ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА...

12
Делегација на Европската Унија, Скопје o 4/2009 октомври-декември ‘09 гласник на европската унија На 14 октомври, Европската комисија даде препорака за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со Поранешна Југословенска Република Македонија. „Земјата постигна уверлив напредок и суштин- ски се зафати со клучните реформски приорите- ти. Комисијата смета дека земјата задоволително ги исполни политичките критериуми од Копенха- ген и дека овие елементи овозможија Комисијата да даде препорака за почеток на преговорите за членство“ рече комесарот за проширување Оли Рен при претставувањето на Извештајот за на- предокот на земјата на Европската комисија. Во Извештајот за напредокот, Комисијата оцени дека клучните приоритети од Пристапното пар- тнерство во однос на реформите на полицијата, судството, јавната администрација и корупцијата се суштински опфатени. Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор останува суштин- ски елемент на демократијата и владеењето на правото во земјата. Постигнат е напредок во од- нос на спроведувањето на законот за јазиците, децентрализацијата и правичното застапување. Меѓутоа, потребни се понатамошни заложби во духот на конструктивноста за да се исполнат це- лите од Договорот, се наведува во Извештајот за напредокот. ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ЕУ ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЗАЛОЖБА КОН ЗЕМЈАТА Лисабонскиот Договор стапува на сила Лисабонскиот договор, кој има за цел да обезбе- ди значителни нови при- добивки за граѓаните, и затворање на инсти- туционалната дебата за претстојната иднина, ста- пи на сила на 1 декември 2009. Во изминатите три месеци, ЕУ презема одреден број на важни чекори за европската интеграција на земјата, покрај препораката на Комисијата за отпочнување на преговори за пристапување во ЕУ: на 19 декември во сила стапи новиот безвизен режим за патување по одлуката на Советот да ја укине обврската за Шенген виза за граѓаните на Поранешна Југословенска Република Македонија, како и за граѓаните на Србија и Црна Гора; Комисијата исто така оцени дека земјата ги исполни обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација, и на таа основа даде предлог за преминување кон втората фаза од асоцијацијата. Ратификувањето и стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, со кој беше затворена интерната институционална дебата на ЕУ, беше исто така примено како позитивна вест за сите земји кои имаат аспирации да се приклучат на Европската Унија. Безвизното патување станува реалност Новиот безвизен режим за патување стапува на сила на 19 декември 2009. Тој се применува за граѓаните од земјата, како и за Црна Гора и Србија. продолжува на стр. 3 продолжува на стр. 9

Transcript of ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА...

Page 1: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ октомври-декември 2009

Делегација на Европската Унија, Скопје o 4/2009

октомври-декември ‘09

гласник наевропската унија

На 14 октомври, Европската комисија даде препорака за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ со Поранешна Југословенска Република Македонија.

„Земјата постигна уверлив напредок и суштин-ски се зафати со клучните реформски приорите-ти. Комисијата смета дека земјата задоволително ги исполни политичките критериуми од Копенха-ген и дека овие елементи овозможија Комисијата да даде препорака за почеток на преговорите за членство“ рече комесарот за проширување Оли Рен при претставувањето на Извештајот за на-предокот на земјата на Европската комисија.

Во Извештајот за напредокот, Комисијата оцени дека клучните приоритети од Пристапното пар-тнерство во однос на реформите на полицијата, судството, јавната администрација и корупцијата се суштински опфатени. Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор останува суштин-ски елемент на демократијата и владеењето на правото во земјата. Постигнат е напредок во од-нос на спроведувањето на законот за јазиците, децентрализацијата и правичното застапување. Меѓутоа, потребни се понатамошни заложби во духот на конструктивноста за да се исполнат це-лите од Договорот, се наведува во Извештајот за напредокот.

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ

ЕУ ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЗАЛОЖБА КОН ЗЕМЈАТА

Лисабонскиот Договор стапува на сила

Лисабонскиот договор, кој има за цел да обезбе-ди значителни нови при-добивки за граѓаните, и затворање на инсти-туционалната дебата за претстојната иднина, ста-пи на сила на 1 декември 2009.

Во изминатите три месеци, ЕУ презема одреден број на важни чекори за европската интеграција на земјата, покрај препораката на Комисијата за отпочнување на преговори за пристапување во ЕУ: на 19 декември во сила стапи новиот безвизен режим за патување по одлуката на Советот да ја укине обврската за Шенген виза за граѓаните на Поранешна Југословенска Република Македонија, како и за граѓаните на Србија и Црна Гора; Комисијата исто така оцени дека земјата ги исполни обврските од Договорот за стабилизација и асоцијација, и на таа основа даде предлог за преминување кон втората фаза од асоцијацијата. Ратификувањето и стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, со кој беше затворена интерната институционална дебата на ЕУ, беше исто така примено како позитивна вест за сите земји кои имаат аспирации да се приклучат на Европската Унија.

Безвизното патување станува реалност

Новиот безвизен режим за патување стапува на сила на 19 декември 2009. Тој се применува за граѓаните од земјата, како и за Црна Гора и Србија.

продолжува на стр. 3 продолжува на стр. 9

Page 2: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУсодржина

содржинаСтрана 3

- Безвизното патување станува реалност

- Поддршка за реформите на јавната администрација

- Одбележана 20-годишнината од Конвенцијата за правата на детето

- Регионален развој: Градење на одржлива иднина

- Лисабонскиот договор стапува на сила

- Нови модели за претставување на ЕУ

- ЕУ ја започна европската година 2010: Стоп за сиромаштијата сега!

- Шпанија го превзема претседателството со ЕУ од Шведска

- Странските граѓани претставуваат 6% од популацијата во ЕУ27

- Човековите права во срцето на Европската Унија

- Развој на човечки ресурси: Инвестирање во луѓето

- Завршени два твининг проекти

- Доделени нови единаесет грантови од Европскиот Инструмент за демократија и човекови права (EIDHR)

ЕУ Поддршка . . . . . . . . . . . . страна 4 до 8

ЕУ Стратегија . . . . . . . . . . . . страна 9 до 10

Вести од Брисел . . . . . . . . . страна 11

ЕУ Инфо Центар . . . . . . . . . последна страна

Page 3: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ октомври-декември 2009

БЕЗВИЗНОТО ПАТУВАЊЕ СТАНУВА РЕАЛНОСТ

На 19 декември, ЕУ одлучи дека граѓаните на поранешна Југо-словенска Република Македонија, Црна Гора и Србија ќе можат да па-туваат без визи во Шенген зоната започнувајќи од 19 декември 2009.

„Денешната одлука ја одразу-ва јасната европска перспекти-ва за земјите од Западен Бал-кан и претставува резултат на напорната работа на земјите да ги исполнат условите за визна либерализација“ рече Оли Рен, ко-

месар за проширување. Потпрет-седателот Жак Баро го истакна по-литичкото значење на оваа одлу-ка за мобилноста на граѓаните од трите земји; и ги истакна рефор-мите кои беа спроведени во по-следните две години во овие земји, со кои беа опфатени области-те на правда, слобода и безбед-ност. „Преку поедноставување на мобилноста на граѓаните на пора-нешна Југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија, ЕУ и понатаму ќе ги унапредува

контактите помеѓу Унијата и овие земји и ќе отвори нова ера за сора-ботка “ рече потпретседателот.

Новиот безвизен режим ќе се при-менува за сите граѓани кои поседу-ваат биометриски пасоши, и кои ќе можат да патуваат во Шенген зо-ната во времетраење до 90 дена за период од шест месеци. Шен-ген зоната е составена од 28 ев-ропски земји – сите земји член-ки (освен ВБ и Ирска), како и три земји кои не се членки на ЕУ, и тоа Исланд, Норвешка и Швајцарија. Визи им се сè уште потребни на граѓаните кои не поседуваат био-метриски пасош и на жителите на Косово кои поседуваат српски па-соши кои се издадени од Директо-ратот за координација во Белград. Истото се применува за лицата кои имаат намера да работат за време на краткиот престој и лицата кои сакаат да престојуваат подолго од 90 дена; за нив се потребни визи и работни дозволи.

Европската комисија го започна дијалогот за визна либерализација на почетокот на 2008 со Пора-нешна Југословенска Република Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина. Централно место имаа патоказите за визен дијалог, во кои беа поста-вени условите кои требаше да ги исполни секоја од земјите. Во јули 2009, Европската комисија даде предлог за укинување на визната обврска за првите три земји. Ев-ропскиот парламент даде позитив-но мислење во ноември 2009.

Албанија и Босна и Херцеговина, кои исто така беа опфатени со виз-ниот дијалог, не се вклучени во де-нешната одлука бидејќи последни-те проценки на Комисијата пока-жаа дека тие ги немаат исполне-то сите услови. Комисијата ја ин-тензивираше својата поддршка за двете земји во спроведувањето на потребните реформи. Во перио-дот од декември 2009 до февруа-ри 2010 ќе се прави нова процен-ка. Со постигнувањето на потреб-ниот напредок во спроведувањето на патоказите од страна на двете земји, Комисијата ќе биде подгот-вена да даде предлог за безвизно патување за нивните граѓани.

3

Page 4: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

4

гласник на ЕУЕУ Поддршка

ЕУ Поддрш

ка

ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА„Негувај ја различноста, стави крај на дискриминацијата“ беше мотото на серијата настани кои беа организирани од страна на Де-легацијата на Европската Унија за да се одбележи Меѓународниот ден на човековите права (10 де-кември). Европската Унија е по-светена на безбедноста на луѓето: ги промовира човековите права и истовремено се справува со при-чините за сиромаштијата и кон-фликтите. ЕУ ја гради безбедно-ста за луѓето со намалување на сиромаштијата и нееднаквоста, со промовирање на човековите пра-ва, демократијата и владеењето на правото, обезбедување на под-дршка за развојот и преку спра-вување со основните причини за конфликт и несигурност. Отта-му, настаните по повод Денот на човековите права ги мобилизи-раа владините службеници и ек-спертите за граѓанско општество, правобранителството и судство-то, како и студентите и младите луѓе да се одбележи овој знача-ен ден за да се подигне свеста за Универзалната декларација за чо-векови права и да се потврди об-врзаноста на сите кон нејзините вредности и принципи.

Во ЕУ Инфо центарот беше орга-низирана панел дискусија насло-вена „Негувај ја различноста, ста-ви крај на дискриминацијата“, а на присутните им се обратија ам-басадорот Ерван Фуере, г-дин Џељај Бајрами- министер за труд и социјална политика и г-дин Сашо Клековски – извршен ди-ректор на Македонскиот центар за меѓународна соработка и член на Коалицијата против дискри-минација.

Истиот ден, во амбасадата на Хо-ландија беше одржана промо-ција на книгата „Прирачник за човеко-

ви права“ за претставниците на граѓанското општество.

Исто така, на 10 декември, во по-лициската станица Кисела Вода специјалниот претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата - Ерван Фу-ере и г-ѓа Гордана Јанкуловска – министер за внатрешни ра-боти го промовираа проектот „Реновирање на полициската ста-ница Кисела Вода“, кој го финан-сира ЕУ. Проектот има за цел зна-чително да се подигнат стандар-дите на оваа важна полициска станица за да се подобри зашти-тата на правата на граѓаните со-гласно на најдобрите практики од ЕУ. Европската Унија има обе-збедено значителна поддршка за реформите на полицијата за да се постигне високо ниво на

гарантирање на основните пра-ва, примена на минимални стан-дарди за физичките услови во по-лициските станици во кои спаѓа градбата на самите објекти како и просториите за прием. Цело-сното реновирање на полициска-та станица Кисела Вода, во износ од 500.000 евра, е еден од про-ектите финансирани од ЕУ во об-ласта на правдата и внатрешните работи, покрај проектите за це-лосно или делумно реновирање на 9 други полициски станици во земјата (Центар, Гази Баба, Кар-пош, Бит Пазар), Прилеп, Гости-вар, Гевгелија, Штип и Тетово во износ од околу 850.000 евра. Вла-стите се ангажираа да обезбедат дополнителни финансиски сред-ства за опремата и мебелот во ре-новираните полициски станици.

Како дел од програмата за Денот на човековите права, беше објавена листата на избрани проекти на НВОи кои ќе се финансираат во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР). Во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) 2008 Поддршка базирана во земјата, беа избрани единаесет нови проекти за понатамошно зајакнување на улогата на граѓанското општество за унапредување на демократијата и човековите права.

11 проекти беа избрани од вкупно 54 поднесени апликации. Во Повикот беа предвидени три групи, по една за секој тематски приоритет, како што следува: Група 1: Следење на заеднички агенди за човекови права и демократски реформи; Група 2: Иницијативи за зголемување на инклузивноста и плуразлизмот вклучително и зголемено демократско учество во изборните процеси; и Група 3: Социјални права, вклучувајќи ги малцинствата и особено Ромите. Главната цел на програмата на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) е да се придонесе кон развојот и консолидирање на демократијата и владеењето на правото и почитувањето на сите човекови права и основни слободи во рамките на политиката на Заедницата за соработка во развојот и економска, финансиска и техничка соработка со трети земји, доследно на надворешната политика на Европската Унија во целина. На 10 декември, по повод Денот на човековите права, беше организиран ЕИДХР НВО Саем на кој беа претставени активностите и резултатите на група проекти спроведени во 2009.

Доделени единаесет нови грантови во рамките на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR)

Page 5: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ октомври-декември 2009

5

ЕУ Поддрш

ка

ЕУ Поддршка

ОДБЕЛЕЖАНА 20-ГОДИШНИНАТА ОД КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

На 16 декември, Делегацијата на Европската Унија, Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) и Советот на Европа организираа панел дискусија по повод 20-го-дишнината од Конценцијата за правата на детето на Обединети-те Нации. На панел дискусијата, свое обраќање до присутните имаа д-р Ѓорѓе Иванов – претсе-дател на државата, г-дин Ерван Фуере – специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата, г-дин Шелдон Јет – претставник на УНИЦЕФ, г-дин Алан Брајан Бергант – амбасадор на Репу-блика Словенија и претседавач со комитетот на министри при Советот на Европа, со цел да се подигне знаењето и свеста за конвенцијата кај младите луѓе, граѓанското општество, образов-ните, културните институции и институциите кои работат на чо-вековите права.

Во текот на седмицата од 16 до 20 ноември, серија на наста-ни беа организирани во чест на 20-годишнината од Конвенцијата за правата на детето на Обеди-нетите Нации, и тоа Фестивал на документарни филмови за деца, изложба на фотографии на кои се илустрирани членови од Конвенцијата за правата на дето-то, конкурс за есеј, итн.

Во текот на седмицата, беа при-кажани филмови од локална продукција, меѓу кои едноминут-ни видеа изработени од децата на тема „Насилството во училишта-та“ и документарецот „Образова-нието на ромските девојчиња“. На фестивалот, исто така беа прика-жани и филмовите: „Меѓуетничка кохезија“ од Израел, „Правда за децата“ од САД и Кенија, и „Инклу-зивно образование“ од Јапонија. По сите прикажувања на филмо-вите следуваше дискусија која ја водеа експерти.

Советот на Европа организираше конкурс за есеи и проекти „Кога би бил магионичар“ за среднош-колците од земјата. Електрон-ското потпишување на онлајн петицијата на Советот на Ев-ропа за забрана на телесното казнување на децата, беше про-мовирано за посетителите на ЕУ Инфо центарот.

ПОДДРШКА ЗА РЕФОРМИТЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈАРеформата на јавната администра-ција е еден од клучните приори-тети на Пристапното партнерство. Реформите во земјата се поддржа-ни со финансиска помош од Европ-ската Унија.

Проектот финансиран од ЕУ „Тех-ничка помош за агенцијата за државни службеници и зајакнува-ње на националниот систем за координација на обуките“, кој официјално беше започнат во но-ември 2009, има за цел да ја зајакне способноста на Агенцијата за државни службеници за под-дршка на развојот на човеч-ките ресурси и подобрување и градење на внатрешните капаци-тети за раководење со обуките. Зајакнувањето на способностите на АДС за имплементација на Нацио-налниот систем за координација на обуките и воспоставување на ме-ханизми за координација со други владини тела кои се релевантни за ефективно раководење со човеч-ките ресурси. Во текот на проектот во време-траење од 15 месеци и буџет од околу 500.000 евра, експерти-те тесно ќе соработуваат со тела-та и работните групи кои се одго-ворни за човечките ресурси и об-уките во државните служби. Тука спаѓаат: Агенцијата за државни

службеници, Советот за обуки, ек-спертската работна група (човеч-ки ресурси и обука), како и држав-ните секретаријати. Во партнер-ство со овие тела, тимот на проек-тот има за цел да обезбеди успеш-на реализација на следниве резул-тати: 1) Компонента 1: Градење на ка-пацитетите на АДС во однос на развојот на човечките ресурси, вклучително и зајакнување на вна-трешните капацитети за раководе-ње со обуките:• Проценка/и на потребите за обу-ка, обуки и студиски посети;• Спроведување на формални и не-формални програми/менторства за обука;• Подготвена годишна програма за обука и развој на сродни наставни планови;• Развиен систем за избор на гру-па на домашни внатрешни и надво-решни обучувачи и експерти.2) Компонента 2: Градење на ка-пацитетите за зајакнување на имплементацијата на Национални-от систем за координација на обу-ките:• Подготвени постапки за планира-ње, координација и извештаи за обуките;• Зајакнати механизми за коорди-нација на обуките со други владини тела релевантни за имплементација

на активностите за раководење со човечките ресурси;• Спроведена проценка на потре-бите за обука, спроведени обуки за Советот за обуки и експертската работна група.Покрај тоа, со проектот се пред-видува и преглед и ревидирање на конкретни планови, страте-гии и методологии за зајакнување на потенцијалот на Агенцијата за ефективно функционирање. Глав-ната цел на овој проект, финанси-ран од ЕУ е да се зајакне админи-стративниот капацитет, имено пре-ку развивање на капацитетите за стратешко планирање и развој на политики, како и развој на општа стратегија за обука на државните службеници.

Page 6: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ

6

ЕУ Поддршка

ЕУ Поддрш

ка РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ: ГРАДЕЊЕ НА ОДРЖЛИВА ИДНИНА

На 14 септември беше потпишан Финансискиот договор за компо-нентата за регионален развој од Инструментот за претпристап-на помош (ИПА). Со стратегијата за помош во рамките на Компо-нента III, која е во согласност со приоритетите поставени со При-стапното партнерство за Пора-нешна Југословенска Република

Македонија, ќе се поддржат ин-вестициите во животната среди-на и секторот транспорт за да се придонесе кон одржлив развој на земјата, т.е. за заштитата на жи-вотната средина како и за еко-номскиот и општествениот развој на земјата, и нејзината регио-нална интеграција. Една од глав-ните цели на Компонентата III е

да се подготви земјата за идно-то ефективно испорачување на структурните фондови по при-стапувањето. Комисијата ги доде-ли овластувањата за раководење со ИПА Компонента III (регионален развој).

Стратешката цел е да се придо-несе кон одржлив развој и реги-онална интеграција на земјата во Западен Балкан. За таа цел, по-мошта од Заедницата за Пора-нешна Југословенска Републи-ка Македонија ќе биде првенстве-но фокусирана на секторите транс-порт и животна средина, додека пак регионалната конкурентност се очекува да биде инкорпорирана во некоја подоцнежна фаза. Целосната распределба од око-лу 80 милиони евра за периодот 2007-2009 (40,5 милиони од ИПА и околу 38 милиони од национал-ни извори) ќе биде посветена на следниве приоритети: Приоритет 1: Завршување на Ко-ридорот X АвтопатПриоритет 2: Надградба и модернизација на транспортната инфраструктураПриоритет 3: Подобрување на ин-фраструктурата во животната сре-дина.

На 9 декември, проектот Техничка помош за подготовка на инвестициски проект за пречистителна ста-ница за третман на отпадни води во Прилеп, беше официјално отворен од амбасадорот Фуере, мини-стерот за животна средина и просторно планирање – г-дин Неџати Јакупи и градоначалникот на При-леп – г-дин Марјан Ристески. Со овој проект се обезедува помош за подготовка на технички издржан и инвестициски прифатлив проект кој вклучува изградба на модерна пречистителна станица за трет-ман на отпадни води, изградба на нова канализациска мрежа и реновирање на колекторите и постоеч-киот систем за канализација за износ од околу 18 милиони евра (од кои 6 милиони ќе бидат обезбеде-ни од Европската Унија во рамките на третата компонента на Инструментот за претпристапна помош).Целта на овој инвестициски проект е за 76,000 жители на Прилеп да се обезбеди модерна пречистител-на станица за собирање и третман на отпадни води согласно на барањата на ЕУ, што ќе резултира во значително зголемување на квалитетот на водата на Прилепска река. Како резултат на тоа, постоењето на нова пречистителна станица за третман на отпадни води ќе по-могне да се намалат опасностите по здравјето на луѓето и ќе се намали ризикот за загадување на изво-рите за вода за пиење. Со реализацијата на овој инвестициски проект ќе се подобри состојбата во жи-вотната средина и ќе се придонесе кон економски развој не само за градот туку и за поголемиот реги-он југо-западно од Прилеп.

Техничка помош за пречистителна станица за третман на отпадни води во Прилеп

Page 7: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ октомври-декември 2009

7

ЕУ Поддрш

ка

ЕУ Поддршка

РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ: ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЛУЃЕТО

На 16 декември, специјалниот претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската Унија, Ерван Фуере и вицепремиерот за-должен за европски прашања, Ва-ско Наумовски го потпишаа Фи-нансискиот договор за компонен-тата развој на човечките ресурси од претпристапната помош (ИПА). Во декември 2007, Европска-та комисија ја усвои Оперативна-та програма за развој на човеч-ките ресурси 2007-2009 за По-ранешна Југословенска Републи-ка Македонија, во рамките на чет-вртата компонента од Инструмен-тот за претпристапна помош (ИПА). Главната цел на компонентата за развој на човечките ресурси е да се унапреди развојот на човеч-ките ресурси преку подобрување на квалитетот на човечкиот капи-тал, што води кон повеќе и подо-бри работни места, поголем раст и развој, и зголемена национал-на конкурентност на меѓународно ниво. Покрај тоа, со компонента-та за развој на човечките ресурси (ИПА) се поддржува подготовка-та за имплементација на кохезио-

ната политика на Заедницата, осо-бено раководењето со Европскиот социјален фонд. Оперативната програма за развој на човечките ресурси опфаќа пе-риод од седум години (2007-2013) со финансиска распределба од преку 19 милиони евра за перио-дот 2007-2009 (околу 16 милиони од ИПА и 3 милиони од национално ко-финансирање).Оваа стратегија ќе се имплементи-ра преку проекти кои одговараат на следниве приоритетни оски: Приоритетна оска 1: Вработува-ње – привлекување и задржување на повеќе вработени луѓеПриоритетна оска 2: Образова-

ние и обука – Инвестирање во чо-вечки капитал преку подобро об-разование и обукаПриоритетна оска 3: Социјална вклученост – Промовирање на ин-клузивен пазар на работна сила

Со работите кои ќе се финансира-ат преку распределбата за први-те три години ќе се поддржат си-стемите и структурите кои се по-требни за да се подготви и спро-веде здрава и ефикасна политика за вработување. Тие исто така ќе обезбедуваат помош на млади ди-пломци на кои им недостасува ра-ботно искуство и на лицата кои се невработени подолго време.

Во ноември 2007, Европската комисија ја усвои Оперативната програма за регионален развој за По-ранешна Југословенска Република Македонија, во рамките на третата компонента од Инструментот за претпристапна помош. Оттогаш, земјата активно се подготвува за раководење и имплементација на програмата. Во текот на целиот процес, беше воспоставена интензивна и тесна соработка со релевант-ните служби на Европската комисија. Беа спроведувани советодавни мисии за да им се обезбеди помош на властите во градењето на потребните институционални, раководни и контролни капацитети. Во текот на 2008 и првата половина од 2009, засегнатите институции ги интензивираа подготвителни-те активности. Првиот чекор кој властите требаше да го реализираат за децентрализирано раководење, во рамките на кој Комисијата делегира задачи за имплементација на трети земји, беше процесот на акредитација. Процесот за акредитација има за цел да провери дали назначените институции има-ат воспоставено системи за раководење и контрола согласно на воспоставените правила. Пакетот за акредитација беше поднесен до службите на Комисијата на 19 јануари 2009.

Службите на комисијата го разгледаа пакетот за акредитација и спроведоа ревизија за проверка на лице место во март 2009 за да се донесе финална одлука за пренесувањето на надлежностите за раководење. Целта беше да се добие гаранција за подготвеноста на разни клучни чинители (Министер-ството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и про-сторно планирање). Ревизијата за проверка потврди дека е постигнат задоволителен напредок. Во јули 2009, Комисијата ги додели овластувањата за раководење со ИПА компонентата III (региона-лен развој) на властите. ИПА Програмата за регионален развој за Поранешна Југословенска Република Македонија сега може навистина да започне.

Во април 2009, Владата поднесе апликација за доделување на овластувањата за раководење со Ком-понентата IV од програмата ИПА. Европската комисија го разгледа пакетот за акредитација и спроведе ревизија за проверка на лице место. Целта беше да се добие гаранција за капацитетот на разни клуч-ни чинители кои ќе ги преземат одговорностите. Со ревизијата се потврди дека е постигнат задоволи-телен напредок. Во октомври 2009, Европската комисија усвои одлука за доделување на овластувањата за раководење со Оперативната програма за развој на човечките ресурси на националните власти од поранешна Југословенска Република Македонија.

Краток историјат на процесот за акредитација

Page 8: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

eu newsletter

8

гласник на ЕУЕУ Поддршка

ЕУ Поддрш

ка ЗАВРШЕНИ ДВА ТВИНИНГ ПРОЕКТИ

На 14 септември, со завршната конференција на твининг проектот „Преглед на законот за ра-ботни односи“ беше одбележано завршувањето на проектот. Достигнувањата со проектот и ре-зултатите кои произлегуваат од взаемната сора-ботка и партнерство помеѓу твининг партнери-те, Министерството за труд и социјална полити-ка и Министерството за труд, социјални работи и семејства на Република Словачка и Агенцијата за регионален развој Сенек-Пезинок за регионот на Братислава, беа јавно презентирани. Експертите од двете земји работеа заедно на твининг проектот за да се подобрат капаци-тетите на земјата во усогласувањето на наци-оналното законодавство за работни односи во областите на законот за работни односи, зако-нот за антидискриминација и еднаков третман и здравје и безбедност на работното место со за-конските одредби на ЕУ. Со проектот беше ревидирана политиката за работни односи и беа обезбедени препораки за потребното ревидирање на законот за работни односи за да се обезбедат повеќе и подобри ра-ботни места за граѓаните од земјата и за по-натамошно усогласување на работните услови со стандардите на ЕУ. Исто така, беше обезбе-дена обука за чинителите кои се одговорни за спроведување на законските измени. Со твининг проектот беше обезбедена оп-сежна поддршка на Министерството за труд и социјална политика и на претставници-те на социјалните партнери и други релевант-ни чинители за да се обезбеди институциона-лен капацитет за исполнување на барањата за планирање, регулирање, известување и инфор-мации кои произлегуваат од европските закон-ски одредби во трите области наведени погоре. Твининг проектот „Преглед на националниот за-кон за работни односи“ беше финансиран од Ев-ропската Унија со износ од 0,54 милиони евра.

За успешната борба против перењето пари и спречување на финансирањето на терори-зам не е доволен само закон. Твининг проек-тот „Развој на капацитетите за борба против перењето пари – Фаза 2“, со времетраење од 27 месеци и буџет од 1,5 милиони евра финан-сирани од Европската Унија и спроведени во партнерство со Институтот за фискални сту-дии од Шпанија, обезбеди поддршка за подго-товките на земјата за пристапувањето кон ЕУ, и притоа придонесе кон сопствените заложби на владата за развој на функционален систем за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам. Исто така, со проектот на нацио-налните власти им се овозможи да соработува-ат на меѓународно ниво согласно на европските и меѓународните стандарди. Целта на проектот беше да се поддржи Управата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам (УСППФТ) понатаму да ги развива своите капа-цитети согласно на законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам. Со проектот беше обезбедена обука не само за вработените од Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам, туку и за релевантниот кадар од Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Ца-ринската управа, Јавното обвинителство, судо-вите и Министерството за правда, Управата за јавни приходи, Комисијата за хартии од вред-ност и Народната банка. Вкупно 81 активности беа преземени во текот на 92 седмици, во кои беа вклучени експерти од Шпанија, Бугарија, Италија, Словенија, Англија и Австрија, со пре-ку 1000 учесници од разни јавни или приватни институции.

Затворање на проектот за борба против перењето пари

Завршен проектот „Преглед на законот за работни односи“

Page 9: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ октомври-декември 2009

9

ЕУ Стратегија

ЕУ Стратегија

ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР СТАПИ НА СИЛАЕУ СÈ ПОБЛИСКУ ДО ГРАЃАНИТЕ

Лисабонскиот договор, кој беше подготвен да обезбеди значајни нови придобивки за граѓаните и да се заврши институционалната де-бата за блиската иднина, стапи на сила на 1 декември 2009. „Лисабонскиот договор ги ста-ва граѓаните во центарот на ев-ропскиот проект“ истакна претсе-дателот на комисијата Хозе Ману-ел Баросо по повод стапувањето во сила на овој документ. „Јас сум воодушевен што сега располагаме со вистинските институции кои ќе дејствуваат и дека настапува пери-од на стабилност, така што можеме да ја фокусираме нашата енергија да го испорачаме тоа што е важно за нашите граѓани“.Со Лисабонскиот договор беа на-правени измени и дополненија на сегашните Договори за ЕУ и ЕК, без притоа тие целосно да се заме-нат. Унијата сега располага со за-

конска рамка и алатки кои се по-требни за задоволување на идни-те предизвици и за да се одговори на барањата на граѓаните. Со овој документ, Унијата ќе биде во мож-ност целосно да се концентрира на непречен излез од економска-та и финансиската криза, и да про-должи понатаму со стратегијата до 2020 за еколошки развој. Со Лисабонскиот договор се обе-збедува сигурност дека европски-те граѓани, преку Европскиот пар-ламент и националните парламен-ти, ќе можат да го кажат својот збор за европските прашања и да увидат дека нивните основни права се воспоставени во повел-ба. ЕУ ќе биде подобро опремена да ги задоволува очекувањата во областа на енергетиката, климат-ските промени, преку-граничниот криминал и имиграциите. Клучни-те подобрувања, исто така вклучу-

ваат и отворање на нови позиции (претседател на ЕУ и висок прет-ставник за надворешни работи и безбедносна политика) како дел од заложбите да се постигне по-голема кохерентност помеѓу раз-личните елементи на надвореш-ната политика на ЕУ, како што се дипломатијата, безбедноста, трговијата и хуманитарната помош. Со овие подобрувања, Унијата до-бива капацитет да спроведе про-мени, да ги направи европјаните побезбедни и просперитетни, и да ги отвори можностите за нив за да се обликува глобализацијата. Лисабонскиот договор беше одо-брен на неформалниот Европски Совет во октомври 2007 и беше пот-пишан на 13 декември истата годи-на. Постапките за ратификување во сите 27 земји членки се одвиваа во периодот од декември 2007 до ноември 2009.

Херман Ван Рампуј е првиот постојан претседател на Европски-от Совет. Претседателот претседа-ва со Советот, ја гарантира подго-товката и континуитетот на рабо-тата во соработка со претседате-лот на Комисијата, прави залож-би за олеснување на кохезијата и консензусот во Европскиот Совет, и доставува извештај до Европски-от парламент по завршувањето на секој од состаноците на Советот.

Како Член на белгиската демо-христијанска флемска партија, г-дин Рампуј беше премиер на

Белгија од декември 2008 до ноем-ври 2009.

Тој беше заменик премиер и мини-стер за буџет од септември 1993 до јули 1999, кога помогна да се на-мали долгот на Белгија од врвните 135 проценти од бруто домашниот производ. Во 1999, тој стана член на долниот дом на парламентот. Во 2004, тој беше назначен за поче-сен државен министер. Во 2007, тој стана претседател на белгиски-от Долен дом на парламентот.

Претседател на ЕУ

Page 10: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ

10

ЕУ Стратегија

ЕУ Стратегија

ОТСЕГА „ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКА УНИЈА“ ЈА ПРЕТСТАВУВА ЕУ ВО ЗЕМЈАТА

Катрин Маргарет Аштон, баронеса Аштон од Апхоланд (53) е први-от висок претставник за надво-решни работи и безбедносна по-литика на ЕУ. Истовремено со начзначувањето на г-ѓа Аштон за висок претставник, таа стана и првиот потпретседател на Ев-ропската комисија, што треба да биде потврдено од страна на Ев-ропскиот парламент. Како поли-тичар на британската лабуристич-ка партија, Аштон имаше пози-ции на советник на министерот во три министерства на владата. По-доцна беше назначена за лидер на Домот на лордовите, и во таа улога имаше клучно значење за ратификувањето на Лисабонски-

от договор преку британскиот го-рен дом. Во 2008, таа го наследи Питер Манделсон како еврокомесар за трговија во Европската комисија. Во времето на нејзиниот мандат како еврокомесар за трговија, таа склучи амбициозен и далекусе-жен договор за слободна трговија со Јужна Кореја, и разреши голем број на големи трговски спорови со големи трговски партнери. Таа исто така се бореше за трговијата како средство за промовирање на развојот ширум светот, со тоа што економските односи на ЕУ со аф-ричките, карибските и пацифич-ките земји ги постави на поцвр-сто тло.

Со стапувањето на сила на Лисабон-скиот договор на 1 декември 2009, ЕУ во поранешна југословенска Ре-публика Македонија сега е претста-вувана од „Делегација на Европска-та Унија“. Според новиот договор, „Унијата ќе ја претставуваат деле-гации на Унијата во трети земји и

во меѓународните организации“ и „Делегациите на Унијата ќе бидат ставени под надлежност на високи-от претставник на Унијата за над-ворешни работи и безбедносна по-литика“. Тие ќе дејствуваат во тес-на соработка со дипломатските и конзуларните претставништва на

земјите членки. Од тој датум, Ев-ропската Унија исто така ја заме-ни и наследи Европската заедни-ца, практикувањето на сите права и ги превзема сите обврски од Ев-ропската Заедница, и притоа про-должува да ги практикува постоеч-ките права и постојните обврски од Европската Унија.

Претходно нарекуваната „Деле-гација на Европската комисија“ беше официјално отворена во март 2000. Од ноември 2005 до декем-ври 2009, „Мисијата на Европска-та Унија“ дејствуваше како един-ствен претставник, што произле-гуваше од двојната функција на амбасадорот Ерван Фуере – како специјален претставник на Европ-ската Унија и шеф на Делегацијата на Европската делегација. Вакво-то единствено претставување во земјата беше всушност предвес-ник на „Делегацијата на Европска-та Унија“ која беше основана со Ли-сабонскиот договор, и која од 1 де-кември 2009 ќе ги претставува не само своите институции, туку и Ев-ропската Унија во целина.

Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика

Page 11: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ октомври-декември 2009

11

На 1 јануари 2008, 30.8 милиони странски граѓани живееја во 27 земји членки на ЕУ, од кои 11.3 милиони се граѓани на други земји членки на ЕУ. Останатите 19.5 ми-лиони се граѓани на држави над-вор од ЕУ27, од кои 6.0 милиони се граѓани од други држави во Евро-па, 4.7 милиони од Африка, 3.7 ми-лиони од Азија и 3.2. милиони од американскиот континент. Стран-ските граѓани опфаќаат 6,2% од вкупната популација во ЕУ27.

Оваа вест, која беше објавена по повод Меѓународниот ден на ми-гранти на 18 декември 2009, се за-снова на извештајот на Еуростат, Служба за статистика на Европски-те Заедници, за странски граѓани во 27 земји-членки на ЕУ, Норвеш-ка и Швајцарија. Во извештајот се презентирани податоци кои се обе-збедени или од националните за-води за статистика или пак одобре-ни од нивна страна доколку про-ценките биле направени од страна на Еуростат.

ЕУ ЈА ЗАПОЧНА ЕВРОПСКАТА ГОДИНА 2010: СТОП ЗА СИРОМАШТИЈАТА СЕГА!

СТРАНСКА ПОПУЛАЦИЈА ВО ЕУ27 ВО 2008 – СТРАНСКИТЕ ГРАЃАНИ ПРЕТСТАВУВААТ 6% ОД

ПОПУЛАЦИЈАТА ВО ЕУ27

На 1 јануари, Шпанија го пре-взема претседателството со ЕУ од Шведска. Шпанија ќе прет-седава со ЕУ до јуни, кога ќе ја наследи Белгија. Шпанското претседателство се совпаѓа со по-четокот на новата фаза за ЕУ, со нов состав на парламентот и на Со-ветот, и новиот договор кој стапи на сила на 1 декември. Во пресрет на новините, Шпанија, Белгија и

Унгарија подготвија работна про-грама за 18-месечен период во те-кот на кој тие ќе го наследат прет-седателството по редослед, со-гласно на новата регулатива која се применува во Европа. Тоа ќе биде првото „трио“ од прет-седателства кои треба да се фор-мализираат и да ги вршат своите функции согласно на Лисабонски-от договор.

Целта на оваа нова процеду-ра е да се обезбеди работење и иницијативи на ЕУ со поголем кон-тинуитет. Работната програма за претседа-телствата на Шпанија, Белгија и Унгарија започнува од јануари 2010 до јуни 2011.

Европската комисија и шпанско-то претседателство на ЕУ ја от-почнаа 2010 како европска година за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост. Под сло-ганот „Стоп за сиромаштијата сега!“ кампањата има за цел да ја ста-ви борбата против сиромаштијата – која директно засега еден на шест Европејци – во центарот на случувањата ширум Европа во те-кот на 2010. Претседателот на Ев-ропската комисија Хосе Мануел Ду-рао Баросо и премиерот на Шпанија Хосе Луис Родригез Запатеро ќе ја инагурираат годината на настан кој ќе се одржи во Мадрид.Околу 80 милиони Европејци жи-веат со ризикот од сиромаштијата, што значи дека се соочуваат со не-

сигурност, и живеат без нешта кои повеќето луѓе ги сметаат здраво за

говото. Животот во сиромаштија може да резултира во разни проблеми, од немање доволно пари за храна и облека до страдење во лоши усло-ви за домување, па дури и бездо-мништво. Сиромаштијата, исто така значи и соочување со ограничениот избор за животен стил, што може да доведе до социјална исклученост.Водечкиот принцип за 2010 годи-на е да им се слушне гласот на за-гриженоста на луѓето кои живеат со сиромаштијата и социјалната ис-клученост, и да се поттикнат сите европски граѓани и другите чини-тели да се ангажираат околу овие важни прашања.

ШПАНИЈА ГО ПРЕВЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО ЕУ ОД ШВЕДСКА

Вести од Брисел

Вести од Брисел

http://www.2010againstpoverty.eu

http://www.eu2010.es

http://europa.eu/rapid/ (Reference=STAT/09/184)

Page 12: ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛАГА ПОЧЕТОК НА …eeas.europa.eu/archives/delegations/the_former_yugoslav_republic... · правата на детето

гласник на ЕУ

За информации за претстојните настани во ЕУ Инфо центарот Посетете ја нашата веб страница www.euic.mk

ЕУ Инфо центар

Информативен центар на Европската УнијаМ.Х.Јасмин 52в 1000 СкопјеТел/Факс ++389 (0)2 329 63 63Работно време: понеделник-петок 09-18ч; сабота 10-13ч

ЕУ Инф

о центар

Прогласен добитникот на наградата за новинарски труд „Жан Моне“ 2009

Добитникот на наградата за новинарски труд „Жан Моне“ 2009 на конкурсот кој го објави Делегацијата на Европската Унија е Јосиф ЌУРЧИЕВ, поранешен новинар на Дојче Веле и колумнист во Утрински Весник. Тој е добитник на овогодинешната награда за најдобра новинарска сторија на темата „Од падот на железната завеса во 1989 до проширувањето во 2004“ за серија на објавени натписи во Утрински весник, во кој се опишуваат настани пред, во текот на, и по падот на Берлинскиот ѕид.

Делегацијата на Европската Унија го организира-ше традиционалниот настан на 15 декември, на кој амбасадорот Ерван ФУЕРЕ му ја предаде наградата на г-дин ЌУРЧИЕВ.

Медиумите имаат многу важна демократска улога во јавниот живот: вие сте одговорни да ја изнесете вистината. Оттаму, јас силно ве поттикнувам сите

вас да ги зајакнете вашите заложби за подигнување на степенот на професионалност во новинарска-та работа, рече амбасадорот ФУЕРЕ и додаде дека Делегацијата на Европската Унија смета дека ме-диумите се клучниот партнер за пренесување на вредностите и стандардите на Европската Унија на гледачите и на читателската публика.

Добитникот искажа благодарност за наградата и истакна дека серијата натписи не биле пишувани за конкурсот, туку со намера да се објаснат клуч-ните процеси во Европа кои започнаа пред 20 го-дини во источно европските земји. Темата за конкурсот за 2009 беше избрана за да се одбележи 5-годишнината од најголемото проширување на ЕУ и 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Оваа година, членовите на жирито разгледаа око-лу 70 печатени натписи и ТВ и радио емисии. Чле-нови на жирито беа: г-дин Јордан ПЛЕВНЕШ, писа-тел, публицист и поранешен амбасадор, г-ѓа Гон-ца СТОЈАНОВСКА од Секретаријатот за европски прашања, г-ѓа Соња БОХНЕТ, од амбасадата на Германија, г-дин Газмент АЈДИНИ од Здружението на новинари, како и претставници од Делегацијата на Европската Унија.

Наградата се состои од мала статуетка и награда во износ од 1.000 евра.

Овогодинешниот настан беше збогатен со два до-полнителни елементи: промоција на ревидирано-то издание на книгата „Европа од А до Ш“ од Вер-нер Вајденфелд и Волфганг Веселс, објавена од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Делегацијата на Европската Унија, СЕП и ГТЗ, и отворањето на изложбата на фотографии „Европа без граници“ на два аматери фотографи, Елена Ге-оргиева и Кристина Георгиева.

Денови на климатските промени во ЕУ Инфо центар

Предавање за Лисабонскиот договор на информативниот релеј во Битола

Во пресрет на Самитот за климат-ските промени во Копенхаген 2009, Делегацијата на ЕУ организираше серија на настани кои се поврзани со заложбите на ЕУ да се намали емисијата на јаглерод диоксид и активности да се усвојат ев-ропски политики согласно на реалноста со климатските промени. Целта е да се подигне свеста за влијанието на човекот врз климата, да се информи-ра за новите пристапи за намалување на емисијата на јаглерод диоксид, и да се повика на заеднички активности за бор-ба против климатските промени. Исто така, целта беше да се поттикнат поната-мошни дискусии на национално ниво за прашања поврзани со климатските про-мени и потребните активности.

На 2 декември, информативниот релеј на ЕУ при Фа-култетот за администрација и менаџмент на информа-тички системи во Битола, организираше предавање за Лисабонскиот договор, кој стапи на сила истиот ден. Околу 50 студенти присуствуваа на предавањето кое го одржаа д-р Жидас ДАСКАЛОВСКИ, м-р Младен КАРАЏОВСКИ и Диоген ХАЏИ-КОСТА МИЛЕВСКИ.

2817

31.557