Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани...

68
Трансферни цени

Transcript of Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани...

Page 1: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

Трансферни цени

Page 2: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

Агенда

Слајд

1 Преглед на важечката регулатива за трансферницени

1

2 Поврзани лица 10

3 Практична примена на одредбите за трансферни цени

20

4 Документација за трансферни цени 29

5 Праксата на македонските даночни власти 32

6 Царинска регулатива за трансферни цени 37

7 Сметководствен третман на трансферните цени 52

Page 3: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

1

Трансферни цени

Page 4: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Регулативата на трансферни цени во Македонија

1. Закон за данок на добивка;

2. Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот надобивка и спречување на двојното ослободување или двојнотооданочување; и

3. Царински закон.

2Трансферни цени

1 – Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

Page 5: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Закон за данок на добивка – преглед на релевантните членови

Релевантни одредби: Член 11, став 7 (скриени исплати на добивка), член 13 (оданочиви расходи и помалку искажани приходи), член 14 (камати кон поврзани лица), член 15 (тенка капитализација) и член 16 (поврзани лица).

Концептот на трансферни цени постои во Законот за добивка уште од1993. Одредбите во Законот за добивка не беа значително менувани се доаприл 2011, кога под „капата“ на трансферните цени се опфатени не саморасходите, туку и приходите.

Законот ги содржи основните постулати:

- пазарниот принцип и

- дефиниција за поврзани лица.

3Трансферни цени

1 – Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

Page 6: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Развој на одредбите за трансферни цени во македонскиот Закон за данок на добивка

Член 13 од Законот за данок на добивка (80/1993)

• Првичната одредба за трансферни цени („далечната“ 1993 година)

Сите трансакции што даночниот обврзник ги имал со поврзани лица посебно се искажуваат во даночниот биланс, заедно со трансферните цени по кои се реализирани трансакциите.

Разликата меѓу пазарната и трансферната цена се вклучува во даночната основа.

4Трансферни цени

1 – Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

Page 7: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Важечки одредби за трансферни цени вомакедонскиот Закон за данок на добивка

Член 13 од Законот за данок на добивка (47/2011) – 18 години подоцна

За расходи и помалку искажани приходи од поврзани лица се сметаат:

1) разликата меѓу трансферната и пазарната цена остварена меѓу поврзани лица. Под трансферна цена се смета цената настаната во врска со извршената трансакција на средствата или создавање обврски меѓу поврзани лица.

При утврдување на разликата меѓу пазарната и трансферната цена се користат споредливи цени што би се оствариле на домашниот пазар или компаративниот странски пазар кога не би се работело за однос на поврзани лица, а кога тоа не е можно се користи цената утврдена според методот на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (разлика во цени, провизија).

5Трансферни цени

1 – Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

Page 8: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Важечки одредби за трансферни цени вомакедонскиот Закон за данок на добивка

Член 13 од Законот за данок на добивка (47/2011)

2) износот на делот од камати по заемите кои се добиени од поврзано лице кое не е банка или друга овластена кредитна институција, кој го надминува износот кој би се остварил доколку се работи за неповрзани лица.

3) износот на затезните камати меѓу поврзани лица.

6Трансферни цени

1 – Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

Page 9: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Важечки одредби за трансферни цени вомакедонскиот Закон за данок на добивка

Член 13 од Законот за данок на добивка (47/2011)

4) износот на каматите на заемите добиени од содружниците или акционерите - нерезиденти со најмалку од 25% учество во капиталот на друштвото, кои за повеќе од три пати го надминуваат износот на уделот на тој содружник или акционер. Како заеми се сметаат и заемите од трети лица кои се гарантирани од содружникот или акционерот. Износот на уделот на содружникот или акционерот во капиталот на корисникот на заемот се определува за даночниот период како просек од уплатениот капитал, нераспределената добивка и резервите, намалени за евентуалните непокриени загуби => т.н. тенка капитализација.

7Трансферни цени

1 – Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

Page 10: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Важечки одредби за трансферни цени во македонскиот Закон за данок на добивка

Член 14 од Законот за данок на добивка (47/2011)

Кај заемите кои се добиени од поврзаното лице (од членот 13 став 1 точка 2 на Законот за данок на добивка), кое не е банка или друга овластена кредитна институција, односно не се добиени директно или индиректно од меѓународни финансиски институции и заемите за кои гарантира Република Македонија, при утврдувањето на расходите од камати се признава пресметаната камата најмногу до висината на каматната стапка која би се остварила меѓу неповрзани лица, во моментот на одобрувањето на заемот.

8Трансферни цени

1 – Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

Page 11: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Важечки одредби за трансферни цени во македонскиот Закон за данок на добивка

Член 14 од Законот за данок на добивка (47/2011)

При утврдувањето на приходите од каматите на заеми дадени на поврзани лица, се признаваат пресметаните камати, најмалку до висината на каматните стапки, кои би се оствариле меѓу неповрзани лица, во моментот на одобрувањето на заемот.

Како основ за определување на висината на каматната стапка од ставовите 1 и 2 на овој член која би се остварила меѓу неповрзаните лица е стапката остварена на финансиски пазар во земјата или на меѓународен финансиски пазар.

9Трансферни цени

1 – Преглед на важечката регулатива за трансферни цени

Page 12: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Поврзани лица

10

Трансферни цени

Page 13: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Дефинирање на поимот „поврзани субјекти“

Кои се поврзани субјекти?

Дефиницијата на поврзани лица за целите на данокот на добивка (наведена во Законот за данок на добивка во членот 16) се врзува со дефиницијата за поврзани лица која е дадена во Законот за трговски друштва (членови 491-499).

Закон за данок на добивка (поврзани

лица)

Закон за трговски друштва

(поврзани лица)

11Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 14: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Поврзани лица

Ново дефинирање на „поврзани лица“ (чл. 16 од ЗДД)

Според Законот за трговски друштва, поврзани друштва се правно самостојни друштва кои се поврзуваат и кои воспоставуваат меѓусебни односи како:

друштво коешто во друго друштво има:

учество (10% - 20% од основната главнина),

значајно учество (21% - 50% од основната главнина),

мнозинско учество или мнозинско право во одлучувањето (над 50% од основната главнина) или

заемно учество;

зависно, владејачко друштво и друштва кои дејствуваат заеднички.

12Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 15: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Поим на учество на едно во друго друштво (член 492 од ЗТД)

Друштво коешто во друго друштво стекнало удел или акции коишто во основната главнина на другото друштво се претставени најмалку со 10%, но не повеќе од 20% од основната главнина на друштвото се смета за друштво коешто има учество во друго друштво.

Сопственик со 18% учество во

акциите/уделот во Друштвото Б

Друштво А

Друштво Б

13Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 16: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Поим на друштво со значајно учество (член 493 од ЗТД)

Друштво коешто во друго друштво стекнало удел или акции коишто во основната главнина на другото друштво се претставени со повеќе од 20%, но не повеќе од 50% од основната главнина на друштвото, или кога на собирот на содружниците, односно на собранието му припаѓаат повеќе од 20%, но не повеќе од 50% од сите гласови, се смета за друштво со значајно учество.

Сопственик со 49% учество во акциите/уделот во Друштвото Б

Друштво А

Друштво Б

14Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 17: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Друштво со мнозинско учество (член 494 од ЗТД)

• Друштво коешто во друго друштво стекнало удел, односно акции коишто во основната главнина на другото друштво се претставени со повеќе од 50%, или кога на собирот на содружниците, односно на собранието на другото друштво му припаѓаат повеќе од 50% на сите гласови, се смета за друштво коешто во друго друштво има мнозинско учество.

• Друштвото на коешто му припаѓа мнозинскиот удел или акции, односно мнозинството гласови во друго друштво се смета, во смисла на овој закон, за друштво со мнозински удел, а другото друштво за друштво во мнозинска сопственост.

15Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 18: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Поим на зависно и владејачко друштво (член 495)

• Зависно друштво е правно самостојно друштво над кое друго друштво (владејачко друштво) има непосредно или посредно превладувачко влијание.

• Друштво кое има непосредно или посредно превладувачко влијание во зависно од него друштво е владејачко друштво.

16Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 19: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Друштва со заемно учество (член 497 од ЗТД)

Друштва кои заемно стекнале удели, односно акции, така што секое друштво има удел, односно акции што учествуваат со повеќе од 20% во основната главнина во другото друштво или ако во собранието, односно собирот на содружниците на другото друштво му припаѓаат повеќе од 20% од гласовите, се сметаат за друштва кои имаат заемно учество.

Друштво А има 40% учество

во Друштво Б

Друштво Б има 30% учество

во Друштво А

17Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 20: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Поврзани лицаНово дефинирање на „поврзани лица“ (вертикална и хоризонтална поврзаност)

GERGmbH

100%

SLOdooel

100%

MKDdooel

Вертикална поврзаност(мајка – ќерка компанија)

CROdooel

Сестрински фирми

SLOdooel

100%

MKDdooel

Хоризонтална поврзаност(сестрински компании)

18Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 21: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Физички поврзани лица – член 2, став 3, точка 3 од Правилникот за данок на добивка

За поврзани физички лица со даночниот обврзник, се сметаат припадниците на исто семејство, доколку припаѓаат на еден од следните меѓусебни односи, и тоа:

• брачен другар;

• роднина по права линија;

• браќа и сестри;

• деца и сопружници на браќата и на сестрите;

• браќата и сестрите на сопружниците и родителите на сопружниците;

• браќа и сестри на родителите; и

• хранители и посвоители.

19Трансферни цени

2 – Поврзани лица

Page 22: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Практична примена на одредбите за трансферни цени

20

Трансферни цени

Page 23: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Дефинирање на оданочиви расходи и помалку искажани приходи од поврзани субјекти

За расходи и помалку искажани приходи од поврзани субјекти сесметаат:

Разликата помеѓу пазарната и трансферната цена остварена меѓуповрзани лица;

Износот на делот од камати по заеми кои се добиени од поврзано лице(кое не е банка или друга овластена кредитна институција) кој гонадминува износот кој би се остварил доколку се работи за неповрзанилица;

Износот на затезни камати помеѓу поврзани лица; и

Износот на каматите на заемите добиени од содружниците илиакционерите – нерезиденти со најмалку од 25% од учеството вокапиталот на друштвото, кои за повеќе од три пати го надминуваатизносот на уделот на тој содружник или акционер.

21Трансферни цени

3 – Практична примена на одредбите за трансферни цени

Page 24: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Разлика помеѓу пазарната и трансферната цена

• Оваа разлика е оданочива само во случај кога домашното правно се наоѓа во ситуација на остварување на:

поголеми трошоци или

помала добивка

како резултат на односите помеѓу поврзаните лица.

• Остварувањето на поголема добивка или пак помали трошоци не доведуваат до оданочување, бидејќи ќе се оданочат при самата распределба на добивката.

22Трансферни цени

3 – Практична примена на одредбите за трансферни цени

Page 25: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Камати кон / од поврзани лица

Колкав износ на камата на заем од поврзани лица е признат за даночни цели?

при утврдување на расходите од камати се признава пресметаната камата најмногу до висината на каматната стапка која би се остварила помеѓу неповрзани лица, во моментот на одобрување на заемот;

при утврдување на приходите од каматите на заеми дадени на поврзани лица, се признаваат пресметаните камати, најмалку до висината на каматните стапки, кои би се оствариле помеѓу неповрзани лица, во моментот на одобрување на заемот.

основ за определување на висината на каматната стапка која би се оствариле меѓу неповрзани лица е стапката остварена на финансиски пазар во земјата или меѓународен финансиски пазар.

23Трансферни цени

3 – Практична примена на одредбите за трансферни цени

Page 26: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Камати кон / од поврзани лица

Како се утврдува стапката остварена на финансиски пазар воземјата или меѓународен финансиски пазар?

1. Изработка на студија за трансферни цени;

2. Понуди за кредитирање од локални банки (со назначување наусловите на земениот/даден заем);

3. Проверка на статистичките податоци од website на НБРМ: http://nbrm.mk/?ItemID=29F8072411218244B764E7209844C812

2012 2013

(во % на годишно ниво)Q1 Q2 Q3 Q4

Годишно

Q1 Q2 Q3

3.2. Каматни стапки на долгорочни девизни кредити 7,2 7,0 6,9 6,8 7,0 6,6 6,6 6,5

3.2.1. Каматни стапки на долгорочни девизни кредити на нефинансиски институции (јавни и останати) 7,0 6,9 6,7 6,6 6,8 6,5 6,4 6,3

- одобрени во ЕВРА 7,1 6,9 6,7 6,6 6,8 6,5 6,4 6,3

- одобрени во САД долари 6,5 6,5 6,4 6,4 6,4 6,1 6,1 6,0

24Трансферни цени

3 – Практична примена на одредбите за трансферни цени

Page 27: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Што ако не може да се утврди пазарната каматна стапка за камати по земени / дадени заеми?

• Според Правилникот за данок на добивка, доколку даночниот обврзник не може документирано да ја докаже пазарната камата, тогаш како пазарна каматна стапка ќе се смета:

ЕУРИБОР + 1% (за девизни кредити); или

СКИБОР + 1% (за денарски кредити).

25Трансферни цени

3 – Практична примена на одредбите за трансферни цени

Page 28: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Колку е тоа „во бројки“ – пример за пазарни каматни стапки за девизен заем?

• Доколку друштвото не може да утврди пазарна каматна стапка на девизни заеми, тогаш како пазарна ќе се смета ЕУРИБОР, зголемена за 1%, т.е.

• 0,550% + 1% = 1,550% каматна стапка за девизен заем со рочност 1 година (12-месечен ЕУРИБОР)

• Website за утврдување на ЕУРИБОР: http://www.euribor-rates.eu/

26Трансферни цени

3 – Практична примена на одредбите за трансферни цени

Page 29: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Колку е тоа „во бројки“ – пример за пазарни каматни стапки за денарски заем?

• Доколку друштвото не може да утврди пазарна каматна стапка на денарски заеми, тогаш како пазарна ќе се смета СКИБОР, зголемена за 1%, т.е.

• 4,95% + 1% = 5,95% каматна стапка за денарски заем со рочност 1 година (12-месечен СКИБОР)

• Website за утврдување на СКИБОР: http://www.nbrm.mk/default-en.asp?pmenu=skibor

27Трансферни цени

3 – Практична примена на одредбите за трансферни цени

Page 30: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Член 11, став 7 од Законот за данок на добивка –проширување на дефиницијата за поврзани лица

За оданочиви расходи и помалку искажани приходи се сметаат скриенитеисплати на добивки како што се:

• давање на одредени производи и услуги на содружниците илиакционерите или на нив поврзани лица по цена пониска одпазарната, вклучувајќи ја и пониската камата на одобрените заеми;

• плаќање за добиените производи и услуги од содружниците или акционерите или на нив поврзани лица, по цени повисоки одпазарните; и

• овозможување на стекнување на добивки на содружниците илиакционерите или на нив поврзани лица и

• кусоци кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), кои не се на трошок на плататана одговорното лице.

28Трансферни цени

3 – Практична примена на одредбите за трансферни цени

Page 31: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Документација за трансферни цени

29

Трансферни цени

Page 32: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Документација за трансферни цени – дали е задолжителна?

Расходи и помалку искажаните приходи од поврзани лица претставуваат:

• Разликата меѓу трансферната цена и пазарната цена остварена меѓу поврзани лица. Утврдувањето на разликата од деловни и финансиски трансакции помеѓу поврзани лица се врши според принципот ''дофат на рака (arm's length principle)'', односно според условите во кои тие трансакции не се разликуваат од оние помеѓу неповрзани лица во споредливи околности.

• Даночниот обврзник на барање на даночниот орган треба да презентира доволно информации и анализи за потврдување на условите од трансакциите помеѓу поврзани лица според принципот дофат на рака.

30Трансферни цени

4 – Документација за трансферни цени

Page 33: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Документација за трансферни цени – дали е задолжителна?

• Ова значи дека при даночна контрола од страна на државните органи, трговските друштва треба да имаат подготвено доволно издржана документација за да ги поткрепат цените кои ги примениле во трансакциите со поврзани лица!

• Елементи на документацијата? – македонската даночна регулатива не пропишува кои елементи се задолжителни, така што се ориентираме кон елементите пропишани со ОЕЦД Правилникот за трансферни цени.

31Трансферни цени

4 – Документација за трансферни цени

Page 34: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Праксата на македонските даночни власти

32

Трансферни цени

Page 35: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Користење на интерни компаративи

• Евидентно е дека праксата на Управата за јавни приходи оди во насокана проверка на трансферните цени помеѓу поврзани лица, како и нивнооданочување доколку постојат разлики.

• Поради едноставноста на проверката, во случаите на надворешнаконтрола за кои знаеме, даночните власти го користат наједноставниот(но, не и најточниот) метод на пресметка на пазарните цени – сокористење на т.н. интерни компаративи.

33Трансферни цени

5 – Праксата на македонските даночни власти

Page 36: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Што значи тоа „во бројки“?

Според досегашните неофицијални сознанија, даночните властија прават следнава анализа:

Иако помеѓу производите/услугите дадени на поврзаните лица и на третилица постојат различни услови:

• Квантитативни (количински);

• Квалитативни (пр. полупроизводи наместо готови производи, различнивидови на производи) и слично,

даночните власти во пракса не ги земаат предвид ваквите разлики приутврдувањето на трансферните цени.

Цена по којаКомпанија Х продава наповрзани лица

Цена по којаКомпанија Х продава на трети лица

Разлика (1500-1000 $)

Данок (500 $ х 10%)

1000 $ 1500 $ 500 $ 50 $

34Трансферни цени

5 – Праксата на македонските даночни власти

Page 37: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Споредба на „јаболка со портокали“!

• Како што беше нагласено погоре, користењето на ваквите компаративи доведува до ситуација каде што се споредуваат неспоредливи (нееквивалентни) вредности.

• На пример, се споредуваат различни видови на производи, производи/услуги со различен квалитет, не се земаат предвид количинските рабати итн.

35Трансферни цени

5 – Праксата на македонските даночни власти

Page 38: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Како да се заштитат домашните компании од ваквиот пристап?

Постојат повеќе начини како компаниите да се заштитат во врска со пристапот на утврдување (и евентуално оданочување) на трансферните цени:

• Да имаат т.н. одбранбен фајл (defence file) во врска со применливите трансферни цени во трансакциите со поврзани лица;

• Да подготват студија за трансферни цени која ќе ги опфаќа трансакциите на локалното (македонското) друштво.

36Трансферни цени

5 – Праксата на македонските даночни власти

Page 39: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска регулатива за трансферни цени

37

Трансферни цени

Page 40: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинските одредби за трансферни цени

• Царинската вредност на увезената стока е трансакциската вредност, а тоа е вистински платена цена или цена која треба да се плати за стоката кога е продадена за извоз во царинското подрачје на Република Македонија, прилагодена, таму каде што е тоа потребно, во согласност со членовите 35 и 36 од Царинскиот закон под услов =>

• купувачот и продавачот да не се заемно поврзани, или ако се поврзани, трансакциската вредност да е прифатлива за царинските потреби.

38Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 41: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 28 од Царинскиот закон

• При утврдување дали трансакциската вредност е прифатлива за примена, самиот факт дека купувачот и продавачот се заемно поврзани не е доволна причина трансакциската вредност да се смета за неприфатлива.

• Во таков случај треба да се испитаат околностите под кои се врши продажбата и трансакциската вредност се прифаќа под услов поврзаноста да не влијаела на цената.

• Ако од информациите добиени од декларантот или од други извори царинскиот орган има причини да смета дека поврзаноста влијаела на цената, овие причини треба да му ги соопшти на декларантот и да му даде соодветна можност за негов одговор. На барање на декларантот, таквите причини му се доставуваат во писмена форма.

39Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 42: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 28 од Царинскиот закон

При продажбата меѓу поврзани лица, трансакциската вредност се смета за прифатлива, секогаш кога декларантот ќе докаже дека таквата вредност е приближно еднаква на една од следниве вредности кои настанале во ист или приближно ист временски период:

• трансакциската вредност при продажби, меѓу купувачи и продавачи кои не се заемно поврзани, на идентична или слична стока за извоз во Република Македонија (продажби на неповрзани лица);

• царинската вредност на идентична или слична стока, утврдена во согласност со членот 32 од Царинскиот закон и

• царинската вредност на идентична или слична стока, утврдена во согласност со членот 33 од Царинскиот закон.

40Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 43: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 28 од Царинскиот закон

При примена на претходните проверки, треба да се земат предвид покажаните разлики во комерцијалните нивоа, количините (и др. елементи набројани во членот 35 од Царинскиот закон) и трошоците кој паѓаат на товар на продавачот при продажбата во која продавачот и купувачот не се поврзани, а кои не се прикажани при продажба во која продавачот и купувачот се поврзани.

41Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 44: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 28 од Царинскиот закон

Вистински платена цена или цена која треба да се плати е:

• вкупното плаќање кое е извршено или кое треба да се изврши од страна на купувачот кон или во корист на продавачот за увезената стока и ги содржи сите плаќања кои се извршени или треба да се извршат како услов за продажба на увезената стока од купувачот кон продавачот или од купувачот кон друго лице за задоволување на обврската на продавачот. Плаќањето не е потребно секогаш да се извршува со пренос на пари. Плаќањето може да се изврши преку акредитив или преносливи инструменти, на директен или индиректен начин; &

• активности, вклучувајќи и маркетинг активности, кои ги презема купувачот на своја сметка.

42Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 45: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 29 од Царинскиот закон

Што ако царинската вредност не може да се утврди според правилата од член 28?

• Се врши споредба со идентична стока => aко царинската вредност на увезената стока не може да се утврди во согласност со членот 28 од Царинскиот закон, како царинска вредност се смета трансакциска вредност на идентична стока, продадена за извоз во Република Македонија и извезена во исто или приближно исто време, како и стоката која се вреднува.

43Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 46: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 29 од Царинскиот закон

• Кога се применува членот 29 при утврдувањето на царинската вредност, се употребува трансакциска вредност на идентична стока која се продава на исто комерцијално ниво и главно во иста количина, како и стоката која се вреднува.

• Кога таква продажба не е пронајдена, се употребува трансакциска вредност на идентична стока продадена на различно комерцијално ниво и/или во различна количина, со потребно прилагодување заради разликите во комерцијалното ниво и/или количината, а под услов таквото прилагодување да може да се изврши врз основа на докази од кои јасно произлегува оправданоста и точноста на прилагодувањето, без оглед на тоа дали со прилагодувањето се зголемува и/или се намалува вредноста.

44Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 47: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 29 од Царинскиот закон

• Кога трошоците се вклучени во трансакциската вредност, треба да се направи прилагодување заради земање предвид на значителните разлики на тие трошоци меѓу увезената стока и идентичната стока, а кои произлегуваат од различната оддалеченост и видот на транспортот.

• Ако при примена на овој член е пронајдена повеќе од една трансакциска вредност на идентична стока, за утврдување на царинската вредност на увезената стока се употребува најниската таква вредност.

45Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 48: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 30 од Царинскиот закон

• Ако царинската вредност на увезената стока не може да се утврди во согласност со членовите 28 и 29 од Царинскиот закон, како царинска вредност се смета трансакциска вредност на слична стока, продадена за извоз во Република Македонија и извезена во исто или приближно исто време, како и стоката која се вреднува.

46Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 49: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 30 од Царинскиот закон

• Кога се применува овој член, при утврдувањето на царинската вредност, се употребува трансакциска вредност на слична стока која се продава на исто комерцијално ниво и главно во иста количина, како и стоката која се вреднува.

• Кога таква продажба не е пронајдена, се употребува трансакциска вредност на слична стока продадена на различно комерцијално ниво и/или во различна количина, со потребно прилагодување заради разликите во комерцијалното ниво и/или количината, а под услов таквото прилагодување да може да се изврши врз основа на докази од кои јасно произлегува оправданоста и точноста на прилагодувањето, без оглед на тоа дали со прилагодувањето се зголемува и/или се намалува вредноста.

47Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 50: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Царинска вредност на стоката – член 30 од Царинскиот закон

• Кога трошоците се вклучени во трансакциската вредност, треба да се направи прилагодување заради земање предвид на значителните разлики на тие трошоци меѓу увезената стока и сличната стока, а кои произлегуваат од различната оддалеченост и видот на транспортот.

• Ако при примена на овој член е пронајдена повеќе од една трансакциска вредност на слична стока, за утврдување на царинската вредност на увезената стока се употребува најниската таква вредност.

48Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 51: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Член 32 – Метод на дедуктивна вредност

• Ако увезената стока или идентична или слична увезена стока е продадена во Република Македонија во иста состојба како што била увезена, царинската вредност на увезената стока, согласно со одредбите на овој член, треба да се утврди врз основа на единечна цена по која увезената стока или идентична или слична увезена стока, во таква состојба, во најголема вкупна количина, е продадена на лица кои не се поврзани со лицата од кои ја купуваат стоката,во исто или приближно исто време на увоз на стоката што се вреднува.

49Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 52: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Член 33 – Метод на пресметковна вредност

• Царинската вредност на увезената стока согласно со одредбите на овојчлен се утврдува врз основа на пресметковната вредност. Пресметковната вредност претставува збир од:

a. вредноста на материјалите и трошоците за производство или другивидови на преработки применети во производството на увезенатастока;

b. износот на профитот и општите трошоци кои се еднакви на износоткој вообичаено се искажува при продажба на стока од иста класаили вид како што е стоката која се вреднува, а кои се направени одпроизводители во земјата извозник за извоз во РепубликаМакедонија и;

c. цената или вредноста на сите други трошоци наведени во членот 35 став (1) точка д) од Царинскиот закон.

50Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 53: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Трошоци кои треба да се вклучат во царинската вредност на стоката (член 35)

Царинска вредност

на увезена стока

Трошоци кои паѓаат на товар на купувачот

(провизии, амбалажа, пакување и сл.)

Трошоци материјали, алати, матрици,

инженеринг (кои не биле вклучени во вистински

платената цена)

Трошоци за тантиеми и лиценци кои купувачот

мора да ги плати директно или индиректно како услов за продажба на стоката (кои не биле

вклучени во вистински платената цена)

Вредноста на кој било дел од приходот при која било натамошна препродажба,

располагање или користење на увезената стока што директно или

индиректно му се плаќа на продавачот

Трошоци за транспорт или осигурување на увезената

стока до местото на внесување во царинското

подрачје на Р. Македонија

Трошоци за натовар, истовар и манипулација поврзани со транспортот

на увезената стока до царинското подрачје на Р.

Македонија

51Трансферни цени

6 – Царинска регулатива за трансферни цени

Page 54: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Сметководствен третман на трансферните цени

52

Трансферни цени

Page 55: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

Од аспект на:

- МСС 24 - Обелоденувања со поврзани страни

- МСС 18 – Приходи

- МСФИ 13 – Мерење на објективната вредност

Page 56: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

МСС 24 -Обелоденувања соповрзани страни

www.pwc.com/mk

Page 57: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

ВоведОдносите помеѓу поврзани страни се нормална карактеристика на комерцијалното и деловното работење. Компаниите што имаат инвестиции во подружници и придружени ентитети многу често имаат широк опсег на заеднички трансакции со нив (од продажба до финансирање).

Односите помеѓу поврзаните страни би можеле да имаат влијание на добивката или загубата како и на финансиската состојба на ентитетот.

Целта на овој стандардот е да осигура дека финансиските извештаи на ентитетот ги содржат потребните обелоденувања во финансиските извештаи кои. укажуваат на можноста да постои влијание од постоење на поврзани страни врз финансиската состојба и добивката или загубата на ентитетот како и влијание врз истите од трансакции помеѓу поврзаните страни и отворени салда во однос на поврзаните страни на крајот на периодот

55Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Page 58: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Трансакции на поврзаните страни

Групата е контролирана од “М Limited” (инкорпорирана во Англија), која поседува 57% од акциите на компанијата. Останатите 43% на акции ги поседуваат широк број на акционери. Компанијата мајка на групацијата е “G Limited” (инкорпорирана во Англија). Контролираната групациска страна е “M Power”.

Следните трансакции со поврзаните страни се извршени:(а) Продажба на производи и услуги

2011 2010

Продажба на производи:

- Придружени ентитети 1.002 204

- Придружени ентитети од G Limited 121 87

Продажба на услуги:

- Компанија мајка (правни и административни услуги) 67 127

- Блиски членови на семејството на контролираната страна (планирани услуги) 100 104

Вкупно

Продажбата на производите е на основа на ценовник под услови кои ќе бидат достапни и за трети лица. Продажбата на услугите со поврзаните страни е договорена на трошковна основа со маржа која е во опсег од 15% до 30% (2010: од 10% до 18%).

56Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Page 59: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

(б) Набавка на производи и услуги

Производите и услугите се купуваат од страна на придружените ентитети и одентитетот контролиран од клучниот раководен персонал под нормални услови.

Ентитетот контролиран од клучниот раководен персонал е фирма која му припаѓана ентитетот Mr. Chamois, неизвршен директор на компанијата.

Раководните услуги се купуваат од Непосредната матична компанија на основа надополнителни трошоци, со дозволена маржа од 15% до 30% (2010: 10% до 24%).

2011 2010

Набавка на производи:

- Придружени ентитети 3.054 3.058

Набавка на услуги:

- Ентитет контролиран од клучниот раководен персонал 83 70

- Непосредна матична компанија (управувачки услуги) 295 268

Вкупно 3.432 3.396

Трансакции на поврзаните страни

57Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Page 60: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Клучен раководен персонал

МСС 24 бара обелоденувања на надоместите на клучниот раководенперсонал во вкупен износ и за секоја од следниве категории:

Краткорочни користи на вработените;

Користи на вработените по престанокот на работниот однос;

Останати долгорочни користи на вработените;

Користи на вработените поради прекин на работниот однос; и

Плаќања врз основа на акции.

58Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Трансакции на поврзаните страни

Page 61: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

Клучен раководен персонал

(в) Надомест на клучното раководство

Клучното раководство вклучува директори (извршни и неизвршни), членови на Извршниот Одбор, Секретаријатот на Друштвото и Директорот на интерна ревизија. Платениот надомест за клучното раководство е прикажан подоле: 2011 2010

Плати и други краткорочни бенефити 2.200 1.890

Бенефит од престанок на работниот однос 1600 0

Бенефит по престанок на работниот однос 123 85

Други долгорочни бенефити 26 22

Плаќања врз основа на акции 150 107

Вкупно 4.099 2.104

Трансакции на поврзаните страни

59Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Page 62: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

(г) Салда на крајот од годината кои произлегуваат од продажби / набавки на производи / услуги.

Побарувањата од поврзани страни произлегуваат најмногу од продажни трансакции и нивниот рок е два месеца од датата на продажбата. Побарувањата по природа се без гаранција и од нив не произлегуваат камати. За побарувањата со поврзаните страни не се пресметуваат провизии (2010: нула).

Обврските од поврзаните страни произлегуваат најмногу од трансакции на набавка и нивниот рок е два месеца од денот на набавката. Од обврските со поврзаните страни не произлегуваат камати.

2011 2010

Побарувања од поврзани страни (нота 12)

- Придружени ентитети 26 32

- Придружени ентитети од G Limited 24 8

- Крајна матаична компанија 50 40

- Блиски членови на семејството на клучниот раководен персонал 4 6

Обврски од поврзани страни (нота 21)

- Непосредна матична компанија 200 190

- Придружени ентитети 2.902 1.005

- Ентитет контролиран од клучниот раководен персонал 100 0

Трансакции на поврзаните страни

60Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Page 63: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

МСФИ 18 -Приходи

www.pwc.com/mk

Page 64: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

МСС 18 - Приходи

62Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Page 65: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

МСФИ 13 –Мерење наобјективнавредност

www.pwc.com/mk

Page 66: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

МСФИ 13 – Мерење на објективната вредност

МСФИ 13. п 1

Овој МСФИ стандард:

- дефинира објективна вредност- предвидува заедничка МСФИ рамка за мерење на објективната вредност и- предвидува обелоденувања за мерењето на објективната вредност.

Овој МСФИ стандард ќе се применува од 1 јануари 2013 година. Предвремена примена е дозволена. Во Македонија се уште не е објавен во Службен весник.

64Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Page 67: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

PwC

МСФИ 13 – Мерење на објективната вредност

МСФИ 13. п 2

Објективна вредност е вреднување врз база на пазарна вредност, а не вреднување врз база на критериумите на ентитетот. За извесни средства и обврски, пазарната вредност или пазарната информација е лесно достапна. За останатите средства и обврски, пазарната вредност можеби не е лесно достапна. Како и да е, целта на мерењето на објективната вредност во двата случаи е иста – да се оцени цената по која во нормални услови трансакцијата за продажба на средство или пренос на обврски ќе се случи помеѓу учесници на пазарот на датумот на вреднување во рамките на тековните пазарни услови.

МСФИ 13. п 3

..........

65Трансферни цени

7 – Сметководствен третман на трансферните цени

Page 68: Трансферни цени - iorrm.org.mk. Transferni ceni.pdf · цени 1 2 Поврзани лица 10 3 Практична примена на одредбите за трансферни

Ви благодариме за вниманието!

Оваа презентација е подготвена како насока за прашања кои се од општ интерес и не претставувапрофесионален совет. Не треба да се превземаат активности врз основа на информациите презентирани вонеа, без претходно да се добие професионален совет. ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО - Скопје,членовите и вработените не превземаат одговорност за точноста и комплетноста на објавенитеинформации и не превземаат никаква одговорност за последиците од активности превземени или одлукидонесени врз основа на презентираните информации.

© 2013 ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО. Сите права се задржани. ‘ПрајсвотерхаусКуперс’ се однесува намрежата на фирми членки на PricewaterhouseCoopers International Limited, секоја од кои е посебен инезависен правен ентитет.

Предавачи:

Ана Шајноска

Постар даночен советник[email protected]Мобилен телефон: 072 307 509Директен фиксен: 3 140 910

Драган Давитков

Сениор менаџер за ревизија[email protected]Мобилен телефон: 070 351 032Директен фиксен: 3 140 906