Подготови се за интервју за работа

12

Click here to load reader

Transcript of Подготови се за интервју за работа

Page 1: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

1

Подготови се за интервју за работа

Доброто CV, одличниот пристап за време на телефонскиот разговор и позитивната стратегија при барање работа ќе ве доведе до неизбежното (а толку посакувано) интервју за работа. Интервјуто е разговор помеѓу кандидатот за работа и интервјуерот каде оној кој ве интервјуира преку прашања ќе се обиде да процени колку кандидатот е соодветен за работното место. Тоа е двонасочен процес во кој оној кој ве интервјуира ќе ги вреднува одговорите на кандидатот и начинот на неговото однесување. За време на интервјуто, оној кој ве интервјуира ќе се труди да дознае повеќе за вашето образование и вашите квалификации за работното место, претходното работно искуство, како го поминувате слободното време, кои се вашите желби и амбиции за во иднина. Од друга страна, ова за вас е можност да дознаете повеќе за работното место и за организацијата. Интервјуто вообичаено трае 30 – 40 минути и за него треба добро да се подготвите, со цел удобно да се чувствувате и да оставите добар впечаток.

ПОДГОТВЕТЕ ГИ И ПОНЕСЕТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ

Утрото или денот пред интервјуто, грижливо подгответе ги сите документи што можат да ви бидат побарани од одговорниот за вработување:

- дипломи што се спомнати во вашето CV;

- препораки;

- CV;

- уверенија и дозволи.

ИЗБЕРЕТЕ СООДВЕТНА ОБЛЕКА

Општо гледано, играјте на скромност и природност: костум и вратоврска за мажите, костум (палто и здолниште) за жените. Облеката многу кажува за кандидатот и за тоа како тој би се вклопил во фирмата. Еве неколку генерални совети во врска со облекувањето и изгледот кои би ви користеле во подготовката на интервјуто:

- уредна, чиста и испеглана облека;

- умерено користење на дезодоранс или парфем и шминка;

- да не се претерува со дополнителни детали (накит, марами, капи и сл. тоа би било контрапродуктивно);

Меѓутоа, вашата облека треба да се прилагоди и на работното место за коешто се пријавувате. Така, ако се работи за мануелна работа, костумот не е неизоставно потребен.

Бидете точни, пристигнете на време на интервјуто!

Организирајте се да стигнете десетина минути пред одржувањето на интервјуто.

Контролирајте го однесувањето

Кога одговорниот за вработување ве поздравува, вашето поздравување нека биде одлучно, гледајте го во очи и бидете насмеани. За време на интервјуто, држете се исправено, обидете се да не ја менувате премногу често позицијата на седење и постојано имајте отворено држење (избегнувајте скрстени раце или нозе). Внимавајте на усното изразување. Не прекинувајте го соговорникот.

ВИДОВИ ИНТЕРВЈУ

- Едноставно интервју: вашиот соговорник разговара со вас од 30-40 мин.

- Интервју со комисија: сами сте наспроти 3 или 4 лица.

Page 2: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

2

- Интервју во движење: ви се предлага да бидете напоредно претставени на разни членови на

претпријатието.

Групно интервју:

Оваа техника се состои во обединување на една иста маса на повеќе кандидати за исто работно место, барајќи од нив да размислат за воспоставување на одреден проект или за одреден практичен случај. Овој тип на интервју најчесто се користи за откривање на раководните способности на кандидатот и се применува доколку се бара менаџер, или лице што ќе работи со јавноста. Во ова интервју кандидатите се наведуваат на дискусија, а таа дискусија, како и темата на дискусија, ја започнува лицето што го води интервјуто. Целта на ова интервју е да се оцени комуникативноста на кандидатот, секако покрај неговото знаење и работните вештини кои ги поседува.

Освен оваа поделба интервјуата можат да бидат:

Бихевиористичко, кое е базирано на идејата дека досегашното однесување е најдобар индикатор за однесувањето во иднина. Работодавачот го проучува однесувањето на кандидатот и на тој начин оценува дали тој одговара за тоа работно место. Прашањата се така дизајнирани, за со нив да се добијат информации за дотогашното однесување на кандидатот.

На сите кандидати им се поставуваат истите прашања. На овој вид на интервју се поставуваат прашања од типот: „Што би направил доколку се најдеш во следнава ситуација: Имаш на располагања малку време, а треба да завршиш неколку битни работи?“

Стресно интервју, преставува осмислен обид, со кој се гледа како реагира кандидатот во одредена ситуација. Лицето што го врши интервјуто може да биде саркастично, или пак да бара премногу докази за кажаното, или, пак може да го остави кандидатот да чека предолго. Вакви и слични работи треба да се очекуваат на едно вакво интервју и затоа овие работи не треба да се примаат премногу лично. На поставените прашања треба да се одговара смирено и релаксирано. Не треба да се брза со одговорот на поставените прашања, и притоа пожелно е да се праша дали треба да се дообјаснуваат одговорите или се бараат кратки и прецизни одговори. Лицето што го води интервјуто може да ги поставува прашањата на одреден временски интервал со цел да ја провери самоконтролата на кандидатот.

Тек на интервјуто

Интервјуто може да претставува потешкотија доколку кандидатот не знае што да очекува. Секое интервју се одвива по некој редослед;

- пет минути: воведен говор;

- петнаесет минути: оној кој го врши интервјуто поставува прашања;

- пет минути: кандидатот поставува прашања (доколку има);

- пет минути: завршеток на интервјуто.

Интервјуто започнува со самото пристигнување во просторијата за интервју. Првите минути најчесто го даваат тонот на целокупниот натамошен тек на интервјуто. Доколку кандидатот остави добар впечаток и одржува релаксирана атмосфера, најверојатно дека и останатиот дел од интервјуто ќе помине во ред.

Еве неколку совети кои може да ви помогнат интервјуто да се одвива во саканата насока:

- благодарност до комисијата или до лицето кое го води интервјуто,

- искрена насмевка,

- кандидатот треба сам да се претстави. Не треба да се очекува дека оној кој го врши интервјуто го знае името и презимето на кандидатот,

- додека не му се каже на кандидатот да седне, потребно е да стои,

- кандидатот би требало да очекува воведен говор (не секогаш) за општи теми: време, спорт, општо политичка состојба и сл.

Page 3: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

3

- кандидатот треба да одговара со едноставни, јасни и кратки реченици, со самоуверен тон. Можно е кандидатот да има одлични одговори на сите прашања, но доколку не е убедлив во говорот, комисијата (или оној кој го прави интервјуто) може да не верува во се што е одговорено.

Прашања коишто може да ви бидат поставени:

• Што знаете за дејноста на нашето претпријатие?

• Зошто сакате да бидете дел од него?

• Имате ли потребно искуство за тоа место?

• Кое искуство најмногу влијаело на вашата кариера?

• Кои биле најголемите ваши успеси?

• Сакате ли да работите во група?

• Сакате ли да имате одговорности?

• Што мислите за хиерархијата?

• Како мислите да придонесете за нашево претпријатие?

• Дали сте флексибилни?

• Која е вашата професионална цел на краток и среден рок?

• Какви се вашите очекувања во поглед на платата?

• Која ви е најголема мана; најголем квалитет?

• Семејна состојба?

• Опишете ми како би изгледал еден ваш работен ден?

• Дали имате хоби и дали рекреирате?

• Која книга неодамна сте ја прочитале?

Прашања што вие можете да ги поставите на интервјуто за вработување

• главните задачи што ќе треба да ги извршувате;

• средствата со кои располага носителот на тоа работно место;

• вашиот понатамошен личен развој;

• внатрешната обука што ја спроведува фирмата;

• мобилноста во фирмата;

• платата (на крајот од интервјуто).

5 видови на пристап при интервјуриање

Секое интервју за работа може да се смести во еден од петте видови на пристап, во зависност од човекот кој ве интервјуира. А кога го познавате непријателот, тогаш битките се многу полесни.

1. Најдобар пријател - Доколку оној што ве интервјуира се однесува како да сте најдобри пријатели кои

се знаат цел живот, тоа е знак да му пристапите на процесот опуштено. Сепак, не се опуштајте премногу, зашто на крајот на краиштата, тој што е спроти вас веќе има работа!

2. Испитувач - Ако се најдете спроти некој што ви поставува прашања без да земе здив и на моменти се

почувствувате како во секој момент да ќе ви впери ламба во лицето, не грижете се. Овие луѓе не ги сакаат несуштествените разговори, па затоа одговорете ги прашањата и не се чувствувајте лошо доколку не добиете

Page 4: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

4

реакција. Исто така, не се поставувајте дефанзивно доколку сите обиди за неврзан муабет ви пропаднат. Едноставно некои луѓе се фокусирани само на работата.

3. Непристоен - Постои шанса да се најдете лице в лице со некој што ќе започне да ви раскажува

приказни за кои мислите дека се премногу интимни, ќе кажува непристојни или расистички шеги итн. Во овој случај, не се препуштајте на моментот. Бидете си тоа што сте. Имајте на ум дека постои шанса тој тоа да го прави намерно, за да ве тестира.

4. Искрен - Овој тип на човек што врши интервјуа за работа е потполна спротивност на најдобриот

пријател. Тој нема да ви зборува со пријатен тон, нема да ви се смешка и ќе биде сосема искрен, без да се грижи за вашите чувства. Не дозволувајте искреноста да ви ја наруши самодовербата или концентрацијата.

5. Робот - Изразот на лицето на некои луѓе никогаш не се менува. Ако налетате на таков човек, попусто ќе

се обидувате да допрете до него. Тој ќе си остане истиот робот без ираз на лицето, а единствено што можете да направите со обидите е да се изнервирате. Одговорете ги сите прашања и заминете си.

Совети при интервју за работа

Интервјуто за работа треба да се сфати доста сериозно, но тоа не значи дека треба да бидеме подложени на стресови. Колку и да ни е потребна работата, не треба да заборавиме дека треба да бидеме опуштени, природни и пред се внимателни.

КОЛКУ Е ПЛАТАТА? Некои луѓе ова прашање го поставуваат уште пред официјално да започне интервјуто. Со овој потег вие на работодавецот му давате до знаење дека тука сте само поради парите, што до некаде е точно, но треба да се добие впечаток дека ќе уживате во вашето “идно“ работно место.

СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА ВАШАТА ФИРМА? Секој кандидат за работа мора претходно да има познанства за фирмата во која што аплицира. Штом ова не ви е јасно тогаш ни самите не занете што барате на интервјуто. Не е губење на време доколку пребарате нешто на интернет во врска со компанијата.

НЕ КОРИСТЕТЕ СЛЕНГ ИЛИ УЛИЧНИ ФРАЗИ ЗА ВРЕМЕ НА ИНТЕРВЈУТО. Интервјуто за работа не претставува пиење на кафе со пријателите. Тоа е формален разговор и се препорачува да се користи чист и литературен јазик.

ДАЛИ ВРАБОТЕНИТЕ ИМААТ ОДРЕДЕНИ БЕНЕФИЦИИ КАКО ОДМОРИ, БОНУСИ И СЛИЧНО? Секој работодавач сака да вработи помалку себични и одговорни луѓе, така што првиот впечаток што треба да се остави е тоа дека вие сте тие што можете да направите нешто за компанијата, а не тие за вас.

БЕЗ ПЦУЕЊЕ! Бидејќи нема да ја добиете работата.

БЕЗ СТЕРЕОТИПИ! Внимавајте во текот на интервјуто да не навредите некого поради неговата етничка припадност, пол или сексуална определба.

НЕМОЈТЕ ДА ГИ КРИТИКУВАТЕ КОЛЕГИТЕ. Внимавајте кога треба да одговорите на некое прашање поврзано со вашите идни колеги. Навредувањето и оговарањето на колегите само ќе ви одземат од поените, а газдата ќе добие впечаток дека кога еден ден би ја напуштиле неговата фирма ќе го оговарате и него.

АКО ВЕ ЗАПРАШААТ ДАЛИ ИМАТЕ НЕКОЕ ПРАШАЊЕ, НЕ ВЕЛЕТЕ „НЕ“. Доколку одговорите негативно, тоа значи дека не сте заинтересирани за фирмата и работното место. А исто така и дека не сте многу паметни. Потрудете се да прашате нешто во врска со плановите на фирмата, нивните очекувања во следните години, проекти и сл.

НЕ ИМ ГО ПРЕРАСКАЖУВАЈТЕ ВАШИОТ ЖИВОТ. Секако дека ќе ве прашаат каде сте учеле, што сте учеле и што сте работеле, но внимавајте да се држите до тие одговори. Избегнувајте да им кажувате работи од вашиот приватен живот. Верувајте, не ги интересира.

Page 5: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

5

Успешно интервју за работа

Одлуката за вашето вработување, работодавецот ќе ја донесе во првите 15 минути разговор со вас. Прочитајте каде најмногу грешите? Припазете на постапките и на грешките кои можете не намерно да ги направите поради желбата да оставите што подобар впечаток. Еве кои грешки се најчести:

“ЗА ОВАА РАБОТА ОДАМНА СОНУВАВ”. Дури и ако тоа навистина го мислите, немојте да го кажувате на глас, бидејќи повеќето работодавци со оваа изјава нема да ја воочат вашата вистинска желба за оваа работа, туку ќе слушнат нешто што го чуле многу пати до сега. Едноставно, нема да го импресионирате. Исто така, заборавете ги фразите кои веќе станаа досадни - јас сум тимски играч, амбициозна, можам да работам и под притисок...и секако пробајте на свој начин да ги презентирате вашето знаење и способностите.

РАЗГОВОР ЗА СЛОБОДНИ ДЕНОВИ. Можеби вам ви се чини искрено ако му кажете на вашиот потенцијален шеф дека со момчето сте уплатиле крстарење следниот месец. Интервјуто за работа навистина не е добар тајминг на кое ќе разговарате во врска со користење на слободни денови(колку и да ви даде, тие слободни денови вам ви припаѓаат законски).

ИЗГЛЕДАТЕ ПРЕМНОГУ АТРАКТИВНО. Секси изгледот е најголемата грешка која можете да ја направите. Не морате да изгледате како „Грдата Бети", но високите потпетици, мини здолништето и деколтето оставете ги во плакарот.

ЗАБОРАВИВТЕ ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ МОБИЛНИОТ. Неочекуваниот повик или смс пораката можат во истата секунда да ги уништат вашите шанси за работа. Имајте на ум дека пред да влезете во канцеларијата на вашиот потенцијален шеф, нема ништо да ве предупреди дека треба да го исклучите мобилниот. На тоа морате да мислите сами. Инаку било каков пропуст, може лесно да ве исфрли од листата на кандидатите кои се влезени во потесниот круг.

ЗАДОЦНИВТЕ. Воопшто не е важна причината. Нема оправдана причина поради која смеете да задоцните на интервјуто за работа! Ви се расипала колата, автобусот доцнел, сте го свиткале зглобот, а ни фирмата не сте можеле лесно да ја пронајдете. Работодавците знаат за што точно се работи, бидејќи не е прв пат да слушаат вакви приказни. Ако не ви е во пракса да доцните, предвидете што би можело да ви се случи и тргнете кон саканата локација малку порано. Не е страшно ако почекате пред зграда или се прошетате во околината ако порано пристигнете.

Како на интервју за работа?

Невербалната комуникација е значаен дел од животот и мора да знаете како да ја користите во различни ситуации. За почеток ви даваме неколку совети како да ја применувате за време на интервју за работа.

НАСМЕВКА И ЦВРСТО РАКУВАЊЕ. На почетокот на интервју за работа “ставете“ насмевка на лицетo и ракувајте се гледајќи го соговорникот право во очи, а стисокот на раката нека биде силен, но не премногу. Не е препорачливо да “зјапате“ во очите, носот и устата на соговорникот. Покажете ентузијазам заради тоа што се наоѓате баш во таа компанија. Добар контакт покажува почитување и интерес.

БИДЕТЕ ЕНЕРГИЧНИ. Колку повеќе енергија покажете, толку ќе бидете поинтересни. Но, секако треба да разликувате нервоза од задоволство. Не е препорачливо за време на разговорот да го допирате лицето, устата, носот или ушите.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПРЕКРСТЕНИ НОЗЕ. Немојте да ги ставате нозете една преку друга. Овој став креира “ѕид“ измеѓу вас и соговорникот. Исто така, избегавајте прекрстување на рацете и прстите, затоа што на тој начин оставате впечаток дека ви е досадно и не сте

заинтересирани за тематиката на која се разговара.

Page 6: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

6

ИСПРАВЕНО ДРЖЕЊЕ. Повлечете ги рамениците навнатре и седнете исправено. На тој начин оставате впечаток на личност од доверба, а и на вас таквата положба ќе ви овозможи правилно дишење за да ја намалите нервозата.

Јазикот на телото на интервју за работа

Интервјуто за работа е состанок, кој може да го промени вашиот живот и да ви ја даде работата што ја посакувате. За време на тој состанок, кој трае максимум еден час, вие треба да го убедите интервјуерот дека сте најдобрата кандидатка и вистинската личност за таа работа.

На интервју за работа бидете опушени, седете исправено и воспоставете директен поглед со очите.

ИСТРАЖУВАЊАТА ПОКАЖУВААТ ДЕКА ПРВИОТ ВПЕЧАТОК, КОЈ ГО ОСТАВАТЕ НА ИНТЕРВЈУТО, СЕ ФОРМИРА 7% ОД ТОА ШТО ГО ЗБОРУВАТЕ, 38% ОД ТОНОТ НА ГЛАСОТ И 55% ОД ЈАЗИКОТ НА ВАШЕТО ТЕЛО. Затоа, освен тоа што треба да ги припремите одговорите на најчестите прашања, треба да знаете и какви сигнали треба да испраќа вашето тело.

ПОЛОЖБАТА НА ТЕЛОТО.

На почетокот на интервјуто, кога ќе ви понудат да седнете, СЕДЕТЕ ИСПРАВЕНО, но не треба да изгледате како здрвени. Така ќе изгледа дека сте уверени во себе и дека ви е удобно.

Доколку треба да почекате во салата да дојде интервјуерот, бидете смирени и опуштени. Не шетајте нервозно низ салата, а седнете опуштено без да покажувате знаци на нервоза. Додека трае интервјуто не седете подгрбавени, затоа што тоа е знак на недостаток на самодоверба. Ако седете премногу опуштени, со свиени рамена, покажувате дека немате многу енергија и не внимавате на вашето однесување. Седењето на работ на столот и постојаното тресење со ногата, може да ја издаде вашата напнатост и нервоза.

ОПУШТЕТЕ СЕ И НАКЛОНЕТЕ СЕ КОН ЛИЦЕТО КОЕ ВЕ ИНТЕРВЈУИРА ЗА 10 СТЕПЕНИ. Тоа ќе му даде сигнал дека сте заинтересирани и дека активно внимавате на с што тој или таа ви зборува. Ако се потпрете назад на столот, тоа кажува дека премногу сте опуштени, а ако се наклоните на едната страна, може да испратите знак дека не се чувствувате удобно во присуството на интервјуерот.

Положбата на главата е исто така важна. Доколку ви е наклонета главата на едната страна, тоа се толкува дека сте отворена и пријателски расположена личност. Ако ја држите главата исправена, покажувате авторитет и самодоверба.

РАЦЕТЕ

Во никој случај не ги ставајте лактите на масата пред вас за да си ја потпирате главата. Оваа поза е забранета како на интервју, така и на секакви бизнис состаноци. Не ги ставајте рацете ни под масата, затоа што така изгледа како да криете нешто.

ДРЖЕТЕ ГИ НАСТРАНА РАЦЕТЕ ОД ВАШЕТО ЛИЦЕ. Експертите за невербална комуникација сметаат дека допирањето на носот или усните, за време на интервју, значи дека кандидатот лаже. Исто така не треба да го допирате вратот, затоа што тоа е сигнал на непрофесионално и напнато однесување.

Прекрстени раце преку градите значат затворено и заштитничко однесување. Мафтањето на рацете наоколу значи несигурност и недостаток на професионализам. Колку помалку ги движите рацете, толку посигурни изгледате.

Page 7: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

7

НАЈДОБРО Е ДА ГИ ДРЖЕТЕ РАЦЕТЕ ОПУШТЕНИ ВО СКУТОТ ИЛИ НА МАСАТА. Контролирајте ги рацете, за да изгледа дека знаете што правите со нив.

ПОГЛЕДОТ

ДИРЕКТНИОТ КОНТАКТ СО ОЧИТЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН НА ИНТЕРВЈУ. Ако не го воспоставите, лицето кое ве интервјуира ќе се чувствува дека не може да се поврзе со вас. Контактот со очите треба да е позитивен знак на телото, но ако не се употребува како што треба лесно може да има и негативен ефект.

Кога интервјуерот ви зборува и вие сакате да изгледа дека активно слушате, потребно е да воспоставите директен контакт со очите и да го одржувате. Нема да изгледа дека зјапате, ако трепкате на нормални интервали и ако кимате со главата од време на време.

Експертите за невербална комуникација советуваат, кога вие зборувате, да одржувате контакт со очите на интервјуерот 10 секунди, потоа кратко да погледнете на страна и повторно да го воспоставите контактот. Најчесто оној што слуша треба да одржува директен контакт со очите подолго време, отколку тој што зборува, кој треба за кратко да го прекинува тој контакт.

НЕ ГЛЕДАЈТЕ НАДОЛУ, тоа е знак дека не сте искрени или дека немате доволно самодоверба во тоа што го зборувате. Покажете го вашиот ентузијазам со тоа што ќе имате заинтересиран изглед на лицето.

ВНИМАВАЈТЕ НА ЈАЗИКОТ НА ТЕЛОТО НА ИНТЕРВЈУЕРОТ

Знаците на телото на интевјуерот може да ви покажат дали сте го привлекле неговото внимание.

Кога сте на интервју потребно е да сте многу активни т.е. да внимавате на сè. Јазикот на телото на интервјуерот е уште една ваша обврска. Внимавајте какви сигнали ви испраќа тој и прилагодете се на нив.

Ако тој покажува знаци на здодевност (потпрена глава, загуба на директниот контакт со очите), потребно е да одговарате на прашањата покомпактно, за да ја придобиете одново неговата заинтересираност.

Кога интервјуерот ги скрстува рацете или се навалува наназад, тоа значи дека не се чувствува удобно. Можеби вие сте премногу наклонети кон него и му навлегувате во личното пространство. Ако нема помеѓу вас маса, која ќе создава доволно простор меѓу вас, тогаш одржувајте растојание од околу еден метар, за интервјуерот и вие да се чувствувате удобно.

Невербалната комуникација е многу важна на интервју за работа. Затоа, вежбајте се пред огледало. Така сами ќе можете да ги забележите грешките кои ги правите и полека ќе научите како да ги избегнувате. Овие совети ќе ви помогнат да изгледате професионално, самоуверено и да бидете совршен кандидат, за работата која ја посакувате.

Page 8: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

8

Интервју за работа – од А до Ш

ШТО ПРЕТСТАВУВА ИНТЕРВЈУТО? Идејата на интервјуто е вие да се најдете лице во лице со потенцијалниот работодавец. Тој ќе ви зададе серија од прашања, ќе ви даде можност да се „продадете“ преку одговорите на тие прашања и на крајот ќе ви остави простор и вие да поставите свои прашања.

ШТО СЕ ОЧЕКУВА ОД ВАС? На интервјуто ќе ви бидат поставени прашања поврзани со позицијата и компанијата за која кандидирате. Преку нив личноста која ве интервјуира сака да провери дали сте си ја завршиле домашната работа т.е. дали сте направиле истражување за компанијата, за сферата во која функционира и задачите кои се очекува да ги исполнувате.

Второ, може да ви постават конкретни прашања за тоа како би се справиле во одредена ситуација. И трето, од вас се очекува да поставите некои прашања, за да го покажете вашиот интерес кон компанијата и кон работното место за кое кандидирате.

КОИ СЕ ТИПИЧНИТЕ ЕТАПИ НА ИНТЕРВЈУТО? Првата етапа на интервјуто е т.н. кршење на мразот. Вие ќе влезете, ќе сретнете некој на рецепција и ќе ве однесат кај лицето кое ќе го спроведува интервјуто. Кога ќе се сретнете со него, тој ќе ви постави лесни прашања за тоа како сте, како патувавте до компанијата и сл., за да ви даде можност да се опуштите.

Потоа целиот процес на интервјуто станува поформален. Ако интервјуерот е поискусен, тој може да ви ги посочи етапите на интервјуто, за да знаете што да очекувате и да не бидете толку напрегнати. Најчесто последната етапа на интервјуто ги вклучува вашите прашања.

КАКВА ОБЛЕКА ДА ИЗБЕРЕТЕ? Најголем дел од времето пред интервју, луѓето го поминуваат со мислата што да облечат. И со право го прават тоа, затоа што првиот впечаток е многу важен.

Облеката која ќе ја изберете зависи од компанијата за која ќе кандидирате. Ако тоа е голема формална компанија како банка, ќе треба да изберете поофицијална облека, а ако кандидирате за помала компанија или во ИТ секторот може да изберете посекојдневна облека.

Не е лоша идеја, кога ќе ви се јават да ве поканат за интервју, да прашате каков е дрес кодот на компанијата.

КОГА ДА ПРИСТИГНЕТЕ? Вообичаено луѓето се превозбудени кога одат на интервју и пристигнуваат многу порано за да остават добар впечаток. Но, не треба да го правите тоа. Треба да отидете на местото каде ќе биде интервјуто максимум 10 минути порано.

Друго правило кое треба да го почитувате е никогаш да не доцните. Проучете каде се наоѓа компанијата и правилно проценете колку време ќе ви одземе да стигнете до таму.

КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ? Многу луѓе би ве посоветувале да не бидете премногу сериозни, но не е убаво и да внесувате премногу хумор во разговорот. Сепак, тоа е интервју за работа и вие треба да се претставите како професионалец.

Другата крајност која треба да ја избегнете е да не бидете арогантни. Не бидете премногу самоуверени и не се правете паметни. Имајте почит спрема оној кој го прави интервјуто.

КОЈ Е НАЈДОБРИОТ НАЧИН ДА СЕ „ПРОДАДЕТЕ“? Најдобриот начин да се истакнете на интервју и да покажете дека сте соодветна личност за позицијата за која кандидирате е да направите свое мало истражување. Ако компанијата има своја веб страница, посетете ја или побарајте статии за компанијата. Доколку имате добри познавања за компанијата, ќе го импресионирате вашиот потенцијален работодавач.

Дознајте кој ќе го спроведува интервјуто и запомнете го неговото име. Бидете подготвени да одговорите на најчестите типични прашања за интервју. На крајот, поставете прашања со кои ќе го изразите вашиот ентузијазам.

КАКВИ ПРАШАЊА ВЕ ОЧЕКУВААТ? Освен стандардните прашања, како прашањата за вашето образование или работно искуство, не бидете изненадени ако ви бидат поставени прашања, на кои треба да посочите како сте се справиле со дадена ситуација во минатото, поврзана со работното место за кое кандидирате. На пример, како сте мотивирале тврдоглав вработен или како на претходното работно место сте се слогласувале со колегите за тимска работа.

Page 9: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

9

Може да бидете ставени да играте улога, т.е. да бидете поставени во дадена ситуација (во оддел клиенти) и да треба да покажете колку добро ќе се справите со некој проблем (лут купувач). Ќе ви бидат поставени незгодни прашања и вие треба спокојно да најдете соодветен одговор.

Многу често едно прашање води до друго кое е подлабоко. Затоа бидете подготвени.

ШТО МОЖЕТЕ ДА ПРАШАТЕ ВИЕ? Вашиот потенцијален работодавец ќе очекува од вас да му зададете многу прашања. Тие прашања треба да бидат поврзани со позицијата за која кандидирате, компанијата или сферата во која функционира.

Не се плашете да прашате како би изгледал еден ваш работен ден. Тоа прашање ќе го покаже вашиот интерес.

ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАШУВАТЕ? Некои од прашањата кои не треба да ги поставувате се: Колку платени болнични денови ми следуваат? Дали секој ден треба да доаѓам во 9 часот? До колку часот треба да работам во петок? и т.н.

Сосема ќе погрешите ако поставите прашања од овој тип. Вашиот потенцијален работодавач треба да почувствува дека може да има доверба во вас.

ДАЛИ ТРЕБА ДА СИ ЗАПИШУВАТЕ БЕЛЕШКИ? Многу често за време на интервјуто немате можност да си запишувате забелешки, но ако сакате да запишувате прашајте дали е во ред да го правите тоа. Интервјуерот најверојатно ќе ви дозволи.

Откако ќе излезете од интервјуто, запиштете сè што ви доаѓа на памет, а мислите дека би било корисно.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ЕДНО ИНТЕРВЈУ? Колку време ќе трае едно интервју зависи од позицијата за која кандидирате и компанијата. Најчесто интервјуто трае од 30 минути до еден час, за да може подобро да ве запознаат како личност.

Интервју: најчести прашања и соодветни одговори

На интервју за работа, очекувајте прашања сврзани со квалификацијата, образованието, работното искуство, но и такви за вашиот карактер. Постојат одредени прашања кои се поставуваат без разлика за каква позиција кандидирате. Поради стресот, понекогаш е тешко да се даде одговор.

Прашањата на интервју за работа најчесто се сврзани со вашата квалификација, образованието, минатото работно искуство и вашиот карактер.

Добрата вест е што можете да се подготвите за нив и ние ќе ви помогнеме. Сепак, за да покажете дека сте исклучителен кандидат, треба да одговорите не само на типичните прашања, туку и на неочекуваните.

Page 10: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

10

Најчесто поставувани прашања:

» Кажете ни накратко за себе си?

» Кои се вашите силни и слаби страни?

» Зошто ја напуштивте последната работа?

» Што знаете за нашата фирма?

» Зошто сакате да работите на оваа позиција?

» Каква плата очекувате?

» За што се интересирате, имате ли хоби?

» Зошто да ве избереме вас?

Кажете ни накратко за себе си?

Ова е најчесто поставуваното прашање на интервју за работа. Поради тоа што е толку општо, многу е тешко да го најдете правилниот одговор. Затоа, подгответе си предвреме краток текст во кој ќе се фокусирате врз:

• вашите најголеми постигнувања на претходната работа или во образованието;

• начините на кои што ќе придонесете за компанијата, од позицијата за која што кандидирате.

Кои се вашите силни и слаби страни?

Ова прашање воопшто не е пријатно, особено ако сте срамежлива личност. Со него вашиот потенцијален работодавач цели да разбере дали вие можете да бидете самокритични.

Не влегувајте во замка со набројувањето на цел список силни страни и само 1-2 слабости. Не треба да бидете премногу скромни, но не треба ни да претерувате со фалби. Набројте неколку силни страни како трудољубива, точна и одговорна.

Кога станува збор за слабите страни, малку станува потешко, затоа што не би сакале да им посочите зошто не треба да ве вработат. Изберете такви слаби страни, кои нема да ви одземат од поените. На пример кажете дека сте голема перфекциониста или дека премногу се залагате за работата и понекогаш тоа резултира со поголем стрес.

Зошто ја напуштивте последната работа?

Не паничете и внимавајте со одговорот на ова прашање. Во никој случај не започнувајте да кажувате лоши работи за претходниот работодавач или за колегите. Ако го направите тоа, оставате лош впечаток. Бидете искрени.

Ако ве отпуштиле- бидете искрени, но не навлегувајте во детали. Не се оправдувајте и објаснете што се научиле од тоа искуство и истакнете дека тоа ве направило поголем професионалец.

Ако самостојно сте напуштиле, можете да кажете дека претходната работа не била доволен предизвик за вас или дека сте подготвени да одите на следната скала од вашиот професионален развиток, а точно тоа работно место ќе ви го осигури тоа.

Што знаете за нашата фирма?

Не си дозволувајте да одите на интервју, без да сте подготвени за одговорот на ова прашање. Побарајте информација за фирмата пред да се јавите на интервјуто. Ако фирмата има свој сајт, можете подробно да се запознаете со нејзините цели, репутација, партнери, проблеми и сл.

Со вашиот одговор треба да го убедите интервјуерот дека се интересирате од точно таа позиција, во точно таа фирма и дека не ви е сеедно каде ќе работите. Барањето информација нема да ви одземе многу време, а вие ќе избегнете да се чувствувате неудобно кога ќе ви го постават ова прашање.

Page 11: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

11

Зошто сакате да работите на оваа позиција?

Немојте да започнувате со филозофски приказни дека тоа е работата од вашите соништа и дека би направиле сè да ја добиете. Наместо тоа, објаснете дека сте силни во таа област и дека сакате да се развивате во таа сфера на дејност.

Каква плата очекувате?

Не се обидувајте да го избегнете одговорот на ова прашање. Секој треба да си стави своја цена. Не кажувајте премногу ниска плата со цел да не изгледате преценети, затоа што потоа тешко ќе можете да си издејствувате повисока плата.

Направете свое мало истражување на пазарот, за да дознаете горе-долу како се движат платите, за позицијата за која кандидирате.

За што се интересирате, имате ли хоби?

Со одговорот на ова прашање треба да покажете дека сте сестрана личност, која се интересира од многу работи. Можете да споменете некој научен интерес надвор од вашата област, но ако зборувате само за сериозни работи, може да изгледа дека е пресилено и дека лажете.

Посочете што правите после работа како читање книги, гледање филмови, омиленото хоби или спорт и сл.

Зошто да ве избереме вас?

Треба да го убедите потенцијалниот работодавач дека нема друг посоодветен кандидат од вас. Ако имате работно искуство, посочете ги способностите и искуството кои сте ги придобиле на претходната работа како силни страни.

Доколку ова ви е прва потенцијана работа, посочете дека сте млада кандидатка која може да донесе нови, свежи идеи и која има енергија да се справи со секакви ситуации и работа под стрес.

5 знаци дека имавте успешно интервју

Прочитавте многу совети како да се претставите на интервјуто за работа, како да се облечете, што да кажете, како да одговорите на незгодните прашања, отидовте на интервјуто и сега не знаете на што сте. Во главата постојано поминувате пак и пак низ целото интервју и си ги барате грешките.

Второто интервју или запознавањето со тимот, се добар знак дека се претставивте одлично на интервјуто.

Како да знаете дали поминавте добро или дали повторно ќе добиете повик со кој ќе ве одбијат? Еве неколку знаци кои ќе ви потврдат дека се претставивте добро:

1. Второ интервју. Ако веднаш ве поканат да отидете на второ интервју, тоа е знак дека се заинтересирани за вас. Доколку не беше така, најверојатно ќе ве известеа дека ќе контактираат со вас за да ве информираат за нивната одлука.

2. Запознавање со тимот. Добар знак е ако оној што го спроведува интервјуто, уште веднаш ве запознае со некои вработени или ако ви спомене дека би сакал да ве запознае со некои конкретни луѓе. Ако смета дека не сте соодветна за таа позиција, нема воопшто да се реши на таков чекор. Запомнете дека тој може да побара мислење од тимот, па затоа однесувајте се добро со сите што ќе ги запознаете.

3. Ви одговараат темелно на сите прашања. Во повеќето интервјуа ве прашуваат дали имате прашања, но ако ви одговараат кратко и незаинтересирано, тоа е знак дека не сте поминале баш најдобро. Кога личноста која ве интервјуира се обидува да одговори темелно на вашите прашања, тоа е знак дека сака да ве привлече.

Page 12: Подготови се за интервју за работа

Подготови се за интервју за работа 2010

12

4. Се обидуваат да ви ја „продадат“ позицијата за која кандидирате. Кога работодавец е заинтересиран да станете дел од неговиот тим, тој ќе ви ги посочува силните страни на позицијата за која кандидирате и на компанијата. На тој начин тој сака да добиете јасна претстава за тоа како стојат работите во компанијата и сака да ви даде до знаење дека вие сте соодветниот човек за тоа работно место.

5. Невербалната комуникација. Невербалните сигнали се добар начин за да оцените како сте поминале на интервјуто за работа. Обрнете внимание на личноста која ве интервјуира и побарајте невербални сигнали како запишување забелешки, насмевка, кимање со главата или поставување на прашања. Ако интервјуерот запишува само неколку забелешки, постојано гледа на својот часовник или не поставува детални прашања, вашето интервју не поминува како што треба.

Ако ги забележите овие знаци, можете да се опуштите и да бидете сигурни дека сте се справиле добро на интервјуто. Но, тоа не е гаранција дека работното место е ваше. Секогаш постои можност и некој друг да се претстави исто добро или подобро од вас.

Сепак, ако се присутни овие знаци, бидете сигурни дека имате шанса да ја добиете работата која ја сакате.