Економика на земјоделството

9
УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ-СТРУМИЦА Работна задача по предметот: Економика на земјоделството Тема: Пазар на градинарски култури Ментор: Изработил: Проф.др. Еленица Софијанова Сања Атанасова 091040 Тони Ковачев 091180 Струмица 2013 1

description

Prezentacija

Transcript of Економика на земјоделството

Page 1: Економика на земјоделството

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИПЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ-СТРУМИЦА

Работна задача по предметот:Економика на земјоделството

Тема:

Пазар на градинарски култури

Ментор: Изработил:

Проф.др. Еленица Софијанова Сања Атанасова 091040

Тони Ковачев 091180

Струмица 2013

1

Page 2: Економика на земјоделството

2

ГРАДИНАРСКИ КУЛТУРИ

Одгледувањето на градинарски култури е традиционално во земјата. Раниот зеленчук особено е еден од позначајните под-сектори кои нудат солидна основа за понатамошен конкурентски развој на земјоделство. Обемот на производство на градинарските култури се движи од 800 илјади тони до 1.200 илјади тони, во зависност од климатските погодности во одредени години.

Климатските услови во Република Македонија овозможуваат успешно производство на повеќе видови зеленчук, од кои најзастапени се: компирот (22%), доматите (18%), пиперките (18%), зелката (16%), бостанот (14%), краставиците (5%) и кромидот (5%), кои се произведуваат претежно на отворено поле. Овие култури традиционално се произведуваат во Република Македонија заедно со останатите градинарски култури како: грав, лук, праз, карфиол, марула, модар патлиџан, морков, итн. Во последните години земјоделските производители воведуваат и нови не-традиционални култури како што се: брокола, аспарагус, кинеска зелка и други.

Page 3: Економика на земјоделството

3

Градинарското производството се одвива воглавно на отворено поле, во стакленици, како и под пластеници, со и без греење. Најголема обработлива површина од градинарското производство зафаќаат компирот и гравот, кои главно се произведуваат од страна на индивидуалните земјоделски стопанства, коишто остваруваат и значително производство на пиперки, домати, бостан и зелка.

Производството на градинарски култури во 2011 година бележи намалување кај повеќето градинарски култури во однос на 2010 година, со искучок на гравот каде има зголемување на производството за околу 7,6 % што се должи на зголемување на површините за 266 хектари.

Page 4: Економика на земјоделството

4

Компирите се најраширени во ридско-планинските региони (Берово, Кратово и Крива Паланка). Се проценува дека околу 50% се консумираат на ниво на домаќинство, додека остатокот се продава на угостителски објекти и преработувачката индустрија. Оваа година вкупното производство на компири е намалено за 4,2% за разлика од претходната година и вклучувајќи го и меѓупосевот вкупно изнесува 193.858 тони.

Page 5: Економика на земјоделството

5

Околу 80% од производството на домати се одвива во југо-источниот и повардарскиот регион,односно во регионот на: Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Демир Капија, Велес и Свети Николе. Во 2011 година производството на домати е намалено за 2%, во однос на претходната година, поради намалување на површините и просечните приноси.

Производството на пиперки најчесто се сретнува во: Струмичкиот, Радовишкиот, Полошкиот, Скопскиот и Кумановскиот реон. Вкупното производство на пиперки во 2011 година изнесува 153.842 тони и претставува намалување од 8,5% во однос на претходната година, поради намалените просечни приноси за околу 8,6 %. Освен за потрошувачка во свежа состојба, пиперките во голем дел се користат и во преработувачката индустрија (индустриски пиперки), во прв ред, „Куртовска капија“, која е најбарана пиперка од преработувачката индустрија поради нејзиниот квалитет за конзервирање и преработка во ајвар.

Page 6: Економика на земјоделството

6

Производството на бостан е намалено за 5.5% во однос на 2010 година, поради намалените приноси за околу 6,4% во 2011 година.

Гравот е најзастапен во Полошкиот регион со домашната сорта Тетовски грав, кој е познат и надвор од границите на земјата. Производството претежно е наменето како меѓупосев во комбинација со пченка. Меѓупосевот на грав зафаќа 66% од вкупните површини под грав. Во 2011 година, ожнеана е 3.766 ha зелка и дополнително 865 ha како меѓупосев. Површините со зелка во 2011 година во споредба со 2010 година се намалени за 64 хектари.

Page 7: Економика на земјоделството

7

Раноградинарското производство се одвива во затворени, односно заштитени простори под стакло и пластеници, на вкупна површина од приближно 4.596 ha, од кои околу 230 ha се инсталирани капацитети под стакло и околу 4.366 ha под пластеник.

Производство на градинарски култури - доцни посеви го опфаќа пластеничкото производство и производството на отворено.1Производството на зеленчук под пластеници во 2011 година се одвива на површина од 4.366 хектари. Најзастапени градинарски култури во пластеници се доматот, зелка, благиот пипер, компирот.

Page 8: Економика на земјоделството

8

Овој тип на производство претрпува најголеми штети од настанатата неповолна состојба со ниски цени и стопирани побарувања за извоз. Во планираното и реализирани производство, единствено добро помина производството на рана зелка, која даде добри резултати со извозот, бидејки главната берба на оваа култура беше во месеците март, април и мај.

Производство на градинарски култури – доцни посеви на отворено, 2007-2011 година - Кај доцните посеви на отворено, во 2011 година во однос на минатата година, помало производство е остварено кај доматот за околу 33%, за сметка на намалените површини за 21% и намалениот просечен принос за 14,5%.

Page 9: Економика на земјоделството

9

Производството на пиперка во 2011 година во однос на 2010 година е намалено за 19%, што се должи на драстичното намалување на просечните приноси за 31,4%. Додека производството на индустриски пипер бележи зголемување на производството за 35%, поради зголемување на површините за 56%.

Производството на бостан во 2011 година бележи намалување поради намалениот просечен принос за околу 18%. Додека производството на грав бележи тренд на зголемување на површините за 25% и на вкупното производство за 35%.