат дека при евентуален судир со друга војска,селата се тие кои први страдаат. Предложената идеја на Кауцки,која се однесува исто за формирање на ткн “народна војска”,е првично од политичка а не од економска цел. Втората причина е од практични цели,со цел да се спречи да се создаде пренатрупаност во војската,односно капацитетите на касарните и други воени објекти,да не бидат преполнети од сите типови на војници и да се ослободи простор повеќе.Така наместо стасаните лица да бидат околу 32 000 на број во служба на двегодишниот воен рок,тој да биде преполовен со некаде 16 000 лица,или поточно 16 144 ако се водите според страната статистика.Така останатата половина од младите луѓе кои се исто стасани да стапат во служба на роковите,ке одат во задолжителна полициска служба/полициски рок. Третата причина исто претставува од практични цели,и таа е наменета за што подобро обликување на идните граѓани со полни права. Постои ли друг начин кој би бил подобар за младите да ги научат општите законските прописи и правила,од оној начин кој на нив самите ке им пружи можност за учество во нивното спроведување и заштитување.Најдобар јавен ред за општеството е оној кој граѓаните не го драстично чувствуваат,и непосредно се вклучени кон придонесот за него.

Page 309: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Сите тие три причини,заедно со поништување на негативната појава под назив полициска држава,наведуваат на одредени реформи во современата македонска полиција.Полицијата би требало да претставува лесно вооружена формација,лесно подвижна и посебно обучена вооружена сила.Македонската полиција вбројува некаде 11 000 лица,број што ке биде многу непотребен со воведување на 16 000 службеници во текот на полицискиот рок.Потребно е драстично намалување на бројот на полицајците,како и намалување на буџетот за оделот на внатрешни работи.Младите службеници,кои ке бидат учесници во спроведувањето на јавниот ред и мир,ке претставуваат шетачи/патроли кои ке внимаваат на редот во градовите и по селата. За да не ја направиме грешката и штета на земјоделието која Кауцки ја предвидел,младите службеници ке го отслужуваат полицискиот рок во своите родни краишта,избегнувајќи ја така можната состојба на отуѓување и одалечувањето на младите од земјоделието.На младите службеници нема да им биде дадено да бидат во допир со смртоносни оружја(пиштоли,пушки и сл),затоа што најмалку е потребно да создаваме состојби каде што младите со својот темперамент,ке бидат во можност да направат грешка со кој ке зажалуваат целиот живот,туку за нив ке постои посебно оружје кое ке може да го онеспособува,но не и да го одземе животот на престапникот на законите(пендраци со електрошокови,пиштоли со приспивни стрели и сл.).За потешките криминални/престапнички случаеви ке постои посебна полициска единица,која ке се соочува со потешките и поопасните примери на криминалци и престапници.Така бројот на групата/патролата составена од службениците на полицискиот рок,ке изнесува 15 млади луѓе на број. На секоја група/патрола ке има на чело еден професионален полицаец/полицаец по професија,кој ке ги поучува полицајците-службеници на законските прописи и правила,и ке ги одржува на правилното и дисциплинското однесување во текот на нивното отслужување на полицискиот рок.Оној кој ке биде на чело на групата може да биде наречен и Капидан,по мотив од заштитничката улога на главниот јунак од Сердарот на Григор Прличев.Групата/патролата пак може според капиданот да биде наречена Капиданска дружина. Бидејќи секоја година има околу 16 000 достасани млади личности за служба во воениот или полицискиот двегодишен рок,тие ке се делат во две групи со по 8 000 лица,лица во служба на воениот рок и лица во служба на полицискиот рок.Така бројката од двегодишната служба ке изнесува вкупно 15 000-16 000 лица,колку што е севкупната бројка секоја година на достасани млади личности.Согласно таа бројка потреба од професионални полицајци(капидани) ке изнесува некаде од 1000-2000 лица,што ке претставува некаде петкратно намалување на сегашниот број на полицијата.Најголема придобивка за општеството од воведувањето на воениот рок,ке претставува тоа што ке создаде структура од граѓани и организирање на вооружени сили,која е способна да се служи со најсложените средства на современите воени техники и сите други расположливи и приручни средства,за водење на вооружена борба.Додека најголеми придобивки од воведувањето на полицискиот рок,ке претставува тоа што ке се создаде попрактична школа за младите ,во нивното спознавање на општествените закони и правила.

Page 310: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

309

30

9

Потребата од воено индустриски комплекси Овие комплекси едноставно би можеле да ги појасниме како збир на фабрики/машини,кои служат за масовно производство на военото орудие и опрема,или уште пократко како индустрија за производство на воени потреби. Но пред да навлеземе во појаснувањето зошто ВИК претставува нужно зло за Македонија и потреба за речиси секоја земја,потребно е да појасниме во што може овие индустриски комплекси да прераснат,и какво зло можат да наметнат во општеството каде што се создадени да работат.Имено кога настане спојот на ВИК со профит,настанува состојба во едно општество кое постојано е приморувано масовно да ги користи услугите од тие создадени комплекси,а тоа означува предизвикување на постојани и постојани војни,со тоа постојано и постојано раст на капацитетите на таа индустрија,се до онаа точка кога тоа општество нема да се распадне самото од сопствените потези.Имаме два класични примера за таа состојба,која би требало во иднина да ни служи како лекција.Првиот пример е Прусија и нејзината масовна воена индустрија,која многу допридонела за отпочнување на “Првата” светска војна,и оставање повод за “Втората”.Вториот е примерот со ВИК на САД,кој истиот многу веројатно во блиска иднина ке допридонесе за слична судбина како со Прусија/Германија. Харолд Ласвел(Harold Lasswell),во својот есеј издаден во 1941та година,под наслов наречен The Garrison State(Гарнизонска држава),наведува дека воените личности кои доминираат во современото технолошко општество,ке бидат сосем различни од историскиот и традиционалниот тип на офицери.Многу веројатно е дека “стручњаците за насилство”,во своето обучување да вклучат во голема мера стручност од многу други области,кои сме ги традиционално сметале за дел од модерното граѓанско управување. Рајт Милс(Wright Mills) пак,уште попрецизно наведува за симптомите кои се појавуваат и забележуваат раст во општеството на САД.Во своето дело The Power Elite(Елитистичката моќ),укажува на нова појава во американскиот општествен живот на спој и блискост на политички,воени и стопански елити,и тенденција на овие елити во своите раце да го сконцентрираат донесувањето на сите одлуки,што доведува до деформација и негација на демократските процеси и утврдени уставни облици и односи.И на крајот официјално и некогашниот претседател на САД,Двајт Ајзенхауер во 1961 година предупредувачки ке потенцира: ”Оваа врска на огромниот воен естаблишмент и крупна индустрија за вооружување е ново американско искуство.Потполно влијание на економско,политичко,дури и духовно,се чувствува во секој град,во секое претставничко тело,во секоја уредба на сојузната влада. Во владините тела ние мораме да се обезбедиме против достигнување на неограничено влијание,било намерно побарано или не од страна на воено индустриските комплекси.” ВИК на САД,голем придонес даде кон воспоставување на тоталитарни тенденции,кои се забележливи и постојат денес во тоа општество.

Page 311: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Спојувањето на воените индустриски комплекси со профитот,и наметнување на профитерскиот мотив кај овие индустрии и слични нему,освен што претставува безморална/аморална појава,таа претставува растечко зло кое придонесува кон крах на системот. Македонија и македонската индустрија,има не толку скромно и потценувачко искуство со военото производство.Производственото искуство кое било дел од шемата на некогашното ОНО(општа народна обрана) на југословенскиот државен апарат,се однесува најмногу на муницискиот и поединечно-опремниот дел(војничка облека,чизми и сл),но Македонија и нејзината индустрија исто така учествувала во изградбата на воените тенкови од типот М-84,кој претставувал прототип од рускиот Т-72,воедно и еден од најдобрите тенкови во своето време. Во изградбата на овие тенкови кои биле многу на број во ЈНА,учествувале фабриките на Металскиот завод Тито во Скопје,11-Октомври во Прилеп и фабриката Руен во Кочани.Денес во Македонија работат два индустриски комплекса,кои служат за военото производство. Едната е во странска приватна сопственост,предходно продадена за неверојатно евтина цена,некогашната фабрика за муниција “Сувенир” од Самоков,на која капиталот и се проценувал некаде 20-25 милиони евра,и во бившата Југославија таа претставувала еден од поголемите индустриски комплекси за производство на муниција. Другата е во комплетна државна сопственост,но без некој посебен интерес за инвестирање и заживување во комплексот,туку со огромен интерес за “предавање” на комплексот во раце на странска приватна сопственост од самата држава,што претставува своевиден апсурд и негрижа кон овие важни области за одбраната.Станува збор за “Еврокомпозит 11-Октомври” од Прилеп,фабрика на која капиталот и се проценува некаде околу 19-20 милиони евра.Во овој комплекс,поновата производствена активност им претставува надоградба на македонските оклопни возила од типот “Хермелин”,но имаше можност во овој комплекс да се произведуваат посебни и посовремени оклопни возила во соработка со украинските компании,идеја која пропадна. За македонската одбрана,потребата од ВИК е слична како онаа потреба која ја имала ЈНА и ОНО од: -Најекономично производство за воените потреби во мирнодопски услови и максимална прилагоденост на производството во воените услови. -И најеластичен систем за снабдување на единиците од потребите за живот и борба во услови на водење на воените дејствија. Дополнително потребата од независност во набавките на воените потреби,ни даде искуството од случките во 2001та,кое ни укажа на нетолку лесно и брзо набавување на воената опрема,како и тесна можност кога се работи нас(Македонија) во пронаоѓање на добри и искрени соработувачи,кои би ни ги задоволувале основните воено-технички потреби на македонската одбрана.

Page 312: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

311

31

1

Сиве овие работи наведуваат дека во нашите услови,потребно е постоечките воено индустриски комплекси да се стават под државна контрола и сопственост,и истите да се заживеат и надоградат. Иаку многумина би укажувале,дека за тоа е потребно многу финансии и капитални вложувања од страна на државата,сепак многу поскапо и многу поризично е задоволување на потребите од страни индустриски комплекси. Со ставање на постоечките комплекси,под државна контрола и плански нивно ограничено развивање,возможно е независност на македонската одбрана барем во областа на основниот воено-технички дел,со кој македонската војска и полиција на свој начин и согласно своите потреби,автентично ке се снабдуваат со муниција,основни орудија(пиштоли,пушки и сл) и основни возила(оклопни и други). Бидејќи за одржливост на еден систем правилно,потребно е истиот да е независен од туѓото производство и во делот на одбраната,во василеистичко општество кај извршната власт ке постои посебен одел/поверенство за воено производство,кое ке служи за плански и согласно потребите да го развива овој индустриски сектор,и под контрола истиот да не преминува во негативен пат кој може да настане(воено профитерство). Постојат разни начини и можности,како уште поевтино да се одржуваат овие значајни и важни комплекси,и да не задираат многу во финансиите на државата и државниот буџет во иднината. Односно возможно е фабриките да се менуваат/трансформираат зависно од условите од воени во цивилни комплекси,како што имало пример со разни фабрики и по бившата Југославија. Во мирнодопски услови кога ке се задоволени/заситени моменталните потреби на одбраната и полицијата,истите комплекси и нејзините машини да се со опција да се пренаменат во производство за цивилни потреби. Пример во комплексот кај Самоков,да постои можност за цивилно производство на муниција за ловџиски пушки и сл.Или во комплексот кај Прилеп,да постои можност за цивилно производство на делови за автомобилите,разни возила и сл. Со пласирање на пазарот на такви продукти,тие фабрики ке можат да се одржуваат и во периодот без набавки од државата,и да опстојуваат без некои посериозни дотации со кои државата би ги дополнувала загубите.

Page 313: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Политичкото размислување дава влијание врз воената естетика Знаеме дека идеологијата или размислувањето,кое е природно или наметнато постанато врз луѓето и граѓаните кои даваат значаен придонес во градбата на едно општество,преку нив тоа влијае врз архитектурата,однесувањето во односите и многу други работи. Но интересно е помалку забележливото влијание,кое политичкиот ум на едно општество знае да ја искаже врз воената естетика,или ако сакате врз изгледот на војската,војниците,ставот и сл. Имаме добри примери од дамнината,со војниците од старата македонска ера,и војниците од римската ера.Првите во приказот се слични со естетиката но не се исти,односно секој претставува различен.Вторите се исти,и разликата скоро и да не постои.Тоа укажува дека општеството од старата македонска ера,на војниците гледало како на секоја посебна личност(слободоумие),додека општеството од римската ера,укажува дека на војниците се гледало како на безлична бројка(едноумие). Приказ на македонска фаланга

Приказ на римска легија

Page 314: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

313

31

3

“ТИЕ ШТО ЈА КОНТРОЛИРААТ ДОЛИНАТА НА РЕКАТА ВАРДАР ВО МАКЕДОНИЈА,СЕ ГОСПОДАРИ НА БАЛКАНОТ” Ото фон Бизмарк

Page 315: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ЕТНИЧКИ ПРОСТОР И СФЕРИ НА ВЛИЈАНИЈА Научни тези и настани кои укажуваат на “предсловенска” врска Врските кои постојат помеѓу современите јужнословенски народи и останатите словенски народи и нации кои се во централна и источна Европа,се несомнено врски кои укажуваат на период каде што тие народи претходно претставувале една целина.Како главна врска е сличноста на јазикот,и тој претставува единствениот основ кој во поизминатите периоди ги споделувале овие народи,а денес исто така јазикот опстанал како врска над останатите врски.Современите словенски народи кои живеат на полуостровот на југ од Европа,во основа делат сличен и многу близок менталитет,култура,и дел од нив и вера,додека со поодалечените во централна и источна Европа,со тие народи оние од полуостровот ја делат најчесто јазичната врска. За периодот на разнебитувањето на таа целина,која е наречена денес како “Словени”,имаме тези кои укажуваат за тој настан и пред периодот кој е наречен во научните кругови како “големата преселба на народите”. Едната е тезата која веќе ја напоменавме,во делот за семејството и таа теза е ткн Курган-хипотеза од Марија Гимбутас.Според оваа теза, старата Европа била освојувана во неколку бранови од племе кое живеело претходно на просторите околу реките Волга и Дон,период кој се одвивал до некаде вториот милениум пред нашата ера. Според една друга теза,оваа целина живеела околу простор на дешениот Балкан и Мала Азија,каде што главно место зафаќал просторот околу реката Вардар.Отаму од тие предели,па на север,северозапад и североисток се случувале преселбите,многу поодамна од вториот милениум пред нашата ера,освојување кое воглавно се случило со примена на културни и цивилизирани средства,а другостепено или третостепено со примената на оружје или сила. Оваа теза е наречена Анатолиска хипотеза,од Колин Ренфрју. Постои настан од доцниот период на старата македонска ера,кој укажува на блискост помеѓу Македонците и народите кои живееле околу просторот на денешна Украина и Молдавија,од доцниот период на старата македонска ера.Тој настан е склучувањето сојуз на Филип Петти Антигонидски со племето наречено како Бастрнајци(Bastranae),кој се претпоставува дека живеело на просторот на денешна Бесарабија. Склучувањето сојуз не претставува некаков доказ за сродноста,но во рамки на тој сојуз се предвидувало племето Бастрнајци да ги нападнат Дарданците од север,и во тој реон целосно да се населат со помош на Македонците.Како тоа племе кое било одалечено толку многу далеку од Македонија,успеало толку лесно и брзо да воспостави контакт и да осмисли план со Македонците,кој предвидувал толку блиска соработка и мотив за целосно преселување од една на друга територија?. Од оваа македонско-бастрнајска активност под обвинение на Дарданците,бил создаден повод за Третата македонско-римска војна.

Page 316: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

315

31

5

Племенска шареноликост на Македонија пред аргеадското владение На територијата на Македонија,пред да дојдат Аргеадите како династија на власт,наоѓаме многубројни племиња од кои воопшто не е лесно да се препознае од нив,кое племе со кое е повеќе сродно а кое помалку. Забележливо е дека пред да дојдат Аргеадите,постои територија под назив Македонија и јасно се укажува од повеќе автори од дамнината,но не постои односно помалку ретко се напоменува племето или народ Македонци со попрецизна територија и област каде живеат. Тој факт,покрај тоа што укажува на Аргеадската династија дека претставувала политичка сила која ги обединила сите племиња на територијата на Македонија,може да укажува и на тоа дека сите тие племиња или повеќето од нив и претходно претставувале Македонци. Пред доаѓање на политичката сцена на династијата на Аргеадите,ги имаме Бригите и Пајонците како најмасовни племиња кои се забележуваат,додека помалку масовни се забележуваат племињата Орести,Агријани,Мајди,Одоманти,Едони,Саи,Боти и други помалку забележливи.Пајонците се племе кое е опеано и во Илијадата,но трагата им исчезнува во доцната старомакедонска ера.Бригите пак се споменуваат и во римската ера,забележани од Плутарх и во битката кај Филипи во 42 год п.н.е.Ботите претставуваат племе со интересно минато,односно се претпоставува дека биле луѓе-робови на кралот Минос од Крит,или пак дека биле робови на Атина од минојскиот Крит. И топонимите укажуваат на тоа дека ова племе имало некаква врска со островот Крит,имаме некогашен град Гортинија во Македонија и град Гортин на Крит.Со нивно присуство и контакт со другите племиња од Македонија,минојската култура извршила влијание во тие реони. Подоцна оваа племе било протерано или асимилирано,од страна на Филип Втори заради нивната блискост со Халкидичката лига. Приказ на племињата од Македонија,пред Аргеадите

Page 317: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Приказ на племињата од Македонија во раниот период на Аргеадите

Приказ на распространетост на Македонците по Аргеадите

Со доаѓањето на Аргеадите на политичката сцена,се почесто почнуваат да се забележуваат и Македонците како народ,а под водство на Филип Втори ке се образуваат како поширока нација. Подоцна Македонците ке бидат распространети на простор од крајните точките на некогашни градови основани од самите нив,кои единствено тие точки можеме да ги земеме како највалидни етнички граници во дамнешните периоди,просторот од градот Антипатреја(јужна Албанија)на запад до градот Филипопол(Пловдив) на исток,и од градот Дамастион(јужна Србија) на север до долината Темпе(северна Тесалија) на југ.

Page 318: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

317

31

7

Македонија е клуч за политичката слобода на Балканот Ниедна друга земја и народ на овој полуостров,нема толку предности/можности но и мотив,кон тоа овој полуостров да стане политички а со тоа и економски независен за сите народи и нации од другите сили.Постојат три причини кои упатуваат на вистинскиот “клуч”. Првата причина претставува тоа што Македонија и Македонскиот народ,го населува просторот околу реката Вардар. Тој простор или долина претставува централниот дел од севкупниот “Балкански” Полуостров,сметајќи го со природните граници. Таквата централна позиција која ни е дадена ние како народ да ја населуваме и да ја сметаме за своја татковина,укажува и на природен монопол на патиштата кои проаѓаат низ овој простор,поточно за многуте важни патишта кои ја поврзуваат Европа со Азија и Африка. Втората причина е богатата историја која ја има наследено Македонскиот народ,и периоди кои се дел од македонската историја. Таа богата и стара историја,што се вели од “памтивек” со народски израз,природно долгото време дало моменти и шанса за испреплетување на историјата на Македонскиот народ,со историјата на другите народи од овој полуостров.Но многу поважно за оваа прилика,е дека тие периоди и моменти на испреплетувањето со другите соседни народи,покрај тоа што се славни настани,повеќето од нив се со позитивна содржина и порака.Пример за народите кои важат за “јужнословени”,како настан од историјата го имаме делувањето на сесловенските просветители,браќата Св.Кирил и Методиј,личности кои се од македонски краишта и претставуваат важен дел од македонската историја но и за другите народи означени како “Словени” ,или пак го имаме Скендербег,личност која во македонската историографија важи како Георгија Кастриот,додека кај албанската важи како Ѓерѓ Кастриоти,со период кој укажува на заедничка македонско-албанска одбрана од туѓите агресорски сили,и многу други славни настани од историјата кои говорат за поврзнаност на Македонија и Македонците со другите народи,моменти кои можат природно да вршат влијание врз човечките национални мисли и емоции. Третата причина претставува,предходно образложениот современ национален мит кој го има нашиот народ. Во тој мит самите околности од дамнината,придонеле во митот повеќе да се изразуваат сеопштите човечки права и слободи,кои би требало природно на човека да му припаѓаат,отколку изразеноста на националните права. Таквиот “чист мит” и уште почисти поблиските историски периоди,кои не наведуваат за разлика од другите на угнетување на туѓи права и слободи,туку повикува на борба и заштита на сопствените права и слободи но и на другите подеднакво,претставува широк простор и можност во иднина,за зајакнување на пријателствата помеѓу земјите и народите од овој полуостров.

Page 319: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Правото на самоопределување,и определеноста на условите Оваа право означува право на народите и нациите,самостојно да одлучуваат за својата судбина.Додатно од тука ке произлезе правото на ослободување од страните доминации(воени окупации,колонијални владенија),правото на отцепување и создавање на независни национални држави,право на обединување со други народи или нации,право на економско самоопределување,право на располагање со сопствените природни богатства и извори,и со посебен значај правото на избор без никакво странско вмешување и насилно влијание на општественото и политичкото уредување. Доколку Македонија како општество и држава,сака да го оствари полното право на самоопределување,тогаш македонската надворешна дипломатија и политика,однапред е определена согласно условите. Определеноста се состои од три чекори и тоа: Првиот чекор претставува,остварување/извојување на политичка слобода за Македонскиот народ,и отстранување на римскиот модел за контрола и поделба на Македонија,односно претходно напоменато како кршење на синџирите кои се околу нас,наметнати не по нашата вина. Но само овој чекор нема да биде доволен,бидејќи империјалните политики кои вршат влијание на овој полуостров,свесни се дека единствена вистинска опасност за нив,претставува токму политичката слобода на овој народ и земја кој е “клучот за Балканот”,па затоа далеку помоќните политички центри,секогаш ке се обидуваат да ја спречат/поништат таа слобода. Вториот чекор претставува,остварување/извојување на политичка слобода за останатите народи од овој полуостров. Остварувањето на овој чекор е возможен,бидејќи ставот на повеќемина од населението на овдешните народи према страните вмешувања се со крајно негативни размислувања,огорчени бидејќи се и онака доволно долго измачувани и прелажувани од империјални политики. Македонската надворешна политика е однапред определена со интерес кон овој чекор,кон помагањето на соседните народи да си ја извојуваат својата политичка слобода,бидејќи само со политички слободни народи,возможно е да се оствари третиот чекор кој претставува краен. И третиот чекор претставува,обединување на ставот на народите од овој полуостров.Откако ке ја извојуваат политичката слобода, Македонскиот народ и останатите соседни народи,невозможно е истите да ја одржуваат доколку не претставуваат воено-економски обединети. И Македонскиот народ и останатите балканските народи,се малубројни народи во споредба со оние нации,кои вршат или се обидуваат да вршат влијание на овие простори.Затоа обединувањето претставува трајно решение со цел остварување на поголеми шанси,при битката во евентуалната загрозеност од помоќната страна. Ова е воедно и интерес на сите овдешни народи кои ја посакуваат политичката слобода,не само на македонскиот.

Page 320: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

319

31

9

Создавање на балканска/старопланинска воено-економска заедница Идејата влече корени од XIX век,и во тој период се појавуваат многу интелектуалци и мислители кои се свесни,дека ова е единственото решение за мир и просперитет на овој полуостров. Од постарите е Ригас Фериос родум од Велестино во Тесалија,борец и идеолог кој замислувал обединување на балканските народи,заедно со ресоздавање на некогашната ромејска националност. Во овие периоди ваквото размислување е подржувано и од мислителите од Хрватска,Србија и од Бугарија.Дури и Карл Маркс,како решение за ткн Источно прашање,гледал во обединување на народите од овој полуостров.Оваа идеја претставувала и една од целите и на ТМОРО,подоцна и на ВМОРО. На првата Балканска социјалдемократска конференција,заклучено е дека е потребно остварување на: “Единствено собирање на стопанските сили во една целина,тргнување на вештачки поставените граници,овозможување на полно заедништво за живот и одбрана од заедничките опасности”. Балканските комунисти подоцна ја формирале Балканската комунистичка федерација(БКФ),на која во 1920 година ке се најде на чело со Георги Димитров. Српскиот мислител и пратеник во времето на Првата балканска војна,Драгиша Лапчевиќ во собранието(скупштина)на Србија ке истакне: “Делејќи го Балканот на поедини мали земји,вие ке создадете извори за нови несогласувања помеѓу балканските народи и балканските држави”. Социјалдемократот Димитрије Туцовиќ од Србија,во текот на Балканските војни ке истакне: “Неприродни претпоставки не доведуваат нас во неприродна положба. Секоја балканска државичка посакува се она што би можела само во заедница да го добие....ги сакаат сите пристаништа,сите доволно територија,сите Солун,сите Вардарската долина,затоа што сето тоа е толку важно,а не гледаат дека сите тоа можат да го имаат само во заедница.” Сета историографија по ова прашање,укажува дека условите и размислувањата не се многу променети од изминатите неколку века,но укажува и на тоа дека таквата замисла претставува стара замисла,а не некое ново радикално решение. Но остварувањето на балканската заедница меѓу веќе раскараните меѓусебно балкански народи,возможно е единствено доколку постои политички центар кој ке ги движи работите во таа насока. Тоа единствено и преостанува на Македонија,и таквиот политички центар,ке претстаува еден вид империум,различен од мотивот на вообичаените империуми кои постојат денес.

Page 321: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Принуден македонски империум/македонска хегемонија Доколку македонското општество го оствари полното право на самоопределување,тогаш истото е определено да оствари политичка слобода и кај соседните народи,се со цел достигнување на определената точка за создавање на балканска/старопланинска заедница.Остварувањето на политичката слобода иаку претставува свој личен проблем кај соседните народи,помагањето/потикнувањето од страна,иаку позитивно сепак ке преставува еден вид вмешување во внатрешните работи на тие народи.Империумите,најчесто се потикнати од материјални побуди кај водечките структури,кои се во можност да го остварат.Затоа империумите претставуваат создавање на голема политичка моќ,заради остварување на економско-експлоататорски цели. Но принуден империум претставува создавање на голема политичка сила,без економско-експлоататорски и материјално-профитен мотив,туку стрикно за заштита на сопствената политичка и економска слобода. Или како што Ленин правилно заклучил,дека народ кој угнетува друг народ неможе да биде слободен. Доколку биде остранет римскиот модел на окупација,Македонија природно ке врши одредено влијание врз соседните држави. Но тоа влијание нема да биде доволно,и ке бара одредена воено-политичка моќ.Од кај народите и нивните моментални интереси,сите имаат одреден интерес кон ослободување од јаремот на страните империуми. Но одредени земји и нации,таквата положба не би им одговарала ,бидејќи се силно уверени во ветување/залажувањето за мегаломанските ширења на сопствените етнички простори,ветување кое постојано им се упатуваат од влијателните сили.Поточно станува збор за Призренскиот идеал на Албанците,кој најчесто е користен за продирот на влијанието на секој нов империум што посакал да влезе на овие простори,по распадот на Османлиите.И станува збор за грчката држава,која е изградена од неприроден интерес со неприроден национален мит,и врз туѓи културолошки и природни богатства.За да се спречат тие “тројански коњови” кои се пречка за позитивните интереси на тукашниве народи,многу веројатно ке биде предизвикано војна или вооружен судир.Особено за неутрализација на грчката држава,потребно е контрола на точките околу Волос,Халкис,и Истмијанскиот канал. Според Ленин,постојат два типа на војни/судири ѝ тоа праведни и неправедни,од кои под праведните се подразбира водена од онаа држава или народ,заради одбрана од агресија и во цел за националното ослободување.Македонската хегемонија,која ке постои во обединетата заедница,ке претставува исклучиво влијание и водство врз воениот дел. Односно во современи услови хегемонот ке претставува предводник на воениот сојуз,кој ке биде составен од војските на народите од овој полуостров.Принудниот империум,кој претставува обврска,ке значи одредно влијание во соседните држави,односно процентуално влијание од сите влијанија кои ке постојат во таа одредена соседна држава.

Page 322: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

321

32

1

Создавање на балканскиот лесе фер/слободен пазар Освен што обединување на ставот на народите од овој полуостров,неминовно ке придонесе кон политичката слобода и полесна заштита кон истата,тој став кој ке прерасне во сојуз меѓу народите и нациите,може да создаде огромни економски добивки за сите. Народите од овој полуостров,најголемо значење или “карта” во меѓународните односи им претставува локацијата,која претставува важна за патното поврзување на Европа со Азија и Африка. Доколку и тоа не го користат на правилен начин сите народи од овој полуостров,во меѓународните односи ке бидеме рамни и третирани како со лоши примери кои ги имаат народите од Афричкиот континент. Околу формирањето на слободниот пазар,постои едно правило,кое по се изгледа секогаш важи,и секогаш треба да му се дава на значај. “Кога двете договорни страни се економски нееднакво развиени,прифаќањето на овие начела(слободен пазар)не значи ништо друго туку давање формалноправна можност,економскиот појак партнер/страна преку надворешна трговија да го експлоатира економскиот послаб партнер/страна.” Македонскиот народ и останатите тукашни народи,се на слично економско ниво,па според тоа воспоставувањето на слободен пазар меѓу балканските народи нема да значи никаква можност за меѓусебно експлоатирање,туку добра можност за искористување на начелата кои ги нуди слободниот пазар. Но многу побитно од создавање единствениот балкански пазар за народите од полуостровот,ке значи заштита од економските појаки страни,и максимално искористување на стратешката позиција која ја има полуосторовот во меѓународните односи. Во покусо образложение,создавање пазар отворен и слободен за балканските народи и затворен за страните помоќноекономски народи,нации и сојузи,во прв план земјите од Европската унија и Евроазиска унија. Дополнително природно може да се искористат длабоките културно-историските врски со подалечните земји,од онаа наследство оставено уште од Александар Трети/Искендер кое е почитувано речиси кај сите земји од кај нас до Индија и Египет,и од онаа наследство оставено од времето на сесловенските просветители,кое е почитувано кај сите земји со словенска култура(средна и источна Европа). Со продлабочувањето на тие врски,полесно може да се обезбеди пласманот кај тие пазари,кои се со огромно население и голем број на возможни потрошувачи.

Page 323: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Приказ на геополитичката карта на полуостровот

Приказ на потребното македонско влијание во соседните земји

Page 324: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

323

32

3

Битката за светскиот поредок помеѓу Г-7 и БРИКС Од она што може да се забележи во современите меѓународни односи, меѓународното право кое е со легитимитет од Обединетите нации, е ставено под суспензија од оние земји кои имаат сконцентрирано огромна воено-економска моќ.Во овој хаос кој е настанат во меѓународните односи,единствено што важи е силата,и доколку ја имате вие ке можете да остварите одреден интерес,без разлика дали ви припаѓа со право или не. Земјите од Г-7,во кој како нивен предводник е САД,ја застапуваат идејата за уницетризам во меѓународните односи,односно свет каде што ке има еден глобален политички центар,кој ке одредува што и како е потребно за да се уредат меѓународните односи,шема која ке претставува нов уницентричен и глобален светски поредок.Овој поредок стапи во сила,и го почувствуваа повеќето земји во светот,од моментот кога Буш-постариот објави во својот говор за novus ordo mundi(нов светски поредок) по падот на Берлинскиот ѕид,и траеше до говорот на Путин во Минхенската безбедносна конференција во 2007та година.Од тој говор во Минхен па до денес,согледуваме се почести политички судири. Со уницентричниот поредок,и ние како земја почувствувавме,дека САД денес на “третиот свет”(западен назив за земји во развој) гледа како некогаш Рим на “варварскиот”.Односно на тој “трет свет” според САД,им недостасува “демократија”,исто како што на “варварите” според Рим им недостасувало “цивилизација”.Предводникот денес,застапува и на светот му се заканува со посериозен и позадлабочен уницентричен свет. Но оној што на човештвото му се заканува со глобална контрола,тогаш нему од човештвото му се заканува глобална побуна. Предводниците на земјите од БРИКС,Русија и Кина,знаат кон што може да води заканата од глобална контрола,и тоа максимално го искористуваат,придобивајќи ги симпатиите од луѓето,дури и кај населението од Западниот свет.Тоа е така затоа што политиките на тие земји,нудат поеднаков систем на полицентризам во меѓународните односи. Полицентризам претставува старонова идеја,и за првпат е употребена од Палмиро Тољати,во списанието “Нуови Аргументи” 1956та година,во врска за дискусијата по XX конгрес на КПСС,за прашањата поврзани околу односите и единиците на меѓународните комунистички движења. Во своето интервју Палмиро Тољати изјавил дека: “Полицентричен систем кој одговора на новата ситуација и променетата структурата на светот и структурата на работничките движења”. Во тој контекст,беше и изјавата на Владимир Путин во 2007та во Минхен,со мало видоизменување на причините кои довеле до структрурните промени и кон кого се однесува потребата од воспоставување на полицентричниот систем(наместо за односите во комитерната,денес да се употреби во односите на земјите).

Page 325: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Во таа битка измеѓу застапниците на уницентризам и застапниците на полицентризам,најмногу страдаат земјите од Европскиот континент,особено по прашањето за безбедноста по политички но и на реален теренски план. Водачите од земјите на ЕУ,покажаа невидено слаб капацитет за да ги разберат проблемите со кои се соочуваат,и во целост денес се ставаат под вазален однос на САД.Таквото ставање под тие вазални односи кои веќе јавно ги прикажуваат,далеку од тоа дека претставува решение на проблемите со кои се соочуваат земјите од ЕУ,туку напротив,таквиот однос ке им ги продлабочува проблемите и постојано ке се создаваат нови,бидејќи упадлив е интересот на САД за создавање на посериозна, поширока криза и конфликт на подрачјето на Европа,се со цел да се создаде повод за принуда и потреба од посериозно американско вмешување. Тие вазални односи,ке водат и кон внатрешнополитичка нестабилност,буни и немири,особено меѓу земјите кои се чувствуваат доволно силни да станат регионална сила,земји како Франција и Германија.Или како што истакнувал германскиот политичар Ласал во XIX век,дека револуцијата претставува судир на идеализам и сурова реалност,која на крај завршува со компромис или доведува до пропаст. Веќе и постојат крајнодесничарски партии,кои имаат висока доверба кај граѓаните на тие земји,во кој нивното посериозно стапување на политичката сцена,неминовно ке значи ослабнување на вазалните односи према САД. Тоа може да доведе или до распад на Европската унија,или до преобразување/редефинирање на земјите-членки на ЕУ,и зајакнување согласно земјите кои имаат интерес од неа. Интересите на француската надворешна политика,содејствуваат повеќе со германската,отколку со британската.Интересите на британската надворешна политика содејствува најмногу со САД,а многу помалку со политиките на Германија. Таквата поставеност многу веројатно ке доведе до посилен формален сојуз измеѓу САД и Велика Британија,и посилен формален сојуз измеѓу Германија и Франција. Италија најверојатно ке остане заедно со Германија и Франција под ЕУ,но интересот наведува дека ке формира послаб формален сојуз со јужните држави,како што се Шпанија и Португалија,особено ке ги продлабочува односите со шпанската држава,затоа што и на нив како и на италијанската држава,им се заканува отцепување на одредени региони(Каталонија,Баскија,Венеција и сл),но истотака и двете земји имаат невиден голем јавен долг. Полска претставува земја која или многу ке добие во иднината од надворешнополитичките односи,или многу ке изгуби.Полска и Пољаците претставуваат за Западот единствените “добри Словени”(Ф.Енгелс) ,најмногу затоа што се во непријателство со Русите и Русија. Полска со Вишеградската група,Италија со својата и Германија и Франција заедно,ке претставуваат главни држави во ЕУ.Но сепак иднината на овој континент е во многу несигурна и неизвесна состојба,и возможно сосем трети работи да се воспостават во реалноста.

Page 326: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

325

32

5

Приказ на геополитичките правила во светот според Х.Макиндер

Приказ на сегашна геополитичка поставеност во светот

Page 327: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Интересот на Македонија од меѓународните рамки Во оваа арена во која жестоко се судираат суперсилите,оние држави кои имаат помала воена и економска моќ вклучувајќи ја денес и Македонија,имаат интерес да се изрази потребата од меѓународна заштита и ограничување на оружја,кои се високотехнолошки и способни за масовно уништување. Таква меѓународна гаранција,ке претставува безбедност од тие оружја за земјите кои ги немаат во посед,и немаат некој посебен интерес да ги развиваат. За Македонија која ке претставува земјоделски насочена економија,потребно е особена заштита и ограничување од Метеократијата,односно од вештачката манипулација на временските прилики,кои се почесто се јавуваат како нова реалност. Доколку нема заштита од тоа оружје,тогаш при употребата многу лесно би можело да и се наштети на земјоделието,преку предизвикување големи поројни дождови,поплави,суши и сл. По виетнамското искуство,во војната,при кое САД има употребено оружје со слични намени и цели,е покрената конвенција за модификација на средината,во кој се забрануваат ваквите дејствија,во Женева, 18 мај 1977 година,конвенција во која Република Македонија не е потписник. Постои понова рамка која го ограничува тоа дејствие,односно конвенцијата за биолошки диверзитет потпишана на 5 јуни 1992 година,од која единствено САД ја нема ратификувано. Од особено значење за земјите со помала воено-економска моќ,претставува ткн Мартенсова клаузула,која се однесува на обичаите на војувањето,како и Женевскиот протокол од 1925 година,која по искуството од “Првата” светска војна,се забранува употребата на разни гасови и други невообичаени типови на оружја. Тука подоцна се надополнува конвенцијата за забрана на развивање,производство или поседување бактериолошки,биолошки и токсични оружја и пристапување кон нивното уништување. Ова е донесено на 16 декември 1974 година на XXII заседание. Иаку постојат правни рамките кои ги ограничуваат таквите дејствија на суперсилите,сепак во реалноста многу малку од нив се применуваат на терен. Затоа интересот кој е позитивен за севкупното население во светот се состои во тоа,тие меѓународни правни рамки и покрај тоа што е суспендирано меѓународното право и е настапен законот на сила,сепак со организиран притисок од повеќемина држави,возможно е да воспостави дел од меѓународното право и да се јави во реалноста,ако ништо друго барем кај овие рамки,кои ке гарантираат помали хуманитарни и биолошки катастрофи.

Page 328: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

327

32

7

“Крај ридини извори,крај извори тополи, високите ѕидини затворени еј! Девет земји големи,зад високи планини, девет реки-поплави испречени еј! Девет кули ѕидани девет враќе железни, никој немоит д’отворит да прерипа еј! Зад високи ѕидини девет темни одаи, едно срце в тељои заплетено еј! Има ли јунак да преоди девет царства велики, девет рала опинци да искине еј! Да прерипа ѕидини да извика јуначки, девет враќе железни отворте се еј!” Анастасија,Девет враќе железни

Page 329: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ФАЗИ ЗА ПРЕОБРАЗБА НА ОПШТЕСТВОТО Првичниот влез на теоријата во политиката Во современите македонски услови,постојат три можности во кој василеизмот би можел да стапи на политичката сцена,односно да премине од теорија во пракса. Првите две можности,претставуваат повеќе насилни,па според тоа тие претставуваат и помалку сигурни и помалку посакувани можности,со недоволен легитимитет од народот. Едната претставува кревање на вооружена револуција во македонското општество. Но таквиот начин на делување и обид да се воспостави василеизмот во општеството,претставува многу штетен и ризичен,бидејќи може да предизвика “зла крв” меѓу самиот Македонски народ,а тоа не е цел и посакувана желба. Дополнително освен што тој чекор претставува можност и за братоубиствена војна меѓу нас самите,со таквото доаѓање на реалната политичка сцена и да е успешно изведено,возможно е во иднината под покровителство на разни империјални сили,на исто тло да се предизвика и контрареволуција,со што Македонија само безцелно ке пропаѓа на секаков план,дури под прашање може да се стави и постоењето на скапо спечалената македонска држава. Другата претставува организирање на протести. Овој начин е најмалку посакуван,бидејќи денешните протести кои собираат маси на луѓе,не се практични и не менуваат ништо реално во политиката,освен доколку не се вмешаат страните влијанија,што ке претставува спротивно од принципите на теоријава,дополнително масата на луѓето кои ке ги сочинуваат протестите,тешко се контролираат и многу лесно можат да се изманипулираат,и кај истите да се предизвика реакција која ке води во непосакувани правци. Иаку овој начин денес упорно се наведува како најдемократски начин на искажување на народното мислење,сепак тие масовно можат да се појават само доколку позади нив стои некаква невладина организација, со сомнителни приходи од разни политички или страноимперијални субјекти. Многу е важно да се напомене и тоа како размислува современиот човекот.Денес свеста кај луѓето е длабокото изменета во правец да верува дека без насилство нема прогрес,односно живееме во доба на насилно однесување и верување. Тоа уште повеќе укажува дека горенаведените две можности претставуваат опасна игра,во која теоријата може да ја изгуби својата суштина многу лесно во пракса. Најпосакувана,најстабилна и можност која ке даде најголем легитимитет од народот,претставуваат изборите на демократски начин.

Page 330: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

329

32

9

Но оваа теорија не смее да биде застапувана од партија,затоа што суштината не и е да донесе некоја партија на власт и нејзин бенефит,туку да ги промени забележаните болести во современото општество.Освен тоа,најмалку посакувано е првиот Василевс да биде со претходна партиска позадина,со што идеите за сеопшта преобразба ке бидат загрозени и под сомнение дека се работи за нечија политичка корист. Затоа теоријата мора да биде застапувана во политиката од движење. Тоа движење треба да претставува сенародно,затоа што ке застапува идеи за општествена преобразба која ке послужи за добро на сите. Функцијата на сенародното василеистичко движење,ке биде претставување и доближување на теоријата до народот. Колку повеќе ке биде запознаен народот што навистина таа нуди,толку повеќе приврзаници ке добива. На собраниските избори,движењето е потребно да освои апсолутно мнозинство од сегашните 123 пратеника.Односно бројка од 62 пратеника.Се додека не се освои тој број на гласови,сенародното движење нема да има достоен легитимитет да може да почне,да ја спроведува теоријата во општествена пракса.Доколку движењето освои солиден број на пратеника,но сепак помал број од тие 62ца,никако не смее да си дозволи создавање сојузи/коалици со други политички партии,ниту да формира влада,затоа што повторно теоријата може да се стави во служба на политичка манипулација,но и да стане големо разочарување кај народот.Исто така нема да има потреба од учество на движењето,во изборите за градоначалници на општините. Кога ке освои сенародното движење апсолутно мнозинство во Собранието,тогаш официјално и легитимно ке стапи на сила применувањето на теоријата во општеството. Односно ке настапи периодот на меѓувластие/interregnum,период кој од власт со неолибералното уредување,општеството преминува во власт со василеистичко уредување. Оваа последна можност е најпосакувана,затоа што преку истиот начин помалку ке може фазите кои ке се спроведуваат кон василеистичката преобразба на општеството,да бидат критикувани како нелегитимни ,воспоставување на перманентна диктатура,воспоставување на неслободоумно општество и слични други игри на зборови,кои најчесто се злоупотребуваат од империјалните сили,со цел да пронајдат оправдување,со кое подоцна би имале слободни раце за вмешување во страните внатрешни работи и вмешување во стран државен суверенитет. Но многу поважно што ке произлезе јасно од оваа можност,претставува тоа што преку изборите,народот кој ке овозможи апсолутно мнозинство, јасно ке застане со јасна подршка во корист на преобразбрата,која ке ја отстрани невклопливоста на македонската политичка традиција,со моменталнта политичка култура која е наметната од туѓото влијание.

Page 331: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Меѓувластие/Interregnum Прва половин декада(5 години)-фаза А Откако и официјално ке биде објавен периодот на меѓувластие ,Собранието ке биде распуштено,додека оној кој ке претставува Василевс,ке состави вонредна влада со вонредни поверенства се со цел воспоставување на контрола и ред во најнеопходните сектори,кои и овозможуваат на државата и општеството непречено да функционираат. Овој период ке има најголемо општествено обележје со авторитарноста,односно ке постои еден вид на авторитаризам кој ке се заснова врз личната харизма и разумна совест,на најмоќниот поединец во извршната власт. Авторитаризмот е термин кој потекнува од Франција,од вулгарниот латински autoritarisme,и опишува појава во општествените односи каде што одредена политичка фигура,има моќ да влијае врз останатите власти и делови од општеството.Денес оваа појава најчесто се забележува во земјите,каде што таквото вмешување во работите на одредени политички фигури,претставуваат уставно и законски непредвидени или забранети,па со тоа тие се нелегитимни и противзаконити. Во фазата А нема да постои такво законско попречување,затоа што во овој период од 5 години,ке се воспоставуваат и преобразуваат општествено-политичките формални норми,додека постоечките ке бидат ставени во мирување односно под “суспензија”,додека не се преобразат или целосно укинат,зависно од нивната вклопливост со нормите на новото општество.Таквото неформално право на апсолутна моќ на Василевсот кој ке биде овозможено во првата фаза,е со цел полесно и побргу да се спроведат реформите,кои во овој период всушност ке бидат поставени “темелите” на идното општество. Првин што ке има на ум да одлучи првиот Василевс,ке биде кој тип на устав ке биде поприкладен за употреба.Најверојатно условите,но и здравата логика ке наметнат примена на неформален устав,со диаграми. Во најбрз можен период ке претставува потреба,да се состави диаграмата со која ке и се одреди “духот на државата”(преамбула),а потоа диаграмите кои ке се однесуваат за правата на човекот и граѓаните. Првичната формална поделба на власт,нема да може да биде вметната заедно со заштитната власт,бидејќи Агема допрва треба да се создава. Но по официјализирањето на новата поделба на власт,потребно е што побргу да се организираат избори,со кој ке се изберат првите архонти,народни претставници и кефалони,се со цел да се овозможи создавање на првото Собрание по новите општествено-политички норми.Откако во почетните периоди на фазата А,се преобразат формално основните општествено-политички норми,тогаш најголемо внимание треба да се посвети кон реформата во образованието,кое ке претставува многу битно и клучно за идните фази,но и воспоставување на здрави предвидени темели за Агема. Овој период треба да трае најмногу пет години.

Page 332: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

331

33

1

Наредна декада и пол до две(15-20 години)-фаза Б Откако формално-правно ке се воспостави системот,и ке се создаде Собранието преку изборите на начин на кој што е предвидено,тогаш законодавната власт ке зајакнува,на сметка на згаснување на авторитаризмот на Василевсот. Во периодот на фазата Б,како општествено обележје најмногу ке се истакнуваат односите,кои ке даваат особина на Тимократијата. Според платоновото појаснување,тимократија претставува општество каде што честа има најголем удел во односите,односно честа претставува владеечко правило/принцип. Аристотеловото појаснување за тимократија е малку поразлично,и тој ја претставува како општество во кое честа е расподелена согласно сопственичките права и имотот. Во суштина,и двете мислења и појаснувања,во втората фаза ке бидат застапени. Односно во овој период македонската плутократија,заедно со македонските општи интереси,посилно ке тежнеат кон единството. Освен спојот на интересите со плутократијата,луѓето кои ке ја имаат честа да учествуваат во преобразувањето,ке се избираат согласно нивната способност. Особено ке биде изразен таквиот избор на почетокот,бидејќи многу ке претставува за потреба,пожртвуваноста и вредноста за да се оствари реален успех во дадените македонски услови,кои имаа високи современи политички и економски пречки за тоа. Во овој период вниманието исто така,ке биде насочено кон економската преобразба на општеството. Тоа во прв план би значело спроведување на дело,реформите кои се однесуваат во земјоделието/аграрната реформа,и реформите во стопанството со мерки кои ке содејствуваат со спојот на општите интереси со новопечените богаташи,со крајна цел исполнување на василеистичките начела кои се однесуваат за економијата. Во првичните години од втората фаза,преобразувањето на полицијата и војската би требало да претставува во најголем дел како завршена работа,како и воведувањето на служба на полицискиот и воениот рок, би требало да биде веќе вклопено во општеството,кое би се одвивало како процес парарелно со реформите во образованието. Тимократијата ке настане природно од самите македонски услови,заради помирувањето на обичајот на однесувањето на новосоздадената богата класа према системот,како и заради вложување на капиталот во домашната економија од истите личности,сето тоа најповеќе заради креирање услови на понатамошен развој на економијата и на социјалната правда. Периодот на фазата Б,ке претставува најдолготраен период од меѓувластието,со траење од можни две декади,односно дваесет години,бидејќи во овој период освен што ке се преобразува економијата,индиректно ке се преобразува и процентуалната поставеност на сталежите согласно нивната материјално-базната состојба.

Page 333: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Крајните неколку години(1-5 години)-фаза В Платон правилно заклучил дека тимократијата и тимократичните односи во едно општество,доколку е оставено без некое одредено вмешување или план од страна на креаторите и оние луѓе кои имаат влијание во општеството,тогаш многу лесно тимократијата може да премине во олигархија,или ако сакате на неа и е предодредено со текот на времето самите односи да преминат во олигархиски односи. Целта на фазите не е општеството да западне во уредување со олигархиски обележја,уредување на кое и е предодредено да премине во демократија,односно кон што е поголемо безредие кое на крај ке резултира со тиранија и пропаст на општеството. Во нашиот пример образованието ке биде алката,која ке го спречи тој премин во уредување со лоши обележја,и ке создаде услови за премин кон василеизмот.Крајниот период ке претставува состојба на целосна преобразба на економијата,но и во овој период ке настапи првата генерација која ги поминала догмите на новото образовно уредување,и постепено тие ке ги донесуваат промените во општествените односи кон прав пат.Односно ке претставува оној временски дел од општеството,во кој класните разлики кај повеќето нема да се препознаваат,со општествена клима во кој прогресот ке биде изразен,заедно со новообразованата генерација која ке ја разбира суштината на предизвикот на јавен но и на приватен план,додека истата генерација на новите личности согласно своето знаење,етика и предодреденост,ке ги завземаат функциите кои им се најприкладни,и претходно најподготвувани,момент кој ке претставува превземање на “кормилото” од страна на најдобрите/најправилните (аристои).Така освен што директно во претходните фази,ке биде започнато преобразувањето на општествено-политички норми заедно со економијата,преку преобразба на образованието и воспоставување на новите догми,како резултат од тоа во оваа фаза индиректно ке се изврши преобразба на македонската плутократија во аристократија. Крајот на фазата В ке ја означи Агема,во оној момент кога таа ке соопшти и ке се појави,како достоинствена да ја претставува заштитната власт.Откако тоа ке се случи,тогаш и официјално тие ке предложат преку Собранието,да бидат сторени промените во поделбата на власт,каде што во новата поделба,ке се вметне и заштитната власт како законита и легитимна,со цел да може непречено и правилно да ги работи оние работи за која таа е предвидена.Со вметнувањето на заштитната власт,општеството во тој момент ке претставува целосно преобразено,и крајната фаза ке претставува онаа која ке го затвори периодот на меѓувластието,но фазата исто така ке претставува и еден вид “мост” за влез во власт со василеистичко уредување. Мајкл Јанг,творецот на “меритократија”(од meritum која означува вредност),дава формула со кој се опишуваат позитивните општествени односи и гласи:количник на интелигенција + вложен напор = вредност. Оваа формула е недоволна,и несомнено таа води кон технократија. Формулата која ке важи во василеистичките односи гласи: количник интелигенција + количник разум/морал + вложен напор = вредност .

Page 334: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

333

33

3

Ризици во периодот на меѓувластие Појава на василеисти и псевдовасилеисти Доколку василеистичката теорија заедно со нејзините принципи,навистина станат популарни кај населението,речиси со сигурност населението на почетокот ке се подели на неколку типови на следбеници,1) и тоа на луѓе кои нема да им биде сосем јасно какви работи ке произлегуваат од теоријата и принципите,туку понесени од популарноста ке се означуваат како подржувачи и следбеници. Оваа група ке претставува најбројна,и обично најмногу групата ке биде содржана од истите луѓе кои порано беа декларирани како подржувачи на комунизмот или на неолиберализмот,односно капитализмот. Помал дел од оваа група,особено новите генерации кои претходно се немаат означувано за ниедна теорија,ке претставуваат лојални во самодекларирањето кон овие принципи во однос на другите принципи,а поголем дел од оваа население или тип на група ке бидат верни од “практични причини”,особено средната старосна група која се грижи за други старосни групи на лица. 2)Најредок тип на население ке биде она,кое навистина ја разбира суштината на василеистичката теорија и принципи. Овој тип на луѓе ке бидат оние,кои претходно биле во контакт со разни старосни групи на лица,и се соочувале со проблеми кои ги нудат сите тие групи со кој истите се соочуваат. Истите претходно имаат солидна општа култура и предзнаење,како и истите пристапувале во однос човек со човек и човек со проблеми со искрени намери. Самото искуство,кое го “кали” и потикнува човека да има поправилен пристап кон работите,ке го намали овој тип на население,речиси да е невозможен во голем број,од новите генерации односно младите старосни групи,и лица “свежо” преминати во средната старосна група,но секогаш постои шанса за исклучок. Оваа група на население,ке биде во помал процент и тешко ке е застапена во “добрите времиња”,а повеќе процентуално ке е застапена во “лошите времиња”. Навистина ке преставува тешкотија,да се препознаат оние кои вистински ја разбрале и почувствувале суштината,од оние кои само ја научиле или принаучиле “напамет” суштината на василеистичката теорија и нејзините принципи. Разбирливо е дека поголем дел од севкупното население,има работи на ум кои не се поврзани со теоријата,и не се однесуваат кон посериозен удел во општеството,па со тоа тие и немаат некој посебен интерес кон детално запознавање со суштината. Но оние луѓе кои имаат намера да учествуваат во работите поврзани со теоријата,особено оние кои ке имаат влијание и удел во општествените работи,тие луѓе најмногу ке треба да претставуваат василести,без простор за никаков псевдовасилеизам или псевдоинтелектуализам.

Page 335: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Злоупотреба во фазите на меѓувластие Доколку псевдовасилеизмот биде застапен кај човекот кој ке биде највлијателно вмешан во периодот на меѓувластие,односно личноста кој ке претставува првиот Василевс,тогаш тоа несомнено ке дојде до злоупотреба на власта и општествената моќ. Таа злоупотреба од поединецот кој најмногу ке има собрано општествена моќ во свои раце,ке доведе до појава во односите кои ке бидат карактеристични за тиранија,додека самиот поединец ке стане тиранин. За да не се случи оваа појава во општествените односи,многу е потребно првата личност кој ке ја претставува оваа титула,да претставува личност која задоволително прогресирала предходно и на интелектуален,но и на морален план.Затоа што ке се соочува со големи проблеми и искушенија,тој треба да претставува од истиот “ков”,какви што ке бидат луѓето од Агема.Тоа ке претставува единствена,но и најдобра гаранција за заштита од премини во лошите појави. Но псевдовасилеизмот,може да надвладее и кај луѓето што ке го опружуваат првиот Василевс.Па така лошиот избор на луѓе кои ке бидат најтесно вклучени во спроведувањето на фазите,може да доведе до односи кои ке бидат карактеристични за деспотија. Според Аристотел,деспотија претставува владетел со моќ врз робови,или оние односи кои ги имаат владетелите и робовите. Иаку не би можело да се појави во најчиста форма оваа појава,сепак оние луѓе кои ке станат влијателни и обезбедени со моќ,благодарение од општеството кое ке им го пружа сето тоа,можно е да се појават како деспоти,во кој другите луѓе и граѓани ке ги гледаат како безлични бројки,односно ке воспоставуваат со нив деспотски односи. Затоа најтесниот круг на соработници на првиот Василевс,исто така треба да претставуваат луѓе кои претходно добро прогресирале. Псевдовасилеизмот под големо влијание на псевдоинтелектуализмот,кај било кого од оние луѓе кои ке бидат најмногу влијателни во фазите на меѓувластието,може да доведе до појава во општеството која би била со особини на тоталитаризам.Тоталитаризмот најчесто се опишува како појава,каде што општеството се вмешува во животот на граѓаните до најситен детал,притоа одредувајќи им установите да одлучуваат како би требало тие детали да изгледаат кај граѓаните.Приватноста и слободоумноста кај луѓето,претставува работа која никогаш не би требало да се одлучува од страна на државните установи,и таквите вмешувања кои водат кон целосно едноумие се штетни и неправилни. Ниедна од овие појави нема да содејствуваат со василеистичките правила,па затоа секој премин кон овие општествени состојби во моментот кога Агема,како заштитничко-советодавно тело не е досоздадено до степен да може да ја врши својата улога,единствено ке им преостане на граѓаните и народот,преку стекнување на правото да ги отфрли како важечки претставници лицата кои ке ги застапуваат тие односи,и преку правото на бунт да ги отстрани од политичката сцена.

Page 336: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

335

33

5

Одлагање или неуспех во реформирањето Реформите кои ке се спроведуваат,ке даваат чекори за премин во наредните фази.Но за успешно и навремено спроведување на реформите,дури и да имаме чиста политичка состојба,сепак тие ке бараат внимание за да тие бидат прецизни и со посакуваниот резултат. Во наши македонски услови,можно е да настане одолговлекување на дел од реформите,и тоа најмногу заради политичката состојба. Наследството на политичките односи кои ке ги стекне првиот Василевс во Македонија,можно е да предизвикаат застој во одредени работи и идеи на василеистичките правила. Државата Македонија има долг кој изнесува речиси половина од својот БДП(според проценките на ММФ до 2019та,долгот ке изнесува над 50 %),има слаба економска активност од домашните претпријатија и има политички систем на “привилегирани луѓе” кои се дел од 25 процентната малцинска припадност,во кој не сите од нив ги добиваат привилегиите најчесто во администрацијата,туку само оние кои се поврзани со нивната партија која победува на избори. Македонскиот народ пак,на врат имаат два неуспешни проекта кои имаа за цел да креираат нации на Балканот,нации кои во својот мит имаат присвоено делови од македонската историја.Луѓето кои се од овие неуспешни нации,денес се уште “покрвожедни” затоа што немаат успеено целосно во својата етно-просторна замисла. Освен овие две нации потикнати од страна да се создадат такви какви што се денес,во најновиот период имаме реален конфликт со една нација која дури денес се формира и има за цел што е можно повеќе да се шири и да асимилира,во кој како најлесна жртва се наоѓаат Македонците со исламска вероисповед. Во делот со вероисповеста,македонската црква има проблеми со непризнавање од соседната,со што и таму се остава простор за идна асимилација. Но и кога состојбата ке биде доведена до почист момент во политиката ,сепак неизвесно е дали реформите кои ке бидат спроведени ке го дадат посакуваниот резултат,затоа што некои реформи ке бараат многу работа ,желба и внимание,со најмногу зависност од оние кои ги спроведуваат реформите на терен,односно зависност од тоа како тие луѓе ги спроведуваат во практиката. Според тоа,најпредпазливи во иднината треба да бидат оние кои ке учестуваат во образовниот процес или оние кои ке ги обликуваат новите генерации,особено во делот предвиден за децата од плутократијата,но и оние кои ке ја создаваат Агема,затоа што неуспех кај нив,во иднина ке носи неуспеси и постојано одлагање во вид на пеперутка-ефект. Со лоша реформа во образованието,општествените односи нема да можат да преминат во крајната фаза на василеизмот,односно во аристократија. Со несоодветно создадена Агема која ке биде единствен претставник на заштитната власт,исто така општеството нема да може да функционира како што е замислено,и без Агема системот би бил под ризик да западне во лоши општествени односи,кои на крајот ке резултираат со крах.

Page 337: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Ризици по периодот на меѓувластие Агема ке претставува главно обележје на системот Членовите кои ке бидат претставници на заштитната власт,односно оние од општество во општеството,ке претставуваат она што би можело најмногу да го разликува василеизмот од другите теории и системски пракси.Задача на членовите ке биде заштита на системот,од премин кон лоши општествени состојби и односи.Односно откако ке бидат здраво и достојно создадени во текот на изминувањето на фазите од меѓувластието,тие од тој момент ке имаат формално-правна можност за вмешување во јавните работи.Нивната улога при евентуално вмешување,ке претставува спроведување на фазата А од фазите на меѓувластието,со кој би се повратил системот кон правиот пат. Односно онаа улога која би ја имал претходно првиот Василевс,кој со неговиот авторитет и лична харизма го започнал процесот на спроведување на теоријата во пракса,преку авторитарни односи. По успешно изминување на фазите од меѓувластието,најголема злоупотреба може да ја спроведе оној кој најмногу ке има влијание и одговорност во општествените односи,а тоа во василеизмот ке претставува најмоќниот поединец од извршната власт,поточно Василевсот.Затоа вмешувањето на Агема во јавните работи,најчесто ке претставува спречување на извршната власт да се однесува несовесно и неодговорно.Тоа би значело отргнување на тие личности кои претходно успеале да ги придобијат тие важни општествени улоги,и покажале видливи знаци и дела на псевдовасилеизам и псевдоинтелектуализам. Но за таквото вмешување и активирање на заштитната власт,ке треба сериозни причини и сериозни лоши состојби да се појават на виделина,кои предизвикуваат лоши општествени односи или кои би предизвикале во иднина со моменталните одлуки на извршната власт,притоа јасно да е видливо дека тоа се посакува од страна на предизвикувачот,или дека тоа се сторува од слабиот капацитет на тие личности.Со тоа активирањето на заштитна власт ке претставува ретка појава,а тоа многу веројатно ке предизвика и недоверба кај дел од граѓаните за улогата и функционирањето на Агема. Многу често ке се бара и повикува јавно од страна на граѓаните,Агема да се вмешува непотребно,особено во оние моменти кои ке бидат тешки на почетокот,но добри за иднината,или за оние одлуки и работи спроведувани од извршната власт кои бараат труд и трпение. Но во Агема ке нема место за било каков софизам,односно погрешно заклучување кое се намерно изведува за привидно под формални правилности би се заклучило и прикрило невистинитост во заклучокот,кој од тоа заклучување привидно следи. Оваа обележје возможно е да се искористи и кај други народи,преку додавање на засебното општество или установа со исти или слични функции како Агема,притоа со можност да го воведат василеизмот. Секако називот на титулите и поделбата на власт ке биде различна од македонската,исто како што им се различни јазиците и историјата.

Page 338: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

337

33

7

Правило на привлечност/принцип на магнетизам Јасно е дека постои широк круг и спектар на лоши општествени појави,кои некои можат да се појаснат и теоретски образложат,но постојат и многу такви појави кои многу потешко се образложуваат,или воопшто неможат да се појаснат теоретски. Затоа за поедноставно да се прикаже начинот на функционирање на Агема и како таа ке ја остварува заштитната власт при вмешувањето ,како помош ке ни послужат правилата кои делуваат во природата. Станува збор за правило на привлечност кој постои во магнетизмот. Од ова правило дознаваме дека позитивност и позитивност се одбиваат,односно сличностите не се привлекуваат,додека негативност и позитивност или ако сакате спротивностите се привлекуваат. Така ке биде и со делувањето на Агема. Се додека општеството е на вистински позитивен пат,посебното општество кое ке изучува за позитивностите,ке нема да се привлече и ке е во мирување.Кога општеството на било каков начин премине во вистински негативен пат,тогаш Агема како претставник на спротивно од негативното ке се привлече,на начин со вмешување во јавните работи на општеството,додека не се создаде терен за враќање кон вистинскиот позитивен пат.Создавањето на таков терен,Агема ке го врши заедно со начелото единство на власт под својата надлежност,првин суспензирајќи ги сите останати по јавно објавување за вмешувањето. Под единството на власт,се подразбира соединување на сите функции на власта од законодавна,извршна и судска во еден орган,во наш пример посебното општество Агема. Приказ на примената во системот на природното правило

Page 339: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

Ризици во услови на остварена политичка и економска слобода Во иднината доколку се оствари целта,која може да се разбере како крајна на василеизмот од страна на народот,благодарение од определеноста на условите кои ни се наметнати,за да оствариме политичка и економска слобода,возможно е по остварувањето мотивот кај народот да спласне и да се намали.Ова е навистина интересна појава која често се среќава кај “задоволените” народи и нации. За посовремен пример ја имаме Либија,која до пред неколку години беше држава со примена на арабскиот модел на социјализмот,под сега веќе покојниот Гадафи.Либискиот модел на систем,не беше некоја посебна измислица за општествениот механизам,туку нацијата од Либија која беше составена од неколку племиња,благодарение на природната распространетост на ресурсите кои ги поседуваа,и кои во современиот свет многу скапо се ценат,приходите им овозможија неверојатни социјални услови на граѓаните таму.Очигледно е дека системот,ги потценил психолошките потреби на луѓето,па им се случи распаѓање на тој “социјален рај” од самите корисници на тие привилегии.Да не беше трагично и нехумано,можеби ке беше и хумористично,но луѓето таму имаа чуден мотив ѕверски да си го убијат својот довчерашен водич,кој им ја овозможил сета таа социјална клима. Како пример може да ни се појави и нацијата од САД.Имено нивната специјална политичка положба,до скорешен период им пружаше на своите граѓани неверојатно големи политички и економски слободи,било каде да се наоѓаат во светот.Тоа постепено им создаваше заситеност,но со помош на честата пропаганда која психолошки им даваше потик за се поголемо очекување и желба за потрошувачката,мотивот кај граѓаните од САД,постепено се одржуваше на едно средно ниво,во борба за што поголемо создавање на лична материјална база.По светските економски кризи,јасно стана дека специјалниот политички статус на САД неможе да опстои,па така и нивните алчни конзумирачки навики мораа да се намалат,бидејќи се појавуваат други побројни нации кои имаат политичка сила и пореална потреба од потрошувачка на ресурсите. По економската криза,овој неправилен материјалистички начин за одржување на мотивот кај луѓето стана недостапен скоро невозможен,и често денес можеме да посведочиме преку интернетот и алтернативните медиуми за незадоволството и недовербата на граѓаните према установите на САД,кои укажуваат на изгубениот мотив за постоењето на системот. Така и Македонија,но и останатите народи од овој полуостров,доколку го создадат сојузот со цел остварување и заштита на политичките и економските слободи,на одредени моменти,особено кога ке нема некоја сила да ги загрозува тие слободи,возможно е мотивот да опадне. Но има поправилен начин за да се одржува мотивот на луѓето,преку “вселенската одисеја”.Вселената претставува бескраен простор за истражување,а со тоа и бескрајна мотивација за луѓето.Вселенското истражување,би можело да претставува налик од митовите,каде јунаците од Агронаутиката или од Одисејата,одат кон непознатото. Затоа националниот фокус во тие досадни моменти,треба да биде насочен кон разумно истражување на преубавата вселена.

Page 340: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

339

33

9

МАЛИ ДЕФИНИЦИИ ЗА ГОЛЕМИ РАБОТИ: 1)Бог најблиску според човечкиот поим,е оној ум кој разумно менува/манипулира со се што постои,без помош на технолошки направи. 2)Ѓавол е оној ум кој неразумно се обидува да менува/манипулира со се што постои. 3)Во односите со луѓето,Бог е демократ,додека ѓаволот е илузионист. 4)Сите луѓе се раѓаат еднакво,и имаат право на избор помеѓу вистината или илузијата. 5)Илузијата е решение за работите на краток период,додека вистината е вечно решение. 6)Вистината е често потешка и понеприфатлива за луѓето,отколку илузијата. 7)Православието е правилна во практикувањето на верата и празнувањето на големите празници,иаку практикувачите често не се докрај запознаени со значението на обредите. 8)Демократијата е најприфатливото уредување за луѓето,но е неспроведливо и неодржливо од луѓето. 9)Само Бог може да ги уредува односите и работите на демократски начин,затоа што секогаш може истите да ги поправи или врати во првобитна положба. 10)Монархијата е најпрактично уредување за луѓето,затоа што таткото на народот има можност подеднакво да казнува,поучува и дарува,исто како што таткото на семејството постапува со своите деца. 11)Аристократијата е најускладено уредување за луѓето,согласно потребите и можностите. 12)Неразумниот монарх преминува во тиранин,како што неразумната аристократија преминува во олигархија/плутократија. 13)Најдобро е човекот да претставува разумен и него да го негува,но да е неразумен во одбрана на разумот,кога разумот е нападнат и е ставен во прашање од неразумот.Оваа состојба е многу тешко правилно да се манифестира од луѓето,како што е многу тешко да се одреди правилниот момент за оваа состојба. 14)Бидејќи луѓето имаат наивна карактеристика,често неразумот и илузијата го надвладуваат.

Page 341: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ПОЈАСНЕНИЕ ЗА ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ЗБОРОВИ 1)ВАСИЛЕЈА:Не означува апсолутен поим за држава,туку повеќе се користи за период во кој одредена личност била водич на одредено општество.Затоа на монетите не наоѓаме употреба на зборот василеја во реченица заедно со поим за приказ на еден народ,како на пример Василеја Македонон(Basilea Makedonon),туку со василеја имаме реченици со поимен приказ на водечка личност,како на пример Василеос Филипоу,Василеос Александроу,Василеос Касандроу и сл.Корените на зборот најверојатно доаѓаат од гвас+ил. 2)ДИЈАЛЕКТИКА:Прв како термин се смета дека ја користи Хераклит,каде според неговото размислување,се во светот се менува ,настанува и исчезнува,заради борбата на спротивставеностите во секоја работа,промени кои се одвиваат нужно под општа законитост (Логос).Подоцна под поимот дијалектика,се подразбирало вештина каде во еден спор,со редоследни прашања на соговорникот да му се откријат противречностите во неговите ставови и така да се дојде до вистината/вистинската намера.Дијалектиката претставува теорија,но се јавува и како метод. 3)СОЗЕРЦАНИЕ:Претставува православен поим за духовна состојба на внатрешно гледање,или гледање со духовните очи,Теозис(Theosis). Оваа состојба знае да биде и лажна,односно лажно видение/ѓаволско видение или лажно вознесување на душата која мисли дека е просветлена,таа состојба се нарекува прелест. 4)ЕВДЕМОНИЈА:По Евдемон,односно од приказот на митолошкото крилесто суштество,кој означува идеална состојба на човекот.Термин кој е често користен од Платон.Коренот на овој збор е од ев кој како збор е поим за добро/добар. 5)АРХОНТ:Поим за првенец во месна област.Коренот најверојатно е кованица од архе+онто. 6)АРИСТОJ:Предходник на кованицата аристократија.Означува поим за правилно однесување/правилен израз.Во самиот збор е коренот Арете,кој во санскрит тој поим го наоѓаме како Р’та/Р’ти.

Page 342: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

341

34

1

КОРИСТЕНА БИБЛИОГРАФИЈА: 1)Политичка енциклопедија,Современа администрација,во оригинал на српско-хрватски јазик,Politicka enciklopedija,Savremena administracija. 2)Маркс и Енгелс,За книжевност и уметност,во оригинал на српско-хрватски јазик,Marks i Engels,O knizevnosti i umetnosti. 3)Николо Макијавели,Владетелот,во оригинал српско-хрватски превод,Nikolo Makijaveli,Vladalac. 4)Римска лирика,во оригинал на српско-хрватски јазик,Rimska lirika. 5)Ленин,За книжевност,во оригинал на српско-хрватски јазик,Lenin,O knizevnosti. 6)Карл Маркс,Капитал,во оригинал на српско-хрватски превод,Karl Marks,Kapital. 7)Ѓорѓи Тоновски,Социологија ФОН,во оригинал на македонски јазик. 8)Светозар Шкариќ,Уставно право,во оригинал на македонски јазик. 9)Биљана Поповска,Историја на правото,во оригинал на македонски јазик. 10)Мирјана Поленак,Римско право,во оригинал на македонски јазик. 11)Аристотел,Политика и Никомахова етика,во оригинал англиски превод од ткн коине јазик. 12)Вил Дјурант,Приказната за цивилизацијата,во оригинал на англиски јазик,Will Durant,The story of civilization. 13)Аријан,Анабазата на Александар,во оригинал на ткн коине јазик. 14)Локална самоуправа,И.Тодоровски и Ј.Кекеновски,во оригинал на македонски јазик. 15)Владимир Пивоваров,Даночно право,во оригинал на македонски јазик. 16)Александар Стојмилов,Географија на Република Македонија,во оригинал на македонски јазик. 17)Екерман,Разговори со Гете,во оригинал на српско-хрватски превод од германски јазик,Ekerman,Razgovori sa Geteom. 18)Хегел,Филозофија на умот/духот,во оригинал англиски превод од германски јазик,Hegel,Phanomenologie des Geistes. 19)Розен Клаус,Фрагменти на Хиероним,во оригинал на англиски јазик,Rosen Klaus,Political documents in Hieronymus of Cardia (323-302 B.C). 20)Полибиј,Хисторија,во оригинал англиски превод од ткн коине и латински јазик. 21)Платон,Политеа,во оригинал англиски превод од ткн коине јазик. 22)Сигмунд Фројд,Психопатологија на секојдневниот живот,во оригинал на српско-хрватски превод,Sigmund Frojd,Psihopatologija svakodnevnog zivota. 23)Карен Хорнај,Невротична личност во нашата доба,во оригинал на српски превод,Karen Hornај,Neuroticna licnost naseg doba. 24)Фрагменти на Ѕенон и Клеант,енциклопедија од Кембриџ универзитет ,во оригинал на англиски јазик,The Fragments Zeno and Cleanthes,Cambridge university. 25)Џејмс Хастингс,Религија и Етика,во оригинал на англиски јазик,Encyclopedia of Religion and Ethics,James Hastings.

Page 343: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

26)Св.Григориј Палама,Триади,српски превод,Свети Григорије Палама,Тријаде. 27)Испрашување на Јован,во оригинал на латински јазик,Interogatio Ioannis. 28)Руми,Маснави и Ма’нави,во оригинал на англиски превод,Rumi,Masnavi i Ma’navi. 29)Ото Вајнингер,Пол и карактер,во оригинал на англиски превод од германски јазик,Otto Weininger,Sex and Character. 30)Збигниев Бржежински,Помеѓу две доби и Стратешка визија,во оригинал на англиски јазик,Zbigniew Brzezinski,Between two ages,Stategic vision. 31)Историјата на филозофија,учебник за средно хрватско образование,во оригинал на српско-хрватски јазик,Historija Filozofije. 32)Карл Кауцки,Аграрно Прашање,во оригинал на англиски превод од германски јазик,Karl Kautsky,The Agrarian Question. 33)Харолд Ласвел,Гарнизонска држава,во оригинал на англиски јазик,Harold Lasswell,The garrison state. 34)Рајт Милс,Елитистичка моќ,во оригинал на англиски јазик,Wright Mills,The power of elite. 35)Ангелики Лају,Економската историја на Византиум, во оригинал на англиски јазик,Angeliki E.Laiou,The Economic history of Byzantium. 36)Плутарх,Дион и Брут,во оригинал на српско-хрватски превод,Plutarh ,Dion i Brut. 37)Анализа на реформи во безбедностниот сектор во Македонија 1991-2008,во оригинал на англиски јазик,Context Analysis of the security sector reform in Macedonia 1991-2008. 38)Вангел Божиновски,Прилози кон историјата на македонската архитектура,во оригинал на македонски јазик. 39)Данчо Зографски,Одбрани дела,во оригинал на македонски јазик. 40)Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ,2014-2018,во оригинал на македонски јазик. 41)Белата книга на одбраната,2012та година,во оригинал на македонски јазик. 42)Национална стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2007-2013,во оригинал на македонски јазик. 43)Национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој за периодот од 2013-2017та година,во оригинал на македонски јазик. 44)Стратегија за развој на текстилната индустрија во Република Македонија 2007,во оригинал на македонски јазик. 45)Стратегија за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот од 2008-2020 со визија до 2030,МАНУ,во оригинал на македонски јазик. 46)Пелагониска ревизорска куќа ДООЕЛ,Прилеп,11 Октомври Еврокомпозит АД – извештај на независен ревизор за финансиските извештаи за година која завршува на 31 декември 2012 година,во оригинал на македонски јазик. 47)Волт Ростов,Етапи на економскиот раст,во оригинал на англиски јазик,Walt Rostow,The stages of economic growth. 48)Херодот,Историја,во оригинал англиски превод,Herodotus,Histories.

Page 344: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

343

34

3

49)Хенри Кисинџер,Национален безбедносно-студиски меморандум 200,во оригинал на англиски јазик,Henry Kissinger,National Security Study Memorandum 200,скратено НБСМ200/NSSM200. 50)Времето како сила мултипликатор:Ние сме сопственици на времето 2025,во оригинал на англиски јазик,Weather as a force multiplier:We owning the weather 2025. 51)Халфорд Макиндер,Демократски идеали и реалноста,во оригинал на англиски јазик,Halford Mackinder,Democratic ideals and Reality.

Page 345: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

КОРИСТЕНА ВИДЕОГРАФИЈА: 1)На работ на знаењето,со гостин Домагој Николиќ,и со гостин Алекс Подолински,емисија на хрватски јазик. 2)Македонија низ историјата,Криза и препород и Последните денови на Сонцето,документарен серијал на македонски јазик. 3)Трансцедентален човек,Реј Курцвел,документарец на англиски јазик. 4)Светот на Божицата,Марија Гимбутас,документарец на англиски јазик. 5)Миленко Неделковски шоу,со гостин Џулието Киеза и останати,емисија на македонски јазик. 6)Хибридна војна,Сергеј Глазјев,снимено предавање на руски јазик. 7)Истер,документарец на англиско-француски јазик во чест на Мартин Хајдигер. 8)Трансфер на храната,документарец на англиски јазик. 9)Мисија:нула емисии-Фабрика од иднината,документарец на англиско-германски јазик. 10)Патување во минатото:семејство,документарен серијал на англиски јазик. 11)Моќта на парите,1-дел,документарец на англиски јазик. 12)Време за одлучување,снимен говор на Роналд Реган на англиски јазик. 13)Здраво Македонијо,со гостин Вера Цуракова,емисија на македонски јазик.

Page 346: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

345

34

5

Page 347: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

КРАТКА АВТОБИОГРАФИЈА:

Авторот е роден во август,1991 година во градот Скопје. Основно и средно образование има завршено во градот Куманово. Во 2015та година го завршува првиот циклус на студии од 3 години,во приватниот универзитет ФОН од Скопје,со што се стекнува со звањето дипломиран правник. Некогашен претставник од богата материјално-базна класа,со разни поместувања во семејните односи,искусува на моменти и недостиг на финансиски средства,додека денес стабилен претставник на средната материјално-базна класа. Од своето семејно стебло,во наследничката меморија има неколку личности кои оставиле длабоки траги во поновата историја на Македонскиот народ.

Page 348: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

347

34

7

Неговиот чукун-дедо по мајкина страна Јован Мануш(ев),бил активен учесник на ТМОРО,во предилинденскиот период.Тие негови активности го чинело затвор во Солун и егзил во Анадолија,најверојатно во тврдината Подрум-Кале.Бил измачуван со буре наполнето со лед. По прогласот на Хуриетот се враќа во велешкиот роден крај,каде кратко потоа се преселува во Куманово,основајќи крупни стопански дејности,заедно во соработка со другите преселени “велешки” фамилии. По татковата страна,прадедото на авторот е Мино Станко(в),попознат како Мино Војвода.Оваа личност претставувала активен учесник на ВМОРО,по Рилскиот конгрес.Подоцна претставувал близок човек и соработник на Тодор Александров,и поважен војвода во својот роден крај,во Осоговската околија.Најверојатно разочаран од неефективноста и делбите кои биле особени за ВМРО,но и уништениот морал од политиките на големите сили во тоа време,тој се одметнал од ВМРО и од Александров,и станал близок со српски окупациони власти. По ваквиот чекор,Тодор Александров испратил свои луѓе за атентат,но Мино дознал за намерата и ги погубил во заседа луѓето на Александров. Српската политика према Македонците тогаш,подржувала меѓусебни поделби,па најверојатно затоа на Мино му е дадено во тој североисточен крај на Македонија,да формира еден вид квазикнежество,каде што важеле зборовите на Мино,а не на српската власт и српските закони.Користејќи ја допуштената власт,Мино се предал кон сластите на овоземниот живот,па во своето владение имал навика да обесчестува жени,да измачува невино население и многу други неправилности и неразумни работи,со што навлекол гнев од тамошното население. Пред да започне нападот на Југославија во “Втората”светска војна,Мино најверојатно за да го избегне можниот чин на одмазда заради просрпската настроеност од Бугарите,пребегал преку Солун во САД. По мајкината страна,бабата на авторот,е славната кумановка Вера Трајко(ва-ска),попозната како Которка.Оваа личност знаела германски и италијански јазик.Откако била издадена од другите партизани кои од мачење неа ја посочиле пред бугарските окупациони власти како соработник на отпорот,тие се обиделе да ја фатат додека таа била на училиште,но при тој обид Вера успешно им пребегнува.По тој настан таа се приклучила во партизански одред кој делувал надвор од градското подрачје на Куманово.Подоцна ке биде учесник и во Февруарскиот поход до беломорскиот дел на Македонија.Загинува трагично кај Пониква на Осоговските планини,на многу млада возраст,најверојатно при битка со Бугарите. Помладата родена сестра на Вера,Десанка Трајко(ва-ска),исто така била активен учесник во НОБ.Во првичниот период била курир во градското подрачје на Куманово.По ослободувањето на вардарскиот дел од Македонија,учествува во воспоставувањето на државната безбедносна служба,и учествува во повеќе акции против останатите балистички одреди.

Page 349: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

ПОСЛЕДНИ ЗБОРОВИ: Во овој краен дел,сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што ме опкружуваа во текот на мојот живот,им благодарам за сите нивни намерни и ненамерни,добри и лоши дела сторени кон мене,бидејќи да не беа тие со нивните дејствија,во добар дел немаше да бидам тоа што претставувам денес. Посебно им се заблагодарувам на моите родители,за се што ми пружија во животот.

Page 350: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината

349

34

9

Copyright 2015 од Филип Наумов Сите права се задржани согласно Законот за авторско право и сродните права.Ниеден дел од оваа книга несмее да се употреби без дозвола од авторот,единствено во случај да станува збор за кратки цитати содржани во критички статии и прегледи.

Page 351: Политички Гроздобер 🌐 Political Vintage“старогрчка култура”),туку се концентрира во минатото и иднината