и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ...

15
Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А НАЦИОНАЛНА АРЕНА ФИЛИП ИИ МАКЕДОНСКИ П Л А Н за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи Скопје, јуни 2017 година

Transcript of и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ...

Page 1: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Р Е П У Б Л И К А М А К Е Д О Н И Ј А

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ФИЛИП ИИ МАКЕДОНСКИ

П Л А Н

за заштита и спасување од природни

непогоди

и други несреќи

Скопје, јуни 2017 година

Page 2: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

2

Врз основа на член 13 од Законот за заштита и спасување (Пречистен текст)

Сл. Весник на РМ бр.93/2012, Директорот на НАЦИОНАЛНА АРЕНА ФИЛИП ИИ МАКЕДОНСКИ,

на состанокот одржан на ________ 2017 година

донесе

ОДЛУКА

за донесување План за заштита и спасување од

природни непогоди и други несреќи

за

НАЦИОНАЛНА АРЕНА ФИЛИП ИИ МАКЕДОНСКИ (ул.1732 бб Градски Парк - Скопје)

Член 1

Со оваа одлука се донесува Планот за заштита и спасување од природни

непогоди и други несреќи за објектот НАЦИОНАЛНА АРЕНА ФИЛИП ИИ

МАКЕДОНСКИ (ул.1732 бб)

Член 2

Се задолжуваат одговорните лица во објектот НАЦИОНАЛНА АРЕНА ФИЛИП

ИИ МАКЕДОНСКИ (ул.1732 бб) , да ги проучат планираните активности со кои се

задолжени и најдоцна 30 дена од донесувањето на планот да организираат и

спроведат вежбовна проверка на Планот.

Член 3

Предвидените мерки и активности за подготовка на објектот и просторот за

заштита и спасување на вработените и странките,одговорните лица да ги завршат

најдоцна 20 дена од донесувањето на планот.

Член 4

Одлуката стапува во сила со денот на потпишувањето

Датум Директорот

_______________ _____________________

Ракувач со планот за заштита

и спасување од природни непогоди

и други несреќи: _____________ ______________ (Име Презиме) (телефонски број)

Page 3: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

3

содржина :

1) ПЛАН ПО МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

2.1. Превентивни мерки за заштита и спасување (превентивен план)

- Превентивни мерки за заштита од пожари

- Превентивни мерки за заштита и спасување од поплави

- Превентивни мерки за заштита и спасување од земјотреси

- Превентивни мерки за евакуација

- Превентивни мерки за прва медицинска помош

2.2. Оперативни мерки за заштита и спасување (оперативен план)

- Заштита и спасување од пожари - Заштита и спасување од поплави - Заштита и спасување од урнатини - Евакуација на луѓето и материјалните добра - Прва медицинска помош - Згрижување на загрозените и настраданите лица

2) ПРИЛОЗИ

Page 4: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

4

ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ОД ПРИРОДНИ

НЕПОГОДИ И ДРУГИ НЕСРЕЌИ

- закон за заштита и спасување ( Сл. Весник на РМ бр. 93/2012)

- уредба за спроведување на евакуација на населението (“сл.весник на РМ” бр.109/05)

- методолигија за содржината и начинот на проценување на опасностите и планирање на заштитата и спасувањето (Сл.весник на РМ бр.76/06)

- уредба за спроведување на заштита и спасување од пожари (сл.весник на РМ бр. 100/10)

- уредба за спроведување на заштита и спасување од поплави (сл.весник на РМ бр.91/10)

- уредба за спроведување на засолнувањето (сл.весник на РМ бр.

93/05)

- УРЕДБА - за начинот на спроведување на мерката за заштита и

спасување - прва медицинска помош “Службен весник на РМ” бр.

101/10

- УРЕДБА - за спроведување на спасувањето од урнатини

“Службен весник на РМ” бр. 100/10

- УРЕДБА - за спроведување на згрижувањето на настраданото и

загрозено население “Службен весник на РМ” бр. 100/10

- УРЕДБА - за видот, големината и организирањето на силите за

заштита и спасување “Службен весник на РМ” бр.12/06 од 31.01.2006

- УРЕДБА - за начинот на ракувањето и употрбата на планот за

заштита и спасување од природни непогоди, епидемии,епизооти епифитоти и други несреќи на РМ и за содржината, ракувањето и употребата на плановите за ЗС на единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија установи и служби “Службен весник на РМ” бр.76 /06 од 23.06.2006

- ПРОЦЕНКА - на загрозеност од природни непогоди и други несреќи

на територијата на РМ “Службен весник на РМ бр.117/07

Page 5: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

5

Вовед

Бидејќи природните непогоди настануваат како резултат на природни сили, тие

се вон можноста за влијание на човекот за спречување на нивното

настанување. Но, затоа пак, преку планирањето и спроведувањето на потребни

мерки и активности, може да се влијае врз релативизирање, односно

намалување на последиците кои што тие можат да ги предизвикаат.

Планот за заштита и спасување во објектот се заснива на Процената за

загрозеност на објектот и субјектите во него од природни и други несреќи, на

реалните потреби и можности за спроведување на ефикасна заштита, преку

искористување на расположивиот стручен потенцијал и ресурси, како и преку

соработка и содејство со останатите субјекти на системот за заштита и

спасување.

Page 6: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

6

1. ПЛАН ПО МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

1.1 Превентивни мерки за заштита и спасување (превентивен

план)

- Превентивни мерки за заштита од пожари

Заштитата од пожари на објектот , организирана е согласно законските

прописи, со примена на пропишаните локациски и градежни мерки за заштита.

Во Проценката за загрозеност на објектот од пожари, дадени се сите потребни

параметри од кои може да се заклучи дека, обезбедени се сите пропишани

соодветни градежни и материјално-технички услови за ефикасна заштита од

пожари.

Единствен ризик на можно загрозување од пожар е човечкиот фактор, преку

непридржување кон мерките за заштита од пожар, при извршувањето на

работните обврски или невнимание и негрижа при престојот во објектот.

Објектот располага со пропишаните видови и количини на противпожарна

опрема и средства за гаснење на пожар (Ѕ-6 = 4ком, Ѕ-9 = 58ком,С-

50=2ком,ФМ200=6ком,ЦО25=12ком)

Заради спречување на настанување, локализирање и ефикасно гаснење на

евентуално настанат пожар во објектот се превземаат превентивни мерки:

- запознавање на вработените со опасностите од предизвикување на

пожар на нивното работно место и во објектот како и обука за

постапување во услови на пожар;

- редовна интерна ПП контрола во сите делови на објектот;

- засилена интерна ПП контрола во ПП карактеристичните делови на

објектот

- забрана за користење на грејни тела и плински уреди за подготвување

на топли напитоци или храна во простории кои не се наменети за тоа;

- интерен надзор врз евентуални надворешни изведувачи на занаетчиски

работи во објектот;

- извршено е пожарно секторирање на објектот заради спречување на проширување на пожарот од еден на друг дел;

- обезбедена е потребната опрема (ПП апарати и стабилни системи) за гаснење на пожари според утврдените норми и стандарди и истата е поставена на видно место,достапна за ракувачите;

- на видно место непосредно до опремата и средствата за гаснење на пожари е поставено упатство за гаснење на пожари;

- се врши редовно сервисирање и контролно испитување на

противпожарните апарати во објектот;

Page 7: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

7

- се врши редовно испитување на исправноста на громобранската

инсталација;

- се врши стандардизирано користење и одржување на електричната

инсталација во објектот;

- на местата со повисок ризик од предизвикување на пожар, се поставени

соодветни знаци за опасност од пожар или експлозија;

- извршена е основна и периодична обука за заштита од пожари на лицата

кои што вршат физичко обезбедување на објектот за време на

натпревари;

- обезбеден е слободен пристап, во секое време, од сите страни на

објектот, за противпожарни возила како и пристап на возилата до самиот

фудбалски терен;

- периодично организирање на вежбовни активности за гаснење на

пожари и спасување на луѓе и материјални добра во услови на пожар во

соработка и содејство со Бригадата за противпожарна заштита на Град

Скопје;

- спроведување и на други превентивни мерки, во зависност од

конкретните услови и состојби.

- Превентвни мерки за заштита и спасување од поплави За заштита од поплави во објектот превентивно има обезбедено технички средства (црева, кофи и др), превентивно (еднаш неделно) се чекира состојбата на водоводната инсталација и се следи огласувањето на центарот за известување и тревожење на град Скопје кој треба навремено да јави за можните опасности. - Превентивни мерки за заштита и спасување од земјотреси и урнатини

Со оглед на тоа што појавата на земјотрес не може да се спречи, ниту точно

да се предвиди и определи времето, местото и интензитетот на неговата појава,

неопходно потребни превентивни мерки кои треба да се спроведат се едукација на вработениот персонал за начинот и постапките за заштита и спасување при појава на земјотрес и придржување и целосно почитување на

прописите со кои се пропишани стандардите за градење со што би се зголемила

отпорноста на сите видови објекти. Со тоа би се намалил бројот на жртви а и

материјалните штети би се свеле на минимум.

Земајќи го ова во предвид објектот е изведен од армиранобетонски скелетен

систем со статички пресметки према пропишаните стандарди за градење, а вработените запознати се со опасностите кои можат да се јават и да ја загрозат нивната безбедност и се превентивно едуцирани на кој начин и како да постапат во случај на појава на земојотрес.

Page 8: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

8

- Превентивни мерки за евакуација

Правците во евакуационите прсторни целини предвидено е да се

означат видно на подовите и со соодветни светлечки патокази на ѕидовите.

Излезите и премините секогаш да бидат слободни.

За справување со потенцијалните опасности и успешно извршување на

евакуацијата ќе се определат одговорни лица за секоја просторна целина.

Покрај усменото пренесување на наредбата за евакуација, ќе се врши и

со соодветни звучни сирени и преку разглас

Одговорните лица и членовите на екипите ќе се оспособат-едуцираат за

извршување на обврските од овој план,во рок од 30 дена од донесувањето на

овој план.

1.2 Оперативни мерки за заштита и спасување (оперативен

план)

Во случај на настанување на опасности и последици од природни непогоди

и други несреќи,извршувањето на активностите во заштитата и спасувањето на

луѓето и материјалните добра во објектот ќе се одвива според овој план кој ги

разработува сите потребни мерки посебно и заеднички во корелација со

другите мерки за заштита и спасување.

- Заштита и спасување од пожари

Во случај на пожар треба да се постапува стручно, енергично, брзо и ефикасно,

со цел пожарот рано да се открие и изгасне, со најмали последици и опасности

по луѓето и материјалните добра.

По примената информација за настанатиот пожар, Директорот веднаш ја

известува:

- Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје без оглед дали се

работи за почетен пожар.

Доколку пожарот е настанат за време на натпревар со самото присуство

на противпожарното возило се пристапува кон гасење на истиот

Бидејќи секој почетен пожар е мал, веднаш се пристапува кон негово гаснење.

Директорот ги мобилизира вработените кој се на работно место и воедно

редарите кои се задолжени за безбедноста на посетителите да се вклучи во

спасување т.с. мобилизација на посетителите и двете екипи присутни на

Page 9: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

9

натпреварот (играчи и делегати) и воопшто вработените за извлекување

надвор во слободна и безбедна зона, а потоа настапува кон извлекување на

инвертарот од приземјето (компјутери,архивски материјал)она што смета дека

е приоритетно во тој момент и што може да се евакуира. Доколку пожарот е во

некоја од просториите во стадионот и во тој момент има затекнато

лица(вработени и посетители) најпрво настанува паника помеѓу посетителите

каде што првата реакција ја има обучениот персонал кој што ќе се затече на

работното место заедно со редарите задолжени за безбедноста на

посетителите најпрво се дава алармна порака преку разглас да не се ствара

паника помеѓу посетителите, играчите се први кои се евакуираат низ излезите

на приземјето а бидејќи навивачите се наоѓаат на повисоки нивоа редарите

задолжени посебно по трибинските простори ги насочуваат кон излезите и тоа

1, 6,13 и 19.Максималното време за кое би се евакуирале е 15

минути.Евакуацијата на дел од северна трибина е овозможена преку три

скалишни јадра од комерцијалниот дел додека евакуацијата на источна и

западна трибина е овозможена преку ходници и четири скалишни јадра

директно пристапни до пешачките платформи. Надворешните и внатрешните

комуникации обезбедуваат брза и сигурна евакуација на загрозени лица и

материјални добра.Вип ложата и прес новинарите се евакуираат низ скалите и

влезовите за ВИП гости.Доколку е потребна евакуација према терен доколку на

некоја од трибините е затворен излезот може навивачите да се насочуваат за

излез према терен преку скалите и отворените прегради на помошните скали

за итност кои се поставени со излези спрема терен на секоја

трибина.Евакуацијата се врши така што секој блок излегува на терен преку

излезот поставен на симетралата соодветно на секој блок и тоа: северна

трибина 8 излеза,источна трибина 6 излеза,западна трибина 6 излеза и јужна

трибина 7 излеза.Вкупно има 27 излеза кон терен.

За евакуација ќе раководи кризниот штаб кој е составен од следниве лица:

- овластено службено лице на МВР

- овластено лице за безбедност од страна на организаторот

- овластено лице од сопственикот на арената

- раководител на редарска служба

Во акциите на гаснење на пожарот приоритетно е:

- Спасување на загрозените лица;

- Локализирање на пожарот;

- Гаснење на пожарот.

Page 10: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

10

Ако во пожарот има загрозени лица, веднаш се пристапува кон нивно

спасување и евакуација. Ако постои потенцијална опасност пожарот да се

прошири и да загрози и други лица, и во тој случај неодложно се пристапува

кон акција за нивна евакуација.

Ако од пожарот нема загрозено луѓе, тогаш брзо и ефикасно се пристапува кон

негова локализација, односно се спречување неговото ширење, а потоа и

целосно гаснење и ликвидација.

При локализацијата на пожарот (спречување на неговото ширење),

првенствено се дејствува во правецот во кој што можат да бидат загрозени

човечки животи. Потоа се дејствува на спречување на ширење на пожарот во

деловите од објектот или опремата, на кои постои опасност од предизвикување

на големи материјални штети или опожарување на поголем простор.

Со акцијата за гаснење на пожарот и спасување на луѓето и материјалните

добра, до доаѓањето на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје,

во објектот раководи лицето задолжено за истото - Директорот. По доаѓањето

на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, со акцијата раководи

одговорното лице од Бригадата, согласно законските прописи. Доколку е

евидентиран пожар за време на натпревар противпожарната бригада одма

настапува кон негово гаснење.

При интервенција за гасење евентуален пожар особено внимание треба да се

посвети на изборот на средствата кои што ќе се користат за гаснење на

пожарот. Имено, треба да се користат средства за гаснење кои нема да

предизвикаат оштетување на неопожарената опрема, како на пример, сув прав

за гаснење пожар „С”, ФМ200, СО2 или други специјални средства за гаснење.

Водата како средство за гаснење на пожар да се користи само во краен

случај и во неопходна мера.

Расчистување на опожареното место и санација

Санацијата на објектот ќе се врши после изгаснувањето на пожарот и завршеното спасување на луѓето и материјалните добра и по отстранување на ризиците (причините) кои може да предизвикаат дополнителни опасности и последици. Ако оштетувањата се мали-незначителни,расчитување на оштетениот дел на објектот и негово подготвување за натамошна работа,ќе го вршат вработените.Во оваа активност посебно внимание ќе се посвети на проверката на исправноста на електронските системи и апарати и нивно оспособување за продолжување со работа.

Во случај штетите да се големи и бараат сложени и подолготрајни интервенции, санацијата ке ја вршат специјализирани претпријатија (фирми), а оштетениот дел од објектот или целиот ќе се забрани за користење.

Page 11: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

11

- Заштита и спасување од поплави

Во случај на поплавување на објектот во поглем обем ,спасување на луѓето и

материјалните добра би се вршело со нивно организирано преместување од загрозениот простор на простор од објектот кој не е загрозен или други локации (објекти) кои не се загрозени од поплавата.

Доколку се случи да има поплава во стадионот од помал обем Директорот ги

мобилизира вработените кој се на работно место и воедно редарите кои се

задолжени за безбедноста на посетителите да се вклучи во спасување т.с.

мобилизација на посетителите и двете екипи присутни на натпреварот (играчи

и делегати) и воопшто вработените за извлекување надвор во слободна и

безбедна зона,но бидејќи поплавата е од помал обем нема потреба од паника

бидејќи најпрво а потоа настапува кон извлекување на инвертарот од

приземјето (компјутери,архивски материјал)она што смета дека е приоритетно

во тој момент и што може да се евакуира. Доколку поплавата е во поголем

обем и во тој момент има затекнато лица(вработени и посетители) најпрво

настанува паника помеѓу посетителите - навивачите каде што првата реакција

ја има обучениот персонал кој што ќе се затече на работното место заедно со

редарите задолжени за безбедноста на посетителите најпрво се дава алармна

порака преку разглас да не се ствара паника помеѓу посетителите, играчите се

први кои се евакуираат низ излезите на приземјето а бидејќи навивачите се

наоѓаат на повисоки нивоа редарите задолжени посебно по трибинските

простори ги насочуваат кон излезите и тоа 1, 6,13 и 19.Бидејќи максималниот

капацитет на ресторанот кој е во склоп на стадионот е 800 посетители ,доколку

и таму имаме затекнати лица вработениот персонал започнува со евакуација и

насочување на истите низ излезите .Некој од вработените е задолжен веднаш

да го извести Директорот за да им се помогне за евакуација на вработените и

посетителите затекнати на самото место.

За евакуација ќе раководи кризниот штаб кој е составен од следниве лица:

- овластено службено лице на МВР

- овластено лице за безбедност од страна на организаторот

- овластено лице од сопственикот на арената

- раководител на редарска служба

- Заштита и спасување од урнатини

Page 12: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

12

Спасувањето од урнатини опфаќа мерки и активности за заштита од уривање, извидување на урнатината, пронаоѓање на затрупаните како и осигурување на конструкцијата на оштетените и поместените делови на објектите заради спречување на дополнителни опасности. За време на спасувањето се превземаат активности за извлекување на затрупаните и давање на прва медицинска помош.

Извидување на урнатината

Веднаш по запирање на процесот на уривање(првично консолидирање

на урнатината), одговорното лице за спасување од урнатини визуелно од

надворешната страна ги утврдува елементите на урнатината (вид на

урнатината, проодноста до неа, можен број на лица кои се останати во

урнатината и сл.),приоритетите и опасните места,местата со затрупани луѓе и

ги проценува-предвидува можностите за настанување на дополниелни

последици и опасности,доколку тие веќе не се настанати,а кои го попречуваат

или отежнуваат спасувањето. При извидувањето на урнатината се посветува

посебно внимание на:

- густина на прашината; - видот на пожарот (доколку има), можностите за дополнително палење и експлозија, можности за гасење и сл.;и - плавење на урнатината со вода и можностите за санација.

Пребарување на урнатината (пронаоѓање на затрупаните)

Урнатината се пребарува внимателно слој по слој. Се применуваат

машини со користење на сите безбедносни мерки при потпирање и при

подигање/ поместување на елементите.

Осигурување на конструкцијата на оштетените и поместените делови на објектот заради спречување на дополнително уривање

Доколку постои опасност за дополнително уривање на оштетените и

поместени делови на објектот,конструкцијата на објектот ќе се осигура со

одредени градежни зафати, според проценетите потреби. Осигурувањето на

објектот ќе го извршат стручни екипи.

Превземање на мерки за заштита од дополнителни опасности

Во текот на спасувањето доколку се настанати или се очекува да

настанат дополнителни опасности, ќе се постапува според видот и обемот на

опасностите и тоа:

-ако има густа прашина, ќе се врши внимателно поливање со водена

магла,а ако тоа не е можно спасителите мора да носат респиратори за прашина

Page 13: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

13

и дим. Во вакви услови,се бара помош од специјализирани единици на

општината и дирекцијата за заштита и спасување;

-Доколку има пожар се пристапува кон гасење на пожарот,а потоа се

врши спасување на затрупаните. Спасителите да внимаваат на високата

температура, чадот и недостатокот на кислород-значи мора да носат заштитни

средства. Во овој случај интервенциите во гасењето се насочуваат и кон

одстранувањето на опасностите кои ги загрозуваат животот на затрупаните

(високата температура,чадот,недостаток на кислород и сл.);

-ако урнатината во која се очекува да има затрупани се полни со вода, се

пронаоѓаат местата од каде истекува водата и тие итно се затвараат и се

пристапува кон црпење на водата. За ова е потребно да се побара помош од

специјализирани екипи.

Извлекување на затрупаните

Извлекувањето на затрупаните се врши веднаш по нивното пронаоѓање

при што им се дава потребната медицинска помош,а потоа во зависност од

нивната состојба (видот на повредите) се носат или се упатуваат сами во

санитетското прифатилиште.

Извлекување на материјалните добра

Ако урнатината ги затрупала материјалните добра,кои се неопходни во работниот процес или постои опасност од дополнително уривање на објектот се пристапува кон извлекување на материјалните добра (маси ,столови, компјутер и сл.).

Расчистување на урнатината

Паралено со спасувањето ќе се врши и отстранување на пребараните

пластови рачно или со примена на разни дигалки и кранови. Отстранувањето

на паднатите елементи се врши со рамномерно вертикално дигање, никако со

хоризонтално извлекување.Оваа активност ќе ја вршат вработените, заедно со

специјализираните единици на општината и дирекцијата за заштита и

спасување.

Санација на објектот

По завршување на опасноста и превземањето на мерките за спасување на затрупаните се превземаат мерки за утврдување на причините за уривање, односно се врши детална проценка на штетата од страна на осигурителна компанија а потоа се превземаат активности за расчистување и доведување на

Page 14: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

14

просторот во употреба со примена на соодветни технички помагала (колички , багери, виљушкари идр.) - Евакуација на луѓето и материјалните добра

Доколку настанатите или очекуваните опасности го загрозуваат животот и

здравјето на вработените и посетителите ќе се нареди нивна евакуација.

Проценка за потреба од евакуација, одлука за евакуација ја дава Директорот.

По утврдената проценка за потребата од евакуација и донесувањето на одлука

за евакуација, пред да даде наредба Директорот треба да утврди:

- Каде се наоѓаат загрозените лица (во кој дел од објектот, во кои

простории и др.);

- Колку лица се загрозени;

- Во каква состојба се загрозените лица (дали можат самостојно да се

движат, колку лица се неподвижни и дали им е потребна помош, дали

евентуално ги зафатила паника и сл.);

- Кои лица приоритетно треба да се евакуираат и нивниот број;

- Дали при евакуацијата евентуално се заканува некоја опасност и за

каква опасност станува збор (опасност од пожар, зачадување,

препречување на патот или друга опсност);

- Патиштата преку кои ќе се спроведе евакуацијата;

- Прифатот на евакуираните лица (загрозените лица) и нивно

евидентирање;

- Превоз на евакуираните (загрозените лица) и нивното згрижување.

Доколку имаме потреба од евакуација задолжените лица за евакуација

ги мобилизираат членовите за да ги евакуираат посетителите, играчите,

надвор во слободна и безбедна зона,кризниот штаб кој е задолжен за

евакуацијата одма дава наредба за исклучување на електричната енергија па

во зависност дали се работи за пожар,поплава или урнатина се пристапува

соодветно како што и објаснавме во мерките . После евакуација на

посетителите,играчите се пристапува кон евакуација на инвертарот т.с прво

пристапуваат кон она што за нив сметаат дека е приоритетно во тој момент

(компјутер,архивски материјал итн.).

За евакуација ќе раководи кризниот штаб кој е составен од следниве лица:

- овластено службено лице на МВР

- овластено лице за безбедност од страна на организаторот

- овластено лице од сопственикот на арената

- раководител на редарска служба

Page 15: и спасување од природни непогоди ZA EVAK/plan.pdf4 ЗАКОНСКИ ОСНОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

15

Вработените во објектот како и лицата од редарската служба должни се да ги

познаваат означените патишта за евакуација на загрозени лица во објектот,

како и постапката за евакуација.

Евакуацијата ќе се извршува по најкусите и безбедни патишта во објектот, при

чие дефинирање е применет стандардот според кој за најкус пат се смета оној

кој што од просторијата/просторот до означениот излез, изнесува не повеќе од

15 метри. Патиштата за евакуација во објектот се дефинирани како што следи

во основите.

(Основите се прилог кон Планот за заштита и спасување од природни и

други несреќи).

За евакуираните лица по проценка одредува прифат на локација (место)

наречено ЗБОРНО МЕСТО по евакуација. Во овој момент договорено е да има

четири Зборни места – види графички прилог “СИТУАЦИЈА”.

- Прва медицинска помош

Првата медицинска помош опфаќа превземање на хигиено-епидемиолошки мерки, укажување на прва медицинска помош со стандардни и прирачни средства на местото на повредата, медицинска тријажа на повредените како и нивно брзо и сигурно транспортирање до најблиските здравствени установи. Прва медицинска помош на полесно повредените лица (затрупани и останати во објектот, со опекотини и загушување и сл.) ќе им укажува екипи на медицинските установи како и на секој натпревар има екипи на брза помош со амбулантно возило. По укажаната прва медицинска помош повредените се упатуваат - носат во санитетското прифатилиште каде ќе се изврши тријажа.По извршената тријажа тешко повредените лица ќе се транспортираат до медицинските установи, каде се упатени од тријажниот пункт. - Згрижување на загрозените и настраданите лица

Во НАЦИОНАЛНА АРЕНА ФИЛИП ИИ МАКЕДОНСКИ вработените или

посетителите кои се настрадани и на кои им е неопходно згрижување и

дополнително стационарно лекување ќе се погрижи општината. За згрижување

на останатите загрозени и настрадани лица истата ќе се придржува кон

Плановите за згрижување на загрозено и настрадано население донесени од

другите субјекти во системот за заштита и спасување.