Животната средина

22
Содржина: 1. Вовед:............................................... 3 2. Абиотички фактори на животната средина...............4 2.1 Светлина............................................ 4 2.2 Вода................................................ 6 2.3 Температура......................................... 7 2.4 Атмосферски гасови..................................9 3. Биотички фактори....................................10 4. Закон за животна средина............................11 5. Закон за заштита и унапредување на животната средина во Р. Македонија....................................... 13 6. Заклучок:........................................... 16 7. Користена литература................................17 1

Transcript of Животната средина

Page 1: Животната средина

Содржина:

1. Вовед:.........................................................................................................3

2. Абиотички фактори на животната средина.........................................4

2.1 Светлина..................................................................................................4

2.2 Вода..........................................................................................................6

2.3 Температура............................................................................................7

2.4 Атмосферски гасови..............................................................................9

3. Биотички фактори..................................................................................10

4. Закон за животна средина....................................................................11

5. Закон за заштита и унапредување на животната средина во Р.

Македонија...................................................................................................13

6. Заклучок:..................................................................................................16

7. Користена литература...........................................................................17

1

Page 2: Животната средина

Абстракт:

Животната средина е простор во кој човекот живее, работи,

создава. Вршејќи постојана надградба на сопствените достигнувања,

човекот создал такви вредности кои во основа ја измениле и ја

трансформирале нашата средина. Новото време носи брза

индустријализација, искористување и уништување на природните

системи кои се основни извори на живот и опстанок на човекот. Нема

стопански развој без почитување на нужноста од заштита на животната

средина и ресурси. Процесот на санирање на последиците од

непромислените постапки во развојот на индустрија е започнат. Наша

обврска е да ја заштитиме животната средина за да имаат и следните

генерации исти или приближно слични можности за просперитет.

Клучни зборови:

Животна средина, Фактори, Природа, Организми, Заштита, Закон

Abstract:

Environmental space in which man lives, works and creates. Exerting a

constant upgrading of their own achievements, the man who created such

values basically changed and transformed our environment. New age brings

rapid industrialization, exploitation and destruction of natural systems which

are essential sources of life and survival of man. There is no economic

development without respect for the necessity of protecting the environment

and resources. The process of restoring the consequences of indiscriminate

actions in the development of the industry is starting. Our obligation is to

protect the environment for future generations have the same or roughly

similar opportunities for prosperity.

Keywords:

Environmental Factors, Nature, Organisms, Protection, Law

2

Page 3: Животната средина

1. Вовед:

Под животна средина се подразбира збирот од сите надворешни

фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден организам.

Биотички (живи) фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг

вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се

неживите фактори - влијанијата на почвата, водата и воздухот врз

организмите.

За секој фактор на животната средина, еден организам има опсег

на толерирање (поднесување) во кој тој е способен да преживее. Овој

опсег ја сочинува еколошката валенца на организмот. Различни единки

или видови имаат различни опсези на поднесување за најразновидните

фактори на животната средина. Оваа варијација ја претставува

адаптацијата на организмот кон неговата средина. Способноста, пак, на

еден организам да ја изменува својата подносливост кон одредени

фактори на средината како резултат на промена во истите ја

претставува пластичноста на тој организам. Промените на

подносливоста кон одреден фактор се нарекуваат аклимација.

Изложувањето на фактори при кои организмот се наоѓа на границата на

својот опсег на поднесување, претставува стрес.

3

Page 4: Животната средина

2. Абиотички фактори на животната средина

Главни абиотички фактори се:1 светлина, температура, вода,

атмосферските гасови и јонизирачкото зрачење, кои влијаат на формата

и функцијата на единката.

2.1 Светлина

Спектарот на електромагнетно зрачење кое достигнува до

Земјината површина се одредува од апсорптивните својства на

атмосферата. Биолошки најважен спектрален опсег е оној од 300 до 800

nm, кој го вклучува видливото, ултравиолетовото и инфрацрвеното

зрачење. Видливата светлина дава енергија за одвивањето на животот

кај повеќето животни форми. Светлината која се апсорбира од страна на

пигментните молекули (како хлорофили, каротеноиди и фикобилини) се

претвора во хемиска енергија по пат на фотосинтеза. Достапноста на

светлината е особено важна за распространувањето на зелените

растенија. Фотосинтетските организми можат да опстојат на широк опсег

на интензитет на светлината. Целосната сончева светлина во тропските

региони изнесува околу 2000 μmol на фотони · m−2 · s−1.

Фотосинтетските организми преживеале на места каде светлината е

ниска и до 0.005% од претходната вредност.

Освен како извор на енергија, светлината е важна и при

добивањето на информации од околината за организмот. Човечкото око,

на пример, е способно да одговори на бранови должини на светлината

помеѓу 400 и 700 nm (ова е опсегот на гледање за човекот). Во рамките

на овој опсег, чувствителноста е најголема во зелениот дел од сончевиот

спектар. Ова е делот од спектарот во кој растенијата апсорбираат

најмалку светлина, така што е главен дел од спектарот кој ќе се

рефлектира назад во атмосферата.

1 Беби A. , Бренан A. , (2004) , " Екологијата пред се - Еколошки начела и прашања

поврзани со животната средина" , Скопје, стр.43

4

Page 5: Животната средина

Привремените варијации во светлината се исто така важна нервна

дразба. Сите животни форми, од бактерии па сѐ до човекот, се способни

да ги детектираат и одговорат на дневните светлосни флуктуации.

Таквиот одговор може директно да биде контролиран од

присуството или отсуството на светлина (диурнални ритми) или, пак,

може да продолжи дури и кога светлосната варијација ќе исчезне

(циркадијални или околу-24-часовни ритми). При вториот случај,

регулацијата е преку внатрешен молекуларен часовник, кој е способен

да го предвиди дневниот циклус. Такви циркадијални часовници се

ресетираат од светлината секој ден. Процесите кои се контролирани од

циркадијалните часовници варираат од молекуларни промени (генска

експресија) до промени во однесувањето (на пример, спиењето кај

животните или движењата на листовите кај растенијата).

Слика 1. Ултравилетовите фотони може да ја оштетат ДНК молекулата на

живите организми на различни начини. Сепак, најчесто се случува поврзување

помеѓу тимини од истата верига, наместо со комплементарните бази од

другата верига. Ова создава испапчување во молекулата и таа не функционира

правилно.

5

Page 6: Животната средина

Ултравиолетовото зрачење има способност да ги раскине

хемиските врски и на тој начин да ги уништи протеините, липидите и

нуклеинските киселини. Оштетувањето на ДНК може да доведе до

генетски мутации. Озонската обвивка во стратосферата е одговорна за

апсорбирање на поголемиот дел од ултравиолетовата светлина која

стигнува до надворешната атмосфера. Затоа, со оштетувањето на

озонот со разните загадувачи (во прв ред фреоните), многу поголем дел

на UV зрачење достигнува до Земјината површина.

2.2 Вода

Водата2 е широко распространета во живите системи, бидејќи е

универзален растворувач и е неопходна за биолошката активност. Кај

многу организми се развила способноста да преживеат подолги периоди

со целосно отсуство на вода, но ова се постигнува само преку

одржување во неактивен стадиум од нивниот живот (пред сѐ, преку

криптобиоза и запаѓање во зимски или летен сон). Достапноста на вода

останува еден од најважните ограничувачки еколошки фактори од кои

зависи преживувањето на копното. Примитивните копнени организми

покажуваат мала или никаква способност за зачувување на вода во

нивните клетки, и затоа се наречени поикилохидрични. Примери се

водоземците и примитивните растенија, како мововите и џигерниците.

Овие организми се ограничени на места каде има доволно вода.

Лишаите можат да преживеат целосна водна загуба и повторно за брзо

време да се вратат во активна состојба кога ќе се наводенат. Ваквите

организми мораат да бидат способни да ја минимизираат штетата која се

предизвикува на клеточните структури кога отсуствува вода.

Дехидратацијата предизвикува неповратни штети на мембраните и

протеините. Оваа штета може да се спречи со акумулацијата на

заштитни молекули наречени компатибилни растворувачи.

2 Беби A. , Бренан A. , (2004) , " Екологијата пред се - Еколошки начела и прашања

поврзани со животната средина" , Скопје, стр.51

6

Page 7: Животната средина

Хомеохидричните организми имаат водоотпорен слој кој ја

ограничува загубата на вода од клетките. Оваа водоотпорност не е

никогаш апсолутна, бидејќи гасната размена се одвива во водна фаза.

Зачувувањето на водата им овозможува на организмите да живеат во

средини во кои снабдувањето со вода е многу мало. Во екстремно

сушните средини, промените во однесувањето можат да придонесат за

минимизирање на водната загуба. Така, животните може да се ноктурни

и да излегуваат само кога температурите се пониски, а со тоа

испарувањето е минимизирано. Кактусите вршат вид на фотосинтеза,

означена како CAM фотосинтеза (Crassulacean acid metabolism) која им

дозволува да го одделат процесот на гасна размена од апсорпцијата на

светлина.

2.3 Температура

Температурата е важна за опстанокот на организмите на два

начина:3

како што таа се намалува, движењето на молекулите се забавува

и степенот на хемиските реакции се намалува;

температурата ја одредува физичката состојба на водата.

Забавувањето на метаболитичката активност при ниски

температури може да се согледа преку пример со влекачите. Ваквите

поикилотермни животни не се способни да ја одржат нивната внатрешна

телесна температура и обично затоа се неактивни во текот на ладните

месеци или утрата. Тие излегуваат на Сонце за да ја зголемат телесната

температура и на тој начин да станат активни. Во спротивен случај,

високите температури ја разрушуваат тридимензионалната структура на

протеините, со што ја спречуваат активноста на организмот. На

3 Беби A. , Бренан A. , (2004) , " Екологијата пред се - Еколошки начела и прашања

поврзани со животната средина" , Скопје, стр.56

7

Page 8: Животната средина

организмите адаптирани на екстремно високи температури им се

потребни поригидни протеини. Температурата исто така влијае и на

однесувањето на клеточната мембрана која е составена од липиди и

протеини во течна кристална состојба. При ниски температури,

структурата на мембраната станува ригидна и подлежи на кршење. При

високи температури, таа станува премногу течна и пак е подложна на

дезинтеграција. За да се адаптираат на различните температури,

организмите го менуваат составот на липидите во нивните мембрани, со

што се менува мембранската точка на топење. Ова е случај и со

складираните липиди. Според ова, рибите од ладните води се корисен

извор на масла, додека цицачите, со нивните повисоки телесни

температури, содржат повеќе масти. Ефектот на температурата на

мембраната се смета за клучен фактор кој го одредува температурниот

опсег во кој може да преживее даден организам.

Ефектот на температурата врз физичката состојба на водата е

есенцијален за одредување на достапноста на таа вода за организмите.

Кај поикилотермните организми може да се случи да водата при ниски

температури замрзне. Одредени видови можат да преживеат целосно

замрзнување по пат на спречување на образување на ледени кристали.

За преживување на ниски температури, клетките мора да се способни да

опстанат при десикацијата. Според ова, тука се создаваат веќе

спомнатите компатибилни растворувачи. Високите температури, пак, го

зголемуваат степенот на испарување на водата. Така, во оние места

каде снабдувањето со вода е ограничено, способноста на организмот да

преживее високи температури не е многу значајна.

Цицачите и птиците се хомеотермни организми, што значи дека

можат да ја регулираат нивната внатрешна температура, ограничувајќи

ги ефектите на надворешните температурни варијации. Но, Т сѐ уште е

ограничување. Ладењето кај нив се постигнува со потење (загуба на

вода). Топлината е произведува преку метаболизмот на храната, така

што за да се преживее во студена клима, потребен е висок степен на

метаболизам.

8

Page 9: Животната средина

2.4 Атмосферски гасови

Се смета дека постоењето на Земјината атмосфера се должи во

најголем дел на присуството на живот. Во исто време, организмите

еволуирале да опстанат во атмосферата таква каква што е. Составни

делови на атмосферата со најголемо биолошко значење се кислородот и

јаглерод диоксидот. Кислородот зазема приближно 20% од атмосферата

и се создава како резултат на кислородната фотосинтеза. При овој

процес се внесува CO2 со цел да се произведат јаглехидрати. Аеробното

дишење е обратно на овој процес, при што се користи O2 за да се добие

вода. Според ова, сегашната атмосфера е рамнотежа од овие две

биолошки процеси. За повеќето копнени организми, ниту CO2 или O2 се

ограничувачки фактори; но, потребата да се земе секој од овие гасови во

клетката може да е ограничување на големината и можноста да се

толерира воден стрес. Ограничувањето на секој од овие гасови може да

е важно во водните екосистеми, каде нивната концентрација е

значително пониска.

Фотосинтеза:4 од шест молекули на јаглерод диоксид и дванаесет

молекули на вода се добива еден мол на глукоза (шеќер, односно

јаглехидрат), шест молекули на кислород и шест молекули на вода.

Аеробно дишење: од една молекула на глукоза и шест молекули

на кислород се добиваат шест молекули на јаглерод диоксид и шест

молекули на вода.

Азотот е исто така потребен на сите организми, но не може да се

користи од повеќето во гасна форма. Азотната фиксација, која

4 Беби A. , Бренан A. , (2004) , " Екологијата пред се - Еколошки начела и прашања

поврзани со животната средина" , Скопје, стр.62

9

Page 10: Животната средина

претставува претворба на гасот N2 во биолошки корисна форма, се

случува кај некои видови на бактерии и цијанобактерии, или може да се

предизвика со молња.

Атмосферските гасови се важни при одредувањето на климата и

светлината во животната средина. Апсорпцијата на електромагнетното

зрачење од страна на атмосферата го одредува спектарот на светлина

која доаѓа од Земјината површина. Апсорпцијата и одбивањето на

инфрацрвеното зрачење од страна на стакленичките гасови (како CO2 и

водната пареа) ја регулира температурата.

Помеѓу другите фактори кои го одредуваат опсегот и

распространувањето и формата на организмите се механичките дразби,

како ветер и движење на водата, присуството на метали, неоргански

хранливи материи, како и токсини во воздухот, почвата и храната.

3. Биотички фактори

Биотичките5 фактори (живи организми) кои влијаат врз единката се

членови на истиот или друг вид. Интраспециските (внатревидови)

заемодејства се огледуваат во потребата за парење со други единки,

заштита со собирање во група и компетиција за ресурсите, како храна,

светлина, хранливи материи и простор. Оптималната густина на

популацијата зависи од достапноста на ресурсите и од однесувањето,

големината и стурктурата на еден организам. Интерспециските

(меѓувидови) односи може исто така што бидат позитивни или негативни.

На пример, при симбиотските заемодејства се остварува заемна корист

на единките кои се вклучени.

5 Беби A. , Бренан A. , (2004) , " Екологијата пред се - Еколошки начела и прашања

поврзани со животната средина" , Скопје, стр.73

10

Page 11: Животната средина

Луѓето ја менуваат својата животна средина многу повеќе отколку

сите останати организми. На пример, ослободувањето на стакленички

гасови во атмосферата доведува до климатски промени на целата

планета. Како резултат на тоа, има влијанија на распространувањето на

сите други видови. Испуштањето на загадувачи во животната средина

прави да организмите доаѓаат во контакт со стресни влијанија со кои тие

претходно не се соочиле. Ова предизвикува еволуирање на нови

вариетети, можеби и нови видови, адаптирани на загадена животна

средина.

За секој даден организам најчесто може да се идентификува

факторот на средината кој го ограничува неговиот опстанок и раст.

Ограничувачкиот фактор може да се смени со текот на времето. Таква

промена може да предизвика излегување од опсегот на толерирање на

организмот за тој или друг фактор на средината. Во такви случаи,

организмот преживува стрес. Доколку тој стрес е екстремен, може да

доведе до неповратно оштетување или смрт. Изложувањето на умерен

стрес резултира во период на аклимација, со кој организмот се

прилагодува. Организмите кои се изложуваат постепено на нови услови

во средината обично имаат повисоки шанси за опстанок отколку тие кои

се изложени одеднаш.

Животната средина игра голема улога во детерминирањето на

формата и функцијата на еден индивидуален вид. На пример,

медитеранската вегетација не се наоѓа само околу Средоземното Море,

туку и во Калифорнија и Јужна Африка, каде има слични фактори на

средината: суви и жешки лета и топли и влажни зими. Регионите со

слични услови на животната средина се нарекуваат биоми.

4. Закон за животна средина

Законот за животна средина е сложенo и испреплетено тело од

договори, конвенции, статути, прописи и вообичаено право, кој

поопширно, управува со регулирање на интеракцијата на човештвото со

остатокот од биофизичкaта или природната средина, со цел да се

11

Page 12: Животната средина

намали влијанието на човековата активност, како врз природната

средина така и врз самото човештво. Темата може да се разгледува од

две главни точки:

1. контрола на загадувањето и подобрување на работата,

2. зачувување и управување со ресурси.

Законите кои управуваат со загадувањето често се ограничени,

т.е. се однесуваат само на еден елемент на животната средина, како што

се воздухот, водата (без разлика дали се тоа надземни води, подземните

води или океани), почвата, итн – и го контролира емитувањето на

загадувачки материи врз елементот, како и одговорноста за

надминување дозволени емисии и обврската за расчистување. Законите

во врска со одржувањето и управувањето со ресурси, генерално се

фокусираат на еден ресурс - на пример, природните ресурси како што се

шумите, на минералните наоѓалишта или животински видови, или

неопипливи ресурси, како што се посебните сценски области или

области со висока археолошка вредност - и обезбедуваат насоки

поврзани со заштита, пренос и искористување на тие ресурси.

Овие области не се исклучуваат меѓусебно - на пример, законите

кои управуваат со загадувањето на водата во езерата и во реките, исто

така, може да се однесуваат и на сочувување на рекреативни вредност

на овие водни тела. Исто така, голем број закони кои не се исклучиво

„еколошки”, сепак, вклучуваат значајни компоненти на животната

средина и интегрираат еколошките политички одлуки. Општински,

државни и национални закони кои се однесуваат на развојот,

искористување на земјиштето и инфраструктурата се примери за ова.

Законот за животна средина е изготвен според принципите на

животната средина, вклучувајќи ја и екологијата, заштитата,

раководството, одговорноста и одржливоста. Законот за контрола на

загадувањето генерално се наменети (често со различен интензитет) за

заштита и зачувување на природната и животната средина и здравјето

на луѓето. Законите за заштита на ресурсите и управување воглавно ги

12

Page 13: Животната средина

балансираат (повторно, често со различен интензитет) придобивките од

заштитата и економска експлоатација на ресурсите. Од економски аспект

законите за животната средина можат да бидат сфати дека се

однесуваат на навремена заштита на моменталните и идните ефекти на

прелевање и заштита на заедничките ресурси од индивидуалните

исцрпувања. Ограничувања и трошоци кои таквите закони може да и ги

наметнат на трговијата, и на често неизбројливата (немонетарна) корист

од заштита на животната средина, создаваат и продолжуваат да создава

значителни контроверзии.

Со оглед на широкиот опсег на законот за животна средина, не е

можно да има целосно конечен список на еколошките закони. Следниве

дискусии и ресурси му даваат широчината на законот кој е во „еколошка”

метрика.

5. Закон за заштита и унапредување на животната средина

во Р. Македонија

Со овој закон се уредуваат правата и должностите на Република

Македонија6, правните и физичките лица, во обезбедувањето услови за

заштита и унапредување на животната средина и природата, заради

остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.

Републиката учествува во финансирањето на заштитата и

унапредувањето на животната средина и природата со средства од

Буџетот на Републиката. Домашни и странски, правни и физички лица

при вршењето на дејноста потребно е да обезбедат:

рационално користење на природните богатства,

6 Закон за животна средина, Сл.Весник на Р.Македонија бр.53, од

05.07.2005 година

13

Page 14: Животната средина

финансиски средства за заштита и унапредување на животната

средина и природата во рамките на инвестиционите и

производствените проекти

програми и следење на влијанието на дејноста врз квалитетот на

животната средина и природата.

Поблиските услови за заштита и унапредување на животната

средина и природата и здравјето на луѓето се пропишуваат со закон.

Сите природни богатства, објекти и делови на природата за кои со

научни и стручни истражувања е утврдено дека имаат особено значајни

природни вредности, уживаат посебна заштита, во согласност со

условите, начинот и постапката пропишани со овој закон, другите закони

и меѓународни конвенции и договори, кои ги склучила или на кои им

пристапила Република Македонија. Министерот за животна средина и

просторно планирање со посебен акт може да забрани или ограничи

ставање во промет и употреба на одделни животински и растителни

видови.

Постапката за заштита од комунални и индустриски опасни и

штетни материи во производството, употребата, транспортот,

прометот, складирањето, отстранувањето, неутрализирањето и

депонирањето, се врши на начин и под услови да не се доведе во

опасност животот и здравјето на луѓето и опстанокот на животинскиот и

растителниот свет, да не се загади животната средина и природата како

во процесот на функцијата, така и при појава на дефекти, во согласност

со мерилата и условите утврдени со закон и меѓународните конвенции и

договори кои Република Македонија ги ратификувала или им

пристапила.

Податоците за состојбата на квалитетот и појавите за загрозување

на животната средина и природата се јавни. Потрошувачот, односно

корисникот на производите и услугите мора да биде известен за

влијанието на тие производи, односно услуги врз животната средина и

здравјето на луѓето и за мерките за заштита, преку упатство дадено со

14

Page 15: Животната средина

производот, истакнато на амбалажата на производот, односно на друг

соодветен начин.

Органите на државната управа, научните и стручните организации

и установи кои вршат мониторинг во животната средина и природата се

должни податоците од мониторингот на животната средина и природата

да ги доставуваат до Министерството за животна средина и просторно

планирање. Министерот за животна средина и просторно планирање ги

пропишува видот, обемот, обликот и форматот на податоците и

времето на ова доставување. Министерството за животна средина и

просторно планирање е надлежно за презентирање на официјални

податоци од областа на животната средина и природата во Република

Македонија.

15

Page 16: Животната средина

6. Заклучок:

Под животна средина се подразбира збирот од сите надворешни

фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден организам.

Биотички (живи) фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг

вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се

неживите фактори - влијанијата на почвата, водата и воздухот врз

организмите.

Животна средина е просторот со сите живи организми и природни

богатства, односно природните и создадените вредности и вкупниот

простор во кој човекот живее и во кој се сместени населби, добрата во

општа употреба, индустриските и други објекти.

Заштита и унапредување на животната средина е превентивна

заштита и заштита од загадување и деградација на медиумите на

животната средина, заштита од осиромашување на озонската обвивка,

спречување на штетната бучава, заштита од јонизирачко и

нејонизирачко зрачење, користење и депонирање на отпадоци и друг

вид заштита на животната средина. Заштита и унапредување на

природата е заштита на посебното природно богатство заради

зачувување на неговата автентична состојба, како и одржливо

користење на природните богатства.

Природни богатства се: земјите, водитњ, минералните суровини,

растителниот и животинскиот свет: Посебно природно богатство е

зачуваниот дел на природата со посебни природни вредности и одлики,

заради кои тој има трајно еколошко, научно, културно, образовно,

здравствено, рекреативно, туристичко и друго значење, заради што

како добро од општ интерес за местото во кое живееме да ужива

посебна заштита. Република Македонија учествува во финансирањето

на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата со

средства од Буџетот на Републиката.

16

Page 17: Животната средина

7. Користена литература

Беби A. , Бренан A. , (2004) , " Екологијата пред се - Еколошки

начела и прашања поврзани со животната средина" , Скопје

Закон за животна средина, Сл.Весник на Р.Македонија бр.53, од

05.07.2005 година

http://www.moepp.gov.mk/default-MK.asp

17