ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ - cdn.wizzair.com fileпатување и во...

29
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ Wizz Air Hungary Ltd. ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ И БАГАЖ Септември 2014 г.

Transcript of ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ - cdn.wizzair.com fileпатување и во...

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ

Wizz Air Hungary Ltd.

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ И БАГАЖ

Септември 2014 г.

2

ЧЛЕН 1 – ДЕФИНИЦИИ 3 ЧЛЕН 2 – ПРИМЕНЛИВОСТ 6 ЧЛЕН 3 – ТАРИФИ 7 ЧЛЕН 4 – РАСПОРЕД 7 ЧЛЕН 5 - ДОГОВОР ЗА ВОЗДУШЕН ПРЕВОЗ 7 ЧЛЕН 6 РЕЗЕРВАЦИЈА И РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ 8 ЧЛЕН 7 – ВКУПНА ЦЕНА НА ПРЕВОЗ, ЦЕНА НА ПРЕВОЗ, ДАНОЦИ, ЦЕНИ И ТАКСИ ЗА ДРУГИ УСЛУГИ 10 ЧЛЕН 8 - ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ 12 ЧЛЕН 9 - ПРИЈАВУВАЊЕ И КАЧУВАЊЕ 13 ЧЛЕН 10 - ЦАРИНА И БЕЗБЕДНОСНА КОНТРОЛА 14 ЧЛЕН 11 - ПАТНИЧКИ ДОКУМЕНТИ 14 ЧЛЕН 12 - ОДБИВАЊЕ НА ПРЕВОЗ 15 ЧЛЕН 13 – ПОСЕБНИ ПРАВИЛА ШТО ВАЖАТ ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ СО АВИОН 16 ЧЛЕН 14 - БАГАЖ 18 ЧЛЕН 15 - ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ НА WIZZ AIR, ОТКАЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ 21 ЧЛЕН 16 – ПОВРАТ НА СРЕДСТВА, МЕНУВАЊЕ РУТИ 24 ЧЛЕН 17 - ОДГОВОРНОСТ 25 ЧЛЕН 18 - НАВРЕМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖАЛБИ, ВРЕМЕНСКО ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДЕЈСТВА 27 ЧЛЕН 19 - РЕГУЛАЦИЈА НА ЧАРТЕР 28 ЧЛЕН 20 - ТОЛКУВАЊЕ 28

3

ЧЛЕН 1 – ДЕФИНИЦИИ

ВИЕ, ВАШ(И), ВИЕ ЛИЧНО, ПАТНИК: се однесува на лицето именувано во Планот на патување што сме го издале по плаќање на вкупната цена за превоз. НИЕ, НАШЕ, НИЕ ЛИЧНО, НАС, Wizz Air: се однесува на Wizz Air Hungary Ltd. и нивните вработени, услужен персонал и агенти. ШИФРА ШТО ОДРЕДУВА АВИОКОМПАНИЈА: две или три букви или знаци што ја идентификуваат авиокомпанијата. Шифрите за Wizz Air се W6 и WZZ. ДОГОВОРЕНО МЕСТО НА СОПИРАЊЕ: место назначено како такво во Планот на патување и во нашата база на податоци, коешто не се смета за Место на поаѓање или за Место на дестинација. БАГАЖ: значи ваша сопственост заедно со багажот што го носите со вас на патувањето како чекиран, нечекиран багаж или лична сопственост. ИДЕНТИФИКАЦИСКА ОЗНАКА НА БАГАЖОТ: документ кој се издава само за идентификација на вашиот чекиран багаж и кој се става на чекираниот багаж. ОЗНАКА ЗА ПОДИГАЊЕ НА БАГАЖОТ: документ кој се издава само за идентификација на вашиот чекиран багаж, залепена за Картата за влез во авионот. КАРТА ЗА ВЛЕЗ ВО АВИОН: документ (i) кој се издава на шалтерот за пријавување покрај вашата шифра на резервација или планот на патување и важечките патнички документи или (ii) што вие сте го испечатиле по завршување на постапката за пријавување на интернет, којшто ви дозволува да се качите во авионот. ПОВИКУВАЧКИ ЦЕНТАР: услуга за клиентите што се дава преку телефон, за која тековните телефонски броеви можат да се најдат на веб-локацијата. ТАКСА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ: надоместот што се плаќа ако патникот ја откаже резервацијата, како што е објаснето на веб-локацијата. ДОГОВОР ЗА ЧАРТЕР: договорот за чартер-превоз поставен согласно овие Општи услови на превоз. ЧЕКИРАН БАГАЖ: вашиот багаж што го земаме за превоз и за кој е издадена идентификациска ознака за багаж и ознака за подигање на багаж во моментот на преземање. КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: временското ограничување што сме го одредиле во тековните Општи услови на превоз, до истекот на кое мора да сте ги завршиле формалностите на пријавување и да сте ја примиле Картата за влез во авионот.

4

УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ: упатства што се содржат во вашиот План на патување, во овие Општи услови на превоз, во правилата за приватност и во релевантните одредби на законот. ПОВРЗАНИ ЛЕТОВИ: два или повеќе сегменти на лет на Wizz Air по насока, резервирани на истата резервација. ДОГОВОР (ЗА ВОЗДУШЕН ПРЕВОЗ): договорот за превоз со авион на патници и багаж, склучен помеѓу вас и Wizz Air, согласно Условите на договорот, според кои ве превезуваме вас и вашиот багаж од местото на поаѓање до местото на дестинација. Планот на патување и ознаката за багаж го претставуваат договорот. КОНВЕНЦИЈА: Конвенцијата на Монтреал за Унификација на определени правила што се однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал на 5 мај 1999, како што е изменувана и дополнувана од време на време. ЗЕМЈИ ЗА КОИ ВАЖИ ПРЕВОЗОТ: оние земји каде што се лоцирани Местото на поаѓање, Местото на дестинација и Договореното место на сопирање. ЕКИПАЖ: овластен персонал што ги изведува должностите во авионот, наведен во редот на летот, како што се пилоти, стјуардеси, технички и безбедносен екипаж. ДЕН(А): календарски денови, вклучувајќи ги сите седум дена од неделата, со тоа што, за цел на известување, денот кога е испратено известувањето нема да се смета во крајниот рок. ЕЕЗ: Европска економска зона, вклучувајќи ги земјите членки. ЕУ: Европска Унија, вклучувајќи ги земјите членки.

ВОНРЕДНИ ОКОЛНОСТИ: причини и/или околности надвор од разумна контрола на Wizz Air што не можеле да се избегнат, дури и да се презеле сите разумни мерки, како што се, меѓу другото, елементарни непогоди, политичка нестабилност, метеоролошки состојби некомпатибилни со управувањето на летот во прашање, безбедносни ризици, штрајкови, неочекувани недостатоци на безбедност на летот и управувачки одлуки на авиосообраќајот, кои во однос на посебен лет, на даден ден, предизвикуваат долго одложување или откажување на еден или повеќе летови со тој авион.

ЦЕНА НА ПРЕВОЗ: цена на превозот со авион од местото на поаѓање до местото на дестинација. Цената на превозот вклучува такси и наплаќања и достапниот најнизок износ на Такси за други услуги неизбежни при резервацијата. ТАКСИ ЗА ДРУГИ УСЛУГИ/УСЛУЖНИ ТАКСИ: надоместите што се плаќаат за различни услуги поврзани со превозот со авион, како што се објаснети на веб-локацијата, освен Таксата за заштита на седиште, Таксата за откажување, Надоместот за Wizz Discount Club и Надоместот што треба да се плати за обезбедување услуги од други лица. ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ: мерките применети на превозот со авион на патници и багаж што го изведува Wizz Air, како што е објаснет во овие Општи услови на превоз.

5

УПРАВЕН ЗАКОН: законите на Унгарија што се применуваат во однос на врската што потекнува од договорот, правилата и Конвенцијата, секој како што се спроведува од време на време. ДЕКРЕТ НА ВЛАДАТА/ДЕКРЕТ: Декрет на владата на Унгарија 25/1999. (II.12.) за правилата за превоз со авион на патници, како што се изменува од време на време. IATA: Меѓународната асоцијација за авиотранспорт. МАЛО ДЕТЕ: дете чија возраст е под две години, но не е помало од две недели на датумот на патување. ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ: документот што се издава на патници по целосна исплата на Вкупната цена за превоз на Wizz Air, што ги содржи името на патникот и деталите на летот, како што се место на поаѓање, место на дестинација и договорено место на сопирање (ако постои), времињата на поаѓање и пристигнување и комплет препораки за Условите на договорот и други важни информации. Планот на патување ќе го испечатите вие во случај кога резервацијата е направена преку интернет или ќе ви го издаде патничката агенција што ја направила резервацијата за вас. Ако ја направите резервацијата преку Повикувачкиот центар, ќе бидете известени за шифрата на резервацијата, а планот на патување ќе ви биде испратен по факс, по е-пошта или по пошта, согласно овие Општи услови на превоз. ОЗНАКА ЗА ОГРАНИЧЕНО ИЗДАВАЊЕ: документот што ја изјавува нашата ограничена одговорност за Чекираниот багаж, што на кој било начин е оштетен или не е со соодветна големина или состојба или содржи кршливи предмети што сме ги прифатиле за превоз и што е издадена во времето на преземањето на односниот багаж. Ознаката ги забележува горенаведените недостатоци и карактеристики. ЛЕТ НА ТРГНУВАЊЕ/ЗАМИНУВАЊЕ: првиот дел од повратно патување или самиот лет во случај на патувања во еден правец. ПАТНИК: лицето именувано како такво во Планот на патување што сме го издале и забележано како такво во нашата база на податоци. ПАТНИК СО НАМАЛЕНА ПОДВИЖНОСТ ИЛИ ШТО МУ ТРЕБА ПОСЕБНА ПОМОШ: значи секој патник чија подвижност е намалена, што се должи на физичка неспособност (сетилна или подвижна), интелектуално нарушување, старост, болест или која било друга причина за неспособност кога користи превоз и чијашто ситуација бара посебно внимание. ЛИЧНА СОПСТВЕНОСТ: значи сопственост дефинирана во параграф 14.1.4 на овие Општи услови за превоз што можете да ја внесете во авионот, покрај рачниот багаж, без плаќање такса за ракување. ЛИЦЕ ШТО ПЛАЌА ЗА ПРЕВОЗОТ: физичко или правно лице што ни ја плаќа вкупната цена како што е наведено во планот на патување на патникот. МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ: аеродромот назначен во планот на патување и во нашата база на податоци како почетно место на превоз со авион.

6

МЕСТО НА ДЕСТИНАЦИЈА: аеродромот на дестинација на превозот со авион назначен како таков во планот на патување и во нашата база на податоци. ПРАВИЛА ЗА ПРИВАТНОСТ: правила на нашата веб-локација што ја регулираат обработката на личните податоци што ги дава патникот или лицата што плаќаат за превозот на Wizz Air. ДАВАЊЕ УСЛУГИ ОД СТРАНА НА ДРУГИ ЛИЦА: услуги што не ги обезбедува Wizz Air, но можат да се купат поврзано со воздушниот превоз. РЕГУЛАТИВА: Регулатива (EC) бр. 261/2004 на Европскиот парламент и совет, Регулатива бр. 1107/2006/EC на Европскиот парламент и совет и Регулатива бр. 2027/97/EC на Европскиот парламент и совет, како што се поправани и дополнувани од време на време. РАСПОРЕД: времето на поаѓање и пристигнување на индивидуални летовите, како што ги определил Wizz Air и објавени на веб-локацијата. SDR: Специјални права на повлекување, како што ги дефинирал Меѓународниот монетарен фонд. (Тековната вредност на оваа валутна единица може да се најде на веб-локацијата на IMF - www.imf.org - и на финансиските страници на поголемите дневни весници.) ТАКСА ЗА ЗАШТИТА НА СЕДИШТЕ: надоместот што треба да се плати, како што е објаснето на веб-локацијата, ако Wizz Air го искористи своето право и ја откаже резервацијата, што се должи на причини што се припишуваат на патникот, согласно овие Општи услови на превоз. ТАРИФИ: правила и услови достапни на веб-локацијата во однос на Вкупната цена за превоз и условите, таксите и цените за различни услуги што ги обезбедуваме, како и други регулативи на Wizz Air. Повеќе информации за Тарифите може да се најдат на нашата веб-локација. ВКУПНА ЦЕНА НА ПРЕВОЗ: цената што се плаќа за сите услуги што ви ги обезбедува Wizz Air, што ја вклучува Цената за превоз со авион и Таксите за други услуги. ПАТНИЧКИ ДОКУМЕНТИ: документите што ги бараат земјите опфатени во превозот за поминување на границата, транзит и/или престој во одредена држава. НЕЧЕКИРАН БАГАЖ/РАЧЕН БАГАЖ: вашиот багаж, што не е чекиран багаж во согласност со овие Општи услови на превоз, што останува кај вас за време на целото патување. ВЕБ-ЛОКАЦИЈА: wizzair.com ЧЛЕН 2 – ПРИМЕНЛИВОСТ

2.1 ОПШТИ ОДРЕДБИ Одредбите на овие Општи услови на превоз - во рамките дефинирани во параграф 2.2 - формираат дел од договорот, склучен меѓу патникот и Wizz Air. 2.2 ПРИМЕНЛИВОСТ

7

Во однос на Договорот, одредбите на овие Општи услови на превоз, што стапуваат на сила од датумот на издавање на Планот за патување, ако во него како превозник е назначен Wizz Air. 2.3. ЧАРТЕР ПРЕВОЗ 2.3.1. Ако превозот е изведен согласно Договорот за чартер, овие Општи услови на превоз важат само до степен или со дополнувањата, како што се изложени во билетот за чартер или во прописот за чартер во Член 19. 2.4 ПРАВНА НЕДОСЛЕДНОСТ Секоја одредба во овие Општи услови на превоз што не е во согласност со задолжителните одредби на важечките закони ќе биде ништовна и неважечка. Другите одредби сепак важат. Наместо ништовните одредби ќе важи управниот закон. 2.5 ОПШТИТЕ УСЛОВИТЕ НА ПРЕВОЗ ПРЕОВЛАДУВААТ НАД ПРАВИЛАТА НА WIZZ AIR Освен ако не е поинаку назначено во овие Општи услови на превоз, во случај на недоследност меѓу Општите услови на превоз и другите правила што можеби ќе се појават со определени субјекти, преовладуваат овие Општи услови на превоз.

ЧЛЕН 3 – ТАРИФИ

3.1 Го задржуваме правото да ги измениме Тарифите. На барање, ќе ви бидат дадени информации за Тарифите во Повикувачкиот центар. 3.2 Нашите вработени, услужниот персонал и агентите се должни да ги почитуваат Тарифите. 3.3. Ако купите некоја од услугите поврзани со воздушниот превоз како што е одредено на веб-локацијата, на аеродромот, може да ви се побара да платите дополнителен надомест на агентот на Wizz Air освен надоместот за услугата. Информации за дополнителните надомести што ги наплаќаат агентите на Wizz Air можат да се добијат кај односниот агент на аеродромот.

ЧЛЕН 4 – РАСПОРЕД

Декрет 4.§

Времето на поаѓање и пристигнување прикажани во распоредите на летање и на друго место, не се гарантирани и го задржуваме правото да ги смениме.

ЧЛЕН 5 - ДОГОВОР ЗА ВОЗДУШЕН ПРЕВОЗ

Декрет 5.§

5.1. ЗАКЛУЧОЦИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВОЗДУШЕН И НЕГОВАТА СОДРЖИНА Договорот за превоз е склучен по плаќање на вкупната цена за превоз и издавање на планот на патување. Условите на договорот важат за Договорот за воздушен превоз склучен меѓу вас и нас како што следи: (а) условите и известувањата објаснети во вашиот План на патување и за коишто ќе бидете известени усно во случај на резервирање преку Повикувачкиот центар; (б) овие Општи услови на превоз; (в) Правила за приватност; (г) Управниот закон.

8

5.2. ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ Декрет 6-7.§

5.2.1 Планот на патување (во случај на носење багаж, ознаката за идентификација на багаж) го потврдува склучувањето на договорот за воздушен превоз меѓу вас и нас. Не се издава друг билет. 5.2.2 Ќе обезбедиме превоз само за лицата (т.е. патникот/патниците) наведени во Планот на патувањето. Доколку немате План на патување кога се пријавувате, треба да ја дадете шифрата на резервацијата. Треба да покажете важечки патнички документи при пријавувањето. 5.2.3 Можете да побарате повторно замена (повторно испраќање) на Планот на патување или на шифрата за резервација, повикувајќи го Повикувачкиот центар. Wizz Air може да ви наплати такса за оваа услуга. ЧЛЕН 6 РЕЗЕРВАЦИЈА И РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ

6.1. РЕЗЕРВАЦИЈА 6.1.1 Можете да направите резервација преку веб-локацијата, Повикувачкиот центар или преку патничките агенти. 6.1.2 Резервацијата нема да биде регистрирана без плаќање на Вкупната цена за превоз во времето на резервација, но достапно е плаќање со банкарски налог за плаќање на вкупната цена за превоз за патувања што потекнуваат од определени земји. Во тој случај се дозволува плаќање само од земјата на Местото на поаѓање. За детали видете на нашата веб-локација. Во случај на банкарски налог, бројот на резервации платени од истата банковна сметка и бројот на летови што можат да се резервираат на истата резервација е ограничен, сѐ додека Wizz Air не го прими целосниот износ на Вкупната цена за превоз. 6.1.3 Потребно е да ни дадете соодветни информации за контакт на коишто ќе бидете достапни во секое време (телефонски број/мобилен телефонски број и адреса на е-пошта). Ваша одговорност е да се осигурате дека адресата на е-пошта што ќе ја наведете е точна и дека имате пристап до неа и редовно ја проверувате. Ваша одговорност е да обезбедите наведените телефонски броеви да се точни, заедно со повикувачкиот број на земјата и областа и дека во секое време сте достапни на барем еден од наведените телефонски броеви во резервацијата. Wizz Air нема да биде одговорен за штета што произлегува од непочитување на горенаведените барања. Доколку резервацијата ја направил патничкиот агент и вие немате адреса на е-пошта, патничкиот агент ќе наведе своја адреса на е-пошта за резервацијата и ќе ве информира за сите известувања што ќе му ги испрати Wizz Air, а ќе влијаат на вашата резервација. 6.1.4 Вие или лицето што ја довршува резерацијата треба да ни дадете целосно име на патникот, како што е наведено во неговиот патнички документ што ќе се користи при патувањето. Доколку не го сторите тоа при резервирањето или два часа по резервирањето преку Повикувачкиот центар, ќе се наплати такса за промена на име за менувањето име на патник. Цената за таксата е достапна на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар 6.2. ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА Декрет 25.§

9

6.2.1 Ако ви треба посебна помош, вие или лицето што плаќа за превозот сте обврзани да го известите Повикувачкиот центар за својот физички инвалидитет или намалена подвижност при резервирањето. 6.2.2. Бидејќи не можеме да ви ја провериме здравствената состојба, ако имате тешка или заразна болест или каква било друга состојба што бара медицинска нега, ваша одговорност е да побарате медицински совет дали сте способни за патување со авион безбедно. Согласно одредбите од овие Општи услови на превоз, Wizz Air нема да биде одговорен за какви било несреќни случаи, влошување на здравствената состојба или за умирање за време на патувањето со авион што се случило поради небарање или непочитување медицински совети. 6.2.3. Го задржуваме правото да побараме целосна медицинска потврда што се однесува на вашата состојба и способноста да патувате со авион, што содржи изречно медицинско одобрување за превоз со авион, во кои било од случаите наведени во параграф 6.2.1 и за сите случаи кога Wizz Air може разумно да се сомнева дека патникот може да го истрпи летот безбедно, без потреба од посебна медицинска помош за време на летот. Може да побараме квалификувано медицинско лице или негувател како придружба, ако е потребно. Медицинската потврда треба да се издаде до 6 дена пред датумот на летот. 6.2.4 Ако не ги исполните барањата наведени во параграфите 6.2.1, 6.2.2 и 6.2.3. или во случај да не можеме да ги обезбедиме условите, поставени во вашата медицинска потврда во авионот со којшто управуваме според Распоредот, ќе ја одбиеме вашата резервација и превозот и ќе ви ја надоместиме Цената на превозот по одбивање на таксата за другите услуги и надоместот за заштита на седиштето. 6.2.5. Ако сакате да носите специјален багаж или предмети со условен превоз, вие или лицето што ја остварува резервацијата треба соодветно да го информирате Повикувачкиот центар (погледнете Параграф 14.4). 6.3. РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ Не обезбедуваме распоред на седишта на ниту еден од нашите летови (според тоа, не е назначен број на седиште во Планот на патување). Сепак, на патниците со посебни потреби и родителите што патуваат со мали деца на влезот ќе им биде понудено први да се качат во авионот, доколку го назначат тоа кога ќе почне пријавувањето. Сепак, можете да купите приоритетно качување, места со екстра простор за нозе или резервирано седиште во првите два реда на авионот за определена такса, за што можете да најдете детали на веб-локацијата. 6.4 ПРОМЕНИ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА ШТО ГИ ПРАВИ ПАТНИКОТ 6.4.1 Резервацијата, каква што е во Планот на патување, не смее да се пренесува или менува, освен како што е назначено подолу. 6.4.2 Ако сакате да го промените времето на летовите или маршрутата поставени во Планот на патување, можете да ги направите промените на веб-локацијата или преку Повикувачкиот центар до 3 часа пред закажаното време на поаѓање. Ќе треба да платите такса за промена на лет и разликата во цената помеѓу оригиналната и новата карта (вклучувајќи ги сите промени во даноците, цените и таксите за други услуги). Ако новата вкупна цена за превоз е пониска од оригиналната, не ви следува надоместок, освен за износот на пониските даноци и цени. 6.4.3 Ако сакате да го смените името на патникот, треба да го известите нашиот Повикувачки центар не подоцна од 3 часа пред закажаното време на поаѓање. Ќе треба да платите такса за промена на името, чиј износ е достапен на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар. Промената на името е дозволено само за сите сектори резервирани во истата резервација, како што е прикажано во Планот на патување. 6.5. ОТКАЖУВАЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ

10

Декрет 22.§ (3), 25.§ и 26.§

6.5.1. Можете да ја откажете резервацијата до четиринаесеттиот (14.) ден пред закажаното време на поаѓање на летот, како што е наведено на првобитната резервација. Ќе имате право на поврат на средствата за вкупната цена на картата, по одбивање на таксата за откажување. Ако ја откажете резервацијата за четиринаесет (14) дена пред закажаното време на поаѓање на летот, ќе ви биде надоместена вкупната цена, откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. 6.5.2 Во случај на смрт на член на семејството (мајка, татко, дедо, баба, дете, внук сестра, брат, баба, сопруга, сопруг, партне ) што настанала еден месец пред закажаното време на поаѓање на летот на резервацијата, ако поднесете барање во рок од еден месец од таквиот настан, ќе ви ја исплатиме Вкупната цена за превоз за делот од патувањето што не е искористен, под услов да поднесете посмртница или нејзина копија за 7 дена од поднесување на барањето. 6.5.3 Во случај Wizz Air да ја смени маршрутата или закажаното време на летовите вклучени во Планот на патување согласно параграф 15.1, го пропушти договореното место на сопирање или додаде ново место на сопирање, можете да го поништите договорот моментално и ви следува поврат на Вкупната цена на превоз. ЧЛЕН 7 – ВКУПНА ЦЕНА НА ПРЕВОЗ, ЦЕНА НА ПРЕВОЗ, ДАНОЦИ, ЦЕНИ И ТАКСИ

ЗА ДРУГИ УСЛУГИ

7.1 ВКУПНА ЦЕНА НА ПРЕВОЗ, ЦЕНА НА ПРЕВОЗ 7.1.1. Вкупната цена на превозот ги вклучува цената за превоз, даноците и Таксите за други услуги, освен ако Wizz Air не назначи поинаку. Информации за компонентите на вкупната цена за превоз и нивните соодветни износи ќе ви бидат дадени за време на процесот на резервација на веб-локацијата, од Повикувачкиот центар или од патничкиот агент, во зависност од тоа како ја правите резервацијата. 7.1.2. Цената за превоз ја содржи само цената за превоз од местото на поаѓање до местото на дестинација и поврзаните даноци и цени, освен ако не е поинаку јасно назначено. Цената на превоз не вклучува копнен превоз меѓу аеродромските терминали или меѓу аеродромските терминали и градот и такси за други услуги што ќе ги побарате. 7.1.3. Износот на цената за превоз се пресметува согласно износите што важат на денот на резервацијата во однос на даден превоз, како што е назначено на веб-локацијата. На цената на превоз нема да влијае промената на овие износи помеѓу датумот на резервација и датумот на започнување на патувањето (освен како што е објаснето во параграфите 6.4 и 7.2.2). 7.1.4. Генерално, колку порано резервирате, толку цената ќе биде поевтина. Сепак, го задржуваме правото да воведеме промотивни цени помеѓу датумот на вашата резервација и датумот на патувањето (таквата промоција може да влијае на маршрутата за која сте направиле резервација пред почетниот датум на промоцијата). Воведувањето промотивни цени не ви дава за право да барате разлика во цената помеѓу вкупната цена за превоз, што сте ја платиле за резервацијата и вкупната промотивна цена. 7.2 ДАНОЦИ, ТАКСИ И ЦЕНИ ЗА ДРУГИ УСЛУГИ 7.2.1 Цената за превоз обично вклучува даноци, такси и цени што ги наплаќаат владата, други власти или операторите на аеродромот или Wizz Air што важат на датумот на издавањето на Планот и најнискиот износ на неизбежни такси за други услуги, што се неопходни за остварување резервација на нивоата што важат во времето на резервацијата и купувањето. Овие трошоци нормално ќе се појават одделно во Планот на патување во Цената за превоз. Исто така, ќе добиете информација за овие

11

износи за време на процесот на резервација. Цената за аеродромот вклучена во цената за превоз е противвредност за услугите што ви ги обезбедува операторот на аеродромот. 7.2.2 Wizz Air го задржува правото, а со прифаќање на овие Општи услови на превоз се согласувате дека Wizz Air бара од вас да платите за новиот или зголемениот износ на даноците, цените или таксите (вклучувајќи ги таксите за други услуги), што се однесуваат на вашето патување, што ги наметнуваат владите, другите власти или операторите на аеродромот, помеѓу датумот на издавање и тој на патување, со ретроактивен ефект, како што може да биде случајот. Ако не ги платите овие износи, согласно Член 12, Wizz Air има право да го одбие превозот на патници резервирани во релевантната резервација. 7.2.3 Патникот може да купи некои услуги по резервирањето, но во секој случај пред почетокот на патувањето, преку интернет или на аеродромот, зависно од видот на услугата. Во тој случај, таксите за тие услуги ќе ја претставуваат Таксата за други услуги применлива во моментот на купување, коишто се достапни на веб-локацијата или од Повикувачкиот центар. 7.3 ВАЛУТА НА ЦЕНАТА НА ПРЕВОЗОТ Цената на превозот, даноците, таксите, цените и таксите за другите услуги ќе се определуваат, плаќаат и сметката ќе се издава во валутата на местото на поаѓање, освен ако не назначиме друга валута во моментот на или пред плаќањето (пр. поради неконвертибилноста на валутата на местото на поаѓање). 7.4 ПЛАЌАЊЕ 7.4.1 ОПШТО 7.4.1.1 Плаќањето на Вкупната цена на превоз ќе се изврши со дебитна или кредитна картичка по резервацијата или со пренос на пари за патувања што потекнуваат од определени земји (погледнете параграф 6.1.2). Во некои исклучителни случаи - за кои ќе бидете известени по резервирањето - ќе треба одделно да платите даноци и такси посебно, на барање (некои аеродроми може да бараат плаќање на аеродромските такси на аеродромот). 7.4.1.2 Ако даноците, цените и таксите за други услуги се погрешно наплатени, вие или лицето што плаќа за превозот ќе ја платите разликата или ќе имате право на надоместок. Надоместокот ќе го преземете вие или лицето што плаќа за превозот од издавачот на Планот на патување. 7.4.1.3 Патникот е одговорен за плаќање на вкупната цена за превоз, дури и ако друго лице платило за вкупната цена на превозот. Wizz Air може да ја смета кредитната или дебитната картичка што се користи за плаќање или плаќањето со банкарски налог и/или деталите на резервацијата како показател за голем ризик од измама. Во таков случај, ќе контактираме со вас и/или со лицето што плаќа за превозот преку телефонските броеви наведени во вашата резервација за потврда на деталите на резервацијата и плаќањето. Ако не можеме да оствариме контакт преку тие броеви или не можете да ги потврдите плаќањето или деталите за резервацијата, го задржуваме правото да ви ја откажеме резервацијата и да ви ја надоместиме вкупната цена за превозот. 7.4.1.4 Прифаќајќи ги Општите услови на превоз изречно се согласувате дека Wizz Air ќе ви издаде електронска сметка што се однесува на вкупната цена за превоз и на провизија за таквата електронска сметка исклучиво по електронски пат само на адресата на е-пошта што сте ја дале при резервирањето. Електронските сметки се издаваат согласно релевантните правни закони на Унгарија (посебно точка 167 од Унгарскиот закон за сметководство бр. C од 2000 г.).

12

Дополнително, може да се побара хартиен примерок од електронската сметка преку Повикувачкиот центар за определена цена, којашто е достапна на веб-локацијата или од Повикувачкиот центар. Хартиениот примерок од електронската сметка ќе се испрати на адресата што сте ја дале на Повикувачкиот центар. Може да побарате изменета сметка што содржи различни детали од оние наведени при резервирањето, за што може да наплатиме надомест. 7.4.1.5 Плаќањето на вкупната цена за превоз ќе се изврши во валутата според која е определена цената за превозот, освен ако не е поинаку договорено. 7.4.2 ПЛАЌАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА РЕЗЕРВАЦИЈА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ Вие или лицето што плаќа за превозот ќе ја платите вкупната цена за превоз со банковна картичка, соодветна за плаќање преку интернет, при резервирањето преку интернет или со банковен налог (ако е можно), во временскиот период определен за плаќања со банковен налог. 7.4.3 ПЛАЌАЊЕ АКО РЕЗЕРВАЦИЈАТА СЕ ОСТВАРИ ПРЕКУ ПОВИКУВАЧКИОТ ЦЕНТАР Ако направите резервација преку Повикувачкиот центар, ќе биде побарано да ги наведете деталите за банковната картичка на агентот на Повикувачкиот центар, којшто ќе го организира плаќањето. Плаќањето на вкупната цена за превоз ќе се оствари по резервацијата. Во определени случаи може да платите со банковен налог, за што деталите се достапни на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар (погледнете параграф 6.1.2). За таксите за Повикувачкиот центар што се применува на резервациите направени преку него, консултирајте ја веб-локацијата или повикајте го Повикувачкиот центар. 7.4.4 ПЛАЌАЊЕ АКО РЕЗЕРВАЦИЈАТА СЕ ОСТВАРИ ПРЕКУ ПАТНИЧКИ АГЕНТ Ако резервацијата се прави преку патнички агент, агенцијата ќе го организира плаќањето. Вие ќе ѝ платите на патничката агенција според нејзините барања. Патничката агенција има одговорност да ве извести за нашите Општи услови на превоз и да ви го даде Планот на патување. Договорот за превоз со авион се склучува помеѓу вас и нас. Ако имате право на надоместок, согласно овие Општи услови на превоз, треба да го испратите вашето барање на писмено до Wizz Air. Надоместокот ќе се обработи согласно овие Општи услови на превоз. За нашите контактни информации, консултирајте се со веб-локацијата или со Повикувачкиот центар. 7.4.5. ПЛАЌАЊЕ СО БАНКАРСКИ НАЛОГ Во случај на плаќање со банкарски налог, сите трошоци поврзани со плаќањето ги сносите вие. Префрлениот износ треба да го покрива целиот и точен износ на вкупната цена за превоз, а Wizz Air ќе го прими во временската рамка дефинирана на веб-локацијата. Во спротивно, резервацијата е неважечка. Во случај на плаќање со банкарски налог, временскиот период за остварување резервација е ограничен. Во случај да не примите потврда за вашата резервација за време од 5 дена од датумот на резервирањето, на адресата на е-пошта дадена за време на резервирањето, ваша одговорност е да контактирате со Повикувачкиот центар за да ја проверите важноста на резервацијата. Wizz Air ги враќа сите неидентификувани плаќања назад до оригиналната банковна сметка. Сите трошоци поврзани со плаќањето со банковен налог ги плаќате вие или лицето што плаќа за превозот.

ЧЛЕН 8 - ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

13

8.1. Во врска со Вашите лични информации, Wizz Air дејствува во согласност со применливите закони за заштита на податоците. Можете да ги прочитате нашите Правила за приватност на веб-локацијата или ќе ви бидат дадени детални информации за нив од Повикувачкиот центар на ваше барање. 8.2. Со прифаќање на овие Општи услови на превоз ги прифаќате и Правилата за приватност. ЧЛЕН 9 - ПРИЈАВУВАЊЕ И КАЧУВАЊЕ

Декрет 9.§ и 10.§

9.1 Пријавувањето започнува 2 часа и обично завршува 40 минути пред поаѓањето, согласно распоредот на аеродромот на местото на поаѓање. На некои аеродроми, за кои можете да добиете детали на нашата веб-локација или од Повикувачкиот центар, пријавувањето се затвора 60 минути пред времето на поаѓањето, според Распоредот. Ако не можете да патувате поради која било причина или не се појавите навремено за пријавување или на портата за качување во авион, ќе ви ги откажеме превозот и резервацијата и ќе ви ги вратиме средствата за Вкупната цена откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. Препорачуваме да купите осигурување за откажување на купувањето. 9.2 Ќе го докажете својот идентитет, ќе ја покажете потврдувачката шифра и важечките патнички документи, како што е пропишано во Членот 11 по пријавувањето. Доколку не го направите тоа, ќе ви го одбиеме превозот, ќе ви ја откажеме резервацијата и ќе ви ги вратиме средствата за вкупната цена откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. 9.3 На некои аеродроми патниците се фотографираат на пријавувањето од безбедносни причини. 9.4 Ако Планот на патување е издаден за два или повеќе сегменти за еден правец, по пристигнувањето на секој аеродром на префрлање треба да излезете од авионот, да влезете во земјата (да поминете низ царина, гранична и безбедносна контрола), да го подигнете чекираниот багаж и да се пријавите на следниот лет, според постапката и правилата поставени во Општите услови на превоз на Wizz Air. 9.5 Услугата пријавување на интернет е достапна за некои маршрути, под следниве услови. Деца под 14 години ќе бидат придружувани и пријавени преку интернет од патник на возраст над 16 години. Во некои земји регулативите во однос на патување на малолетници може да се разликуваат од горенаведеното и во тој случај, важат тие регулативи. Можете да се пријавите на интернет од 30 дена до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот на веб-локацијата. Картата за влегување во авионот од интернет, заедно со важечките патнички документи, ќе ја испечатите и ќе ја покажете на портата за качување во авион. Доколку патникот не може да ја покаже картата за влез во авион и/или да ги покажете истите патнички документи користени за време на пријавувањето на интернет на портата за качување во авион, може да го одбиеме превозот. Патникот што се пријавил преку интернет треба да е присутен на портата за качување во авионот и да биде подготвен за качување не подоцна од 30 минути пред закажаното време на тргнување на летот. Патниците со чекиран багаж мора да се појават заедно со багажот на шалтерот за оставање багаж не подоцна од 40 минути пред закажаното време на тргнување на летот. На некои аеродроми, шалтерот за пријавување функционира и како шалтер за оставање на багажот. Штом патникот ќе се пријави на интернет, (а) името на патникот, датумот на летот, времето на летот и маршрутата може да се сменат до 4 часа пред времето на поаѓање според Распоредот; (б) дополнителни услуги може да се додадат преку интернет по соодветна целосна такса за услугата. Ако се додадат на аеродромот, се плаќа целосната услужна такса

14

што се применува за купувања на аеродром. Информации за таксите на услугата се достапни на веб-локацијата, во Повикувачкиот центар или кај патничкиот агент. Ако сте додале дополнителни услуги откако сте се пријавиле на интернет, треба да ја испечатите картата за влез во авионот што ги содржи дополнителните услуги и да ја покажете заедно со важечките патнички документи на обезбедувањето на аеродромот и на портата за качување во авион. 9.6 И покрај прописите на Член 9.5, ако патникот што ја користи услугата за пријавување преку интернет не е граѓанин на ЕУ/ЕЕЗ, тој мора да се појави на шалтерот за пријавување најмалку 40 минути пред закажаното време на поаѓање на летот, да ги покаже своите патнички документи и таму да му се стави печат на картата за влез во авионот. Ако патникот не покаже карта за влез во авионот со печат на портата за влез во авионот, превозот ќе биде одбиен. 9.7 Патување на маршрути каде што е достапна услугата пријавување на интернет, кога ја правите резервацијата мора да изберете дали ќе се пријавите на аеродромот или преку интернет. Ако изберете пријавување на аеродром, ќе ви наплатиме такса за ракување што не се надоместува, а треба да се плати во моментот на резервирање. Ако во моментот на резервација сте избрале пријавување на интернет, подоцна можете да одлучите да се пријавите на аеродром, но во тој случај ќе ви биде наплатена такса за ракување, што ќе ја платите на аеродромот. Износот на таквите такси за ракување на аеродром се достапни на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар. 9.8 Кога патувате на одредени места на дестинација, треба да дадете информации за вашите патнички документи на интернет преку веб-локацијата, со цел да се почитуваат локалните безбедносни прописи, не подоцна од 4 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Ако не го сторите тоа, превозот ќе биде одбиен.

ЧЛЕН 10 - ЦАРИНА И БЕЗБЕДНОСНА КОНТРОЛА

Декрет 10.§

10.1 Сите патници што летаат на нашите маршрути ќе поминат низ службата за имиграција или други безбедносни формалности и царина. Доколку не ги почитувате тие барања, превозот ќе ви биде одбиен, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви биде забрането. Вкупната цена ќе ви биде надоместена, откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. 10.2 Ќе бидете подложени на безбедносни проверки што ги изведуваат владини или аеродромски власти, на земјите што учествуваат во превозот, операторот на аеродромот или превозникот. 10.3 Ќе бидете присутни при проверката на вашиот багаж, што ја изведуваат цариници или други официјални власти, ако законот на земјите што учествуваат во превозот го бара тоа. 10.4 До степенот дозволен со закон, одрекуваме секаква одговорност за штети што настанале од проверките наведени во параграфите 10.1, 10..2 и 10.3 или од вашето одбивање да се подложите себеси или багажот на проверка.

ЧЛЕН 11 - ПАТНИЧКИ ДОКУМЕНТИ

Декрет 10.§

11.1 Пред патувањето треба да ги имате потребните документи за влез, злез, медицински потврди и други документи што ги бараат земјите каде што се врши превозот и да ги почитувате соодветните правила и прописи на истите. Wizz Air не е одговорен за постоењето, сопственоста и важноста на вашите патнички документи. Ако

15

не ги почитувате овие барања или ако патничките документи не се соодветни или се нецелосни, се одрекуваме од одговорноста за какви било штети предизвикани од тоа. 11.2 Ако ви е потребна важечка виза за да влезете во земјата на аеродромот на префрлање, мора да имате виза при пристигнувањето. Ако не го почитувате ова барање, Wizz Air нема да биде одговорен за каква било штета што произлегува од тоа. 11.3 Ако е потребна виза за престој во местото на дестинација, но вие само поминувате низ таа земја и не е потребна транзитна виза, треба да покажете доказ дека само транзитно поминувате низ таа земја. Доколку не успеете да покажете доказ, превозот ќе ви биде одбиен, резервацијата ќе ви биде откажана и вкупната цена ќе ви биде надоместена, откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. 11.4 Ако сме обврзани да платиме казни, глоби или ако настанат трошоци што се должат на ваше непочитување на правилата наведени во параграфите 11.1-11.3, ќе ги надоместите нашите трошоци на наше барање. Исто така, ќе ги платите трошоците на транспортот од земјата што нема да го дозволи вашиот влез. Нема да ви го надоместиме делот од картата, што се однесува на превоз до земјата што не го дозволила влезот. 11.5 Ние не сме одговорни за одбивање на превозот, ако имаме причина да веруваме дека применливиот закон и регулативите не го дозволуваат превозот, освен како што е наведено во Унгарскиот граѓански код (Акт бр. IV. од 1959).

ЧЛЕН 12 - ОДБИВАЊЕ НА ПРЕВОЗ

Декрет 25.§

12.1 Покрај случаите дефинирани во другите членови на Општите услови на превоз, го задржуваме правото да го одбиеме превозот за вас и/или вашиот багаж ако а) имаме причина да веруваме дека е неопходно да го одбиеме превозот од безбедносни причини (пр. ако сте под дејство на алкохол); б) имаме причина да веруваме дека превозот може да го загрози животот, здравјето, физичкиот интегритет и комфорот за вас и/или лицата во авионот; в) имаме причина да веруваме дека вашата возраст, ментална или физичка состојба може да ве загрози вас и/или лицата во авионот или нивната сопственост; г) вашата физичка состојба, облеката или однесувањето ги плаши, згрозува или ужаснува лицата во авионот; д) сте го нарушиле кодексот на однесување на претходен лет и имаме причина да веруваме дека ќе го повторните однесувањето; ѓ) претходно сме ве известиле дека нема да ве превезуваме на нашите летови; е) сме ја одбиле вашата резервација; ж) сте одбиле да поминете низ имиграциските и/или царинските формалности; з) сте одбиле да се подложите себеси или багажот на безбедносната проверка; ѕ) не сте ги платиле применливата вкупна цена за превоз, даноците, цените или таксите за други услуги; и) ни должите пари за претходен лет; ј) имаме причина да веруваме дека одбивањето на превоз е неопходно за да се испочитуваат законите и регулативите на земјите опфатени во превозот; к) немате важечка карта за влез во авионот или важечки патнички документи (вклучувајќи го и уништувањето на таквите документи во текот на патувањето) или при качувањето не можете да ги покажете патничките документи што се ги користеле при пријавувањето на интернет или, ако не сте граѓанин на ЕУ/ЕЕЗ, а сте користеле пријавување на интернет, не покажете карта за влез во авион со печат од шалтерот за пријавување; л) не ги исполнувате или имаме причина да веруваме дека не ги исполнувате барањата за влез во земјата на договорено место на сопирање или на местото на дестинација (вклучувајќи и неуспехот да дадете информации за вашите патнички документи, не

16

подоцна од 4 часа пред закажаното време на поаѓање на летот преку нашата веб-локација, кога патувате до места на дестинација каде што тоа е задолжително; љ) се обидете да влезете во земја каде што може само да сте во транзит; м) одбиете да ги предадете патничките документи на нас или на соодвтните власти - за сертификат за прием - кога ќе биде побарано; н) не можете да докажете дека сте лицето именувано во резервацијата; особено ако името на резервацијата не е истоветно со името во патниот документ што го покажувате на аеродромот. њ) не сте нѐ информирале за вашите посебни потреби или за намерата да носите специјален багаж или предмети на условен превоз; о) ви е потребна посебна поддршка што не можеме да ја обезбедиме или ќе повлече непропорционално високи трошоци. 12.2 Ако вашето однесување може да предизвика разумен сомнеж за прекршок или кривично дело или пушите во авионот, ќе покренеме правна постапка кај соодветните власти. 12.3 Ако, во склоп на нашите права, го одбиеме вашето превезување или ви ја откажеме резервацијата според овој Член, ќе ви ја надоместиме вкупната цена, откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. Нема да бидеме одговорни за каква било индиректна загуба или оштета, што се должи на таквото одбивање.

ЧЛЕН 13 – ПОСЕБНИ ПРАВИЛА ШТО ВАЖАТ ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ СО АВИОН

Регулатива 1107/2006/EC

13.1 ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ 13.1.1 Ако имате посебни потреби, мора да нѐ известите при резервацијата (погледнете параграф 6.2.). 13.1.2 Во истиот авион може да се превезуваат максимално 28 патници со инвалидитет или со намалена подвижност, вклучувајќи максимално 10 патници на кои им е потребна инвалидска количка од пријавувањето до седиштето. 13.1.3 Бремените жени нема да патуваат со летови на Wizz Air по 34-та недела од бременоста. Жени кои ја поминале 28-та недела од бременоста можат да патуваат со Wizz Air само под услов да добијат медицински сертификат што ја потврдува нивната способност за патување со авион. Wizz Air ќе биде одговорен само согласно овие Општи услови на превоз за кои било здравствени проблеми на бремените жени и/или на нивното неродено дете, што може да настанат за време на или како резултат од патувањето со авион. Медицинската потврда не треба да е постара од 6 дена пред датумот на летот. 13.1.4 Не примаме патници на носилки. 13.1.5 Прифаќаме патници на кои нормално им е потребно дополнителен кислород од медицински причини, доколку обезбедат медицинска потврда за способност за патување со авион без дополнителен кислород за време на назначениот лет. На патниците кои нема да обезбедат таква потврда на шалтерот за пријавување нема да им биде дозволено да патуваат. На патниците не им е дозволено да носат сопствен дополнителен кислород во авионот и во такви случаи Wizz Air не обезбедува кислород во авионот. 13.2 ПРЕВОЗ НА МАЛИ ДЕЦА И НА ЛИЦА НА ВОЗРАСТ ПОД 14 ГОДИНИ 13.2.1 Мали деца помали од две години може да патуваат во скутот на родителот. Со еден возрасен патник дозволено е да патува само едно мало дете. Во ист авион може да се превезуваат најмногу 18 мали деца поради безбедносни причини. Таксите што се

17

наплаќаат за превезување мали деца се достапни на веб-локацијата или во Повикувачкиот центар. Ако резервирате повратен билет и малото дете наполни две години пред датумот на повратното патување, потребна е посебна резервација за повратното патување затоа што детето веќе не се смета за мало дете. 13.2.2 Не прифаќаме лица под 14 години без придружба. Децата помали од 14 години мора да ги придружува лице со најмалку 16 години. Едно лице над 16 години може да придружува максимално 10 лица на возраст под 14 години. Во некои земји регулативите во врска со патување на малолетници може да се разликуваат од погоре наведеното, во тој случај важат тие регулативи. 13.3 ОДНЕСУВАЊЕ ВО АВИОНОТ Декрет 9.§ (2)

13.3.1 Во Треба да ги почитувате упатствата на екипажот за целото време на превозот. 13.3.2 Од безбедносни причини, може да ја забраниме или ограничиме употребата на електронска опрема, вклучувајќи, меѓу другото, на мобилни телефони, лаптоп компјутери, преносливи снимачи, преносливи радија, CD-плеери, електронски игри или емитирачки уреди, радио-контролирани играчки и воки-токи во авионот. Употребата на помагала за слух и пејсмејкери е дозволена. 13.3.3 Од безбедносни причини, дозволено е да консумирате алкохолни пијалаци што се купени само во авионот. 13.3.4 Ако а) според верувањето на екипажот, со вашето однесување ја загрозите безбедноста или сигурноста на авионот или на лицата во авионот и нивната сопственост; б) вербално или физички го злоупотребувате екипажот или им попречувате во спроведување на нивната должност; в) не ги почитувате упатствата на екипажот (вклучувајќи предупредувања за консумирање алкохол, дрога, пушење и употреба на електронска опрема); г) предизвикате неудобност или непријатност, штета или повреда на лицата во авионот; имаме право да спроведеме мерки, вклучувајќи принудување, што се сметаат за неопходни за да го спречиме или сопреме таквото однесување, а вие ќе ја надоместите штетата или трошоците што ќе настанат поради вашето однесување. Го задржуваме правото да го спроведеме таквото наше барање со судска тужба. 13.3.5 Од друг аспект, прописите на Токиската конвенција за кршење правила и одредени други дејства извршени во авионот, потпишана на 14 септември 1963 година и потврдена со Прописот бр. 24 од 1971 г. и други управни закони, ќе важат за сите дејства извршени во авионот. 13.3.6 Секаков вид пушење е забрането во нашите авиони. Секој обид за пушење може да резултира со сериозни кривични последици што ќе се покренат против вас и ќе треба да платите отштета за предизвиканите штети. 13.4 КЕТЕРИНГ И ДРУГИ УСЛУГИ Декрет 9.§ (2), Член 36 од Конвенцијата.

13.4.1 На летовите продаваме пијалаци и лесни ужини. 13.4.2 Доколку договориме услуги за вас, по ваше барање, со друго лице што не се авиопревоз или доколку издадеме билет или ваучер што се однесуваат на такви услуги што, како што се резервации за хотел или изнајмување автомобил, тогаш дејствуваме само како агент на другото лице. За тие услуги ќе важат условите и правилата на односното лице. Се оградуваме од одговорност за таквите услуги. Во случај превозот да

18

го обезбедуваат неколку превозници, Wizz Air е одговорен само за превозот што го обезбедува (во согласност со овие Општи правила за превоз). 13.4.3 Ако ви обезбедуваме и превоз на земја, за таквиот превоз може да важат други услови. Таквите услови се достапни на веб-локацијата или во Повикувачкиот центар.

ЧЛЕН 14 - БАГАЖ

Декрет 11.§-21.§

14.1 ТИПОВИ БАГАЖ, БЕСПЛАТЕН БАГАЖ 14.1.1 Се наплаќа такса за ракување за секое парче чекиран багаж. Износот на таквата такса е достапен на веб-локацијата или од Повикувачкиот центар. 14.1.2 Од здравствени и безбедносни причини тежината на чекираниот багаж не смее да надминува 32 килограми за парче. Wizz Air го задржува правото да го ограничи бројот на чекиран багаж по патници. Ако се применат такви ограничувања, тие се достапни на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар. Ќе го одбиеме превозот на чекираниот багаж над тие граници, како што е објаснето во овој дел 14.1 или за кој не е платена такса за ракување. 14.1.3 Можете да носите само едно парче рачен багаж по патник чија тежина не надминува 10 килограми и чии димензии не надминуваат 56x25x45 cm. Овие димензии вклучуваат тркала, рачки и странични џебови. Ќе наплатиме такса за ракување за секое парче рачен багаж, ако неговите димензии надминуваат 42x25x32 cm. Ако димензиите на багажот не надминуваат 42x25x32 cm, ќе го пренесеме вашиот багаж бесплатно. За детали за таксата за ракување што се наплаќа за рачниот багаж, видете на веб-локацијата или јавете се во Повикувачкиот центар. 14.1.4 Покрај рачниот багаж, во авионот може да ја внесете следната лична сопственост со мали димензии, без плаќање посебна такса: а) палто или ќебе; б) мобилен телефон; в) нешто за читање на летот; г) за деца на возраст под две години: храна за летот; д) предмети купени во страничниот простор за поаѓање, откако ќе поминете ни безбедносната проверка; ѓ) пар штаки за лица со физички инвалидитет. е) седиште за во автомобил за мали деца под две години, ако малото дете патува на посебно седиште и седиштето за во автомобил има ремен што може безбедно да се прицврсти за безбедносниот ремен во авионот. 14.1.5 Некои аеродроми може да имаат други ограничувања за рачниот багаж и личните предмети. Во тој случај преовладуваат прописите на аеродромот. 14.1.6 Ако вашиот рачен багаж не ги исполнува барањата дефинирани во овој параграф 14.1 (особено ограничувањата за квантитет и тежина на рачниот багаж), може да одбиеме да го превеземе вашиот багаж како рачен багаж. Во тој случај, Wizz Air ќе го превезе багажот како чекиран багаж по плаќање на таксата за ракување за чекиран багаж. На некои аеродроми релевантната такса може да се плати само со кредитна или дебитна картичка. За списокот на такви аеродроми консултирајте се со веб-локацијата или со Повикувачкиот центар. Wizz Air е должен да ги извести патниците за ажурираниот список на таквите аеродроми на веб-локацијата. Ако Wizz Air не го ажурира списокот на таквите аеродроми на веб-локацијата, тој е одговорен за штетите што ќе настанат од тоа, како што е дефинирано во овие Општи услови на превоз и релевантните закони.

19

Ако не ја платите таксата за чекиран багаж, Wizz Air може да го одбие превозот на вашиот багаж. Wizz Air одбива секаква одговорност за штетите што може да настанат од таквото одбивање. 14.1.7. Рачниот багаж и другите предмети што ќе ги внесете во авионот ќе ги складирате на начин на којшто редовите и итните излези ќе бидат слободни, согласно упатствата на екипажот. 14.1.8 Детските колички и инвалидските колички се пријавуваат со останатиот багаж и се пренесуваат бесплатно ако патува и корисникот на опремата. 14.2 ПРИФАЌАЊЕ БАГАЖ 14.2.1 Кога ќе го прифатиме вашиот багаж за пренос како чекиран багаж, ќе издадеме идентификациска ознака за багаж и ознака за подигање на багаж за секое парче чекиран багаж. 14.2.2 Чекираниот багаж ќе се носи на истиот авион со кој патувате вие. 14.3 НЕДОЗВОЛЕНИ ПРЕДМЕТИ ЗА ПРЕВОЗ 14.3.1 Следните предмети не се дозволени за превоз (тие не смеат да се стават во чекираниот или во рачниот багаж или да се носат со вас како лична сопственост): а) оружје и експлозиви, вклучувајќи оружја за лов или спорт, како што е дефинирано со законот на која било од земјите вклучени во превозот наведени во Планот на патувањето; б) секој предмет или материја што личи на оружје или експлозив; в) запаливи супстанции (освен: алкохолни пијалаци, лак за коса, парфем, тоалетна вода); г) радиоактивни материјали; д) кондензиран гас (освен: CO2 што се користи за движење на вештачки екстремитети, резервоар или незапалив гас што се користи за надувување на појасот за спасување); ѓ) отровни или инфективни супстанции; е) корозивни супстанци (освен: жива во термостати, барометри, акумулатор на инвалидска количка); ж) безбедосни актовки, кожни чанти или куфери со вградени алармни уреди што содржат литиумски батерии или пиротехнички материјал; з) предмети и материјали што ја загрозуваат безбедноста на авионот или животот, здравјето и телесниот интегритет или сопственоста на патниците; ѕ) секој предмет или материјал што е забранет според правилата и прописите на земјите кои учествуваат во превозот; и) секој предмет што не е соодветни за превезување поради нивната тежина, големина или која било друга карактеристика; ј) остатоци од човечко тело; к) кој било предмет назначен во Техничките упатства за безбеден транспорт на опасни производи со авион на Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO-International Civil Aviation Organization) и во Регулациите за опасни производи на Меѓународната асоцијација за авиотранспорт (IATA-International Air Transport Association). Доколку се обидете да понесете некој од овие предмети или материјали, може да го одбиеме превезувањето на вашиот багаж и/или на вас. 14.3.2 Ако чекираниот багаж содржи нешто од следново: а) готовина, акции; б) накит, скапоцен метал, скапоцени и полускапоцени камења; в) компјутер, камера, видео камера, мобилен телефон и сите други електронски или технички уреди и нивните додатоци; г) официјални деловни или приватни документи; д) патнички документи или други документи за идентификација;

20

ѓ) клучеви; е) течност; ж) лекови; з) лесно расипливи предмети. ѕ) уметнички дела. и) кои било од предметите наведени во 14.3.1, не одговараме за доцнење, загуба или оштетувања на такви предмети. Некои аеродроми може да имаат понатамошни правила за ограничувањата. Во тој случај преовладуваат прописите на аеродромот. 14.3.3 Рачниот багаж и личната сопственост не смеат да користат античко оружје, ножеви, сабји, ножици, сечива, кујнски прибор, копја, шприцови и други остри објекти и секој предмет што по наше мислење може да се користи како оружје. 14.3.4 Рачниот багаж или личната сопственост може да содржи само предмети што не се забранети за превоз и само во количество и пакување што е определено со важечките закони и безбедносни прописи. 14.4 ПРЕДМЕТИ СО УСЛОВЕН ПРЕВОЗ 14.4.1 Ако сакате да носите некои од долунаведените предмети, треба да нѐ информирате за вашата намера за време на резервирањето: а) кршливи предмети, б) материјали од непријатна природа; в) кучиња за слепи; г) инвалидска количка со сув акумулатор (само како чекиран багаж); г) други специјални предмети како, меѓу другото, скии, сноуборд, опрема за голф, нуркање и сурфање, опрема за рибарење, рогови и трофеи, велосипеди, стапови за скокање, музички инструменти и др. Треба да нѐ информирате за вашата намера да носите некои од горенаведените предмети преку Повикувачкиот центар. Дозволено е да носите такви предмети само со наша согласност.. 14.4.2 Доколку сакате да носите некој од предметите наведени во параграф 14.4.1 а), б) и д) со себе, треба да платите такса според Тарифите. За детали консултирајте се со веб-локацијата или со Повикувачкиот центар. 14.4.3 Доколку не ги пријавите и не добиете наша согласност за превоз на ставките наведени во параграф 14.4.1, може да одбиеме да ги превеземе и/или ние нема да бидеме одговорни за доцнење или оштетување на истите. 14.4.4. Wizz Air не е одговорен за оштетување на кршливи предмети поради превозот. Багажот што содржи кршливи предмети може да се носи како чекиран багаж само со ознака за ограничено издавање. 14.5 ЖИВОТНИ Не превезуваме живи животни на нашите летови, освен кучиња-помошници што патуваат заедно со патник со посебни потреби и ги имаат документите наведени во прописите на земјите опфатени со превозот и се усогласени со условите на тие прописи, под услов да сте нѐ известиле за вашата намера за таков превоз согласно делот 14.4.1. 14.6. ПРАВО ДА СЕ ОДБИЕ ПРЕВОЗ НА БАГАЖОТ 14.6.1 Дополнително на делот 14.1, ќе го одбиеме превозот на предмети што се забранети за превоз според овие Општи услови на превоз и на предмети со условен превоз, кои не се пријавени или прифатени од нас однапред согласно параграф 6.2.5.

21

14.6.2 Може да одбиеме превоз на секој предмет или материјал што го сметаме несоодветен за превоз поради големината, обликот, тежината, содржината, карактерот, пакувањето или од безбедносни и сигурносни причини или поради удобноста на другите патници. 14.7 ПРАВО ЗА ПТРЕТРЕС НА БАГАЖОТ Ако се верува дека не ги почитувате правилата што важат за содржината или пакувањето на багажот, од безбедносни и сигурносни причини, може да побараме да дозволите претрес на вашата облека или багажот. Ако не сте достапни, багажот може да биде претресен без ваше присуство за да се утврди дали багажот содржи некој од предметите или материјалите наведени во параграфите 14.3 и 14.4. Ако не сакате да се согласите со таквото барање, може да го одбиеме превозот за вас и/или за вашиот багаж. Ако претресот предизвика штета на багажот, нема да бидеме одговорни за таквата штета до степенот дозволен со релевантните правни одредби. 14.8 ДОСТАВУВАЊЕ И СОБИРАЊЕ НА ЧЕКИРАНИОТ БАГАЖ Декрет 18.§ и 19.§

14.8.1 Багажот се доставува до аеродромот преку терминалите за доставување багаж, а не лично. Ваша одговорност е да го подигнете багажот од тие терминали. Wizz Air не одговара за багажот по доставувањето.Може да ги контролираме ознаките за идентификација на багажот и ознаките за подигање на багаж во секое време. Неподигнатиот багаж кај Wizz Air може да се предаде само на лицето што ќе донесе ознака за подигнување на багаж што е идентична со ознаката за идентификација на багажот. 14.8.2. Подложно на параграф 14.2 ќе го подигнете чекираниот багаж штом ќе стане достапен. Ако не го подигнете багажот или личните предмети, ќе го складираме 60 дена и ќе ви наплатиме такса за складирање. По тој период ќе го продадеме или уништиме неподигнатиот багаж или личните предмети. Ако можеме да ве идентификуваме според неподигнатиот багаж или личните предмети, ќе ве известиме според најдените детали за контакт за намерата да се ослободиме од неподигнатите предмети и кога треба тоа да се случи и понатаму нема да имаме никаква одговорност кон вас за настанатата штета.

ЧЛЕН 15 - ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ НА WIZZ AIR, ОТКАЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ

Декрет 22.§-24.§, Членови на регулација од 5 до 9

15.1 ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ НА WIZZ AIR 15.1.1 Пред да ја прифатиме резервацијата, ќе ве информираме за закажаното време на лет што важи од тоа време и тоа ќе биде прикажано и на Планот за патување. Можеби ќе треба да го промениме закажаното време на лет или маршрутата (вклучувајќи го местото на поаѓање или местото на дестинација) по издавањето на вашиот план на патување. Ќе ве контактираме за да ве известиме за секоја промена преку по е-пошта или по телефон, на адресата за е-пошта или телефонскиот број наведени при резервирањето, не помалку од 7 дена пред закажаното време на поаѓање како што е назначено во Планот на патување. Во случај на промена на време на лет или маршрута, ако ги прифатите промените во која било форма, Договорот помеѓу вас и Wizz Air ќе се смета за соодветно изменет. Ако новото време на лет или маршрутата не ви одговараат, ги имате правата како што се поставени во параграф 15.1.2. Ако вие не сте сопственикот на адресата на е-пошта или на телефонскиот број забележан во резервацијата, ваша одговорност е да го прашате сопственикот на

22

адресата на е-пошта или редовниот корисник на телефонот наведен во резервацијата за какви било известувања за промени. 15.1.2 Ако сме ве известиле однапред за какви било промени според параграф 15.1.1, по контактирање со Повикувачкиот центар, можете да изберете од опциите подолу: (а) повторно да ви резервираме друг лет со кој управува Wizz Air на истата, или ако е неопходно, на споредлива маршрута, во рок од 14 дена или 30 дена по закажаното време на поаѓање на одложениот/откажаниот лет, зависно од достапноста на седиштата или (б) да ја откажеме резервацијата и да ја исплатиме целата вредност на уплатата за откажаниот лет и за повратниот сектор, ако го има, плус 20% од цената платена за превоз за откажаниот лет на вашата „корисничка сметка“ на Wizz Air; или (в) да ја откажеме резервацијата и да ја надоместиме вкупната цена на билетот за откажаниот лет и, ако е применливо, за повратниот сектор (заедно со таксите и трошоците), согласно параграф 15.4.4. Ако сакате да го смените изборот, можете да го сторите тоа според општите правила и со плаќање на релевантната такса. 15.2 ОДЛОЖУВАЊА 15.2.1 Кога Wizz Air очекува летот да биде одложен по закажаното време на поаѓање, како што е назначено во Планот за патување (вклучувајќи ги промените под параграф 15.1): (а) за два часа или повеќе во случај на летови од 1500 километри или помалку или (б) за три часа или повеќе во случај на сите летови во ЕУ од повеќе од 1500 километри и сите други летови помеѓу 1500 и 3500 километри или (в) за четири часа или повеќе во случај на сите летови што спаѓаат под (a) или (b), Wizz Air ќе понуди: (i) помош назначена во параграфите 15.5.1(а) и 15.5.2 подолу; и (ii) кога очекуваниот ден на поаѓање е најмалку еден ден по претходно најавеното време на поаѓање, помошта назначена во параграфите 15.5.1(б) и (в); и (iii) кога одложувањето е најмалку пет часа, помошта назначена во параграф 16.2.1(а). 15.3. ОТКАЖУВАЊА 15.3.1 Во случај на откажување на летот, вам: (a) ќе ви биде понудена помош од Wizz Air согласно параграф 16.2.; и (b) ќе ви биде понудена помош од Wizz Air согласно параграфите 15.5.1(а) и 15.5.2 како и, во случај на пренасочување кога очекуваното време на поаѓање на новиот лет е најмалку еден ден по планираното време на поаѓање на откажаниот лет, помош назначена во параграфите 15.5.1(б) и (в); и (в) имате право на компензација од Wizz Air согласно параграф 15.4, освен: (i) сте информирани за откажувањето најмалку две недели пред закажаното време на поаѓање; или (ii) сте информирани за откажувањето помеѓу две недели и седум дена пред закажаното време на поаѓање и понудено ви е пренасочување, што ви овозможува да појдете не повеќе од два часа пред закажаното време на поаѓање и да стигнете до крајната дестинација помалку од четири часа по закажаното време на пристигнување; или (iii) сте информирани за откажувањето помалку од седум дена пред закажаното време на поаѓање и понудено ви е пренасочување, што ви овозможува да појдете не повеќе од еден час пред закажаното време на поаѓање и да стигнете до крајната дестинација помалку од два часа по закажаното време на пристигнување. 15.3.2 Во случај на откажување, ќе обезбедиме информации за можен алтернативен транспорт.

23

15.3.3 Wizz Air не одговара за каква било штета или компензација ако не сме можеле да ве известиме однапред за откажувањето бидејќи не сте биле достапни на телефонските броеви наведени во резервацијата. 15.4 ПРАВО НА КОМПЕНЗАЦИЈА 15.4.1 Во случај на откажување на лет, согласно параграф 15.3, ќе имате право на компензација во износ до: (а) 250 EUR за сите летови од 1500 километри или помалку; (б) 400 EUR за сите летови во ЕУ од повеќе од 1500 километри и за сите други летови помеѓу 1500 и 3500 километри; (в) 600 EUR за сите летови кои не спаѓаат под (а) или (б). За определување на оддалеченоста, основа ќе биде последната дестинација каде што откажувањето или одбиениот влез во авионот ќе го одложи пристигнувањето по закажаното време. 15.4.2. Кога ќе ви биде понудено пренасочување до конечната дестинација на алтернативен лет, според параграф 16.2 времето на пристигнување на летот нема да го надмине закажаното време на пристигнување на оригиналниот резервиран лет (а) за два часа, во однос на сите летови од 1500 километри или помалку или (б) за три часа, во однос на сите летови во ЕУ од повеќе од 1500 километри и на сите други летови помеѓу 1500 и 3500 километри или (в) за четири часа, во однос на сите летови што спаѓаат под (a) или (б), Wizz Air може да ја намали компензацијата назначена во параграф 15.4.1 за 50 %. 15.4.3. Wizz Air нема да биде обврзан да плати компензација, ако може да докаже дека одложувањето е предизвикано од вонредни околности. 15.4.4. Компензацијата назначена во параграфите 15.4.1 и 15.4.2. ќе се исплати во готовина, преку банковен налог, банковни чекови или ако се сложите, со патнички ваучери и/или други услуги. 15.4.5. Растојанијата наведени во параграфите 15.2.1, 15.4.1 и 15.4.2 ќе се измерат по методот на маршрута на голем круг. 15.5 ПРАВО НА НЕГА 15.5.1 Таму каде што е споменат овој параграф, Wizz Air бесплатно ќе им понуди на патниците: (а) оброци и освежувања во однос на времето на чекање за време на временскиот период на откажувањето; (б) организирање на хотелско сместување или надоместок на трошокот за хотелското сместување во случај - кога е неопходен престој од една или повеќе ноќи или - кога е потребен престој во местото на поаѓање дополнително на она што патникот планирал да го помине; (в) организирање превоз или надоместок на трошоците за превоз помеѓу аеродромот и местото на сместување назначено во параграф 15.5.1. (б) (хотел или друго). Патникот има право да ја побара негата под параграф 15.5.1. (а) за време на периодот на чекање предизвикан од одложувањето. Wizz Air ќе ги надомести трошоците за помош наведени во параграфите 15.5.1. б) и в) на патникот кој е опфатен од одложувањето или откажувањето до разумен износ, како што е наведено во фактурата/фактурите. 15.5.2 Дополнително, на патниците ќе им бидат понудени два телефонски повици, телекс или факс пораки или е-пошта или надоместок на трошоците за таквата комуникација. 15.5.3. Нема да ја обезбедиме услугата назначена во параграф 15.5.1. ако предизвика понатамошно одложување на летот.

24

15.6. ПОВРЗУВАЊА Wizz Air не управува со летови со поврзување. Вие го сносите ризикот за другите летови што ќе ги пропуштите вие или вашиот багаж. 15.7 АЛТЕРНАТИВЕН ПРЕВОЗ 15.7.1. Wizz Air може да ве превезе по алтернативни начини на превоз, што не се превоз со авион, во случај дефиниран под параграф 16.2.1. 15.7.2 Ако сте се согласиле за алтернативен начин на превоз (како што е објаснето во параграфите 16.2.1. б) и в)) на директен или индиректен начин, нема да имате право на поврат на цената за билетот или за дел од неа. 15.8 ПРЕНАСОЧУВАЊА 15.8.1 Ако не можеме да појдеме од местото на поаѓање или да слетаме во местото на дестинација или во договореното место на сопирање и авионот биде пренасочен на друг аеродром (оттука натаму „пренасочување“), освен ако не продолжи до местото на дестинацијата, ќе организираме превоз за вас до местото на дестинацијата, како што е назначено во Планот на патување, со наша услуга или со друг начин на превоз и немаме друга одговорност кон вас. 15.9 СПРОВЕДУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПРАВА Ако не ги испочитуваме тековниот Член, имате право да поднесете барање до Националната агенција за заштита на потрошувачите или до регионалните инспекторати. 15.10 ПРАВО НА ИНФОРМАЦИЈА Во случај да го одбиеме качувањето во авион или го откажеме летот, ќе ви обезбедиме (на аеродромот) пишана информација што ги поставува правилата за компензација и помош. Ако сте опфатени во одложување од најмалку два часа, ќе ви обезбедиме и слични информации. Исто така, ќе ви бидат достапни и деталите за контакт на релевантниот орган, назначен во Регулативата. 15.11 ВОНРЕДНИ ОКОЛНОСТИ Освен ако е поинаку пропишано во гореспоменатите параграфи на Член 15, нема да бидеме одговорни за било какви промени на договорот што се должат на вонредни околности. До степен дозволен со релевантните закони и овие Општи услови на превоз, одрекуваме одговорност за каква било штета или загуба предизвикана од вонредни околности.

ЧЛЕН 16 – ПОВРАТ НА СРЕДСТВА, МЕНУВАЊЕ РУТИ

16.1 ОПШТО 16.1.1 Освен како што е изречно наведено во овие Општи услови на превоз, сите Цени за превоз, даноци, трошоци и такси за други услуги не се враќаат. 16.1.2 Покрај членот 16.1.1. погоре, може да се достапни категории на цени што можат да се вратат за воздушен превоз до или од некои дестинации. Тие цени за превоз, ако се достапни, не можат да се резервираат преку веб-локацијата, туку можат да се купат само преку Повикувачкиот центар. 16.1.3 Средствата ќе се исплатат само вам или на лицето што плаќа за превозот. Во случај на ваша смрт или смрт на лицето што плаќа за превозот, ќе ги исплатиме средствата на најблиските членови на вашето или неговото семејство. 16.1.4 Општо, средствата се исплаќаат во истата валута со којашто е платен превозот. Ако тоа е невозможно, ќе исплатиме во евра.

25

16.2 ПОВРАТ НА СРЕДСТВА И МЕНУВАЊЕ РУТИ ОД ПРИЧИНИ ВОН КОНТРОЛА НА ПАТНИКОТ 16.2.1 Таму каде што е споменат овој параграф, Wizz Air ќе ви понуди избор меѓу: (а) - враќање на средствата за седум дема, според начините назначени во параграф 15.4.4, на вкупната цена за превоз по цената по којашто е платена, за делот или деловите од патувањето што не се остварени и за делот или деловите што се остварени ако летот не веќе нема никаква цел за вашиот оригинален план на патување, заедно со, кога е важно (т.е. во случај на поврзани летови), - повратен лет со кој управува Wizz Air или друга компанија со споредливи превозни услови до првото место на поаѓање, најрано што е можно; (б) пренасочување на лет со кој управува Wizz Air или друга компанија со споредливи превозни услови, до крајната дестинација, најрано што е можно; или (в) менување на рутата на лет со којшто управува Wizz Air или друга компанија со споредливи превозни услови, до крајната дестинација, на подоцнежен датум како што вам ви одговара, според достапноста на седиштата. Параграфот 16.2.1 ќе се толкува заедно со параграфот 15.7. тука. 16.2.2 Кога, во случај каде што во градот или регионот има неколку аеродроми, ќе ви понудиме лет од алтернативен аеродром, а не тој за кој е направена резервацијата, ќе ги поднесеме трошоците за превезувањето до алтернативниот аеродром, било до тој аеродром за кој е направена резервацијата или за дестинација во близината, во договор со вас.

ЧЛЕН 17 - ОДГОВОРНОСТ

Членови од Конвенцијата 17, 19, 20, 21, 22 и 31

17.1 ОПШТО 17.1.1 Нашата одговорност е определена со овие Општи услови на превоз и со Управниот закон. 17.1.2 Износот на штетите ќе се определува согласно Конвенцијата. Ние одговараме само за соодветно докажани штети и нашата одговорност нема да го надминува износот на докажаните штети. 17.1.3 Ако Wizz Air докаже дека штетата е предизвикана или е придонесено за неа од невнимание или друго штетно дејство или пропуст на лицето што бара компензација или лицето од кое тој/таа ги добива своите права, Wizz Air ќе биде целосно или делумно ослободен од својата одговорност кон барателот, до оној степен до кој таквото невнимание или штетно дејство или пропуст ја предизвикало или придонело за штетата. Кога лице што не е патникот бара оштета поради смрт или повреда на патник, Wizz Air исто така ќе биде целосно или делумно ослободен од својата одговорност до оној степен до кој ќе се докаже дека штетата е предизвикана или е придонесено за неа од невнимание или друго штетно дејство на патникот. Овој пропис важи за сите прописи за одговорност што се применуваат на Wizz Air кон патникот. 17.1.4 Според горе наведеното, не сме одговорни за каква било штета што сте ја предизвикале вие или вашиот багаж. Вие ќе бидете одговорни за таквата штета предизвикана на друго лице или на нивната (вклучувајќи ја и нашата) сопственост. 17.1.5 Договорот за превоз, вклучувајќи ги овие Општи услови за превоз и исклучоците и ограничувањата на одговорност, важи за нашите вработени, услужниот персонал и за агентите, до ист степен како што важи и за нас. Вкупниот износ што треба ние или таквите лица да го надоместиме нема да го надминува највисокото ограничување на нашата одговорност, како што е наведено во овие Општи услови на превоз.

26

17.1.6. Wizz Air не е одговорен за загуба на профит, индиректни или последователни штети. Патникот ги прифаќа ограничувањата на одговорност на овие Општи услови на превоз во однос на износот платен за услугите на Wizz Air. 17.2 ОДГОВОРНОСТ ЗА БАГАЖ 17.2.1 Одговорни сме за предизвикана штета во случај на оштетување или уништување, загуба или доцнење на чекиран багаж, само под услов настанот што го предизвикал оштетувањето, уништувањето, загубата или доцнењето да се случил во авионот или за време на периодот кога чекираниот багаж бил под одговорност на Wizz Air. 17.2.2 Одговорни сме за штета предизвикана од доцнење на превозот со авион на багажот освен ако ние, нашите вработени, услужниот персонал или агентите не сме ги презеле сите мерки што разумно се очекуваат за да се избегне штетата или ако докажеме дека не било возможно да се преземат такви мерки. 17.2.3 Не сме одговорни за штета, до степенот до кој штетата е резултат од својствен дефект, квалитетот или слабоста на багажот. Во случај на нечекиран багаж, вклучувајќи лични предмети, ќе бидеме одговорни само за нашата грешка или на нашите вработени или услужниот персонал. Не сме одговорни за штета, загуба, уништување и одложување на кои било предмети кои се одбиени за превоз и за секој багаж прифатен за превоз со ознака за ограничено издавање и за предмети со условен превоз, кои не ни се пријавени по резервацијата или не сме ги примиле за превоз. 17.2.4 Ја исклучуваме одговорноста за мала штета на надворешноста на вашиот багаж (како што се гребнатини, извалканост, дамки, вдлабнатини и др.), што може да се резултат од нормално абење. 17.2.5 За оштетување на багаж (исклучувајќи го чекираниот багаж, нечекираниот багаж и личната сопственост), нашата одговорност е ограничена на 1131 SDR за секој патник, освен ако патникот не поднел, во времето на предавање на чекираниот багаж, посебна изјава за препорачано доставување во дестинацијата и платил дополнителен износ ако е потребно. Во тој случај, ќе бидеме одговорни да платиме износ што не го надминува назначениот, освен ако можеме да докажеме дека износот е поголем од вистинскиот интерес на патникот за доставување до дестинацијата. 17.3 ОДГОВОРНОСТ ЗА СМРТ, ПОВРЕДА И ДОЦНЕЊЕ НА ПАТНИКОТ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НЕСРЕЌА 17.3.1 Во случај на несреќа нашата одговорност за смрт или повреда на патниците е подложна на ограничувања објаснети во овие Општи услови на превоз. Имаме строга одговорност до 113.100 SDR освен во случаите изложени во параграф 17.1.3. 17.3.2 За барања надвор од ова ограничување, во случај на смрт или повреда на патници, може да бидеме ослободени ако докажеме дека (i) таквата штета не се должи на наше штетно дејство, пропуст, невнимание или небрежност или на нашите вработени или услужен персонал, или дека (ii) таквата штета се должи само на штетно дејство, пропуст, невнимание или небрежност на друго лице. 17.3.3 Откако ќе се воспостави „prima facie“ идентитетот на лицето што треба да прими компензација, авансното плаќање ќе се изврши не подоцна од 15 дена со цел помош, бидејќи може да е потребно да се задоволат економските потреби пропорционални на претрпените материјални тешкотии. Таквата исплата нема да биде помала од 16,000 SDR по патник во случај на смрт. Исплаќањето аванс нема да се смета за признавање одговорност и може да се одземе од каков било последователен договор. Авансот не се враќа освен ако Wizz Air последователно не докаже дека: а) штетата е предизвикана или за неа придонело невнимание на повредениот или починат патник; б) лицето што го примило авансот не е лицето на коешто му следува компензација или тоа лице ја предизвикало штетата.

27

17.3.4 Во случај штетата да е предизвикана од одложување во превозот на патници, нашата одговорност е ограничена на 4694 SDR.

ЧЛЕН 18 - НАВРЕМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖАЛБИ, ВРЕМЕНСКО ОГРАНИЧУВАЊЕ

НА ДЕЈСТВА

Декрет 28.§

18.1 ОШТЕТУВАЊА НА БАГАЖОТ 18.1.1 Прифаќањето на багажот без поднесена жалба и без пополнување Извештај за неправилност на сопственост (PIR), ќе се смета за „prima facie“ доказ дека багажот е донесен во добра состојба и согласно договорот за превоз. 18.1.2 Ако багажот не пристигне на истиот лет со вас, мора веднаш да поднесете извештај и да го пополните Извештај за неправилност на сопственост (PIR), пред да заминете од транзитната област. Ако не го почитувате ова барање, нема да бидеме одговорни. 18.1.3 Ако чекираниот багаж е оштетен или украден, мора веднаш да поднесете извештај и да го пополните Извештај за неправилност на сопственост (PIR), пред да заминете од транзитната област. Доколку е невозможно да се препознае штетата или кражбата по примањето на чекираниот багаж, мора да поднесете извештај на аеродромот во рок од 7 дена по примањето. 18.1.4 Доколку чекираниот багаж не пристигне со истиот лет како и вие, а е оштетен или украден, мора да поднесете извештај за штетата или кражбата на писмено во рок од 21 ден откако багажот ќе ви биде врачен. Ако ја признаеме загубата на чекираниот багаж или ако чекираниот багаж не пристигне по истекот на 21 ден од датумот на кој требало да пристигне, можете да ги спроведете вашите права во врска со него. 18.1.5 Ако настане штета на вашиот нечекиран багаж или на личната сопственост, треба да поднесете извештај во авионот. Ако не го почитувате ова барање, нема да бидеме одговорни за каква било штета на нечекираниот багаж. 18.1.6 Ако настане штета на вашиот багаж за време на превозот со авион, треба да го однесете багажот на поправка, да земете и да ни ја испратите белешката. Доколку багажот не може да се поправи, земете пишана потврда од работилницата за поправка, што ќе ги назначува марката и вредноста на багажот. 18.1.7 Барањата мора да се поднесат писмено во секој случај. 18.1.8 Сите барања поднесени на аеродромот треба да ни се испратат со прикачен Извештај за неправилност на сопственост (PIR) и сите документи што ја докажуваат загубата, во рок од еден месец по пристигнувањето во местото на дестинација. 18.1.9 Доколку не се поднесе барање во наведените рокови, нема да може да се покрене дејство против нас. 18.2 ЖАЛБИ Жалбите што се однесуваат на пренос со авион (освен жалбите за багажот) мора да се направат на писмено што е можно поскоро, по пристигнувањето на летот што е основ на вашата жалба, но не подоцна од два месеци од откривање на околностите поради кои е покрената жалбата. Одговорни сте за секаква загуба или штета што е последица од задоцнување на вашата жалба. Wizz Air ефикасно ќе ја процени жалбата на денот на Договорот според Општите услови на превоз. 18.3 ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДЕЈСТВА Според Конвенцијата, сите права за отштета престануваат да важат ако не се преземе дејство во период од две години, сметано од датумот на пристигнување во дестинацијата или од датумот кога авионот требало да пристигне или од датумот кога превозот сопрел. Начинот на пресметување на периодот на ограничување се определува според законот на судот каде што води случајот.

28

ЧЛЕН 19 - РЕГУЛАЦИЈА НА ЧАРТЕР

Декрет 3.§ (3)

Во однос на чартер летовите, прописите на овие Општи услови на превоз важат со следниве разлики: 19.1 За чартер-превозот што го обезбедуваме важат следните услови: (а) условите на договорот и другите известувања објаснети во вашиот План на патување и за кои орално ќе бидете известени во случај на резервирање преку Повикувачкиот центар б) овие Општи услови на превоз; в) Конвенцијата; г) Управниот закон; д) договорот за чартер. 19.2 Патничкиот агент што го договара чартер летот има одговорност да ве извести за условите што важат за вашиот превоз. Патничкиот агент е одговорен за сите штети што произлегуваат од неговиот неуспех соодветно да ве информира. 19.3 Вашата резервација ја прави патничкиот агент, кој ќе ви ја даде шифрата на резервација. 19.4 Промена на маршрутата не е дозволена. Правилата за промена на време, преносливост и откажување (исто така што се должат на смрт на близок член од семејството) на резервацијата ги дефинира патничката агенција според Договорот за чартер склучен со Wizz Air. 19.5 Вие или лицето што плаќа за вашиот превоз сте обврзани да ја информирате патничката агенција за вашиот физички инвалидитет, намалена подвижност, сериозна или заразна болест и која било друга состојба која бара медицинска нега, по резервирањето. Во случај патничката да е по 28-та недела од бременоста во времето на појдовниот или повратниот лет, ова мора да се пријави на патничката агенција на денот на резервацијата и мора да поднесете медицински сертификат до неа. Патничкиот агент има одговорност да ги поднесе информациите, што сте ги дале, до нас и да го поднесе медицинскиот сертификат. Ако патничката агенција не ги почитува горенаведените барања, само таа ќе биде одговорна за штетите што ќе настанат поради одбивање на превозот. 19.6 Ако сакате да носите специјален багаж или предмети со условен превоз, треба да го информирате патничкиот агент. Патничкиот агент има одговорност да ги поднесе вашето барање до нас (погледнете параграф 14.4.). Ако патничката агенција не ги почитува горенаведените барања, само таа ќе биде одговорна за штетите што ќе настанат поради тоа не нѐ известила. 19.7 Член 7 од овие Општи услови на превоз не важи за чартер-превоз. 19.8 Барањата и жалбите (вклучувајќи жалби за багажот и жалби поради промена во распоредот, одложување, откажување или заобиколување) мора да се поднесат до патничкиот агент на писмено. Сите временски ограничувања назначени во Член 18 се важечки. 19.9 Патничката агенција која е одговорна за чартер-летот ќе ги поднесе сите трошоци што ќе настанат поради причини вон наша контрола. 19.10 Патничката агенција која е одговорна за чартер-летот ќе ги поднесе сите трошоци што ќе настанат поради пребукирање на летови. 19.11 Ако имате право на надоместок, ќе го исплатиме на патничката агенција, според тоа треба да го поднесете вашето барање до неа на писмено.

ЧЛЕН 20 - ТОЛКУВАЊЕ

29

20.1 Во случај на сомнеж преовладува унгарската верзија на овие Општи услови на превоз. 20.2 Насловот на секој Член е само за олеснување и нема да се користи како основа за толкување. 20.3. Ако лицето што ја остварува резервацијата не е патникот или прави резервација и во име на други патници, претпоставуваме дека за време на процесот на резервација тоа лице дава изјави, дава своја согласност во име на сите (други) патници резервирани под истата резервација и тоа лице е овластено да дава изјави и согласност во име на патниците споменати погоре.