лектира касни порасни

15
КАСНИ ПОРАСНИ Петре М. Андреевски

Transcript of лектира касни порасни

Page 1: лектира касни порасни

КАСНИ ПОРАСНИ

Петре М. Андреевски

Page 2: лектира касни порасни

ЦРЕШАКако прво и прво:Црешата се сцрви до врвотОд црешовото дрво.А како второ, а не прво,се тресеше целото дрвокога, од неговите ветки,беревме црвени обетки.

Литературна творба – нешто осмислено и составено според некои правила, од страна на писателот.

Постојат повеќе видови литературни творби. Оваа литературна творба што стои пред вас се вика песна.

Писателите пишуваат главно песни и раскази. Во песните се опева некое (нешто) во случајов се опева црешата), додека во расказите се раскажува некој настан (случка).

Песните секогаш имаат посебен изглед: се состојат од редови кои се викаат стихови.Колку стихови (редови) има оваа песна?

Во песната се вели дека црешите

узреале и дека децата од дрвото

береле „црвени обетки“.

На што мисли писателот кога вели

„црвени обетки“?

Каква форма имаат црешите?

Page 3: лектира касни порасни

ЈАГОДИКо жарчиња в лице горат,

мислиш нешто срамно зборат,или пак, на сите места,

од нас им се зема свеста,па одвај го држат сокотза да не му мине рокот.

Прочитај ги на глас последните зборови од првиот и вториот ред на оваа песна.

горатзборат

Прочитај ги на глас последните зборови од третиот и четвртиот стих на оваа песна.

местасвеста

Дали чувствуваш нешто пријатно во увото?Тоа се зборови-близнаци

(РИМА)Поетите често сакаат да избираат такви, слични зборови, составени од слични гласови.Овие зборови-близнаци обично ќе ги пронајдете на краевите од стиховите.

Page 4: лектира касни порасни

КАЈСИЈА И ПРАСКАКајсијата и праската, лично,си ја бараат својата сличност,и си светат којзнае каде,тука нема ништо да се додаде:без нив и ти, можеби си видел,во бавчата потемно ќе биде

Што мислиш, зошто писателот вели дека без кајсијата и праската би било потемно во бавчата?На што те потсетуваат и кајсијата и праската според својата боја?

Личат ли на некои небесни тела што светат?

Page 5: лектира касни порасни

ЈАБОЛКА

Јаболкниците имаат болка:не знаат што се без јаболка.Без јаболка и без птици,тие не се јаболкници.Јаболката пак, од ред сите,си се мислат на гранките.

Што е разликата меѓу „јаболкница“ и „јаболко“?Запомни дека не се вели „Килограм јаболки“ туку „Килограм јаболка“!

Така е во македонскиот јазик.

Page 6: лектира касни порасни

КРУША

Крушата е чудна чаша,до врв полна слатка каша.Ене, една кренал ежотда измери колку тежи.Кај нас велат: земи круша,рани душа, да те слуша.

Како го разбираш стихот („Крушата е чудна чаша“)?

Зошто на писателот крушата му личи на чаша?Ти личи ли тебе на чаша според формата?

Во секој случај, крушата повеќе личи на чаша отколку кајсијата, нели?

Во песните многу често, писателите споредуваат едно нешто со нешто друго слично

Кајсијата и праската на поетот му личат на сонце, јаготките на жарчиња, а сега еве крушата му личи на чаша!

Бујна е фантазијата на писателите!

(Нека не те буни: „поет“ е исто така писател, но тој пишува песни)

Page 7: лектира касни порасни

ЛУБЕНИЦААх, таа лубеница, таа деницасреде поле, ко негова реченица,дали има нешто повеќе што блажи,не може со полна уста да се каже...Само една пчела остана да бучи,верувајќи дека друго ќе се случи.

На нашиот поет лубеницата му личи на ѕвезда-деница.

Ѕвездата деница е најсјајна ѕвезда на небото, која во мугрите го навестува денот, односно изгревот на сонцето.

Бојата на сонцето при

изгревот личи на бојата на лубеницата,

кога ќе се пресече.

Page 8: лектира касни порасни

ГРОЗЈЕГлеј, од лозјата не вика:сака со нас да се слика,но над него пчели јато(со прочуено минато)се караат и се мират,првата ја пијат шира.

Возрасните знаат а треба да знаеш и ти:Од грозјето се прави сладок сок што се вика шира.

Децата го пијат со задоволство.А од ширата потоа, во буриња, се прави вино.

Него го пијат возрасните.Научивме нешто

Тоа значи дека песните, покрај тоа што не забавуваат, уште и не учат на некои нешта во животот!

Page 9: лектира касни порасни

СЛИВА

Еј, сливата не е жива,ако некој ја прозива:за компот, за слатко трајноили за нешто позначајно.Не знам зошто и е кривошто влегува во нов живот.

Page 10: лектира касни порасни

СМОКВАЗелено е вирче роса,торбе, полно ситно просо,низа на врат што се носи...Но најмногу од се е:слаткарница што умееод теглата да се смее.

На поетот смоквата му личи на „торбе полно ситно просо“.

На што мисли поетот кога вели „ситно просо“?

Ако не знаеш, пресечи една смоква, па ќе видиш што има во

неа!

Page 11: лектира касни порасни

БАНАНА

Има една лоша страна,само една мана знајна:што не расте и кај нас.Но, што значи една маназа позлатената банана!

Page 12: лектира касни порасни

ПОРТОКАЛМирислив и жолт ко цвеќе,а можеби и повеќе,од родната земја, крајот,му останал само сјајот,како доказ, спомен некој,дека дошол од далеку.

Во песните најчесто едно нешто се споредува со друго нешто, слично.

На што ти личи портокалот?Има боја како ...

Тркалезен е како ...Миризлив е како ...

БравоПа наскоро и вие ќе

можете да почнете да пишувате песнички!

Page 13: лектира касни порасни

ЛИМОНАко можеш, наминина свежи витамини:од сончеви падини,лимонови градини.И здравје и понадаво чаша лимонада.

Без витамини нема добро здравје.А овошјето ги содржи во изобилие.

Лекарите велат дека лимонот е како аптека полна со витамини.

Page 14: лектира касни порасни

ОРЕВИ

Во секој орев јатки златни,ко сестрички чистопатни,уплашени во своите лицашто ги демне верверица.Уште не можат да сфататод кај паднале на патот.

Page 15: лектира касни порасни

КОСТЕНИКаква есен, каква есен:не знам колку костени ни снесе!Сега надвор врне, снежи,а ним им гори, жежи.Си пукаат на печката гласно,како ништо да не им е јасно.