Националниот парк

11
Националниот парк „Пелистер“ се наоѓа помеѓу Преспанската Котлина и котлината Пелагонија . Тое е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија . За национален парк е прогласен уште во 1947 година. Површината на овој национален парк изнесува 10.400 хектари. Тој опфаќа дел од планината Баба и тоа највисокиот врв Пелистер (2.601метар), а со височина од над 2.000 метри познати се уште некои други врвови на оваа планина. И покрај тоа што зафаќа вака висок планински простор, овој национален парк е доста пристапен, а од Битола до неговиот локалитет Копанки има околу 15 км. Природните вредности на овој планински простор се мошне интересни и карактеристични. Тоа се однесува на геолошките, геоморфолошките, климатските, хидрографските, какои на биогеографските особини. Геолошките карактеристики се во тесна врска со положбата што ја има планината Баба со Пелистер . Таа му припаѓа на внатрешниот динарски систем со извесни разлики кои се последица на различните магматски интрузии. Можат да се издвојат следните стратографски членови : На северниот и североинточниот дел се јавува комплексот на палеозојски карпи ;

description

nacionalen park pelister

Transcript of Националниот парк

Page 1: Националниот парк

Националниот парк „Пелистер“ се наоѓа помеѓу Преспанската Котлина и котлината Пелагонија. Тое е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија. За национален парк е прогласен уште во 1947 година. Површината на овој национален парк изнесува 10.400 хектари. Тој опфаќа дел од планината Баба и тоа највисокиот врв Пелистер (2.601метар), а со височина од над 2.000 метри познати се уште некои други врвови на оваа планина. И покрај тоа што зафаќа вака висок планински простор, овој национален парк е доста пристапен, а од Битола до неговиот локалитет Копанки има околу 15 км.

Природните вредности на овој планински простор се мошне интересни и карактеристични. Тоа се однесува на геолошките, геоморфолошките, климатските, хидрографските, какои на биогеографските особини.

Геолошките карактеристики се во тесна врска со положбата што ја има планината Баба со Пелистер. Таа му припаѓа на внатрешниот динарски систем со извесни разлики кои се последица на различните магматски интрузии. Можат да се издвојат следните стратографски членови :

На северниот и североинточниот дел се јавува комплексот на палеозојски карпи ;

Мезозојските магматски карпи се јавуваат на источниот раб и централниот и југозападниот дел. Овие карпи претставуваат околу една половина од теренот ;

Ниаките периферни делови на планинскиот масив, како на Пелагониската така и на Преспанската котлина се карактеризаат со комплекс на неогени седиментни и квартарни наслаги во вод на жолтоцрвени песоци, неогени чакали, меренски, флувоглацијални и алувијални наслаги.

Page 2: Националниот парк

Во тектонска смисла, Пелистер претставува хрст, што од туристичка слисла има двојно значење. Тоа е извонреден едукативен пример во геоморфолошка смисла, така што посетителите можат доста да научат. Туристичкото значење се огледа и во тоа што овој типичен хорст претставува доминантен видиковец, од кој се протегаат величествени панорами. Погледот се протега мошне широко и досега до планината Јакупица на север, Селечката Планина и Кајмачалан на исток и кон Преспанското Езеро, планините Галичица и Јабланица на северозапад. Како на дланка може да се набљудува рамнината Пелагонија и да се ужива во боите од Преспанското Езеро.

Трегите на глацијалниот релјеф претставуваат туристичко кориозитетно атрактивно својство на овој национален парк. Тоа произлегува оттука што ретко каде се јавува вака изразените форми на оваа ерозија, кои се мошне пристапни. На овој простор се присутни циркови во кои се заезерила вода и на тој начин ги формирала глацијалните езера, потоа варовните долини кои се наоѓаат на страните на Пелистер и моренските флувиоглацијални наноси. Во таа насока посебно значење заслужуваат камените реки. Тоа се суводолици исполнети со длобонски материјал добиен со денудација и механичко распаѓање на карпите, сотавен од големо количество искршени карпи и блокови со различна големина и хаотично испретурени.

Климатските вредности

Климатските услови на Пелистер се мошне погодни. Климата се одликува со умереност како во зимскиот дел од годината така и во летниот период. Средномесечната јалска температура изнесува 18,4 °C, што укажува на мошне пријатна рекреативна вредност. Средномесечната јануарска температура изнесува -2,6 °C. Средногодишната температура на воздухот

Page 3: Националниот парк

на Пелистер на надморска височина од 1.200 метри изнасува 8,3 °C. Тоа укажува на фактот дека средногодишната температура е повисока од температурата наБаварските Алпи, каде таа на надморска височина од 912 метри изнесува 6,2 °C, од Тирол каде на надморска височина од 980 метри изнесува 6,2 °C, Бадглаштајн со 5,6 °C и од други во светот познати туристички центри. Распоредот и ширината на врнежите одговараат на останатите погодности во овој национален парк. Најголемо количество Пелистерприма кон крајот на есента и почетокот на зимата каде се и најпотребни за одвивање на зимско – спортските скијачки активности. Тие во овој национален парк се дефинирани со изградбата на жицарницата и ски патеките. Отсуството на врнжи во летниот дел од годината овозможува пријатни прошетки низ националниот парк Пелистер, кој оддава пријатна свежина и во месеците со највисоки температури на воздухот. Националниот парк се карактеризира и со изворедно богатство на хидрографски вредности. Во групата на вои атрактивности доминантно место заземаат Големото и Малото глацијално езеро, кои се лоцирани над шумската граница.

Хидрографските вредности[уреди]

Пелистер се карактеризира со бројни извори и доста постојани и повремени водотеци. Меѓѕ водотеците посебно место заслужуваат планинските реки: Сапунчица, Црвена Река,Шемница, Вртушка, Брајчинска и др. овие реки го оплеменуваат просторот, а појавата на риби во нив ја отвора можноста за поширока рекреативно-туристичка содржина на националниот парк.

Вредноста на национачлниот парк Пелистер сепак се темели на извонредното и специфичното биогеографски наследство. Во тој контекст разновидноста на

Page 4: Националниот парк

растителниот свет е посебно нагласено. За Пелистер се вели дека претставува “природен арборетум”. На оваа планина растат околу 88 дрвенати растенија, кои се класификувани во 23 фамилии, што претставуваат 29 проценти од вкупната дендрофлора во Република Македонија. Моликата претставува најзастапена, најраширена и најначајна растителна форма вонационалниот парк Пелистер. Се работи за мошне убава шума која има изворедни рекреативни својства, но и шума која има ендемски карактер и во таа смисла изразити кириозитетни атрактивни туристички својства. Моликата е всушност автохтон петолистен бор со терциерна старост. Како реликтен вид моликата претставува феномен наБалканскиот Полуостров. Расте на сите експозиции, а најповеќе ја има на северните, североисточните и северозападните страни каде што има доволно влага.

Покрај моликата, на Пелистер е застапен и вегетацијата на нискостеблести шуми. Тоа се следниве заедници:

Шумата на плокач и цер, која е распространета на западните падини на Вртушка од 900 до 1.100 метри надморка височина ;

Шумата на даб-горун, која е надоврзува на шумата од дабот, плокач и цер и се протега од 1.00 до 1.250 метри надморска височина ;

Буково – еловата шума, која се наоѓа на цеверната страна на Вртушка, на височините од 1.250 до 1.800 метри ;

Високопланинската букова шума, која се јавува на северните падини на вртушка, на височините од 1.800 метри.

Ваквите извонредни шуми и други флористични елементи во себе кријат големо богатство на животински свет. Меќу нив од туристичка гледна точка

Page 5: Националниот парк

значајни се видовите на висок и низок дивеч. Скоро сите главни видови се застапени во овој национален парк. Ловот во најголемиот дел од националниот парк е наполно забранет, така што како ловна зона е утврдена источната падина на планината Баба. Пелистер е прифатен во прелиминарниот список за вклучување во списокот на УНЕСКО.

http://www.park-pelister.com/

\\

Page 6: Националниот парк
Page 7: Националниот парк

Сместување

Постојат најразлични видови и класи на сместување во регионот на Националниот Парк Пелистер за подетална информација проверете ги следните линкови :

Хотели:www.hotelmolika.com.mk

 www.hotelsator.com.mk

e-mail :   [email protected] tel/fax 047/293 409

www.sumskifeneri.com.mk 

www.kapri.com.mk 

Планински Домови:“Kopanki”

Информација и резервацја:

Page 8: Националниот парк

+389 75 583 445   и  +389 75 891 551“Golemo I malo ezero”

Информација и резервација:+389 75 458 782

 Хостели:

www.dopelister.mkРесторани:

Ресторан”Оскар”с.Нижеполе

Информација и резервација:+389 47 293 517

Вили:www.villadihovo.com