царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА...

32
ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ЦАРИНСКИ ИСПОСТАВИ ВНЕСУВАЊЕ И ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ВО ПАТНИЧКИОТ ПРОМЕТ ВОЗИЛА СО СТРАНСКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА / Гласило на Царинската управа на Република Македонија / ноември 2009 / број 15 / царина

Transcript of царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА...

Page 1: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ЦАРИНСКИ

ИСПОСТАВИ

ВНЕСУВАЊЕ И ИЗНЕСУВАЊЕ НА

ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИЧНИ

СРЕДСТВА ВО ПАТНИЧКИОТ ПРОМЕТ

ВОЗИЛА СО СТРАНСКИ РЕГИСТАРСКИ

ТАБЛИЧКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

/ Гласило на Царинската управа на Република Македонија / ноември 2009 / број 15 /

царина

Page 2: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ
Page 3: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

3

НОВОСТИ

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

СОДРЖИНА

• НОВ ЛИК НА НА ЦАРИНАРНИЦА БИТОЛА 04

• СЕМИНАР НА ТЕМА „УПРАВУВАЊЕ СО СТРАНСКИ МОТОРНИВОЗИЛА И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ“ 04

• ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ЦАРИНСКИ ИСПОСТАВИ 05

• ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА 06

• УПРАВНИ КОМИТЕТИ НА ИПА 2007 ПРОЕКТИТЕ 06

• РАБОТИЛНИЦИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ ОД ОБУКА И МЕНТОРСТВО 07

СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ, ИЗВОЗ И ТРАНЗИТ НА СТОКА И ЗАПЛЕНА НА СТОКА СО КОЈА СЕ ПОВРЕДУВААТ ПРАВАТА ОД ИНТЕ-ЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

• ОТКРИВАЧКИ АКТИВНОСТИ 16

• УЧЕСТВО НА ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО МЕЃУНАРОДНИ ОПЕРАЦИИ 17

• ПРИКАЗНА НА ЕДЕН ЦАРИНИК 18

• АКТИВНОСТИ И МЕРКИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ЦАРИНСКИ ИЗМАМИ 20

• СПЕЦИЈАЛНО ДОСИЕ - БЕЗБЕДНОСТ И ТЕХНОЛОГИЈА 23

• ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СВЕТСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ТРГОВИЈА ВО ЦAРИНСКАТА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 26

• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15

• ВНЕСУВАЊЕ И ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ВО ПАТНИЧКИОТ ПРОМЕТ 10

• ВОЗИЛА СО СТРАНСКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 12

• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15

•П

•М

М

И

• НМ

Page 4: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

4

НОВОСТИ

НОВ ЛИК НА НА ЦАРИНАРНИЦА БИТОЛА

Во месец октомври заврши реновирањето на управната зграда на Царинарница Битола, прво по ред во свое-то триесет годишно отворање. За својот триесетти роденден, комплетно беше обновена фасадата, дотраени-те санитарни јазли, нова просторија за архива со површина од 100 метри квадратни и нови подни облоги во

целиот објект. Со реконструкцијата обезбедено е поефикасно греење и ладење, нов кровен покривач од лим и тер-мичка изолација.

До крајот на оваа година се очекува да биде извршен и нов катастарски премер со што ќе се стекнат услови за оградување на просторот околу Царинарницата со површина од околу 6.000 метри квадратни простор. После ова оградување во текот на 2010 година предвидено е и хортикултурното уредување на просторот, со што би се заокру-жила првата фаза од реновирањето и доопремувањето на Царинарница Битола.

кон, Уредба за спроведување на царинскиот закон и Конвенцијата за привремен увоз – Истанбулска кон вен-ци ја. Целта на семинарот беше запознавање на учесни-

СЕМИНАР НА ТЕМА „УПРАВУВАЊЕ СО СТРАНСКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ“

Врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу Царинската управа на Република Македонија и Би рото за јавна безбедност при Министерство-

то за внатрешни работи, Царинската управа на Репу-блика Македонија за припадниците на Министерството за внат решни работи на 19 ноември 2009 година, ор-га низи раше семинар на тема „Управување со странски мо торни возила и прекршочни одредби“.

Привремениот увоз на транспортни средства е регу-ли ран со следниве царински прописи: Царински за-

Page 5: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

55

НОВОСТИ

ци те со одредбите на законските прописи кои се одне-су ваат на привремениот увоз на патнички моторни во зила за приватна употреба со целосно ослободување од плаќање на увозни давачки (патнички моторни воз-ила регистрирани надвор од царинското подрачје на Република Македонија и управувани од странски др-жав јани или од македонски државјани кои покрај маке-

ОБУКА ЗА МЕНАЏМЕНТ

Во рамки на Проектот за техничка соработка по ме-ѓу Царинската управа на

Република Македонија и Цари-н с ката и даночната управа на Кралст вото Холандија, во пери-о дот од 9 – 11 ноември 2009 го-ди на се одржува обука за ме-на џмент. Целта на обуката е из работка на Акционен план за по добрување на ме на џерс ките вештини во Царинската управа.Во текот на обуката претставни-кот на Холандската ца ри на Кле-менс ван Мервијк оствари по ве-ќе разговори со директорот на Царинската управа, како и со претстав ни ци на високото ра-ководство. После разговорите треба да биде изработен пред-лог акционен план кој треба да биде усвоен од раководството на Царинската управа. Пла нот ќе биде спроведуван во рамки на понатамошната помош која се реализра од Холандската ца-рина.

донс кото поседуваат и странско државјанство или и маат одобрен престој во странство) и прекршочните санк ции согласно Царинскиот закон.

Семинарот има за цел подобрување на соработката по-ме ѓу Царинската управа и Министерството за внатреш-ни работи.

ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ЦАРИНСКИ ИСПОСТАВИ

Како најдобра гранична царинска испостава за пе-риодот јули-септември 2009 година избрана е ца-ринската испостава Табановце-автопат, Царинар-

ница Куманово. Како најдобра внатрешна царинска испостава за периодот јули-септември 2009 година, из-брана е царинската испостава Терминал увоз, Царинар-ница Скопје.

Изборот е извршен врз основа на критериумите: вкупен број на документи/број на цариници, вкупен број на ца-рински прекршочни и кривични дела/број на цариници и вкупен број на наплатени царински давачки/број на царински работници, а врз основа на доставените из-вештаи за периодот јули-септември 2009 година.

Page 6: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

6

НОВОСТИ

ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА

Министерството за финансии - Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола со престав-ници на Царинската управа на 09.11.2009 го-

дина во просториите на Царинската управа на Репу-блика Македонија организираше работна средба на тема ,,Имплементација на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола“ во рамките на МАТРА проектот ,,Зајакнување и имплементирање на јавната внатрешна финансиска контрола на централно ниво“.

Проектот ќе се реализира заедно со Националната академија за финасии и економија при Министерство-то за финансии на Кралството Холандија.

На работната средба присуствуваа г-динот Јон Ноувт – лидер на МАТРА проектот, преставници од Министер-

УПРАВНИ КОМИТЕТИ НА ИПА 2007 ПРОЕКТИТЕ

ството за финансии и преставници од Одделението за внатрешна ревизија, Секторот за сметководство и фи-насии и Секторот за управување со човечки ресурси.Темата на работната средба беше: јавна внатрешна фи-нансиска контрола-концепт за стабилно и транспарент-но финансиско управување, организација на единицата за финансиски прашања- воспоставување, надлежност и задачи, делегирање на одговорност и превземање на мерки против неправилности и измами.

ството за финансии и преставници од Одделението за

Page 7: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

7

НОВОСТИ

На 4 и 5 ноември во Скопје се одржаа првите состаноци на Управните комитети на проектите за „Техничка поддршка за натамошно усогласување на националното со законодавството на ЕУ во областа на царината“ и „Техничка поддршка за засилување на граничната контрола“ кои се реализраат во рамките на програмата

на ЕУ ИПА 2007, кои започнаа во септември 2009 година. Проектот за натамошно усогласување на националното со законодавството на ЕУ во областа на царината има цел хармонизирање на националното со законодавството на ЕУ и воведување на најдобрите искуства, за „да се воспостават цврсти и современи законски темели за царинската дејност“ преку: Подготовка на Студија за теков-ната состојба со царинското законодавство и процедури и изработка на Акционен план за нивно усогласување, предлагање на измени и дополнувања на постојното законодавство како и соодветни процедури и стандарди. Ак-тивностите ќе се реализираат и преку обезбедување на обуки и менторство од страна на експерти од ЕУ.

Проектните активности за засилување на граничната контрола претставуваат имплементација на точни, системат-ски и ефективни царински контроли на граничните премини, олеснување на легалниот премин на патници и стока, обезбедување на наплата на царинските давачки, одржување на јавната безбедност и засилување на капацитетот на ЦУРМ за борба против измами и корупција. Управните комитетите се одржаа со цел на транспарентен начин да се следи напредокот на реализацијата на про-ектните активности и за обезбедување на целокупна координација на сите ученици во проектотите. На состано-ците беа разгледани прелимиинарните извештаи, при што се дадени насоки за спроведување на понатамошните проектни активности. Низ дискусиите, членовите го поздравија постигнатиот напредок во реализација на активно-стите, и ја истакнаа целосната поддршка нивна навремена реализација. Истакнати беа и големите очекувања од проектните резултати како силна подршка кон понатамошното усвојување на царинското законодавство и царин-ското работење според стандардите на Европската унија и нејзините држави членки. Истакната беше и потребата од високо нивно на координација, квалитетно планирање и навремена реализација на активностите, за постигање на зацртаните цели при што од особено значење претставува примената и исполнувањето на целите и индикатори-те од Ревидираните царински упратства на Европската унија. Со комитетите претседаваше директорот на Царинската управа, а нивни членови се претставници на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за фи-нансии и Царинската управа.

РАБОТИЛНИЦИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ ОД ОБУКА И МЕНТОРСТВО

Одделението за обуки во текот на месец ноември 2009 година организираше шест работилници за утврдување на потребите од обука и менторство.

На работилницата се дискутираше за функционирање на системот за стручно оспсобување на нововрабо-тените царинските службеници во текот на пробна-та работа преку менторството, улогата на менторите и комплетирање на целокупната документација, улога-та на раководителите, одделението за обуки и вработе-ните во системот на обуки, улогата на раководителите во утврдување на потреби од обука за вработените и утврдувањето на потребите од обука со цел за подго-товка на План за обуки за 2010 година. Учесници на ра-ботилницата беа раководителите на организационите единици во Централната управа и Царинарниците.

Page 8: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

8

НОВОСТИ

ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ЗА СЕКОЈДНЕВНОТО РАБОТЕЊЕВо библиотеката на Царинската управа се пристигнати три нови наслови на книги:

Поимник на македонски зборови од об-ласта на информатичката технологија

Со цел зачувување на македонскиот идентитет, одно-сно на македонскиот јазик и неговата правилна упо-треба и поради негативниот тренд во нашата земја да се користат се повеќе англиски зборови од информа-тичката технологија, министерството за информатичка технологија во соработка со голем број на инстититу-ции изработи Поимник на македонски зборови од об-ласта на информатичката технологија. Овој превод на зборовите се смета за официјален во македонскиот јазик и затоа се препорачува за сите институции да ги користат преведените зборови од овој пимник.

Поимник на терминологијата во Европ-ската унија

Мошне корисно средство за сите оние кои непосредно

Сите овие книги се објавени на Интернет страната на Царинската управа на следнава адреса: http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=216.

С бј И Ц

работат со Европската унија. Особено корисна за сите оние кои секојневно се среќаваат со директивите и ре-гулативите на Европската унија

Зборник на трудови од меѓународната конференција – Регионална соработка и економски интеграции

Зборник на трудови од меѓународната конференција – Регионална соработка и економски интеграции која во октомври месец беше организирана од Царинската управа и Економскиот факултет во соработка со ЦЕФ-ТА секретаријатот и Светската царинска организација. Книгата содржи повеќе трудови од областа на: регио-налните трговски договори и регионалната соработка, ЦЕФТА 2006 – трговска соработка, трговска статистика и известување, подобрување на конкуретноста и стран-ските директни инвестиции во Југоисточна Европа.

Page 9: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

9

НОВОСТИ

РАБОТИЛНИЦА ЗА СТРАТЕШКО РАКОВОДЕЊЕ

Одделението за обуки при Секторот за управување со човечки ресурси во соработка со Секторот за инфор-матички и комуникациски технологии и со подршка на DG TAXUD, во текот на месец ноември 2009 годи-на организираше работилница за стратешко раководење. Работилницата беше наменета за раководители

од средно и повисоко ниво од Централната управа и зголемување на знаењето на раководителите во примена-та на раководењето со програмите за стратешки промени, креирањето на деловни и стратешки ИКТ планови и раководењето со деловните процеси во царинската управа.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНА БАЗА НА ХЕМИКАЛИИ

На 12 ноември 2009 година Одделението за анализа на ризик одржа презентација на меѓународната база на податоци на контролирани хемикалии и прекурсори. На презентацијата на која учествуваа претставници на царинските испостави и на службите за надзор на иматели на одобренија, учесниците беа запознаени

со имплементација и употреба на интернационалната база на контролирани хемикалии и прекурсори преку прак-тични примери и беше прикажана улогата и одговорностите на учесниците задолжени за давање мислење за сто-ки и технологии со двојна употреба.

Page 10: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

10

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

ВНЕСУВАЊЕ И ИЗНЕСУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ СТРАНСКИ ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ВО ПАТНИЧКИОТ ПРОМЕТ

Многу често прашање што се поставува до Царинската управа се прописите околу внесување и изнесување на странски готови пари (девизи) во и од државата. Надлежноста за контрола на внесување и изнесување на ефек-тивни домашни и странски пари, чекови и монетарно злато ја имаат цариниците на граничните премини, согласно Законот за девизно работење. Исто така, слична надлежност е предвидена и во Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.

Внесување на eфективни странски пари

Дозволените износи за внесување и изнесување на девизи зависат од тоа дали нив ги носи резидент или нерези-дент, односно дали физичките лица имаат регулиран престој во Република Македонија во траење од најмалку шест месеци или не.

РЕЗИДЕНТИ

Можат слободно (без пријавување) да вне-су ваат ефективни странски пари во износ до 10.000 евра.

Износот над 10.000 евра се должни да го при ја-ват на царинските службеници при влегување во Република Македонија.

НЕРЕЗИДЕНТИ

Можат слободно (без пријавување) да внесуваат во Република Македонија ефективни странски па ри и чекови во износ до 10.000 евра.

Должни се да го пријават износот на ефек-тив ните странски пари над 10.000 евра на ца-ринските службеници при влегување во Ре пуб-лика Македонија.

Page 11: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

11

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

При влегувањето во Република Македонија, до-биваат писмена потврда од царинските служ-бе ници за износот на ефективни странски пари кој го внесуваат во Република Македонија, ко ја се должни да ја покажат на царинските служ беници при излегувањето од Република Ма кедонија.

Изнесување на ефективни странски пари

РЕЗИДЕНТИ

Можат слободно да изнесуваат од Република Ма кедонија ефективни странски пари во износ до 2.000 евра.

Должни се да го пријават износот на ефек тив-ните странски пари од 2.000 до 10.000 евра на ца ринските службеници при излегување од Ре-пуб лика Македонија.

Ефективните странски пари од 2.000 до 10.000 евра можат да ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купени странски пари или врз основа на потврда од банка за подигнати девизи од девизна сметка. Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најоцна до 90 дена од денот на издавање на истата.

При службено патување во странство можат да го изнесуваат износот на девизни средства содржан во налогот за извршување на дознаката во странство (образец 1450), утврден врз основа на одлука за патување во странство, во која се назначени: земјата во која се патува, целта на патувањето, колку лица патуваат и времето на престој во странство, како и висината на потребни средства за престој на службен пат, при што износот не смее да надминува 10.000 евра.

Изнесувањето на ефективни странски пари над 10.000 евра е ЗАБРАНЕТО.

НЕРЕЗИДЕНТИ

n Можат слободно (без пријавување) да из не-су ваат од Република Македонија ефективни стран ски пари и чекови во износ до 10.000 ев-ра. Доколку износот е поголем, должни се да го при јават на царинските службеници.

n Износот кој го изнесуваат не може да биде по-го лем од пријавениот износ при влегувањето во Република Македонија.

Доколку се внесуваат или изнесуваат ефективни стран-ски пари во други валути, се смета нивниот износ во противвредност во евра.

Обврски по Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам

Според Законот за спречување на перење пари и дру-ги приноси од казниво дело и финансирање на теро-ризам, царинските службеници на граничните преми-ни имаат обврска да го евиндетираат секое внесување и изнесување на готови пари и хартии од вредност во износ поголем од 10.000 евра во денарска против-вредност и во соодветна форма информациите ги до-ставуваат до Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Евидентирањето царин-ските службеници го вршат во електронска база на по-датоци кон која што Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам има директен при-стап, што овозможува брз пренос на податоците.

Девизни прекршоци (прекршоци пропишани во Законот за девизно работење)

Со измени на Законот за девизно работење (Службен вес ник на Република Македонија бр.81/08) Царинска уп-рава на Република Македонија доби надлежност за во-дење на прекршочна постапка и изрекување на прекр-шоч на санкција за два вида на девизни прекршоци.

Пр виот вид е внесување и изнесување на странски и до машни пари, чекови и монетарно злато, спротивно на условите утврдени од Владата или Народната банка на Република Македонија(член 56а став 1 точка 22 од За конот за девизно работење).

Најчест вид на прекршување на овие одредби е вне су-вање или изнесување на девизи во износи поголеми од дозволените. Глобите за овој вид на прекршоци се високи, изнесуваат 7-10 илјади евра во денарска про-тиввредност за правно лице, односно 1.500-3.000 ев ра за одговорно лице во правното лице и за физичко ли це. Доколку се докаже дека прекршокот е сторен од ко рис-то љубие, ако била прибавена поголема имотна корист или предизвикана поголема имотна штета, овие изно-си можат да бидат и десеткратно поголеми, зависно од слу чајот.

Page 12: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

12

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

При откривање на девизен прекршок, царинскиот службеник на сторителот на прекршокот му предла-га постапка за порамнување, и доколку сторителот го признае прекршокот и се сложи да ја плати глобата, ви-сината на глобата ќе биде помал од претходно наведе-ните износи.

Исто така, предметот на прекршокот, односно девизи-те, се одземаат, што во најголем број на случаи (особе-но кај физичките лица) е казна по износ многу поголема од износот на изречената глоба. По исклучок, доколку се докаже дека мотивите и другите околности под кои

прекршокот е извршен укажуваат дека не е оправдано да се одземе целиот износ, се одзема најмалку 20 % од непријавените девизи.

Вториот вид на прекршок за кој е надлежна Царинска-та управа се однесува на случаите кога при утврдување на царинска вредност не е применет пропишаниот де-визен курс. Бидејќи обработката на царинските декла-рации се врши електронски, односно не е можно да се поднесе во системот декларација со неправилен курс, ваков прекршок е речиси невозможен за сторување.

ВОЗИЛА СО СТРАНСКИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Состојба со возила со странски таблички

Во сообраќајот во Република Македонија можат да се забележат голем број на патнички возила со странски

регистарски таблички. Најголем дел од нив се со регистерски таблички на соседните земји. Ваквите вози-

ла во Република Македонија влегуваат како стока декларирана на друг начин за привремен увоз, односно без

царинска декларација за постапка на привремен увоз, што е во согласност со царинските прописи.

Праксата покажува дека најголем дел од овие возила ги управуваат лица со двојно државјанство, односно со регулиран престој во странство. Дел од нив легитим-но ја користат оваа законска можност, односно имаат живеалиште во странство, а возилата ги употребуваат во текот на нивниот привремен престој во Република Македонија. Сепак, значителен број од овие возила се

управувани од лица кои постојано живеат во Републи-ка Македонија, а имаат и странски пасош. На овој на-чин нелегитимно ги користат поволностите на двојно државјанство и подолг период управуваат возила со странски таблички за кои не се платени давачките при увоз, надоместоците за користење на патиштата кои се плаќаат при регистрација на возилата, а дел од овие во-

Page 13: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

13

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

зи ла воопшто не ги исполнуваат законски предвидени-те услови за увоз. Некои од овие возила се продаваат од едно на друго лице без законска процедура (дого-вор заверен кај нотар и слично), што секојдневно може да го забележиме на огласите во медиумите.

Законската основа за престој на овие возила е Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, која во потпол-ност е усогласена со Конвенцијата за привремен увоз (Ис танбулска конвенција). До март оваа година, рокот за престој на возилата со странски таблички беше 6 ме-сеци, но без дополнително прецизирање, што им да-

ваше основа на сопствениците на возилата со едно по-ми нување преку граница во рок од 6 месеци, повторно да започне нов рок за престој од 6 месеци, што прак-тично значеше неограничен престој на овие возила во Репуб лика Македонија.

Со измените на Уредбата во март 2009 година, се допре-ци зира рокот, односно се предвиде рок од 6 месеци во 12 месеци. Ова практично значи дека едно возило во пе риод од 12 месеци може да престојува вкупно не по-веќе од 6 месеци, без оглед на бројот на остварени по-ми нувања преку граничните премини.

Правна рамка Конвенцијата за привремен увоз (Истанбулска Конвенција) претставува меѓународна правна рам-ка која ја регулира постапката на привремен увоз на различни видови на стока, вклучувајќи ги и пре-возните средства. Таа е ратификувана од Собрани-ето на Република Македонија на 1 март 2006 годи-на и е објавена во Службен весник на Република Македонија бр.29/06. Сочината е од два дела, првиот дел или „Тело“ на Конвенцијата составено од 34 члена ги објаснува основните принципи на Конвенцијата и нејзина униформна примена, додека вториот дел од Конвенцијата се состои од 13 прилози и секој од нив

предвидува привремен увоз на специфични видови на стока.

Вториот дел на Конвенцијата во целост е вклучен во рамките на Уредбата за спроведување на царинскиот закон во Поглавје 3, Глава 5.

Прилогот В од Истанбулската Конвенција се однесува на привремен увоз со целосно ослободување на транс-портни средства и соодветно на него членовите 367, 370, 371, 372, 373 и 374 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон.

Page 14: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

14

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

- транс портни средства употребени за итни слу чаи кои може да се употребуваат не подолго од 5 де-на; или

- транспортни средства употребени од друштво за изнајмување во рок не подолг од 5 дена.

Привремен увоз со целосно ослободување од увозни да вачки може да се одобри на лица со живеалиште или одоб рен престој во царинското подрачје кога приватно и повремено употребуваат транспортно средство по даде-ни упатства на носителот на регистрација кој во момен-тот на употребата се наоѓа во царинското подрачје на Ре-публика Македонија.Прив ремен увоз со целосно ослободување од увозни да вачки може да се одобри на лица со живеалиште или одоб рен престој во царинското подрачје кога врз осно-ва на писмен договор употребуваат транспортни сред-ства со цел:

- да се вратат во нивното место на живеење во Ре-пуб лика Македонија со рок на привремен увоз од 5 дена и

- ја напуштаат територијата на Република Ма ке до-ни ја со рок на привремен увоз од 2 дена

Привремен увоз со целосно ослободување од увозни да-вач ки може да се одобри за транспортни средства кои прив ремено се регистрираат во царинското подрачје во име на едно од следниве лица:

- на име на лице со седиште надвор од царинското под рачје

- на име на физичко лице со живеалиште или одоб-рен престој во царинското подрачје за промена на живеалиштето во надвор од царинското под-рачје

Привремен увоз со целосно ослободување од увозни да-вач ки може да се одобри за транспортни средства кои ко мерцијално или приватно се употребуваат од стана на физичко лице со живеалиште или одобрен престој во царинското подрачје, вработено кај сопственикот на транс портното средство кој е со седиште надвор од царинс ко то подрачје. Приватната употреба на ваквиот вид на транс портни средства треба да биде предвидена во дого ворот за вработување.

Рокови

Роковите за завршување на постапката на привремен

Дефиниции Под транспортно средство се подразбира секој брод, ае-роглисери, летала, патни моторни возила (вклучувајќи моторцикли, приколки, полуприколки и комбинација на возила) и возила кои се движат по шини; вклучувајќо ги и нормалните резервни делови и опрема која се наоѓа на транспортното средство.

Употреба Транспортните средства може привремено да бидат уве-зени со целосно ослободување за:

- комерцијална употреба – употреба за превоз на лу ѓе за надомест или индустриски или ко мер ци-ја лен превоз на стока, со или без на до мест;

- приватна употреба – превоз исклучиво за при-ват ни цели на соодветно лице кој ја исклучува ко-мер цијалната употреба и

- внатрешен промет – превоз на лица или стока зе -мени или натоварени на подрачјето на при вре м-ен увоз со цел да бидат истоварени или рас то ва-ре ни во местото на истото подрачје.

Услови Привремен увоз со целосно ослободување од увозни да-вачки може да се одобри за средства за патен, железнич-ки, воздушен и воден транспорт кога тие се:

- регистрирани надвор од царинското подрачје на Р. Македонија на име на лице со жи ве алиште или се диште надвор од царинското под рачје

- кога тие се употребуваат од лице со живеалиште и ли седиште надвор од царинското подрачје

- во случај на комерцијална употреба на на ве де-ни те транспортни средства, освен за же лез нички транс порт, доколку се употребуваат иск лу чиво за транспорт кој почнува или завршува над вор од ца ринското подрачје на Република Ма кедонија.

Привремен увоз со целосно ослободување од увозни да-вачки може да се одобри на лица со седиште во царин-ското подрачје за:

- транспортни средства за железнички транспорт врз основа на договор секоја мрежа може да ги ко ристи шинските возила на друга мрежа како сопст вени;

Page 15: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

15

ЦАРИНСКИ ПРОПИСИ

увоз на транспортни средства се предвидени во член 374 и се следни:

а) за средства за железнички транспорт: 12 месеци;

б) за транспортни средства кои комерцијално се у потребуваат, освен за железнички транспорт, вре мето потребно за извршување на превозните опе рации;

в) за средства кои приватно се употребуваат во пат-ни от транспорт

- од страна на студенти за периодот во кој студентот ос танува на царинското подрачје единствено за сту дирање;

- од страна на лица кои извршуваат задачи кои и маат определено траење за временскиот пе ри од потребен за извршување на определената за да ча;

ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА

- во сите други случаи, вклучувајќи и животни за ја-ва ње или влечење и возила влечени од нив: шест ме сеци во период од дванаесет месеци;

г) за средства за воздушен транспорт кои приватно се употребуваат: шест месеци;

д) за средства за воден транспорт кои приватно се употребуваат: 18 месеци.

Доколку стоката која е предмет на привремен увоз

со целосно ослободување во целост не ги исполну-

ва предвидените услови во тој случај предметна-

та стока може да биде ставена во постапка на при-

времен увоз со делумно ослободување.

Билјана ГАЏОВСКА, Сектор за царински систем

ЗА ЛОВНИОТ ТУРИЗАМ

Ловниот туризам претставува гранка во развој во Ре-публика Македонија. Се повеќе странски државјани доаѓаат кај нас со цел да ги користат ловиштата, носејќи со себе оружје, муниција, кучиња и друга опрема потреб-на за лов. Со цел да се постигне уедначено постапување при спроведување на царинските постапки, во септем-ври 2009 година Царинската управа донесе упатство за спроведување на царинска постапка при привремен увоз на стока за потребите на ловниот туризам, со кое се објаснува начинот на спроведување на царинската постапка при привремен увоз на стока за потребите на ловниот туризам

Постапка на привремен увоз на стока за потребите на ловниот туризам им се одобрува на лица кои не се државјани на Република Македонија или немаат одо-брен престој во Република Македонија, а кои на влез во Република Македонија изразиле намера за учество во лов на дивеч на територијата на Република Македонија.

За одобрување на постапката на привремен увоз со це-лосно ослободување од плаќање на давачки патникот мора да презентира „Покана за лов”, издадена од страна на концесионер на дивеч во ловиште или државен ор-ган, како и соодветна дозвола за привремено внесување на ловечка опрема и ловни животни врз основа на Зако-

нот за ловство, доколку поседува соодветен документ за лов издаден од надлежен орган во неговата држава.

Привремен увоз се одобрува врз основа на поднесена усна царинска декларација. При тоа, на подносителот на декларацијата му се издава образец „Привремен увоз - Попис што ја придружува усната царинска декларација“, кој е потребно да го презентира при излез од Република Македонија..

Внес на ловно животно во Република Македонија се одо-брува врз основа на Влезен ветеринарен документ (ВВД) за ловното животно со кој се потврдува дека истото е здраво издаден од Министерството за земјоделство, шу-марство и водостопанство – Управа за ветеринарство. При влез во Република Македонија, ловните животни се идентификуваат врз основа на: - соодветени документи (пасош и ветеринарно - здрав-ствен сертификат) и- jасно читлива тетоважа или некое друго трајно сред-ство за идентификација или- eлектронски систем за идентификација.

Фросина ДИМИТРИЕВСКА, Сектор за царински систем

нот за ловство, доколку поседува соодветен документ за

Page 16: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

16

СПРЕЧУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛЕН УВОЗ, ИЗВОЗ И ТРАНЗИТ НА СТОКА И ЗАПЛЕНА НА СТОКА СО КОЈА СЕ ПОВРЕДУВААТ ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

ОТКРИВАЧКИ АКТИВНОСТИ

Привремено одземена непријавена стока

Царинските службеници на граничните премини и во внатрешните царински испостави во текот на ме-сец октомври 2009 спречија повеке обиди за шверц и криумчарење на стоки, при што привремено е одземена значителна количина на акцизна стока (цигари, алкохол, масло), девизи, како и друга стока од трговски карактер.

Поконкретно, привремено се одземени,- 146 илјади швајцарски франци и околу 26 илјади евра. Од нив, 113 илјади швајцарски франци биле пронајдени сокриени во пластични кеси во возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од маке-донски државјанин кој на граничниот премин Таба-новце се пријавил за влез во Република Македонија. Останатите 33 илјади швајцарски франци и 26 илјади евра запленети се на царинската испостава Аеродром Скопје од два патника македонски државјани, кои пату-вале на релација Цирих - Скопје. Непријавените девиз-ни средства се привремено одземени и депонирани во трезорот на Народна Банка на Република Македонија, а против прекршителите започнати се постапки за утврдување на одговорност пред Комисијата за прек-ршоци на Царинската управа.

- 4 илјади парчиња цигарилоси-пури марка Davidoff одземени од државјанин на Босна и Херцеговина на граничниот премин Табановце и околу 300 штеки цига-ри пронајдени по спроведена детална контрола на воз-ила на повеќе царински испостави

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

- 288 литри моторно масло,- 30 литри алкохол (коњак и ракија), 29 литри вино, 45 литри енергетски пијалок Редбул- 1 тон цинк оксид и 200 кг. екстракт од квасец, пронајдени на царинската испостава Скопје во товар-но возило со српски регистарски ознаки, натоварено со фармацевтски производи и хемикалии со потекло од Германија.- повеќе од 20 илјади парчиња разновидна тргов-ска стока (текстилни производи и облека, козметички производи, очила со диоптер и капки за очи, саксии за цвеќе и садници, делови за моторни возила и мотор-цикли, ловечка муниција, мобилни телефони и делови за мобилни телефони) Привремено одземена стока за која постои

соменање дека претставува фалсификат на

заштитена трговска марка

Покрај привремено одземената непријавена стока, во ме-сец октомври Царинската управа интервенираше во 16 нови случаи на пријавена стока во царинска постапка, за која постоело основано сомневање дека повредува на пра во од интелектуална сопственост, при што привреме-но се задржани околу 6 илјади парчиња стока. Најголем дел од привремено задржаната стока, околу 4 илјади пар-чиња се облека од марката ADIDAS, DIESEL, D&G, PU MA, NIKE, EMPORIO ARMANI, PIERRE CARDEN, LACOSTE и спорт-ска опрема ADIDAS, CONVERSE, PUMA, ESPRIT, 900 пар чиња тракторски гуми FIRSTONE, 754 парчиња рачни ча совници CALVIN KLEIN и паричници EMPORIO ARMANI, 300 парчиња маски за мобилни телефони SONY ERICSSON и сл.

Page 17: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

17

По завршување на постапката согласно Законот за ца-рински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, и добиена потврда од застапниците на за-штитените трговски марки дека привремено задржани-те стоки се фалсификат, во месец октомври Царинска управа донесе одобренија за уништување на повеќе од 22 илјади парчиња фалсификувана стока, и тоа за след-ните трговски марки: парфеми BOSS и JOOB, хартиени

УЧЕСТВО НА ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАВО МЕЃУНАРОДНИ ОПЕРАЦИИ

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

етикети и патики ADIDAS, ѓонови за патики и хеланки D&G, паричници JOOB и KENZO, патики CONVERSE, веш-тачки трепки MAXFACTOR, папучи VERSACE, долен веш LACOSTE и чорапи CALVIN KLEIN. Во истиот период уништени се вкупно 2,5 илјади пар-чи ња фалсификувана стока, и тоа, чорапи и футроли за мо билни телефони NIKE, наочари за сонце и пaрфеми D&G и патики CONVERSE, ADIDAS и PUMA.

Царинската управа редовно и активно учествува во меѓународни операции организирани од организации чиј член е Република Македонија.

Добар пример за тоа е учеството во меѓународната операција која се одржа во периодот на октомври 2009 година, при што Царинската управа заедно со Министер-ството за внатрешни работи на Република Македонија, активно учествуваше во операцијата фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога (амфета-мини и хероин), што се спроведуваше под координација на SECI Центарот (Центар за борба против прекугранич-ниот криминал на земјите од Југоисточна Европа). Во операцијата активно учествуваа сите 13 земји членки на SECI Центарот. Главна цел на акцијата беше откривање и заплена на наркотична дрога во регионот на Југоисточна Европа и идентификување на организирани криминални групи инволвирани во недозволена трговија со дрога.

Подготвителни активности и одвивање на

операцијата

Подготовките за спроведување на операцијата беа реа-лизирани согласно препораките и одлуките на Работна-та група за борба против недозволена трговија со дрога при СЕКИ Центарот, на кој меѓу другото беше договоре-но активностите да се насочат кон откривање наркотич-на дрога – хероин, која се пренесува преку граничните премини по копнен пат (патнички автомобили и камио-ни) од правец на Југозападна Азија кон Централна и За-падна Европа долж „Балканската Рута“ и на амфетамин-ски стимуланси кои се пренесуваат во обратна насока, односно од некои земји на Западна и Југоисточна Евро-па кон земјите – членки на SECI и нивните соседи или земјите од Блискиот Исток.

Регионалната акција се спроведе во вкупен период од шест дена, односно во две фази во траење од по три дена.

Првата фаза беше фокусирана на откривање на амфета-мински типови на стимуланси, а втората на криумчарење на хероин.

За успешно реализирање на регионалната операција на територијата на Република Македонија, која се спрове-дуваше преку координирана активност на царинските и полициските служби, беше изготвен Национален опе-ративен план и беше доставена информација до сите субјекти во склоп на Царинската управа кои беа вклуче-ни во операцијата.

Размената на информации на регионално ниво помеѓу земјите-учеснички се одвиваше преку електронски си-стем за размена на информации на Светската Царинска Организација.

При превземањето на оперативните мерки, а согласно регионалниот план за операцијата, се извршуваа тарге-тирани контроли на граничните премини и во внатреш-носта на земјата со мобилни екипи, со цел,

детектирање на случаи на криумчарење на дрога;

се прибираа информации за новите modus operandi, шемите на кримучарење и рутите;

се користеа претходно направените проценки на ризик;

се прибираа информации во врска со ин ди ви ду-ал ни заплени со цел натамошна истрага за обемот на групата;

се иницираа кривични постапки против сто ри те-ли те и се вршеше размена на информации помеѓу учес ниците во акцијата, како на национално, така и на меѓународно ниво.

Со операцијата беа опфатени повеќе гранични преми-ни. За успешно спроведување на акцијата и реализација

Page 18: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

18

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

на нејзините цели, македонските служби вршеа про-верки во повеќе бази на податоци, секоја од својот до-мен на работа.

Постигнати резултати

Царинските работници, во содејство со инспекторите од МВР на граничните премини, во период од 24-часа вршеа контроли и прегледи на лица, патнички и товар-ни возила кои сообраќаат на влез и излез од Република Македонија.

За време на операцијата, на национално ниво, на гра-ничните премини беа извршени вкупно 292 проверки на возила и лица. Како резултат на презементие активно-сти, реализирани се случаи на недозволена трговија со дрога и цигари, криумчарење на мигранти и на девизи.

Значајно е да се истакне дека, од вкупно пријавените

седумнаесет различни заплени од земјите членки,

четири заплени се пријавени од страна на Републи-

ка Македонија, при што единствено македонските

служби, во соработка со турските служби за недо-

зволена терговија со дрога, успеаа да реализираат

случај во кој беа запленети 27 кг хероин и едно лице

беше лишено од слобода. Карактеристично за овој случај е што претстaвува прва реализација во која запле-нетиот хероин не бил спакуван во т.н.„цигли“, туку бил спакуван во девет долги и тенки полиетиленски кеси со димензии 120смх60смх10см.

Покрај овој случај, од нашите полициски служби, во меѓуфазниот период, беше релизиран случај на заплена на 86,266 кг марихуана и 69 стебла од ова растение, пронајдени во дворот на лице од Скопје, кое е кривич-но пријавено (во меѓу-фазниот период беше реализи-ран случај и од бугарските служби во кој е извршена за-плена на 28 кг и 400 гр хероин).

Во останатите случаи реализирани од македонските надлежни служби се пријавени заплени на 113 илјади швајцарски франци, кои најверојатно потекнуваат од

трговија со дрога, и заплена на 29.600 парчиња цигари, а откриен е и случај на криумчарење на четворица ав-ганистански мигранти, кои се откриени при скенирање на камион на турски државјанин, против кого е подне-сена кривична пријава од страна на Царинската управа на Република Македонија.

Покрај наведените четири заплени од Македонија, од други земји се реализирани следните заплени:

осум од Република Бугарија (28,4 кг хероин, 15 таблети екстази, околу 3 кг златен накит, 31 илјада парчиња парфеми и тоалетни води, 40 илјади евра и две направи за скенирање),

три од Словенија (22,1 илјади евра и 40 илдаи парчиња цигари),

една од Романија (940 илјади парчиња цигари),

една заплена е пријавена и од Украина (204 гр хашиш).

Постигнатите резултати и евентуалните пропусти во операцијата ќе се анализираат на евалуационен со-станок што во наредниот период ќе го одржи Работна-та Група на SECI Центарот за борба против недозволена трговија со дрога.

Сектор за контрола и истраги

ПРИКАЗНА НА ЕДЕН ЦАРИНИК

ПРОНАЈДЕНИ ЧЕТВОРИЦА АВГАНИСТАНЦИ ВО КАМИОН ТОВАРЕН СО ГУМИ

На 12.10.2009 година на граничниот премин Богороди-ца при контрола на камион со турски регистарски озна-ки беше спречен обид за криумчарење на четворица ми-гранти од Авганистан низ Република Македонијa.

Околу пладне, на влез во Република Македонија на ца-ринскиот терминал Богородица, во транзитна постапка за спроведување на царинска контрола се пријави ками-он со приколка со турски регистарски ознаки управуван

Page 19: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

19

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

од лице со иницијали Г.А од Истанбул, државјанин на Ре-публика Турција. Според царинските документи возило-то било натоварено во Измит со 1.759 нови надвореш-ни автомобилски гуми. Иако во тој момент се одвиваше заедничка акција на царински службеници и инспектори од МВР, во која како целна група беа камиони кои тран-зитираат од Турција за Косово или за Босна и Херцегови-на, сепак одлучив да го селектирам и овој камион за де-тален преглед на мобилен скенер.

По извршеното скенирање, колегите забележаа невоо-бичаени фигури на човечки тела во горниот дел од при-колката на камионот. По заедничка консултација решив-ме да го отвориме камионот и да извршиме физички преглед на камионот и приколката, со цел да се увери-ме дали навистина има луѓе во него. Возачот на камио-нот не се однесуваше невообичаено кога му кажав да ја скине пломбата и да го отвори камионот. На местото за пломбирање имаше турска пломба која не беше оштете-на. Веднаш по отварање на камионот, на горната страна, над автомобилските гуми забележавме легнати четири млади момчиња на возраст од 12-20 години. Не покажу-ваа знаци на вознемиреност, напротив комуницираа со нас на грчки и на англиски јазик кои слабо ги владееа.

Сепак, од разговорот со нив разбравме дека работеле на црно во Грција и дека во камионот се качиле додека возачот спиел. Бидејки пломбата не беше оштетена, ко-легите од мобилната екипа пристапија кон контрола на сајлата на приколката при што беше утврдено дека иста-та е скината и дополнително споена со игла, што не наве-де да се посомневаме дека возачот на камионот им по-могнал на мигрантите во нивната намера.

Потоа следуваше приведување на возачот, а мигрантите беа превземени од страна на колегите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги.

Во предкривичната постапка спроведовме распит на мигрантите во царинските простории на самиот грани-чен премин. Од нив дознавме дека четворицата биле родени во Авганистан, а нивните родители, браќа и се-стри живееле во Пакистан и дека таму живееле во мно-гу мизерни услови без работа и без основни средства за егзистенција. Бедата и сиромаштијата ги натерале да ја напуштат нивната земја и да најдат засолниште и работа во некоја од Европските држави.

Еден од мигранитите кој добро го познаваше англиски-

от јазик ни раскажа дека пред 10 месеци ја напуштил не-говата земја и на нелегален начин сокриен (криумчарен) во камиони и автобуси го поминал патот од Пакистан до Грција-Солун. Некои делови од патот ги поминувал и пеш. Откако пристигнал во Солун, се вработил кај газда кој имал плантажи засадени со портокали и маслинки и дека работел по 10-12 часа на ден за многу малку пари. По негово кажување работата му била многу тешка, а малку платена па не сакал повеќе да работи во Грција, поточно сакал да замине во друга европска земја каде ќе заработува повеќе.

Во Солун запознал некој грк на возраст од околу 20 години кој му ветил дека за цена од 500 евра по човек може да ор-ганизира превоз со камион во некоја од европските земји. За оваа работа ги известил неговите тројца другари, кои се согласиле да да-дат по 500 евра и да заминат. Критична-та вечер се догово-риле гркот да дојде по нив, да ги земе со неговото возило и да ги одвезе до паркингот на из-лезот од Солун каде ќе ги чека товарното возило со кое требало да се превезуваат мигрантите. Кога пристигнале до камионот, задната десна врата била отворена, сајлата скината а царинските пломби не биле оштетени. Мигран-тите му ги дале парите во износ од 2.000 евра на гркот, а потоа влегле внатре.

Она што беше невообичаено за сите мигранити додека ги распрашувавме беше фактот дека ниту еден од нив не знаеше на кој датум и која година е роден, само ни кажаа дека имаат 12, 14, 17 и 20 години. Со истиот проблем се со-очиле и грчките власти па на тројца од мигрантите во до-кументите кои тие им ги издале биле впишани податоци дека се родени на 01.01. во различни години. Бидејќи две од жртвите се малолетници во текот на распрашувањето пред истражен судија, преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи им беше назначен времен старател кој ќе ги штити нивните права и интереси се до завршување на кривичната постапка.

Page 20: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

20

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

По завршување на распитот, беше поднесена кривична пријава против возачот на камионот, а четворицата ми-гранти беа сместени во Прифатниот ценатар за странци во Скопје, каде ќе останат се до завршување на крвична-та постапка, а потоа со одлука на Судот ќе бидат депорти-рани во нивната матична земја.

Ова е редок и специфичен случај во царинска постапка и

АКТИВНОСТИ И МЕРКИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ЦАРИНСКИ ИЗМАМИ

Поднесени кривични пријави

Постапувајќи по констатираните неправилности, Царин-ската управа на Република Македонија во октомври

2009 година до надлежните јавни обвинителства под-

несе 12 кривични пријави против 4 правни и 13 физич-ки лица.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела царин-ска измама, производство и пуштање во промет штет-ни средства за лекување, криумчарење на мигранти, криумчарење, увоз или пуштање во промет на акцизна стока и транспортирање на добра подложни на акциза.

Четири кривични пријави се поднесени против че-

тири правни и четири физички лица за сторено кри-

вично дело „Царинска измама“, од кои:

- Една кривична пријава е поднесена против прав-но лице од Тетово и неговото одговорно лице, пора-ди тоа што избегнале наплата на царински и дру-

ги давачки во вкупен износ од 2.719.952 денари, со

при ложување лажни фактури во кои вредноста на

сто ката е прикажана значително пониска. Имено, осом ничените со дваесет и девет царински деклара-ции во текот на 2007, 2008 и 2009 година, пријавиле за ца ри не ње разни видови кондиторски производи, уве-зени од Турција. Поради постоење на сомнение дека во факту рите не е прикажана вистинската вредност на сто-ките, Царинската управа ги испрати предметните факту-ри на проверка кај царинската служба на Турција, која повратно информираше дека истите се разликуваат од фактурите издадени од страна на извозникот, и тоа, на-место прикажаниот износ на царинскиот орган од вкуп-но 201.931 евра и 6.580,00 американски долари, истата изнесува вкупно 442.478 евра и 19.605 американски до-лари. Со решенија во управна постапка, правното лице е задолжено да ја плати разликата на избегнатите царин-ски и други давачки;

сметаме дека стекнатото искуство ќе може да им послу-жи на колегите во идни исти или слични случаеви.

Горан Тасевски, Царинска испостава Богородица

Весна Петреска, Сектор за контрола и истраги

- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Скопје и неговото одговорно лице, поради тоа што избегнале наплата на царински и други давачки

во вкупен износ од 1.491.307 денари, со приложување

на лажни фактури во кои вредноста на стоката е при-

кажано значително пониска. Осомничените со седум ца рински декларации, во текот на 2004 и 2005 година, пријавиле за царинење прехрамбени производи увезе-ни од Турција. Поради постоење на сомнение дека во фактурите не е прикажана вистинската вредност на сто-ките, Царинската управа ги испрати предметните факту-ри на проверка кај царинската служба на Турција, која повратно информираше дека истите се разликуваат од фактурите издадени од страна на извозникот и тоа, на-место прикажаниот износ на царинскиот орган од вкуп-но 65.678 американски долари, истата изнесува вкупно 114.751 американски долари. Со решенија во управна постапка, правното лице е задолжено да ја плати разли-ката на избегнатите царински и други давачки;

- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице, поради тоа што избегнале наплата на царински и други давачки

во вкупен износ од 590.582 денари, со приложување

на лажни фактури во кои вредноста на стоката е при-

кажано нереално пониска. Осомничените со две ца-рински декларации, во текот на 2006 година пријавиле за царинење разна стока (прозорци, врати и лајсни од пвц) увезена од Германија. Поради постоење на сомне-ние дека во фактурите не е прикажана вистинската вред-ност на стоките, Царинската управа ги испрати пред-метните фактури на проверка кај царинската служба на Германија која повратно информираше дека истите се разликуваат од фактурите издадени од страна на извоз-никот и тоа, наместо прикажаниот износ на царински-от орган од вкупно 35.228 евра, истата изнесува вкупно 56.507 евра. Со решенија во управна постапка, правно-то лице е задолжено да ја плати разликата на избегнати-те царински и други давачки;

Page 21: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

21

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

но дело „Криумчарење“, затоа што на влез во Репу-блика Македонија на царинската испостава Аеродром, пријавениот како патник кој патувал на релација Дубаи-Истанбул-Скопје се обидел нелегално да пренесе 375

мобилни телефони, марка „Nokia“ и 1.072 разни до-

датни делови за истите. Стоката била пронајдена при извршен детален преглед на багажот на пријавениот.

Четири кривични пријави се поднесени против че ти -

ри физички лица за сторено кривично дело „Увоз или

пуштање во промет на акцизна стока“ и „транс пор ти-

рање на добра подложни на акциза”, од кои:

- Една кривична пријава е поднесена против едно

лице државјанин на Босна и Херцеговина, затоа што на царинската испостава Табановце-влез во Република Македонија, при детален преглед на товарното возило кое го управувал осомничениот, покрај пријавената стока биле пронајдени и непријавени 4.000 пури-цигарлоси

(40 кутии од по 100 пури), марка “Davidoff ” со грчки контролни маркици, со вкупна вредност од 712.240 де-нари, со што бил направен обид за избегнување на плаќање на давачки во износ од 481.184 денари.

- Една кривична пријава е поднесена против две

фи зич ки лица романски државјани, затоа што при детален прег лед на патничкото возило со кое се преве-зувале, на граничниот премин Деве Баир-излез од Ре-публика Ма ке донија биле пронајдени непријавени 210

штеки цига ри марка (Rodeo 3 logic bluе, Bahman и

Merilyn Slims) без контролни маркици, во вкупна вред-ност од 128.290 де нари, со што бил направен обид за избегнување на пла ќа ње на давачки во износ од 171.526 денари.- Една кривична пријава е поднесена против маке-

дон ски државјанин, затоа што на граничниот пре-мин Дојран-влез во Република Македонија, при дета-лен преглед на товарното возило кое го управувал осом ничениот, под креветот во кабината на возачот, биле пронајдени непријавени 36 штеки цигари марка

- Една кривична пријава е поднесена против правно лице од Гостивар и неговото одговорно лице, поради тоа што избегнале наплата на царински и други давачки

во вкупен износ од 300.734 денари, со приложување

лажни фактури во кои вредноста на стоката е прика-

жано нереално пониска. Осомничените со две царин-ски декларации во текот на 2008 година, пријавиле за царинење делови за ролетни увезени од Италија. Пора-ди постоење на сомнение дека во фактурите не е при-кажана вистинската вредност на стоките, Царинската управа ги испрати предметните фактури на проверка кај царинската служба на Италија, која повратно информи-раше дека истите се разликуваат од фактурите издаде-ни од страна на извозникот и тоа, наместо прикажаниот износ на царинскиот орган од вкупно 20.519 евра, иста-та изнесува вкупно 31.640 евра. Со решенија во управна постапка, правното лице е задолжено да ја плати разли-ката на избегнатите царински и други давачки.

- Eдна кривична пријава е поднесена против маке-

донски државјанин за сторено кривично дело „Про-

изводство и пуштање во промет на штетни сред-

ства за лекување“. На граничниот премин Ќафасан при преглед на возилото управувано од осомничениот, на повеќе места во возилото (под возачкото седиште, поза-ди задните седишта и во патни торби), биле пронајдени непријавени вкупно 1.720 ленти со по 8 капсули

Cefalexin 500 мg. Со тоа, осомничениот се обидел неле-гално да внесе и стави во промет лекови, за чиј увоз е по-требна посебна дозвола, која што осомничениот не ја по-седувал.

- Една кривична пријава е поднесена против турски

државјанин за сторено кривично дело „Криумчарење

на мигранти“. На 12.10.2009 година на граничниот пре-мин Богородица, на влез во Република Македонија, за транзитна постапка се пријавило товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, натоварено со нови гуми за патнички вози-ла наменети за увозник од Република Германија. Возило-то било селектирано за царинска контрола со мобилен скенер, при што во товарниот дел биле забележани чо-вечки силуети. По извршениот физички преглед на вози-лото и приколката, биле откриени четири лица-мигранти од Авганистан, две малолетни и две полнолетни, кои воз-ачот ги превземал во близина на Солун и требало да ги пренесе во Република Германија.

- Една кривична пријава е поднесена против ма-

кедонски државјанин од Скопје, за сторено кривич-

Page 22: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

22

КОНТРОЛИ И ИСТРАГИ

„Marlboro“ без контролни маркици, со вкупна вредност од 33.000 денари, со што бил направен обид за из бег ну-ва ње на плаќање на давачки во износ од 45.878 денари.

- Една кривична пријава е поднесена против маке-

донски државјанин, затоа што на граничниот премин Меџитлија-влез во Република Македонија, при детален преглед на патничкото возило кое го управувал осомни-чениот, под хаубата и во просторот наменет за резерв-на гума, биле пронајдени 23 штеки цигари (Marlboro,

Ronson и Leader) без контролни маркици, во вкупна вредност од 20.000 денари, со што бил направен обид за избегнување на плаќање на давачки во износ од 25.088 денари.

- Една кривична пријава е поднесена против ма-

кедонски државјанин, затоа што на граничниот пре-мин Јажинце-влез во Република Македонија при детален преглед на патничко возило, во кое пријавениот бил со-патник, во просторот под и зад возачкото и совозачко-то седиште, биле пронајдени 13 штеки цигари (Lucky

strike, Marlboro, Boss, West lights) без контролни мар-кици, во вкупна вредност од 7.263 денари, со што бил на-правен обид за избегнување на плаќање на давачки во износ од 10.746 денари.

Поднесени прекршочни пријави

За откриените обиди за недозволен пренос на стока, како и за останатите недозволени постапувања, во месец октомври до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа доставени се вкупно 112 барања за

поведување на прекршочна постапка, од кои, - 16 барања за поведување на прекршочна постапка се поднесени од страна на Министерството за внатреш-ни работи, а се однесуваат на користење и управување на странски возила спротивно на одредбите на Царин-скиот закон

- 90 барања се поднесени од надлежните организацио-ни единици во Царинска управа (главно поради конста-тирани неправилности при спроведување на царинска постапка, поточно, неправилно декларирање на вред-носта на стоките, потеклото, несоодветно тарифирање на стоката, не ставена стока на увид на царинскиот ор-ган или непријавена стока во поднесената царинска декларација, внесување или изнесување на сокриена стока преку граничните премини, пуштање на стоките во слободен промет спротивно на одредбите од Царинскот закон, како и превоз, или користење на возила спротив-

но на одредбите на Царинскиот закон ) и

- 6 се вратени предмети од Основните судови, со кои судовите се огласуваат за стварно ненадлежни за постапување по предмети за кои предмет на прекршок се девизни средства.

Комисијата при одлучување по веќе поднесени барања за поведување прекршочна постапка во октомври 2009 го-

дина донесе решенија за вкупно 53 предмети, од кои,

- за 5 предмети одлучи во итна постапка каде стори-тели на царински прекршоци се странски државјани (тројца бугарски и двајца српски државјани), кои при спроведување на царинска контрола се обидиле да вне-сат непријавена стока на територијата на Република Македонија. Сторителите на царински прекршок платија глоба во износ од 7.800 евра во денарска противвред-ност, и

- за 48 предмети одлучи во редовна постапка. Стану-ва збор за прекршоци направени во периодот 2005-2006 година, каде предмет на прекршок се патнички мотор-ни возила кои се управувани спротивно на одредбите од Царинскиот закон, внесување на сокриена стока преку граничен премин, како и прекршоци сторени во наведе-ниот период поради погрешно утврдена тарифна ознака или не завршување на транзитната постапка во опреде-лениот рок. Со донесените решенија утврдена е глоба во вкупен износ од 4.180.940 денари и изречена е посеб-ната прекршочна мерка задолжително одземање на сто-ката предмет на царинскиот прекршок за прекршоците каде облигаторна мерка е одземање на стоката.

Page 23: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

23

СПЕЦИЈАЛНО ДОСИЕ - БЕЗБЕДНОСТ И ТЕХНОЛОГИЈАРечиси е невозможно да се даде прецизна дефиниција за тоа што е безбедност, со оглед на сите варијабили, раз-лики во мислења, ставови и пристапи во врска со ова прашање. Ако се земат предвид принципите од кои нема отстапување, контурите одвај можат да се нацртаат: не постои 100% безбедност; она што може да се докаже е отсуство/недостиг на безбедност, а не самата безбед-ност; безбедноста е повеќе средство отколку цел; и без-бедноста ја прават луѓето, процесите и технологијата.

Врз основа на сето горе-наведено, вреди да се додаде и тоа дека безбедноста главно се состои од многу специ-фични мерки кои се воведуваат и спроведуваат со цел откривање и идентификација на ризици и потенцијални или утврдени закани, причините поврзани со нив и глав-ните актери во нив, идентификација и намалување на из-ложеноста на заедницата на овие ризици и закани и се-како, заштита од утврдените ризици или закани преку нивно избегнување или задавање на против-удар.

Технологијата е првото нешто кое ни паѓа на ум кога раз-мислуваме за борба против овие ризици и закани. Но, какво решение може да понуди таа? Пред да се побара-ат специјално дизајнираните безбедносни технологии потребно е да се идентификуваат потенцијалните ри-зични вектори. Се чини дека има многу вакви вектори, тргнувајќи од луѓе па се до контејнери, камиони и авто-мобили, па дури и обичните писма; напросто кажано сé што се користи како средство за пренос и превоз.

Како да ја обезбедиме трговијата во едно такво опкружување? Дали технологијата сама по себе е до-волна за надминување на заканите? Дали со научни истражувања може да се развијат материјали кои би се вградиле во сложени, прецизни безбедносни механиз-ми, што ќе овозможи проценка на ризиците и лоцирање на постоечките и потенцијалните опасности? Треба ли да се земе предвид и човековиот став при избирањето на технологиите? Како можеме да бидеме сигурни дека сме избрале технологија соодветна за исполнување на без-бедносните стандарди, во услови кога ризиците се мену-ваат толку брзо, заедно со технологија која е во чекор со прогресивната и флексибилна природа на трговијата и заканите кои никнуваат како печурки?

Целта на овој текст не е да ги попише технологиите до-стапни на пазарот, ниту да ги рангира нивните перфор-манси, бидејќи е премногу рано да се направи фер про-

ценка. Негова цел е да претстави некои постоечки и развојни безбедносни технологии и техники кои не го оштетуваат товарот, а кои се осмислени за превенција, контрола и справување со заканите и кои се предвидени со меѓународните инструменти на СЦО . Овие инструмен-ти се воспоставени за да ја зајакнат глобалната трговија и безбедност преку зајакнување на капацитетите на Цари-ната да открива и да се справува со високо-ризични прат-ки и правилно да го спроведува управувањето со стока од една, истовремено обезбедувајќи побрзо царинење и пуштање на стоката од друга страна.

БЕЗБЕДНОСТ НА КОНТЕЈНЕРИ:

Технологии со широка примена, но со

неколку предизвици пред нив

Во 2008 година, Азиско-пацифичкиот форум за економ-

ска соработка (АПЕК) го заврши проектот за безбед-

ност на трговијата, кој опфати истражување и ана-

лиза насочена кон подобро разбирање на економијата,

ефикасноста и правичноста на безбедносните техно-

логии кои се применуваат за поморски контејнерски

пратки во Азиско-пацифичкиот регион.

Како највисок меѓувладин форум за олеснување на еко-номскиот раст, соработка, трговија и инвестиции во Азиско-пацифичкиот регион, АПЕК се обиде да одговори на неколку клучни прашања. Меѓу нив и:

• Колку се ефикасни различните технологии за безбедност на контејнери?

• Како технологиите за безбедност на контејнери се распоредуваат и кои се разликите во нивното користење во развиените земји од една и земјите во развој од друга страна?

• Какви трошоци и предности произлегуваат од различните видови на безбедносни технологии?

За да одговори на овие прашања, АПЕК собра тим на ца-рински експерти и стручни лица за гранична безбедност од Корпорацијата Унизис да извршат истражувања, те-ренски посети и разговори со добавувачите на техноло-гии, луѓето кои работат на пристаништата, терминалите и царинските службеници во Азиско-пацифичкиот регион. Тимот го сосредоточи своето истражување на 18 приста-ништа во 16 земји на АПЕК, а го изврши во период од не-колку месеци во 2007 година:

Page 24: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

24

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

Пристаништето во Мелбурн (Австралија), пристаниш-тето во Ванкувер (Канада), пристаништето во Шангај (Кина), пристаништето во Шензен (Кина), пристаништето во Хонг Конг, пристаништето Танџунг Приок во Џакарта (Индонезија), пристаништето во Јокохма (Јапонија), пристаништето во Бусан (Кореа), пристаништето Кланг (Малезија), пристаништето во Окланд (Нов Зеланд), при-стаништето Калао (Перу), пристаништето во Манила (Фи-липини), пристаништето во Сингапур, пристаништето Каохсиунг (кинески Тајпеи), пристаништето Лаем Чабанг (Тајланд), пристаништето во Лос Анџелес (САД), приста-ништето во Њу Јорк/Њу Џерзи (САД), пристаништето Хо Ши Мин (Виетнам).

Истражувањата и анализите беа фокусирани на две ши-роки области поврзани со безбедноста на поморскиот синџир на снабдување – моменталната состојба на тех-нологиите за безбедност на контејнери и распоредот на безбедносната инфраструктура на пристаништата. Пред-мет на проценка беа три специфични технологии за без-бедност на контејнери:

Неоштетувачка опрема (non-intrusive inspection – NII – опрема за вршење на преглед која не ја оштетува сто-ката) со рентген и гама зраци и други технологии кои ге-нерираат слики од содржината во контејнерот;

Опрема за откривање на радијација – користење на софистицирана опрема за скенирање која детектира присуство на радиоактивни материи во контејнер;

Безжична опрема за откривање на интрузија на контејнери – користење на уреди со радио-фрекфентна идентификација (RFID) или опрема која има други без-жични перформаси за детектирање на оштетувања на контејнерските врати.

Користењето на вакви технологии за безбедност на контејнери на пристаништата налага постоење на соо-дветна инфраструктура за безбедност на пристаништата. На пристаништата низ целиот свет се поставува фиксна и мобилна рентген опрема која не ја оштетува стоката, панели/монитори за детектирање на радиација и читачи на електронски пломби (е-пломби), и на уредите за без-бедност на контејнерите. Од начинот на поставување на безбедносната инфраструктура ќе зависи нивото на без-бедно и ефикасно функционирање на пристаништата и нивните терминали.

Освен информации за користењето на технологии за безбедност на контејнери, Унизис прибра и основни по-датоци за оперативната инфраструктура на пристаниш-

тата. Со цел да се идентификуваат факторите врз основа на кои ќе се даде оценка за и ќе се посочи најсоодветно распоредување на безбедносната опрема на приста-ништата, се истражуваше бројот на контејнерски терми-нали, сидришта, кранови, порти и површината на секое пристаниште. Се прибираа и други оперативни инфор-мации, меѓу кои информации и за стапките на претовар, со цел да се истакнат потенцијалните предизвици и сте-пенот до кој одредена инфраструктура (како што е опре-мата поставена на портите) може да биде ефикасна за безбедноста на контејнерите.

Резултатите на проектот доведоа до неколку клучни сознанија и заклучоци, повеќето од кои и ден денес се значајни:

Неоштетувачката опрема (NII – опрема) е широко распространета и е од голема помош за Царинските управи, но истата налага значителна инволвираност на човечки ресурси.

Од 2007 година оваа технологија се применува во 17 од 18-те пристаништа на АПЕК на кои се спроведе истражувањето. Царинските управи истакнаа дека оваа технологија многу им помогнала во зголемувањето на безбедноста и спроведувањето на царинските прописи, осигурување на трговијата преку навремено откривање на криумчарење и обезбедување на правилна напла-та на приходи. За разлика од опремата за откривање на радијација и безжичната опрема за откривање на интрузија на контејнери кои автоматски ги алармира ко-рисниците во случај на откриена безбедносна аномалија, NII – програмите кои беа предмет на истражување, сепак бараат значителна инволвираност на човечки операто-ри. Анализата на сликите добиени од NII – рентген опре-мата може да трае и по 15-тина минути за една еднистве-

Page 25: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

25

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

на слика од контејнер. Во зависност од зафатнината на контејнерот, селектиран за скенирање и бројот на доби-ените слики, овој потфат може негативно да влијае врз ефикасноста на трговскиот синџир на снабдување. Не-колку учесници дадоа предлог индустријата која ја произ-ведува оваа технологија да се фокусира на истражувања и развој со цел автоматизирање на проценката и анали-зата на сликите добиени од NII – рентген опремата. Исто така, тие нагласија дека прекините што постапката на скенирање ги предизвикува, може да се намалат со ко-ординирно таргетирање и поднесување на податоци за сите увозни пратки пред нивното пристигање на одре-дишното пристаниште, надополнето со скенирање на доковите.

„Непријатноста” предизвикана од алармите и прет-оварувањето на стоката ја намалуваат ефикаснос та на постоечките технологии за детектирање на ради ја-ци ја.

Статичната опрема за детектирање на радијација (пр. пор-тал мониторите за радијација) е предизвик за царински-те службеници и вработените на пристаништата бидејќи алармите на опремата испушта високи и непријатни зву-ци.. Алармот се вклучува кога системот ќе детектира радијација во товар, дури и ако таа радијација е пора-ди ниско ниво на природно- радиоактивни материјали. Увозните керамички плочки, бананите и друга закон-ска стока може да емитува ниско ниво на радијација која детекторите од првата генерација не ја разликува-ат од потенцијално опасните закани од радијација. Ова ја ограничува ефективноста на овие програми и ја на-малува ефикасноста бидејќи службениците мора да одвојат време за да истражат зошто алармот се вклучил. Технологијата за детектирање на радијација бележи на-предок и веќе се развиени и се тестираат напредни спек-троскопски портали (НСП), со цел во постапките со ста-тични радијациски панели да се овозможи можност за изотопна идентификација. Освен детектирање на самата радијација, овие НСП-а можат да го идентификуваат и ви-дот на радијацијата, што овозможува поедноставени по-стапки на самите порти преку намалување на потребата за секундарното скенирање кое се врши само заради тоа што алармот се вклучил. Голем предизвик за опремата за откривање на радијација поставена на влез/излез, прет-ставуваат контејнерите на кои е извршен претовар, а кои обично не поминуваат низ контролните точки (портите, станиците за вагање), кадешто всушност се наоѓа поголе-миот дел од опремата за скенирање. Постојат разни на-чини за намалување на проблемите со безбедноста, на

пример со опрема за детектирање на радијација која е прикачена на кранови или мобилна опрема внатре во терминалот.

Поставувањето на опрема за откривање на ин тру-зија на контејнери е забавено поради недостиг на ов лас-ту вања, стимул и стандарди.

Воведувањето на уреди со радио-фрекфентна идентификација (RFID) и натаму е ограничено од недо-волните овластувања и стумул за превозниците и други-те учесници во синџирот на снабдување, за користење на безбедносните уреди или напредните електрон-ски пломби. Конкурентните радио-фрекфенции и про-токоли доведоа до тоа некои пристаништа да ја од-ложат имплементацијата на инфраструктурата за радио-фрекфентна идентификација (RFID). Пристаниш-тата и терминалите кои одлучиле да воведат ваква ин-фраструктура, го сториле тоа првенствено за да ги задо-волат барањата на превозниците кои сакаат на своите клиенти да им обезбедат погодности, или како резул-тат на донесени одлуки за инвестирање и постоење на деловни врски помеѓу операторите на терминалите и провајдерите на технички решенија. Терминалите про-должуваат да ги следат потенцијалните барања во по-глед на користењето на овие технологии, наложени од страна на властите на нациите кои се нивни трговски парнери. Интересно е што неколку оператори на при-станишта и државни органи изјавија дека користењето на безбедносни технологии (пр. опремата за откривање на интрузија на контејнери) може да доведе до предност пред конкурентите во време на зголемени тероростички закани/напади или за време на безбедносен инцидент, поради фактот што тие ќе ги уверат нивните трговски партнери и превозници дека им гарантираат безбед-ност/интегритет на контејнерите кои што се ставени во нивна постапка.

Меѓународните програми и напорите за зајакнување на капацитетите се движечка сила на поставувањето на технологии за безбедност на контејнери како во раз-виените, така и во земјите во развој.

Пристаништата, терминалите и Царинските управи сме-таат дека билатералните спогодби за безбедност како што е Иницијативата за безбедност на контејнери, про-грамите како што еИницијативата за Мега-пристаништа, индивидуалните национални политики и препораките поврзани со Рамката на стандарди за обезбедување и олеснување на глобалната трговија на Светската царин-

Page 26: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

26

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

ска организација се важен двигател за употребата на тех-нологии за безбедност на контејнерите, особено опре-мата која не го оштетува товарот и онаа за откривање на радијација. Се покажа дека употребата на вакви тех-нологии не е условено од тоа дали економијата е разви-ена или е во развој. Меѓутоа, воведувањето на ваквата технологија се натпреварува за финансиски средства со други приоритети потребни за економски развој, а овој предизвик можеби е уште поголем во условите во кои бизнисот се наоѓа денес, поради светската економска криза, отколку што тоа беше случај во 2007 година.

Не постои ниту едно комерцијално-изводливо без-бедносно решение кое целосно ги елимира ризиците кои постојат за трговијата која се врши со рзни видови на контејнерски транспорт.

Денешните технологии (вклучувајќи ја и неоштетувач-ка опрема (NII – опрема), опремата за детектирање на радијација и онаа за откривање на интрузија на

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СВЕТСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ТРГОВИЈА ВО ЦAРИНСКАТА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вовед

Царината секаде во светот има витална улога во спроведувањето на државната политика. Без ефективна и ефикасна царинска служба, државата нема да биде во состојба да ги оствари целите во поглед на прибирање на давачки, олеснување на трговијата и заштита на оп-штеството од заканите по националната безбедност.

Рамка на стандарди за олеснување и

безбедност на глобалната трговија

При спроведување на своите активности, Царината постојано се соочува со проблемот да ја олесни и забрза трговијата, но истовремено да ги исполни своите обвр-ски од аспект на безбедноста и заштитата на државни-те интереси. Од една страна, постои постојан пораст на легалната меѓународна трговија, додека од друга стра-на постои недозволено прекугранично движење на оружје за масовно уништување, дрога, стока со двојна намена (цивилна и воена), културни добра, фалсифику-вана стока, девизи и опасен отпад. Во поглед на закана-та од тероризам на глобалната економија, државата бара од нејзината царинска служба економска и физичка за-штита, а од друга страна учесниците во меѓународната трговија бараат еднообразност, предвидливост, транс-

контејнери) кои беа предмет на истражување на Про-ектот за безбедност на трговијата на АПЕК бележат по-раст на ефективноста и намалување на безбедносни-те проблеми. Но не постои, решение - „сребрен куршум” или технологија која целосно ги елиминира, спречу-ва или открива ризиците кои по контејнерскиот превоз на стока. Многу земји употребуваат слоевит пристап за управување со ризик преку (1) тергетирање/проверка на пратки за кои имаат разумни сомневања дека се високо-ризични, (2) рачна проверка на примероци по случа-ен избор или 100% проверка кај контејнерските прат-ки или со користење на неоштетувачка опрема, и/или (3) скенирање на контејнерски пратки со редиолошки материјал. Пристанишните власти, раководителите за-должени за безбедност и царинските службеници веру-ваат дека владите и приватниот сектор мораат уште мно-гу да работат на прашањата поврзани со безбедноста на пристаништата и синџирот на снабдување, и на ниво на секоја одделна економија, и во светски рамки.

WCO News, октомври 2009

парентност и ефикасност на царинските постапки. Во таа насока, улогата на Царината е да обезбеди олеснување на протокот на најголем дел од пратките и патниците, а во исто време да ги идентификува оние кои претставува-ат закана по безбедноста.

Во насока на изнаоѓање на соодветен баланс помеѓу безбедноста и олеснувањето на трговијата, Светска-та царинска организација одигра значајна улога, а како најзначаен резултат за остварување на таа цел е Рамка-та на стандарди за олеснување и безбедност на глобал-ната трговија.

Рамката на стандарди беше усвоена во јуни 2005 и таа претставува сеопфатен инструмент кој се базира на два столба: прв, соработка помеѓу царинските служби и втор, партнерство помеѓу Царината и бизнис заедницата. Два-та столба вклучуваат вкупно 17 стандарди кои се така поставени да овозможуваат лесно разбирање и брза меѓународна имплементација. Треба да се истакне дека стандардите блиску кореспондираат со Ревидираната Кјото Конвенција за поедноставување и хармонизирање на царинските постапки.

Свесна за потребата и погодностите од имплементација на стандардите, Царинската управа на Република

Page 27: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

27

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

признавање на контролите. За да се овозможи взаемно признавање на контролите, треба да постојат взаемно договорени стандарди за управување со ризик и разме-на на ризични профили и разузнавачки податоци помеѓу земјите вклучени во синџирот на снабдување. При осно-вано барање на земјата кон која е упатена пратката или земјата во која се увезува конкретната стока, царинска-та служба на државата испраќач може да спроведе кон-трола на високоризичната пратка која се извезува од таа земја, односно контрола во местото на испорака, пожел-но со користење на софистицирана опрема која нема да предизвика оштетување на стоката (софистицирана опрема за скенирање на превозни средства и стока, како и детектори за радијација).

г) зголемени олеснувања за легалната трговија

Овој елемент предвидува воспоставување на програ-ми за партнерство помеѓу царината и бизнис заедница-та, како и програми за Овластени економски оператори. Воспоставување на партнерство помеѓу царината и биз-нис заедницата и унапредување на спроведувањето на концептот на Овластен економски оператор, води кон олеснување на трговијата и запазување на безбеднос-ните стандарди. Преку соодветно користење на техники-те на управување со ризик, царината е во состојба да ут-врди кој учесник во меѓународната трговија го почитува царинското законодавство и претставува помал ризик за безбедноста. Овие трговци можат да бидат овластени за поедноставени постапки и согласно на тоа да бидат предмет на помала интервенција од страна на царина-та при царинењето на нивните пратки. Како и претход-но што беше кажано, во делот на взаемно признавање на контролите, тука ќе го истакнеме значењето на вза-емното признавање на статустот на овластен економ-ски оператор помеѓу земјите вклучени во синџирот на снабдување.

Законска основа и зајакнување на

институционалниот капацитет за

имплементација на стандардите во

Република Македонија

а) Измени во законодавството

Во поглед на исполнување на предусловите за успешна имплементација на Рамката на стандарди, Царинската управа во изминатиот период презеде бројни активно-сти. Во делот на царинското законодавство, донесени се измени и дополнувања на Царинскиот закон и Уредбата за спроведување на царинскиот закон со цел усогласување со Европското законодавство и стандардите кои ги по-

Македонија во декември 2005 година ја искажа својата намера за имплементација на Рамката на стандарди и достави Декларација до Секретаријатот на Светската ца-ринска организација со која се обврза да го започне про-цесот на имплементација.

Основни елементи на рамката на стандарди

Стандардите се фокусираат на 4 основни елементи: a) навремена електронска информација

Овој елемент предвидува Царината да биде во состојба да прима и да дава, односно да разменува навреме-ни електронски информации за пратките кои влегу-ваат, излегуваат или транзитираат во/од царинското подрачје. Исклучително важно е да се има навремена информација, односно информација за пратката пред таа да стигне до царинското подрачје на земјата, што ќе овозможи превземање на соодветни активности за идентификување на потенцијалниот ризик. Бидејќи синџирот на снабдување (движењето на стоката и ин-формациите од испраќачот до примачот) се состои од физички проток на стоката и информациите поврзани со стоката, целта е да се добие квалитетна информација по-требна за анализа на ризикот што е можно поскоро, од-носно во почетната фаза од синџирот на снабдување.

б) заеднички пристап кон управувањето со ризик

Овој елемент предвидува дека царината треба да при-менува селективност користејќи критериуми за ана-лиза на ризик за сите пратки. Затоа, царината треба да воспостави систем за управување со ризик за да се иден-тификуваат потенцијалните високоризични пратки. Во таа насока треба да се истакне размената на критериу-ми за ризик, односно ризични профили и разузнавачки информации помеѓу земјите вклучени во синџирот на снабдување и останатите засегнати страни. Преку при-мената на управувањето со ризик, царината може да утврди која стока и кој трговец (увозник или извозник) претставуваат висок ризик и согласно на тоа, соодветно спроведување на поригорозна контрола.

в) преглед и контрола на високоризични пратки при

увоз, извоз или транзит

Овој елемент предвидува дека царината треба: прво, да поседува легитимно право (законска основа) за контро-ла на сите пратки и второ, да е оспособена за тоа, што подразбира примена на ефективни и ефикасни постап-ки, обучен кадар и користење на софистицирана опре-ма. Во таа насока треба да се истакне прегледот и кон-тролата на пратките во местото на испраќање и взаемно

Page 28: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

28

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

ставува Светската царинска организација. Со овие из-мени, создадена е правна рамка за воведување на кон-цептот на Овластен економски оператор и создавање на законска основа за негово функционирање во пракса. Статусот на Овластен економски оператор подразбира олеснувања за деловните субјекти во поглед на намалени царински контроли (документарни и физички) поврзани со безбедноста и поголеми поедноставувања во однос на другите економски оператори. Секако, добивањето на статустот овластен економски оператор подразбира исполнување на бројни критериуми од страна на делов-ниот субјект, како што се:

почитување на прописите и правилно спро ве ду-ва ње на формалностите,

поседување ефикасен систем на управување со де ловната евиденција коj овозможува спро ве ду-ва ње на соодветни царински контроли,

примена на соодветни безбедносни и сигурносни стандарди,

солвентност и

операторот да не претставува лице за кое постои по голем ризик.

б) Набавка на современа опрема за контрола

Во делот на зајакнување на институционалниот капа-цитет за зголемување на ефикасноста на контролата на пратките, Царинската управа на Република Македонија набави и стави во функција 4 мобилни рентгенски си-стеми за инспекција на возила со големи димензии и контејнери. Со ставање во функција на мобилните рент-генски системи се постигна процесирање на поголем број на превозни средства и контејнери, како и поголе-ма можност за детектирање на неправилности, односно откривање на обиди за пренесување на недозволена стока. Користењето на рентгенските системи е базира-но на анализа на ризик и селективност, со користење на разузнавачки информации.

в) Воведување на концептот на Single Window

Владата на Република Македонија презеде иницијатива за развивање на поинтензивна соработка помеѓу ца-рината и другите владини институции вклучени во меѓународната трговија со цел да го олесни трансфе-рот на меѓународните трговски податоци, како и раз-мената на податоците за потребите на разузнавање и управување со ризик. Во овој правец се понагаласена е потребата од целосно преминување од класичниот до-сегашен начин на работење, исклучиво со хартиени до-кументи и нивна целосна замена со електронски. Како

едно од можните, и во последно време многу актуелни решенија, за навремено обезбедување на потребните информации претставува воведвуањето на концептот на Eдношалтерски систем за увоз и извоз (Single Window) и контрола при единствено застанување (One Stop Shop). Царинската управа со целосна подршка на Владата на Република Македонија, а во соработка со 16 владини ин-ституции го имплементираше концептот за едношалтер-ски систем во Република Македонија. Ова значи цело-сно електронско процесирање на 66 различни лиценци за увоз, извоз и транзит, како и распределба на тариф-ни квоти. На овој начин, компаниите наместо да чекаат пред шалтерите на институциите, своите права можат да ги остварат преку поднесување на барања во електрон-ска форма, и да ги добијат одобренијата во електронска форма, за што им е потребен само валиден електронски потпис и интернет конекција, без дополнителни трошо-ци за користење на системот.

ДЕФИНИЦИЈА НА ЕУ:

„Во интерес на олеснувањето на деловното работење, и истовремено обезбедување на соодветни степени на кон-трола на стоката која се внесува или изнесува од царин-ското подрачје на Заедницата, погодно е информациите кои ги доставуваат економските оператори да се споде-лат помеѓу царинските органи и другите органи/служби кои се вклучени во контролата, како што се полицијата, граничната полиција, ветеринарната инспекција, орга-ните за заштита на животната средина и други, имајќи ги во предвид релевантните мерки на заштита на подато-ците, така да економските оператори ќе ја доставуваат информацијата само еднаш - едношалтерски систем за увоз и извоз (Single Window) и стоката ќе биде контроли-рана од тие органи во исто време и на исто место - кон-трола при единствено застанување (One stop Shop)“.

Овој концепт, во рамките на Европската унија, прет-ставува суштински дел на иницијативата за е-Царина (е-Влада).

Основни карактеристики на ситемот

транспарентност и поедноставување,

зголемена конкурентност на националната еко-но мија,

поедноставен начин на комуницирање,

намалување на трошоците преку забрзувањето на постапките,

ефикасност,

Page 29: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

29

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

преиспитување, ажурирање и осовременување на постапките и процесите,

изградба и/или осовременување на ком пј у т ер с-ка та и комуникациската инфраструктура,

хармонизација и стандардизација на податоците и информаците,

зголемена ефикасност во примената на анализа на ри зикот и поефикасна борба против измамите,

предвидливост на царинските одлуки и зголемена до верба во Царинската управа и другите служби/органи на Владата,

намалени трошоци за исполнување на законските об врски,

придонес кон процесот на е-Влада,

зго лемена взаемна интерактивност и поврзаност на приватниот и јавниот сектор,

исполнување на меѓународни стандарди во сов-ре мената меѓународна трговија, а посебно на Ев-ропс ката унија, и

создавање на услови за меѓусебно поврзување и функ ционирање на меѓународно ниво.

Користи од имплементација на

Рамката на стандарди

Преку процесот на имплементација на стандардите ќе се овозможи зајакнување на капацитетот на Царината за спроведување на сопствените функции и остварување како на сопстевните цели, така и на националните развојни цели, особено во областа на олеснување на трговијата, прибирање на давачки, заштита на опште-ството и националната безбедност.

а) Користи за државата

Главна цел на Рамката на стандарди е да обезбеди сигур-ност и да ја олесни глобалната трговија. Тоа обезбедува сигурност за трговијата пред заканата од глобалниот те-роризам, а истовремено овозможува олеснување на ле-галната трговија и подобрување и осовременување на царинските постапки. Тоа пак, за возрат, ја подобрува на-платата на приходи, како и соодветната примена на на-ционалното законодавство. Имплементацијата на стан-дардите дава поддршка на економската и социјалната заштита, и овозможува директни странски инвестиции.Исто така, имплементацијата на стандардите е поттик за воспоставување на договори за соработка помеѓу цари-ната и другите државни органи.

Сето тоа ќе овозможи меѓународната трговија да придо-несе за економски раст и развој на државата.

б) Користи за царината

Добро уредените интеракциски односи помеѓу царин-ските служби доведуваат до размена на навремени и точ ни информации кои овозможуваат поефективно уп-ра вување со ризикот. Не само што се подобрува способ-нос та на царината да ги разоткрива високо ризичните прат ки, туку исто така, и овозможува на царината да ги по добри контролите на меѓународниот трговски синџир на снабдување и да оствари подобро и поефикасно ко рис тење на расположивите ресурси. Соработката помеѓу ца ринските служби овозможува спроведување на навремена контрола на синџирот на снабдување. Како што бе ше претходно истакнато, имплементацијата на стандар дите ќе обезбеди и меѓусебно признавање на конт ролите и взаемно признавање на статусот на овла-стен економски оператор.

в) Користи за Бизнисот

Имплементацијата на стандардите создава услови за безбедност на меѓународната трговија, но истовремено ја олеснува и ја унапредува истата. Ова им ја олеснува ра-ботата на купувачите и продавачите при движењето на стоката помеѓу земјите. Овластените економски оператори ќе имаат полза во по-глед на побрзо процесирање на стоката од страна на ца-рината, на пример преку намален број на прегледи. Тоа пак би значело заштеда во време и трошоци. Бизнис за-едницата ќе оствари корист и преку зголемување на кон-курентноста на националниот и меѓународниот пазар, со оглед на намалувањето на времето и трошоците кои се постигнуваат со предвидливо и ефикасно движење на стоката преку границите.

Приклучување на Република Македонија

кон Заедничката транзитна постапка

помеѓу ЕУ и ЕФТА државите

Уште една активност за олеснувањето на протокот на стоки претставуваат и превземените активности во пра-вец на прилкучување и имплементација на Заедничка-та транзитна постапка помеѓу ЕУ и ЕФТА државите. Со-гласно Националната стратегија за приближување кон законодавството на Европската унија, Царинската упра-ва подготви иницијатива за пристапување и воведување на стандардите за Заедничкиот транзит, односно кон Но-виот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) (New Computerized Transit System: NCTS) кој претставува алат-

Page 30: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

30

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

30

ка за современо управување и контрола на транзитни-от систем врз основа на напреден компјутерски систем и електронска обработка на податоците, со што се заме-нува претходниот систем кој се заснива на хартиени до-кументи.

СИСТЕМОТ ИМА ЗА ЦЕЛ:

да ја зголеми ефикасноста и ефективноста на тран зитните постапки,

подобрување на заштитата од и откривањето на из мамите,

забрзување и безбедност на трансакциите кои се вршат под покритие на транзитната простапка.

Оваа компјутеризирана постапка претставува електрон-ска форма на транзитна декалрација, со што се врши за-мена на писмена (хартиена) транзитната декларација во форма на Единствениот царински документ. Воведувањето на заедничкиот транзитен систем овоз-можува олеснување за движењето на стоката преку исклучување на повеќе фази од постојната транзитна постапка, а најзначајно е тоа што:

- поединечната или општата гаранција за една зем ја се заменува со општа гаранција за повеќе земји или за одреден вид на стока таа воопшто не постои со што се намалуваат трошоците за обезбедување на повеќе гаранции за секоја земја поединечно,

- постои можност за користење на пломби од посебен вид кои по овластување на царинските органи ги аплицираат самите извозници,

- посебно поедноставување на движењето на стока по море, железница, воздух и по цевоводи (во постапката на заедничкиот транзит не се бараат поединечни документи за секој вид на транспорт поеднинечно, односно се користи еден докуемнт без разлика на видот на транспортот).

Овозможување на вакви поволности е предвивдено само за оние лица кои:

- имаат седиште во една од договорните страни (што значи нивна полесна контрола),

- редовно ја користат постапката или за ко ја царинските органи се уверени дека ги ис пол ну-ва ат законските барања, и

- не сториле било какво сериозно или пов то-рено кршење на царинското и даночното за ко-нодавство со што се делува превентивно во на-со ка на избегнување на можни злоупотреби на пос тапката и царински и даночни измами.

За бизнис заедницата (деловните субјекти) предностите од користењето на NCTS се состојат во:

- зголемен квалитет на услугите (со претходна е лектронска достава на документи се на ма-лува времето потребно за царинските конт ро-ли и можност за примена на методата на се лек-тивност, како и рационално користење на рас-по ложивите ресурси);

- поголема флексибилност на документите со тоа што еднаш подготвените и поднесените до-кументи може да се користат од страна на по-ве ќе органи и повеќекратно;

- побрзо затврање (раздолжување) на постапката со користење на електронски пораки;

- намалени трошоци со поднесување на до ку-менти во хартиена форма (намалени пош тенс-ки и административни трошоци за нивно обез-бе дување и доставување) ;

- поголема прегледност и транспарентност на постапките за трговците и учесниците во пос-тап ката; и

- можност за донесување на одлуки од страна на ца ринските органи за потребата од царински прег лед или контрола пред пристигање на прат ката.

Примената на заедничкиот транзит претставува истовре-мено подршка на Проектот за Едношалтерски систем за увоз и извоз (Single Window) и Контрола при единствено застанување (One Stop Shop). Со воведување на новиот национален систем за обработка на царински деклара-ции, кој би требало да биде потполно функционален кон средината на следната година, се создаваат и технички услови за придружување кон Конвенцијата за заеднич-ки транзит.

Page 31: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

При користењето на податоците од оваа публикација ги молиме корисниците задолжително да го наведат изворот

Горан ГеоргиевМарија БоневскаИрена Цветковска

700

Љупка МиндошеваЃорги НаумовскиИлија Јаноски

Page 32: царина - Carinska Upravaoldweb.customs.gov.mk/Uploads/Carina_Noemvri.pdf• ЦАРИНСКА ПОСТАПКА ПРИ ПРИВРЕМЕН УВОЗ НА СТОКА 15 • ВНЕСУВАЊЕ

32