Обука „Развој на мојот бизнис“

6
Обука за претприемништво Развој на мојот бизнис Дводневен интензивен тренинг кој ќе ви даде свежи и нови погледи за тоа што навистина функционира во претприемништвото Постоечки или потенцијални претприемачи кои сакате да ги подобрите своите бизнис перформанси или Менаџаери и вработени во институции за поддршка и стимулирање на претприемништвото, кои имате цел да добиете поголемо внимание во креирањето на плодна и позитивна клима за развој на претприемачи Стекнете ги неопходните бизнис вештини кои ви требаат за самоуверено да го водите својот бизнис, денес и во иднина... пренесени на нов и применлив начин! Пријавете се уште денес на: 047/236763 или www.bscbitola.org 15ти и 16ти јуни 2011, Битола

description

Интензивна обука за претприемништво и бизнис планирање: Развој на мојот бизнис. Видете во оваа брошура што коментираат останатите учесници за ова, што тие понесоа како знаење, и што може да очекувате дека ќе се обработи на оваа дводневна практична работилница.

Transcript of Обука „Развој на мојот бизнис“

Page 1: Обука „Развој на мојот бизнис“

Обука за претприемништво

Развој на

мојот бизнис

Дводневен интензивен тренинг кој ќе ви даде свежи и нови погледи за тоа што навистина функционира во претприемништвото

Постоечки или потенцијални претприемачи кои сакате да ги подобрите своите бизнис перформанси или

Менаџаери и вработени во институции за поддршка и стимулирање на претприемништвото, кои имате цел да добиете поголемо внимание во креирањето на плодна и позитивна клима за развој на претприемачи

Стекнете ги неопходните бизнис вештини кои ви требаат за самоуверено да го водите својот бизнис, денес и во иднина... пренесени на нов и применлив начин!

Пријавете се уште денес на: 047/236763 или www.bscbitola.org

15ти и 16ти јуни 2011, Битола

Page 2: Обука „Развој на мојот бизнис“

Обуката Развој на мојот бизнис... Е делотворен претприемнички тренинг кој ќе влијае на Вашите бизнис

вештини. Видете што коментираат досегашните учесници ...

+ 10 одлични причини за да учествувате: Комплетната обука за претприемништво гарантира драматично зголемување и стекнување на бизнис вештините

Ќе научите...

1. Како да оценувате и селектирате потенцијална бизнис идеја

2. Мудро да ги поставувате вашите цели

3. Како да го оценувате влијанието на околните фактори врз вашиот бизнис

4. Како да направите маркетинг микс концепт за вашите производи

5. Како да изработите свој маркетинг план

6. Како да правите СВОТ анализа

7. Вештини за подобро да го менаџирате вашиот бизнис

8. Како да читате и анализирате финансиски извештаи и предвидувања

9. Како да направите ефективен бизнис план

10. Учество на тековниот натпревар за бизнис план 2011 и можност за добивање на многу вредни награди кој ќе овозможат реализација на вашата бизнис идеја

„Научив како треба да се обработи идејата за да се дојде до конечната цел“ ... Богоја Чачоровски – БПН Интернационал, Битола

„Ме поттикна да бидам темелна во истражувањето на пазарот пред да донесам било каква одлука“ ... Зорица Блажевска, сопственик на продавница за бебешка опрема БЕБИРОН - Скопје

„Пред се обуката беше јасна, благодарение на добрите предавачи, теоријата беше успешно сврзана со практичните примери“ ... Учесник од Новаци

„Супер, ова е она што ми недостигаше, ми помогна во моето дефинирање како прептриемач. Кој сум? Што сакам и што да превземам! Супер!“ ... Учесник од Новаци

„Добра обука заслужува пофалби , одлично е за почетници и за мотивација“ ... Петар Вељановски - Новаци

„Посвесен сум за карактеристиките кои треба да ги има еден претприемач“ ... Менде Апостоловски, сопственик на Апостоловски ентериери - Битола

„Добив првични информации за бизнис планирање кои ги сметам за интересни и како поле за кое ќе ми треба надоградба“ ... Учесник од Новаци

„Со правилно планирање може да се постигне целта“ ... Јасмина Секуловска, сопственик на пекара ЈАТОЈА - Битола

„Успешно реализирана обука, интеракцијата помеѓу обучувачот и учесниците беше потполна“ ... Учесник од Могила

2

Page 3: Обука „Развој на мојот бизнис“

Лични претприемнички карактеристики Неопходно е да ги откриете вашите потенцијали за претприемништво. Да ги дефинирате најважните претприемнички карактеристики во вас.

Да бидете свесни за вашите слаби и силни страни и како да ги користите во насока на јакнење на вашите прпетприемнички цели.

Генерирање и селекција на бизнис идеја Многу луѓе мислат дека идејата е најважниот дел кога сакаме да

започнеме бизнис. Не е толку едноставно, но е многу интересно да го дознаете процесто на генерирање и селекција на правата идеја за вас.

Околина Претприемачките индивидуални карактеристики и идејата се многу

важни за успешно водење на бизнис, но исто така и околината има голема улога и влијание. Под околина се подразбира поблиското, средното и подалечното опкружување на претприемачот. На овој семинар дознајте како сите тие имаат влијание врз вас и вашиот

бизнис.

Маркетинг Е круцијалниот и основен дел од модерното претприемништво. Тоа е

скоро наука сама за себе, но на овој тренинг ќе ви ги претставиме најважните делови на најсоодветен начин за полесно да ги научите,

прифатите и применувате. Темите кои ќе бидат опфатени преку вежбите ќе бидат, маркетинг микс концепт, моќта на побарувачката,

удел на пазарот.

Бизнис планирање Бизнис планот е продуктот кој произлегува од фазата на бизнис

планирање. Тој е начин како да го презентирате вашиот проект пред потенцијални инвеститори, бизнис партнери, банкарски работници, но

и важна менаџерска алатка која ви дава преглед и патоказ за развој на вашиот бизнис. Во овој модул ќе ги научите посебностите на еден

бизнис план, неговата структура и како најдобро да го претставите.

Финансии Делот за финансиите е составен дел од бизнис планирањето. Ќе

научите како да ги користите и читате податоците од билансот на состојба, биланс на успех, профит наспроти приход и трошок наспроти

одлив. Исто така ќе ви доставиме и знаења за готовиснкиот тек.

На обуката за

претприемништво

Развој

на

мојот

бизнис

Претприемништвото не може да биде научено на подобар начин од овој. Им должите на своите вработени, на вашата организација и на самите себеси да ги одржувате вашите бизнис вештини остри и да ги користите секојдневно техниките, стратегиите и знаењата за да се справувате со денешните и идните предизвици. Не чекајте ни минута повеќе кога е во прашање вашата кариера. Јавете се веднаш за да си резервирате место на овој практичен тренинг: 047/236763 или [email protected]

Ова е она што ќе се обработува:

3

Page 4: Обука „Развој на мојот бизнис“

Секој учесник на обуката ќе добие материјали во печатена и електронска форма кои ќе можете да ги користите и во вашата натамошна работа. Плус добивате - гратис прирачник за бизнис планирање!

Обуката е дизајнирана да се реализира по таканаречената ЦЕФЕ методологија (Creation of Enterprises through Formation of Entrepreneurs), која во превод значи „Креирање на претпријатија преку оформување на претприемачи“. Поради интерактивноста при учењето оваа методологија е исто наречена „учење преку изведба“, каде што теоретските предавања се сведени на минимум.

Интернационалната ЦЕФЕ програма е прифатена од 130 земји во светот и користи цел сет инструменти за обучување, преоктирани да стимулираат позитивен напредок во развојот на малите и средни компании.

Главни цели на ЦЕФЕ програмата е да ги подобрат претприемничките перформанси на економските актери преку:

Процес и водење на самоанализа Стимулирање на претприемничко однесување Развој и надградба на бизнис вештини

Тие цели делуваат на три нивоа:

1. Личноста (претприемачот со своите индивидуални карактеристики и вештини е директно поврзан со идејата што ја има или ќе ја стекне за основање на бизнис)

2. Проектот (целите кои претприемачите планираат да ги остварат преку проектот) 3. Околината (можноста и неможноста на претприемачот да делува на влијанијата

од околината) Методите кои се користат во процесот на обучување се следните: вежби со симулации, замена на улоги, групна работа, дискусии, кратки предавања, студии на случаи, презентации на пауер поинт. Методологијата на учење се применува низ еден круг на искуствено учење кој се состои од: aкција, изнесување на резултатите, процесирање, донесување на заклучоци, канализирање или интернализирање и примена.

Со учество на обуката се стекнувате со право да учествувате и на бизнис план натпреварот кој е отворен до средината на март 2011. Овозможете и на вашата идеја или постоечки бизнис да се натпреварува за значајни награди како:

регистрирање на компанија,

ваучери со консултации за подобро работење,

микрокредитни линии до 15000 евра,

инкубациски простор и

уште многу други поволности кои што може да ги искористите за реализација на вашата идеја во одржлив бизнис.

Материјали

Поврзаност со Бизнис План Натпреварот 2011

Дизајн и методологија на работа

4

Page 5: Обука „Развој на мојот бизнис“

Важни информации

Регистрацијата за учесниците на обуката започнува половина час пред почетокот на обуката. Кога ќе пристигнете во зградата на Бизнис Инкубатор нашите вработени ќе ве пречекаат, ќе ви помогнат во регистрирањето на вашето присуство, ќе ви ги дадат потребните материјали и ќе Ве упатат до салата во која се одржува обуката. Во просторијата за кафе паузи ви препорачуваме да се освежите со понудените пијалаци. Сигурно ќе сакате да ја искористете можноста да запознаете и други професионалци, со што Ви препорачуваме да се претставите и да започнете комуникација. Можеби ќе запознаете нов пријател. Ручекот е на Ваша режија од 00:00 до 00:00 часот. Зошто да не поканите и други учесници од групата да ручаат со Вас? Може да размените информации, да го резимирате претпладневниот дел од обуката и да се запознаете подобро. Паркинг: Најблизок поширок паркинг е пред градскиот музеј на Битола. Но слободно може да го паркирате Вашето возило и пред зградата на Бизнис Инкубатор (ул. Крушево бб) и би Ве замолиле да обрнете внимание да не сте паркирани пред нечија приватна гаража или излез.

Сеуште не сте се пријавиле?

Ви даваме плус пет добри причини кои ќе ви помогнат да одлучите да се пријавите на нашите обуки... 1. Тренерите со кои соработуваме се врвни консултанти и експерти кои своето знаење го

пренесуваат на учесниците безрезервно. Избираме само професионалци кои имаат докажано искуство и обучувачка ефикасност. Тие се врвни комуникатори, кои сигурно ќе ве наоружаат со корисни информации и пракса, при што обуката ќе ви ја направат незаборавно искуство. Обучувач за оваа обука е Зоран Витанов.

2. На нашите обуки ви ги пренесуваме само важните информации. Она што вас ви е

потребно да го чуете. Не сакаме да ве трупаме со небитни информации кои може да ви изгубат драгоцена енергија и време за процесирање. Во два дена обука ќе ви ги пружиме суштинските информации кои ќе ви помогнат да бидете најдобри што можете.

3. Праксата на овој семинар е потенцирана. Начинот на работа се заснова на интерактивна

обука, односно искуствено учење. Методата која се применува е наречена ЦЕФЕ, која е светски позната и прифатена од многу земји за учење при развој на бизнис вештини. Преку примена на симулирани вежби и студии на случаи каде што ќе имате можност да ги развивате своите менаџерски способности. Исто така се користат примери од вашата бизнис средина, со што ќе се осигуриме да биде применливо за вашите потреби.

4. Сумата која ја инвестирате во оваа обука е неповторлива можност. Пазарната вредност е

9.000 денари, но вашата вкупна инвестиција ќе биде само 1.200 денари. Овие услови се овозможени од БСЦ Битола, како дел од програмата Бизнис без граници, финансирана од Американскиот народ преку (USAID)- Американската агенција за меѓународен развој. Не само што партиципацијата за учество кај нас е најниска, туку добивате и можности за попуст доколку присуствувате на повеќе обуки организирани од БСЦ Битола или доколку учествуваат повеќе членови од иста организација.

5. Од оваа обука не само што ќе заминете со знаење и искуства, туку за сето тоа добивате и сертификат издаден од Фондацијата БСЦ Битола. Материјалите кои се применуваат за време на обуката ги споделуваме со вас во печатена и електронска верзија, кои потоа слободно може да ги користите во вашето секојдневно работење.

Ние гаранитираме резултати

Ако вие не сте среќни, тогаш ни ние не сме. Доколку сте апсолутно незадоволни од резултатите кои ги добивате од наученото, пишете ни веднаш. Ќе ве рефундираме со тоа што ќе ви обезбедиме учество на друг семинар по ваш избор, без да платите денар за тоа. Тоа е нашата гаранција.

Локација и

Дата:

Битола

Бизнис Инкубатор

Ул. Крушево бб

15 јуни 2011

(среда 15 – 20 часот)

16 јуни 2011

(четврток 15 – 20 часот)

5

Page 6: Обука „Развој на мојот бизнис“

Придружете се на нашата заедница на Фејсбук Зачленете се на нашиот видео канал Следете не на Твитер

Информации за пријавување и

надомест за учество ...

Надомест за учество на обука „Како до свој бизнис?“ изнесува 1200 денари по учесник.* Уплатата за правни лица се врши преку фактура, додека за физички лица преку трансакциона сметка. Фондација БСЦ Битола не е даночен обврзник. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите со уплата** на долната сметка најкасно 3 дена пред почетокот на обуката Банкарски податоци: Фондација Бизнис Старт ап Центар - Битола Прокредит Банка АД Скопје , Македонија Жиро сметка број: 380676964502155

Адреса: Фондација Бизнис старт ап центар Битола – Бизнис Инкубатор Крушево бб, 7000 Битола Република Македонија Цел на дознака: Обука за претприемништво

Пет лесни

чекори

да се пријавите

n Телефонски

047/23 67 63

или 047/22 02 03

n On-line

Пријавете се на нашата веб страна

www.bscbitola.org

n Преку E-mail

[email protected]

Прикачете ја пријавата за обуки

n По факс

047/22 02 03

Испратете ни ја вашата пополнета

пријава за обуки

n Директно во нашата

канцеларија

Бизнис Инкубатор

ул Крушево бб

7000 Битола

* Цената на чинење на обуката е по учесник, во група од 15 лица. БСЦ Битола го задржува правото на одложување и комбинирање

на термините во случај на недоволно пријавени учесници. Во случај на поголем број пријавени кандидати БСЦ Битола го

применува принципот „first come – first served“ (прв дојден - прв услужен).

** Во политиката на работа на БСЦ нема исклучоци при плаќањето на надоместок за учество доколку лицето отсуствува на дел

од обуката или е претставник од здружение на граѓани.

“Оваа обука е возможна благодарение на дарежливата поддршка на Американскиот народ преку Американската

агенција за меѓународен развој (USAID). Содржината е во одговорност на БСЦ Битола и не ги одразува погледите на

USAID и Владата на САД.“

6