СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е...

8
ГОДИНА VIII * БРОЈ 173 * 16 ЈУНИ 2017 * www.kavadarci.gov.mk * БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК 74 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО ВАТАША СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ Ваташа, Кавадарци и Македонија денеска се сеќаваат на најтрагичниот настан од Втората Светска војна. Де- нот кога во 1943 година во месноста Моклиште беа стрелани 12 ваташки младинци Пред споменикот во Мо- клиште кај село Ваташа ќе се одбеле- жи 73 годишнината од стрелањето. Младинците беа стрелани од бугар- ските окупаторски војници. Делегации меѓу кои роднини на стреланите, претставници на општи- на Кавадарци и урбаната заедница Ва- таша, претставници на борците и по- литичките партии пед споменикот ќе положат свежо цвеќе. Настанот во Мо- клиште тогаш ја зави Македонија во Бугарскиот фашистички окупатор, имајќи созна- нија за активноста на партизаните и партиската орга- низација од селото Ваташа презема низа мерки за да го спречи тоа движење. За таа цел од Скопје во Ваташа бил испратен бу- гарскиот обласен директор Димитар Раев. Имајќи во предвид дека ја губи контролата врз безбедноста во овој крај тој се одлучил да преземе безмилосна и крвава ак- ција. Во оваа акција се вклучени Велешкиот, Битолски- от и Прилепскиот полк, граничните единици од Кон- ско и Мрежичко, сите полициски сили од Тиквешијата и Гевгелиско, специјалниот полициски одред од Скопје на чело со Борис Жуглов, а сите тие биле под команда на злогласниот бугарски полковник Љубен Апостолов. Во раните утрински часови на 16 јуни бугарски- те полицајци го извршуваат првото апсење. Го приве- дуваат младинецот Диме Чекоров, кој бил испратен во Кавадарци на испитување кај бугарскиот агент Борис Жуглов. Осамнало тоа злокобно утро (среда) 16 јуни кога во Кавадарци бил пазарен ден, но никој од Ваташа не го напуштил селото. Тоа утро иако не бил празник никој не отишол по вода или по работа на полето. Започнале преттреси по куќите. Во селото пристигнал бугарски- от поручник Костов заедно со полицискиот началник од Кавадарци Петко Опреков. Ним им помагале двајца мештани од селото. Барабанџијата со јавен повик по- викувал по еден член од секоја куќа и на секој од нив им било наредено да го предадат сето оружје или било каков друг воен материјал. Одзивот од оваа акција бил скоро понижувачки. Неколку матарки за вода, шаторски крила, две, три стари пушки и еден револвер. Бугарите биле бесни поради неуспехот на оваа акција. Наскоро од 16 јуни 2017 година /петок/ црно, а денеска ваквите настани, не само што не обврзуваат на почит, туку не опоме- нуваат и поучуваат, сугерираат на одговор- ност и разумност. Денешните генера- ции треба да се горди на претходните кои, со својата крв ја натопија земјата обезбедувајќи иднина за Македонија. Одбележувањето започнува во 10:30 часот на платото пред спомени- кот во Моклиште каде за настанот ќе говори Марија Михова - кустос истори- чар при локален Музеј-Галерија Кава- дарци. Пред споменикот денеска ќе би- де изведена културно-уметничка про- грама во чест на 12 младинци а во изведба на учениците од Основното училиште „Димката Ангелов-Габерот“ од Ваташа. Димитар Мурџев Кавадарци стигнал список со имиња за апсење, напра- вен врз основа на една пронајдена фотографија во џебот на уапсениот Диме Чекоров. Според подготвениот список бугарските полицај- ци ги уапсиле братучетките Павлина Илиева и Стева Ампова, Ката и брат и Блаже Ицеви, потоа Пане Џунов, Ристо Ѓондев, Герасим Матаков, Пане Мешков, Невена Хаџи Јорданова. Во меѓувреме двајца бугарски полицај- ци го донеле од Кавадарци Диме Чекоров, целиот иски- нат и со крвави рани по лицето и по телото. По извес- но време продолжило апсењето и набргу биле уапсени Ферчо Поп Ѓорѓиев, Ванчо Гурев, Данко Дафков, Перо Видов, Илчо Димов и спроведени во кафаната на Васил Хаџи Јорданов. Некаде околу пладне младинците двајца по двајца биле изнесени од кафаната. Во придружба на цел еден кордон војска, младинците, заедно со поручникот Кос- тов се упатуваат кон месноста „Дулово долче“. На патот од кој повеќе никогаш нема да се вратат заминуваат: Пе- ро Илов Видов-15 години, Ванчо Тасев Гурев-19 години, Данко Глигоров Дафков-18, Илија Димов-18, Ристо Три- пов Ѓондев-18, Блаже Ицев-18, Герасим Лазов Матаков-18, Пане Методија Мешков- 18, Ферчо Поп Ѓорѓиев-26, Васил Хаџи Јорданов-28, Диме Блажов Чекоров-20 и Пане Мето- диев Џунов-18 години. Со нив се спроведени и четирите младинки од селото, блиски роднини на некои од мла- динците и тоа: Невена Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Ката Ицева и Павлина Касапинова. ɫɬɪ Наредниот 174 број на Кав‘даречки Весник излегува од печат на 28 јули 2017 година.

Transcript of СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е...

Page 1: СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от

ГОДИНА VIII * БРОЈ 173 * 16 ЈУНИ 2017 * www.kavadarci.gov.mk * БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

74 ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО ВАТАША

СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИВаташа, Кавадарци и Македонија

денеска се сеќаваат на најтрагичниот настан од Втората Светска војна. Де-нот кога во 1943 година во месноста Моклиште беа стрелани 12 ваташки младинци Пред споменикот во Мо-клиште кај село Ваташа ќе се одбеле-жи 73 годишнината од стрелањето. Младинците беа стрелани од бугар-ските окупаторски војници.

Делегации меѓу кои роднини на стреланите, претставници на општи-на Кавадарци и урбаната заедница Ва-таша, претставници на борците и по-литичките партии пед споменикот ќе положат свежо цвеќе. Настанот во Мо-клиште тогаш ја зави Македонија во

Бугарскиот фашистички окупатор, имајќи созна-нија за активноста на партизаните и партиската орга-низација од селото Ваташа презема низа мерки за да го спречи тоа движење.

За таа цел од Скопје во Ваташа бил испратен бу-гарскиот обласен директор Димитар Раев. Имајќи во предвид дека ја губи контролата врз безбедноста во овој крај тој се одлучил да преземе безмилосна и крвава ак-ција. Во оваа акција се вклучени Велешкиот, Битолски-от и Прилепскиот полк, граничните единици од Кон-ско и Мрежичко, сите полициски сили од Тиквешијата и Гевгелиско, специјалниот полициски одред од Скопје на чело со Борис Жуглов, а сите тие биле под команда на злогласниот бугарски полковник Љубен Апостолов.

Во раните утрински часови на 16 јуни бугарски-те полицајци го извршуваат првото апсење. Го приве-дуваат младинецот Диме Чекоров, кој бил испратен во Кавадарци на испитување кај бугарскиот агент Борис Жуглов.

Осамнало тоа злокобно утро (среда) 16 јуни кога во Кавадарци бил пазарен ден, но никој од Ваташа не го напуштил селото. Тоа утро иако не бил празник никој не отишол по вода или по работа на полето. Започнале преттреси по куќите. Во селото пристигнал бугарски-от поручник Костов заедно со полицискиот началник од Кавадарци Петко Опреков. Ним им помагале двајца мештани од селото. Барабанџијата со јавен повик по-викувал по еден член од секоја куќа и на секој од нив им било наредено да го предадат сето оружје или било каков друг воен материјал. Одзивот од оваа акција бил скоро понижувачки. Неколку матарки за вода, шаторски крила, две, три стари пушки и еден револвер. Бугарите биле бесни поради неуспехот на оваа акција. Наскоро од

16 јуни 2017 година /петок/

црно, а денеска ваквите настани, не само што не обврзуваат на почит, туку не опоме-нуваат и поучуваат, сугерираат на одговор-

ност и разумност. Денешните генера-ции треба да се горди на претходните кои, со својата крв ја натопија земјата обезбедувајќи иднина за Македонија.

Одбележувањето започнува во 10:30 часот на платото пред спомени-кот во Моклиште каде за настанот ќе говори Марија Михова - кустос истори-чар при локален Музеј-Галерија Кава-дарци.

Пред споменикот денеска ќе би-де изведена културно-уметничка про-грама во чест на 12 младинци а во изведба на учениците од Основното училиште „Димката Ангелов-Габерот“ од Ваташа.

Димитар Мурџев

Кавадарци стигнал список со имиња за апсење, напра-вен врз основа на една пронајдена фотографија во џебот на уапсениот Диме Чекоров.

Според подготвениот список бугарските полицај-ци ги уапсиле братучетките Павлина Илиева и Стева Ампова, Ката и брат и Блаже Ицеви, потоа Пане Џунов, Ристо Ѓондев, Герасим Матаков, Пане Мешков, Невена Хаџи Јорданова. Во меѓувреме двајца бугарски полицај-ци го донеле од Кавадарци Диме Чекоров, целиот иски-нат и со крвави рани по лицето и по телото. По извес-но време продолжило апсењето и набргу биле уапсени Ферчо Поп Ѓорѓиев, Ванчо Гурев, Данко Дафков, Перо Видов, Илчо Димов и спроведени во кафаната на Васил Хаџи Јорданов.

Некаде околу пладне младинците двајца по двајца биле изнесени од кафаната. Во придружба на цел еден кордон војска, младинците, заедно со поручникот Кос-тов се упатуваат кон месноста „Дулово долче“. На патот од кој повеќе никогаш нема да се вратат заминуваат: Пе-ро Илов Видов-15 години, Ванчо Тасев Гурев-19 години, Данко Глигоров Дафков-18, Илија Димов-18, Ристо Три-пов Ѓондев-18, Блаже Ицев-18, Герасим Лазов Матаков-18, Пане Методија Мешков- 18, Ферчо Поп Ѓорѓиев-26, Васил Хаџи Јорданов-28, Диме Блажов Чекоров-20 и Пане Мето-диев Џунов-18 години. Со нив се спроведени и четирите младинки од селото, блиски роднини на некои од мла-динците и тоа: Невена Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Ката Ицева и Павлина Касапинова.

Наредниот 174 број на Кав‘даречки Весник излегува од печат на 28 јули 2017 година.

Page 2: СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

2

На тргнување поручникот Кос-тов им рекол: „Ајде сега да ни го покажете патот по кој требаше да одите во партиза-ни“. Околу 13 часот по пеколна горештина пристигнале во месноста „Дулово долче“. Блокадата од селото веќе била повлече-на, а стрелачкиот вод запрел кај лаките во близина на реката Луда Мара. Поруч-никот Костов тогаш наредил: „Наредете-се еден до друг за да ве фотографираме“. Во маѓувреме највозрасниот од младин-ците насетуваќи дека нешто лошо се под-готвува, наеднаш започнал да трча кон реката Луда Мара и се обидел да избега кон капините. По него тргнале и Диме Че-

коров и Герасим Матаков. Костов иако во почетокот бил изненаден од смелоста на младинците веднаш им издал наредба на војниците да стрелаат. Тогаш започнала стравична пукотница. Лесно погоден Ва-сил Хаџи Јорданов успеал дури да извика: „Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре“. Тој за момент застанал погоден од еден куршум, но продолжил да се за-солнува. Останатите младинци погодени од рафалите на пушкомитролезот паѓале како покосено класје еден до друг. Оние кои сеуште покажувале знаци на живот биле убивани. За масакрот во Ваташа пи-шува во „Билтен“ на ГШ на НОВ и ПОМ

од септември 1943 година, каде меѓу дру-гото се вели: „Тие се изрешетани со кур-шуми од митролези, па после се исечени и избодени, на некои им се вадени очите и сечени рацете“.

Меѓутоа, ниту еден злостор во исто-ријата не останал неказнет, така заслуже-на казна ги стигнала сите актери во овој масакр. Учесниците од стрелачкиот одред кои беа дирекни учесници во крвавиот ва-ташки злостор ги стигна заслужената каз-на. Во борбата кај с. Страмашево на 13 јули 1944 година ја добија заслужената казна. Поручникот Костов и полицискиот начал-ник од Кавадарци Петко Опреков биле

ликвидирани наскоро по капитулацијата на фашистичка Бугарија. Нивниот наред-бодавец полковникот Љубен Апостолов на 3 ноември 1944 година го откриле маке-донските емигранти во Софија и го приве-ле во штабот на македонската народноос-лободителна бригада „Гоце Делчев“. Бил приведен и однесен во Кавадарци каде му е судено како на воен злосторник. Народ-ниот суд во Кавадарци го осудил на смрт, а му пресудил народот од овој крај. Облас-ниот полициски инспектор Димитар Раев и агентот Борис Жуглов биле осудени на смрт во Скопје и стрелани.

Мики Камчевски

ДИВОТО ГРАДЕЊЕ ПРОДОЛЖУВА - СТАРИТЕ НАВИКИ ОСТАНУВААТ

ПРЕВЕНТИВНА АКЦИСКА КОНТРОЛА НА ТРАКТОРИ И ЗЕМЈОДЕЛСКА

МЕХАНИЗАЦИЈА

КРАЖБИТЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ ЗАЧЕСТИЈА...

Во Кавадарци инспекторите и понатаму евидентираат нелегално градење на објекти. Точниот број на дивоградби изградени во последниот период не е познат, но дека се гради на диво потврдува и градоначални-кот на Кавадарци, Александар Панов.

Несовесните граѓани најчесто градењето на диво го вршат преку викенд кога нема инспектори на те-рен, а дивоградбата ја констатираат инспекторите откако до нив ќе стиг-не поплака од соседите. „Со жалење морам да констатирам дека дивото градење и покрај добрата намера на законодавецот и на владата, ова да биде еден пресек во досегашното гра-дење и да се овозможи во натамош-ниот период луѓето со поголем стра-вопочит да гледаат на овој феномен, сепак морам да констатирам дека се-

уште се гради на диво и тоа најчесто во сабота и недела, кога службите не се доволно присутни на терен. Прија-вите најчесто ни доаѓаат од соседите“ вели Панов.

Тој нагласува дека секогаш ко-га некој брза да ја заврши градбата преку викенд работи најчесто не-законски, за разлика од граѓаните кои имаат дозвола за градба и гра-дежните работи ги изведуваат во континуитет цела недела. „Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от надзор. Тој треба да се префрли, наместо во локалната самоуправа да биде во надлежност или на држа-вата или да има две компании, два субјекта, кои ќе вршат надзор и от-странување на дивоградбите, една во Скопје и една во Битола или Стру-мица, за да нема субјективитет во рушењето на дивоградби. Скопски-от субјектда руши во внатрешноста, додека оние од Битола и Струмица да рушат во Скопје“.

Многу често кавадарчани кои градат на диво, прво ја завршува-ат градбата, а потоа бараат врски во општината, со цел бесправно изгра-дениот објект да не им биде срушен.

Ангел Данов

Полициската станица од Општа надлежност Кавадарци спро-веде превентивна акција за соп-ствениците и возачите на трактори и друга земјоделска механизација. Со оглед на тоа што овие возила се вклучуваат во јавниот сообраќај тие мора да бидат технички исправни, регистрирани и осигурени, а возачи-те треба да поседуваат важечка во-зачка дозвола.

На локација на патот Кавадар-ци-Росоман кон Скопје, конкретно кај станицата за технички преглед на возилата на „Велком трејд“ беа запирани трактори со цел да се ут-врди состојбата на возилото а пред се констатира дали истото е реги-стрирано со оглед на законските прописи пропишани за сопствени-ците на вакви земјоделски машини. Акцијата беше спроведена заедно со Осигурителната компанија „Са-ва“ чиј преставник на сите запре-ни трактористи им подари елек за обележување на патиштата, и дру-ги подароци, и ги потсети на потре-бата од осигурување на сите вакви возачи и возила. Со ова акција се опфатени сите станици за технич-

ки преглед на возилата и осигури-телни компании, кои наредниот период ќе спроведат слични акции на денешната со единствена цел укажување на законските обврски при нивно учество.

По превентивните ќе се поми-не на репресивни акции од страна на полициската станица од општа надлежност Кавадарци спрема воза-чите кои од страна на полициските службеници ќе бидат затекнати ка-ко управуваат нерегистрирани и тех-нички неисправни трактори и друга земјоделска механизација.

За време на акцијата ниту еден возач не беше казнет, акцијата беше превентивна. Инаку некои од запре-ните трактористи денеска не ја ре-гистрирале својата машина. Заради сопствената и безбедноста на дру-гите учесници во сообраќајот тоа треба брзо да го сторат. Прилика по-веќе да се прими сериозно апелот на нашата полиција, да се почитуваат законските обврски при учество на трактори и друга земјоделска ме-ханизација во сообраќајот на па-тиштата.

РТК

Потребата од велоспеди во лето е драстично зголемена, а во времето во кое живееме, ова пре-везно средсто кое служи и за ре-креација и спортување, станува составен дел на секојдневеето. Ако немаш точок не си... Како и мо-болните така и велоспиедите ста-наа составен дел на животот. А во Кавадарци ги има–илјадници.Токму таквиот третман ги размрда и крадците. Велоспиедот секогаш бил привлечна мамка за нив. Во Кавадар-ци кражбата на велоспипеди е при-сутна и полицајците во склоп со опе-ративните мерки со кои располагаат успеаваат донекаде да се справат со арамиите. Околу Нова година откри-

ена е една група со велосипедите ук-радени од наши сограѓани.

Сега повторно има бран на кражби на велосипеди посебно из-разен во новиот центар на градот. Деновиве во нашата редакција ни се јави еден наш сограѓанин кој живее во станбена зграда во новиот центар кај кружниот тек, за само две години арамиите му украле два велоспеди. Живее на трети спрат. Последниот бил врзан со синџир, на трети кат, но арамииштата биле како терминато-ри-влегле, го скинале синџирот и ис-париле со велоспедот.

Се е уредно пријавено во ПС од ОН. Последниот на истиот сограѓа-нин му е украден во саботата, бил вр-

зан но го здиплиле. На ова подрачје во зградата кражбите на велоспиеди не се новина, напротив се краде во серија и на повеќе станари им исчез-нуваат точаците. Впрочем сега тие се во мода и многу се барани. Имаат минимална цена од 9.000 па се дви-жат до 1.000 евра, зависи од моделот. Значи во Кавадарци тоа е најбарано превозно средство кое служи за ре-креација, за спортување и чаламење.

Во коментарот до порталот www.rtk.mk, командирот на ПС од ОН Кавадарци, Борче Мустеников ве-ли дека се запознати за овој и слич-ни случаи и криминалистичката по-лиција постапува соодветно на секој случај. Во таа оперативна постапка имаат успеси но понекогаш треба по-долго време за да се откријат винов-

ниците. Според искуствата од вакви случаеви најчесто сторители се лица од Кавадарци од ромска национал-ност. Тој апелира покрај класичните синџири, за обезбедување на велос-пиедите да се користат посигурте сајли со клучеви кои тешко се раски-нуваат со класични клешти и други помагала. И уште нешто, велоспиди-те да не се остваат на места кои се ви-дливи подолго време.

РТК

Page 3: СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от

3

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

преминот на најкритичните точки ги однесе речиси сите до нејзиниот влез.

Во пештерата не пречека Илија Стамаџиев, кој е дел од организацио-ниот одбор на настанот, но и човек кој има поминато многу време како

дете истражувајќи ја околината на Мрежичко. Зборувајќи за пештерата меѓу другото рече дека не познава некој кој во целост ја има проучено Темната пештера и колкава е нејзи-

ТЕМНАТА ПЕШТЕРА НАВИСТИНА Е ТЕМНА

РАМАЗАНСКИ ПОСТСВ. ВАРТОЛОМЕЈ И ВАРНАВА (ВРТОЛОМ)На 24 јуни по нов, односно 11

јуни по стар календар, кога се од-дава почит на големиот празник Света Педесетница, се прославу-ваат и големите христови ученици, кои настрадале за Христа, светите апостоли Вартоломеј и Варнава. Св. Апостол Вартоломеј е еден од два-наесте Христови апостоли. Заед-но со Св. Апостол Филип и негова-та сестра Мариамна го проповедал Христовото учење во Мала Азија и Сирија. Во Фригискиот град Ерапол светите Апостоли Вартоломеј и Фи-лип, придружувани од св. Јован Бо-гослов, со молитва и сила Христова ја умртвиле змијата како божица и и` подигнале храм. Во истиот град

„врачевите“. Луѓето, исплашени од земјотресот, чувствувајќи дека тоа е божја казна, ги симнале апосто-лите од крстовите. Вартоломеј бил се уште жив, но не и Филип. Би-ло божја воља „неговиот апостол низ тоа страдање и распнување на крст да премине од земјата на небо-то кон кое се стремел цел живот“. Подоцна Вартоломеј го проповедал своето Евангелие во Индија.

Св. Апостол Вартоломеј ја из-лечил ќерката на Ерменскиот цар Полимиј од тешка болест. Злобниот царски брат Астојаг го фатил Апос-толот, го распнал на крст, му ја одрал кожата и му ја отсекол главата. Него-вот свето тело го погребале локални-те Христијани, бидејќи над неговите мошти се случувале чуда, незнабож-ците го фрлиле во оловен сандак со неговото тело во море. Сандакот стигнал на Липарските Острови, а пак епископот Агатон го дочекал и погребал во храмот. Подоцна, чудо-творните мошти на Св. Вартоломеј се пренесени во градот Беневент, а по-доцна во Рим.

Во народното верување посеб-но важен празник се смета Вартолом, денот кога Сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи. Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот за све-тите маченици Вартоломеј и Варна-ва, кај народот познат под името „Вр-толом“.

Имено се верува дека на овој ден Сонцето се врти кон зима и затоа многу жалело. Го вртеле дванаестте апостоли и тие исто така многу жале-ле што се завртувало кон зима.

Очигледно една природна поја-ва што имала за значење во животот на нашиот човек, била причина за мешање на некои христијански еле-менти со постари слоеви на народна-та култура.

Кети Ванчева, Томе Крстевскиетнолози

Иако во програмата беше пред-видена како факултативна и неза-должителна, посетата на Темната пештера предизвика голем интерес кај речиси сите „жители“ на кампот на Алшар. Најавеното кратко пату-вање се покажа и повеќе од возбуд-ливо и интересно, пред се поради тесните патеки кои го следат текот на реката опколена со високи и стр-мни карпи. Дополнително влажни-от терен го отежнуваше пристапот, но желбата да се стигне до пештера-та, надополнето со помошта од Тик-вешките точакџии кои асистираа при

ната вкупна должина, колку пештер-ски сали има. Отежнатото движење по тесните процепи го прекинаа на-шето патување но и она што може-ше да се види предизвика многу воз-дишки и восхит кај сите.

Пештерата и натаму останува недоистражена, со што предизви-кува огромен интерес во јавноста, а вклопувањето во активностите на настанот „Алшар-Допри го сонцето“ помага во нејзина поголема презен-тација. Дефинитивно, кај сите што беа во Темната пештера споменот ќе остане засекогаш врежан во нивните мисли.

Даниел Уневски

св. Вартоломеј и Филип со молит-ва му го вратиле видот на човекот Стахија кој 40 години бил слеп и го крстиле. Подоцна св. Вартоломеј го поставил Стахија за епископ. Св. Апостол Филип и св. Вартоломеј биле распнати и од незнабожиците на крст, но тогаш одеднаш наста-нал силен земјотрес од кој многу-мина загинале. Св. Филип го молел господ да ги врати во живот про-паднатите во земја непријатели „да ја познаат вистината“. Бог ги ожи-веал сите, освен „старешината“ и

Месец на Рамазан „Возвише-ниот“ го нарече месец над другите месеци со многу посебности. Во овој месец се бара простување на верни-ците се додека не се „омрсат“. Ме-сец кога се отвараат сите врати на „Џенет“ и се затвараат сите врати на „Џенем“. Што се однесува до по-стот или „Савма“ кај муслиманите се подразбира воздрживање од се што ги расипува (храна, пијалок, пу-шење, полово општење и сл.) во вре-ме на појава на зората, па се до зао-ѓање на сонцето.

Тоа е строга обврска на секој полнолетен муслиман и муслиман-ка. Месецот на рамазанскиот пост е установен од Куранот, Сунетот и кон-цезуалност кај муслиманите. Пост кој се состои од два основни темели и тоа:

1. Воздржување од оноа што го расипува постот од појавата на зора-та, па се до заоѓањето на сонцето. До-каз за тоа се зборовите на „Возвише-ниот“ јадете и пијте додека не би ја разликувале белата „нит“ од црната, потоа потполнете го постот до ноќта.

2. Одлука на Ибн Омер од Хафс, нека Алах од нив е задоволен, прене-сувајќи ја мислата на Алаховиот пра-теник кој рекол: Кој не се придржува кон овој пост пред „Сабах“ нема пост.

Меѓутоа Рамазан не се сведува само на постот, туку кај мислимани-те треба да се јакне смислата за сочу-ство со другите. Посебно до израз би дошло за грижа на сите сиромашни и социјално загрозени членови на за-едницата. Постот не е само воздржу-вање од храна и пијалок туку настоју-вање да страстите, колку е можно, оп-леменат. Со постот човекот развива способност да се контролира себе и своите постапки. Со тоа верниците не треба да имат посебен однос спрема постот, туку рамазан да го искористат за други облици на „Ибадет“ со кој се потполнува доживувањето на постот. Инаку постот има три фази:

1. Мораме да донесеме одлука (ниет).

2. Мора да се знае почетокот и крај за донесување на одлука (ниет).

3. Мора да се знае времето „Феџер и Садика“ првата зора, мора да се чува од се што го расипува по-стот, од првата зора до заоѓањето на сонцето.

Муслиманите за време на по-стот знаат што може да го прекине постот, а што не го прикинува по-стот.

Постои и пост на „Каза“ значи пост ден за ден или може да се пости континуирано или во различни дено-ви. Рамазан е месец на Куранот, за да се продлабочи контактот со Куранот во Џамиите се организира „Мукабе-ли“. Се со цел да контактот на верни-кот со верата да се зближи, а посебно битно треба да се посвети значењето на Куранот.

Рамазан не е само месец на по-стот, туку месец на материјалната жртва и материјално потпомагање на заедницата и друштвото.

Оваа година Рамазан започна на 27 мај и ќе трае 30 дена до 25 јули со завршните намази: Имсак во 3.20, Сабах во 4.55, Изгревањето на сонце-то 5.24,

Пладне 12.44, Икиндија 16.42, Акшам 20.06 и Јација 21.53.

Среќен Бајрам на Исламската верска заедница и жителите на Ка-вадарци со муслиманска вероиспо-вест.

Кети Ванчева, Томе Крстевскиетнолози

Page 4: СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

4

КАВАДАРЦИ ДОБИ СООБРАЌАЈНИЦА КОЈА ЌЕ ГО РАСТОВАРИ СЕВЕРНИОТ ВЛЕЗ ВО ГРАДОТ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ

ПАТ ВОЗАРЦИ-БРАНА ХЕЦ „ТИКВЕШ“

Општина Кавадарци во склоп на редовната комунал-на изградба деновиве интензивно работи на реконструк-ција на делницата од локалниот пат село Возарци-брана ХЕЦ „Тиквеш“. Станува збор за зафат со кој ќе се рекон-струра дел во должина од 1100 метри на потегот после мо-стот на Црна река во правец кон браната.

Оперативата на кавадаречката фирма „Урбан ин-вест“ согласно проектот на оваа делница прошири коло-возна површина од 5,5 метри широчина. Истата беше там-понирана и подготвена за асфалтирање. Вчера започна поставувањето на асфалтната подлога со дебелина од 7 сантиметри на вкупна површина од 4 600м2. Новата реви-тализирана делница од патот ќе има две коловозни ленти секоја со широчина од 2 метри, а од двете страни се поста-вени банкини со широчина од по 75 сантиметри.

За оваа намена Општината ќе се потроши 4.000.000 денари. Парите се обезбедени како грант од Светска банка преку проектот за Рурален развој, аплициран од Секторот за Локален економски развој во Општина Кавадарци.

Се очекува работите целосно да завршат на почето-кот од наредната недела, по што сите кои го користат овој патен правец ќе ги почуствуваат придобивките од негова-та ревитализација.

Димитар Мурџев

ПОЧУВСТВУВАЈ ЈА ПРИРОДАТА – ДОПРИ ГО СОНЦЕТО

Скромно во присуство на градоначални-кот Александар Панов во име на инвестито-рот-Локалната самоуправа, претставници на изведувачот и компании кои учествуваа во про-ектирањето, изведбата, беше промовирана ре-витализираната сообраќајница на Западен Бу-левар, на влезот во Кавадарци од правецот на Росоман. Новата сообраќајница е изградена со-гласно сите прописи и стандарди во должина од 440 метри. Широка е 16 метри со булеварско решение, има четири коловозни ленти во двата правци, тротоари на двете страни, осветлена со 16 канделабри и други пропратни сообраќајни елементи. Инвестирот е општина Кавадарци, а изведувач на работите беше фирмата „Ми Ко-мерц“ Кавадарци. За овој проект од општински-от буџет беа потрошени нешто над 13 милиони денари.

На промоцијата за јавноста градоначални-кот Панов уште еднаш ги посочи причините за доцнењето на реализацијата на овој капитален инфраструктурен проект. Притоа потсети дека експропријацијата беше главната причина за доцнењето од две години. „Но сега кога тоа го надминавме можеме пред граѓаните да ја прет-ставиме новата современа сообраќајница и да ја дадеме на користење“ посочи Панов и продолжи

„Затоа поучени од ова негативно искуство пара-лелно со изградбата на улицата се зафативме со-надминување на истиот проблем во наредните 700 метри. Изјавувам дека ни останаа уште две спорни експропријации кои се во судот од каде очекуваме позитивно решение согласно важеч-ките закони. После надминувањето на тој про-блем, создаваме оптимални услови за продолжу-вање на ревитализацијата за северниот влез со исто решение во наредните 700 метри. Но со ог-лед на висината на износот за градба реално е тоа да се реализира во две фази од по 350 метри во наредните две години. Во наредниот период во етапи ќе се продолжи со доизградба на оваа делница до фабриката Дрекслмајер“, рече градо-началникот Панов.

Димитар Мурџев

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ КАВАДАРЦИ-ДРЕНОВО

Општината Кавадарци преку проектот за Рурален развој финан-сиран од Светска банка обезбеди ас-фалтирање на делница од локални-от пат Кавадарци-Дреново. Станува збор за ревитализација на потег од овој пат во должина од 1 100 метри. Согласно проектот оперативата на фирмата „Урбан инвест“ изврши гра-дежни работи за ревитализација, од-носно проширување на патот на 5,5 метри. Во оваа основа се проектира-ни две коловозни ленти секоја со ши-рочина од 2 метри, како и банкини од двете страни на патот со единеч-на широчина од 75 сантиметри. По-крај тоа од двете страни на патот се обезбедени и испусти и одводи.

Во оваа фаза реконструкција-та се однесува на потегот од спојот на локалниот пат за Дреново со ре-гионалниот пат Кавадарци-Прилеп.

Трасата се движи по старото при-лепско џаде, се до спојот со угорни-цата кон селото Дреново. На оваа делница ќе се постави асфалтна подлога со дебелина од 7 сантиме-три на вкупна површина од 4150м2. Финансиската конструкција изнесу-ва 3.532.370 денари кои се грант од Светска банка.

Паралелно со ова општината во изминатиот месец во селото Дре-ново финансираше поплочување на две селски улици. Едната со повр-шина од 305м2, за што се инвестираа 326.260 денари и втората улица со површинаод 340м2 за што се потро-шија 374.760 денари. Парите се обез-бедени од буџетот на општината.

Со овие два зафати Општина Кавадарци привршува со заокружу-вање на проектот село Дреново. Име-но во изминатите осум години од мандатот на градоначалникот Алек-сандар Панов во инфраструктура-та на селото се инвестирани повеќе милиони денари со што асафлтираа или полочија безмалку сите улици во селото. Се интервенираше на учили-тето, си ревитализираше центарот на селото со изградба на плоштад, се изгради детски забавен парк, а се ин-вестираа и сретства во повеќе други сегменти со што во многу се подобри и се подигна стандардот на живеење во ова село.

Димитар Мурџев

„Дрекслмајер“ Македонија, го поддржа фестивалот под отворено небо „Алшар 2017“. Компанијата го потткинува и промовира здравиот начин на живот и квалитетното по-минато време во природа. Велоси-педизам, планинарство, пешачење, кампување. Ова беше изборот на голем дел од вработени во тимот на „Дрекслмајер“-Кавадарци, кои изми-натиот викенд заедно со уште мно-гумина други учесници ги откриваа недопрените предели на Кожув Пла-нина.

Како семејна компанија осо-бено ни е драго што не изостанаа и фамилијарните кампувања на наши вработени кои го поминаа викендот во прекрасните планински предели. Се придружуваме и на кампањата за

промовирање на велосипедот како превозно средство, па така со обезбе-дување и прилагодување на посебен простор за велосипеди на паркин-гот на компанијата ги охрабруваме вработените да користат велосипед. „Ме радува што овде има толку мно-гу љубители на природата и вело-сипедизмот. Го поддржуваме секој обид за промоција и мотивација на луѓето да се рекреираат во природа, но и што повеќе да користат велоси-пед. Драго ми е што настанот побуди голем интерес и кај нашите вработе-ни во „Дрекслмајер“, а поддршката на активности од овој тип, нема да изостане и во иднина“, вели Лукас Мирингер генерален директор на „Дрекслмајер“ Македонија.

Кав‘даречки Весник

Page 5: СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от

5

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

СЕ СОБРАА ДА ГО СЛАВАТ СОНЦЕТО НО ВРНЕЖЛИВИОТ АЛШАР НЕ ГИ ПОКОЛЕБА ВО АВАНТУРАТА

Ниту дождот, ниту облаците кои беа на дофат на сите оние што дел од последниот ден од најголе-мата македонска аутдор авантура, ниту пак студените ноќи во пазуви-те на Кожув планина не успеаа да го расипат впечатокот од второто издание на „Алшар 2017“ кое доне-се адреналин, возбуда и авантура, и ни потврди дека „Тиквешките то-чакџии“ покрај тоа што се најбрзо-растечкото друштво, се и најдобро организираната група која функ-ционира беспрекорно, па дури и во услови кои се далеку од идеални.

ното препладне во Мрежичко до-несе повеќе од 50 моторџии, кои први ја тестираа големата велоси-педска патека. Точно на пладне за-почна возбудливото патување по стрмната патека која води до Темна-та пештера која оправдано го носи ова име. Попладневната програма пак беше резервирана за кавада-речките диџеи, игрите во влечење на јаже и пиење свежо Македонско пиво, во кои и покрај силната кон-куренција, доминираа членовите на „Тиквешките точакџии“. Спуштање-то на сонцето го најави настапот на

тврди дека овој проект е вистинско освежување во времето во кое се по-малку има искрен хумор кој знае да засмејува до солзи. Вечерта ја зао-кружи кавадаречката рок атракција Smoke Shakers кои ја кренаа атмос-ферата до ниво што ниту силниот дожд не беше пречка да се остане на подиумот.

Дождот го продолжи свое-то шоу и во текот на ноќта, но и во раното неделно препладне, созда-вајќи им дополнителни главоболки на организаторите. Откако бројните велосипедисти не ја прифатија од-луката да се вози само малата пла-нинарска тура, организаторите брзо ја променија својата одлука, на ра-дост, но и на одговорност на сите. Веднаш по објавувањето на одлу-ката, следуваше официјалното от-ворање во кое на присутните им се обратија македонската автомобил-ска легенда, Игор Иџе Стефановски, кој упати честитка за организација-та на настанот и го прогласи истиот за отворен, за веднаш по него пред

ра, која и годинава ја координира-ше планинарското друштво „Орле“ од Кавадарци. Последни од стартно целната рамнина заминаа велосипе-дистите кои ќе ја возат малата тура, како и рекреативците во крос кан-три трчање предводени од домаќи-нот „Меридијан Атлетик клуб“ Ка-вадарци. За останатите присутни и гости, беше организирана посета во производствениот погон на пивара-та на „Кожувчанка“ ДОО, каде што стручни лица во целост го објаснија процесот на производство на Маке-донско пиво. Од таму, случувањата се префрлија во централната фес-тивалска зона, каде кавадаречките диџеи го продолжија шоуто кое го започнаа уште во петокот, но и ка-де пристигнуваа и првите учесници.

Со безброј спомени со себе, стотици фотографии во мобилни-те и многу кал на себе, уморни од тешкиот терен, учесниците беа пре-чекани со топол оброк и многу гос-ти кои континуирано пристигнуваа од Кавадарци. Пред официјалното

Фактот што повеќе од 500 ве-лосипедисти, речиси исто толку планинари и рекреативци и покрај информацијата за тешкиот терен и калливите патеки без размислу-вање одлучија да го доживеат Ко-жув во едно поинакво издание, и тоа како говори колкава е желбата и љубовта на вљубениците во пла-нината и планинскиот спорт кои ви-кендов престојуваа во Мрежичко, но и за вербата во организациски-те способности на „Тиквешките то-чакџии“ кои обезбедија поддршка од секаков тип за сите велосипеди-сти кои имаа минимални проблеми во возењето.

Хронолошки, фестивалски-те активности на годинашното из-дание на „Алшар 2017“ започна во петокот 9 јуни 2017, кој беше пред-виден за пристигнување на првите учесници. Првата фестивалска ве-чер пак беше посветена на тради-ционалното и македонското, во кое главниот збор на сцената го имаа културно уметничкото друштво „Тиквеш“ од Кавадарци и групата „Чардак“. По студената ноќ, сабот-

диџеј Славе Келешовски, а веднаш по неговиот настап следуваше офи-цијалната промоција на серијалот „Време за лакардиите на Паја“ во продукција на РТК.мк. Смеењето и аплаузите на видео едицијата на ви-цовите на кавадаречката урбана ле-генда, Златко Вузевски - Пајата по-

присутните да се обрати и Живко Гурев, претседател на здружението „Тиквешки точакџии“. По официјал-ниот дел, стартно целната рамнина први ја напуштија велосипедисти-те кои ја возеа големата велосипед-ска тура, а веднаш по нив стартуваа и малата и голема планинарска ту-

спуштање на завесата на второто издание на „Алшар“, следуваше бо-гата наградна игра во која се разби-ра главна награда беше велосипед за нов учесник на третото издание на „Алшар 2018“, кое ќе следува веќе наредната година.

Даниел Уневски

ФОТО ВЕСТСелото Ваташа се

подготвува за одбе-лежување на годишни-ната од масакрот што бугарските фашисти го извршија врз 12 мла-динци од селото.

Месната заедница во соработка со општи-на Кавадарци постави девет метарски јарбол и македонско знаме со димензии 2,5 х 6 метри.

Јарбол е поставен и во црквата која се гра-ди на гробишта во се-лото.

Page 6: СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

6

УЧЕБНАТА ГОДИНА ЗАВРШИ

За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 сред-ношколци, минатиот петок беше по-следниот училишен ден од учебната 2016/2017 година.

ДРЕКСЛМАЈЕР: СОРАБОТКА СО НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА СРЕДНОШКОЛЦИ

КАЈ МАМА И ТАТО НА РАБОТА - ПРОЕКТ НA EVN МАКЕДОНИЈА

Податоците говорат дека го-динава во прво одделение низ ос-новните училишта во Кавадарци ќе зачекорат само 306 првачиња. Оваа бројка е од матичната евиденција на

законски обврски, во која не е од-земена бројката на можни иселени граѓани надвор од земјава чии деца би требало од септември да го за-почнат основното образование.

Од секторот за образование при локалната самоуправа Кава-дарци информираа дека се доста-вени списоци до сите основни учи-лишта со податоците на законски должните првачиња според реги-онот во кој работи секое од учи-лиштата. Училиштата на домаш-на адреса и годинава со покана ги повикуваа родителите на идните првачиња да се јават со потребна-та документација и да минат низ општите педагошко-психолошки тестирања. Тренд е последните не-колку години изборот на училиште, односно конечната одлука да е се-пак одлука на родителот во кое училиште ќе се школува неговото дете.

Споредбено со претходната учебна година според евиденција-та во учебната 2016/2017 година во прво одделение се запишале 428 првачиња. Според евиденцијата во учебната 2017/2018 година ќе се за-пишат само 306 првачиња.

Борбата за првачиња кавада-речките училишта ја започнаа на 1 мај, кога и официјално стартува-ше уписот за нови првачиња. Ко-нечната бројка на нови основци од септември сеуште не е позната, но сигурно е дека вкупниот број пр-вачиња 380 ќе биде распореден во шест училишта во Кавадарци.

Милица Младенова

Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средни училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29 јуни. Средните училишта од Кава-дарци веќе од поодамна започнаа со своите промотивни активности, се со цел да привлечат што е можно по-голем број на ученици.

Матурантите, пак веќе пола-гаа три предмети од државната ма-тура: македонски јазик, странски јазик, како и изборните предмети. Останува да полагаат изборен пред-нет пред училишната комисија. Пр-вичните неофицијални резултати се очекуваат најдоцна до 14 јули. Упи-сите на бруцошите во првата ака-демска година се во месец август.

К. В.

„Дрекслмајер“ од септември ќе ѝ посака добредојде на новата генерација на средношколци/прак-тиканти во втора година од Сред-ното индустриско училиште „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци.

Со цел да го доближи моделот на практична настава до сите завр-шени основци, компанијата во сора-ботка со средното индустриско учи-лиште во вторникот 13. јуни 2017, од 17 до 19 часот организираше отворен ден во просториите на училиште-то. Учениците и нивните родите-ли имаа можност да откријат нова перспектива и да се запознаат со концептот на иднината од областа на мехатрониката. Присутните ди-ректно ја тестираа автоматизирана-та опрема, машините и алатките кои ќе бидат изложени во училиштето и преку интерактивни активности да дознаат повеќе за моделот на дуа-лен систем на настава, кој „Дрексл-мајер“ втора година по ред успешно го спроведува.

Целта на отворениот ден е што поголем број на основци да се запоз-наат со можностите на овој концепт,

а додека пак заинтересираните уче-ници со завршена прва година може да пополнат и пријавен формулар за практична настава во компанијата.

Дуалното образование прет-ставува комбинација од теоретска настава во училишните клупи и учење низ практична работа во спе-цијално опремената работилница во рамки на фабриката. Работилница-та во компанијата е училница при-лагодена со единствена намена за едукативна практична настава каде учениците се стекнуваат знаење од областа на индустриската мехатро-ника.

Покрај новоочекуваната ге-нерација на ученици/практиканти, дваесетина средношколци од мина-тата година се дел од дуалниот кон-цепт на образование и од следна-та учебна година продолжуваат со практичната настава во работилни-цата. Во фокусот на „Дрекслмајер“ и понатаму остануваат младите луѓе кои компанијата преку поддршка на образовниот процес го поддржува и нивниот личен развој.

К. В.

Децата на вработени во ЕВН Македонија имаа можност одблизу да се запознаат со работните обврски на своите родители. Во кориснички енерго центар Кавадарци се реали-зира проектот „Со децата на работа“ под мотото „Кај мама и тато на рабо-та“. Како што нагласуваат од компа-нијата, овој проект има за цел елек-тро струката да им ја приближи на најмалите, а воедно таа да биде една од нивните можни идни занимања.

Децата учествуваа во експери-менти, а учеа за значењето на елек-тричната енергија. Им беа пренесе-ни факти за електрификацијата на земјава која се спроведувала во пе-риодот од 1909 до 1944 година, раз-

војот на Електростопанство на Маке-донија, поделбата на три субјекта на ЕСМ и неговата приватизација. Деца-та имаа можност меѓусебе да се за-познаат и да се дружат. Се запознаа и со целиот работен процес во корис-нички енерго центар Кавадарци.

Овој проект, како пилот про-ект е реализиран минатата година во Скопје под мотото „Со ќерките на ра-бота“. Годинава истиот е проширен и ќе се реализира на осум локации во земјава. За разлика од лани, година-ва се опфатени и момчињата и девој-чињата.

Ангел Данов

СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ПРВАЧИЊА ВО КАВАДАРЦИ

Page 7: СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от

7

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

„ВРЕМЕ-ТО ЗА ЛАКАРДИИТЕ НА ПАЈА“ ЗАПОЧНА

БЕСЦЕНЕТИ КРЕАЦИИ НА ПАНЕ

104 ГОДИНИ ОД ТИКВЕШКОТО ВОСТАНИЕ ВО 1913 ГОДИНА

БАЛЕТСКО СТУДИО „ВЕНУС“ – ГОДИШЕН КОНЦЕРТСеријалот „Време за лакардии-

те на Паја“ во продукција на РТК.мк во вторникот на 13 јуни и официјално ја доживеа својата фејсбук премиера, која ја проследија неколку илјади кавадар-чани.

По премиерното прикажување на манифестацијата „Алшар 2017“, серија-лот кој претставува видео преработка на вицовите на кавадаречката урбана легенда Златко Вузевски - Паја ќе се прикажуваат секој вторник и петок во терминот од 10 часот на фејсбук профи-лот РТК.мк и на веб порталот www.rtk.mk во секцијата RTK-LIVE. Репризите ќе бидат емитувани секој вторник, пе-ток и недела на RTK-LIVE од 21.30 часот.

Првиот серијал брои 50-на вицови кои ги снимија актерите Видан Станоев и Милица Гочевска во улогите на Блажо

Младиот, надежен ликовен уметник Пане Хаџи-Василев имаше ново, самостојно, второ по ред ликов-но претставување. Се претстави со 28 нови слики, насликани со молив на ха-мер, каде тој ја истражува поврзанос-та на човекот и животните. На нему својствен начин Пане нуди нешто но-во, досега слабо екплоатирано од него-вите постари колеги.

Во понеделник на 19 јуни ќе се од-бележат 104 години од „Тиквешкото вос-тание 1913“ кое се случило во виорот на Балканските војни. Историјата бележи дека во таа 1913 година, тиквешани биле принудени да се кренат на вооружен бунт.

По завршувањето на Првата бал-канска војна и протерувањето на Тур-ците од Балканскиот Полуостров, те-риторијата на Македонија е поделена на интересни свери на влијание. На десната страна на реката Вардар биле концентрирани срските воено-админи-стративни сили (Тимочката дивизија), а на левата бугарските воени сили, нејзи-ната Четврта армија.

Веднаш по назначувањето на потполковникот Урошевиќ за коман-дант и управник на Кавадарци, српски-те воени сили ги покажале своите аси-милаторски и денационализаторски тенденции.

По успешната изведба на му-зичко-сценскиот спектакл, кабарето „Ден и ноќ“, членовите на балетското студио „Венус“ во вторникот, 13 јуни, во големата сала при Домот на култу-рата „Иван Мазов -Климе“ ги оддржаа своите два годишни концерти, со кои ќе беше заокружена уште една успеш-на година.

Најнаградуваното македонско Балетско студио „Венус“ на годиш-ните концерти ги претстави најус-пешните кореографии на сите групи по возраст. Меѓу кореографиите се најдоа и петте кореографии кои на неодамна оддржаниот интернацио-нален денс фестивал на балетското студио „Венус“ му донесоа четири први и едно второ место.

Вообичаено, и годинава следу-ваа два концерти, првиот во 18:30 ча-сот и вториот во 20:00 часот.

Даниел Уневски

и Мара, во режија и актерство на Диме Коцевски. За снимањето и монтажата се погрижи продукцијата „Кавадион“ на Тони Коцев и Диме Коцевски, а по-времено се појавуваат Елизабета Злате-ва, Елизабета Галабова, Никола Деков и други пријатели на Вузевски кои имаат афинитети кон кавадречкиот хумор и сатира. Проектот се реализира по идеа и иницијатива на Љупчe Сапунџиев.

кавадар4е

својот митрополит на железничката станица во Криволак. Во една турска куќа во Кавадарци српските војници ги убиле сите нејзини членови само затоа што им се спротивставиле на војници-те да пљачкаат во куќата.

Во село Ваташа биле безмилосно претепани Зарко Илиев, Тодор Мицев и Лазар Хаџи Јорданов без никаква причи-на. Во истото село била тепана, и изма-чувана Наца Пинџурова, мајка на војво-дата Димитар Пинџуров, барајќи од неа да каже каде е нејзиниот син. Бидејќи паднала во беазсознание комшиите ја кренале на носилка и ја однеле дома.

Во Кавадарци бил убиен млади-нецот Александар Видов, кој на пра-шањето на управникот на градот Уро-шевиќ дали е Србин или не одговорил негативно. Плашејќи се од револт на народот неговото тело било тајно изне-сено од градот и закопано на скришно место надвор од градот, така да и до ден денеска не се знае каде е неговиот гроб. Во Ваташа била силувана Марија Тодорова од страна на поручникот Ми-лан Керковиќ, само еден ден по нејзина-та свадба.

Револтот на населението во овој крај од ден во ден бил се поголем. Така во почетокот на јуни 1913 г. поранеш-ните војводи и револуционери Дон-чо Лазаров, Мишо Шкартов, Димитар Пинџуров, Тасе Мурџев, Коцо Сеизов, Тодор Камчев и др. се собрале во куќата на Јованче Шкартов и се договориле да го подготват револтираниот народ за вооружено востание. На овој состанок присуствувал и Петко Пенчев, престав-ник на бугарската влада кој им ветил несебична помош на востаниците. Тука биле и вооружените чети на ВМРО на Христо Чернопеев, Ѓакон Евстатиј, Ва-сил Чакаларов, Петар Чаулев и др. кој исто така понудиле подршка за воста-нието. Бил формиран Главен штаб на востанието во кој влегле 20 сетина ви-дни револуционереи од Кавадарци, Не-готино и Ваташа.

На 19 јуни востаниците го објави-ле востанието со биење на камбаните и пукање во општинскиот писар и други-те српски чиновници во Кавадарци. По

силниот напад градот бил ослободен од српската власт. Од општинската зграда било симнато српското знаме и било подигнато револуционерното знаме од 1903 година, на кое пишувало „Слобода или смрт“, под него „Тиквешки револу-ционерен округ“. Во наредните денови биле ослободени Неготино (22 јуни) и Криволак, како и сите поголеми села во Тиквешијата во кој имало концентрира-но српска војска. Градот Кавадарци бил слободен цели 7 дена, а биле ослободе-ни и педесетина села меѓу кои и некој од прилепска општина. За тоа време не бил регистриран ниту еден инцидент помеѓу македонското и турското насе-ление во Кавадарци.

По седум дена голема српска војска предводена од Василие Трбиќ помогната од неколку башибозучки чети на Јован Бабунски, Јован Долгачот и Јаја Ага Ма-лиќ ги нападнале востаничките позиции кај Неготино, потоа кај Сирково, Рибарци и Манастирец. Штабот на востаниците бил на Љубаш од каде се гледала целата линијата на фронтот. Востани;ките сили кога слушнале дека голема српска војска заедно со турските наемници се при-ближуваат кон Кавадарци се разделиле на пове’е од 10 групи и се распоредиле фронтовски по целата линија на фрон-тот на 5-6 километри северно од Кава-дарци, во близина на селата Манастирец и Рибарци. Тука српските чети биле на-полно разбиени и биле приморани да се повле;ат кон Градско и Велес, оставајќи голем број убиени и ранети војници и го-лемо количество оружје, меѓу кое и по-веќе тешки митролези. На два пати срп-ската војска повторно напаѓала и била одбивана и принудена да се врати назад, но отсуството на ветената помош придо-нела големата српска војска и башибозук да ги разбијат востаничките сили, кој би-

ле приморани да се повлечат према Конопиште и пла-нината Кожув.

По задушу-вањето на воста-нието настанал страшен терор. Биле убиени 545

луѓе, според наодите на Карнегиевата комисија, и покрај тоа што вистинска-та бројка била многу поголема, најм-ногу убиени имало во Неготино 117, во Бохула 46, Ваташа 37, Сирково 26, Кава-дарци 25, Дреново 13, Марена 12, Мрзен Ораовец 11 итн. Биле запалени повеќе од 1000 куќи, а 2700 луѓе биле затворе-ни. Исплашени од репресалии за крат-ко време од Тиквешијата се иселиле по-веќе од 3000 семејства, најмногу во Бу-гарија и никогаш повеќе не се вратиле во своите домови.

Тиквешкото востание и последи-ците од него преставуваат најголемиот терор во поновата историја на народот од овој крај.

Во чест на 100 годишнината од Тиквешкото востание градоначални-кот Александар Панов откри споменик во паркот „Полана“. Споменикот кој го симболизира Тиквешкиот и Македон-скиот непокор е дело на академскиот скулптор Кирил Мукаетов, а постамен-тот го изработи неговиот колега ака-демски скулптор Димитар Самарџиев и двајцата од Кавадарци.

Петре Камчевски

На изложбата во Домот на кул-турата „Иван Мазов Климе“ за негова-та уметност говореше Диме Коцевски, а љубителите на неговата уметност имаа можност да видат нов истражу-вачки проект на младиот Пане. Инаку тој својата љубов кон дизајнот не ја на-пушта. Засега планира да го продолжи своето високо образование во Бугарија каде ќе учи англиски и шпански јазик.

Марјан Димитров

Како прво Драган Урошевиќ го разрешил кметот на Кавадарци Тасе Бошков и шестчлената мешана коми-сија составена од Македонци и Турци, кои привремено управувале со градот, тој им кажал дека од сега па натаму ќе биде така како што тој ќе каже. Веднаш потоа се истерани од работа сите учите-ли и на нивно место биле донесени учи-тели од Србија, или пак оние кои сака-ле да останат биле приморани да одат на курс во Белград, каде требало добро да го научат српскиот јазик и српската историја.

Најнапред била затворена тре-токласната нижа гимназија во Кава-дарци, а биле уапсени учителите: Рис-то Михов, Ѓошо Бадев, Борис Минчев, Димитар Коцев и други. Набргу истата судбина ги нашла и свештениците во Тиквешко, а нивниот архиерејски ста-решина Глигорие Лазаров бил прете-пан затоа што се обидел да го пречека

Page 8: СВЕЖО ЦВЕЌЕ ЗА 12 ВАТАШКИ ЦВЕТОВИ„Мое раз-мислување е дека нешто треба да се смени, пред се во инспекциски-от

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

8

Општинско јавно гласилоИздавач: Локална самоуправа КавадарциУредник: Димитар МурџевЛектор-коректор: „Европа 92“ Печати: Печатница „Европа 92“ Кочани

Бесплатен примерок

АФОПЕРИЗМИДосега верував во законите,

одсега не се фермам ни себе си...

Петар Наневски

П Л АТАСи иде Блажо од работа го пре-

чекуе Мара и му вика:Мара: Еееее бе Блажо му речи ли на тиа твојот шеф дека со таа твојта лита плата неможиме двуицата да живејме?Блажо: Му реку.Мара: И шо ти речи?Блажо: Ми рече да се остајме.

Златко Вузевски-ПајаВИТЕЗ НА ШЕГАТА

ФИЛИП РИЗОВ НА СВЕТСКО ВО ИТАЛИЈА

ЦЕНАТА НА НИКЕЛОТ ГО ДИКТИРА СОСТАВОТ НА ИГРАЧИТЕ

НАДЕЖИТЕ НА РК „ТИКВЕШ“ШАМПИОНИ ВО МЕТАЛУРГ ЛИГАТА

КЛУБОТ „БУДО“ Е НАЈУСПЕШНАТА ЕКИПА НА ЧЕТВР-

ТОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО

Кик бокс клубот „Будо“ од Ка-вадарци е најуспешната екипа на четвртото Државно првенство во кик бокс за сите возрасни категории во дисциплините кик-лајт (татами), К-1 и MMA (ринг). Иако во скратен состав, избраниците на Ристовски и Анастасиев на државното првенство кое се одржа изминатиот викенд во Скопје освоија вкупно 10 медали, од кои дури 6 златни.

За новите шест златни меда-ли во клубската ризница придоне-соа Синиша Милошевиќ, Блаже На-стов, Александар Велков, Марјанче Кендровски и Мартин Данев. Сре-брените медали завршија на гради-те на Ристе Атанасов, Илија Камчев и Милан Милошевиќ, додека Драган Ташев освои бронзен медал. Во ММА натпреварувањето имаше многу мал број на учесници, што не му пречеше на Мартин Данев да освои две титули во две категории, едната без борба, а другата во категориијата до -74 кг. Во мечот за злато во категоријата до 74 килограми, Данев го совлада Милош Велевски од Куманово 2006 со што ја забележа шестата победа на Држав-ните првенства.

На превенството учествуваа околу 70 натпреварувачи, а според организаторот на настанот, помали-от одѕив е резултат на матурските денови и рамазанскиот пост.

кавадар4е

ДУДИЦА 2017ПСД „Орле“ од Кавадарци ја

продолжува традицијата и оваа го-дина и организира логорување во подножјето и искачување на врвoт Дудица -2150 мнв на Кожуф Планина.

Планинарската акција ќе се одр-жи викендов 17 и 18 јуни 2017 (сабота и недела). Потребно е секој учесник кој ќе се пријави да си понесе соодветна опрема за логорување. Според распо-редот и програмата предвидено е во двата дена колку ќе трае маршот да се поминат над 20 километри со старт на Михалово, пешачење и ноќевање, а вториот ден пристигнување на Ду-дица и враќање назад. Викенд турите на планинарите будат голем интерес, особено кај младите.

РТК

Најдобриот спортист на град Кавадарци, кик боксерот Филип Ри-зов благодарение на огромната под-дршка од целата заедница и офи-цијално ќе биде дел од Bestfighters Wako World Cup кој од 15 до 18 јуни ќе се оддржи во Римини Италија. Ризов кој неколку години суверено владее со рингот во категоријата до 57 кило-грами веќе утре заминува за Италија,

каде што ќе има два дена за адапта-ција, пред напорниот викенд во кој го очекуваат дуели со претставни-ците на Италија, Франција, Украина, Словенија и Велика Британија.

„Најпрво од мое лично име, од името на Филип Ризов и на Тодор Анастасиев, сакам да упатам јавна благодарност до сите оние кои што помогнаа да ги собереме финан-сиските средства, до целата кавада-речка јавност, бизнис секторот, ло-калната самоуправа, бизнис секто-рот, нашите иселеници, медиумите, но и граѓаните кои ја споделуваа ин-формацијата за поддршка на наши-от борец. Драго ми е што заеднички успеавме да му помогнеме на Филип, но и да ја почуствуваме поддршката од градот кој секогаш го претставу-ваме во најдобро светло, за што гово-рат и бројните медали“ ни рече меѓу другото Александар Ристовски, тре-

нер во клубот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци.

Во продолжение од разговорот, Ристовски не информираше дека ова натпреварување спаѓа во најсилни-те од ваков тип во светот, за што го-вори и самата конкуренција од над 2350 борци од сите страни на све-тот. „Светскиот куп Bestfighters на календарот е означен со буквата А, која ја добиваат само најквалитетни-те и најсилните турнири во светот. Филип ќе настапи во категоријата до 57 килограми, во која на балкан-ското првенство во Сараево го освои златниот медал. Исто така, овој куп е од дополнителна важност затоа што Ризов ќе има можност да ги запознае дел од противниците кои ќе ги има на европското првенство кое во сеп-тември ќе се оддржи во Скопје“ завр-шува Ристовски.

Даниел Уневски

Иако до почетокот на подго-товките за новата кошаркарска се-зона има нешто помалку од два ме-сеци, раководството на кошаркар-скиот клуб „Фени Индустри“ се очекува многу наскоро да започне со составување на тимот кој во сезоната 2017/2018 ќе ги брани боите на пора-нешниот македонски шампион и ак-туелен вицешампион во македонски-от Куп.

Согласно клубската стратегија која започна да се применува од мина-тата сезона, и годинава главниот ак-

цент ќе биде ставен на македонските играчи, особено на оние од помлада-та генерација кои треба да го искажат целиот свој потенцијал и кошаркар-

ско знаење токму во периодот кој што престои. Засега, од клубот сеуште не-ма прецизни информации кои од иг-рачите кои ја завршија минатата сезо-на ќе го носат дресот на „Фени Индус-три“, ниту пак кои се играчи се желба на клубот за новата сезона.

Секако, огромно влијание врз составувањето на играчкиот кадар, како и сите претходни, така и гоина-ва, ќе има глобалната цена на нике-лот, која барем засега не оди во при-лог на клубот, управата и публиката.

Даниел Уневски

Во истиот ден во кој голем број кавадарчани го прославија и поздра-вија големиот успех на Ракометниот клуб „Вардар“ кој е новиот европски ракометен шампион, Кавадарци ги доби своите нови ракометни херои кои во наредните години и тоа како ќе имаат што да кажат на македон-ската, па и на европската и светската ракометна сцена.

Во сенка на големиот успех на Ракометниот клуб „Вардар“, ракоме-тарите на Ракометниот клуб „Тик-веш“ од генерацијата 2002/2003 ја освоија мини лигата на Ракометниот клуб „Металург“ и уште еднаш по-тврдија дека Кавадарци е вистински

расадник за млади таленти.На завршниот фајнл фор во ли-

гата кој се одигра во Скопје, избрани-ците на Ќире Василев во полуфина-лето демонстрираа надмоќност над тимот на „Макстил“, совладувајќи го со 29:15, во меч во кој уште по првото полувреме тимот на „Тиквеш“ имаше позитива од 10 гола. Во истиот стил младите кавадарчани продолжија и во финалето, недозволувајќи му на тимот на „Торо Спорт“ да се понаде-ва на нешто повеќе од чесен пораз, совладувајќи ги со 13:21.

Со двата триумфи во последни-те два натпревари ракометарите на „Тиквеш“ ја потврдија перфектната

сезона во која без пораз стиг-наа до шампионскиот наслов. Покрај екипното признание, „Тиквеш“ го има и новиот ма-кедонски ракометен бисер и најдобар млад играч на првен-ството во името на Мартин Петров.

Даниел Уневски