јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

7
Проект по Физика Тема: Јонизирачко зрачење и заштита Изработил : Ивана Бојаџиева IV 1 Христина Стевановска IV 2

Transcript of јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

Page 1: јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

Проект по ФизикаТема:

Јонизирачко зрачење и заштита

Изработил :Ивана Бојаџиева IV 1

Христина Стевановска IV 2

Page 2: јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

● Јонизирачко зрачење е електромагнетно, честично и секое друго,зрачење кое во интеракција со материјата директно или индиректно,произведува парови на позитивно или негативно наелектризирани јони

● Извор на јонизирачко зрачење е секој уред, постројка или материја која произведува јонизирачко зрачење.

Page 3: јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

● “Доза” е средна енергија на јонизирачкото зрачење ослободена во единица маса од озрачениот материјал или предмет.

● “Озрачување” е изложеност на јонизирачкото зрачење, кое може да биде внатрешно или надворешно, во зависност дали изворот на јонизирачко зрачење е во или вон човечкото тело.

● “Природна радијација” е јонизирачко зрачење кое го вклучува и космичкото зрачење и зрачењето од природни радионуклеиди

Page 4: јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

● “Заштита од јонизирачко зрачење” е збир на активности и средства што се преземаат за заштита на животот и здравјето на луѓето и животната средина од штетното дејство на јонизирачкото зрачење.

Page 5: јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

Ренгенски зраци

● Рентгенските зраци спаѓаат во јонизирачкото зрачење, што значи дека тие зраци се електромагнетно активни и имаат полнеж (набој). Поради својата голема енергија зраците се многу продорни и при поголема доза можат да ги оштетат ткивата

● Добивање-Рентгенското зрачење настанува кога електрони со голема брзина удираат во метал, при што доаѓа до нивно нагло забавување и исфрлање од внатрешните електронски обвивки на атомите на металот. Со забавувањето се создава континуиран спектар на т.н. закочено зрачење (гер. bremsstrahlung), а со пополнување на местата од кои биле исфрлени електроните се добиваат спектрални линии.

● Заштита-Рентгенските зраци што се користат за дијагностички цели во медицината, првенствено каj т.н. КТ скенови (CAT или CT scanning - “компјутерска томографија“) при поголема доза го зголемуваат ризикот од развој на рак кај лицата кои се изложени подолг период

Page 6: јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

Последици од јонизирачко зрачење● Јонизирачко зрачење и рак на дојка

Зголемен ризик за појава на рак на дојка е поврзан и со изложувањето на релативно голема доза на јонизирачко зрачење, кое е забележано кај преживеаните од атомските бомби во Нагасаки и Хирошима, како и кај жени кои се лекувани со радиотерапија при Morbus Hodgkin.Ризикот се зголемува по латентен период од 10 до 15 години.

● Јонизирачко зрачење и рак на штитна жлезда

Еден од најзначајните фактори на ризик за развој на рак на штитната жлезда е претходното озрачување (радиотерапија) на штитната жлезда.Кај децата кои биле озрачени во пределот на вратната регија заради бенигни состојби, како на пример хиперплазија на тимусот, туберкулозен аденит (туберкулозно воспаление на лимфните јазли) и друго, по подолг латентен период од 10-20 години се јавуваат чворчиња (нодулуси) во штитната жлезда (кај 25% од озрачените деца), а околу една четвртина од нив се малигни, најчесто папиларни карциноми на штитната жлезда.

Page 7: јонизирачко зрачење и заштита ивана и христина

● Јонизирачко зрачење и рак на кожа

Ракот на кожата се јавува како доцно соматско оштетување предизвикано од изложеност на кожата на јонизирачко зрачење. Имено, во минатото се користело јонизирачко зрачење ( доза >10Gy) за лекување на бенигни состојби на кожата, како акни, псоријатична кератоза, хемангиоми. Таквото јонизирачко зрачење предизвикува радиодерматит (радијациско воспаление). Радиодерматитот се карактеризира со кожна атрофија, депигментација, телеангиектази (проширени капилари), алопеција (испаѓање на влакната) и кератоза. По еден подолг временски период, кај 20 до 40 % од овие пациенти се јавува планоцелуларен (или базоцелуларен доколку лезијата е на лицето) карцином на кожата.

Исто така, појавата на планоцелуларен карцином на кожата е забележан на рацете кај рендгенолозите, стоматолозите и рендген технолозите, при несоодветна заштита и изложеност на ирадијација на кожата на рацете. Со осовременување на радијациската апаратура и со спроведување на адекватна заштита од јонизирачко зрачење, ризикот за појава на рак на кожата, предизвикан од јонизирачко зрачење, драстично е намален.