Хебрејска литература-Библија

2
Хебрејска литература- Библија 1.Дефинирање и периодизација на хебрејска литература Старата хебрејска литература била пишувана на старите хебрејски јазици иврит и јидиш. Карактеристично за оваа литература е тоа што таа во текот на неколку илјадалетија се создавала на повеќе територии, а не само во една држава. Причина на ова е своевидната судбина на еврејскиот народ. Евреите веќе околу илјада и четиристотини години не зборуваат на еден јазик. Староеврејската литература што се развивала на територијата на Палестина се дели на два периоди: -Прв период( од 12-7 век пр.н.е.). Евреите биле номадски народ, со сопствен фолклор кој го одразува битовиот живот: народни лирски песни, епски песни, химни, легенди и пророштва.Ова нашло одраз во Библијата. -Втор период ( од покорувањето на Палестина од Вавилон- 4 век пр.н. е. па до покорувањето на Јудеја од Римската империја). При крајот на овој период Библијата е канонизирана. 2. Библија 2.1.Библијата е зборник од разновидни религиозни творби создавани во текот на огромен временски период( повеќе од илјада години), од 12 век пр.н.е.- 2 век пр.н.е.. 2.2.Библијата се состои од два дела: старозаветна Библија ( Стар Завет) и новозаветна Библија ( Нов Завет). 2.2.1. Стариот Завет го опфаќа периодот од 12 век пр.н.е. до појавата на христијанството. Напишан е на староеврејски јазик. Се почитува како Свето писмо на Јудеите и христијаните. а/ Стариот Завет се дели на три дела: - Петокнижие, се состои од петте книги Мојсееви, (,,Продавањето на Јосиф“) - Пророци - Писанија: сказните на цар Соломон, песни (лирска песна-,, Песна над песните“,тажаленки, химните, молитви, љубовни, свадбени, трудови, вински( анакреонтски), подбивни песни), потоа повеста за Јов, митови, басни, легенди, приказни, изреки. 2.2.2. Новиот Завет е дел од Библијата којшто го признаваат само христијаните. Напишан е на грчки јазик. За христијаните тој е света книга за животот на Месијата Исус Христос, според кого го добиле и своето име. Христијаните за своја света книга ја сметаат Библијата со Стариот и Новиот Завет, додека Евреите, кои сметаат дека ветувањето на Стариот Завет-доаѓањето на

Transcript of Хебрејска литература-Библија

Page 1: Хебрејска литература-Библија

Хебрејска литература-Библија

1.Дефинирање и периодизација на хебрејска литература Старата хебрејска литература била пишувана на старите хебрејски јазици иврит и јидиш. Карактеристично за оваа литература е тоа што таа во текот на неколку илјадалетија се создавала на повеќе територии, а не само во една држава. Причина на ова е своевидната судбина на еврејскиот народ. Евреите веќе околу илјада и четиристотини години не зборуваат на еден јазик. Староеврејската литература што се развивала на територијата на Палестина се дели на два периоди: -Прв период( од 12-7 век пр.н.е.). Евреите биле номадски народ, со сопствен фолклор кој го одразува битовиот живот: народни лирски песни, епски песни, химни, легенди и пророштва.Ова нашло одраз во Библијата. -Втор период ( од покорувањето на Палестина од Вавилон- 4 век пр.н. е. па до покорувањето на Јудеја од Римската империја). При крајот на овој период Библијата е канонизирана.

2. Библија 2.1.Библијата е зборник од разновидни религиозни творби создавани во текот на огромен временски период( повеќе од илјада години), од 12 век пр.н.е.- 2 век пр.н.е.. 2.2.Библијата се состои од два дела: старозаветна Библија ( Стар Завет) и новозаветна Библија ( Нов Завет). 2.2.1. Стариот Завет го опфаќа периодот од 12 век пр.н.е. до појавата на христијанството. Напишан е на староеврејски јазик. Се почитува како Свето писмо на Јудеите и христијаните. а/ Стариот Завет се дели на три дела: - Петокнижие, се состои од петте книги Мојсееви, (,,Продавањето на Јосиф“) - Пророци - Писанија: сказните на цар Соломон, песни (лирска песна-,, Песна над песните“,тажаленки, химните, молитви, љубовни, свадбени, трудови, вински( анакреонтски), подбивни песни), потоа повеста за Јов, митови, басни, легенди, приказни, изреки. 2.2.2. Новиот Завет е дел од Библијата којшто го признаваат само христијаните. Напишан е на грчки јазик. За христијаните тој е света книга за животот на Месијата Исус Христос, според кого го добиле и своето име. Христијаните за своја света книга ја сметаат Библијата со Стариот и Новиот Завет, додека Евреите, кои сметаат дека ветувањето на Стариот Завет-доаѓањето на Месијата, сè уште не се исполнило, не веруваат дека Исус Христос е Месијата. За христијаните тој е Месијата, Спасителот. а/ Новиот Завет е составен од следните делови: -,,Евангелие според Матеј“ -,,Евангелие според Марко“ -,,Евангелие според Лука“ -,,Евангелие според Јован“ - Делата на светите апостоли - Посланијата -,,Откровението на апостолот Јован Бигослов„ б/ Четирите евангелија на различни начини раскажуваат иста приказна, а тоа е приказната за животот и за смртта на Исус Христос истакнувајќи ја неговата саможртва за спасение на човештвото. Новиот Завет содржи цело богатство од метафори, симболи, визии, пророштва, параболи (споредби) кои се развиле до значење на литературна форма-алегориска приказна( параболата за сејачот и за семето во ,,Евангелието според Марко“)

Page 2: Хебрејска литература-Библија

3. Значењето на Библијата Важноста на Библијата од верски, културен и уметнички аспект е несомнена. Во историјата на една национална култура приопштувањето на Библијата на определен јазик било важен културен чин. Бројот на преводите на Библијата, исто така, е важен. Словенскиот превод на Библијата од Методиј во 9 век е четвртиот превод воопшто. Во Преродбата се направени повеќе обиди за превод ( Изборно евангелие-Кузман Шапкарев, Евангелието на Димитар Цанко и Поп Теодор Икономов, Изборни четива од евангелието на Стојан Трпков, Кониковско евангелие , Кулакиско евангелие) потоа во 1959г. на современ мак.јазик се преведени евангелијата според Марко и Матеј, во 1967г. е издаден интегрално Новиот Завет. Првиот превод на Библијата, или ,,првото целосно издание во превод на современ македонски литературен јазик„ е дури во 1990 година. Новиот Завет треба темелно да се познава од аспект интелектуалец, без оглед на религиските убедувања, кога се проучуваат литературата, сликарството, скулптурата, архитектурата или музиката на христијанскиот свет низ историјата.