генерирање на звучни бранови кај човекот

23
ГЕНЕРИРАЊЕ НА ЗВУЧНИTE БРАНОВИ КАЈ ЧОВЕКОТ
  • Upload

    -
  • Category

    Documents

  • view

    1.120
  • download

    8

Transcript of генерирање на звучни бранови кај човекот

Page 1: генерирање на звучни бранови кај човекот

ГЕНЕРИРАЊЕ НА ЗВУЧНИTE БРАНОВИ КАЈ ЧОВЕКОТ

Page 2: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Ушите се органи за слушање и рамнотежа. Се наоѓаат на обете страни на главата. Само дел од увото е видлив, а остатокот е заштитен со коските на черепот. Тие ја вршат функцијата во пар - ги собираат звучните вибрации и ги претвораат во сигнали кои се пренесуваат во мозокот, овозможувајќи ни да слушаме.

Page 3: генерирање на звучни бранови кај човекот
Page 4: генерирање на звучни бранови кај човекот

Занимливости за ушите• Стременот е најмала коска во човечкото тело која е

долга само 3 mm.• Чувството дека ушите ни се „одзатнале“ е

предизвикано од отварањето на Еустрахиевата труба за да се изедначи притисокот на средното уво

• Ушниот канал е долг 2.5 cm• Ушите можат да го откријат правецот од кој допира

звукот со распон на грешка до три степени• Децата вообичаено имаат почувствителен слух од

возрасните• Ушите можат да разликуват 1500 различни тонови и

350 нивоа на јачина на звукот

Page 5: генерирање на звучни бранови кај човекот

Звучни бранови

• Механичките осцилирања што се шират во еластична средина – тврда, течна или гасовита – и се восприема со органите за слух или други апарати, се викаат звучни бранови.

Page 6: генерирање на звучни бранови кај човекот

АКУСТИКА• Физиката која ги изучува звучните бранови се

вика акустика. Акустиката ги изучува и оние механички бранови кои не ги прима човековото уво. Кон нив припаѓаат инфразвуците и ултразвуците. Инфразвуци се звучни бранови на кои фреквенцијата им е помала од 16 Hz, што непрекинато го следат човекот во неговиот секојдневен живот. Ултразвук е звук чија фреквенција е поголема од горната граница на чувствителноста на човековото уво. Таа граница е 20 000 Hz. Ултразвуците се добиваат во фреквентното подрачје од 20 до 50 000 Hz.

Page 7: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Звучните бранови што се шират во гасовите и течностите се лонгитудинални бранови.

Page 8: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Најчесто звукот го восприемаме преку воздухот. Кога се создаваат звучните бранови (звучниот извор осцилира) воздухот си ја менува густината и притисокот во местата во кои стигнува звучниот бран. Тоа овозможува ширење на лонгитудинален бран низ воздухот. Кога не би постоел воздух меѓу звучниот извор и увото, звук не може да се слуша.

Page 9: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Во поширока смисла под звучни бранови се разбира ширењето на еластични осцилирања, во било која средина, што е способна да се збива. При звучните осцилирања секоја честица на средината, останува на едно исто место, вршејќи осцилаторни движења околу својата рамнотежна положба. На таков начин звукот е всушност ширење на лонгитудиналните бранови во еластична средина.

Page 10: генерирање на звучни бранови кај човекот

Интезитет на гласност на звукот

• За да може звукот да биде восприемен од човековото уво, неопходно е, неговиот интензитет да не е помал од некоја минимална вредност, што се вика праг на слушањето. Интензитетот на звукот е величина што е бројно еднаква на енергијата што ја пренесува звучниот бран за време од една секунда, низ површина од еден метар квадратен, што е нормална на правецот на ширењето на бранот.

Page 11: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Единица за интензитетот во SI системот на мерки е ват на метар квадратен (W/m2 ).  За да може звукот да биде восприемен од човековото уво, неопходно е, неговиот интензитет да не е помал од некоја минимална вредност, што се вика праг на слушањето.

• Интензитетот на звукот е величина што е бројно еднаква на енергијата што ја пренесува звучниот бран за време од една секунда, низ површина од еден метар квадратен, што е нормална на правецот на ширењето на бранот.

Page 12: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Увото на човекот е слабо осетлив апарат во однос на промената на интензитетот на звучните бранови што ги прима. Така на пример, ако интензитетот на бранот порасне два пати, тогаш увото осеќа како да тој интензитет е само малку поголем од првиот. Субјективниот осет на интензитетот на звукот се вика гласност. Како особеност за приемот на звуците е следново: Ако интензитетот на звучните бранови расте како геометриска прогресија, тогаш гласноста расте како аритметичка прогресија. Гласноста на звукот L приближно е пропорционална со логаритмот од интензитетите на звучните бранови

Page 13: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Увото на човекот е способно да прима звуци во широк дијапазон на изнтензитет. При фреквенција 0д 1000 Hz границите на тој дијапазон се IW/m (праг на слушањето) и W/m (праг на болното слушање), кога приемот на звукот се уште не е следен со болка. Поголемите интензитети предизвикуваат осети со болка. Прагот на слушањето (прагот на чујноста) , како и прагот на болното слушшање зависат од честотата на звучните бранови. Поголемите интензитети на звучните бранови од прагот на болното слушање се опасни за увото.

Page 14: генерирање на звучни бранови кај човекот
Page 15: генерирање на звучни бранови кај човекот

Брзина на звукот

• Звучните бранови во дадена средина се движат со определена брзина. Брзината на ширењето на звукот во еластична средина зависи од еластичните својства и густината на средината. Брзината на звукот во течностите е поголема отколку во гасовите, а во тврдите тела обично е поголема отколку во течностите.

Page 16: генерирање на звучни бранови кај човекот

• брзина на звучните бранови во цврсти средини се пресметува по равенката :

E – Јунгов модел на еластичноста;r – густина на

средината

Page 17: генерирање на звучни бранови кај човекот

• - брзина на звучните бранови во гасни средини:

p – притисок на гасот;r – густина на гасот;

γ – Пуасонова константа;

Пуасоновата константа зависи од бројот на атомите во молекулот. За гасови со едноатомни молекули (He, Ne…) γ= 1,66, за гасови со двоатомни молекули (H2, O2, N2…) γ= 1,40,три и повеќеатомни молекули (CO2,…) γ= 1,33.

Page 18: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Брзината на звукот во воздухот на температура од 0°С и нормален притисок изнесува 331,3 m/s, а во границите до 40°С, приближно може да се пресметува по формулата:

, k= 0,6 m/(s °C)

Page 19: генерирање на звучни бранови кај човекот

Разликување на висината на звукот

• Човечкото уво ги прима звучните бранови со фреквенција од 16-20000 Hz. Со возраста се намалува границата за слушање на високите тонови. На 35-годишна возраст горната граница изнесува 15 000, а на 40- годишна возраст 13 000. Увото најдобро ги прима звучните бранови со фреквенција од 2 000 до 3 000 Hz. Звуците што се создаваат при нашето говорно комуницирање се движат во границите од 85 до 8 000 Hz.

Page 20: генерирање на звучни бранови кај човекот
Page 21: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Општо прифатена единица со која се мери интензитетот на звукот е бел. Во праксата се користи десетпати помала единица – децибел.

• Острината на слушањето се определува со помош на звучен генератор – аудиметар. Со помош на овој апарат можно е точно да се регулира висината и интензитетот на звукот.

• Нашето уво најдобро ги прима звучните бранови со фреквенција од 1000 до 3000 Hz и интензитет од 60 до 80 децибели.

Page 22: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Губење на слухот настанува кога слушните ќелии се оштетени со еднократно изложување на силен звук или со постојано изложување на звук со различна фреквенција во одреден временски период. Губење на слухот настанува ако звукот има интензитет од 85 dB, понекогаш и на 75 dB.(правосмукалка на 1м- 80; моторциклот 90 dB). Ако звукот има 140 dB предизвикува ужасна болка во увото. Изложување на силен звук дури и само една секунда може да предизвика трајно оштетувања на звукот.

Page 23: генерирање на звучни бранови кај човекот

• Изработка:

Мегленовски СашоХристина Стевановска

Кристијан Домазетовски

Михаил Давидевски

• Ментор: Благојче Кривевски