Механизми за вртење

15
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ Производно Машинство Наставен предмет: Транспортни машини Тема: Механизам за вртење Ментор: Кандидат: Доц. д-р Симеон Симеонов Марјан Накевски број на индекс 19230

description

Transportni masini

Transcript of Механизми за вртење

Page 1: Механизми за вртење

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

Производно Машинство

Наставен предмет:

Транспортни машини

Тема:

Механизам за вртење

Ментор: Кандидат:

Доц. д-р Симеон Симеонов Марјан Накевски

број на индекс 19230

Page 2: Механизми за вртење

Содржинa

Вовед -------------------------------------------------------------------------------------------- стр. 3

Механизам за вртење --------------------------------------------------------------------- стр. 4

Механизам за вртење кај столбни кранови ---------------------------------------стр. 5

Механизам за вртење кај машини за површински коп ------------------------стр. 7

Механизам за вртење кај пристанишни кранови ----------------------------- стр. 10

Механизам за вртење кај автодигалки -------------------------------------------- стр. 11

Заклучок --------------------------------------------------------------------------------------- стр. 12

2

Page 3: Механизми за вртење

Вовед

Транспортните машини се користат со цел да се заменат човековите физички

напори за подигање и преместување на разни товари. Во сите стопански гранки

е неизбежно движењето на материјалите во текот на еден производствен

процес. Транспортните машини кој се користат се со различна големина и

намена. Развојот на транспортните машини е тесно поврзан со развојот на

другите гранки. Се поголем е бројот на високомеханизирани и автоматизирани

транспортни машини кои треба да одговорат на построгите барања за нивна

ефикасност, безбедност, економичност и др. Се произведуваат габаритни и

моќни транспортни машини за да се зголеми производстваниот капацитет и за

замена на поголем број на работници. Сигурноста на сите транспортни машини

е одредена со законска регулатива која строго се контролира. Исто така се

контролира и квалитетот на изработка за сто помали дефекти и несреќи при

работа и поголема издржливост. Во денешно време се повеке се употребуваат

компјутери при работа на транспортните машини за зголемување на

безбедност и ефикасност при работа. Компјутерите се користат исто така и при

конструирање и производство на транспортните машини.

При изборот на транспортни машини најмногу се обрнува внимание на видот на

товарот, капацитетот, просторните услови, околината и сигурноста.

Транспортните машини може да се поделат на:

- Транспортни машини за цикличен транспопорт

- Транспортни машини за континуиран транспорт

Механизмот за вртење е составен дел од градежни карнови, конзоли, вртливи

куполи и автодигалки. Механизмот за вртење како составен дел од

транспортните машини ке го разгледаме и разјасниме во понатамошниот текст.

3

Page 4: Механизми за вртење

Механизам за вртење

Механизмите за вртење се составени од погон, преносник( полжавест или

планетарен), сопирачки и потпирачки лежишта. Постојат повеќе изведби и

распореди на составнита склопови во зависност од големината и типот на

вртливиот постамент. Погонот на механизмот за вртење може да биде

бензински, дизел, електро или хидро мотор. Зависно каде се употребуваат

механизмите се разликува нивната изведба и големина, но во основа се слични

со слични делови. На сликата 1 е даден пример за механизми за вртење за

различна намеа.

Слика 1

4

Page 5: Механизми за вртење

Механизам за вртење кај столбни кранови

Столбните кранови се транспортни машини за пренос на товар во поголем

радиус. Столбните кранови се составени од вертикален не ротирачки дел, и

хоризонтален ротирачки дел (слика 2).

Слика 2

Столбниот кран ротира околу својата вертикална оска со помош на

механизамот за вртење. Механизамот за вртење е составем од мотор кој

најчесто е на електричен погон. Моторот го придвижува редукторот кој е сколоп

од запчаници кој служат за редуцирање и пренос на силата на моторот. На крај

реукторот има запчаник кој се врти по вертикалната оска, овој запчаник

остварува контакт со неподвижниот запчаник (слика 3).

Како кочница кај електро моторите се користат магнетите во моторот со

промена на поларитетот.

5

Page 6: Механизми за вртење

Слика 3

6

Page 7: Механизми за вртење

Механизам за вртење кај машини за површински коп

Механизамот за вртење кај овие кранови има задача да го донесе кранот во

саканата положба за време на копањето.

Слика 4

На сликата 4 приказан е шематски приказ на механизам за вртење на кранот за

површински коп.

1. Врска со топки на која лежи подвижниот дел

2. Запчест венец

3. Редуктор за кружно вртење

Зависно од изведбата врската помеѓу подвижниот и не подвижниот дел може

да се оствари на повеке начини.

Врска со топки- врската со топки се состои од два кружни прстени измеѓу кој се

наоѓаат топките. Секој топка на патеката пренесува дел од вертикално

оптоварување и хоризонтална сила во радијална насока. Во тангенционална

насока топка нема оптоварување.

7

Page 8: Механизми за вртење

Слика 5

1. Долен прстен од топки 2. Горен прстенод топки 3. Топки 4. Кафез за топките

5. Подлога на лежиштето 6. Лежиште на топката 7. Навртка за прицврстување

на долниот дел 8. Горна плоча 9. Горно лежиште на топката 10. Горна навртка

11. Внатрешна заштита 12. Надворешна заштита 13. Канал за подмачкување

Врска со ваљаци- кај оваа врска вертикалната сила понмеѓу горниот и долниот

дел се остварува преку ваљаци кој се движат по кружна патека (слика 6).

Слика 6

8

Page 9: Механизми за вртење

1. Долна подлога за ваљаците 2. Горна подлога за ваљаците 3. Ваљаци

4. Осовина

Пренесувањето на силата од моторот се врши преку редуктор и запчаници кој

се прикажани на слика 7 и слика 8 .

Слика 7

1. Запчанички венец 2. Подлога на венецот 3. Завртки за прицврстување на

венецот 4 завртки за прицврстување на подлогата

Слика 8

1. Редуктор 2. Мотор 3. Работна кочница 4. Заштита 5. Пасивна кочница

6. Регулатор на брзина 7. Запчаник за пренос на кружно вртење

9

Page 10: Механизми за вртење

Механизам за вртење кај пристанишни кранови

Кај овие кранови вртењето се врши во двете насоки за 360 степени. Најчесто

се употребуваат во морските или речните пристаниште и се поставени на

шини. Држењето на подвижниот дел на кранот е на централнот столб. Кај овие

конструкции централниот столб (a) е цврсто врзан за порталот. Подвижниот

дел се потпира на централниот столб преку лежиште (c) и тркалата(d).

Вртењето се врши преку уредот (e) кој е сместен на подвижниот дел на кранот

и со својот запчаник врши пренос на запчаникот( f ) кој е прицврстен на

порталот.(g) е уред за подигање на товарот а (i) е против тег (слика 9).

Слика 9

10

Page 11: Механизми за вртење

Механизам за вртење кај автодигалки

Денес се повеќе се користат автодигалки кој имаат телескопска стрела со

хидраулични цилиндри. Поради нивната подвижност и брзина се почесто се

користат (слика 10).

Слика 10

Сличен механизам за вртење користат и камионите за самоутовар, кај овие

механизми како погонски мотор се користи хидропумпа.

Слика 11

11

Page 12: Механизми за вртење

На слика 11 е прикажан механизам за вртење кој е составен од два полжавести

запчаници кој ке придвижувани со помош на хидропумпа. Овие два запчаника

го задвижуваат централниот запчаник кој е фиксно врзан со столбот. Зависно

од изведбата столбот може да се врти 360 степени или помалку.

Заклучок

Механизамот за вртење претставува важен дел од транспортните машини и

бара посебно внимание при изработка и одржување. Затоа се воведени строги

стандарди при изработка на секој дел од механизмот. Исто така секој

производител издава препорака за редовно сервисирање на овие механизми,

бидејќи е важна нивната истрајност. Со застој на само еден дел може да дојде

до застој на целата машина а со тоа и до прекин на цел производен процес.

12