Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

26
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 15 март 2012, Бр. 89 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Стопанската комора на Македонија ја интензивира соработката со деловни асоцијации и институции од НР Кина Број 89 од 15.03.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk КОНТАКТИ МЕЃУ КОМПАНИИТЕ ТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ИНВЕСТИЦИИ САДЕТЕ СОНЧОГЛЕД – ЌЕ ВИ ДОНЕСЕ ЌАР, А НА ЗЕМЈАВА МОЖЕ ДА И` ЗАШТЕДИ И ДО 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Преработувачите бараат донесување нов правилник за квалитет на маслото и апелираат до земјоделците Европските комори барат партнерство со Европската комисија и парламентот, но резултатите од пролетниот Самит на ЕУ се разочарувачки ЗАНЕМАРЕНИ ПЕТТЕ ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922

description

Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

Transcript of Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

Page 1: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 15 март 2012, Бр. 89СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Стопанската комора на Македонија ја интензивира соработката со деловни асоцијации и институции од НР Кина

Број 89 од 15.03.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

КОНТАКТИ МЕЃУ КОМПАНИИТЕТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ИНВЕСТИЦИИ

САДЕТЕ СОНЧОГЛЕД – ЌЕ ВИ ДОНЕСЕ ЌАР, А НА ЗЕМЈАВА МОЖЕ ДА И` ЗАШТЕДИ И

ДО 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Преработувачите бараат донесување нов правилник за квалитет на маслото и апелираат до земјоделците

Европските комори барат партнерство со Европската комисија и парламентот, но резултатите

од пролетниот Самит на ЕУ се разочарувачки

ЗАНЕМАРЕНИ ПЕТТЕ ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Page 2: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

ОД ТЕ-ТО СИТЕ ЌЕ ИМААТ ЌАР

ТЕ-ТО има капацитет годишно да произведува струја до 1.850 гигават-часа, што е еднакво на 30 отсто од досегашното производство во земјава. Покрај тоа што ќе се намалат потребите на државата за увоз на струја, ќе се намалат и трошоците на МЕПСО за пренос и на домашна енергија. Постои можност и за трајна соработка со МЕПСО и ЕЛЕМ во насока на зголемување на стабилноста на енергетскиот пазар во земјавa.

Производството на струја, независно дали ќе биде за потрошувачи во државата или ќе биде за потрошувачи во странство, физички ќе се потроши најголем дел во Скопје и во Македонија. Со тоа значително ќе се намалат реалните загуби во преносниот систем на МЕПСО за снабдување на Скопје со струја. Ако загубите при преносот на струја се ценат на три отсто од пренесената енергија, намалувањето на загубите на годишно ниво реално би било околу 50 гигават-часа, или околу 60 отсто од годишното производство на ХЕ „Козјак“. Отворањето на ТЕ-ТО ќе има значајно влијание и врз работата на „Топлификација“. Практично околу 60 отсто од потребите за топлинска енергија „Топлификација“ ќе ги добива од ТЕ-ТО. Ефектите од активирањето

на топланата веќе можат да се видат. Успеавме да постигнеме и најблискиот и најоддалечениот корисник во исто време да добиваат топлинска енергија со иста јачина. (Д-р Димитар Хаџимишев, претседател на управниот одбор на „Топлификација“)

ЗАБОТКАТА ОД ДАНОЦИ ОПШТИНАТА ЈА ТРОШИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО

ИНФРАСТРУКТУРАТА

Во урбанистичкиот план веќе се внесени уште две индустриски зони. Првата нуди девет парцели за продажба, распослани на 35 хектари, а втората е проектирана на пет хектари. Интересот за инвестирање континуирано расте. Затоа се решивме за уште две нови зони. Сакаме уште повеќе да го исфорсираме интересот за преработка на земјоделски производи и овошје, бидејќи овој крај е земјоделски. Секоја заработка од добрата наплата на даноци општината ја троши на подобрување на

инфраструктурата, која е еден од главните предуслови за да дојдат инвеститорите. Тие инвестиции добро ни се исплатија.

(Ванчо Стојанов, градоначалник на Василево)

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МЕРКИ ЗА ЕNЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Светската банка завршува студија за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјите кои успеаа значително да го намалат нивниот енергетски интензитет. Генерално, беше утврдено дека прво се случува енергетската ефикасност во индустрискиот сектор и дека енергетската ефикасност во секторот домаќинство заостанува. Утврдивме дека земјите успешно овозможиле подобра

енергетската ефикасност во домаќинствата со преземање на следниве мерки: Активно ангажирање на Владата, подобри стандарди за градежништво, овозможување ревизија на евтината енергија, обезбедување евтини финансиски можности за подобрување на градежништвото, имплементација на програмите за градежни сертификати, ефективно ширење на информациите, овозможување на здруженија на сопственици на куќи. Потребата за добри градежни стандарди е особено значајна, бидејќи растечките трошоци за енергетски ефикасна нова зграда се скромни, вообичаено помалку од 5 отсто од трошоците за нов дом, и често се фокусирани на добрата градежна пракса. (Гери Стагинс, тим-лидер на Проектот за зелен развој на Македонија од Светска банка)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 15 март 2012, Бр. 89

Во организација на Агенцијата за промоција на странските инвестиции и извозот и Амбасадата на Република Кина во Република Македонија, во скопскиот хотел „Александар Палас“ се одржа Бизнис-форум, на којшто учествуваа претставници

на 35 компании производители на бела техника од Западна Кина, провинцијата Сичуан и македонски компании (8.3.2012 година). Притоа, Стопанската комора на Македонија потпиша договори за соработката со Секинеската федерација на комори за индустрија и трговија, железарија и електромеханика, Сечуан и Кинаскиот совет за промоција на трговијата на Сечуан. Ли Ганг, претседател на Кинескиот совет за промоција на трговијата на Сечуан, изјави дека по презентацијата на можностите за инвестирање во Македонија кинеските компании покажуваат интерес за инвестирање. -Нашите компании се многу заинтересирани за инвестирање во Македонија и веруваме дека ќе има шанси за тоа. Воедно ги повикуваме македонските компании да дојдат во Кина и да ги промовираат своите производи, да инвестираат и да соработуваат. Верувам дека по нашата посета ќе има поголема соработка и ќе најдеме повеќе можности за тоа, - изјави Ганг. Според Кристијан Делев, заменик-директор на Агенцијата за

странски инвестиции, од кинеските компании веќе има неколку иницијативи за соработка кои се надева дека ќе се реализраат при следните посети. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, укажа на потребата од намалување

на трговскиот дефицит од македонска страна, кој изнесува 227 милиони САД долари. - Потребно е намалување на трговскиот дефицит на македонска

страна. За тоа има некои оптимистички најави. Групирањето на производите кои во минатото се извезуваа во Кина во четири групации сега е зголемено на осум, но и тој број е незначителен споредено со 473 различни кинески производи кои се пласираат во Македонија, - рече Азески. Според него, статиситичките податоци од почетокот на годината покажуваат промени во структурата на размената. Расте извозот и увозот на двете страни, но се намалува трговскиот дефициит, што значи расте обемот на македонски производи пласирани на кинескиот пазар, - наведе Азески. Зи Ји, потпретседателката на Секинеската федерација на комори за индустрија и трговија, железарија и електромеханика, Комора Сечуан, истакна дека на 1 јануари 2012 година, отпочна примената на Дваесетопетгодишниот план на развој на Западна Кина, со кој почнуваат квалитативните промени во развојот на Кина. Во главниот градод Шенгду, од каде доаѓаат веќе функционираат над 500 компании домашни со високата технологија и над 207 компании кои се основани од глобалните компании. Развој на Западна Кина значи доближување до Европа.

АКТУЕЛНО На Македонско – кинески бизнис средби во „Александар Палас“ Комора потпиша два договора

ИНТЕНЗИВНИТЕ КОНТАКТИ МЕЃУ КОМПАНИИТЕ ТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ИНВЕСТИЦИИ

Page 4: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКАТА СОРАБОТКАНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Народна Република Кина во периодот јануари-декември 2011 година достигна вредност од 482,1 милиони САД долари, при што е остварен извоз во вредност од 127,5 милиони САД долари, што е за 45 % поголем од 2010 година, додека увозното салдо изнесува 354,6 милиони САД долари што е за 23 % поголем од 2010 година. Евидентиран е негативен трговски биланс во износ од 227,2 милиони САД долари.

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и НР Кинаво периодот јануари-декември 2011 година

Извоз Увоз Вкупно Биланс

Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Сума во САД $32.539.664,00 127.460.025,00 84.370.117,00 354.650.660,00 116.909.781,00 482.110.685,00 227.190.635,00

Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Народна Република Кина во 2010 година, достигна вредност од 375,2 милиони САД долари, при што е остварен извоз во вредност од 87,9 милиони САД долари, додека увозното салдо изнесува 287,3 милиони САД долари. Евидентиран е негативен трговски биланс во износ од 200 милиони САД долари.

Надворешно-трговска размена меѓуРепублика Македонија и НР Кина во 2010 година

Извоз Увоз Вкупно БилансКоличина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Количина во кг Сума во САД $ Сума во САД $26.547.988,00 87.894.934,00 70.463.816,00 287.359.419,00 97.011.804,00 375.254.353,00 -199.464.000,00

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2010 година, во структурата на извозот се застапени единствено: вино од свежо грозје, мермер и травертин, руди на цинк и фероникел (вредноста на фероникелот не е евидентирана) во вкупна вредност од 1,9 милиони САД долари. Евидентниот пад на вредноста на извозното салдо е резултат на губењето на кинескиот пазар на македонските компании од црната и обоената металургија, кој во 2003 година оствари прилив од 11 милиони САД $, преку извоз на топло и ладно валани производи од железо и челик. Во увозното салдо, најголемо учество имаат: електрични машини и електронски уреди и апарати за широка потрошувачка (117 милиони САД долари), текстилни материјали и ткаенини ( 24,5 милиони САД долари), облека и обувки (23,5 милиони САД долари) и др.

Стоковна размена (2003 / 2011)Во САД$

2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011Извоз 14.586.765 1.354.291 1.355.998 1.472.274 576.463 1.606.093 3.243.627 87.894.934 127.460.025

Увоз 48.278.982 81.914.747 82.019.083 139.388.667 242.721.61 314.773.568 289.409.300 287.359.419 354.650.660

Вкупно 62.865.747 83.269.038 83.375.081 140.860.941 243.297.924 316.379.661 292.652.927 375.254.353 482.110.685

Трг. салдо -33.692.217 -80.560.456 -80.663.085 -137.916.393 -242.144.998 -313.167.475 -286.166.000 -199.464.000 - 227.190.635

Инвестиции на НР Кина на Балканот

Податоците покажуваат дека неверојатни 11 милијарди евра вложила НР Кина во балканските држави само во 2010 година. Од најважните инвестиции, три милијарди евра се потрошени за концесија и модернизација на Пристаништето во Пиреја во Грција, 200 милиони евра за изградба на мост преку реката Дунав во Србија, стотици милиони евра се искористени за изградба на енергетски и инфраструктурни објекти, фабрики, трговски центри, хотели во речиси сите земји во регионот. Во тој контекст треба да се испита интересот за приватизација на Пристаништето во Солун, заедно со балканските ионвеститори и и реконструкција на Коридорот X,

ДОСИЕ

Page 5: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 15 март 2012, Бр. 89

вложувања во Коридорот VIII, во патниот и железничкиот сообраќај и во гасоводот. Од Амбасадата на НР Кина во Македонија велат дека кинеските компании се заинтересирани за учество во тендери за комуникациски и енергетски проекти и дека преговорите меѓу кинеските компании и Владата никогаш не престанале, но се уште не` се дојдени во фаза да се склучат договори. Козјак е единствената поголема инвестиција на НР Кина во Македонија, а уште имаме потпишано и договори за набавка на автобуси и компјутери од Кина.

Приказ на директни инвестиции од НР Кина во Македонија

Во мил. евра2010 2009 2008 2007 2006 2005 2004 20030,05 0,00 1.299.521 1.514.620 1.413.074 1.083.034 933.422 221.854

ДОСИЕ

Бројки и факти Локација: Источна Азија меѓу Северна Кореја и Виетнам

Површина: Вкупно: 9,596,960 км2

- Земјена површина: 9,326,410 км2

- Водена површина: 270,550 км2

Граници:Вкупно: 22,117 кмЗемји со кои граничи: Авганистан, Бутан, Бурма, Индија, Казахстан, Северна Кореја, Киргистан, Лаос, Монголија, Непал, Пакистан, Русија, Таџикистан, Виетнам.

Главен град: Пекинг

Население: 1.343.239.923 (2012)

Религија: Даоисти, Будисти, Христијани, Муслимани

Бруто домашен производ (БДП)БДП: 11 трилиони САД $ (2011)Стапка на пораст на БДП: 9,5% (2011)БДП по глава на жител: 8.400 САД $ (2011)БДП по сектори: - Земјоделство: 9,6% - Индустрија: 47,1% - Услуги: 43,3% (2011)

Работна сила: 816,2 милиони

Стапка на инфлација: 5,4% (2011)

Стапка на невработеност: 6,5% (2011)

Јавен долг: 16,3% од БДП (2011)

Индустрии: Рударство и обработка на руда, метали - железо, челик, алуминиум и други метали, јаглен;

машинска индустрија - машинско инженерство; воена индустрија - вооружување; текстил и облека; нафта; цемент, хемиска индустрија - хемикалии; ѓубрива; производи за широка потрошувачка - обувки, детски играчки и електроника; преработка на храна; транспортна опрема - автомобили, вагони и локомотиви, бродови и авиони; телекомуникациска опрема и сателити.

Извоз: 1.897 трилиони САД $ (2011)Извозни партнери: САД 18%; Хонг Конг 13,8 %, Јапонија 7,6%, Јужна Кореја 4,4 %, Германија 4,3% (2010)Извозни производи: електрика, текстил и облека, железо и челик, медицинска опрема итн.

Увоз: 1.664 трилиони САД $ (2011)Увозни партнери: Јапонија 12,6%, Јужна Кореја 9,9 %, САД 7,3 %, Германија 5,3 %, Австралија 4,3% (2010)Увозни производи: електрика, нафта, оптичка и медицинска опрема, метали, пластика и органски хемикалии.

Земјоделски производи:Кина е светски лидер во бруто вредноста од земјоделското производство и тоа на: ориз, пченица, компири, пченка, кикирики, чај, просо, јачмен, јаболка, памук, маслодајна репка; свинско месо и на риба.

Page 6: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

ДОСИЕ

Економија – преглед

Кон крајот на 1970-тите години НР Кина од затворен, централно планиран систем, помина кон повеќе пазарно ориентиран систем, оној кој ја играше големата глобална улога. Во 2010 година НР Кина стана најголем светски извозник. Реформите започнаа со исфрлање од употреба на колективизираното земјоделство, а се проширија и на вклучувањето на постепена либерализација на цените, фискалната децентрализација, зголемената автономија на државните претпријатија, создавање на видоизменет банкарски систем, развој на берзите, забрзан раст на приватниот сектор, како и отворање кон надворешната трговија и инвестициите.

Кина ги имплементираше реформите на еден градуалистички начин. Во последниве години, Кина ја обнови и оживеа својата поддршка кон претпријатијата во државна сопственост во секторите за кои смета дека се важни за „економската сигурност“, експлицитно барајќи да ги поттикне глобално конкурентните национални протагонисти. По одржувањето на својата валута тесно поврзана со американскиот долар со години, во јули 2005 година Кина ја ревалоризира својата валута за 2,1% во однос на американскиот долар и премина на систем на девизен курс кој се повикува на валутна кошничка. Од средината на 2005 година до крајот на 2008 година кумулативната апресијација на Renminbi во однос на американскиот долар беше повеќе од 20%, но девизниот курс остана практично врзан за доларот од почетокот на глобалната финансиска криза до јуни 2010 година, кога Пекинг дозволи продолжување на постепената апресијација. Преструктуирањето на економијата и резултирањето кон ефикасни придобивки придонесоа за повеќе од десеткратно зголемување на БДП од 1978 година. Проценето врз основа на паритетот на куповната моќ што се прилагодува кон разликите меѓу цените,

Кина во 2010 година беше втора по големина економија во светот после САД, откако ја надмина Јапонија во 2001 година. Вредностите на доларот на земјоделското и индустриското производство на Кина ги надминуваат оние на САД. Кина е втора по САД во однос на вредноста на услугите што ги произведува. Сепак, приходот по жител е под светскиот просек. Владата на Кина се соочува со бројни економски предизвици, вклучувајќи:

(а) намалување на својата висока стапка на домашни заштеди и соодветно ниска домашна побарувачка;

(б) одржување на адекватен раст на работни места на десетици милиони мигранти и нови учесници во работната сила;

(в) намалување на корупцијата и друг економски криминал и

(г) вклучувајќи ги еколошката штета и социјалните судири поврзани со брзата трансформација на економијата.

Економскиот развој напреднал многу повеќе во крајбрежните провинции отколку во внатрешноста, а околу 200 милиони работници од руралните подрачја и нивните семејства се преселиле во урбани средини за да најдат работа. Една последица од политиката за контрола на популацијата е дека Кина сега е една од земјите во светот со население кое најбрзо старее. Влошувањето на животната средина – особено загадувањето на воздухот, ерозијата на почвата и постојаниот пад на водената маса, особено во северниот дел – е уште еден долгорочен

проблем. Кина продолжува да губи обработливо земјиште поради ерозијата и економскиот развој. Владата на Кина се обидува да додаде капацитет за производство на енергија и од други извори, а не од јаглен и нафта, фокусирајќи се на развој на нуклеарни и алтернативни извори на енергија. Во 2009 година, глобалната економска криза ја намали странската побарувачка за кинескиот извоз за прв пат по многу години, но Кина брзо закрепна, надминувајќи ги сите други големи економии и во 2010 година постигна со раст на БДП од околу 10%. Економијата се појави подготвена да остане на патот на силен раст во 2011 година, со давање на кредибилитет на политиките за стимулирање, чиј режим се развлече за време на глобалната финансиска криза. Владата вети во 12-тиот Петтогодишен план донесен во март 2011 година, дека ќе продолжи со реформирање на економијата и ја нагласи потребата да се зголеми домашната потрошувачка, со цел да ја направи економијата помалку зависна од извозот за раст на БДП во иднина. Сепак, Кина има направено само маргинален напредок кон овие цели за ребалансирање. Двата економски проблема со кои Кина се соочува во моментов се инфлацијата – која, на крајот на 2010 година го надмина таргетот на Владата од 3% - и долгот на локалната власт, кој порасна како резултат на политиките за стимуланс, и во голема мерка не се евидентирани и се потенцијално со низок квалитет.

Page 7: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 15 март 2012, Бр. 89

ДОСИЕ

ЕУ, САД и Јапонија поднесоа тужба против Кина

ТРГОВСКА ВОЈНА ОКОЛУ ОГРАНИЧУВАЊАТА

НА ИЗВОЗОТ НА РЕТКИ МЕТАЛИ

Европската унија, САД и Јапонија до Светската трговска организација (СТО) поднесоа тужба против Кина поради нејзиното ограничување на извозот на ретки метали, кои се користат за производи од висока технологија, - соопшти СТО.

- Можам да потврдам дека примивме заедничка тужба во однос на прашањето за ретките метали од САД, ЕУ и Јапонија, - изјави портпаролот на СТО. Претходно, ЕУ се приклучи на САД и Јапонија, формално барајќи консултации за решавање на спорот со Кина во СТО, што е прв чекор кон решавање на трговскиот спор. Тоа е втора по ред тужба што Унијата ја покренува пред СТО поради трговијата на суровини со Кина, откако организацијата со седиште во Женева

претходно оваа година донесе одлука во корист на ЕУ. Кина контролира 95 проценти од глобалните резерви на ретки метали, група од 17 елементи кои се користат за изработка на технолошки уреди и хибридни автомобили, а своите трговски партнери ги разлути со ограничувањето на извозот на овие вредни минерали. Пекинг во одбрана на ограничувањето на извозот на ретки минерали соопшти дека тие се во

согласност со прописите на СТО. - Врз основа на заштитата на животната средина и со цел остварување на одржлив развој, Кина раководи со извозот на ретки минерали, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лу Вејмин, истакнувајќи дека според нив таквите мерки

се во согласност со правилата на СТО. Аналитичарите сметаат дека стратегијата на Пекинг е насочена кон зголемување на глобалната цена на металите и принудување на странските компании да се преселат во Кина со цел да си обезбедат пристап до ретките метали. Кина, сепак тврди дека рестрикциите се неопходни со цел да се зачуваат природните ресурси, да се ограничи загрозувањето на животната средина поради големите ископувања и да се излезе во пресрет на домашната побарувачка. Владата во Пекинг за 2012 година одреди извозни квоти од околу 30.000 тони за ретките метали, што е на исто ниво како и во 2011 година. Сепак, минатата година беше исполнета само околу половина од оваа квота.

Договори меѓу Република Македонија и НР Кина

•ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за научна и технолошка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина - МД - 45/95- XXI.

•ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за трговска и стопанска соработка – МД – 60/95 – ВИ.

•ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на РМ и Владата на Народна Република Кина за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал - МД - 49/97-75.

•ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на РМ и Владата на Народна Република Кина за поттикнување и заемна заштита на инвестициите - МД – 49/07 – 136.

•ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Народна Република Кина за фитосанитарна соработка МД – 100/02 - 139.

•ЗАКОН за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република кина за соработка на полето на здравствената заштита на животните и карантин - МД – 100/02 – 252.

•ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за соработка во полето на здравството и медицината меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина - МД - 100/02 - 245.

Page 8: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

Преработувачите бараат донесување нов правилник за квалитет на маслото и

апелираат до земјоделците

САДЕТЕ СОНЧОГЛЕД – ЌЕ ВИ ДОНЕСЕ ЌАР, А НА ЗЕМЈАВА МОЖЕ ДА И` ЗАШТЕДИ И

ДО 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

* Преработувачите бараат донесување нов правилник за квалитет на маслата за јадење и апелираат земјоделците сериозно да се фокусираат на произведувањето сончоглед зашто откупот и пласманот се сигурни и однапред обезбедени.

Производството на сончоглед во нашата земја од околу 30 илјади хектари во 1991 и 1992 година, се сведе само на 3.800 хектари во 2006 година, а во 2010 година се зголемија на 4.061 ха. Поради тоа, Македонија годишно губи 34 милиони САД долари зашто не произведува доволно сончоглед. Вкупното годишно производство на сончоглед опадна од 46 000 тони во 1989, од 39.000 тони во 1991 година се намали на околу 6.000 тони во 2006 година, 7.600 тони во 2010 година, само поради намалувањето на хектарите под сончоглед, додека приносите останаа стабилни, во просек околу 1,6 тони по хектар во 2006 и 1,9 тони во 2010 година, што е на нивото во ЕУ (1,8 тон/ха), истакана на редовната прес конференција Стојмирка Тасевска, виш советник на УО во Стопанската комора на Македонија (12.3.2012 година). Потребите на масло за јадење од домашна суровина се подмируваат 7-8% на годишно ниво. Остатокот се покрива со увоз на сурово за преработка и рафинирано масло за јадење. Според статистичките податоци, годишно се увезуваат околу 30.000 тони сурово масло од сончоглед и околу 5-6.000 тони рафинирано сончогледово масло, за што вкупно се одлеваат над 30 милиони САД долари.

- Годинава успеавме да собереме само 5.000 тони сончоглед. Максимумот за последниов период е околу 7.000 тони, а реалните потреби се 50.000 до 60.000 тони или вкупно посеани 30.000 хектари, рече Никола Варадинов директор на „Благој Ѓорев“ од Велес и претседател на Групацијата за масло при Стопанската комора на Македонија. Според него, необработените 180.000 хектари или 30 отсто од површините се можност повеќе за зголемување на продукцијата на сончоглед. Моментално во земјата функционираат пет преработувачки капацитети кои се во состојба да го преземат секое производство, и до 100.000 тони, да произведат доволно суровина за дома, но и да реализираат извоз.

Со цел интензивирање на производството на маслодајни култури во земјата, Групацијата на производителите на масло за јадење, во 2009 година побара зголемување на директната поддршка на производителите на сончоглед од 100 на 150 евра по хектар, бидејќи при иста субвенција со пченицата (која има принос од над 3000 тони по ха) производителите го изоставаа сончогледот кој е со принос од 1,8 тони по хектар.

Принос по хапченица сончоглед

2005 3.081 1.3302006 3.010 1.6202007 2.402 1.0212008 3.414 1.1712009 3.076 1.8792010 3.044 1.884

Барањето на Групацијата за масло позитивно се реши со ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО за 2011 година, согласно која се даде дополнителна директна поддршка по обработлива површина од 3.500 денари/ха за сончоглед и ориз. За 2012 година дополнителната поддршка изнесува 3.000 денари.

По обработлива површина,

ден/ха

-дополнителни дирекни

плаќања по обработлива

површина ден/ха

2009 6.000 /

2010 8.000 /2011 8.500 3.5002012 9.000 3.000

Во тој контекст, Варадинов како директор на единствениот преработувач на сончоглед, фабриката “Благој Ѓорев” од Велес, ги повика земјоделските

ПРЕДЛОЗИ

Извоз и увоз на сурово и рафинирано масло за јадење од РМ во 2011 година

ПроизводИзвоз Увоз

КГ САД долари КГ САД долари

Сурово масло од сончоглед 13.335 18.496 31.559.707 37.431.462

Рафинирано сончогледово масло и

негови фракции11.174.258 16.215.054 6.033.220 9.562..657

Page 9: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 15 март 2012, Бр. 89

На 9.03.2012 година во посета на Регионалната комора со седиште во Прилеп престојуваше Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија со неговите соработници. Притоа, се одржа редовната месечна средба со претседателите на Регионалните комори од Македонија, а присутните беа запознати со можностите за користење средства од европските фондови за:

-ЕУ фондови за компаниите; -ИПАРД -ЦИП Програма за конкурентност

и иновативност; -ЦИП Еко иновации; -ЦИП Интелегентна енергија и -ФП7.

Присутните беа запознати со активностите и функционирањето на Регионалната комора со седиште во Прилеп како пример за најуспешна регионална комора.

Бранко Азески заедно со претседателите на регионалните комори остварија работна средба со градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и министерот за

транспорт и врски, Миле Јанакиески, во присуство на поголем број стопанственици од регионот. Притоа, беа покренати голем број на прашања од интерес за бизнис заедницата со посебен акцент за изградбата на хидро-енергетскиот систем „Чебрен и Галиште“, патот Градско-Прилеп, индустриската зона “Металец“, како и тековни проблеми со кои се соочуваат стопанствениците од овој регион, пред се со повратот на ДДВ-то, концесиските договори и друго.

Ристо Најдоски

ПРЕДЛОЗИ

производители на сончоглед за склучување договори за производство и откуп на сончоглед за тековнава година. Што се однесува до системската регулатива, недостасува уште да се донесе нов правилник за квалитет на маслата за јадење и мастите од растително потекло, бидејќи се` уште се работи по Правилникот за квалитет на масла, масти од растително потекло, маргарин, мајонез и на нив

слични производи („Службен лист на СФРЈ“ бр. 27/85). Новиот правилник би значл усогласување на пропишаните минимални барања во однос на физичките и хемиските својства, поригорозни контроли и анализи, соодветни на европските. Стојмирка Тасевска посочи дека паралелно треба да се донесат и нови правилници за квалитет и за преработките од месо, како и за

освежителни безалкохолни пијалоци, со цел усогласување со истите од ЕУ и од соседните земји, а ставени во функција на бараниот минимален квалитет, кој е единствена заштитна бариера на домашните производители.

ПОСЕТИ

Бранко Азески со претседатели на регионалните комори во посета на Прилеп

ФОКУСОТ НА КОРИСТЕЊЕТО НА СРЕДСТВА ОД ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ

Page 10: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

Бизнис со НАМСА за јавни набавки – тендери само на проекти во кои учествува Македонија во НАТО-

операциитеЗАСЕГА САМО ТРЕНИНГ, А САМОСТОЈНО

УЧЕСТВО КОГА ЗЕМЈАВА ЌЕ СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО

Македонските компании засега можат директно да учествуваат во јавните набавки на НАТО во секторот муниција, авиоиндуистрија и системи, доколку НАТО има заеднички проект со Република Македонија. Во однос на сите други набавки, на стоки и услуги, македонските компании можат да учествуваат како

подизведувачи на компаниите од земјите-членки на НАТО, доколку тие имаат заеднички проекти. Со станување на земјата членка на НАТО компаниите ќе можат самостојно да учествуват во јавните набавки. Во Стопанската комора на Македонија за НАТО како потенцијален партнер беа информирани компаниите на информативната средба со претставниците на организацијата за НАТО јавни набавки НАМСА, со седиште во Луксембург (14.3.2012 година). Робертс Смит, заменик-директор за набавките во НАМСА и Јорн Брауер, од Одделот за стратешки развој на бизнисите, ги информираа присутните претставници на македонските компании за деловните можности кои ги даваат јавните набавки на НАТО. Агенцијата за логистика НАМСА, стационирана во Луксембург, како непрофитна организација која работи за потребите на НАТО има за главна цел да дава поддршка на НАТО-нациите преку организирање заеднички набавки и снабдување со резервни делови и давање услуги во одржувањето и поправките неопходни за поддршка на многубројните вооружени системи кои ги имаат во своите арсенали. Овие поддршки од НАМСА се возможни кога две или повеќе нации користат исти системи и заеднички одлучуваат да ги користат капацитетите на НАМСА. При отворањето на обуката, Петар Есмеров, државен секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија , истакна дека во рамките на напорите на Владата на Република Македонија да го поддржи процесот на

евроатлантските интеграции, а во исто време да овозможи што подобри услови за развој на претприемничкиот дух на домашните производни капацитети, иницирана е понатамошна и продлабочена соработка со НАМСА. - Во таа насока ја организираме и оваа работилница за да можеме на домашните компании да им овозможиме повеќе информации како да остварат деловна соработка со НАМСА и под кои услови и како да учествуваат на тендерите за јавни набавки што ги објавува НАМСА, – истакна Петар Есмеров. Со имплементирањето на стандардите од НАТО Кодификацискиот систем и применувањето на истите во Логистичко-информатички систем - ЛИС на Министерството за одбрана, Македонија се стекна со способност да им даде поддршка на домашните компании кои би сакале да извезуваат свои производи на НАТО-членките и на пазарите на земјите-партнери, кои ги прифатиле истите стандарди и соработуваат со НАМСА. За таа цел Министерството за одбрана издава НЦАГЕ-кодови (NATO Commercial and Government En�ty Codes)за компаниите-извознички во рамките на НАТО-земјите и НСН-броеви (НАТО стоковни броеви- NATO Stock Numbers) за нивните производи кои се произведени

во Република Македонија. Моментално Министерството дава поддршка на фирмите кои имаат производни капацитети од наменската индустрија. Со тоа Министертвото за одбрана ја исполнува националната обврска во потполност да го имплементираме НАТО - Кодификацискиот систем во Република Македонија, а со тоа да им се овозможи на домашшните компании кои извезуваат на НАТО-пазарот да бидат видливи во НАТО-базата од околу 16 милиони добавувачи, а нивните производи да се најдат меѓу 32 милиони производи со кои се снабдува Северноатлантската алијанса. Стопанската комора на Македонија ја организираше обуката со поддршка на Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Република Македонија

Љубица Нури

Седница на Здружението на угостителството и туризмот

ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ВО 2011 ГОДИНА

Тековните статистички податоци за 2011 годинa покажуваат дека македониските компании од туристичкиот сектор остваруваат позитивни резултати. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2011 година изнесува 32 867, а бројот на ноќевањата изнесува 62 948. Бројот на туристите во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 4,4%, а бројот на ноќевањата е намален за 2,0%.

Бројот на домашните туристи во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 16,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10,4%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2011 година, во однос на декември 2010 година, е намален за 12,.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 10,4%. Во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1,4%, а кај странските има зголемување за 25,1%. Во периодот јануари-декември 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 7,6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3,0%, а кај странските има зголемување за 35,1%. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2012 година изнесува 33 748, а бројот на ноќевањата изнесува 71 043. Бројот на туристите во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, е зголемен за 20,1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 22.4%. Бројот на домашните туристи во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, е зголемен за 12,9%, а бројот на странските туристи е зголемен за 27,3%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, е зголемен за 17,4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за

ФОКУСИРАНО

Page 11: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 15 март 2012, Бр. 89

ФОКУСИРАНО

28,2%. Бројот на туристите во јануари 2012 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2,7%. Бизнис-заедницата алармира дека со минималната финансиска владина помош, оваа индустрија нема ни сила, ни конкурентност во меѓународни рамки. За успешно градење на меѓународната конкурентност, неопходно е националната туристичка политика да се подреди кон таа цел, најмалку до моментот на воспоставување на соодветен степен на развој, односно конкурентност на приватниот сектор. Стопанската комора на Македонија е со став дека поголем развој на туристичката дејност може да се реализира ако се исполнат најавените ветувања: - инвестиции за подобрување на инфраструктурата во туризмот и поттикнување на транзитниот туризам; - субвенционирање на каматите за компаниите кои делуваат во туристичкиот сектор преку посебна кредитна линија, со што ќе се намалат каматните стапки за купување, изградба, доизградба, адаптација и доуредување на сместувачки капацитети, хотели и мотели, со соответен стандард; - продолжување со субвенционирањето на странскиот организиран туристички промет за гостин над три дена.

Стратегијата за развој на туризмот, изготвена во соработка со УНДП и Светската банка, насочува кон интензивна регионална соработка во оваа област и преку јано-приватно партнерство да се зајакне улогата на туристичките агенции на национално ниво. Република Македонија е непходно да забележи значителен прогрес особено во инфраструктурата и софистицираноста на туристичките услуги и да се олесни движењето на луѓето, посетителите и туристите воопшто. Здружението на угостителството и туризмот во изминатиот период укажуваше на фактот дека преку туризмот можат да се привлекуваат странски инвестициони вложувања, да се креираат нови работни места, да се промовираат културните вредности и природните богатства на

Република Македонија. Стопанската комора на Македонија останува на предлогот – развојот на туризмот Владата да го реализира во соработка со бизнис-заедницата.

Лазо Ангелевски

ПИ „Витаминка“ од ПрилепНОВИ ПРОИЗВОДИ „КУКИС“

И „МЕДО ЛЕНД“

Чајно печиво со чоколадни парчиња „кукис“ и детски кекси „медо ленд“ за деца се двата нови производа на „Витаминка“ кои од овој месец се достапни на пазарот. Овие два производа се проширување на линијата на производи во делот меки кекси. -Идејата за двата производа произлезе од анализите кои подолго време ги спроведуваме на пазарот, каде што се покажа потреба од ваков тип производи. ’Кукис‘ и ’медо ленд‘ се нова линија на производи што ќе се прошири во поглед на вкусови и нови производи во целост,- велат од „Витаминка“ . Детскиот кекс „медо ленд“е производ збогатен со калциум, минерал важен за детскиот развој. Чајното печиво „кукис“ со чоколадни парчиња е крцкав кекс богат со парчиња од чисто млечно чоколадо.

Најдобри промотори на Македонија во 2011 година

СИМОН ТРПЧЕСКИ, ЉУПЧО ЈУЗМЕСКИ, КОШАРКАРИТЕ И АЛЕКСАНДАР

БОГАТИНОВ СО НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ НА „ФЕЈСБУК“

Во Кинотеката на Македонија свечено беа доделени наградите „Најдобар промотор на Македонија“ за 2011 година, чии лауреати беа избрани по

четиримесечно номинирање и гласање. Според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на жирито, добитници на наградите во четири категории се: Симон Трпчески - за уметност и наука, Љупчо Јузмески - за туризам, извоз и претприемништво, Македонската кошаркарска репрезентација - за дипломатија од добра волја и Александар Богатинов - кој освои најголем број гласови од јавноста. По повод 20 години од независноста на Република Македонија, жирито додели три еднакви награди за животно дело кои ги добија Вирџинија Еванс (основач на Македонскиот филмски фестивал во Торонто), Градимир Панков (танчер и балетски работник) и Симон Трпчески, за многугодишни, врвни достигнувања и дејност. Екстра статутарни награди им беа доделени на поетот Никола Маџиров, Македонската кошаркарска репрезентација, Симон Трпчески, Игор Киров (балетан, танчер и кореограф) и Лутс Домел (почесен конзул на Македонија во Брисел). Наградата за 2011 година се организира вторпат и е дел од проектот Macedonia Loves You. Организаторот на наградата, Станислав Пигон од проектот Macedonia Loves You, рече дека Симон Трпчевски е најдобриот амбасадор на Македонија.

Пијанистот Симон Трпчески на доделувањето на наградите рекол дека натаму ќе ја промовира Македонија на најдобар можен начин. - Верувам дека тоа ќе биде испирација и мотивација и за многу останати луѓе не само од полето на музиката и воопшто во уметноста, а и во државата, да веруваат во себе и да го работат она што го работат најдобро што можат и на тој начин да придонесуваат за промоција на Македонија во светот, - истакнал Трпчески.

Page 12: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

Презентација на Новосадскиот саем за земјоделство и прехрана

во Стопанската комора на Македонија

ПОКАНА ДО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ДА СЕ ПРЕТСТАВАТ НА

НАЈЗНАЧАЈНАТА АГРО-МАНИФЕСТАЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНА

ЕВРОПА

* Саемската манифестација, ќе се одржи од 12 до 18 мај 2012 година, а Стопанската комора на Македонија во соработка со Новосадски саем организира учество и посета на македонските компании

Д-р Бојан Гајиќ, извршен директор на Новосадскиот саем, на 12.3.2012 година во Стопанската комора на Македонија пред повеќе од дваесетина заинтересирани македонски компании изврши презентација на Меѓународниот саем за земјоделство и прехрана. Свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Србија, Томислав Ѓурин, кој ги поттикна македонските стопанственици да не ја пропуштат можноста за промоција пред меѓународната публика присутна на Саемот. Оваа реномирана саемска манифестација ќе се одржи од 12 до 18 мај 2012 година во Нови Сад, Република Србија, а Стопанската комора на Македонија организира учество и посета на македонските компании по повластени услови. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Eвропа со најголема и најдолга традиција. На годинешното издание на Меѓународниот саем за земјоделство и прехрана се очекува да настапат над 1.500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од

агроиндустријата, земјоделското производство, агро-механизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите пратечки сектори. Како што нагласи Бојан Гајиќ, со задоволство ги кани македонските компании да земат учествуво на Саемот, кој претставува добра можност да се запознаат со странските производители и со стопанските потенцијали на земјите кои ќе настапат колективно. За време на манифестацијата, ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Австрија. Минатогодишното издание на

Саемот за земјоделство и прехрана го посетиле 300.000 посетители, а учествувале 1.300 излагачи од 24 земји од целиот свет. Во оваа прилика, беа претставени и меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист” и за туризам, како и Саемот за коњи “HorseVille”.

Влатко Стојановски

Повик до македонските компании да градат капацитети во

Слободната индустриска зона во Пирот во Србија

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СОРАБОТКАТА СО РЕГИОНОТ НА НИШ

Претставници на Стопанската комора на Македонија и од Дирекцијата за техолошки индустриски развојни зони на Македонија остварија работна средба со претставници од Регионална стопанска комора на Ниш и Слободната индустриска зона Пирот (13.3.2012 година). Гостите ги претставуваа Драган Костиќ, председател на Собранието на Регионалната комора на Ниш и директор на слободната индустриска зона Пирот, Александар Симоновиќ, директор за маркетинг во зоната и Владан Станојевиќ, секретар на Одборот за економските односи со странство во Регионалната стопанска комора на Ниш. Пред присутните беше направена презентација на Слободната индустриска зона Пирот. Беа потенцирани предностите на водењето бизнис преку оваа зона. Истакнати беа условите што им се нудат на инвеститорите, посебно условите во рамките на развојот на новиот проект на индустрискиот парк , како и развојот на логистичкиот центар, а се по режим на зоната, по принцип на Duty free sistem- работење без царина и данок. - Слободно градете и работете, без плаќање царини и данок на инфраструктурно опремено земјиште, - повикаа претставниците на Зоната. Стопанските комори на двата региона се договорија за продолжување на соработката и за оживување на деловните односи и изнаоѓање нови квалитетни форми на економска соработка, во контекст на соработка во регионот и процесот на ЕУ-интеграциите. Договорена е и возвратна посета на нишкиот регион и на Индустриската зона Пирот.

Венера Андриевска

МОЖНОСТИ

Page 13: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 15 март 2012, Бр. 89

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Групација за противпожарна заштита и безбедност при работа

ПОБАРАНО УСОГЛАСУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА

РЕГУЛАТИВА

На седницата на Групацијата за противпожарна заштита и безбедност при работа одржaна на 8.3.2012 година во Стопанската комора на Македонија, членките расправаа за актуелните состојби во оваа дејностј при што се актуелизираа одредени прашања и проблеми сврзани

со спроведувањето и неусогласеноста на законската регулатива, нелојалната конкуренција и недоволната соработка со надлежните институции и инспекции. За разрешување на актуелните проблеми членките заклучија да се побара средба со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел поттикнување на подоследно спроведување на Законот за пожарникарство и Законот за инспекциски надзор, приспособување на подзаконската регулатива со веќе изменетата реална состојба во заштитата од пожари во Република Македонија, согласно искуствата и законската регулатива на Европската унија и соседните земји. Како приоритетни прашања за разрешување, Групацијата ги посочува одредбите кои се регулирани во Законот за пожарникарството („Сл. весник на РМ“ 67/04), член 44, член 45 став 3, член 46 став 1 и член 48 став 2), каде се регулирани користењето, одржувањето, сервисирањето и испитувањето на уреди, опрема и средства за гасење на пожари, испитување и поправка на ПП опрема кај ПП единиците и доследно спроведување на Законот за инспекциски надзор („Сл. весник на РМ“ 50/2010, и извршените измени и дополненија „Сл. весник на РМ“ 162/2010 и 157/2011). Членките на Групацијата посебно

ги посочуваат прашањата на дефинирање која институција ги спроведува и контролира уредите, опремата и средствата за гасење пожари, поконкретно дефинирање на техничките нормативи и стандарди и задолжителните постапки при контролите, промена на сервисниот картон со етикета и ставање на датум на увозот и неговата важност, а не кога се сервисирани апаратите, дефинирање на условите дали на новоувезената опрема да има гаранција од производителот или веднаш таа опрема треба да се сервисира и да има сервисен картон или етикета.

Исто така, неопходно е донесување прописи од страна на Дирекцијата за заштита и спасување за испитување и проверка на противпожарната опрема кај противпожарните единици за начинот, постапката и роковите во кои треба да се изврши испитувањето на противпожарната опремата, како и доследната примена на Зконот за инспекциски надзор.

Војкан Николовски

Еднодневен семинар на тема: „БИЗНИС-ПЛАН ИТАР ПЕЈО VIS-À-

VIS ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА“

ЕДУКАЦИЈА ЗА СИТЕ ЕЛЕМЕНТИ НА БИЗНИС-ПЛАНОТ

На 12.3.2012 година во рамките на Стопанската Комора на Македонија се одржа еднодневен семинар на тема: „БИЗНИС-ПЛАН ИТАР ПЕЈО VIS-À-VIS ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА“. На овој едукативен настан луѓето од бизнис-секторот беа запознаени со начинот на изготвување на бизнис- плановите, нивно правилно читање и оживотворување во практиката. Д-р Панче Јовановски, предавач на семинарот, во своето излагање ги запозна учесниците со основните елементи на бизнис-планот, анализа на пазарот (сегментација, таргетирање, потреби, трендови, раст, анализа на услугите, главни конкуренти), презентирање на маркетинг-план (SWOT анализа; пирамида на стратешките цели; маркетинг-стратегија; позиционирање; цена; промоција; дистрибуција; CLV на потрошувачот...), како и вршење на финансиска анализа со цел да се добие одговор на прашањето: колку сме далеку од стечајот? Бea разработeни и одделени потпрашања како: временската димензија на парите (нето сегашна вредност, интерна стапка на рентабилност); хоризонтална и вертикална анализа; анализа на финансиски показатели на ликвидност, задолженост, користење на средствата и на профитабилноста; Z-score ... Воедно, беа разгледани и решавани практични примери, а учесниците имаа можност да постават прашања во врска со оваа тема. Учесниците добија и соодветен сертификат за знаењата и вештините кои ги стекнаа.

Анита Митревска

Page 14: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Семинар за стекнување на

правото на сопственост и другите стварни права со запишување во

катастaрот на недвижности

ОБУКА ЗА ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈАЗА ПРОМЕТ И КОРИСТЕЊЕ НА

ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ

На 13.3.2012 година во Стопанската комора на Македонија се одржа еднодневен семинар на тема

“Стекнување на правото на сопственост и другите стварни права со запишување во катастарот на недвижноститет како јавна книга за запишување на правата на недвижностите”. Целта на овој едукативен настан беше да им се излезе во пресрет на компаниите во врска со примената на законските решенија кои се однесуваат на прометот со градежно земјиште и објекти, како и правото на користење. На семинарот излагање имаа Неша Петрушевска, стручен советник на директорот за нормативно-правни работи од областа на катастарот на недвижностите и Христина Бошнаковска, раководител на секторт за катастарски операт. Тие детално го објаснија начинот на запишување во катастарот на недвижностите – правата, правните основи за запишување, условите за запишување, видовите на запишувања (укинување, предбележување и прибележување); начини на востановување на катастарот на недвижноститите: сиситематско запишување, поединечно запишување, запишувањето на недвижностите со незапишани права и конверзија на податоците од катастар на земјиште во катастар на недвижности, начинот на спроведување промени и исправка на грешки во одржување на востановениот

катасар на недвижности, премерот на недвижности – јавно овластување пренесено во приватниот геодетски сектор, како и претставување на Агенцијата за катастар на недвижности - надлежност и организациона поставеност според Законот за катастар на недвижности. Учесниците поставуваа прашање во врска со определени примери и тешкотии со кои се сретнуваат во пракса, а по кои добија детално објаснување од страна на предавачите.

Анита Митревска

БАНКАРСТВО

УНИ Банка промовираше нов атрактивен кредит со камата од

7,9 отсто

БРЗО И ЕДНОСТАВНО ОДОБРУВАЊЕ НА СУМА ДО 900

ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Настојувајќи да им излезе во пресрет на своите клиенти и на граѓаните, УНИ Банка промовираше атрактивен кредит. Станува збор за ненаменски потрошувачки денарски кредит до 900.000 денари, со каматна стапка од 7,9% и рок на отплата до 10 години. Наменет е за вработените во јавната администрација и акционерски друштва, давајќи им можност за рефинансирање на нивните постојни обврски по кредити и кредитни картички, тековни секојдневни потреби, реновирање или купување автомобил. Кредитот се одобрува без дополнителни трошоци за нотар, осигурување и проценки. По поднесувањето на барањето, кредитот се одобрува за краток период

до 3 работни дена. Притоа, УНИБанка ја направи идеалната комбинација за двете страни и нуди дополнителна можност за кредит без жиранти, за износи до 300.000 денари, со рок на отплата до 5 години. - Го лансиравме најатрактивниот потрошувачки кредит, со цел да им дадеме поддршка на граѓаните кога за тоа имаат најголема потреба. Направивме чекор пред сите, нудејќи ненаменски кредит за износи до 900.000 денари, со исклучително ниска каматна стапка 7,9%. Надополнето со рокот на отплата, кој се движи до 10 год, создадовме услови за релаксирани месечни рати, токму по мерка на клиентите - изјави Александра Керметчиева, директор во УНИБанка, а ја цитира „Вечер“. За граѓаните, пак, кои платата ја земаат преку друга банка, условите за кредит се со износи до 900.000 денари, рок на отплата до 10 год. и каматна стапка 9,9%, која имаат можност дополнително да ја намалат до 7,9%, по преносот на нивната плата во УНИ Банка.

Page 15: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 15 март 2012, Бр. 89

МЕЃУНАРОДЕН КОМОРСКИ СИСТЕМ

* Резултатот на пролетниот Европски самит е разочарувачки за сите оние, меѓу кои се и коморите, кои очекуваа конкретни мерки за обновување на економскиот раст

Eurochambres изрази загриженост поради неисполнетите очекувања дека пролетниот Самит на ЕУ (одржан на 1 и 2 март 2012 година) ќе предложи и ќе прифати соодветни мерки во однос на петте препораки за обновување на економскиот раст. Алесандро Барберис, претседател на Eurochambres, се обрати до Баросо и до 27-те шефови на државите, укажувајќи дека бизнисите во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати, наспроти депресираните домашни пазари и зголемување на неповолните финансиски услови, се борат да ја задржат вработеноста и да ги зголемат извозните активности. Во обраќањето тој инсистира носители на политиките и клучните институции, меѓу кои се и коморите, ефикасно да соработуваат за да му се овозможи на бизнисот, кој не се предава, најдобри услови за иновации, раст и отворање на нови работни места, на што ЕУ жилаво инсистира. Препораките на Eurochambres се засновани врз коморското искуство и затоа можат да обезбедат зајакнување на бизнисите, а со тоа и да придонесат за закрепнување на европската економија.

Алесандро Барберис

Од витално значење ќе беше доколку Самитот на ЕУ ги дефинираше мерките во корелација со потребите

на бизнис-заедницата. Коморите, како посредници од доверба меѓу јавните авторитети и бизнис-заедницата ширум ЕУ, се мобилизираа да ги дефинираат препораките во облик на практична и ефикасна поддршка.

- Коморската мрежа се потпира врз шефовите на државите и владите за да ги дефинира мерките, а вие можете да се потпрете на коморите тие да ги спроведат во бизнис-заедницата, – укажува во своето писмо Алесандро Барберис, претседател на Eurochambres.

Препораки на Eurochambres:

Создавање бизнис, раст и трансфер

Формирање на Европски централен гарантен фонд. Овој фонд треба да обезбеди на ниво на ЕУ (контра) гаранции кои ќе го покриваат занемарениот ризик и ќе ги намали барањата за капитал од финансиските институции. Овој механизам треба да биде управуван од страна на Европскиот инвестициски фонд и да има гаранции на располагање за сите земји-членки, дополнувајќи ги постојните национални гаранциски системи и затворање на јазот во земјите-членки каде што ваквите системи се` уште не се развиени. Нераспределените структурни фондови може да обезбедат дополнителен плик со финансии.

Вештини

Да се обезбеди новата предложена Програма на ЕУ за образование, обука, млади и спорт „Еразмо за сите”, да има јасно одреден буџет за мерките за стручно образование и обука, што во моментов не е случај. Принципот

на двојна обука се покажа како ефикасен во намалувањето на невработеноста кај младите.

Интернационализација

Создавање на една ЕУ - Платформа за интернационализација на МСП, со цел да ги обедини сите засегнати страни во приватниот сектор и да се развие една заедничка стратегија на ниво на ЕУ. Повторното воведување на „принципот на заедничка корист” во фондовите за развојна соработка ќе го поттикне европскиот бизнис во приближувањето кон странските пазари. Иновации

Вклучени во Хоризонт 2020, нов инструмент за МСП со три фази на пристап (изведбеност/физибилити - R&D (истражување и развој) – комерцијализација). Овој инструмент мора да се задржи во текот на меѓуинституционалните преговори и да биде навистина засилен, осигурувајќи значително повеќе од предвидените

15% финансиски средства од буџетот на програмата да бидат наменети за поддршка и стимулирање на иновациите во поширока смисла меѓу МСП.

Енергетска ефикасност

Кумулативниот ефект на решенија одоздола нагоре е од клучно значење за ЕУ во постигнувањето на своите цели за енергетска ефикасност. Особено, ефикасното обезбедување информации и поддршка на МСП, значителен, но сепак во голема мерка неискористен извор за подобрување на енергетската ефикасност, може да има многу позитивно влијание. Коморите ги повикуваат креаторите на политиката да не направат превид за овој важен аспект во финализирањето на дискусиите за ревизија на Директивата за енергетска ефикасност и спроведување на стратегиите за нејзино донесување.

Подготвила: Љубица Нури

Европските комори барат партнерство со Европската комисија и парламентот, но резултатите од пролетниот самит на ЕУ се разочарувачки

ЗАНЕМАРЕНИ ПЕТТЕ ПРЕПОРАКИ ЗА РАСТ

Page 16: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

За најголем дел од македонската јавност името Раде Кончар потсетува на едно друго и успешно минато, во кое ова име беше синоним за успех и големина во електроиндустријата. Иако поранешната голема фабрика Раде Кончар, која беше дел од загрепската Раде Кончар, ја наследија неколку фирми во Македонија, Раде Кончар ТЕП продолжи со производството на трансформатори. Денес оваа фирма во домашна сопственост, која ја раководи Горан Антевски, се обидува да изгради еден сосема нов бренд за квалитет, со цел да се врати на пазарите каде што некогаш се извезувале производите на Кончар.

• Раде Кончар ТЕП е име кое долго време ѝ е познато на македонската јавност. Што претставува и што работи денес компанијата?

Периодот на транзиција остави длабоки траги во металниот и во електро-секторот, а и во нашата компанија, но последниве пет години Раде Кончар ТЕП сигурно и цврсто ја гради новата историја на овој бренд. Жално е што еден ваков голем бренд не успеа да се искористи подобро од компаниите кои беа во склопот на Раде Кончар и да се наметнат на домашниот пазар и на пазарите каде што претходно се извезувало. Затоа, нашата цел е со квалитет, флексибилност и иновативност да го вратиме името на местото каде што припаѓа, а истовремено и да создадеме еден нов бренд. Денес Раде Кончар ТЕП е компанија која произведува електроопрема од низок и среден напон и тоа трафостаници, трансформатори, нисконапонски и мерни ормари, командни пултови и друга нисконапонска опрема. Ние сме прва и единствена македонска компанија која има сертифицирано трафостаница со која може да настапува како на европските, така и на светските пазари. Во тек е и постапка на заштита на патенти за дел од новите производи, кои ќе бидат иднината на нашата компанија и со кои планираме посигурно да нападнеме на пазарот.

• Раде Кончар ТЕП денес е меѓу малкуте фирми-извознички од Македонија во домашна сопственсот. Како се развива извозот и на кои пазари извезувате?

Претходните години бевме концентрирани на домашниот пазар, бидејќи за да успееш на останите пазари,

секако мора да си добро позициониран на сопствениот. Моментално најмногу извезуваме на соседните пазари, кои ни се најпознати и на кои сме конкурентни. Трошоците за настап на овие пазари се најмали, транспортот најевтин, а секако, и производите и потребите се слични.

• Имате ли планови за настап на некои нови пазари?

Извозот го зголемуваме секоја година, а планот ни е во наредните две години продажбата на странските пазари да ни биде поголема од продажбата на домашниот пазар. Но, секако, на крајот тоа зависи од финансиските средства. За настап на останатите пазари потребни се производи кои ќе ве одвојат од конкуренцијата и затоа, сите вработени во ТЕП се стремат да придонесат со иновативност во компанијата. Иновациите и новите производи планираме да ни ги отворат вратите на новите пазари. Целта ни е да се прошириме посилно на Блискиот Исток и на пазарите на поранешните руски држави.

Македонија мора да го стимулира индустриското производство!

Факт е дека во сите изминати години малку се вложи во стимулирање на индустриското производство. Доколку сакаме да го зголемуваме извозот, потребно е финансирање и поддршка на производи кои се конкурентни и носат дополнителна вредност. Исто така, потребна е поголема финансиска поддршка на извозните компании за презентација

на саемски манифестации во странство, како што прават Турција, Италија, Кина и другите земји. Речиси на сите саеми што ги посетуваме овие земји имаат изнајмено голем број штандови и организирано настапуваат. Кофинансирањето на ваквите манифестации ќе претставува одличен стимул за сите извозни компании. Доколку ова се прави за земјоделството, градежништвото, туризмот и гледаме дека носи позитивни резултати, зошто да не го направиме и за индустријата?

• Дали и како ги чувствувате ефектите од економската криза? Дали имате пад на побарувачката од странство?

Секако дека не може само да се каже дека тие ефекти немаат влијание на нас, производните компании, бидејќи целата светска економија се однесува по принципот на врзани садови. Проблеми се јавуваат не само при продажба на производите, туку и при набавка на материјалите, што уште повеќе го поскапува производството и нашата конкурентност. Исто така, дел од нарачките не се реализираат поради неликвидноста и на европските компании и слабата продажба.

•Какви се Вашите очекувања за годинава? Многу бизнисмени велат дека ова ќе биде една од најтешките години.

Ние сме свесни дека секоја наредна година ќе биде потешка од претходната поради сè поголемиот број конкурентски компании со кои се бориме на пазарите. Европските и кинеските компании се стимулирани со поволни кредити, грантови за купување нови машини и опрема, заеднички настап на саеми и пазари, финансирање за истражување нови производи и др. Затоа е голем успех кога ќе успееш да си конкурентен на овие светски компании, а доаѓаш од една мала земја со слабо развиена индустрија. Секако, потребно е ние како менаџери да планираме и да бараме нови пазари и нови можности.

• Што значи да се биде извозник и инвеститор во Македонија?

Многу е тешко да извезуваш, а во исто време и да инвестираш во развој. Во претходните години најдовме еден баланс меѓу овие две работи и се трудиме да го

ПРЕЗЕМЕНО

Интервју на Горан Антевски, управител на „Раде Кончар – Теп“ за „Капитал“

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОДДРЖИ И ИНДУСТРИЈАТА

Page 17: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 15 март 2012, Бр. 89

задржиме високото ниво на инвестиции, кои во овие изминати пет години ја надминаа вредноста од 4.000.000 евра. Колку и да е тешко, сепак, јасно е дека само инвестициите може да донесат нови пазари и нови можности за зголемување на производството и извозот.

• Кои ви се најголемите пречки во извозот? Кои мерки сметате дека може најмногу да ви помогнат во работењето и да го зголемите извозот?

Големите транспортни трошоци и разните такси за нас претставуваат еден од најголемите проблеми за зголемување на извозот. Друг голем проблем е малиот број македонски компании со потенцијал за извоз и производи кои се конкурентни на пазарот. Ова доведува до неможност за заеднички настап на останатите пазари, саеми, презентации и проекти. Факт е дека во сите изминати години малку се вложи во стимулирање на индустриското производство. Доколку сакаме да го зголемуваме извозот, потребно е финансирање и поддршка на производи кои се конкурентни и кои носат дополнитена вредност. Исто така, потребна е поголема финансиска поддршка на извозните компании за презентација на саемски манифестации во странство, како што прават Турција, Италија, Кина и другите земји.

Повеќе сме ценети надвор отколку дома

• Каква е вашата соработка со останатите македонски компании и воопшто, работењето на домашниот пазар?

Како целосно домашна компанија, повеќе сме ценети надвор од македонскиот пазар, поради високиот квалитет и услугите кои ги нудиме. На нашиот пазар секој може да продава без никаква препрека, но не е исто на другите пазари. Таму најпрвин се купува од домашниот производител, затоа што средствата се враќаат повторно во самата држава. Ние секогаш се трудиме да го замениме увозниот материјал или производ со домашен производ со ист или повисок квалитет. Имаме остварено соработка со повеќе домашни компании кои произведуваат производи за нашите потреби со наш заштитен знак. Се стремиме оваа практика да ја подобриме и да ја развиеме, со цел зголемување на асортиманот на производите кои се произведуваат во Македонија со кои планираме да бидеме поконкурентни на останатите пазари.Но, имам желба и поголемите македонски компании, како

ЕЛЕМ, ЕВН, Мепсо, Окта, Титан, Телеком, кај кои може да се пласираат нашите производи, да го ценат македонскиот производ и да веруваат во неговиот висок квалитет, како што ние веруваме во нивните производи и услуги.

Речиси на сите саеми што ги посетуваме овие земји имаат изнајмено голем број штандови и организирано настапуваат. Кофинансирањето на ваквите манифестации ќе претставува одличен стимул на сите извозни компании. Доколку ова се прави за земјоделството, градежништвото, туризмот и гледаме дека носи позитивни резултати, зошто да не го направиме и за индустријата?

• Компаниите се жалат дека токму неликвидноста ќе им биде најголем проблем годинава. Кои се главните проблеми поради кои неликвидноста сега толку сериозно ги погодува компаниите?

Да, неликвидноста веќе подолг период се чувствува во тековното работење и доведува до неможност за планирање на активностите и на инвестициите. Резервите од компаниите се исцрпени и оваа година за многу компании ќе биде година на преживување.

• Сè поголем е бројот на фирми кои имаат проблеми со отплаќање на кредитите кон банките, кои пак, во ова време на криза отворено зборуваат дека не сакаат да ризикуваат и да кредитираат фирми кои имаат проблеми со ликвидноста. Каква е ситуацијата во Раде Кончар? Како гледате на односот и на работењето на банките и нивниот однос кон извозните домашни компании?

Досегашното работење со банките можеме да го карактеризираме

како позитивно, бидејќи евидентен е напредокот на компанијата и редовното сервисирање на обврските, не само кон банките, туку и кон доставувачите. Сето тоа придонесува за поголема верба во работењето на Раде Кончар ТЕП и ни ги отвора вратите за кредитирање на производството и на инвестициите. Ние бевме и првата компанија која го подигна кредитот од кредитната линија на ЕИБ која се одобрување преку МБПР, со кој заокруживме инвестиција од 750.000 евра.

• Кои се целите кои сакате да ги постигнете во бизнисот? Како го гледате Вашиот бизнис по 5-10 години?

Плановите кои ги поставуваме секогаш се стремиме да ги достигнеме и да ги надминеме. Дел од плановите веќе се во реализација, иако можам да кажам дека за некого може да се преамбициозни, но за нас претставуваат само еден поттик за докажување. Зголемување на асортиманот со нови производи и брендирање на веќе докажаните производи е само еден сегмент од целата слика за иднината на Раде Кончар ТЕП. Минатата недела склучивме договор за брендирање на производите на еден реномиран производител на електроопрема од Полска, со можност во блиска иднина да вршиме монтажа и нивно производство во Македонија. Исто така, се водат преговори и со останати европски производители и се надеваме дека до крајот на годинава ќе имаме други реализирани договори за извоз.

•Што сметате дека е клучно за да се успее во бизнисот?

Работа, иновативност, инвестиции, работа, иновативост, инвестиции... Но, секако, не смее да се заборави на вложувањето во кадарот и одржувањето на високиот морал кај вработените, како една важна карика во целиот систем.

ПРЕЗЕМЕНО

Page 18: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

Назив на Проектот

Скопје – Aвтоматизиран сообраќаен менаџмент Дополнување

Референца EBRDZ74288

Финансиска референца

6600-IFT-41505

Вид на набавка

Услуги

Финансиер ЕБРД

Земја Македонија

Објавено на 5.3.2012 година

Краен рок за апликација

9.4. 2012 година

Сектори Информатичка технологија Транспорт Урбан развој

Опис на Проектот

Автоматизиран сообраќаен менаџмент

Контакти Град Скопје Барака 1 Илинденска бб Градски парк 1000 Скопје МакедонијаTel: +389 2 32 97 222Fax: +389 2 32 97 292E - mail: [email protected]

Назив на Проектот

БиХ - Сараево: ИПА - набавкла на ИКТ опрема и софтвер за центри за заштита на ителектуалната сопственост во БиХ

Референца EuropeAid/132643/C/SUP/BA

Финансиска референца

Вид на набавка

Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја БиХ

Објавено на 6.3.2012 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори Информатичка технологија

Опис на Проектот

Набавкла на ИКТ опрема и софтвер за центри за заштита на ителектуалната сопственост во БиХ

КонтактEuropean Union, represented by the European Commis-sion, on behalf of and for the account of the beneficiarycountry, Sarajevo, BOSNIA AND HERZEGOVINA

Назив на Проектот

Брисел: Рамковен договор за ангажирање краткорочни консултанти

Референца EuropeAid/132633/C/SER/Mul�

Финансиска референца

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua andBarbuda, Argen�na, Armenia, Aruba, Azerbaijan,Bahamas, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Costa Rica, Croa�a,Cuba, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica,Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, French Polynesia, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia,Iraq, Israel, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, KyrgyzRepublic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Mali, Malta, Mauritania, Mauri�us, Mexico,Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Netherlands An�lles, Nicaragua, Niger,Nigeria, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, SaintLucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Singapore, Slo-vakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Tuvalu, Uganda, Ukraine, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на 6.3.2012 година

Краен рок за апликација

СекториИнформатичка технологија Економски развој Образование Енергетика Финансии-банкарство Управување со програми Односи со јавноста Телекомуникации Законодавство Транспорт

Опис на ПроектотLOT 1. Рурален развој и безбедност на храна LOT 2. Транспорт и инфраструктура LOT 3. Телекомуникации и ИКТ LOT 4. Енергија LOT 5. Конференции LOT 6. Животна околина LOT 7. Управување LOT 8. Здравство LOT 9. Култура, образование, вработување, социјални прашања. LOT 10. Трговија,стандарди и приватен сектор LOT 11. Макроекономија, статистика и јавни финансии. LOT 12. Хуманитарна помош, кризен менаџмент

КонтактEuropean Union, represented by the European Commis-sion, on behalf of and for the account of the beneficiarycountry, Brussels, BELGIUM

Назив на Проектот

MK - Скопје: Аn�haemorrhagics

Референца ECZ74613 - земји-кандидати

Финансиска референца

2012/S 46-076166

Вид на набавка

Испорака

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 7.3.2012 година

Краен рок за апликација

12.4. 2012 година

Сектори Здравство

Опис на Проектот

An�haemophilic Factors

КонтактИнститут за трансфузиона медицина Водњанска 17 За Боби Божиновски 1000 Скопје Република Македонија Telephone: +389 23226923 +389 23226923 E-mail: [email protected]: +389 23119227 h�p://itm.org.mk

Назив на Проектот

Молдавија Е-трансформација

Референца WB1396-818/12

Финансиска референца

Project Id: P121231, Credit No. 5000-MD

Вид на набавка

Испорака

Финансиер Светска банка

Земја Молдавија

Објавено на 7.3.2012 година

Краен рок за апликација

24 .4. 2012 година

Сектори Информатичка технологија Енергија Општествени служби

Опис на Проектот

LOT 1. Опрема за електричен генератор LOT 2. Опрема за Air condi�oning equipment LOT3.Електрична UPS опрема LOT 4. MAN мрежна опрема

КонтактE-Government Center of the Republic of Moldova. A�n: Oxana Casu, Project Management Specialist.MD-2033, Chisinau, Republic of Moldova,. 1, Piata Marii Adunari Na�onale, office 661.Tel: (+373 22) 250-544; 250-234 . Fax: (+373 22) 250-544. E-mail: [email protected]

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

www.mchamber.mk

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 19: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 15 март 2012, Бр. 89

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 20 март 2012 година eднодневен семинар

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДБНОСТ ПРИ РАБОТА

(10:00 – 16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3. кат)

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализираат стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР) - “ГЛАВНИ АЛАТКИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА - ПАРАЛЕЛА МЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ: СТРУЧНО ЛИЦЕ ЗА БЗР И ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИТЕ ЗА БЗР “ Цел на обуката е запознавање на правните субјекти, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со основните законски барања од областа на безбедност и здравје при работа кои треба да се применуваат на работните места. Обучувачи на семинарот ќе бидат: Снежана Јанкова – Петковска, стручно лице за безбедност при работа ( Македонско здружение за заштита при работа); Фатмир Сарачини, стручно лице за безбедност при работа (Македонско здружение за заштита при работа); претставник од Државниот инспекторат за

труд. Тие на учесниците на обуката ќе им ја презентираат паралелата (разликата) меѓу: улогата на стручното лице за безбедна работа и улогата на претставникот на вработените за безбедност здравје при работа во компаниите. Во делот на законските акти и прописи, присутните ќе имаат можност да се запознаат со толкувањето на најважните барања од: - Законот за БЗР (барањата и измените од Законот за БЗР, обврски на стручното лице за безбедност при работа член 19, други обврски на работодавачот член 24, 25, 26, 27, претставник на работниците за безбедност и здравје при работа член 28, 29, 30 ); - Правилникот за инспекциски надзор; - Правилникот за начинот на

изготвување на изјавата за безбедност, нејзината содржина, како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот. Подготвувањето на изјавата за безбедност и проценката на ризик се сметаат за една од најголемите новини на Законот за БЗР, па затоа и на оваа обука ќе и` се посвети внимание на оваа тема. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 19 март 2012 год. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Од 22 до 24 март 2012 година, советување во Берово

„ЦАРИНСКО ВРЕДНУВАЊЕ НА СТОКИ, КОНТРОЛА НА ВРЕДНОСТА И ПРАВИЛА ЗА

ПОТЕКЛО НА СТОКИТЕ И УТВРДУВАЊЕ НА

ПОТЕКЛОТО НА СТОКИТЕ“(Хотел „Аурора и Спа“ 5* - Берово)

Царинската вредност и прашањата поврзани со царинската вредност на стоките се многу важни области во развојот на меѓународната трговија. Договорот на Светската трговска организација и на ГАТТ за царинска вредност се единствен меѓународен систем за вреднување на стоките, што мора да биде постојано и униформно применуван од страна на сите царински управи. Потеклото на стоките претставува „економска“ националност на стоките во меѓународната трговија. Постојат два вида на потекло на стоки, непреференцијално и преференцијално потекло на стоките. Преференцијалното потекло на стоките обезбедува низа погодности за стоките што се предмет на меѓународна трговија, пред се` увоз со намалена стапка на царина или пак увоз без плаќање на царински давачки.

Цели:

• да се објасни содржината и основните правила на ГАТТ договорот;

• да се прошири познавањето на Договорот и да се продлабочи

разбирањето за примена на Договорот, особено различните методи за утврдување на царинска вредност;

• да се објасни начинот на примена на договорот и да се објаснат практичните примери;

• да се објаснат содржината и основните правила за утврдување на потеклото на стоките и содржината и принципите на Протоколите за потекло на стоки и да се објаснат практични примери.

Профил на учесници:

Семинарот е наменет за увозници, извозници, производители и други професионалци што се занимаваат со увоз и/или извоз, царински застапници, шпедитери, транспортери, консултанти и правни советници. Предуслови за максимална корист од оваа обука:

• основно познавање на Договорот – ГАТТ за царинска вредност и/или правила за потекло на стоките;

• познавање/искуство од меѓународната трговија.

За време на обуката, учесниците:•ќе ги истражуваат областите на

различните методи за утврдување на царинската вредност на стоките и ќе ги подобрат вештините за утврдување на царинската вредност на стоката;

• ќе ги истражуваат меѓународните услови и паритети за испорака на стоките;

• ќе ги истражуваат областите, како што се стекнување на статус со потекло, кумулација на потекло, минимални операции, општо правило за толеранција, забрана за враќање на увозни давачки, принцип на територијалност, директно транспортно правило, доказ за потекло, одобрен извозник;

• целосно ќе ги разберат правилата за добивање на статус на преференцијално потекло на стоката;

• ќе ги истражуваат помошните алатки за правилно утврдување на царинсканата вредност на стоката и правилата за потекло на стоките.

Page 20: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Обуката ќе содржи презентации, интерактивни дискусии и практични студии на случај. Предавач: м-р Златко Ветеровски, Царинска управа на Република Македонија. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20 март 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Од 23 до 25 март 2012 година во Тирана, Албанија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО

“CONSTRUCTION EXPO 2012”

Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со специјален попуст и со организиран превоз и сместување. Во периодот од 23 до 25 март 2012 година, во Тирана, Република Албанија ќе се одржи 12. Меѓународен саем за градежништво “CONSTRUCTION EXPO 2012’’ . Во организација на грчкиот саемски промотор Њу Џенезис, за првпат во Албанија ќе се одржи специјализираната саемска манифестација “CONSTRUCTION EXPO 2012’’, која претходно се одржуваше во Грција и на Кипар. Станува збор за најголемиот меѓународен саем за градежништво во Албанија, на кој свое учество ќе земат реномирани домашни и странски компании од следниве сектори:

• градежни материјали;• цивилно инженерство; • високо и нискоградба;

• челични конструкции;• излациони материјали; • бои и лакови;• алуминиумски системи; • уреди за климатизација;• мебел за кујни;• енергетски и соларни системи.

Истовремено, во рамките на саемската манифестација, на 23 март 2012 година ќе се одржи Меѓународна конференција за градежништво, енергетика и инфраструктура. Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд од 100 м2, со организиран превоз и сместување од 15 до 20 март 2012 година. За македонските компании обезбеден е специјален попуст од 40% од регуларната цена за саемски настап (160 евра задолжително осигурување и 78 евра - квадратен метар со вкалкулиран попуст). Стопанската комора на Македонија организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд со организиран превоз и сместување од 22 до 26 март 2012 година. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

На 27 март 2012 година обукаОтворен повик „ЦИП еко-иновации”

ФОНДОВИ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ

Програма на Европската унија за конкурентност и иновативност

- екоиновации(10:00-15:00 часот, Стопанска комора

на Македонија)

Програмата Екоиновации поддржува еко-иновативни проекти во различни сектори кои имаат за цел спречување или намалување на влијанието врз животната средина или кои придонесуваат за оптимална употреба на ресурсите. o Вкупни средства за оваа година се 40 милиони евра. o Очекуван број на одобрени проекти 40. o Процент на кофинансирање од

40% до 60%. Фондовите се отворени за сите правни лица од ЕУ и земјите-кандидатки, вклучително и Македонија, a приоритет се дава на малите и средни претпријатија. Со цел да се премости јазот меѓу истражувањето и пазарот, ЦИП Еко-иновации придонесува за подобрување на животната средина, преку употребата на нови и усовршени технологии. Дополнително ќе се поттикнуваат кластери и проекти коишто покажуваат дополнителна вредност на европско тло и имаат голем потенцијал за пазарна репликација.

Приоритет имаат следните области: во областа на материјали за рециклирање; во градежниот сектор; во прехранбениот сектор; услуги во делот на подобрување на еколошкото влијание на средината. Сите заинтересирани компании во горенаведениот период имаат можност да аплицираат на оваа програма. Консултант на оваа средба ќе биде госпоѓа Јадранка Аризанковска, сертифициран маенаџмент консултант при Стопанската комора на Македонија. На информативната средба слушателите ке се запознаат со ЦИП – екоиновации програмата; ќе се запознааат со апликативниот пакет; како полесно да се совлада пишувањето на проектниот предлог; финансиите и буџетот. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 26 март 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Page 21: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 15 март 2012, Бр. 89

Од 28 март до 1 април 2012 година 7. Меѓународeн гастрономски фестивал

во Република Хрватска „БИСЕР НА МОРЕТО 2012“ ВО СУПЕТАР

НА БРАЧ

Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 28 март до 1 април 2012 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на седмата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата.

На оваа манифестација досега имаат учествувано повеќе од 300 готвачи од деветнаесет земји и тоа: Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Австрија, Италија, Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Украина, Латвија, Молодавија, Албанија, Саудиска Арабија и Русија. Стопанската комора на Македонија и годинава организира учество на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите, членовите на жири-комисијата како и медиумска екипа е обезбедено бесплатно сместување.

Контакт:Венера Андриевскател: 3244 037; факс:3244 [email protected]

Од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Бугарија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО

ОТПАД

Во периодот од 28 до 30 март 2012 година, во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи специјализирана Конференција и Меѓународен саем за енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад. Станува збор за најголем настан оваа година во Југоисточна Европа од оваа област, на којшто ќе учествуваат повеќе од 200 реномирани излагачи од над 16 земји од Европа и светот, кои ќе ги претстават најновите достигнувања и иновации од енергетска ефикасност, обновливи извори, рециклирање и управување со отпад и екологија. Истовремено ќе бидат одржани и повеќе специјализирани конференции, панел-сесии и билатерални средби со учество на врвни експерти и реномирани предавачи од неколку земји и тоа за: управување со отпадни води, рециклирање, енергетска ефикасност, биоенергија и друго. Меѓународниот саем ќе се одржи од 28-30 март 2012 година во изложбениот и конгресен центар во Софија, Бугарија. Сите регистрирани компании ќе можат да учествуваат на посочените конференции и панел-сесии, како и да остварат билатерални средби со другите учесници. Регистрацијата за учество се врши електронски, на порталот на саемскиот организатор: www.eco.viaexpo.com .

Стопанската комора на Македонија организира посета на Меѓународниот саем (со бесплатен влез) и учество на конференциите за заинтересираните македонските компании со организиран автобуски превоз и

хотелско сместување. Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесникот.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

На 2 април 2012 година, во Сараево,

Босна и ХерцеговинаМАКЕДОНСКО-БОСАНСКИ БИЗНИС-

СРЕДБИ

Стопанската комора на Македонија заедно со Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, ве покануваат на Македонско- босански бизнис-средби, што ќе се одржат на 2 април 2012 година во Сараево, Република Босна и Херцеговина. Македонско-босанските бизнис-средби претставуваат одлична можност за воспоставување взаемна економската

соработка, за идни инвестициски можности и поголем поттик за трговска размена меѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина. Целта на овие бизнис-средби се идното и взаемно развивање на деловните односи меѓу компаниите од сите сектори, од двете земји. За успешна реализација на Бизнис-средбата, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со босанските компании, во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 15 март 2012 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 22: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар на 4 април 2012 година“УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ

ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ”( 10:00 – 15:00 часот, сала 1 на 5-ти кат,

Стопанска комора на Македонија)

Семинар за успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување на огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на голем број компании -понудувачи не им се познати последните измени и дополнувања на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“ 185 од 2011 година) и најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: експерти од областа за електронски постапки за јавни набавки и е-аукции .

Програма на семинарот:* Закон за изменување и дополнување

на ЗЈН („Сл. весник на РМ“ бр.185/11);

* Портал за мали јавни набавки (задолжително објавување на малите јавни набавки);

* Воведување на технички дијалог со деловната заедница;

* Негативни референци;* Квалификациски системи;* Користење на ЕСЈН и е-аукции;* Креирање на кориснички профили и

претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор;

* Пребарување на објавени тендери и договори;

* Задолжителни 100% е-аукции;* Дигитално потпишување на понудите;* Поднесување на понудите преку

системот;* Учество на е-аукции каде критериум за

доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда.

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: • лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и •менаџментот кој одлучува за содржината на понудите.

На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се:

•како да креирате кориснички профил;• основни функционалности на вашиот

кориснички профил на системот;•како да комуницирате со договорниот

орган преку ЕСЈН;•како најбрзо да добиете информација

за новообјавените тендери;•како да учествувате во постапка која се

спроведува по електронски пат;•што е електронска аукција и како да

учествувате на неа.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 2 април 2012 година. Учесниците е потребно да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Турција

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МЕДИЦИНА “EXPOMED 2012”

* Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 12 до 14 април 2012 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи Меѓународниот саем за медицина , “EXPOMED 2012”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации и тоа:

• 19. Традиционален меѓународен саем за медицина, рехабилитација, технологија и опрама за болници – EXPOMED;

• 15. Меѓународен саем за лабораториска технологија и опрема –LABTECH;

• 2. Саем за термални бањи, центри за рехабилитација и опрема - EXPO THERMAL и

• 2. Саем за индустриско чистење за безбедноста на здравјето - ICSM EXPO 2012.

Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од областа на медицината, медицинска опрема, бањи и центри за рехабилитација, на кои свое учество ќе земат реномирани компании од поголем број земји од светот. На Саемот посетителите ќе можат да ги видат најновите технолошки достигнувања и промоции и тоа: а) во делот на технологија на медицина: - електро и машински уреди и системи, високи технолошки решенија во медицинската технологија, дијагностички графички производи, медицинска дијагностичка опрема, ендоскопски и лапароскопски уреди и системи итн.; б) во делот на физиотерапијата и ортопедските производи: - ортопедски помагала и протези, физиотераписка рехабилитација, амбулантски возила, уреди и системи за хирургија, хирушки рачни алати, инвалидна опрема и уреди; в) во делот на лаборатории: - аналитичка опрема и системи, опрема за хроматографија, опрема за електрофореза, спектрофотометри, фотометри, хемиски лаборатории, лабораториски материјали итн.; г) во делот на термални бањи: - термо бањи, природно здравствени рехабилитациони центри, спа-центри, фитнес и гимнастички центри,

Page 23: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 15 март 2012, Бр. 89

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

производи и опрема за бањи, уреди за хидротерапија, уреди и опрема за масажи, опрема за естетика и убавина итн. д) во делот на индустриско чистење: - машини и опрема за индустриско чистење, хемикалии за чистење, средства за дезинфекција, медицинско собирање и уништување на медицински отпад, дератизација, чистење на подови под висок притисок, суви средства за чистење итн.

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 12 до 14 април 2012 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, влез за саемот, трансфер од хотелот до саемот и влезница за саемот. Сместувањето е во реномирани хотели со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци од човек за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 125 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 45 евра административни трошоци). Уплатените средства до „Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 март 2012 година, преку пополнување на пријавниот лист што може да го превземето од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Повеќе информации за самиот саем на веб-страната: h�p://www.tuyap.com.tr

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

На 17 април 2012 година, во Стопанската комора на Македонија

МАКЕДОНСКО-ЧЕШКИ БИЗНИС-СРЕДБИ

Стопанската комора на Македонија заедно со Чешката стопанска комора, Ве покануваат на Македонско-чешки бизнис-средби. Македонско-чешките бизнис-средби ќе се одржат на 17 април 2012 година во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-средбите претставуваат можност за спојување на македонските и чешките компании, продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји.

Околу 10-тина чешки компании се заинтересирани да остварат средба со македонски компании во делот на индустријата за енергетика (разладни кули, мали хидроелектрани), потенцијални градежни компании за соработка, системи за контрола на пристапот – агенции за безбедност, дистрибутери на системи за контрола на пристапот, сигурносни кутии за безбедност во банки, агенции за безбедост, сегашни и потенцијални извозници и инвеститори во Македонија, со клиенти за договори за јавно-приватно партнерство (локална самоуправа), партнери за трговски бизнис со фотоволтаични технологии, партнери за joint-venture проекти во фотоволтаични бизниси, сопственици на земјиште погодно за градење на фотоволтаични постројки и партнери од секторот за обновлива енергија – фокусирани на фотоволтаични постројки. За успешна реализација на бизнис-средбите, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со британските компании. Ве молиме, Вашиот интерес да го најавите во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088

E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

На 20 април 2012 година, во Атина, Грција

ЧЕТВРТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТРАНСПОРТНАТА ИСТРАЖУВАЧКА АРЕНА

(TRA)

Стопанската комора на Македонија во сорботка со Организацискиот комитет TRA 2012, ве информираат дека ќе се одржи 4. Конференција на транспортната истражувачка арена (TRA) во Атина, Грција од 23 до 26 април 2012 година. 4. Конференција – Транспортна истражувачка арена (TRA) е насловена како „Одржлива мобилност преку иновации” и ќе им даде можност на учесниците и заинтересираните страни од патниот, железничкиот и поморскиот сектор, за решавање на заедничките предизвици и споделување на знаења, со цел заедно да се создаде подобар, посигурен и пофункционален транспортен систем во светот.

(TRA) се спроведува на секои две години и секој пат домаќин е различна европска земја. Оваа година, на TRA 2012 домаќин ќе биде Грција. Конференцијата е организирана од страна на:

• Европската комисија (ген. директорати: RΤD, MOVE, INFSO);

• Конференцијата на европски директори за патишта (C.E.D.R.);

• Советодавниот совет за истражување на европскиот патен сообраќај (E.R.T.R.A.C.);

• Советодавниот совет за истражување на европскиот железнички сообраќај (E.R.R.A.C.);

• Европската технолошка платформа за воден сообраќај (WATERBORNE T.P.) и

Page 24: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

• Министерството за инфраструктура, транспорт и мрежи на Грција.

Конференцијата TRA 2012 ќе опфати широк спектар на истражувачки, иновативни и на демонстративните активности, почнувајќи од базични науки до применливо ориентиран инженеринг и ќе ги претставуваат општествените, техничките и економските аспекти, како и политиката и стандардите. Програмата на Конференцијата е организирана со цел да се прикажат европските истражувачки и иновативни стратегии, со нагласување на теми за климатските промени, намалување на емисиите на CO2, ефикасноста и снабдувањето на горивото. Дополнителни информации може да се најдат на веб-порталот на Конференцијата: www.tracon-ference.eu . Учесници на Конференцијата ќе бидат компании, институции и јавни сервиси, како и индивидуални научници, истражувачи и јавни организации кои се занимаваат со транспортниот сектор и посебно со (научни и применети) истражувања на транспортен сектор (патен, железнички, воден, урбан сообраќај и др.) од целиот свет. З а успешна реализација на Конференцијата, неопходно е заинтересираните македонски компании да го најават својот интерес во Стопанската комора на Македонија,.

Контакт лице : Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт : Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 24 април 2012 година Инфо средба ХИГИЕНСКО ИНЖЕНЕРСТВО И ДИЗАЈН НА

ОПРЕМА, МАШИНИ И КОМПОНЕНТИза прехранбената и фармацевтската

индустрија(10:00 часот, Стопанска комора на

Македонија, сала3, на 3-ти кат)

Ве покануваме на информативна средба за хигиенско инженерство и дизајн на објекти за прехранбена и фарамцевтска индустрија. Хигиенското инженерство и дизајн на опрема , машини и компоненти е основен предуслов за безбедно производство на храна и фармацевтски производи, но исто така е и законска

обврска според домашното и европското законодавство. Предавач: проф. д-р Владимир Какуринов, претседател на Македонската регионална секција на EHEDG. На средбата се покануваат:

• претпријатија што дизајнираат и произведуваат опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија;

• претпријатија за дистрибуција и трговија со опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фарамацевтската индустрија;

• консултантски куќи што даваат услуги при избор на опрема,машини и нивни компоненти за прехранбената и фармацевтската индустрија;

• сите што сакаат да изградат ново претпријатие според HACCP барањата;

• сите што сакаат да го предупредат претпријатието според HACCP барањата и

• сите што сакаат да дознаат повеќе за неопходните предуслови за HACCP.

Сите заинтересирани учесници за овој инфо-ден можат да се пријават најдоцна до 23 април 2012 година. Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: be�@mchamber.mk

Билатерални средби и Конгрес на 3 и 4 мај 2012 година, во Турција

„ИНОВАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА“ ВО ИСТАНБУЛ

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Билатерални средби и на Конгрес на тема ,,Иновации за безбедност на храна,, во Истанбул, Турција, на 3 и 4 мај 2012 година. Билатералните средби ќе се одржат во Воениот музеј и Културен центар во Истанбул, а ќе учествуваат претставници од реалниот сектор, од јавниот сектор, НВО, експерти, истражувачи и професионалци. На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика да:• разговарате за можностите за соработка за безбедноста на храната;• најдете нов партнер и• воспоставите нови бизнис-односи.

Учеството на билатералните средби во Истанбул е бесплатно. На Конгресот главни теми се безбедноста на храната поврзана со растителното производство, одгледувањето на животните, рабарството, прехранбената индустрија, мрежата за снабдување со храна. Учеството на Конгресот за безбеднос на храната е со котизација. Рокот за регистрација е 5 април 2012 година.

Контакт: Лазо АнгелевскиТел: (02) 3244090 Моб. 070 387745 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 25: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 15 март 2012, Бр. 89

На 30 и 31 март 2012 година, во Неапол, Италија

БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ И СЕМИНАР ЗА ТУРИЗМОТ

Здружението на угостителството и туризмот и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Билатерални средби и Семинар за туризмот во Неапол, Италија, на 30 и 31 март 2012 година.• На 30 март 2012 година – Семинар: ,,ЕУ-политиките, програмите и мерките за туризмот (во соработка со Европската комисија) и

• На 31 март 2012 година – Билатерални средби меѓу пријавените италијански и меѓународни компании. Билатералните средби ќе се одржат во Mostra d’Oltremare во Неапол (хала 3б), а ќе учествуваат компании од цела ЕУ, посебно од Германија, Франција, Велика Британија, Австрија, потоа од САД, Русија, Кина, со поддршка на Италијанската национална институција за туризам и на партнерите од Enterprise Europe Network . На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика:

•да разговарате за можностите за соработка во туризмот;

•да присуствувате на туристичка понуда;•да ги искористите природните ресурси

во регионот;•да ајдете нов партнер;•да воспоставите нови бизнис-односи.

Учеството на средбите во Неапол е бесплатно. Настанот ќе се фокусира на следните главни области: Incoming туристичка индустрија, Wellness и Spa туризам, Конференција и поддршка на туризмот.

Контакт: Лазо АнгелевскиТел: (02) 3244090 Моб. 070 387745 [email protected]

Од 16 до 19 мај 2012 година, Меѓународен саем за градежништво, енергетика,

техника и дрвна индустрија во Косово„ЕКСПОКОС 2012“ ВО ПРИШТИНА

Стопанската комора на Македонија ве носи на Саемот за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина, Република Косово, од 16 до 19 мај 2012 година.

ЗА ИЗЛАГАЧИТЕ 15 ОТСТО ПОПУСТ НА САЕМСКИОТ АРАНЖМАН

* За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз. Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza-�on, организира учество и посета на македонскикомпании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина - Косово. „EXPOKOS 2012“ ќе ги собере на едо место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување на сертификати на излагачите ,а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтереситраните за учествуво на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2012 година. Контакт лице : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 [email protected]

На 30 и 31 мај 2012 година, дводневниот семинар

на Скопски саемУЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА

ТЕНДЕРИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество на дводневниот семинар на тема: „Учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на Скопски саем во Скопје. На семинарот претставниците на координативното тело на одделенијата за набавки на агенциите на ОН ќе ги претстават можностите за учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации. Сите агенции на ОН годишно имаат набавки во износ од 23 милијарди САД долари. Производите кои се предмет на набавка се: платна за шатори, ќебиња, основни прехранбени стоки, градежни материјали и др. Сите производи подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична прилика за македонските компании кои досега не учествувале на тендерите на ОН. За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите на веб-страната на ОН: www.un.org/en и со можностите за нивно учество на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на ОН. За учество на тендерите на Обединетите нации, македонските компании треба да ги исполнуваат следниве услови за пријавување:- 3 години минимум искуство во бизнисoт и - финансиски извештај за последните 3 последователни години.

За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес во Стопанската комора на Македонија.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009Факс:3244088E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 26: Бизнис ИНФО број 89 од 15.03.2012 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 15 март 2012, Бр. 89

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни и огнишни тела

со најнова технологија и опрема за удобност кои се користат во домаќинствата.

Валидност до: 29.6.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални ѓубрива и други иновативни производи за овоштарство,

раноградинарство и земјоделство.Валидност до: 29.7.2012 година

Компанијата ИКРП Рокас и партнерс од Скопје како дел од адвокатската фирма ИК Рокас и партнерс

од Атина и другите фирми на Рокас во Централна и Југоисточна Европа е активна примарно во секторите телекоминукации, енергетика и банкарство и нуди

различни совети од финансиско и корпоративно право, решавање спорови, приватизација, работни односи и

оданочување.Валидност до: 28.02.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на модни ткаенини од памук,

свила, волна, кадифе и кожа.Валидност до: 1.6.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со производители на шеќер во Република Македонија.

Валидност до: 1.8.2012 година

Компанија од Германија бара соработка со македонски компании во областа на ИT-услуги нуди оптимални и

ефикасни ИТ-услуги во планирање на ресурси.Валидност до: 1.6.2012 година

Компанија од Бугарија бара да соработува со градежни компании од Република Македонија кои градат покриви и покривни конструкции, произведувачи на прозорски

рамки, како и трговски компании во областа на градежни материјали.

Валидност до: 2.9.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи од биопластика.

Валидност до: 2.8.2012 година

Компанија од Турција бара да соработува со производители на суви и влажни солени говедски кожи

во Република Македонија.Валидност до: 5.6.2012 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ласерски лампи и разни

ласерски резервни делови наменети за воздухопловна, автомобилската индустрија, во салони за убавина, мода,

медицина, микроелектроника.Валидност до: 5.6.2012 година

Компанија од Полска бара соработка со компании во Република Македонија во областа на рециклирање на

пластика.Валидност до: 5.6.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со државни институции, трговија, индустријата и

услужните дејности за пласман на безбедносни етикети и ленти, налепници, плакети за возила, книшки и лични

документи, како и производи со бренд заштита во Република Македонија.

Валидност до: 6.5.2012 година

Бугарска компанија бара соработка со градежни компании во Република Македонија за пласман на

стиропор бетонски елементи.Валидност до: 7.7.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со медицински установи во Македонија во областа на нуклеарно-медициска дијагностика и депонирање на

ниско и средно радиоактивен отпад.Валидност до: 7.7.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за штампање,

со овластен сервис, обезбедени резервни делови за машините, како и потрошен материјал за истите.

Валидност до: 8.7.2012 година

Компанија од Романија заинтересирана е да инвестира во термоцентрала во Република Македонија на гасен

погон, за производство на елктрична и топлинска енергија.

Валидност до: 9.9.2012 година

Компанија од Израел заинтересирана е да пласира 25 врсти на високо квалитетна смрзната риба, морски

плодови, маслени семиња и зачини во Република Македонија.

Валидност до: 23.6.2012 година

Компанија од Израел бара да увезува од Република Македонија хидраулична опрема – посебно на

хидраулични црева како: црева 1SN, 2SN, R4, R5, R7, 4SP, 4SH, R12, R13, црева за пареа, црева за воздух, црева за прскање, хидраулични фитинзи, адаптери, мерачи,

машини за спојки, машини за ковање, машини за сечење и др.

Валидност до: 23.6.2012 година

Компанија од Америка заинтересирана е да соработува со производители на пијалаци во Република Македонија кои би користеле нивни овошни бази и би го продавале

финалниот производ на македонскиот пазар под Tampico Brand со заеднички лиценциран договор.

Валидност до: 23.3.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на новиот патент на освежувачи

(разни видови) кој би се продавал во продавници, маркети и супермаркети. Освежувачите се за простории,

а може да се закачуваат и во плакари, против молци и мувла.

Валидност до: 23.8.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на топлотни плочи и други

садови за приготвување на јадење.Валидност до: 23.7.2012 година

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на засладувачот Stevie.

Валидност до: 24.7.2012 година

Компанија од Израел специјализирана за решенија за алтернативна зелена енергија во загревање на топлата вода за употреба во домаќинствата, како и за хотели, ресторани, болници, станбени згради и индустриски

фабрики бара да пласира опрема за соларни системи за загревање на вода како што се колекторите и бојлерите

од 15 - 30 литри емајлирани и контејнери од 500 до 10.000 литри со епоксидна заштита.

Компанијата врши обука на инженери, монтери

и сервисери во областа на соларната енергија и обезбедува пумпи за греење на базени, а

заинтересирана за заеднички вложувања во Република Македонија.

Валидност до: 24.7.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со производители на пластични буриња во Република Македонија за

пласман во Хрватска.Валидност до: 24.7.2012 година

Швајцарска компанија заинтересирана е да купи фабрика за производство на цигари во Република

Македонија.Валидност до: 28.12.2012 година

Компанија од Бугарија бара соработка со македонски градежни компании за заедничко вложување во изведба

на градежни работи, проектирање, производство и монтирање на челични конструкции, градење згради

„клуч на рака“.Предлагаат следни форми на соработка: со независна локална компанија - како партнер застапник на Metal-

stroy AMS –LTD.Валидност до: 28.7.2012 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на санитарна опрема и опрема

за бањи.Валидност до: 28.7.2012 година

Компанија од Израел заинтересирана е да соработува со производители на домати во Република Македонија.

Валидност до: 28.7.2012 година

Компанија од Швајцарија заинтересирана е да инвестира во изградба на бензиски пумпи, изградба на патишта, хотели и казина и друг интерес во Република

Македонија.Валидност до: 14.8.2012 година

Компанија од Кипар заинтересирана е да инвестира во изградба на еколошки погон за рециклирање на гума

и пластика.Валидност до: 14.12.2012 година

Компанија од Црна Гора бара соработка со македонски градежни компании каде може да најми 20 камиони-

кипери за изведба на автопатот Приштина - Сува Река кај Малешево на Косово.

Валидност до: 15.9.2012 година

Компанија од Словенија бара соработка со македонски кланици за извоз на јагнешко,говедско и овчо месо на

трети пазари во арапските земји.Валидност до: 15.7.2012 година

Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични делови во

медицинската и автомобилската индустрија.Валидност до: 16.7.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се

превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски