АПАРАТ ЗА ЦЕДЕЊЕ МАСЛО...

9
АПАРАТ ЗА ЦЕДЕЊЕ МАСЛО OP650W ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ВО ВАШИОТ ДОМ gorenje.com.mk

Transcript of АПАРАТ ЗА ЦЕДЕЊЕ МАСЛО...

АПАРАТ ЗА ЦЕДЕЊЕ МАСЛО OP650WЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ВО ВАШИОТ ДОМ

gorenje.com.mk

Во потрага сме по нови начини за постигнување внатрешна рамнотежа. Посветени сме на природата и свесни сме за богатството што таа го нуди. Сакаме да конзумираме колку што е можно понепреработена храна, да дишеме почист воздух и да пиеме почиста вода.

Во потрага сме по начините кои ќе нe однесат дотаму.

Vitaway колекцијата на мали апарати е дизајнирана за поддршка на здравиот начин на живот.

Здраво за мене и за моите најмили!

Здравјето e начин на живот!

Колекција апарати за домаќинство чиј приоритет е вашето здравје преку испорачување на врвен квалитет и позитивни ефекти за вашата благосостојба.

За моето здравје

2 3Oil Press OP 650W Oil Press OP 650W

ШТО Е ЛАДНО ЦЕДЕЊЕ? ОБЛАСТИ НА УПОТРЕБА НА ЛАДНО ЦЕДЕНОТО МАСЛО Пред многу години, ладното цедење било поврзано

со тешките масивни воденични камења. Денес, тие се заменети со преси од не’рѓосувачки челик. Цедењето секогаш резултира со зголемување на температурата што за возврат влијае врз квалитетот на крајниот производ – маслото.

Ладното цедење е процес во кој се екстрахира маслото од прехранбениот производ, во рамки на кој температурата не поминува 49°С (120°F). На овој начин, маслото ги задржува изворните хранливи материи и мирис, како и мноштвото витамини и минерали. Ладното цедење дава помалку масло и процесот трае подолго во споредба со индустриското цедење каде што храната, во најголем број – семиња и јаткасти плодови, се затоплуваат во цилиндри за цедење. Маслото исцедено на овој начин, сепак, суштествено се разликува од ладно цеденото масло коешто сега можете да го направите во домашни услови.

Индустриски процес на ладно цедењеПостои цел еден свет на разлики меѓу маслата за готвење што се наоѓаат во продавниците и домашните ладно цедени масла. Индустриски цеденото масло може да вклучува хемиски адитиви (додатоци) кои го

продолжуваат рокот на користење на маслото, маслото го прават побистро или ја менуваат неговата боја. Тоа исто така ги вклучува процесите за менување на хемискиот состав на маслото и неговиот мирис.

Извор: madehow.com

Состојки кои се користат Мелење

Чистење

Отпадна вода

Рафинирано масло

Преработка

Растворање

Растворање

Екстрахирање

Масло

Масло + Алкали

Масло+ вода

Центрифугирање Центрифугирање

Белеење

Додавање мириси

Масло

РАСТВОРАЊЕ

БЕЛЕЕЊЕ

ДОДАВАЊЕ

МИРИСИ

ПОДГОТОВКА ХРАНАВо кујната, маслото се употребувало уште во дамнешно време кога бил откриен процесот на екстрахирање на оваа благородна течност од овошјето, семињата и од јаткастите плодови.

Се употребува за:

• готвење• пржење• готвење на пареа• преливи за свежи јадење• преливи за салата• јадења од овошје и зеленчук• готвење месо• десерти• топли и ладни јадења

НЕГА НА ТЕЛОТОМаслото, исто така, е многу важно и во негата на телото бидејќи има хранливи материи кои имаат позитивно влијание на нашиот изглед.

Маслата се користат за:

• масажа на тело и лице• грижа за коса, нокти и трепки• ревитализирање на кожата

МЕДИЦИНАМедицинските ефекти на маслото се познати одамна. Општопознато е дека маслото е поврзано со нивото на холестерол, но тоа исто така се употребува за:• регулирање на варењето на храната• лекување на кожни воспаленија• регулирање на желудочната

киселина и на крвниот притисок

Парчињата што остануваат по цедењето исто така имаат висока хранлива вредност и тие содржат мноштво состојки кои позитивно влијаат на вашето здравје. Не ги фрлајте! Додадете ги во јогуртот или во житарките за појадок. Исто така одлични се за пандишпан и за декорирање на вашите десерти.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ

4 5Oil Press OP 650W Oil Press OP 650W

Јатки од оревМаслото од орев е богато со омега-3 масни киселини, протеини, јаглехидрати, минерали и витамини, особено со А, Б, Ц и Е.

КикирикиМаслото од кикирики претставува извор на есенцијални масни киселини, на витамините Б и Е, на калциум, калиум, протеини и растителни влакна.

Семки од тикваМаслото од семки од тиква содржи триглицериди и фитостероли и тоа е богато со протеини, минерали, незаситени масни киселини и со витамини А, Е, Ц и К.

СусамМаслото од сусамово семе е богато со аминокиселини, со витамини А, Б и Е, со калциум, магнезиум и со фосфор. Ленено семе

Маслото од ленено семе е богат извор на омега-3 масни киселини (содржи над 60%) и на омега-6 масни киселини, со идеален сооднос меѓу обете (1:4).

Семки од сончогледМаслото од семки од сончоглед содржи незаситени масни киселини, витамини А, Е и Д, и калиум, магнезиум, фосфор и лецитин.

БадемиБадемовото масло е богат извор на витамини А, Б и Е, на минерали и на омега-3 и омега-6 масни киселини.

НАПРАВЕТЕ СВОЕ ЛАДНО ЦЕДЕНО МАСЛО ВО ВАШИОТ ДОМ

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ СО ЦЕДЕЊЕ НА МАСЛО

Уживајте во сите придобивки од домашно направеното ладно цедено масло. Проверете кои состојки ќе дадат масла кои се богати со здрави, хранливи материи и супстанции што разубавуваат.

Удел на масленост во некои состојки

6 7Oil Press OP 650W Oil Press OP 650W

ОСТАВЕТЕ ГО МАСЛОТО ДА СЕ ОДМОРИ

НЕКОЛКУ МИНУТИНа свежото ладно цедено масло му е потребно малку време за да се избистри. Нормално е да се појави пена на површината веднаш по цедењето..

КОЛИЧИНАТА НА МАСЛО ЌЕ ВАРИРАКоличеството на масло екстрахирано со цедење зависи од состојките, влажноста и од брзината на цедење.

ЧУВАЈТЕ ГО МАСЛОТО ВО ЗАТЕМНЕТИ

СТАКЛЕНИ ШИШИЊАЛадно цеденото масло треба да се чува во затемнети шишиња на температура под 20°С.

КОРИСТЕТЕ СУВИ СОСТОЈКИСе препорачува да употребувате состојки кои не содржат повеќе од 10% влажност, затоа што водата не дава оптимални резултати во процесот на цедење. Едно решение за влажните состојки е тие да се загреат или да се сушат во рерна околу 30 минути.

30 min 15 min

Сусам

44%

Јатки од орев

Семки од тиква Кикирики Семки од

сончоглед

40% 40% 36%

80%

Бадеми

30%33%

Ленено семе

30-минутен циклус

Цедењето за масло може да работи континуирано до 30 минути. Ова значи дека вашата единствена задача за ова време е да внимавате садот за состојки да биде постојано наполнет и да се осигурате дека има доволно простор во садовите за масло и за ситните парчиња. Така ќе бидете слободни да сработите други обврски во текот на процесот на цедење.

Можете да се одморате убедени дека апаратот нема да се помести по работната површина за време на процесот на цедење. Гумените ногарки на дното од апаратот дозволуваат цврста прилепеност и стабилност, што значи безбедна употреба и без непријатни изненадувања.

Гумени ногаркиРезервоар

Поставен директно над сврделот, резервоарот прецизно ги дополнува состојките во апаратот за цедење, ослободувајќи ве од секакви грижи за тоа дали сте додале премногу или премалку. Резервоарот има капацитет од 700 мл и може лесно да се извади и да се исчисти под млаз млака вода.

Ладно цедење

Одржувањето на температурата под 49°С, за време на процесот на цедење, овозможува маслото да ги задржи своите витамини и минерали кои можат да се уништат на повисоки температури. Технологијата на ладно цедење, само ги затоплува состојките до температура која овозможува екстракција на маслото. Ладно цедените масла треба да се чуваат во затемнети садови и на ладно место, затоа што, во споредба со индустриски преработените масла, тие се почувствителни на светлина и побрзо ги губат своите хранливи материи и изворниот мирис ако се чуваат на собна температура.

Спирален сврдел

Маслото се екстрахира од семињата и од јаткастите плодови со ротирање на сврделот кој ги згмечува состојките и ги одвојува во масло и во корисни остатоци – парчиња. Сврделот е направен од отпорен не’рѓосувачки челик кој е исто така многу лесен за чистење. Наместо да се мие под млаз вода, металниот дел едноставно може да се исчисти со сува кујнска крпа.

Функција без застанување

Апаратот за цедење масло е опремен со функција која дозволува едноставно обратно ротирање на сврделот за отстранување на какви било тврди делови од семките и јатките. Нема да биде потребно да го испразните или да го расклопите апаратот, а состојките секогаш ќе бидат потполно искористени.

Апаратот ќе работи само ако поклопецот на садот за состојки е прописно и правилно наместен. Како дополнителна безбедносна карактеристика, апаратот автоматски ќе сопре доколку се прегрее или ако садот за состојки е празен.

Безбедноста на прво место Два сада

Во апаратот има два сада: сад за масло опремен со филтер кој ги отстранува кои било цврсти делови од маслото и еден поголем сад за собирање на ситните парчиња. Садовите се направени од трајни материјали што не содржат BPA.

8 9Oil Press OP 650W Oil Press OP 650W

10 11Oil Press OP 650W Oil Press OP 650W

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

• 150 g семки од сончоглед• 2 чешниња лук• 40 ml ладно цедено сончогледово масло• прстофат сол• 2 супени лажици лимонов сок• свеж или сушен магдонос

• 100 g каша од просо (или чорба)• 1 јаболко• 1 банана• 0,5 l сок од јаболко• Едно лажиче цимет• Прстофат ванила во прав• Суво грозје• 1 супена лажица ладно цедено масло од орев

1. Потопете ги семките од сончоглед 24 часа.

2. Измелете и додадете лук.

3. Додадете сончогледово масло и лимонов сок и зачин по вкус.

4. Додадете исечкан свеж или сув магдонос.

5. Сомелете во хомогена смеса и послужете.

1. Варете го просото во сок од јаболка.

2. Исечкајте ги јаболката и бананата на мали парченца.

3. Додадете суво грозје, цимет и ванила.

4. Полејте масло од ореви над просото.

5. Истурете и послужете го топло.

НАМАЗ ОД СЕМКИ ОД СОНЧОГЛЕД

СЛАТКА КАША ОД ПРОСО

СОСТОЈКИ, ЗА 4 ПОРЦИИ:

СОСТОЈКИ, ЗА 4 ПОРЦИИ:

УЖИВАЈТЕ ВО ВАШЕТО ДОМАШНО НАПРАВЕНО МАСЛО!

Здравото и свежо цедено масло може да биде употребено на многу начини.

Направете вкусни сосови и намази; додадете масло во преливите за салати и дури и во смути.

И не заборавајте ја негата на телото.

10 СЕЛЕКТИРАНИ И ИСПРОБАНИ РЕЦЕПТИ ЗА ЦЕДЕЊЕ НА МАСЛО

12 13Oil Press OP 650W Oil Press OP 650W

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

• 1 главица кромид• 2 ротквици• 2 супени лажици бел вински оцет• 5 супени лажици ладно цедено масло од орев• 1 супена лажица лимонов сок• 1 супена лажица сенф• 1 супена лажица мед• Сол, бипер

• 250 g свежо сирење • 1 праз• црн бибер• 1 чешне лук• 2 супени лажици кисела павлака• 1 лажиче сок од лимон• 3 супени лажици ладно цедено масло од семки

од тиква

1. Исечкајте ги кромидот и ротквиците.

2. Во еден сад за матење, измешајте ги оцетот, лимоновиот сок, сенфот и медот.

3. Користете маткалка при додавање на маслото од орев.

4. Зачинете по вкус.

5. Додадете ги сечканите зеленчуци.

6. Послужете со печени филети од риба.

1. Ситно исечкајте ги празот и лукот и кратко запржете ги.

2. Додадете ги свежото сирење и киселата павлака.

3. Зачинете по вкус и додадете го маслото од семки од тиква.

4. Додадете малку необичност на вкусот со сок од лимон.

5. Измешајте и послужете со потпечен леб.

ПРЕЛИВ ЗА ФИЛЕТИ ОД РИБА

НАМАЗ ОД СВЕЖО СИРЕЊЕ

СОСТОЈКИ, ЗА 4 ПОРЦИИ:

СОСТОЈКИ, ЗА 4 ПОРЦИИ:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

• малку сол• 2 жолчки од јајце• 250 ml ладно цедено сончогледово масло• 2 супени лажици сок од лимон• едно лажиче бел бибер

• 200 g тенки транспарентни тестенини (целофан нудлс – кинеско фиде)

• 200 g моркови• 1 парче пилешки гради• 200 g свежа зелка• 1 филџан сос од соја• 1 лажиче ѓумбир во прав• 2 чешниња лук• 2 супени лажици путер од кикирики• 1 филџан ладно цедено масло од кикирики

1. Осигурете се дека сите состојки се на иста температура.

2. Одделете ги жолчките од белките.

3. Измешајте ги жолчките и солта и матете ги со маткалка или со миксер додека не се изедначат во хомогена смеса.

4. Додавајте капка по капка масло додека миксирате континуирано и рамномерно.

5. Мешајте додека смесата да стане цврста и густа.

6. Додадете бибер и лимонов сок и измешајте повторно.

1. Исечете го зеленчукот и измешан испржете го.

2. Тенко исечете го месото и маринирајте го во сос од соја со масло од кикирики.

3. Запржете го месото и додадете сечкан лук и ѓумбир.

4. Додадете вода и сос од соја.

5. Искршете ги и додадете ги тенките транспарентни тестенини (целофан нудлс – кинеско фиде). Гответе додека да омекне.

6. На крај, вмешајте го путерот од кикирики и послужете.

МАЈОНЕЗ

ТЕНКИ ТРАНСПАРЕНТНИ ТЕСТЕНИНИ (ЦЕЛОФАН НУДЛС – КИНЕСКО ФИДЕ) СО ПУТЕР ОД КИКИРИКИ

СОСТОЈКИ, ЗА 4 ПОРЦИИ:

СОСТОЈКИ, ЗА 4 ПОРЦИИ:

14 15Oil Press OP 650W Oil Press OP 650W

УПОТРЕБА:НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

УПОТРЕБА:НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

• 2 банани

• 8 супени лажици масло од коноп

• 1 јогурт од соја, овошје

• 1 јаболко

• 3 грста свежи листови спанаќ

• 1 грст грозје без семки

• 3 супени лажици полномасно млеко

• 1/2 супена лажица ладно цедено бадемово масло

• 1/2 супена лажица мелени бадеми

• 1 чешне лук

• 3 супени лажици јапонски соја сос

• 1 супена лажица ладно цедено масло од сусам

• 1 супена лажица васаби намаз

• 3 супени лажици оцет од ориз

1. Измешајте ги бадемовото масло и солта.

2. Нанесете на лице и нежно масирајте.

3. Оставете да постои околу 3 минути за да се постигне посакуваниот ефект.

4. Исплакнете со топла вода.

5. Комбинацијата од сол и масло ја лекува кожата и има антисептички ефект.

Комбинацијата од бадемово масло и морска сол помага за регенерација на кожата и има антисептички ефект.

1. Исечете ја бананата и нафрлете го грозјето.

2. Излупете го и нафрлајте го јаболкото.

3. Измешајте го овошјето во миксерот и додадете ги другите состојки.

1. Измешајте ги состојките во густа и хомогена смеса.

2. Нанесете ја смесата на чисто лице.

3. Додека ја нанесувате, нежно масирајте кружно.

4. Оставете ја маската да се постигне ефект 15 минути.

5. Исплакнете ја со топла вода.

1. Ситно исечкајте го лукот.

2. Во сад за матење, измешајте го со соја сосот и со сусамовото масло.

3. Додадете го васаби намазот и оцетот од ориз и добро измешајте.

4. Оставете сè да се отстои 15 минути.

5. Послужете со салата од оладени тестенини, црн грав и грашок.

ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕСМУТИ ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА

ХРАНЛИВА МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД МЕД И БАДЕМ

ЈАПОНСКИ ВАСАБИ НАМАЗ СО ЛУК ЗА САЛАТА

СОСТОЈКИ, ЗА 4 ПОРЦИИ:

СОСТОЈКИ, ЗА 4 ПОРЦИИ:

• 1 супена лажица ладно цедено бадемово масло

• 1 супена лажица ситно мелена морска сол

СОСТОЈКИ:

СОСТОЈКИ:

www.gorenje.com.mk