Моите сеќавања за Чеган и с

63
Моите сеќавања за Чеган и сe што се случувало со него и со чеганци, се продолжеток на памтењето на дедо Мице, дедо Нане, бајче Пандиле М'нгаров - Четката, мојата мајка Цона, мојата сопруга Поликсéна (Була), мојата сестра Фроса, Маца Кочанова (Шанева). Неправедно ќе биде ако не им оддадам нужно признание и благодарност на другите мои соселани кои сум ги консултирал за некои семејства, или за настани врзани за Чеган, како на пр. баба Ордана Натева - ќерка на поп Андон Рамадáнов и нејзиниот син, Ване Натев. Посебна благодарност им изразувам на мојот пријател Ѓорѓија Димовски Цолев, кој ми посочи голем материјал за Чеган од 15-17 век, кон Симе Алушевски за несебичната помош во јазичното и техничкото средување на ракописот и на Здравко Божиновски за јазичната редакција. Од авторот ВОВЕД Целото Чеган, според некои турски документи од 15 век, припаѓало кон Леринската каза, а според други, исто така, турски документи, во Островската каза. За време на грчкото владеење со Егејска Македонија од 1913 г. наваму, припаѓа кон Воденска околија. Чеган се наоѓа на надморска висина од 1220 м. На југ граничи со селата Жерви и Острово (на северниот брег на Островското Езеро), на југозапад со селото П'тле1, на запад со с. Горничево, од северозапад со с. Сетина и с. Пападја. Чеганскиот синор на север се протега по венецот на Митиризте, Камну, Вдовица, сe до Баковите Колиби и Поплазов Камен. Селото отсекогаш претставувало чиста македонска населба и како такво, до денешен ден не претрпело никакви етнички промени.

Transcript of Моите сеќавања за Чеган и с

Page 1: Моите сеќавања за Чеган и с

Моите сеќавања за Чеган и сe што се случувало со него и со чеганци, се продолжеток на памтењето на дедо Мице, дедо Нане, бајче Пандиле М'нгаров - Четката, мојата мајка Цона, мојата сопруга Поликсéна (Була), мојата сестра Фроса, Маца Кочанова (Шанева). Неправедно ќе биде ако не им оддадам нужно признание и благодарност на другите мои соселани кои сум ги консултирал за некои семејства, или за настани врзани за Чеган, како на пр. баба Ордана Натева - ќерка на поп Андон Рамадáнов и нејзиниот син, Ване Натев.

Посебна благодарност им изразувам на мојот пријател Ѓорѓија Димовски Цолев, кој ми посочи голем материјал за Чеган од 15-17 век, кон Симе Алушевски за несебичната помош во јазичното и техничкото средување на ракописот и на Здравко Божиновски за јазичната редакција.

Од авторот

ВОВЕД

Целото Чеган, според некои турски документи од 15 век, припаѓало кон Леринската каза, а според други, исто така, турски документи, во Островската каза. За време на грчкото владеење со Егејска Македонија од 1913 г. наваму, припаѓа кон Воденска околија.

Чеган се наоѓа на надморска висина од 1220 м. На југ граничи со селата Жерви и Острово (на северниот брег на Островското Езеро), на југозапад со селото П'тле1, на запад со с. Горничево, од северозапад со с. Сетина и с. Пападја. Чеганскиот синор на север се протега по венецот на Митиризте, Камну, Вдовица, сe до Баковите Колиби и Поплазов Камен.

Селото отсекогаш претставувало чиста македонска населба и како такво, до денешен ден не претрпело никакви етнички промени.

К'нчев забележал дека во селото има 750, Бранков 1.200 македонски жители, додека според Милоевиќ во Чеган имало 40 македонски куќи.

Во 1913 год. селото броело 1.060, во 1920 год. 1.024, а во 1940 год. 1.395 жители. Чеган многу настрада во Граѓанската војна во Грција (1946-1949) година. По неа, дел од населението кое било засолнето во побезбедни села и градови, се вратило во Чеган. Така, во 1951 год. забележани се 722, во 1960 год. 997, а во 1971 год. бројот на жителите се намалил на 703.

Чеган во 15 век"Селото Чеган, тимар на спомнатиот. Дервенско село. Ра-дослав, син на

Протугер; Богдан, син на Радослав; Мелко, син на Радослав; Петко, кожувар; Јован, син на Петко; Илија од Греје; Дујко, син на Радоња/Радута; Алексо, син на Арнаут; Рале Палиград; Томо, син на Рале; Каре, син на Тодор; Ди-митрие, син на Каре; Јован, син на Рале; Пејо, син на Јован; Стојко, брат на Пејо; Јован ковач; Стојко

Page 2: Моите сеќавања за Чеган и с

ковач; Томо ковач; Иван кожувар; Димитрије, син на Драган; Пејо Свето; Димо, син на Станиша; Пејо Грбавец; Стале, син на Пројко; Димо, син на Пројко; Димо, син на Тодор; Јанко, син на Рале; Стојко, син на Станимир; Трајче, син на Палигуша; Станислав, син на Стојко; Димитрие, син на Стојко; Јанко, син на Рале; Томо, син на Рале; Рајко од Трсје/Тресино; Јован син на Кајо; Ѓорго, син на Дабижив; Бајо од Тресино; Добре, син на Димитрије; Јован, син на Иван; Грдан, син на Никола; Михо, син на Грдан; Матјо, син на Јован; Томо, син на Рале; Стојко, син на Рале; Пејо, син на Групче; Вдовица, жена на Групче; Вдовица, жена на Стојко; Вдовица, жена на Радослав; Пејо, син на Јован; Димитри, син на Јован; Владислав, син на Томо; Кајо, син на Томо; Илија, син на Ратко; Стојко, син на Алексо; Мирче, син на Ковач; Ранко, син на Станислав; Ралко, син на Илија; Иванко, син на Рале; Пано, син на Стојко; Тано, син на Јован; Поп Коста; Кајо, син на Рајчин. Селото има 64 семејства.

Приходи: Пченица 31 товар - вредност 560 акчиња; Од свадбарина и глоби - 160 акчиња; Приходи од 50 хаса костенови дрвја - 100 акчиња; Ушур од лозја што се засадени на мес-тото Л'го, а расчистено со сопствени средства (на селаните) од спомнатото село, годишно 22 медри - вредност 100 акчиња. Вкупно приходи 970.

Селото продолжува да биде дервенско сe до првата децен-ија на 17 век. Се наоѓа под Лерин, над Островско Езеро#. 2

Чеган како дервенџиско селоСелото се протега северно од Островското Езеро, крајпатот Битола - Воден. Најстарите изворни податоци за ова дервенџиско село се од 15 век. При пописот од 1481/82 година тоа имало 64 христијански домаќинства; влегувало во Лерин-ската нахија, како составен дел на тимар, а на спахијата му носело 970 акчиња годишен приход.Во еден друг, недатиран попис од 15 век, во селото биле ре-гистрирани 48 домаќинства, 3 неженети и 5 вдовици. Влегувало во истиот тимар со блиското дервенџиско село Бегна, носејќи му на спахијата годишен приход од 1.225 акчиња.При пописот од 1530/31 година с. Чеган имало 62 до-маќинства, 6 неженети и една вдовица, влегувало во тимарот на Гурхан, кому му носело годишен приход од 2.692 акчиња. Наредните децении донесле намалување на селото. При пописот од 1544/45 година, во него живееле 30 домаќинства и една вдовица. Селото влегувало во тимарот на Мехмед, кому му носело годишен приход од 1.720 акчиња. Во ова време била спроведена реорганизација на дервенџиската служба, за која биле ангажирани 30 лица, што значи сите старешини на домаќинствата. Оваа реорганизација ги натерала преку-бројните, т. е. оние што требало да преминат во статус на обична раја, да ја напуштат населбата. До 1568 година дошло до мало зголемување на селото на 30 домаќинства, 16 неженети и една вдовица, кои на својот спахија, Сулејман, син на Халил, му носеле годишен приход од 2.500 акчиња.Како дервенџиско село се споменува и во еден документ од 1679 година. Според местоположбата на селото, може да се заклучи дека неговите жители имале задача да го чуваат споменатиот пат Битола - Воден.3

Page 3: Моите сеќавања за Чеган и с

Хасан ги обвинува селаните од дервенските села кои го нападнале здружени со ајдути

"Хасан беше син на Ибрахим, припадник на специјалната соба на јалдаларите на педесет и осмиот џемат на јаничарите на Високата Порта, на Чесниот Шеријатски меџлис, во присуство на зимиите Христо, син на Спиро; Стојко, син на Пејо; Јован, Мико, Рале, син на Бодле; Дујко, син на Лазар, (сите) зимии од дервенското село Чеган кое се наоѓа во Островска каза; Поп Стојко; Христо, син на Ѓоре; Ѓорѓи, син на Годи; Пејо, син на Калина; Стојко, син на Пејо, (сите) зимии од дервенското село Бејне4, кое исто така се наоѓа во Островска каза, усно изјави: Пред четириесет дена од датумот на овој документ, одејќи за Солун, спомнатите зимии здружени со друмски разбојници ме нападнаа меѓу спомнатите села дервенски. Ми ограбија илјада еседи грошеви што ги имав при себе, една долга пушка, девет аршини чоха, деветнаесет губен микс, еден самар, еден мој фес, една тава и едно тенџере. Јас бев мутисафир во Солунскиот санџак, со апарлак се обратив до среќниот Мустафа паша, кој бил одреден за собирање војска во Румелискиот вилает.

Кога ги повикавме спомнатите зимии, тие наполно го негираа спомнатиот случај. Бидејќи не беше можно да се потврди мојата тужба, меѓу нас настана голем спор и остро соперништво. Тогаш, меѓу нас посредуваа помирувачи. Бидејќи негираа, се заклучи мир со противредност од двестотини и осумдесет еседи грошеви.

Јас исто така го прифатив спомнатиот мир и како противредност за мирот со спомнатите зимии, наполно ја примив спомнатата сума од двестотини и осумдесет еседи грошеви. Спомнатите зимии и сите жители на спомнатите села наполно ги ослободив од долгови, го прекинав спорот и се откажав од спомнатата тужба и од сите спорови, барања и тужби што се однесуваат на спомнатиот случај. Од кога се потврди лице во лице на барање се запиша што се одлучи и се даде (потврда) во рацете на барателите.

На дваесет и втори од џемада Л - илјада и дваесетата година 160 (Сведоци: Мустафа ага, Бумашир Али ага; Мустафа ага, забит, Колаги Хасачелеби, Хасан беше бивш сердар, Хаџи Ахмед ефенди, Хаџи Мустафа, Херкуда, Мехмед Хер субаша - главен мугзир, Ибрахим Дедемугзир, Хамиа мугзир#.5

Барање крвнина од чеганци"Хасан и Хусеин, синови на убиениот Абас, преку својот застапник бараат

крвнина од жителите на селата Бејне и Чеган што се наоѓаат во Островската каза. Бидејќи наследникот на убиениот Абас, син на Али, кој бил убиен меѓу спомнатите села Бејне и Чеган што припаѓаат на Островската каза, се сведува на постарите родени синови Хасан и Хусеин, кои се жители на селото Топојани, што припаѓа кон казата на градот Тополедин и откако се утврди лицето Хусеин, син на Мустафа, кој го докажа своето законско полномоштво со сведоците Мехмед, син на

Page 4: Моите сеќавања за Чеган и с

Хусеин и Сали, син на Бајрам, дека е застапник на долу спомнатата тужба и е полномоштен од страна на спомнатите Хасан и Хусеин во најсветлиот шеријатски меџлис во присуство на зимиите Стојан, син на Пејо; Велче, син на Стојче; Петко, син на Мурџа кои се носители на овој документ и жители на спомнатото село Бејне и во присуство на зимиите Дуко, син на Никола; Стојко, син на Дуко; Јано, син на Стојко, жители на спомнатото село Чеган, како и пред други жители од двете спомнати села чии имиња се познати и регистрирани врз основа на полномоштвото, поднесе тужба против нив и усно изјави: Девет месеци пред пишувањето на овој документ, меѓу двете спомнати села бил убиен покојниот Абас, син на Али, татко на спомнатите мои полномоштеници Хасан и Хусеин на селото Топојани што припаѓа на казата на градот Тополедин.

Бидејќи убиецот не е познат, врз основа на полно-моштвото, барам да се сослушаат жителите на спомнатите две села и да се изврши што е потребно според шеријатот. На прашање тие (негираат).

Се побара доказ од тужбата од спомнатиот застапник. Му се побара да поднесе детали за доказот и откако судот повеќе пати го продолжуваше рокот, наполно се докажа дека е немоќен да прибави докази. Бидејќи спомнатиот Хусеин не даде ни клетва, на барање се запиша и регистрира она што се случи, со напомена да се спречи во врска со барањето крвнина. Ова се случи и се запиша на ден дваесет и шести од чесниот сафет илјада сто и осма година. Сведоци на чинот: Сулејман Челеби, син на Хасан, Ибрахим Јаџи, син на Хасан, син на Бајрам-мугзир, Али Челеби-мугзирбаша, Хашимзаде.# 6

Чеган како дервенџиско селоСелото се протега северно од Островското Езеро, крајпатот Битола - Воден. Најстарите изворни податоци за ова дервенџиско село се од 15 век. При пописот од 1481/82 година тоа имало 64 христијански домаќинства; влегувало во Лерин-ската нахија, како составен дел на тимар, а на спахијата му носело 970 акчиња годишен приход.Во еден друг, недатиран попис од 15 век, во селото биле ре-гистрирани 48 домаќинства, 3 неженети и 5 вдовици. Влегувало во истиот тимар со блиското дервенџиско село Бегна, носејќи му на спахијата годишен приход од 1.225 акчиња.При пописот од 1530/31 година с. Чеган имало 62 до-маќинства, 6 неженети и една вдовица, влегувало во тимарот на Гурхан, кому му носело годишен приход од 2.692 акчиња. Наредните децении донесле намалување на селото. При пописот од 1544/45 година, во него живееле 30 домаќинства и една вдовица. Селото влегувало во тимарот на Мехмед, кому му носело годишен приход од 1.720 акчиња. Во ова време била спроведена реорганизација на дервенџиската служба, за која биле ангажирани 30 лица, што значи сите старешини на домаќинствата. Оваа реорганизација ги натерала преку-бројните, т. е. оние што требало да преминат во статус на обична раја, да ја напуштат населбата. До 1568 година дошло до мало зголемување на селото на 30 домаќинства, 16 неженети и една вдовица, кои на својот спахија, Сулејман, син на Халил, му носеле годишен приход од 2.500 акчиња.

Page 5: Моите сеќавања за Чеган и с

Како дервенџиско село се споменува и во еден документ од 1679 година. Според местоположбата на селото, може да се заклучи дека неговите жители имале задача да го чуваат споменатиот пат Битола - Воден.3

Чеган како дервенџиско селоСелото се протега северно од Островското Езеро, крајпатот Битола - Воден. Најстарите изворни податоци за ова дервенџиско село се од 15 век. При пописот од 1481/82 година тоа имало 64 христијански домаќинства; влегувало во Лерин-ската нахија, како составен дел на тимар, а на спахијата му носело 970 акчиња годишен приход.Во еден друг, недатиран попис од 15 век, во селото биле ре-гистрирани 48 домаќинства, 3 неженети и 5 вдовици. Влегувало во истиот тимар со блиското дервенџиско село Бегна, носејќи му на спахијата годишен приход од 1.225 акчиња.При пописот од 1530/31 година с. Чеган имало 62 до-маќинства, 6 неженети и една вдовица, влегувало во тимарот на Гурхан, кому му носело годишен приход од 2.692 акчиња. Наредните децении донесле намалување на селото. При пописот од 1544/45 година, во него живееле 30 домаќинства и една вдовица. Селото влегувало во тимарот на Мехмед, кому му носело годишен приход од 1.720 акчиња. Во ова време била спроведена реорганизација на дервенџиската служба, за која биле ангажирани 30 лица, што значи сите старешини на домаќинствата. Оваа реорганизација ги натерала преку-бројните, т. е. оние што требало да преминат во статус на обична раја, да ја напуштат населбата. До 1568 година дошло до мало зголемување на селото на 30 домаќинства, 16 неженети и една вдовица, кои на својот спахија, Сулејман, син на Халил, му носеле годишен приход од 2.500 акчиња.Како дервенџиско село се споменува и во еден документ од 1679 година. Според местоположбата на селото, може да се заклучи дека неговите жители имале задача да го чуваат споменатиот пат Битола - Воден.3

Чеган како дервенџиско селоСелото се протега северно од Островското Езеро, крајпатот Битола - Воден. Најстарите изворни податоци за ова дервенџиско село се од 15 век. При пописот од 1481/82 година тоа имало 64 христијански домаќинства; влегувало во Лерин-ската нахија, како составен дел на тимар, а на спахијата му носело 970 акчиња годишен приход.Во еден друг, недатиран попис од 15 век, во селото биле ре-гистрирани 48 домаќинства, 3 неженети и 5 вдовици. Влегувало во истиот тимар со блиското дервенџиско село Бегна, носејќи му на спахијата годишен приход од 1.225 акчиња.При пописот од 1530/31 година с. Чеган имало 62 до-маќинства, 6 неженети и една вдовица, влегувало во тимарот на Гурхан, кому му носело годишен приход од 2.692 акчиња. Наредните децении донесле намалување на селото. При пописот од

Page 6: Моите сеќавања за Чеган и с

1544/45 година, во него живееле 30 домаќинства и една вдовица. Селото влегувало во тимарот на Мехмед, кому му носело годишен приход од 1.720 акчиња. Во ова време била спроведена реорганизација на дервенџиската служба, за која биле ангажирани 30 лица, што значи сите старешини на домаќинствата. Оваа реорганизација ги натерала преку-бројните, т. е. оние што требало да преминат во статус на обична раја, да ја напуштат населбата. До 1568 година дошло до мало зголемување на селото на 30 домаќинства, 16 неженети и една вдовица, кои на својот спахија, Сулејман, син на Халил, му носеле годишен приход од 2.500 акчиња.Како дервенџиско село се споменува и во еден документ од 1679 година. Според местоположбата на селото, може да се заклучи дека неговите жители имале задача да го чуваат споменатиот пат Битола - Воден.3

Хасан ги обвинува селаните од дервенските села кои го нападнале здружени со ајдути

"Хасан беше син на Ибрахим, припадник на специјалната соба на јалдаларите на педесет и осмиот џемат на јаничарите на Високата Порта, на Чесниот Шеријатски меџлис, во присуство на зимиите Христо, син на Спиро; Стојко, син на Пејо; Јован, Мико, Рале, син на Бодле; Дујко, син на Лазар, (сите) зимии од дервенското село Чеган кое се наоѓа во Островска каза; Поп Стојко; Христо, син на Ѓоре; Ѓорѓи, син на Годи; Пејо, син на Калина; Стојко, син на Пејо, (сите) зимии од дервенското село Бејне4, кое исто така се наоѓа во Островска каза, усно изјави: Пред четириесет дена од датумот на овој документ, одејќи за Солун, спомнатите зимии здружени со друмски разбојници ме нападнаа меѓу спомнатите села дервенски. Ми ограбија илјада еседи грошеви што ги имав при себе, една долга пушка, девет аршини чоха, деветнаесет губен микс, еден самар, еден мој фес, една тава и едно тенџере. Јас бев мутисафир во Солунскиот санџак, со апарлак се обратив до среќниот Мустафа паша, кој бил одреден за собирање војска во Румелискиот вилает.

Кога ги повикавме спомнатите зимии, тие наполно го негираа спомнатиот случај. Бидејќи не беше можно да се потврди мојата тужба, меѓу нас настана голем спор и остро соперништво. Тогаш, меѓу нас посредуваа помирувачи. Бидејќи негираа, се заклучи мир со противредност од двестотини и осумдесет еседи грошеви.

Јас исто така го прифатив спомнатиот мир и како противредност за мирот со спомнатите зимии, наполно ја примив спомнатата сума од двестотини и осумдесет еседи грошеви. Спомнатите зимии и сите жители на спомнатите села наполно ги ослободив од долгови, го прекинав спорот и се откажав од спомнатата тужба и од сите спорови, барања и тужби што се однесуваат на спомнатиот случај. Од кога се потврди лице во лице на барање се запиша што се одлучи и се даде (потврда) во рацете на барателите.

Page 7: Моите сеќавања за Чеган и с

На дваесет и втори од џемада Л - илјада и дваесетата година 160 (Сведоци: Мустафа ага, Бумашир Али ага; Мустафа ага, забит, Колаги Хасачелеби, Хасан беше бивш сердар, Хаџи Ахмед ефенди, Хаџи Мустафа, Херкуда, Мехмед Хер субаша - главен мугзир, Ибрахим Дедемугзир, Хамиа мугзир#.5

Барање крвнина од чеганци"Хасан и Хусеин, синови на убиениот Абас, преку својот застапник бараат

крвнина од жителите на селата Бејне и Чеган што се наоѓаат во Островската каза. Бидејќи наследникот на убиениот Абас, син на Али, кој бил убиен меѓу спомнатите села Бејне и Чеган што припаѓаат на Островската каза, се сведува на постарите родени синови Хасан и Хусеин, кои се жители на селото Топојани, што припаѓа кон казата на градот Тополедин и откако се утврди лицето Хусеин, син на Мустафа, кој го докажа своето законско полномоштво со сведоците Мехмед, син на Хусеин и Сали, син на Бајрам, дека е застапник на долу спомнатата тужба и е полномоштен од страна на спомнатите Хасан и Хусеин во најсветлиот шеријатски меџлис во присуство на зимиите Стојан, син на Пејо; Велче, син на Стојче; Петко, син на Мурџа кои се носители на овој документ и жители на спомнатото село Бејне и во присуство на зимиите Дуко, син на Никола; Стојко, син на Дуко; Јано, син на Стојко, жители на спомнатото село Чеган, како и пред други жители од двете спомнати села чии имиња се познати и регистрирани врз основа на полномоштвото, поднесе тужба против нив и усно изјави: Девет месеци пред пишувањето на овој документ, меѓу двете спомнати села бил убиен покојниот Абас, син на Али, татко на спомнатите мои полномоштеници Хасан и Хусеин на селото Топојани што припаѓа на казата на градот Тополедин.

Бидејќи убиецот не е познат, врз основа на полно-моштвото, барам да се сослушаат жителите на спомнатите две села и да се изврши што е потребно според шеријатот. На прашање тие (негираат).

Се побара доказ од тужбата од спомнатиот застапник. Му се побара да поднесе детали за доказот и откако судот повеќе пати го продолжуваше рокот, наполно се докажа дека е немоќен да прибави докази. Бидејќи спомнатиот Хусеин не даде ни клетва, на барање се запиша и регистрира она што се случи, со напомена да се спречи во врска со барањето крвнина. Ова се случи и се запиша на ден дваесет и шести од чесниот сафет илјада сто и осма година. Сведоци на чинот: Сулејман Челеби, син на Хасан, Ибрахим Јаџи, син на Хасан, син на Бајрам-мугзир, Али Челеби-мугзирбаша, Хашимзаде.# 6

Телеграми бијат

Телеграми бијат, мамо,телеграми бијат,телеграми бијат, мамо,Чеган Планина, леле,Чеган Планина.

Се отворила, мамо,се отворила,

Page 8: Моите сеќавања за Чеган и с

се отворила, мамо,силна војна, леле,силна војна!

Првата отстапка, мамо,Чеган Планина,втората отстапка, мамо,града Битола, леле,града Битола.

Третата отстапка, мамо,третата отстапка,третата отстапка, мамо,ветка граница, леле,ветка граница.

Бог да го убие мамо,бог да го убие, бог да ги убие мамо,тој бојаџија, леле,телеграфчија.

Што ја предаде, мамо,што ја предаде,што ја предаде, мамо, целата војска, леле,целата војска.7

ЧЕГАН ВО МОИТЕ СПОМЕНИ

Имиња, презимиња и прекари начеганци до 1948/49 година

Коле Јанков, Фоте Дујчив8, Наце Динчив (преселен во Острово), Пандиле Трсунов - Чикóму, Коле Кекив, Доне Кронив, Дине Кронив, Лазо Кронив, Геле, Кронив, Гоне Кронив, Христо Кронив, Пандиле Капиданчив (Љоков), Лечо Марков, Наце Ристулив - Абдирману, Пандиле Пурцов, - Сапрц, Ване Пурцов, Дине Јакчулив - Џеладино, Ристо Трсунов, Ване Трсунов, - Љабата, Ристо Бакаров, Стојче Киселинов - Липончето, Типе Киселинов, Томе Киселинов - Тумичу, Гоне Киселинов, Трпане Гегов, Мара Гегова (вдовица, жена на комитата Ристо Гекчето), Дине Белчив - Тите, Толе Пишлинов, Коле Пишлинов, Мице Пишлинов, Митóде Пасков, Христо Пасков - Каратови, Лазо Абаршлиев, Гоне М'нгаров, Пандиле М'нгаров - Малиот, Коле М'нгаров, Пандиле М'нгаров - Четката, Ване Гаков, Лазо

Page 9: Моите сеќавања за Чеган и с

Брзов - Лапцо, Толе Брзов, Мице Брзов - Реко, Типе Џунов, Коста Гегов, Ване Петлив, Пандиле Петлив, Гоне Нанчив (Ташков), Гоне Мицаков, Стојане Мицаков, Наце Џогов, Коле Мингов, К'чо Мингов, Борис Мингов, Пеце Мисуров (Димулков), Гире Рамадáнов - домазет за Ванка Димулкова, Јанче Димулков (Еленов), Пеце (Пене) Димулков (Еленов) Нане Димулков (Еленов), Мице П. Димулков, Пандиле Шанив, Пеце Шанив (Танасов), Дине Шанив (Танасов), Пандиле Таиров - Бегу, Тане Кондов, Коле Кондов, Гоне Кекив, Пандиле Кекив, Томе Финатов, Наце Шорков, Ване Колчив, Пандиле Колчив - Чичо, Џиката, Ташо Гаков, Гоне Куранов, Карише Љасков, Дине Папалазов, Гоне Б'лов, Ване Шоков, Пеце Шоков, Личо Натив (Цилков), Крсте и Трпане Натив, Пандиле Натив - Д'лгиот, Мице Натив - Фицин, Лазо Натив (син на Дуриј-чето), Томе Натив, Ване Љасков, Лазо Љасков9, Томе Љаков, Христо Љаков, Гоне Ферџов, Пандиле Трталов, Фоте Тр-талов, Дине Цилков - Царо, Пандиле Б'лов - Кишо, Томе Па-палазов, Типе Папалазов, Борис Папалазов, Мице Нушив, Дине Нушив, Томе Свирив, Симо Свирив, Митóде Свирив (до-мазет во Мице Брзов - Реко за ќерка му Ордана), Мице Шан-гов, Пеце Нушив, Христо Нушив (маж на Немата), Гоце Вит-лив, Коле Витлив, Гоне Бачков, Лисе Бачков, Јанаке Попов - Ропката, Циле Капиданчив, Гоне Ѓорив, Поп Ване Џиков, Го-не Мулив, Гоне Гирачив (преселен во Острово), Стојче Мар-ков, К'чо Стојков, Гацо Стојков, Гоче Стојков, Танасе Попов - Овисо, Христо Стојков - Папата, Дане Љугов, Гоне Љугов, Најдо Цицаров, Мице Биркујќив, Јанче Биркујќив, Пеце Рус-ков, Ване Русков, Трајко Москов, Пеце Москов, Џорџ Џиков, Карише Џиков (бербер), Стојче Џиков - Карафило, Коле Џи-ков - Чакаларо, Наце Алков, Јане Алков, Личо Дујчив, Пан-диле Дујчив, Пандиле Зајков, Фане Зајков, Дине Алков, Томе Цицаров - Гулов, Пандиле Гулов, - Цицаров, Ташо Гулов, Го-не Гулов, Гуло Гулов, Гоне Ванков, Гоне Б'лов, Геле Нанчив, Гоне Тојтов, Каксуло Нанчив, Најдо Нанчив, Ване Нанчив, Ристо Љаљов, Доне Гелив - Тутов, Пандиле Крондиров, Наце Крондиров, Стојче Брзов, Пандиле Аљушов, Пандиле и Крс-те Калеови, Томе Манóлив, Ичо Манóлив, Мице Манóлив, - Љољо, Ване Манóлив, Томе Манóлив, Наце Попрóјов, Лазо Кочанов, Ване Кочанов, Гоне Кочанов, Мице Рамадáнов - Мануле, Трајко Рамадáнов, Томе Рамадáнов, Ристо Маликов со синовите Наце и Пеце (жена струганка, Фросина), Стојче Шишков, Толе Рапов, Стојче Шишков, Стефо Сомчив, Наце Сомчив, Типе Галамаров, Гоне Карамичов, Ташо Карамичов, Трајко Карамичов, Јанче Карамичов, Стојче Пецив, Доне Пе-цив, Наце Пецив, Ване Брзов, Дине Брзов, Томе Брзов, Пеце Лесков - Куле, Мице Лесков - Бицо, Ристо Лесков - Тајката, Ристо Бушéлов, Гоне Бушéлов, Дине Алков - синови Гоне, Пеце, Крсте, Јанче Зоров. Имиња на чеганки

Цона Јакчулева - Брзова, Тина Јакчулева - Љаскова, Петра Димулкова - Јакчулева, Буља Димулкова - Јакчулева, Левена Гацова - Јакчулева, Лефа М'нгрва - Јакчулева, Митра Јакчулева - Кондова, Лефа Јакчулева, Крста Јакчулева, Стојна Танева - Пурцова, ќ. Стамена Пурцова, Петра Кекева, ќ. Ирина, Менка Кронева - Цилкова, Фроса Кронева /ќ/, Лена Кронева ќ. на Доне, Фана Љокова, Менка Љокова, Трпа Абдирманова - Љокова, ќ. Мита и Маца, Лена Кронева - Брзова, ќ. Тумија, Панаја, Буља, Мита Кронева (живеела 104 г. баба на Геле и Гоне Кроневи), Стојна Кронева - Димулкова, ќ. Лефа, Панаја, Тина Кронева - Бушелова, ќ. Фроса

Page 10: Моите сеќавања за Чеган и с

(загина како партизанка при нападот на с. Баница, Леринско, во 1949 г.), Маца Кронева - Алкова, ќ. Вангелица, Дана и Дита, Фроса Кимурова (Либетинка) ќ. Слава, Маца Јанкова - Стојкова, Цина Динчева - Кронева, Петра Пурцова - Пецева, ќ. Лефа, Менка Рамаданова, ќ. Пула, Темјана, Митра Трсунова, ќ. Слава, Лена Трсунова - Карамичова, Цина Дујчева, Петра Дујчева, Гуца Дујчева - Брзова, ќ. на Пеко, Султана Дујчева - Јакчулева, Кица Дујчева - Брзова, ќ. Лефа, Фроса, Маца, Менка, Лена Трсунова - Карамичова, Лина Трсунова - Бачкова, Лефа Џикова, Пруша Дончева - Кронева, жена на Чакаларо, ќ. Уранија, Левена, Неда Петлива, Риса Петлива - Дијчева, Панаја Петлева, земена како чедо, инаку чупа на Личо Дујчив, Цила Брзова - Сетинка, ќ. Ордана, Милка и Гуца, Риса Ташкова - Нанчева, ќ. Ванка и Фроса, Стојна Гакова, жена на Ване Гаков, Маца М'нгрва, Јана М'нгрва - Димулкова, на дедо Нане, ќ. Лефа, Лина, Тина Танева - Мисурва, ќ. Фроса и Лена, Ванка Мингова - Галамарова, ќ. Тумија и Вангелица, СлаваМингова - Рапова, ќерка на Толе Рапов, Цина Мицакова, ќ. Лефа, Пруша Мисурва - Цицарва,ќ.Ванка Димулкова (за домазет го имаше земено Гире Рамаданов), Пруша Пенва - Димулкова - Лескова, ќ. Мита, Маца (Пенка) Димулкова - Сомчева, Темјана Галамарова - Трсунова, Василка Димулкова, жена на дедо Нане, ќ. Јана и Гуца, Ката Димулкова - Џикова, Цона Димулкова - Цилкова (Црнката), ќ. Фроса и Лефка, Фроса Сомчева - Вуштарка, ќ. Султана, Лена Крондирова - Љаскова, ќ. Софка, Тумија, Гуца Карамичова, жена на Ташо, ќ. Лена (инаку, баба Гица Џарлова), Лина Карамичова, ќ. Крста, Лефа, Тренда Карамичова, ќ. Трпа Рамаданова, Тина Брзова - Колчева, ќ. Лена, Кица Таирва, Димулква, Лина Таирва - Шокова, Пруша Таирва - Пишлинова, ќ. Нора и Лена, Маца М'нгрва - Кронева, ќ. Лена и Фроса, Цина М'нгрва - Цицарва, Боја Шанева, ќ. Слава, Риса Шанева - Цицарва, ќ. Слава, Лефа Шанева - Натева, Донка Гакова - Мисурва (Димулкова), ќ. Андра, Стојна Љаскова - Трталва, Ордана Натева - Рамаданова, ќ. Лена, Кица Папалазова - Јакчулева, Каља Каратова (Паскова), ќ. Султана, Фроса, Тина Каратова (Кронва), ќ. Вангелица, Фана Каратова - Киселинова, Тумија Пецва - Бушелва, Лена Пецва - Попројва, ќ. Фана и Лефа, Слава Пецва, Тренда Белчева - Киселинова, ќ. Султана, Тина Брзова - Крондирва, жена на Томе Брзов, Маца Брзова, снаа Дана, Јана Брзова, жена на Дине, Цена Брзова - Љаскова, ќ. Лена, Кица Љасква - Гулева, ќ. Ника и Жива, Гуца Љаскова - Блва, Менка, Митра, Кица Трталва, ќ.4, Нијка Натева - Брзова, ќ. Маца, Панаја и Ирина, Султана Ристулва, ќ. Лена, Менка Витлива - Мисурва, жена на Гоче Витлив, Лефа Попва, жена на Ристо Саракинецот, Цона Иљамва, Лефа Мицулва, Лена Мицулва, Гуца Нушва-Гацва, ќ. Кица, Дана, Талија, Велика Нушва -Гацва - Шокова, ќ. Лена, Цина Ѓорва - Мисурва - Димулкова, ќ. Вангелица, Лена Ѓорва - Свирва, Маца Стојкова, Јота Кронева - Љугова, ќ. Прушка, Талија Бушелва, Леонора Гирачва, Ката Сфирва, ќ. Лефа, Фроса, Гија Гегова, ќ. Фроса, Петра Шипва - Шанва, жена на Арапчето Пандиле, ќ. Лефа, Фроса, Тина Шишкова - Бакарва, Арапчето Пандиле, ќ. Лефа, Фроса, Тина Шишкова - Бакарва, ќ. Менка и Фроса, Ордана Бакарова, Грозда Натева, Цона Ферџова, Кија Б'лва, Донка Гакова - Мисурва (Димулкова), Мијка Кекева - Јакчулева, Лена Финатова, Слава Кекева - Пурцова, Трпа Шоркова, Мита Шоркова, Милка Биркујќва, Вилика Лалва - Димулкова (Нанва), Донка Москова, Риса Москова, Лена Кисилинва, Фроса Кисилинва - Балилва, Султана Трталва, Мона Б'лва - Островка, Лена Лескова, жена на М. Лесков - Бицо, ќ. Маца Лескова, жена на Пеце Лесков - Куле, Пруша Натева -

Page 11: Моите сеќавања за Чеган и с

Љаскова, Панаја Натева, жена на Бело Натев, Кица Натева - Фицина, Слава Љокова - Кронева, Цона Мулева, Митра Калеова, Талија Калеова, Лена Попова, ќерка на Јанаке (Ропката), Лефтерија Попова, ќерка на Овисо, Буља Попова, ќерка на Овисо, Гина Бачкова, жена на Гоне, Слава Рамаданова - Бачкова, жена на Лазо. Петра Алкова, жена на Пеце, Тина Алкова, жена на К'чо, Андра Алкова, жена на Фане, Гуца Зајкова, жена на Пандиле, Фима Пеливанова, жена на Стојче, Ника Алкова, жена на Наце, Јана Куранова, жена на Крсте, Маца Гелева - Тутова, жена на Доне, Ордана Аљушова, жена на Пандиле.

Чегански топонимиОд Чеган кон Пиперица: Боглива Горница, Дивта Слива, Соклу, Биличката

Страна, Дулиштата, Пиштéрте, Џака, Ќумко10, Манастирчето, Ректе, Големта Краста, Малта Краста.

Од Чеган кон Црвента Стена: Курицкин Дол, Козјак, Диралва Нива, Попројвиот Камен, Црвента Стена, Кртарте, Шиков Гроб.

Од Чеган за Баковите Колиби: Чешмите, Пулента, Камејната, Гризинца, Видна Пиштерта, Камну на Оповта Нива, Глувка, Убавте, Самта Бука, Малта Река, Изворјата, Поплазов Камен.

Од Глувка за Баента Вода11: Мингово Просо, Пупулви Костени, Одру, Баента Вода, Љочву Аргач, Скинтиинте, Лапувте, Висóвте, Кузивца.

Од Чеган за с. Жерви: Гегите, Асанка, Радóта, Трите Буки, Мазнио Пат, Бакаровта Круша, Тумбата, Бодиц, Шумру, Мнгаровите Колиби, Чешмичката, Лазачката Река, Пурцовите Колиби, Порóјте, Воденицте, Кузивца, Дабичките, Жервонскиот Синор.

Од Трите Буки за Острово: Големта Горница12 , Средниот Рид, Кремјасо, Паљку, Богџиво Оре, Скоку, Осиво, Филиите, Габру, Падосиво, Рамништето, Лозјата, Колникот, Копачките, Орејте, Скркта, Пиштéрта, Жервонската Река, Брестот, Острóвски Синор.

Од Чеган за Габру и Гркчви Нивја: Барта, Тополкта, Горни Задриду, Долни Задриду, Гумнéнцта, Заово, Дупинца, Горни Габру, Шанговта Нива, Осојницта, Дупинца, Отрувачк'та, Гркч'ви Нивја, Каљто.

Од Чеган за Бегна: Горни Врајњак, Долни Врајњак, Бождупка, Пожарну, Сувта Чешма, Рикнакамила, Полцто Бужинија, Д'лбоко, Прнаро, Пателејскиот Синор.

Од Чеган за с. Сорвичово: Пољто, Р'веник, Сливја, Кожуварка, Скршнутоп13, Бачков Гроб, Скочилската Страна, Буништа, Каменливото, Пателејскиот Синор.

Од Сливја за Долни Буков: Сливја, Дулиштата, Долни Буков, Извијната, Горничeвски Синор.

Од Р'веник за Буково: Кутлишта, Дулиштата, Буково Чешмата, Пиштерте, Пулента, Арамијата, В'ркаменик, Пројчву Аргач, Локва, Бачилишт'та.

Од Чеган за Д'лга: Соклу, Балантската Шума, Д'лга, Орлу14, Д'лгарската Страна, Д'лгарскиот Аргач (Мисурвиот), Гурничевски Синор.

Page 12: Моите сеќавања за Чеган и с

Рикна КамилаВо старо време трговијата на секаква стока се одвивала со карвани на

камили, или коњи. Еден таков карван на трговци со камили, ги стемнило на просторот под Пожарну, а на крајот од Полцето. Таму ги растовариле камилите да се одморат и преспијат по долгиот пат и тешките товари. Утрото кога станале, една камила не можеле да ја пронајдат. По едно време камилата рикнала и самата се јавила дека е во близина. Тоа место потоа Чеганци го нарекле Рикна Камила.

Чешми и поила надвор од Чеган

Р'веник, Буково, чешма со извор Џака,Пиперица, со прилично ладна вода, која не може да се пие веднаш по

полнењето - потребно е малку да постои за да се стопли, па да се пие.Острич - на половина пат меѓу Чеган и Карабунар, чешма-поило со дрвено ко-рито. Над из-ворот има го-лема карпа. Во старо вре-ме од таа кар-па се фрлил Дивиот Ташо Натив.

Извор во Карабунар до Поповиот чаир.Извор во Ташбунар. Извор во Камну на горниот западен дел од ливадата.Извор-чешма-поило во Козјак.Асанка - под Камејната на патот за Радóта, чешма-поило со дрвено корито.

Многу студена, лесна и питка вода. Ретко кој минувач да не се напие од таа вода.Чешмичката - поило со дрвено корито. Инаку, водата е густа (тешка) со слаб

квалитет. Изворот во Баљалка, близу манастирот "Св. Ѓорѓи#.Извор во Глокч'то.Извор на Баковите Колиби.Во селото немаше чешми. Тие беа на источната страна од селото и тоа:

Горната, Мила и Крстивца. Од нив единствено Мила беше со квалитетна и ладна вода. Најдолу беше Виру со многу издашен и постојан извор на ладна вода. Таму обично чеганките переа.

ТумбалкатаТоа беше извишена висорамнинка меѓу долниот и горниот пат од селото кои

водеа до Чешмите. На Тумбалката, во неделите или празниците, во попладневните часови се собираа момчиња и ги гледаа момите кои одеа или се враќаа од вода. Чешмите во Чеган беа на југоисточната страна од селото, оддалечени 10-20 мин. пеш. Момчињата од време на време, дофрлаа некоја шега до момите, ги предизвикуваа или им ставаа на знаење дека некој некоја мома која ја бендисува, ја засакува. Меѓусебно играа и разни игри. Обично, таму одеа дотерани во нови таками, со капи накривен на главата според сезоната и со цвеќе на капите.

Наместо Тало, ГалоДујчевци имале двајца синови Тало и Гало. Тало бил доста симпатичен и

стасито момче, а брат му Гало бил физички погрд и неугледен за око. Гало не можеле да го оженат за мома од селото и одлучиле да го оженат со некоја мома од

Page 13: Моите сеќавања за Чеган и с

соседните села. Кога отишле да ја армасуваат момата, како момче му го претставиле Тало, а кога дошло за венчавање - Гало! Тогаш невестата почнала да негодува, а свекорот и се обратил со некои погрдни зборови, дека таа не е ништо поубава од Гало. Невестата се посрамотила, ја наведнала главата. Да се врати кај своите било срам и за неа и за нејзината фамилија. Прифатила да се венча со Гало и после тоа во селото останала поговорката: Место Тало, Гало!

Во селото, тие момчиња што биле посиромашни од едни или од други причини, што не можеле да се оженат од селото, земале жена од соседните села и тие невести се именувале со името од селото од каде е дојдена. На пр. Горничевка, Островка, Жервонка, Струганка и сл. Ристо Маликов имаше жена од Струга, по име Фросина, а селаните ја викаа "Струганка#. Или, Доне Кронив, имаше жена од Горничево која селаните ја именуваа како Горничевка, а не со нејзиното крстено име.Економски прилики

Чеганци исклучиво се занимаваа со сточарско-земјоделски работи. Селото, во најдобрите години, имаше 20-30.000 грла ситен добиток (овци и кози), а од крупен добиток - говеда, магариња, маски, поретко коњи. Од житарици произведуваа: пченица, пченка, р'ж, јачмен, овес, компири. Од градинарските култури се произведуваше: домати, пиперки, кромид, лук, праз, зелка, боб, лешта. Во селото имаше и сиромашни семејства кои својата егзистенција ја надополнуваа со аргатлук, измеќарство со чување ситна и крупна стока, а некои одеа како аргати и надвор од селото во Нигрита, Солунско и други места. Печалбарството не беше својствено за Чеганци.

Надвор од селото постоеја поголем број воденици и тоа: на реките Баљалка и Кузивца - на Коле Витлив, Дине Јакчулив - Џеладино, Гацо Стојков, Гоне Кочанов, Ване Мицулов, Ристо и Гоне Бушелови, Гоне Јакчулив - Цуре. Во старо време воденица имале и Љаскови. Водениците во Орејте беа на: Шпиро Алибаков, ортак со Дине Нушив, Ристо Бушéлов, ортак со Кроневци (Геле, Христо и Гоне), Кронивта воденица на која мелеа брашно и островци. Потоа, Нушивта воденица во Глувка со нередовна работа која последните години беше напуштена. Во селото, воденица на нафта имаа Најдо Цицаров и Ване Мицулов, која селаните ја викаа "фабрикта#.

Летно - есенски трла надвор од селотоТрлото на Ване Гаков во Грлто, Трсуновте трла во Лулка, трлото на Мице

Биркујќив во Смрек'та, Јакчуливте трла во Балантск'та Шума, Каратовто и Кронивто трло во Ридиштата, Пóповите трла во Кутлишта, Курановто, Јанче Димулковто, Пене Димулковто и Љасковто. Во Горни Буков беа: Мице Димулков, Мице Биркујќив и Љасковто трло. Во Долни Буков беше трлото на Јанче Биркујќив.

Зимско - пролетни трла беа: во Габиро, Киселиновто, М'нгаровто и на Пандиле Зајков. Во Гркчви Нивја беше само трлото на Џога. Во Врајњак беа Љасковто, Биркујќив'те на Мице и Јанче, Пóповото на Танаси и Јанаке. Во Пожарну беа Пóповите и Биркујќивте. Во Сувта Чешма беа Карамичовите трла. Во Бождупка беа Б'ловите трла. Во С'кркта - Крóнивто, во Рамништето беа на Ване Гаков, Ташо Гаков, Ване Пасков - Каратов, Дине Јакчулив, Гоне Јакчулив,

Page 14: Моите сеќавања за Чеган и с

Сомчевте на Наце и Стефо. Пенвто трло, Гиривто, Лаловто. Во Чешмичката беа М'нгаровте и Пурцовите. На Наце Шорков и Коле Кекив и Пеливанóвто трло близу лозјата. Во Воденицте беа: Бéлчевто Абаршлиéвто, Рамаданóвите, Мице Димулков, Гоне Јакчулив.

Сите зимско - пролетни трла имаа и колиби - плевни, покриени со ќерамиди. Занаетчии во Чеган

Самарџии беа: Ристо Трсунов и Лазо Брзов.Ковач-налбат беше Гуло Гулов, кој имаше своја ковачница. Изработуваше

лопати, мотики, дикели, тесли, секири, балтаци, чекани, потковици, паличници за рала и друга железариска галантерија.

Ѕидари беа: Типе Џунов, Дине Нушив, Мице Нушив.Кројачи и шивачи на облека беа: Пандиле Дујчив, Геле Дујчив, Лазо Дујчив,

Дине Попов.Дуќанџии за продажба на стока за широка потреба беа: Мице Шангов,

Танасе Попов - Овисо, Ване Мицулов - Гулов.Кафеани држеа: Пеце Шоков, Гоне Ферџов, Танасе Попов, Нико Попов,

Гоне Дујчив - Врбéнкин, Наце Алков. Бачови беа: Дине Јакчулив - Џеладино, Мице Димулков (нередовен), Коле

М'нгаров, Стојче Киселинов - Липóну, Пандиле Натив - Долгиот, Томе Натив и Мице Биркујќив.

Цркви и манастири Најстара автохтона црква, во селото беше "Св. Спас#, која во

подоцнежните години станала егзархиска, а Грците изградија друга црква која никогаш не проработи и внатрешно не беше уредена.

Манастирот "Св..Ѓорѓи# се наоѓа на десната страна од ре-ката Баљалка, има свој имот - корија, со дабова шума и кос-тени. Пред вратите на манастирот постоела плоча со некаков натпис која некаде во 1975 год. грчките власти ја кренале, зашто најверојатно била извор кој би можел да биде деши-фриран, што не би одело во прилог на грчките претензии.

Празници и селски весслби во ЧеганСелски празник беше Свети Спас. На тој ден во црквата која го носеше името на „Св. Спас# се носеа дарови, обично во жива стока: јагниња, бравови, овци, јариња и кози. Жените обично даруваа чорапи, прегачи и некои везени работи за уредување на црквата. На празникот, по завршената служба, од подарената жива стока се колеа по неколку грла и при заминувањето на посиромашните семејства, им сс делеше по парче месо за и тие тој ден да имаат побогата софра. Во попладневните часови, на срицела (сред село) се собираа момчиња и моми, со свирки и тапани. се играа ора, се пееја песни.Друг голем празник беше Велигден, кој се славеше три дена. Сите три дена младите на средсело си приредуваат свирки и тапани, се играа разни ора, се кршеа со вапцани јајца, кои пред Втората светска војна ги имаше многу. Сите селани се собираа на сред село да ги гледаат и да им се радуваат на своите млади, а по некој и да заигра некое оро. Божик исто се славеше на големо, со многу голема софра, пијалоци. За тие празнични денови, роднините, обично се посетуваа едни со други,

Page 15: Моите сеќавања за Чеган и с

си разменуваа мисли за поедини проблеми од секојдневието и се одмораа од тешките работи. За Коледе и Василица, групи младинци и деца шетаа од куќа во куќа, собираа разни дарови, обично костени, ореви, варени компири, луканци. месо и сланина. На сред село се палеше голем оган и на него обично се печеа сланина, свинско месо, костени - се пиеше и пееше до доцна во зорите. костени, ореви, варени компири, луканци. месо и сланина. На сред село се палеше голем оган и на него обично се печеа сланина, свинско месо, костени - се пиеше и пееше до доцна во зорите.За Гурѓовден, младите организираа крлешки на кои се крлаа во попладневните часови. Во прво време крлешките се поставуваа на оревот од Гоне Мицаков. Кога тој голем и импозантен орев беше сечен, крлешките ги правеа на Кронивте ореи.На Илинден армасниците, момите и момчињата, одеа на нивите, кршеа пченки и печеа, одеа на лозја и за прв пат во годината береа грозје, круши. Весели и расположени се враќаа во вечерните саати. Тој празник од организираните селани се користеше и за одржување на некој собир кој требаше да биде надвор од погледот и слухот на полицијата.Покрај овие општо-селски иразници, секоја фамилија имаше и свој домашен празник - слава. На пр. нашите го славеа Свети Танас и во пресрет на оваа слава мајка ми ме праќаше со пагур ракија, карта вино, слануток и суво грозје, да ги поканиме на слава нашите роднини и пријатели, нунковци, девери. На тие слави секој кој ќе дојдеше в куќи, беше добродојден. За тие празници се приготвуваа богати јадења.На Лазара групи моми шетаа од куќа на куќа низ селото. пееја лазараски песни и затоа од домаќинките беа дарувани, обично со јајца и пари.

Легенда за Вакавската НиваТаа нива е веднаш до селото, на неговата западна страна. Порано била

сопственост на прастарите Димулковци. По кажувањето на дедо Нане и дедо Мице, стариот Димулко со својата жена и нивното детенце кое сe уште цицало, отишле да жнеат. Детето го оставиле под сенка, под една слива. Тоа под мишките имало некои "нишани#, во вид на крилца. Едно време, од Биличката страна, Острич и Козјак, се задал некој облак со грмотевици и дожд. Во еден момент, кога родителите го побарале детето, го немало под сливата. Одлетало во облаците. Тоа дете станало селски змеј и заштитник на селото од секакви незгоди. По тој повод и од жал за детето, родителите решиле нивата од 12 погони да £ ја подарат на цркавата "Св. Спас#. Ние како деца, а и постарите, кога ќе почнеше да грми во Чеганскиот синор и околу Белата Земја, Пачетинско (Пачетина е влашко планинско село каде селаните биле ќумурџии), а ние си зборувавме меѓу себе: "Еве го чеганскиот змеј, се бие со пачетинскиот# и секогаш чеганскиот излегувал како победник.

Таа нива и денес е сопственост на црквата "Свети Спас#. Многу квалитетна нива, по сегашните мерила 2, 3 класа. Цела нива наоколу е оградена со ѕид од камења. На поедини места има оставено олуци за кога ќе врне, ѓубрето од селските сокаци да се влива во нивата. Секоја година нивата се лицитира и тој што ќе понуди повеќе, нему му се отстапува за обработка и собирање на бериќетот. Никој од селаните не се осмелувал од таа нива да скрши кочан пченка, или да скине тиква, да набере сливи или друго.

Page 16: Моите сеќавања за Чеган и с

Таков имот има и манастирот "Свети Ѓорѓи# (граден 1908 г.) кој се наоѓа на десната страна од Лазачката Река. Имотот на манастирот се состои од дабова и костенова корија. Кон тој имот селаните, исто така, се однесуваат со респект. Пред вратите на манастирот постоела некаква плоча со некаков натпис, сe до 1975 год. кога грчките власти ја однеле во непознат правец. Сигурно дека тој натпис бил сведок за што властите се погрижиле да го скријат од очите на луѓето кои би умееле да го дешифрираат.

Во околината на манастирот најдени се некрополи. Така, пред Втората светска војна, Ташо Јакчулив имаше воденица и бавча. Еден ден кога работел во бавчата, откопал еден гроб, обложен со плочи по страните, а во него скелет на маж и една вазна која Јакчулевци ја имаа запнато на една јаболкница во дворот од воденицата.

АрамијатаТопонимот "Арамијата# се наоѓа во Горни Буков, на патот за Вркаменик. По

кажувањето на дедо Нане и Мице, во старо време, некој арамија ги зел децата на попот Гулов - Танаси и Јанаке. По некои селани, арамијата му сторил абер на попот, ако сака да си ги добие децата, треба да донесе 400 златни лири како откупнина. Тогаш попот ги собрал сите свои пари и нешто се позајмил, па отишол на закажаното место да ги однесе. Попот му рекол на арамијата да ги подари децата со по некоја ситна пара. Арамијата се насмеал и му рекол на попот: "Јас ти зедов толку пари и што ќе направиш со тие ситни пари?#

- Ако, таков ми е адетот, за к'смет на децата, рекол попот.Тогаш арамијата, ги дарувал децата со по една бела меџидија. Попот си ги

зел децата и се вратил дома.

Ичо МаноливСпоред кажувањата на дедо Мице и бајче Пандиле М'нгаров - Четката, некое

време на Ичо Манолив на сон му идел свети Ѓорѓе и постојано му зборувал, дека треба да изгради манастир во Балалка. Ичо со месеци имал немирен сон. Се смирувал кога ќе одел во Баљалка, каде што свети Ѓорѓе му имал речено да го изгради манастирот.

Ичо, видел не видел, почнал сам да го гради манастирот. Го изградил во 1908 година и бил осветен. За Ичо Манолив тој станал втор дом. Не ретко таму спиел, метел во манастирот и во дворот, ги палел кандилата, особено пред празникот Ѓурѓовден. Селаните на тој ден носеа разни дарови. Меѓу другото даруваа и жива стока, јагниња, јариња, телиња и др. Сето тоа се лицитираше и приходите остануваа за потребите на манастирот, а и Ичо стекнуваше некакви средства за живеење.

Попот Гулов и арамијата во ПожарнуЕден ден попот и попаѓата отишле во Пожарну да жнеат ечмен14. Едно

време попаѓата отишла на крајот од нивата да си стори нужда. Тогаш некој фрлил со камче. Попаѓата исплашена и избезумена, веднаш се вратила во нивата, му раскажала на попот што £ се случило. Попот отишол во коријата покрај нивата, да види што е. Таму нашол еден арамија кој му се помолил за малку вода и јадење.

Page 17: Моите сеќавања за Чеган и с

Попот му однел храна и вода и седнал на мал разговор со арамијата. Тогаш арамијата на попот му рекол: "Попе, ова не е сe, јас сум ранет. Вечер ќе ме земеш дома кај тебе и ќе ме чуваш дури ми оздрави раната#.

По завршената работа, попот го преоблекол арамијата во женски алишта, го качил на маската и го однел дома. Арамијата, со себе имал една мешина полна злато. На попот му рекол: "Кога ќе оздравам, мешината ќе остане кај тебе на чување. Ако се вратам, половина се твои, половина се мои. А, ако не се вратам, сите се твои. По оздравувањето на раната, арамијата си заминал. Мешината со злато ја оставил на чување.

Арамијата никогаш не се вратил и златото останало кај попот. Тие станале богати луѓе. Попот одлучил, едниот син, Танасе, да го пушти да учи гимназија во градот Бер, а другиот, Јанаке, го оставил дома, на имотот. По завршувањето на школото, Танасе се вратил во селото, но иако завршен гимназијалец, многу што не се променил во своето однесување. Тогаш, при еден разговор со старите Колчеви, Колчевиот на попот му рекол: "Ти сееше пченица, а никна овес#. Оттогаш, на Танасе му остана прекарот "Овисо# - згуснато отсликана карактерната особина на таа личност од народниот мудрец.

Танасе бил член на ВМРО, егзархист, ги помагал комитите. Тој, каде и да одел, бил со полни џепови злато. Секогаш јавал на ат. Имал изнајмено и двајца Арнаути како сејмени, кои секогаш и секаде биле во негова придружба. А, и самиот бил вооружан со нагант. Во повеќе наврати, му биле поставувани заседи од гркоманите - патријаршисти, но тој со своето лично вооружување и со сејмените, секогаш ја одбегнувал поставената заседа. Бачков гроб

За време на Илинденското востание, од Чеган како комити излегле Гегчето, Циле Аљушов, Чичо Колчив, Мице Зајков и мн. други. Селото имало и свој Местен комитет, кој се грижел за набавка на оружје, храна, облека за комитите, помагање на семејствата кои имале во комити и решавање на некои спорови меѓу селаните.

Еден ден во Чеган дошол таткото на Тане Кљанџов - Грозни, од Горничево. Чеганскиот Комитет му дал два товари жито, а тој со тоа не бил задоволен. Сакал да биде снабден со месо, сирење, грав и други прехранбени продукти. При првата средба со син му Тане, му рекол: "И ти ми си некој комита. Ако ти ја земам таа пушката, ќе ти ја напикам во газот#. Тогаш Тане му одговорил: "Ќе видиш кој е Тане#.

Тане, преку свои доушници од Чеган, се информирал кога Бачко15 ќе оди на пазар во Сорвичово и ги дочекал на преминот од Кожуварка на Садовската страна и таму ги убил сите. Тоа место селаните го нарекоа Бачков Гроб. И денес, како таков топоним, постои.

Убиството на дедо Дине - ЦрниотДедо Дине - Црниот е татко на мојата мајка Цона. Неговиот брат Курана, по

некоја меѓусебна расправија околу имотни работи, отишол во Штабот на Горските чети и им рекол дека неговиот брат Дине и уште тројца други селани се соработници со Турците. Меѓу нив било и едно малоумно момче кое одело пред турската војска и добивало за јадење од тоа што им останувало во казаните.

Page 18: Моите сеќавања за Чеган и с

Горскиот штаб, одлучил да се егзекутираат овие четворица чеганци. Како егзекутор бил одреден Тане Кљанџов - Грозни, со неговата чета. Тој со четата, дошол во селото и ги собрал селаните во црквата. Им одржал говор и меѓу другото, им рекол дека е дојден за лошо, дека тие четворица чеганци треба да бидат убиени, како соработници на нашиот непријател.

Тогаш братот на дедо Дине, рекол: "Господине војвода и оваа работа ќе ни ја направиш?# Тане одговорил: "Јас не, бре магаре! Ти дојде и кажа дека се соработници со Турците. Јас морам да ја извршам наредбата#. Ги зеле четворицата наклеветени и ги однеле во Долни Буков, некаде кон Извијната, близу некоја пештера. Таму ги убиле сите четворица и ги фрлиле во пештерата. Комитата

По кажувањето на дедо Мице и бајче16 Пандиле М'нгаров - Четката, некогаш Трпа Џикова, во лутина рекла: "Кога ќе ги убијат комитите, ќе облечам невестински фустан#. Повод за таквиот нејзин бес било тоа што некој од нашите селани, комита, имал односи со нејзината снаа, жена на Коле Шанив. Кога Трпа Џикова, жена на дедо Типе, со својот свекор Дељо, биле на жниење во Тумбата, Гекчето и Циле Аљушов ги заклале сред нива, а детенцето кое уште цицало, го оставиле на градите од убиената мајка. Подоцна, Џиколарите, за освета, му го убиле синот и Гекчето и ги запалиле во колибата. Коле Шанив, кој до тогаш бил со комитите и Организацијата, се одметнал и станал грчки шпион и соработник на Турците. Џиколари, пак, станале грчки андарти и во соработка со Турците ги гонеле и напаѓале комитите.

Еден ден Коле Шанив ја забележал четата на Тане Кљанџов - Грозни, која се враќала од село Нисја. Ги стемнило во чеганскиот синор, а Коле им сторил абер на Турците, но не бил сигурен каде ќе преноќува четата на Тане. Прво отишол во Шумру да ги бара, а откако се уверил дека не се таму, се вратил кон чешмичката каде што турската војска чекала. Во еден момент, некој од коњите на четата зафрчил. Турците по тоа дознале дека четата тука се одмара и ноќева. Тие биле полегнати под некој костен во М'нгаровиот Чаир. Турците го опколиле местото и со вкрстен силен оган ја побиле четата на Тане и него самиот. Тој костен и ливадата М'нгарови ги викаат "Комитата#.

Убиството на Коле Шанив и одењето наМице Зајков во комити

Еден ден Мице Зајков, товарил едно магаре и една маска со дрва и тргнал на пазар во с. Сорвичово. По пат му се придружил Коле Шанив и некаде после Буништа му наредил на Мице да ја растовари маската со дрва, за тој да се качи на неа, "дека бил уморен#. Мице го молел да не го прави тоа, бидејќи со тие дрва требало да испазари нешто за дома. Тогаш Коле му се заканил со оружје и го принудил Мице, сепак да ја растовари маската. Се качил Коле на неа и го продолжиле патот кон Каменливто во Пателејскиот синор. Во еден момент, Мице под притисок на голема лутина, со секира го удрил Коле по тилот и тој се струполил од маската. Го дотепал на место. Го свлечкал во некое долче, му нафрлил малку смрекови гранки и камења, па го продолжил патот, но место во Сорвичово, отишол во Пателе.

Page 19: Моите сеќавања за Чеган и с

Ги продал дрвата, купил што купил за дома и преку обиколен пат, преку Д'лбакот и Бегна, се вратил во Чеган. Тогашна своите домашни им ја раскажал сета работа и им рекол: "За мене друг спас нема. Останува да заминам во комити#. Тоа и го сторил.

Како успеал Томе Натив да краде од турскиот амбар во Чеган во кој го собирале данокот во натура од селаните

Еден есенски ден, кога Турците го собирале данокот од селаните во натура (пченка, пченица, 'рж, јачмен, овес и други земјоделски култури), Томе Натив за цело време се вртел околу амбарот и размислувал како да почне да краде од него. Во себе носел една лопка17 восок. Во еден момент, одговорниот Турчин отишол по нужда. Томе го искористил тоа и набрзина го извадил железниот клуч од железната врата на амбарот, го втиснал во восокот и повторно го вратил во вратата. По извесно време се вратил дома. Ја зел маската и заминал за Воден. Таму, прашал некој Ѓуптин дали може да направи клуч ист како на отисокот. Ѓуптинот одговорил потврдно. Се пазариле 16 гроша, а Томе му дал 18! Откога му бил направен клучот, веднаш се вратил дома и уште истата вечер си ја пробал среќата. Кога отишол кај амбарот, некаде околу полноќ, клучот не фаќал на вратата. Во себе почнал да го пцуе Ѓуптинот кој му го правел клучот. Се вратил дома, го стругнал клучот со некое пило18 и повторно се вратол кај амбарот. Тогаш успеал да го отклучи, си ги наполнил вреќите, си ја товарил маската и се вратил дома безбедно. Потоа, тоа го практикувал секоја, или секоја втора вечер. Еднаш, при враќањето од кражба, го видела една армасана двојка. Тогаш Томе им се заканил, да не зборнат ни збор, никому. Во спротивно, ќе им ги сече вратовите, "како на јариња#. Тоа биле Гоне Гулов со својата армасника.

Тој, за прв пат, за тој случај прозборел во Скопје, некаде во 1949/50, кога беа и посватени со Томе Натив19.

Претсмртна исповед на Томе НативПо прогонувањето од Чеган, Томе Натив со жената, синот Ване и снаата

Вангелица отседнале во Скопје. Некаде во 1950 г. Томе достигнал длабока старост, над 90 години. Еден ден испил едно шише ракија и паднал тешко болен.

Неговата жена Ордана, која беше попска ќерка, го замолила својот син Ване претсмртно да повика поп за да го испее татко му. Ване се повинувал на молбата од мајка му и повикал еден поп. Кога попот дошол, му рекол на Томе: "Ајде дедо, кажи сега с¡ што имаш правено#. Тогаш Томе одговорил: "Да можам да станам, прво тебе ќе те заколам#. Кога ги чул попот тие зборови си ги собрал тефтерот и петрафилот и му рекол на Томе: "Дедо, биди жив и здрав, господ с¡ ти простува# и си отишол. По некој ден, Томе починал.

Дедо Нане Димулков - Еленов и Турчинот кој му се попратил при враќањето од Света Гора

Page 20: Моите сеќавања за Чеган и с

Дедо Нане, понекогаш кога ќе ја пасев стоката, ќе ми речеше: "Ване, оди сопри ги говедата, да не направиме некој зијан, а потоа дедо ќе ти каже некоја лучка. Откако ќе ја завршев работата, дедо Нане почнуваше да ми ги раскажува неговите доживувања во текот на животот, како и оваа што подолу ќе ја опишам.

Дедо Нане бил на печалба во Света Гора. По извесно време и по спечалената некоја пара, одлучил да се врати дома. Тргнал, но по пат му се попратил некој Турчин кој сакал да му ги земе спечалените пари. Дедо Нане му се молел, му кажувал дека е сиромав човек, дека има многу деца - голи боси и гладни. Турчинот никако да се оттргне од својат намера. Во меѓувреме, дедо Нане размислувал како да го стави Турчинот пред себе. Едно време, клекнал, божем си го врзувал опинокот, а Турчинот, тргнал пред него. Кога го достигнал, ја извадил секирата од под доламата и со неа го удрил по тилот. Турчинот паднал, а дедо Нане го дотепал и тргнал кон Солунско Поле. Таму им се придружил на некои Власи кои летно време овците ги паселе на Кајмакчалан, а пак кај нив, дедо Нане имал работено како бач. Со нив успеал да го мине мостот на Вардар и така ја избегнал турската потера.

Случајот на дедо Ичо РамадáновДедо Ичо и жена му Доста, чупа од Бакарови, почедиле две чупиња Гија и

Мара. Гија била омажена за Мице Димулков, а Мара за Наце М'нгаров. По смрттта на прабабата Доста, дедо Ичо останал сам. Се прибрал да живее со ќерка си Гија, бидејќи свекрвата на баба Гија, баба Ката, мајка на дедо Мице била вдовица. Дедо Ичо ретко свратувал дома. Цело време го минувал на колибата. Баба Гија таму му носела јадење, алишта за преслекување. Пред крај на животот, дедо Ичо својот имот сакал да им го подари на ќерките. Меѓутоа, неговите братучеди му спореле дека на женски чеда не им следи имот, дека тој треба ним да им припадне.

Тогаш дедо Ичо се обратил до Месниот комитет да го реши проблемот. Но, Комитетот бил под влијание на поп Андон Рамадáнов и не му го решавал проблемот. Дедо Ичо одлучил да се обрати до штабот на горските чети, кој во тоа време престојувал во Чеганските Планини. Командант на горските чети бил војводата Чакаларов. Дедо Ичо му раскажал на војводата, што му е проблемот. Тогаш, војводата го прашал: "Дедо Ичо, ако одиш на турски суд, дали ќе платиш пари?#. Дедо Ичо одговорил потврдно, а војводата му рекол: "И за Организацијата треба да платиш некоја пара#. Дедо Ичо извадил од ќесето три турски лири и му ги подал на војводата. Тој му напишал некое писмо и му рекол: "Ова писмо ќе му го дадеш на Месниот комитет и ако за ден-два не ти го решат проблемот, јави се. Тогаш ние ќе го решиме#.

По враќање во селото, го однел писмото до луѓето во Комитетот и тие во рок од неполни 24 часа му го решиле проблемот. Го ослободиле - по своја волја да им го подели имотот на ќерките.Гоче Бакаров

Гоче Бакаров беше брат на Ристо. Тој од раѓање бил слеп, а да биде неговата несреќа поголема, на грбот му имаше израстено и една бапка колку еден пепон. Така Гоче ги минуваше деновите во вечна темнина. Летно време, есен или пролет, во потоплите денови, излегуваше покрај патот близу нивната плевна и таму седеше со саати. Кога врвеа луѓето за на работа, или си идеа од работа и ако некој го

Page 21: Моите сеќавања за Чеган и с

поздравеше со едно "добро утро#, или "добра вечер#, или ако некој му подадеше круши, сливи, грозје, или варени костени во есено време, Гоче не само што се заблагодаруваше, но ги именуваше и по име, се интересираше за сите негови домашни по име. Гоче како да имаше пишан список за соселаните, за составот на фамилиите. Така тој поставуваше врска со надворешниот свет. Во разговорот со сопатникот кој му подарил нешто и одвоил некоја минута за разговор со него, Гоче го распрашуваше подробно за работата, родот, бериќетот, за домашните живи-здрави и секогаш и на секого му испорачуваше поздрави до неговите домашни. Така врвеа денови, месеци и години, а зимно време беше "роб# во тесното семејство. Сите се чудеа со него. Никогаш не видел никого од селаните, или селанките, а сите ги знаеше по име.

Плачот на кучињата на гробовите од нивните овчариВо Чеган на просторот Поткамејн'та, десно од патот кој оди за Колиб'те и

лево од Средниот Рид, има споредна патека, само за пешаци, се до Трите Буки. Тоа место чеганци го викаат "Гегите#.

Во време на Илинденското востание, едно мијачко стадо одело на зимување во воденско-солунските предели. Попатно, по неколку дена, останувале на поедини места, користејќи ги месните пасишта. Тогаш, обично со селаните кои сакале да им се наѓубри некоја нива, или ливада, се договарале како противредност, домаќините да им донесат вечера - кој што имал и кој што милувал.

Една вечер, од чеганци биле нападнати и убиени, стадото разграбено, како од глутница волци, некои за месо, некои за приплод, а други селани на сето тоа се грозеле. Меѓутоа, кучињата никој не успеал да ги присвои. Тие со месеци виеле над гробовите од своите овчари. Така ги оплакувале. Не примале храна од никого, сe додека не изгладнеле и не пцовисале.

Вујче Стефо Цилков - Натив на мегдан со Турчинот пеливан од село Ослово21 Кога се градел патот Солун - Лерин - Битола, го градела некоја француска

компанија. За земјените работи ги собрале селаните од околните села каде што минувала трасата. Ги сместувале покрај трасата во шатори. Таму се хранеле и работеле со месеци. Нашите чеганци биле сместени близу до селото Росилово22, заедно со селаните од Ослово. Со Турците од ова село имало и еден пеливан со кого Турците се чувствувале супериорни и горделиви во однос на другите селани. Тучинот пеливан секогаш меѓу работниците канел некого на мегдан. Вујче Стефо таму бил со неговиот татко-очув, кој по потекло бил од Ослово23. Еден ден на својот татко-очув му рекол: "Јас ќе му излезам на мегдан на овој пеливан, ми го јаде окото#.

Дедо Наце го молел да не излегува на мегдан. Вујче Стефо како млад бил многу јако момче, силен и одважен и со поголема доза на омраза кон Турците, па му излегол на мегдан. Тогаш Тучинот пеливан, во предизвикот му удрил еден шамар на вујче, по вратот. Доволно вујче да се налути и со еден силен зафат, пеливанот го префрлил преку себе и го пласнал на земја. Почекал да стане за да ја продолжат борбата, но Турчинот пеливан, ни да мрдне од земја. Тогаш се заканувала опасност другите Турци да го нападнат вујче. На сцена стапиле Французите, кои го сокриле во нивните шатори. После таа борба, пеливанот не

Page 22: Моите сеќавања за Чеган и с

станал од логорот, а Турците ослушани се чувствувале посрамени и понижени, ја немале претходната гордост и одважност кога пеливанот бил со нив.24

Случката на дедо Мисуро и Гаќе Влаот од СетиноЧеганскиот синор на север и северо-запад граничи со Сетинскиот и

Пападинскиот синор Чеганските овчари не можеле да ги пасат своите стада под Ќумко, иако Чеганскиот синор бил до Манастирчето и Реките - Пладновиштето. Чеганските овчари секогаш биле во спор околу пасењето на стадата под Ќумко. Ако поминеле под Ќумко, тогаш Гаќе Влао од Сетино со стапови и кучиња им ги враќал се до Џака.

Еден ден чеганските овчари му се пожалиле на селскиот кмет Џарла, за спорот со Гаќе. Кметот Џарла им ветил на овчарите дека како село ќе ги сносат сите трошоци, ако дојде до судски спор за да не дозволат наш човек да лежи в затвор. За пресметка со Гаќе се нафатил дедо Мисуро, кој таа година ги пасел јаловината: "Јас можам Гаќе да го средам, ама ќе ми страда фамилијата, ќе останат гладни, а јас ќе треба да одам в затвор#.

Кметот Џарла, кој бил меѓу побогатите селани, собрал околу 80 турски лири, за евентуални судски трошоци. Тогаш, дедо Мисуро, еден ден ги наманал јаловината да пасат од Ќумко надолу, кон Манастирчето. Едно време, еве ти го Гаќе, кој се појавил од Манастирчето и почнал да вика и пцуе и по обичај се обидел да му го врати стадото на дедо Мисуро. Тогаш, дедо Мисуро со стап го удрил Гаќе по глава и тој паднал. Го дотепал на место и стадото го вратил во сетинскиот синор. Чеганци и кметот Џарла си останале верни на дадениот збор и пред турските судови го одбраниле дедо Мисуро. Оттогаш, па до ден денешен, сетинец, или пападинец, не се осмелува да го пречекори Чеганскиот синор.

Убиството на Коле ПеливановВо 1913 година при повлекувањето на турската војска од Македонија, една

турска единица поминала низ Чеган. Ги собрале сите селани на стрицела, претежно мажите. Под изговор дека бараат оружје кај селаните, во стварност со тешки закани, тепања, сакале од селаните да изнудат злато. Тогаш Коле Пеливанов бил убиен на стрицела. Мојот дедо Мице бил многу тепан, целиот бил посинет по снагата како црн дроб. Неговите бајкови Џоле и Гелче и неговите вујковци Џиколарите, заклале една маторица и со кожата го покриле за да му ги смират болките и да му се повлечат поткожните крварења.

Тоа било и повод и по наговор на вујковите му, Џиколарите, да емигрира во Америка, како печалбар. Бил во градот Рочестер, заедно со Мице Лесков - Бицо и со повеќемина буковчани од Битолско.

За нивните политички предодредувања и меѓусебната нетрпеливост до крајна закрвеност, кога се помислувало и за ликвидирање на "бугарите-патријаршисти#, зборував и порано, како и за пријателството на дедо Мице и Мице Лесков - Бицо.Дедо Мице за прв пат во Битола

На дедо Мице, вујко му Дело Џиков, држел ан во с. Воштарани, а за потребите на анот стока купувале од Битола. Дедо бил со вујко си како припомош и да заработи по некоја пара. Еден ден вујко му Дело, му рекол дека треба да оди во

Page 23: Моите сеќавања за Чеган и с

Битола. Во прво време дедо се нечкал, дека немал друг пат отидено, дека не го познава патот. Вујко му, му рекол: "Ќе се качиш на којнот и којнот ќе те однесе право во анот, каде што купуваме стока за нашиот ан. Јас ќе ти напишам што стока да ти даде анџијата, од каде пазариме#. Дедо се качил на коњот и тој го донел право во анот каде што пазареле.

Анџијата битолчанец, само што го видел коњот, знаел дека е тој на Дело Џиков, а момчето е сигурно негов внук. Го примил љубезно, му дал вечера и постела за спиење, а на коњот зоб и сено. Преку ноќта анџијата му спремил сe што барал вујко му Дело. Сабајлето му дал да доручкува, му го товарил коњот и го качил во самарот. Го допратил до Буковски Мост, а дедо го продолжил патот за Воштарани.

Некаде во полето, близу Кременица, се разминале со некој Турчин, коњаник. По извесно време Турчинот се подвратил и му рекол: " Ор ѓаур, ја застани!# Дедо застанал качен на коњот, Турчинот го прашал: "Си врвел ли друг пат по ова поле? Зошто не поздравуваш?# И со камшик го удрил неколку пати по врат. Тие неколку камшици дедо ги запамтил и секогаш кога расправаше велеше: "Ме изгори, басиму верата турска#.

Мице Лесков - БицоВо 1913 година, при повлекувањето на турската војска од

Македонија, една единица од турскиот аскер поминала низ Чеган. Ги собрале сите селани на сред село, под мотивација дека бараат оружје, а суштински, сакале да изнудат од селаните злато. Го убиле Коле Пеливанов, а другите ги тепале немилосрдно. Меѓу тие што биле тепани бил и дедо ми Мице. Тој бил толку тепан, што целиот бил со поткожни крваврења ("син како џигер#). Тогаш, неговите стриковци заклале некоја маторица и го покриле со кожата за да му се повлечат поткожните крварења и да му се смират болките. Тоа било повод, неговите вујковци, Џиколарите, да го наговорат да оди на печалба во Америка. Биле во градот Рочестер. Таму тие како печалбари биле сместени во некоја голема одаја заедно со буковчани од Битолско и со Мице Лесков.

Пријателството на дедо Мице со Мице Лесков било уште од времето на Востанието. И двајцата биле егзархисти. Вујковците на дедо биле гркомани-патријаршисти, како и буковчани, со кои нашле заеднички јазик. Еден ден, кога Леската бил излезен в град, а дедо ми божем спиел, меѓу вујковците на дедо и буковчани, се водел разговор, како да го ликвидираат Леската, а потем дедо ми, како нивен внук од сестра, да го превоспитаат во гркоман. Во еден момент дедо ми почнал да ги трие очите и да офка, ужален. Неговите вујковци го прашале што му е.

- Сонив еден лош сон, одговорил. Сигурно мајка ми умрела, или некое од децата е болно.

Тие го храбреле дека пред една недела имале писмо од дома и дека сe било во ред. Но, тој бил упорен, изговарајќи се дека сепак ќе оди в град да пушти една телеграма. Кога тие забележиле дека е упорен, му дозволиле да оди. За среќа, уште во првата улица се сретнале со Леската. Му ја раскажал целата приказна, што му се спрема и го замолил да не се враќа во собата. Леската го послушал и се преселил во некој друг град.

Page 24: Моите сеќавања за Чеган и с

Се сеќавам дека во 1941 год. Мице Лесков - Бицо, беше дојден на видување и разговор со дедо ми Мице. Мајка ги послужи со ракија, сирење и мед. Тие си го продолжија разговорот, а јас, како дете, си играв во одајата покрај нив. Тогаш слушнав како дедо ми му зборуваше на Леската: "Имејнак, те гледам, пак почна да се мешаш со овие лајната. Еднаш ти ги спасив децата да не ти останат сираци. Сега не ќе можам#.

А, Леската на дедо му одговори: "Јас тебе те молам, вакви зборови пред друг да не си рекол. Јас не ќе можам тебе да ти поможам. Тие се наши браќа. Ние се бориме за едно#.

Леската во Америка се имал запознато со социјалистичката идеологија, а по враќањето оттаму, бил член на ВМРО (обединета) и член на Грчката комунистичка партија. Во повеќе наврати како комунист, лежел по грчките затвори. Во 1941 година, по капитулацијата на Грција, Леската активно се вклучил во Движењето, против заедничкиот непријател, собирал оружје, храна и облека, за партизанските единици.

Во 1944 година, Леската, заедно со повеќе наши селани, од една грчка партизанска единица, биле обвинети како автономисти, бугарофили и биле уапсени и однесени во Родивските Планини. Таму Мице Лесков, Танасе Попов - Овисо, Коле Витлив и Гоне Кочанов, биле убиени на ѕверски начин, а другите наши селани, меѓу кои беше и мојот татко, биле однесени на Кожуф Планина, во некој партизански логор.

Сеевме, ама не жнеевмеОд 1915-1918 година чеганци виделе големи тешкотии, бидејќи на нивниот

терен била војната меѓу Србите и Бугарите. Економски многу опаднале, немале со што да се исхранат, биле принудени да одат во селата под Воден, да купат по некоја ока жито за да се прехранат. Српските војници си ги паселе коњите, маските и магарињата по посеаните нивје. Дедо ми Мице, кажуваше: "Ние, четири години сеевме, жетва не пожнеавме. Низ нашата земја поминале многу војски, ама како српската, таква погана не поминала. Нe собираа ангарија да им ги туркаме тешките топови кои ги влечеа со по три рала коњи. Тогаш српските офицери маваа по нас со камшици, со зборовите: "Гурајте, мајку вам бугарашку#. Крадеа сe што ќе стигнеа и потоа, сe украдено и добитокот, им го продаваа на селаните. Србите и Французите кои тие штети им ги правеле без никаков надомест, ја исекле и цела планина. Трупците ги носеле во Солун и оттаму со бродови, за Франција. До тогаш нашата планина била како прашума од дабови, букови, кленови и јасенови дрвја. Зимно време селаните ги носеле своите свињи на жирување под дабјето. А, потоа местото станало доста ерозивно и го однесувале дождовите.

По завршувањето на војната, Србите имале испратено некоја воена екипа, да ги откопува нивните загинати војници. Со таа екипа одел и мојот татко Ристо. Еден српски офицер, при разговор, му рекол: "Ристо, работиш за да јадеш, а крадиш за да имаш#.

Детска љубопитностВо Чеган се вршеше со волови, маски и магариња. Откако ќе се ожниеја

ечмените, 'ржјата, пчениците или овесите, се врзуваа во снопови, или фаланки.

Page 25: Моите сеќавања за Чеган и с

Врзувањето се вршеше со в'жиња од 'рженица. 'Рженицата претходно се киснеше во вода, се газеше за да стане мека, а потоа, пред врзување се правеа в'жиња. Се ставаа по две в'жиња на определено растојание, се собираа полозите од претходно ожнеана нива и така се редеа еден од едната страна, друг од другата, со класјето свртени кон средината. Откако фаланката ќе постигнеше одредена големина, погодна за да може човек сам да ја крене и товари на маска, или магаре, се врзуваше со в'жињата, се стегаше со вител. Вителот беше кусо, добро изделано дрво, на едната страна изострено. Потоа фаланките се носеа на гумно. Таму се рашируваа почнувајќи од стежерот кон периферијата. Потем прегнати говеда, или маски, врзани со фортома за стежерот, еден ги тераше с¡ дури фортомата не се навиткаше за стежерот до крај, а потем ги враќаше во обратен правец. Повремено враот кој се вршеше се превртуваше со вили и повторно се тераа воловите, или маските, да газат по него. Откако ќе се извршеше, се одвојуваше сламата, а потем се собираше житото на куп, со се плева. Потоа се вееше со лопати, дрмони, за да се ослободи од плевата. Ослободеното и исчистеното жито се сместуваше во амбари ако беше добро суво, а ако не, се распостелуваше во некоја одаја да се досуши. Потоа се тураше во амбарите. Тие беа големи и широки простори направени од штици. На долниот дел имаа по една мала вратничка која се затвораше со специјално направена штичка. Кога ќе посака домаќинот да извади жито од амбарот, ја поткреваше штичката и така ги полнеше вреќите.

Некаде во 1939 година еден летен ден, по вршењето и извадениот врав, ме пуштија да ги напасам уморените волови. Се сеќавам дека отидов во Чешмичката. Затоа што беше ваден, таму чаирот имаше добра повторка. Уморените говеда добро се напасија, се напоија вода и се одморија од тешкиот работен ден. Се враќав доцна вечерта, при јасна месечина. Попатно, од Шумру со говедата дома се враќаше Ташо Танасов. Двајцата, во доцните вечерни саати, покрај јасната месечина, како на деца секое само, ни беше страв од нешто, а како двајца чувствувавме помал страв. Се занесувавме во разговор. И таму негде кај Радота, се сеќавам, на Таше му поставив вакво прашање: "А бе Ташо, оти на школо вака не си лафиме, како тука, дома?#

Мојот школски другар беше изненаден од моето прашање. И нему не му беше јасно, ама и кај него се разбуди некоја љубопитност. Откако си отишол дома, тоа прашање му го поставил на неговиот татко. Татко му веднаш се штрекнал и почнал да го распрашува од каде и како дошол до ваквото прашање. Ташо на неговиот татко му кажал, дека вака него го прашал неговиот школски другар Јане Димулков. Татко му Пеце го подучил и му рекол: "Вакви лафови на друго место да не лафиш, оти може корофилаците (полицајците) да не затворат во затвор#. Пеце Танасов уште истата вечер, иако доцна во ношта, дошол кај мојот татко Ристо и му ја раскажал приказната и му рекол: "Ристо, подбери го детето вака да не лафе, оти знаеш што може да н¡ снајде#. Така, татко ми насамо ме подучи, дека вакви лафови засега не се на место и дека можеме да настрадаме целата тајфа (фамилија).

Чеганци, учесници во Грчко-турската војнаЧеганци, како и сите Македонци, Грците секогаш ги истурале во првите

борбени линии, како што било за време на Грчко-турската војна во Мала Азија, која се одиграла во 1922 година. Во таа војна, од Чеган во првите борбени линии од грчка страна ќе бидат истурени и околу 70 чеганци: Коле Брзов, Толе Брзов, Дине

Page 26: Моите сеќавања за Чеган и с

Брзов, Ташо Димулков (Нанив), Наце Геле Нанчив, Личо Дујчив, Наце Ристулив -Абдирману, Коле Џиков, Фоте Трталов, Пандиле Кронив, Ване Љасков, Пандиле Колчив, Павле Зоров, Пандиле Кронив, Гоне Гегов, Дине Кронив, Пандиле Нушив, Гоне Карамичов, Мичко Шанив, Пандиле Натив, Ристо (Ичо) Димулков, Мице Шанив, Пандиле Натив, Доне Кронив, Пеце Мисуров (Димулков), Стојче Џиков - Карафило, Мице Лесков - Бицо, Наце Ташков - Кралот, Лазо Џиков, Томе Папалазов, Коле М'нгаров, Ристо Шанив, Томе Цоцив (Ќимуров), Типе Џиков, Пандиле Б'лов - Кишо, Наце Дујчив, Пандиле Љугов, Наце Џиков, Личо Шорков, Личо Ферџов, Стојче Шишков, Пеце Шанив, Димо Карамичов.

Во таа војна ќе загинат следните чеганци: Пандиле Љугов, Личо Шорков, Павле Зоров, Гоне Гегов, Пандиле Нушив, Наце Ташков - Кралот, Типе Џиков и Ичо Ферџов.

Во турско заробеништво ќе паднат: Мице Лесков - Бицо, Коле Брзов, Мичко Шанив, Ване Љасков, Ташо Димулков (Нанив) и Личо Дујчив.

Како тешки инвалиди од таа војна останаа: Наце Динчив и Пеце Гирачив кои подоцна ќе се преселат во с. Острово засекогаш.

Страсен пушачГеле Натев Дуричето, познат како голем муабетчија, голем раскажувач, на

често пати и од него измислени случки. Еднаш на неговиот внук со кого оделе со овците и козите, му раскажувал како за тоа кога бил во Америка на печалба. Таму видел на некоја капина качен некој смок со ѕвончиња, јаде капини. Кога ќе каснел некоја зрела се смеел, а кога ќе каснел некоја недозреана, ја плукал и се мрштел. Еднаш на внук му му раскажувал некоја случка, а внукот Танасе Натев - Чуле му рекол: "Бајче Геле, ова ми личе на лага#. Тогаш Дуријчето му рекол: "А бре на кого му раскажувам... лажго ќе го лажам?# Друг пат на некого од внуците им рекол: "А бре, да видиш, на тој Ване Брзов, една ченка во Полцето, голи Ѓупци да се качуват#.

Едно време кога со стоката бил на колибите во Бегна, му се свршил тутунот и неколку дена останал без тутун. Станал нестрплив. место не го држело, му лазеле мравки по снагата, сон не го фаќало. Умот цело време му бил во тутунот. Едно време одлучил да остави некој внук со стоката, а он отишол на џадето, билким ќе помине некој пушач од кого ќе може да добие барем едно луле тутун. Едно време дури седел и чекал на џадето, еве ти го некој Турчин, коњаник. Геле Натев - Дуријчето, станал и му застанал на сред пат, му го фатил коњот за узди, го поздравил и го замолил, ако е пушач, да му даде една лула тутун, бидејќи 3-4 дена немал запушено. Турчинот изненаден од случајот, го извадил ќесето со тутун, му го подал откако претходно го наполнил своето луле. Дуријчето си го наполнил лулето и му го вратил ќесето. Турчинот побарал Геле да му ја покаже табакерата. Ја извадил и му ја покажал празна. Тогаш Турчинот му рекол: "Ор ѓаур, дај сега по еден оган да запалиме#.

Тогаш Дуријчето го извадил огнилото, кременот и секалта, која била добро варена и добро растресита, како бубаќ и со првото мавање со огнилото по кременот, секалта се запалила и на Турчинот му рекол "бујрум ефенди#. Откако запалиле, седнале да испушат. Турчинот се уверил дека станува збор за страсен пушач, дека не се работи за муфтеџија, бидејќи го носел цел пушачки прибор. на

Page 27: Моите сеќавања за Чеган и с

Дуријчето му рекол: "Имаш к'смет бре ѓаур, што носиш цел пушачки прибор, инаку ќе те убиев, жими вера. Мене досега не ми се случило некој на сред пат коњот да ми го застане#. Му го подал ќесето со тутун да си ја наполни табакерата. Дуријчето откако си ја наполнил, се заблагодарил и се поздравиле. Турчинот си го продолжил патот, а Дуријчето се вратил кај стадото во Бегна.

Молитвата на дедо Мице (неговото измачување)Дедо Мице како млад бил на печалба во Касандра. Таму бил доста

религиозно индоктриниран од тамошните свештеници и таа негова индоктринација го следеше скоро сe до неговата смрт. Молитвите на дедо кон Бога, беа посебен ритуал. Кога наутро ќе станеше, ќе се измиеше, ќе се свртеше кон исток и доста време се крстеше и гласно во себе си зборуваше: "Прости ми господи, прости ми господи#. Пред да доручкува повторно се крстеше и се молеше на господа за прошка. Откако ќе завршеше со доручекот, ја повторуваше молитвата. Пред ручекот и по него, истата молитва ја повторуваше. Пред вечера, по вечера и пред легнување на сите домашни ни беше чуден тој негов ритуал и некогаш ќе го прашавме: "Што ти се тие толку големи молитви кон бога, што имаш толку грешено?# Тој не еднаш, ами на повеќе пати ни имаше расправано за еден негов грев, со што си ја огрешил душата.

Некаде во 1910 година, Гоче Пиливанов, бил душевно оболен и во тоа свое лудило еден ден на сите селани му ги запалил трлата и колибите. Тогаш се насобрале толпа селани, на чело со неговиот брат Лазо, на некој начин да го фатат Гоче. Меѓутоа, не успеале и тогаш неговиот брат Лазо го извадил пиштолот и го застрелал во гумното на нивната колиба која била во пламен. Селаните се насобрале, меѓу кои бил и дедо ми Мице. Го кренале трупот и го фрлиле во колибата која горела. После тој случај дедо ми имаше постојана грижа на совеста која го следеше сe до неговата смрт во 1965 год.

Јас треба да го колам Влаот, што ми се криви овцитеБајче Пандиле М'нгаров - Четката, со татко ми биле братучеди од две

сестри. Како момче, а и подоцна, бајче Пандиле одел овчар. Летно време обично одел со молзниците. Некаде во 30-те години бил како молзничар овчар на бачило со бач Томе Натив. Бајче Пандиле и неговите другари овчари, катадневно доаѓале во судир со влашките овчари кои јаловината ги лежеле на Таш Бунар. Често пати, Власите со своите стада навлегувале да ги пасат овците во чеганскиот синор. За чеганските стада, така, останувал помал простор за пасење. Една вечер, бајче Пандиле, со претходно наострени ножеви, одлучил без никому да каже за тоа, ноќно време да оди на ѓубрето, каде Власите ги лежеле јаловите овци, да им откине стотина глави. Така откинати, ги натерал во чеганскиот синор, во месноста Писта. Таму овците исплашени како од волк, се собрале лопка и он почнал да ги коли една по друга. Заколи ја, фрли ја, заколи ја, фрли ја, една по друга, заклал дваесеттина овци. Едно време му паднало грев за овците и си рекол: "Јас треба Влаот да го колам, што ми се криви овците?#. Другите ги оставил на милост и немилост. Утредента почнале да кружат орли и по нив, Власите ги нашле закланите и другите овци. Бајче Пандиле бил меѓу првите осомничени. Го ставиле во затвор во Острово

Page 28: Моите сеќавања за Чеган и с

и многу го тепале, за да ја признае вината. Ама, додека го тепале тој во себе си велел: "Колку сте будали, мислите дека во мавајне ќе ви признам#?.

Во тоа време, мојот татко Ристо бил селски кмет и успеал на некој начин, својот братучед да го одбрани, а со Власите да се помират и да се спогодат околу пасењето на стадата.

Инаку, кога есено време одев со овците со бајче Пандиле М'нгаров - Четката, тој ќе ми речеше: "Ване, ај да си ја запееме, таа нашата, комитска, за Мицко војводата# и ќе почнеше:

Мицко војводаПушки пукаат, бомби грмат, боризаните свират,Там го сардисале Мицко, Мицко војвода.Немој Мицко, немој кузум, немој младо да губиш,Младост ја ќе се загубам, турски апцани не одам,Турски апцани ја не одам, турски затвор не лежам.Колку рече, не дорече, Мицко младост загуби!

Или, некогаш, бајче Пандиле ќе ми речеше: "Ване, не е лошо ние да си носиме една куса пушка во шегунот за секој случај. Таа може да ни биде од корист#.

Често пати, како на доверлива личност нему му се јавувале партизани за разни потреби, особено во вечерните саати кога јас сум спиел. Тој беше најтврдиот човек од кого колај не можеше да извлечеш нешто што беше од посебна важност. Бајче Пандиле - Четката и Дедо Нане беа тие кои ме именуваа со моето вистинско крстено име, Ване.

Магла ми паднаМагла ми падна мила ле мамо,Магла по поле Воденска каза.Зима ми дојде мила ле мамо,Зима голема, снег до колена.Извика Тане млад кумита:"Каде си Ѕоле, Ѕоле војвода?#Тогаш се јави Ѕоле војвода:"Еве сим Тане, во село Жервен,Во село Жервен на пусијатаНа пусијата, пусијата сипам#.

Чеганци учесници како грчки војници воИталијанско-грчката војна во Албанија 1940-1941 Во таа војна повторно војниците - Македонци, во состав на грчката армија, ќе бидат истурени во првите борбени линии, а од Чеган учествуваа околу 90 борци: Наце Ване Пурцов, Геле Ване Кронив, Коста Дине Трсунов, Коле Ристо Јанков, Гоне Коле Кекив, Блажо Ристо Шанив, Трпане Гоне Гегов, Гоне Ване М'нгаров,

Page 29: Моите сеќавања за Чеган и с

Гоне Ване Гаков, Борис Мице Мингов, Фане Типе Свирив, Ване Типе Џиков, Ристо Наце Биркујќив, Јане Димитар Алков, Христо Дине Дујчив, Коле Дине Дујчив, Пеце Стојан Голив, Томе Гоце Брзов, Алексо Наце Шанив, Пеце Наце Карамичов, Пеце Тане Кондов, Мице Тане Кондов, Циле Најдо Кекив, Гоне Типе Дончив, Фане Томе Нушив, Дине поп Ване Џиков, Ване Пандиле Трталов, Дине Ристо Натив, Дуцо Томе Натив, Мице Гоне Б'лов, Крсте Гоне Куранов, Томе Мице Гулов, Ристо Гоне Кочанов, Томе Мице Гулов, Ристо Гоне Кочанов, Ставро Ташо Пурцов, Томе Дине Гацов, Пандиле Стефо Дончив, Ристо Гацо Гацов, Симо Дине Свирив, Лазо Наце Натив, Блаже Коле Кекив, Пеце Ване Пурцов, Ристо Наце Кронив, Лазо Мице Рамадáнов (Попандóнов), Циле Ристо Трсунов, Лазо Ристо Шанив, Коле Дине Пишлинов, Пандиле Ване М'нгаров - Малиот, Пеце Ристо Гулов, Типе Васил Мингов, Гоне Наце Џиков, Гоне Наце Алков, Дине Наце Биркујќив, Ване Мице Дујчив, Крсте Дине Дујчив (К'чо), Гоне Лазо Дујчив, Типе Мице Мицулов, Мице Ване Брзов, Лазо Типе Тојтов, Типе Циле Шанив, Доре Тане Кондов, Томе Најдо Кекив, Пандиле Коле Шанив, Христо Стојче Стојков,, Ване Гоне Мулив, Пеце поп Ване Џиков, Мице Пандиле Трталов, Дине Ване Пурцов, Трајко Коле Гацов, Ставро Мице Џиков, Лазо Дине Гацов, Лечо Мице Гацов, Пандиле Наце Алибаков, Гоне Ване Кекив, Пандиле Ристо Гулов, Ристо Најдо Нанчив, Томе Ташо Пурцов, Вангел Мице Џиков, Танасе Пандиле Натив, Коле Геле Мингов, Циле Мице Калеов, Танасе Циле Капиданчив, Лечо Фоте Љаков, Циле Гоне Гулов и др.

Во таа војна ќе загинат следните чеганци: Гоне Наце Алков, Циле Најдо Кекив, Циле Гоне Папалазов и Гоне Наце Џиков - Џорџ.

Пандиле Колчив - ЧичоПред Втората светска војна во Чеган имаше организирани селани кои биле

членови на ВМРО (обединета) и членови на Грчката комунистичка партија. Меѓу првите и постари комунисти беше и Мице Лесков - Бицо (за кого зборував околу неговото пријателство со дедо Мице), Пандиле Колчив - Чичо - Џиката, Типе Мицулов - Гулов, Стојче Брзов, Христо Стојков - Папата и некои други. Пандиле Колчив - Чичо - Џиката, син на комита, уште од рана младост стапил во редовите на Грчката комунистичка партија. Како комунист се одликувал со особена храброст, доследност и неустрашивост. На повеќе наврати бил затворан и лежел по повеќе години по грчките затвори. Според кажувањето на мојот татко, Пандиле Колчив - Чичо, во селото бил уапсен од полицијата, му биле ставени лисици на рацете. Шефот на полицијата го зел на сослушување во својата канцеларија. Седнале еден карши друг. Во еден момент, Пандиле ја искористил малата невнимателност на шефот на полицијата и со молневита брзина и со сета сила го удрил со лисиците по нос. Тој паднал на подот и почнал да офка. Полицајците помислиле дека шефот го тепа Пандиле, а тој по скалите, си побегнал од станицата и од куќа низ куќа, побегнал и од селото. Отишол во Лазачката река, таму лисиците со турпија му ги секол Гоне Љугов.

При една друга критична прилика во Солун, полицијата била во потрага, по партиската печатница и била на пат да ја заплени со сета партиска документација. Тогаш Пандиле, без двоумење тргнале кон печатницата, набрзина ги собрал сите

Page 30: Моите сеќавања за Чеган и с

документи во некоја вреќа и како амал, облечен во некое искинато палто, ги пренел во другиот дел од градот, на некое побезбедно место.

Капитулацијата на Грција го затекнала во затворот во Атина, заедно со Андреа Ципев од Пателе. Тогаш, Бугарите за чест на нивните татковци кои биле комити, со авион ги префрлиле во Софија. По окупацијата на Македонија од страна на Бугарите, Пандиле бил назначен за кмет во Кременица, Битолско. Тоа на Пандиле добро му дошло. Дошол поблизу до Чеган. Во времето на престојот во Кременица, Пандиле како комунист не останал пасивен, ами имал контакти со Коле Канински и Петре Новачевски. По кусо време, со жената и двете деца се вратил во Чеган. Веднаш се вклучил во антифашистичкото движење, за борба против окупаторот. Ги поставил врските со партиските организации во селата Росилово, Острово, Владово, Воден и Солун. Собирал оружје, храна, облека и сe друго што било потребно за партизанските единици. Во куќата на Стојче Брзов организирал болница за болни и ранети партизани.

Татко ми ми кажуваше, како еднаш Пандиле Колчив - Чичо, со полн куфер бомби, патувал со германски војници во исто купe, од Солун до Острово. Во селото имал една средба со својот стар пријател и симпатизер, Пандиле М'нгаров - Четката, кому му рекол: "Немаме оружје#, а Четката му одговорил: "Камо луѓе, оружје ќе се најде#.

И покрај таквата негова активност, грчките партизани под изговор дека е автономист, 1943 година, го убиваат во штабот на партизанските единици за Кајмакчалан. По неколкудневно отсуство, тројца чеганци од партиската организација, меѓу кои биле Лазо Дујчив, Коста Стојов и К'чо Мингов, отишле во штабот на партизаните, да се распрашаат што стана со Пандиле Колчив. Но и тие тројца, никогаш не ќе се вратат во Чеган. Убиени се од грчките партизани.

Типе Мицулов, шнајдер, бил член на КПГ и му припаѓал на троцкистичкото крило. За тоа и самиот се уверил кога Типе од Атина дојде во Битола кај неговата ќерка Геновева. Тогаш сврати на видување и кај нас, кај татко ми Ристо, со кого биле пријатели од детството и имале меѓусебно почитување. Тогаш, во разговорот и мене ми призна дека му припаѓа на троцкистичкото движење.

Несреќата во БегнаПо капитулацијата на Грција, во Бегна беше оставена една композиција со

оружје, кое било наменето за фронтот во Албанија, а во Л'кта еден камион со конзерви слатко. Пандиле М'нгаров - Четката и неговиот внук од брат Христо, со една маска и една магарица, по неколку пати дневно товареа од композицијата разновидно оружје; пушки, автомати, митролези, фишеци, рачни бомби, динамит. Покрај товарените добитоци, тие креваа колку и самите што можеа да носат. Го носеа во трлото во Габеро, а потем и во Чешмичката. Тие прибраа големо количество разновидно оружје. Други наши соселани кои во Бегна имаа колиби и трла, почнаа да вадат бакар од топовските гранати. Една граната експлодирала и се запалила цела композиција, па неколку дена се слушаа експлозии. Притоа загинаа следните чеганци: Дине Алков, неговите две ќерки Слава и Пруша, Трпа Иљамова, и Наце Маликов. Мојот татко од оставениот камион со слатко во Л'кта на неколку пати ја товареше маската со конзерви и ги носеше на слонот, кој таа година беше на нивата викана Л'бовка. Ископаа една голема дупка во колибата каде што лежеа

Page 31: Моите сеќавања за Чеган и с

говедата, ја посла со слама и ја наполни со конзерви слатко. Одозгора ги покри со слама и повторно стави земја. Тој ден имавме сварено едно грне со боб и за прв пат во бобот му туривме маслиново масло. Дотогаш, таков сладок боб не сум јал. И ден денес ми е во сеќавање. Тогаш и за прв пат каснавме слатко, што пред тоа беше мислена именка за Чеган.

Гладот во Грција и Егејска МакедонијаВо 1941 година во Грција и Егејска Македонија владееше голем глад.

Посебно страдаше населението од поголемите градови. Луѓе умираа од глад по патиштата. Си продаваа сe што имаа скапоцено и алиштата од себе, само да се доберат до парче леб. Како дете, се сеќавам, ги пасев козите во дотогаш забранетите места за сеча и пасење. Повеќе од селаните во тоа време си ги имаа продадено козите оти грчката влада имаше донесено закон за нивно поништување. Во нашето село, само неколку семејства не ги продадоа козите, меѓу кои бевме и ние. Катадневно имаше скитници на гладни луѓе кои бараа парче леб. Добро се сеќавам, дека на неколку пати им ги давав лебот и сирењето што ги носев за преку денот, како козар. И во Чеган имаше семејства кои тешко ги минаа тие гладни години. Се сеќавам дека во лебот што го месеа, претходно ставаа варени компири. Некои од победните селани, одеа измеќари цела година за неколку стотини оки жито, обезбедувајќи исхрана за себе. Некои се нудеа како аргати за малку храна, за нив и за нивните семејства. Така правеа луѓето се до наредната жетва кога ќе паднеше првиот полог од јачмен. Набрзина го вршеа и од него месеа јачменов леб.

Во 1941 година во пролетно-летните месеци, Грците во соработка со германските окупаторски власти, формираа квинслиншка влада, полиција и паравоени формации. Таква квинслиншка полиција беше упатена и во Чеган. Меѓутоа, едно утро, група понапредни младинци, меѓу кои беа Геле Дине Кронив, Панде Коле Витлив и Христо Коле М'нгаров од рано утро, со пушки и автоматско оружје, почнаа да ја бијат полицијата се до ручекот, се дури не ги принудија да се повлечат од Чеган во Острово. Истата година Германците со квинслишките власти направија рација во селото и собраа се што најдоа машка душа меѓу повозрасните. Ги однеле во логорот во Солун со намера подоцна да бидат упатени во Полска, во концентрационите логори.

Тогаш на сцена стапила бугарската агентура и под форма на "македонски Бугари# сите ги ослободиле од логорот. Христо Стојков - Папата, како член на КПГ одбивал да го прифати тој епитет. Му пришол некој бугарски офицер и му рекол: "Момче, мене не ме интересираат твоите политички убедувања и припадности. Дали на партијата на која и припаѓаш повеќе ќе и помогнеш како жив или како мртов?# Тогаш Христо Стојков го прифатил тој "епитет#. Само Дине и Пеце Попови - Џикови не се согласиле да го прифатат тоа име. Тие недвосмислено се изјасниле дека се Грци и ништо друго.

Убиството на Типе Папалазов

Page 32: Моите сеќавања за Чеган и с

Некаде во 1942/43 год. Типе Папалазов се враќал од воденица за дома. И, некаде на половина пат, т.е. кај Б'каровата круша кај Тумбата, се сретнал со неговиот братучед Ване Мицулов - Гулов, кој пак, одел на воденица. Како братучеди застанале на кус разговор. Тогаш, од една партизанска чета била поставена заседа за убивање на Ване Мицулов - Гулов кој бил прогласен за грчки шпион. Кога било пукано по него, бил погоден Типе Папалазов кој починал на место, а Ване Мицулов набрзина побегнал од местото на настанот, оставајќи го трупот на братучедот, само да ја спаси својата кожа.

Подоцна, Ване продолжил со својата издајничка работа и по негова вина, беа затворени повеќе чеганци. Тој е еден од кодошите кои 1948 година сведочеше против своите соселани во Воениот суд во Ѓаница кои беа осудени на смрт.

Во 1945/46 година грчките власти на нашиот народ, посебно во пограничните села, му прикачија уште едно диво месо. Станува збор за пребегнатите балисти од Народна Република Македонија. Грчките власти, преку летните месеци му ги имаа придодадено на сточарите Власи, кои со стадата летуваа на Кајмакчалан, на Кирјаковите Колиби, Баковите Колиби. Балистите беа во цивилна облека, вооружени и не се разликуваа од партизаните, а го говореа и нашиот јазик. Често пати некои селани наседнуваа на нивните лукавштини и злоби, претставувајќи се како партизани, за да им донесат храна "за партизаните#. А, кога некој селанин ќе се поведеше по нивните гнасни намери и ќе донесеше храна "за партизаните#, балистите ги тепаа селаните, до умирачка.

Случајот со вујче Личо Цилков - НативЕден летен ден, вујко ми Личо со маската отишол во Карабунар да набере

дрва. Тогаш му пришол човек во цивилна облека, вооружан и му се претставил како партизан. На вујко ми му рекол откако ќе набере дрва и се врати во селото, да донесе храна за партизаните. Личо се повел на таквата подлост и лукавост и по враќањето дома, зел храна колку што му имал порачано и се вратил назад во Карабунар. При повторната средба со "партизанот#, балистот му се обратил: " Значи ти им носиш храна на партизаните# и почнал да го тепа со кундакот од пушката каде ќе стигнел. Кога вујко ми успеал да се качи на маската и да се врати дома, бил целиот деформиран во лицето од ударите на балистот. Според кажувањето на мајка ми, тогаш, на вујко ми Личо, му отпаднала едната ушна школка. Подоцна селаните, преку партизаните, дознале за какви луѓе станува збор, кои се и што може од нив да се очекува. Обично ги викаа "ајдиновци#.

Чеганци учесници во Антифашистичката борба и Граѓанската војна во Егејска Македонија 1941/49 година

Коста Гегов, Маца Дујчева (Врбенкина), Пеце Мисуров (Димулков), Гоне Мисуров (Димулков), Геле Дине Кронив, Ристо Кочанов, Трајко Витлив (Гацов), Христо Стојков - Папата, Методи Каратов (Пасков), Типе Мингов, Ташо Јакчулив, Пандиле Кекив, Циле Дине Кронив, Трпане Гегов, Христо Коста Гегов, Ташо Ване Брзов, Мице Ване Брзов, Димо Лазо Натив, Христо Каратов (Пасков), Трајко Кочанов, Коле Јанков, Борис Мингов, Ташо Танасов (Шанив), Ставро Танасов (Шанив), Христо Крондиров, Христо Јакчулив, Мице Џиков (Карафилов), Коле Димулков (Пенив), Лечо Лесков, Пеце Белчив, Коле Пишлинов, Томе Стојков,

Page 33: Моите сеќавања за Чеган и с

Џоџа Витлив, Танасе Кочанов, Фроса Гоне Кронева, Геле Кронив, Лефа М'нгарова, Христо М'нгаров, Гоне М'нгаров, Пандиле М'нгаров - Малиот, Вангелица Гулева, Дине Цицаров (Гулов), Димитар Цицаров (Гулов), Крсте Гаков, Лазо Натив (Цилков), Циле Трсунов, Борис Шанив (Пецив), Христо Шанив (Пецив), Лечо Шанив (Пецив), Пеце Натив, Типе Рамадáнов (Димулков), Томе Карамичов, Танасе Цицаров (Гулов), Гоне Дончив, Томе Нушив (Гацов), Лазо Нушив (Гацов), Ване Томе Натив, Ване Трталов, Мице Трталов, Толе Џиков Карафилов, Мице Јанков, Томе Наце Крондиров, Танасе Циле Капиданчив, Пеце Гоне М'нгаров, Олга Мице Лескова, Лазо Москов, Крсте Пурцов.

Загинати чеганци партизани: Маца Дујчива Врбенкина, Трајко Кочанов, Коле Јанков, Ташо Тансов, Коле Димулков (Пенив), Лечо Лесков, Пеце Белчив, Пандиле Витлив, Фроса Гоне Кронева, Дине Цицаров Гулов, Димитар Цицароц Гулов, Лечо Шанив (Пецив) Гоне Дончив, Томе Дине Нушив, Лазо Дине Нушив, Томе Наце Крондиров, Толе Џиков (Карафилов), Мице Јанков, Мице Кекив, Танасе Капиданчив.

Нападот на Чеган од грчката војска, полиција и наемници во 1947 годинаПри крајот на есента и почетокот на зимата во 1947 година, овците и козите

од летно-есенските трла ги имавме симнато во зимско-пролетните трла и слонови. Таа година за измеќар го имавме Нашуле Ташков (Нанчив), мој врсни. Вечерта, кога стигнавме во Орејте, не дочека татко ми кој имаше донесено сено за овците и храна за нас и кучињата. Тогаш, добро се сеќавам, го молев татко ми да остане при стоката (стадото), а мене да ме пушти да одам дома. Многу ми се имаше засакано да одам во селото. Татко ми ми објасни дека таа вечер имал некој важен состанок, дека дел од автоамината била на дочек кај селото Гугово, на некоја партизанска единица која требало да премине од Каракамен, на Кајмакчалан. Јас се помирив и останав со измеќарот со стадото.

Таа вечер бевме посебно расположени - имавме сварени костени и ореви. Се шегувавме до доцна во ноќта. Преку ноќта наснежи прилично голем снег. Измеќарот беше со слаба облека и обувки. Го оставив на слонот со овците, со напомена да им фрли сено на овците, да наполни од реката една буклика со вода и да се грее на огнот во колибата, а јас пак, да одам со козите. Момчето со задоволство го прифати мојот предлог. Кога заминав со козите низ сеаните ниви, тие брстеа листови од капина и од други гранки. Стигнувајќи над нашата нива Л'бовка, за да преминам кон Прчилóс, на патот кој оди за Острово, забележав траги од нови војнички чевли. Во прво време си помислив дека се траги од таа партизанска единица која требаше да стигне во Чеган. Меѓутоа, се двоумев бидејќи партизаните немаа нови чевли. Едно време, се загледав кон Крóнив'та колиба и трло, во Скрката, и забележав како војници во полунаведнат став се префрлуваат од смрека на смрека, а по кусо време се слушнаа пукотници од пушки и рафали од автоматско оружје.

Тогаш сфатив дека ова е сериозна работа. Ги вратив козите назад кон слонот, а јас со едно кученце кое постојано ме придружуваше, се испикав во едни смреки и чалии, во Прчилóс. По извесно време, го слушнав гласот на измеќарот кој бил пуштен од грчките војници и пушкарите, да сум одел кај овците, а тој да остане со козите. Во спротивно, ќе ми ги земеле овците. Му реков да се врати кај слонот, а

Page 34: Моите сеќавања за Чеган и с

дека јас нема да дојдам. Војската, а посебно пушкарите кои беа чеганци биле со намера мене да ме земат во Острово со цел да го уценат татко ми, кој во тоа време беше претседател на Месниот народен одбор. Меѓувремено, забележав дека војската се враќа кон Острово. Јас имав намера да преминам од долната на горната страна на Прчилóс, близу Трсунвиот Брест, каде што просторот за преминување беше покус. Грците тогаш по мене испукаа неколку рафали од автоматско оружје. Слушнав дека фрчат куршуми покрај мене. Исплашен до коски, преминав во едно долче, пласнувајќи во едни капини и смреки. Целиот бев избоцкан, но не чувствував болка. Лежев како на памук. По извесно време чув познат глас кој ме викаше на име "Јане, Јане, дојди си. Нема ништо. Грците го фатија Лазо Нушив, го зедоа и вашиот измеќар Нашуле, во Острово#.

Откако се убедив дека нема никој друг со него, се јавив и го прашав каде се овците и козите. Тој ми рече дека ги помешал со нивните и дека он ги чува. Ми рече и тоа дека го пратиле Пеце, братучед ми, мој и негов, во Чеган да им стори абер на партизаните. Грчката војска со пушкарите имале организирано заседа да фатат партизан во извидување, само со една пушка в раце, со цел да соберат податоци за партизанските сили во Чеган. Тој ден на извидување бил испратен Лазо Нушив (Гацов) кој беше заробен и одведен во Острово. Од него сигурно Грците добиле податоци за партизаните во Чеган и организирале напад на селото наредниот ден во раните утрински часови.

Тој ден јас ги одвоив овците и козите од Кронивте и ги наманав на пасење кон Прчилос, Чалијата, сe до Гркчви Нивја, кадешто снегот беше станат. При враќањето решив таа вечер да одам на колибите кај дедо ми. Во еден момент, при крајот на денот, ми пријде една тројка партизани, меѓу кои беше и Мице Ване Брзов, кој беше еден од десетарите. Тој со еден налутен и сериозен глас, ме праша: "Зошто го предадовте Лазо?#. Му реков да ми ги погледне рацете, лицето и целото тело, како сум избоцкан со трње, криејќи се. Тогаш според изразот на неговото лице забележав дека тој се сожалува на мене и со еден помирлив глас ми рече : "Не се плаши. Ние знаеме кој си и чиј си. Јас само така сакав да видам како ќе реагираш#. Продолживме заедно со нив до Копачките, каде што се дели патот за Колибте и за Чеган. Откако се поздравив, продолжив со стадото за Колибте, а тие за Чеган. Меѓувремено го чув и гласот на татко ми кој со маската одеше кон слонот. Ми рече дека он ќе ги земе работите од слонот и ќе се врати на колибата. Дедо ме дочека со сожалување и откога ги затвори во трлото овците и козите, ми ги соблече опинците, чорапите, ме навечера добро и ме натопли покрај разгорениот оган во огништето.

Во меѓувреме, јас сум заспал. Дедо ми и татко ми цела вечер меѓу себе разговарале. Некаде околу полноќ слушнале некаква врева и тропот во Колникот, а во раните зори и друг тропот и врева, пак таму. Од нивниот разговор се пробудив и дознав што разговараат. Дедо му рече на татко ми: " Ѕастра маската, товари го брашното од Џорловата воденица и бегај. Се знае, комита куќа не гледа.. Да не нe земиш на душа мене и детево#. Тогаш татко ми ја зеде маската и замина.

Во зорите, од кај Жервонските Лозја почнаа да се слушаат пукотници од автоматско оружје и митролези, а кутрите жервојнци со плачови и пискотници, бегаа кон нивната црква која беше на една височинка, а над црквата почуваше пошумениот дел од планината. Тие кутрите брзаа колку што можеа за да се

Page 35: Моите сеќавања за Чеган и с

испикаат во шумата. Во меѓувреме, нашите соседи со колибите и трлата, ја собраа сета своја жива стока и бегаа што побргу да се вратат во Чеган.

Дедо ми ладнокрвно ме храбреше и успокојуваше, па ми рече: "Синко, ние нема да мрдниме одовде. Овците и козите ќе ги нараниме во Чаирот. Нема да те пуштам со козите#. Пукотниците од Жерви се ближеа кон жервонско-чеганскиот синор кој беше близу нашите колиби и трла. Фронтот на грчката војска, полиција и ослушани, помина над нас меѓу Абаршлиевта и Белчевта Колиба. Ние останавме доста долу. Не им видовме ни трага. Нивниот пукот и врева продолжи се до Пороите. Таму застанаа скоро цел ден. Еден партизански митролез од Тумбата ги "поздрадуваше# за "добродојде#. Во попладневните саати, митролезот од Тумбата престана "да лае#. Тогаш грчката војска и Маџирите од Ослово, продолжија да се приближуваат кон Чеган. Грчката војска се движеше од неколку правци: едни од Острово кон Задриду, други преку Гркчви Нивја, према Тополката и Бар'та према селските плевни, а од Горничево, една грчка единица со горничевци се движела кон Д'лга, Баланск'та Шума и Соклу. Друга единица, со горничевци, се пробила низ големите снегови низ Пиперица, Куртниц'та, Портата и зазела положба над Острич на север од Чеган.

Така, селото беше опколено од сите страни. Немаше место за повлекување. Единствено слободен остана преминот према Куритцкин Дол, Козјак, Црвен'та Стена и Писта, со можност за префрлување во Пападја. Кога грчката војска и ослушани стигнаа кај Колибте и Воденицте, ја убија Маца Стојкова која со маската од воденицата се повлекувала кон селото. Грчката војска која напредуваше кон Чеган од Тополката Бар'та кон селските плевни, била предводена од еден чеганец (маитис) Јане Алков. Тој пред влезот во селото бил покосен од партизански рафал. Меѓу месната милиција и дојдениот таа вечер, офицерски баталјон, се преговара за повлекување од селото, бидејќи ги имале одмерено своите сили и дека не можат да се спротивстават на таквото опкружување. На маски од селото го натоварија оружјето и се упатија на повлекување кон Соклу и Острич, незнаејќи дека тие две места се опкружени. Тие што се повлекувале во овие два правци, наишле на изненаден силен оган од грчката војска. Доста од нив биле убиени, ранети, други заробени и убивани на лице место. Партизаните од офицерскиот баталјон не се согласувале со селаните да се повлечат во долот кон Козјак и Црвента Стена. По секоја цена настојувале да се вратат во селото за да се групираат со останатите партизани, иако просторот за враќање бил бришан простор. Многу од нив биле ранети, убиени, некои заробени и убивани на лице место, помал дел однесен во затвор. Од Чеган, ранет, кај Камејната се засолнал Танасе Капиданчив кој бил пронајден од ослушани и убиен на лице место. Во селото, од партизаните биле убиени: Танасе Најдо Цицаров, а заробени како партизани биле следните чеганци: Ставро Шанив (Танасов), Наце Толе Брзов, Мице Ване Брзов, Коле Пишлинов, Коле Јанков, Танасе Кочанов (Б'лов) и други селани како цивили, кои имале партизани од своите семејства, или биле заробени со своите маски, натоварени со оружје, при повлекувањето на партизаните кон Соклу и Острич.

Бате ГелеНекаде при крајот на јули, почеток на август 1946 година, домашните мене и

сестра ми Фроса не имаа пратено во Ореите да береме лист од ченка. Во Чеган

Page 36: Моите сеќавања за Чеган и с

редовна работа беше берењето на листот од ченките под кочанот. Тој се береше во полози и се ставаше во траповите. Од кога ќе се исушеше, некој нареден ден, во рани зори, пред огрејсонце, се врзуваше во снопови. Во тие рани утрински саати листот е помек и не се рони при врзувањето.

Јас со сестра ми Фроса по целодневната работа отидовме на спиење на колибата. Таа беше одма до Рамадановите колиби. Во тоа време и Рамадановци беа на колибите и тие таму спиеја. Си ја наполнивме и буклијата со вода од изворот Балалка, за да ѕастрата рано да одиме повторно во Ореите за берење лист од ченките по ладовина. По вечерата си пославме слама во Гумното и си легнавме еден до друг да спиеме. Од целодневниот замор одма си заспавме.

Едно време слушнав како сестра ми лафи со некого. Уште нецелосно пробуден, во себе прво си помислив - сигурно сестра ми има некој љубовник и со него си лафи. По кусо време почнав на сестра ми да и се обраќам - Фросо, со кого лафиш? Одма на тоа следеше нечиј одговор: "Не се плаши.. бате е.... јас сум бате Геле!#

- Со кого си ?- Со Гоне Мисурув.- Каде е тој?- Ме чека кај Рамадановте стреши.И јас и сестра ми му рековме дека неговото доаѓање е ризично за нас,

бидејќи Лазо Рамаданов му е зет за сестра на селските кодоши Гоне и Лисе Бачкови. Тој ни рече: "Не се плашете, бате прво кај нив беше и му реков, ако нешто прозборат, ќе им го сечам вратот#. Додуша Лазо Рамадано, независно од роднинските врски, беше честит човек кој не милуваше да се занимава со такви нечесни работи. Пред разделбата, бате Геле не замоли да му сториме абер на неговиот братучед во Острово, Илија Динчив, да му прати едно рало скорни чевли. Ни кажа, дека со Гоне Мисурув биле по некаква работа на изворите во Гугово и таму успеале некако да ја избегнат стапицата од грчката војска и полиција. Тие како партизански двојки биле доста подвижни, одважни и по цена на големи ризици, не само што биле меѓу селаните, почесто навлегувале и во градовите за одржување на врските со партиските организации.

Инаку, бате Геле и на неколку наврати доаѓал како партизан. Последен пат во 1948/49 година, кога бил ранет во борбите на Грамос и потем префрлен на лекување во Катлановска Бања, која тогаш била болница за лекување на ранетите од ДАГ. По капитулацијата на ДАГ, бате Геле се настанил во Бугарија, во градот Јамбол. Таму го посетивме во 1964 година. Во 1974 г. тој не посети во Битола, а почина во 1980 во Јамбол.

Марко Цветковски - ДебарчанецотКуќата на попот Гулов ја градел Марко Цветковски со неговата дружина.

Таа куќа во селото беше најголемата, најубавата. Попот имал два сина - Јанаке и Танасе и две ќерки - Маслина и Фима. Дури ја градел поповта куќа, Марко Дебарчанецот се заљубил и се оженил со едната ќерка на попот, Фима. Марко бил природно интелигентен човек, патриотски одреден, автономист. Марко спечалил со својот труд доста имот и живеел до 1948 г. во градот Воден. Тој имал и негов адвокат, кој по потреба ги штител неговите интереси. Според чеганци, Марко

Page 37: Моите сеќавања за Чеган и с

секогаш бил пресретлив. Секој чеганец кога ќе се најдел во некоја незгода се обраќал до Марко Дебарчанецот за совет, а тој на драга волја им излегувал во пресрет и секогаш се трудел, колку што можел, да ги посоветува, упати и поучи за нешто.

Пред воен суд во ЛарисаМојот татко Ристо Димулковски, во 1925 година бил на отслужување на

воениот рок во Воден. Едно утро некој офицер му се обратил со зборовите: "Палјо вулгаре, ајде да ми потуриш вода да се измијам#. Тогаш татко ми се нашол навреден оти бил наречен "палјо вулгаре# и со неколку тупаници го плеснал офицерот на земја. Офицерот го тужил и едно време на татко ми му дошла тужба, за да се јави на суд, пред воениот суд во Лариса. Како младо, селско момче, неопитен, се обратил за совет кај Марко Дебарчанецот. Марко го прашал чие дете е.

- На Мице Димулков - му одговорил татко ми.- Арно, седи - му рекол Марко, го распрашал што е работата и откако му

кажал Марко му рекол: "Не се плаши, арно му стори на тоа куче#.Во тоа време таму се погодил и неговиот адвокат Карјотаки. Марко му

рекол на Карјотаки да каже што пишува во тужбата, а тој му одговорил: "Лошо#.- Карјотаки, дај прочитај ми ја таа тужбата. Адвокатот му се обратил: "Што

разбираш ти, Марко#.- А бре куче ниедно, јас те плаќам, дај прочитај ја!Тогаш Карјотаки видел-не видел, му ја прочитал, а Марко на татко ми му

рекол: "Ристо синко, не се плаши. Кога ќе одиш на суд, ќе ти ја прочитаат тужбата, а после ќе те прашаат, дали ти како обвинет имаш нешто да кажеш. Ти ќе го прашаш судијата - господине судија, оваа униформа која е на мене, дали е грчка... тој ќе ти одговори ,да', ти ќе го прашаш- оваа кокарда на мојата капа, дали е грчка? Тој пак ќе ти одговори ,да'. А ти тогаш, ќе го прашаш судијата, од каде на каде јас сум ,палио вулгарос'? Ако бев тоа, немаше да служам во грчката армија, а ќе служев во бугарската. Јас жалам што во моментот на нашата расправија немав при себе оружје, инаку за ваква навреда ќе го застрелав#.

Така и било. На крајот судијата рекол "Атеос катигурменос# - обвинетиот е ослободен - а на офицерот како казна му го одзеле чинот. Така, мојот татко, постапувајќи по советите со кои го подучил Марко Цветковски Дебарчанецот, ја избегнал судската казна од воениот суд во Лариса.

Не гледај синко во таванот - сврти си ја главатаВо 1938/39 година во Чеган имаше една епидемија на некоја заразна болест

од која најчесто беа зафатени децата. Добро паметам, тогаш школото престана да работи. Дојде и некаква лекарска комисија заради согледување на состојбата. Тие, видоа што видоа, ги посетија болните и им препорачаа некакви лекови, дадоа некои совети во врска со диетата на болните. Болеста беше пропратена со проливи, високи температури и тешка исцрпеност. Не паметам кој почина од таа болест. Знам дека имаше само една жртва. Од нашата фамилија едино јас оболев од таа болест. Паметам толку, дека таа болест доста ме истошти, физички доста опаднав, немав сила ни главата да си ја крепам, ниту пак да се свртам во некоја друга

Page 38: Моите сеќавања за Чеган и с

положба. За тие две-три недели колку што траеше таа болест, мајка ми Цона ни за минута не се оттргна од мојата постела, постојано беше покрај мене, ме негуваше, хранеше колку што и дозволиле лекарите... тие одредиле некои ригорозни диети со максимални ограничувања на примање на течности и храна. Таквата диета која мајка ми најстрого ја спроведуваше, мене ме доисцрпи. Не остана никаква снага во мене. Јас за цело време бев пласнат на постела, со зафрлена глава. Неретко мајка ми ќе ми речеше: "Заврти си ја главата ваму сине, не гледај во таванот, таму ништо нема#. Таа во себе си мислела, дека јас во таванот ги гледам ангелите кои доаѓаат да ме земат.

Во тие моменти неретко, скоро секогаш, мајка ми ќе ми ја свртеше главата, ќе се исплачеше од жал за мене да не и умрам, оти пред тоа многу рожби и изумреле и после тоа. Јас бев едино машко дете и сестра ми Фроса. Некаде по три недели мајка ми откако виде дека состојбата ми се подобрува, дека почнувам некако да покажувам надеж за живнување, си дозволи за прв пат да ме остави со сестра ми Фроса, а она излезе после толку време, да прозбори со некоја комшивка или соселанка, да се распита како се нивните оболени, со единствена цел да си ја охрабри донекаде душата.

Кога останав со сестра ми дома, а во одајата имаше запнато две фаши од бакалар. Ја измолив сестра ми да ми сече едно парче од бакаларот, да го испече во жарта за да каснам. Тогаш сестра ми лесно не се одлучуваше, и беше страв да не ми наштети, се плашеше да не и се кара мајка ми. Од моите упорни барања, таа сепак се сожали на мене и отсече едно парче од бакаларот, го испече и ми го даде. Јас лакомо го изедов и побарав да ми ја подаде стомната со ладна вода. Таа ми рече: "Ќе ти ја подадам, ама малку да се напиеш!# Тогаш, се сеќавам добро, добро се изнапив вода. Повторно побарав да ми испече уште едно мало парче бакалар. Таа тешко се одлучи и по втор пат ми испече уште едно мало парче, а јас повторно ја побарав стомната со ладна вода. Добро се изнапив. И по сегашните мои сознанија, јас спонтано сум се рехидрирал од грозната, строга и бесолна диета. Оттогаш почнав да потседнувам по постелнината и со тек на деновите и да станувам. Домашните тогаш престанаа со диеталната исхрана, постепено ме воведоа на усилена исхрана. По кусо време станав и почнав да се движам.

Партизанска болница во ЧеганЛетото 1943 година, пред вршење, една вечер татко ми по вечерата ми вети

дека ќе ме земе да спиеме во Орејте, а ѕастра рано да ми ги товари маските со фаланки, јас да се вратам во Чеган, а он да отиде во Острово да купи едно овчарско куче, оти булукот остана само со едно куче. Мене ме качи на едната маска, а он на другата и продолживме од Асанка према Трите Буки, кога јас на татко ми му реков: "Да не заспиеш#. Он обично редовно спиеше и се одмараше на маската, од тешките селски работи. Кога сме стигнале пред Големата Горница, карши Ташковио Чаир, јас сум заспал качен на самарот и едно време сум пласнал на некои камења. Почнав да плачам и тогаш татко ми набрзина скокна од другата маска, почна да ме куражи да не се плашам и во темницата почнал да ми ја посипува раната со суви лепешки и било што друго, што му дошло при рака. Повторно ме качи на маската и го продолживме патот за Орејте. Кога стигнавме таму, ги врза маските да пасат, а ние легнавме да спиеме. Јас тешко ја преспав таа вечер. Ѕастрата рано татко ми ги

Page 39: Моите сеќавања за Чеган и с

спремил маските, ме пробуди и отидовме на нивата викана Л'бовка, ги товари маските со фаланки и ме испрати да ги дотерам дома. Попатно луѓето што ме среќаваа со искрварено лице и глава, чудно ме гледаа. Кога стигнав дома, мајка ми штом ме виде, одма почна да му приговара на татко ми како смеел во ваква состојба да ме пушти сам назад, како не му било грев, и што не... што може една мајка во таква состојба да рече, гледајќи го своето чедо во многу незавидна состојба. Тогаш мајка ми набрзина ми го изми лицето, ме забриша колку што можеше и одма ме однесе кај бајче Стојче Брзов дограмаџијата. Тој почна со некои газички, памуче, да ми ја чисти раната колку што можеше и умееше. Тогаш во неговата куќа, во една поголема одаја, видов каде лежат 5-7 души, болни и ранети партизани. Бајче Стојче на мајка ми и рече: "Да го земиш детето и одма да одите на доктор во Острово#. мајка ми не гледаше ништо, одма се качивме на маските и стигнавме во Орејте. При средбата со татко ми, многу му се искара. Отидовме во Острово на лекар и тој ми ја зачисти раната, ми даде една инјекција и ме препрати на хирург во Воден. Таму хирургот ме шиеше на живо. Осеќав силна болка и едвај ме додржаа.

Чеганци - партизани, осудени на смрт одвоениот суд во Ѓаница 1948 година Мице Ване Брзов, Мице Натив - Фицин, Христо Нушив - маж на Немата, Лазо Дине Нушив и Коле Пишлинов. Цивили чеганци осудени на смрт од Воениот суд во Ѓаница 1948 година: Коле М'нгаров, Личо Цилков (Натив), Наце Шорков, Гоне Киселинов, Гоне Карамичов, Наце Пурцов и Ристо Лалов.

Осудени на доживотен затвор: Ставро Шанов (Танасов), Наце Толе Брзов, Наце Кочанов (Б'лов).

Чеганци кодоши кои сведочеле против своите соселани беа: Ване Русков, Гоне Бачков, Лисе Бачков, Пандиле Шанив, Поп Ване Џиков, Ване Гулов (Мицулов).

Од грчките партизани убиени се следните чеганци: Пандиле Колчив - Чичо во 1943 год. Коста Стојков, Лазо Дујчив, К'чо Мингов и Пеце Попов. Во 1944 година од грчките партизани во Родивската Планина се убиени Мице Лесков - Бицо, Танасе Попов - Овисо, Коле Витлив, Гоне Кочанов, а на Кожуф планина, истата година убиен е Христо Најдо Нанчив.

Загинати чеганци како грчки војници: К'чо Зајков, Коле Гоне Нанчив (Ташков) и Јане Алков.

ПротерувањетоВо 1946/7 година, партизаните имаа свој Местен народен одбор, Местна

народна милиција, составена исклучиво од партизани - чеганци со одговорен по воени прашања Христо Стојков - Папата, старешина на местната милиција, Трајко Кочанов, претседател на Местниот народен одбор Ристо Мице Димулков, а негов заменик Ташо Јакчулив. Тогаш за прв пат децата почнаа да учат на македонски јазик. Учител им беше Лазо ....... .

По повлекување на партизанските единици од Чеган, во селото се стационира еден баталјон грчка војска и полиција. Тие беа стационирани во тие куќи кои беа кон "Св. Танас# и беа оградени со бодликав тел. Наредниот ден

Page 40: Моите сеќавања за Чеган и с

издадоа наредба цела стока која дотогаш се чуваше надвор од селото да се донесе на чување во селото. Воведен беше полициски час и секој беше принуден да се придржува на тоа. Тешко на тој што му се случуваше да задоцни и да биде дочекан од патролата која редовно во тоа време го обиколуваше селото. Во патролата обично одеше еден грчки капетан кој покажуваше неверојатна свирепост и ги тепаше селаните до умирачка. Грчката војска и полиција секогаш собираа мажи, жени и деца и ги тераа пред себе, први да поминат низ пат, мост, или железничка пруга, ако беше минирано од партизаните, први да нагазат селаните. Ноќно време праќаа по двајца селани да ја "чуваат пругата, односно патот, да не бидат минирани од партизаните#. Ако случајно видат, или слушнат движење на партизани, да ги известат.

Една вечер, ме пратија и мене со бајче Ичо Пенив. Отидовме до Пожарну. Тогаш слушнавме како меѓу себе си зборуваат партизаните кои го минираа мостот на патот Острово-Горничево во месноста Сув'та Чешма. Ние се повлековме во Врајњак. Од време на време, од семејствата кои имаа партизани, Грците земаа по еден до двајца членови од фамилиите и ги чуваа по неколку дена во една приземна одаја во куќата на Ване Гаков која беше во оградениот дел од селото со бодликав тел.

Еднаш ги имаа земено дедо ми и сестра ми заедно со други наши селани и селанки. Другиот ден нив ги пуштија, а не зедоа мене и мајка ми. Таму останавме околу три деноноќија. Тоа беше во мај 1948 година. Една вечер додека бевме во притвор, околу 20 души, мажи, жени, сите натрупани во една визбена просторија, една партизанска бригада го опколи селото, ги запоседна приодите кон него и во раните утрински часови, еден војник - кувар во грчката војска, со една поголема конзерва со чај, идејќи кон куќата во која бевме притворени, почна да вика: "Ајде деца, на чај#. Таман да го прескочи прагот, го удри граната од рачен фрлач по р'бетот и така пласна во тремот каде што бевме ние, офкајќи непрестано од болки. Неговите болни гласови ни ги параа ушите цел ден и цела ноќ. Околу ручекот грчката артилерија од Горничево почна да го бомбардира селото. Првите гранати паднаа во шталата каде што грците ги чуваа коњите и маските, а потоа почнаа да "садат# кон селото и Козјак. Од тоа бомбардирање беше убиена Грозда Натева. Убиена беше многу стока и разурнати многу куќи. Партизаните продолжија да ги бијат Грците цел ден и цела наредна ноќ, за пред зорите наредниот ден, да се повлечат.

Откако престанаа пукотниците каде што бевме ние затворени, дојде еден капетан и ни рече: " Вчера и синоќа беа вашите борци. Јас сакам да се борам со такви јунаци, а не како овие продадени кожи#, мислејќи на пушкарите кои беа испикани кај нас, како исплашени зајаци. Им дозволи на сите да си одат дома, а мене ме остави кај ранетиот војник да сум му правел друштво. А тој, кутриот, постојано пискаше од болки. По некој час и мене ми дозволија да си одам дома.

Кога се вратив, ја затеков мајка ми во дворот избезумена и исплашена, загрижена за судбината на сестра ми и братот кои беа со дедо ми. Во дворот беше страотна слика - убиени јагниња, јариња, некои ранети со истурени црева, болно блееја и врескаа. На пенџерата од горната одаја имаше удрено топовска граната и ја имаше пробиено куќата од крај в крај. Прозорецот и дел од ѕидот беа втерани во

Page 41: Моите сеќавања за Чеган и с

одајата. Кога се качив во неа, на креветите над покровите - камења, земја и малтер. Ги откривав еден по друг сите кревети и се уверив дека нема никој под нив.

Во меѓувреме, една сосетка, Тина Каратова (Паскова), ни стори абер дека дедо ми со сестра ми и братот се повлекле со партизаните здрави и живи. Тогаш мене и на мајка ми ни се потсмирија душите. По извесно време, во дворот дојде и еден грчки офицер со неколку војници и ни рече: "Јадете сега, а после ќе дојдам и ќе ве запалам сосе куќа#. Откако си замина офицерот, на мајка £ реков да излезе од селото и да ме чека на Оповиот Камен, кај Глувка. Јас извесно време се поврткав во дворот, зедов половина сомун леб и едно парче сирење и ги скрив во палтото.

Во меѓувреме, пред моите очи наши соселани, од нашата куќа почнаа да изнесуваат волна, жито, сирење и што друго не, затоа што "сме им биле борчлии#. Тоа веќе мене не ме интересираше. Тргнав по својот пат, но на тие што ме прашуваа каде одам, им одговарав дека ги барам нашите говеда, случајно да не ги виделе. Кај Чешмата, едно момче Јане Мингов ми пријде и ми рече во четири очи, да одам слободно, дека нема никаква стража или патрола и дека пред малку мајка ми заминала. Тогаш се ослободив и со забрзан чекор го продолжив патот, за да ја стигнам мајка ми. Ја стигнав на договореното место. Побрзавме да се испикаме во пошумениот дел од Глувка.

Тогаш мајка не беше добра со здравјето. Се искачивме на Вдовица. Го погледнавме селото за последен пат. Продолживме кон Камну и беспаќата према Пападја каде што стигнавме во вечерните саати, кога едвај се гледаше. Пред селото нe застана партизанска стража. Кога ќе видиме, тоа да ти бидат партизани од нашето село. Беа радознали, се интерсираа колку грчки војници биле убиени, колку ранети и сe друго што се случувало во селото по нивното повлекување. Нe известија дека татко ми, дедо ми, сетра ми и братот, се на два часа од Пападја, близу до границата и дека таму ќе не однесе еден партизан другиот ден. Таа вечер за прв пат јадов леб без сол и маштеница. Утредента, средбата со татко ми на половина пат, беше колку радосна што сме сите живи, толку и загрижувачка за него. Дури тој беше сам како партизан "една коза - едно легло#, полесно се врвеше, а сега мораше да мисли уште и за нас, пет души. Нe однесе во една пештера, а тој се врати во Пападја да донесе следување за сите нас.

По неколкудневни размислувања, дојде до идеја да ги донесе нашите молзници овци и кози, барем да имаме млеко за јадење. Се обратил до командантот во Пападја и го замолил да му даде една чета партизани за заштита, дури да ја земе стоката. Тогаш молзниците биле на бачило. Отишле во Буково кај Пиштерте каде пладнувало стадото, а на овчарите им рекол да го тераат стадото во неговото трло кое е на стотина метри од Пиштерте и да ги одлачат неговите овци и кози. Момчињата овчари набрзина ја свршиле работата. Откако ги одлачиле молзниците им рекол на овчарите да не се осмелат да одат во селото и да £ сторат абер на војската, дека цело место наоколу е полно со партизани. Така, тоа попладне, татко ми стигна со молзниците во Пападинските Топлици. Сите се израдувавме и истовремено се нажаливме, оти кучињата не ги донесе. Тие тогаш од горештините биле испикани под некои сенки.

Плачот на кучињата

Page 42: Моите сеќавања за Чеган и с

Откако кучињата не ги забележувале нашите овци и кози во стадото почнале постојано да вијат, одбивале да јадат. Нивниот плач траел 3-4 дена. По четвртиот ден тие по трагата каде што поминале нашите молзници, едно попладне стигнаа во Топлиците, близу до границата. Таму никогаш порано не биле. Кога стигнаа нивната радост беше неопислива. Не можеа да се смират од радост. Трчаа од еден до друг, скокаа на нас, се милуваа, трчаа околу стадото, го заобиколуваа и повторно се милуваа час со еден, час со друг.

РасселувањеПо грчката офанзива на Кајмакчалан во 1949 година, сите наши чеганци кои

беа повлечени во Топлиците и Кариица, преминаа во Народна Република Македонија, оставајќи ги своите огништа засекогаш.

Грчките власти ги национализираа имотите на прогонетите, а многу - куќи, племни, колиби... ги урнаа.

Емигрирани чеганци во Народна Република Македонија :Пеце Мисуров (Димулков), Гоне Мисуров (Димулков), Наце Гирив

(Димулков), Гоне М'нгаров, Пандиле М'нгаров - Малиот, Пандиле М'нгаров - Четката, Христо М'нгаров, Геле Кронив, Гоне Кронив, Христо Кронив, Митóде Пасков (Каратов), Христо Пасков (Каратов), Перикле Русков, Наце Алков, Коле Мингов, Борис Мингов, Ставро Трсунов, Лазо Таиров, Митóде Таиров, Томе Брзов, Ване Брзов, Стојче Брзов, Менка Дончева, Трпане Гегов, Томе и Ване Натеви, Пандиле Кекив, Гоне Кекив, Типе Мингов, Христо Стојков - Папата, Пандиле Крондиров, Лена Крондир'ва, Христо Гегов, Коста Гегов, Крсте Лазо Брзов, Борис Папалазов, Дине Папалазов, Ване Киселинов, Трајко Киселинов, Томе Сомчив, Наце Сомчив, Фана Колчева (Џикова), фамилија на Коле Јанков, Ташо Гаков, Ване Гаков, Ванка Гакова, Пеце Натив, Димо Натив, Крсте Натив, Мице Кондов, Томе Свирив, Симо Свирив, Наце Толе Брзов, Томе Стојков, К'чо Стојков, Гоче Стојков, Гацо Стојков, Ване Киселинов, Христо Кондов, Мице Ристо Димулков, Ташо Јакчулив, Доне Пецив, Наце Пецив, Коле Мингов.

Дел од останатите чеганци се иселени во село Острово, Сорвичово, Сотир, Воден, Оризари (под Воден) Солун, Атина и Пиреа.

***Селото остана во спомените без можност да се врати човек, да ги обнови

спомените од детството, повторно да се напие вода од ладните чегански чешми и извори, да прошета низ Пиперица, Карабунар, Поплазов Камен или есенско време под Костените да навали оган и да свари костени во шутаре, или во некоја поголема конзерва, да набере ореви од оние, капените преку ноќта... на пролет, кога цела планина се буди, да ги виде стадата каде пасат, каде се стрижат овци и кози, каде се молзат со десетици ведра млеко... да касне потквас од овчо млеко, бачилско сирење, маштеница и што ли уште не. Сe тоа со ништо незагадено, надвор од секаква цивилизација, колку диво, толку и питомо, понекогаш по цели денови осамен со стадото, едвам да сретнеш човек со кого да прозбориш. При тие средби, луѓето се прашуваа еден со друг: "Кажи некоја лага, што има ново во селото#. Некогаш како "нова лага# ќе беше ако некој каже дека на тој и тој, волкот

Page 43: Моите сеќавања за Чеган и с

му изел овца или коза. Други цивилизациски оптоварувања и да немаше. Понекогаш, тој мир ни го нарушуваа нашите душмани, забранувајќи да го говориме нашиот мајчин јазик.

Тоа беше време на почеток на крајот на нашето село кое во 1985-90 беше преселено во Габиро, а во старото село останаа две-три семејства.