жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната...

99
1 Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Томо Томовски – член и Елита Шуки – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје, наш број 07-399/1 од 24.07.2014 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02- 1824/51 од 18.07.2014 година за дел 34, 40 и 43, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.13/2014 за набавка на стоки – медицинска опрема, на договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36 -та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата на жалителот „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-1824/51 од 18.07.2014 година за дел 34, 40 и 43, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.13/2014 за набавка на стоки – медицинска опрема, на договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Медицински факултет Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. 2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно. О б р а з л о ж е н и е Економскиот оператор „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-1824/51 од 18.07.2014 година за дел 34, 40 и 43, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.13/2014 за набавка на стоки – медицинска опрема, на договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган погрешно постапил кога неговата понуда за понудените делови не ја избрал како најповолна. Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована, смета дека постапката за доделување на договор за јавна набавка ја водел согласно Законот за јавните набавки и предлага на

Transcript of жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната...

Page 1: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Томо Томовски – член и Елита Шуки – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје, наш број 07-399/1 од 24.07.2014 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-1824/51 од 18.07.2014 година за дел 34, 40 и 43, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.13/2014 за набавка на стоки – медицинска опрема, на договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-1824/51 од 18.07.2014 година за дел 34, 40 и 43, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.13/2014 за набавка на стоки – медицинска опрема, на договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО

НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-1824/51 од 18.07.2014 година за дел 34, 40 и 43, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.13/2014 за набавка на стоки – медицинска опрема, на договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Медицински факултет Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган погрешно постапил кога неговата понуда за понудените делови не ја избрал како најповолна.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган наведува дека

жалбата е неоснована, смета дека постапката за доделување на договор за јавна набавка ја водел согласно Законот за јавните набавки и предлага на

Page 2: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата како таква да ја одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од јавна набавка, записникот од спроведениот технички дијалог, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, Извештајот од спроведената постапка, Извештајот од спроведената електронска аукција, понудите на понудувачите, Одлуката за избор на најповолна понуда, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел јавна набавка со објава на Оглас за

доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.13/2014 за набавка на стоки – медицинска опрема, деллива набавка на 47 дела, за што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.02-1824/1 од 10.04.2014 година. Договорниот орган спровел Технички дијалог со економските оператори, за што изготвил Записник од Технички дијалог бр.03-1824/13 од 25.04.2014 година. Договорниот орган во огласот и тендерската документација предвидел критериум за избор – најниска цена 100 бода, а било предвидено постапката да заврши со електронска аукција, при што од економските оператори било побарано да достават изјава за независна понуда, изјава за сериозност на понудата, како и гаранција за квалитетно извршување на договорот – 10,00%.

До крајниот рок за поднесување на понуди 13.06.2014 година до 12:00

часот, до договорниот орган пристигнале вкупно 22 понуди на економски оператори, кои биле отворени од Комисијата за јавни набавки на договорниот орган, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.03-1824/43 од 13.06.2014 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди, при што утврдила дека за обжалените делови од набавката, односно за шифра 7845 условите предвидени во тендерската

Page 3: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

документација ги исполниле економските оператори „ФАРМАС МН“ Скопје и „ЛУБИС МЕДИКАЛ“ Скопје кои биле повикани на електронска аукција закажана и одржана на ден 14.07.2014 година од 16:20:00 до 16:38:00 часот; за шифра 7672 прифатливи понуди имале економските оператори „СПАРТА“ Скопје, „ЕУРОКОМ“ Скопје, „ФАРМАС МН“ Скопје, „ДОМИНО“ Скопје и „ЕЛБИЈОР“ Скопје кои биле повикани на електронска аукција на 14.07.2014 година која траела од 09:30:00 до 09:54:00 часот, и за шифра 4447 прифатливи понудувачи биле „БИНЕТ МЕДИКАЛ“ Скопје, „НЕТ ЕЛЕКТРОНИКС“ Скопје, „БИ МЕК“ Скопје, „ДОМИНО“ Скопје и „ЛАБТЕХ“ Скопје и истите биле повикани на закажаната и одржана електронска аукција на ден 14.07.2014 година од 12:20:00 до 12:50:00 часот. Комисијата за јавни набавки изготвила Извештај од спроведената постапка бр.03-1824/50 од 18.07.2014 година со предлог до одговорното лице на договорниот орган како најповолна за шифра 7845 да ја избере понудата на „ФАРМАС МН“ ДООЕЛ Скопје, за шифра 7672 да ја избере понудата на економскиот оператор „ЕЛБИЈОР“ ДОО Скопје и за шифра број 4447 да ја избере понудата на економскиот оператор „БИНЕТ МЕДИКАЛ“ ДОО Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен и била донесена сега оспорената Одлука за избор на најповолна понуда бр.02-1824/51 од 18.07.2014 година.

Незадоволен од Одлуката за избор на најповолна понуда, останал

економскиот оператор „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје, за дел 34, 40 и 43, кој поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи на жалителот,

Државната комисија го утврди следното: Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган погрешно

постапил кога не ја избрал неговата понуда како најповолна. Имено, истакнува дека Апаратот Циагк се испорачувал во две верзии една стационарна и една телеметриска (безжична). Жалителот смета дека договорниот орган не утврдил јасно дали треба мобилен или стационарен уред да се понуди од причина што во продолжение на техничката спецификација бил баран уред за вакумско приклучување на ЕКГ одводите, а што е апсолутно контрадикторно со барањето за мобилност. За да ги задоволи овие две технички барања, во понудата биле вклучени и двете варијанти. Кога се работи стационарно, со вакум електроди и со метаболични испитувања (спирометрија) тогаш се користи стационарниот ЕКГ модул, а кога треба мобилност се користи специјален мобилен автономен ЕКГ модул со печатар со можност на независно печатење и снимање на ЕКГ испитувањата и накнадно префрлувањето на снимките во компјутерот на системот. Жалителот укажува дека Анализата на должината на QТ сегментот, односно НRV анализата се нетипични за стрес тест

Page 4: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

анализите и повеќе припаѓаат на Холтер, односно анализите на ЕКГ во мирување. Жалителот не може да ја разбере причината за вакво барање, кога по дефиниција при стрес тестот срцевата фреквенцијата, односно QТ интервалот се промеливи. Во литературата сигнификантно е значењето на пролонгирањето на (QТc интервалот односно корегираниот (QТс интервал. Нашето искуство покажало дека анализата на ЅТ сегментот по нагиб и елевација/депресија се параметри за анализа/интерпретација од страна на специјалистите при изведување на стрес тест. А, тоа воопште не било барано во тендерската спецификација. Од причина што се работи за комплетен кардиолошки софтвер, понудениот апарат имал опција за НRV анализа со дисперзија по Поинкаре (доказ даден во прилог 3, извадок на упатството за работа со апаратот). За жалителот тврдењето на договорниот орган дека Компјутерот содржи два колор монитори, но тие не се осетливи на допир е неточно: Компјутерот што е понуден со апаратот е компјутер Dell OptixPlex XE2SF при што DЕLL дефакто е најдобар светски бренд и истиот поседува два 22 инчни екрани чуствителни на допир. Компјутерот е фабрички верифициран, атестиран, со претходно инсталиран софтвер и спремен за работа Еве ги соодветните составни делови со каталошките броеви на Соѕmed. Исто така и тврдењето на договорниот орган дека понудениот модел има турбински, наместо пнеуматичен сензор, поради што е чувствителен на влага, а неговата перка создава дополнителен отпор при вентилирањето на воздухот, кој може да влијае врз прецизноста на спирометриските резултати, се забележува и неможност за автоматско мерење на амбиенталните услови, кои се од исклучително значење за стандардизација на спирометриските параметри, се неточни за жалителот. Имено, обид слабостите на избраниот апарат да се претстават како предности. Мерењето на проток со помош на притисок е индиректна метода на мерење на протокот, во главно употребувана при мали брзини на проток на течност со ламинарен проток. Метода која бара да за одредени опсези на брзини на мерење на проток како во ламинарниот така и во турбулентниот опсег на работа да се апроксимира со повеќе линеарни криви бидејќи се работи за нелинеарни функции. (Во прилог 2 дадена е равенката на проток во турбулентниот опсег која се гледа дека е квадратна равенка). Значи по дефиниција се работи за систем кој е понеточен (особено во турбулентниот опсег - при големи брзини на мерење, кој и најмногу ќе се користи при стрестестот) од апаратите каде што е применет принципот на мерење со помош на пропорционална на протокот. Влијанието на перката, односно турбината, е отпор кој е однапред познат и лесно се инкорпорира во пресметките и не создава дополнителна грешка. Барањето да во апаратот има вградено метеролошка станица уште повеќе оди во прилог на слабостите на притисочно мерење кое е многу чуствително на промена на притисок и температура што се гледа и од формулите во (Прилог 2). За разлика од ова, мерењето со протокомер е нечуствително на вакви амбиентални варјации и од таа причина и го нема во нашата понуда. А

Page 5: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

изгубеното време за додатни калибрации и подесувања при притисочното мерење на проток - доаѓаат како „гратис“. Искрено речено наместо вакви паушални и неаргументирани тврдења би се очекувало од една врвна научна институција која се занимава со испитувања, анализи и едукација, да од апаратот бара одредена точност на мерење изразена во %, а не начин на кој тоа се прави. Тврдењето на договорниот орган дека дел поудата е квалитетен дефибрилатор, но за жал неговите команди не се на македонски јазик, што би претставувало проблем, бидејќи дел од нашиот персонал, задолжен за дефибрилаторот, нема познавање на англиски, ниту на српско-хрватски јазик. И покрај едноставното ракување, при интервенција, која е исклучително стресна состојба, најдобро би било заради избегнување на грешки во ракувањето дефибрилаторот, неговите команди да се на македонски јазик, е за жалителот неточно, затоа што понудениот дефибрилатор кој би бил испорачан со апаратот имал вградени команди на македонски јазик, како и десетици такви апарати што се испорачани низ цела Македонија со акцијата на Министерството на здраство за автоматски дефибрилатори по работните организации со преку 100 вработени. За договорниот орган сериозен недостаток е што произведувачот Соѕmеd не нудел сопствени компјутери, туку препорачува набавка на компјутер за системот на локално ниво, што претставува дополнително финансиско оптеретување. Во минатото имавме многу лошо искуство со апарат чиј производител не упати на локална набавка на компјутерската единица на апаратот, при што до ден денес имаме сериозни проблеми со активирањето на овој наш апарат. Од таа причина инсистиравме компјутерот со одредени технички карактеристики, да биде составен дел од ергометарската работна станица. Неточно е според жалителот и факт е дека ниеден производител на медицинска опрема (освен можеби Тошиба) не произведува брендирани компјутери од сопствено производство. Генерално, компјутерите што се дел од понудениот медицински апарат обично се од брендирани светски производители, атестирани и верифицирани од страна на производителот. Жалителот повторува уште еднаш, дека Соѕmed како еден од најсериозните понудувачи на кардио-пулмонална дијагностичка опрема на светско рамниште, по дефиниција вградува ОЕM компјутери како свој ОЕМ производ. А за тврдењето на договорниот орган дека еден од понудените сертификати бил со изминат рок, жалителот смета дека не е исклучено да се случил таков превид, меѓутоа од правен аспект тоа според него не е дискриминирачки и комисијата можела, ако веќе забележала ваков пропуст, да бара од него сертификатот да го достави во одреден временски рок.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека

жалбата е неоснована. Имено, жалбата на економскиот оператор е неоснована од причина што при спроведувањето на целата Отворена постапка бр.13/2014 во целост бил испочитуван Законот за јавните набавки и

Page 6: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

условите пропишани во тендерската документација. Воедно договорниот орган смета дека Комисијата за јавни набавки на УКИМ Медицински факултет Скопје извршила правилна евалуација на понудите, водејќи се од основните принципи на Законот за јавните набавки (конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, транспарентност и рационално искористување на средствата) при што е извршен правилен и законски избор на најповолна и најсоодветна понуда со донесување на Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-1824/51 од 18.07.2014 година, а во согласност со спроведента е-аукција. Фирмата „Домино“ била еден од понудувачите на ергоспирометриската работна станица објавена на актуелниот тендер за апаратура на Медицинскиот факултет во Скопје, при што фирмата го понуди моделот QUARК од производителот Соmed, Италија. Комисијата за јавни набавки при Медицинскиот факултет во Скопје направила детална и темелна техничка евалуација која не се заснова врз „Гебелсов принцип“, ниту се засновала врз основа на тврдења или изјави од страна на фирми-понудувачи, туку евалуацијата на понудите се заснова врз основа на тендерската документација за техничките карактеристики на сите делови во состав на ергоспиромертиската работна станица, кои се понудени. Се разбира дека Комисијата за јавни набавки не е возможно да направи евалуација на нешто што не е понудено и не е дел од понудата за егрометриската работна станица. Обвинувањето од страна на фирмата „Домино“ дека се изречени куп на невистини договорниот орган го отфрла, при што сите наводи на жалителот во понатамошниот текст се елаборирани и поткрепени со прилози-фотокопии, кои се потврда за исправноста на техничката евалуација на Комисијата за јавни набавки. Првиот навод на жалителот се однесува на констатацнјата на Комисијата за јавни набавки за отсусутво за сопствено струјно напојување на ЕКГ-модулот, и неможност на ЕКГ-модулот да работи независно од работната станица. Барано е ЕКГ-модулот на ергоспирометриската работна станица да поседува вградено струјно-батериско напојување, што е јасно наведено во објавената техничка спецификација за овој апарат дадена во прилог на одговорот на жалбата. Од приложената техничка документација на фирмата „Домино“ за понудениот ЕКГ-модул јасно се согледува дека понудениот ЕКГ-модул работи на батерија (батериско напојување). Во техничката документација на понудениот ЕКГ-модулот нема податок дека понудениот ЕКГ-модул истовремено ги исполнува двете технички можности за напојување, а тоа се и да има струјно напојување и да има батериско напојување. Нашата техничка спецификација за оваа карактеристика (напојување) на ЕКГ-модулот не е опционална односно или со струјно или со батериско напојување, туку се бара ЕКГ-модул, кој истовремено ги задоволува и двата услови. Понудениот ЕКГ-модул нема ниту интегриран термален печатач, што исто така претставува карактеристика која се бара во објавената техничка спецификација. Така да и во однос на оваа техничка

Page 7: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

7

карактеристика понудениот ЕКГ-модул од фирмата „Домино“ не ги исполнува бараните карактеристики. Жалителот тврди дека апаратот QUARK се испорачува во две верзии, стационарна и безжична. Во тендерската документација се понудени и двете верзии на апаратот Quark, но суштинско е тоа што и во двете понудени верзии, ЕКГ- модулот е идентичен. Во доставените фотокопии на техничката документација за двете понудени верзии на апаратот Quark на жалителот (QUARK СРЕТ и QUARK C12x), кој е идентичен и во двете верзии, и работи на батерија (батериско напојување), а конекција со РС се остварува преку wirelеѕѕ или опционо преку кабел. ЕКГ-модулот, како што е наведено во понудената техничка спецификација, комплетно е контролиран преку РС, што значи дека не може да работи самостојно, независно од работната станица, поради што горенаведениот коментар на Комисијата за јавни набавки е вистина, а не невистина, како што тврди жалителот. При тоа, се изнесува уште една невистина за отсуство на елементарна комуникација со институцијата. Имено, на доставените прашања од жалителот (кои се доставени по истекот на реализираниот технички дијалог) Комисијата за јавни набавки достави одговор со кој беше известен жалителот, како и сите останати економски оператори кои ја подигнале тендерската документација, дека бараните технички карактеристики се минимални и дека сите понуди со подобри карактеристики ќе бидат земени како прифатливи при евалуацијата, што за жал не беше случај со понудата на жалителот. Исто така, да споменеме дека фирмата „Домино“ во делот на тврдењето дека не може да разјасни каков ЕКГ уред е потребен, дали мобилен или стационарен, повторно укажуваме дека во техничката документација јасно е наведено дека се бара од ЕКГ - модулот да ги исполнува и двата критериуми за напојување, и затоа не е потребно понудувачите да нудат две варијанти (верзии) на апарат, туку една варијанта која паралелно ги поседува двете технички можности за напојување. Во однос на втората забелешка на фирмата „Домино“ која се однесува за техничка можност за анализа на QТ сегментот од ЕКГ-то, најпрвин сакаме да го побиеме тврдењето на фирмата „Домино“ која наведува дека „во тендерската спецификација не е барано апаратот да има техничка можност за анализа за ЅТ сегментот“. Доказ кој го побива ова тврдење е самата тендерска спецификација, во која јасно е означено дека се бара ваква техничка карактеристика. Комисијата за јавни набавки не ја оспорува можноста на понудената ергоспирометриска станица од страна на фирмата „Домино“ за анализа на ЅТ сегментот, ниту ја оспорува можноста за НRV анализа. Комисијата за јавни набавки констатира, врз основа на поднесената техничка документација, дека понудената ергоспирометриска работна станица „не поседува можност за QТ дисперзија, како и за автоматска анализа на сегментот во секој одвод поединечно, што претставуваат карактеристики кои се бараат во објавената техничка спецификација за овој апарат. Понудената ергоспирометриска работна

Page 8: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

8

станица не ги исполнува овие две технички карактеристики, кои се бараат. Жалителот ја поистоветува анализата на QТ сегментот со НRV анализата, кои се два различни типа на анализи. за разлика од ова QT анализата врши сериска, алгоритамска и векторска анализа каоја во себе ја вклучува и анализата на растојанијата од R до R запците помеѓу поединечните QRЅ комплексот и ST сегментот за кој и самиот понудувач тврди дека е важен. Сакаме да напоменеме дека само модели од поновата генерација на ергоспирометарски работни станици, поседуваат софтверска можност за ваков начин на анализа на QТ сегментот и тоа како во фаза на мирување (кога ЕКГ се регистрира пред апликацијата на оптеретување) така и во периодот на физичко оптеретувањето што е особено значајно при спортските прегледи, што јасно го покажуваат стручните и научни трудови од оваа област, бидејќи оваа анализа е значаен показател за ризикот од евентуално акутно запирање на работата на срцето кај спортисти. Баравме такви технички карактеристики во објавената спецификација за ергоспирометриската работна станица, кои соодветствуваат на понова генерација на модели на овој апарат, за да значајно се унапредат и осовременат спортските прегледи на нашите спортисти и да се исполнат одредени перпораки за спортските прегледи од страна на релевантните меѓународни институции во областа на спортот (Меѓународниот олимписки комитет, Европската асоцијација за спортска медицина, ФИФА и др.). Жалителот се обидува да го намали неговото значењето на QТ интервалот за стрес тест анализата, што за спортисти е спотивно од научната литература. Во третата забелешка жалителот укажува дека со апаратот е понуден компјутер, Dell OptixPlex XE2SF, за кој тој тврди дека ги исполнува бараните карактеристики, а воедно наведува и каталошки броеви за наведениот модел на компјутер и за монитор Dell LCD 22, кој како што тврди жалителот е осетлив на допир. Комисијата за јавни набавки при евалуцијата на понудената техничка документација за ергометриската работна станица на фирмата „Домино“, констатираше дека не е понуден компјутер од страна на фирмата „Домино“, туку во техничката спецификација за апаратот постојат само препораки за тоа какви технички карактеристики треба да исполнува компјутерот кој би бил компатибилен со понудениот апарат, но истиот не се нуди конкретно во понудата и не е наведено дека истиот е составен дел од понудата за ергоспирометарската работна станица. Доказ за овие наши констатации е фотокопија од понудените технички спецификации. Напротив, во поднесената техничка спецификација за моделот Quark СРЕТ, во делот на техничката спецификација кој ги набројува составните делови на ергоспирометриската работна станица, наведен е РС ѕоftwere, но не е наведен комјутер како составен дел од работната станица Исто така, на ниту едно место во техничката документација на понудата не е понуден компјутер Dell OptixPlex XE2SF, со монитор осетлив на допир туку жалителот во жалбата дополнително го нуди. Во техничка спецификација за понудениот

Page 9: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

9

модел се прикажани два монитора за комплетно комплетно кардиопулмонално тестирање, но не е означено дека се осетливи на допир. Поради сето горе образложено и докажано со соодветни Прилози, јасно е дека компјутерскиот систем кој е дел од бараните технички карактеристики не е составен дел од понудата на фирмата „Домино“, при што понудениот модел не ја исполнува оваа карактеристика. Во четвртата забелешка од фирмата Домино, „самиот понудувач директно потврдува дека понудениот модел не поседува пнеумо сензор“ и се обидува да го намали значењето на оваа техничка карактеристика која сме ја предвиделе во техничката спецификација, а која не ја исполнува понудениот модел од страна на фирмата Домино. „Пнеумо сензорот“ е многу важна техничка карактеристика, која обезбедува директно ултразвучно мерење гасовите. Постојат релевантни научни податоци и истражувања, кои покажале дека треба да се даде предност на пнеуматичната метода за мерење на протокот на гасовите, особено ваква предност се потенцира за новите генерации на пнеумо сензори. Ваквиот тип на сензор не е осетлив на надворешни влијанија, ниту е осетллив на влага, за разлика од турбидиметрискиот сензор. Напоменуваме дека ние бараме ергоспирометриската станица да поседува техничка карактеристика пнеумо сензор, при што и жалителот, како и понудената техничка спецификација од страна на фирмата „Домино“ во која јасно стои дека понудениот апарат поседува „турбидиметриски сензор“, поради што Комисијата за јавни набавки точно констатирала дека понудениот модел не ја исполнува оваа карактеристика од објавената спецификација. Во однос на петтата забелешка од фирмата „Домино“, би сакале да истакнеме дека во понудената техничка документација е јасно воочливо дека дефибрилаторот е без поддршка на македонски јазик (менито не е на македонски јазик) и во понудената техничка спецификација јасно е наведено дека е возможно да се користат 20 јазици, кои се наведени, но во овој список од 20 јазици не е наведен македонскиот јазик. Понудувачот во неговото тврдење укажува на тоа дека доколку би бил испорачан дефибрилатото би имал македонско мени, што укажува на тоа дека понудувачот и покрај тоа што имаше на располагање доволно долг период да подготви понуда со квалитетна и издржана техничка документација истото не го направил туку сега е спремен истото да го направи што е во сферата на нагаѓање. По однос на шестата забелешка од фирмата „Домино“, уште еднаш би сакале да укажеме на тоа дека понудата не содржи компјутер од страна на фирмата „Домино“, туку во техничката спецификација за апаратот постојат само препораки за тоа какви технички карактеристики треба да исполнува компјутерот кој би бил компатибилен со понудениот апарат, и не е наведено дека истиот е составен дел од понудата на фирмата „Домино“ за ергоспирометарската работна станица. Доказ за овие наши констатации е фотокопија од понудените технички спецификации. Исто така, повторуваме дека во поднесената техничка спецификација за моделот Quark СРЕТ, во

Page 10: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

10

делот на техничката спецификација кој ги набројува составните делови на ергоспирометриската работна станица, наведен е РС softwerе, но не е наведен комјутер како составен дел од работната станица. Во однос на напомената од страна на фирмата „Домино“ дека требала да биде информирана за истечениот рок на важност на сертификатот би сакале да истакнеме дека тврдењето на фирмата „Домино“ дека во определен рок би доставиле нов сертификат, не е така едноставно ако се знае каква е процедурата за добивање и обнова на сертификат за квалитет од ЕУ. Сепак и овде ќе ја повториме забелешката дека фирмата „Домино“ имала доволно време за подготовка на понудената документација и проверка на истата пред да ја достави до нас.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а

врз основа на доказите во предметот од постапката за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Имено, во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“. Точка 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Согласно со член 32 став (1) од Законот за јавните набавки:

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набвка“.

Согласно со член 124 од Законот за јавните набавки, ако договорниот

орган користи електронска аукција, должен е во тендерската документација да ги вклучи: - делот на понудата кој ќе биде предмет на електронска аукција, под услов истиот да може да се определи и изрази во бројки или проценти; - ограничувањата на вредноста до кои може да се подобрува делот од ставот (1) алинеја 1 на овој член, во согласност со техничките спецификации на предметот на договорот; - информациите кои ќе им бидат

Page 11: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

11

достапни на понудувачите во текот на електронската аукција и кога овие информации ќе им бидат достапни; - соодветни информации за спроведувањето на електронска аукција, и - условите под кои понудувачите ќе можат да наддаваат, а особено минималните разлики кои се дозволени во процесот на негативно наддавање, доколку е потребно.

Согласно со член 125 став (1), (2), (3), (4) и (5) од Законот за јавните

набавки: (1) „Пред да започне со електронска аукција договорниот орган врши целосна евалуација на способноста и на првичните понуди на понудувачите согласно со условите и критериумите од тендерската документација“. (2) „Договорниот орган ги поканува сите понудувачи кои поднеле прифатливи понуди да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција. Поканата истовремено се доставува до сите понудувачи по електронски пат“. (3) „Во поканата се наведува датумот и времето на започнување на аукцијата, начинот на спроведување на аукцијата, како и сите потребни информации за поврзување со електронските средства што се користат“. (4) „Ако критериумот за доделување на договорот е економски најповолна понуда, во поканата се наведува и исходот од целосната евалуација на соодветната првична понуда на понудувачот до кој се испраќа поканата“. (5)„Електронското негативно наддавање може да започне најрано два дена од датумот на кој се испратени поканите за учество на електронската аукција“.

Согласно член 125-а од Законот за јавните набавки: „(1) Во случај кога

е поднесена само една понуда или има само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. (2) Во случаите од став (1) на овој член, поканата до единствениот понудувач особено содржи: - идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, -информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и -времето на поднесување на конечната цена кое не може да биде порано од 48 часа од испраќањето на поканата. (3) Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време од став (2) алинеја 3 од овој член само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена првично понудената цена ќе се смета за конечна“.

Согласно со член 129 став (1) од Законот за јавните набавки,

„Понудувачот ја изготвува понудата во согласност со тендерската документација“.

Во член 140 став (3), (4), (5), (6), (7), (8) и (9) од Законот за јавните

набавки е утврдено: (3) „При проверката на комплетноста и валидноста на

Page 12: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

12

документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација. Договорниот орган не смее да создава предност во корист на одреден економски оператор со користење на бараните појаснувања или дополнувања“. (4) „Бараното објаснување понудувачот го доставува во писмена форма во рокот кој го определил договорниот орган“. (5) „Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од понудувачот“. (6) „Комисијата може директно од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, да бара превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик и за истото да одреди примерен рок“. (7) „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира“. (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка“. (9) „Комисијата по извршената евалуација ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување на предлог за избор на најповолна понуда.“

Согласно член 143 став (1) од Законот за јавните набавки

„Критериуми за утврдување на способност на економскиот оператор се:-личната состојба, -способноста за вршење професионална дејност, -економската и финансиската состојба, -техничката или професионална способност, -стандардите за системи за квалитет и -стандардите за управување со животната средина“.

Државната комисија од увидот во документацијата од споведената

постака за доделување на договор за јавна набавка не пронајде повреди на процесното и на материјалнто право на кои се повикува жалителот, ниту пронајде докази за погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба.

Државната комисија смета дека договорниот орган соодветно

постапувал при проверката на прифатливоста на понудите на економските оператори кои учествувале во јавната набавка и притоа ги почитувал критериумите за утврдување на способност кои претходно биле наведени во тендерската документација.

Тендерската документација била дефинирана од страна на

договорниот орган согласно неговите потреби и така дефинирана овозможила еднаков третман и недискриминација на економските оператори, што говори и фактот што на јавната набавка е јавиле 22

Page 13: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

13

понудувачи. На јавната набавка и претходел и Технички дијалог на кој секој заинтересиран понуддувач можел да даде забелешки и сугестии по однос на техничките специфиации за производите кои се барале.

Од приложените докази во предметот Државната комисија утрвди дека понудата на жалителит не ги исполнила во целост барањата на техничкте спецификации по однос на ставите по кои и жалителот е искчучен од натамошната евалуација, односно несиполнување на барањата за поседување сопствено струјно напојување на ЕКГ-модулот и неможност на ЕКГ-модулот да работи независно од работната станица, односно не го исполнувал барањето ЕКГ-модулот на ергоспирометриската работна станица да поседува вградено струјно-батериско напојување, што било јасно наведено во објавената техничка спецификација за бараниот апарат. Потоа, понудениот апарат на жалителот не го исполнувал барањето од Техничката спецификација - понудената ергоспирометриска работна станица „не поседувала можност за QТ дисперзија, како и за автоматска анализа на сегментот во секој одвод поединечно“, што била карактеристики барана со објавената техничка спецификација за апаратот, понатаму било оправдано констатаирано до страна на Комисијата за јавни набавки на договорниот орган при евалуцијата на понудената техничка документација за ергометриската работна станица, дека не бил понуден компјутер, туку во техничката спецификација за апаратот биле дадени само препораки за тоа какви технички карактеристики треба да исполнува компјутерот кој би бил компатибилен со понудениот апарат, но истиот не се нудел конкретно во понудата и не било наведено дека истиот е составен дел од понудата за ергоспирометарската работна станица, што било спротивно на барањето наведено во Техничакта спецификација. Понудениот апарат на жалителот исто така понудениот модел не поседувал „пнеумо сензор“ туку „турбидиметриски сензор“, а воедно немал ниту поддршка за македонски јазик, услови барани со Техничките спецификации.

Според тоа, сите услови кои се поставени во тендерската документација или во техничката спецификации кои најчесто се нејзин составен дел, понудувачите се должни да ги исполнат во целост, онака како било прецизно барано, за да може нивната понуда се смета за прифатлива и биде земена во натамошна евалуација. Ова значи дека доволно е понудувачите да не исполнуваат и само еден од поставените услови за способност или услов од техничката спецификација на јавната набавка, или понудата да не биде пополнета целосно во согласност на прецизните објаснувања на договорниот орган во тендерската документација, за да таквата понуда се смета за неприфатлива и истата да биде исклучена од натамошната постапка.

Page 14: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

14

Договорниот орган при постапувањето се придржувал до законските и до одредбите наведени во тендерската документација, како и до одредбите на законот кои се однесуваат на евалуацијата на пристигнатите понуди и одредбите кои се однесуваат на е-Аукцијата како поседна фаза од постапката за доделување на договор за јавна набавка. Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, проверувајќи ги писмените докази од спроведената постапката за доделување договор за јавна набавка, не најде сторена битна повреда на постапката за доделување договор за јавна набавка од член 210 од Законот за јавните набавки.

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка,

трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.07-399/7 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива, - УКИМ Медицински факултет Скопје ул. 50-та Дивизија бр.6 Скопје - „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје ул. „Стрезово“ бр.26 В Скопје

Page 15: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Томо Томовски – член и Елита Шуки – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје, наш бр.07-398/2 од 25.07.2014 година, изјавена против дејствијата поврзани со тендерската документација изготвена по Барањето за прибирање на понуди со објава на оглас бр.15/2014 за набавка на услуги – осигурување на градежни објекти и целокупната опрема во објектите, на договорниот орган Министерството за правда, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје, изјавена против дејствијата поврзани со тендерската документација изготвена по Барањето за прибирање на понуди со објава на оглас бр.15/2014 за набавка на услуги – осигурување на градежни објекти и целокупната опрема во објектите, на договорниот орган Министерството за правда, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје изјавил жалба против дејствијата поврзани со тендерската документација изработена по Oгласот за доделување на договор за јавна набавка со Барање за прибирање понуди 15/2014 за набавка на услуги – осигурување на градежни објекти и целокупната опрема во објектите, на договорниот орган Министерството за правда, поради тоа што тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со Законот за јавните набавки и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, при што жалителот предлага на Државната комисија за жалби по јавните набавки, оспорената отворена постапка да се поништи во целост, како и да го задолжи договорниот орган на жалителот да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Page 16: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган бара Државната комисија жалбата да ја отфрли како неоснована, бидејќи смета дека тендерската документација била изработена согласно Законот за јавните набавки и не содржела во себе дискриминациски одредби како што тврдел жалителот.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од јавна набавка, извештај за потребата од обезбедување соласност од Советот за јавни набавки, барање за добивање согласност за критериумите за способност од Советот за јавни набавки, Решение за давање согласност на Советот за јавни набавки, огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите, извештајот од спроведената постапка, поднесените понуди, останатите докази приложени во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган отпочнал јавна набавка со Барање за прибирање

понуди бр.15/2014 за набавка на услуги – осигурување на градежни објекти и целокупната опрема во објектите, неделлива набавка која се спроведувала во хартиена форма, а требало да заврши со е-Аукција, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.03-2278/1 од 17.06.2014 година. Како критериум за избор во огласот и тендерската документација договорниот орган предвидел најниска цена. Договорниот орган во Огласот и тендерската документација побарал од понудувачите да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување пристигнале шест понуди и тоа на економските оператори: „ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје, „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје, „ВИНЕР ВИЕНА ИНШУРАНС ГРУП“ АД Скопје, АД

Page 17: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

„ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА“ Скопје, „ЕУРОЛИНК“ АД Скопје и „УНИКА“ АД Скопје, кои биле отворени од Комисијата за јавни набавки на договорниот орган, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.03-2278/14 од 21.07.2014 година.

Незадоволен од содржината на тендерската документација по

отворањето на понудите, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјавил економскиот оператор „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје.

Постапувајќи по навремената жалба на жалителот „КРОАЦИЈА

ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје, Државната комисија го утврди следното:

Жалителот во својата жалба наведува дека Тендерска документација

во постапката со Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.15/2014 содржи несоодветни, нетранспарентни и дискриминаторски услови спротивни на одредбите на Законот за јавните набавки. Во конкретниот случај во тендерската документација биле поставени дискриминаторски услови поточно во Точка 8.3. Економска и финансиска состојба е наведено следното: Критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се: -економскиот оператор да остварил позитивен финансиски резултат во последната година. Врз основа на горенаведеното произлегува дека договорниот орган постапува дискриминаторски, со тоа што поставува услов за остварен позитивен финансиски и со тоа се врши селекција на економските оператори уште од самиот почеток на објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка. Во однос на позитивниот финансиски резултат, кој е поставен како критериум во тендерската документација, го даваме следното појаснување, поради кое економскиот оператов во претходната година немал позитивен финансиски резултат: Имено, остварената загуба со 31.12.2013 година од 2 милиони ЕУР на економскиот оператор, а имајќи ја во предвид претпоставката дека економскиот оператор КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување ќе продолжи да работи врз основа на принципот на континуитет, на 4 февруари 2014 на седница на Одбор на директори на друштвото донесен е Предлог - Одлука за зголемување на основната главнина за износ од 2.000.000 ЕУР. Целта на зголемувањето е зајакнување на капиталот на Друштвото и усогласување со одредбите кои ги предвидува Законот за супервизија на осигурување. По донесената Предлог - Одлука на Одборот на директори на 4 март 2014 се одржа вонредно Собрание на Друштвото и се донесе Одлука за зголемување на акционерскиот капитал за износ од 2.000.000 ЕУР, преку издавање на втора емисија на 20.000 обични акции по пат на приватна понуда на

Page 18: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

институционалниот инвеститор. На ден 08.04.2014 година пристигна прилив во висина од 2.000.000 ЕУР, за кој што се изврши упис на акциите од втората емисија на хартии од вредност во Централниот регистар на Р.Македонија на ден 28.04.2014 година и на ден 05.05.2014 година се подигна новата акционерска книга од Централниот депозитар на хартии од вредност, каде што е впишана втората емисија на хартии од вредност. Вкупната главнина на економскиот оператор КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување изнесува 5.250.000 ЕУР. Значаен износ од остварената загуба од минатата година се однесува на напорите на економскиот оператор КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје, за решавање, ликвидирање и исплата на што поголем број штетите кон осигурениците. Со 31.12.2013 година резервите за штети изнесуваа 2.6 милиони ЕУР, а исплатени се вкупно 2.3 милиони ЕУР, а со првата половина на 2014 исплатениот износ е веќе 1.5 милиони ЕУР, додека резервите се оддржуваат на исто ниво. Како доказ дека е зголемена основна главнина на Друштвото доставуваме Решение и тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија, од денот кога е извршена регистрацијата на зголемувањето на основната главнина на Друштвото. Договорниот орган не може во тендерската документација да наведе дека ќе ја утврдува економско финансиската состојба само со поднесување на извештај од билансот на состојба и податоци од билансот на успех на економскиот оператор. Односно, кога веќе договорниот орган како битен критериум определува економско - финансиска состојба на економскиот оператори за осигурителна индустрија фундаментален критериум е адекватноста на резервациите во IBNR и RBNS. Договорниот орган потребно е да утврди минамални параметри кои смета дека се неопходни економските оператори да ги исполнуваат за да може да го изврши договорот. Билансите на состојба и билансите на успех не се доказ дека економскиот оператор е способен. Жалителот посочува дека договорниот орган во Тендрерската документација за постапка која се спроведува преку ЕСЈН и завршува со Е-аукција има наведен критериум во точка 8.4. алинеја 2 која гласи: Да има реосигурително покритие од друштвото за реосигурување кое има минимум кредитен рејтинг Б+ утврден од Ѕtandard & poor и АМ Веѕt доколку сумата на осигурување по конкретниот предмет на јавна набавка е поголема од износот на максимален самопридржај утврден со Програмата за реосигурување на друштвото за осигурување. Економскиот оператор КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје има техничка и професионална сопсобност, кое нешто е докажано со тоа што има склучено договор за реосигурување и има обезбедено потврда со реосигурително покритие А- од Ѕtandard & poor. Имено, посочуваме дека реосигурувањето е со бонитет и дека износот на премијата е ирелевантен во фазата за доставување на понудите и дека ќе се оди на електронска аукција, за да се утврди крајната цена. Пред аукциските услови наведени во тендерот

Page 19: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

се неосновани, со цел договор за јавна набавка да склучи познат добавувач. Ирелевантна е и профитабилноста со оглед дека тендерот бара клаузула економскиот оператор да има реосигурително покритие. Од погоре наведеното произлегува дека економскиот оператор КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје има реосигурително покритие А-, што значи дека поседува загарантиран ризик во случај на штета и истата ќе биде надоместена на брз и ефикасен начин. Истакнуваме дека економскиот оператор КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје, на осигурителниот пазар се јавува од јули 2009 година, односно е најмлада компанија на осигурителниот пазар, а тоа не значи дека не смее да учествува во постапките по јавни набавки и во постапката во еваулација, само затоа што нема вкупен позитивен финансиски резултат. Појаснуваме дека доколку на овој начин сите договорни органи ги поставуваат тендерите ќе доведе до фаворизирање само на одредени економски оператори, односно оние кои на пазарот во Р.Македонија се подолг временски период, а поновите осигурителни компании на пазарот, како што е во конкретниот случај екомомскиот оператор КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје се постапува дискриминаторски и не им се дава можност да просперираат на пазарот. Договорниот орган Министерство за правда во тендерската докупентација предвидел критериум за обезбедување на реосигурително покритие поточно во точка 8.4. алинеја 2 од тендерската документација, кој е сосема битен услов за да договорниот орган биде обезбеден дека во случај на евентуална штета истата ќе биде надоместена, а со тоа нема влијание позитивниот финансиски резултат во последната година. Со вака поставените критериуми очигледно е дека се врши фаворизирање на одреден економски оператор кој е подолго време на осигурителниот пазар и има позитивен финансиски резултат. Врз основа на вака изготвената тендетска документација на Министерството за правда посочуваме дека договорниот орган дискримитаторски постапи во наводите во тендерската документација. Па поради тоа договорниот орган не треба да поставува дискриминаторски услов кој се однесува на позитивен финансиски резултат во последната година, со што доведува до фаворизирање на одреден економски оператор, кој е подолго време на осигурителниот пазар. Имено, посочуваме дека во конкретниот случај доказ дека и покрај негативниот финансиски резултат економскиот оператор КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје е способен за исплата на штети битен услов е имањето на реосигурително покритие А- и основната главнина на друштвото изнесува 5.250.000 евра, што е над законски предвидениот од 3.000.000 евра за осигурителните Друштва. Праксата покажува дека е голем бројот на неправилности кои се јавуваат при изработка на тендерските документации, при што се фаворизираат одредени понудувачи со што се наштетува на конкуренцијата и се дава предност на

Page 20: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

одредени економски оператори, односно на оние осигурителни компании кои подолго време се на осигурителниот пазар.

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган наведува дека со

Одлука за набавка 03-2278/1 од 17.06.2014 година е започната постапка со Барање за прибирање на понуди за набавка на услуга за осигурување на имот и возила во сопственост на Министерство за правда. По донесување на одлуката изработена била тендерска документација со број 03-2278/2 од 17.06.2014 година односно 03-2278/6 од 03.07.2014 година. Незадоволен од критериумите наведени во Тендерската документација жалба изјавил сега жалителот. Договорниот орган смета дека неосновани се наводите во жалбата дека Тендерската документација број 03-2278/2 од 17.06.2014 година, односно 03-2278/6 од 03.07.2014 година по оглас 15/2014 содржи неосновани, нетранспарентни и дискриминирачки услови спротивни на одредбите на Законот за јавните набавки. Жалителот во жалбата навел дека во конкретниот случај во тендерската документација се поставени дискриминаторски услови во точката 83, економска и финансиска состојба каде како критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на понудувачот се бара: економскиот оператор да остварил позитивен финансиски резултат во последната година. Жалителот исто така во жалбата навел дека Министерството за правда постапува дискриминаторски, со тоа што поставува услов за остварен позитивен финансиски резултат и врши селекција на економските оператори уште од самиот почеток на објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка. Имено, Министерство за правда пред да го објави огласот за Набавка на услуга за осигурување на градежни објекти на Министерство за правда на ул. „Никола Вапцаров" бр.7 и на ул.„Димитрие Чуповски“ бр.9, како и целокупната опрема во објектите на Министерство за правда во Скопје на ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15 и на ул. „Никола Вапцаров“ бр.7 Скопје според спецификација како и осигурување на автомобили во сопственост на Министерство за правда согласно член 36-а став 2 алинеја 2 се обрати до Советот за јавни набавки за добивање на согласност за спроведување на набавката согласно наведените критериуми во Тендерската документација. Со барањето за добивање на согласност бр.ОЗ- 2278/4 од 17.06.2014 година и Извештајот за потребата од обезбедување на согласност бр.03-2278/3 од 17.06.2014, Министерството за правда јасно наведува под кои критериуми се бара согласноста. Во Извештајот кој е доставен до Советот за јавни набавки Комисијата за јавни набавки бара да се потврди дали наведените критериуми за утврдување на способноста, се дефинирани на начин што нема да предизвикаат дискриминација помеѓу производителите/економските оператори кои се занимаваат со бараната област. Врз основа на добиената согласност од Советот за јавни набавки - Решение бр.16-569/4 од 30.06.2014 година, Комисијата за јавни набавки на Министерство за правда го објави

Page 21: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

7

огласот бр.15/2014. Согласно погоре наведеното напоменува дека Министерство за правда не постапува дискриминаторски, со тоа што поставува услов за остварен позитивен финансиски резултат и не врши селекција на економските оператори уште од самиот почеток на објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка. Исто така напоменува дека Советот за јавни набавки донесе Решение бр.16-569/4 од 30.06.2014 година со кое Решение се дава согласност за спроведување на набавката. Имено во истото Решение на страна 2 Советот јасно укажал дека предвидените критериуми за утврдување на способноста на економските оператори се пропорционални и директно поврзани со предметот на набавката, при што истите не би можеле да доведат до нееднаков третман и дискриминација на економските оператори и да придонесат за нарушување на конкуренцијата на пазарот. Имено, договорниот орган укажува дека комисијата за јавни набавки постапила согласно Законот за јавните набвки и не постапила дискриминирачки и не фаворизирала ниту еден економски оператор, туку напротив при изготвувањето на тендерската документација определил критериуми кои може секој економски оператор да ги исполнува, односно позитивниот финансиски резултат заначи и добро работење на пазарот кое е од битно значење за договорниот орган како едно битно Министерство. Воедно, Министерството за правда напоменува дека Комисијата за јавни набавки не сторила суштествена повреда на постапката, не ја утврдила погрешно фактичката состојба, поради што изнесените наводи во жалбата се неосновани, погрешни и се раководени од економските интереси на жалителот и истите немаат никаква поткрепа во одредбите на Законот за јавните набавки и тендерската документација, односно договорниот орган се раководи согласно правилата определени во тендерската документација и одредбите од Законот за јавните набавки. Имаќи го предвид сето напред наведено, договорниот орган бара од Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а

врз основа на доказите во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, најде дека жалбата е неоснована.

Имено, согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон

особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“.

Page 22: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

8

Во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е наведено: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во Точка 24 е наведено: „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“.

Согласно со член 32 став (1) од Законот за јавните набавки:

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка“.

Согласно член 100 став (1) од Законот за јавните набавки: „Договорниот орган може да спроведе постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас во ЕСЈН кога проценетата вредност на договорот за јавна набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ. (2) При спроведување на постапка со барање за прибирање на понуди, соодветно се применуваат одредбите од овој закон, освен ако во овој дел поинаку не е уредено“.

Во член 101 став (1) од Законот за јавните набавки е предводено: „Во постапката со барање за прибирање на понуди договорниот орган изготвува поедноставена тендерска документација која задолжително содржи технички спецификации на предметот на договорот за јавна набавка и информации за начинот на подготовка и рокот за поднесување на понудите“.

Согласно член 102 став (1) од Законот за јавните набавки: „Во постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка е до 5.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, не се спроведува јавно отворање на понудите. (2) Договорниот орган во постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка е до 5.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, ја утврдува единствено способноста за вршење професионална дејност на економските оператори. (3) Во постапката со барање за прибирање на понуди каде што

Page 23: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

9

проценетата вредност на договорот за јавна набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, се спроведува јавно отворање на понудите, при што соодветно се применуваат одредбите од Главата VII Дел 1 оддели 2, 3 и 4 од овој закон“. (4) Во постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, економските оператори својата лична состојба ја потврдуваат со поднесување на изјава. (5) Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен до комисијата за јавна набавка да ги достави документите за потврдување на неговата лична состојба, дефинирани во поедноставената тендерска документација. (6) Комисијата за јавна набавка прифаќа документи за утврдување на личната состојба од ставот (5) на овој член кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. (7) Ако економскиот оператор не ги достави документите од ставот (5) на овој член во рокот утврден од страна на комисијата за јавна набавка, или истите се невалидни или несоодветни за утврдување на личната состојба, комисијата за јавна набавка го поканува наредниот рангиран економски оператор или дава предлог за поништување на постапката. (8) Во постапката со барање за прибирање на понуди не се дозволени алтернативни понуди“.

Согласно член 210 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: -постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови (2) и (3) на овој закон, -постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без да се спроведе технички дијалог во случаите каде што неговото спроведување е задолжително согласно со овој закон, -тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, -не е постапено согласно со член 54 став (2) од овој закон, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на понудите, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, -не е постапено согласно со членот 140 ставови (11) и (12) од овој закон, -не е постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од овој закон, -е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително

Page 24: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

10

согласно со овој закон, -не е постапено согласно со решението на Државната комисија, -е извршен избор на понуда која не е најповолна и -е извршен избор на неприфатлива понуда“.

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката

за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон“.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност врз основа на член 211 од Законот за јавните набавки, утврди дека се неосновани жалбените наводи на жалителот за тоа дека содржината и дејствијата поврзани со тендерската документација биле такви што предизвикале дискриминација и нееднаков третман на економските оператори при спроведувањето на постапката.

За Државната комисија се неосновани тврдењата на жалителот дека

условот во Точка 8.3 Економска и финансиска состојба од Тендерската документација, во која се бара „-економскиот оператор да остварил позитивен финансиски резултат во последната година“, е дискриминаторен и доведува до нееднаков третман на економски оператори. Ваквиот услов е оставен како можност на договорниот орган да го бара и се разбира дека притоа треба да има предвид дали така поставениот услов ќе овозможи доволна конкуренција. Дека тоа во конкретниот случај не предизвикувало дискриминаторни ефект е потврдено и од страна на Советот за јавни набавки, кој во неговото решение се произнел по конкретните поставени улови за способност во предметната јавна набавка.

Договорниот орган при постапувањето во спроведувањето на

конкретната јавна набавка се придржувал до законските и до одредбите наведени во тендерската документација.

Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно

член 211 од Законот за јавните набавки, проверувајќи ги писмените докази од спроведената постапката за доделување договор за јавна набавка, не најде сторена битна повреда на постапката за доделување договор за јавна набавка од член 210 од Законот за јавните набавки.

Со оглед на фактот што жалителот не успал во спорот, Државната

комисија одлучи да не му ги надомести трошоците на жалбената постапка, согласно член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Page 25: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

11

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.07-398/7 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива, - Министерство за правда ул. Јуриј Гагарин бр.15 Скопје - „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје ул. Св.Кирил и Методиј бр.20 Скопје

Page 26: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Томо Томовски – член и Елита Шуки – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „СГС БЕЛГРАД“ ДОО Србија, наш број 07-402/1 од 25.07.2014 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.09-592/16 од 23.07.2014 година изготвена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.05/2014 за набавка на услуги – сертификација на стандардот ИСО 9001-2008 на договорниот орган ЈЗУ Клиника за хематологија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „СГС БЕЛГРАД“ ДОО Србија, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.09-592/16 од 23.07.2014 година изготвена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.05/2014 за набавка на услуги – сертификација на стандардот ИСО 9001-2008 на договорниот орган ЈЗУ Клиника за хематологија, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „СГС БЕЛГРАД“ ДОО Србија, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.09-592/16 од 23.07.2014 година изготвена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.05/2014 за набавка на услуги – сертификација на стандардот ИСО 9001-2008 на договорниот орган ЈЗУ Клиника за хематологија, во која наведува дека договорниот орган сторил повреда на член 162 од Законот за јавните набавки, па предлага да се поништи целокупната постапка за доделување на договор за јавна набавка.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган наведува дека

жалбените наводи на жалителот се неосновани, смета дека постапката била водена согласно Законот за јавните набавки и предлага жалбата да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на

Page 27: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од отворање на понудите, извештајот од спроведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, и другите докази во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел јавна набавка со постапка со Барање за

прибирање на понуди со објава на Оглас бр.05/2014 за набавка на услуги – сертификација на стандардот ИСО 9001-2008, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.09-592/1 од 23.06.2014 година. Договорниот орган во огласот и тендерската документација предвидел критериум за избор најниска цена, деллива постапка на три дела, а било предвидено да заврши со електронска аукција. Од економските оператори било побарано да достават изјава за независна понуда и изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување 14.07.2014 година во 13:00 часот, пристигнале пет понуди и тоа: „МКС“ ДОО Скопје, „СГС БЕЛГРАД“ ДОО Србија, „ЕВРО ПАРТНЕР КОНСАЛТИНГ“ Скопје, „ТУВ ГРУП“ ДООЕЛ Скопје и „АМ ЦЕРТ“ ДООЕЛ Скопје. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди при што оценила дека сите пет понуди се прифатливи и ги поканила на електронска аукција која била закажана и одржана на ден 21.07.2014 година ОД 10:30:00 до 12:03:00 часот. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган по завршената електронска аукција изготвила Извештај од спроведената постапка бр.09-592/14 од 21.07.2014 година со предлог до одговорното лице на договорниот орган како најповолна да се избере понудата на економскиот оператор „АМ ЦЕРТ“ Скопје, кој предлог бил прифатен и донесена сега оспорената Одлука за избор на најповолна понуда бр.09-592/16 од 23.07.2014 година. Незадоволен од Одлуката, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави економскиот оператор „СГС БЕЛГРАД“ ДОО Србија.

Page 28: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган сторил повреда на член 162 од Законот за јавните набавки каде е пропишано оценувањето на понудите да се врши исклучиво врз база на исполнетост на пропишаните критериумите во тендерска документација. Во спроведена постапка за набавка на услуга за избор на фирма за водење на постапка за сертификација на IЅО 9001-2008, жалителот смета дека се направени низа пропусти. Имено, согласно тендерската документација, за докажување на техничка и професионална способност понудувачот треба да докаже дека е овластен (акредитиран) за процесот на сертификација на IЅО 9001:2008 и да приложи валидна акредитација од Институтот за акредитација на Република Македонија или од Меѓународно акредитирано сертификационо тело. Понудувачот АМ ЦЕРТ ДООЕЛ Скопје, во опфатот на својата акредитација го нема кодот за сертификација во здравствениот сектор и како таков воопшто не може да ја испорача услугата која е предмет на набавката што е видно од јавниот документ објавен на сајтот на Институтот за Акредитација на Република Македонија. Жалителот истакнува дека набавката не може да биде деллива, односно за овој вид на набавка не може да има здружување на два економски оператори, бидејќи акредитацијата се дава само на еден правен субјект и сертификатот за акредитација не е пренослив на друг правен субјект. Наведената информација може да се добие од ИАРМ. Тоа значи дека избраниот понудувач не смее да настапува со друг економски оператор. Комисијата за јавни набавки и покрај тоа што понудувачот „АМ ЦЕРТ“ ДООЕЛ Скопје не можел да достави валиден доказ за акредитација со соодветниот код за здравство (основен предуслов за извршување на услугата), го поканил на е-аукција, со што ги довел во заблуда останатите понудувачи. По спроведената аукција до посоченото контакт лице од тендерската документација на ден 22.07.2014 е испратен мејл (Прилог 4) во кој се наведува дека понудувачот „АМ ЦЕРТ“ ДООЕЛ Скопје не ги исполнува условите за техничка и професионална способност, меѓутоа и покрај тоа на ден 23.07.2014 е донесена оспорената Одлука за избор. Избраниот понудувач потпишал Изјава за сериозност на понудата, иако бил свесен дека не ги исполнува условите за техничка и професионална способност, со што го прекршил член 47 став 6 од Законот за јавните набавки и што треба да доведе до издавање негативна референца од страна на договорниот орган против понудувачот. Со оглед на наведеното, жалителот предлага да се поништи постапката за јавна набавка.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека на денот на отворањето на понудите, Комисијата за јавни набавки констатирала дека има доставено пет понуди и дека сите ги исполнуваат условите барани

Page 29: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

во тендерската документација. На ден 18.07.2014 година била спроведена електронска аукција на која аукција најниска цена понудил понудувачот „АМ ЦЕРТ“ ДООЕЛ Скопје и била донесена сега оспорената Одлука за избор. Договорниот орган смета дека жалбените наводи на жалителот се неосновани бидејќи, по спроведена постапка со барање за прибирање на понуди по објавен Оглас бр.05/2014, договорниот орган во основни и задолжителни услови кои се бараат од понудувачот за докажување на техничка и професионална способност ги побарал и навел следните: 1. Понудувачот треба да е овластен (акредитиран) за процесот на сертификација на IЅО 9001:2008 и да приложи валидна акредитација од Институтот за акредитација на Република Македонија или од Меѓународно акредитирано сертифицирано тело; 2. Најмалку 5 (пет) водечки проверувачи да имаат меѓународно признат Сертификат за успешно завршен курс за водечки проверувачи и 3. Да има сертифицирано најмалку 5 правни лица во Република Македонија, од кои најмалку 2 (два) субјекти во јавниот сектор, согласно со IЅО 9001:2008. Понудувачот „АМ ЦЕРТ“ ДООЕЛ Скопје наведените барани основни и задолжителни услови ги докажал со следните документи кои биле во прилог на понудата: 1. Сертификат за акредитација бр.СТ-006 од 30 октомври 2013 година со важност до 29 октомври 2017 година, 2. Изјава бр.07-761 од 14.07.2014 година со која МКД Сертификат сертификационо тело при „АМ ЦЕРТ“ ДООЕЛ Скопје изјавува дека за реализирање на сертификациските услуги располага со 6 (шест) водечки проверувачи и дека истиот кадар е соодветно стручен и квалификуван за извршување на услугите и 3. Изјава дека има сертифицирано вкупно 14 државни, приватни и јавни установи, а од 2013 година откога поседува акредитација бр.СТ-006 издадена од Институтот за акредитација на Република Македонија за исполнување на барањата на стандардот МКС ЕN IЅО/IЕС 17021:2011 со акредитиран опсег: сертификација на системи за менаџмент со квалитет согласно IЅО 9001:2008 има сертифицирано 7 органи на државната служба и приватни компании и една во фаза на реализација. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган, при евалуацијата на доставената понуда од страна на економскиот оператор - „АМ ЦЕРТ“ ДООЕЛ Скопје утврди дека истиот ги има доставено сите документи барани во тендерската документација со кои се потврдува дека понудувачот ги исполнува условите за докажување на техничка и професионална способност. Договорниот орган смета дека не е направен никаков пропуст од страна на Комисијата како што има наведено подносителот на жалбата, бидејќи на Комисијата за јавни набавки и беше од важност дека понудувачот има доставено Изјава за сериозност на понудата со која гарантира дека понудата е валидна и правно обврзувачка за него, што значи дека истиот гарантира дека ги исполнува условите и ќе издаде валиден сертификат на договорниот орган за IЅО 9001:2008. Доколку самиот понудувач знаел дека не поседува акредитација, односно дека за сертификација на договорниот

Page 30: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

орган е потребен соодветен код за здравство и нема акредитација за кодот за здравствени установи и не може да издаде валиден сертификат како што се наведува и во поднесената жалба, тогаш истиот има направено прекршување на Изјавата за сериозност согласно точка 9.2 од тендерската документација и член 47 став 6 од Законот за јавните набавки, што треба да доведе до издавање на негативна референца. Договорниот орган смета дека по извршена евалуација како и спроведена електронска аукција и постигната најниска цена донел правилна и законита одлука, па предлага жалбата да се одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Имено, во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено: 24.„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“. Точка 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Согласно со член 32 став (1) од Законот за јавните набавки: „Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набвка“.

Во член 101 од Законот за јавните набавки е предвидено: „Во постапката со барање за прибирање на понуди договорниот орган изготвува поедноставена тендерска документација која задолжително содржи технички спецификации на предметот на договорот за јавна набавка и информации за начинот на подготовка и рокот за поднесување на понудите“.

Согласно член 102 став (1) од Законот за јавните набавки: „Во постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка е до 5.000 евра во денарска

Page 31: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

противвредност, без вклучен ДДВ, не се спроведува јавно отворање на понудите. (2) Договорниот орган во постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка е до 5.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, ја утврдува единствено способноста за вршење професионална дејност на економските оператори. (3) Во постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, се спроведува јавно отворање на понудите, при што соодветно се применуваат одредбите од Главата VII Дел 1 оддели 2, 3 и 4 од овој закон. (4) Во постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, економските оператори својата лична состојба ја потврдуваат со поднесување на изјава. (5) Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда, економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен до комисијата за јавна набавка да ги достави документите за потврдување на неговата лична состојба, дефинирани во поедноставената тендерска документација. (6) Комисијата за јавна набавка прифаќа документи за утврдување на личната состојба од ставот (5) на овој член кои се издадени и по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. (7) Ако економскиот оператор не ги достави документите од ставот (5) на овој член во рокот утврден од страна на комисијата за јавна набавка, или истите се невалидни или несоодветни за утврдување на личната состојба, комисијата за јавна набавка го поканува наредниот рангиран економски оператор или дава предлог за поништување на постапката. (8) Во постапката со барање за прибирање на понуди не се дозволени алтернативни понуди“.

Согласно со член 124 од Законот за јавните набавки, ако договорниот орган користи електронска аукција, должен е во тендерската документација да ги вклучи: - делот на понудата кој ќе биде предмет на електронска аукција, под услов истиот да може да се определи и изрази во бројки или проценти; - ограничувањата на вредноста до кои може да се подобрува делот од ставот (1) алинеја 1 на овој член, во согласност со техничките спецификации на предметот на договорот; - информациите кои ќе им бидат достапни на понудувачите во текот на електронската аукција и кога овие информации ќе им бидат достапни; - соодветни информации за спроведувањето на електронска аукција, и - условите под кои понудувачите ќе можат да наддаваат, а особено минималните разлики кои се дозволени во процесот на негативно наддавање, доколку е потребно.

Page 32: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

7

Согласно со член 125 став (1), (2), (3), (4) и (5) од Законот за јавните набавки: (1) „Пред да започне со електронска аукција договорниот орган врши целосна евалуација на способноста и на првичните понуди на понудувачите согласно со условите и критериумите од тендерската документација“. (2) „Договорниот орган ги поканува сите понудувачи кои поднеле прифатливи понуди да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција. Поканата истовремено се доставува до сите понудувачи по електронски пат“. (3) „Во поканата се наведува датумот и времето на започнување на аукцијата, начинот на спроведување на аукцијата, како и сите потребни информации за поврзување со електронските средства што се користат“. (4) „Ако критериумот за доделување на договорот е економски најповолна понуда, во поканата се наведува и исходот од целосната евалуација на соодветната првична понуда на понудувачот до кој се испраќа поканата“. (5) „Електронското негативно наддавање може да започне најрано два дена од датумот на кој се испратени поканите за учество на електронската аукција“.

Согласно член 125-а од Законот за јавните набавки: „(1) Во случај кога е поднесена само една понуда или има само една прифатлива понуда, договорниот орган задолжително го поканува единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. (2) Во случаите од став (1) на овој член, поканата до единствениот понудувач особено содржи: - идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, - информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и - времето на поднесување на конечната цена кое не може да биде порано од 48 часа од испраќањето на поканата. (3) Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време од став (2) алинеја 3 од овој член само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена првично понудената цена ќе се смета за конечна“.

Согласно член 210 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: -постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови (2) и (3) на овој закон, -постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без да се спроведе технички дијалог во случаите каде што неговото спроведување е задолжително согласно со овој закон, -тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, -не е постапено согласно со член 54 став (2) од овој закон, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на понудите, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, -не

Page 33: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

8

е постапено согласно со членот 140 ставови (11) и (12) од овој закон, -не е постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од овој закон, -е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително согласно со овој закон, -не е постапено согласно со решението на Државната комисија, -е извршен избор на понуда која не е најповолна и -е извршен избор на неприфатлива понуда“.

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон“. Државната комисија од приложената документација во предметот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на жалителот е неоснована, односно дека договорниот орган направил правилна евалуација при што најповолна понуда избрал согласно условите и критериум наведени во тендерската документација. Имено, во Точка 7.5 Техничка и професионална способност, како критериум за утврдување на техничката и професионална способност биле наведени: алинеја 1. Понудувачот треба да е овластен (акредитиран) за процесот на сертификација на IЅО 9001:2008 и да приложи валидна акредитација од Институтот за акредитација на Република Македонија или од Меѓународно акредитирано сертифицирано тело; алинеја 2. Најмалку 5 (пет) водечки проверувачи да имаат меѓународно признат Сертификат за успешно завршен курс за водечки проверувачи, и алинеја 3. Да има сертифицирано најмалку 5 правни лица во Република Македонија, од кои најмалку 2 (два) субјекти во јавниот сектор, согласно со IЅО 9001:2008. Видно од Извештајот од спроведената постапка и од понудата на избраниот економскиот оператор, истиот ги исполнува баранаите услови за способност наведени во тендерската документација. Според тоа, Државната комисија смета дека договорниот орган постапувал согласно Законот за јавните набавки и одредбите на тендерската документација при евалуација на понудите, а воедно и се придржувал до законските одреди кои се однесуваат на спорведувањето на е-Аукцијата како последна фаза од јавната набавка. Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, проверувајќи ги писмените докази од спроведената постапката за доделување договор за јавна набавка, не најде

Page 34: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

9

сторена битна повреда на постапката за доделување договор за јавна набавка од член 210 од Законот за јавните набавки. Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка, трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат надоместени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.07-402/7 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива, - ЈЗУУ Клиника за хематологија Скопје ул. Мајка Тереза бр.17 Скопје - „МАККОНТРОЛ“ ДОО Скопје ул. 29 Ноември бр.66 Скопје

Page 35: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „МАРЈАН-С“ ДОО Струмица, наш број 08-353/2 од 26.06.2014 година, изјавена против дејствија и пропуштање за превземање на дејствија по Огласот за доделување договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.07/2014 за набавка на стоки – Погребна опрема на договорниот орган – ЈПКД Комуналец – Струмица, врз основа на член 220 став 1, алинеја 3 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013 бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „МАРЈАН-С“ ДОО Струмица, изјавена против дејствија и пропуштање за превземање на дејствија по Огласот за доделување договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.07/2014 за набавка на стоки – Погребна опрема на договорниот орган ЈПКД Комуналец – Струмица, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор – „МАРЈАН-С“ ДОО Струмица, изјавил жалба против дејствија и пропуштање за превземање на дејствија по Огласот за доделување договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.07/2014 за набавка на стоки – Погребна опрема на договорниот орган ЈПКД Комуналец – Струмица, бидејќи договорниот орган се уште не пристапил кон потпишување на договорот за јавна набавка согласно доставеното Известување и донесената Одлука за избор на најповолен понудувач бр.02-3586/16 од 13.06.2014 година.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека жалбените наводи се неосновани, бидејќи рокот на важноста на понудата изнесувал 90 дена и истиот се уште траел, односно истекувал на 09.08.2014 година, поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја одбие жалбата како неоснована.

Page 36: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржа седница и при разгледувањето и испитувањето на жалбата и образложението на жалбените наводи, одговорот на жалбата доставен од страна на договорниот орган, како и сите списи во конкретниот предмет, согласно член 220 став 1, алинеја 3, а во врска со член 216 став 2 од Законот за јавните набавки најде дека:

Жалбата е изјавена од овластен подносител. Жалбата е недозволена.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, разгледувајќи ја жалбата, утврди дека истата е недозволена, бидејќи е изјавена спротивно на член 216 став 2 од Законот за јавните набавки во кој е наведено дека: (2) „Жалбата се изјавува во рок од осум дена односно три дена кај постапката со барање за прибирање на понуди од денот на: - приемот на записникот од спроведениот технички дијалог, во однос на дејствијата или пропуштањето за преземање дејствија поврзани со спроведување на техничкиот дијалог, - објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот, - отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите, - истекот на рокот за донесување одлука за избор или за поништување на постапката согласно со членот 162 став (2) од овој закон во однос на пропуштањето за донесување на одлука за избор или за поништување на постапката во соодветниот рок, - приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на договор за јавна набавка, во однос на утврдувањето на способноста на пријавите за учество или евалуацијата на понудите и одлуката или - сознанијата за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на спроведената постапка“.

Имено, жалителот изјавил жалба против дејствија и пропуштање за превземање на дејствија по Огласот за доделување договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.07/2014 за набавка на стоки – Погребна опрема на договорниот орган ЈПКД Комуналец – Струмица. Со оглед на фактот што во Законот за јавните набавки не е предвидена можност, како и рокови во кои економските оператори би поднеле жалба поради непотпишување на договор, а во конкретниот случај рокот на важноста на понудите се уште не е изминат, Државната комисија за жалби по јавни набавки констатира дека жалбата е недозволена.

Page 37: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

Согласно член 165 став 1 од Законот за јавните набавки: „Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рокот на важност на понудата“.

Согласно член 220 став (1) алинеја 3 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за правна заштита, Државната комисија може да ја отфрли жалбата заради ненадлежност, недозволеност, неуреденост, ненавременост, поради тоа што е изјавена од неовластени лица и во случај на неисполнување на обврската од членот 212 став 2 на овој закон“.

Поради тоа што Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека изјавената жалба е недозволена, воопшто не се впушти во оценување на фактичката состојба и примената на материјалното право. Од причини погоре изложени, се донесе решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.08-353/6 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива; - ЈПКД Комуналец - Струмица ул.„ 24-ти Октомври,“ бр.2, Струмица - „МАРЈАН -С“ ДОО Струмица ул. „Гоце Делчев“ бб Струмица

Page 38: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија, Р.Бугарија, поднесена преку полномошник Адвокатско друштво „Интер Партес“ Скопје, наш број 07-395/1 од 23.07.2014 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.17-3728/20 од 18.07.2014 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.20/2014 за набавка на стоки – Набавка и монтажа на два системи за безбедност - безбедносни скенери со метал детекторски врати во објектот на Влада на Република Македонија на договорниот орган – Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 и став 3 и 4 и член 228 став 2 и 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013 бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија, Р.Бугарија, изјавена преку полномошник Адвокатско друштво „Интер Партес“ Скопје, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.17-3728/20 од 18.07.2014 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.20/2014 за набавка на стоки – Набавка и монтажа на два системи за безбедност - безбедносни скенери со метал детекторски врати во објектот на Влада на Република Македонија на договорниот орган Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.17-3728/20 од 18.07.2014 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.20/2014 за набавка на стоки – Набавка и монтажа на два системи за безбедност - безбедносни скенери со метал детекторски врати во објектот на Влада на Република Македонија на договорниот орган Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. 3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.20/2014 за набавка на стоки – Набавка и монтажа на два системи за безбедност - безбедносни скенери со метал детекторски врати во објектот на Влада на Република

Page 39: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Македонија на договорниот орган Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

4. Се задолжува договорниот орган на жалителот, да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапката во висина од 12.400,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комсија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија, Р.Бугарија, преку полномошник Адвокатско друштво „Интер Партес“ Скопје изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.17-3728/20 од 18.07.2014 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.20/2014 за набавка на стоки – Набавка и монтажа на два системи за безбедност - безбедносни скенери со метал детекторски врати во објектот на Влада на Република Македонија на договорниот орган Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, во која наведува дека во постапката за доделување на договорот за јавна набавка биле сторени битни повреди на Законот за јавните набавки, кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, односно неговата понуда била неосновано отфрлена како неприфатлива, како и на дејствија и пропуштање на превземање на дејствија поврзани со отворањето на понудите, што довело до избор на понуда која не била најповолна, поради што предлага на Државната комисија жалбата да ја уважи, да ја укине оспорената одлука за избор на најповолен понудувач и да му наложи на договорниот орган да ги превземе дејствијата кој ги пропуштил или да ја поништи целокупната постапка согласно Законот за јавните набавки. Жалителот „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија, Р.Бугарија, по извршениот увид во документацијата од спроведената постапка доставена во Државната комисија, достави Дополнување на жалба наш број 07-395/4 од 05.08.2014 година, во кое во основа ги повторува жалбените наводи изнесени во жалбата и наведува дека покрај другите неправилности, изготвената техничка спецификација била дискриминаторна и со цел да се ограничи

Page 40: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

конкуренцијата, а понудата на избраниот понудувач не соодветствувала во целост со барањата во истата.

Во писмениот одговор на жалбата бр.15-3757/45 од 14.07.2014 година и одговорот на дополнението на жалбата бр.17-3729/26 од 05.08.2014 година, договорниот орган Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бара жалбата да се отфрли како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлука за јавна набавка, тендерската документација, записникот за отворањето на понудите, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став 1 алинеја 7 од Законот за јавни набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Со Одлука за јавна набавка бр.17-3729/2 од 20.06.2014 година на договорниот орган утврдена е потреба за доделување на договор за јавна набавка која е изготвена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.20/2014 за набавка на стоки – Набавка и монтажа на два системи за безбедност - безбедносни скенери со метал детекторски врати во објектот на Влада на Република Македонија на договорниот орган Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија. Постапката не била делива, истата се спроведувала во хартиена форма, а требало да заврши со е-аукција како последна фаза од постапката. Како критериум во постапката за доделување на договор за јавна набавка било предвидено да биде најниска цена, а во огласот и тендерската документација од понудувачите биле побарани Изјава за независна понуда, како и 2% Гаранција на понудата и 5% Гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Page 41: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

До крајниот рок за поднесување на понудите 14.07.2014 година определен во објавениот оглас, до договорниот орган понуди доставиле 2 (два) економски оператори „АРКТЕК“ДООЕЛ Скопје и „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија, за што од страна на Комисијата за јавни набавки на договорниот орган составен е Записник од отворањето на понудите бр.17-3729/2 од 14.07.2014 година во 10:00 часот. Комисијата за јавни набавки извршила евалуација на пристигнатите понуди и утврдила дека понудата на жалителот била неприфатлива и како таква била отфрлена и исклучена од учевство во понатамошната постапка, додека единствената преостаната понуда на понудувачот „АРКТЕК“ДООЕЛ Скопје била оценета за прифатлива и истиот бил поканет да достави конечна цена преку ЕСЈН. По доставената конечна цена Комисијата за јавни набавки со Извештај од спроведената постапка бр.17-3729/19 од 15.07.2014 година, до одговорното лице кај договорниот орган доставила предлог за избор на најповолна понуда, кој предлог бил прифатен и била донесена сега оспорената одлука за избор на најповолна понуда бр.17-3728/20 од 18.07.2014 година. Незадоволен од донесената одлука за избор на најповолна понуда, жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија

за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека незадоволен од донесената одлука за избор на најповолен понудувач ја поднел жалбата против истата, како и поради пропуштање на превземање на дејствија во постапката со што смета дека договорниот орган сторил суштествени повреди од Законот за јавните набавки кога неговата понудата ја отфрлил како неприфатлива. Имено, жалителот наведува дека договорниот орган иако со електронско известување на ден 14 јули 2014 во 13:18 часот го информирал жалителот дека го поканува да учестува на закажаната е-Аукција, со исто такво електронско известување од 14 јули 2014 испратено во 13:59 часот, без никакво образложение за причините за таквото дејствие го информирал дека ја поништува аукцијата за предметната јавна набавка по оглас 20/2014, од причина што поканата за учество на аукцијата која била испратена 41 минута претходно не била важечка. Договорниот орган ја огласил поканата за учество на аукцијата на економскиот оператор „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија за неважечка иако стоката понудена во неговата понуда обезбедувала исполнување на функционалните карактеристики на предметот на јавната набавка во согласност со македонскиот стандард кој бил во согласност со европските стандарди и со европско техничко одобрение (европски технички атест) и меѓународниот стандард како и со други технички референтни системи воспоставени од страна на европски тела за стандардизација. Според жалителот, како последица на наведеното постапување и со

Page 42: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

стореното пропуштање во постапувањето да му одговори на прашањата на економскиот оператор „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија, поставени согласно член 39 од Законот за јавните набавки, договорниот орган извршил избор на понудата на друг понудувач, која не била најповолна и не била прифатлива, односно донел Одлука за избор на најповолна понуда која произлегувала врз основа на сторена битна повреда на постапката предвидена во член 210 од Законот за јавните набавки, која довела до дискриминација на економскиот оператор „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија и од која произлегувало ограничување на вистинската пазарна конкуренција, обезбедена со Законот за јавните набавки. Понатаму, жалителот наведува дека согласно член 39 од Законот за јавните набавки, со електронско писмо од 08 јули 2014 на договорниот орган благовремено му поставил писмени прашања на електронската пошта [email protected], наведена во тендерската документација, на кои договорниот орган не дал никаков одговор. На тој начин според жалителот, била сторена битна повреда на постапката предвидена во член 210 од Законот за јавните набавки, бидејќи непостапувањето на договорниот орган по поставените прашања од економскиот оператор, довело до негова дискриминација со што било извршено ограничување на вистинската пазарна конкуренција, обезбедена со член 2, член 15, член 34, член 36 и член 39 од Законот за јавните набавки што навлегувало и во сферата предвидена со член 232-а, од истиот закон. Како последица на стореното пропуштање во постапувањето на договорниот орган, спротивно на законот и надвор од условите на Отворената постапка бр.20/2014 која требало да се спроведе во хартиена форма и да заврши со е-Аукција со најниска цена како критериум за доделување на договорот, договорниот орган со писмо од 18.07.2014 година го известил жалителот дека неговата понуда не ги исполнувала условите според техничката спецификација и дека извршил избор на најповолна и прифатлива понуда на друг понудувач за што донел соодветна Одлука за избор на најповолна понуда. Жалителот смета дека со така донесената одлука, односно со одлуката за отфрлање на неговата понуда договорниот орган сторил повреда на член 34 од Законот за јавните набавки од причина што пред да ја отфрли понудата не ги испитал и не ги образложил причини зошто е отфрлена понудата, која според жалителот ги задоволувала на соодветен начин сите барања на договорниот орган. Исто така и од самиот факт што била останата само една понуда која договорниот орган ја одбрал за најповолна, било доведено во прашање исполнувањето на член 36 од Законот за јавните набавки и обезбедувањето на конкуренција во изборот на понудувачи при трошење на јавните средства, како и исполнување на начелата и целите посебно дефинирани во членот 2 од истиот закон. Од сето погоре наведеното жалителот предлага на Државната комисија, жалбата да ја уважи, да ја укине оспорената одлука за избор на најповолен понудувач и да му наложи на

Page 43: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

договорниот орган да ги превземе дејствијата кој ги пропуштил или да ја поништи целокупната постапка согласно Законот за јавните набавки. Во Дополнувањето на жалбата, жалителот „ДАНЛЕКС“ ДООЕЛ Софија, во основа ги повторува жалбените наводи изнесени во жалбата и наведува дека покрај другите неправилности, изготвената техничка спецификација била дискриминаторна, односно од наведеното во истата по однос на позицијата 1 која се однесувала на димензиите на тунелската просторност за багаж и позицијата 2 која се однесувала за димензиите на опремата, можело да се заклучи дека со наведените параметри во техничката спецификација договорниот орган имал единствена цел да ја ограничи конкуренцијата, а со крајна цел понудите да водат до еден производител. Исто така, жалителот наведува дека постоело несовпаѓање на понудата на избраниот понудувач со техничката спецификација на договорниот орган. Според жалителот, видно од проспектот во понудата на „АРКТЕК“ за позицијата 1, предложениот скенер не ги покривал барањата на спецификацијата. Имено, во техничката спецификација била барана минимална осетливост од 42 AWG (Arrayed-Waveguide Grating), без да се прецизира дали тоа е бројка со која се барала загарантирана или типична осетливост. Видно од проспектот приложен од „Арктек“ загарантираната осетливост изнесувала 40 AWG. Жалителот нагласува дека проспектот приложен од „Арктек“ не бил достапен на сајтот на производителот, а според достапниот официјален проспект, загарантираната осетливост на овој производ изнесувала 38 AWG, а типичната осетливост била 40 AWG. Исто така, согласно техничката спецификација била барана минимална продорност на челик од 30 мм, а согласно проспектот претставен од „Арктек“, загарантираната продорност на челик (стандард) бил 35 мм и типичната продорност била загарантирана 40 мм. Согласно расположивиот официјален проспект на производителот, 37 мм била загарантирана (стандард) и 39 мм била типична продорност. Понатаму, во техничката спецификација бил баран вграден генератор со напон минимум 160 kV, а согласно проспектот претставен од „Арктек“ вградениот генератор оперирал со напон од 148 kV, додека според достапниот официјален проспект на производителот, системот оперирал со 150 kV. Според жалителот, наведената анализа упатувала на прашањето дали воопшто постоел скенерот предложен и избран од „Арктек“ со параметрите од техничкиот проспект, приложен во нивната понуда или пак техничкиот проспект бил изменет за да одговори само формално и документирано на дел од барањата наведени во спецификацијата. Несовпаѓање на понудата на „Арктек“ со техничката спецификација имало и во однос на точката 2.5.1 во однос на минимумот на критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор преку барањето од економските оператори за овластување на понудувачот издадено од производителот, за продажба,

Page 44: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

7

монтажа и сервисирање на опремата во време на гарантниот рок. Според наводите на жалителот, во поднесеното полномошно од производителот Astrophysics Inc, „Арктек“ не бил овластен за монтажа и сервисирање на опремата во време на гарантниот рок, додека во поднесеното полномошно од производителот Elektral Elektromekanic, обезбедените права за монтажа и сервисирање на опремата биле на фирмата „Никоб“, која не била ниту учесник во постапката, ниту подизведувач на „Арктек“ во понудата. Исто така, несовпаѓање на понудата на избраниот имало и со точка 4.2.1 од тендерската спецификација која се однесувала на барањата на договорниот орган, понудите на економските оператори како и на целата кореспонденција и документи поврзани со понудата да се доставуваат на македонски јазик. Така во понудата на „Арктек“ се приложени документи на англиски јазик, без да е спроведен нивни превод на македонски јазик. Од погоре наведеното, според жалителот произлегувало дека понудата на „Арктек“ не била соодветна на техничката спецификација и постоеле видливи отстапувања од бараните параметри, што ја правело неприфатлива, поради што жалителот останува на предлогот, Државната комисија жалбата да ја уважи, да ја укине оспорената одлука за избор на најповолен понудувач, или да ја поништи целокупната постапка согласно Законот за јавните набавки.

Договорниот орган во одговорот на жалбата наведува дека жалбените

наводите во жалбата биле неосновани во целост. Имено, договорниот орган смета дека изнесениот навод во жалбата дека договорниот орган на 14 јули 2014 година во 13.18 часот го поканил жалителот да учествува на е-аукцијата, а со исто електронско известување во 13.59 часот без никакво образложение за ова дејствие го информирал дека ја поништува аукцијата, е неоснован, поради тоа што договорниот орган за донесената одлука, односно за причините за избор или одбивање на понудата, сите понудувачи кои доставиле понуда ги известувал во рок од три дена од денот на донесувањето на Одлуката за избор на најповолен понудувач, а не во текот на постапката. Договорниот орган за неоснован го смета и наводот дека со пропуштање во постапувањето да му одговори на поставените прашања согласно член 39 од Законот за јавните набавки, договорниот орган извршил избор на најповолна понуда на друг понудувач, бидејќи прашањата кај жалителот биле заверени на 08 јули 2014 година, додека во Службата не биле заверени, и не можело точно да се утврди кога и како истите биле пристигнати, односно електронската пошта која жалителот во жалбата ја навел, веќе подолг период не функционирала и истакнува дека на истите не било одговорено поради тоа што немало минимум 6 (шест) дена до отворањето на понудите на 14.08.2014 година во 10 часот. Поставените прашањата се однесувале на тендерската документација, едни за одредени појаснувања, а други за одредени промени, на кои на телефонски повик од жалителот, му било појаснето, за се што се интересирал и што му било нејасно во врска со

Page 45: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

8

документацијата, како и тоа дека не може да се прават никакви измени во тендерската документација во овој период. Договорниот орган наведува дека доколку постапел по барањата на жалителот, тогаш би направил повреда на Законот за јавните набаваки, односно дискриминација на понудувачите и ограничување на пазарната конкуренција. Според договорниот орган неоснован бил и наводот дека договорниот орган пред да ја отфрли понудата не ги испитал и не ги навел причините поради кои била отфрлена понудата на жалителот, бидејќи Комисијата за јавни набавки во текот на евалуацијата констатирала дека нивната понуда не ги задоволувала барањата од техничката спецификација, поточно безбедносните скенери и метал детекторските врати, биле со други димензии, кои отстапувале од оние во техничката спецификација и поради тоа дала предлог за отфрлање на понуда на жалителот, а причините за одбивањето биле наведени во известувањето за доделување на договор за јавна набавка бр.17-3729/21 од 18.07.2014 година. Од наведеното договорниот орган смета дека не биле сторени повреди на одредбите на Законот за јавните набавки на кои се повикува жалителот и дека постапката била спроведена согласно одредбите од истиот, како и согласно условите и критериумите утврдени во огласот и тендерската документација, при што бил избран понудувач со прифатлива понуда, кој понудил најниска цена. Во одговорот на дополнението на жалбата договорниот орган наведува дека жалителот ги повторувал наводите изнесени во претходно доставената жалба, поради што останува во се како во претходно дадениот одговор на жалбата до Државната комисија.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

жалбата како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Државната комисија за жалби по јавни набавки ги прифати жалбените

наводи дека договорниот орган во предметната постапка за доделување на договор за јавна набавка сторил битни повреди од член 210 став 1 алинеја 3, алинеја 6 и алинеја 12 на Законот за јавните набавки во кои е наведено дека: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција; - се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите; и - е извршен избор на неприфатлива понуда“.

Page 46: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

9

Државната Комисија за жалби по јавни набавки од увидот во документацијата на избраниот најповолен понудувач, го прифати жалбениот според кој постои несовпаѓање на понудата на избраниот понудувач со техничката спецификација од тендерската документација утврдена од страна на договорниот орган. Имено, видно од проспектот во понудата на избраниот најповолен понудувач „АРКТЕК“ за реден број 1, предложениот скенер не го исполнувал барањето на техничката спецификација со која била барана минимална осетливост на скенерот од 42 AWG (Arrayed-Waveguide Grating), додека загарантираната осетливост изнесувала 40 AWG видно од доставениот проспект. Понатаму, во техничката спецификација за наведениот скенер е барано истиот да има вграден генератор со напон од минимум 160 kV, додека во проспектот на понудениот скенер е наведено дека истиот работи со напон од 148 kV.

Државната Комисија го прифати и жалбениот навод дека избраниот

понудувач Арктек согласно точка 2.5 потточката 2.5.1 не исполнил еден од минималните услови за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор, односно барањето економските оператори да достават овластување на понудувачот издадено од производителот, за продажба, монтажа и сервисирање на опремата во време на гарантниот рок. Имено, во доставеното полномошно од производителот на опремата Astrophysics Inc, понудувачот „Арктек“ не е овластен за монтажа и сервисирање на опремата во време на гарантниот рок, како што било побарано согласно тендерската документација. При евалуацијата на понудите договорниот орган требало да постапува согласно член 140 став 7 и 8 од Законот за јавните набавки во кој е наведено: (7) „Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира“. (8) „Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување на договорот за јавна набавка“. Понатаму, Државната Комисија за жалби по јавни набавки го прифати жалбениот навод според кој документите на избраниот најповолен понудувач поврзани со понудата согласно точката 4.2 (јазик на понудата) од тендерската документација требало да бидат преведени на македонски јазик, со што би договорниот орган би можел целосно и прецизно да утврди дали понудата на избраниот најповолен понудувач ги исполнува барањата од техничката спецификација на тендерската документација и истата преставува прифатлива понуда.

Државната Комисија за жалби по јавни набавки не го прифати

жалбениот навод дека договорниот орган постапил спротивно на член 39 од Законот за јавните набавки, бидејќи во жалбата не се приложени докази врз основа на кои ќе може да се утврди кога и како прашањата и предлозите во врска со тендерската документација биле пристигнати кај договорниот

Page 47: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

10

орган, имајќи предвид дека согласно точката 1.12 од тендерската документација е утврдено дека комуникацијата ќе се одвива во писмена форма.

Во однос на тендерската документација, Државната Комисија за

жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган за утврдување на економска и финансиска состојба во точка 2.4 потточка 2.4.1 од тендерската документација од економските оператори барал истите да исполнат минимални услови, но при тоа не ги предвидел кои се условите, со што тендерската документација е во спротивност со член 32 став 1 од Законот за јавните набавки согласно со кој: „Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка“.. Исто така, Државната Комисија за жалби по јавни набавки утврди дека договорниот орган во точката 2.6 (стандарди за системи на квалитетот) на тендерската документација навел 9001:2008, без да биде објаснето што претставува наведеното, кој треба го исполни стандардот за квалитет итн. Воедно, Државната Комисија за жалби по јавни набавки смета дека договорниот орган при евентуално повторно спроведување на предметната јавна набавка, имајќи ги предвид одредбите од член 2 на Законот за јавните набавки согласно со кој: „Со овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“., би било соодветно да направи подетално истражување на пазарот посебно во делот на исполнување на условите од техничката спецификација на тендерската документација на економските оператори кои потенцијално би биле и понудувачи во постапката за доделување на договор за јавна набавка, или да побара согласност од Советот за јавни набавки пред да го објави огласот за јавна набавка, согласно член 36-а став (1) и став (2) алинеја 2 од Законот за јавните набавки во кој е наведено дека: „(1) Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка и доставува соодветно образложение за потребата од набавка за која нема најмалку пет производители/економски оператори што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел. (2) Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка доколку предвиди критериуми за утврдување способност, освен лична состојба и способност за вршење професионална дејност, кои може да ги исполнат: - пет или помалку од пет економски

Page 48: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

11

оператори кај отворената постапката, ограничената постапка, постапката со преговарање со претходно објавување оглас и кај конкурентниот дијалог“.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно со

член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи договорниот орган на жалителот трошоците на жалбената постапка да му ги надомести во целост. Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.07-395/7 07.08.2014 год. С к о п ј е ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива - Адвокат Лазар Трајчев-Адвокатско друштво„ИНТЕР ПАРТЕС“- Скопје, Бул.„Крсте Мисирков, бр.11-ДТЦ Мавровка Лам. Ц/2/4, Скопје - Служба за општи заеднички работи на Владата на Република Македонија, ул.„Кузман Јосифовски Питу, бр.17 - Скопје

Page 49: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член, и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „АСПЕКТ ПЛУС“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 08-405/1 од 29.07.2014 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.2116-1404/9 од 25.07.2014 година, донесена во постапката со преговарање без објавување на оглас бр.25/2014 за набавка на стоки – Поштенски обрасци на договорниот орган – АД Македонска пошта – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 и став 3 и 4 и член 228 став 2 и 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013 бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „АСПЕКТ ПЛУС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.2116-1404/9 од 25.07.2014 година, донесена во постапката со преговарање без објавување на оглас бр.25/2014 за набавка на стоки – Поштенски обрасци на договорниот орган – АД Македонска пошта – Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.2116-1404/9 од 25.07.2014 година, донесена во постапката со преговарање без објавување на оглас бр.25/2014 за набавка на стоки – Поштенски обрасци на договорниот орган – АД Македонска пошта – Скопје. 3. СЕ ПОНИШТУВА постапката со преговарање без објавување на оглас бр.25/2014 за набавка на стоки – Поштенски обрасци на договорниот орган – АД Македонска пошта – Скопје.

4. Се задолжува договорниот орган на жалителот, да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапката во висина од 6.150,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комсија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

Page 50: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „АСПЕКТ ПЛУС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.2116-1404/9 од 25.07.2014 година, донесена во постапката со преговарање без објавување на оглас бр.25/2014 за набавка на стоки – Поштенски обрасци на договорниот орган – АД Македонска пошта – Скопје, во која наведува дека договорниот орган сторил суштествени повреди во постапката кои се однесуваат на евалуацијата на неговата понуда, па предлага на Државната комисија жалбата да се уважи, да се укине оспорената Одлука за избор на најповолна понуда и постапката во целост и да ја повтори постапката за јавната набавка согласно утврдените услови.

Во писмениот одговор на жалбата бр.2116-1404/12 година, договорниот орган наведува дека жалбените наводи се неосновани и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата да ја одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, Одлука за потреба од јавна набавка, записникот од отворање на понудите, како и останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став 1 алинеја 7 од Законот за јавни набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапката со преговарање без објавување на оглас бр.25/2014 за набавка на стоки – Поштенски обрасци, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.2115-1404/1 од 24.07.2014 година. Договорниот орган во тендерската документација предвидел критериум за избор најниска цена, постапката да заврши со електронска аукција, а од економските оператори било побарано да достават Изјава за сериозност на понудата.

Page 51: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

До крајниот рок за поднесување на понудите 25.07.2014 година во 13:00 часот, од поканетите 4 (четири) економски оператори, понуди доставиле 2 (два) економски оператори „ТОЗ-МК“ ДОО – Скопје и “АСПЕКТ ПЛУС“ ДООЕЛ – Скопје. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила проверка на способноста и валидноста на понудите при што оценила дека истите биле комплетни и прифатливи и пристапила кон поединечно преговарање во однос на понудената цена, за што составила записници од преговорите со понудувачите и со Извештај од спроведената постапка бр.2107-1404/8 од 25.07.2014 година, до одговорното лице на договорниот орган доставила предлог како најповолна понуда со најниска понудена цена да се избере понудата на „ТОЗ-МК“ ДОО Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен и била донесена сега оспорената Одлука за избор на најповолна понуда бр.2116-1404/9 од 25.07.2014 година. Незадоволен од донесената одлука за избор на најповолна понуда жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор “АСПЕКТ ПЛУС“ ДООЕЛ – Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи на економскиот

оператор “АСПЕКТ ПЛУС“ ДООЕЛ – Скопје, Државната комисија го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека согласно тендерската

документација на постапката, доделувањето на договорот за јавна набавка на стоки - поштенски обрасци ќе се изврши со преговарање без претходно објавуање на оглас, кое требало да се заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. Според жалителот, од образложението на самата оспорена одлука било видно дека електронската аукција воопшто не била одржана, а жалителот „АСПЕКТ ПЛУС“ ДООЕЛ Скопје воопшто не изјавил дека неговата корегирана понуда била конечна за разлика од економскиот оператор „ТОЗ-МК“ДОО Скопје кој изрично изјавил дека неговата понуда била конечна. Оттаму, жалителот смета дека била повредена законски утврдената постапка бидејќи на жалителот не му била дадена можност за намалување на понудата по пат на е-аукција, а особено што не му била дадена можност за подетални подготовки околу утврдување на цената, бидејќи за доставување на понудата на жалителот му биле дадени помалку од 24 часа. На тој начин била нарушена рамноправноста на учесниците. Понатаму, жалителот истакнува дека согласно тендерската документација на постапката, било предвидено во првата ставка да се достави понуда согласно мострата, која не им била доставена поради што и неможело да се даде прецизна понуда, ниту пак тоа било образложено во оспорената одлука, со што исто така била повредена постапката. Исто така, жалителот наведува дека не му била дадена можност да се жали, односно во оспорената одлука немало правна поука за жалба. Од тие причини и предлага на Државната

Page 52: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

комисија да ги разгледа жалбените наводи и да ја уважи жалбата, да ја укине оспорената Одлука за избор на најповолна понуда и постапката во целост и да ја повтори постапката за јавната набавка согласно утврдените услови.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека

Постапката со преговарање во согласност со Законот за јавните набавки била без е-аукција, која во оваа постапка била заменета со преговарање и можност понудувачите на тој начин да ја намалат цената. Договорниот орган истакнува дека заради итноста на постапката (односно од набавката на образците - предмет на набавката зависело продолжувањето на технолошкиот процес) при изработка на тендерската документација била направена техничка грешка на која подносителот на жалбата можел благовремено да реагира, а не откако ја дал својата втора понуда, која истовремено била и конечна, што се гледало од одлуката, во која било наведено дека подносителот на жалбата ја подобрил првата понуда. Подносителот на жалбата, жалбата ја поднел дури откако бил известен дека не избран за најповолен понудувач. Од доставените мејлови се гледало дека сите понудувачи биле известени истовремено и никој не бил доведен во привилегирана состојба. Од тие причини договорниот орган смета дека поднесената жалба била неоснована, бидејќи основ за доделување на договорот била најниска цена, а во конкретниов случај вкупната цена на понудата на избраниот понудувач била 660.000,00 денари, додека на жалителот 1.260.000,00 денари, односно двојно повисока и нагласува дека АД Македонска пошта започнала редовна постапка за доделување на договор за јавна набавка на поштенски обрасци. Врз основа на горенаведеното договорниот орган бара Државната комисија, откако ќе ги разгледа доставените документи, да ја земе во предвид итноста на набавката (која е од областа на секторските договори) и цената на избраната понуда и ја одбие жалбата на подносителот на жалбата како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

жалбата како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Државната комисија за жалби по јавни набавки го прифати жалбениот

дека договорниот орган со објавената тендерската документација сторил битна повреда од член 210 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки во кој е наведено дека: „Битни повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: - тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на

Page 53: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција,“ а во врска со член 2 од Законот за јавните набавки согласно кој: „Со овој закон особено се обезбедува:-конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“. Имено, договорниот орган во тендерската документација во точка 1.4 и точка 1.5 навел дека предметна постапка за јавна набавка ќе заврши со спроведување на електронска аукција. Исто така, во точка 1.10 критериум за доделување на договорот за јавна набавка потточка 1.10.1 од тендерската документација меѓу другото навел дека за носител на набавката ќе биде избран економскиот оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, нешто за кое договорниот орган во одговорот на жалбата смета дека е техничка грешка во тендерската документација. Државната комисија за жалби по јавни набавки смета дека доколку спроведувањето на електронската аукција не требало да биде предвидено со предметната постапка на јавна набавка, договорниот орган требало да ги има предвид одредбите од член 3 став 1 алинеја 11, член 32 став 1 и член 38 став 1 на Законот за јавните набавки и за тоа навремено да ги извести економските оператори.

Во член 3 став 1 алинеја 11 од Законот за јавните набавки е наведено

дека: „Тендерска документација е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата“.

Согласно член 32 став 1 од Законот за јавните набавки: „Договорниот

орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка“.

Согласно член 38 став 1 од Законот за јавните набавки: „Договорниот

орган може, во рокот од ставот (3) на овој член, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување од економските оператори, да ја измени или дополни тендерската документација, а тоа задолжително го прави по решение на Државната комисија за жалби по јавни набавки“.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно со член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија одлучи договорниот орган на жалителот трошоците на жалбената постапка да му ги надомести во целост.

Page 54: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.08-405/7 07.08.2014 год. С к о п ј е ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива - „АСПЕКТ ПЛУС“ДООЕЛ Скопје, ул.„Вера Јоциќ, бр.3/25, Скопје - АД Македонска пошта – Скопје, бул.„Орце Николов, бб - Скопје

Page 55: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ЕКО-КЛУБ“ ДООЕЛ – Битола, наш број 07-406/1 од 30.07.2014 година, изјавена против Одлуката за делумен избор/делумно поништување бр.11-2744/4 од 24.07.2014 година, донесена по Огласот за доделување договор за јавна набавка во Отворена постапка бр.01-26/2014 за набавка на услуги – ремонтни активности за 2014 – услуги од специјализирана работна рака во РЕК Битола на договорниот орган – АД „ЕЛЕМ“ – Скопје, врз основа на член 220 став 1, алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, 160/2013 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ КОНСТАТИРА повлекување на жалбата поднесена од „ЕКО-КЛУБ“ ДООЕЛ – Битола, изјавена против Одлуката за делумен избор/делумно поништување бр.11-2744/4 од 24.07.2014 година, донесена по Огласот за доделување договор за јавна набавка во Отворена постапка бр.01-26/2014 за набавка на услуги – ремонтни активности за 2014 – услуги од специјализирана работна рака во РЕК Битола на договорниот орган – АД „ЕЛЕМ“ – Скопје.

2. СЕ ПРЕКИНУВА постапката по предметот бр. 07-406/1. 3. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по предметот бр.07-406/1 по однос на жалбата поднесена од економскиот оператор АД „ЕЛЕМ“ – Скопје, констатира дека со допис од 31.07.2014 година доставен од страна на жалителот, истата ја повлекува.

Имено, согласно со член 220 став 1, алинеја 2 од Законот за јавните

набавки во постапката за правна заштита, Државната комисија може да ја прекине постапката заради повлекување на жалбата од страна на жалителот.

Page 56: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Со оглед на изнесеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи како во диспозитивот од причина што и немаше потреба да постапува по соодветниот предмет.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.07-406/6 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива - АД „ЕЛЕМ“ – Скопје, ул.„11 Октомври“ бр.9 Скопје - „ЕКО КЛУБ“ ДООЕЛ Битола ул. „Петар Петровиќ Његош“ бр.131 Битола

Page 57: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „СВВИТ-МС“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 07-415/1 од 06.08.2014 година, изјавена против дејствијата превземени при отворање на понудите спроведено во постапка со Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.29/2014 за набавка на стоки – компјутерска опрема на договорниот орган – ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија Скопје, врз основа на член 220 став 1, алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, 160/2013 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ КОНСТАТИРА повлекување на жалбата поднесена од „СВВИТ-МС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена против дејствијата превземени при отворање на понудите спроведено во постапка со Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.29/2014 за набавка на стоки – компјутерска опрема на договорниот орган – ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија Скопје.

2. СЕ ПРЕКИНУВА постапката по предметот бр.07-415/1. 3. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по предметот бр.07-415/1 по однос на жалбата поднесена од економскиот оператор „СВВИТ-МС“ ДООЕЛ – Скопје, констатира дека со допис од 06.08.2014 година доставен од страна на жалителот, истата ја повлекува.

Имено, согласно со член 220 став 1, алинеја 2 од Законот за јавните

набавки во постапката за правна заштита, Државната комисија може да ја прекине постапката заради повлекување на жалбата од страна на жалителот.

Page 58: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Со оглед на изнесеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи како во диспозитивот од причина што и немаше потреба да постапува по соодветниот предмет.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.07-415/6 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива - ЈЗУУ Клиника за кардиологија Скопје ул.„Водњанска“ бр.17 Скопје - „СВВИТ-МС“ ДООЕЛ Скопје ул. „Никола Парапунов“ бр.3А 42-1 ТЦ Карпош 4 Скопје

Page 59: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ЕЛКО-ИНГ“ ДООЕЛ – Струмица, наш број 08-410/1 од 04.08.2014 година, изјавена против содржината на тендерската документација изготвена во постапка со Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.21/2014 за набавка на услуги – атест за заземјување на семафорски столбови и семафорски уреди на договорниот орган – ЈП Улици и патишта – Скопје, врз основа на член 220 став 1, алинеја 2 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, 160/2013 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ КОНСТАТИРА повлекување на жалбата поднесена од „ЕЛКО-ИНГ“ ДООЕЛ – Струмица, изјавена против содржината на тендерската документација изготвена во постапка со Барање за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.21/2014 за набавка на услуги – атест за заземјување на семафорски столбови и семафорски уреди на договорниот орган – ЈП Улици и патишта – Скопје.

2. СЕ ПРЕКИНУВА постапката по предметот бр. 08-410/1. 3. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по предметот бр.08-410/1 по однос на жалбата поднесена од економскиот оператор „ЕЛКО-ИНГ“ ДООЕЛ – Струмица, констатира дека со допис од 04.08.2014 година доставен од страна на жалителот, истата ја повлекува.

Имено, согласно со член 220 став 1, алинеја 2 од Законот за јавните

набавки во постапката за правна заштита, Државната комисија може да ја прекине постапката заради повлекување на жалбата од страна на жалителот.

Page 60: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Со оглед на изнесеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи како во диспозитивот од причина што и немаше потреба да постапува по соодветниот предмет.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки

и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-410/6 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива - ЈП Улици и патишта – Скопје ул.„Коле Неделковски“ бр.38 Скопје - „ЕЛКО-ИНГ“ ДООЕЛ Струмица ул. „Гоце Делчев“ бр.1 Струмица

Page 61: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски -член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот „БОКИ МГ ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО Скопје, наш број 08-397/1 од 23.07.2014 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.02-307/26 од 27.06.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објавување на Оглас бр.4/2014 за набавка на работи – реконструкција на ограда на договорниот орган – ОУ Стив Наумов Скопје, врз основа на член 220 став 1, алинеја 3 а во врска со член 212 став 2 и член 220 став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „БОКИ МГ ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.02-307/26 од 27.06.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објавување на Оглас бр.4/2014 за набавка на работи – реконструкција на ограда на договорниот орган – ОУ Стив Наумов Скопје, СЕ ОТФРЛА

КАКО НЕПЛАТЕНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Договорниот орган, ОУ Стив Наумов, спровел постапка по Барањето за прибирање на понуди со објавување на Оглас бр.4/2014 за набавка на работи – реконструкција на ограда и донел Одлука за избор на најповолна понуда бр.02-307/26 од 27.06.2014 година.

Незадоволен од донесеното Одлука за избор на најповолна понуда,

жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор „БОКИ МГ ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО Скопје.

Page 62: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Државната комисија за жалби по јавни набавки, разгледувајќи ја жалбата, утврди дека жалителот не постапил согласно со член 212 став 2 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), односно не доставил доказ за уплата на надомест за водење на постапката, и поради тоа не постапуваше по истата.

Имено, економскиот оператор не постапил согласно член 229 став 1 од Законот за јавните набавки кој утврдува дека: „Во постапката пред Државната комисија, подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надомест за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа: - до 20.000 евра во денарска против вредност, надомест од 100 евра во денарска противвредност; - од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надомест од 200 евра во денарска противвредност; - од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надомест од 300 евра во денарска противвредност, или – над 200.000 евра во денарска противвредност, надомест од 400 евра во денарска противвредност.

Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместок за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместок и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата”.

Понатаму, согласно член 220 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки: „Во постапката за правна заштита, Државната комисија може: да ја отфрли жалбата заради ненадлежност, недозволеност, неуреденост, ненавременост, поради тоа што е изјавена од неовластени лица и во случај на неисполнување на обврската од членот 212 став 2 на овој закон”.

Член 212 став 2 од Законот за јавните набавки пак утврдува: „Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката”.

Page 63: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

Од причини што подносителот на жалбата не постапил според погоре наведените одредби од Законот за јавните набавки, односно не извршил навремено уплата на надоместок за водење на постапката и не доставил доказ за извршената уплата, Државната комисија донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.08-397/6 07.08.2014 год. С к о п ј е ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски

Доставено до: - Архива,

- ОУ Стив Наумов Скопје ул. „Лазар Поп Трајков3 бр.28 Скопје - „БОКИ МГ ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО Скопје ул. „ Коце Металец“ бр. 94 Скопје

Page 64: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Томо Томовски – член и Елита Шуки – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „БИМИЛ ЛАЗАР“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 08-388/1 од 18.07.2014 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.03-97/1 од 11.07.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас во два дневни весници Утрински весник и Лајме од 03.07.2014 година за набавка на закуп на училишна кујна и опрема на договорниот орган ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 и став 3 и 4 и член 228 став 2 и 7 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „БИМИЛ ЛАЗАР“ ДООЕЛ – Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.03-97/1 од 11.07.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас во два дневни весници Утрински весник и Лајме од 03.07.2014 година за набавка на закуп на училишна кујна и опрема на договорниот орган ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.03-97/1 од 11.07.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас во два дневни весници Утрински весник и Лајме од 03.07.2014 година за набавка на закуп на училишна кујна и опрема на договорниот орган ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје.

3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Барањето за прибирање на

понуди со објава на Оглас во два дневни весници Утрински весник и Лајме од 03.07.2014 година за набавка на закуп на училишна кујна и опрема на договорниот орган ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје.

4. Се задолжува договорниот орган на жалителот „БИМИЛ ЛАЗАР“ ДООЕЛ – Скопје да му ги надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од 6.160,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на Државната комсија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка

Page 65: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „БИМИЛ ЛАЗАР“ ДООЕЛ – Скопје, вложил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.03-97/1 од 11.07.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас во два дневни весници Утрински весник и Лајме од 03.07.2014 година за набавка на закуп на училишна кујна и опрема на договорниот орган ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ Скопје, бидејќи смета дека е повреден Законот за јавните набавки, погрешно и нецелосно е утврдена фактичата состојба и погрешна примена и повреда на материјалното право.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган наведува дека жалбата на

жалителот е неоснована и предлага како таква да биде одбиена. Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од набавка, огласот, тендерската документација, како и целокупната останата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Барање за

прибирање на понуди со објава на Оглас во два дневни весници Утрински весник и Лајме од 03.07.2014 година за набавка на закуп на училишна кујна и опрема, како критериум за избор договорниот орган предвидел месечна цена по ученик – 25 бода, квалитет на оброк (Мени со нутритивна вредност) – 50 бода и вредност на инвестиција во училишна кујна и опрема – 25 бода.

Page 66: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

До крајниот рок за поднесување пристигнале 4 (четири) понуди кои биле отворени од Комисијата за јавни набавки на договорниот орган, за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.03-94/1 од 10.07.2014 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди и утврдила дека понудите на „САРА ТРЕЈД“ ДООЕЛ Скопје и „ВЕЛФУД“ ДОО Скопје се прифатливи. По извршената евалуација, за избор како најповолна понуда, била предложена понудата на економскиот оператор „САРА ТРЕЈД“ ДООЕЛ Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на овластеното лице на договорниот орган и била донесена сега оспорената Одлука за избор на најповолна понуда 03-97/1 од 11.07.2014 година.

Незадоволен од донесената одлука останал економскиот оператор „БИМИЛ ЛАЗАР“ ДООЕЛ – Скопје, кој поднел жалба до Државната комисија.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека бил известен дека Комисијата едногласно одлучила да ја отфрли неговата понуда, поради тоа што немал доставено комплетна документација, според бараните критериуми во тендерската документација. Подносителот на жалбата, веднаш по приемот на Известувањето и Одлуката за избор на најповолна понуда, констатирал дека не се точни наводите на договорниот орган, дека нема доставено комплетна документација, а воедно утврдил и дека избраниот економски оператор, нема најповолна понуда. Имено, жалителот наведува дека согласно тендерската документација, понудувачите немале обврска да ги достават документите со кои ќе се докажува нивната техничка или професионална способност, туку само документите со кои се докажува нивната лична способност, а нивната професионална и техничка способност, се докажуваа со дадени изјави од страна на понудувачите, кои биле составен дел на понудата. Воедно жалителот наведува дека и во самата тендерска документација и тоа во точка 6.3., децидно било наведено дека, понудувачот не треба во својата понуда да ги достави горенаведените документи предвидени со законот, како доказ за исполнување на критериумите за утврдување на способност, туку само од оној понудувач чија понуда е избрана за најповолна ќе бидат побарани овие документи. Но, наместо да постапи согласно тендерската документација, договорниот орган ја отфрлил понудата на жалителот, како некомплетна, бидејќи немал доставено доказ за транспортно средство со разладен уред, записник од државен инспектор од Агенција за храна и ветеринарство не постар од 6 месеци, сертификат за вработените од ЈЗО Завод за здравствена заштита, и програма за исхрана на

Page 67: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

деца за возраст од 6-12 години, која жалителот наведува дека била доставена кон понудата. Понатаму жалителот наведува дека, ниту тендерската документација, ниту пак инструкциите за понудувачите биле во согласност со Законот за јавните набавки и истите биле нејасни и контрадикторни, така што жалителот смета дека не можело да се утврди, што е предмет на договорот за набавка, проценетата вредност на договорот за набавка и критериумите за способност и критериумите за доделување на договорот за закуп. Понатаму жалителот наведува ако предмет на договорот за набавка е издавање под закуп на училишна кујна, како може како критериум за доделување на договорот, да не биде воопшто земена во предвид, висината на закупнината која ќе ја понудат понудувачите. Имено, жалителот наведува како критериуми за доделување на договорот биле наведени, месечна цена по ученик (25 бода), квалитет на оброк (50 бода ) и вредност на инвестиција во училишна кујна и опрема (50 бода), а никаде висина на закупнината. Подносителот на жалбата, наведува дека понудил висина на закупнина од 50.000,00 денари, инвестиција во кујната и опремата од 500.000,00 денари и цена по ученик од 1.950 денари, а тендерот го добил понудувач кој понудил висина на закупнина од 37.000,00 денари, инвестиција од 200.000,00 денари и цена по ученик од 1.950,00 денари. Понатаму жалителот наведува дека и Одлуката за избор на најповолен понудувач и правната поука кои биле дадени од страна на договорниот орган, биле дадени со цел да се збунат понудувачите и да не дадат навремена жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки, бидејќи договорниот орган во правната поука, навел дека жалба може да се поднесе само до него. Поради се погоре наведено жалителот предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и да ја укине Одлуката за избор на најповолна понуда.

Договорниот орган во одговорот на жалбата наведува дека се

пречекорени роковите за приговор со рок од 3 дена до Комисијата за јавни набавки и до Државната комисија за жалби по јавни набавки. Имено, договорниот орган наведува дека во точка 5 начин на докажување на способност на понудувачот, јасно било наведено кои документи треба да ги поседува за докажување на својата способност. Во точка 5.1 било потенцирано дека, освен документите за докажување на лична способност, ги доставува во случај ако понудувачот е прво рангиран и го гарантира со доставување на Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување способност, а било наведено дека оваа Изјава е дел од понудата во точка 6 од тендерската документација. Понатаму договорниот орган наведува дека во поглед на безбедност на храната за ученици имале сознанија дека токму понудувачот БИМИЛ-Лазар е казнет од страна на Државната инспекција за храна и ветеринарство за нехигиена во ОУ„Круме Кепески“ на ден 18.11.2013 година каде што ја припремал храната. Воедно, што се однесува до докажување на способност за вршење

Page 68: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

на професионална дејност и за докажување на техничка и професионална способност договорниот орган наведува дека било потребно понудувачот да ги достави документите на овие видови на способност како што било побарано во точка 5.2 и 5.3 од тендерската документација. Понатаму договорниот орган наведува дека под точка 6.2 за транспортно средство со разладен уред е неоснован жалбениот навод од причина што специјалното возило за превоз на храна било потребно, кога учениците ја изведуваат наставата надвор од училишгето и на одредена локација им се доставува храна, специјалното возило било потребно и за набавка и превезување на свежи артикли (месо, млеко, млечни производи и сл.) потребни за подготвување на оброци за деца. Во поглед на „Програмата за исхрана“, на која се жали понудувачот, договорниот орган наведува дека дека постои нов „Правилник за стандардите за исхрана“ од 03.04.2014 година издаден од Мннистерството за образованне и наука врз основа на член 62 став 2 од Законот за основно образование. Поради се погоре наведено договорниот орган предлага жалбата да биде одбиена како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Државната комисија согласно член 211 од Законот за јавните

набавки,во постапката за правна заштита постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон.

Имено, договорниот орган во Тендерската документација, предмет на

договор навел дека е ,,издавање под закуп на училишна кујна и опрема на ОУ Кирил Пејчиновиќ, Кисела Вода – Скопје“ и дека понудувачот кој ќе ја достави понудата за закуп на училишната кујна и опрема согласно намената на просторот, е должен да организира исхрана (топол оброк) за учениците од I до V одделение (околу 200 ученици). Во својата понуда понудувачот треба да вклучи и вредност на инвестиција во закупената училишна кујна и опрема за одржување и подобрување на условите во истата. Понатаму договорниот орган навел дека почетната цена за закуп на училишната кујна и опрема е 37.000.00 денари и секој понудувач доставува своја понудена цена за закуп не помала од почетната, а притоа никаде во тендерска не појаснил на кој начин економските оператори кои учествуваат во постапката ќе ја зголемат почетната утврдена цена. Државната комисија одлучи да ја поништи одлуката за избор и да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка и го упатува на договорниот орган за предметната јавна набавка – издавање под закуп на училишна кујна да се обрати до

Page 69: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

надлежни органи – институции и да спроведе соодветна постапка за предметната јавна набавка согасно важечките прописите.

Согласно член 228 став 2 и 7 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013 бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи за трошоците како во диспозитивот.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.08-388/7 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

м-р Мишо Василевски

Доставено до: - Архива, - ОУ Кирил Пејчиновиќ – Скопје, ул.„Пушкинова“ бр. 17 Скопје - „БИМИЛ ЛАЗАР“ ДООЕЛ Скопје, бул. „АВНОЈ“ бр. 104/5-24 Скопје

Page 70: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – „ВИНЕР-ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП“ АД Скопје, наш број 07-403/1 од 25.07.2014 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.0205-173/2 од 18.07.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.04/2014 за набавка на услуги – осигурување на имот, опрема, залиха, лекарска грешка и општа одговорност на договорниот орган – ЈЗУ Универзитетска Клиника за гастроентерохепатологија – Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013, бр.148/2013, 160/2013 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ВИНЕР-ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП“ АД Скопје, изјавена против Одлука за избор на најповолна понуда бр.0205-173/2 од 18.07.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.04/2014 за набавка на услуги – осигурување на имот, опрема, залиха, лекарска грешка и општа одговорност на договорниот орган – ЈЗУ Универзитетска Клиника за гастроентерохепатологија – Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ВИНЕР-ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП“ АД Скопје, вложил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.0205-173/2 од 18.07.2014 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.04/2014 за набавка на услуги – осигурување на имот, опрема, залиха, лекарска грешка и општа одговорност на договорниот орган – ЈЗУ Универзитетска Клиника за гастроентерохепатологија – Скопје, бидејќи смета дека договорниот орган погрешно ја утврдил фактичката состојба и погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки.

Во одговорот на жалбата, договорниот орган смета дека жалбата на

жалителот е неоснована и смета дека Државната комисија за жалби по јавни набавки треба како таква да ја одбие.

Page 71: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената постапка ги изведе писмените докази: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за потреба од набавка, како и целокупната останата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Барање за

прибирање на понуди со објава на Оглас бр.04/2014 за набавка на услуги – осигурување на имот, опрема, залиха, лекарска грешка и општа одговорност, која требало да заврши со е-аукција за што претходно е донесена Одлука за јавна набавка бр.0302-149 од 01.07.2014 година. Набавката не била деллива и како критериум за избор договорниот орган предвидел најниска цена, а договорниот орган од понудувачите побарал да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност на понудите.

До крајниот рок за поднесување пристигнале 4 (четири) понуди кои биле отворени од Комисијата за јавни набавки на договорниот орган, за што бил составен Записник од отворањето на понудите од 29.05.2014 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди и утврдила дека сите понуди се прифатливи и истите ги поканила на е-аукција. По завршувањето на е-аукцијата која се одржала на ден 18.07.2014 година во периодот од 09:30:00 часот до 10:00:00 часот, врз основа на Извештајот од е-аукцијата, за избор како најповолна била предложена понудата на АД „ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА“ - Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на овластеното лице на договорниот орган и била донесена сега оспорената одлука за избор на најповолен понудувач бр.0205-173/2 од 18.07.2014 година.

Незадоволен од донесената одлука за избор останал економскиот

оператор „ВИНЕР-ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП“ АД Скопје, кој поднел жалба до Државната комисија.

Page 72: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган сторил повреда на постапката бидејќи не ја отфрлил како неприфатлива понудата на сега избраниот понудувач АД Осигурителна полиса, дотолку повеќе што согласно објавената тендерска документација самиот договорен орган предвидел минамален критериум кој требало да го исполнуваат економските оператори понудувачи (како елиминаторен) и тоа во делот на реосигурителното покритие како дел 7.2 - Способност за вршење на професионална дејност (Понудувачот да поседува реосигурително покритие според Standard & Poors или АМ ВЕЅТ со кредитен рејтинг минимум стандард А). Дополнително жалителот наведува дека договорниот орган во тендерската документација во точката 8.2 предвидел дека за докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот требало да има на располагање документ, во конкретниот случај договор со лидерот на носителот на реосигурувањето според Standard & Poors или АМ ВЕЅТ со кредитен рејтинг минимум стандард А. Имено, жалителот наведува дека иако економските оператори не биле должни со понудата да ја достават бараната документација, но биле должни да достават писмена Изјава со која ќе го потврдат претходното. Жалителот смета дека договорниот орган, ниту неговиот консултант стручно лице осигурителен брокер, правилно не ја ценеле и утврдиле фактичката состојба за постоењето и валидоста на доставените изјави за соодветно реосигурително покритие, бидејќи од приложените материјални докази на избраниот понудувач можело да се утврди и потврди дека не поседува договор со лидер на реосигурување со кредитен рејтинг А (што било минимален услов за исполнување), наместо тоа избраниот економски оператор имал договор со Воѕna Rе, со која реосигурувач има кредитен рејтинг В. Жалителот смета дека избраниот понудувач не ги исполнувал условите за евалуација на понудата и како таков договорниот орган требало да го дисквалификува како неприфатлива понуда, бидејќи не ги исполнува сите барања од тендерската документација. Понатаму жалителот наведува дека во Изјавата на избраниот економски опертор стоело дека истиот има склучено договор со Воѕna Rе, а дека пак овој реосигурувач го реосигурувал своето портфолио во Munich Re, што било спротивно на бараното согласно обајвената тендерска документација дека треба минималниот критериум да го задоволува лидерот на реосигурителното покритие. Поради се погоре наведено жалителот и предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки, жалбата да ја уважи, донесената Одлука за избор на најповолна понуда да ја поништи и да го врати предметот на договорниот орган на повторно постапување во фаза на повторна евалуација на понудите, односно оценка на доказите, на начин што прецизно ќе му укаже кои критериуми и околности треба да ги има во

Page 73: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

предвид при повторно постапување и одлучување, а во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки.

Договорниот орган во одговорот на жалбата наведува дека во

објавената тендерска документација не се барал критериум економски најповолна понуда туку најниска цена и дека на отворањето на понудите кое било закажано на 14.07.2014 во 11 часот се појавил само претставник на Кроација осигурување и немало никакви забелешки. Понатаму договорниот орган наведува дека Комсијата ги разгледала сите доставени понуди и во соработка со брокерот за осигурување заклучиле дека сите понудувачи ги исполнуваат бараните критериумии истите биле повикани на е-аукција. Во врска со жалбениот навод за реосигурителното покритие на Осигурителна полиса дека немаат реосигурување наведувајќи дека се реосигурани во Босна Ре, која како реосигурувач има според АМ Бест кредитен рејтинг Б, договорниот орган наведува дека при евалуацијата на понудите избраниот понудувач покрај изјава доставил и договор дека како лидер на реосигурувањето конкретно за имотното реосигурување е Минхен Ре, која според Standard & Poors или АМ ВЕЅТ има кредитен рејтинг АА- кој бил многу поголем од бараното. Поради се погоре наведено договорниот орган смета дека жалбата е неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Државната комисија не ги прифати жалбените наводи на жалителот

дека со донесувањето на оспорената одлука за избор на најповолна понуда, договорниот орган погрешно ја утврдил фактичката состојба во поглед на валидноста (прифатливоста) и исполнување на критериуми за понатамошно учество, односно евалуација на понудите на учесниците и дека договорниот орган погрешно ги применил одредбите од Законот за јавните набавки согласно со член 210 став 1 алинеја 5 од истиот закон.

Неоснован е жалбениот навод на жалителот дека избраниот понудувач не постапил според точката 8.2 од тендерската документација, односно не доставил Изјава дека ги исполнува предвидените критериуми за утврдување на способност, бидејќи со увид во документацијата доставена од избраниот понудувач се утврди дека истиот доставил Изјава во која е наведено дека во целост ги исполнува критериумите за утврдување на способност и дека ги има на располагање сите документи утврдени во тендерската документација за докажување на исполнувањето на

Page 74: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

критериумите, како и тоа дека истите ќе бидат доставени на договорниот орган доколку неговата понуда биде избрана за најповолна.

Исто така, со увид во документацијата доставена од избраниот

понудувач се утврди дека е доставен договор дека како лидер на реосигурување конкретно за имотното реосигурување е Минхен Ре кој според Standard & Poors има рејтинг кој е баран во тендерската документација.

Постапувајќи по службена должност согласно член 211 од Законот за

јавните набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки не најде битна повреда предвидена во член 210 од истиот закон.

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка,

трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени, согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.07-403/7 07.08.2014 год. С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски

Доставено до: - Архива, - ЈЗУ Клиника за гастроентерохепатологија – Скопјр ул.„Водњанска“ бр.17 Скопје - „ВИНЕР-ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП“ АД Скопје ул.„Владимир Комаров“ бр.11А Скопје

Page 75: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: Мишо Василевски – член, Томо Томовски – член и Елита Шуки – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот - договорен орган Општина Новаци, изјавена против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-989/13 од 24.07.2014 година, донесено по Барањето за добивање согласност за потреба од дополнителни работи по Постапка за преговарање без претходно објавување на оглас за доделување на договор за работи – дополнителни работи – набавка на транспорт на земјен материјал за изработка на насип на дел од локалниот пат Гнеотино – Брод – Општина Новаци, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013 бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот – договорен орган Општина Новаци, изјавена против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-989/13 од 24.07.2014 година, донесено по Барањето за добивање согласност за потреба од дополнителни работи по Постапка за преговарање без претходно објавување на оглас за доделување на договор за работи – дополнителни работи – набавка на транспорт на земјен материјал за изработка на насип на дел од локалниот пат Гнеотино – Брод – Општина Новаци, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Жалителот - договорниот орган Општина Новаци, вложил жалба против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-989/13 од 24.07.2014 година, донесено по Барањето за добивање согласност за потреба од дополнителни работи по Постапка за преговарање без претходно објавување на оглас за доделување на договор за работи – дополнителни работи – набавка на транспорт на земјен материјал за изработка на насип на дел од локалниот пат Гнеотино – Брод – Општина Новаци, бидејќи смета дека Советот за јавни набавки погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалното право и не дал согласнот.

Page 76: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Во одговорот на жалбата со архивски број 16-989/20 од 06.08.2014 година, Советот за јавни набавки наведува дека жалбата на жалителот е неоснована и предлага истата како таква да биде одбиена.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на Советот за јавни набавки, оспореното Решение на Советот за јавни набавки, одлуката за потреба од споведување јавна набавка, поедноставената тендерската документација, барањето за добивање на согласност од советот, извештајот за потребата од обезбедување на соглсност, како и целокупната останата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените писмени докази во предметот и детално

испитувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија ја утврди следната фактичка состојба:

Жалителот – договорниот орган Општина Новаци спровел подготвителни дејствија за доделување на договор за јавна набавка на работи – набавка и транспорт на земјен материјал за изработка на насип, за што изготвил тендерска документација и поднел Барање за добивање согласност бр.14-23/15 од 14.07.2014 година, за добивање согласност за потреба од дополнителни работи до Советот за јавни набавки, видно од Извештајот за потребата за обезбедување на согласност бр.14-23/12 од 14.07.2014 година.

Советот за јавни набавки, постапувајќи по барањето за добивање на

согласност за потреба од дополнителни работи, донел Решение бр.16-989/13 од 24.07.2014 година, со кое „не дал согласност“ за за потребата од дополнителни работи.

Незадоволен од донесеното Решение останал жалителот - договорен

орган Општина Новаци, кој поднел жалба до Државната комисија.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го утврди следното:

Page 77: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

Жалителот во жалбата истакнува дека незадоволен од донесеното решение на Советот за јавни набавки, во законски определениот рок ја поднел жалбата. Имено, истакнува дека објавил оглас бр.3/2013 на 05.12.2013 година со Отворена постапка за изградба на дел од локалниот пат Брод - Гнеотино. По спроведената постапка склучен бил договор со најповолниот понудувач „СТЕНТОН ГРАДБА“ ДОО - Битола. На самиот почеток на работите и при разгледувањето и проучувањето на тендерската и проектната документација, констатирано било дека има потреба од дополнителни и непредвидени работи (набавка и транспорт на земјен материјал за изработка на насип) кои биле неопходни за целосно завршување на работите, односно реализација на договорот. Согласно проектната документација, материјалот за насип може да се добие од усек на трасата или позајмишта обезбедени од инвеститорот. Жалителот укажува дека во непосредна близина од патот по целата должина на патот имало огромни количини на земјен материјал на рудникот АД ЕЛЕМ-РЕК Битола и претходно усно било договорено помеѓу Општина Новаци и АД Елем-РЕК Битола тие количини да се користат за изработка на земјен насип на патот. Но, на самиот почеток на работите Општината усно била известена дека АД Елем-РЕК Битола нема право да издава и продава земја од ископот на рудникот Брод. Со тоа за несметано одвивање на работите и за реализација на договорот општина Новаци треба да обезбеди земјен материјал со цена за набавка и транспорт но без вградување. Со оглед на тоа што е потпишан договор со изведувачот „Стентон градба“ ДОО Битола за изградба на дел од локалниот пат Брод-Гнеотино и е започнато со изградбата општина Новаци доставила барање до Советот за јавни набавки за добивање на согласност за набавка и транспорт на земјен материал за изработка на насип во постапка со преговарање без објавување на оглас. Со оглед на наведеното, жалителот предлага да се поништи оспореното Решение донесено од Советот за јавни набавки.

Советот за јавни набавки во писмениот одговор на жалбата наведува дека жалбата е неоснована. Имено, по однос на барањето на согласност, Советот за јавни набавки укажува дека ангажирал шест стручни лица кои го изнеле своето стручно мислење. Првото стручно лице по однос на барањето за добивање на согласност се произнело позитивно, односно сметал дека договорниот орган Општина Новаци со фирмата Стентон Градба ДОО Битола има склучено договор за изградба на пат од Брод до Гнеотино. Во предмер пресметката било предвидено материјалот за насип на долниот дел од патот да се обезбеди од усект на трасата. Во текот на изградбата било констатирано дека овој материјал не бил доволен, односно недостасуваат 19105 м3 земја која инвеститорот треба да ја обезбеди како што било предвидено во договорот. Бидејќи оваа дополнителна позиција е неопходна

Page 78: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

за изградба на патот, дополнителната работа „Набавка и транспорт на материјалот за насип“ стручното лице смета дека е оправдано. Советот за јавни набавки истакнува дека второто стручно лице по однос на барањето за добивање на согласност се произнел позитивно, односно сметал дека врз основа на приложената документација можело да се заклучи дека при избор на изведувач на објект во целост запазена била постапката согласно Законот за јавните набавки. Третото стручно лице по однос на барањето за добивање на согласност се произнело негативно, бидејќи смета дека најцелисходно било проектантот да предложи решение за настанатата состојба, а доколку било неопходно да предвиди и нови позиции во проектот со анекс на основниот проект. Во тој случај би можело јасно да се дефинира потребата од дополнителни работи при реализација на оваа јавна набавка. Четвртото стручно лице по однос на барањето за добивање на согласност се произнело негативно, бидејќи смета дека изведувачот Стентон Градба ДОО Битола доставил известување до Општина Новаци со цел да се надмине застојот на активностите на Основен проект за линиска инфраструктурна градба за реконструкција на локален пат од н.м Брод до н.м Гнеотино по анализа на проектната документација констатира дека за позицијата 2.4 Изработка на насип од предмерот на набавката во условите за изведба на работите во делот на Земјани работи - изработка на насип е дефинирано дека материјалот за насип може да се добие од усекот на трасата или позајмишта обезбедени од инвеститорот и тврди дека нема основ за дополнителни работи. Петтото стручно лице по однос на барањето за добивање на согласност се произнело позитивно, односно смета дека барањето за дополнителни работи при изработката на трупот на патот било оправдано, од причина што истите не биле предвидени во предмер - пресметката, а неопходно било истите да се изведат претходно за да се продолжи со изведувањето на другите градежни работи. Шестото стручно лице по однос на барањето за добивање на согласност се произнело негативно, односно смета дека разгледувајќи ги позициите од понудата на изведувачот по основниот договор, констатирал дека описот на позициите бил многу лош, оскуден и недоречен. Стручното лице смета дека во конкретниот случај било спорно дали станува збор за дополнителни работи и заради тоа неговото мислење за конкретното барање бил негативен. Советот за јавни набавки при донесување на одлуката, согласно член 14 став (24) од Законот за јавните набавки ги зел во предвид стручните мислења и предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата да ја одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Page 79: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

Согласно член 14 став (4) од Законот за јавните набавки: „За решавање по барањата за добивање согласност одлучува Совет за јавни набавки (во натамошниот текст: Совет) во рамки на Бирото. Став (13) Во прилог на писменото барање, договорниот орган ја доставува тендерската документација која планира да ја користи во постапката за доделување договор за јавна набавка. Во случај на дополнителни работи согласно со овој закон, договорниот орган доставува образложение од изведувачот и надзорот за потребата и причините поради кои настанала потребата за дополнителни работи и овозможува увид во целокупната градежно - техничка документација, дополнителен ревидиран проект во случаите каде е неопходно и увид на лице место. Став (14) Советот може да побара од договорниот орган да достави дополнителна документација или дополнение на образложението. Став (17) Советот одлучува по барањето со решение против кое договорниот орган има право на жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки без надоместок, во рок од 5 дена од денот на добивање на решението во постапка на правна заштита согласно со овој закон. Се забранува секој облик на влијание врз донесувањето на решенијата на Советот, а особено секоја злоупотреба на јавните овластувања заради влијание на текот и исходот на одлучувањето. Став (18) Ако Советот одлучи да не даде согласност, договорниот орган не смее да го објави огласот за јавна набавка, односно не смее да ја спроведе постапката со преговарање без претходно објавување на оглас за набавка на дополнителни работи во спротивно ќе се смета дека не е спроведена постапка за доделување договор за јавна набавка согласно со овој закон. Став (20) При одлучување за давање согласност, Советот вклучува најмалку три стручни лица, односно седум стручни лица кај барањата за дополнителни работи, од Регистарот на стручни лица од соодветната област по случаен електронски избор. Став (24) Советот ги зема предвид мислењата на стручните лица при одлучувањето за давање согласност и истите се составен дел на решението, а доколку стручното лице не достави мислење во рамки на законски утврдениот рок, Советот ќе одлучи без неговото мислење“.

Согласно со член 32 став (1) од Законот за јавните набавки:

„Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набвка“.

Согласно член 36-а став (1) од Законот за јавните набавки:

„Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка и доставува соодветно образложение за потребата од набавка за која нема најмалку пет производители/економски

Page 80: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

оператори што можат да ги исполнат барањата од техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел. (2) Договорниот орган задолжително бара согласност од Советот пред да го објави огласот за јавна набавка доколку предвиди критериуми за утврдување способност, освен лична состојба и способност за вршење професионална дејност, кои може да ги исполнат: -три или помалку од три економски оператори кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност до 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ, -четири или помалку од четири економски оператори кај постапките со барање за прибирање понуди со проценета вредност над 5.000 евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ или -пет или помалку од пет економски оператори кај отворената постапката, ограничената постапка, постапката со преговарање со претходно објавување оглас и кај конкурентниот дијалог. (3) По донесување на одлуката за јавна набавка а пред објавување на огласот, лицата што ги дефинираат техничките спецификации и критериумите за утврдување способност се должни да изготват соодветно образложение за оправданоста за нивно користење и да дадат извештај до одговорното лице со предлог во смисла за потребата од обезбедување согласност од Советот доколку се исполнети условите од ставовите (1) и/или (2) на овој член. (4) Врз основа на прифатениот извештај од одговорното лице кој содржи предлог за потреба од обезбедување на согласност се доставува барање за согласност до Советот“.

Во член 210 од Законот за јавните набавки е утврдено: „Битни

повреди на законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: -постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови (2) и (3) на овој закон, -постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без да се спроведе технички дијалог во случаите каде што неговото спроведување е задолжително согласно со овој закон, -тендерската документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната конкуренција, -не е постапено согласно со член 54 став (2) од овој закон, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на понудите, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, -не е постапено согласно со членот 140 ставови (11) и (12) од овој закон, -не е постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од овој закон, -е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително согласно со овој закон, -не е постапено согласно со решението на

Page 81: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

7

Државната комисија, -е извршен избор на понуда која не е најповолна и -е извршен избор на неприфатлива понуда“.

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во

постапката за правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани во член 210 од овој закон“.

Државната комисија од приложената документација во предметот oд започнатата постапка за доделување на договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на жалителот е неоснована, односно дека Советот за јавни набавки постапил согласно законот кога одлучил по барањето за согласност. Имено, Државната комисија од увидот во доставените писмени докази утврди дека Советот за јавни набавки побарал мислења од седум стручни лица, а добил мислења од шест стручни лица, кои ги зел предвид при одлучувањето, и поради тоа што во стручните мислења имало сериозни забелешки по однос на техничката документација, Советот за јавни набавки одлучил да не даде согласност за отпочнување на бараната постапка. Според тоа, Советот за јавни набавки постапувал согласно одредбите од член 14 став (20) до Законот за јавните набавки кој предвидува: „При одлучување за давање согласност, Советот вклучува најмалку три стручни лица, односно седум стручни лица кај барањата за дополнителни работи, од Регистарот на стручни лица од соодветната област по случаен електронски избор“. Советот за јавни набавки од прибавените стручни мислења утврдил дека за бараните дополнителни работи договорниот орган не дал доволно издржани докази дека работите кои се бараат како дололнителни навистина се тоа, туку дека истите се пред се работи кои се предизвикани од пропусти и недоследности во техничката документација што резултирало со потреба од дополнителна позиција. Врз основа на сето наведено во документацијата по барањето на согласност, Советот за јавни набавки сметал дека нема оправданост за дополнителни работи во постапка со преговарање без објавување на оглас.

Page 82: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

8

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.08-408/5 07.08.2014 год. С к о п ј е ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива, - Совет за јавни набавки ул. „Ѓуро Стругар“ бр.5 I кат Скопје - Општина Новаци 7211 Новаци

Page 83: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – договорниот орган ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ - Скопје, наш број 07-401/1 од 25.07.2014 година, изјавена против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-844/10 од 17.07.2014 година, донесено по барањето за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел, во постапка по барање за прибирање на понуди за јавна набавка на стоки – Лекарства за кои немало понуди во отворена постапка и други неопходни лекови, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013 бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот – договорен орган ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ - Скопје, изјавена против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-844/10 од 17.07.2014 година, донесено по барањето за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел, во постапка по барање за прибирање на понуди за јавна набавка на стоки – Лекарства за кои немало понуди во отворена постапка и други неопходни лекови, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Жалителот – договорниот орган ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ - Скопје, вложил жалба, против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-844/10 од 17.07.2014 година, донесено по барањето за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел, во постапка по барање за прибирање на понуди за јавна набавка на стоки – Лекарства за кои немало понуди во отворена постапка и други неопходни лекови, бидејќи смета дека Советот за јавни набавки погрешно ја утврдил фактичката состојба и не дал согласност, поради што предлага Државната комисија жалбата да ја уважи, а оспореното решение со кое не се дава согласност да го поништи.

Page 84: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Во одговорот на жалбата со архивски број 16-844/12 од 30.07.2014 година, Советот за јавни набавки наведува дека жалбата на жалителот е неоснована и предлага истата како таква да биде одбиена.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на Советот за јавни набавки, стручни мислења, Решението на Советот за јавни набавки, како и целокупната останата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Жалителот – договорниот орган ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, спровел подготвителни дејствија за доделување на договор за јавна набавка на стоки – Лекарства за кои немало понуди во отворена постапка и други неопходни лекови, односно донел Одлука за јавна набавка бр.02-1601/1, изготвил тендерска документација и поднел Барање за добивање согласност од 07.07.2014 година, согласно член 36-а став (2) алинеја 2 од Законот за јавните набавки, за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел до Министерство за финансии на Република Македонија, Биро за јавни набавки – Совет за јавни набавки, видно од Извештајот за потребата за обезбедување на согласност бр.02-1875/1 од 07.07.2014 година.

Советот за јавни набавки, постапувајќи по барањето за добивање на согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел, донел Решение бр.16-844/10 од 17.07.2014 година, со кое не дал согласност за користење на барањата во техничките спецификации.

Page 85: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

Незадоволен од донесеното решение, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки изјави договорниот орган ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија

за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот во жалбата истакнува дека е незадоволен од оспореното Решение бр.16-844/10 од 17.07.2014 година на Советот за јавни набавки, поради што во оставениот рок за правна заштита ја поднел жалбата, бидејќи смета дека Советот со горецитираното решение навел дека при одлучувањето ги зел во предвид мислењата на стручните лица кои согласно член 14 став 24 од Законот за јавните набавки се составен дел на решението, но одлучил да не се даде согласност за предметното барање затоа што во ставка 2 не бил точен АТЦ кодот, бидејќи секој витамин си има свој АТЦ код или ако се стави како една ставка АТЦ кодот да биде А11 па потоа да бидат наведени потребните витамини. Според жалителот, не било точно дека за ставката под реден број 2 ( multivitamins со АТЦ код А11ВА) бил погрешно ставен кодот, бидејќи тој код бил и по WHO Collaborating Centre for Drug Statistics Methodology, Wikipedia и регистарот на лекови на Република Македонија на Министерство за здравство на Република Македонија - Биро за лекови. Жалителот напоменува дека Барање за добивање согласност до Советот за јавни набавки за истиот предмет на набавка доставил и претходно за кое било добиено Решение бр.16-603/9 од 01.07.2014 година, со кое по однос на барањето не се дава согласност, со изнесен став на стручните лица од областа на здравството дека за Дел 2 А11ВА бил наведен АТЦ код за мултивитамини без додаток, при што требало да се наведе која комбинација на мултивитамини била потребна. По оваа наведена забелешка била направена корекција во второто поднесено барање со тоа што во Спецификацијата бил напишан составот и дозажната форма, но и покрај вака направената корекција, согласно забелешката од Советот, на повторното барање повторно не била дадена согласност. На ваков начин, жалителот смета дека Советот ја пролонгирал постапката за јавна набавка, при тоа не земајќи во предвид дека се работело за набавка на лекови која требала да биде приоритетна, бидејќи се работело за здравјето на пациентите и дополнително го оптоварувала договорниот орган со финансиски трошоци кои не биле незначителни за една здравствена установа која работела со лимитиран буџет. Од тие причини предлага Државната комисија да ја уважи жалбата и да го поништи Решението бр.16-844/10 од 17.07.2014 година на Советот за јавните набавки.

Во одговорот на жалбата Советот за јавни набавки наведува дека

наводите на жалителот истакнати во жалбата се неосновани бидејќи смета

Page 86: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

дека фактичка состојба била правилно и во целост утврдена на начин како што било наведено во образожението од оспореното решение. Имено, во образложението од оспореното решение Советот за јавни набавки навел дека ги земал во предвид мислењата на стручните лица кои согласно член 14 став 24 од Законот за јавните набавки се составен дел на решението и одлучил да не се даде согласност за предметното барање затоа што во ставка 2 не бил точен АТЦ кодот, бидејќи секој витамин си имал свој АТЦ код или ако се стави како една ставка АТЦ кодот да биде А11 па потоа да бидат наведени потребните витамини, став кој произлегувал од прифатеното мислење на третото стручно лице, додека првото стручното лице констатирало дека според горенаведените констатации договорниот орган ги запазил одредбите од Законот за јавните набавки по член 2 со што овозможил конкурентност, не фаворизирање како и рационално искористување на финансиските средства, со што се стекнал со право за согласност по член 36-а став 1. Од овие причини ставот на ова стручно лице бил да се даде согласност за предметното барање. Второто стручно лице констатирало дека за одредени лекарства, односно по деловите 2, 4, 6, 8, 9, 11, 14, 16, 20, 26, 29, 32, 33, 40 нема пријавени економски оператори. Додека пак за останатите лекарства на фармацевскиот пазар постоеле добавувачи, поради што ставот и на ова стручно лице бил да се даде согласност за предметното барање. Од овие причини Советот за јавни набавки одлучил како во диспозитивот и останува на одлуката донесена со оспореното Решение бр.16-844/10 од 17.07.2014 година и предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да донесе одлука со која ќе ја отфрли жалбата како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, согласно Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки врз основа на

целокупната доставена документација, како и врз основа на решението на Советот за јавни набавки бр.16-844/10 од 17.07.2014 година, смета дека барањето бр.02-1875/1 од 07.07.2014 година за добивање согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечна ставка или за целиот дел од страна на договорниот орган ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, односно дека техничката спецификација на тендерската документација не е согласно член 2, член 3 став 1 точка 12 и член 32 став 1 од Законот за јавните набавки.

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: „Со овој закон

особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и

Page 87: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“.

Во член 3 став 1 точка 12 од Законот за јавните набавки е наведено

дека: „Техничка спецификација" е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките, услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат.

Согласно член 32 став 1 од Законот за јавните набавки: „(1)

Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка“.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.07-401/6 07.08.2014 год. С к о п ј е ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски

Доставено до: - Архива; - ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје, ул.11-ти Октомври, бр.53, Скопје - Совет за јавни набавки, ул.„Ѓуро Стругар“, бр.5, Скопје

Page 88: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – договорен орган НУ Завод и музеј Битола, наш број 08-404/1 од 29.07.2014 година, изјавена против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-906/6 од 21.07.2014 година, донесено по барањето за добивање согласност за користење на критериумот за утврдување на способност во отворена постапка за јавна набавка на стоки – набавка и изработка на 8 силиконски фигури на личности и настани од историјата на Република Македонија, за потребите на постојаната музејска поставка на куќата на Татарчеви во Ресен, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013 бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот – договорен орган НУ Завод и музеј Битола, изјавена против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-906/6 од 21.07.2014 година, донесено по барањето за добивање согласност за користење на критериумот за утврдување на способност во отворена постапка за јавна набавка на стоки – набавка и изработка на 8 силиконски фигури на личности и настани од историјата на Република Македонија, за потребите на постојаната музејска поставка на куќата на Татарчеви во Ресен, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Жалителот – договорниот орган НУ Завод и музеј Битола, вложил жалба, против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-906/6 од 21.07.2014 година, донесено по барањето за добивање согласност за користење на критериумот за утврдување на способност, во отворена постапка за јавна набавка на стоки – набавка и изработка на 8 силиконски фигури на личности и настани од историјата на Република Македонија, за потребите на постојаната музејска поставка на куќата на Татарчеви во Ресен, бидејќи договорниот орган смета дека Советот за јавни набавки погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и го донел оспореното решение кое било нејсно, поради што предлага Државната комисија жалбата да ја уважи, а оспореното решение со кое не се дава согласност да го поништи.

Page 89: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Во одговорот на жалбата со архивски број 16-906/8 од 01.08.2014 година, Советот за јавни набавки наведува дека жалбата на жалителот е неоснована и предлага истата како таква да биде одбиена.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на Советот за јавни набавки, стручни мислења, Решението на Советот за јавни набавки, како и целокупната останата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди следната фактичка состојба:

Жалителот – договорниот орган НУ Завод и музеј Битола, спровел подготвителни дејствија за доделување на договор за јавна набавка на стоки – набавка и изработка на 8 силиконски фигури на личности и настани од историјата на Република Македонија, за потребите на постојаната музејска поставка на куќата на Татарчеви во Ресен, односно донел Одлука за јавна набавка бр.15-590/2 од 08.07.2014 година, изготвил тендерска документација и поднел Барање за добивање согласност бр.15-590/1 од 03.07.2014 година, согласно член 36-а став (2) алинеја 2 од Законот за јавните набавки, за добивање согласност за користење на критериумот за утврдување на способност до Министерство за финансии на Република Македонија, Биро за јавни набавки – Совет за јавни набавки, видно од Извештајот за потребата за обезбедување на согласност бр.15-590/6 од 08.07.2014 година.

Советот за јавни набавки, постапувајќи по барањето за добивање на согласност за користење на критериумот за утврдување на способност, донел Решение бр.16-906/6 од 21.07.2014 година, со кое не дал согласност за користење на бараниот критериум за утврдување на способност.

Незадоволен од донесеното решение, жалба до Државната комисија за

жалби по јавни набавки изјави договорниот орган НУ Завод и музеј Битола. Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија

за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Page 90: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

Жалителот во жалбата, истакнува дека во образложението на оспореното решение било наведено дека договорниот орган спровел подготвителни дејствија и дека првото стручно лице по однос на барањето за добивање на согласност се произнело позитивно со назначување дека критериумите за утврдување на способноста не се дискриминаторски и истите биле согласно Законот за јавните набавки. Оттаму за жалителот било нејасно зошто било донесено решението на Советот за јавни набавки за недавање на согласност и покрај спроведените подготвителни работи од страна на договорниот орган и позитивното мислење од страна на стручното лице ангажирано од Советот. Понатаму жалителот наведува дека во став 4 од образложението било наведено дека во точка 2.5.1 бил предвиден еден услов, а во точка 2.5.2 како докази за исполнување на условот од точка 2.5.1 биле предвидени 6 (шест) докази и дека на тој начин можело да се доведат во заблуда економските оператори и да се ограничи конкуренцијата на пазарот, и потенцира дека точно било тоа дека договорниот орган во тендерската документација навел еден минимален услов, односно економскиот оператор да има извршено најмалку една испорака од ист или сличен вид како од видот на набавката во последните 5 (пет) години, како и согласно точката 2.5.2 да ги достави следните наведени докази: - Референтна листа на извршени испораки од ист или сличен вид како видот на набавката, со приложување на најмалку една потврда за квалитетно извршени испораки; - Копија од 1 (еден) договор за извршена испорака од ист или сличен вид како од видот на набавката во последните 5 (пет) години (2009, 2010, 2011, 2012 и 2013); - Мостри, опис или фотографии на производи како од предметот на набавка. Истите ќе бидат вратени по завршувањето на постапката; - Уверенија - сертификати на квалтет од институции со кои се докажува признаената компетентност на производите; - Изјава со која одговорното лице на економскиот оператор потврдува дека го прифаќа начинот и рокот на плаќање; - Изјава со која одговорното лице на економскиот оператор го прифаќа начинот и рокот на извршување на работите, но смета дека со наведување на овие барања не можело економските оператори да се доведат во заблуда и да се ограничи конкуренцијата. Имено, со ова договорниот орган само сакал покрај копијата од договорот за исполнување на минималниот услов, поблиску да се запознае со економскиот оператор преку референтната листа, приложените мостри, описи или фотографии и уверенија-сертификати за квалитетот што го нудат. Со наведените изјави договорниот орган само ја потврдувал спремноста на економските оператори да постапат согласно условите наведени во тендерската документација. Жалителот исто така потенцира дека доколку економските оператори во текот на постапката сметале дека имало нејаснотии околу бараните докази, согласно Законот за јавните набавки, можеле да побараат појаснување на истите, а сето ова не би требало да биде причина за недобивање на

Page 91: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

согласност. Имено, според жалителот, Советот за јавни набавки во образложението на решението требало да укаже што точно сметал дека не требало да биде наведено во точка 2.5.2 од тендерската документација како и да бидат наведени причината за истото. Понатаму во став 8 од образложението било наведено дека во точка 2.5.2 договорниот орган предвидел уверенија - сертификати од институции со кои се докажувала признаената компетентност на производите и дека не било дефиниранирано на кои точно сертификати и институции се мисли и дека тоа било спротивно на член 153 став 5 од Законот за јавните набавки. Жалителот истакнува дека било точно дека во точка 2.5.2 се бараат уверенија – сертификати, но не било точно дека истото било спротивно на член 153 став 5 од Законот за јавните набавки, бидејќи пошироко образложение за овие документи било дадено во техничката спецификација и тоа: „Уверенија - сертификати на квалитетот на материјалот доставени од производителот или од институции со кои се докажува признаената компетентност на производите“. Со ова на економските оператори им бил даден простор материјалите да ги набавуваат од фирми по свој избор со тоа што единствен услов бил да се поседуваат уверенија или сертификати за квалитетот на материјалот од кој што би се изработувале силиконските фигури. Договорниот орган не можел однапред да специфицира кој орган ги издава сертификатите и уверенијата затоа што за секој материјал тие биле различни, а исто така како понудувач можел да се јави и економски оператор од странство. Жалителот наведува дека доколку Советот за јавни набавки сметал дека тие се издаваат од одредена институција тоа требало да го наведе во образложението за да може договорниот орган истото да го примени во тендерската документација. Од сето погоре изнесено жалителот смета дека Решението на Советот за јавни набавки е нејасно и со истото на договорниот орган не му било укажано кои наредни чекори треба да ги спроведе за да може да ја реализира постапката и од тие причини предлага Државната комисија жалбата да ја уважи, а оспореното решение со кое не се дава согласност да го поништи.

Во одговорот на жалбата Советот за јавни набавки наведува дека

наводите на жалителот истакнати во жалбата се неосновани во целост. Имено, Советот истакнува дека во образложението на жалбата, жалителот навел дека фактичката состојба била неправилно утврдена поради тоа што смета дека со определените ставки не можело економските оператори да се доведат до заблуда и да се ограничи конкуренцијата на пазарот како што утврдил Советот за јавни набавки во оспореното решение. Овој жалбен навод според Советот е неоснован затоа што фактичка состојба во целост била утврдена на начин како што било наведено во образожението од оспореното решение. Договорниот орган во точка 2.5.1 предвидел еден услов, а во точка 2.5.2 како докази за исполнување на условот од точка 2.5.1 предвидел 6 (шест) докази. Ова според Советот можело да ги доведе во

Page 92: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

заблуда економските оператори и да ја ограничи конкуренцијата на пазарот, и смета дека договорниот орган морал јасно и недвосмислено да ги усогласи условите и доказите од точка 2.5.1 и точка 2.5.2. Исто така, договорниот орган во точка 2.5.2 предвидел уверенија - сертификати од институции со кои се докажува признаената компетентност на производите, при што не дефинирал на кои точно сертификати и институции се мисли, што било спротивно на член 153 став 5 од Законот за јавни набавки во кој е наведено дека техничката и професионалната способност на економскиот оператор се докажува со „уверенија издадени од надлежни органи за контрола за квалитет со признаена компетентност, а кои ја тестираат погодноста на производите што јасно била утврдена со упатувањата кон спецификациите и стандардите“. Ова според Советот, можело да ги доведе во заблуда економските оператори и да ја ограничи конкуренцијата на пазарот. Наводите во образложението на жалителот со кои констатирал дека доколку економските оператори во текот на постапката сметале дека има нејаснотии околу бараните докази, согласно Законот за јавните набавки, можеле да побара појаснување на истите, за Советот биле неосновани затоа што, согласно член 32 став 1 од Законот за јавните набавки, договорниот орган бил должен во тендерската документација да ги наведе барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка. Во однос на жалбениот навод за тоа дека оспореното Решение на Советот за јавни набавки е нејасно, бидејќи Советот не го зел во предвид позитивното мислење на ангажираното стручно лице, при одлучувањето за давање на согласност за предметното барање и не му било укажано на договорниот орган кои наредни чекори треба да ги спроведе за да може да ја реализира постапката, Советот исто така го смета за целосно неоснован затоа што смета дека при донесување на одлуката, ги земал во предвид стручните мислења согласно член 14 став 24 од Законот за јавните набавки, при што истите биле дел од Решението, но одлучил да не даде согласност од истите причини кои се погоренаведени, а исто така и во образложението на Решението. Од овие причини Советот за јавни набавки одлучил како во диспозитивот и останува на одлуката донесена со оспореното Решение бр.16-906/6 од 21.07.2014 година и предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да донесе одлука со која ќе ја отфрли жалбата како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

согласно Законот за јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот, утврди дека жалбата е неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки го прифати мислењето

на Советот за јавни набавки дека во постапката по барањето за добивање

Page 93: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

согласност за користење на критериумите за утврдување способност на договорниот орган НУ Завод и музеј Битола, во отворена постапка за јавна набавка на стоки – набавка и изработка на 8 силиконски фигури на личности и настани од историјата на Република Македонија, за потребите на постојаната музејска поставка на куќата на Татарчеви во Ресен, дека истите можеле да ги доведат во заблуда економските оператори и да ја ограничат конкуренцијата на пазарот што е спротивно на член 2 од Законот за јавните набавки, согласно кој: „Со овој закон особено се обезбедува:-конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори за јавна набавка“. Државната Комисија за жалби по јавни набавки смета дека договорниот орган требал јасно да ги определи условите од точка 2.5 (техничка или професионална способност) потточка 2.5.1, во однос на бараните докази од потточка 2.5.2. на тендерската документација посебно во делот на уверенијата и сертификатите.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.07-401/6 07.08.2014 год. С к о п ј е ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски Доставено до: - Архива; - НУ Завод и музеј Битола, ул.Климент Охридски бр.18, Битола - Совет за јавни набавки- ул.„Ѓуро Стругар“, бр.5, Скопје

Page 94: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

1

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав:м-р Мишо Василевски-член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот – договорниот орган Македонска Банка за поддршка на развојот, изјавена против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-828/9 од 17.07.2014 година, донесено по Барањето за добивање согласност за користење на критериуми за утврдување на способност, по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.07/2014 за јавна набавка на стоки – набавка на моторни горива Еуросупер 95 и Еуродизел БС, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став 3 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.24/2012, бр.15/2013 бр.148/2013, бр.160/2013, бр.28/2014 и бр.43/2014), на 36-та Седница одржана на ден 07.08.2014 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот – договорниот орган Македонска Банка за поддршка на развојот, изјавена против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-828/9 од 17.07.2014 година, донесено по Барањето за добивање согласност за користење на критериуми за утврдување на способност, по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.07/2014 за јавна набавка на стоки – набавка на моторни горива Еуросупер 95 и Еуродизел БС, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Жалителот – договорниот орган Македонска Банка за поддршка на развојот, вложил жалба против Решението на Советот за јавни набавки бр.16-828/9 од 17.07.2014 година, донесено по Барањето за добивање согласност за користење на критериуми за утврдување на способност, по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.07/2014 за јавна набавка на стоки – набавка на моторни горива Еуросупер 95 и Еуродизел БС, бидејќи смета дека Советот за јавни набавки погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалното право и не дал согласнот

Page 95: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

2

Во одговорот на жалбата со архивски број 16-191/10 од 30.05.2014 година, Советот за јавни набавки наведува дека жалбата на жалителот е неоснована и предлага истата како таква да биде одбиена.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази: жалбата, писмениот одговор на жалбата доставен од страна на Советот за јавни набавки, оспореното Решение на Советот за јавни набавки, одлуката за потреба од споведување јавна набавка, тендерската документација, барањето за добивање на согласност од советот, извештајот за потребата од обезбедување на согласност, како и целокупната останата документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е неоснована.

Од увидот во доставените писмени докази во предметот и детално

испитувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната комисија ја утврди следната фактичка состојба:

Жалителот – договорниот орган Македонска Банка за поддршка на развојот спровел подготвителни дејствија за доделување на договор за јавна набавка на стоки – набавка на моторни горива Еуросупер 95 и Еуродизел БС, односно донел Одлука за јавна набавка бр.25-2974/1 од 04.07.2014 година, изготвил Тендерска документација и поднел Барање за добивање согласност бр.25-2974/5 од 04.07.2014 година, согласно член 36-а став (2) алинеја 2 од Законот за јавните набавки, за добивање согласност за користење на критериуми за утврдување на способност до Министерство за финансии на Република Македонија, Биро за јавни набавки – Совет за јавни набавки, видно од Извештајот за потребата за обезбедување на согласност.

Советот за јавни набавки, постапувајќи по барањето за добивање на

согласност за користење на економски најповолна понуда, донел Решение бр.16-828/9 од 17.07.2014 година, со кое „не дал согласност“ за користење на бараниот критериум.

Page 96: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

3

Незадоволен од донесеното Решение останал жалителот - договорен орган Македонска Банка за поддршка на развојот, поднел жалба до Државната комисија.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија го

утврди следното: Жалителот во жалбата истакнува дека при одлучувањето, Советот за

јавни набавки сторил суштествени повреди на постапка, погрешно ја утврдил фактичка состојба, како и погрешно го применил материјалното право. Жалителот смета дека решението е неразбирливо и е во спротивност со решителните факти, а од истото не можело да се утврди какви стручни лица биле ангажирани од страна на Советот за јавни набавки, односно врз основа на кои правила на науката, струката, етичките норми и професионални стандарди било изготвено мислењето од страна на стручните лица. Првото мислењето од стручно лице наведено во решението, жалителот тврди дека е нејасно, неразбирливо и конфузно и за него е нејасно како ставот на стручното лице да не се даде согласност за предметното барање е поврзан со неговото мислење дека треба да се дозволи економските оператори да дадат понуда како група на економски оператори со цел заедничко поднесување на пријава за учество или групна понуда без да се поврзат во законска форма согласно Законот за јавните набавки. Како што наведува и самото стручно лице оваа можност е со закон утврдена и жалителот со ниту еден акт го нема ограничено ова право на економските оператори, па тоа да биде причина поради која мислењето на стручното лице би било да не се даде согласност за дополнително утврдените од страна на жалителот критериуми за утврдување на способност. Советот за јавни набавки погрешно утврдил дека договорниот орган сега жалител не образложил која е потребата економскиот оператор да има бензинска пумпа во поголемите градови во Македонија вклучително и Крушево и Дојран. Имено, кон барањето за добивање на согласност, договорниот орган - жалителот до Советот за јавни набавки во прилог доставил Тендерска документација и Извештај за потребата од обезбедување на согласност во прилог со образложение за причините за користење на предметните критериуми, барања и услови, а основна причина поради која жалителот предвидел ваков дополнителен критериум е потребата банката непречено да функционира на територијата на целата Република и без поголеми потешкотии да може да набавува моторни горива во време и место кога за тоа има потреба. Советот ги зема во предвид мислењата на стручните лица при одлучувањето за давање согласност и истите се составен дел на решението, а доколку стручното лице не достави мислење во рамки на законски утврдениот рок, советот ќе одлучи без негово мислење. Имено, при носењето на Решението, Советот прибавил мислење од три стручни лица и

Page 97: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

4

тие се составен дел на решението, но спротивно на одредбата во споменатиот член, не ги земал во предвид, со оглед на тоа што стручните мислења на второто и третото стручно лице се да се даде согласност за барањето на МБПР. Жалителот при утврдување на критериумот техничка или професионална способност при набавка на стока - гориво постапил во целост согласно членовите 144 став (1) и (2) од Законот за јавните набавки, односно ги предвидел минималните услови што економските оператори треба да ги исполнуваат, како и тоа дека водел сметка дека критериумите за утврдување на способност се пропорционални и се директно поврзани со предметот на набавката. Исто така жалителот при утврдување на критериумот техничка или професионална способност доследно се придржувал кон членовите 152, 153 и 154 од Законот за јавните набавки кои се однесуваат на овој вид на способност, Всушност во тендерската документација било предвидено за набавка на гориво за службените возила на банката, за да се квалификува како способен за исполнување на договорот, економскиот оператор треба да поседува бензински пумпи во поголемите градови во Р.Македонија, односно критериум кој не е дискриминаторски, туку е неопходност при овој вид на набавка затоа што само тој овозможува непречено одвивање на работењето на договорниот орган – жалител при користењето на службените возила. Во спротивно ако се изостави овој критериум, би се овозможило учество на економски оператори кои поседуваат бензиски пумпи само во одредени градови, со што самата набавка би ја изгубила смислата. Потребата да се набави гориво тогаш и таму каде што ќе се јави потреба не е дискриминаторски услов, туку е неопходност која нема за цел да ја ограничи конкуренцијата, туку да овозможи несметано функционирање на службените возила на банката. Од наведените причини, жалителот предлага да се уважи жалбата.

Во писмениот одговор на жалбата Советот за јавни набавки истакнува

дека незадоволен од донесената одлука, жалителот ја побива истата поради суштествена повреда на постапката, погрешно утврдена фактичка состојба, погрешна примена на материјалното право поради што предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и да донесе одлука со која ќе го поништи оспореното решение и ќе даде позитивно мислење по предметното барање. Вака поставеното жалбено барање Советот за јавни набавки смета дека е неосновано. Во образложението од жалбата, жалителот наведува дека фактичката состојба била неправилно утврдена поради тоа што потребата да се набави горивото не бил дискриминаторски услов и немало цел да ја ограничи конкуренцијата, туку да овозможи несметано функционирање на службените возила на банката. Овој жалбен навод Советот за јавни набавки смета дека е неоснован затоа што фактичката состојба била во целост утврдена на начин да само еден економски оператор имал бензинска пумпа на одредени наведени територии со што се

Page 98: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

5

ограничувала конкуренцијата на пазарот. Имено, договорниот орган навел дека економскиот оператор треба да располага со бензински пумпи во поголемите градови во Република Македонија, а притоа предметот на набавка го оформил како неделлив. Со ваквиот начин на оформување на предметот и барањето економскиот оператор да поседува бензински пумпи во сите градови вклучително и во градовите Крушево и Дојран каде што бензинска пумпа има само еден економски оператор се влијаело на ограничување на конкуренцијата на пазарот, бидејќи другите економски оператори не го исполнуваат условот да поседуваат бензински пумпи во сите наведени градови што е спротивно на член 15 став 6 од Законот за јавните набавки. Договорниот орган предметот на набавка може да го оформи како деллив по градови и за секој дел да добие понуда и на тој начин соодветно да ги задоволи своите потреби за непречено функционирање на неговите службени возила. Од овие причини Советот за јавни набавки смета дека жалбата треба да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

жалбата и жалбените наводи, а врз основа на доказите во предметот од спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Државната комисија од приложената документација во предметот од започнатата постапка за доделување на договор за јавна набавка, утврди дека жалбата на жалителот е неоснована, односно Советот за јавни набавки постапил согласно член 36-а од Законот за јавните набавки кога одлучил да не даде согласност за добивање согласност за користење на критериуми за утврдување на способност, по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.07/2014 за јавна набавка на стоки – набавка на моторни горива Еуросупер 95 и Еуродизел БС.

Имено, Советот постапил согласно член 14 став 20 од Законот за

јавните набавки и при одлучување за давање согласност со обратил до 3 стручни лица од Регистарот за стручни лица. Советот за јавни набавки, имајќи ги во предвид стручните мислења констатирал дека предвидените критериуми за утврдување на техничка и професионална способност на економските оператори не се пропорционални и директно поврзани со предметот на набавката.

Во постапувањето по конкретното барање за добивање на согласност

поднесено од договорниот орган Македонска Банка за поддршка на развојот, видно од образложението на донесеното решение, а и од извршениот увид во предметот, Државната комисија за жалби по јавни набавки во целост го прифати образложението од Решението бр.16-828/9 од 17.07.2014 година на

Page 99: жалителот – „ДОМИНО“ ДООЕЛ Скопје · Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

6

Советот за јавни набавки, како и образложението дадено во одговорот на жалбата.

Имено, Државната комисија го прифати образложението на Советот за

јавни набавки дека со наведениот услов во тендерската документација, каде што е наведено дека економскиот оператор треба да располага со бензински пумпи во поголемите градови во Република Македонија, Скопје, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Штип, Струмица, Дојран, Гевгелија, Ресен, Битола, Прилеп, Крушево и Велес, односно со ваквиот начин на оформување на предметот и барањето економскиот оператор да поседува бензински пумпи во сите градови вклучително и во градовите Крушево и Дојран каде што бензинска пумпа има само еден економски оператор се влијаело на ограничување на конкуренцијата на пазарот. Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во диспозитивот. Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението. Бр.08-400/7 07.08.2014 год. С к о п ј е ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ, м-р Мишо Василевски

Доставено до: - Архива, - Совет за јавни набавки ул. „Ѓуро Стругар“ бр.5 I кат Скопје - Македонска банка за подршка на развојот ул.„Димитрие Чуповски“ бр.26 Скопје