#ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

100

description

Да ја вратиме средната класа

Transcript of #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

Page 1: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток
Page 2: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток
Page 3: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК

Драг пријателе, драга пријателке,

Се наближува 27 април, денот на кој, како граѓани на Република Македонија, ќе го имаме

в раце најмоќното орудие за да одлучуваме за иднината на нашата земја – гласачкото

ливче.

Нема сила, нема институција, нема механизам кој смее да го узурпира моето и Твоето

право на глас. Сами сме зад параванот; сами одлучуваме како да изгледа државата

во која живееме денес и во која утре ќе живеат нашите деца. Сами одлучуваме дали

Македонија ќе продолжи како и досега, или ќе се одлучи за промени.

Ако изборот е промени, тогаш Те повикувам да ја прочиташ нашата програма. Таа

покажува дека овој нов, реорганизиран и обединет Социјалдемократски сојуз на

Македонија има енергија, идеи и тим да ги поведе тие промени!

Драга пријателке, драг пријателе,

Ти зборувам од срце, без пароли и заобиколувања. Ти го зборувам она што искрено го

мислам. Не е важно дали си Македонец, Албанец, Ром, Турчин, Србин, Бошњак, Влав или

припаѓаш на друга етничка заедница. Не е важно дали си христијанин, муслиман или

атеист; дали си вработен или невработен; жена или маж; возрасен или млад - на 27

април сите сме на истиот крстопат и подеднакво нè засега што ќе одлучиме.

Јасен е изборот. Избираме дали нашата Македонија ќе биде слободно, граѓанско и

праведно општество, со еднакви можности за сите и економија која расте, или, пак, ќе

станеме сопственост на неколкумина кои контролираат сè во државата, вклучително

и нашите животи.

За промени можеме да се избориме. Тоа не го можам сам, ниту јас, ниту Ти. Но,

МОЖЕМЕ заедно! За тоа е потребен искрен сојуз помеѓу сите граѓани на Македонија

и оние кои ќе ја добијат довербата да бидат нивен сервис. Верувам дека програмата

која е пред Тебе е никулецот на едно такво партнерство во кое власта нема да владее

со граѓаните, туку ќе им служи.

Верувам во тоа бидејќи нејзините мерки произлегоа директно од разговорите кои ги

имавме со луѓе од сите краишта на земјата. Верувам во тоа и поради позитивната

енергија, ентузијазмот, љубовта, искреноста и знаењето вложени од големата екипа

која ги осмисли и испиша овие решенија.

Многу луѓе насекаде во Македонија ни даваат поддршка, но и загрижено нè прашуваат:

можеме ли на вакви избори да ги победиме заканите и уцените на оваа власт? Веројатно

и Тебе те измачува истото прашање. Немај никаква дилема: МОЖЕМЕ! Ако вистински

сме решени да направиме позитивен пресврт во Македонија: МОЖЕМЕ!

Page 4: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

Веројатно и Ти, како и многу луѓе на кои им поминаа најубавите години од животите

во транзиција се прашуваат дали може подобро и поинаку. Да, МОЖЕ! Јас знам дека

треба многу енергија, труд и искреност да се вложи за да се врати еднаш загубената

доверба, и Те уверувам дека сите во СДСМ сме свесни колку пожртвувано залагање за

граѓаните нè очекува по победата за да ја оправдаме дадената доверба.

Драг пријателе, драга пријателке,

Македонија ќе се промени! Тоа си го должиме себе си. Тоа им го должиме на нашите деца.Те уверувам дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може да ја промени Македонија. Силата за мојата цврста верба ја црпам од целиот изминат период, кога и СДСМ беше исправен пред слични предизвици пред какви што е исправена Република Македонија: да се промени за да успее.

Ти посакувам добро здравје Тебе и на Твоите најблиски. На 27 април храбро и одговорно заедно, со нашиот глас ќе ù ја донесеме победата на Република Македонија и ќе ја направиме подобро место за живеење.

Македонија заслужува ПРОМЕНИ.

Македонија заслужува НОВ ПОЧЕТОК.

Да живее Република Македонија!

Искрено,

Зоран Заевпретседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија

Page 5: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

Изборна програма на СДСМ 2014 - 2018

Содржина

Нашите вредности...........................................................................................................................5

ПРВ СТОЛБДа ја вратиме средната класа! .....................................................................................................9

Економски систем и економска политика ................................................................................10Политика на прераспределба - даночен систем ......................................................................15Политика на вработување пристојна работа ...........................................................................18Политика за социјална заштита и праведност..........................................................................22Индустриска политика и деловно окружување.......................................................................28Информатичко општество и комуникации................................................................................33Земјоделство...................................................................................................................................35Енергетика и рударство................................................................................................................40Инфраструктура..............................................................................................................................45

ВТОР СТОЛБСакаме слобода! ............................................................................................................................47

Демократија и владеење на правото.........................................................................................48Македонија без корупција............................................................................................................50Човекови права..............................................................................................................................52Судство.............................................................................................................................................54Јавна администрација..................................................................................................................56Медиуми...........................................................................................................................................59Безбедност......................................................................................................................................60Одбрана членство во НАТО..........................................................................................................62

ТРЕТ СТОЛБИнвестираме во иднината! ..........................................................................................................65

Младите од Македонија, младите за Македонија ..................................................................66Образование....................................................................................................................................70Здравство.........................................................................................................................................76Култура.............................................................................................................................................79Заедно сме појаки..........................................................................................................................82Македонија и светот......................................................................................................................84Животна средина...........................................................................................................................87Локална самоуправа и регионален развој.................................................................................89

Page 6: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток
Page 7: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

5

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Со оваа програма на граѓаните на Република Македонија им ја претставуваме нашата политичка понуда. Таа поаѓа од предизвиците со кои се соочува Република Македонија и од нашите вредности кои, убедени сме, можат да ја променат на подобро. Тие вредности се:

Еднаквост на можностите; Социјална правда и солидарност; Општествен дијалог; Слобода и еднаквост пред законот; Власта е одговорност (а не моќ).

ЕДНАКВОСТ НА МОЖНОСТИТЕМакедонското општество денес не нуди еднакви можности. Ретко можеме да влијаеме на квалитетот на нашето образование, тешко доаѓаме до можност за избор на пристојно работно место, често сме принудени да работиме за мала заработка, работничките права не се почитуваат, а годишниот одмор за многумина е мислена именка. Немаме исти можности за здравствена заштита или работа. Оваа состојба на општествена дискриминација негативно влијае врз целокупната активност на поединците и нивните семејства. На располагање им стојат само: туѓо државјанство, емиграција, партиска книшка, клиентелизам од секаков вид, итн. Ние нудиме поинаков модел. Секоја наша политика ќе има цел да ја намали нееднаквоста на можности во нашата држава. Тоа ќе биде фокусот на нашата даночна и социјална политика; воедно, и духот на нашите реформи во образованието и здравството.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА И СОЛИДАРНОСТСоцијалната правда мора да биде основа и на личниот, и на општествениот напредок. Социјалната правда подразбира и праведна распределба на материјалните добра во државата. Преку воспоставувањето на социјална правда ќе го вратиме достоинството на граѓаните, а тоа значи минимални услови за пристоен живот. Ние не сме задоволни со општество и економија, во која разликата меѓу најбогатите и најсиромашните постојано се зголемува, како во изминатите осум години. Македонското општество ќе го обезбеди својот напредок само ако во државата ја вратиме солидарноста. Солидарноста значи одговорност на секој поединец за своето семејство, но и одговорност за општествените добра. Солидарноста е одговорност која е втемелена во фактот дека живееме заедно и споделуваме заедничка судбина. Некои од нас имаат подобра, а некои полоша стартна позиција. Ние гарантираме дека нашата политика и мерки ќе бидат во интерес на граѓаните, и во насока на елиминирање на сиромаштијата и дискриминацијата.

ОПШТЕСТВЕН ДИЈАЛОГПоделбите во македонското општество се многубројни. Неправедната распределба на ресурсите и моќта создаде длабоки социоекономски поделби. Меѓуетничките поделби дополнително ја оптоварија јавната политика, без да ги решат проблемите на граѓаните. Ваквите внатрешни делби ја слабеат државата. Ние ќе работиме на јакнење на општествената интеграција и намалување на поделбите, а разликите меѓу граѓаните ќе ги намалуваме и по економска, и по етничка линија. СЛОБОДА И ЕДНАКВОСТ ПРЕД ЗАКОНОТНема напредок без слобода. Одлучно се спротивставуваме на политиката која бара од граѓаните да се откажат од слободата и слободното изразување. Не ја прифаќаме политиката која ги руши човековите права и демократските институции. Уверени сме дека нема поголема идеја, нема поголема вредност за која вреди да се бориме од слободата. Слободно да размислуваме и говориме, како што пишува во Уставот; слободно да одлучуваме за себе и за нашето семејство, како што треба во едно праведно општество; слободно да уживаме во плодовите на својот труд и сопственост. Затоа што само слободниот човек може да работи за свое добро и за доброто на заедницата. Ние гарантираме дека нашата политика ќе биде во насока на изградба на слободно општество, во кое секој ќе може да го искаже своето мислење, да се бори за својата идеја и да го живее животот како што сака, а не како што му наложува власта. Нашата цел е општество во кое критиката кон власта ќе биде двигател на промени, промени кон подобро. Општество во кое владеат закони, функционираат стабилни институции, и во кое постои контрола на власта и нејзина одговорност. Сакаме слободни медиуми, а не слепи послушници на власта. Потребни ни се јавност, дебати и граѓански активизам. Потребни ни се заемна доверба, одговорност и транспарентност.

ВЛАСТА Е ОДГОВОРНОСТ (А НЕ МОЌ)Челниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека власта ја поимаат пред сè како моќ. Моќ да се одлучува за судбините на други; моќ за распределување на ресурсите и богатството, и тоа на неправеден начин; моќ за потчинување и корумпирање на голем број луѓе; моќ да се прави партиска селекција (при вработување, тендери и доделување суб-венции); моќ за задоволување на суетите на неколкумина.Ние власта ја поимаме сосема поинаку – како одговорност! Нашиот став е дека, во демократски, повеќепартиски систем, пиедесталот им припаѓа на граѓаните, а оние кои се на власт се нивни „слуги“. Ние не бараме поддршка за добивање на власта за да се стекнеме со моќ. Ја бараме поддршката за да ја преземеме одговорноста за државата и да работиме во интерес на оние кои ни ја довериле – граѓаните. Власта ја разбираме како одговорност да практикуваме „добро владеење“. Тоа значи дека секогаш ќе водиме максимална грижа за: транспарентноста, отчетноста, ефикасноста, ефективноста, еднаквоста, вклучувањето на сите, како и безрезервно и бескомпромисно почитување на законитоста.

Page 8: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

6

ТРИТЕ СТОЛБА НА НАШАТА ПРОГРАМА

Македонија треба да стане општество на бројна, економски стабилна и финансиски одржлива средна граѓанска класа. Тоа е нашата визија!

Поаѓаме од докажаната вистина дека нема демократија без средна класа. Нема економски и демократски напредок без бројна и финансиски стабилна средна класа. Општеството напредува кога најголем дел од граѓаните уживаат задоволителен животен стандард. Ние, исто така, знаеме дека и најголем број од граѓаните во Македонија сакаат и очекуваат да бидат дел од средната класа.

За жал, Македонија денес е држава со најголема социјална раслоеност во Европа. Во изминатите години под ра-ководството на ВМРО-ДПМНЕ, се водеа политики преку кои, на систематски начин, најголем дел од доходот беше прелеван кон побогатите, а мал дел од него кон сиромашните граѓани. Затоа, богатите станаа побогати, а сиромашните секојдневно стануваат сè посиромашни. Таа состојба трае предлого и се влошува. Тоа мора да го промениме.

За остварување на таа цел, нашата политичка програма се темели врз три столба. Тие се:

Да ја вратиме средната класа!

Сакаме слобода!

Инвестираме во иднината!

ДА ЈА ВРАТИМЕ СРЕДНАТА КЛАСА!

Првото нешто што мора да го направиме е да ги поставиме темелите кои ќе обезбедат долгорочен непрекинат период на зголемување на националниот доход. Македонската економија се наоѓа во фазата во која најбитен предуслов за забрзување на економскиот развој е зголемувањето на економската ефикасност, разбрана во најширока смисла. Имено, нашата економија не може и понатаму да го базира својот економски развој врз користење на постојните ресурси и евтина работна сила. Така е веќе со децении. Македонската економија веќе долго време се наоѓа во исчекување на квалитативен економски развој, кој го нема. Затоа, фокусот на нашите економски активности – што значи како на деловните субјекти, така и на владата – ќе биде ставен врз подобрувањето на економската ефикасност и продуктивноста.

Од друга страна, секој поединец сака да расте во средина во која ќе се чувствува економски безбеден и во која ќе може да ги развива своите човечки потенцијали. Квалитетот на животот, во секое семејство, зависи директно од достапните ресурси. Животниот стандард е единствениот показател дали едно семејство ќе живее добар и квалитетен живот.Оттука, покрај брзиот економски развој, за нас е еднакво битна и социјалната праведност. Ќе направиме поинаква распределба на ресурсите во државата. Така, владата ќе си ја врати улогата на праведен прераспределувач на општественото богатството. Ќе ја вратиме економската стабилност на македонското семејство. Секое семејство треба да има стабилен приход, и да знае колку може да заработи секоја наредна година. Така ќе може долгорочно да си го планира и животот и работата.Праведната распределба на општественото богатство ќе ја направиме, пред сè, преку фер даноци, како и преку редица други социјалдемократски мерки, со кои ќе создаваме еднакви шанси за сите. Тоа ќе создаде уште поголем напредок и развој.

САКАМЕ СЛОБОДА!

Сакаме да изградиме македонско демократско општество по европски терк. Затоа, во нашата програма нудиме мерки и решенија со кои постојното самоволие на власта ќе го замениме со владеење на правото, на законите. Бараме правда за сите, а не само за власта. Нема човеков развој без слобода и поголема еднаквост во општеството.Ќе ги спречиме поделбите во општеството и по економска, и по етничка и по политичка линија. Ќе ја зајакнеме внатрешната стабилност на земјата. Ќе инвестираме во вистински вредности и заедно ќе ја чуваме државата. Сакаме, и ќе изградиме, фер и праведно општество.

Во Македонија мора да изградиме механизми преку кои ќе може да се контролира секоја влада. Гласовите не смеат да се купуваат, а државниот буџет не смее да биде партиска каса. Тоа е клиентелизам и форма на политичка корупција, која на долг рок ја кочи модернизацијата на процесите што се засноваат на конкуренција и квалитет. Исто така, не смееме веќе да дозволиме да се руши дигнитетот на Собранието, достоинството на судиите и обвинителите, да се затвораат новинари, да се употребува полицијата само за нечии лични, или партиски интереси. Не смее никој да биде над законите и правото.

Не смее работите и понатаму да ги ставаме под тепих. Проблем кој е ставен под тепих само ќе расте и ќе станува уште поголем. Ќе мора да создадеме механизми, со чија помош, опозицијата и граѓанскиот сектор, ќе можат ефикасно да се борат против која било корумпирана влада. Тоа е возможно и ќе го направиме.

Page 9: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

7

Посебен акцент ќе ставиме на слободата и положбата на медиумите и на новинарите. Нема никогаш да прифатиме закон за медиуми кој, наместо слобода, ќе значи ропство за новинарството. Слугувањето на медиумите кон власта мора да престане! Многу скоро, во Македонија, секој ќе може да каже што мисли за владата и за тоа да не биде затворен, или некој да му се заканува. Доста ни е од стравот дека сме прислушувани, или дека ќе бидеме казнети само затоа што мислиме со сопствена глава.

ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА!

Наместо во минатото, ќе инвестираме во иднината. Наместо во историја, ќе инвестираме во образованието. Наместо во мегаломански проекти, ќе инвестираме во здравството. Наместо во мермер и бронза, ќе инвестираме во инфраструктура. Наместо во бетонски бродови, палми и жални врби, ќе инвестираме во здрава животна средина. Ќе овозможиме повеќе простор за младите со поддршка на нивните бизнис идеи и отворање на нови работни места. Само со енергијата и ентузијазмот на помладите генерации може да го вратиме оптимизмот и напредокот. Само со понуда на вистински шанси може да ги зачуваме нашите млади во својата татковина.

Секогаш сме ја воделе Македонија напред и сме гледале кон иднината. Секогаш кога на Македонија ѝ било тешко, сме биле тука да ѝ помогнеме. Ќе градиме автопати и хидроцентрали, ќе градиме градинки и училишта. Ќе одговараме на барањата на домашните бизнисмени, со тоа што ќе им овозможиме добри и еднакви услови како и на странските инвеститори. Ќе ги субвенционираме вистинските земјоделци. Ќе гледаме напред, а не назад.

Македонија е и мултикултурно општество. Како да се усогласи развојот на поединецот со културната матрица на различните групи е добар предизвик за нашите лидери. Ние веруваме дека тоа може да се постигне. Наша задача е да ги направиме порамноправни граѓаните во државата. За да се случи тоа треба секој поединец да има исти шанси да напредува, и да има подобар квалитет на живот. Тоа е нашата социјалдемократска цел во општеството. Доста ни е од национализам и етноцентризам. Сакаме да градиме демократско и толерантно општество.

Доста ни е од омраза и предрасуди, доста ни се тепачките по училиштата, доста ни е од поделби и дискриминација. Наша заедничка цел е слободна и просперитетна Македонија. Но, како што доликува на едно демократско општество, мора најпрвин да почнеме да се слушаме и да се почитуваме меѓусебно. Како луѓе, како соседи. Знаеме што ни треба и како од Македонија да направиме успешен проект.

Page 10: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток
Page 11: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

ПРВ СТОЛБ:

ДА ЈА ВРАТИМЕ СРЕДНАТА КЛАСА!

Page 12: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

10

ЕКОНОМСКИ СИСТЕМ И ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Денес во нашата држава Македонија постои многу длабока социјална раслоеност меѓу граѓаните и крајно неправедна распределба на доходот. Затоа Македонија е држава со највисока стапка на сиромаштија во Европа. Мнозинството граѓани се сиромашни и економски зависни од една привилегирана мала група на луѓе кои се блиски до врвот на власта. Според степенот на социјална раслоеност, Македонија сè повеќе се доближува до латино-американските држави. Графиконите во продолжение, изработени според податоци од Светска банка, ги докажуваат овие тврдења.

Постојат две главни алатки со кои актуелната власт ја зголемува нееднаквоста во Македонија. Прво, наспроти популизмот и рекламите за грижа за сиромашните граѓани, оваа влада упорно форсира мерки од арсеналот на конзервативната („десничарската“) филозофија во економијата, а кои, пак, по дефиниција, водат кон социјално раслојување. Второ, и покрај сите укажувања од опозицијата, независните експерти и релевантни странски институции, оваа владејачка елита упорно ги злоупотребува сите алатки на економскиот систем во своја полза.

Да погледнеме само неколку факти. Прво, оваа влада целосно го наруши македонскиот пазар на работна сила. Работничките права се скратени до крајност, а сите привилегии се во рацете на работодавачите. Второ, оваа влада целосно ја сруши моќта на синдикатите. Наместо да бидат главен борец за работничките права, синдикалните раководства се привезок во рацете на власта. Трето, оваа влада го воведе рамниот данок. Рамното оданочување воопшто не придонесува за ублажување на нееднаквоста; напротив, го прави токму спротивното – го насочува доходот кон богатите и кон странство. Четврто, оваа влада го уништи системот на јавно здравство и го замени со приватни болници во сопственост на луѓе блиски до власта. Петто, ова влада постојано создава привилегии за странските директни инвестиции, кои не ги дадоа очекуваните резултати и кои можат да заминат штом ќе ја искористат сета државна помош. Едновремено, владата води многу помала грижа за домашните инвеститори и домашните претпријатија.

Однос на доходот на најсиромашните и најбогатите граѓани

Владините политики, наспроти очекувањата и уверувањата од страна на власта, воопшто не ги остварија најавените цели: не се отворија нови работни места во реалната економија, не се зголеми продуктивноста и не се подобри конкурентноста на економијата. Се случи токму спротивното. Владата стана најважниот „играч“ во економијата. Таа го зголемува буџетскиот дефицит колку што сака, а државниот долг упорно и постојано расте. Ја зголеми јавната

Page 13: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

11

потрошувачка со изградба на споменици, музеи и административни згради, но не и во инфраструктура. Владата одлучува кој бизнис ќе преживее, а кој не; на кого ќе му го врати долгот, а на кого не; кого ќе го сруши, а кого не. Законите не важат исто за сите.

Како што се гледа, Македонија стана неславен регионален шампион: најбогатите имаат најголем удел во „колачот“, а најсиромашните имаат најмалку.

И тоа не е сé. Власта го „јаде“ и лебот на следните генерации. Во неможност да ги оствари ветувањата дадени пред граѓаните и да ги задоволи апетитите за богатење на своите челници, владата на ВМРО ДПМНЕ, ја прифати стратегијата на постојано задолжување на државата на домашниот и на странскиот пазар на капитал. Укажувавме постојано на овој проблем, меѓутоа владата никогаш ниту го промени својот став, ниту пак ги објави реалните податоци за вкупната задолженост на Македонија. Експертските проценки укажуваат дека долгот ја надмина границата од 40% од БДП, што претставува негово удвојување за само неколку години.

Тоа што се случува во Македонија е најлошата мешавина на спротивставени економски политики со само една цел: збогатување на една мала елита. А на чиј грб? На грбот на сите останати. Кој ја плаќа и кој ќе ја плаќа сметката? Сите останати.

Затоа се кратат работничките права. Затоа е лесно работник да се отпушти од работа. Затоа се задушени синдикатите. Затоа се мизерни платите. Затоа е разнишан пензискиот фонд. Затоа имаме рамен данок. Затоа сè повеќе одиме во приватни болници, наместо во државни. Затоа градиме споменици и музеи, а не хидроцентрали и термоцентрали. Затоа на власта не ѝ е важно што сè повеќе се задолжуваме. Затоа не ѝ е важно што над четиристотини илјади луѓе ја напуштиле државата.

НАШИОТ ПРИСТАП

Знаеме дека од постојното крепосништво не можеме да излеземе лесно, ниту преку ноќ. Постојната елита секогаш наоѓаше начини како парите да завршат, во најголем дел, кај неа. Некогаш со повеќе креативност, некогаш со помалку. Некогаш индиректно – преку исплата на одработените пензии, законските субвенции и очекуваната социјална заштита, со цел „купување“ на повеќе гласови, а некогаш директно. И, секако, со преродбата елитата добиваше сè, а сите останати добивааа само коска.

За излез од овој маѓепсан круг мора да престане злоупотребата на системот од страна на владејачката елита, а репрезентативната демократија повторно да ги претставува сите граѓани. Со оваа програма СДСМ сака токму тоа да го реши.

Свесни сме дека враќањето на средната класа во Република Македонија може и треба да се направи преку едновременото дејствување на два механизма:

Забрзан развој на приватниот (деловен) сектор, за тој да стане способен да вработува побројна работна сила и на тие вработени да им исплаќа повисоки плати; и

Поправедна прераспределба на доходот кој се создава при обавувањето на деловните активности.

Оттука, како основни цели на економската политика на идната влада на СДСМ, ги поставуваме следните три работи:

Постигнување на забрзан и одржлив економски развој; Подобрување на животниот стандард на сите граѓани – односно остварување на „праведен“

(или таканаречен човеков) развој; Подготвување на македонската економија да биде дел од економијата на ЕУ.

Page 14: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

12

Основни претпоставки за остварување на нашата економска политика

За успешно остварување на нашата економска политика, свесни сме дека најнапред треба да бидат обезбедени некои основни претпоставки. Тие се:

Започнување на нова фаза на економскиот развој на македонската економија – ја нарекуваме фаза на квалитативен економски развој;

Изградба на македонската економија како економија базирана на знаење, а не (само) на евтини ресурси и евтина работна сила;

Овозможување приватниот деловен сектор, а не власта, да ја има лидерската позиција во остварувањето на економскиот развој;

Праведен и еднаков однос кон сите деловни субјекти; Правна сигурност на сите стопански субјекти во однос на примената на законите.

Македонската економија се наоѓа во ситуација во која првиот чекор мора да биде зголемувањето на економската ефикасност, разбрана во најширока смисла. Тоа е најбитен предуслов за забрзување на развојот и успешно и брзо интегрирање во ЕУ. Имено, во текот на досегашниот развој, македонската економија ја има поминато фазата на „обичен“ економски пораст, т.е. пораст преку интензивно користење и експлоатирање на постојните ресурси и потенцијали, и каде евтината работна сила претставува основен начин за зголемување на економскиот потенцијал на државата. Македонската економија веќе подолго време се наоѓа во исчекување на фазата на квалитативен економски пораст, кој за жал не се случува. За таа цел, фокусот на сите економски активности – како на деловните субјекти, така и на владата – треба да биде ставен врз подобрувањето на економската ефикасност и продуктивноста.

Ние сме, исто така, сосема свесни, дека суштината на добрата политика е токму во тоа дека иднината на новите генерации не смее да биде жртвувана за интересите и желбите на било која политичка врхушка.

Затоа, нашиот однос кон јавниот долг ќе биде домаќински. Идната влада на СДСМ веднаш ќе ја утврди и објави неговата реална вредност. Ќе водиме политика на постепено намалување на задолженоста до реалната граница на издржливост, без да ги доведеме во прашање нашите планови за економски развој на Република Македонија. Тоа ќе го постигнеме со намалување на сите постојни непродуктивни буџетски трошоци, подобро искористување на европските фондови, но и едновремено репрограмирање, или преструктурирање на дел од долговите.

Темели на економската политика

Нашата идна економска политика ќе се базира на следните темели и принципи:

Одржување на стабилна и предвидлива макроекономска рамнотежа, односно стабилен девизен курс и ниска инфлација;

Трансформирање на државниот апарат во ефикасен сервис на граѓаните и деловните субјекти; Спроведување на активна индустриска политика за унапредување и развој на бизнисите и на активна

политика за вработување; Хармонизација и усвојување на законодавството на ЕУ, и градење на сите неопходни претпоставки за негово

реално и целосно спроведување.

Во истата смисла, кога говориме за темелите на нашата идна економска политика, битно е да се истакне дека, наместо „тутор“ (како што е сега), владата треба да претставува партнер и сервис на бизнисите и на целокупниот деловен сектор во Македонија. Во секоја модерна и развиена пазарна економија пиедесталот им припаѓа на успешните претпријатија и на сите оние кои создаваат работни места. Владата ја има (само) улогата на нивен сервис и поттикнувач. Претпријатијата во Македонија ќе бидат стимулирани и помогнати во своето приспособување кон променливите услови на конкуренцијата и за воведување нови производи и производни програми, или за подобрување на постојните. Економската и индустриската политика на владата на СДСМ ќе промовираат вработување, технолошки развој, стимулирање на претприемништвото, отворање на нови претпријатија и подобрување на климата за инвестирање.

Бидејќи се најголем „всисувач“ на невработеноста, посебен акцент во идната економска и индустриска политика на владата на СДСМ ќе ставиме и врз поттикнувањето на унапредувањето и развојот на микро, малите и средните претпријатија (МСП). По осамостојувањето, Македонија го помина процесот на преструктуирање на претходно постојните големи индустриски системи. Но, потоа па сè до денес, Македонија не успеа успешно да го започне процесот на „вмрежување“ и „вгроздување“ на МСП, кои во меѓувреме беа создадени. Идната влада на СДСМ има за цел клучен фокус да биде ставен и на тој важен деловен сегмент. Така, економската и индустриската политика на Македонија ќе започнат да ја добиваат физиономијата која е типична за овие политики во развиените држави: најважен двигател на развојот на претприемништвото и иновативноста се претпријатијата (меѓу кои секако и МСП), а владата има влијание како насочувач на промените.

Заради малиот домашен пазар, многу голем дел од македонските претпријатија мора да бидат максимално ориентирани кон извоз. Нашата политика има за цел да им помогне на извозните претпријатија да одговорат на

Page 15: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

13

барањата на странските пазари и да станат конкурентни дури и на најсофистицираните пазари во Западна Европа и пошироко. Особен акцент ќе се стави на развој на извозни производи и услуги кои, покрај узвозот на нова технологија и нови индустриски техничко-технолошки процеси, ќе се базираат и на домашно истражување и иновации.

Конечно, за добро и правилно спроведување на економската политика, неопходно е таа да се базира врз соодветни и веродостојни податоци и анализи. Актуелната влада го одложи спроведувањето на пописот, пред сè заради нејзини политички цели. Во таа смисла, еден од темелите на идната економска политика на владата на СДСМ ќе биде и спроведувањето на попис на населението и домаќинствата.

Политики во рамки на економската политика

За успешно постигнување на зацртаните цели, идната економска политика на владата на СДСМ ќе ги презема и спроведува следните политики:

I. Политика на макроекономска рамнотежа – соодветна и добра координација меѓу монетарната и фискалната политика, со што ќе се одржува макроекономска стабилност. Тоа ќе значи ниска инфлација, ценовна стабилност и одржлив буџетски дефицит.

II. Редефинирање на поставеноста и на начинот на остварување на фискалната политика. Тоа значи:

■ Реален буџет: планирање на буџетските приходи согласно финансиските можности на стопанството (а не според желбите на власта, како што е сега);

■ Одржување на разумен буџетски дефицит (најмногу до 3 % од БДП); ■ Постепено менување на структурата на буџетските расходи, кон пораст на капиталните инвестиции (што

оваа влада го ветува, но не и остварува); ■ Намалување на постојните парафискални давачки, што ќе претставува реално подобрување на домашното окружување за водење бизнис;■ Максимална одговорност – сите проекти финансирани од буџетот претходно ќе бидат верифицирани

преку анализа на исплатливоста (cost/benefit анализа);■ Целосна отвореност (транспарентност) на буџетот и сите негови расходи

Зголемениот јавен долг и растечките фискални дефицити ја загрозуваат економската стабилност, развојните перспективи на државата и благосостојбата на идните генерации. Нашиот избор е одговорна и транспарентна фискална политика. Тоа ќе го постигнеме со формирање на „Фискален совет“, кој ќе има неколку задачи: (1) да воведе објективност во планирањето и во извршувањето на буџетските приходи и расходи; (2) да создаде кредибилитет и транспарентност на фискалната политика и (3) да ја зголеми одговорноста на владата при водењето на фискалната политика. Фискалниот совет ќе биде формиран од страна на Собранието на Република Македонија и во него ќе членуваат истакнати експерти од областа на финансиите. Советот ќе дава јавно мислење за предлог-буџетите, завршната сметка на буџетот, законите за задолжување, како и при предлагањето на сите законски и подзаконски акти од областа на фискалната и монетарната политика.

III. Реформа на даночниот систем со спроведување на следните мерки:

Враќање на 15% од платениот ДДВ кон сите крајни потрошувачи; Праведно оданочување – стапка на персонален данок од доход од 9% за годишен приход до 720.000

денари и 18% за приходот над тоа; Ослободување на земјоделците од персонален данок на доход; Задржување на рамниот данок од 10% кај данокот на добивка; Редефинирање на данокот од имот – повисок данок за втор, трет, четврти стан

IV. Системска (а не „коруптивна“) грижа за сите ранливи категории на граѓани.

V. Активна политика за намалување на невработеноста – преку голем број на мерки на пазарот на труд и подобрување на квалификациите на работната сила.

VI. Политика на извозна експанзија, како општа рамка на економската стратегија – постигнување на сè поголем извоз, особено на производи и услуги кои ќе содржат поголема додадена вредност. Таа стратегија е реално најизгледна и овозможува најдобри изгледи за побрз и оджлив економски развој. Таа е единственaта можна опција кога се зборува за политика на приклучување на Македонија во ЕУ.

VII. Политика за подобрување на извозната конкурентна способност на домашните претпријатија и освојување на нови извозни пазари. Сите мерки – хоризонтални и вертикални – на индустриската, аграрната и технолошката политика ќе се испреплетуваат, со цел подобрување на извозната конкурентна способност на македонските претпријатија.

VIII. Политика на пораст на домашните приватни инвестиции – и микро и мали и средни и големи, и од сите сектори

Page 16: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

14

и дејности. За таа цел, покрај намалување на каматите на банкарските кредити, домашните инвеститори ќе ги добиваат истите поволности како и странските.

IX. Политика на зголемување на јавните (владините) инвестиции во патишта, енергетски објекти, воведување на поевтини видови енергија (гасификација), заштеда на енергија и сл.

X. Политика за привлекување странски директни инвестиции – добро осмислена, таргетирана и со претходна подготовка на домашното окружување.

XI. Политика за подобрување на способноста на македонската економија за искористување на ЕУ фондовите за економски развој – во спроведувањето на оваа политика ќе бидат ангажирани финансиски средства и енергија еднакво колку и во привлекувањето на странски инвестиции.

XII. Политики за подобрување на ликвидноста во македонската економија. Тоа започнува со навремено и целосно плаќање на обврските (за поврат на ДДВ, за набавки, тендери и сл.) од страна на сите државни институции.

XIII.Политика на фер и еднаков третман на сите стопански субјекти. Без фаворизирање на некои, а дискриминирање на други претпријатија.

XIV. Правна сигурност на сите стопански субјекти во однос на примената на законите.

XV. Редефинирање (продлабочување) на децентрализацијата, преку зголемување на ингеренциите на општините и на градот Скопје.

Page 17: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

15

ПОЛИТИКА НА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА – ДАНОЧЕН СИСТЕМ

Во зафаќањата од страна на државата мора да постои одмереност. Помалку пари за државата значат повеќе пари за бизнисот и за граѓаните. А тоа, пак, значи повеќе инвестиции, нови работни места и подобар животен стандард. Со други зборови, додека актуелната влада спроведува политика на „сиромашен и исплашен народ = силна држава“, ние сметаме дека политиката „богат и достоинствен народ=просперитетна и безбедна држава“ е многу подобра за сите граѓани.

За остварување на наведеното, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следните мерки и проекти:

1. Враќање на дел од ДДВ на секој граѓанин

Оваа мерка значи дека, на секој граѓанин (т.е. на секој краен потрошувач) ќе му се враќаат 15% од платениот ДДВ.При купување на кој било производ или услуга, односно при секое плаќање, секој потрошувач со сметката плаќа и данок на додадена вредност (ДДВ). По овој основ, во буџетот годишно се влеваат 45 милијарди денари (над 730 милиони евра).Според официјални податоци, даночната евазија (криење) на данокот, изнесува над 30%. Според изјави од страна на власта, после еден „поход“ на контроли од страна на УЈП кога беа затворени стотици фирми и дуќани, кај над 60% од даночните обврзници било откриено сокривање на вистинскиот промет и даночно затајување. Со можноста за повраток на 15% од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има голема мотивација да инсистира на издавање фискална сметка; всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“.Преку тоа, со тој „ненасилен“ начин на контролирање на даночната евазија, ако таа се намали за две третини, приходите на буџетот по основа на ДДВ би се зголемиле на речиси 55 милијарди денари (над 880 милиони евра).Со враќање на 15% од платениот ДДВ, секоја година на граѓаните ќе им бидат дадени дополнителни 8 милијарди денари (над 130 милиони евра).По плаќањето/враќањето на целокупниот износ на граѓаните, во буџетот на РМ ќе останат речиси 1 милијарда денари (над 13 милиони евра) повеќе од претходно.Со оваа мерка ќе обезбедиме:

Враќање на над 130 милиони евра годишно кон сите граѓани на Република Македонија;Поголеми приходи во секое семејство;Зголемена потрошувачка моќ на граѓаните; Поттикнување на дополнителна домашна инвестициона активност (нови градби, реновирања, погони, купување станови, опрема, апарати за домаќинство);

Создавање фер услови на пазарот и отстранување на „сивата економија“; Со намалена евазија, ќе се намали и опасноста од затворање на дуќани и фирми заради фискални недоследности; Намалување на бројот на непријавени работници (целиот промет ќе биде на фактура или со документи, па нема да има „црни пари“ за плаќање на непријавени работници);

Отстранување на шверцот и неплаќање на царини и акцизи (при продажбата на тие производи се наплаќа ДДВ).

2. Праведни даноци Постојниот даночен систем во нашата држава делува во корист на најбогатите граѓани, а на штета на сите останати. Владата на ВМРО-ДПМНЕ го воведе таканаречениот рамен данок, според кој сите граѓани плаќаат данок на своите приходи по една иста даночна стапка од 10%, без разлика на тоа колкави се нивните плати, пензии и останати приходи. По иста даночна стапка плаќаат и најбогатите и најсиромашните, и оние што најмногу ги користат и оние што најмалку ги користат јавните добра. Граѓанин со минимална плата, плаќа персонален данок по иста даночна стапка како и граѓанин со стопати повисока плата. Ова не е праведно. Тоа е ставот и на огромното мнозинство наши граѓани. Идната влада на СДСМ тоа ќе го промени.

Новиот даночен систем ќе обезбедува поголема праведност во распределбата на доходот и богатството: повисок данок за најбогатите, а намалување на данокот за сите останати.

Ќе воведеме систем на персонален данок на доход со две даночни стапки (9% и 18%) кој ќе содржи и враќање на платениот персонален данок за граѓаните кои имаат многу ниски месечни лични доходи. Имено: На граѓаните кои имаат месечен личен доход (плата) од редовен работен однос до 12.000 денари, владата ќе им го враќа износот кој како персонален данок на доход претходно ќе биде уплатен од страна на нивните работодавачи.

На тој начин секој вработен со плата до 12 000 денари годишно ќе добива дополнителни од 3 200 до 5 800 денари.

Граѓаните кои имаат вкупни годишни приходи до 720.000 денари, стекнати по сите основи, освен по основ на вратениот персонален данок од доход опишан претходно и од земјоделска дејност, ќе бидат оданочувани со персонален данок на доход по даночна стапка од 9% (наместо како досега 10%).

Page 18: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

16

граѓаните со вкупни годишни приходи над 720.000 денари ќе плаќаат персонален доход по стапка од 18% за износот на приходи над 720.000 денари;

даночните ослободувања за персонален данок од доход кои се применуваат сега ќе останат да бидат применувани и понатаму.

Друга мерка во оваа област која, покрај праведноста, има за цел да влијае врз развој и подобрување на конкурентноста на земјоделието, е тоа дека за приходите од земјоделска дејност нема да се плаќа данок.

Трета мерка за праведно оданочување е промената на данокот на имот. Го предвидуваме следното решение:

За граѓанин кој поседува еден стан или една куќа во која живее со своето семејство, стапката на данокот на имот да изнесува 0,05% од вредноста на станот односно куќата;

За поседување на втор стан или куќа, даночната стапка за тие станови/куќи да изнесува 0,1% од нивната вредност;

За поседување на трет стан или куќа, даночната стапка за тие станови/куќи да изнесува 0,15% од нивната вредност;

За поседување на четири или уште повеќе станови или куќи, даночната стапка за тие станови/куќи да изнесува 0,3% од нивната вредност.

3. Нови можности кај корпоративниот данок (данокот на добивка)

Инвеститорите и бизнисот бараат предвидливост и стабилност на законите и деловното окружување.Затоа, нема да ја промениме постојната единствена стапка од 10% кај данокот на добивка. Исто така, ќе продолжи важењето на сите постојни даночни ослободувања и олеснувања кои важат за инвестирање во технолошките и индустриски развојни зони (ТИРЗ). Но, ќе создадеме реални можности во тие зони, под исти услови, да можат да инвестираат и домашните претпријатија (инвеститори).

Покрај тоа, кај данокот од добивка ќе бидат воведени и некои новини:

Фирмите ќе можат да ја намалат даночната основица на данокот на добивка за директните вложувања во развој на спортот, културата, науката или образованието. Ослободувањето ќе биде соодветно на вложувањето, со максимален износ до 30% од даночната основица за данокот на добивка.

Спроведувањето на оваа мерка ќе подлежи на редовни контроли, според однапред утврдена постапка. Така, ќе бидат отстранети можностите за даночна евазија. Исто така, по стабилизирањето на македонската економија од проблемите што се наталожени со владеењето на оваа влада, кај данокот на добивка ќе ги реализираме и следните мерки:

Ослободување од данок на добивка на период од 3 години на постојни даночни обврзници кои дополнително ќе вработат на неопределено време најмалку 50 лица. Услов ќе биде работодавачот да ги задржи вработените во работен однос најмалку уште две години;

Целосно ослободување од данок на добивка на претпријатија во секоја година во која ќе остварат пораст на својот извоз за над 20% во однос на просекот во претходните 3 години;

Ослободување од данок на добивка во траење од 3 години на даночни обврзници кои започнуваат со дејност во недоволно развиените подрачја и региони во Македонија;

Ослободување од данок на добивка во траење од 3 години на повратници од странство, доколку своите заштеди ги вложат во отворање на сопствено претпријатие (бизнис), или во опрема (но, како доминантно учество во акционерскиот капитал), во постојно претпријатие во Македонија. Дополнително, доколку во тие претпријатија бидат вработени нови најмалку 50 лица, даночното ослободување ќе може да се продолжи за уште 2 години (на вкупно 5 години);

Ослободување од данок на добивка на претпријатија кои вршат вработување, оспособување и професионална рехабилитација на лица со инвалидитет, сразмерно со учеството на тие лица во вкупниот број на вработени;

Намалување на данокот на добивка за 50% во првата година во која ќе искажат добивка на даночни обврзници кои ќе започнат со вршење на определена дејност за прв пат;

Намалување на данокот на добивка за 50% во годината кога е извршено вложувањето во микро и мали претпријатија, кои ќе инвестираат во основни средства за дејноста која ја обавуваат;

Намалување на данокот на добивка за 15% на даночни обврзници кои ќе примаат студенти на практична работа во договор со високо образовна институција.

Page 19: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

17

4. Други реформи за поголема потрошувачка моќ на граѓаните

Проект „Потрошувачки кредит“

За остварување на нашата цел за враќање на средната класа во Република Македонија, идната влада на СДСМ планира да спроведе и еден посебен проект, кој го нарекуваме: „Потрошувачки кредит“. За остварување на тој проект новата влада ќе издвои од буџетот средства до 3 милиони евра годишно, за делумно субвенционирање на каматата на потрошувачките кредити кои ги користат граѓаните. Притоа, каматната стапка на кредитот нема да биде над 5% годишно, а владата би субвенционирала до половина од трошоците за каматата. По корисник, кредитот ќе биде лимитиран на износ до 2.500 евра. Кредитот ќе биде наменет за граѓани кои имаат месечна нето плата до 12 илјади денари. Останатите услови на кредитот ќе бидат договорени со банките и штедилниците. Со остварувањето на овој проект ќе се поттикне поголема потрошувачка, а преку тоа и отворање на нови работни места.

Проект „ДДВ викенд“

Еден викенд во годината, на почетокот на месец септември – пред почетокот на есента и новата учебна година – ќе биде викенд без наплаќање на ДДВ за сите набавки (купувања) на потрошни добра за домаќинствата (облека, покуќнина, училишен прибор и сл.). Во тој викенд сите набавки на таков вид добра ќе бидат ослободени од давачката за данок на додадена вредност. Во тој викенд сите продавници (бизниси) кои тргуваат со такви добра, како и сите банки, ќе имаат дозволено работно време од 24 часа. Покрај тоа, во тој викенд ќе има многу засилени инспекциски контроли, со цел спречување на можни манипулации и злоупотреби. Со овој проект, се предвидува подобрување на животниот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории граѓани, како и на граѓаните од средната класа.

Page 20: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

18

ПРИСТОЈНА РАБОТА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Невработеноста е еден од најкомплесните и најгорливи проблеми со кој се соочуваат граѓаните на Република Македонија. Владата на ВМРО ДПМНЕ се обиде со административно бришење на невработените од списокот на Агенцијата за вработување, и постојани партиски вработувањата во јавниот сектор, да создаде впечаток дека невработеноста се намалува.

Најголем проблем е огромната невработеност кај младите и големиот број граѓани кои веќе долго време не можат да најдат работа. Според анализите на ИЛО, околу 180.000 лица се невработени 4 и повеќе години. Само 27% од младите работат; половина од нив со неформално или нередовно вработување и со плати пониски од просечната. Повеќето невработени млади лица (76,9 проценти) бараат работа повеќе од една година. Од нив 38% се со универзитетска диплома. Триесет проценти од младите во земјата спаѓаат во категоријата лица кои не се вклучени во образование/обука ниту се вработени.Долготрајната невработеност, особено кај младите, значи губење на стекнатите вештини и финансии, како и нарушена самодоверба и зголемена неактивност. Невработеноста и лошите услови за работа се главната причина за огромното иселување од Република Македонија.

НАШИОТ ПРИСТАП

Порастот на вработеноста и, со тоа, трајното и одржливо решавање на постојните социјални проблеми на граѓаните на Македонија се првенствена определба на нашата политика. Меѓутоа, искуството – сопствено и на други држави – нè има научено дека искреното и одржливо решавање на невработеноста бара, пред сé решавање на нејзините причинители. Затоа, појдовен став на нашата програма е фактот дека Македонија мора да ги совлада реалните причинители на постојните економски и социјални проблеми, а со тоа проблемите на невработеноста и неповолната социјална положба ќе бидат решени. И тоа трајно, а не само паушално, краткорочно и неодржливо.

Политиката на вработување ќе се базира на два столба: (1) забрзан економски развој (види претходно поглавје и Индустриска политика) и (2) активни мерки на пазарот на работна сила. Наш приоритет ќе биде поттикнувањето на отварање на нови работни места, пред сè, во приватниот сектор и обемни буџетски стимулации за отпочнување на сопствен бизнис.

За таа цел, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следните мерки и проекти:

1. Проект „Гаранција за млади“

Прв и најзначаен проект во областа на пазарот на труд и вработувањето е проектот „Гаранција за млади“. Тоа е комплексен проект кој ќе овозможи секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса или тренинг за подготовка за вработување, во период од четири месеци, после завршување на школувањето, или станување на невработен. Иако оваа програма ќе создаде значителни буџетски трошоци, сметаме дека нив државата многукратно ќе ги надмине преку избегнување на долгорочните трошоци од невработеноста, неактивноста и изгубената продуктивност. „Гаранција за млади“ ќе им обезбеди на младите луѓе реални можности за да го избегнат долгото и болно отсуство од пазарот на труд и да го зачуваат и подобрат нивниот човечки капитал и потенцијал за плата.Проектот „Гаранција за млади“ не е само декларативна заложба. Оваа практика започна да се применува во државите-членки на ЕУ, како резултат на силната кампања на Партијата на европските социјалисти.Наоѓањето работа зависи и од тоа колку невработените имаат знаење и вештини што се бараат на пазарот на труд. Затоа, многу е важно учениците и студентите да добиваат обука и образование со висок квалитет. Во спротивно, само го изгубиле времето учејќи бескорисни работи.Во таа смисла, наместо политиката на масовно студирање во импровизирани услови, идната влада на СДСМ ќе создаде институти за професионално образование, по примерот на државите од Западна Европа, кои ќе имаат задача да оформат работна сила според потребите на приватниот сектор. Сметаме дека, при подготовката на наставните програми на државните универзитети и институти, мора да се цени гласот на претставниците од приватниот сектор, т.е. на оние што вработуваат. Дополнително, идната влада на СДСМ ќе изгради и Фонд за финансирање на проекти, кои ќе ги поврзуваат приватните претпријатија со научните институции.Концептот на доживотно учење (образование), како битен предуслов за поголема вработеност, ќе го развиваме водејќи се од најдобрите искуства на државите-членки на ЕУ, а ќе создадеме и Национален комитет за квалификации, како витален фактор на организацијата на системот на доживотно учење.

ПОЛИТИКА НА ВРАБОТУВАЊЕ

Page 21: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

19

2. Повисока минимална плата

Минималната плата ќе изнесува 10.000 денари; тоа ќе го воведеме веднаш и ќе важи за сите! Ќе го укинеме преодниот период на усогласување на минималната плата во одделите со најниски просечни плати;

Контролниот механизам во спроведувањето на законот, во врска со пресметката и исплатата на минималната плата, ќе се спроведува од страна на Управата за јавни приходи;

Институциите ќе објавуваат извештаи за процесот на спроведување на законот за минимална плата на транспарентен начин, а Заводот за статистика ќе има обврска месечно да објавува податоци за работниците кои земаат минимална плата;

Ќе утврдиме минимална сатница на сезонската работа; Сезонската работа која трае повеќе од 8 месеци, во период од 12 последователни месеци, ќе се смета за стаж на осигурување од 1 година.

3. Мерки за вработување на млади

Ќе финансираме обука за млади лица и невработени за постојни и нови компании. Обуката ќе се реализира според специфичните квалификации и вештини посочени од страна на работодавачот;

Ќе ги ослободиме од плаќање на социјални придонеси сите работодавачи кои ќе обезбедат прво вработување на млади лица до 29-годишна возраст во период од 1 година (под услов да ги задржат најмалку 2 години);

Ќе го субвенционираме вработувањето на невработени млади лица на возраст до 29 години, со месечна финансиска поддршка за период од 6 месеци (со обврска работодавачот да ги задржи најмалку уште 18 месеци);

Ќе спроведеме „Програма за практикантство“, со која ќе обезбедиме стажирање на невработени млади лица до 29-годишна возраст. Буџетот ќе обезбедува месечен надоместок, во траење од три месеци, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Работодавачите ќе имаат обврска најмалку 20% од стажантите да ги вработат на период од најмалку 6 месеци;

Посебен дел ќе биде т.н „Летна пракса”, која ќе обезбеди поддршка за работодавачи кои ќе овозможат пракса за студенти во текот на летните месеци. Програмата ќе се изведува во координација со универзитетите;

Ќе обезбедиме финансиска поддршка за проекти кои ќе обезбедат вработувања на млади во помалите градски или селски средини, каде е многу потешко да се најде работа (види и поглавје Политика на прераспределба);

Ќе ги поддржиме со финансиски средства проектите кои ја зголемуваат свесноста на младите за недостаток од одредени занимања и квалификации и за нивната важност;

Во рамки на средното образование ќе воведеме задолжителен предмет за стручно образование, кој би се изучувал во завршната година. Целта е стручно оспособување и стекнување со вештини и квалификации од страна на младата популација, како и развивање на чувството и свесноста за работна етика. Ќе се понуди широк избор на занимања за кои стопанството ќе покаже интерес, преку поблиска соработка со стопанските комори, еснафските здруженија и директен контакт на образованието со компаниите. Наставата ќе ја изведува компетентен и обучен кадар. Така, младите ќе поседуваат и практични вештини и искуства, кои ќе им овозможат активно учество на пазарот на трудот за време на студирањето, или пак, за професионална определба и извор на егзистенција во текот на животот. Стручното образование особено ќе биде од корист за младите коишто нема да бидат во можност или нема да имаат желба да продолжат со високо образование;

Ќе го субвенционираме јавниот транспорт за сите невработени млади лица до 29 години, заради нивна поголема мобилност за активно барање работа.

4. Мерки за вработување на жени

Ќе обезбедиме директна парична помош за обука за повторно работно активирање на жени по породилното отсуство;

Ќе обезбедиме заштита на бремените жени работнички: работодавач кај кого работат 20 и повеќе жени, ќе треба да обезбеди содветни простории за лична хигиена на жените;

Ќе направиме разграничување на забраната за прекувремена и ноќна работа, со целосна забрана за ноќна и прекувремена работа на бремени работнички, а релативна забрана за ноќна и прекувремена работа за мајки со деца до 6-годишна возраст, како и мајки кои се грижат за деца со посебни потреби, независно од нивната возраст;

Ќе воведеме законска обврска за работодавачите да ги ослободуваат од работа бремените работнички заради лекарски прегледи во текот на работното време;

Во случај на патолошка бременост, жената ќе добива породилно боледување во износ од 100%;Ќе воведеме право на породилно отсуство во траење од 12 месеци, за секој родител, или посвоител, кој сам се грижи за одгледување на детето, кој не живее во брак и исто домаќинство со другиот родител. Ќе воведеме тримесечно неплатено родителско отсуство за нега на дете до тригодишна возраст (ќе важи за еден од двата родители). Здравственото и пензиско осигурување ќе биде покриено од буџетот.

Page 22: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

20

5. Мерки за долгорочно невработените лица

Ќе воспоставиме ефикасен регистар на долгорочно невработени лица. Без точни податоци, не се доаѓа до добри политики;

Ќе формираме месни центри за активирање на долгорочно невработени лица, преку различни видови на општествено корисна работа. Во центрите, под менторство на обучени лица, долгорочно невработените лица ќе поминуваат основни програми за квалификација и ќе се ангажираат во извршување на различни видови на платена општествено корисна работа (помош на постари лица, работа на комунални проекти и сл.). Месните центри за активирање ќе понудат постојан дневен ангажман на долгорочно невработените и целосна практична и финансиска поддршка до вработување. Истовремено, преку систем на поврзување со Агенцијата за вработување, месните центри ќе им помогнат на невработените при редовната регистрација и при остварувањето на правата од заштита при невработеност;

Ќе започнеме со развивање на специфични вештини кај долгорочно невработени лица: обука за медицински персонал, домашни негуватели/ки и останати вршители на општествено корисни услуги. Посебен акцент ќе биде ставен на дефицитарни струки и дејностите на здравствена и социјална заштита;

Ќе спроведеме проект за финансиска и практична поддршка за мобилност на работната сила. Во рамки на овој проект ќе се доделуваат финансиски средства на невработени лица, кои ќе најдат ново работно место во место оддалечено од местото на живеење (поголема урбана заедница). Проектот ќе обезбеди и дополнителна поддршка, во вид на обука и преквалификација на брачен другар и сл.;

Ќе го зголемиме бројот на корисници и на средства кои се издвојуваат за активните мерки за вработување во приватниот сектор и ќе ги поедноставиме процедурите. На крајот од четвртата година, за активните мерки за вработување во приватниот сектор ќе се издвојуваат 30 милиони евра;

Ќе го зајакнеме капацитетот на Агенцијата за вработување која, од формално биро за евидентирање на невработените, ќе ја претвориме во сервис за посредување при вработување и обезбедување на услуги на оние кои бараат работа;

Ќе воспоставиме механизам за следење на менталното и физичкото здравје на долгорочно невработените, со цел превенција од губење на капацитетите на невработените кои треба да се вклучат на пазарот на труд како активна работна сила.

6. Мерки за социјално исклучените категории на граѓани

Ќе ги удвоиме средствата за образование, доквалификација и субвенционирано вработување на инвалидизирани лица, деца без родители, брачни парови со 3 или повеќе деца, самохрани родители, социјални случаи, родители на деца со посебни потреби и на лицата кои се жртви на семејно насилство;

Вработувањето на деца без родители во државната и јавната администрација ќе го регулираме со закон;

Ќе обезбедиме финансиска поддршка во износ од 70% од просечната плата за период од 1 година, со обврска работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 2 години на следниве категории граѓани: (1) невработени лица (евидентирани повеќе од 6 месеци) кои се родители на деца со посебни потреби, брачни двојки со 3 или повеќе деца, лицата жртви на семејно насилство; (2) лица со хендикеп; (3) над 50 години и (4) лица на кои работниот однос им престанал по основ на стечај, ликвидација или деловни причини;

Ќе финансираме програми за работно ангажирање за невработените со ниско образование, за извршување градежни работи, комунални дејности, еколошки проекти и слично.

7. Мерки за системско уредување на пазарот на работна сила

Ќе обезбедиме целосно почитување на меѓународните стандарди за работнички права, во однос на прекин на работниот однос по основ на деловни причини или стечај;

Ќе ја вратиме заштитната одредба од злоупотреба на институтот технолошки вишок: по прогласувањето на технолошки вишок, работодавачот нема да има можност да прими нов работник на исто работно место во рок од 1 година;

Работникот прогласен за технолошки вишок ќе има право на приоритет при вработување кај истиот работодавач;Ќе го зголемиме периодот на исплата на паричен надоместок во случај на технолошки вишок од 18 месеци на 3 години;

Процентот на исплата на надомест на плата во случај на боледување ќе го зголемиме на 85%;Ангажманот на работникот во ноќната смена нема да може да трае без прекин повеќе од една недела;Ќе воведеме обврска за работодавачите на работниците за кои судот ќе констатира незаконски престанок на работниот однос, покрај враќањето на работа, да им се исплаќа надомест на штета во висина од 70% од изгубената заработувачка;

Ќе обезбедиме задолжително право на надомест на плата за времетраењето на неискористениот редовен годишен одмор на работниците;

Инвалидска пензија за секој кој ја заслужува: ќе направиме ревизија на начинот на регулирање на правото на инвалидска пензија;

Ќе воведеме можност за скратено работно време за лица со посебни потреби;Во случаи на дискриминација, ќе одредиме надомест на штета во висина од пет месечни просечни плати;Кај работните спорови, ќе ја намалиме висината на судските такси и висината на паричниот цензус за користење

Page 23: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

21

на правото на вонреден правен лек. Ќе воведеме обврска за работодавачите одреден период пред отпуштањето на работници (повеќе од двајца) заради структурни промени во фирмата, стечај, или ликвидација на фирмата, да ја известат АВРМ и да достават список со податоци за квалификациите и вештините на работниците кои ќе бидат отпуштени. Потоа, АВРМ ќе прави детална анализа за можностите за повторно вработување врз основа на нивните квалификации и работни вештини. Лицата кои се тешко вработливи и без доволно вештини за пазарот на трудот, АВРМ ќе ги вклучи во преквалификација;

Ќе ја засилиме заштитата при работа, особено во најризичните гранки (рударство, градежништво и други). Ќе ја преиспитаме превенцијата и заштитата од професионални заболувања.

Во однос на синдикатите, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следните активности: (1) ќе го зајакнеме општествениот (социјалниот) дијалог, преку промоција на нов модел „Трипартитен плус” - задолжителни вклучување на претставници на пензионерските асоцијации во Економско-социјалниот совет на Република Македонија; (2) целосно ќе ги либерализираме одредбите од Законот за работни односи во делот на синдикалното здружување; (3) ќе пристапиме кон склучување колективни договори на ниво на гранки, оддели и на ниво на работодавачи, како еден од битните механизми и елементи во уредувањето, остварувањето и заштитата на правата на работниците; и (4) ќе формираме посебни одбори во рамките на Организацијата на работодавачите на Македонија, за да се обезбеди можност за потпишување на колективни договори во дејностите каде не се потпишани.

8. Иновативни мерки на пазарот на трудот

Ќе спроведеме проект наречен „Работа по мерка“, кој ќе опфаќа нетрадиционални и современи форми на вработување. Тие се: времено вработување, скратено работно време, договорени форми на работа, итн.;

Ќе спроведеме проект наречен „Креативни индустрии“, кој ќе значи формирање на „заедници на таленти“; тие би биле здруженија на фирми налик на постојната Комора на занаетчии;

Ќе дефинираме и други активни мерки на пазарот на трудот. На пример, формализирање на неформалната економија преку брза и евтина регистрација на нерегистрираните мали бизниси и нивно водење во евиденција на т.н. „отворен инкубатор“ во кој, во период од три години, ќе добиваат поддршка и помош од државата и локалната власт, а потоа би се префрлиле во легалните бизниси;

Ќе спроведеме проект за „outsourcing“, кој ќе опфаќа поддршка за посетување на курсеви за преквалификација, со која може лесно да се најде вработување преку интернет. Курсевите ќе бидат бесплатни. Оваа мерка би таргетирала образовани невработени лица кои претставуваат потенцијална група за живот во социјален ризик.

Page 24: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

22

ПОЛИТИКА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ПРАВЕДНОСТ

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Македонија е држава со највисока стапка на сиромаштија во Европа. Според податоци на Светска банка, за 5 години сиромаштијата во Македонија пораснала за 30%, а екстремната сиромаштија двојно се зголемила. Над 30% од домаќинствата во Република Македонија не можат да ги обезбедат ниту најосновните потреби; 40% од домаќинствата не можат да си дозволат оброк со месо, пилешко или риба; повеќе од половината не можат да платат непредвидени трошоци, ниту да обезбедат средства за еднонеделен одмор надвор од домот. Социјалната парична помош е толку ниска и нетранспарентно доделувана што, наместо да помага во одреден преоден период, само го засилува чувството на беспомошност и безвредност и ги зголемува бариерите за барање работа.

НАШИОТ ПРИСТАП

Нашата цел е да обезбедиме социјална помош која ќе обезбеди подобар живот за семејствата кои живеат во сиромаштија. Во изградбата на тој систем, централен елемент ќе биде транспарентноста. Нашата политика на социјална помош ќе ги вклучува сите, а не само луѓето со ниски примања. Бидејќи сите ги споделуваме правата и обврските, сите треба да се вклучени во нивното обезбедување под еднакви услови. Граѓаните не треба да се поделени на оние кои „примаат“ и оние кои „плаќаат“. Политика на универзална благосостојба е нешто што граѓаните си го нудат едни на други, во духот на солидарноста. Нашата социјална политика ќе се занимава со економската безбедност, со праведна распределба на животните можности, како и со обезбедување на услови за избор во различни животни фази. Ние ги почитуваме следните принципи на социјалната политика:

Сите имаат право на сигурност во детството; Сите имаат право на достоинствено домување со разумни трошоци; Сите имаат право на безбедност и достоинство во нивната старост; Сите имаат право на сопствен избор во животот без предрасуди и дискриминација и без ризик за социјална

загрозеност заради својот избор; Сите треба да преземат дел од одговорноста за одржување на системите за социјална помош.

Социјалната политика на СДСМ нема да се занимава само со исправување на неправдите создадени од пазарот. Таа ќе се занимава и со еднаквоста и рамноправноста. Токму тоа ќе придонесе за промена на односите во економијата и целокупното општество.

При имплементација на социјалните политики идната влада на СДСМ, во целост ќе ја почитува стратегијата на Европската унија за активно вклучување. Тоа значи дека, при заштитата на социјално ранливите групи, ќе настојуваме да обезбедиме минимален достоинствен приход, инклузивен пазар на труд и квалитетни јавни сервиси за граѓаните. Минималниот достоинствен приход ќе има задача да го извлече семејството од сиромаштија. Неговото ниво ќе зависи од промената на цените, минималната плата и вработеноста во економијата. Овие три компоненти се клучни за развој на реални политики за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Мекедонија и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

I. Социјална заштита

Во однос на социјалната заштита, нашата генерална цел е услугите од социјална заштита да не бидат спроведувани само од страна на владата. Идната влада на СДСМ ќе обезбеди простор за вклучување на здруженија на граѓани, специјализирани во дадени области. Така ќе зголеми конкуренцијата во нудењето на социјални услуги, а со тоа и нивниот квалитет.

1. Мерки во однос на возрасните лица и пензионерите

Во овој сегмент, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следните проекти и мерки:

Ќе воведеме можност за заминување во пензија по два основа: (1) возраст (постојно решение) и (2) работен стаж (ново, дополнително решение. По 35 години работен стаж (за жени) или 40 години (за мажи) граѓанинот сам ќе може да одлучи дали да замине во пензија и пред навршување на 62 односно 64 години;

На оние лица на кои им недостасуваат до 5 години работен стаж за да стекнат право на пензија, ќе им овозможиме да извршат докуп на стажот;

На лицата што нема да извршат докуп на стаж и не се корисници на каква било парична помош од државата, идната влада ќе им даде државна социјална пензија. Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија. Со тоа, овие лица ќе имаат двојна корист. Ќе добијат финансиска поддршка и ќе се здобијат со статус пензионери, со што ќе можат да учествуваат во активностите на пензионерските здруженија и да ги имаат придобивките како и другите пензионери;

Page 25: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

23

Согласно финансискиот капацитет на државата, ќе ги користиме можностите за дополнително зголемување на пензиите. Ќе дадеме приоритет на зголемувањето на износот на најниската пензија и ќе настојуваме таа да ги покрива трошоците за живот на пензионерите;

Во соработка со здруженијата на пензионерите и Државниот завод за статистика, ќе воведеме „пензионерска потрошувачка кошничка“. Таа ќе служи како основа за следење на трошоците на животот на пензионерите. Тоа е поволно за пензионерите, бидејќи пензиите ќе се усогласуваат со промена на цените на оние стоки и услуги што самите пензионери ќе ги оценат како најважни за нивната потрошувачка;

Наместо на секои шест месеци, висината на пензиите ќе се усогласува на секои три месеци. Ова решение е поповолно за пензионерите;

Покрај бесплатниот градски превоз во вторник и петок, на пензионерите во Скопје ќе им овозможиме бесплатен градски превоз и во сите други денови во неделата, во периодот помеѓу 9 и 14 часот. За пензионерите од внатрешноста ќе се воведат субвенции за превоз во висина на трошоците за превоз на пензионерите од Скопје;

За пензионерите во рурални средини кои се оддалечени најмалку 10 километри од најблиската аптека, ќе воведеме систем на достава на лекови најмалку два пати месечно;

За семејства на пензионери кои се корисници на најнизок износ на пензија ќе воведеме енергетска заштита, преку доделување помош за струја, гас или огревни дрва;

Ќе овозможиме временски неограничено важење на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во делот на правото на земјоделските осигуреници за остварување на право на признавање на пензиски стаж по Законот за старосно осигурување во периодот од 1978 до 1988 година (враќање на укинатиот чл. 203);

За немоќните пензионери со ниски пензии, за кои нема кој да се грижи, ќе воведеме субвенционирано сместување и згрижување во домови;

Ќе ја зголемиме вклученоста на пензионерите во општествениот живот; Пензионерите ќе имаат претставник и во Економско-социјалниот совет, што во иднина ќе се вика „Трипартитен плус совет“;

Пензионерите ќе бидат задолжително повикувани на расправите во собраниските комисии секогаш кога се разгледуваат законски решенија што се однесуваат на пензионерите;

Ќе изградиме пензионерски домови со буџетски средства и по пат на јавно-приватни партнерства;На пензионерите ќе им овозможиме и вонинституционална поддршка преку невладини организации кои ќе имаат обучени кадри за поддршка на стари и изнемоштени лица. Таа активност невладините организации ќе ја извршуваат преку волонтери, финансиски поткрепени од донатори и од државниот буџет;

Ќе воведеме обврска за локалните власти да предвидат мерки и форми на згрижување на стари и изнемоштени граѓани на општината;

Дневните центри за нега на старите лица ќе имаат задача старите лица, кои имаат потреба од надгледување во текот на денот и немаат можности сами да извршуваат одредени активности, да бидат згрижени во овие дневни центри 8 часа, во текот на денот. Во дневните центри ќе имаат поддршка од социјален работник, асистент за нега на стари лица, психолог и медицинска сестра;

Ќе развиваме професионални сервиси за нега на стари лица во домашни услови. Тие ќе бидат опслужувани од страна на лиценциран кадар (асистенти за нега) кои претходно ќе поминат обука и ќе се стекнат со лиценца за работа. Ваквиот тип на грижа ќе биде наменет за изнемоштени стари лица. Финансирањето на овие сервиси и дневни центри ќе биде организирано во соработка со локалната самоуправа и невладиниот сектор;

Ќе стимулираме рамноправно користење на пензионерските клубови од страна на мажите и жените преку соодветна програма иницирана од корисниците.

2. Мерки во однос на бездомните лицаЌе отвориме преноќувалишта за бездомни лица, кои ќе работат во текот на целата година;Ќе отвориме центри за обука на бездомните лица за одредени занаети;Ќе обезбедиме пунктови за дистрибуција на храна, пијалаци и облека за бездомните лица;Ќе ги вклучиме бездомните во општествено корисни работи, за што ќе им биде обезбеден дополнителен приход.

3. Мерки во однос на корисниците на социјална помош

Социјалната парична помош ќе ја зголемиме за 40%;

Ќе воведеме обврска за државните институции за бесплатно обезбедување на целокупната документација за остварување на правата по однос на социјална заштита. За таа цел ќе биде направена целосно интегрирана интернет апликација;

Корисниците на социјална парична помош и постојана парична помош ќе ги ослободиме од плаќање на радиодифузна такса;

Ќе ја зголемиме паричната помош за сместување во згрижувачко семејство за 45%;За 40% ќе ја зголемиме паричната помош за лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а после тоа до 26-годишна возраст нема приход и имот за издржување;

Ќе направиме реформа на центрите за социјална работа, со воведување на семеен социјален работник за секој граѓанин во социјален ризик. Со оваа мерка се воведува метод на следење на семејството на кое му треба различна поддршка за да излезе од сиромаштија. Тој индивидуален пристап дава одлични резултати во развиените социјални држави;

Page 26: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

24

Ќе формираме социјални сервисни служби, каде што ќе бидат вработени персонални асистенти за опслужување на корисниците на помош и нега од друго лице;

Законски ќе го регулираме односот меѓу надлежните државни органи и здруженијата на граѓани кои пружаат социјални сервисни служби.

4. Мерки во однос на социјално исклучените категории на граѓани

Ќе донесеме закон за социјална заштита од енергетска сиромаштија, со кој следниве категории домаќинства ќе добиваат по 1.500 денари месечно (наместо сегашните 700 денари):

Корисници на постојана социјална парична помош; Во кои нема ниту еден вработен, кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи;

Во кои има невработено лице, или лице кое е корисник на паричен надомест за невработеност кој е во висина на социјална парична помош и тоа е единствениот приход на домаќинството;

Со повеќе од два члена, од кои еден пензионер со минимална пензија (прва група) и таа е единствен приход на домаќинството;

Со повеќе од два члена, од кои само еден е вработен со минимална плата и нема други приходи во домаќинството;

Процедурите и постапките за стекнување на правото за користење на оваа помош ќе бидат едноставни, при што граѓаните нема да се оптоваруваат со непотребни трошоци.

Ќе воведеме прогресивност во плаќањето на важни јавни услуги. На пример, месечниот надомест за одење на дете во градинка, за семејство чии месечен приход е една минимална плата не може да биде ист со оној на семејство со приходи неколкукратно повисоки од просечните. За првото семејство ќе се воведе економска стипендија, која ќе значи ослободување на дел од плаќањето на месечната рата за детето во градинка (кај најсиромашните граѓани и до 90%);

Целосно ќе го решиме проблемот со стечајните работници! Ќе обезбедиме паричен надомест на сите граѓани кои останале без работа поради приватизација на претпријатијата со општествена или државна сопственост, а имаат 15 години работен стаж со платени придонеси; паричниот надоместок ќе се исплаќа сѐ до нивно повторно вработување, или заминување во пензија. Висината на паричниот надоместок ќе се утврди заедно со претставниците на стечајците;

Ќе воспоставиме патронажни социјални служби на локално ниво, составени од професионалци кои ќе ги набљудуваат семејствата во социјален ризик,со цел спречување на питачење кај децата. Работата со родителите во вакви семејства ќе биде приоритет за да се намали бројот на деца на улица;

Ќе отвориме тераписки заедници за лица кои употребуваат дрога и друг вид на психотропни супстанции, преку поддршка од невладини организации и во партнерство со единиците на локална самоуправа;

Ќе финансираме програми за психо-социјална поддршка и врсничка поддршка на лица кои живеат со ХИВ;Ќе ја зајакнеме улогата на полицијата, единиците на локална самоуправа и невладините организации во справувањето со проблемот на семејното насилство. Центрите за социјална работа ќе имаат ингеренции само кога како жртва ќе се јави дете, или во случај на бракоразводна постапка.

5. Мерки во однос на елиминирање на детската сиромаштија

Ќе го зголемиме за 60% детскиот додаток и посебниот додаток за дете во период од 4 години;

Детски додаток ќе биде обезбеден и за деца од семејства со ниту еден вработен; Ќе го кофинансираме секое зголемување на капацитетот на детските градинки. Нашата цел е процентот на деца опфатени со предучилишно образование да се зголеми за 50% во период од 4 години;

Ќе инвестираме во програми за работа со децата во детските градинки во согласност со најдобрите европски практики;

Ќе обезбедиме специјални дневни центри за згрижување на деца до 6 години, чии родители се вклучени во питачење и пазар на сива економија. Строго ќе се санкционира питачењето со деца.

6. Мерки за поддршка на лицата со посебни потреби

Држава која не се грижи за лицата со посебни потреби не е ниту хумана, ниту социјална. Во Македонија, овие лица и нивните семејства се оставени на маргините и исклучиво се злоупотребуваат за пропагандни цели. Интеграцијата во образовниот процес е исклучок наместо правило; законските одредби за пристапност на институциите и станбените згради не се почитуваат; семејствата во кои има лица со посебни потреби се под дополнителен социјален притисок.

Политиката на СДСМ ќе обезбеди еднакви можности, уживање на основните човекови права и целосна интеграција на лицата со посебни потреби. За таа цел, идната влада на СДСМ ќе ги зголеми средствата за имплементација на Ратификуваната Конвенција на Обединетите нации за права на лицата со посебни потреби и ќе ги преземе следните проекти и мерки:

Page 27: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

25

Ќе обезбедиме стриктна примена на законите за целосен пристап на лицата со посебни потреби до новоизградените колективни објекти. Недозволиво е државата, која е инвеститор на голем број административни згради, да не ги почитува своите закони;

Интеграцијата почнува во училиште. Недозволиво е пристапна рампа да имаат само 18,9% од училиштата. Во рок од 4 години ќе обезбедиме пристапна рампа во најмалку 50% од училиштата;

Ќе воведеме систем за рано откривање на децата со попреченост преку воведување на систем лично детско досие, кое ќе се води од родителите, педијатарот и патронажната сестра;

Ќе го зголемиме бројот на вработени дефектолози во образовниот систем, со цел вклучување на ученици со посебни потреби во редовната настава преку инклузивни паралелки. Дефектолозите ќе даваат и поддршка на родителите на учениците со посебни потреби. Со нив ќе се подобри и прифаќањето на инклузивните паралелки и важноста на вклучување на децата со посебни потреби во образовниот процес;

Ќе ги трансформираме посебните основни училишта во ресурсни центри, кои со својот стручен кадар ќе им помагаат на редовните училишта кои имаат вклучено деца со посебни образовни потреби;

Ќе ја зголемиме пристапноста и ќе ги подобриме условите за студирање на лицата со инвалидитет на сите универзитети во Република Македонија;

Ќе овозможиме лицата со посебни потреби да можат да полагаат возачки испит надвор од местото на живеење и истото ќе го субвенционираме;

Со развој на апликативен софтвер и информатички решенија, ќе го олесниме животот на лицата со посебни потреби; Ќе ја прошириме позитивната листа на ортопедски помагала;

Ќе воведеме задолжителна квота за вработување на лица со посебни потреби во државната и јавната администрација, со почитување на принципот на конкуренција. На тој начин, прво, ќе се зголеми вработувањето на лицата со посебни потреби, и второ, ќе се иницира пристапноста до јавните установи и институции;

Ќе го ревидираме Законот за вработување на инвалидни лица за да се спречи злоупотребата на парите кои ги дава државата на заштитните друштва, и за да се гарантира нивна навремена исплата;

Ќе воведеме можност за скратено работно време за лица со посебни потреби;Ќе воведеме право на паричен надомест за мобилност и за тие лица кои се сместени во установи; Ќе се означат места за паркирање на возила на лица со посебни потреби пред сите институции од јавен интерес, и ќе се обезбеди итна реакција кога тоа не се почитува;

Ќе поддржиме проекти за подигнување на свеста на целото општество и за борба против стереотипите, предрасудите и штетните практики во однос на лицата со посебни потреби;

Аутизмот е сè почесто дијагностициран кај децата во Република Македонија. Ќе формираме национален центар за дијагностика на аутизам, за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства во текот на целиот животен век. Секоја поголема општина ќе биде законски обврзана да има функционален дневен центар за лица со посебни потреби, каде ќе има посебна група за аутистични лица;

Ќе обезбедиме бесплатна здравствена заштита и бесплатен логопедски и дефектолошки третман во домашни услови за лицата со аутизам. Секој регионален здравствен центар ќе има посебно обучен медицински персонал за третман на лицата со аутизам, со право на придружник во текот на лекувањето;

Во најрана возраст на дечињата со посебни потреби треба да им се обезбеди право на вклучување во развојно терапевтски детски градинки (специјализирани оддели согласно класификацијата и потребите) или во редовни групи во зависност од интересот на детето и без дискриминација, да им се обезбедат сите услови за посетување на настава во редовите школи, без штетни последици и за нив, и за другите. Постојните програми во рамките на редовното образование ќе се усогласат со светските стандарди засновани на индивидуален пристап и лични асистенти. Специјалните училишта ќе имаат законска обврска да отворат одделение за аутизам. Интеграцијата и инклузијата мора да бидат спроведени на најдобриот можен начин, кој ќе им овозможи најголем личен развој на овие лица, согласно Европската повелба за основните права;

Ќе обезбедиме хумано сместување на аутистични лица кои немаат семејна грижа во рамките на куќи, или станови во урбана средина, или во рамките на земјоделски стопанства каде што ќе им биде овозможено да престојуваат до крајот на животот;

Одбивањето на лекување на лицата со посебни потреби ќе се казнува материјално и кривично;Законските решенија ќе предвидуваат и заштита на лицата со посебни потреби од занемарување и од злоставување;Ќе воведеме законска можност за родителите на децата со посебни потреби за надоместок за скратено работно време, барем на еден родител со цел износ на платата, како и можност за предвремена пензија или заокружување на стажот на 20 години со право на целосна пензија;

Ќе воведеме законска обврска за формирање на локална волонтерска служба за поддршка во соработка со факултетите и институциите;

Ќе формираме национален совет за заштита и унапредување на положбата на лицата со посебни потреби, каде ќе има претставници на граѓанските здруженија, институциите и семејства, за да се стесни просторот за манипулација и да се изнајдат најдобрите можни решенија;

Ќе го зголемиме за 40% надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот.

Page 28: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

26

7. Мерки за целосна интеграција на Ромите

Ќе ги заведеме нерегистрираните ромски деца во матичните книги;Ќе го решиме проблемот со преголема застапеност на деца Роми во установите за деца со посебни потреби;Ќе воведеме дополнителни начини за решавање на проблемот на „децата на улица“ и нивно вклучување во редовна настава во училишта;

Ќе ги стимулираме активностите за интегрирање на жените Ромки во сферите на општественото живеење, подобрување на пристапот до примарната здравствена заштита преку зголемена информираност и свесност за потребата од превенција;

Ќе ја подобриме инфраструктурата и домувањето на Ромите во средините со супстандардно живеење кои се потенцијален ризик за здравјето на населението;

Ќе го зголемиме пристапот на Ромите до услуги за здравствена заштита.

8. Мерки за родова рамноправност

Ќе формираме Агенција за еднакви можности: прашањето на еднакви можности, недискриминација и родова рамноправност ќе биде поставено на ниво согласно меѓународните стандарди;

Ќе ја ратификуваме Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство од 2011 година, и соодветно ќе ја усогласиме дефиницијата на семејно насилство;

Ќе донесеме специфичен и сеопфатен закон кој ги опфаќа сите форми на насилство врз жените, особено семејното, сексуалното и психолошкото насилство;

Ќе преземеме активни политики за создавање еднакви можности на жените и мажите во сите области на општественото живеење;

Ќе го унапредиме статусот и ќе ги зајакнеме надлежностите и професионалноста на Комисијата за заштита од дискриминација;

Ќе ја зголемиме видливоста и координацијата меѓу релевантните институционални механизми во борбата против трговијата со луѓе, и ќе креираме програми за ресоцијализација на жртвите од трговија со луѓе;

Ќе отвориме психолошки советувалишта за жртвите на трговија со луѓе на централно, но и на локално ниво (во моментот не постојат такви);

Ќе го вметнеме питачењето на децата во дефиницијата на трговија со луѓе, согласно Европската конвенција за трговија со луѓе;

Ќе ги пренамениме постојните згрижувачки центри за семејно насилство во Центри за згрижување на жртви на различни форми на насилство врз жени;

Ќе воведеме механизми за итни мерки за заштита на жените и децата жртви на насилство, како: законско овластување за надлежните органи да му наредат на сторителот да го напушти живеалиштето; забрана за сторителот да влегува во живеалиштето или да контактира со жртвата;

Ќе отвориме советувалишта за сторители на семејно насилство достапни во повеќе градови во државата;Ќе ги промениме и дополниме наставните програми на сите нивоа на образование со содржини кои говорат за еднаквост меѓу жените и мажите, нестереотипни родови улоги, заемна почит, родово засновано насилство и право на личен интегритет;

Ќе обезбедиме обука на професионалци кои работат со жртви или сторители, за откривање и спречување на таквото насилство и за спречување на секундарна виктимизација.

II. Надминување на материјална депривација

Материјална депривација е проценка на способноста на домаќинствата да си дозволат одредени потрошувачки добра и да ги покријат своите финансиски трошоци.

Статистиката покажува дека во Македонија домаќинствата со пониски примања страдаат од материјална депривација. Имено, 68% од домаќинствата кои имаат просечен месечен приход до 3.000 денари живеат во материјална беда, како и 61% од домаќинствата со месечни примања меѓу 3.000-6.000 денари. Материјалната депривација значително се намалува кај домаќинствата со повисоки приходи, бидејќи само 20% од домаќинствата со примања меѓу 21.000 и 24.000 денари се погодени со овој проблем.

За да може да се намали материјална депривација кај домаќинствата, целото програмирање мора да оди на локално ниво. Тоа значи програмска децентрализација на социјалната заштита, а финансиска контрола од централната власт. Важно ни е сите граѓани, на целата територија, да имаат достоинствен живот.

За оваа цел, идната влада на СДСМ ги планира следните приоритети и мерки:

1. Сите граѓани да можат да ги покријат трошоците за кирија, режиски трошоци и комунални услуги Единиците на локалната самоуправа ќе бидат должни да ги ослободат најзагрозените категории на граѓани од плаќање на комуналии.Ќе биде обезбедено бесплатно користење на спортски терени за активност на децата од семејства со потпросечни примања.

Page 29: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

27

2. Сите граѓани да можат да ги покријат трошоците за затоплување на домот

Поширок опфат на домаќинствата (на 5 категории) и зголемување на трансферот (на 1.500 денари месечно) за спречување енергетска сиромаштија на граѓаните во социјален ризик (види поглавје Политика за социјална заштита и праведност).

3. Сите граѓани да можат да ги покријат трошоците за да јадат месо, риба или протеински еквивалент секој втор ден

На ниво на единиците за локална самоуправа ќе се стимулира отворање „народни продавници“ за прехранбени производи, каде ќе се продаваат прехранбени производи со пониска цена, а ќе бидат наменети исклучиво за семејства во социјален ризик;Преку социјално претприемништво, ќе се отворат „ресторани на заедниците“, каде ќе бидат вработени лица од социјално исклучени категории на граѓани и каде цената на оброците ќе биде пониска од регуларните ресторани.

4. Сите граѓани да можат да ги покријат трошоците за еднонеделен одмор надвор од домот еднаш годишноЗа семејства каде што нема ниту еден вработен, владата ќе обезбеди еднонеделен одмор во одморалишта во Македонија во државна сопственост, во месеци вон главната сезона.

5. Сите граѓани да можат да си дозволат машина за перење, телевизор и телефон

Проектот „Потрошувачки кредит“ е наменет за граѓани кои имаат месечна нето плата до 12 илјади денари и предвидува субвенционирање на кредит во износ од 2.500 евра (види повеќе во поглавје Политика на прераспределба). Проектот „ДДВ викенд“ предвидува во еден викенд во годината да може да се купуваат потрошни добра за домаќинствата без плаќање на ДДВ (види повеќе во поглавје Политика на прераспределба).

Page 30: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

28

ИНДУСТРИСКА ПОЛИТИКА И ДЕЛОВНО ОКРУЖУВАЊЕ

Современата индустриска политика е вкупен збир на програми и мерки во логична и складна рамка. Економската политика на идната влада на СДСМ ќе го следи тоа правило.

Теоријата посочува дека клучен е односот помеѓу хоризонталните и вертикалните програми на индустриската политика. Хоризонталните програми имаат за цел, врз неселективна (хоризонтална) основа: (1) да ги поттикнат и зајакнат позициите на сите претпријатија и сите „гроздови“ од претпријатија; (2) да го поттикнат деловното преструктуирање за да се забрзаат неопходните промени; (3) да создадат динамично деловно окружување без бариери за претпријатијата; (4) да го олеснат пристапот до финансии; и (5) да обезбедат поддршка за иновации. Вертикалните програми се насочени кон поддршката на постојните и поттикнување на нови динамични и иновативни бизниси. Тие бизниси можат, но и не мора да бидат секторски организирани.

За спроведување на наведеното, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следните конкретни мерки и проекти:

1. Проекти за унапредување на деловното окружување и на производните фактори

Овие мерки се насочени кон подобрување на квалитетот на деловното окружување во Република Македонија, како и на човечкиот капитал и сите видови инфраструктура (физичка, научна, информатичка, комуникациска, дистрибу-циската, здравствена). Притоа, унапредувањето на производните фактори нема да се прави само преку инвестиции во зголемување на нивниот обем, туку првенствено за подигнување на нивниот квалитет. Во таа смисла:

Идната влада на СДСМ ќе води политика на оттргнување на политиката од економскиот живот. Ќе преземеме низа мерки и измени на законите со кои ќе се отстрани можноста државните институции да ги уценуваат фирмите. Идната влада на СДСМ ќе се залага за зголемена независност и транспарентност на институциите;

Ќе го реализираме проектот „Отворен регулаторен прозорец“. Ќе воведеме постојани канали на комуникација меѓу бизнис-заедницата и владата. Тие ќе имаат редовни консултации пред измените или носењето на нова регулатива. Бизнисмените ќе можат да укажат на сите недоследности, неусогласености и нелогичности на постојната регулатива. Ја преземаме обврската да ги разгледаме и да се произнесеме по укажувањата на бизнисмените;

Проект „Национален бизнис совет“: во соработка со бизнис-заедницата ќе го формираме овој совет, чиј фокус ќе бидат проблемите во економијата (кои не се само од регулаторна природа) и нивните можни решенија. Во советот ќе членуваат претставници на бизнис-заедницата, одбрани по различни критериуми (најуспешни фирми, најголеми работодавачи, најголеми извозници, претставници на стопанските комори, на малите и средни претпријатија, на микро бизнисите, други претприемачи итн). Седниците на советот, на највисоко ниво, ќе се одржуваат 4 пати годишно и ќе бидат јавни;

Трет проект од оваа група е забрзувањето на постапката на стечај. Ќе се создаде можност за секој потенцијален доверител on-line да иницира барање за отворање стечај, со тоа што on-line ќе ја спроведе целата процедура (од доставување на докази, до плаќање на тарифи). Тоа ќе ја забрза целата постапка. Ќе се инсистира на ажурно вне-сување на податоците од стечајната постапка во електронскиот систем во судовите, со преглед на податоци од стечаите и на донесените одлуки. Ќе се обезбеди интеграција со судскиот систем за управување со документи. Ќе овозможиме стандардизирано финансиско и материјално водење на стечаите, со што ќе се обезбеди воедначеност во постапувањето на стечајните управници. Ќе воведеме обврска за благовремени и точни извештаи до доверителите. Ќе се зајакне одговорноста на органите во стечајната постапка во однос на штетата што можат да ја предизвикаат, и ќе се обезбеди скратување на роковите во кои треба да се преземаат соодветни дејствија. Ќе се забрза постапката за впаричување на побарувањата, преку спроведување на комплетни on-line аукции за продажба на стечајната маса. Ќе се овозможи подобар надзор врз водењето на постапката, преку статистички податоци за судиите, одделението за стечај во Министерство за економија, други јавни институции и заинтересирани страни.

Заради подобрување на бизнис амбиентот и гарантирање правна сигурност за инвеститорите, владата на СДСМ ќе побара поширока поддршка во Собранието за воведување на специјализирани трговски судови.

2. Превентивна наместо репресивна казнена политика

Ќе ги спроведеме следните мерки:Прво опомена за сторен прекршок, па само при негово повторување – казна;

Износот на казни/глоби ќе го намалиме за најмалку 50%. Во најголем број од случаите, тој ќе биде фиксно определен за да се елиминира дискреционоста и можната корупција;

По една година, ќе ја разгледаме опцијата за скалест пристап во казнената политика: помалите фирми да плаќаат помали глоби;

Едукацијата по опомена нема да биде формален, туку вистински инструмент за почитување на законот и поспокојни даночни обврзници. Тие ќе имаат широки можности за обука за нивните права и обврски според позитивните прописи;

Принципот „прво опомена“ ќе важи и за присилната наплата на долг. Со тоа ќе се зачува финансиската дисциплина, но и ќе се избегне блокирањето на сметките на даночните обврзници.

Page 31: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

29

3. Проекти за зголемување на инвестициите на домашните фирми

Инвестирањето (домашно и странско) зависи од квалитетот на целокупниот деловен, микро и макроекономски амбиент во економијата. Сите реформи и програми на економската политика својата оправданост ја наоѓаат во порастот на инвестициониот интензитет. Покрај реформите на даночниот систем кои ќе ги стимулираат домашните приватни инвестиции (види поглавје Политика на прераспределба), ги предвидуваме и следните мерки:

Ќе создадеме реални услови за домашните фирми да инвестираат во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), со користење на истите поволности кои сега важат за странските инвеститори;

Проект „Инвестиции сега“: Владата ќе издвои од буџетот до 20 милиони евра секоја година за покривање на трошоците на фирмите за камата за кредити за новозапочнати проекти. Услов ќе биде и отворањето на одреден број нови работни места;

На фирмите што ќе инвестираат, а кои имаат таква потреба, ќе им дадеме на користење неискористени парцели државно земјиште. Бројот на парцели што би се дале на поединечна фирма, ќе зависи од големината на инвестицијата и бројот нови работни места. Со овој проект ќе се раздвижи македонската економија, ќе се зголемат инвестициите, ќе се отворат нови работни места во приватниот сектор и ќе им се даде стимул и на домашните инвеститори;

Целосно ќе ги укинеме давачките при увоз на опрема наменета за нови проекти; за проекти што ангажираат работна сила во недоволно развиени општини; како и за дејности кои се обединети во кластери;

Преку заеднички вложувања со приватни фирми, стратегии на спојувања и припојувања на постојни претпријатија, ќе овозможиме пристап на домашни инвеститори во дејности од национален интерес;

Ќе обезбедиме бесплатна советодавна техничко-технолошка и менаџерска помош за новоотворени преработувачки капацитети;

Ќе изградиме национална програма за трансформација на државните и јавните претпријатија со овозможување акционерски удели на заинтересирани домашни инвеститори.

Заеми за „Франшиза“: претприемачите кои сакаат во нашата земја да доведат некој познат бренд, преку склучување на договор за преземање на сите права и обврски за користење на брендот, производите, системот на работа, правилата и процедурите (франшиза) ќе можат да конкурираат за заем во висина од 15.000 до 50.000 евра.Заеми за „Мешовити инвестиции“: секој граѓанин на Република Македонија, кој сака да отвори нов бизнис, а за истиот ќе привлече странски партнер (со учество од минумим 30% од вкупната инвестиција), ќе може да конкурира за заем во висина од 15.000 до 50.000 евра. На тој начин компаниите ќе имаат финансиска поддршка, но истовремено и странски искуства, интернационална мрежа на делување и можност за ефективно учество на странски пазари.За двете можности ги предвидуваме следните услови: (1) 1% каматна стапка; (2) една година грејс период и (3) 48 месеци рок на отплата;

Заемот за двете мерки, ќе биде овозможен преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР).

4. Општи проекти за поддршка и развој на МСП

Мерките на нашата политика за поддршка на развојот на микро, мали и средни претпријатија ќе бидат фокусирани на четири области: Доизградба на институционалната инфраструктура за унапредување на претприемништвото; Воспоставување на поволно економско окружување во согласност со достигнатото ниво на економски развој на Македонија;

Унапредување на претприемништвото преку нефинансиски форми на поддршка; Финансиска поддршка на претприемништвото.

Како мерки на политиката во оваа област ќе ги спроведеме следните: Ќе изградиме систем за мониторинг на подготвувањето и спроведувањето на проекти од претпристапната помош на ЕУ за развој на мали и средни претпријатија;

Ќе создеме интерминистерски совет од министерствата кои имаат надлежности за работењето на малите и средните претпријатија. Советот ќе биде надлежен за координација на политиките за поддршка на малите и средни претпријатија;

Ќе обезбедиме гаранции преку МБПР за секое МСП кое има инвестициски проект и за него има обезбедено сопствено учество од 25% и банкарска поддршка за остатокот. На пример, доколку инвестицијата е 100.000 евра, а инвеститорот има 25.000 евра сопствено учество, МБПР ќе обезбеди гаранција за 65.000 евра кон банката која ќе го одобри кредитот од 75.000 евра. Износот од 10.000 евра ќе остане ризик на банката кредитор. Така, инвеститорот ќе биде заинтересиран да успее инвестицијата бидејќи има негови 25.000 евра под ризик, банката со тоа што ќе задржи минимален ризик кај себе од 10% ќе ги употреби основните стандарди за разгледување и одобрување на успешен проект;

Ќе формираме гарантен фонд во висина од 15 милиони евра, преку кој ќе се обезбедуваат гаранции за кредити од комерцијалните банки за малите производни фирми кои имаат извозно ориентирано производство. Вредноста на гарантниот фонд ќе биде зголемувана во зависност од потребата и барањата на МСП;

Page 32: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

30

Законски ќе ја регулираме „пробната работа“ во должина од еден месец. Со тоа ќе помогнеме на работодавачите да обезбедат квалитетна работна сила;

Голем број на МСП се среќаваат со проблеми поврзани со водењето на финансиската евиденција и известување. Ќе обезбедиме специјализирани обуки и софтвер за сметководители кои работат со МСП;

Ќе го олесниме работењето на малите и средните претпријатија во руралните средини, преку финансирање на инфраструктурни проекти;

Ќе воведеме програми за помагање на развојот на жените-претприемачи во руралните области. Ќе реализираме тренинзи и обуки, како и доделување на неповратна финансиска помош;

Проект „Занаетчиите се национално богатство“: во соработка со коморите на занаетчии, ќе изготвиме посебна програма за занаетчиите која ќе опфати прашања како што се: статусот на занаетчиите, оданочувањето, висината на фирмарината, можноста да имаат волонтери во времетраење од неколку месеци за да се олесни процесот на пренесување на занаетите и сл.;

Ќе финансираме последипломски студии на државните универзитети од областа на менаџмент на малиот бизнис и претприемништвото, и ќе обезбедиме целосно покривање на трошоците за 50 студенти секоја академска година;

5. Проект Македонска мрежа на бизнис-инкубатори

Ќе формираме 16 бизнис-инкубатори (по 2 во осумте статистички региони), во кои годишно ќе бидат финансирани бизнис идеи кои истовремено ќе бидат поддржани кадровски, просторно и административно.Секоја од избраните бизнис-идеи ќе биде финансирана со по 10.000 евра неповратни средства, преку однапред дефинирани критериуми и процедури кои ќе гарантираат целосна реализацијата на бизнис-идејата и отворање на нови работни места, пред сè, за младите луѓе. Во бизнис-инкубаторите, со цел è успешно пазарно делување, новите претприемачи ќе добијат бесплатна обука од маркетинг, менаџмент, финансии, инвестиции, претприемштво. Исто така, новоотворените бизниси ќе бидат надгледувани и помогнати од консултантски тимови од искусни и докажани бизнисмени. Секој нов претприемач ќе добие личен ментор – искусен бизнисмен, кој во првата година од бизнисот ќе биде на негово целосно располагање.Така, ќе овозможиме отпочнување на сопствен бизнис за најмалку 1000 млади луѓе годишно и отворање на преку 5000 нови работни места годишно. За бизнис-инкубаторите ќе одвојуваме по 800.000 евра годишно за плати и услови за работа на 80 најдобри студенти од регионите.

6. Проекти за извозна промоција и поттикнување на извозот

Во овој домен ќе го спроведеме следното: Ќе прибираме информации за странските пазари кои се значајни за извозниците (законски, административни, производни, здравствени стандарди, транспортни трошоци, алтернативни коридори итн.) кои ќе ги ставиме на располагање на сите домашни претпријатија кои имаат или планираат пласман на странски пазари;

Ќе ги унапредиме граничните премини за минимизирање на времето на чекање на граница; Ќе ги елиминираме царинските давачки за увоз на суровини и репроматеријали кои се наменети за производство на извозни производи;

Ќе ја субвенционираме каматата за кредитите и ќе ги ослободиме од таксите за извозните царински декларации претпријатијата кај кои вредноста на извозот е најмалку 50% повисока од вредноста на увозот.

Ќе поддржиме промотивни активности за македонските извозни производи. Тоа ќе вклучува и соработка при настапот на странските пазари, споделување на трошоците за презентација, настапи на саеми, специјални презентации, изработка на промотивен материјал итн.;

Ќе обезбедиме обука на менаџерите за извозен маркетинг.

Организацијата на институциите за извозна промоција ќе биде оформена во мрежа, а вработените ќе бидат професионални лица, наградувани и унапредувани според постигнувањата. Ќе се користи и договорно ангажирање на приватни специјализирани даватели на услуги. Тие активности ќе бидат поддржани и од страна на други институции, како стопански и трговски комори, деловни асоцијации, приватни консалтинг куќи, невладини и непрофитни организации итн.

Page 33: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

31

7. Привлекување на странски директни инвестиции

Ќе водиме политика на привлекување странски директни инвестиции која ќе се разликува од соодветната политика на оваа влада, која се сведува на трошење милионски суми на пари за патувања во странство и реклами. Наместо тоа, со нашата политика парите и фокусот ќе се пренасочат кон активно решавање на проблемите на постојните странски инвеститори кои веќе се во земјата. Ниедна реклама на CNN не може да биде поефикасна од зборот на постоен инвеститор дека Македонија, односно нејзините институции и бизнис-клима, ги надминале очекувањата за тоа колку е лесно да се води бизнис во оваа држава. Наместо скапи економски промотори, ќе воведеме концепт на економска дипломатија.

Максимално ќе ги поедноставиме процедурите за добивање на работни дозволи за странски државјани.

8. Мерки за стимулирање на враќањето на лицата заминати од Македонија на работа во странство (дијаспора)

Идната влада на СДСМ ќе води активна политика за враќање на лицата од Македонија кои се заминати на работа во странство. Таа ќе ги содржи следните мерки:

Повратниците од странство ќе ги ослободиме од данок на добивка во траење од 3 години доколку своите заштеди ги вложат во отворање на сопствено домашно претпријатие во Македонија или во опрема во постојно претпријатие во Македонија (како доминантно учество во акционерскиот капитал). Ако во тие претпријатија бидат вработени најмалку 50 лица, даночното ослободување ќе може да се продолжи за уште 2 години (на вкупно 5 години);

Ќе обезбедиме пренесување на правата за пензиско и здравствено осигурување кои повратниците ги имаат стекнато во странство;

Ќе го ослободиме од давачки за сиот личен имот кој повратникот ќе го донесе при враќањето во земјата;Ќе ги ослободиме од давачките за моторни патнички и товарни возила кои повратниците ќе ги донесат при враќањето;

Ќе организираме саеми за дијаспората за промовирање на инвестиционите можности на Македонија;Ќе изградиме мрежа од успешни професионалци во дијаспората кои ќе бидат амбасадори на нивната татковина, ќе ги презентираат можностите на други сограѓани и ќе ги поврзуваат со домашни компании;

Ќе спроведеме посебна програма за волонтери од дијаспората, преку која ќе се привлекуваат стручни лица кои работат во странство одреден период да волонтираат во Македонија. Владата ќе им обезбеди можности за работа, односно можност да го применат своето знаење за корисни цели. Активноста за волонтерите ќе има филантропски карактер.

9. Проекти за стимулирање на „деловно вгроздување“

Стимулирањето на деловното вгроздување подразбира, пред сé, преземање на широка едукативна и промотивна кампања, низ која ќе се овозможи подигнување на свеста и сознанијата за користа за економскиот развој кои ги создава кластерингот. Лидерството ќе биде обезбедено од страна на Националниот бизнис совет, други актери на национално и локално ниво, невладини организации итн. Тоа ќе биде надополнето преку програмите за стимулирање на партнерствата јавен/приватен сектор од различен вид, како и меѓу различни видови институции. Ги издвојуваме следните конкретни мерки: Ќе овозможиме финансиска поддршка на постојните и ќе го стимулирање формирањето на нови „деловни гроздови“; Ќе привлекуваме странски инвеститори кои во Република Македонија ќе формираат „деловни гроздови“; Ќе овозможиме финансиска поддршка на заедничките технолошки проекти на претпријатија од различни дејности и на претпријатијата кои се во однос добавувач-купувач;

Ќе финансираме обука и преквалификација на работната сила на претпријатија со различна дејност кои имаат кооперантски односи.

10. Проекти за поттикнување на апликативната научно-истражувачка работа

Македонија многу заостанува зад европските држави во поглед на научно-технолошкиот развој. Според анализите, позиционирани сме како „следбеник на технолошките следбеници” што значи ниска продуктивност и слабоплатени работни места.Нудиме стратегија со која македонската економија ќе стане „следбеник на технолошките лидери”.Идната влада на СДСМ:

Ќе ги ослободи фирмите до 30% од данокот на добивка за директни вложувања во наука (види поглавје Политика на прераспределба);

Ќе го зголеми користењето на меѓународни фондови за техничка помош; Ќе дефинира интердисциплинарни програми за целни истражувања; Ќе поддржи формирање на истражувачки единици во деловниот сектор, со цел ефективен трансфер на современи технологии;

Ќе ја поттикнува меѓународната соработка и трансферот на знаења и технологии;

Page 34: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

32

Ќе финансираме проекти за стекнување сертификати за квалитет на производните процеси во македонските претпријатија;

Ќе формираме револвинг фондови кои ќе нудат „меки“ кредити наменети за технолошко преструктурирање и модернизација;

Ќе формираме развојни технолошки центри и технолошки паркови; Ќе овозможиме финансиска поддршка за воведување на информациона технологија и инфраструктура во претпријатијата.

11. Проекти за развој на еколошки производи

Во Македонија постои потенцијал за развој на еколошки производи. Од друга страна, побарувачката за тој вид на производи во светот бележи постојан подем. За да го поттикнеме развојот и производството на еколошки производи: Ќе го намалиме данокот на добивка за 20% за производните погони кои ја намалиле специфичната потрошувачка на енергија за 20%;

Ќе насочиме 30% од финансиските средства наменети за научно-истражувачки активности во овој сегмент; Ќе спроведеме обуки за ефикасно и ефективно користење на средствата од претпристапната помош на ЕУ наменета за развој на екологијата.

12. Проекти за поддршка на деловното преструктурирање и модернизација

Целокупната извозна производна структура на Македонија е диверзифицирана. Тоа често оневозможува доволна економија на обем. Затоа, пазарната модернизација на производните програми на македонските претпријатија ќе биде насочена кон достигнување на оптимално ниво на производна специјализација. Ќе ја стимулираме извозната конкурентност која ќе се базира на неценовни (квалитативни) фактори. Конкретни проекти во рамките на оваа политика се:

Ќе овозможиме финансиска поддршка при лансирањето нови производи и нов производен дизајн;

Ќе овозможиме финансиска поддршка за воведување модерни производни методи и методи на контрола на квалитетот, модерна логистика и дистрибуција;

Ќе ја кофинансираме обуката на интерни оценувачи на квалитетот на производите и услугите; Ќе овозможиме финансиска помош за воведување меѓународни стандарди на квалитет во претпријатијата.

13. Проекти за унапредување на корпоративното управување

Во овој сегмент идната влада на СДСМ ќе преземе три проекти:Ќе воведеме сметководствен систем кој ќе биде компатибилен со европските стандарди, и ќе развиваме ефикасни ревизорски системи врз основа на методите и процедурите на ЕУ;

Ќе ги унапредиме професиите сметководител и ревизор, преку развој на професионалната институција која ќе се грижи за квалитетот на сметководствените и ревизорските услуги;

Ќе преземеме едукација на членовите во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија. Услов за членство во управен или надозорен одбор на член, именуван од владата, ќе биде успешната обука за корпоративно управување и финансиско работење.

Page 35: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

33

ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И КОМУНИКАЦИИ

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Информатичко – комуникациските технологии (ИКТ) станаа стандард за подобри и побрзи услуги за граѓаните и деловните субјекти, и за поквалитетни работни процеси и процедури. Во меѓувреме, секторот прерасна и во високоразвиена индустрија која во светски рамки генерира големи приходи и вработува многу луѓе.

Кај нас ситуацијата е сосема поинаква. Владата на ВМРО-ДПМНЕ потроши многу пари наводно на унапредување на информатичкото општество и намалување на дигиталниот јаз, без реални анализи и со висок степен на корупција. На пример, проектот „Компјутер за секое дете“ претставуваше класичен пример за непромислено трошење на народни пари, во услови кога ниту наставните содржини, ниту инфраструктурно училиштата не беа подготвени наставата да ја изведуваат на компјутер. Многу брзо овие компјутери ќе бидат застарени модели, а наставниот курикулум сè уште не е адаптиран за да може наставата да се изведува со користење на компјутерите.

НАШИОТ ПРИСТАП

Владата предводена од СДСМ ќе ги користи ИКТ секаде онаму каде што реално може да се олесни животот на граѓаните. Тоа ќе биде осмислено и врз база на сериозни анализи, а не јуришнички, безглаво и бескорисно како сегашните мерки на актуелната власт.

Целта ќе биде да се обезбеди интелигентна и паметна околина која ќе овозможи комуникација меѓу луѓето и компаниите, како и меѓу паметните уреди. Тоа ќе се овозможи преку користење на подобри, поевтини и поудобни сервиси базирани на „cloud“. Ќе се фокусираме на намалување на трошоците и изгубеното време на граѓаните при обезбедување на услуги и документи поврзани со јавната администрација.

Идната влада предводена од СДСМ ќе го стимулира развојот на ИТ индустријата, развојот на апликациите за мобилни и паметни уреди кои, покрај тоа што ќе донесат странски инвестиции и нови вработувања, исто така претставуваат еколошки чисти индустрии.

Во поголемите градски центри, особено во Скопје, ќе ги применуваме мерките карактеристични за т.н. „smart cities“ (паметни градови), што подразбира поврзаност, креирање на околина за иновативност и раст, лесно достапни податоци за граѓаните, како и брза податочна инфраструктура.

Новата влада на СДСМ ќе ги реализира следниве мерки:

Проект „E-лекови”

Еден од најголемите проблеми со кои се среќаваат граѓаните, е недостаток на лекови од позитивна листа. Затоа, идната влада на СДСМ ќе креира централизиран информативен систем, кој перманентно ќе одржува информации за видот на лекот, производителот, местото и количеството на лековите кои се наоѓаат во одредена аптека. Со цел да се зголеми информираноста, како комуникациски канал, во системот ќе се користат и интернет-киосците кои владата веќе ги платила, а не се користат по руралните средини.

Проект „E-Повик”

Е-повик претставува електронски безбедносен систем кој автоматски ги повикува службите за итна помош при сообраќајна несреќа. Дури и кога патници ја имаат изгубено совеста, системот ги алармира полицијата, итната медицинска помош и противпожарната служба, и им ја дава точната локација на возилото, кое е инволвирано во несреќата.

Проект „Биди паметен кога си on-line”

Согласно препораките на ЕУ и директивите за заштита на податоци, ќе воспоставиме „Центар за свесност”, за заштита на децата и младите, кога користат интернет, социјални мрежи или мобилни телефони. Заедно со операторите на јавните електронски комуникациски услуги новата влада ќе стимулира изработка на програма.

Проект „Документи без шалтер”

Со поврзување на повеќе министерства, ќе обезбедиме издавање на неколку документи по електронски пат: извод од матична книга на родени, извод од книги на венчани, како и електронска потврда за неосудуваност. Со тоа ќе се избегнат непотребните трошоци и изгубеното време за чекање и гужви. Врз основа на системот за матичната книга на родени, родителите (или социјалните служби, во случај на ранливи групи) ќе бидат постојано информирани за времето на задолжителни вакцини, како и периодот кога треба да започне основното образование.

Page 36: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

34

Повластена стапка за ИКТ услугите

Ќе воведеме повластена даночна стапка од 5% за категоризација на интернетот и ТК услугите со што ќе поевтини користењето на интернет.

ИКТ на Универзитетите

Ќе го вратиме МАРНЕТ на универзитетите, и истиот ќе биде на располагање на наставниот кадар и студентите како во кампусот, така и во студентските домови.

Проект „Вистински компјутер за секој ученик”

Предлагаме нов пристап во организирањето на наставата, особено во користење на компјутерите. Тоа е настава со компјутери во рамки на посебни кабинети за одредени наставни предмети. За успешна реализација на наставата, ќе ја стимулираме изработката на дигитални содржини. Само вакви содржини обезбедуваат стимулирање на интерактивноста, креативноста и вклученоста на учениците, и во многу случаи се единствениот одговор на предизвиците за задоволување на современите јазични и методолошки стандарди.

ИКТ-средство за поквалитетни реформи

Ќе ја искористиме ИКТ за суштинска реформа во јавната и државната администрација, со што таа ќе стане поефикасна и потранспарентна. За таа цел ќе воспоставиме ‘рбетна оптичка мрежа, односно, физичко поврзување на сите органи на државната управа. Мрежата ќе претставува основа за пренос на податоци и документи по електронски пат, но и со воспоставување на IP телефонијата во сите органи на државната управа, со помош на сервисот VoIP, драстично ќе се намалат трошоците за говорна комуникација. За целосна имплементација на предвидената инфраструктура, и овозможување безбедна телефонска комуникација, мора да се овозможи и масовна примена на дигиталниот потпис во органите на државната управа.

Поголема енергетска ефикасност преку ИКТ

Ќе промовираме ИКТ алатки за подобрување на енергетската ефикасност. Правилното користење на ИКТ технологиите, во голема мера ги намалува потребите за енергија во градежништвото, транспортот и логистиката. Новата влада ќе субвенционира, согласно европските директиви и пракса, интелигентни управувачки мрежи и мерливи системи кои ќе ја подобрат ефикасноста на производство и контролата, како и дистрибуцијата и побарувачката на енергија.

Портал „Come2Mk”

Ќе обезбедиме информатичка поддршка на туризмот. Порталот би се изработил во партнерство со туристичките работници и постоечките системи, со збогатени содржини, пред сè од информативен и логистички карактер.

Проект „Мојот труд е наше богатство”

Ќе ја разгледаме можноста музејот на жртвите на комунизмот да се претвори во центар на успешноста, во кој, во рамки на јавно-приватно партнерство, ќе се ангажираат најдобрите студенти за изработка на софтверски апликации за мобилни уреди.

Подобри и поевтини комуникациски услуги

Ќе ги намалиме интерконекциските цени меѓу операторите. Ќе ги подобриме условите за влез на MVNO, односно мобилни виртуелни мрежни оператори. Ќе формираме Фонд за универзална услуга, во кој ќе партиципираат сите оператори. Техничкото решение кое беше до сега со т.н. „бип“ сигнал кој ни кажуваше дека претплатникот кој го бараме е на мрежа на друг оператор ќе се исфрли и истиот ќе биде заменет со изедначување на малопродажните цени на ON-NET со OFF-NET (цена на повик во иста мрежа со повик во мрежа на друг оператор).

Загарантирани минимални комуникациски услуги

Ќе ја реализираме универзалната услуга – обезбедување на минимални комуникациски услуги на социјално загрозените семејства на тој начин што би се доделувал вредносен ваучер, со минимум пакет на услуги (пакетот би содржел пренос на говор, СМС, интернет и слично – од 256 kBit/s да се изедначи со европскиот стандард на 2 MBit/s).

Нов пристап и нови технологии

Слободните мултиплекси ќе ги дадеме на концесија на оператори кои ќе воведат и применат DVB-T2. Со тоа ќе се овозможи повеќе простор за нови SD и HD канали. Со конкуренција во областа на дигиталната телевизија ќе се намали и цената на пренос на ТВ-сигналот на постоечките телевизиски куќи, кој сега е прилично скап за 1 Mbit/s. Заради високата цена одредени телевизиски куќи веќе не емитуваат сигнал во етер, туку се пренесуваат преку кабел, што дополнително придонесува за медиумско-информативниот мрак кој владее во Македонија.

Ќе воведеме нови технологии во областа на комуникациите, дигитално радио, когнитивно радио, Тетра и слично наменето за такси-компании, Тетра за службите како што се брза помош, ургентните центри и против пожарните служби.

Page 37: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

35

ЗЕМЈОДЕЛСТВО

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Македонија е држава со 1645 села и 43% рурално население. Иако се смета дека е земјоделска земја со поволни природни услови, состојбите во земјоделско-прехранбениот сектор се неповолни.

Законите се изготвуваат стихијно, без претходна анализа и во голема мерка остануваат само на хартија. Нема видливи резултати во приспособувањето на конкурентноста на македонскиот земјоделски производ на европскиот пазар.

Македонскиот земјоделско-прехранбен сектор се карактеризира со најмали странски инвестиции не само во споредба со соседството, туку и во споредба со останатите сектори.

Основните економски индикатори покажуваат дека примарното земјоделско производство е во криза. Речиси кај сите култури и гранки се забележува намалување на посеаните површини и пад на вкупното производство. Раситнувањето на земјиштето продолжува, а индустријата не е подготвена да се спротивстави на конкуренцијата, ниту на домашнио, ниту на странскиот пазар.

Финансиските ресурси се ограничени, произведените количини што се нудат се ограничени, земјоделската механизација е во голем дел амортизирана и недоволна. Како резултат се јавува долгогодишна ниска продуктивност на трудот, високи трошоци на производство, слаб квалитет кој се изразува преку ниски цени на производите. Во последните пет години цените на ѓубривата, пестицидите, семето и садниот материјал, нафтата, амбалажата и други репроматеријали тројно се зголемени, додека цените на примарните производи, или стагнираат, или се незначително зголемени.

Како резултат на погрешната земјоделска политика, годишно се намалуваат над 7500ха обработлива површина кои трајно се губат како потенцијал за производство на храна. Дополнително, наводнуваните површини се намалени за 36%. Обработливата површина по жител изнесува само 0,25ха. Млекопроизводството бележи пад од 30% во однос на 2006 година. Македонија дава над 100 милиони евра годишно за увоз на месо и месни преработки.

Македонската прехранбена индустрија се соочува со силна увозна конкуренција. Постојат само 40 компании од агро-индустрискиот сектор. Искористеноста на капацитетите се движи под 40%,што ја прави оваа индустрија нерентабилна и неконкурентна.

Увозот на храна е повеќе од двојно поголем од извозот. Извозот е сведен на само околу 20 производи.

НАШИОТ ПРИСТАП

Идната влада на СДСМ ќе води аграрна политика водена од следниве цели и принципи: Задоволни земјоделци кои ќе живеат подобро и ќе имаат сигурен пласман и квалитетни услови за живот во

својата средина; Модерно, развиено и конкурентно земјоделство со производи со повисока додадена вредност и поголема

извозна ориентираност; Добро управување со ресурсите и институциите во земјоделството; Повеќе средства во буџетот за субвенции и капитални проекти со повеќенаменски социо-економски цели; Чесна, праведна и навремена исплата на субвенции; Правична распределба и поттик за поголемо и поквалитетно производство.

За остварување на наведеното, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следниве мерки и проекти:

Сигурни и навремени субвенции

Субвенциите ќе бидат наменети за конкурентен развој на земјоделството. Идната влада на СДСМ ќе доделува субвенции во досегашниот обем или повеќе, со одредена динамика на исплата, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни. Тоа значи: на сточарите во јули, после жетва кога добиточната храна е најевтина; на поледелците во септември за да се подготват за сеидба; на лозарите и овоштарите во март, пред почеток на нова реколта; на градинарите во мај; на тутунопроизводителите по завршување на откупот на тутунот.

Ќе субвенционираме втори култури на површини каде условите тоа го овозможуваат. Бидејќи кај овие култури се јавуваат нови трошоци за нивно подигање, ќе воведеме двојно субвенционирање.

Page 38: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

36

Развојни субвенции

Субвенциите ќе бидат пазарна мерка која ќе го развие и осовремени земјоделството. Ќе субвенционираме согласно моделот на субвенционирање на ЕУ – по грло добиток и по единица површина. Дополнително, секоја година, покрај основната субвенција, ќе субвенционираме 20% повеќе за додадена единица површина и 30% за секое додадено грло добиток. Така вистински ќе се насочуваат средствата за директна поддршка во земјоделството кон развојни, профитабилни и пазарно ориентирани производители и претпријатија.

Инвестиции во системи за наводнување - насушна потреба

Ќе инвестираме во нови технологии со цел воведување на две реколти. Неповолниот временски и просторен распоред на врнежите, сушата, високите температури и покриеноста на површините со само 25-30% ја наметнуваат оваа мерка како неопходна. Затоа, ќе ја зголемиме искористеноста на постоечките системи за наводнување и ќе изградиме нови водни акумулации кои ќе ги прибираат водите од сите сливови.Секоја година ќе издвојуваме по 10 милиони евра кои ќе бидат инвестирани во капитални системи за наводнување. Ќе субвенционираме 30% од трошоците за бушење на нови бунари за наводнување на површините со житарици и за експлоатација на геотермална енергија.

Ослободување на земјоделците од персоналниот данок

Ќе го укинеме персоналниот данок за приходи остварени од земјоделска дејност. Поконкретно, приходите од земјоделска дејност нема да се оданочуваат. Со сегашната даночна политика, повеќето земјоделци го плаќаат овој данок што често пати изнесува повеќе од доделените субвенции. Ова предвидено ослободување ќе значи намалување на трошоците на земјоделците и автоматски зголемување на нивните приходи.

Еднаков третман за земјоделците при пензионирање

Ќе го изедначиме правото на пензиско осигурување на земјоделецот со работникот. Ќе овозможиме остварување на бенифициран работен стаж на земјоделците, за 12 месеци работа, да им се признае работен стаж од 13 месеци. Оваа одлука ја поткрепуваме со фактот дека земјоделецот врши тешка и напорна работа.

„Зелена нафта“ – гориво за земјоделството

Идната влада на СДСМ ќе ја субвенционира нафтата за земјоделска механизација. Ова ќе го овозможиме преку интервенција во акцизната давачка. Користењето на оваа субвенција од страна на земјоделците ќе зависи од видот на производство и големината на обработената површина во хектари. Притоа ќе воведеме редовна контрола од злоупотреба на оваа поддршка за неземјоделски дејности.

Осмислено реонско производство според почвено-климатските услови

Ќе спроведеме реонизација и типизирање на земјоделството според почвено-климатските услови, земајќи ги предвид и традиционалните производства. Овој процес е темел на земјоделската политика за планско и организирано земјоделско производство. Долго време земјоделците укажуваат на потребата за препораки за избор на типот на производство. Земјоделците конечно ќе добијат совети за видови и сорти кои се погодни за определен реон. Производството ќе биде плански осмислено во реоните за растително и за сточарско производство по време и простор. Секој земјоделец, според условите што ги нуди неговиот регион, ќе може да организира сопствено производство по свој избор и во реален обем, согласно препораките. На тој начин ќе произведе поконкурентни производи, во поголем обем и со повисок квалитет.

Рационално користење на ѓубривата

За секој регистриран земјоделец ќе обезбедиме бесплатни педолошки и агрохемиски анализи на почвата (секои три години) и советодавна поддршка за нејзино користење. На овој начин земјоделецот ќе може да направи избор на вистински тип на производство, но и на најсоодветно ѓубриво.По пат на јавно-приватно партнерство ќе создадеме услови за изградба на фабрика за производство на вештачки ѓубрива, со што ќе се намалат цените на ѓубриватa.

Квалитетен материјал за сеење и садење

Ќе поттикнуваме домашно семепроизводство и производство на саден материјал. Создавањето нови домашни сорти и хибриди, производството на расад и семеконтролата ќе имаат за цел стимулирање на домашното производство и намалување на зависноста од увозот на семе. За да ја стимулираме масовната употреба на ваков материјал, ќе обезбедиме учество на државата во трошоците за негово производство со 50%. Ќе го поддржиме учеството на овластените високообразовни и научни институции во земјата. Ќе ја зајакнеме контролата преку инспекциските служби на терен.

Page 39: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

37

Следење на здравјето на растенијата

Ќе го развиваме и прошириме системот на мониторинг на здравјето на растенијата. Ќе спроведеме превентивна заштита на посевите преку инсталирање на најмалку 100 дигитални хидрометеоролошки станици низ цела Македонија, што ќе ја следат здравствената состојбата на различни растителни производства и ќе предупредуваат за неповолен развој на болести и штетници. На тој начин ќе ги заштитиме растенијата навремено, поевтино и поефикасно. Ќе вработиме високостручен агрономски кадар секаде каде има вакви станици со цел да ги следи состојбите во реонот, да склучува договор со земјоделците за спроведување на нивните препораки за време и количеството на употреба на пестициди (заштитни средства). На тој начин ќе имаме вистинска следливост за состојбите, ќе спречиме преголема употреба на пестициди, и ќе создадеме нови работни места за високостручни лица.

Информирање за понудата и побарувачката

Целосно ќе го ставиме во функција системот за информирање на земјоделците за производството, понудата и побарувачката за земјоделски производи во одреден период со цел планирање на идната структура, вид и количество на земјоделските производи. Таквиот систем ќе обезбеди подобро и поуспешно планирање и реализација на производството и пласманот на земјоделските производи.

Земјоделското земјиште за земјоделска намена

Пренамената на земјоделското земјиште во градежно и индустриско ќе ја правиме согласно јасно дефинирани критериуми за исплатливост. Сегашниот закон е штетен за земјоделскиот сектор бидејќи овозможува зафаќање на која било земјоделска парцела. Затоа нема да стимулираме дополнително ситнење на земјоделските површини и натамошно намалување на обработливите површини. Идната влада на СДСМ ќе внимава при градежни зафати од инфраструктурен карактер, да се заштитат сопствениците и земјоделското земјиште.

Ревизија на доделеното државно земјоделско земјиште

Ќе спроведеме ревизија на веќе доделеното државно земјоделско земјиште и категоризација на земјиштето според квалитетот, од што ќе зависи неговата големина и времетраењето на концесијата. Ќе го ревидираме Законот за продажба на државно земјоделско земјиште. Ќе ја вратиме земјата на оние кои живеат од неа – вистинските земјоделци. Сега дел од земјоделското земјиште е во раце на поединци на кои им е доделено со концесија и кои добиваат субвенции за него но, не го обработуваат. На тој начин погрешно се одлеваат пари од субвенциите.

Рурален развој – иднина на македонските села

Бидејќи поголем број од македонските села имаат екстензивен развој, идната влада на СДСМ ќе развива политики за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини преку различни правци на економско дејствување – отпочнување семејни бизниси, инвестиции во рурална инфраструктура и развој на рурален туризам во соработка со локалната самоуправа.Идната влада на СДСМ ќе развива активна политика за рурален развој како државна интервенција за модернизација и приспособување на земјоделството. Ќе поттикнуваме активности што ќе обезбедат економски развој во руралните подрачја. Преку политиката за рурален развој ќе ја заштитиме и унапредиме животната средина, нејзината растителна и животинска разновидност и нејзините три основни екосистеми - почвата, водата и воздухот.

Локалната самоуправа – партнер

Локалната самоуправа ќе биде вклучена во доделувањето на државно замјоделско земјиште под концесија, согласно законски дефинирани критериуми. Дел од средствата добиени од концесијата ќе се инвестираат во изградба на полските патишта, чистење на каналите, изградба на системите за наводнување, електрификација на полето и слично.

Искористување на европските фондови наменети за земјоделство

Ќе го олесниме пристапот до европските фондови наменети за земјоделство. Ќе ги поедноставиме административните процедури за пријавување, ќе обезбедиме советодавна поддршка за изработка на проекти, и ќе обезбедиме поволни земјоделски кредити за постигнување поголем интерес и искористеност на фондовите. Според податоците на Европската комисија, во 2012 година Македонија успеа да искористи само 2 милиони евра, од вкупната рамка од 85 милиони дадени на располагање. Во истиот период, поради слаб капацитет и утврдени неправилности во 10% од одобрените проекти, на Македонија ѝ беа замрзнати парите од ИПАРД цели четири месеци, а неповратно загуби 7,3 милиони евра.

Здружени земјоделци – појаки земјоделци

Ќе го стимулираме концептот земјоделски кооперативи како деловни субјекти. Овој концепт подразбира заедничка обврска за договарање за производството и пласманот, сеидбените планови, заедничко користење на земјоделската механизација, примена на технологии и организиран откуп на земјоделските производи.

Page 40: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

38

На земјоделците ќе им овозможиме подобри услови за заеднички инвестиции во преработувачки или складишни капацитети со државна и ИПАРД поддршка до 50% од инвестицијата.

Земјоделските преработки – иднина и развој на земјоделството

Ќе финансираме изградба и опремување на капацитети за производство на репроматеријали, преработувачки капацитети и откупни центри до 50% од нивната инвестициска вредност. Ќе поттикнеме изградба на кланица во југозападниот дел од Македонија, фабрика за производство на бројлери и други индустриски капацитети.

Ќе дадеме до 10% финансиска поддршка за земјоделски производи и преработки наменети за извоз и за инвестиции во иновативни технологии (калибрирање на производството, атрактивна и брендирана амбалажа, замрзнување и сушење).

Житото – основна храна за човекот и добитокот

Ќе го стимулираме производство на житарици на обработливи површини кои не се искористени, преку доделување на државното замјоделско земјиште кое досега не се обработувало за производство на житни култури со минимален надомест за концесија. Во растителното производство ќе ја зголемиме стимулацијата за националните приоритети. Така, пченицата, сончогледот, пченката и луцерката како најважни видови од нивските култури ќе добијат поголема подршка по единица површина во споредба со сите останати, со цел да се намали дел од увозот на пченица, брашно, масло за јадење и добиточна храна.

Тутунот – македонска судбина

Ќе извршиме измена на законот за тутун. Откупните компании ќе имаат право први да ги склучат договорите со своите кооперанти врз сопствен избор, а потоа МЗВШ врз база на тие договори ќе ги издава одобренијата т.е. белите картони за засадување на тутун. На овој начин државата ќе се заштити од вишокот на произведен тутун, договорените количини тутун ќе мораат да се откупат, а тутунопроизводителите ќе ги избегнат гужвите и малтретирањата секоја година пред шалтерите на подрачните единици на МЗВШ. Ќе се избегнат двојните и тројните договори и ќе се воведе ред во тутунопроизводството, при што откупните компании максимално ќе се грижат за своите кооперанти.Доколку е во интерес на тутунопроизводителите и откупните компании, ќе се вклучиме во преговорите помеѓу откупните компании и вистинските тутунски здруженија, со цел постигнување на договор за откуп на тутунот во 3 класи и тоа според процентуалната застапеност на бербите (долна, средна и горна) и според квалитетот. На овај начин ќе бидат стимулирани за производство на поквалитетен род. Ќе овластиме обучени лиценцирани лица кои ќе вршат перманентна контрола при откупот на тутун.Оние тутунопроизводители кои ќе го пренаменат своето производство ќе можат да добијат субвенции за производство на други култури по примерот на ЕУ (лековити, ароматични растенија и други алтернативни култури).

Македонското вино – стратешки производ

Ќе поддржиме реконструкција на површините и замена на старите вински сорти грозје со повисоко ниво на квалитет согласно географските, почвените, климатските фактори и барањата на пазарот. Ќе дадеме поголема поддршка при подигање на десертни сорти на грозје. Ќе ги зачувуваме автохтоните сорти трпезното грозје за кои постои пласман на пазарите во Европа. Ќе ги регулираме односите при откуп на грозјето помеѓу откупувачите и производителите.Ќе го промовираме брендот на македонското вино во странство, со цел да им помогнеме, пред сè, на малите винарии, да ги освојат дури и најконкурентните пазари преку квалитет и поволна цена.

Зголемување на добиточниот фонд

Ќе ги ослободиме од данок на добивка во период од 5 години сите оние кои ќе отворат сточарска фарма. Ќе доделиме државно земјоделско земјиште на сточарите кои ќе го зголемат сопственото стадо за да им се овозможи тие сами да произведуваат поевтина добиточна храна, чиј недостаток и енормно висока цена на пазарот претставува главен проблем во сточарството. Ќе го субвенционираме производството на кабаста добиточна храна, која изнесува 50-70% од вкупните трошоци во сточарството. Во Македонија мигрираат околу 100.000 овци. Финансиски ќе го помогнеме неопходното мигрирање на добитокот (номадско сточарење) за обезбедување храна (пр. ќе се додели по 3 евра по овца или коза). Бачилата за подготовка на сирење на планина ќе бидат дел од руралниот развој и туризам на македонските села.

Стандардизација во земјоделско-прехранбениот сектор

Ќе обезбедиме финансиска помош за покривање на трошоците за воведување на стандардите за безбедност и квалитет на храна, како што се HACCP, GLOBALGAP, ISO. На тој начин ќе овозможиме полесно спроведување на стандардизацијата за безбедност и квалитет на храната, како и обука на соодветните институции и на приватниот сектор.

Page 41: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

39

Заштита и унапредување на животната средина

Земјоделството, во голема мера, ја загрозува животната средина. Со цел намалување на притисокот на земјоделството врз животната средина ќе стимулираме и поттикнуваме спроведување на агроеколошки мерки во процесите на примарното производство на храна. На тој начин ќе обезбедиме услови за производство на квалитетна и здрава храна.

Органски производ – заштита на здравјето и на животната средина

Субвенциите во органското производство ќе ги зголемиме за 20%. Ќе ги засилиме кампањите за промоција на овој нов концепт на производство преку едукација на потрошувачите. Ќе ја интензивираме работата на консултантите кои ќе помогнат во целиот процес од сертификација до конечно производство на органски производ.

Климатски промени – закана за земјоделското производство

Климатските промени во последните години се повеќе се чувствуваат и се една од најголемите закани за животната средина и за целокупниот социо-економскиот сектор. Затоа, идната влада на СДСМ ќе воведе систем на неопходна примена на приспособувачки мерки кон климатските промени во земјоделското производство. Во соработка со научните институции ќе поддржиме финансирање на проекти што ги истражуваат технологиите на производство и оптимизација на користење на овие мерки. Некои од нив се обнова на деградираните почви, редуцирана обработка на почвата, внесување органски остатоци во почвата, внесување азотофиксатори во сеидбената структура, рационализација при внесување на органски и минерални ѓубрива, производство на енергија од биомаса, ветер и сонце.

Жените-фармери – темел на семејните фарми

Идната влада на СДСМ ќе го поттикне вклучувањето на жените-фармери во економските текови во земјоделството. Жените од руралните средини еднакво учествуваат во развојот на семејното стопанство. Македонската рурална жена ќе добие поддршка за нејзините развојни иницијативи. Активно ќе ја едуцираме и со тоа ќе отвориме можности за развој на селото и подобрување на животните услови во руралните средини. Со подршка за активно вклучување, ќе ги заштитиме нејзините економски, социјални и културни интереси. На тој начин ќе ја намалиме сиромаштијата и социјалната исклученост на руралната жена.

Иновации во земјоделството

За иновации и истражување во земјоделството и заштитата на животната средина ќе издвојуваме до 2% од вкупниот буџет во земјоделството. Ќе покриеме и трошоци за студирање на 10 студенти годишно на последипломски студии во странство, за совладување на современите технологии за производство и преработка на земјоделски производи.

Постојана обука на земјоделците

Во соработка со висоообразовните, научните институции и локалните самоуправи, ќе формираме едукативни и тренинг -центри, кои ќе нудат програми и практични обуки за најновите агротехнички мерки, спроведување на стандарди, благосостојба на животните, справување со цврстиот и течниот отпад на фарма, водење на матично книговодство, правилно ракување со машини и механизација, примена на информатичката технологија за следење и водење на процесите и сл.

Шумарство и ловство

Ќе спроведеме трансформација на ЈП Македонски шуми. Ќе донесеме Општ план за стопанисување со шумите во Република Македонија. Дивечот во ловиштата ќе го даваме на оние правни лица кои нудат најдобри услови за развој на ловството. Дел од средствата што се прибираат по основ на концесија ќе ги враќаме на концесионерите за развој и унапредување на ловството.Наместо неуспешниот „Ден на дрвото” ќе спроведуваме годишно стручно пошумување на долината од реката Вардар. Пошумувањата ќе се изведуваат и во крајбрежните делови на поголемите речни текови, со брзорастечки видови на дрвја, на локации и места каде за тоа постојат соодветни природни услови.

Регулаторно тело за пазарот на земјоделски производиНа пазарите во Македонија, во меѓусебните купопродажни односи меѓу земјоделските производители и откупувачите, речиси редовно се појавува состојбата на таканаречен „пазарен неуспех“: голем број на понудувачи со мал број на откупувачи. Затоа, откупувачите ја злоупотребуваат својата доминантна пазарна позиција. Ќе формираме посебно регулаторно тело, со задача да ги регулира овие односи. Тоа регулаторно тело ќе спречува нерамномерно прелевање на доходот преку механизмот на цените: добивката ќе се распределува на поправеден (порамноправен) начин меѓу производителите и откупувачите.

Page 42: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

40

ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Во осумте години власт на ВМРО-ДПМНЕ, цената на струјата за македонските потрошувачи порасна за 69,33%. Најголемо е зголемувањето на цената за пренос на МЕПСО и тоа за 161,31%, потоа производната цена на ЕЛЕМ за 87,8% и цената за дистрибуција на ЕВН за 69,33%. Зголемената цена на ЕЛЕМ се оправдува со наводни инвестиции, но просечното годишно производство на ЕЛЕМ во периодот 2007 - 2013 година, е намалено за 7,57% во однос на претходниот период, додека увозот на електрична енергија е зголемен за 60,02%. Ова јасно покажува дека некој наменски го намалува производството, за да печали пари од увоз на струја. Од друга страна, граѓаните се оштетени со големото покачување на цената на електричната енергија.

Заради погрешната енергетска политика, денес Република Македонија е голем зависник од увоз на сите видови енергија. Од 2006 до денес, просечниот увоз на електрична енергија чини 280 милиони евра годишно, а исто така се драматични и податоците за увоз на природен гас и нафтени деривати. Постојаниот пораст на увозната зависност го загрозува економскиот развој на нашата држава.

Ниту глобалната состојба во енергетскиот сектор не ѝ оди на рака на Република Македонија. Напротив, цената на електричната енергија, природниот гас, нафтата и нафтените деривати растат, а потребите од сите видови енергија се зголемуваат.

НАШИОТ ПРИСТАП

Во 21. век, достапноста на енергијата во секојдневниот живот мора да биде гарантирано право на македонските граѓани и компании. Република Македонија сериозно влегува во енергетска неизвесност.

Во услови на глобален недостиг на енергија за индустријата и домаќинствата, недозволиво е ваквото неодговорно однесување на властите. Македонија мора да стимулира иновативни решенија и напредни технологии за производство на енергија, особено на обновливите извори на енергија. За сите инвестициски одлуки, идната влада на СДСМ ќе организира широки дебати и консултации со експертската заедница и граѓанскиот/невладин сектор.

Постојните стратешки документи за енергетскиот развој на Македонија се базирани на една погрешна премиса дека енергетскиот развој на долг рок треба да се базира исклучиво на можностите за производство, а не на предвидената потрошувачка. Вториот носечки столб на успешната енергетска политика треба да биде енергетската ефикасност и заштедата на електрична енергија, како во индустријата, така и во домаќинствата.

Постепеното намалување на учеството на фосилните горива во производството на енергија, заедно со зголемувањето на производството од обновливи извори на енергија, следено и со мерки за енергетска ефикасност и заштеда на енергија, претставуваат основен предуслов за обезбедување на одржливиот развој на Македонија. Со тоа, ќе се подобри платно-билансната позиција на државата и, што е уште поважно, ќе се постигне задоволително ниво на заштита на животната средина и природата, и ќе се намали нерационалото исцрпување на домашните необновливи енергетски ресурси.

Иако се малку, СДСМ ќе ги забрза и конечно реализира сите започнати проекти во енергетскиот сектор.

Средствата, коишто сега се трошат за непродуктивни цели (ски-центри или барокни фасади), ќе ги насочиме за инвестиции во енергетскиот сектор, со цел обезбедување на енергетска стабилност, заштита на животната средина и одржливо користење на ресурсите.

Водејќи одговорна политика која е во интерес на граѓаните, идната влада на СДСМ ќе ги реализира следниве проекти и мерки во рамките на енергетската политика:

1. ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА1.1. Производни капацитети

Најголем дел од производните капацитети за електрична енергија во Република Македонија се изградени во периодот пред 90-тите години на минатиот век. Во периодот по осамостојувањето, пак, сите инвестиции во нови производни капацитети се започнати за време на владите раководени од СДСМ. Оттука, на Република Македонија ѝ се повеќе од потребни инвестиции за изградба на нови, и за одржување на постојните производни капацитети за електрична енергија. Имајќи го тоа предвид, идната влада на СДСМ ги предвидува следните мерки:

Ќе ги изградиме ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, со сопствени средства на АД ЕЛЕМ;

Ќе обезбедиме реномиран инвеститор (или коинвеститор) во ТЕЦ Неготино, кој ќе овозможи зголемување на производниот капацитет, модернизација и користење на природниот гас (или некој друг енергенс) како погонско гориво на истата;

Page 43: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

41

Ќе овозможиме натамошно искористување на Пелагонскиот басен за јаглен, со интензивирање на работата на рудникот Брод - Гнеотино, започнување на експлоатација на подинската јагленова серија во рудникот Суводол, изработка на студии за јамска експлоатација на јаглен во рудниците Живојно и Витолиште. Притоа, јамската експлоатација ќе се врши со високо продуктивна механизација, а јагленот ќе се користи во ТЕ Битола и, ако постои финансиска оправданост, во ТЕ Мариово;

Постојните и новоизградените електроцентрали на јаглен ќе ги исполнуваат највисоките барања за емисии во воздухот и заштита на животната средина и природата;

Ќе го отвориме јагленокопот Поповјани во околината на ТЕЦ Осломеј, ќе го модернизираме ТЕЦ Осломеј и ќе го продолжиме производниот век на електраната (со увоз на квалитетен јаглен од Косово и мешање со локалниот за да се добие соодветен квалитет);

Ќе ја разгледаме можноста за изградба на ХЕЦ Велес и ХЕЦ Градец; Ќе се посветиме на целосно нов, реален и исплатлив проект: Вардарска долина; Ќе изработиме анализа дали Република Македонија има кадровски потенцијал, локациски и технички услови за изградба на нуклеарна централа и, најважно, какво би било нејзиното можно влијание врз животната средина. Врз основа на таа анализа, ќе се донесе одлука за (не)градење на нуклеарна централа. Без постоење на таква анализа, која ќе ги квантифицира можностите за изградба на нуклеарна централа, сите оценки дали во Република Македонија треба да се гради, или да не се гради нуклеарна централа, се паушални и неиздржани.

1.2 Преносни капацитети

За да се обезбеди повисок степен на сигурност во снабдувањето со електрична енергија, како и за да се искористи поволната местоположба на Република Македонија, ќе се подобрат интерконективните преносни врски со соседните држави и тоа: Конечно ќе се доврши високонапонскиот 400 kV далекувод Штип - Ниш; Ќе изградиме новa 400 kV врска кон Косово, користејќи ја веќе постоечката траса на 220 kV врска Скопје - Косово Поле, а имајќи ги предвид и најавите за изградба на нови производни капацитети во регионот;

Ќе ги забрзаме започнатите активности за изградба на нова 400 kV врска Битола - Елбасан, со што ќе се обезбеди пристап кон подморската кабловска врска кон Италија и понатаму кон пазарите на ЕУ.

Идната влада на СДСМ нема да дозволи постојани испади во преносната мрежа, особено во битолскиот и охридскиот реон. Затоа, СДСМ ќе обезбеди постојано одржување и зголемување на капацитетот на преносната мрежа на територијата на Република Македонија.

2. ПРИРОДЕН ГАС

Сите постојни инвестиции во секторот за природен гас во Република Македонија, се реализирани од страна на централните или општинските власти под водство на СДСМ. Истото се однесува и за преносниот гасоводен систем и за дистрибутивните мрежи во Струмица и Куманово. Едноставно, ние знаеме како, за најкраток рок, да изградиме гасоводни мрежи. Затоа, СДСМ ќе обезбеди:

Приклучување на ТАР (Trans Adriatic Pipeline), со што ќе се обезбеди диверзификација на снабдувањето со природен гас, а особено поефикасна гасификација на југозападна Македонија;

Докапитализација на АД ГА-МА; Интерконективно поврзување со гасните системи на соседните држави (Бугарија и Грција);

Изградба на магистралниот гасовод кон ТЕЦ Неготино, а, исто така, ќе се изградат и разводни гасоводни системи, со цел приклучување на неколку градови (Велес, Штип, Кочани, Свети Николе, Неготино);

Изградба на магистрален гасовод како продолжение на постојниот гасовод од Скопје преку Тетово и Гостивар до Дебар, со крак кон Кичево;

Приклучување кон „Јужен тек“ во согласност со правилата за внатрешниот пазар на енергија на Европската унија; Изградба на акредитирана лабораторија за баждарење на мерните уреди за испорачаниот природен гас.

2. ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Идната влада на СДСМ ќе се посвети, целосно и првенствено, на изградба на капацитети од обновливи и еколошки прифатливи извори на енергија. Масовно, преку повеќе мерки и субвенции, ќе го стимулираме целосното напуштање на огревното дрво, јагленот и нафтата како енергенси за греење на домаќинствата и стопанските субјекти. Мора да ја намалиме енергетската зависност на нашата држава! Република Македонија поседува неискористен потенцијал во обновливите извори на енергија. Овој потенцијал мора да се искористи. Затоа, идната влада на СДСМ:Ќе ги поедностави потребните процедури за енергетски проекти поврзани со обновливи извори. Со тоа, ќе се скуси времето неопходно за целосно имплементирање на една инвестиција. Преку воведување на „едношалтерски систем“, ќе овозможиме во една државна институција да се добиваат сите потребни податоци, информации и документација. Таа институција ќе биде задолжена за целата постапка, сè до конечно реализирање на инвестицијата;

Двојно ќе ги зголеми предвидените инсталирани моќности за производство на електрична енергија од фотоволтаични електрани, биогас произведен од биомаса и биомаса за кои ќе важат повластени тарифи;

Ќе ги поедностави процедурите околу уредувањето на градежното земјиште и добивањето на одобрение за градба за капацитети за производство од обновливи извори;

Page 44: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

42

При спроведувањето на секој тендер за стекнување на правото за користење на вода за производство на електрична енергија, однапред ќе се знае хидрологијата, максималната инсталирана моќност на малата хидроелектрана, локацијата на која ќе се гради, како и приближните трошоци за приклучување на дистрибутивната мрежа;

Ќе ги субвенционираме домаќинствата, вклучувајќи ги и зградите, за изградба на фотоволтаична електрана со максимален инсталиран капацитет до 10 kW со 20% од вкупната инвестиција. За произведената електрична енергија ќе се применуваат посебни повластени тарифи;

Во Република Македонија сега не се произведуваат фотоволтаични панели и модули. Затоа, СДСМ ќе поттикне и стимулира домашни или странски инвеститори, кои ќе отворат фабрика за производство на фотонапонски панели и модули, како за домашниот пазар, така и за извоз. Со оваа мерка ќе се поттикне домашната економија и развојот на нови технологии во Република Македонија;

Ќе воведе: feed-in тарифи за електрична енергија произведена од геотермална енергија; feed-in тарифи за производство на електрична енергија и енергија произведена од високо ефикасни енергетски постројки со лимитиран производен капацитет;

feed-in тарифи за производство на електрична енергија произведена од комунален отпад во согласност со европското законодавство;

Ќе доделува земјоделско земјиште од пониска класа за одгледување на енергетско квалитетни брзорастечки дрва за производство на пелети;

Ќе поттикне и стимулира домашни и/или странски инвеститори за отворање на фабрики за производство на дрвен пелет и чипс. Тоа е еколошки прифатливо гориво за затоплување, а едновремено се искористува дрвната маса којашто не може да користи во дрвната индустрија и неискористената шумска биомаса.

4. ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА

Најголемите поплаки и жалби, на граѓаните во РМ, се однесуваат на многу високите цени за топлинска енергија, како и на лошиот квалитет на испорачаната топлинска енергија. За да постои доверба меѓу снабдувачот со топлинска енергија и потрошувачот, испрачаната топлинска енергија мора да се мери. Затоа, идната влада на СДСМ ќе обезбеди: Поставување на мерни уреди за регистрирање на потрошувачката на топлинската енергија на секое домаќинство

(стан), со цел да се плаќа според реално потрошената топлинска енергија. Мерните уреди (распределители) ќе се постават на трошок на претпријатието кое ја управува дистрибутивната мрежа за топлинска енергија;

Цената на топлинската енергија од когенеративните централи ќе се продава по цена која ќе биде најмалку 10% пониска од цената на едногенеративните (котелски) регулирани постројки;

Времетраењето на грејниот период во текот на денот ќе се зголеми на територијата на цел град Скопје, при што цената ќе остане иста;

Ревидирање на Правилата за снабдување со топлинска енергија.

5. ТЕЧНИ ГОРИВА

Република Македонија е држава во која се користат најнеквалитетните горива во Европа. Затоа, идната влада на СДСМ ќе обезбеди: Инвестирање и опремување на лабора-торија за испитување на квалитетот на течните горива; Целосна примена на регулативата за квалитет на горивата; Ревидирање на Договорот за рафинеријата ОКТА, со цел да се обезбеди поголема ценовна конкурентност во снабдувањето со течни горива на домашниот пазар.

6. КОГЕНЕРАТИВНИ ПОСТРОЈКИ

Во оваа сфера, идната влада на СДСМ:

Ќе ги поттикне индивидуалните домаќинства, или зградите за колективно домување, за инсталирање на когенеративни уреди за производство на електрична и топлинска енергија. Целта е топлинската енергија да се користи за домашна употреба, додека произведената електрична енергија да се продава на електроенергетскиот систем, по просечната набавна цена на снабдувачот со електрична енергија. На тој начин се решава и голем еколошки проблем, бидејќи тоа решение е најатрактивно за корисниците кои се грејат на дрва, електрична енергија или нафта;

Ќе додели земјоделско земјиште од пониска класа за „енергетско–земјоделски“ зони, на сите инвеститори кои се заинтересирани за вложување во когенеративни инсталации за загревање на оранжерии. Топлинската енергија ќе се користи за затоплување на оранжериите, додека електричната енергија ќе се продава во системот по цена еднаква на просечната набавна цена на снабдувачот со електрична енергија. На тој начин ќе се создадат неколку „енергетско–земјоделски“ зони, односно енергетски паркови.

Page 45: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

43

7. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Со месечна потрошувачка од околу 530 kWh по домаќинство, Македонија е една од државите во Европа со најголема потрошувачка на електрична енергија по домаќинство. Просекот во земјите на Европската унија е околу 360 kWh по семејство месечно.Инвестирањето во енергетската ефикасност претставува најевтин и најбрз начин за намалување на енергетската зависност и увоз. Таквата инвестиција е еквивалентна на изградба на нов производствен капацитет.Најголем дел од мерките за штедење на енергија и подобрување на енергетската ефикасност ќе се однесуваат на домаќинствата и на комерцијалниот сектор. Соодветен потенцијал постои и кај индустриските потрошувачи, но тие и во моментов користат различни начини за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на своите трошоци за енергија.Во оваа сфера, идната влада на СДСМ:

Ќе ја мобилизира јавноста, со цел да се подигне јавната свест за итната потреба за заштеда на енергија;

Ќе обезбеди субвенции во висина до 20% при вградувањето на термичка изолација во станбените и индустриските објекти, особено на домаќинствата кои ќе бидат опфатени со социјалната заштита од енергетска сиромаштија. Средствата за овие субвенции ќе бидат обезбедени од Буџетот, претпристапните фондови на ЕУ и од други извори;

Ќе го намалиме данокот на добивка за 20% за производните погони кои ја намалиле специфичната потрошувачка на енергија за 20% (види поглавје Индустриска политика и деловно окружување);

Ќе основа локални центри каде што, по барање на граѓаните и малите и средните претпријатија, ќе се изготвуваат и/или ќе се ревидираат веќе изготвените проекти за енергетска ефикасност и заштеда на енергија. Овие проекти ќе бидат основа за аплицирање пред банките за одобрување на кредити за нивна реализација;

Ќе воведе целосен мониторинг и анализа на потрошувачката на електрична енергија за секоја индустриска гранка, земајќи ги предвид спецификите на гранката. Така ќе се добие јасна слика кои индустриски гранки се најприоритетни за подобрување на енергетската ефикасност. На краток рок, ќе се обезбеди поврат на инвестициите, а на долг рок, ќе се постигне подобрување на енергетската ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија;

Ќе инвестира во енергетската ефикасност кај системите за осветлување; Ќе ја стимулира замената на енергетски неефикасните електрични уреди во домаќинствата, со уреди кои имаат висок степен на енергетска ефикасност;

Ќе ја стимулира замената на енергетски неефикасната електрична опрема, машини и уреди коишто се користат во индустрија, со енергетски ефикасни електрични уреди електрична опрема, машини и уреди;

Ќе ги намали даночните и царинските оптоварувања за енергетски ефикасната опрема, машини, уреди и сите останати трошила;

Ќе обезбеди едукација на комерцијалните и индустриските потрошувачи како да ја рационализираат потрошувачката на енергија;

Ќе започне систематски активности и инвестиции за подобрување на енергетската ефикасност во училиштата, градинките, пензионерските домови и домовите за стари лица со средства обезбедени од Буџетот.

За подобрување на енергетската ефикасност значаен придонес ќе има и развојот на дистрибутивната мрежа за природен гас, со што ќе се избегне крајно неоправданото користење на електричната енергија за загревање на домовите. При реализирањето на овие мерки, јавниот сектор ќе биде пример за подобрување на енергетската ефикасност. Зградите на јавниот сектор (државни и општински), треба да бидат првите објекти во кои ќе се подобри енергетската ефикасност.

8. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ОД ЕНЕРГЕТСКА СИРОМАШТИЈА

Политиката на актуелната влада за заштита од енергетска сиромаштија е недоречена и недоволна. Тоа ќе го промениме:

Ќе донесеме Закон за социјална заштита од енергетска сиромаштија кој ќе значи поголем опфат и повеќе пари за квалификуваните домаќинства (види поглавје Политика за социјална заштита и праведност);

Ќе воведеме евтина викенд тарифа („евтината струја“ ќе биде достапна не само во недела, туку цел викенд); Секој ден граѓаните ќе добијат дополнителни 2 часа евтина тарифа.

1. ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Правата на потрошувачите во Република Македонија се целосно погазени. Цените растат, квалитетот на испораката на енергија е низок, а трошоците за приклучување на енергетските мрежи се зголемени енормно. Од друга страна, институциите кои треба да се грижат за нивните права (особено Регулаторната комисија за енергетика и Советот за заштита на потрошувачите), целосно се ставени во интерес на компаниите. Потрошувачите се оставени во немилост. Затоа, идната влада на СДСМ, во сите канцеларии на народниот правобранител, вклучувајќи ги регионалните канцеларии, ќе воведе Енергетски народен правобранител (Energy ombudsman). Нивната обврска ќе биде да им помогнат на потрошувачите да ги остварат своите загарантирани права, вклучувајќи и подготовка на жалби до соодветните институции.

Page 46: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

44

2. ЗАКОНСКА РАМКА И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНИОТ КАПАЦИТЕТ

Идната влада на СДСМ, ќе направи целосно усогласување на законската и подзаконската регулатива со европските директиви и регулативи од областа на енергетиката. Притоа, ќе се води сметка за спецификите и условите во нашата држава. Истовремено, со реформите во законската регулатива, неопходно е да се работи и на подобрување на кадровскиот капацитет во енергетскиот сектор. Особено бидејќи во овој сектор ги планираме најобемните јавни инвестиции. Исто така, со оглед на намалениот интерес на младите луѓе за занимавање со енергетиката, ќе се обезбедат стипендии во висина од 100 евра месечно за најдобрите 50 студенти од областа на енергетиката.

3. УЧЕСТВО ВО РЕГИОНАЛНИ ПРОЕКТИ И ИНИЦИЈАТИВИ

Една од основните задачи на Енергетската заедница е формирање на заеднички регионален пазар за електрична енергија и регионален пазар за природен гас. Со тоа се зголемува конкуренцијата на тие пазари, и се намалуваат трошоците за интерконекција, односно се избегнуваат вештачки создадените загушувања. На тој начин, единствениот регионален пазар за електрична енергија е многу поголем од поединечните пазари на секоја држава, со што е многу привлечен за инвеститорите. Со добра поставена законска регулатива, шансата е пред Македонија. Идната влада на СДСМ ќе изработи анализа за искористување на регионалните ресурси и за вклучување на Македонија во изградба на производствени капацитети во регионот (Косово, Бугарија, Албанија итн). При реализацијата на тие инвестиции Република Македонија ќе учествува со свои сопствени средства, со што и државата ќе обезбеди соодветно учество барајќи стратегиско партнерство со реномирани компании од областа на енергетиката на транспарентен и компетитивен начин во согласност со европските стандарди.

4. ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ЕНЕРГИЈА

Пазарната либерализација носи корист за крајните корисници. Со прифаќањето на Договорот за основање на Енергетска заедница, Република Македонија презеде обврска за создавање на услови за целосно либерализирање на пазарот на електрична енергија и пазарот на природен гас најдоцна до 1 јануари 2015 година.Либерализацијата на пазарот за електрична енергија и природен гас на среден рок ќе донесат придобивки за крајните потрошувачи. Заради нивните специфики, идната влада на СДСМ ќе обезбеди либерализацијата на тие пазари да се одвива етапно, со целосно исполнување на сите предуслови кои се неопходни за нивно функционирање. Притоа, ќе внимаваме на: Избегнување на можните ценовни шокови во првиот момент на профункционирањето на овие пазари; Зголемување на ефикасноста на енергетските системи, конкурентноста, а особено сигурноста во снабдувањето.

РУДАРСТВО

Во областа на рударството, идната влада предводена од СДСМ ќе ги преземе следните активности:

Ќе направи сеопфатна и детална анализа на рудниот потенцијал, користејќи најнови технологии и методи за истражување;

Ќе посветиме особено внимание на едукација и тренинг на соодветен високо стручен кадар за максимално искористување на рудното богатство со кое располага Македонија;

Максимално ќе се поедностават процедурите за добивање на концесија за експлоатација на рудното богатство. Оваа мерка очекуваме да привлече и дополнителни странски инвестиции во државата;

Ќе обезбедиме вистинска конкуренција во доменот на добивање концесии. Процесот ќе биде брз, ефикасен, но и транспарентен и без дискрециони овластувања. Така, Македонија ќе добие повеќе средства во замена за своите рудни богатства;

Експлоатацијата на рудно богатство надвор од дадените концесии ќе повлекува строги санкции и нема да се толерира;

Ќе инсистираме на целосно почитување на законите за заштита и безбедност при работа и заштита на животната средина.

Page 47: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

45

ИНФРАСТРУКТУРА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Владата на ВМРО-ДПМНЕ многу малку вложуваше во развојот на инфраструктурата од секаков вид. Наместо вложувања во инфраструктурни проекти, власта се насочи кон непродуктивни и расипнички проекти, како спомениците и зградите од Скопје 2014.

Ако ги земеме предвид само договорите за јавни набавки, поврзани со овој контроверзен проект кои се јавно достапни, се доаѓа до повеќе од 500 милиони евра залудно потрошени пари на граѓаните. Од друга страна, освен делницата на автопатот од Куманово до Табановце во должина од 7,6 километри, за осум години не е изграден ниту километар нов автопат. Во моментов, со огромно задоцнување, се гради делот на коридорот 10, Демир Капија - Смоквица, но тоа е премалку за период од осум години. Дополнително, секој изграден километар беше финансиран исклучиво од грантови, или кредити кои ќе ги враќаат следните влади и идните генерации.

НАШИОТ ПРИСТАП

Стратешка определба на новата влада на СДСМ ќе бидат инвестициите во инфраструктурата. Покрај решавањето на секојдневните проблеми на граѓаните и фирмите, инфраструктурните инвестиции долгорочно овозможуваат генерирање на понатамошен развој на дополнителни бизниси и економска активност во регионот, во кој се реализира инвестицијата.

Од витална важност за Македонија е да се поврзе со автопатишта со сите свои соседи. Транспортот треба да претставува еден од главните двигатели на македонската економија. Дополнително, бесцелно е отворањето на бројни економски зони доколку тие не се поврзани со најсовремени транспортни средства. Владата на СДСМ ќе ги поврзе со автопатишта и/или железница сите активни економски зони во Македонија.

Средствата за вложувањата во инфраструктурата ќе се обезбедуваат од сопствени средства, потоа од европските фондови кои се на располагање за ваков вид на вложувања, па дури на крај доколку не е возможно да се обезбедат потребните финансии, ќе се обратиме до други можни кредитори, со цел да обезбедиме најповолни услови за задолжување на државата. Инвестициите во инфраструктурата се потребни, но тие не смеат да остават огромни долгови за идните генерации, без притоа да генерираат соодветни приходи.

За реализација на наведеното, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следните мерки и проекти:

ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА

Изградба на автопат Скопје - Блаце, што ќе обезбеди поврзување со Приштина (Косово) преку автопат;

Изградба на автопат Велес – Прилеп – Битола. Паралелно со изградбата на автопатот, ќе се гради и дополнителна инфраструктура (водоводот: извор Бабуна - Прилеп, гасоводна мрежа, нов оптички кабел и друго). Со ова, изградбата на автопатот ќе создаде и друг вид на додадена вредност, со што ќе се намалат поединечните трошоци доколку овие проекти би се граделе посебно;

Проширување на патот Гостивар - Кичево со уште една коловозна лента. На овој начин целиот пат ќе добие четири коловозни ленти;

Проширување на патот Струмица – граничен премин Ново Село со Бугарија; Проширување на патот Битола - граничен премин Меџитлија со Грција, со што патот ќе има четири коловозни ленти;

Изградба на експресниот пат Струмица - Штип; Реконструкција и изградба на трета лента на патот Штип - Кочани – Делчево;

Изведба на проект „Македонија без кал“, што подразбира изградба на 1.500 км локални патишта во 625 населени места во рок од четири години. Со овој проект ќе се овозможи патно поврзување и нормален живот во малите рурални средини. Определувањето на приоритети ќе го вршиме во координација со локалното население. Реализацијата на овој проект значително ќе влијае на подобрување на животните услови во овие средини и ќе го намали одливот на луѓе;

Изведба на проект „Македонија мегалополис“, што значи патно поврзување на населените места во Македонија кое ќе овозможи патување меѓу најголемите градски центри во државата за не повеќе од 90 минути. Овој проект претставува комбинација на изградба на патна мрежа од локални, регионални и магистрални патишта, како и автопати кои се опфатени со дел од другите мерки во програмата. Со тоа ја зголемуваме мобилноста на населението и се постигнува поголема слобода во изборот на работното место, независно од местото на живеење;

Ќе воведеме нов систем за наплата на патарина преку вињети, со што ќе се елиминираат долгите колони на патарините во текот на летните месеци. Со воведувањето на оваа мерка нема да се намали бројот на вработените, бидејќи тие ќе бидат потребни за зајакната контрола на патиштата и целосна наплата на патарината.

Page 48: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

46

На ваков начин ќе се реши и наплатата за користењето на новоизградените патишта кои не се од типот автопат; Ќе направиме целосна обнова на заштитната мрежа на сите автопатишта и ќе воведеме електронски систем за мониторинг и пријава на оштетувања. Непостоењето на заштитната мрежа, на голем дел од должината на автопатиштата, доведува до секојдневни сообраќајни несреќи кои го доведуваат во ризик животот на патниците, но и предизвикуваат големи исплати за покривање на штети;

Ќе воведеме целосна автоматска сигнализација и систем за предупредување на сите автопатишта; Ќе направиме санација на автопатот од Коридорот 10 на делницата Велес - Скопје која се наоѓа во многу лоша состојба;

Ќе стимулираме изградба на придружна инфраструктура (мотели, бензиски пумпи, одморалишта) долж автопатската мрежа, со што ќе го зголемиме приходот од транзитните патници.

ЖЕЛЕЗНИЦА

1. Коридор 8: Реконструкција на пругата од Куманово до Бељаковце; Изградба на нова пруга од Бељаковце до Крива Паланка и од Крива Паланка до Ѓуешево (Република

Бугарија);2. Реконструкција и модернизација на железничките станици на Коридорот 10;3. Подготовка на железничката инфраструктура (пруга и сигнализација) за поголема брзина на движењето на

возовите: Реконструкција и модернизација на пругата Велес-Згрополци-Демир Капија за брзина од 120 км/час; Реконструкција на пругата Битола – Кременица - граница со Република Грција; Реконструкција на пругата Тополка-Васил Антевски;

4. Изградба на железнички краци до индустриските зони: Крак Илинден - индустриска зона Бунарџик; Крак Битола - индустриска зона Жабени;

5. Електрифиција на пругата Скопје – Скопје Север – Ѓорче Петров – Блаце;6. Приградски и градски железнички линии во локалниот патнички сообраќај, комбинирани со линиите на ЈСП Скопје:

Зелениково – Драчево – Лисиче – Пинтија – 11 Октомври – станица Скопје; Илинден – Маџари – станица Скопје; Станица Скопје Патничка – Скопје Север – Ѓорче Петров – Сарај;

7. Рехабилитација и тековно инвестициско одржување на железничката пруга за следниве активности: Ремонт, тековно и инвестициско одржување на горниот и долниот строј на железничките пруги и објекти; Изработка на проект за реконструкција и ремонт на железничките пруги; Сигнализација и осигурување на железнички станици иосигурување на патните премини на железничките

пруги; Инвестициско и тековно одржување на Електро и СС постројките на железничка пруга; Инвестициско и тековно одржување и обнова на железничките станици;

8. Набавка на нови превозни средства за приградскиот железнички сообраќај.

ВОЗДУШЕН И ВОДЕН СООБРАЌАЈ

Ќе изготвиме нова, функционална и одржлива национална стратегија за развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија, која ќе го опфати долгорочниот развој на сите функционални елементи на глобалниот воздухопловен сообраќајно-транспортен систем во државата;

Ќе направиме анализа на обврските од концесискиот договор со ТАВ Македонија, со изработка на инвестициски приоритети;

Ќе направиме проектирање, изградба, адаптација и опремување на хелиодроми и хидродроми на територијата на Македонија, наменети за посебни потреби;

Ќе направиме трансформација, реорганизација и правно редефинирање на капетанијата на пристаништата, со неопходно техничко, технолошко, инфраструктурно и кадровско опремување и осовременување;

Ќе обезбедиме навремено и континуирано почитување и имплементација на сите дефинирани развојни фази од ЕСАА договорот, од кој произлегуваат одредени права и обврски (правни, технички, технолошки, кадровски, транспортни, инфраструктурни) од областа на либерализацијата, ефикасноста и безбедноста во воздушниот сообраќај и транспорт;

Ќе обезбедиме активно учество на специјализираните и експертските државни органи, организации, тела и здруженија во создавање услови за субвенционирање на туристички текови поврзани со развојот на воздушниот сообраќај и транспорт;

Ќе создадеме материјална поддршка, промоција, популаризација и сестрана помош во развојот на аеро-клубовите, спортската, школската и специјализираната авијација во Република Македонија.

Page 49: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

47

ВТОР СТОЛБ:

САКАМЕ СЛОБОДА!

Page 50: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

48

ДЕМОКРАТИЈА И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Во изминативе години ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Република Македонија во земја со нарушена демократија во која владее самоволието, а не правото. Власта е над правото, над Уставот и законите на Република Македонија. Ним им е дозволено неказнето да ги кршат правилата, неказнето да влегуваат во криминални, коруптивни зделки, неказнето да исфрлаат новинари и пратеници од Собранието на Република Македонија, неказнето да си играат со нашите права и слободи. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги подјарми не само граѓаните, туку и сите институции, креирајќи систем на самоволие, неодговорност и несигурност.

НАШИОТ ПРИСТАП

Владата на СДСМ ќе го замени самоволието со владеење на правото. Почитувањето на Уставот, законите и другите правни правила ќе биде највисок принцип во Република Македонија. Ќе ги оживееме заборавените принципи на правна сигурност и отчетност и одговорност на носителите на јавни функции во Република Македонија.

Нема да дозволиме носителите на власта неказнето да ги кршат правните норми во Република Македонија. Ќе ја вратиме предвидливоста на државните активности и сигурноста на граѓаните. Правдата и правата за граѓаните ќе бидат остварливи врз основа на закон, а нема да зависат од волјата на оние кои ја спроведуваат власта.

СЕ ОБВРЗУВАМЕ НА ОТЧЕТНОСТ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ И УЧЕСТВО ВО ЈАВНИ ДЕБАТИ

Идната влада на СДСМ ќе промовира јавни дебати за сите значајни прашања, дебати на кои ќе се почитува принципот на слободен говор и вистинска размена на мислења, со цел да се дојде до поквалитетни политики. Функционерите во владата на СДСМ ќе бидат отворени и достапни за учество во дебати, нешто од што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ постојано бегаат, претворајќи ја јавната дебата во заборавена форма за информирање. СДСМ презема обврска најмалку еднаш месечно по однапред утврден редослед, министри од редовите на СДСМ на јавниот радиодифузен сервис да учествуваат во дебата заедно со тројца претставници на опозицијата.

ТРОШЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЌЕ БИДЕ ТРАНСПАРЕНТНО

Политиката на транспарентност во трошењето на буџетски пари нема алтернатива. Ќе предвидиме обврска министерот за финансии, во текот на постапката за носење на буџетот, да учествува во јавна дебата заедно со три лица предложени од опозицијата. Дополнително, ќе ги спроведеме и мерките предвидени во поглавјето Каде одат парите на граѓаните.

ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ДИГНИТЕТОТ НА ЗАКОНОДАВНАТА ВЛАСТ И ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИМЕ ОТЧЕТНОСТА НА ВЛАДАТА ПРЕД СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Власта на СДСМ го реафирмира начелото на поделба на власта. Ќе го вратиме достоинството на Собранието, кое е целосно деградирано и под доминација на Владата. Собранието ќе стане место за дебата, за креирање политики, орган кој ќе се грижи за интересите на граѓаните. Ќе промовираме правна сигурност и преку воведување на стабилен правен систем во кој законите ќе се носат врз основа на длабинска анализа и проценка на можностите и ефектите од нивната имплементација, со што ќе се спречи нивното често менување.Да се биде пратеник е пред сè чест и одговорност. Ќе поддржиме Етички кодекс кој тоа ќе го потврди: пратеник кој не учествува во работата на Собранието повеќе од една година автоматски ќе го изгуби својот мандат; пратениците кои присуствуваат, а не учествуваат активно во работата на Собранието повеќе од 6 месеци ќе бидат финансиски санкционирани. Во македонското Собрание не смее да има пратеници кои се редовно нередовни, или, пак доаѓаат само за да земат плата.Заради воведување ефикасна контрола на Собранието над Владата ќе предвидиме зголемување на бројот на седници посветени за пратенички прашања од еднаш месечно на еднаш неделно.

ЌЕ ГО ЗАЈАКНЕМЕ ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Обврска на сите функционери на СДСМ ќе биде да ги направат достапни за јавноста сите информации од јавен карактер со кои располага нивниот орган. Досегашното селективно информирање на граѓаните за информации од јавен карактер, со што се крши Законот за слободен пристап до информации, ќе биде минато. Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе биде зајакната со спроведување ефикасни механизми за превенција на тајност на податоците.

Page 51: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

49

УСТАВНИОТ СУД ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКИ ЧУВАР НА УСТАВНОСТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Ќе го вратиме дигнитетот на Уставниот суд, претворајќи го во орган кој ги штити уставноста и законитоста, наместо во орган кој ја спроведува волјата на извршната власт, како што е сега. Со оглед на тоа што механизмите за гарантирање на независност на Уставниот суд не функционираат во Република Македонија, власта на СДСМ ќе иницира реформа и ќе обезбеди услови за стручно, професионално и непристрасно работење на Уставниот суд, со цел истиот да биде претворен во чувар на Уставот и човековите права.

СООЧУВАЊЕТО СО МИНАТОТО ЌЕ БИДЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ЗАШТИТА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Лустрацијата ќе биде процес чија цел е заштита, а не кршење на човековите права. Процесот на лустрацијата нема да биде злоупотребен за пресметка на власта со своите неистомисленици. Владата на СДСМ ќе спроведува лустрација согласно резолуцијата на Советот на Европа и одлуките на Европскиот суд за човекови права, според кои лустрацијата треба да се протега единствено врз позициите за кои постои добра причина да се верува дека претставуваат голема опасност за човековите права или идните демократски текови. Целта на лустрација ќе биде заштита на демократијата од носители на јавни функции, кои имаат сериозна можност да влијаат врз демократските процеси во државата. Според Советот на Европа, не смее да се дозволи процесот на лустрација да се користи за уцени и одмазда, туку треба да придонесе кон заштита и унапредување на демократијата.

ЌЕ ЈА РЕФОРМИРАМЕ КАЗНЕНАТА ПОЛИТИКА - ЌЕ ГИ НАМАЛИМЕ КАЗНИТЕ ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ

Драстично ќе ја реформираме казнената политика во Република Македонија. СДСМ нема да ја користи казнената политика за полнење на буџетот, ниту за заплашување на граѓаните и затворање на фирмите, кои едвај опстојуваат на пазарот. Драконските казни, кои им се изрекуваат на граѓаните и на фирмите, ќе ги намалиме за 50%. Инспекциските служби ќе работат првенствено како превентивни органи, кои прво ќе изрекуваат опомена (види поглавје Индустриска политика и деловно окружување).

ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ПРАВНА СИГУРНОСТ ВО ИЗВРШУВАЊЕТО И ЌЕ ГО НАМАЛИМЕ НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕТО

СДСМ ќе обезбеди правна сигурност и во сферата на извршувањето. Ќе се залагаме за доследно почитување на правното начело на застареност, бидејќи неговото непочитување најмногу ги погаѓа најсиромашните граѓани кои имаат застарени долгови за струја, вода, парно и други тековни трошоци. Ќе ја прекинеме праксата што ја воведе ВМРО-ДПМНЕ, заради заштита на бизнис-интереси на одредени фирми, да бидат присилно извршувани долгови кои веќе се застарени.

Исто така, идната влада на СДСМ ќе го намали надоместокот за извршителите, а за должниците кои се социјални случаи извршувањето ќе се извршува бесплатно, без наплата на извршителска тарифа.

Page 52: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

50

МАКЕДОНИЈА БЕЗ КОРУПЦИЈА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Според статистиките на ООН, Македонија годишно губи околу 1 милијарда евра на корупција (490 евра на жител) – највисока сума во целиот регион и Европа. И тоа не е сè. Последниот глобален барометар за корупција на „Trans-parency International“ покажа дека нашите граѓани сметаат дека корупцијата во Македонија повторно пораснала. На скала од 1 до 5 (каде 5 е екстремна корупција), тие ги даваат следните оценки: 3,9 за судството, 3,6 за државната администрација и 3,5 за полицијата.

Тоа значи, дека токму институциите задолжени да се борат против корупцијата, се носители на опасната пракса која ја загрозува македонската економија и ги дискриминира нејзините граѓани. Во Македонија корупцијата е видлива во сите пори на животот: во јавните набавки, во судските пресуди и партизираната администрација, во контролираните и преплатени медиуми. Јасно е дека корупцијата има политичка заднина и поддршка и дека таа доаѓа од највисоките владини кругови.

НАШИОТ ПРИСТАП

Вистинската борба против корупцијата мора да почне. Нашата цел е да создадеме систем кој ќе ја гуши, а нема да ја шири корупцијата. Систем во кој ќе бидат познати правилата на игра и кој ќе гарантира дека сите се еднакви пред законот. Систем во кој власта ќе биде транспарентна и отчетна, според мерливи и конкретни критериуми.Освен судската независност, отворената администрација, независните медиуми и граѓанската партиципација кои се емпириски докажани како главни инструменти за вистинска борба против корупцијата, ги предвидуваме и следните мерки:

Државната ревизија - важен инструмент во антикорупциската политикаВо државната ревизија ќе воведеме систем „Аларм: корупција“ за давање пријави за можна корупција. Ревизорот ќе биде должен во рок од 3 месеци да констатира можно присуство, или отсуство на корупција.

Подобро да се спречи отколку да се лечиИдната влада на СДСМ ќе направи целосна ревизија на Законот за јавни набавки со која: (1) ќе се спречат тендерите „скроени“ за фирмата-фаворит, (2) ќе се означат точно областите во кои критериумот „квалитет“ се бодува, додека сите останати ќе се вреднуваат според критериумот „цена“, (3) ќе се зголеми конкуренцијата во постапките за јавни набавки т.е ќе се избегне досегашната пракса на само еден понудувач (присутна кај една третина од тендерите) и (4) ќе се елиминираат дискреционите поништувања на тендери. Во исто време, со новиот закон за јавни набавки ќе им се даде фер шанса и на малите и микро компании кои честопати неосновано се елиминираат во постапките, што влијае лошо и на цената и на македонската економија.

Силна и непартиска комисија за борба против корупцијатаСо промени во законот, идната влада на СДСМ ќе обезбеди нов начин на избор на Комисијата за борба против корупцијата, кој ќе гарантира независност и вистинска борба против ова зло. Ќе се зголеми и нивната одговорност кон јавноста и граѓаните. Имено, законот ќе ја обврзува Комисијата за борба против корупцијата за сите наводи за корупција да дава иницијално согледување во рок од 5 дена, и јавно да ги објавува финалните извештаи за секој поднесен навод.

Етички комитетБорбата со конфликтот на интереси нема да ја водиме со пароли и институционална затвореност. Сите можни случаи на конфликт на интереси ќе ги следи и одлучува Етички комитет, формиран од Собранието на Република Македонија во кој два члена ќе ги номинира власта, а два опозицијата. Претседателот на Комитетот ќе го именува претседателот на државата.

Page 53: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

51

КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ?

Нетранспарентноста на владите на Груевски долго време е критикувана. Без успех. Власта продолжува да молчи на најважните прашања, а буџетското трошење го карактеризира за државна тајна – како буџетот да се полни од нивните, а не од џебовите на граѓаните.

Без разлика дали сте корисник на социјална помош, сопственик на мала фирма која редовно плаќа даноци, жител на некое село кое чека финансии за обезбедување вода за пиење, или бремена жена која има потреба од гинеколог во својата општина – државниот буџет многу ви значи. Го полнат вашите пари, го трошат вашите министри, го гласаат повикувајќи се на вашите потреби.

Зошто тогаш владите на Груевски го кријат своето буџетско трошење како змија нозе? Зошто на Индексот за отворен буџет (Open Budget Index) 2012 Македонија се наоѓа во групата на земји со минимална буџетска транспарентност: пред Ангола, а далеку под Папуа Нова Гвинеа и Гана. Ниту една балканска држава не е оценета послабо. При тоа, оценката за нас паѓа години по ред: од 54 на 35 – историски најлоша позиција.

СДСМ тоа ќе го промени. Преземаме обврска:

Во рок од една година, Македонија да премине во повисоката група на ОБИ листата; Во рок од две години, да ја зголеми оценката од 35 на 65, со што ќе се вброи во листата земји со значајна

транспарентност на буџетот (каде се наоѓаат САД, Словенија, Германија и Хрватска, меѓу останатите).

Тоа ќе го постигнеме со следниве мерки:

Во рок од една година, ќе го унапредиме процесот на носење на буџетот со воведување на т.н. пред-буџетска изјава и објавување на сите придружни елементи на буџетот (програми и слично);

Два пати годишно ќе објавуваме целосен пресек на приходите и расходите на буџетот; Сите буџетски документи ќе бидат во формат кој овозможува споредби и економски анализи;

Во рок од две години, ќе почнеме со објавување на таканаречен Граѓански буџет – документ во кој на едноставен начин ќе прикажеме каде точно е планирано да одат парите од тековниот буџет. Сè што финансира државата ќе биде достапно за јавноста и за него власта ќе носи одговорност;

Ќе се обврземе на објавување на предизборни биланси на буџетот, два месеца пред изборите и пет дена пред нив;

Ќе им овозможиме на граѓаните на Македонија да имаат право да побараат специјална истрага (од страна на државната ревизија) за важни владини програми или програми каде се детектирани неправилности или неефикасност;

Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија ќе може да организира јавни дебати со експерти и стручни организации околу буџетот за следната година.

Со зголемување на буџетската транспарентност неколкукратно ќе профитира Македонија:

Граѓаните ќе имаат одговор на клучните прашања: што, колку, каде. Ќе знаат каде одат нивните пари и кога можат да очекуваат решение на нивните проблеми, или локални потреби;

Јавноста во трошењето ја зголемува одговорноста и отчетноста. Нема да биде возможно исти камени темелници по пет пати да се поставуваат, додека ветените објекти никаде ги нема;

Транспарентноста носи подобар кредитен рејтинг, па следствено и поевтини странски кредити;Неодговорното задолжување на властите не може да продолжи кога сметките се јавни и „чисти“. Последните

студии на ММФ покажуваат дека четвртина од непланираните владини долгови се резултат на немање официјални јавни податоци за владината фискална позиција.

Транспареноста на буџетот ќе им покаже на граѓаните, па и на која било одговорна власт, каде е неефикасен системот и како може тоа да се поправи;

Ќе се подобри планирањето и трошењето на средства од ИПА II бидејќи ЕУ ќе има поодговорен и посигурен партнер. Истото ќе важи и за сите билатерални донатори.

Page 54: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

52

ЧОВЕКОВИ ПРАВА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ исчезнаа демократските вредности во Република Македонија. Завладеа стравот, несигурноста, заканите, уцените, притисоците. Ни го згазија човековото достоинство. Ни ги згазија основните човекови права. Полициската држава на сите ни дише во врат. Власта ги користи сите тоталитарни методи за да ги дисциплинира, заплашува и казнува граѓаните. На провладините медиуми како „хит серии” се прикажуваа спектакуларни апсења на неистомислениците. Република Македонија стана земја на политички затвореници.Нѐ делеа на „предавници” и „патриоти”, „пријатели” и „непријатели”. Се обидуваа да нѐ замолчат, измислуваа „контрапротести” користејќи недолжни, уценети граѓани како жив штит меѓу нив и оние кои протестираа.

НАШИОТ ПРИСТАП

За СДСМ човековите права се нешто свето! СДСМ ќе ги промовира и унапредува човековите права во Република Македонија и ќе создава институционални капацитети за нивна ефикасна заштита и одговорност на сите кои ќе се обидат да ги повредат човековите права. Посебен акцент ќе биде ставен на враќање на довербата во власта како чувар на човековите права и заштита на оние права, кои грубо беа кршени во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Приоритетна цел на СДСМ е да ја врати слободата во Република Македонија! СДСМ ќе гради држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени!

ЌЕ ГИ ЗАЈАКНЕМЕ ГАРАНЦИИТЕ НА ПРАВОТО НА СЛОБОДА

Владата на СДСМ нема да си игра со слободата на граѓаните. Притворот ќе се користи само кога е неопходен како превентивна мерка, а не како казна. Владата на СДСМ нема да го користи притворот за пресметување со своите неистомисленици. Владата на СДСМ ќе иницира уставни измени и ќе побара поддршка за уставно ограничување на траењето на притворот. Ќе ги зајакнеме и законските основи и механизмите за контрола на основаноста на лишувањето од слобода и користењето на мерката притвор.

ЌЕ ВОВЕДЕМЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРЕЗУМПЦИЈАТА НА НЕВИНОСТ

Во досегашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата приведуваше и „осудуваше” без почитување на презумпцијата на невиност. Гледавме спектакуларни снимки од приведување на луѓе, за кои подоцна се утврдуваше дека биле невини. Власта на СДСМ ќе предвиди законска рамка во која ќе бидат содржани европски стандарди за заштита на презумпцијата на невиност, и ќе промовира казнена политика согласно европските стандарди во случај на прекршување на ова право.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ЗЕМЈА БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА

Еднаквоста и заштитата од дискриминација се основни човекови права, кои во Република Македонија не се почитуваат. Тоа може да се согледа и од извештаите на меѓународните организации и на Народниот правобранител на Република Македонија. Воспоставувањето на систем на целосно отстранување на сите форми на дискриминација во Република Македонија ќе биде еден од приоритетите на владата на СДСМ. За таа цел ќе ја реформираме Комисијата за заштита од дискриминација, која ќе прерасне во независно, стручно тело со зголемени надлежности, вистински посветено на заштитата на ова човеково право.

ЌЕ ВОВЕДЕМЕ ГАРАНЦИИ НА ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ

Прислушувањето и нарушувањето на правото на приватност стана масовна појава во Република Македонија. Веќе никој не е сигурен во приватноста на телефонските разговори. Идната влада на СДСМ ќе воведе гаранции на правото на приватност и ќе го измени Законот за следење на комуникациите. Предлог за следење на комуникации нема да може да даде кој било полициски службеник. Ќе го намалиме периодот во кој може да трае ограничувањето на тајноста на комуникациите. Ограничувањето на тајноста на комуникациите ќе биде строго контролирано и ќе се применува само кога е неопходно. Ќе го измениме и Законот за полиција, со цел прецизно да се утврдат методите на оперативната контрола, максималниот период на набљудување на лицата и да се воведат други гаранции, со кои ќе се ограничи произволното однесување на полицијата.

Page 55: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

53

ЌЕ ВОВЕДЕМЕ ГАРАНЦИИ ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО

ВМРО-ДПМНЕ ги замолчи граѓаните на Република Македонија. Тие се плашеа за секој јавно изречен збор, не говореа гласно; молчеа, а оние похрабрите шепотеа. Владата на СДСМ нема да ги замолчува граѓаните, нема да заплашува, казнува и шиканира за изречен збор! За владата на СДСМ гарантирањето и целосното почитување на слободата на изразување е важен приоритет. За остварување на оваа цел ќе создаваме демократски амбиент, во кој сите индивидуи ќе се чувствуваат слободни и за што ќе воведеме дополнителни правни гаранции. Власта на СДСМ ќе го измени Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и ќе ја намали висината на надомест на штета за изречена навреда или клевета во Република Македонија.

ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ УСЛОВИ ЗА ФЕР ИЗБОРИ И СЛОБОДНО ОСТВАРУВАЊЕ НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

После повеќе од 20 години независност на Република Македонија, граѓаните не можат слободно да го остварат своето избирачко право. Владата на ВМРО-ДПМНЕ самоволно ги менуваше изборните правила, без почитување на основните демократски стандарди и вршеше притисоци врз граѓаните во текот на изборниот процес. Владата на СДСМ ќе креира изборно законодавство во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР со што ќе обезбеди законски, но и реални предуслови за фер изборен натпревар и слободно остварување на избирачкото право на граѓаните.

ЌЕ ОВОЗМОЖИМЕ ГРАЃАНИТЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО НОСЕЊЕТО НА ЈАВНИ ОДЛУКИ

Во изминатиов период ВМРО-ДПМНЕ ги користеше сите механизми да ги спречи граѓаните во остварување на своето право на непосреден начин да одлучуваат за определени прашања. На пример, таква злоупотреба беше направена во постапката за собирање потписи за измена на Законот за енергетика. Владата на СДСМ ќе овозможи доследно почитување на правото на граѓаните да ја практикуваат директната демократија. За таа цел ќе биде изменет Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. Измената ќе предвиди прецизни рокови за сите дејствија на државните органи кои имаат надлежност во остварувањето на ова право на граѓаните, како и прецизирање на одредени одредби кои предизвикаа проблеми во праксата и беа злоупотребени од страна на власта за да ги оневозможи или обесхрабри граѓаните во користењето на механизмите за директна демократија.

ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ГАРАНЦИИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЈАВЕН СОБИР

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Владата на СДСМ нема да спречува јавни собири, нема да ги прогонува лицата кои на јавните собири искажуваат поинакво мислење од власта, нема да организира контрапротести, нема со жив штит да се брани од оние кои сакаат да го искажат својот став. Полицијата ќе биде чувар на оние кои го користат правото на јавен собир, а не орган кој селективно се однесува во зависност дали на власта ѝ се допаѓаат пораките од собирот, или не. Ќе воведеме поцврсти законски гаранции за користење на правото на јавен собир, со јасни и прецизни надлежности на полицијата. ЌЕ ЈА ГАРАНТИРАМЕ СЛОБОДАТА НА ВЕРОИСПОВЕД

Владата на СДСМ ќе гарантира целосна слобода на вероисповед и ќе се залага за доследно почитување на дигнитетот на верските заедници во Република Македонија. Владата на СДСМ нема да дозволи политичка злоупотреба на верските чувства на граѓаните и политичка инструментализација на верските заедници.Позитивно ќе го вреднуваме придонесот на верските заедници низ историјата на Македонија и ќе им овозможиме непречено да го вршат духовното, културното, просветното, социјално-заштитното и хуманитарното влијание врз општеството во рамките на целокупниот општествен и правен поредок.

Page 56: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

54

СУДСТВО

СЕГАШНА СОСТОЈБА

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, судовите се претворија во партиски судови во кои правдата е тешко достижна, а голем дел од пресудите се пишуваат на Илинденска бб. Самите судии признаваат дека се изложени на политички притисоци. Граѓаните и фирмите се заглавени во лавиринтите на неефикасно, непрофесионално и партизирано судство.

НАШИОТ ПРИСТАП

Идната влада на СДСМ ќе спроведе правни и институционални реформи за надминување на актуелната катастрофална состојба. Правото нема да биде подредено на политиката, ниту судството на извршната власт. Ќе ја отстраниме невидената партизација и политичките притисоци, со кои се соочува судството денес. Пресудите ќе се пишуваат од страна на судиите и нема да им се диктираат од страна на министрите во владата.

Ќе ја симнеме Македонија од листата на земји со политички затвореници. Ќе ги избавиме граѓаните од судските лавиринти, во кои не можат да ги остварат своите права. Судството мора да стане независно, непристрасно и ефикасно. Судскиот совет на Република Македонија ќе стане чувар на независноста на судството, а не продолжена рака на владата.

Свесни дека зависното и партизирано судство создава несигурни и уплашени граѓани и ги одвраќа инвеститорите, ќе го направиме судството столб на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија. Ќе се бориме за радикално и трајно решавање на состојбите во оваа сфера. Тоа ќе биде нашиот влог за идните генерации!

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО РАБОТАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ

Судскиот совет треба да биде чувар и гарант на независноста на судството, а не продолжена рака на извршната власт. Со цел да ја исклучиме секоја можност за влијание на владата врз судството, ќе покренеме иницијатива за уставни измени за исклучување на министерот за правда од Судскиот совет. Заради поголема професионалност и совесност во работата на овој орган, кој игра значајна улога во областа на судството, ќе обезбедиме законска обврска за поголема транспарентност во неговата работа.

ЌЕ ВОВЕДЕМЕ ЈАСНИ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР, НАПРЕДУВАЊЕ И РАЗРЕШУВАЊЕ НА СУДИИТЕ

Ќе обезбедиме законска основа со јасни и прецизни критериуми и мерила за избор и напредување на судиите врз основа на нивниот квалитет и знаење, професионалност и стручност, а не врз основа на блискоста со одредена политичка партија.Власта на СДСМ ќе обезбеди прецизни законски основи и критериуми и за разрешување на несовесните и нестручните судии.Квалитетот и ефикасноста на судиите ќе се мерат по бројот на решени предмети, бројот на обжалени пресуди, бројот на потврдени пресуди, причините за укинување на пресудите и времетраењето на судските постапки.

ЌЕ ЈА ПОДОБРИМЕ РАБОТАТА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Академијата за судии и јавни обвинители не ги даде очекуваните резултати, поради што нејзината работа ќе биде предмет на реформа. Критериум за упис во Академијата за судии и јавни обвинители ќе биде квалитетот на кандидатите, а не нивната партиска припадност. Исто така, ќе обезбедиме континуирана квалитетна едукација на судиите во областа на европските стандарди за човекови права, чии резултати ќе бидат мерливи.

ЕФИКАСНОСТА НА СУДСТВОТО – НАШ ПРИОРИТЕТ

Наш приоритет, покрај независноста е и ефикасноста на судството. Ќе создаваме технички и материјални услови за ефикасна и квалитетна работа на судовите и ќе ги подобриме правните основи за ефикасно судство. Ќе подготвиме листи на започнати судски постапки кои, спротивно на принципот на судење во разумен рок, сѐ уште не се завршени. Претседателите на судовите ќе бидат должни да ги обезбедат сите неопходни претпоставки за завршување на ваквите предмети. За неажурноста на судот и неефикасноста на судењето, заедно со конкретниот судија, ќе одговара и претседателот на судот кој не ги презел сите неопходни мерки за подобрување на состојбата.

Дали начинот на избор и разрешување на судии е подложен на притисоци? -

одговори на судии, ОSCE, 2009

Page 57: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

55

ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ЕДНООБРАЗНОСТ ВО ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНИТЕ

Различното толкување и примена на законите во судовите создава правна несигурност кај граѓаните и непредвидливост на судските одлуки. Недозволиво е судовите во слични случаи сосема различно да го применуваат и толкуваат законот. Затоа една од целите на идната влада на СДСМ е да обезбедиме правна сигурност и преку еднообразна примена на законите. Наместо правилник, кој го наметнува извршната власт, во судовите ќе формираме одделенија кои ќе ја анализираат еднообразноста во примена на законите и ќе се грижат за усогласување на судската практика.Во насока на единствена примена на законите и единствена судска хиерархија ќе ги измениме Законот за судови и Законот за управните судови.

ЌЕ ГИ НАМАЛИМЕ СУДСКИТЕ ТАКСИ

Често пати граѓаните во Република Македонија се откажуваат од судска заштита на своите права заради високите судски такси. Владата на СДСМ, ќе ги намали судските такси, бидејќи високите судски такси ја прават правдата тешко достапна за граѓаните.Во судските постапки, во кои се тужи државата за прекршување на правата на граѓаните, судските такси ќе се плаќаат единствено по завршување на процесот во случај кога судот ќе утврди дека немало прекршување на правата.

ЌЕ ВОВЕДЕМЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ТРГОВСКИ СУДОВИ

Заради стимулирање на инвестициите во Република Македонија и подобрување на бизнис-амбиентот и гарантирање правна сигурност на инвеститорите, владата на СДСМ ќе побара поширока поддршка во Собранието за воведување на специјализирани трговски судови.

ЌЕ ГО РЕФОРМИРАМЕ ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Владата на СДСМ ќе направи сериозни реформи и во јавното обвинителство. Министерот за правда нема да биде член на Советот на јавни обвинители. Основите за одговорност на јавните обвинители ќе бидат точно прецизирани и утврдени во Законот за јавно обвинителство, за да се спречи несовесно, непрофесионално и партизирано работење и однесување на јавните обвинители. Ќе бидат прецизирани кратки рокови за постапување на јавното обвинителство по поднесените кривични пријави.

Page 58: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

56

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

ВМРО-ДПМНЕ ја претвори јавната администрација во свој партиски слуга, а не во сервис на граѓаните. Кај голем број јавни и државни службеници постои страв, послушност и апатија, а стручноста, знаењето и советите на професионалците во администрацијата немаат никакво значење. Власта создаде гломазна, нестручна и непрофесионална јавна администрација, која е на товар на буџетот на државата, а која наместо сервис на граѓаните, стана уште еден лавиринт во кој граѓаните се губат во потрагата по своите права.

НАШИОТ ПРИСТАП

Нема успешна реформа без добра јавна администрација. Нашиот пристап ќе се базира на квалитетен кадар и добра организација. Ќе ја промениме досегашната пракса според која единствен критериум за утврдување на „стручноста“ на службеникот стана неговата партиска книшка.

Видовме дека бројни законски решенија изработени од таквите „стручни“ кадри создадоа хаос во правниот систем на Република Македонија, а укажувањата на службениците кои добро ја познаваат својата работа останаа неслушнати од креаторите на политиките. Тоа фрли грда сенка врз работата и ефикасноста на јавната администрација. Јавната администрација ќе ја направиме атрактивно место за работа на младите, стручни и професионални кадри од сите струки.

СТИМУЛАТИВЕН СИСТЕМ НА НАГРАДУВАЊЕ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Владата на СДСМ ќе воведе стимулативен систем на наградување на вработените во јавната администрација. Нивната плата ќе биде поврзана со растот на македонската економија. Секоја година во април Државниот завод за статистика го објавува растот на македонската економија во претходната година. Од тој до следниот април, платите на сите вработени во јавната администрација ќе се променат за половина од стапката на реална промена на македонската економија.

На пример, ако минатата година економијата имала реален пораст од 6%, тогаш од април оваа година до април наредната година вработените во јавната администрација ќе земаат плата повисока за 3%. Секој април ќе се врши ново усогласување. Со ваквата мерка јавната администрација ќе биде мотивирана да биде максимално ефикасна во опслужувањето на приватниот сектор. Успехот на македонската економија, односно на приватниот сектор, ќе биде успех и на јавната администрација. Тие ќе станат вистински партнери во работата.Во првите две години, платите на сите избрани и именувани лица во државата нема да смеат да се зголемат. Дури во вториот дел од мандатот, ќе ја предвидиме истата можност тие да бидат поврзани со растот на македонската економија.

ЌЕ ЈА ПРОФЕСИОНАЛИЗИРАМЕ И ДЕПАРТИЗИРАМЕ ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Ова никако не значи дека на службениците ќе им биде забрането активно членување во која било политичка партија. Но, тоа нема да има никакво влијание на работењето во јавната администрација. Политиката нема, и не смее да има, никакво влијание кога службеникот одлучува за правата, обврските и правните интереси на граѓ аните за чие остварување е надлежна јавната администрација. Ќе ги заостриме критериумите за менување на актите за систематизација на работните места во министерствата и другите органи на државна администрација. Највисоките државни службеници (државните и генералните секретари) ќ е бидат професионалци, перманентни државни службеници, наспроти постојната состојба во која тие се пиони на своите министри и нивните политички партии. За таа цел ќе го измениме Законот за влада и Законот за административни службеници и ќе создадеме законска основа овие места да ги пополнат најдобрите, најискусните и најстручните кадри од редот на раководните државни службеници со долгогодишно искуство.

ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА БЕЗ НЕПОТРЕБНИ ТРОШОЦИ

Македонските граѓани, кои сакаат да се вработат во администрацијата, се изложени на трошоци за бројни сертификати кои треба да ги приложат при конкурирањето. Со тоа, вработувањето во администрацијата е недостапно за многу млади кои не можат да ги покријат тие трошоци. Истиот проблем го имаат и веќе вработените. Идната влада на СДСМ значително ќе го намали бројот на потребни документи и сертификати и со тоа ќе овозможи да конкурираат сите способни и квалитетни кадри, без оглед на нивната имотна состојба.

Page 59: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

57

ЌЕ ВОВЕДЕМЕ СИСТЕМСКИ И ПЕРМАНЕНТНИ ОБУКИ НА СИТЕ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Обуката на службеничкиот кадар е од исклучително значење за ефикасноста и професионоста на јавната администрација. Ќе формираме посебен центар за обуки на службеници во кој свое учество ќ е земат видни практичари и теоретичари, инструктори од консалтинг-компании, невладини организации од земјава и од странство. Обуките ќ е бидат континуирани и задолжителни. Нивната посета и верификација на знаењата и вештините здобиени од нив ќе бидат еден од основните критериуми за напредување во службеничката кариера. Обуките ќе бидат вистински предизвик за стекнување со нови знаења, вештини и способности кои ќ е го подигнат општествениот статус, професионалниот углед и достоинство на македонскиот јавен службеник, и ќе ја зајакнат неговата улога во креирањето на јавните политики и сервисирањето на граѓаните.

ЌЕ ЈА ВКЛУЧИМЕ БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ВО КРЕИРАЊЕТО НА НАСТАВНИТЕ ПРОГРАМИ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА СЛУЖБЕНИЦИТЕ

Стручниот испит, задолжителен за влез во државната служба нема повеќе да биде во надлежност на политичките органи - Министерството за информатичко општество и администрација, туку ќе биде конципиран и составен од едукатори во центарот за обука на службениците. Бидејќи развојот на економијата во државата директно зависи од ефикасноста на администрацијата, бизнис-заедницата преку своите претставници непосредно ќе биде вклучена во креирањето на наставните програми, како и едукацијата на службениците што ќе ја врши центарот.

МЕРКИТЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ СЕ НОСАТ ПО КОНСУЛТАЦИИ И АНАЛИЗА

Владата на СДСМ ќе обезбеди граѓаните да бидат консултирани и известени за донесените мерки од страна на администрацијата. Тие мерки ќе бидат резултат на длабинска анализа на состојбите, проучување на компаративните искуства во областа, консултации со граѓаните, експертите и засегнатите страни и оценка на ефектите кои конкретните мерки би ги дале во Република Македонија. Ќе ја напуштиме досегашната пракса на необмислени ад хок решенија, кои често беа менувани и создадоа правна несигурност. Ќе го почитуваме мислењето на граѓаните во оценувањето на постојните политики, како и за квалитетот на работата на администрацијата. Нашето начело е дека администрацијата постои заради граѓаните, таа е нивен сервис, но и движечка сила на реформите.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Сите акти, кои ќе бидат донесени од страна на администрацијата, ќ е бидат јавно достапни, пред сѐ, преку објавување на веб-страниците на споменатите институции. Ова особено ќе се однесува на податоците и информациите за бројот на вработени, како и за видот на звања во секој јавен орган. Ќе ги задолжиме сите јавни органи и организации актите за систематизација на работните места да ги истакнат на видливи места на своите веб-страници.

РЕГИСТАР НА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Владата на СДСМ ќе подготви и објави регистар на јавни претпријатија, во кој ќе биде именувано и дефинирано секое јавно претпријатие. Нивните детални финансиски извештаи ќе бидат објавени на интернет страницата на Министерството за финансии. Истото ќе важи и за сите регулаторни тела, агенции и дирекции.Ќе ги намалиме паушалите на членовите во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија и ќе ги поврземе со износот на минималната и просечната плата во Македонија. За нас е недозволиво, паушалите да бидат неколкукратно повисоки од платата која работниците ја добиваат работејќи по 12 часа, 6 дена во неделата.

ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Почитувајќи ги позитивните искуства од одредени работодавачи, ќе воведеме флексибилно работно време на државната администрација, со почеток од 7.30 до 8.30 часот. Ќе го елиминираме чекањето пред шалтерите за време на паузите со ангажирање на дежурни службеници. Со воведување на дежурни служби кои ќе работат по истекот на работното време на администрацијата, ќе овозможиме граѓаните да ги добијат потребните административни услуги и во попладневните часови, до 20 часот - по истекот на нивното работно време.

ЌЕ ГИ ПОДОБРИМЕ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Поради недостиг на простор голем број службеници во администрацијата работат во пренатрупани, нехигиенски и слабо осветлени канцеларии, со застарена опрема и аморитизиран и оштетен инвентар. Тоа штетно влијае на нивното здравје, и ја намалува нивната работна ефикасност.Идната влада на СДСМ ќе создаде здрави и хигиенски услови за работа на службениците, кои ќе одговараат на нивното човечко достоинство.Дотраената и застарена информатичка техника и технологија ќе биде замената со нови хардверски и софтверски системи. Административните службеници ќе се оспособат да ракуваат со таа техника преку курсеви, семинари и други форми на обука.

Page 60: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

58

ЌЕ ГИ ОЛЕСНИМЕ ПОСТАПКИТЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА И ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕД ОРГАНИТЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Постапките за остварување на правата и интересите на граѓаните пред органите на администрацијата се долготрајни и неефикасни. Со измени на регулативата, ќе обезбедиме постапките да бидат пократки и поефикасни. Дополнително: (1) ќе го намалиме бројот на потребните документи со тоа што ќе ги задолжиме државните органи да прибавуваат докази по службена должност; (2) ќе воведеме единствен информационен систем; (3) ќе го поедноставиме плаќањето на административни такси и други давачки; (4) ќе го зголемиме бројот на шалтерите и на вработени во службите каде има поинтензивна работа со странки.Ќе ја зголемиме примената на информатичка технологија во давањето административни услуги, при што ќе овозможиме широка примена на електронско комуницирање меѓу органите и странките. Тоа ќе значи дека граѓаните ќе можат да побараат и добијат голем број административни услуги по електронски пат.

Page 61: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

59

МЕДИУМИ

СЕГАШНА СОСТОЈБА

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните го изгубија правото да бидат информирани. Новинарите го изгубија правото да информираат. Цензурата и партиската пропаганда на државната радио-телевизија и на сите медиуми контролирани од ВМРО-ДПМНЕ го замени објективното информирање. За осум години, Република Македонија падна од 45-то на 123-тото место на листата за слобода на изразување. Неслучајно, сите релевантни меѓународни извештаи зборуваат за сериозно нарушување на медиумските слободи во нашата држава. Медиумскиот мрак го спроведуваа со затворање на „непослушните” медиуми, со отпуштање на новинарите кои не сакаа да ги погазат професионалните принципи, со вршење притисоци врз сопствениците на продажните места да не ги продаваат критичките и објективни весници, со изрекување огромни казни на новинарите, па дури и со нивно затворање. Од друга страна, провладините медиуми богато ги плаќаа со парите на граѓаните.

НАШИОТ ПРИСТАП

За нас, слободните медиуми се основен столб на демократијата. Ќе креираме медиумски простор кој ќе овозможи непристрасно и објективно информирање на граѓаните. Бидејќи само вистински информирани граѓани може слободно да донесат одлука за иднината на својата држава. Владата на СДСМ ќе ја гарантира слободата на новинарите да истражуваат и да информираат за сите случувања во државата. Ќе гарантираме ефикасна заштита од злоупотреба од страна на сопствениците на медиумите и од притисоци од различни интересни групи. Владата на СДСМ нема да биде главен и одговорен уредник на медиумите во државата!

ЌЕ ПРЕСТАНЕ БЕЗУМНОТО ТРОШЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА МЕДИУМСКИ КАМПАЊИ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот огласувач во земјата, со годишен буџет за рекламирање од над 20 милиони евра. Тоа претставува безумно трошење на народни пари за пропагандни цели. Владата на СДСМ ќе престане со ваквото трошење буџетски средства за медиумска корупција.

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА СОГЛАСНО ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ

Еден од првите чекори што ќе ги направи владата на СДСМ е реформирање на регулативата во медиумската сфера. Печатените и електронските медиуми ќе имаат целосна слобода за информирање на граѓаните и артикулација на нивните потреби. Радиодифузерите ќе добијат еднаков третман во насока на развивање на здрава конкуренција меѓу медиумските куќи. Владата на СДСМ ќе изготви законска регулатива согласно стандардите на Советот на Европа и европските директиви за аудиовизуелни сервиси. Воедно владата на СДСМ ќе остави и простор за саморегулација во медиумската заедница што ќе овозможи слобода на медиумите од политичко влијание.Владата на СДСМ ќе се залага и ќе обезбеди целосна имплементација на законската рамка за медиуми, вклучувајќи ги и законите за работни односи.

ПРОФЕСИОНАЛНО И НЕЗАВИСНО РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО

Надлежното регулаторно тело, во изминатите години претрпе многу промени кои го трансформираа во тело за партиска политика. Од тие причини, ќе се реформира неговата организациска поставеност, кадровска екипираност и надлежности. Тоа ќе биде тело составено од професионалци со долгогодишно искуство во медиумската сфера. Нивниот избор ќе биде врз објективни критериуми, а работата ќе биде јавна и транспарентна.

МРТВ – ПРОФЕСИОНАЛЕН СЕРВИС НА СИТЕ ГРАЃАНИ

Владата на СДСМ ќе донесе Закон за јавниот радиодифузен сервис МРТВ, во кој ќе предвиди фер и објективно политичко информирање: 1/3 од информативниот блок ќе биде посветена за претставување на јавните политики; 1/3 за ставовите на владејачките политички партии и 1/3 за промовирање на ставовите на опозициските политички партии. Ќе го претвориме МРТВ од партиски билтен во професионален сервис на сите граѓани и во силен идентитетски столб на Република Македонија.

НАМАЛУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТ НА НЕМАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од 2012 година воведе огромни суми за надомест на нематеријална штета за клевета и навреда. Новинарите, соочени со крајно партизирано и зависно судство и со опасноста од огромни парични надоместоци, беа исправени пред дилемата личен банкрот и банкрот на медиумот или авто-цензура. Владата на СДСМ ќе ја намали висината на надомест на нематеријална штета за клевета и навреда за новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите.

Page 62: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

60

БЕЗБЕДНОСТ

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Досегашната власт ја претвори полицијата во партиска машинерија која, наместо да им служи на интересите на државата и на граѓаните, им служи на интересите на тесни партиски елити. Ниту МВР, ниту тајната полиција не беа подведени под демократска контрола. Тие станаа средство за принуда, малтретирање, заплашување и уцена на граѓаните. Последниве години, власта „без пардон“ тепаше и спречуваше собири на луѓето кои размислуваа поинаку од неа и сакаа тоа јавно да го искажат. Полицијата беше директен учесник и извршител на противуставните наредби за исфрлање на опозициските пратеници и медиумите од Собранието на Република Македонија, на 24 декември 2012 година.

Власта со разни притисоци врз полициските службеници, ја задуши слободата на изразување на незадоволство на полициските службеници. Наместо грижа за професионализација на полицијата, вработувања и унапредувања врз основа на компетенции и заслуги, полицијата стана институција во која нема место за стручни кадри. Наместо грижа за безбедноста, правата и слободите на граѓаните и нивниот имот, власта ја злоупотреби полицијата во борбата против политичките неистомисленици и опоненти. Граѓаните сѐ повеќе стравуваат од институцијата која треба да ги заштитува и чува. Расте стравот од политички и полициски монтирани случаи, подметнувања и апсења. Одговорните во МВР немаат одговорност за јавно искажаниот збор. Наместо неселективност и професионалност во борбата против организираниот криминал и корупцијата, сведоци сме на ослободителни судски пресуди на спектакуларно апсените во рекламираните случаи на организиран криминал.

Ваквата состојба бара итни и суштински промени. Како идна влада, ќе ги превземеме следните чекори:

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ БИДЕ „СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ“

Безбедноста на граѓаните е услов за слобода, развој и напредок на општеството. Полицијата ќе ги заштити невините од измами, слабите од заплашување и притисок, а мирољубивите од насилство и безредија. Нема да има компромис за злоделата и криминалот. Полицијата ќе ги заштитува граѓаните, ќе им служи и нема да биде ничија партиска војска.

ЌЕ ЈА ДЕПАРТИЗИРАМЕ И ПРОФЕСИОНАЛИЗИРАМЕ ПОЛИЦИЈАТА

Ќе обезбедиме департизација и професионализација на полицијата и безбедносните служби. Полицијата постојано ќе се професионализира и образува.Компетентноста, стручноста и професионалноста на вработените во МВР се предуслов за ефикасност, законитост и успех во работењето. Без тоа нема неселективно и политички неутрално постапување.

ЌЕ ГИ ВРАТИМЕ ВРЕДНОСТИТЕ ВО ПОЛИЦИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Полицијата ќе ги гони и апси крадците, насилниците, убијците, а законите ќе важат и за луѓето од власта. Никој нема да биде толериран за своето криминално или коруптивно однесување, заради блискоста со полицијата или власта. Штетните политики на власта не смеат да бидат легитимирани со полициска заштита и послушност на полициските службеници. Тие се првиот браник на демократијата и владеењето на правото.

ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО И ПРАВАТА НА ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Полицијата постојано ќе се реформира и демократизира. Ќе се создаваат услови за почитување и соработка помеѓу полициските службеници. Полицијата ќе води грижа за своите вработени, за нивните права, нивната мотивација, за стручното оспособување и континуирано образование. Грижата за полицискиот службеник е предуслов за неговата мотивација, ефикасност и успех во работењето.

ПОЛИЦИСКИ ОМБУДСМАН И СОБРАНИСКА КОНТРОЛА

Надворешната контрола на полицијата е суштинска за нејзината реформа. Ќе ја гарантираме и зајакнеме парламентарната контрола над работата на полицијата и безбедносните служби. Во рамки на институцијата Народен правобранител ќе формираме посебна организациона единица - полициски омбудсман, со надлежност да спроведува независна истрага за евентуални пречекорувања на полициските овластувања и кршење на човековите слободи и права.

ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ И ГАРАНТИРАМЕ ВНАТРЕШНАТА КОНТРОЛА ВРЗ РАБОТАТА НА ПОЛИЦИЈАТА

За да ја зајакнеме независноста на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, ќе ги подобриме капацитетите за независна истрага и ќе го промениме начинот на избор и именување на помошникот на министерот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Темелни, независни и професионални истраги во случај кога полицијата, или нејзин вработен, прекрши човеково право ќе ја вратат довербата во полицијата.

Page 63: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

61

ЌЕ ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ СТРОГИ АНТИКОРУПЦИСКИ МЕРКИ ВО ПОЛИЦИЈАТА

Борбата со корупцијата ќе биде наш приоритет - преку јасно изразена политичка волја и обезбедување на услови за независност на инстититуциите. Полицијата ќе покаже решителност во борбата против криминалот и корупцијата во сопствените редови. Само така, полицијата може да обезбеди и гарантира општество без криминал и корупција. Ќе ги унапредуваме условите за градење на професионалниот интегритет на вработените во полицијата.

ЌЕ НАПРАВИМЕ ФУНКЦИОНАЛНА РЕОРГАНИЗАЦИЈА И КВАЛИТЕТНА РЕФОРМА НА УБК

УБК ќе ја ослободиме од полициската компонента на нејзиното функционирање и ќе ја вратиме на нејзината изворна функција - контраразузнавањето: собирање, анализирање и оценување податоци и информации за дејствување на поединци, групи, организации и странски служби против интересите на Република Македонија. Таа првенствено ќе биде насочена кон превенирање и откривање на подривачите на правниот и уставниот поредок. Ќе биде ориентирана кон заштита на државните, а не партиските интереси.

ЌЕ ГИ ЗАЈАКНЕМЕ КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ

Ќе го формираме и операционализираме Националниот координативен центар за борба против организираниот криминал. Ќе ги зајакнеме институционалните и кадровските капацитети на Одделот за организиран криминал при МВР и институциите со кои соработува. Правилно ќе ги балансираме човечките ресурси меѓу различни органи за спроведување на законот во делот на организираниот криминал. Ќе се залагаме за целосна имплементација на законодавството за обештетување на жртвите од организираниот криминал.

ЌЕ ГИ ЗАЈАКНЕМЕ ПАРЛАМЕНТАРНАТА КОНТРОЛА НА ПОСЕБНИТЕ ИСТРАЖНИ МЕРКИ

Ќе ја зајакнеме парламентарната контрола над законитоста на користењето на посебните истражни мерки и ќе ја зголемиме одговорноста за злоупотребите и пречекорувањата. Прислушувањето ќе биде исклучок, а не правило во постапката за собирање докази. Ќе покренеме иницијатива за преоценување на законитоста на доказите прибавени со примена на посебни истражни мерки во случаи, за кои постои сомневање за политичка мотивираност.

ЌЕ СОЗДАДЕМЕ И ЌЕ ГИ УНАПРЕДУВАМЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДОСЛЕДНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

Ќе создадеме услови за целосна имплементација на Законот за кривичната постапка во делот на ресурсите, организацијата, опремата и обуката на агентите и обвинителите. Ќе формираме истражни центри и судска полиција како обврска од ЗКП. Целосната и соодветната примена на ЗКП е гаранција за професионална и независна истрага, во која би се отстраниле сомневањата за пристрасност на полицијата во политички монтирани случаи.

ЌЕ ГИ ЗАЈАКНЕМЕ КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА И ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ

Ќе ги зајакнеме капацитетите на институциите за спречување на нелегалната миграција и трговијата со луѓе, и ќе обезбедиме одржливост и функционалност на Центарот за заштита на жртвите од трговијата со луѓе. Ќе развиеме мултидисциплинарен пристап ориентиран кон жртвите на трговијата со луѓе и нивна идентификација.

ЌЕ ПОТТИКНЕМЕ ПРОАКТИВЕН ОДНОС ВО ИСТРАГИТЕ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ

Ќе го поттикнеме проактивниот однос во делот на истрагите за перење на пари и финансискиот криминал. Кадровски ќе ги екипираме институциите надлежни за справување со економско-финансискиот криминал и ќе го поттикнеме системското користење на финансиските истраги.

ЌЕ ГО ПОДИГНЕМЕ КВАЛИТЕТОТ И ДОСТАПНОСТА НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ УСЛУГИ ВО МВР

Ќе ги поедноставиме процедурите за аплицирање и ќе го скратиме времето за одлучување за барањата за лични документи за нашите граѓани, странците и барателите на азил. Ќе го преполовиме времето потребно за вадење на личните документи и ќе ги елиминираме долгите и хаотични редици. Ќе обезбедиме електронско издавање на извод од матична книга на родени и од матичната книга на венчани. Вадењето на личните документи на граѓаните ќе стане обврска која ќе се извршува лесно и брзо, а не со протекционизам и корупција. Ќе создадеме функционална база на податоци за странци (азил, виза, миграција).

ЌЕ ВОСПОСТАВИМЕ ОРГАНИЗИРАН СИСТЕМ ЗА НАДЗОР И КОНТРОЛА НА РАБОТАТА НА ПРИВАТНИТЕ АГЕНЦИИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Ќе формираме самостојно тело, во рамките на МВР, што ќе работи на развој, стандардизирање и контрола во примената на овластувањата дадени на друштвата за обезбедување. Тоа тело ќе врши засилен надзор врз работењето на приватните агенции заобезбедување и контрола на работата на Комората за обезбедување.

Page 64: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

62

ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Република Македонија беше иницијатор и лидер на Јадранската група, а денес е единствената држава од таа група која сѐ уште не е членка на НАТО. Застојот во нашето евроатлантско интегрирање има свои политички и одбранбени последици. Буџетот на Република Македонија, веќе неколку години, не ја отсликува нашата стратешка цел за членство во НАТО. Македонската одбрана, веќе неколку години, е далеку под процентот кој е усвоен и деклариран во Стратешкиот одбранбен преглед (од 2,3% до 2,6% од БДП) и изнесува само 1,17% од БДП.Системот за повеќегодишно планирање, програмирање и извршување на буџетот во одбраната, кој определува прецизни буџетски категории не се почитува. Средствата за опремување и модернизација на Армијата во континуитет се намалуваат, што е недозволиво за земја-аспирант за членство во НАТО.Намалените средства во буџетот значат и послаба обука и опременост на припадниците на АРМ, посебно единиците кои партиципираат во мировните и хуманитарните мисии.Најголем застој е забележан во сферата на управувањето со персоналот, а последиците од ваквата состојба ќе ја следат одбраната долгорочно.

НАШИОТ ПРИСТАП

Одговорна, безбедносна и одбранбена политика ги штити нашите темелни вредности и интересите на Република Македонија. Нашето членство во НАТО е историска шанса за затворање на сите прашања за безбедноста и одбраната на Македонија. Нашиот пристап подразбира сериозни реформи во безбедносниот систем, во согласност со новиот Стратешки концепт за развој на НАТО 2010-2020. Придонесот и учеството на Република Македонија во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН и понатаму останува висок приоритет. Продолжуваме да бидеме посветени на потребата од зачувување и унапредување на мирот и стабилноста во светот.Ефикасно ќе го афирмираме досегашното учество на воените потенцијали на Република Македонија во операциите на НАТО за спречување и надминување на конфликти во светот. Тоа ја вброи државата во факторите на стабилност во Југоисточна Европа.Човечкиот фактор е основа за успешно функционирање на безбедносниот систем. Ќе водиме политика на стабилна социоекономска сигурност на припадниците на безбедносните сили, соодветна техничко-технолошката опременост и менаџирање базирано на принципите и стандардите во земјите-членки на НАТО.

Во идните буџети, владата предводена од СДСМ драстично ќе го промени односот кон финансирањето на безбедноста и одбраната. Ќе се фокусираме на развој на распоредливи и одржливи способности и интероперативност кои се очекуваат од идна земја-членка на НАТО.

Целите ќе ги реализираме на следниот начин:

ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ФИНАНСИРАЊЕ НА ОДБРАНАТА СОГЛАСНО НАТО СТАНДАРДИТЕ

Сукцесивно ќе ги зголемуваме буџетските средства за одбраната до висина од 2.3% до 2.6% од БДП. Ќе воспоставиме ефикасна реализација на буџетските средства преку целосна примена и имплементација на системот за повеќегодишно планирање, програмирање и извршување на буџетот. Во рамките на оваа методологија, нашата тенденција за поделба на буџетските категории ќе биде: 40% за персонал, 30% за операции, обука и одржување и 30% за опремување и модернизација на АРМ. Ќе обезбедиме финансиска структура и средства потребни за покривање на трошоците на нашите мисии во странство, и ќе обезбедиме ефикасна реализација на финансиски средства за опремување и модернизација на АРМ согласно Долгорочниот план за развој на армијата. Ќе обезбедиме ефикасна и законска реализација на планот за јавна набавка за обезбедување на сите потребни материјално-технички ресурси и средства за нормално и тековно функционирање на АРМ. Ќе го намалиме бројот на набавки, кои се вршат согласно специјалните законски процедури, и истиот модел ќе го ограничиме само на безбедносно чувствителните ситуации.

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО РЕФОРМИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И АРМ

Ќе го промовираме новиот концепт на одбраната, т.н. „staff structure“, со реорганизација и здружување на структурите и функциите на Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана. Во континуитет ќе обезбедиме донесување и измена на стратешките документи за реформите во одбранбениот сектор согласно НАТО стандардите и новите предизвици и потреби. Ќе направиме ревизија на Долгорочниот план за опремување и модернизација на АРМ 2012-2020. Ќе ја реализираме подготовката на средниот пешадиски баталјон и баталјонската борбена група за потребите на нашите воени мисии согласно динамичките планови и ќе понудиме подобрена и поефикасна Стратегија за развој на глобалниот комуникациско-информацискиот систем на МО и АРМ.

ОДБРАНА

Page 65: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

63

ЌЕ ДАДЕМЕ ТРАЕН ВЛОГ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ МИР И БЕЗБЕДНОСТА

Ќе вложиме максимум во обезбедување на професионална подготовка и обука на припадниците на АРМ – учесници во меѓународните воени мисии. Посебен акцент ќе ставиме на социјалниот, здравствениот и безбедносниот аспект. Ќе понудиме нов концепт за решавање на прашањето за осигурување на припадниците на АРМ, учесници во меѓународните воени мисии, од безбедносните ризици.По примерот на армиите на земјите-членки на НАТО, ќе обезбедиме дополнителни социјални бенефити на воените лица и професионалните војници кои заминуваат во мисии.Имаме решение за ресоцијализација и реафирмација на овие припадници на АРМ и нивните семејства по завршувањето на ротациите во мисиите преку етаблирање на „центри за семејна поддршка“. ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРСОНАЛОТ ВО МО И АРМ

Ќе воведеме ефикасен систем за менаџирање со човечки ресурси во Министерството за одбрана и АРМ кој ќе ги отстрани видливите последици на погрешните кадровски решенија, демотивацијата на персоналот и одливот на професионални и обучени кадри од Министерството и Армијата. Решавањето на статусните прашањата на професионалните војници, во текот на службата и по нивното напуштање на Армијата преку подигање на старосната граница за унапредување во подофицерски чинови на 38 години, ќе овозможи поширок временски дијапазон за напредување во кариерата на професионалните војници.Проектот „Лепеза“ ќе го насочиме во правец на обуки и преквалификации за одредени категории, односно специјалности кај професионалните војници, особено од сферата на логистиката - готвачи, возачи, бравари и сл., што ќе овозможи да останат во Армијата до исполнување на условите за пензионирање.Во рамките на Народното правобранителство ќе воведеме институт Воен правобранител – омбудсман, со примена на германскиот модел, заради избегнување на опасноста од судир на интереси, или какви било влијанија врз истиот од страна на армиската структура. Тоа ќе гарантира поголема независност и поголема ефикасност во заштитата на правата на воениот персонал.

ЌЕ ИМАМЕ РЕАЛНА ПОНУДА ЗА СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ НА ПЕРСОНАЛОТ ВО АРМ И МО

Ќе воспоставиме применлив и одржлив концепт за решавање на станбеното прашање на персоналот во АРМ, со кој ќе се дефинира и воспостави станбената политика во АРМ. Ќе понудиме реално одржливо решение, кое се базира на изградба на станбени објекти за потребите на АРМ, во услови на постоечка инфраструктура и соодветно земјиште за изградба на станбени единици во владение на МО и АРМ. Овој проект ќе овозможи системско и долгорочно решавање на станбениот проблем на вработените во АРМ. Можните опции се: изградба, уредување и опремување на станбени комплекси во рамките на касарните, односно таканаречен „американски стил“ и изградба, уредување и опремување на станбени комплекси во урбани средини со таканаречени „службени станови“.

ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ И ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ ЗА ДРЖАВАТА

Членството во НАТО има и директно влијание врз економско-социјалниот развој на македонското општество. Со членството во НАТО, Република Македонија излегува од актуелната сфера на несигурна зона за бизнис- активности на потенцијалните инвеститори.Дополнително, тоа е и шанса за долгорочно искористување на постојните и отворање на нови економски капацитети во процесот на производство за потребите на одбраната и за извоз. Со тоа ќе се создадат нови работни места и поле за копродуктивни проекти со другите членки на НАТО.

Page 66: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток
Page 67: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

ТРЕТ СТОЛБ:

ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА!

Page 68: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

66

МЛАДИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА, МЛАДИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Младите во Република Македонија најсилно ги почувствуваа погубните политики на актуелната власт. Според Светска банка, невработеноста кај младите во нашата држава изнесува над 50%, што нè прави неславни рекордери во нашиот регион и во Европа. Загрижувачки е и фактот дека голем процент од невработените млади луѓе во државата се невработени повеќе од една година, што дополнително ги намалува шансите за нивно вработување. Како резултат на сето ова, во изминатите неколку години преку 230.000 првенствено млади луѓе ја напуштиле државата, а дури 75% од младите се изјаснуваат дека ја гледаат својата иднина во некоја друга држава.Образованието не ги подготвува македонските млади луѓе да бидат активни граѓани, ниту им нуди знаења и вештини со кои полесно и побрзо ќе дојдат до добри работни места. Потценувачкиот однос кон учениците и студентите е видлив на сликите кои го обиколија светот, а ги покажуваат мизерните услови по студентските домови.

НАШИОТ ПРИСТАП

Овие бројки кај нас ја вклучуват црвената тревога! Младите се витален дел и движечка сила во општеството. Младите сакаат европска иднина, а не лажно минато. Токму затоа, сметаме дека младинската политика треба да биде јадрото на политиките за образование, здравство, вработување, култура, спорт итн. Во нашата програма, главниот акцент е ставен токму на мерките со кои ќе се подобри студентскиот живот и стандард, а младите ќе дојдат полесно до вработување. Наша приоритетна цел е младите да ја гледаат и градат својата иднина во својата татковина.Мерките наменети за младите ќе ги задржат младите во државата, ќе им обезбедат подобри услови за живеење и студирање, и ќе им обезбедат полесен пристап до нови работни места. Мерките се реални и остварливи, а дел од нив се и веќе редовна практика во европските и светски развиени земји.

МЛАДИ И ВРАБОТУВАЊЕПроект „Гаранција за млади“Станува збор за комплексен проект кој веќе се воведува во земјите-членки на Европската унија. Со него ќе овозможиме секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса или тренинг за подготовка за вработување, во период од четири месеци по завршување на школувањето или станување на невработен. Иако оваа програма ќе создаде значителни буџетски трошоци, сметаме дека нив државата многукратно ќе ги надмине преку избегнување на долгорочните трошоци од невработеноста, неактивноста и изгубената продуктивност. „Гаранцијата за млади“ ќе им обезбеди на младите луѓе реални можности за да го избегнат долгото и болно отсуство од пазарот на труд и да го зачуваат и подобрат нивниот човечки капитал и потенцијал за плата.Проектот „Гаранција за млади“ не е само декларативна заложба. Оваа практика започна да се применува во државите-членки на ЕУ, како резултат на силната кампања на Партијата на европските социјалисти. Оваа мерка е детално разработена во поглавјето Политика на вработување.

Вработување Фокус: млади Идната влада на СДСМ ќе ги спроведе следниве мерки:

Ќе ги ослободиме од плаќање на социјални придонеси сите работодавачи, кои ќе обезбедат прво, вработување на млади лица до 29-годишна возраст во период од 1 година (под услов да ги задржат најмалку 2 години);

Ќе го субвенционираме вработувањето на невработени млади лица на возраст до 29 години, со месечна финансиска поддршка за период од 6 месеци (со обврска работодавачот да ги задржи најмалку уште 18 месеци);

Ќе финансираме обука за млади лица и невработени за постојни и нови компании. Обуката ќе се реализира според специфичните квалификации и вештини посочени од страна на работодавачот;

Со Програма за практикантство, ќе обезбедиме стажирање на млади до 29-годишна возраст. Во рок од три месеци буџетот ќе обезбедува месечен надоместок со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Работодавачите ќе имаат обврска најмалку 20% од стажантите да ги вработат на период од најмалку 12 месеци;

Ќе спроведеме програма „Летна пракса”, која ќе обезбеди поддршка за работодавачи за пракса на студенти во текот на летните месеци. Програмата ќе се изведува во координација со универзитетите;

Ќе обезбедиме финансиска поддршка за проекти кои ќе обезбедат вработувања на млади во помалите градски или селски средини, каде е многу потешко да се најде работа (види и поглавје Политика на прераспределба);

Ќе ги поддржиме со финансиски средства проектите кои ја зголемуваат свесноста на младите за недостаток од одредени занимања и квалификации и за нивната важност;

Во рамки на средното образование ќе воведеме задолжителен предмет за стручно образование, кој би се изучувал во завршната година. Целта е стручно оспособување и стекнување со вештини и квалификации од страна на младата популација, како и развивање на чувството и свесноста за работна етика. Ќе се понуди широк избор на занимања за кои стопанството ќе покаже интерес, преку поблиска соработка со стопанските комори, еснафските здруженија и директен контакт на образованието со компаниите. Наставата ќе ја изведува компетентен и обучен кадар, со што младите би поседувале и практични вештини и искуства, кои што, евентуално, би им овозможиле активно учество на пазарот на трудот за време на студирањето, или, пак, како професионална определба и извор на егзистенција во текот на животот. Стручното образование особено ќе биде од корист за младите коишто нема да бидат во можност, или нема да имаат желба да продолжат со високо образование;

Ќе го субвенционираме јавниот транспорт за сите невработени млади лица до 29 години, заради нивна поголема мобилност за активно барање работа.

Page 69: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

67

ОБРАЗОВАНИЕТО Е ШАНСА – ТРЕБА ДА ЈА ДОБИЈАТ СИТЕ

Идната влада на СДСМ ќе го промени фокусот на образовниот процес: целта ни е да едуцираме нова, модерна генерација која ќе биде подготвена за предизвиците на глобалната економија, новите технологии и силната конкуренција. Тие предизвици ќе бидат недостижни за пасивните ученици и неангажирани млади, кои ги создава актуелниот образовен модел. Промените кои ги предвидуваме во образованието подетално се образложени во следното поглавје. Овде се осврнуваме само на оние кои имаат директно влијание на младите во Република Македонија.

Децата во центарот на образованието Многу од досегашните образовни реформи придонесоа учениците да не бидат во центарот на образованието. Поважни станаа проектите, електронските обврски, кадровските решенија, комерцијалните активности и многу надворешни приоритети, а учениците се ставени во втор план. Тоа ќе го промениме, а ученикот ќе биде центарот на образованието. Покрај основните предмети во училиштата ќе воведеме слободни активности за поголема креативност. Ќе ги ослободиме наставниците од административните обврски, но ќе бараме од нив да работат со младите на развивање на нивните таленти. Младите треба да ги воспитуваме да не чекаат некој да им ги реши проблемите, туку самите да размислуваат што сакаат од животот и кои вештини им се потребни за да ги реализираат своите желби. Целта треба да ни се среќни и исполнети граѓани, а не несреќни и немотивирани експерти. Исто така, ќе развиваме концепти на креативно учење низ игри и практични проекти.

Укинување на екстерното тестирање Ќе го укинеме екстерното тестирање, како проект што побуди голем револт кај младите. Евалуацијата ќе продолжи, но без внесување на оценки во нивните свидетелства.Сите училишта, кои според резултатите ќе бидат во најдобрите 10%, ќе добијат право на своите свидетелства да отпечатат ѕвездичка, како училишта со натпросечни резултати. Секој ученик од тие училишта ќе добие екстра бодови за упис во следната фаза на образованието.

Подготовка на учениците за следна фаза на образование Ќе воведеме нов начин на подготовка на младите за запишување во средното и во високото образование. Имено, во второто полугодие во последната година од основното и од средното образование, учениците нема да имаат само класична настава, туку ќе им се помогне во насока на нивна професионална ориентација (со квизови и дополнителни форми за детектирање на нивниот интерес).Наместо родителите да трошат пари за дополнителни часови, а учениците да бидат растргнати меѓу настава и подготовки за тестови – училиштето ќе им помогне да влезат во процесот подготвени и сигурни.

Реформирање на средните стручни училиштаИдната влада на СДСМ ќе овозможи преструктурирање на средното стручно образование, во соработка со приватниот сектор. На тој начин компаниите може да учествуваат и програмски, и финансиски, во овој степен и вид на образование. Ова ќе биде привлечно за компаниите и заради мерката изложена во економскиот дел, според која тие ќе можат дел од данокот на добивка да го вложат и во образованието. Овие училишта, за неколку години, ќе станат поатрактивни за младите. Особено ако се отворат можностите за директни вработувања.

Професионални и куси циклуси на студии Најголем број од студентите се запишуваат на академските студии, кои потоа завршуваат со магистрирање. Многу од нив немаат насочен интерес кон научно-истражувачка работа, но не гледајќи можност за вработување, го продолжуваат времето за студирање. Пазарот на труд и бизнис-секторот имаат потреба од високо квалификувани стручни луѓе, кои можат веднаш да одговорат со потребни знаења и компетенции на работните места. Следејќи ја класификацијата на ISCED, ние: (1) ќе го стимулираме уписот на професионални 3-годишни и 4-годишни студии со намалување на партиципацијата за студирање на ваквиот тип на студии; (2) ќе го стимулираме бизнис-секторот да обезбедува стипендии за најдобрите студенти на ваквиот тип на студии; (3) ќе обезбедиме редовна пракса во траење од 3 месеци, во секоја академска година за студентите; (4) истовремено, ќе направиме ревизија на досега акредитираните студии од овој тип; (5) ќе ги следиме потребите на пазарот и ќе стимулираме отворање на нови, за пазарот потребни студиски стручни програми. Со ова ќе го намалиме притисокот на академските студии, кои имаат смисла најмногу за оние кои планираат да се занимаваат со научно-истражувачка дејност.

Дигитализација на училишната продукцијаНајголем дел од учебниците и другите помагала ќе бидат достапни во електронска верзија. Ова ќе биде и голема заштеда во областа на образованието и голем капитал за сите идни генерации. За оваа мерка имаме проектирано две задачи: (1) стимулирање на домашните автори за аудио/видео производство; (2) продукција на образовни и научно-популарни емисии како училишни материјали со содржини и теми од наставната програма. Националните телевизии ќе треба да одвојуваат термини за емитување на овие програми, кои ќе бидат усогласени со наставните предмети. Со ова ќе се создадат исти можности за квалитетно образование во сите делови од државата.

Page 70: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

68

Систем на неформално образование Освен по формален, младите стекнуваат знаења и вештини и по неформален пат. Во тој процес на стекнување на знаења и вештини се вложуваат значителни средства, енергија и време, кои општествено не се вреднуваат и кои не овозможуваат задоволување на формалните услови за вработување. Реалноста налага измени во образовната легислатива и воспоставување на систем за сертификација и акредитација на знаењето и вештините стекнати надвор од формалното образование. Ваквата политика ќе ги поттикне вработувањето и инклузијата. Признавањето на неформалното учење бара воведување на нов систем за осигурување квалитет, градење нови форми на оценување базирано на компетенции и флексибилна и модуларна обука. Со оглед на комплексноста на оваа проблематика, во прво време би се ставил фокус врз препознавање и признавање на пониски нивоа на вештини стекнати по пат на неформално учење. За таа цел ќе воспоставиме систем за валидација на неформалното учење.

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ

Подобрување на стипендирањето и студентскиот стандардИдната влада на СДСМ ќе воведе нова политика за стипендирање на студентите преку: (1) државни стипендии и (2) фискални олеснувања за фирмите кои ќе одвојуваат процент од добивката за стипендирање. Ќе направиме праведна распределба на државните стипендии и за таа намена ќе алоцираме повеќе средства. Стипендиите ќе се доделуваат по две основи: успехот и социоекономски показатели (лица со инвалидитет, деца од сиромашни семејства, маргинализирани групи, деца на бранители). Висината на стипендиите ќе зависи и од тоа во која од трите категории влегува студентот: редовни студенти кои живеат и студираат во својот град, редовни студенти кои живеат во студентски домови и редовни студенти потстанари. Ќе воведеме државна квота за бесплатно студирање за најдобрите матуранти. Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности: бесплатен јавен градски превоз и попусти за исхрана, концерти, театар, спортски настани. Студентските организации ќе водат „база за студентски вработувања“ и „база на домувања“, каде активно ќе се вклучат во поддршка на студентите и нивните потреби.Студентските организации ќе бидат вмрежени и опремени со модерна технологија. Владата ќе стимулира создавање на студентски портал. Ќе овозможиме законски услови за вработување на студентите на определено време, за максимум 20 работни часа неделно за студенти со статус на редовен и вонреден студент, и со намалени трошоци за социјално осигурување и ослободување од персонален данок на доход за приходи до определен износ.

Студентски град и нови студентски домовиЌе ги модернизираме постојните студентски домови и ќе градиме сукцесивно и домови во градовите каде се матичните седишта на државните универзитети. Во Скопје ќе изградиме студентски град, како што доликува на голем универзитетски центар. Со ова, вкупниот број на студентски легла ќе се зголеми и нема да има простор за дискриминаторска селекција.

Бесплатен јавен и попусти за меѓуградски превозВо текот на целата академска година, студентите ќе можат бесплатно да го користат постојниот градски јавен превоз. Дополнително, студентите кои студираат во други градови во државата, ќе добијат картички за попуст при користење на меѓуградскиот превоз. Ова ќе биде значително олеснување за студентите и нивните родители, и е по теркот на повеќе развиени европски земји.

Активни и посветени студентски организацииЌе донесеме закон за студентско организирање, кој ќе овозможи плурализам на студентското организирање и независни студентски организации кои ќе ги застапуваат младинските интереси, а нема да бидат партиски приврзоци. Во нив студентите ќе имаат партнер и ќе добијат можност организирано и системски да се борат за своите права.

Размена на студенти од соседствотоВо соработка со Студентскиот парламент, ќе промовираме регионален проект за размена на студенти. Одереден број на студенти од Македонија ќе можат да поминат еден семестар на универзитетите од соседството. На тој начин младите од Македонија ќе имаат можност да запознаат нови места, народи и култури, но ќе можат да ја промовираат и прошират македонската култура.

Национална младинска лабораторијаЌе формираме национална младинска лабораторија која ќе функционира како организација на млади истражувачи од сите области. Ќе инвестираме во истражување и развој, и ќе обезбедиме просторни услови и опрема. Членови ќе можат да бидат сите млади со просечен успех над 8,5 кои имаат интерес за истражување. Најдобрите трудови и истражувања ќе можат да се пласираат и на меѓународни натпревари и научни конгреси.

СРЕДНОШКОЛЦИ

Вонучилишни активности Средношколците немаат можност на практичен начин да ги развијат своите стекнати вештини и знаења. За пресретнување на тој недостаток, ќе одредиме определен фонд на часови во годината кои ќе се одржуваат вон

Page 71: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

69

училиштето. На пример, ученици од правната насока ќе имаат можност за посети на судови, казнено-поправни установи и слично, со цел на најпластичен начин да видат како функционира тоа што го учат во учебниците и скриптите. Воннаставните активности ќе бидат посетувани од сите ученици.

Следење на способностите и вештините на средношколцитеСекој ученик е талентиран за определена работа или дејност. Затоа, ќе воведеме училишни комисии со задача да го следат образовниот процес на учениците. Комисиите ќе бидат составени од професори од самото училиште и педагог/психолог. Тука е возможна соработка и со НВО секторот. Комисиите, во текот на годината, ќе вршат континуиран мониторинг врз учениците, обуки и насочување. Нивното формирање ќе биде задолжително и ќе ги опфаќа сите заинтересирани ученици.

Посебен превоз за средношколците од околината на СкопјеОваа мерка ќе се однесува само за учениците во попладневната смена кои живеат во околината на Скопје. За нив ќе организираме посебен превоз по завршувањето на наставата до нивите домови. Така, ќе се воспостави организирана и безбедна можност тие ученици да ја посетуваат наставата, и да можат навремено и безбедно да пристигнат во своите домови во вечерните часови.

Средношколска олимпијадаСекоја година ќе организираме средношколска олимпијада, по теркот на Младинските студентски игри. Во пролетниот период од училишната година, во различен град ќе се организира петдневна олимпијада, на која најталентираните средношколци ќе се натпреваруваат во олимписки дисциплини. Пред олимпијадата, талентираните средношколци ќе бидат обучувани од нивните наставници по физичко образование. Така, ќе изградиме успешни млади таленти, ќе го развиваме спортскиот дух кај младите и ќе обезбедиме дружење меѓу средношколци од целата држава. Најуспешните ќе бидат наградени со спортска опрема и со стипендии за факултетите за физичко образование.

Тематски средношколски натпревари Ќе организираме државни натпревари според програма во десетина различни категории, во соработка со медиумите. Оваа мерка ќе овозможи образовен натпревар, како и поголемо запознавање и дружење на средношколците.Со овој проект ќе се создаде и поголемо приближување на заедниците и учење за другиот преку игра и забава. Единствен услов за сето ова е учениците да стекнуваат знаења и вештини во еден нормален наставен процес и без дополнителни стресови. За оние ученици кои можат и сакаат повеќе ќе бидат организирани летни кампови и други активности.

СПОРТ, РЕКРЕАЦИЈА И КУЛТУРА

Младински спортски школиИдната влада на СДСМ ќе стимулира инвестирање на македонските фирми во младински спортски школи, преку даночно ослободување (види поглавје Политика на прераспределба). Сите млади кои поседуваат талент ќе можат да добијат услови за тренирање и напредување.

Зимски распуст во две делаЗимскиот распуст ќе го поделиме во два дела. Со тоа ќе постигнеме три цели: (1) повеќе деца и млади ќе можат да го искористат зимскиот распуст и да учествуваат во зимски спортски активности; (2) зимската туристичка сезона ќе се продолжи, односно ќе се зголеми искористеноста на туристичките капацитети и (3) ќе се избегнат шпицовите во зимската туристичка сезона.

Скејт-паркови и велосипедски патекиЌе ги стимулираме локалните власти да градат велосипедски патеки и скејт-паркови каде младите ќе може да се дружат и да спортуваат. Дополнително, скејт парковите се место и за културни, музички и уметнички настани. Велосипедските патеки, пак, ќе создаваат здрави навики кај младите и позитивно ќе влијаат и на животната средина.

Младинско аматерско културно движењеАматеризмот овозможува вклучување на многу млади во културните случувања. Новата влада на СДСМ ќе обезбеди помош и поддршка за младинските групи кои се занимаваат со аматерско културно движење. На овој начин, младите кои имаат идеја, а немаат финансии, со помош на државата ќе можат да ги реализираат своите планови и да градат успешна кариера во културата за потоа да бидат културни амбасадори на Македонија низ светот.

Page 72: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

70

ОБРАЗОВАНИЕ

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Актуелните образовни политики во нашата држава се носеа без јасни стратешки цели, без соодветна анализа за нивните ефекти и без заокружена финансиска поддршка. Во секторот се сменија повеќе министри, но ниту еден не доврши некој од големите проекти; ниту еден министер не се грижеше за интеграцијата во образованието ниту, пак, го подобри квалитетот на образованието. Образованието сега е целосно партизирано и служи исклучиво за партиски вработувања. Владата на ВМРО-ДПМНЕ грубо ја нарушува автономијата на универзитетите и речиси воопшто не вложува во научните истражувања.

Проектите во образованието за кои се трошат огромни финансиски средства беа секогаш приоритетни за владата на ВМРО-ДПМНЕ. Ефектот од нив е минимален. Примери за ова се фрлените 68 милиони евра за проектот „компјутер за секое дете“, проектот со нестручните преводи на стручната литература и скапите лаборатории без основни и придружни средства за работа.

Владата креираше образовен систем кој никој не може објективно да го вреднува и споредува. Иако партнерски соработуваме со OECD и EUROSTAT, организации кои прават сеопфатни анализи и рангирања, нашата држава со години наназад дава само парцијални податоци за образованието и за неговите резултати. Затоа нашето образование стана предмет на политички манипулации и популизам.

Дополнително, целосната партизација создаде страв и незадоволство кај мнозинството вработените во образованието. Инспекциите и екстерното тестирање беа инструмент за држење во покорност на наставниците и професорите, а не средство за поквалитетно образование.

Квалитетот на образовниот систем деградира и тоа во сите степени на образование. Политиката на екстензивно образование на сите нивоа не ги даде очекуваните резултати. Дисперзираните студии доживеаја целосен колапс спротивно на вложените средства. Владата влечеше исклучиво политички потези со кои лажно се намалуваше бројот на невработени, а дипломираните невработени масовно емигрираа.

НАШИОТ ПРИСТАП

Нашите деца заслужуваат подобро образование. Македонската економија бара нови знаења и вештини. Нашите училишта мора да бидат простор за размислување и дебата. Во тој простор, децата ќе учат, ќе се натпреваруваат и ќе развиваат вредности и знаења соодветни за новото време. Македонските наставници и професори заслужуваат повеќе доверба и квалитетни услови за работа: нема успешно образование без мотивирани наставници!Затоа, нашиот пристап ќе подразбира:

Целосна реформа на предучилишното и средното стручно образование; Основен критериум при носење на одлуки за реформи во образованието ќе биде подобрување на неговиот

квалитет. Тоа подразбира употребливо знаење, добри услови за учење и работа, мотивиран кадар и квалитетни програми;

Еднаквоста почнува од најрана возраст. Ќе избереме политики кои создаваат еднакви шанси за сите деца; Образованието го сметаме за најисплатлива капитална инвестиција. Ќе го зголемиме буџетското издвојување

за образование и наука; Мотивација, наместо казни за наставниците и професорите; Враќање на изгубената автономија на универзитетот и подобрување на студентскиот стандард; Создавање услови за доживотно учење и образование за возрасни согласно барањата на пазарот.

За реализација на наведеното, идната влада на СДСМ ќе ги преземе следните мерки и проекти:

Поголем опфат на децата од 4-6 годиниСегашниот опфат на децата од 0-6 години во предучилишно образование е под 20%. Тоа е недоволно и има негатив-но влијание за идниот развој на Република Македонија.Ќе го кофинансираме секое зголемување на капацитетот на детските градинки во целата држава. Нашата цел е процентот на деца опфатени со предучилишно образование да се зголеми за 50% во период од 4 години.Ќе стимулираме децата од 4-годишна возраст да бидат опфатени во системот на предучилишно образование. На таа возраст започнува емоционалниот, умствениот, социјалниот и физичкиот развој на децата. Децата треба да имаат еднаков пристап до образованието, бидејќи тука лежи тајната на нивниот натамошен успех во животот. Овој опфат ќе биде целосно бесплатен за децата во општините кои се подложни на намалување на популацијата и имаат најнеповолен економски развој. Во руралните средини ќе организираме подвижни градинки и насекаде ќе обезбедиме барем двочасовен престој во градинките. Мора да им дадеме еднаква шанса на младите од сите краеви на државата и од сите социјални слоеви. Оваа мерка е типично социјалдемократска и овозможува еднакви шанси за успех во животот за сите. Особено за оние што живеат во области со неповолен и низок економски животен стандард.

Page 73: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

71

Дополнително, ќе го модернизираме и поедноставиме процесот на уписи во градинките. Ќе овозможиме реален преглед на слободни места во градинките на интернет и упис преку јавен, транспарентен и лесно достапен информатички систем.

Клучен збор за квалитетот и разновидноста на исхраната децата згрижени во градинките ќе имаат експертите и родителите. Разновидноста, квалитетот и калоричноста на храната ќе бидат под постојан надзор и контрола.

Промени во задолжителното образование Предучилишниот период ќе биде проектиран на две години, со задржување на деветгодишната поставеност на основното образование. Во основно образование првите 5 години ќе бидат со описно оценување, додека во вториот дел ќе се премине на нумеричко оценување. Промената ќе биде во тоа што на пазарот на трудот првите кадри ќе се вклучат по една, две или три години средно стручно образование на 16-17годишна возраст. Истовремено, ќе го задржиме и четиригодишното стручно образование, како и класичното гимназиско образование. Оние кои сакаат да се вклучат во пазарот на трудот не треба непотребно да ги задржуваме во образовниот систем, често со послаби остварени резултати. На тие деца ќе им овозможиме брз влез во стопанството и време за созревање и планирање на сопствен бизнис, со можности за подоцнежно дошколување. Ќе воведуваме суштински промени што ќе го подобруваат образованието. Услов за да се заврши задолжителното образование ќе биде стекнување на минимум квалификација во рамките на стручното оспособување и оспособување до прво вработување. Ќе го почитуваме временскиот престој од минимум 12 години, како усвоен светски стандард. Во овие 12 години може да влезе и најмногу една година на лиценцирано неформално образование.

Повеќе пари за образование и наука

Република Македонија за образование издвојува средства во висина од само 3,5% од БДП. Тоа е недоволно. За нас, инвестициите во образованието се најисплатливи. До крајот на мандатот ќе го зголемиме буџетот наменет за образование на 4,5-5% од БДП. Инвестициите во образованието ќе ги зголемуваме и преку јавно-приватни партнерства.

Децата во центарот на образованието Многу од досегашните промени во основното образование придонесоа учениците да не бидат во центарот на образованието. Поважни станаа проектите, кадровските и други решенија, комерцијалните активности и многу надворешни приоритети, а децата се ставени во втор план. Особено се намножија „електронските обврски“ на наставниците. Тоа ќе го промениме, а ученикот повторно ќе биде центарот на образованието. Покрај основните предмети училиштата ќе воведат слободни активности за поголема креативност. Ќе ги ослободиме наставниците од административните обврски, но ќе бараме од нив да работат со децата на развивање на нивните таленти.

Младите треба да ги воспитуваме да не чекаат некој да им ги реши проблемите, туку самите да размислуваат што сакаат од животот и кои вештини им се потребни за да ги реализираат своите желби. Целта треба да ни се среќни и исполнети граѓани, а не несреќни и немотивирани експерти. Исто така, ќе развиваме концепти на креативно учење низ игри и практични проекти.

Укинување на екстерното тестирањеЌе го укинеме екстерното тестирање како проект што побуди најголем револт кај наставниците, како и кај децата и нивните родители. Со овој проект се девалвира целиот напор и труд на наставниците. Спротивно на тоа, ќе продолжи евалуацијата и тестирањата на учениците, но без внесување на оценки во нивните свидетелства и без казни за наставниците. Евалуацијата ќе се спроведува континуирано по случаен избор. На оние училишта што ќе покажат слаби резултати, ќе им биде дадена помош и поддршка за унапредување на наставата. Најдобрите училишта и нивните наставници ќе бидат наградувани. Вработените во најдобрите 15 основни и 10 средни училишта, ќе добијат 30% поголема плата во текот на наредните 12 месеци.Сите училишта кои според резултатите ќе бидат во горните 10%, ќе добијат право на своите свидетелства да отпечатат ѕвездичка, како училишта со натпросечни резултати. Секој ученик од тие училишта ќе добие екстра бодови за упис во следната фаза на образованието. Ќе бидат наградувани со поголема плата сите наставници што ќе подготвуваат ученици кои ќе освојат награда на градски и државни натпревари.

Реформирање на средните стручни училиштаИдната влада на СДСМ ќе овозможи преструктурирање на средното стручно образование, во соработка со приватниот сектор. На тој начин и компаниите може да учествуваат и програмски, и финансиски, во овој степен и вид на образование.

Ова е возможно според моделот изложен во економскиот дел, при што, претпријатијата дел од данокот на добивка ќе може да го вложат и во образованието. Овие училишта за неколку години ќе станат поатрактивни за учениците. Особено ако се отворат можностите за директни вработувања. Државата и натаму ќе продолжи да вложува во основната инфраструктура.

Page 74: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

72

Поврзување на стручното образование со пазарот на трудотПоврзаноста на стручното образование со пазарот на трудот во нашата земја е на незавидно ниво. Наставните планови и програми во стручното образование се стари повеќе од една деценија. Реакцијата на бизнис- секторот е дека профилите кои стручното образование ги продуцира не ги задоволуваат нивните потреби, што директно влијае на намалување на атрактивноста на стручното образование. Соработката со бизнис-секторот и реализацијата на практичната настава е многу проблематична. Мрежата на стручните училишта не соодветствува со економското, демографското и културното окружување во кое делува. Проценката на развојот на работната сила и вештините не ја следи логиката на релевантност за локалниот развој и локалната економија.Затоа ќе изградиме инструменти со кои ќе ги поттикнеме работодавачите да соработуваат, инвестираат и да учествуваат во активностите на образованието и обуката. Во таа насока е и мерката за ослободување од данок на добивка до 30% за вложување во развој на образование (види поглавје Политика на прераспределба). Ќе ја зајакнеме атрактивноста, релевантноста и квалитетот на стручното образование и ќе овозможиме тоа да игра главна улога во промовирањето на деловната успешност, конкурентноста и иновациите. Ќе им понудиме на младите и возрасните разновидни и флексибилни можности за учење за да стекнат вештини кои ќе им бидат потребни за вработување.

Подготовка на учениците за следна фаза на образование Ќе воведеме нов начин на подготовка на децата за запишување во средното и во високото образование. Имено, во второто полугодие во последната година од основното и од средното образование, учениците нема да имаат само класична настава, туку ќе им се помогне во насока на нивна професионална ориентација (со квизови и дополнителни форми за детектирање на нивниот интерес).Децата ќе се подготвуваат како полесно да се одлучат каде да се запишат, со препорака од матичното училиште, а ќе се подготват и за евентуалните влезни тестови во следниот степен на образование. Наместо родителите да трошат пари за дополнителни часови, а децата да бидат растргнати меѓу настава и подготовки за тестови – училиштето ќе им помогне да влезат во процесот подготвени и сигурни. Училиштата кои ќе покажат најдобри резултати ќе бидат наградувани.

Поддршка и мотивација на наставниот кадар

Ќе воведеме поголема грижа и заштита на наставниците и ќе делуваме на нивната мотивација, наспроти притисокот и инспекциите кои ги трпеа во изминатите неколку години. Ќе воведеме нови звања за наставниците и во основното и во средното образование. Тие звања ќе имаат значајна улога во кариерата и бенефициите на секој наставник. Наставниците ќе ги ослободиме од непотребните административни, формални и други обврски за да можат целосно да им се посветат на децата и нивното воспитание и образование. На наставниците во основното и во средното образование, им е потребна поддршка и стимулација, а не закани и казни.

Резултатите од екстерните тестови покажаа дека главна причина за слабите резултати во основното образование е нискиот квалитет на наставата. Затоа е потребна поддршка и помош на наставниците во основното образование и имплементација на нов систем на кариерен развој на наставници, преку воведувања на нови наставнички звања. Со текот на кариерата и годините може да дојде до намалување на часовите на наставниците со највисоки звања. Тие може да добијат повеќе менторска или консултантска функција и задачи.

Шанса за подобро образованиеДоброто образование започнува со квалитетни и обучени наставници. Сега наставникот влегува во образовниот процес директно од „студентските клупи“. Потребно му е време и помош за да ги исполни образовните задачи во целост.Затоа, ќе воведеме наставници-волонтери кои ќе ги следи ментор од училиштето. Наставникот-волонтер би бил обврзан да посети одреден број наставни часови (под водство на својот ментор), кои ќе бидат предвидени со програма за менторство. По завршување на волонтирањето и положување на стручниот испит, позитивно оценетите волонтери би имале предност при вработување во образованието. Со оваа мерка ќе го избегнеме и големиот број неодржани часови поради отсуства на наставниците кои го намалуваат квалитетот на наставата. Дополнително, ќе спроведеме реформа на педагошките факултети, со осовременување на програмата за одделенска настава.

Зајакнување на менаџерските тимови во училиштата Ќе ги зајакнеме менаџерските тимови во училиштата, но тие ќе добијат и поголема одговорност за управување и раководење. Тоа подразбира зајакнување на училишните тимови со стручни лица од различни профили: педагози, дефектолози, социолози, социјални работници и медицински стручни лица (каде што има можности). Одговорноста за децата ќе ја носат, пред с�, менаџерските тимови, како и родителите, без никој да се сокрива зад сувопарните и формални законски одредби и неубедливи форми на организација. Ќе работиме на зајакнување и барање на соработка со родителите, заради заокружување на воспитната димензија во развојот на децата. Ќе воведеме задолжително волонтирање на родители за организирање на разни образовни, воспитни, културни и спортски настани. Наместо родителите и училиштата да комуницираат претежно за успехот на децата и нивната дисциплина, ќе обезбедиме, заедно со родителите, потполно искористување и развивање на сите потенцијали на децата. Посебно внимание е потребно за децата од ранливите категории и членови на

Page 75: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

73

маргинализираните групи. На секое дете, од страна на менаџерскиот тим, мора да му бидат обезбедени пристојни услови за учење.

Соодветен модел на настава и оценување

Ќе бидат спроведени повеќе пилот-проекти во неколку основни и средни училишта, заради избор на најдобри модели на настава и оценување. Ова ќе се спроведува преку континуирана педагошка едукација за наставници и професори во основните и средните училишта.

За овие проекти ќе побараме помош од меѓународните развојни агенции подготвени да помогнат во осовременување на образовната практика. Основното и средното образование мора да овозможат базично, но и практично знаење и обука и тоа мора да продолжи да се развива. Ќе бидат ангажирани и надворешни предавачи да гостуваат во основните и средните училишта и да држат предавања на одредени теми од програмите за овој степен на образование. Повеќето од структурите и секторите на Министерството за образование ќе бидат надградени и приспособени за поквалитетно исполнување на програмските задачи и функции. Ќе ги земеме предвид и препораките содржани во документот „Образование и обука 2020“ на Европската унија, како и обврските кои произлегуваат од меѓународните спогодби и конвенции.

Поквалитетни учебници Во Македонија не постои единствена методологија и нема стандарди за подготовка на учебници и наставни материјали. Министерството се занимава со издавачка дејност, со што е отворен патот за корупција. По втор пат, по еден неуспешен обид и многу потрошени пари, се воведуваат странски преведени учебници, кои треба да ги заменат учебниците од домашни автори. Како резултат на тоа, имаме лоши учебници, неизедначена методологија, премногу теорија, учебниците не се ориентирани кон оспособување на децата да решаваат проблеми, преопширни се, често со очигледни грешки и погрешен превод.

Во рок од една година, државна комисија во Министерството за образование и наука ќе ги евалуира сите учебници за основно и средно образование и ќе постави јасни правила кои ќе мора да се почитуваат. Ќе се повлечат од употреба учебниците кои имаат суштински грешки и кои се несоодветни за возраста на децата. Истовремено, ќе спроведеме ослободување на наставните предмети од непотребни и штетни содржини, особено од оние што поттикнувааат на агресивност, нетолеранција, омраза и дискриминација. Ќе објавуваме конкурси за пишување на задолжителните учебници на кои што издавачите ќе конкурираат заедно со авторите. Посебно стручно педагошко одделение ќе го приспособи материјалот во наставна програма, со сите потребни методски техники и упатства за наставниците.

Свежа крв – нови идеиНа најдобрите дипломирани студенти ќе им понудиме можност, под менторство на поискусните наставници, да работат како наставен кадар во основно и средно образование, во период од 2 години. Најдобрите студенти мора да се искористат и да се спречи одливот на мозоци. Оваа можност ќе значи подигнување на квалитетот на наставниот процес и подмладување на наставниот кадар.

Повисок квалитет на високото образованиеНеводењето грижа за квалитетот на високото образование доведе до хиперпродукција на дипломи без конкурентни знаења и вештини. Резултатите од истражувањата укажуваат на пролонгирано студирање, несоодветно димензиониран наставен процес и просечен квалитет. Сосема е мал бројот на наставници и соработници вклучени во меѓународна соработка. Мобилноста на наставниот кадар и на студентите е минимална. Затоа, државата ќе го контролира квалитетот на универзитетите и факултети за да се запрат злоупотребите чија цена ја плаќаат студентите и родителите. Евалуација ќе прават европски сертифицирани агенции за следење на квалитетот на високото образование, по стандардите на ENQA. Образовните институции и организации мора да го гарантираат квалитетот на она што го нудат на пазарот.

Подобрување на стипендирањето и студентскиот стандард

Идната влада на СДСМ ќе воведе нова политика за стипендирање на студентите преку: (1) државни стипендии и (2) фискални олеснувања за фирмите кои ќе одвојуваат процент од добивката за стипендирање. Ќе направиме праведна распределба на државните стипендии и за таа намена ќе алоцираме повеќе средства. Ќе воведеме државна квота за бесплатно студирање за најдобрите матуранти. Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности: бесплатен јавен градски превоз и попусти за исхрана, концерти, театар, спортски настани. Студентските организации ќе водат „база за студентски вработувања“ и „база на домувања“, каде активно ќе се вклучат во поддршка на студентите и нивните потреби.Сите мерки во оваа област се подетално обработени во поглавјето Младите од Македонија, младите за Македонија.

Враќање на автономијата на универзитетотЌе ги вратиме достоинството на професорите; автономијата и угледот на универзитетот. Во изминатиот период универзитетот беше свесно ставен на маргините на општеството, а професорите беа замолчени. Ќе ја вратиме автономијата на универзитетот, не затоа што професорите треба да уживаат некакви привилегии, туку затоа што од универзитетите произлегуваат промени, нови и прогресивни идеи; таму се проверуваат и се пренесуваат постоечките

Page 76: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

74

знаења и се создаваат нови. Но, само ако се вложува во науката и во академската работа. Ќе го промениме начинот на финансирање на универзитетите, ќе воведеме поголема децентрализација на универзитетските единици кон зголемување на нивните надлежноси и кон поголема финансиска независност. Законот за високо образование ќе претрпи ревизија и ќе бидат укинати драконските казнени одредби. Ќе се врати достоинството на професорската професија со зголемување на овластувањата, стандардот, условите за работа. Ќе се примаат асистенти, 1-2 од редовите на најдобрите студенти на факултетите, со што ќе се овозможи барем проста репродукција на научниот кадар.

Реформа на државните универзитетиМора да се запрат процесите на партизација и политизација на државните универзитети. Време е државните универзитети вистински да се реформираат, но не преку централизација на дејноста и функциите, туку преку внатрешна реформа и децентрализација на универзитетот и давање повеќе „власт“ на непосредните „производители“: професорите и нивните матични институции. Универзитетите мора да им се вратат на професорите и на студентите, а не да се користат за политичко влијание. Овластувањата на ректорите и деканите мора да се процедурални, подложни на преиспитување, а не како сега концентрирани и извршни. Мора да се децентрализира владеењето на неколку универзитетски моќници. Дисперзираните студии ќе мора да обезбедат квалитетно образование за студентите.

Реформа на научните институти Ќе ги реформираме постоечките универзитетски научно - истражувачки институти, заради нивно максимално искористување. Од постоечките структури и кадри, ќе формираме државни истражувачки центри. Ќе финансираме проекти и ќе дадеме можност за промовирање на истакнати научници од Република Македонија во единствениот научно-истражувачки простор на ЕУ. Ќе работиме на развивање на научни дисциплини во функција на стопанскиот и општествен развој на Република Македонија. За таа цел ќе го зголемиме буџетскиот дел за научно истражување и развој колку што дозволуваат можностите на државата.

Професионални и куси циклуси на студии Ќе го стимулираме интересот за покусите циклуси на студии кои создаваат високо квалификувани стручни луѓе кои веднаш можат да се вклучат на пазарот на труд. Сите мерки во оваа област се подетално обработени во поглавјето Младите од Македонија, младите за Македонија.

Фонд за научно-истражувачка дејност Ќе го зголемиме нискиот процент буџетски издвојувања за истражување и наука. Сегашниот износ е понизок од земјите во нашиот регион.

Ќе формираме фонд за научно-истражувачка дејност со кој ќе располагаат носителите на дејноста, пред сѐ научните институти, според утврдени критериуми. Во високото образование ќе ги вратиме асистентите и помладите асистенти како наставен и научен подмладок. Идната влада на СДСМ ќе воведе мерки за унапредување на научно- истражувачката работа. Во првите четири години тоа ќе го реализира преку распишување конкурси за финансирање на национални научно-истражувачки проекти секоја година, во траење од 3 години со максимална транспарентност при доделување на научните проекти, од страна на совет за наука формиран во рамките на МОН. Финансиите од научните проекти на соодветните факултети и институти, наместо еднаш (во декември) ќе бидат префрлувани 4 пати во текот на годината.

Во Секретаријатот за европски прашања ќе формираме одделение кое ќе работи исклучиво на пристап на нашите високо-образовни институции и компании до ЕУ фондовите за истражување и иновации.

Еднаквост во физичкиот пристап Ќе посветиме внимание на училишната инфраструктура во основно и средно образование. Промените во образованието ќе започнат, пред сѐ, со подобрување на физичките услови каде што учат нашите деца. Потребно е за сите деца да овозможиме безбеден простор, квалитетен образовен развој и еднаквост во шансите. Да им дадеме шанса на децата и младите да го прават тоа што најмногу го сакаат,да истражуваат и да напредуваат.

Родова еднаквост во образованието И покрај недостигот од родово разделени статистички податоци во Република Македонија, евидентно е дека едно вели законот, а друго реалноста. Ова се должи и на конзервативните политики, кои се спроведуваат од 2006 година и кои го зајакнаа влијанието на традиционалните родови стереотипи и предрасуди. Промената на тие стереотипи започнува во образованието. Затоа, ќе ги преиспитаме наставните содржини и учебници и од аспект на родова еднаквост и ќе ги зајакнеме пораките за рамноправност кои ги добиваат децата во училиште.Ќе воведеме активни родови политики и мерки за родова рамноправност, со кои ќе се поттикнуваат жените за поголемо учество во одлучувачките тела и еднаков пристап до напредување. Ќе правиме и позитивна дискриминација на работни места, најчесто раководни, ако детектираме многу мала застапеност на жените во овие структури.

Ќе ги поддржиме жените што го напуштиле образованието, без минимум вештини за пазарот на трудот, да се вратат во образовниот процес за да добијат професионално образование или потребна обука. Ученичките од руралните подрачја, од социјално загрозените семејства и од маргинализираните групи, мора да добијат посебно внимание во образованието. Не само поради актуелноста на темата, туку поради градење на посреќно и побогато семејство и држава. Докажано е дека повисокото образование на мајката секогаш како производ дава и повисоко образование кај нејзините деца.

Page 77: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

75

Родовата нееднаквост е особено видлива во спортските активности и физичкото образование во училиштата. Ќе стимулираме повеќе спортски содржини и за девојчињата.

Тематски средношколски натпревари Ќе организираме државни натпревари и спортски олимпијади. Победниците на овие натпревари дополнително ќе се стимулираат со одредени награди. Сите чекори во оваа област се образложени во поглавјето Младите од Македонија, младите за Македонија.

Дигитализација на училишната продукцијаЌе создадеме нов сектор за мултимедиа и електронско издаваштво во рамките на Министерството за образование и наука. Најголем дел од учебниците и другите помагала ќе бидат достапни во електронска верзија. Ова ќе биде и голема заштеда во областа на образованието и голем капитал за сите идни генерации. Повеќе за ова во поглавјето Младите од Македонија, младите за Македонија.

Инклузивно образованиеВо основата на социјалната инклузија лежи односот на општеството спрема различностите (интелектуални, физички, културолошки, јазични и др.) Инклузивното образование е само еден, но многу значаен предуслов за успешна социјална инклузија. Тоа се однесува на можноста образовните установи да обезбедат квалитетно образование за сите (талентирани, надарени, деца со емоционални или социјални проблеми, со потешкотии во учењето, хиперактивни, дислексија, аутизам и др.). Сега кај нас, инклузивното образование се однесува само на учениците со различни видови попреченост. Покрај тоа, образованието (особено стручното образование и обука) мора да биде во функција на зајакнување на социјалната кохезија и социјалната инклузија. Во Република Македонија, 42% од работоспособното население не поседува квалификација со пазарна вредност. Ќе донесеме Стратегија за инклузивно образование, ќе обезбедиме еднакви можности и достапност на образованието за сите и ќе изготвиме концепции за различни категории лица и нивните образовни потреби.

Систем на неформално образование Освен по формален, младите и возрасните стекнуваат знаења и вештини и по неформален пат. Реалноста налага измени во образовната легислатива и воспоставување на систем за сертификација и акредитација на знаењето и вештините стекнати надвор од формалното образование. Ваквата политика ќе ги поттикне вработувањето и инклузијата. Повеќе за оваа мерка во поглавјето Младите од Македонија, младите за Македонија.

Доживотно образование за возрасни Доживотното учење не претставува посебен вид на учење. Тоа е концепт во кој се обединуваат сите видови на учење: формалното и неформалното. Со овој концепт ќе настојуваме да изградиме општество кое нуди еднакви можности за пристап кон квалитетно учење за сите луѓе во текот на целиот живот. Со тоа ќе се овозможи доквалификација, преквалификација во работниот век на граѓанинот, можност за поголема креативност, отворање на сопствени бизниси, како и намалување на социјалниот притисок. Универзитетите постепено ќе се ослободуваат од прекумерниот број на студенти кои по секоја цена сакаат да се стекнат со академски степен, без реална вредност и потреба. Затоа ќе им овозможиме на постоечките установи за неформално образование да се преструктуираат и да добијат легитимитет во нивното работење. Центарот за образование на возрасни ќе извршува сервисна и регулаторна улога за постојано иновирање на програмите и развој на установите за образование на возрасни. Ќе го воведеме системот на Доживотно учење по европски стандарди, и за тоа ќе ги употребиме и соодветните европски фондови и програми.

Page 78: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

76

ЗДРАВСТВО

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Во последните неколку години државниот здравствен систем во нашата земја го допре дното. Официјалните податоци доволно говорат за состојбите: долговите на болниците достигнаа 45 милиони евра; пристапот до примарна здравствена заштита е намален на 84,6%; речиси 40% од вкупните трошоци паѓаат на товар на македонските граѓани; секое семејство плаќа за 21% повеќе средства за да ги задоволи здравствените потреби; илјадници граѓани сè уште немаат електронски здравствени картички. Според ЕБРД, Македонија се наоѓа на последното место по задоволство на граѓаните од здравствените услуги кои ги добиваат.Набавките на апаратура се сведуваат на наместени тендери и нетранспарентно трошење на народни пари, недостига медицински материјал, болничките аптеки кубурат со лекови, пациентите за здравствени услуги се препраќаат од едно на друго место, болните молат за помош, на листите за чекање им нема крај. Достоинството на болните е згазено. Тие се оставени сами на себе заради игнорантскиот однос на надлежните институции.Најважните позиции во македонското здравството се бесрамно окупирани од партиските војници, без соодветен работен стаж и едукација. Голем број стручни кадри заминаа во приватното здравство и во странство, а во државното здравство се зголеми бројот на партиските вработувања, особено во административните служби. Болниците не ги чинат квалитетните ѕидови, туку стручњаците кои се основа на здравствениот систем на секоја земја.

НАШИОТ ПРИСТАП

Здрави граѓани се предуслов за здраво и напредно општество. Болниот човек не е во состојба да работи и да остварува приходи, што дополнително ја загрозува егзистенцијата на неговото семејство.Секој граѓанин мора да има пристап до неопходна здравствена заштита, како клучно човеково право во секоја напредна држава. Концептот „Здравство за сите“, кој сега важи само на хартија, ќе биде наш главен пристап во создавањето на хумана држава.

Наша главна цел е подобрување на здравството генерално преку:

- Јакнење на превенцијата; - Вложување во квалитетно државно здравство и - Подигнување на свеста на граѓаните за сопственото здравје.

Идната влада на СДСМ:

Ќе вложува во превенцијата

Ќе вложуваме во превентивата како најисплатлива инвестиција. Денар вложен во заштита на здравјето (нпр. скрининг-прегледи) заштедува десет денари во лекување на болестите.

Наша основна цел ќе биде да го унапредиме здравјето особено на ранливите групи на население (жените во репродуктивен период, новороденчињата, деца и млади, старите, лицата со инвалидитет, социјално маргинализира-ните групи). Ќе ги иновираме програмите за кардиоваскуларни заболувања, дијабет, болестите на зависност и другите ментални болести, болести од неправилна исхрана, малигните состојби и рано откривање на ракот, заразните болести, здравствена заштита на трудниците, раната дијагноза на наследните заболувања и обезбедување на здраво потомство, кариесот и други. Ќе ги ревитализираме службите за промоција на здравјето особено во врска со начинот на исхрана, штетноста на пушењето и конзумирањето алкохол, недоволната физичката активност на населението, како и грижа за работната и животна околина.

Ќе воспостави интегрирана здравствена заштитаЌе воспоставиме систем на интегрирана здравствена заштита. Амбулантите во примарна здравствена заштита ќе станат место за остварување сеопфатна здравствена заштита – целта ќе биде 80% од здравствените услуги за граѓаните да се обавуваат на ова ниво, при што тие соодветно ќе се поврзат со повисоките нивоа на здравствена заштита.Ќе развиеме рационална мрежа на примарната здравствена заштита со подобри услови за пациентите. Ќе обезбедиме еднакви услови во здравствената заштита на сите граѓани, особено на примарното ниво на здравствената дејност. Ќе воведеме стандардизирани процедури во областа на превенцијата и лекувањето. Ќе воведеме дефинирани водичи на добра практика како ефикасни инструменти за постојано унапредување на квалитетот.

Ќе ја укине партиципацијата за одредени групиЌе ја укинеме партиципацијата за лекување на децата до 14-годишна возраст (во земјата и во странство) и партиципацијата за сиромашните граѓани (осигуреници кои остваруваат месечен нето приход во семејството помал од 50% проценти од просечната нето плата исплатена во Републиката во претходната година). Исто така, ќе

Page 79: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

77

го ревидираме ценовникот на јавните и приватни здравствени установи и ќе предложиме лимит на чинење на одредена услуга.

Ќе го врати достоинството на „белите мантили“

Ќе го вратиме достоинството на „белите мантили“, пред сè со зголемување на платите. Сегашните плати на здравствените работници, особено на специјалистите, се причина за масовно напуштање на државните здравствени установи и преселба на специјалистите во приватните болници и во странство. Секоја година, платата на специјалистите ќе се зголемува за најмалку 10%. Во соработка со синдикатот, секоја година ќе договараме покачување на платите за целиот медицински персонал.Истовремено, ќе го укинеме проектот плаќање по учинок и ќе воведеме дополнителни стимулации за вработените по критериуми што ќе бидат изготвени заедно со синдикатите за здравство. Ќе обезбедиме континуирана едукација на медицинскиот персонал и менаџерите во здравствените установи.Ќе се направат пресметки дали може да се зголеми капитациониот бод за матичните лекари и стоматолози.

Ќе отвори амбуланти во руралните средини Ќе отвораме амбуланти во руралните средини и ќе ги нудиме под концесија на лекари за период од 5-10 години. По овој рок амбулантите би останале во нивна сопственост заради остварување на истата дејност. Ќе се овозможат и повремени прегледи и од страна на соодветен специјалист. Ќе обезбедиме мрежа на здравствени установи, во согласност со потребите на населението за здравствена заштита и средствата на државата. Исто така, ќе се вратат изгубените функции на Здравствениот дом (планирање, континуитет на здравствената заштита, координација на тимската работа, домашно лекување, едукација, превентивни активности, подобрување на квалитетот, дијагностицирање, гаранција за спроведување на здравствената заштита на одредена област).

Ќе организира нов систем на итна медицинска помошЌе воспоставиме нов систем за итна медицинска помош. Ќе формираме нова самостојна јавна здравствена установа за итна медицинска помош, која ќе ги обедини сите служби за итна медицинска помош на територијата на цела држава. Тоа ќе обезбеди интегриран систем во оваа дејност. Ќе го одвоиме превозот на итната медицинска помош од превозот на тешко подвижните болни (кој е значително поевтин и за кој не е потребно возило за итен медицински превоз). Ќе го зголемиме бројот на вработените и возилата за итна медицинска помош, согласно стандардите на современа медицинска служба. Ќе обезбедиме соодветна поврзаност со болниците и останатите служби, кои повремено учествуваат во итната медицинска помош.

Ќе обезбеди основен стоматолошки пакетЌе обезбедиме достапност на сите граѓани до основниот пакет на стоматолошки здравствени услуги. Ќе обезбедиме основна стоматолошка здравствена заштита на сите граѓани на кои им е потребна, а не само на оние кои можат да си ја дозволат. Ќе ги зајакнеме капацитетите на стоматолошката здравствена заштита во системот, со цел да се постигне превенција на болестите со посебен нагласок на потребите на ранливите и сиромашни групи на население. Ќе ја јакнеме примарната стоматолошка заштита, базирана на промоција на оралното здравје и превенција на болестите. Ќе создадеме поволни услови за обновување на стоматолошката опрема во здравствени организации и санација на руинираните објекти. Ќе го унапредиме системот на договарање и плаќање на стоматолошките здравствени услуги преку одредување и планирање на буџетот за стоматолошки здравствени услуги, од вкупниот здравствен буџет во државата.

Ќе вложува во терцијарната здравствена заштитаЌе го изградиме новиот клинички центар во Скопје. Со тоа ќе се обезбеди голем и модерен центар наменет за давање високо специјализирани здравствени услуги на населението на целата држава. Со ова ќе се подобри пристапот до терцијарните здравствени услуги и ќе се создадат можности за медицински истражувања и едукација, особено на услугите кои не се обезбедуваат во сегашните клиники. Ова е обновување на концептот на единствен клинички центар, во кој клиниките ќе бидат функционално поврзани.

Со подобра организација и почесно третиран медицински кадар, ќе обезбедиме да профункционира правилото: за секој пациент во терцијарна заштита да се обезбеди термин во рок од 10 работни денови.

Во рамки на Клиничкиот центар во Скопје ќе организираме нов ургентен центар, како единствена високо специјализирана здравствена установа која ќе врши лекување на тешко повредените и критично заболените пациенти. На пациентите, во секој момент, ќе им биде на располагање тим од специјалисти од сите гранки на медицината, кој ќе биде обучен брзо и ефикасно да реагира во сите критични и вонредни настани.

Ќе гради нови здравствени центри и објекти

Ќе изградиме нов Клинички центар во Битола, како регионален центар од терцијарен карактер, опремен со апаратура за највисоки достигнувања во здравството.

Со ова ќе бидат создадени подобри услови за развој и унапредување на здравствената заштита за населението на ова подрачје. Тоа ќе биде првиот чекор за отворање на медицински, стоматолошки и фармацевтски факултети при битолскиот универзитет.

Page 80: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

78

Конечно треба да се изгради и опреми првата државна кардиохирургија во Македонија. Потребно е стартување на единствен центар за трансплантација на органи и ткива. Овој центар ќе гарантира квалитет и безбедност на постапките. Во центарот ќе се организира единствен регистар за дарување органи и ткива што ќе се поврзе со сродни центри во странство.

Исто така, ќе реновираме општи болници во градовите каде постоечките болници се во очајна и дотраена состојба.

Ќе формира Агенција за акредитација на здравствени установиЌе го измениме и дополниме Законот за здравствена заштита и другите прописи во делот за квалитет на здравствената заштита и акредитацијата. Ќе формираме Агенција за акредитација во здравствените установи и независна комисија за таа цел. Ќе воспоставиме функционален систем за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита на целата територија на државата. Ќе донесеме прописи во Фондот за здравствено осигурување, со кои ќе се стимулира воведување и унапредување на квалитетот во работата на здравствените установи.

Ќе воспостави интегриран информатички системЌе воспоставиме целосно интегриран информатички здравствен систем. Ќе набавиме опрема и софтвер со кој ќе обезбедиме податоци за здравствената состојба, активностите во системот за здравствена заштита, резултатите и исходите во лекувањето и финансирањето на здравствени услуги. Ќе донесеме законски решенија со кои ќе се овозможи безбедно користење на информациите во овој систем.

Ќе обезбеди повисок квалитет на лековите и вакцинитеАгенцијата за лекови ќе има контрола врз сите фази на регистрација, производство, увоз, дистрибуција и промет на лековите и медицинските помагала. Ќе ја забрзаме постапката за регистрација на лековите и медицинските помагала, но ќе обезбедиме и редовна контрола на нивниот квалитет. Ќе обезбедиме поливалентни вакцини за нашите деца кои ќе се бираат исклучиво по критериумот на квалитет. Ќе ја преиспитаме и прошириме позитивната листа на лекови врз основа на состојбата со болестите и протоколите за лекување.Заради заштита на репродуктивното здравје на жените, на позитивната листа ќе додадеме и средства за орална контрацепција.

Ќе го дефинира финансирањето на здравствена заштита

Ќе утврдиме јасно дефиниран основен пакет на здравствени услуги на сите нивоа на здравствена заштита, согласно потребите на населението и расположливите средства на државата.

Ќе го развиваме доброволното здравствено осигурување како дополнително осигурување, со кое на граѓаните ќе им се даде можност да обезбедат повисока содржина, обем и стандард на права на здравствени услуги од правата загарантирани со задолжителното осигурување. Ќе воведеме промени во постоечкиот систем на финансирање на примарната здравствена заштита со воведување на дополнителна стимулација за превентивните активности, за обемот и квалитетот на извршените услуги (плаќање по извршување) и за рационално пропишување рецепти и упатување на повисоко ниво на здравствена заштита. Ќе го промениме досегашниот начин на финансирање на секундарната и терцијарната здравствена заштита, кој е базиран на историски податоци и одржување на големината на затекнатите капацитети (кадри, плати, материјални трошоци и сл.), со финансирање по систем на дијагностички сродни групи.

Ќе воведе Национална здравствена сметкаЌе воведеме систем на Национална здравствена сметка (НЗС) во кој ќе се дефинира и следи протокот на паричните средства во здравствениот сектор т.е. финансирањето и потрошувачката на национално ниво.Податоците добиени од Националната здравствена сметка ќе дадат докази за потрошувачката во сите сектори, јавни и приватни, за различните активности на здравствената заштита, за секторот на давателите на услуги и региони во земјата.

Ќе ги реорганизира Министерство за здравство и ФЗОЌе го реорганизираме Министерството за здравство и ќе го модернизираме, со акцент на зајакнувањето на капацитетите и вештините за управување, оценка, контрола и надзор на учинокот на здравствениот систем и за ефективни интерсекторски активности. Ќе воспоставиме независност на Фондот за здравствено осигурување, со кој ќе управуваат осигурениците. Во Фондот ќе се изврши демократизација на управувањето преку формирање на собрание на осигуреници. Со тоа ќе се зголеми транспарентноста на работењето на Фондот, особено околу начинот на собирање и трошење на средствата на осигурениците. Ќе ги развиваме менаџерските капацитети во Фондот за здравствено осигурување.

Ќе им даде поддршка на здруженијата на граѓаниЌе обезбедиме финансиски средства и соодветен простор за здруженијата на граѓани од областа на здравствена заштита, како и за клубовите на болните од одредени болести (шеќерна болест, хемодијализа, хипертензија и др.), со цел да создадеме услови за зајакнување на нивната улога во комуникацијата со стручната јавност при донесувањето на прописи од здравствената заштита.

Page 81: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

79

КУЛТУРА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ остави несогледливи негативни последици врз културата и врз здравјето на нацијата. Власта изврши ревизија на вредносните системи во културата, декомпозиција и девастација на темелните вредности на македонската национална култура, а уметноста и културата станаа пропагандно средство за манипулација на граѓаните и за перење на пари и грабеж. Преку т.н. проект „Скопје 2014“ неодговорно нè втурнаа во ретроградни активности за да ја „оспоменичат“ својата владејачка доба, при што создадоа конфузија во сфаќањето на културниот идeнтитет. Извршија монополизација и затворање на културата, ја поделија по партиска и по етничка линија. Создадоа квазикултура што не гледа подалеку од еден изборен циклус.

НАШИОТ ПРИСТАП

Клучни вредности на културната политика на СДСМ се слободата на творештвото, еднаквоста, универзалното добро и вистината, а најважните движечки принципи се пристапноста, учеството и еднаквите услови и права. Поаѓаме од концептот на културна демократија, која го промовира учеството на сите граѓани во културата и во создавањето културни политики. Сакаме да создадеме културно граѓанство, кое ќе обединува едно подлабоко разбирање на културата, кое знае колку културата е поврзана со социоекономскиот просперитет и со здравјето на нацијата. За нас културата мора да има прогресивна општествена функција: да полемизира, да продлабочува, да критикува, да експериментира, да создава вредности. Во европските трендови културата не познава строга контрола од страна на државата. Таа е отворена по својата природа. Отворена кон другите култури, отворена кон сите граѓани.

Идната влада на СДСМ:

Ќе ги ревидира криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ во областа на културатаВласта не престанува да ги надоградува и да ги „пумпа“ своите т.н. проекти. Се покажуваат точни тврдењата на СДСМ дека се работи за „портокалова пералница за пари“, затоа што секојдневно се соочуваме со подигнување нови споменици, нови скулптури и проекти, нови фасади, чии буџети растат неколкукратно преку анекс-договори, а чии цени на изведба се далеку над цените на чинење дури и во најразвиените земји. Првото нешто што ќе го направи новата власт е да ги стопира овие штетни и криминални проекти и да овозможи парите што се слеваа во овие непродуктивни трошоци да се пренаменат за поважни општествени потреби.

Ќе изврши темелно преиспитување на проектот „Скопје 2014“ Проектот „Скопје 2014“ е исклучително штетен не само за градот Скопје, туку и за цела Република Македонија. Штетен е по многу основи, но неговите најдеструктивни аспекти се политичкиот, уставно-правниот, меѓуетничкиот, културно -идентитетскиот, градо-градителскиот, архитектонскиот и естетскиот. Особено е важно да се сфати широчината и длабочината на неговите последици, зашто тој не ја оштетува само нашата физичка стварност, туку ги суспендира уставноста и правната држава, ги урива вредносните системи во културата, ја кривоколчи националната историја и ги поместува темелните камења на нашиот национален идентитет.

За „Скопје 2014“ ќе се формира посебна собраниска комисија, на која ќе ѝ помага експертски состав со висок стручно-научен кредибилитет, којашто ќе ја утврди уставноста, законитоста; ќе го преиспита менаџирањето и финансирањето на проектот и сите штетни последици од него.

Ќе спроведе санација на најзагрозените артефакти на културното наследствоМакедонското културно наследство, создавано со милениуми и генерации, е сериозно загрозено. Се распаѓаат традиционалната архитектура и фрескописот; иконите се крадат од црквите; локалитетите се ораат од диви копачи. Откопаните археолошки локалитети се оставаат неконзервирани, на забот на времето. Доколку парите употребени за новите „музеи“, квази-етно села и наколни населби се употребеа за реставрација на најзначајните средновековни споменици во Македонија, македонските бисери во светската културна ризница немаше да бидат доведени во опасност. Идната влада на СДСМ ќе изготви стратегија за заштита (реставрација и конзервација) на споменичното културно наследство. Ќе направи листа на загрозени локалитети и ќе формира посебен фонд за санација и конзервација, врз база на претходно изготвена листа на приоритети. Тој фонд ќе биде константен и нема да се намалува под никакви услови. Ќе создадеме политика за едукација на кадри и меритократска кадровска политика во сферата на конзервацијата и на реставрацијата. Ќе донесеме стратегија за менаџирање на добиените странски донации за заштита на културното наследство.

Ќе го врати достоинството на музеологијатаВладите на ВМРО-ДПМНЕ, во своето седумгодишно владеење, отворија неколку т.н. музеи со кои ги негираа сите светски музеолошки принципи. Власта установи целосно нелегитимен и ненаучен систем секоја збирка, во секоја општина, да ја прогласува за музеј, притоа не исполнувајќи ниту еден критериум: без стручни експерти од областа на валоризацијата на музејските предмети, без адекватни простории за чување и презентирање, без обученост за водење музејска документација итн. Додека новите „музеи“ се опремуваат со најнова техника, старите пропаѓаат; додека новите „музеи“ трошат енормни буџети за фалш музеологија, старите тонат во долгови; додека новите „музеи“ се рекламираат на државната телевизија, старите како да не постојат!Идната влада на СДСМ ќе создаде стратегија во оваа сфера, која ќе ја санира штетата што е веќе направена, и повторно ќе ја врати дејноста во чекор со европската музеологија. Тоа ќе го направи преку инвестирање во стручен кадар, професионализам и придржување до основните принципи за организирање на музејската дејност.

Page 82: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

80

Ќе изврши реформа на Министерството за култура и другите институции на културата Министерството за култура, врз база на претходна анализа, ќе претрпи реформа. Неговата улога во културниот систем ќе биде ревидирана и вратена во нормала. Тоа нема да биде авторитарен чинител на културниот живот и главен оперативец, туку единствено регулатор на општите рамки на културниот систем и чувар на основните цели на културната политика. Тоа нема да биде главен конзумент на народните пари, туку неутрален дистрибутер и надгледувач, при што главните носители на културниот живот ќе бидат институциите и организациите од културата, уметниците и сите луѓе со креативна визија. Министерството за култура ќе се реформира и ќе вклучи и сектори кои ќе се посветат на интердисциплинарни, иновативни, експериментални проекти; креативни индустрии; граѓански здруженија и независна културна сцена.

Ќе го реформира системот на финансирање на културатаЌе го преиспитаме актуелниот модел на финансирање на националните институции и на проектите од национален интерес, ќе ја унапредиме застарената поделба на дејности и сектори и ќе воведеме нов принцип во нивно менаџирање (т.н arm’slength). Новиот систем на финансирање ќе ја надмине годишната програма. Ќе спроведеме широка дебата во културната заедница за две можни решенија за реформи: (1) посебни фондови, слични на Филмскиот фонд, или (2) засилени комисии со појасен и подолгорочен мандат и автономија. Овие тела ќе ја преземат одговорноста за избор на проекти. Ќе се примени моделот на комбинирани повици, со фиксни, но и со променливи датуми, од оние за краткотрајни проекти до подолгорочни, кои имаат потреба од двегодишно или повеќегодишно финансирање (особено за пресретнување на проектите што добиле европска поддршка).

Ќе воведе јасни критериуми и транспарентностЌе воведеме нови стандарди на работење на сите фактори во културниот систем, особено на националните и на другите јавни институции. При селекцијата на проекти ќе воспоставиме практика секоја одлука да биде изведена врз јасни критериуми и да биде образложена. Статутите и стратегиските документи ќе бидат објавени заедно со критериумите, за да може јавноста да се увери и да донесе суд дали и колку се почитувани зацртаните цели и критериуми преку секоја конкретна програма или селекција. Ќе се објавуваат сите документи: одлуки, резимеа на проектите, конкретни суми на поддршка и очекувани ефекти.

Ќе го реформира системот на националните институцииНационалните културни институции се соочуваат со низа проблеми: лош и партизиран менаџмент, огромни трошоци за одржување, недостиг на финансиски средства, масивност, недоволно квалитетни програми, слаба партиципативност и слаба комуникација со публиката. Идната влада на СДСМ ќе изврши трансформација на националните културни институции. Ќе создаде критериуми за назначување на јавни културни институции од национален интерес (принципот на вертикална функционалност) и ќе ја ревидира листата на постојните т.н. национални институции. Остатокот ќе се трансформира по различни модели. Некои ќе преминат на локално ниво, некои ќе бидат уредени по принципот на јавно-приватно партнерство, некои ќе прераснат во културни центри на заедницата. Други ќе бидат дадени на управување на организации од граѓанскиот, независниот и од непрофитниот сектор. Годишната програмска дејност на националните установи ќе се договара во директна соработка со Министерството за култура, без учество на јавни конкурси.

Ќе го подигне квалитетот врз принципите на добро владеење и на одржлив развојНовата културна политика на СДСМ ќе ги постави институциите на културата врз принципите на доброто владеење и на одржливиот развој. Ќе се проектира динамичен културен систем од институции и организации, кој ќе фати чекор со прогресивните европски трендови и политики, ќе ги задоволи и ќе ги унапреди културните потреби на граѓаните, ќе ги ослободи творечките потенцијали на уметниците и ќе го подигне квалитетот на културниот живот. Сите институции ќе донесат стратегиски планови за долгорочно и оперативно работење и развој, и прецизно ќе ги дефинираат своите основни мисии, визии и цели на постоењето. Преку стратегиски инвестиции во формалното и во неформалното образование ќе се отворат студии и курсеви преку кои, во период од четири години, постојниот кадар во институциите и во организациите, вклучително и индивидуалците и уметниците, ќе влезе во процес на доедукација и подобрување на сопствените компетенции и вештини за имплементирање на новите културни политики. Ќе се поддржат плановите за усвојување на меѓународните професионални стандарди и практики на работа.

Ќе го продолжи процесот на децентрализација на културните политики и развојЛокалните власти ќе се охрабрат да донесуваат локални културни политики, да воведат стратегиско планирање и да обезбедат активни програми за културен развој. Тоа ќе го направи културниот систем поефикасен и поадекватен на културните потреби на граѓаните. Новата културна политика на децентрализација на идната влада на СДСМ ќе овозможи во секоја општина или поголема урбана заедница да се создаде барем еден културeн центaр на заедницата. Ќе се создадат услови и за локален развој на креативни индустрии, кои ќе придонесат за економски развој на самата општина. Од листата на националните институции, оние што се поважни по мисијата што ја вршат во локалните средини ќе преминат на локално ниво, при што ќе ги преиспитаат своите модели на функционирање и програми. Со тоа ќе се подобри квалитетот на живеењето на граѓаните на општинско ниво.

Ќе ја финансира афирмацијата на македонскиот јазик Едно од најголемите „зла“ на оваа власт е негрижата и затворањето на лекторатите по македонски јазик на странските универзитети и негрижата за подмладокот од областа на македонистиката. Со тоа се намали активното познавање и говорење на македонски јазик од младите странски студенти, се намали бројот на изучувачи на македонскиот јазик

Page 83: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

81

на научно ниво во странство, се загрози промоцијата и меѓународната афирмација на македонскиот јазичен, а со тоа и на целокупниот идентитет на нацијата. Ќе посветиме особено внимание на унапредувањето на позицијата на македонскиот јазик во домашните научни инстиитуции што се занимаваат со неговото проучување, но и со одржувањето, но пред сè отворањето лекторати на странските универзитети во другите земји. Посебен приоритет ќе биде отворањето на лекторати во земјите од ЕУ.

Ќе ја развива заштитата на јазиците на другите заедници и ќе ги стимулира мултилингвалните практики и интеркултурата Културата во Република Македонија е сплет на повеќе културни и јазични заедници. Таквата испреплетеност ја прави нашата култура уште побогата. Етноцентричната култура ги затвора вратите на нашите сограѓани од другите етнички заедници. Ние нема да создаваме етноцентрична култура, затворена меѓу четири ѕида. Ние сакаме држава во која културите ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат. Тоа е силата на нашата култура. За да го одржиме тоа богатство, ќе создадеме решенија што пропорционално ќе ги штитат и ќе ги унапредуваат и другите јазици и традиции, а ќе создадеме и посебни линии на поддршка на интеркултурните проекти и мултилингвалните практики.

Ќе ја унапреди соработката и поддршката за граѓанскиот и за независниот сектор и ќе создаде услови за нивен развојВо независниот културен сектор дејствуваат оние непрофитни организации од граѓанскиот сектор кај кои се препознава критичко, развојно и динамично дејствување и кои се двигатели во развојните процеси на културните политики. Оваа власт, со години, го третира граѓанскиот и независниот сектор како непријател на власта и го оневозможува неговото дејствување. Граѓанските и независните здруженија дури и кога имаат значајни регионални или меѓународни проекти не добиваат никаква национална поддршка. Со давањето системска релевантност на независната културна сцена, со нејзина структурна поддршка и отворање посебен сектор на локално и на централно рамниште, ќе се започне сериозен процес на демократизација на културните политики. Нејзиното обединување во еден простор ќе обезбеди зголемување и на продукциско и на содржинско рамниште. Ќе се воведе посебна буџетска ставка за програмска и за континуирана структурна поддршка.

Ќе го зголеми квалитетот на културниот живот преку фокусот врз современата уметност и одржливите, иновативните и креативните институции и организации од културатаНовата културна политика ќе биде насочена кон живата култура, кон културниот процес и уметничките практики што ги вклучуваат уметниците и публиката. Поддршка ќе се даде и за структурните потреби, за продукциските трошоци и за стратегиите за раст и за зголемување на квалитетот на проектите и на организациите. Ќе се поддржат нови продукции, експериментаторски практики и модели на дејствување и воведување добри практики на одржлив раст и работење. Посебно внимание ќе им се посвети на т.н. креативни дејности и културни индустрии. Преку соработка, истражувања и иновирања ќе се следат врвните европски трендови и политики, но истовремено нивната примена ќе биде приспособена на националниот контекст и на карактеристиките на македонскиот пазар и публика, при што постојано ќе се зголемуваат можностите за создавање креативни претприемачи и нивен пробив на меѓународниот пазар.

Ќе им даде поддршка на проектите со меѓународно значењеНационалните и локалните установи не се охрабруваат за посуштинска меѓународна соработка, а невладините организации се игнорираат. Дури и кога ќе добијат национална поддршка, таа е несоодветна на меѓународните стандарди и не го овозможува успешното учество на македонските субјекти. За промоција на македонската уметност и култура во странство и за суштинска регионална и меѓународна соработка ќе се направи посебен фонд како спој од актуелните сектори за меѓународна соработка и за соработка со ЕУ на кој ќе им се даде голема автономија. Фондот ќе воспостави соодветни критериуми, но нема да се меша во иницијативите што доаѓаат од теренот. Ќе се поддржуваат вистински проекти на соработка, оние што ќе овозможат таквите соработки да се изградат на трајна основа, да доведат до интернационализација на македонските уметници и организации. Ќе се овозможи и поддршка за мобилноста, патувања за договарања проекти и соработка.

Page 84: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

82

ЗАЕДНО СМЕ ПОЈАКИ

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Власта избра политика на контролирани конфликти во кои луѓето се поделија на „наши“ и „ваши“. Политика која гради минато, а не иднина. Културата и етничките разлики станаа инструмент за политичка борба. Го зголемија јазот меѓу различните етнички заедници. Ја зајакнаа нетрпеливоста меѓу верниците. Власта не стимулира толеранција и доверба, туку раздор и поделено општество.

Причината е едноставна: власта профитира од тие поделби. Моделот што го промовираат е во интерес на една мала група во врхушката, која работи спротивно на интересите на државата и нејзините граѓани.

НАШИОТ ПРИСТАП

Секој човек е горд на својот идентитет, на својата јазична, етничка и верска посебност. Таа посебност нè прави различни и побогати и им овозможува на нашите деца да растат во културна благосостојба. Да го говорат јазикот на своите предци и да уживаат споделувајќи ги културните добра на своите сонародници. Да ја развиваат својата посебност, но и да ги ценат и почитуваат разликите на своите сограѓани.

Ќе градиме мултикултурно општество со проекти за поголема интеркултурна комуникација и градење дух на почитување и културен плурализам. Ќе поддржиме јазична политика, во согласност со потребите и интересите на поединците и на општеството. Ќе работиме на намалување на социјалните и економските разлики преку проекти со интеграциски цели, и преку градење правична и непристрасна држава.

Ваквиот пристап идната влада на СДСМ ќе го реализира преку следниве политики:

Ќе го поддржи културниот плурализамВизијата на СДСМ е вистински културен плурализам и почитување на мултикултурната реалност која е наша карактеристика со векови. На Македонија ѝ е потребен нов концепт за градење трајна основа за соживот помеѓу различните етнички заедници. Оваа вредност за толерантност и заедничко живеење во изминатиов период е загубена, поради јакнење на етничкиот национализам и поради политизацијата на етничноста. Наместо почитувањето на културните разлики во изминатиот период се јакнеа предрасудите, а наместо соработката се јакнеше конфликтот. Добрата меѓуетничка комуникација помеѓу заедниците е најдобриот пат што треба да нè зближува и збогатува, и да ги јакне општествените нишки помеѓу граѓаните и државата.

Ќе гради стабилни меѓуетнички односиНаша цел е и да имаме стабилни меѓуетнички односи. Тоа е главниот предуслов за стабилноста и безбедноста на Македонија. Сите етнички заедници треба целосно да бидат вклучени во развојот на државата. Рамковниот договор треба да се почитува и да се имплементира. Неговите одредби и принципи ги штитат малцинствата од дискриминација, но создаваат и политичка стабилност и предвидливост. Ние сме целосно свесни дека Рамковниот договор е само рамка за дефинирање на меѓуетничките односи. Таа рамка се полни со искрен и чесен однос кон сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Овој завет ни го оставиле нашите предци, ние мораме да го развиваме и да го оствариме. Тоа им го должиме на идните генерации, кои ќе живеат во слободна и европска Македонија.

Ќе гарантира за малцинските права Идната влада на СДСМ ќе се залага за враќање на довербата помеѓу граѓаните од различни етнички заедници. Да се биде човек и граѓанин на Македонија е на прво место. Секој припаѓа во некоја етничка група, некои се дел од мнозинството, а други од малцинството. Кон сите етнички заедници идната влада на СДСМ ќе гради искрен однос. Ние ја создадовме првата мулти-етничка коалиција, што до денес се покажува дека е најдобрата гаранција за безбедноста и стабилноста на државата. Македонија била и ќе остане мултикултурна држава, и затоа има потреба од силен и развиен механизам на заштита на малцинските права.Идната влада на СДСМ ќе ги штити и промовира прописите и стандардите, како рецепт против штетната етничка поделеност.

Ќе креира програми за развој на мултикултурно општествоВо областа на меѓуетничките односи и моделите на соживот не постои една конкретна мерка или проект што може да произведе целосни решенија и да го оствари она за што се залага една модерна социјалдемократска политичка платформа. Заедно со мерките во образованието, социјалната политика и културата, овие програми треба да ги ослободат нашите деца од етничките предрасуди и да им овозможат комуникација во која, пред сè, ќе се почитуваат. Само со разговор можеме да се разбереме; само меѓусебното разбирање може да нè заштити од етнички тензии.

Ќе воведе елементи на мултикултурно образование Идната влада на СДСМ ќе воведе елементи на мултикултурно образование за сите деца уште во најрана возраст преку проекти и активности што развиваат чувство на толеранција, соживот и мирно разрешување на конфликти. Ќе бидат искористени практиките од успешните проекти за овој степен на образование. Ќе бидат стимулирани проекти

Page 85: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

83

за мултикултурно дружење и комуникација, со можност за изучување на јазикот на една од другите заедници; групи со негувателки од две различни јазични групи и слично. Сите ние сме дел од нашите семејства и култури, но децата се и поединци и така треба да се воспитуваат. Само така ќе изградиме нова демократска политичка култура, активни граѓани и мултикултурна толеранција. Ова е еден од поважните предизвици за нашето општество денес.

Ќе градиме политики со кои сите граѓани ќе се чувствуваат рамноправноНаша задача е да ги направиме порамноправни граѓаните во државата. За тоа да се случи треба да е можно секој поединец да има исти шанси да напредува и да има сличен квалитет на живот. Тоа е нашата социјалдемократска цел во општеството. Секој човек сака да расте во средина во која ќе се чувствува културно слободен, и во која ќе може да ги развива сите свои човечки потенцијали. Но, Македонија е и мултикултурно општество, а ние сме различни по неколку основи. Како да се усогласи развојот на поединецот кој се наоѓа помеѓу културата на својата група и интегрираното општество е добар предизвик за нашите идни политики. Возможно ли е тоа да се постигне? Да, ако не работиме за да докажеме кој е поголем Македонец, а кој поголем Албанец, Турчин, Влав, Србин, Ром, Бошњак... Тоа е погрешна стратегија. Во Македонија кога се сретнуваат различните етничности и религии главно проповедаат национализам, етноцентризам и религиска исклучивост. Ова мора да се промени во насока на градење на мирен соживот и културно почитување, за да ги заштитиме младите од нашите предрасуди и стереотипи. Чувството на рамноправност е важен елемент во градењето на граѓанската политичка култура.

Ќе градиме потолерантно општествоНаша заедничка вредност е изградбата на демократска Република Македонија. Наша заедничка задача треба да е изградбата на помодерно образование. Но, наша главна заедничка цел е да изградиме толерантно општество. Доста ни е од омраза и предрасуди, доста ни се тепачките по училиштата, доста ни е од поделби и дискриминација. Затоа, како што доликува на едно демократско општество, мора најпрвин да почнеме да се слушаме и да се почиту-ваме меѓусебно. Како луѓе, како соседи и како пријатели. Толерантноста е можеби најважниот услов за демократски односи меѓу различните социјални и општествени групи. Кога не постои толерантност расте конфликтноста помеѓу политичките претставници.

Ќе го обединиме множеството на различностиИма само една Македонија за што вреди да се бориме и да дебатираме. Ние во СДСМ се залагаме само за еден концепт – се залагаме за демократска Република Македонија!Денес сме сведоци на агресивна политичка понуда на изместени концепти. Едни се залагаат за јакнење на античките корени на народот. Други се залагаат за враќање кон словенските културни корени. Трети - за изградба на двонационална држава. Овие концепти само ја слабеат државата однатре. Ние го браниме ставот дека е возможна Македонија што ќе го обедини ова множество на различности.

Page 86: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

84

МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Нашиот државен приоритет, по стекнувањето на самостојност на нашата татковина е поттикнување на развојот на Република Македонија како суверен меѓународен субјект. Идната влада предводена од СДСМ има јасна визија за реализација на стратешките цели: сестран развој на односите со соседите и интегрирање на државата во европските и евроатлантските структури. Поставените цели за одржување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и во светот, ги остваруваме со конструктивна и силна активност на меѓународен план. Целта ни е да ги браниме интересите на нашата држава, но и да се заложиме за рамномерен глобален развој, намалување на разликите меѓу развиените и земјите во развој, запирање на неконтролираната емиграција, трговијата со луѓе, ксенофобијата и расната дискриминација.Децениската активност на СДСМ на меѓународен план е прифатена како политика на одговорна политичка партија и значаен фактор за развојот и стабилноста на Република Македонија. Се потврди дека СДСМ ја зацврстува меѓународната позиција на државата и ги афирмира неспорните вредности на сите чинители на македонското општество. Надворешната политика, на сегашната влада, ја поткопа таа позиција.

Силно се спротивставуваме на сите обиди за изолација на Република Македонија. Се стремиме кон соработка и размена со светот врз еднакви основи, во рамките на меѓународните норми на цивилизираниот свет. Зацртаните стратешки определби на Република Македонија, можат да се остварат само со иницијативи и конкретни чекори на добро осмислена и реална, државнички и професионално водена надворешна политика. Само така ќе се надминат предизвиците по развојот и безбедноста и ќе се засили самочувството на македонскиот граѓанин за неговата припадност како суверен и рамноправен субјект на меѓународната заедница. Само таквата политика може да претставува реален фактор во промоцијата на македонскиот национален идентитет на глобален план.

Нема успешна надворешна политика без вистинска стратегија. Нема успешна меѓународна активност без консензус по значајните прашања.

Идната влада на СДСМ ќе понуди национална стратегија за реализација на надворешно-политичките цели на државата и ќе работи на нејзина консензуална поддршка од страна на сите влијателни домашни чинители.

СОСЕДИ

Развојот и безбедноста на државата зависат, пред сѐ, од добрите и продуктивни односи со соседите. Идната влада на СДСМ ќе наметне нова динамика во односите кон своите соседи, ќе инсистира на конструктивна соработка во сите сфери на билатерален и на регионален план, со надминување на пречките кои стојат на тој пат.Овој пристап треба да обезбеди реафирмација на позицијата што Република Македонија, под водство на СДСМ, ја имаше како лидер во регионот. Склучена беше Спогодба за соработка со Европската заедница, добиен кандидатски статус за членство во НАТО, Република Македнија прва во регионот склучи Спогодба за стабилизација и асоцијација со Европската унија и беше еден од иницијаторите за Јадранската повелба на НАТО. Круна на тие активности беа: прифаќањето на уставното име на нашата држава од страна на САД (2004) и кандидатскиот статус за членство во Европската унија (2005). Бидејќи актуелниот застој во овие чекорења е ретрограден процес, СДСМ е подготвен да ги вложи сите свои потенцијали да ја врати позитивната клима и довербата во односите со сите соседи.Следењето на овој основен пристап ќе го покаже и државничкиот капацитет на актуелната генерација, која ќе ја води земјата кон прогрес и развој и нема да отвора простор за какви било сомневања во третманот на нечиј идентитет, самобитност и културен развој.

Владата предводена од СДСМ нема да дозволи на меѓународен план на кој било граѓанин на Република Македонија да му се оспорува неговата етничка, културна, јазична, религиозна, полова или друга определба. Оваа визија е во склад со сите цивилизациски придобивки. Ќе ги вложиме сите напори за нејзина полна имплеменатција во односите со соседите – за добробит на сите во регионот и пошироко во Европа.

Поаѓајќи од Уставот на Република Македонија, за прашањата од највисок државен и национален интерес, идната влада на СДСМ активно ќе гради консензус на сите релевантни чинители во државата. Таа реално ќе се ангажира за надминување на наметнатиот спор од страна на Грција, но нема да прифати никаков разговор за идентитетски прашања. За можните решенија остануваме на определбата за референдумско изјаснување на граѓаните.

Од особено значење за постигнување на регионален развој и стабилност е сестраната размена и соработка со соседите во сите области преку:

Засилено учество во сите регионални иницијативи. Македонија нема да биде ниту тивка, ниту пасивна како досега;

Сериозен пристап кон проектите од инфраструктурата, енергетиката и телекомуникациите, со примена на европските стандарди. Тоа подразбира забрзана инвестициска активност за инфраструктурна доизградба на паневроските патни коридори 8 и 10;

Page 87: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

85

Создавање прекугранични развојни зони. Засилениот развој на руралните, односно пограничните региони во Република Македонија (со користење на фондовите на ЕУ) ќе овозможи демографска стабилизација и нивно заживување на економски план;

Грижа за македонското национално малцинство во овие земји, помагање на нивните активности и нивна промоција како влог во добрососедството.

ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

Врвната стратешка цел, консензуално утврдена во највискоките претставнички тела и најшироко прифатена од граѓаните на Република Македонија - интеграцијата во Европската унија, останува наш највисок приоритет. Тоа е и поттик за реформирање на македонското општество, за напредок и благосостојба.Република Македонија не е само географски дел од Европа, туку е дел од европската цивилизација и култура, и природно се стреми да се вклучи во најуспешниот проект во историја на континентот – Европската унија.

Положбата на Република Македонија значително се измени под диригентската палка на Груевски кога станува збор за членството во ЕУ. Од локомотива на Балканот во 2006 година, Македонија стана позната по замрзнатиот кандидатски статус. Европската иднина на македонските граѓани изгледа недостижна, додека нашите соседи го забрзуваат процесот и преминуваат во неговите понапредни фази.

Идната влада на СДСМ ќе ја реафирмира европската агенда на Македонија. Членството во ЕУ мора да се врати на стариот колосек и Македонија повторно да стане лидер на Балканот. За таа цел, европските интеграции суштинска ќе се променат во три појдовни точки:

1. Членството во ЕУ од прашање на надворешна политика, ќе стане прашање на внатрешна политика, бидејќи реформите што мора да се спроведат навлегуваат во секоја пора на општеството. Секоја општествена област, или сектор, и секое потенцијално законско решение, ќе биде проследено со соодветна анализа за влијанието на истото врз европската интеграција на државата. Оттука и нашата програма го третира членството во ЕУ како хоризонтално прашање.

2. Европеизацијата на општеството ќе се одвива паралелно со реформите. Граѓаните ќе бидат благовремено информирани за сите чекори - тековни и идни. Медиумите ќе имаат прогресивна улога и нема само да ги пренесуваат пасивно настаните, туку ќе иницираат дебати за сите прашања кои ќе влијаат врз животот на македонските граѓани. Нивното мислење нема да се бара само на референдумот на крајот од преговорите за членство во ЕУ, туку тие ќе бидат постојано запознаени со напредокот во пристапувањето на Република Македонија во ЕУ.

3. Европската помош ќе биде ставена во функција на европеизацијата на целата држава. ИПА II нема да биде веќе инструмент со кој се подготвува државната администрација за преговорите за членство во ЕУ, туку ќе стане инструмент со кој ќе се изградат капацитетите на сите чинители во општеството. Тоа значи дека покрај државните институции, средства мора да се предвидат и за малите и средните претпријатија, граѓанските организации, универзитетите и истражувачките институции, општините, училиштата, синдикатите, маргинализираните групи, работодавачите, невработените, па дури и за неформалните групи. Сите оние кои ќе можат да привлечат дополнителни средства од другите европски фондови (пример од програмите на унијата), ќе бидат поддржани со соодветни мерки, вклучувајќи го и кофинансирањето.

Ќе обезбедиме „чисто досие“ за Република Македонија: со вистински реформи и политичка волја, нема да оставиме простор за натамошни критики од страна на ЕУ за непочитување на човековите права, демократските процедури и слободата на медиумите. Ќе воведеме перманентна консултација со Собранието на Република Македонија и широка дебата за придобивките и ризиците од членството во Европската Унија. Во Унијата ќе влеземе подготвени и посилни.

ДИПЛОМАТИЈА

Се залагаме за целосно остварување на уставната позиција на претседателот во надворешната политика и за подигање на угледот на државата во меѓународната заедница. Воедно, министерот за надворешни работи во содејство со Владата, ќе стане одлучувачки фактор во креирањето и остварувањето на надворешната политика.За зацврстување на Република Македонија како парламентарна демократија, ќе ја зајакне улогата на Собранието и неговите комисии во утврдувањето и контролата на спроведувањето на стратешките цели во надворешната политика.

Идната влада предводена од СДСМ, преку Министерството и дипломатската мрежа на државата ќе ги унапреди и ќе ги збогати комуникациите со дијаспората, за нивна афирмација во средините во кои живеат и работат, за суштинска реализација на нивните потреби и за поддршка на Република Македонија.Актуелната влада изврши измени на Законот за надворешни работи со кои дипломатската структура ја претвори во формален извршител на своите дневно-политички потреби. Таа регрутира и унапредува кадри без почитување на стандардите за професионален развој на дипломатите, најшироко имплементирани во демократските и најразвиените

Page 88: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

86

земји во светот, нив ги сведе на предмет за подбив и извор на афери во јавноста.Ќе извршиме нормативни измени за редефинирање на местото и улогата на дипломатијата во структурата на државниот систем и дефинитивна изградба на стручен, професионален, натпартиски и самостоен државен орган. Така, дипломатската структура ќе стане креативен фактор кој, во односите со странство ќе го брани достоинството на државата и ќе биде двигател за што побрз економски развој на сите субјекти на Република Македонија.

Согласно со наведените стратешки цели, идната влада на СДСМ ќе пријде кон согледување и длабока анализа за рационализација на дипломатската мрежа на државата и нејзино усогласување со реалните потреби на државата и на нејзините граѓани. Максимално ќе се искористат постојните кадровски и материјални потенцијали на Министерството за надворешни работи, за остварување на проактивна надворешна политика соодветна на новите светски трендови во дипломатијата. СДСМ смета дека сегашниот начин на избор на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата е катастрофален по угледот на државата во странство. Тоа ќе го промениме. Нивниот избор ќе го засноваме на системот за кариера, квалитет и постојана надградба во рамките на министерството, како што е тоа практика во најразвиените европски демократии.Идната влада на СДСМ ќе ги анимира сите заинтересирани македонски економски субјекти за настап во странство, во координација со економските сектори во МНР и во дипломатските претставништва на Република Македонија.

Page 89: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

87

ЖИВОТНА СРЕДИНА

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Република Македонија има природни ресурси кои што даваат можност за развој на квалитетен живот на сегашните и идните генерации. За жал, сето тоа е заборавено и занемарено во трката по профит и неконтролираното загадување на воздухот, почвата и водата.

Република Македонија има неусогласено законодавство за заштита на животната средина, а и тоа не се применува во целост. Еколошките стандарди не се почитуваат ниту од страна на државните институции, кои постојано ја одлагаат нивната примена. За власта, животната средина е само начин за уцена на фирмите чија крајна цена ја плаќаме сите ние, особено децата и хронично болните.

Постојниот оперативен дел на системот на заштита на животната средина покрива само мал дел од потребите, што е највидливо во недостатокот од инфраструктура и несоодветен систем за стопанисување со отпадот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не инвестираше доволно ниту домашни, ниту пак европски средства за реална заштита на животната средина. Таа нема дијалог ниту со локалните заедници, ниту со граѓанските организации за ова суштинско прашање.

НАШИОТ ПРИСТАП

Здравата животна средина е право на оваа, но и на следните генерации. Таа не е луксуз, туку насушна потреба. Воздухот, водата и почвата се ресурси со кои одговорно ќе се однесуваме. Пристапот на идната влада на СДСМ ќе подразбира:

Ќе градиме политики кои ќе ја поддржат и помогнат заштитата на животната средина. Тоа ќе го правиме врз основа на претходни длабински стручни анализи за причинителите на неповолните состојби. Приоритет ќе бидат местата каде состојбата со загаденоста е најалармантна (воздухот во Скопје, Тетово, Битола, Кичево). Со широка дебата ќе се усогласат итни чекори за негово намалување;

Ќе обезбедиме повеќе средства во фондот за заштита на животната средина, преку кој ќе се поддржува унапредувањето на состојбите во оваа област;

Ќе воведеме интегрирани системи за управување со медиумите на животната средина, како и механизми за мониторинг;

Националните и локалните институции ефикасно ќе соработуваат во насока на размена на информации и надзор на спроведување на прописите. Граѓанскиот сектор ќе биде важен партнер;

Засилена едукација за заштита на животната средина на сите старосни структури на граѓани и подигање на јавната свест на сите нивоа.

Изградба на нова и современа еколошка инфраструктураСогласно искуството на земјите членки на ЕУ, покрај буџетските инвестиции, во голема мера ќе се користи и моделот на јавно-приватно партнерство. Тоа значи дека преку ЈПП ќе се реализираат проекти кои ќе придонесат за решавање на проблемите со отпадот, загадувањето на водата и воздухот и зачувување на биодиверзитетот. Во таа смисла, освен депонијата „Дрисла“ која ги исполнува минималните стандарди, во Република Македонија има 47 општински и над 1000 диви депонии. Затоа, моделот на јавно-приватно партнерство ќе го користиме како инструмент за финансирање на изградба на регионални депонии, според соодветни еколошки стандарди, или на посебни „фабрики“ за преработка на отпад.Исто така, над 90% од отпадните води, пред сѐ оние од индустријата и рударството, во водотеците, акумулациите и почвата се испуштаат во непречистен облик. За решавање на таа состојба, најнапред ќе направиме идентификација на „жариштата“, а потоа ќе се пристапи кон изградба на станици за третман на отпадните води и нивно пречистување пред испуштање во околината.

Приближување кон законодавството на Европската унијаРепублика Македонија има и потреба и обврска за приспособување на домашното законодавство од областа на заштита на животната средина кон стандардите на Европската унија. За реализација на таа цел неопходна е промена на домашното законодавство. Ќе изработиме стратегија за заштита на природата, план за управување со заштитени подрачја, акциони планови за заштита од бучава, стратешки карти за бучава итн. Со измените во законодавството ќе внесеме одредби за зголемување на одговорноста и на изготвувачите на проектите за заштита на животната средина и на лицата кои се надлежни за нивно одобрување. При носењето на наведените документи особено внимание ќе посветиме на учеството на пошироката и експертската јавност, како и на сите засегнати страни.

Заштита на природната и биолошката разновидностРепублика Македонија е потписничка на Конвенцијата за биолошка разновидност, со што е обврзана да посвети големо внимание на зачувување на еко-системите, видовите и гените. За зачувување на природната и биолошка разновидност планираме проширување на листата на еколошки заштитени подрачја и планови за нивно управување. Во исто време, ќе воспоставме и информативен систем за биолошка разновидност. Ќе донесеме Национална црвена книга и Црвени листи на диви видови. Ќе воспоставиме ефикасен

Page 90: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

88

модел за управување со природното наследство. Ќе ги подобриме условите за развој на еко-туризмот, во согласност со принципите на одржлив развој.

Користење на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасностМакедонија е богата со обновливи извори на енергија, но сè уште ги користи многу ограничено. На пример, искористувањето на сончевата енергија во Република Македонија е на најниско ниво во споредба со европските држави. Ќе го олесниме и засилиме субвенционирањето на обновливите извори на енергија (сонце, ветер, геотермална енергија и биомаса). Ќе ги поедноставиме постапките за енергетски проекти базирани на обновлива енергија. Преку специјално дизајнирани програми, кои ќе бидат наменети, пред сè, за руралните подрачја, ќе ги поттикнуваме граѓаните да ги користат оние обновливи извори на енергија кои претставуваат отпад од производните процеси.Потенцијалот на енергетската ефикасност во Македонија е поголем од вкупниот дефицит на енергија кој се покрива со увоз, како и поголем од капацитетот на сите мали хидроцентрали кои треба да се изградат и работат со повластени (фидинг) тарифи.За искористување на тој потенцијал ќе преземеме повеќе мерки и проекти кои се опишани во поглавјето Енергетика. Покрај тоа, согласно Кјото протоколот ќе ја пресметуваме и стимулираме намалената емисија на CO2 и, од добиените заштеди во КТе, како карбон кредити ќе обезбедиме финансиски средства за енергетска ефикасност.Ќе го поддржиме создавањето на ЕСКО компании како испробан и верифициран модел за реализација на проектите за енергетска ефикасност во земјите на Европската унија.

Намалување на емисиите на штетни гасовиИспуштањето на штетни гасови во атмосферата и загадувањето на воздухот се вбројуваат меѓу најголемите причинители на сериозни кардиоваскуларни, респираторни и канцерогени заболувања. Најголеми загадувачи во Република Македонија се секторите транспорт, енергетика, и индустриските капацитети. Затоа, ова прашање не трпи одлагање. Еден инструмент се мерките што ги предвидовме во поглавјето Енергетика. Вториот инструмент се директните мерки за намалување на загадувањето од големите индустриски капацитети. Загадувачите мора да инвестираат во почисти технологии за да се приспособат на еколошките стандарди. Но, и државата мора да помогне.Ќе обезбедиме пакети од грантови и поволни кредити за промена и приспособување на постројките во фабриките-загадувачи, кои ќе треба да користат технологии „пријателски“ кон животната средина. Ќе субвенционираме вградување на плински уреди во моторните патнички возила до 1600 кубици.

Третман на отпадЌе воспоставиме интегриран систем за управување со отпад во сите региони на државата преку моделот на јавно-приватно партнерство и ќе обезбедиме ремедијација на постоечките депонии. Покрај тоа, ќе започнеме реформа на постојниот начин на третман на отпадот: ќе започнува од примарна селекција во општините и одвојување на сите фракции за рециклирање. Рециклираните елементи (пластика, стакло, метал, хартија) претставуваат нов производ за кој е потребна многу помала енергија од примарниот производ. Инселерацијата (согорувањето) како последен и најсовремен пристап во земјите на ЕУ го третира само остатокот 5%-10% од вкупните количини како стандарден отпад по согорувањето. Со тоа, отпадот се третира како енергија (со вградување на когенеративни турбини кои енергијата од согорувањето ја претвораат во топлинска енергија за греење и електрична енергија во системот).

Мониторинг системи за квалитет на воздух, вода и почваРепублика Македонија има мониторинг- систем преку кој се следи загадувањето само на воздухот, но тој е крајно нефункционален и ограничен.

Идната влада на СДСМ ќе го надгради постојниот систем за мониторинг на воздухот и ќе воспостави систем за следење на загадувањето на водите и почвата. Дополнително, ќе ги поврземе тие три системи во еден интегриран систем, чиишто податоци ќе се објавуваат јавно и ќе бидат достапни за граѓаните.

Page 91: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

89

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ

СЕГАШНА СОСТОЈБА

Во текот на последните осум години сериозно е загрозена автономијата на општините во Република Македонија. Реформите се запоставени и децентрализацијата на власта е во сериозен застој. Ова е особено видливо во делот на фискалната децентрализција. Приходите на општините се недоволни за тие да можат соодветно да ги извршуваат законските надлежности. Република Македонија сè уште е една од фискално најцентрализираните држави во Европа. Значителен број општини немаат изградено соодветни капацитети за да обезбедат квалитетни услуги.Транспарентноста и отчетноста не се на задоволително ниво. Не постои систем за финансиско воедначување. Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) е маргинализирана, а консолидираните ставови на локалните власти се најчесто игнорирани.

Република Македонија е исклучително нерамномерено развиена земја. Огромни се разликите во степенот на развиеност меѓу општините генерално, меѓу урбаните и руралните општини, меѓу општините во состав на Град Скопје, а големи разлики постојат и меѓу урбаните и руралните делови во самите општини. Наместо да се намалуваат, разликите меѓу општините сè повеќе се продлабочуваат,а животот во руралните и помалите урбани општини замира. Голем број граѓани заминуваат во поголемите урбани центри и градот Скопје, или ја напуштаат својата татковина.

Локалните власти во Молдавија, Косово и Македонија се трите најсиромашни во Југоисточна Европа. Но, централните власти на Молдавија и Косово се трудат многу повеќе од оние во Македонија да им обезбедат на општините доволно приходи за да ги исполнат функциите кои им се доделени“- Извештај за фискалните индикатори во Југоисточна Европа (НАЛАС, 2012)

Потенцијалите на локалната самоуправа за развој на земјата сè уште не се доволно искористени. Наместо да се грижи за подобрување на квалитетот на животот на своите граѓани локалната власт е ставена во функција на задоволување на потребите и желбите на централната власт, која во нивно име одлучува каде, што и кога ќе гради. Истовремено, централната власт прави опструкции на општините каде локалната власт е од друга политичка партија.

НАШИОТ ПРИСТАП

Децентрализацијата ќе остане еден од нашите приоритети. Централната власт нема да одлучува во име на локалната. Сите реформи ќе бидат со една единствена цел: подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во локалните заедници. Во согласност со принципот на супсидијарност, на општините ќе им бидат пренесени сите оние надлежности кои тие можат да ги извршуваат со поголем успех во споредба со централната власт. Идната влада на СДСМ ќе обезбеди фер услови и финансиска поддршка на општините за капитални објекти и проекти кои ги одразуваат реалните потреби на граѓаните на локално ниво, затоа што пренесувањето на многу права без доволно финансиски средства е повеќе товар отколку право.

Јакнење на локалната самоуправаЌе продолжиме со пренесување на надлежности од централно на локално ниво, и тоа: (1) дел од надлежностите на полицијата во областа на јавниот ред и мир и регулирањето на сообраќајот на локалните улици и патишта, како и на дел од управните надлежности на МВР од областа на матичната евиденција и издавањето на сообраќајни и возачки дозволи; (2) установите од областа на културата (со исклучок на мал број установи од национално значење); (3) објектите и терените за спорт и рекреација во сопственост на општините; (4) природните добра од локално значење (неизградено градежно земјиште, земјоделско земјиште, шуми, пасишта, утрини, наоѓалишта на минерални суровини, геотермални извори и сл.) во сопственост и располагање на општините.

Функционална наместо институционална децентрализацијаСо цел граѓаните да добијат ефективни и ефикасни услуги, а врз основа на начелото на субсидијарност, на општините и на Град Скопје ќе им бидат пренесени сите надлежности, кои тие може поквалитетно да ги извршуваат во споредба со централната власт, а кои немаат карактер на т.н. државни надлежности. Со спроведување на концептот на функционална децентрализација ќе се подобри квалитетот на живеење во помалите и во руралните општини, што ќе обезбеди услови за создавање на локални институции и установи во сите општини (на пример: домови за култура, противпожарна бригада, градинки, средни училишта) .

Page 92: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

90

Ревизија на постојните политикиЌе направиме подобрување на организацијата на локалната самоуправа, преку поделба на надлежностите на задолжителни и изборни, или, пак ,со напуштање на монотипниот вид на општини и воведување на политипен вид на општини со различни надлежности (пр. општини, градови и големи градови). Тоа ќе зависи од големината на општината, изградените капацитети и моќта да генерираат доволно сопствени приходи. Исто така, ќе се пристапи и кон преиспитување на организацијата на Град Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, со цел да се смали неговата територија во рамки на урбаните граници за да се избегне паралелизмот во надлежностите и конфликтите на интересите меѓу Градот Скопје и општините во негов состав.

Подобра организација на општинската администрацијаЌе воведеме функција помошник на градоначалникот во три области: јавни дејности, финансии и урбанистичко планирање и комунални дејности, со цел да се постигне подобра координација и повисок квалитет при спроведување на изборните ветувања. Наместо пред премиерот и Владата, градоначалниците отчетот за своето работење ќе го даваат пред граѓаните, кои непосредно ги избрале на редовни годишни јавни средби.

Волјата на граѓанинот пред сèЌе се заложиме за промена на избирачкиот процес за избор на градоначалник и советници, со кој целосно ќе се запази волјата на граѓаните. Градоначалникот, заедно со листата на советници, ќе се избира во еден круг, а во советот по автоматизам ќе влезат и кандидатите за градоначалник доколку освојат потребен цензус на гласови. Со тоа ќе се испочитува волјата на граѓаните, ќе се подигне квалитетот на работа на советот, но и ќе се намалат изборните фалсификати.

Повеќе пари за општините и граѓаните

Ќе го подобриме системот за финансирање на општините, за тој да стане објективен, правичен, транспарентен, стабилен и предвидлив, и ќе овозможува зголемување како на вкупните, така и на сопствените приходи на општините.

Дотациите од ДДВ наменети за општините ќе се зголемат на 6% до крајот на мандатот, а приходите од персоналниот данок на доход наменет за општините, ќе се зголемуваат секоја година, достигнувајќи 30% до крајот од мандатот. Исто така, ќе пренесеме дел од данокот на добивка и некои типично локални даноци (данок од игри на среќа и автомати и др.), како и дел од приходите од концесии на други добра во државна сопственост. Дополнително, ќе ги промениме процедурите за задолжување на општините кое ќе биде врз основа на одлуките на општинските совети и согласно со законските одредби, а без политички субјективизам на централната власт.

Квалитетни услуги за сите граѓаниЌе воспоставиме објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините, со цел да се обезбедат повеќе финансиски средства за општините кои континуирано, врз основа на реални показатели од една страна имаат помал даночен капацитет, а од друга страна имаат поголеми фискални потреби за да се намалат огромните разлики и за да се обезбедат стандардно квалитетни услуги за граѓаните на целата територија на земјата.

Правична и транспарентна распределба на капиталните дотацииЌе направиме постапно интегрирање на капиталните дотации за општините во еден единствен систем со неколку подсистеми. Целта е значително зголемување на средствата за капитални дотации, утврдување на објективни, правични критериуми за нивна распределба и водење на транспарентна постапка за нивна распределба.

Буџет по желба на граѓанитеЌе воведеме партиципативно буџетирање, со цел примена на принципите за добро владеење од страна на локалната самоуправа, особено транспарентноста во делот на управувањето со јавните финансии на општината. Крајните корисници на партиципативното буџетирање се жителите на општината, кои со оваа техника добиваат можност да ги дадат своите сугестии во распоредувањето на финансиските средства на општината по поодделни услуги и инфраструктура. На крајот од фискалната година граѓаните ќе бидат информирани за реализација на буџетот на општината.

Граѓаните во центарот на локалната самоуправаЌе обезбедиме нормално функционирање на урбаните и месните заедници, преку зајакнување на нивниот административен, просторен и финансиски капацитет. Органите и телата на урбаните и месните заедници ќе се избираат преку непосредно учество на граѓаните на транспарентен начин. Граѓаните ќе можат да имаат постојан увид во целокупното работење на општината, но и активно да учествуваат во носење на одлуките кои се од клучно значење за нивното маало, улица, реон и општината (ДУП, програми, буџет...). Ќе се обезбеди соработка и партнерство со невладиниот сектор, а седниците на општинските совети ќе бидат отворени не само за присуство, туку и за обраќање на заинтересирани групи и граѓани.

Фонд за кофинансирање на локални и регионални проектиЌе формираме посебен Фонд за финансирање на подготовка, аплицирање и имплементација на развојните проекти финансирани од меѓународни финансиски институции, пред сè оние од ЕУ кои се финансираат според ИПА правилата. Со тоа, ќе им се овозможи на општините и регионите да го обезбедат сопственото учество и предфинансирањето на проектите, доколку нивните проектни апликации се одобрени за финансирање. Во оваа насока, ќе се инсистира

Page 93: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

91

на целосна примена на транспаретност и отчетност на финансирање на локалните и регионалните проекти преку партиципативно буџетирање, јавни дебати, отворени сесии на општинските и регионалните совети, како и обезбедување финансиски информации кои лесно можат да се следат преку интернет, локалните ТВ-станици и весниците.

НЕ за Скопје 2014, НЕ за луксуз – ДА за Република Македонија

Република Македонија не е и не смее да биде само Градот Скопје. Затоа, идната влада на СДСМ ќе го поддржува развојот на сите општини во државата, преку инвестирање во капитални инвестиции кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните. Наместо споменици во Скопје, ќе се стимулира изградба на капитални објекти за водоснабдување, канализација, депонии за отпад, локални патишта, јавно осветлување, градинки, училишта, инфраструктура за локални економски зони, итн. На тој начин, наместо да ги злоупотребува историските национални чувства и емоции на граѓаните, СДСМ нуди иднина и задоволување на основните секојдневни потреби на граѓаните од сите општини СЕГА!

Колку градоначалници – толку економски промотори Наместо концентрација на активностите за привлекување на странски инвестиции во Владата, ќе обезбедиме услови привлекувањето на домашни и странски инвестиции да биде и во рацете на градоначалниците и локалната власт. Посебно во делот на мали и средни претпријатија, кои се основните двигатели на економскиот раст и намалување на невработеноста. Затоа, сите општини, а посебно малите и руралните општини, ќе добијат финансиска поддршка за изработка на урбанистички планови и зголемување на површината опфатена со плановите како основа за привлекување инвестиции, а дополнително со средства од буџетот ќе им се помогне на општините за уредување на градежното земјиште и целосно завршување на процесот за легализација на бесправно изградените објекти во најкраток можен рок.

Вистински рамномерен регионален развојБорбата за намалување на разликите во развиеноста меѓу општините ќе се води со: поголема самостојност на Советите на регионите во одлучувањето и финансирањето на приоритетните регионални проекти и при донесување на урбанистички планови, јакнење на административните и финансиските капацитети на Центрите за регионален развој (обезбедување статус на државни службеници на вработените во Центрите и целосно покривање на оперативните трошоци од централниот буџет), поголеми надлежности на општините во уредување на односите во локалните економии и подобрување на локалната и регионалната бизнис-клима. Улогата на Министерството за локална самоуправа ќе се насочи многу повеќе кон регионалниот развој, со можност истото да премине во Министерство за локална самоуправа и регионален развој.

Капитални инвестиции за регионален развој: повеќе и подобро

Идната влада на СДСМ целосно ќе го примени Законот за рамномерен регионален развој: планските региони и општините ќе можат да реализираат проекти во износ од минимум 1% од БДП. Тоа значи регионални капитални проекти во износ од над 70 милиони евра годишно.

Не е само важно колку, туку и како ќе се распределуваат овие средства.

Сите министерства, кои располагаат со финансиски средства за реализирање на регионални проекти, ќе изготват и објават јасни и транспарентни процедури по кои планските региони и општините можат да конкурираат за средствата за рамномерен регионален развој.

Идната влада на СДСМ нема да води политика на дискриминација и минимизирање на локалните власти.

Специјализирани тимови за забрзан локален економски развојИдната влада на СДСМ ќе формира професионални специјализирани тимови, чија основна цел ќе биде обезбедување на предуслови за забрзан локален економски развој. Владата ќе обезбеди соодветни просторни, административни и финансиски капацитети за нормално функционирање на тие тимови. Дополнително, владата ќе обезбедува и соодветни поволности за потенцијалните инвеститори, како и соодветна инфраструктура за реализација на капитални инвестиции.

Развој на рурален туризам – Проект „поминете викенд на село“Македонија плени со своите природни, културни и историски специфичности, кои можат да бидат мотор за развој на туризмот. Идната влада на СДСМ ќе се насочи кон развој на селскиот туризам. Ќе се обезбедат дополнителни стимули и други поволности, ќе се изготви посебна стратегија во која ќе се опфатат сите специфичности на одредени локалитети, културни манифестации, традиции и обичаи што ќе биде основа за квалитетна туристичка промоција за секое поднебје. Покрај тоа, владата ќе спроведува и проект „Поминете викенд на село“, со кој ќе ги мотивира граѓаните, најмалку еден викенд во годината, наместо во соседството, да го поминат во некое село во Македонија.

Подобрување и одржливост на комуналните услуги Идната влада на СДСМ ќе пристапи кон реформа на комуналниот сектор, со цел подобрување на квалитетот на услугите по реални цени и зголемување на продуктивноста. Ќе се обезбедат услови за изградба на нови и реконструкција

Page 94: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

92

на постечките комунални објекти, преку привлекување на приватен капитал, изнаоѓање на соодветни форми на трансформација, или со стимулирање на јавно-приватни партнерства и воспоставување рамнотежа меѓу профитните бизнис-операции од една страна и обезбедувањето евтини, сигурни, квалитетни и широко достапни услуги за граѓаните, од друга страна.

Суштинска децентрализација на урбанистичкото планирањеУрбанистичкото планирање сè уште е многу централизирано, и потребна е негова натамошна децентрализација. Општините ќе добијат поголема самостојност во планирањето, а фокусот на државните органи ќе биде во заштита на државните интереси, уставноста и законитоста. Ќе се продолжи со натамошно поедноставување на процедурите за давање согласности на урбанистичката документација и кратење на роковите, а согласноста за урбанистичките планови ќе се дава само на процедурата за донесување без да се навлегува во нивната содржина.

Помали општини, помали давачки, побрзо градењеРуралните општини се сè помалку населени бидејќи луѓето сè повеќе се иселуваат и одат во градовите. Сега условите за градење се идентични и за Скопје и за некое најмало село во Македонија. Затоа, на руралните општини ќе им се дозволи да ги користат постоечките урбанистички планови и, преку изработка на Урбанистички проект, секоја катастарска парцела со дефинирана сопственост да стане градежна парцела. Со тоа, ќе се упрости процедурата за добивање одобрение за градба, селата и руралните општини би станале поатрактивни за да се гради во нив, и би се создале услови за враќање на животот во тие средини.

Можност секое семејство да се стекне со свој домИдната влада на СДСМ ќе го стимулира просторното и урбанистичкото планирање, заради обезбедување на урбани населби во кои граѓаните ќе можат на брз и едноставен начин да се стекнат со плацеви за градба. Посебна поволност ќе има за семејства кои немаат сопствен дом. Урбаните населби ќе ја имаат сета потребна инфраструктура за нормално функционирање и задоволување на потребите на граѓаните.

Капитални инвестиции во образованието по локален теркКапиталните инвестиции ќе бидат реализирани од самите општини преку капитални трансфери врз основа на јасни и транспарентни процедури, за разлика од сегашната пракса кога Владата одлучува и гради училишта заради сопствена промоција. Со ревизија на методологија за пресметка на блок-дотациите, ќе се обезбеди порамноправна положба на малите урбани, ретко населените и руралните општини. Дополнително, методологијата ќе вклучи аспект за енергетска ефикасност во училиштата како мерка за излез од магичниот круг на трката меѓу висината на дотациите и цената на енергенсите.

Отворање на дневни центри за згрижувањеСоцијалната заштита и грижата кон ранливите катергории на граѓани ќе биде во фокусот на локалните самоуправи. Во тесна соработка на централната и локалната власт, идната влада на СДСМ ќе обезбеди отворање на дневни центри за згрижување на деца од улица, деца со попреченост, возрасни инвалидизирани лица и лица со попреченост, бездомници, зависници од наркотици, зависници од алкохол и лица изложени на семејно насилство, со цел за нивна ресоцијализација и создавање на можности за нормален живот.

Ефикасна исплата на штетите од природни непогодиПо увидот и изработката на елаборатот за отштета, Владата многу често доцни со исплата на оштетата. Идната влада на СДСМ ќе создаде механизам за поефикасна исплата на отштетата по елаборатите за проценка на штетата од природни и други непогоди, како и зголемување на процентот за исплата на проценетата штета.

Младински совети во сите општиниИдната влада на СДСМ ќе основа младински совети во сите општини и во Градот Скопје, во кои ќе членуваат ученици од седмо и осмо одделение од основните училишта и ученици од средните училишта. Целта е младите да се запознаат со надлежностите и работата на локалната самоуправа, да им се разбуди желбата за тоа што тие сакаат и можат да направат за својата заедница, да им се овозможи да градат ставови за актуелните состојби, за активностите на локалната и централната власт и за да креираат политики за остварување на интересите и потребите на младите, и конечно за нивна полесна интеграција во локалните заедници.

Дом на граѓански активизам и волонтерствоИдната влада на СДСМ во секоја општина ќе обезбеди соодветни простории со соодветна опременост што ќе бидат ставени во функција на стимулирање на невладиниот сектор. Така, ќе се овоможи нормално функционирање на разните здруженија на граѓани, кои немаат просторен и финансиски капацитет да можат нормално да ги остваруваат зацртаните цели. Со оваа мерка ќе се поттикне граѓанскиот активизам и волонтеризам, како општ предуслов за развој на демократијата и општеството воопшто.

Општински правобранителЗаштитата на правата на граѓаните повредени од локалната самоуправа ќе се остваруваат и преку општински правобранител. Покрај сите законски можности, граѓаните ќе добијат правна заштита и пред општинскиот правобранител, кој ќе ги разгледува поплаките на граѓаните, а ќе има овластувања да истражува, разговара со членовите на советот и функционери во општината, да испитува податоци и документи со крајна цел заштита на правата на граѓанинот.

Page 95: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ОД СДСМ И КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ

Page 96: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 1

1. Рената Дескоска2. Софија Куновска

3. Стефан Богоев

4. Љубомир Јосифовски

5. Дуфе Кукоски

6. Солза Грчева

7. Лидија Димова

8. Сафет Бишевац

9. Кире Наумов

10. Бобан Јанкоски

11. Анета Симеска Димоска

12. Далибор Богдановски

13. Драган Ацевски

14. Дарко Каевски

15. Тамара Баара

16. Андреја Кнежевски

17. Драган Баварчиќ

18. Невена Спасовска

19. Христијан Јосифовски

20. Ангела Велинова

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 2

1. Петре Шилегов2. Љубиша Николиќ

3. Соња Мираковска

4. Љубица Буралиева

5. Благоја Стојановски

6. Самка Ибраимовски

7. Марина Алексовска

8. Мирослав Јовановиќ

9. Сенад Смаиловиќ

10. Иво Скилевски

11. Селда Ујкановиќ

12. Милица Бубало

13. Ленче Шегмановиќ Комненовиќ

14. Жаклина Јовановска

15. Владислав Трајковски

16. Виктор Груев

17. Филип Јаневиќ

18. Јасминка Спасовска

19. Шаип Рамадани

20. Пасал Сетинов

Page 97: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 3

1. Марјанчо Николов2. Ален Георгијев

3. Јагода Шахпаска

4. Горан Мисовски

5. Миле Андонов

6. Мира Стојчевска

7. Енес Ибрахим

8. Борјанчо Мицевски

9. Даница Рамбабова

10. Делчо Илиев

11. Зоран Наков

12. Наташа Богдановска

13. Соња Стаменкова

14. Слободан Постолов

15. Тимчо Ристовски

16. Маја Хеско

17. Кирил Шапкалиевски

18. Стефче Алексов

19. Анѓел Јанков

20. Славчо Димов

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 4

1. Хари Локвенец2. Панче Орцев

3. Роза Топузова Каревска

4. Бетиане Китев

5. Сашо Поцков

6. Милева Ѓоргиева

7. Горан Сугарески

8. Марјан Даскаловски

9. Живка Гавровска

10. Јордан Шијаков

11. Ратка Алаванова

12. Јасмина Гулевска

13. Благој Илиев

14. Ленче Стојанова

15. Јане Вртески

16. Демир Куртев

17. Маја Зафирова

18. Јосиф Стојанов

19. Александар Џагадуроски

20. Тинка Петрушева

Page 98: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 5

1. Васко Ковачевски2. Томислав Тунтев

3. Биљана Настеска

4. Горан Милевски

5. Јован Митрески

6. Јулијана Силјановска

7. Ѓоко Танасоски

8. Аднан Џафероски

9. Ружица Перевска

10. Зоран Ѓоргијев

11. Никола Поповски

12. Драгана Куртеска Филипоска

13. Наташа Струмениковска

14. Валентина Аврамоска

15. Билјана Лешоска

16. Максуд Али

17. Славица Јовческа

18. Соња Цветкоска

19. Мишел Силјаноски

20. Јасмина Стевановска

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 6

1. Стојко Пауновски2. Благојче Трпевски

3. Севим Мурати

4. Ивица Михајлоски

5. Вања Јовчевска

6. Азен Фејзоски

7. Анастасија Блажевска

8. Зоран Ангелов

9. Цвете Серафимоски

10. Денис Богоевски

11. Ангела Крајческа

12. Александар Бојоски

13. Горан Чавдаровски

14. Дени Апостоловски

15. Елица Матевска

16. Светлана Петковска

17. Тахир Зунуни

18. Мелиса Ценовска

19. Игор Петкоски

20. Бојан Ристовски

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 7

1. Гелал Абдијевиќ

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 8

1. Јани Хаџи - Еленов

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БРОЈ 9

1. Пеце Смилевски

Page 99: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток
Page 100: #ПрограмаСДСМ - Промени за нов почеток