Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

22
Државен Универзитет ”Гоце Делчев” -Штип Факултет за туризам и бизнис логистика Гевгелија Научни дисциплини кои го Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот проучуваат туризмот Семинарска работа по предметот Основи на туристичката теорија и практика изработил Ментор

Transcript of Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Page 1: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Државен Универзитет ”Гоце Делчев” -ШтипФакултет за туризам и бизнис логистика

Гевгелија

Научни дисциплини кои го проучуваатНаучни дисциплини кои го проучуваат туризмот туризмот

Семинарска работа по предметот Основи на туристичката теорија и практика

изработил МенторПавлоски Јован Доц.Д-р Златко Јаковлев 17230

Гевгелија 2009

Page 2: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

С о д р ж и н а

стр.

1. Вовед......................................................................................3

2. Туристичка географија........................................................4

3. Економика на туризмот.......................................................6

4. Социологија на туризмот....................................................9

5. Психологија на туризмот...................................................12

6. Туристичко право................................................................13

7. Заклучок................................................................................14

8. Користена литература........................................................16

2

Page 3: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

1. Вовед1. Вовед

Проучувањето на туризмот е присутно во голем број научни дисциплини.

Интересот за проучување на овој феномен произлегува оттука што туризмот

навлегува во сите пори на општествениот живот. Карактеристично е дека

перманентно се јавуваат нови научни дисциплини, чиј предмет на проучување

е во врска со туристичкиот феномен. Така се шири научниот интерес за оваа

дејност. Некои научни дисциплини со туристички предзнак настанале порано, а

некои се јавуваат нешто подоцна, некои се нови, а треба да се очекува и во

иднина да се јават вакви дисциплини. Ние ќе се задржиме на оние кои

заслужуваат посебен интерес.

Бројни научни дисциплини во голема мера овозможуваат низ своите

специјализирани проучувања да го осветлат туризмот како единствен процес.

Концептот на проучување на туризмот како интердисциплинарен интерес, а

како единствен феномен е означен како туристички концепт. Овој концепт

подразбира согледување на туризмот како единствен феномен со интегрални и

комлексни карактеристики.

Во следното излагање се наведени научните дисциплини кои се занимаваат со

проучување на туризмот.

3

Page 4: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

2. Туристичка географија2. Туристичка географија

Туристичката географија претставува научна дисциплина која прва започнува

да го проучува туризмот. Нејзините корени датираат уште во патеписната

литература. Патеписната литература ги опишува убавите предели и на извесен

начин сугерира за патување во определени простори. Но, ваквата

авангардност во проуцувањето на туризмот произлегува од фактот дека во

овој феномен неоспорен факт е патувањето. Патувањето значи промена на

местото на живеење односно миграција.

Највоочлива и основна претпоставка на туризмот е движењето. Туризмот

започнува да се проучува како миграторна појава. По подолг временски

интервал кај бројни автори се среќава ставот дека предмет на проучување на

туристичката географија се туристичките движења.

Тоа упатува на тоа дека се работиза проучување на миграторни движења. Но

развојот на оваа дисциплина овозможува да се согледаат и други проблеми.

Имено, туризмот вогеографската средина не се сведува само на движење.

Карактеристично е дека туризмот претставува комплексен просторен елемент

кој во голема мера зависи од просторните вредности, се развива врз база на

просторните вредности, врз нив се врши и диференцијација на специфични

видови, се врши трансформација, но и други влијанија на просторот.

Според тоа, постојат повеќе комплексни и сложени односи меѓу туризмот и

географската средина, што претставува научно поле за проучување на

туристичката географија.

Врз основа на ова се темели теоретската и практичната основа на туристичко-

географско проучување. Тоа значи дека туристичката географија го истражува

овој феномен на поширока теоретска основа. Исто така, карактеристично е

дека туристичко-географските истражувања се мошне променливи. Тие се

основа при определбата за

4

Page 5: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

туристичкиот развој на некој простор, изградба на супраструктурални и

инфраструктурални објекти, уредување и опремување на определени

туристички локалитети, туристичка валоризација, туристичка промоција и

друго. Со оглед на тоа дека туристичкиот простор постојано се шири и дека се

откриваат нови просторни содржини сметаме дека во наредниот период

значењето на оваа дисциплина во проучувањето на туризмот ке биде

понагласено.

Задачата, пак на туристичката географија е да ги проучува фаторите кои

влијаат на масовноста, правците и структурата на туристичките движења,

потоа да ги проучува елементите и мотивите на туристичките движења,

видовите на туристички места како и просторната разместеност и

конецентрацијата на туристичкиот промет и неговото влијание врз просторот.

Туристичката географија се дели на општа и посебна туристичка географија.

Општата туристичка географија ги проучува просторните карактеристики и

законистости на туризмот и туристичките движења воопшто, а посебната

туристичка географија ги проучува просторните карактеристики и законитости

на туризмот и туристичките движења во одредени подрачја или држави, како

на пример во Република Македонија. Нејзин предмет на проучување е и да ги

опишува, анализира и објаснува просторните карактеристики на туризмот во

Македонија, како и правците на туристичките движења. Потоа елементите и

мотивите на туристичките движења, обемот и карактеристиките на

туристичкиот промет во Македонија.

5

Page 6: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

3. Економика на туризмот3. Економика на туризмот

Економиката на туризмот е научна дисциплина која туристичкиот феномен го

набљудува од гледна точка на неговата економска условеност, неговите

економски односи и структури и од гледна точка на економските последици кои

ги врши. Оваа дисциплина започнува да се воспоставува со првичните

сознанија дека туризмот може да биде интересна стопанска дејност. Прва

забележителна појава која побудила интерес кај економската наука се

економските импликации на туризмот.

Економиката на туризмот е дел од економската наука која ги опишува,

анализира, објаснува и доведува во врска појавите и односите во туризмот од

гледна точка на нивните економски ефекти и влијанија.

Во овој контекст внимание заслужува и ставот на С. Унковиќ : При третирањето

на туризмот како економска категорија треба да се има во предвид дека

туризмот развива бројни стопански и нестопански дејности.г1 Овие дејности се

вклучени во туристичката активност. Исто така, туризмот на директен или

индиректен начин учествува во сите стопански дејности во стопанството на

определена земја и светот во целина. Економиката на туризмот е економска

дисциплина која ја третита економската теорија на туризмот. Со неа треба

комплексно да се објаснат сложените економски односи во туризмот.

Економиката на туризмот ги дефинира, анализира и ја објаснува примената на

основните економски категории во туризмот. Таа туризмот го третира како

стопанска дејност. Според тоа, станува збор за третман на туризмот како

макро економска категорија.

Исто така треба да се нагласидека развојот на туризмот иницира бројни

стопански субјекти да се занимаваат со оваа дејност.

1. С.Унковиќ,Економика на туризмот,Современа администрација,1982 стр.1

6

Page 7: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

Тие го сочинуваат туристичкото стопанство. Секој од овие стопански субјекти

на свој начин дава придонес во развојот на туризмот. Но, во исто време

нивните деловни резултати се од приоритетна важност. Затоа не е важен само

макроекономскиот туку и микроекономскиот аспект во проучувањето на

туризмот.

Некои автори сметаат дека економиката на туризмот претставува научна

дисциплина која може да се прифати како аналогија на применливите

економски дисциплини од грански карактер. Такви се аграрната економика,

економиката на сообраќајот, индустриската економика, акономиската на

угостителството и сл. Меѓутоа, треба да се има во предвид дека туризмот не

претставува гранка на стопанисување туку тоа е во економска смисла област

која ја сочинуваат бројни стопански и нестопански гранки. Економиката на

туризмот ги проучува факторите, елементите и функциите на туризмот на

макро и микро економски план. Но, освен тоа економското проучување на

туризмот подразбира научно толкување на одделни гранки или сегменти на

овој феномен како стопанска дејност. Во тој контекс треба да се прифатат

проучувањата какви што се веќе спомнатите економика на угостителство и

сообраќај, економика на трговијата, меѓународните економски односи,

маркетингот во туризмот, туристичко-агенциското работење, хотелиерството,

ресторанството, туристичката промоција и други научни дисциплини.

Економиката на угостителството ја проучува економската структура на

угостителството т.е. производните сили и производните односи како и

економските принципи при работењето. Или поконкретно кажано економиката

на угостителството ги проучува обемот, структурата и динамиката на

основните ( постојаните ) и обртните средства, обемот, структурата и

динамиката на работната сила ( вработените ), обемот,

7

Page 8: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

структурата и динамиката на остварениот промет во натурални и вредносни

показатели, обемот, структурата и динамиката на трошоците,

општествениот производ, националниот доход, акумулацијата, амортизацијата,

позитивниот финансиски резултат ( добивката, односно загубата ), личните

доходи, движењето и продуктивноста, економичноста и рентабилноста и

слично.

8

Page 9: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

4. Социологија на туризмот4. Социологија на туризмот

Социологијата како наука на глобалното општество настојува :

- да го проучува општеството како севкупност на сложени човелчки односи

засновани врз поврзаноста на луѓето во процесот на происводство на

материјалните услови на нивната егзистенција

- да ги утврдува главните карактеристики на општеството како целина и

законитостите на неговото движење

- да утврди како е организирано и како функционира општеството, како целина

- да го утврдува она што е општо и заедничко кај сите општествени појави

- да се утврдат односите и врските помеѓу различните општествени појави во

глобалното општество

Социологијата на туризмот го проучува туризмот како општествен феномен.

Оваа дисциплина своите првични интереси за туристичката дејност ги

пројавува во оној момент кога туризмот се јавува како масовна појава.

Социологијата на туризмот треба да ги проучува позитивните и негативните

дејства кои ги создава туризмот.

Таа треба да ги проучува дејствата на пертурбации и пенетрации кои

доведуваат до нови општествени елементи на интеграција како туристичкиот

производ.

Содржините кои се предмет на обработка се научно засновани, што значи,

изнесените ставови, констатации, аргументи и други факти се поткрепени со

релевантни сознанија од домашната и пошироката научна јавност

Од методолошки аспект се обработуваат и анализираат појавите и процесите

на начин кој ќе овозможи да се зацрвстат ставовите дека социологијата на

туризмот не е само апстрактна наука, обременета со академизам и

затвореност, туку наука која го води човекот кон спознавање

9

Page 10: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

на најсуштествените општествени појави. Така се сфаќа комплексноста на

општеството во целина, се сфаќа општествената улога на струката,

професијата и научната област што се изучува но и да се најдат себеси како

индивидуи во сложените односи на меѓусебна поврзаност и условеност во

општеството. Содржините се обработуваат на начин и во обем што ќе

поттикнува интерактивен однос и дава простор за креативен пристап во

реализирањето на програмата на тие што ја проучуваат.

За М. Ф. Ланфант социологот треба да биде вистински терапевт кога станува

збор за општествените проблеми. Тој треба да ги анализира искуствата на

популацијата како го минала одморот за да го подигне процентот на одење на

одмор во рамките на демократизацијата на безделничењето. Исто така, треба

да дојде до сознанија за општествените и културните влијанија на туризмот за

да може да ги интегрира во политиката на туристичкиот развој. Туризмот е

тотален општествен феномен.г2

Ѓ. Тоноски ја објаснува генетско-еволутивната заснованост на туризмот како

општествен феномен. Туризмот се појави на определен степен на

општествениот развој и со општеството воспостави релации. Како составен

дел на структурата на општеството, туризмот се вклопи во општите

општествени законитости. Различните системи од општествениот развој

влијаеја врз развојот на самиот туризам. Секој повисок степен ги збогатуваше

содржините и формите на остварување на туризмот.

Освен местото кое туризмот го има во општеството карактеристично е дека во

него се јавуваат значајни интеракциски релации кои социологијата на туризмот

треба да ги открие и научно да ги верификува. Во туризмот големо значење

имаат меѓусебните односи на туристите, односите на туристите со давателите

на услуги, односите на туристите и рецепиентното население,

г2 Ибид ,стр 5

10

Page 11: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

односите на реципиентното население и другите даватели на услуги, како и

односот кај туристите, рецепиентното население и другите даватели на услуги

го имаат кон културните и рекреативните вредности во определен туристички

простор.

Наведените односи се во доменот на социолошките проучувања. Според тоа

се работи за доста широк спектар прашања од доменот на проучувањето на

социлогијата на туризмот како научна дисциплина. Исто така, од исклучителна

важност се емпириските истражувања на односите во туризмот кои имаат

општествена димензија.

11

Page 12: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

5. Психологија на туризмот5. Психологија на туризмот

Психологијата на туризмот своето значење го темели врз фактот дека во овој

феномен, во центарот на вниманието е човекот и неговите психолошки

особини. Карактеристична е условеноста на туризмот од афинитетите кои ги

поседува туристот како индивидуа до доживувањето како значаен и сеопгатен

елемент на задоволувањето на туристичката потреба. Туристот како

индивидуа чувствува потреба за туристичко движење, врши избор на местото

кое ќе му овозможи да ја задоволи туристичката потреба, реагира во врска со

делувањето на потребата и начинот на нејзиното разрешување, а во односите

со давателите на услуги ги изразува карактеристиките на личноста.

Туристичката пропаганда е насочена кон индивидуата, така што таа во

туристичкото движење се определува поттикната од добиените информации за

местото, времето и можностите. Б. Бунташески туризмот го гледа низ призма

на тоа дека се работи за специфична активност со чија помош човекот ги

унапредува особините на човечност и хуманост, било во меѓучовечките

односи, било во односите спрема природата и светот воопшто. Туризмот

придонесува во процесот на социјализација на човековата личност.

‘‘Психологијата на туризмот посебно внимание им посветува на потребите,

желбите и можностите на човекот.‘‘г3 Покрај туристите како индивидуи во

туристичкта активност се јавуваат и даватели на услуги, како и луѓето кои го

сочинуваат рецепиентното население. Според тоа, психологијата на туризмот

како применета психолошка дисциплина го проучува психолошкиот живот на

посетителите, туристичките работници и рецепиентното население. Таа го

проучува нивното поведение и психолошките појави и процеси што се јавуваат

во текот на туристичкиот престој. Во фокусот на туристичките проучувања е

човекот како фактор на туристичките движења.

г3 Б.Бунташески,Психологија на туризмот и угостителството ,1995 год,стр 38

12

Page 13: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

6. Туристичко право6. Туристичко право

Туристичкото право претставува научна дисциплина која ја проучува правната

основа и регуларноста на туризмот. Оваа научна дисциплина исто така нема

само теоретски карактер, туку е мошне применлива во одвивањето на

туристичката дејност и одвивањето на деловните односи, кои се јавуваат во

неа. Без вакви познавања туристичката дејност едноставно не може да се

одвива.

Договорите за давање туристички услуги се оние договори во кои давателот на

услугите се обврзува за надомест да им даде ( пружи ) соодветен вид

туристичка или угостителска услуга на туристи или туристички организации

( сместување, исхрана, патување ).

Договорите во областа на туризмот во нашето право се регулира со Законот за

облигациони односи, Законот за трговија, Законот за правото на временско

користење на туристички објект, Посебните узанси во угостителството и

Меѓународните конвенции кои ја регулираат областа на туризмот и

угостителството. Законот за облигациони односи разликува четири основни

именувани видови на договори во туризмот и тоа : договор за организирање на

патување, посреднички договор за патување, договор за ангажирање на

угостителски капацитети – договор за алотман и договор за угостителски

депозит. Посебните узанси во угостителството со кои се утврдени деловните

обичаи во областа на угостителските услуги ги регулираат следните договори:

Договорот за хотелски услуги, Агенцискиот договор за хотелски услуги,

Договорот за алотмани Договорот за услуги во храна и пијалоци. Законот за

правото на временско користење на туристички објекти го уредува договорот

за “ time sharing-от “ . Покрај предвидените договори во нашето право,

домашната и меѓународната туристичка практика создала и други видови

туристички договори.

13

Page 14: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

7. Заклучок7. Заклучок

Со оглед на тоа што туризмот претставува современ начин на живот

туристичките вредности постануваат негова незаобиколна компонента. Затоа

се јавува потреба од поимно согледување и дефинирање и карактеристично е

дека во туризмот се јавуваат нови вредности што имплицира потреба од

перманентно следење на туристичкиот развој. Во туристичката теорија и

практика се поставуваат разни прашања кои придонесуваат да се осмисли

развојот на туризмот. Туристичките вредности во тој контекст заземаат

посебно место. Методологијата на проучувања е широка област која

имплементира голем број на техники и форми на реализација на потребните

чекори со цел да се реализираат предвидените задачи и цели. Нејзината

примена е предмет на секоја област, вклучително и туризмот.

Проучувањето на туризмот е присутно во голем број научни дисциплини.

Интересот за проучување на овој феномен произлегува оттука што туризмот

навлегува во сите пори на општествениот живот. Карактеристично е дека

перманентно се јавуваат нови научни дисциплини, чиј предмет на проучување

е во врска со туристичкиот феномен. Така се шири научниот интерес за оваа

дејност. Некои научни дисциплини со туристички предзнак настанале порано, а

некои се јавуваат нешто подоцна, некои се нови, а треба да се очекува и во

иднина да се јават вакви дисциплини. Ние ќе се задржиме на оние кои

заслужуваат посебен интерес.

Бројни научни дисциплини во голема мера овозможуваат низ своите

специјализирани проучувања да го осветлат туризмот како единствен процес.

Концептот на проучување на туризмот како интердисциплинарен интерес, а

како единствен феномен е означен како туристички концепт. Овој концепт

14

Page 15: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

подразбира согледување на туризмот како единствен феномен со интегрални и

комлексни карактеристики.

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

Споменатите дисциплини спаѓаат во дисциплините кое се од неопходна

важност за проучување на туризмот. Но, тоа не значи дека интерес кон

туризмот не пројавуваат и други научни дисциплини. Тој е присутен и во

медицинските проучувања, во некои технички дисциплини, како на пример

архитектурата, во информатиката, во технолошките дисциплини и во други

полиња на научен интерес. Сите овие дисциплини во голема мера

овозможуваат низ своите специјализирани проучувања да го осветлат

туризмот како единствен процес, односно согледување на туризмот како

единствен феномен со интегрални и комлексни карактеристики.

15

Page 16: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот Научни дисциплини кои го проучуваат туризмот

8. 8. Користена литератураКористена литература

- Oснови на туристичка теорија и практика од Проф.Д-р Науме

Мариноски

- Cоциологија од Проф.Д-р Пере Аслимоски

- Oснови на право од Проф.Д-р Миладин Крстаноски и

Проф.Д-р Ристо Речкоски

- Tуристичка географија од Проф.Д-р Александар Стојлоски

16

Page 17: Павлоски Јован-семинарска Основи на туризмот

17