македонија во средниот век

20
МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДНИОТ ВЕК

Transcript of македонија во средниот век

Page 1: македонија во средниот век

МАКЕДОНИЈАВО

СРЕДНИОТ ВЕК

Page 2: македонија во средниот век

Кон крајот на VI век и почетокот на VII век на територијата на Македонија се доселиле Словените. Нивната татковина се наоѓала зад Карпатите, но поради лошите услови за живот, како и нападите од соседите, тие започнале да се преселуваат.Некои заминале на исток, некои на запад, а оние кои заминале на југ и се населиле на Балканскиот Полуостров се наречени ЈУЖНИ СЛОВЕНИ.

Page 3: македонија во средниот век

ВенетиАнти

Склавини

Јужни Словени

Page 4: македонија во средниот век

Словените живееле во колиби, оддалечени една од друга. Целото семејство (родителите со сите синови, и нивните сопруги заедно со децата) било обединето со заедничко стопанство и работа. Неколку вакви семејства заземајќи определена територија образувале општина. Неколку семејни општини пак, го сочинувале племето. Секое племе заземало одредена територија која се нарекувала жупа.

Page 5: македонија во средниот век
Page 6: македонија во средниот век

Основната стопанска гранка кај Словените во прататковината и уште долго подоцна во новите територии било земјоделството. Во териториите заземени од јужните Словени, освен земјоделството, заради плодноста на земјата, доста било развиено и сточарството. Археолошките откритија говорат дека земјата била обработувана со бикови впрегнати со железни плугови. Широко се користело и ралото. Се жнеело со српови и родот бил складиран во специјални јами. Пронајдени се и рачни мелници со кои го мелеле житото.

Page 7: македонија во средниот век
Page 8: македонија во средниот век

Било развиено и занаетчиството - особено грнчарството (глинени предмети направени од Словените се пронајдени на многу места во Македонија). Изработувале и предмети од дрво, коски и рогови. Висок степен на развој имале и кај обработката на метали, од кои произведувале орудија за работа како и оружја. Племињата населени крај мориња и големи реки знаеле да градат чунови изработени од едноделно дрво. Како платежно средство била користена стоката, а во некои случаи употребувале и пари од странско потекло.

Page 10: македонија во средниот век

Словените биле простосрдечни и неверојатно гостопримливи. Се хранеле со земјоделски производи и месо од домашни животни и риба. Омилен пијалак им била медовина, како и пиво од јачмен. Биле музикални, а омилен инструмент им била гуслата. Нивните племиња живееле во неслога, дури и во омраза. Но, кога војувале настапувале во племенски сојузи, кои значеле само привремено здружување заради одбрана или напад, а не некакви постојани формации.

Page 12: македонија во средниот век

Во својата стара татковина Словените немале писмо, долго време „со цртички и рески читаа и гатаа“. Кога дошле на балканот и се покрстиле, словенските зборови ги пишувале со римски и грчки букви, без правила. Со такво писмо не било можно точно да се напишат многу словенски зборови. Во грчката азбука немало букви за многу словенски гласови.

Page 13: македонија во средниот век

Св. Кирил и Св. Методиј се родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Page 14: македонија во средниот век

Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј не тргнал по стапките на својот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својат епоха.

Page 15: македонија во средниот век

Тие ја создале првата словенска азбука ГЛАГОЛИЦА

Зборот Македонија на глаголица

Page 16: македонија во средниот век

Подоцна нивните ученици Климент и Наум ја упростиле глаголицата и новото писмо во нивна чест го нарекле КИРИЛИЦА.Со создавањето и ширењето на словенската писменост и книжевност Македонија дала значаен придонес во светската култура.

Свети Климент Свети Наум

Page 17: македонија во средниот век

Во средината на X век била создадена македонската средновековна држава. На чело на државата се наоѓал цар Самуил.

Page 18: македонија во средниот век

Тој имал силна војска.

Со освојувачките војни кои ги водел ја проширил државата на север до Дунав и Сава, на југ до Тесалија, на запад до Јадранско и на исток до Црно Море.

Page 19: македонија во средниот век
Page 20: македонија во средниот век

Во битката на планината Беласица (1014г) со византискиот император Василиј II, царот Самуил бил поразен, а заробените четиринаесет илјади војници биле ослепени.

Веднаш по тој настан царот Самуил починал. Средновековната македонска држава постоела до 1018 година кога била вклучена во рамките на Византија.