Бизнис ИНФО број 49 од 14.04.2011 година

42
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 14 април 2011 Број 49 од 14.04.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk Членка на: СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ДЕСЕТ ГОДИНИ ПОТОА КАКО И - ПРЕД ТОА Македонската асоцијација на рударството – МАР ја пофали транспарентната распределба на концесиите за деталните геолошки истражувања ТРАНСПАРЕНТНОСТА ОТВОРА НОВИ РУДНИЦИ МОЖНОСТИ Турските инвеститори ја освојуваат Македонија ТЕНДЕНЦИИ Економски аспекти на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ И КАПИТАЛОТ КАКО СЕРИИТЕ !

description

Неделен електронски бизнис весник на Стопанската комора на Македонија

Transcript of Бизнис ИНФО број 49 од 14.04.2011 година

Page 1: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 14 април 2011

Број 49 од 14.04.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

Членка на:

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПОТОА КАКО И - ПРЕД ТОА

Македонската асоцијација на рударството – МАР ја пофали транспарентната

распределба на концесиите за деталните геолошки истражувања

ТРАНСПАРЕНТНОСТА ОТВОРА НОВИ

РУДНИЦИ

МОЖНОСТИ Турските инвеститори

ја освојуваат Македонија

ТЕНДЕНЦИИ

Економски аспекти на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ

И КАПИТАЛОТ КАКО СЕРИИТЕ !

Page 2: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 14 април 2011

ЗА КВАЛИТЕТНИ ПРОИЗВОДИ НЕМА ГРАНИЦИ

Признанието го добивме од Стопанската kомора на Македонија и тоа е нашата нематеријална награда за досегашниот вложен труд и поттик за продолжување на патот на успехот. За квалитетни производи што се убаво спакувани и добро маркетиншки претставени, а се продаваат по конкурентна цена, нема граници. Македонија има склучено договори за слободна трговија

со повеќе земји и тоа треба да се искористи. Ние тоа го користиме и извезуваме н а триесетина пазари, на некои со р е д о в е н извоз, а некаде само повремено. Но, цело в р е м е р а б о т и м е

на тоа таму кај што имаме повремен извоз да направиме стабилен пазар за нас. Нашата продажба вообичаено оди за познати клиенти и практикуваме на секој пазар да имаме по еден ексклузивен увозник и дистрибутер, кој согласно со нашата деловна политика ги претставува нашите брендови. На странските пазари имаме различна застапеност, но како најдобри пазари би ги издвоил Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска, Албанија и Словачка. Регионот на Централна и Југоисточна Европа е нашиот главен пазар. И покрај нашето присуство на многу други пазари, тука е главниот фокус и за тие пазари се крои главната стратегија. Македонија со речиси сите тие земји има склучено договори за слободна трговија, што многу ни ја зголемува конкурентноста. За прехранбената, а посебно за кондиторската индустрија сметам дека најголеми ефекти можат да се добијат со промоцијата преку учество на големите светски саеми за прехрана, како и промотивните активности во електронските и пишаните медиуми на странските пазари. За овој тип промоции државата би можела да даде поголема поддршка преку кофинансирање

на саемските штандови или на производните каталози. Исто така, треба да се склучат договори за слободна трговија со Русија и сите поранешни советски републики, земјите од Блискиот Исток и северна Африка, но и Израел. Мерка што може да помогне при извозот е да се одобри државна субвенција за извезен килограм кондиторски производ, со што ќе се направи голема конкурентна предност на странските пазари. Оваа мерка многу години наназад ја практикува Турција и нивниот извоз во делот на кондиторски производи е огромен. Во делот на економската дипломатија сметам дека македонските амбасади и економските промотори треба да имаат директен контакт со фирмите извознички, да се добро запознаени со нивните производи и секогаш со себе да имаат доволен број рекламни каталози, флаери и брошури за претставување пред потенцијалните бизнис-партнери во земјите каде што се испратени да го промовираат македонскиот извоз.

(Глигор Цветанов, извршен директор

на „Макпрогрес“ од Виница)

КАПАЦИТЕТИ, ЛЕСЕН ПРЕВОЗ И ПРИВЛЕЧНА ПРИКАЗНА „ЛОВАТ“ ТУРИСТИ

Македонија не може да биде синоним само за добра храна и убава природа. За да дојдат туристите, треба да ги привлече некоја приказна, да има каде да се сместат и како да дојдат. Тоа, исто така, мора да биде дел од стратегија. Тиквешкиот регион е идеален за развој на винскиот туризам со изградба на мали винарници што ќе имаат и сместувачки капацитети, а на планините каде што има услови за изградба на в е л о с и п е д с к и патеки или развој на други екстремни спортови многу популарни во светот, може да се градат и еколошки хотели. Зад секоја понуда треба да имате приказна врзана за тоа место, која добро ќе се продаде и ќе ги натера странците да дојдат.

Неопходно брендирање на руралните региони со туристички потенцијал, кредитирање со поволни каматни стапки на инвеститори што ќе градат мали сместувачки капацитети и соработка со нискобуџетни авиокомпании, кои ќе ги донесат туристите кај нас. Стратегијата треба да биде основа од која натаму сите туристички работници ќе можат координирано да настапуваат во промоцијата на потенцијалите на нашата земја. Досега, секој работеше за себе, без никаква координација, иако развојот на селскиот туризам е од заеднички интерес и на државата и на здружението.

(Снежана Јовановска, претседател на Здружението за угостителство и туризам во Стопанската коморана Македонија)

ЗАСИЛУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕРЕЛАЦИИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И РУСИЈА

Засилување на тесните економски релации и развојот на инвестициите ќе бидат најсилниот доказ за историските пријателски врски меѓу македонскиот и рускиот народ.Она на кое денес треба да посветиме големо внимание во односите помеѓу нашите две земји е збогатувањето на тесни економски релации и отвореност на двете земји за слободно движење на луѓето и на капиталот. Мојата земја и денешната влада во која партиципира и мојата партија е широко отворена и создава најповолни услови за инвестирање во неа како ниедна друга држава на Балканот и во Европа. Оттука со право се очекува руските компании да покажат многу поголем интерес од оној што денес го имаат. Туризмот е една од областите, на која треба да се посвети поголемо внимание. Tоа е еден од најдобрите начини на зближување меѓу народите. Oчекувам Македонија и Русија да ја засилат и соработката во областа на земјоделието, преку пласман на земјоделските производи од прехранбената индустрија на рускиот пазар.

(Љубисав Иванов Ѕинго „Силекс“ од Кратово)

Покровители

ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

Page 3: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 14 април 2011

Пишува: Љубица Нури

Македонското стопанство во пазарот на ЕУ е вклучено од 1982 година врз регулаторна основа. Тоа значи дека освен 10 години на Спогодбата за асоцијација и стабилизација (ССА) , де факто, ние се приспособуваме на овој пазар 28 години. Дали сме се приспособиле? - Се` уште не, но тргуваме и срамежливо се обидуваме да започнеме со користење на фондовите на ЕУ за наша трансформација, односно приспособување.

Што не` карактеризира во приспособувањето на внатрешниот пазар на ЕУ? - Во овие 10 години, номиналната вредност на македонскиот извоз во ЕУ не надминува 2,3 милијарди САД $, без оглед на процентот на учество во вкупниот извоз на земјата. Статистиката не бележи значајнии промени во структурата на извозот во текот на изминатите години. Црната и обоената металургија, аграрот и текстилот – се сектори кои се карактеризираат со високотрудово учество, учество на природните ресурси исектори, производи во кои не инвестиравме во додадената вредност. Ретките обиди да се воведат некои нови конкурентни извозни стоки пропаднаа, поради немањето логистичка поддршка (пример, за месо од ној не се обезбеди сертифицирана кланица), а извозот на некои производи што ни се бренд не се унапредија (виното, јагнешкото месо, овошјето). За некои производи немавме доволни количини за извоз, а вишоците од одредени производи или не беа ценовно конкурентни, или не ги задоволуваа пазарните стандарди на ЕУ. Во одредени гранки се задоволивме со доработки, наместо да создаваме сопствен производ (текстил). Така, и покрај релативно позитивните движења во трговската размена на Македонија со ЕУ, сепак, недоволно ги искористивме производните расположиви потенцијали за да се искористи многу повеќе либерализацијата согласно одредбите на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Бавноста во довршувањето на институционалната поставеност на целосно функционалната пазарна економија влијае на привлекувањето на странските инвестиции од ЕУ, а посредно тоа влијае врз унапредувањето на конкурентноста на стопанството и на билатералната трговска размена. Неодамна нашиот извоз на јаболко во Тунис заврши со препродажба во Либија по половина цена, бидејќи

тунискиот увозник не можел да добие фитосанитарен сертификат дека во Македонија ја нема болеста Erwinia amylovora (Fire blight), согласно Регулативата на ЕУ. Кај нас е донесена регулатива, Законот за здравје на растенијата (2008, 2009, 2010 година и последните измени во 2011 година), формиран е Државен инспекторат за земјоделство, а од оваа година се отпочна со изработка на регистер на производители, преработувачи, увозници, извозници и дистрибутери на растенија, растителни производи и други објекти и предмети. Државниот инспекторат за земјоделство, во кој се наоѓа Секторот за фитосанитарна инспекција, оваа година отпочнува со мониторинг на штетни организми, кој треба да трае година дена и е услов за издавање на сертификатот. Тунис е дел од Евро-медитеранската унија на слободна трговија и има обврска да ја применува функционалната регулатива на ЕУ.

Процесот на апроксимација на домашното законодавство со ЕУ, кое е во тек, има свои формални достигнувања во смисла на донесување на регулативата, но секогаш не се постигнува бараната функционалност, што влијае врз нашата конкурентност на пазарот на ЕУ. Апроксимацијата или усвојувањето на ac-quis е еднакво на донесување на регулатива, односно нејзина транспозиција, функционална институција, имплементација и статистичко и друго следење. Приспособувањето е бавно и без приоритетни цели. Во извештаите за напредок, сите забелешки во сегментите каде што не сме постигнале доволен напредок, односно недоволен напредок, се резултат на недоследноста во преземањето на acquis. Во нашиот процес на апроксимација не се утврдени приоритетите и се` уште недостасува партиципација, а преку партиципацијата се информираме, преиспитуваме, се приспособуваме и придонесуваме. Приватниот сектор, како знаење и пракса може да придонесе во проценка на реалноста на изводливоста на решенијата што ги дава апроксимацијата, за да се осигури издржливоста. Регионалната интеграција е отскочна даска за ЕУ-интеграција. Затоа, ЦЕФТА 2006 е неодминлив дел од процесот на стабилизација и асоцијација, договорна обврска од ССА – алатка за наше приспособување на внатрешниот пазар на ЕУ по пат на подлабока економска интеграција на регионот и создавање на заеднички регионален пазар и производ. Постигнатата либерализација на трговијата е само еден сегмент од обврските или можностите од овој договор. Јавните набавки, конкурентноста, државната помош - се обврски од ЦЕФТА (и од ССА), на коишто регионот одговори формално правно, но нивната имплементација се` уште не е во духот на внатрешниот пазар. Инвестициите, интелектуалната сопственост, електронската трговија, царинското поврзување, треба да се уредуваат допрва.

Иако подлабоката интеграција е корпоративен феномен, различните иницијативи можат да ги охрабрат компаниите активно да побараат економски партнерства во регионот. Така, ОЕЦД и ЕК констатираа дека либерализацијата на трговијата во рамките на ЦЕФТА не се мрдна од постигнатото ниво на проста либерализација, односно дека трговијата во рамките на ЦЕФТА не преминува во фаза на подлабока интеграција, а тоа е создавање на заеднички производ. Поради досегашната ненивелираност на регионалниот пазар (постоење на паралелни пазари, а не заеднички), странските инвестиции во регионот се главно влезени во непроизводни сектори, недвижнини, трговски синџири, финансии, телекомуникации и услуги. Обемот на инвестициите во производството не се доволни за развој на регионот, не влијаат на зголемувањето на конкурентноста, на извозот и на намалувањето на трговскиот дефицит. Постојат случаи на синџири на додадена вредност меѓу индивидуалните ЦЕФТА-економии и ЕУ, но многу помалку постојат такви синџири меѓу ЦЕФТА-земјите. Компаниите се` уште не се подготвени на мултилатерален приод кон бизнисите, на што има влијание и постоењето на нетарифните бариери како последица на различни брзини на усвојување на ЕУ-регулативи, стандарди со различни приоритети.

АНАЛИЗИ Економски аспекти на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПОТОА КАКО И - ПРЕД ТОА

Page 4: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 14 април 2011

Доколку овој процес и понатаму одминува спонтано, економиите на ЦЕФТА се изложуваат на опасност да си ги затворат пазарите едни

на други, по одделни стоки, само затоа што тие нема да одговорат на техничките, ф и т о с а н и т а р н и , ветеринарни и други стандарди, во зависност од индивидуалниот степен на апроксимација. Така ќе се најдеме во апсурдна ситуација што одминатиот процес на усвојување

на ЕУ-законодавството кај едни, да стане нетарифна бариера за производи кои доаѓаат од други ЦЕФТА-економии каде што тој процес е со поинаков интензитет. Во овој контекст, можноста да се имплементираат пан-европските и медитеранските правила за потеклото, што ги дава ЦЕФТА, за сега немат очекуван ефект. Во моментот, Македонија, Србија, Црна Гора, со Турција и ЕУ, врз основа на можноста на дијагонална кумулација, се пред предизвикот да создадат регионален производ.

Хронологија на едно здружување: Заеднички пазар, единствен пазар, внатрешен пазар на ЕУ

КРАЈНА ЦЕЛ – КОЛЕКТИВНА КОНКУРЕНТНОСТ

Заеднички пазар, единствен пазар, внатрешен пазар - промени на името што значат продлабочување и збогатување на европскиот пазар. Овој пазар на четирите слободи на: стоки, услуги, капитал, луѓе, воведе таканаречена петта слобода – слободно небо, а сега се зборува за уште една петта слобода - размена на знаење и иновации. Во Стратегијата за единствен пазар во 2020 година во Унијата и Актот за единствен пазар, којшто ќе биде промовиран идната година по повод 20-годишнината на единствениот пазар, тој се дефинира како социјален економски пазар, заснован врз претпоставка дека тој е поддржан од сите пазарни играчи: бизнисот, потрошувачите и работниците. Тоа е начин за да може единствениот пазар да и` овозможи на ЕУ да стане колективно конкурентна. Во ЕУ-стратегијата за 2020 година, тој пазар ќе го обликуваат седум белези: иновативна Унија; мобилна младина; дигитална европска агенда; ефикасни ресурси; индустриска политика за ерата на глобализација; агенда за нови вештини и нови бизниси; европска платформа за отстранување на сиромаштијата. Сите тие се алатки, коишто во синергија ќе влијаат врз растот, вработувањата, врз инклузивниот и одржлив развој. Со стриктна примена на правилата, единствениот иновиран пазар ќе биде со единствена функција - структурен раст. Без оглед на динамиката на нашето асоцирање или дури и крајниот резултат, и ова се рамки коишто нашата економија ќе мора да ги има предвид, односно на корпоративно ниво, ова е водич за конкурентност. Се поставува прашањето колку сме свесни за развојните движења на ЕУ? Одговорот би бил дека сме свесни, но сепак мислиме дека имаме доволно време додека тој „облак“ не не` поклопи. А, всушност, ЕУ веќе го има формирано деловниот амбиент за после 2020 година, во којшто, ние ќе функиционираме, било како членки или се` уште како партнери. Европскиот парламент минатата недела ги усвои препораките во однос на ЕУ - Актот за единствен пазар, предложи широк спектар на иницијативи за оживување на пазарот како предуслов за реализација на целите на ЕУ 2020, зголемување на конкурентноста и одржлив раст. Како што нагласи претседателот на Парламентот, Јержи Бузек, мора да се пополнат празнините во секторите како што се услуги, јавни набавки, фондовите за иновации во секторите енергетика и транспорт, како и уште 150 тесни грла коишто се` уште постојат, а за сето тоа е потребно

зајакнување на политичкото и корпоративното лидерство. Во однос на политичкото, има тенденција на укинување на директивите во полза на законите, за да се обезбеди задолжителна, еднаква и имплементација со консеквенци. Европската комисија отвори јавни консултации (до 22 јули 2011 година) за унапредување на корпоративното владеење на компаниите во ЕУ. Кризата покажа дека корпоративното раководење, базирано на саморегулирање, не е ефективно колку што е потребно. Консултациите опфаќаат бројни прашања како да се унапреди разновидноста и функционирањето на бордовите на директорите , како да се зголеми инволвираноста на акционерите и како да се зголемат мониторингот и примената на постојните национални регулативи за водење на компаниите, а со цел инвеститорите и јавноста да бидат соодветно информирани. Како заклучок: ништо не не` спречува во процесот на интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ. За овој процес е нужна синергија на јавниот и на приватниот сектор. Во нашата држава, консензусот по тоа прашање е деклариран формално. Инструментите ни се дадени, ССА, ЦЕФТА 2006, ЕУ-фондови, а динамиката и посветеноста зависат од нас самите.

Љубица Нури

ЕУ-интегративните процеси – Република Македонија и земјите од Евромедитеранското партнерство

Евромедитеранското партнерство и зоната на слободна трговија (Либан, Тунис, Мароко, Сирија, Алжир, Египет, Израел, Јордан, Палестина и Тунис, во 2008 година се отпочнати преговори со Либија, која сега има статус нa набљудувач) се лансирани во 1995 година со Барцелонската декларација за партнерство, со цел основање на заедничка област на мир, стабилност и споделен просперитет во Евромедитеранскиот регион. Во 2004 година со европската Програма на соседство овој процес е продлабочен. Во 2008 година, Барцелонскиот процес доведе до создавање на Евромедитеранска унија која претставува Форум. Во Унијата се и Турција, Албанија, БиХ, Хрватска и Црна Гора. Евромедитеранското партнерство претставува трговско партнерство и е клучно за креирање на подлабока евромедитеранска зона на слободна трговија. Евромедитеранското партнерство подразбира примена на паневропската кумулација на потеклото во медитеранскиот базен. Политичката Одлука (2007 година), земјите од Западан Балкан да бидат дел од дијагоналната паневромедитеранска кумулација на потекло е потврдена во ноември 2009 година во Брисел. За време на 8. Еуромед Трговска министерска конференција (декември 2009 година), министрите го поддржаа заклучокот на единствената регионална конвенција на преференцијални правила за потекло на пан-евро-медитеранската област, која ќе ја замени сегашната мрежа на протоколи и ќе дозволи вклучување на Западен Балкан во пан-евро-медитеранскиот систем. Според расположивите информации од Министерството за економија и Царинската управа на Република Македонија, нашата администрација е во процесот на пристапување на единствената регионална конвенција

АНАЛИЗИ

Page 5: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 14 април 2011

на преференцијални правила за потекло на пан-евро-медитеранската област, која ќе ја замени сегашната мрежа на протоколи. Но, покрај пристапување кон конвенцијата ќе треба да се склучат и билатерални договори за слободна трговија. Република Македонија го започна овој процес со Израел, но воспоставувањето на слободна трговија со земјите од Агадирската спогодба (Мароко, Тунис, Јордан, Египет) е со ист приоритет бидејќи тие земји се реални извозни дестинации за Македонија

Агадирска спогодба

Спогодбата за слободна трговија меѓу Јордан, Мароко, Египет и Тунис, лансирана е во 2001 година, потпишана во 2004 година, стапи на сила во јули 2006 година, а ефективната имплементација започна во април 2007 година со создавање на Агадирскиот технички оддел во Аман. Во 2010 година ги доведе овие четири арапски земји во зоната на слободна трговија (слично на ЦЕФТА). Спогодбата ги обврза сите страни да ги отстранат сите царини во трговската размена меѓу нив и да ги усогласат своите законодавства во однос на стандардите и царинските процедури. Со оглед дека овие земји имаат партнерски договори со ЕУ и за слободна трговија, нивното законодавство во однос на трговијата и царините се усогласени со законодавството на ЕУ.

БРОЈКИ И ФАКТИ

Трговската размена на Република Македонија со Европската Унија Во 000 САД$

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010

Вкупно 3030 3.577 4.608 5.269 6.164 8.584 10.830 7.735 8.752

ЕУ 1455 1.602 2.418 2.551 2.976 4.772 5.661 4.145 4.922

% 48 45 52.5 48.4 48.3 55.6 52.3 53.4 56.2

Во 000 САД$

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010

Вкупно извоз 1.112 1.363 1.675 2.041 2.410 3.391 3.978 2.692 3.301

ЕУ 566 701 957 1.083 1.326 2.184 2.367 1.513 2.025

% 50.9 51.4 57.1 53.1 55.2 65.1 59.5 56.2 61.3

Во 000 САД$

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010

Вкупно увоз 1.918 2.214 2.932 3.228 3.763 5.228 6.852 5.043 5.450

ЕУ 889 901 1.461 1.468 1.650 2.588 3.294 2.632 2.896

% 46.4 40.7 50 45.5 43.9 49.5 48.1 52.2 53.1 (За потсетување - 2004 и 2007 се години на проширување на ЕУ со 10 земји од Централна Европа, Кипар и Малта и последното проширување со Бугарија и Романија)

Трговска разменана Република Македонија со земјите во ЕУ 2001-2010 година(компаративна анализа)

Во САД$

Име на земја Извоз Увоз Вкупно

2001 2010 2001 2010 2001 2010Австрија 6.218.198,00 36.975.900,00 43.879.370,00 93.686.460,00 50.097.568,00 130.662.360,00

Белгија 7.390.045,00 80.755.363,00 14.395.544,00 31.481.949,00 21.785.589,00 112.237.312,00

Бугарија 294.034.584,00 301.594.262,00 595.628.846,00

Кипар 554.155,00 674.060,00 1.228.215,00

Чешка 15.314.788,00 51.332.335,00 66.647.123,00

Германија 237.498.519,00 692.526.883,00 213.369.428,00 610.098.163,00 450.867.947,00 1.302.625.046,00

Естонија 53.436,00 1.055.310,00 1.108.746,00

Шпанија 21.445.220,00 73.670.852,00 9.908.514,00 60.384.065,00 31.353.734,00 134.054.917,00

Финска 203.395,00 98.024,00 2.700.007,00 7.770.402,00 2.903.402,00 7.868.426,00

Франција 15.964.107,00 13.866.405,00 30.259.220,00 84.967.436,00 46.223.327,00 98.833.841,00

Велика Британија 26.573.544,00 59.288.156,00 26.179.276,00 283.606.446,00 52.752.820,00 342.894.602,00

Грција 101.359.684,00 245.092.866,00 184.393.183,00 448.649.892,00 285.752.867,00 693.742.758,00

АНАЛИЗИ

Page 6: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 14 април 2011

Име на земја Извоз Увоз Вкупно

2001 2010 2001 2010 2001 2010Унгарија 8.605.888,00 47.607.608,00 56.213.496,00

Ирска 71.764,00 187.367,00 9.333.064,00 26.183.750,00 9.404.828,00 26.371.117,00

Италија 88.686.132,00 234.578.642,00 107.661.478,00 327.283.339,00 196.347.610,00 561.861.981,00

Литванија 2.591.726,00 3.252.773,00 5.844.499,00

Латвија 2.057.369,00 485.779,00 2.543.148,00

Малта 75.305,00 55.707,00 131.012,00

Холандија 45.278.883,00 70.251.755,00 45.750.899,00 68.464.335,00 91.029.782,00 138.716.090,00

Полска 24.218.733,00 69.821.593,00 94.040.326,00

Португалија 4.466.489,00 18.708.014,00 1.243.959,00 7.188.270,00 5.710.448,00 25.896.284,00

Романија 54.311.979,00 126.197.417,00 180.509.396,00

Шведска 2.765.119,00 13.161.048,00 18.815.220,00 33.820.342,00 21.580.339,00 46.981.390,00

Словенија 69.098.590,00 165.122.548,00 234.221.138,00

Словачка 10.215.631,00 23.198.059,00 33.413.690,00

Данска 2.127.004,00 4.587.009,00 7.971.413,00 20.679.823,00 10.098.417,00 25.266.832,00

ВКУПНО 560.048.103,00 2.025.378.600,00 715.860.575,00 2.895.353.891,00 1.275.908.678,00 4.919.542.591,00

Подготвил: Влатко Стојановски

АНАЛИЗИ

Погледи и мислења по повод деценија од првиот Договор за стабилизација и асоцијација (ССА)

ЗНАЧИТЕЛЕН БЕНЕФИТ, АМА ОСТАНУВА УШТЕ МНОГУ РАБОТА

Македонија имаше значителен бенефит од потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација како од аспект на трговија така и на инвестиции, оцени министерот за економија, д-р Фатмир Бесими на отворањето на конференцијата „Првата Спогодба за стабилизација и асоцијација - 10 години потоа“ во ЕУ Инфоцентарот во Скопје. - Со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација Македонија доби поповолна позиција на пазарот на Европската унија, целосна либерализација за нашите производи за влез на тој пазар и либерализација на производите од ЕУ на нашиот пазар. Десет години потоа целосно се либерализиара и увозот на индустриски производи од ЕУ, додека нашите производи се либерализирани за увоз во ЕУ уште од 2001 година, изјавил д-р Фатмир Бесими пред почетокот на конференцијата, а го цитира МИА. Тој посочил дека македонските производи се уште не го имаат постигнато нивото на европските, но додаде дека нивната конкурентност секоја година се зголемува. - Конкурентноста на нашите производи на пазарите на ЕУ се подобрува, се воведуваат стандарди во нашите закони, а вклучени сме и во неколку програми за поддршка на конкурентноста. Ако ја споредиме 2001 и 2010 година Македонија е многу поконкурентна сега во однос на тогаш. Не сакаме да постигнеме нашите производи по секоја цена да се на европските пазари туку да бидат пококнкурентни за нашите потрошувачи да имаат поквалитетни производи на пазарот било да станува збор за македонски или за европски, рекол Бесими. Сега, истакна, околу 60 проценти од вкупната трговија Македонија ја врши со земјите од ЕУ додека во 2001 година тој процент изнесуваше 40 отсто. - Македонија е нето увозник меѓутоа во стртуктурата има машини и опрема што значат увоз на поволна инфрструктура за инвестиции за поддршка на развојот, прецизирал Бесими и додадал дека на земјава и требаат инвестиции за отворање нови работни места. Растот во Македонија, како што истакна, е двојно поголем отколку во ЕУ, но има за 7 до 8 пати помал БДП од европскиот. - Македонија и земјите од регионот мора да направат нешто повеќе за да ги достигнат стандардите на ЕУ. Доколку се продолжи со сегашното темпо на развој значи дека за тоа ќе бидат потребни 70 до 80 години. Нереално е да се мисли дека тоа може да се постигне ако

Македонија остане изолирана и не интегрирана, рекол Бесими. Унгарскиот амбасадор во Македонија, Ференц Кекеши, истакнал дека нема сомнеж оти Унгарското претседателство е за проширување на Европската унија. - Од економска гледна точка договорот за Стабилизација и асоцијација значи вградување на стандардите на ЕУ, но и правен, економски и социјален развој на земјата, рекол Кекеши. Директорот на Директоратот за ЕУ во МНР Агнеза Руси нагласила дека Македонија годинава бележи три значајни јубилеи - 20 години самостојност, 10 години Рамковен договор и 10 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. - Несомнена е улогата на ЕУ и ЕК за трансформација на нашата

држава што резултира во потпишувањето на првиот договор за Стабилизација и асоцијација во регионов, но и со добивањето каднидатски статус и визната либерализација. Министерот советник во Делегацијата на ЕУ во Македонија Роберт Лидел рекол дека промените не можат да настанат преку ноќ. - Треба да се изгради соодветна програма за тоа, рече Лидел и додаде дека договорот за стабилизација и асоцијација е потпишан за акција, а не за забавување на промените. ЕУ, додаде, сака да види акција за промени. Холандската амбасадорка Симоне Филипини истакна дека договорот за Стабилизација и асоцијација е многу важен за Македонија. - Македонија направи многу реформи и ги скрати административните процедури што е многу позитивно, но сепак треба да се направат уште некои подобрувања за да се доведат сите институции во правата насока. Сега е времето да се направи тоа за да се привлечат повеќе инвеститори, рекол Филипини.

Таа истакнала дека во Македонија веќе се присутни мали и средни холандски компании кои се движечката сила за привлекување на поголемите компании од типот на „Шел“ и „Филипс“ да инвестираат во земјава. Поранешнниот вицепремиер за европски прашања, Радмила Шеќеринска Јанковска, рекла дека и после десет години од потпишувањето на Спогодбата во Македонија се уште се зборува за кандадатскиот статус што е добиен пред пет години и за преораката за почеток на преговори добиена пред две години. - Тоа значи дека Македонија се замрзна на кандидатскиот статус што не беше планирано во 2001 година. Планот тогаш беше дека во 2011 година Македонија требаше да биде членка или подоготвена за членство во ЕУ. За жал сега за тоа ги спомнуваме 2015 или 2020 година, рекла Шекеринска Јанковска.

Page 7: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 14 април 2011

Премиерот Груевски го предаде во употреба реконструираниот аеродром во ОхридНОВИОТ ЛИК НА “СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ“ПОТТИК ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ

Претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во присуство на вицепремиерот за економски прашања м-р Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, извршниот директор на „ТАВ“ Сани Шенер и голем број гости, го предаде во употреба реконструираниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид. - Она што со години се бараше и се нагласуваше како потреба, сега е реализирано. Реализирани се повеќе градежни зафати и активности, по што аеродромот токму пред почетокот на претстојната туристичка сезона го доби својот нов лик. Овој зафат ќе биде од големо значење за Охрид и за развојот на туризмот во регионот. Со реконтрукцијата на аеродромот очекуваме зголемување на неговата ефикасност и, секако, зголемување на бројот на патници, - рекол м-р Никола Груевски, а го цитира МИА. Тој истакнал дека со влегувањето на „ТАВ Македонија“ како концесионер на аеродромите, зголемен е интересот на големите и нискотарифни авиокомпании, по што се очекуваат поголем број летови од европските градови кон нашиот главен туристички центар, како што се најавените чартер-летови од Холандија, Русија, Финска, со очекување интересот во иднина да се зголемува уште повеќе. Премиерот нагласил дека реконструкцијата на аеродромите во Охрид и во Скопје ќе донесе подигнување на квалитетот на услугите, зголемен интерес на авиокомпаниите, намалување на цената на превозот, зголемен број туристи во земјата, но и поголема можност за граѓаните на Македонија за патување во странство, по поповолни цени. В и ц е п р е м и е р о т Пешевски потсетил на првите резултати од проектот за реконструкција на македонските авиопристаништа, потсетувајќи дека во 2010 година забележано е зголемување на авиосообраќајот во Македонија за 14 отсто. Во првиот квартал на оваа година бројот на патници на скопскиот аеродром е зголемен за пет, а на

охридскиот за 70 проценти, споредено со лани. Министерот Јанакиески рекол дека воздушниот превоз претставува значаен сегмент со особена важност за економијата на земјата. Тој појаснил дека во рамките на реконструкцијата на охридскиот аеродром, меѓу другото, изграден е нов ВИП-објект, реновирани се објекти во карго-центарот, обновен е паркинг-просторот, изградена е нова пречистителна станица, набавени се нови противпожарни возила, како и техничка опрема, согласно строгите барања за за нормално функционирање на авиосообраќајот.

- Од првиот ден на нашиот мандат бевме заложени за модернизација на нашите аеродроми. Независно големата финансиска криза, Владата успеа и во такви неповолни околности, преку јавен повик да обезбеди инвестиција од околу 200 милиони евра,- истакнал Јанакиески. Тој очекува по завршувањето на реконструкцијата, двата аеродрома во Скопје и во Охрид да привлечат поголем број авиокомпании и зголемена конкуренција, што ќе

значи поголема понуда и пониски цени на авиопревозот. Извршниот директор на „ТАВ“ Сани Шанер нагласил дека подобрените аеродромски услуги и капацитети значат поголем број патници и туристи, што пак од друга страна има директно влијание за подобрување на економските услови во земјата. - Пресметките говорат дека милион патници значат илјада нови работни места само на аеродромите, како и две илјади нови работни места во градовите во околината. Навистина се надевам дека во иднина ќе се зголеми интересот на туристите за Охрид, а во таа насока се и активностите што „ТАВ“ веќе ги презема, во насока на негова туристичка промоција, - рекол Шанер. Како што наведува МИА, тој нагласил дека во активностите околу реконструкцијата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид, 95 отсто од градежната оператива и вградените материјали се од македонско производство, како и оти дури 99 отсто од персоналот на двата аеродрома се граѓани на Република Македонија. Меѓу другото, Шанер изразил задоволство од темпото според кое се одвиваат работите на терен, нагласувајќи дека реконструкцијата на скопскиот аеродром ќе биде завршена пред предвидениот рок, односно дека тој ќе биде предаден во употреба на 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

И ТУРСКИОТ КАПИТАЛ КАКО СЕРИИТЕ

НАПЛИВ НА ТУРСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

По Истанбулскиот бизнис-форум, каде што премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган даде големо охрабрување и мотивација на турските инвеститори, има голем прилив на турски инвестиции во Македонија. Тргнувајќи од компанијата „ТАВ“, која инвестира значајни средства во земјава и има значајна улога во развој на авиосообраќајот и на туризмот во Република Македонија и ќе биде од корист за граѓаните затоа што ќе имаат можност со поевтини карти да отпатуваат во некоја од европските и светските дестинации. Не само што ќе имаме прилив на туристи, туку ќе имаме можност нашите граѓани со поевтини карти да присуствуваат во светските центри.

Покрај инвестициите на „ТАВ“, во Скопје беше отворена Очна клиника, а наскоро ќе се отвори фабрика во Берово, целосно турски инвестиции. И во банкарскиот сектор влезе турски капитал кој во наредните месеци би требало да биде неколкукратно зголемен, а имаме инвестиции и во други области како што се висококатниците во Општина Аеродром каде што турскиот инвеститор „Џевер компани“ купи земјиште и ги почна подготвителните работи за изградба на четири 40-катници - инвестиција вредна над 150 милиони евра.

(Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија)

Page 8: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 14 април 2011

Проектот Вадарска долина ќе се реализира во четри фази со кинески партнериЗА 12 ДО 15 ГОДИНИ ВЛОЖУВАЊЕНА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Владата потпиша Меморандум за разбирање за Проектот Вардарска долина со Кинеската меѓунаордона корпорација за води и електрична енергија (КВЕ) и Кинеската банка за развој (КРБ), со којшто се предвидува во наредните 12 до 18 месеци да се изготви физибилити студија, по која ќе следи изведувањето на проектот, што ќе се спроведува во четири фази. Проектот предвидува изградба на 12 хидроелектрични централи, од кои две поголеми, скалесто распоредени по текот на реката Вардар до границата со Грција. Неговата вредност се проценува на 1,5 милијарди евра, а се очекува да се спроведе за 12 до 15 години. - Инвеститор на Проектот, за којшто преговорите почнаа пред повеќе од шест месеци, ќе биде Владата на Република Македонија, со учество од 15 проценти од сопствени извори и кредит од КРБ во износ од 85 отсто од вредноста. Се работи за најголем проект досега во Република Македонија што ќе биде значаен за градежниот сектор, но и за водоснабдувањето, транспортот и туризмот, како и за економијата во целост, истакнал вицепремиерот за економски прашања, м-р Владимир Пешевски, кој заедно со министерот за економија, д-р Фатмир Бесими, го потпишаа документот од македонска страна. Вицепремиерот Пешевски нагласил, како што го цитира МИА, дека со Меморандумот се прецизира како ќе се одвива процесот во иднина и додаде дека согласно проценките КРБ ќе обезбеди заем од 1,275 милиони евра, а Владата ќе учествува со 225 милиони евра од буџетски средства или, пак, преку други извори. - За секоја фаза од реализацијата на Проектот се предвидува посебен кредит во износ од 85 отсто од вкупната инвестиција на фазата. За секоја фаза посебно ќе се дефинира точниот износ, рокот и каматата за кредитот. Станува збор за исклучително поволни услови под кои се нуди кинескиот заем, но нагласил дека во моментов не се прецизно дефинирани. Министерот Бесими нагласил дека станува збор за стратешки интегрален проект значаен за енергетиката, но и за земјоделството, транспортот и туризмот во Македонија и додал дека и досега се изработени неколку студии за Вардарска долина. - Проектот предвидува изградба на 12 хидроелектрични централи по течението на Вардар на потегот од Скопје до границата со Грција, во вкупна должина од 200 километри. Две од нив, Велес и Градец, се поголеми со висина на браната од 59 и 30 метри, а останатите 10 се помали со висина на браната од 8 до 10 метри, - истакнал министерот Бесими. Предвидено е вкупниот инсталиран капацитет на 12-те централи да изнесува од 300 до 350 мегавати со просечно годишно производство од 1.000 до 1.400 гигават часови електрична енергија - Тоа е 20 отсто од досегашното годишно производство на електрична енергија во Македонија или 15 отсто од вкупната електрична енергија што се троши заедно

со увозот, а инвестицијата ќе биде 20 до 25 отсто од БДП. Вршителот на должност кинескиот амбасадор во Македонија Цуи Жимин рекол, како што наведува МИА, дека реализацијата на Проектот Вардарска долина ќе значи по 100 милиони евра кинеска инвестиција во Македонија во наредните 12 до 15 години. - Тоа ќе овозможи секоја година по 3.000 директни и 20.000 индиректни вработувања, а убеден сум дека ќе даде придонес и за економскиот развој на Македонија, како и за продлабочување на одличните односи со НР Кина, - истакнал Жимин. Ванг Ју од КВЕ нагласи дека реализацијата на Проектот значително ќе го подобри снабдувањето со електрична енергија во Македонија, но и оти ќе придонесе за намалување на емисијата на стакленичките гасови во

атмосферата. - КВЕ во последните 50 години е присутна на светскиот пазар и е една од најголемите корпорации во областа на водните ресурси и хидроенергијата. Заклучно со крајот на минатата година има реализирано повеќе од 700 договори во над 60 земји од светот во вредност поголема од осум милијарди САД долари, - рекол Ју. Тој посочил дека во 2004 година КВЕ ја изгради ХЕЦ Козјак, како и двете најголеми хидроцентрали

во соседна Албанија во 70-тите години од минатиот век. Во моментов КВЕ преговара со поголем дел од соседните земји на Македонија за изградба на хидро и ветерни електрани. Фан Лиџин од КБР истакнал дека банката има кредитен рејтинг „А+“ и оти е присутна во над 90 земји и региони во светот, со реализирани проекти за кредитирање. - КБР е целосно државна банка со активност главно за долгорочно кредитирање и е најголемата кинеска банка за кредитирање во странство. До крајот на 2010 година вкупниот баланс на кредити на КБР достигна над 760 милијарди САД долари, меѓу кои балансот на девизни кредити изнесува 141,3 милијарди САД долари, - подвлекол Лиџин.

АД МЕПСО доби кредит од Светската банка за изградба на 400 киловолтен далновод меѓу Македонија и СрбијаИНВЕСТИЦИЈА ОД 14 МИЛИОНИ ЕВРАВО СИГУРНОСТА НА ПРЕНОСНАТА МРЕЖА

АД МЕПСО склучи кредитен аранжман со Светска банка (Меѓународна банка за обнова и развој) со што ќе добие 14 милиони евра наменети за нови инвестиции во преносната мрежа. Со новиот кредит целосно ќе се затвори финансиската конструкција за изградба на нов 400 киловолтен далновод ТС Штип – македонско-српска граница и за ревитализација на 110 кв далновод ТС Скопје 1- ТС Југохром – ТС Тетово1. Овие проекти, кои, како што истакнуваат од АД МЕПСО, а пренесува МИА, се круцијални идни инвестиции за преносната мрежа, се реализираат со кредит од Светската банка и со сопствени средства. Финансиската конструкција на двата проекта изнесува над 25 милиони евра. Од тоа сопствено учество на МЕПСО е над 11 милиони евра, а кредитна поддршка од Светската банка 14 милиони евра. Новиот 400 кв далновод со кој се поврзуваат Република Македонија и Република Србија е најважна инвестиција на АД МЕПСО за претстојниот период.

ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ИДНИНА НА ЗЕМЈАВА

Page 9: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 14 април 2011

ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ИДНИНА НА ЗЕМЈАВА

Далноводот ќе ги поврзува 400 кв трафостаници ТС Штип и ТС Ниш. На македонска територија далноводит ќе се протега на траса долга 70 километри на која ќе бидат изградени 168 далноводни челично-решеткасти столбови. Овој далновод ќе биде директно поврзување со преносната електроенергетска мрежа на Република Србија што значајно ќе ја зголеми доверливоста во работата на електроенергетскиот систем и ќе го зголеми капацитетот на македонската преносна мрежа. Кредитниот аранжман со Светската банка доаѓа во

период кога МЕПСО привршува со сите подготвителни работи кои треба да бидат реализирани пред да почне изградбата на далноводот. АД МЕПСО и ЕМС (Српскиот е л е к т р о п р е н о с е н систем оператор)

наскоро ќе склучат договор за координација на активностите за поврзување на далноводите на граничната точка меѓу двете земји. Со ревитализацијата, пак, на 110 кв далновод ТС Скопје 1- ТС Југохром – ТС Тетово 1, ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија на полошкиот регион. Овој далновод чија ревитализација опфаќа 177 челично-решеткасти столбови на траса од 48,3 километри, значајно ќе го зголеми капацитетот на преносната мрежа во Полошко, а ќе ја подобри доверливоста на преносната мрежа во делот на поврзување меѓу Скопје и Тетово. Во рамките на овој проект предвидено е поврзување на трафостаниците „Скопје1“ со „Југохром“, „Теарце“ и „Тетово1“, со што ќе се сведат на минимум сите несакани ризици од испади на преносната мрежа.

АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) склучи Договор за заем со Светска банкаФИНАНСИРАЊЕ НА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА „ЛУКОВО ПОЛЕ“

АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) склучи Договор за заем со Светската банка во износ од 2,24 милиони евра, кои ќе ги намени за реализација на активности пред почетокот на изградбата на акумулацијата „Луково Поле“, – објавува МИА. За подготвителните работи за проектот се потребни вкупно 3,4 милиони евра, поради што остатокот од 1,16 милиони евра ЕЛЕМ најавува дека ќе го обезбеди од сопствени средства. Според ЕЛЕМ, во рок од една година ќе се изготви Студија за животна средина според највисоки меѓународни стандарди, ќе бидат спроведени дополнителни геолошки истражувања на теренот, ќе се ангажираат инженеринг консултанти кои треба да ги ажурираат проектите и да ја подготоват тендерската документација, а ќе се формира и панел од експерти за сигурност на брани и панел од експерти за животна средина и социјални ефекти. - АД ЕЛЕМ и Светската банка посебно внимание ќе

посветат на изработката на студијата за животна средина и планот за управување со животната средина, со оглед на тоа што акумулацијата ќе се гради на локација во еколошки чувствително подрачје, соопштуваат од ЕЛЕМ и најавуваат дека по завршувањето на подготвителната фаза, кон средината на наредната година е предвидено да почнат главните градежни работи и изградбата, која се очекува да заврши до крајот на 2016 година. - Со „Луково Поле“ ќе се обезбеди стабилен домашен капацитет со прифатлива цена на електрична енергија, која нема да биде зависна од цената на електричната енергија на берза. Значајни придобивки од проектот ќе бидат обезбедувањето на дополнително годишно производство на електрична енергија од 159 GWh, зголемување на инсталираниот хидрокапацитет на АД ЕЛЕМ, регулација и управување со водите, потенцијал за развој на туризмот, како и за остварување на стратешките определби за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и исполнување на обврската на Република Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори, - појаснуваат од ЕЛЕМ. Системот ќе биде надградба на постојниот систем „Мавровски хидроелектрани“. Вкупната инвестиција за изградбата на „Луково Поле“ е проценета на 62 милиони евра, од кои 52 милиони евра ќе се обезбедат преку кредит од Светската банка, додека 10 милиони евра АД ЕЛЕМ ќе ги обезбеди од сопствени средства.

Македонија наесен почнува да го гради првиот Ветерен паркИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 55 МИЛИОНИ ЕВРА

Со финансиска поддршка на Германската развојна банка KFW , во Македонија наесен ќе почне да се гради првиот Ветерен парк.За проектот вреден вкупно 55 милиони евра договори потпишаа Министерството за финанси, Банката KFW и АД ELEM. - Денеска ја затворивме финансиската конструкција за изградба на ветерниот парк Богданци. Со договорите што ги потпишавме со KFW Банката обезбедени се 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства, истакнал вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески по потпишувањето на договорите, а го цитира МИА.

Д-р Влатко Чинговски Во Ветерниот парк на 29 хектари е предвидена изградба на 15 до 18 ветерници секоја со капацитет од 2 до 3 мегавати. Вкупната производна моќ на Ветерниот парк ќе биде 100 гигават часови, а капацитетот 37 мегавати. - Целта е искористување на обновливите извори на енергија при производство на струја, намалување на емисија на стакленички гасови, но и намалување на увозната зависност на Македонија од електрична енергија, истакнал директорот на АД ЕЛЕМ, д-р Влатко Чинговски. Проектот ќе се реализира во две фази. Првата опфаќа инсталирање на ветерниците и треба да заврши најдоцна за две години, а втората се однесува на дополнително инсталирање ветерни турбини со кои моќноста на Ветерниот парк ќе се зголеми за околу 50 мегавати.

Page 10: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 14 април 2011

МОЖНОСТИ Македонската асоцијација на рударството – МАРја пофали транспарентната распределба на концесиите за деталните геолошки истражувањаТРАНСПАРЕНТНОСТА ОТВОРА НОВИ РУДНИЦИ

Македонската aсоцијација за рударство - МАР оценува дека поголемиот број концесии за детални геолошки истражувања што се доделени по подолг застој се добар чекор и предуслов за отворање нови рудници во Македонија. Ова беше истакнато на редовната конференција за печат во Стопанската комора на Македонија на тема: „Транспарентноста во доделувањето на концесиите – поттик за отворање нови или проширување на старите рудници” (11.4.2011 година). Според претседателот на Асоцијацијата и извршен директор на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов, со доделувањето на поголемиот број концесии реално може да се очекува за две до три години отворање на нови руднички капацитети во земјава, посебно во експлоатција на металите.

- За среќа, сега сме на пат за да можеме да очекуваме за две - три години отворање на нови рудници со значителен капацитет, особено металични. Најкарактеристични се потенцијалните рудници за бакар бидејќи се доделени три концесии за бакарна руда. Едниот локалитет е Иловица кај Струмица, втората Боров Дол во близина на Радовиш и Кадивица во околината на Пехчево, рече Николов, додавајќи дека досега се издадени преку 300 концесии за експлоатација и за детални геолошки истражувања за помали и поголеми концесии, од разни видови минерални суровини. Ставот на Асоцијацијата е дека македонското рударство полека излегува од кризата во која западна кон крајот на 2008 и почетокот на 2009 година и во сите сегменти се бележи зголемен обем на производство. Тоа се стабилизира кај металичните минерални суровини, зголемување се забележува и кај неметалите, кои како суровини се вградуваат во градежните објекти, а истовремено се користат и за производство на градежни материјали. Посебно зголемување е забележано кај варовничкиот камен, кој во последните неколку години бележи зголемување на производството од 550.000 тони во 2007 година, на 953.000 тони во 2010 година. Овие податоци говорат дека градежништвото и покрај кризата во последните две години, сепак успеа да опстане и да бидат ангажирани расположивите капацитети. Асоцијацијата се залага за максимална контрола на надлежните органи при експлоатацијата на неметалите заради неконтролирано користење, посебно кај песокот и чакалот. Од овој вид на експлоатација најмногу штета се прави на речните корита, бидејќи тие се деградирани, а од друга страна се создава и нелојална конкуренција кај овие минерлани суровини. Македонската асоцијација за рударство – МАР веќе пет години работи во рамки на Стопанската комора на Македонија. Во неа членуваат компании кои вршат експлоатација и преработка на минерални суровини, односно метали, неметали и јаглени.

Марија Петроска

Став Решението за 70 отсто да се намали откупната цена на изграденото градежно земјиште значително ја подобрува бизнис-климата во земјаваПОТТИК ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ

Стопанската комора на Македонија го изразува задоволството што преку непосредни средби на фирмите и Владата на РМ, врз основа на приложени аргументи, заеднички се донесе решението за 70% намалување на откупната цена на изграденото градежно земјиште, со што се обезбедуваат предуслови за нови инвестиции од страна на стопанските субјекти. Со цел да се забрза и да се заокружи историскиот процес на приватизација на земјиштето, со што и фирмите конечно да стекнат сопственост на истото, како би можеле да го стават во функција на нови инвестиции согласно нивните развојни програми, со што ќе се интензивираат активностите во изградбата и доградбата на стопански објекти, Стопанската комора на Македонија подолго време бараше намалување на висината на надоместокот за приватизација на изграденото градежното земјиште кај правните лица. Иако, со измената на Уредбата за висината на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, во април 2010 година, цената за откуп се намали за 30%, сепак, бизнис-секторот оцени дека истата се` уште беше висока за да се реализира нужната приватизација. Генерално, сите анкетирани фирми од страна на Стопанската комора на Македонија укажаа дека цената за откуп е превисока и покрај намлувањето од 30%, а беа посочени и чести примери во одделни региони каде што пазарната цена беше и пониска од цената во Уредбата. Затоа, на барање на нашите членки во јуни минатата година побаравме преиспитување и дополнително намалување на надоместокот за приватизација на градежното земјиште кај правните лица, согласно кое Владата донесе Одлука за преку 70 проценти да ја намали цената за откуп, односно приватизација на градежно земјиште за фирмите.

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

КОМОРСКИ АКТИВНОСТИ Совет на стански инвеститориМАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПРОМОВИРА КАКО ЕКОЛОШКИ ЧИСТА ЗЕМЈА

Гостин на седницата на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија беше поранешниот министер за екологија во Владата на Велика Британија, Лорд Дебен (11.4.2011 година). Тој имаше излагање на тема: „ Достигнување на еколошките стандарди во индустријата на патот кон зелена економија“. Притоа, тој истакна дека Македонија има голем потенцијал да се развива како еколошки чиста земја и како таква да се промовира во светот, да се искористи потенцијалот на природните богатства кои ги има Македонија и да произведува производи со еколошко-органски предзнак. -Голем потенцијал доколку се имплементираат еколошките стандарди –постои и во туризамот, - потенцираше Лорд Дебен.

Лорд Дебен Инаку, главниот фокус на Советот за странски инвеститори при Стопанската комора (СКМ) во наредните неколку месеци ќе биде согледувањето и анализа на постојните состојби

Page 11: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 14 април 2011

МОЖНОСТИ во работњето на компаниите со странски капитал во Македонија, како и да ги убеди странските инвеститори кои веќе инвестирале во Македонија да инвестираат повторно. Ова го изјави претседателот на Советот на странски инвеститори, Џефри Колинс по работниот состанок во Стопанската комора на Македонија. - Главната активност на Советот на странски инвеститори за 2011 година е повторно да се фокусира на оние инвеститори кои што веќе инвестирале во Македонија и како повторно може да инвестираат, - изјави Колинс. Целта на состанокот, посочи, беше да ги прашаме оние

кои веќе инвестирале какви се нивните искуства и проблеми за да можеме тоа да го пренесеме до Владата. - Причината за тоа е што сакаме да размислат за повторна инвестиција во Македонија... Секогаш има многу возбуда околу првичната инвестиција, но се заборава дека фирмите мора да растаат, да се развиваат, да воведуваат нови технологии, а тоа подразбира нова инвестиција, - појасни Колинс. Тој истакна дека има најави за влез на голем странски инвеститор и оти во Македонија се случуваат нови инвестиции но, како што нагласи, поради новите избори тоа е со побавно темпо. - Секогаш кога доаѓам во Македонија се обраќам до Владата зашто сакам да бидам информиран за промените во законодавството, бидејќи тоа влијае врз работењето на фирмите. Но, во секој случај ние сме неутрални во однос на Владата и во однос на политиката и никогаш нема да дадеме некаков придонес за која било политичка партија, - потенцира Колинс.

Во соработка на Стопанската комора на Македонија и ЗЕЛС презентирани две мултинационални компании VEOLIA WATER и SEURECA LTD

ИСКУСТВА И МОЖНОСТИ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИ И КОМУНАЛНАТА ХИГИЕНА

Стопанската комора на Македонија во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше презентација на две мултинационални компании: Француско-Британската мултинационална компанија VEOLIA WA-TER која се занимава со управување со води и комунална хигиена и на една од најреномираните интернационални консалтинг инжeнеринг фирми SEURECA LTD. Лорд Дебен, како претседател на бордот на овие две компании ги презентираше можностите и достигнувањата во областа на управување со води од аспект на општините и комуналните претпријатија. Во рамки на VEOLIA WA-

TER работи и дивизија на Veolia Environment Group – so искуство стекнато низ работење насекаде низ светот. Во свои рамки има над 250 000 вработени чиј дел е и познатиот VIOLA - истражувачки центар за води и санитарни активнoсти . Пред 40 македонски комунални претпријатија и општини беа презентирани примери – студии на случај реализирани од страна на SEURECA (регионален мастерплан , институционални студии, како и воспоставување на системи на тарифи како неопходни елементи во работењето на јавните претпријатија). На заинтересираните им беше понудена оперативна поддршка на локалните водоснабдителни компании со можности за финансирање од страна на интернационални институции за изградба на студии. Од особен интерес кај македонските компании беа одговорите кои ги добија на прашањата за постоечки проблеми кај водоснабдителните компании: зошто status quo не е возможен, како да се решат проблемите со загуби на водата и можни солуции преку реализација на јавно- приватни партнерства. Јадранка Аризанковска

Групација на пазари со реакцијаЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЈА ПОПРЕЧУВА МОДЕРНИЗАЦИЈАТА

Групацијата на пазари на седницата одржаната на 7.4.2011 година, расправаше за состојбите и тековните проблеми во работењето на зелените пазари. Притоа, беа посочени два проблеми со кои пазарџиите континуирано се соочуваат. Во делот на нелегална трговија забележуваат дека е потребна поголема и координирана активност на инспекциските органи, министерството за економија и за внатрешни работи за да се елиминира трговијата на црно што се врши надвор од пазарите кои се нелојална конкуренција на закупците на тезги кои работат согласно законите. Претставникот на здружението на тезгаџии посочи дека дел од корисниците на тезги се уште не се регистрираат според постојниот закон бидејќи чекаат Владата да ја исполни одлуката донесена по разговорите со нив, а според која ќе биде донесен Закон за трговија од мал обем.

Второ, претставниците на Групацијата на пазари на состанокот посочија дека се соочуваат со неусогласеност на законската регулатива. Иако, според законот за комунални дејности нивното постоење и работење значи осовременување и модернизација, сепак, не се во можност тоа да го реализираат бидејќи други закони кои функционираат во државата го попречуваат нивниот развој. Поради тоа бараат да седнат на заедничка маса со претставници на ЗЕЛС и здружението на корисници на тезги за да разговараат за статусот на пазарите и можноста истите да се модернизираат. Како искуство од соседните земји беше посочена идејата на пазарите да бидат поставени контролни ваги каде граѓаните ќе може да проверат дали робата што ја купиле тежи колку што ја платиле. На тој начин би се елиминирала можноста, граѓаните да бидат оштетени и да си заминат со помала количина овошје и зеленчук од таа што ја платиле на тезгата.

Даниела Михајловска Василевска

Page 12: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 14 април 2011

Во Битола промовиран Проектот на УСАИД „Бизнис без граници“ МАЛИТЕ ФИРМИ ЌЕ КРЕИРААТ 250НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

Во Битола УСАИД го претстави Проектот „Бизнис без граници“, кој во наредните три години ќе го имплементира Фондацијата „Бизнис старт-ап центар“ - Битола. Под проектот „Бизнис без граници“ се потпиша и Благој Стојчев, претседател на Регионалната комора со седиште во Битола. Проектот е посветен на малите и средни претпријатија, на раст и развој на постојните претпријатија, како и на невработените, за што УСАИД додели грант во висина од 1,3 милиони САД долари. - Се очекува малите претпријатија кои ги поддржуваме да креираат 250 нови работни места. Тоа ќе биде остварено преку основањето и правна регистрација на 100 нови мали и средни претпријатија и други поволности, посочил директорот на мисијата на УСАИД Македонија, Роберт Вирц. Американскиот народ преку УСАИД во Македонија, од 1993 година до сега инвестирал 500 милиони САД долари за отворање работни места и намалување на корупцијата. - Проектот ќе се реализира во деветте пелагониски општини и ќе го мотивира равојот на бизнисот, инкубатори и други форми со кои ќе се надминат пречките со кои се соочуваат компаниите од овој регион, истакнала Розита Талевска-Христовска извршен менаџер на Бизнис старт-ап Центар - Битола, а ја цитира МИА. Благој Стојчев, претседател на Регионалната Комора Битола напомена дека организираната поддршка на малите, средни и почетни бизниси е важна и иако ова не е материјална туку морална помош од страна на стопанствениците, таа е за поздравување . Со овој проект, активностите на фондацијата се прошируваат освен во Битола, Прилеп, Ресен и Охрид и во други населени места од Пелагонискиот регион. -Ние сме пример во земјата за ваква соработка – нагласил Владимир Талески, градоначалник на Битола. Проектот „ Бизнис без граници“ ќе се реализира во наредните три години.

Оценка на Регионалната комора со седиште во ПрилeпСЕ ПОДОБРУВА СОСТОЈБАТАВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

Се подобрува состојбата кај текстилците во Прилеп иако не може да се каже колку ќе трае тоа. Се` зависи од странските партнери зашто главно се работи по „ЛОН“-систем, се оценките од Регионалната комора со седиште во Прилеп за состојбите во тамошната текстилна индустрија. Според претседателот на Групацијата за текстил при Регионалната комора со седиште во Прилеп, Благоја Конески, кој е и сопственик на текстилна фирма, добро е во првото тримесечје од годинава. - Од втората половина на минатата година нешто се подобри состојбата со зголемување на капацитетите за производство. Првите 3 месеци од оваа година беа нешто подобри, а сега во овој меѓусезонски простор на премин од летна на зимска линија се појавува мала пауза и проблеми со ангажманот, но се надеваме дека ќе се стабилизира до

крајот на мај, вели Конески, а го цитира МИА. Од околу 2.500 вработени во 20-тината текстилни фабрики во градот една третина не одат на работа. Но тоа е подобрување зашто пред една година во најголемиот кризен период повеќе од половината вработени беа на принуден одмор зашто фирмите немаа ангажман. - Битно е колку нашите фирми ќе ја зацврстат и ќе ја вратат соработката пред се` со партнерите од Грција, Германија, Холандија, Велика Британија зашто источниот пазар го привлекува вниманието со евтината работна рака, - смета Конески. Од мерките што ги бараа текстилците, а коишто Владата во текот на економската криза пред повеќе од една година ги овозможи за сите, беше намалувањето на придонесите кои како давачки им беа најтешко да ги исполнат поради слабата ликвидност.

ЗАФАТИОпштина Ново село го поттикнува развојот на туризмотГРАДБА НА ЕТНО-МОТЕЛ ВО БЛИЗИНА НА СМОЛАРСКИОТ ВОДОПАД

Иницијативата на локалната самоуправа на општина Ново Село за изградба на хотелски, мотелски и други сместувачки и угостителски капацитети во подножјето на Беласица наскоро ќе почне и практично да се остварува. Годинава, се очекува да биде реализиран проектот за изградба на мотел во стилот на локалните градителски и етнолошки карактеристики. Етно-мотелот ќе биде сместен на излезот од селото Смоларе, односно на самиот почеток од пристапната патека што води до Смоларскиот Водопад. - Локалната самоуправа ги врши неопходните подготовки околу локацијата и потребната документација за реализација на овој проект, кој ќе биде само почеток на серијата замислени туристичко-угостителски објекти кои треба да се градат на потегот од Смоларе до Колешино, каде што се наоѓа вториот по големина водопад на планината Беласица. Со тоа сметаме дека ќе дадеме голем придонес за натамошно поттикнување на развојот на туризмот во општината, за што постои изобилство од природни услови и убавини кои не треба да останат неискористени, изјави за МИА градоначалникот на Ново Село, Петар Спасов. Етно-мотелот ќе биде граден со природни материјали, главно од камен и дрво, со цел да се сочува природната околина и оригиналноста на локалната архитектура, а во тој стил ќе биде режирана и туристичко-угостителската понуда на овој локалитет. - Во околината на ниту еден туристички локалитет во општина Ново Село нема мотел или хотел за престој на туристи. А, таква е ситуацијата и во другите општини. Направивме напори туристичките места да ги направиме достапни за посетителите, но се уште нема мотели, доволно ресторани, работилници за сувенири и домашни ракотворини и слично, а тоа ги отргнува домашните и странските туристи да престојуваат повеќе денови во регионот, смета Спасов.

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Page 13: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 14 април 2011

БАНКАРСТВО

Мнозински сопственик на ИК Банка стана турската ХалкбанкВОВЕДУВАЊЕ НАЈДОБРИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО ЗЕМЈАВА

Халкбанк, на 7.4.2011 година го купи мнозинскиот пакет на акции на ИК Банка во износ од 91,56%. Акциите се откупени од Демир Халк Банка од Холандија (DHB Bank) која поседуваше 66,56% од акциите на ИК Банка, како и 25% од акциите кои беа во сопственост на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Халкбанк исто така поседува 30% од акциите во DHB Bank.

Хусеин Ајдин

-Ние сме многу задоволни со нашиот влез во македонскиот банкарски сектор преку купувањето на ИК Банка која е веќе солидна и динамична банка. Ние ќе пружиме капитална и технолошка поддршка на ИК Банка за да се забрза нејзиниот раст во Македонија и да стане

банка со најдобри производи и услуги. Ние веруваме во иднината на Македонија и имаме желба да ја поддржиме македонската економија, како во сегментот на работа со население, така и во индустријата и трговијата. Сакаме ИК Банка да биде една од најголемите банки во Македонија за краток временски период, како и да оствари и регионално присуство, - истакнува Хусеин Ајдин, главен извршен директор на Халкбанк. Халкбанк е 7-ма по големина банка во Турција од аспект на големината на активата и 75% е во државна сопственост, додека 25% од нејзините акции слободно се тргувани на берзата во Истанбул. Со крајот на 2010 година Халк банк има актива која надминува 35 милијарди евра, капитал од 3.50 милијарди евра и остварена нето-добивка од една милијарда евра. Халкбанк има повеќе од 700 филијали во Турција и надвор од земјата и преку 13.000 вработени.

Јуџел Инан

-Халкбанк досега беше наш индиректен акционер и сме возбудени што сега стана наш директен мнозински акционер. Со поддршката на Халкбанк, ИК Банка ќе биде уште посилна и ќе воведеме пософистицирани банкарски производи и услуги за македонските граѓани и компании. Халкбанка има огромни ресурси, а ние

ќе имаме придобивка од нивното искуство, знаење и технологија, како и од изворите на финансирање. Ова ќе ја понесе ИК Банка да оди напред многу побрзо, не само во однос на големината, туку и во поглед на квалитетот како најдобра банка во Македонија и во регионот, – нагласува Јуџел Инан, главен извршен директор на ИК Банка.

НЛБ Тутунска прва емисиона банка-партнер од Македонија на Глобалната програма за финансирање на трговско работењеЗГОЛЕМЕНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ

Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ, членка на Групацијата Светска банка, ја вклучи НЛБ Тутунска банка во својата Глобална програма за финансирање на трговското работење како прва емисиона банка-партнер од Република Македонија. Преку Програмата, како што се наведува во соопштението oд НЛБ, ќе се зголеми пристапот на банката до можностите за финансирање на трговското работење на малите и средните претпријатија во државата. Целта на Глобалната програма на ИФЦ за финансирање на трговското работење е да се поддржи трговијата на растечките пазари со давање делумни или целосни гаранции за индивидуални трговски трансакции преку ефективен олеснувачки инструмент, троен-А кредитен рејтинг на ИФЦ. Вклучувајќи се во Програмата на ИФЦ за трговско работење како емисиона банка, НЛБ Тутунска банка ќе може да ги прошири своите решенија за финансирање на трговското работење за мали и средни претпријатија во клучните увозни и извозни сектори. Помалите претпријатија сочинуваат огромно мнозинство од бизнисите на Република Македонија и вработуваат најголем број од вработените во приватниот сектор. - Многу сме задоволни што станавме прва македонска банка-партнер што се вклучи во Глобалната програма за финансирање на трговското работење на ИФЦ, - вели Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, а го цитира МИА. - Пограмата на ИФЦ за финансирање на трговското работење ќе ги унапреди можностите да им излеземе во пресрет на нашите клиенти и да им помогнеме во унапредувањето на тековите на трговијата, како со традиционалните трговски партнери на Република Македонија, така и со новите. Ѓорѓи Јанчевски

Димитрис Цицирагос, директор на ИФЦ за Средниот Исток, Северна Африка и Јужна Европа, истакнува дека ова е прва инвестиција во трговското финансирање во Македонија и е клучен елемент на стратегијата на ИФЦ за подобрување на пристапот до финансиски средства за мали и средни претпријатија, како и за помош на локалните фирми во подобрување на нивните можности за тргување на глобално ниво. Малите и средни претпријатија, додал, се моторната сила во создавањето на нови работни места, во економскиот раст, а и клучен начин да се унапреди развојот и да се намали сиромаштијата.

Page 14: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 14 април 2011

Глобалната програма за финансирање на трговското работење на ИФЦ, од започнувањето на Програмата во 2005 година досега, има издадено гаранции во вредност од над 10 милијарди американски долари, чија цел е да ги олесни трговските текови на растечките пазари. Програмата го зголемува и дополнува капацитетот на банките да им овозможат на увозниците и извозниците финансирање на трговското работење по трансакција, на пазари со ограничени трговски линии. Со оваа програма, ИФЦ им дава покритие на повеќе од 200 емисиони банки во над 84 пазари во развој и има мрежа од над 400 банки-учеснички ширум светот. ПроКредит Банка со нови кредити за поддршка на агро-секторот КАМАТНИТЕ СТАПКИ 4 И 5 ОТСТО

ПроКредит Банка нуди нова можност за финансиска поддршка на земјоделството со кредитите обезбедени од Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд на Македонската банка за поддршка на развојот. Овие кредити се наменети за земјоделци кои се занимаваат со примарно производство, како и малите и средни претпријатија чија основна дејност е преработка и извоз на земјоделски производи. Минималниот износ на кредитот изнесува 30.000 евра, а максималниот 300.000 евра, доколку се користи за преработка на земјоделски производи. Каматната стапка за кредитите со девизна клаузула e фиксна и изнесува 4% за

примарно земјоделско производство и 5% за преработка и извоз на земјоделско производство. Рокот на отплата на кредитот може да биде и до 120 месеци, а ратите се прилагодени на можностите и сезоната на бизнисот на земјоделците: месечни, квартални, полугодишни и годишни, со можност за грејс период до 18 месеци. ПроКредит Банка нуди и голем број кредитни можности и за малите земјоделски бизниси, каде што е направено значително намалување на каматните стапки на кредитите во евра, додека пак кај денарските агро-кредити ПроКредит Банка нуди 50% намалена провизија при исплата. За износите од 3.000 до 10.000 евра ПроКредит Банка прифаќа само меница како обезбедување, без жиранти.

БАНКАРСТВО

Здружение на банкарство - СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ

Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои 2 години. Важечката законска регулатива во Република Македонија предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и ги повикува сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци. Во насока на наведеното, најљубезно ги замолуваме и ги повикуваме, сите наши клиенти, физички и правни лица, соодветно да се идентификуваат во нивните банки и штедилници, односно истото да не го одложуваат и да го извршат при нивната наредна посета во банката/штедилницата и заклучно со 01.05.2011 да ги ажурираат своите податоци. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на целосна идентификација и потврда на идентитетот на клиентот од страна на банката/штедилницата. Банките и штедилниците ги бараат Вашите лични податоци и податоците за вашата трансакција, единствено со цел да ги почитуваат барањата на важечката законска регулатива, без можност и дискреционо право да постапат поинаку. Воедно, сакаме да Ве известиме дека ажурирањето на овие податоци е и во Ваш интерес, бидејки банките и штедилниците ќе бидат во можност да донесат издржана одлука базирана на повеќе валидни информации и по однос на сите Ваши барања, ќе можат навремено и на точни адресни податоци да ги испраќаат месечните извештаи, соопштенијата и дополнителните материјали со кои се олеснува соработката, меѓу клиентите и нивната банка/штедилница.

Со почит, ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Page 15: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 14 април 2011

Инвестиции на ЕВН Македонија во дистрибутивната мрежа во Тиквешкиот регионПЛАНИРАНОТО ЦЕЛОСНО ОСТВАРЕНО

ЕВН Македонија соопштува дека е завршена планираната реконструкција на дистрибутивната мрежа за првиот квартал од 2011 во Тиквешкиот регион. Според енергетската компанија, во oпштините Кавaдарци и Неготино, во одредени населени места, целосно е реконструирана нисконапонската мрежа. Со комплетната замена на дотраените дрвени столбови со бетонски и поставувањето кабелски сноп со вкупна должина од 2 километри, над 300 корисници од село Марена добија подобрување на напонските прилики и поголема сигурност во снабдувањето со електрична енергија, информираат од ЕВН. Со реконструкцијата, пак, на нисконапонската мрежа и со формирањето нови изводи, за над 500 жители на населеното место Саат Кула во Неготино се подобриле напонските прилики. ЕВН соопштува и дека се издвоени средства за програмата

за редовно одржување, со која секојдневно се работи на подобрување на напонските прилики како и кондицијата на нисконапонската мрежа, трафостаниците и среднонапонската мрежa во рамки на

Корисничо енергетскиот центар на ЕВН во Кавадарци. Модернизирањето на дистрибутивната мрежа според најавите од ЕВН Македонија ќе продолжи и во наредните три месеци. Ќе се подобруваат напонските прилики во с. Возарци, а ќе се интервенира и во средно напонската мрежа во делот на изводите Дуброво, Дисан и Пепелиште. Ефектот од тие интервенции е намалување на времетраењето на прекини во снабдувањето при евентуалните дефекти во дистрибутивната мрежа во општина Неготино. Вкупната инвестиција на ЕВН Македонија за проектот во Тиквешкиот регион изнесува 200. 000 евра, се вели во соопштението.

АД „Електрани на Македонија“ со добар старт годинаваПРЕДВРЕМЕ РЕАЛИЗИРАНО ТРЕТИНА ОД ПЛАНИРАНОТО ПРОИЗВОДСТВО

АД „Електрани на Македонија“ заклучно со 8.4.2011 година испорача над 2.013 гигават часови електрична енергија во електроенергетскиот систем на Република Македонија, што претставува реализација на една третина од планираното производство согласно Енергетскиот биланс за годинава. Со завршувањето на првиот квартал од 2011 година, посочуваат од компанијата, регистрирано е натрфлување на производството во однос на билансот за 7 проценти.

-Хидроелектраните заедно произведоа повеќе од 479 гигават часови електрична енергија или 18,35 проценти повеќе од планираното согласно Енергетскиот биланс за овој период од годината. После само изминати три месеци од 2011 година, реализирани се 40 проценти

од хидропроизводството предвидено за целата тековна година, - се вели во Соопштението на АД „ЕЛЕМ“. И термоелектраните „Битола“ и „Осломеј“, се нагласува, во првиот квартал од годинава, планираното производство од 1.468 гигават часови електрична енергија го натфрлија за 4,48 проценти, односно произведоа повеќе од 1.534 гигават часови електрична енергија што претставува 31,5 проценти од вкупното производство планирано за оваа година. Кај ТЕ „Битола“ е регистрирано

натфрлување на производството за 4,6 проценти, додека ТЕ „Осломеј“ испорачал 4 проценти повеќе во однос на планираното. - Натфрлувањето на планираното производство на електрична енергија кај сите термо и хидроелектрани на АД „ЕЛЕМ“ е резултат на оптималното управување со капацитетите, добрата хидролошка состојба, техничката кондиција, солидната погонска подготвеност на објектите и квалитетно извршените ремонтни зафати на термоблоковите, - се нагласува во cоопштението од АД „Електрани на Македонија“.

Винер Осигурување – Виена Иншуранс ГрупДВОЈНО ПОВИСОК РАСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ

Финансиските резултати на Винер Осигурување - Виена Иншуранс Груп остварени во првиот квартал од годинава покажуваат дека компанијата остварила огромен раст и пораснала двојно во однос на првиот квартал од 2010 година. Како што велат од осигурителната компанија за скопски „Вечер„ тоа е доказ за довербата на клиентите кон нивното работење. Според нив, соодветен пораст и динамика се реализирани и во однос на ефикасноста на решавањето штети, со цел на клиентите да им се обезбеди квалитетна и брза услуга. Растот на компанијата е проследен со зголемување на човечките ресурси и проширување на бројот на продажни места, кој достигна 40 деловни единици, од кои три се отворени во првиот квартал од 2011 година.

Зоран Нарашанов

- Продолжуваме да растеме, продолжуваме да се шириме, се` повеќе луѓе му се приклучуваат на нашиот тим, бидејќи го препознаа како победнички. Имаме голем број млади, перспективни луѓе, најдобри во својата генерација и ги повикувам сите кои се сметаат себеси за такви да ни се придружат, – истакнал Зоран Нарашанов, генерален директор на Винер Осигурување.

ДОБРО РАСПОРЕДЕНИ ФАБРИКИ

„Фруктал Мак“ има 66 вработени, а од 2000 година наваму инвестиравме околу 3,5 милиони евра во четири нови линии за производство на сокови. Фабриката произведува сокови во тетрапак од еден литар и од 250 милилитри, сируп за сокови на растворање и сокови во пластична амбалажа од 1,5 литар. Со овие нови линии e заменета старата линија ,чија намена била производство на сокови од еден литар. Последната инвестиција во опрема беше направена во 2007 година, а оваа година за сума од околу 350.000 евра го откупивме и земјиштето на кое се наоѓа фабриката која е лоцирана на 15 километри од Скопје, во скопското село Моране. Се одлучивме да го откупиме земјиштето бидејќи компанијата ја гледа овдешната фабрика како еден центар што ќе го покрива регионот на Јужен Балкан. „Фруктал“ има две фабрики, една во Ајдовшчина, Словенија и една во Скопје и тие се добро распоредени. Едната покрива региони посеверно, другата појужно, па некаде во Босна се среќаваме со асортиман. „Фруктал мак“ се простира на површина од 220.000 метри квадратни, од кои 120.000 метри квадратни се овоштарници насадени со праски, кајсии и јаболка од кои се направени соковите на „Фруктал Мак“. (Алеш Шкраба,

генерален директор на „Фруктал Мак“)

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 16: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 14 април 2011

Деветнаесет години Царинска управа на Република Македонија ВИСТИНСКА ПОТПОРА НА БИЗНИСОТ

Царинската управа на Република Македонија е лидер во реформите на јавната администрација, вистинска потпора за бизнисот, ефикасна алатка во борбата против нелегалната трговија и криминалот и заштитник на интелектуалната сопственост. Тоа го оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во обраќањето на свеченооста по повод 19-годишниот јубилеј на Царинската управа на Македонија. Според м-р Зоран Ставрески, реформските процеси што ги спроведува Царинската управа во изминатите 4,5 години придонеле за значајно подобрување на вкупниот имиџ на државата, како земја со одлични предуслови за водење бизнис.

Управата, потсети вицепремиерот, посветено работела на усогласување на националното со законодавството на ЕУ во насока на постигнување на амбициозната цел - пристапување кон Заедничката транзитна конвенција на ЕУ. Воедно, создадена е и правна рамка за воспоставување Интегрирана царинска тарифа TARIM, преземени се чекори за развој на т.н. е-царина. Вицепремиерот ги наброја и владините мерки за царинското работење со кои, како што рече, значително се намалени трошоците на економските оператори, и тие за увоз на патнички автомобили. Со тоа, наведе тој, бројот на увезени употребувани патнички моторни возила од 3.000 во 2009 година се зголеми на 51.000 лани. Динамиката на увоз на возила се задржа и во првиот квартал годинава со месечен просек од 3.300 увезени автомобили во земјава, или скоро 10.000 возила за само три месеци, - истакнал м-р Зоран Ставрески, а го цитира МИА. Според него, Царината посветено работи на воведување нови методи за осовременување на системот на следење на движењето на акцизните стоки, анализата на ризик, како и воведување на електронски систем за контрола на акцизи, целосно компатибилен со царинските ИКТ-системи на ЕУ во оваа областа. Директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов најавил поинтензивно работење на Царината за исполнување на условите за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзит, кон која е можно да се пристапи и пред влезот на ЕУ доколку се исполнат условите. - Тоа, пред се` е поврзувањето со новиот компјутеризиран транзитен систем на ЕУ. Според нашите планови може да добиеме покана во втората половина на 2012 година, а претходно да ги направиме сите подготовки,

- рекол Каргов. Според него, Царината успешно се справува со различни обиди за шверц, како и со случаи на декларирање пониски фактури од реалните, и со неправилни документи за потекло на стоката за да се избегне плаќање на царина. Каргов нагласил дека обемот на работа на Царината се зголемува, за што, според него се доказ 310. одобренија за шпедициски работи издадени на крајот на 2010 година, како и лиценците на физичките лица. Значително бил зголемен и бројот на обработените царински декларации. Минатата година Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа решила 1.342 предмети при што се изречени глоби во вкупен износ од 1,2 милиони евра. Лани се примени и 22 предмети за сторен акцизен прекршок. Врз основа на спроведени истраги Царинската управа во 2010 година до јавните обвинителства поднела 105 кривични пријави против 67 правни и 128 физички лица. Најголем дел од кривичните пријави се однесуваат за сторено кривично дело царинска измама, криумчарење и неовластено производство и промет со наркотици.

Потпишан Mеморандум за разбирање меѓу Министерството за економија, Секретаријатот на ЕЗ и РКЕРЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАКОНСКАТА РАМКАВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТИКАТА

Утврдување на методолгијата и цената на енергенсите од аспект на независноста на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и рефлектирање на реалните трошоци на енергетсктие компании, предвидува Меморандумот за разбирање што беше потпишан меѓу Министерството за економија, Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) и РКЕ за натамошна соработка во делот на енергетиката. Првиот документ од ваков вид што Секретаријатот го потпишува со една земја-потписник на Договорот за основање на Енергетската заедница има за цел утврдување и зајакнување на форматот на соработката во остварување и реализација на законската рамка во областа на енергетиката, односно утврдување на подзаконските акти и уредби кои ќе следат по донесувањето на Законот за енергетика во Република Македонија. - Овој документ што денеска го потпишавме е само формализирање на досегашна одлична соработка што ја имавме со ЕЗ и ќе биде пример за другите земји-членки на ЕЗ. Тоа е значајно за Македонија по годината што беше значајна за реформите во областа на енергетиката со носењето на новиот Закон за енергетика и на трите стратегии, како и инвестициите во областа на малите хидроцентрали и големите проекти Чебрен, Галиште, Бошков Mост, Луково Поле, ветерните електрани и Вардарска Долина, рекол министерот за економија, д-р Фатмир Бесими, по потпишувањето на Меморандумот. Значењето што ЕЗ го има за земјите од регионот, посочи, е огромно во делот на унапредувањето на законодавството, како и за усогласување и хармонизација на реформите и политиката во областа на енергетиката за да станеме еден заеднички пазар којшто ќе биде интересен за

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 17: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 14 април 2011

инвеститорите и ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со енергија. - За да се обезбеди тоа неопходни се повеќе инвестиции, но и законодавство коешто ќе даде солидна основа за инвестиции. Македонија со донесувањето на Законот за енергетика влезе во групата земји со најнапредно законодавство согласно Директивите на Европската унија во рамките на Енергетската заедница, - додал д-р Фатмир Бесими. Славчо Нејков, директорот на Секретаријатот на ЕЗ рекол дека потпишниот Меморандум е многу значаен документ бидејќи покажува дека голем дел од барањата на ЕЗ се веќе исполнети од македонските власти со донесувањето на Законот за енергетика во февруари годинава. - Македонија стана пионер бидејќи за прв пат Секретаријатот на ЕЗ потпишува ваков документ со некоја земја-членка. Со него се прецизираат натамошните чекори и подзаконските акти и уредби што треба да се донесат за Законот за енергетика и се потенцира напредокот на РКЕ, како и следните напори за продлабочувањето на независноста на регулаторот, - рекол Нејков. - Со новите измени на Законот за енергетика се зајакнува независноста на РКЕ. Тоа е клучното барање кое ние ќе продолжиме да го следиме и натаму, прецизирал Нејков, а го цитира МИА. Претседателот на РКЕ, Димитар Петров, истакнал дека потпишувањето на Меморандумот значи продлабочување на соработката во делот на секундарното законодавство, односно правилниците, методологии, тарифни системи и упатства кои во наредниот период треба да се усогласат со новиот Закон за енергетика. - Се надеваме дека потпишувањето на Меморандумот ќе биде пример и за останатите земји-потписнички на Договорот за основање на ЕЗ, - рекол Петров. Тој истакнал дека веќе се формирани работните групи за донесување на правилниците за електрична енергија и гас. - На 28 март годинава донесени се два правилника за начинот и условите за формирање на цените на електричната енергија, а следува и донесувањето на сите останати за кои се изработени работните верзии, - рекол Петров. Со новите правилници и новиот Закон за енергетика, нагласил, се овозможуваат дополнителни новитети во делот на загубите и купувањето на слободниот пазар и се признаваат реалните трошоци на компаниите.

Отворен прв Центар за складирање и впаричување на запленети подвижни предмети КУПУВАЊЕ ПРЕКУ ЈАВНИ АУКЦИИ

Во Неготино почна со работа Центарот за складирање и впаричување на запленети подвижни предмети врз основа на неплатени даноци. Ова е прв ваков центар отворен во државата, со кој се овозможува на едно место да се сместат запленетите работи од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) по основ на неплатени даноци што ќе може да се купуваат преку јавни аукции, – објавува МИА. Неготино е избран како град поради еднаквата просторна оддалеченост од кое било место во државата што ќе овозможи полесен пристап и намалување на трошоците за клиентите заинтересирани да учествуваат на јавните аукции.

Центарот официјално го пуштија во употреба вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески и директорот на УЈП, Горан Трајковски.

- Со ова на едно место во центарот на Македонија, во Неготино, го концентрираме сиот движен имот што е запленет по основ на неплатени даноци и на тој начин веруваме дека ќе успееме на многу поефикасен начин и со повисока наплата на средствата по пат на јавни и транспарентни аукции да наплатиме средства во буџетот, - нагласил вицепремиерот Ставрески по отворањето на Центарот. Директорот на УЈП Трајковски очекува дека со ова ќе се добие поголема транспареност и забрзана постапка на впаричување на запленетите подвижни предмети. - Очекувањата на Управата се дека со една централна единица на впаричување добиваме на транспаретност, квалитетот и унифицирана постапка за сите даночни обврзници во Република Македонија и забрзана постапка на впаричување на средствата што е единствена цел на УЈП за наплата на даночниот долг, - рече Трајковски. УЈП минатата година по пат на присилна наплата ефектуирала три милијарди 170 милиони денари, од кои 35 милиони денари по пат на продажба на стоките за кои не е платен данок. До отворањето на Центарот, запленетите подвижни предмети беа складирани во неколку пуктови во државата што го правеше системот понеефикасен и се губеше повеќе време.

Даночни неправилности и корупција ќе се пријавуваат и по електронски пат ГЛУШЕЦОТ ГИ ОТКРИВА ПОДМИТЛИВИТЕ

Пријава за неиздадена фискална сметка, корупција, затајување данок или за непрофесионално однесување на вработените во јавната администрација ќе може да се поднесе по електронски пат преку интернет-страницата на Управата за јавни приходи. - Лицето кое пријавува неправилност ќе има можност да остане анонимно, а УЈП ќе постапува електронски по добиените пријави преку веб-локацијата на ист начин како да се добиени во хартиена форма или по телефонски пат, појаснил министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на промоцијата на проектот во Контакт-центарот на УЈП, а пренесува МИА. Времето за обработка на поднесените формулари од страна на институциите ќе биде намалено со тоа што

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 18: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 14 април 2011

поднесоците ќе бидат достапни за авторизирани корисници од повеќе работни станици. Со овој проект, истакнал Ивановски, ќе се зголеми степенот на софистицираност на електронските улуги, стандард по кој ЕУ секоја година ги оценува сите земји-членки на ЕУ и е дел од стандардите кои ги постави македонската Влада за развојот на информатичкото општество. Статситичките податоци на УЈП покажуваат дека преку телефонската линија 187 и Контакт-центарот на оваа институција од 2006 година до крајот на 2010 година се регистрирани 24.330 обраќања на граѓани по основ на неправилности за корупција, неиздадена фискална сметка, затајување данок или за непрофесионално однесување на вработените во администрацијата. Според директорот на УЈП Горан Трајковски, со воведувањето на електронските формулари за тие неправилности ќе се добијат поквалитетни пријави. За непрофесионално однесување на даночните службеници преку линијата 198 во 2008 година имало 108 пријави, во 2009 - 99, а во 2010 година - 131 пријава. - Кај 95 проценти од пријавите постапила службата за внатрешна контрола, но секогаш останува број од пет до осум проценти од пријавите кај кои УЈП не може да постапува поради недоволно или невалидни податоци, а за кои во одреден сегмент сметаме дека тие што пријавуваат се сомневаат во можноста да биде заштитен нивниот идентитет, рекол Трајковски, истакнувајќи дека новите е-формулари ќе овозможат максимална заштита на личните податоци. Меѓу таргетите на УЈП се и пријавите за нередовно и неточно исплаќање на бруто-платата, каде целната група е 460.000 вработени. УЈП е една од институциите која ќе биде опфатена со системот на електронски формулари, кој ќе вклучи 20 различни услуги дефинирани според европски критериуми, кои граѓаните и компаниите ќе ги добиваат по електронски пат.

Одлука на Владата на Република Македонија ЗАБРАНА ЗА ИЗВОЗ НА БРАШНО ДО 15 СЕПТЕМВРИ

За да го заштити домашниот пазар и да обезбеди доволни количини брашно за преработка, Владата на Република Македонија донесе Одлука времено да го забрани извозoт на брашно до 15 септември 2011 година. Новата одлука на Владата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е дополнување на неодамна донесената за забрана за извоз на пченица. Мерката има за цел стабилизирање на пазарот со брашно

и обезебедување доволни количини пченица за покривање на домашните потреби за мелничко-пекарската индустрија до новата жетва. Новата одлука на Владата треба да биде основа и за стабилизирање на цената на лебот како основен прехранбен производ. По зголемувањето на цената на лебот, Владата донесе одлука за продавање на 40.000 тони пченица од државните резерви, се наведува во соопштението.

Интензивни активности за сигурен откуп, пласман и извоз на македонските земјоделски производиВО ТЕК ИЗГРАДБА НА 10 НОВИОТКУПНО-ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ

Бројот и опременоста на откупно-дистрибутивните центри за свежо овошје и зеленчук не задоволува поради што еден од основните приоритети на Владата останува градење нови и осовременување на постоечките. Целта е обезбедување сигурен откуп и пласман на земјоделските производи, подобар маркетинг, воведување современи пазарни стандарди и поголем извоз. Како што истакнал на прес-конференција заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски, од која известува МИА. веќе е во тек изградба на 10 нови откупно-дистрибутивни центри, а проекциите се секоја година да се градат по најмалку пет. - Од 1. јуни годинава земјоделците ќе може да го предаваат производството во новиот објект на „Агрокор“ чиј капацитет, 35.000 тони, опслужува 1.500 кооперанти. За овој проект во делот електрична и патна инфраструктиура, како и изготвување планска документација, Владата обезбеди 90 милиони денари, истакнал Иваноски. Државата ќе кофинансира половина од трошоците на домашните инвестиции во откупно-дистрибутивни центри преку ИПАРД и Програмата за рурален развој. - Веќе се градат шест откупно-дистрибутивни центри од кои три во Скопско и по еден во Валандово, Радовиш

и Гевгелија за кои вкупната и н в е с т и ц и ј а изнесува околу два милиона евра. Половина од овие средства ќе покрие државата по реализирање на вл ож у в а њ а т а , посочил заменик

министерот. Поодбрување ќе има и во откупот и пласманот на јаболката. Во Ресенско течат подготовките за откупно-дистрибутвниот центар чиј капацитет се планира да биде 25.000 тони. - Парцелата е внесена во планската урбанистичка документација. Теренските активности треба да почнат до крајот на годинава или почетокот на идната. Изградбата предвидена за месноста Макази ќе се одвива во две фази, првата со капацитет 16.000 тони и втората со 9.000 тони откуп, рекол Перица Иваноски. Покрај изградба на откупно-дистрибутвни центри, за подобар маркетинг и пласман, Владата освен што ќе гради и преработувачки капацитети, ќе продолжи, потенцирал Иваноски, и со привлекување директни странски инвестиции во маркетингот.

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 19: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 14 април 2011

Во Струмица стартуваше реализацијата на мегапроектот за гасификација на oпштината ИНВЕСТИЦИЈА КОЈА ГОДИШНО ЌЕ ШТЕДИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА Во Струмица почна реализацијата на капиталниот проект за изградба на виртуелен гасоводен систем, единствен од ваков вид во овој дел од Балканот. За поставувањето на примарната гасоводна мрежа во должина од 13 километри, односно за завршувањето на првата фаза што ја изведува фирмата „Конти хидропласт“ од Гевгелија, од буџетот на Oпштина Струмица ќе бидат издвоени 57 милиони денари. Според очекувањата, гасоводот треба да биде даден во употреба во октомври оваа година, пред почетокот на грејната сезона. Првата фаза практично ќе значи основа за приклучување на сите домаќинства во градот на примарната мрежа. Во втората фаза, на гасоводниот систем ќе бидат приклучени пластениците и оранжериите за производство на зеленчук, како и населените места во непосредната околина на Струмица. Исто така, на примарниот гасовод ќе бидат приклучени и сите локални и државни јавни установи, како и заинтересираните стопански објекти, фабрики и слично. - До крајот на оваа седмица следуваат уште два тендера: едниот за набавка и монтирање на опрема за компресија и декомпресија на гасот, а вториот за увоз на природниот гас, изјавил на прес-конференција градоначалникот Зоран Заев, а го цитира МИА. Тој подвлекол дека за Струмица овој проект значи економски раст и развој, отворање нови фабрики и нови работни места, како и зголемување на конкурентноста на струмичкото стопанство. Гасификацијата ќе значи заштеда на енергија и намалување на трошоците за скапите нафтени деривати, стопирање на сечењето на шумите, намалување на користењето на ечектричната енергија и заштита на животната средина. - Со оптималното искористување на природниот гас граѓаните, фирмите и јавните државни и локални институции ќе заштедуваат повеќе од 20 милиони евра годишно, - истакнал Заев. Според Зоран Китанов, директор на новоформираното претпријатие „Струмица-гас“, проектната документација за овој мегапроект опфаќа физибилити студија од околу 2.000 страници, идеен и основен проект за примарен гасоводен цевковод за снабдување со природен гас на јавните установи, стопанските објекти и домаќинствата и елаборат за заштита на животната средина. Покрај гасоводната мрежа, до почетокот на октомври во Струмица ќе бидат изградени и две матични станици за декомпресирање на природниот гас кој ќе се носи од мајката-станица лоцирана во Петрич, Република Бугарија, како и набавка на специјални цистерни за транспорт на природниот гас.

Примена на агротехнички мерки и квалитетен семенски материјал во македонското земјоделство се уште малаУСЛОВ ЗА ЕФТИНО И ПРОФИТАБИЛНО ПРОИЗВОДСТВО Како да се произведе поевтина и поквалитетна храна, да се зголеми производството на житни култури и млеко со помали трошоци, беше темата на работилницата што ја организираше Регионалниот сојуз на земјоделците „Клас“ во соработка со Тетовската млекарница и „Семенарство” од Скопје. Земјоделците имаат можност да ги слушнат искуствата од Хрватска што ги пренесоа професори од Земјоделскиот институт - Осиек, посебно во делот на произведување пченка и луцерка, рекол претседателот на „Клас“, Перо Стојкоски, а го пренесува МИА. Според Горан Николовски, директор на Тетовската млекарница примената на агротехнички мерки и квалитетни

ѓубрива можат да го зголемат производството. Производители на житни култури од Прилепско и фармерите се согласни дека примената на агротехнички мерки и квалитетен семенски материјал се услов за поквалитетно и профитабилно земјоделство. Моментно, освен поскапувањето на пченицата во светски рамки, велат, ги чувствуваат и последиците од високата цена на сточната храна. Сугерираат државата да дава субвенции по единица површина, а не според производството и приносите, но воедно да води сметка и при давањето на земјоделското земјиште под закуп.

Од програмата за прекугранична соработка 400 илјади евра за Општина Кочани„МОДЕРНА ИНФРАСТРУКТУРА – УСПЕШЕН БИЗНИС“ Преку програмата за прекугранична соработка Општина Кочани во партнерство со општините Рила и Сапарева Бања, Република Бугарија, добија 800 илјади евра, средства наменети за проекти од областа на културата, туризмот и инфраструктурата. Општина Кочани како партнер и носител на трите проекти доби 400 илјади евра. Во партнерство со општината Сапарева Бања, општина Кочани ќе го реализира проектот кој предвидува асвалтирање на патот до манастирот Св. Илија во село Бели и уредување на неговата околина. Со општина Рила ќе се уреди етно куќа во Кочани во рамките на проектот „Еднакви во културните различности“ и изградба на тротоари и зафаќање на атмосферските води и нивно канализирање во Индустриската зона на Кочани во рамките на проектот „Модерна инфраструктура-успешен бизнис“. За успешна реализација на овие три проекти општина Кочани на последната седница донесе одлука за давање на користење на имот сопственост на општина Кочани за целта на овие проекти, при што се препорачува намената на имотот да не се промени најмалку 5 години од денот на отстапувањето на користење.

Општина Струга се подготвува за новата туристичка сезонаДОАЃААТ ХОЛАНЃАНИТЕ! По минатогодишната слаба туристичка сезона, општина Струга очекува оваа година да биде посетена од многу поголем број туристи. - Очекуваме оваа туристичка сезона далеку поголем број гости, со оглед на најавите кои пристигнуваат од Холандија за одлична продажба на аранжманите за нашето крајбрежје на тамошниот пазар, изјавил за МИА, Зоран Гулицоски, секретар во Општина Струга. Лани во Струга имало 20 отсто помалку туристи во однос на 2009 година што, според општината, се должело на светската економска криза што ја зафатила и Македонија и регионот од каде што доаѓаат најмногу туристи. - Веќе на наредната седница на градскиот совет планираме да ја донесеме и програмата за туризам за оваа година која предвидува серија активности во однос на инфраструктурно уредување на градот. Ние и овој период веќе интензивно се подготвуваме за летната сезона. Зелените појаси хортикултурно се уредуваат, се крпат дупките по улиците, а сакаме да поставиме и информативни табли на неколку ударни пунктови низ градот кои би им давале информации за неколкуте културно-историски локалитети во градот, додаде Гулицоски.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 20: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 14 април 2011

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, март 2011 година СКОК ОД 15,3 ОТСТО НА ГОДИШНО НИВО

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 3.3% на месечно ниво и за 15.3% на годишно ниво.

Во март 2011, во споредба со февруари 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 6.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.9%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.3%. Во март 2011, во споредба со март 2010, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 22.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 15.3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.0%, Капитални производи за 1.9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1%.

Трошоци на животот во март 2011 (според класификацијата COICOP)ХРАНАТА И КОМУНАЛИИТЕ СО НАЈВИСОК ПОРАСТ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во март 2011, во однос на февруари 2011 година, изнесува 101,7, а во однос на март 2010 година изнесува 105,2. Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката,

во март 2011, во однос на февруари 2011, пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 3,0%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 2,9%, Транспорт за 1,0%, Ресторани и хотели за 0,8%, Здравје за 0,6%, Облека и обувки и Рекреација и култура за 0,3% и Комуникации за 0,1%. Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и Останати стоки и услуги за 0,1%. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Образование.

Туризам, февруари 2011 година ПОВЕЌЕ И ГОСТИ И НОЌЕВАЊА

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2011 година изнесува 27 155, а бројот на ноќевањата изнесува 63 351. Бројот на туристите во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е зголемен за 4.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.9%. Бројот на домашните туристи во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е намален за 6.7%, а бројот на странските туристи е

зголемен за 14.8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, е намален за 8.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е

зголемен за 19.5%. Во периодот јануари-февруари 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.4% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.7%, а кај странските има зголемување за 14.8%. Во периодот јануари-февруари 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 9.5%, а кај странските има зголемување за 15.0%.

Откуп и продажба на земјоделски производи во февруари 2011 годинаПАЗАРНИТЕ ВИШОЦИ ОД 1,6 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИСО ПОРАСТ ОД 3,5 ПАТИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во февруари 2011 година изнесува 1 613 460 илјади денари што претставува зголемување за 191,6% во споредба со февруари 2010 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители во февруари 2011, во споредба со февруари 2010, е зголемена за 357,3%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 8,1%. Зголемување на вредноста на вкупниот откуп е забележано кај житата, индустриските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, млекото, млечните производи и рибата, додека намалување е забележано кај градинарските и фуражните растенија и живината и јајцата.

СТАТИСТИКА

Page 21: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 14 април 2011

РЕГИОН ММФ предвидува раст на БДП во балканските земјиМАКЕДОНИЈА СО 3 ОТСТО

Македонија во текот на 2011 година ќе оствари раст на бруто домашниот производ за солидни три проценти, оценија експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата најнова прогноза за овогодишните економски текови.

Според ММФ, меѓу земјите од балканскиот регион највисок стопански раст од 3,3 отсто ќе забележи Албанија, додека Србија ќе има трипроцентна економска експанзија. Хрватска во текот на 2011 година ќе забелжи економски раст од 1,3 проценти, откако лани имаше пад на БДП-то од 1,4 отсто, додека Словенија ќе има умерен стопански раст од два процентa. Што се однесува до стапката на инфлација, експертите на ММФ предвидуваат дека таа во Македонија оваа година ќе изнесува 5,2 отсто, додека највисока инфлација во регионт на Балканот се прогнозира за Србија и тоа од 9,9 проценти. За останатите земји од регионот експертите на ММФ предвидуваат дека инфлаторната стапка ќе се движи од два отсто во Црна Гора, 2,2 во Словенија, 3,5 во Хрватска, па до пет проценти во Босна и Херцеговина.

Европската комисија cо најновата проценка за минатата година НЕРАМНОМЕРНО ЕКОНОМСКО ЗАКРЕПНУВАЊЕНА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Европската комисија во најновата проценка утврди дека економското закрепнување на Западниот Балкан во минатата година било нерамномерно, бидејќи во Србија растот на бруто домашниот производ (БДП) достигнал „скромни 1,8 отсто“ а во Хрватска дошло до опаѓање на БДП

од 1,2 отсто. Во истиот тој период „Албанија ја надминала кризата без рецесија и достигнала раст на бруто домашниот производ од дополнителни 5,7 отсто и во последното тримесечје во 2010 година, а во целата година 1,4 процент“, - пренесува БТА. Економската комисија во економската анализа наведува дека до раст на економијата и на БДП во регионот дошло првенствено благодарејќи на порастот на извозот, што довело и до намалување на надворешно-трговскиот дефицит. Во Црна Гора, според проценките на ЕК, БДП во 2010 година пораснал за 1,1 отсто, во Босна и Херцеговина 0,9 проценти, во Македонија 0,7 отсто, а на „Косово под резолуцијата 1244 на СБОН“ растот на бруто домашниот производ изнесувал 4,6 отсто. Невработеноста, како што се наведува, останува голем проблем за целиот регион, па така во Србија и Хрватска дошло до поголем пораст на

невработеноста. Во Србија таа стапка достигна 20 отсто, а во Хрватска 11,8 проценти од работноспособното население, но невработеноста е многу позагрижувачка, иако стагнира или незначително опаѓа, во други држави од Западен Балкан. Рекордер по стапката на инфлација во 2010 година била Србија, каде што растот на цените достигнал 10,3 проценти, додека во Црна Гора изнесувал само 0,5 отсто, во Хрватска еден процент, во Македонија 1,6 отсто, во БиХ 2,1 процент, во Албанија 3,6 отсто и на Косово 3,5 проценти. Во анализата на ЕК се наведува дека „до повторен пораст на инфлацијата на Западен Балкан дошло поради поскапувањето на храната и посебно на нафтата“ на светскиот пазар.

Грција ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛАНА РЕКАТА СТРУМА

Грција ќе гради хидроцентрала на реката Струма, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Реката Струма

Централата ќе биде со моќност од 2,3 мегавати и ќе биде изградена во реонот на новиот мост на реката Струма во близина на магистралата меѓу Серес и Солун. Проектот ќе се реализира од компанијата „ХЕЦ Стримонас АД“.

Албанија има проблеми со одржување на вредноста на домашната валутаИСТОРИСКИ ПАД НА ЛЕКОТ ВО ОДНОС НА ЕВРОТО Албанската национална валута, лекот, достигна рекорден пад на вредноста во однос на еврото, јавува дописникот на МИА од Тирана. Едно евро деновиве се менува за 142,60 лека, што е до сега највисока вредност. Според експертите постои тенденција на натамошно опаѓање на вредноста на лекот, со можност набрзо едно евро да чини 145 лека. Причините за тоа, како што пренесува тиранската телевизија Топ-чанел, се многубројни, а кои пред се` се поврзуваат со месец март, период кога странските компании го прикажуваат билансот заедно со добивката, кои се конвертираат во евро и заминуваат надвор од земјата. Друга причина е услугите кои ги плаќа Владата за долговите, рати кои се зголемуваат поради намалената вреднос на лекот. Што се однесува до депозитите на емигрантите тие не се реализираат според очекувањата во економијата за балансирање на трговскиот дефицит. Сега, констатираат експертите, друга опасност доаѓа од патувањата на албанските граѓани во земјите од Шенген зоната, поради укинувањето на визите. Пред две години за 123 лека можеше да се купи едно евро. Падот на вредноста на албанската валута почна во втората половина на минатата година.

Page 22: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 14 април 2011

ЕВРОПСКА УНИЈА Резолуција на ЕП: Источните земји соседи на ЕУ кои спроведуваат реформи треба да бидат наградени со европска перспективаБОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТАОСНОВЕН ПРИОРИТЕТ

Во Резолуцијата изгласана од Европскиот парламент се наведува дека Европската унија треба да има диференциран приод кон земјите источни соседи на Унијата, кои спроведуваат реформи и истите треба да бидат наградени со европска

перспектива. Тоа значи дека ЕУ треба да определи критериуми за оценка на напредокот на земјите во спроведувањето на демократските реформи. Во Резолуцијата се истакнува дека „борбата против корупцијата, посебно во судскиот систем и полицијата треба да биде основен приоритет за ЕУ во развојот на односи со источните партнери“. Во однос на „замрзнатите конфликти“ пратениците бараат високиот претсатвник за надворешна политика на ЕУ да разработи „нов пристап“, како на пример неформални контакти и консултации со заедниците на отцепените територии, со што во исто време ќе се зачува политиката на Унијата за непризнавање. Во Резолуцијата се разгледуваат и прашањата за слобода на медиумите, либерализација на визниот режим и размена на студентио.

ЕУ не ги исполни целите за помош во развојот во 2010 годинаНАЈСЛАБО СЕ ПРЕТСТАВИЈА ИТАЛИЈА И ГРЦИЈА

Земјите-членки на Европската унија не успеаја да ги исполнат целите за помош во развојот во 2010 година, информира Европската комисија. Најслабо се претставија Италија и Грција. Европските земји ветија дека до 2010 година ќе одделат за помош

во развојот 0,56 проценти од својот бруто национален доход (БДП), како гранична цел кон задачата, определена од Милениумските цели за развој на ОН, до 2015 година да се оделуваат 0,7 проценти од БДП. Целта за 2010 година беше диференцирана - 12 посиромашни земји-членки на ЕУ од централна и источна Европа требаше да оделат само 0,17 проценти од својот БНД, а помошта од останатите 15 држави требаше да се изедначи на 0,51 процент од нивниот БДП. Европската унија подари вкупно 53,8 милијарди евра (77 милијарди САД долари), што е еднакво на 0,43 проценти од вкупниот БДП, соопшти Комисијата. Сумата е за 4,5 милијарди евра над подарените во 2009 година, кога вкупната сума одделена за помош за развој од ЕУ, се намали заради одгласите на светската рецесија. Грција и Италија одделиле за помош за развој едвај 0,17 проценти и 0,15 проценти, што е пад во однос на нивните подароци во 2009 година. Шпанија ја намали помошта до 0,43 проценти од БДП. Другите „богати“ европски земји, кои не успеаја да ги извршат своите задачи, се Франција, Германија, Австрија и Португалија, но кај нив се гледа зголемување на сумите во однос на претходната година. Поставените цели ги исполнија Луксембург, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Велика Британија, Финска и Ирска, а првите четири дури ги надминаа целите за 2015 година. Меѓу посиромашните европски земји целта од 0,17 процент ја запази единствено Кипар, забележа ЕК.

Шпанија очекува економскиот раст од 2,3 проценти во 2012 годинаРЕВИДИРАЊЕ - НАДОЛУ

Шпанската Влада ја намали прогнозата за економскиот раст на

земјата на 2,3 проценти од претходно предвидените 2,5 проценти. Сепак шпанските власти не ја променија претходно објавената прогноза дека буџетскиот дефицит ќе се намали до 4,4 проценти во однос на предвидените шест проценти за 2011 година.

Мадрид

Министерката за финансии Елена Салгадо објави дека за 2011 година Владата го задржува очекуваниот раст од 1,3 проценти на Бруто домашниот производ на земјата.

Чесите го губат оптимизмот, иако невработеноста опаѓаДВЕ ТРЕТИНИ СЕ ПЛАШАТ ОД ИДНИНАТА

Невработеноста во Чешка во месец март изнесувала 9,2 проценти и споредено со претходниот месец бележи намалување од 0,4 проценти, соопшти Заводот за статистика. Според аналитичарите, таквите податоци кои се и за нив неочекувани, се должат на поволните сезонски ефекти, особено зголемувањето на работата во градежништвото, јави дописникот на МИА од Прага. Статистичките податоци покажуваат дека за работа биле заинтересирани 548.000 луѓе, односно на годишно ниво 19.000 чешки граѓани помалку. Економистите предвидуваат дека трендот на намалување на вработеноста ќе продолжи и кон крајот на годината се очекува да изнесува околу 8,5 проценти. Околу 65 проценти од граѓаните на Чешка претпоставуваат дека идната година ќе се влоши економската ситуација во земјата, а повеќе од половината, 55 проценти очекуваат дека тоа ќе се одрази и на нивното домаќинство, покажува најновото истражување на СТЕМ. Според анкетата, оптимистите се значително малцинство, само 12 проценти од граѓаните во Чешка

Page 23: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 14 април 2011

ЕВРОПСКА УНИЈА веруваат дека земјата ја чека подобра иднина, а едвај осум проценти очекуваат дека идната година ќе им се подобри финансиската состојба, јавува дописникот на МИА од Прага. Експертите сметаат дека ова се должи на фактот што Владата не успева да го објасни ефектот од реформите кои ги презема и кои треба да придонесат не само кон подобрување на јавните финансии туку и кон индивидуалните состојби на луѓето.

Прага

- Затоа луѓето реформата ја гледаат само како начин некој се подлабоко да им „влезе“ во нивните џебови, објаснува економистот Јан Швејнар. Дека Владата не успева во доволна мера да ги запознае луѓето со позитивните ефекти од економските ферорми кои ги презема, неодамна призна и чешкиот премиер Петр Нечас. Економските аналитичари сметаат дека Чешка може да се угледа на примерот на соседна Германија, каде во педесетите години на минатиот век политичарите успеаа да ги поврзат напорите на работодавците, вработените и синдикатите да учествуваат во реконструкцијата на земјата, што резултираше со „економски бум“ и благосостојба на граѓаните.

Германија и Австрија ги отвораат пазарите на трудот за работници од Источна ЕвропаНОВА ГРАНИЦА – ЈАЗИЧНАТА БАРИЕРА

Во 2004 година Велика Британија го отвори пазарот на труд за работници од новите земји-членки на ЕУ од Источна Европа и аналитичарите прогнозираа наплив на десетици илјади луѓе. Вкупниот број на луѓе, кои се насочија кон британскиот пазар на труд достигна околу два милиони лица, од кои повеќето беа Полјаци. Сега Германија и Австрија исто така се подготвуваат да ги

Берлин

отворат границите и многумина стравуваат од нов масовен наплив на Источноевропејци. Според процените на полската Влада, само кон Германија во наредните три години може да се насочат до 500.000 Полјаци, откако на 1 мај границата ќе биде отворена. Според многумина експерти, меѓутоа, очекуваниот број на економски имигранти е многу висок. Меѓу факторите, кои најмногу ја ограничуваат емиграцијата, е јазичната бариера. И покрај блискоска на Германија студентите во Источна Европа учат најмногу англиски јазик, што помага да се објасни напливот кон Велика Британија, регистриран во периодот на економскиот бунт пред финансиската криза. П р о ф е с и о н а л н а т а квалификација на некои странски работници не се признава автоматски во Германија и Австрија - факт, што може да ги обесхрабри високообразованите и искуси работници, дури и ако го знаат јазикот.

ММФ и ОЕЦД предвидуваат ПОМАЛ РАСТ НА БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО 2011 ГОДИНА ОД ПРЕТХОДНИТЕ ПРОГНОЗИ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека растот на британската економија оваа година нема да биде поголем од 1,7 отсто. Претходните прогнози предвидуваа раст на економијата од два отсто. Во идната година ММФ предвидува економскиот раст на Велика Британија да се искачи до 2,3 отсто, но тој и понатаму ќе се движи многу побавно од растот што се очекува во светските економии, што се во подем, јавува дописникот на МИА од Лондон. Вака намален, растот на британската економија ќе се движи малку побрзо од растот што се очекува во целата еврозона, како и оној на Франција. ММФ предвидува дека невработеноста во Велика Британија ќе

остане „главно на сегашното ниво“ од 7,8 отсто од вкупниот број вработени во земјата. Прогнозите на ОЕЦД се уште построги, затоа што експертите на оваа угледна организација го намалија претходното предвидување за раст од 1,7 отсто, на 1,5 отсто за оваа година, повикувајќи се на лошиот старт на британската економија и на неповолните очекување што ќе ги предизвикаат владините мерки за остро буџетско кратење, како и вкупната економска политика на Владата во Лондон.

Лондон

Забавениот раст на домашната економија, што предвидуваат ММФ и ОЕЦД, доаѓа со соопштението на британската државна статистика за неочекуваното месечно намалување на инфлацијата. Во март таа изнесуваше четири отсто, додека во февруари 4,4 отсто. Како објаснување за опаѓањето на инфлацијата во моментите кога се предвидуваше таа да продолжи да расте до пет отсто, се наведува опаѓањето на цените на храната и на пијалоците. Трговијата на мало во исто време бележи најлоши резултати по 1995 година. Економската криза, отпуштањата од работа и политиката на остро штедење во буџетската потрошувачка ги натера луѓето помалку да трошат. Најголемо опаѓање е забележано кај продажбата на храна, текстил, како и мебел и опрема за домаќинставата.

Page 24: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 14 април 2011

ДОСИЕ: ПОРТУГАЛИЈА Португалија бара 80 милијарди евра помош како трета нација во еврозоната која падна во криза

ЗАРАЗАТА, СЕПАК, СЕ ШИРИ

Португалија конечно капитулираше во реалноста и тргна по Грција и Ирска во формалното барање 80 милијарди евра од нејзините партнери во еврозоната и од ММФ, за да ја спасат од избегнување на неодржливите вискои долгови кон странство. Португалскиот премиер Хозе Сократеш преку телевизиското обраќање му кажа на неговот народ дека Португалија го фрла пешкирот по скоро едногодишна битка за решавање на нејзините проблеми без надворешна асистенција. Сократеш рече: „Стигнавме до мигот. Ова е посебно мачен момент за нашата држава, и работите ќе станат уште полоши ако ништо не се стори“. Тој рече дека помошта е „последната надеж“. Португалија беше приморана да плати неподносливи големи каматни рати на странски инвеститори; фактот дека заемот од ЕУ и ММФ ќе биде поефтин е брутална калкулација зад која лежи националото понижување.

Хозе Сократеш

Другите европски држави долго време ја убедуваа Португалија да ја прифати помошта како надеж да се совлада континенталната криза со долговите.

ПОВТОРЕНА ИСТАТА ШЕМА

Како претходно и со Грција и со Ирска, се повтори истата шема на „јуначко“ одбивање: тврдоглаво официјално одбивање на помош проследено со нетолерантниот скептицизам на пазарот и притисоци; и хаос пред европските лидери да можат да ги средат проблемите. Самитот на ЕУ минатиот месец беше последната шанса за лидерите на евро регионот да седнат заедно и да се согласат на зголемувањето на Европскиот финансиски

систем за стабилност, или сегашниот фонд за помош. Тие требаше да се согласат на зголемување на фондот од 250 милијарди на 440 милијарди евра; наместо тоа, тие ја одложија одлуката за јуни на барање на финската влада која се соочуваше со незгодни избори. Со ова грчката и ирската трагедија се повторија, но сега на грбот на Португалија. Сега со сериозен товар врз фондот за помош на веќе проширената еврозона, португалскиот пакет за спас - кој изнесува околу 80 милијарди евра - се совпаѓа со можностите на фондот. Сепак, ако „заразата“ се прошири и кон Шпанија, цената ќе биде далеку поголема, а со тоа и заканата по самото евро.

За време на последната епизода од егзистенцијалната криза на еврото, Шпанија успеа да го избегне чекорот кон неизбежниот колапс. Но, има многумина кои се прашуваат дали ова е одржливо, сега и заради Португалија кој е нејзиниот најблизок сосед и многу важен извозен партнер. Шпанија е многу поголема економија од Португалија, но нејзините мали регионални банки, кајасите, се лошо изложени по пропаднатиот пазар за недвижности, и сега тие силно се борат да испливаат. Легендарниот инвеститор и економист Нуриел Рубини, таканаречениот „Др. Дум“ (Др. Проклетство), кој точно го предвиде следниот кредитен крах и последиците од него, даде предвидување за еврото: „Мислам дека големото прашање не е Португалија - таа е толку мала - туку дали заразата ќе се прошири, со текот на времето и врз Шпанија, држава која од една страна е преголема за да падне, но од друга страна е преголема за да биде спасена“. Иако нашироко се сметаше како неизбежно, тајмингот за португалското предавање нималку не дојде како изненадување. Тоа дојде по крцкавото преструктуирање на владиниот долг кој истекува на крајот на следната недела, и многумина предвидуваа дека Португалија ќе може повторно да се протне, под

претпоставка дека ќе следува помош од Европската централна банка (ЕЦБ). Иако мислењето во ЕЦБ, која е со седиште во Франкфурт и е под големо влијание на Берлин, е свртено против Португалија и другите периферални држави кои го користеа нивното право од банката да позајмуваат по ниски каматни стапки, како придобивка за државни финансирања, односно како форма на „зависност“ со која ЕЦБ сака да сопре. ЕЦБ беше подготвена, иако невољно, да ги прифати скоро безвредните записи од Португалија, Ирска и другите влади како замена за заемите кои евентуално ќе си го најдат назад патот кон националните трезори. Ова беше важно за владите кои беа ефективно надвор од големите пазари - но не е и долгорочен одговор на нивните проблеми.

ЕЦБ ГИ ЗГОЛЕМУВА КАМАТНИТЕ СТАПКИ

Па така денес ЕЦБ изгледа е решена да ги зголеми каматните стапки од 1 на 1,25 проценти - иако оваа одлука изгледа дека и ја поттикна последната криза. Претседателот на ЕЦБ, Жан Клод Трише, долго сигнализираше за неговата желба да ги зголеми каматите за да ги провери неговите анти-инфлаторни способности. Но таквиот потег може да ги влоши работите. Тоа директно ќе ги зголеми цените на сервисирањето на долговите помеѓу веќе потресените периферални држави од еврозоната, и исто така ќе ја намали потрошуваката моќ во целата ЕУ со зголемување на хипотеките и цените на банкарските заеми. Не изгледа дека португалската криза ќе ја исцрта линијата под кризата во еврозоната - дури и ако Шпанија ја избегне. Скоро една година по нејзината криза, Грција скоро извесно ита кон потклекнување од нејзините долгови, бидејќи дури и со уште заеми од нејзините партнери, тоа нема да биде доволно да ги покријат нејзните огромни долгови. Тие просто ја угушија нејзината економија. Во меѓувреме, новата влада во Ирска ја објави намера повторно да преговара со ЕУ/ММФ за договорот за спас постигнат минатот ноември. Додека страдаат од иста криза на доверба, од дивото обезвреднување од кредитните агенции и од отфрлањето од пазарите, проблематичните деца на Европа сите имаат различни пристапи. Пред банкарската криза, Ирска уживаше одличен висок раст и низок јавен долг. Португалија и Грција не страдаа од банкарски кризи; сепак нивните економии се едноставно неконкурентни и заковани за еврото, што им оневозможува да го превреднуваат нивниот излез од кризата. Не постои решение „една мерка за сите“ за предизвиците со кои се соочени; но не постои ни било какво друго решение подготвено од европските лидери додека еврозоната се тетерави низ нејзината последна траума.

Page 25: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 14 април 2011

ДОСИЕ: ПОРТУГАЛИЈА KAKO CE РАШИРИЈА ПРОБЛЕМИТЕ

Грција

Како прва држава од еврозоната која побара помош, Грција минатиот мај доби 110 милијарди евра од ЕУ и ММФ. Со големи сомнежи за способноста да ги оствари фискалните цели и уште еднаш да ги искористи пазарите за фондови, сега се зборува дека нејзиниот долг треба да се реструктуира.

Ирска

Државата минатата година зема 85 милијарди евра од ЕУ и ММФ, но и уште едно побарување за банкарска помош од минатата недела - петто по ред од 2008 - ирската економија се уште се одржува во живот, нејзиниот банкарски систем е грогиран, и тоа може да потрае.

Португалија

Се претпоставува дека околу 80 милијарди евра ќе бидат потребни за последното од барањето помош, за кое Португалија со месеци наназад тврдеше дека нема да биде потребно. Тие сега стигнаа до неизбежното.

КОИ ДРЖАВИ МОЖАТ ДА БИДАТ СЛЕДНИ?

Шпанија

Потенцијално најголемата закана за иднината на еврозоната, со невработеност над 20 проценти. Државата ги намали трошењата во очајниот обид да не ја стигне истата судбина како Португалија, но нејзиниот сосед е важен трговски партнер.

Италија

Претседателот на Италија Џорџо Наполитано, која е третата најголема економија во еврозоната, минатата недела рече дека не гледа опасност за неговата земја да бара помош. Но нивната цел да постигнат „нула процент дефицит и раст на БНП“, се уште изгледа далеку.

(Индепендент – Лондон)

Велика Британија ќе мора да издвои околу 5,2 милијарди евра за спас на ПортугалијаПОЗАЈМИЦА МЕСТО ПОМОШ

Велика Британија иако не е членка на еврозоната, сепак ќе мора да помагне во спасувањето на Португалија од банкрот со околу 5,2 милијарди евра, соопшти британскиот министер за финансии Џорџ Озборн. Како што јавува дописникот на

МИА од Лондон, Озборн нагласи дека не станува збор за помош, туку за позајмица што британската Влада ќе и му даде на Лисабон спас на португалската економија и излез од финансиската криза во која се наоѓа земјата. Британското учество во португалската финансиска „спасувачка операција“, според Озборн, изнесува 13,6 отсто од сумата на помошта дадена за спас на Ирска по заканата од колапс на ирскиот банкарски систем. Велика Британија ќе мора да партиципира и во помошта што за Португалија се очекува да ја даде Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Португалија која долго време ги уверуваше земјите-чпенки на евроозната и на ЕУ дека може сама да се извлече од кризата, сега признава дека и е неопходна странска интервенција за спречување на финансискиот колапс од околу 70 милијарди евра. Пред неа, Грција доби финансиска интервенција од 110 милијарди, а Ирска пред крајот на минатата година помош од 85 милијади евра. Велика Британија уште минатата година соопшти дека мора да се вклучи во помошта на овие земји од еврозоната, не само како членка на ЕУ, туку и за да не се дозволи крах на заедницката европска валута, чие евентуално пропаѓање лошо би се одразило врз британската економија,

која во голем степен е врзана за европската и посебно со земјите во зоната на еврото. Озборн ја искористи сегашната португалска криза за да ги нападен домашните критичири на неговите строги мерки за буџетско штедење, нагласувајќи дека ако тоа не било направено, земјата ќе се најдела во ситуација да бара помош од надвор, што ,според него, е „опасно играње руски рулет со британскиот суверенитет“. Внатрешниот долг на Португалија е на ниво од 5,2 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП), додека британскиот буџетски дефицит изнесува 8,1 отсто од БДП на земјата. Критичарите на економската политика на актуелната британска Влада, меѓутоа ,тврдат дека таквите споредби не значат ништо, затоа што економијата на Велика Британија е неспоредливо посилна од оние на Грција, Ирска и Португалија.

Ван Ромпуј, сепак, оптимистОД КРИЗАТА ЕВРОЗОНАТА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ПОСИЛНА

Финансиската криза во Европа би требало да ја поштеди Шпанија, изјави претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј во интервју за Катимерини. Во интервјуто, Ван Ромпуј вели дека Еврозоната ќе излезе „посилна“ од кризата

со финансиските долгови. Ромпуј ќе искаже таков став и пред истражувачки центар за прашања на европската политика во Атина. Тој додаде дека Европа има можности и решеност да се справи и да ја победи кризата. Ван Ромпуј вели дека ЕУ почнала најрадикална ревизија во областа на економското управување од воведувањето на еврото. - Силите кои не поврзуваат се посилни од оние што не разделуваат. Немам сомневање дека еврозоната ќе излезе посилна и поединствена од оваа криза, изјави тој. Ван Ромпуј вели дека државите-членки биле многу либерални во областа на буџетската политика и не успеале да ги контролираат своите банки. Освен тоа, европскиот систем за контрола бил фокусиран на дефицитите, и не толку на макроекономските закани и натрупувањето долгови.

СРЕДБИ

Амбасадорот на Република Португалија со седиште во Белград, Луис де Алмеида Сампаио, во посета на Стопанската комора на Македонија

ПОКАНА ЗА СРЕДБИ НА ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ОД ДВЕТЕ ЗЕМЈИ НА НОВОСАДСКИОТ САЕМ

Покана до македонските компании за учество на меѓународниот саем за земјоделие и прехрана во Нови Сад, упати амбасадорот на Република Португалија со седиште во Белград, Н.Е. Луис де Алмеида Сампаио. На средбата во Стопанската комора на Македонија (13.4.2011 година), амбасадорот истакна дека како земја-партнер на годинешното издание на саемот, Португалија ќе се претстави со

Page 26: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 14 април 2011

најреномираните компании и производители од областа на агробизнисот и со него поврзаните индустрии. На манифестацијата ќе биде присутна и бизнис заедницата од оваа земја, стопанските комори, кластерски здруженија, бизнис асоцијации и други – се на 1000 квадратни метри саемски простор. Стопанската комора на Македонија, како соосновач на Португалско -Западно - балканска комора, и овојпат беше поканета со заинтересираните компании да зема учество на деловните средби со португалските компании и асоцијации од областа на аграрниот сектор, за што се предвидени одржување на специјализирани бизнис форуми и билатерални средби. Овие средби, покрај билатералната соработка , ќе имаат за цел и испитување на интересот за заеднички настап на трети пазари во Латинската Америка и Африка. Гостинот беше запознат дека Стопанската комора на Македонија годинава органзира посета и учество на македонските компании на оваа реномирана саемска манофестација на заеднички национален штанд од 100 квадратни метри. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најважен саемски настан во регионот и еден од најголемите во Европа од агро-индустрискиот сектор, на кој се оочекува да настапат над 1.500 излагачи од преку 60 земји. На него ќе бидат присатни најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агро-механизацијата, сточарството, прехрамбената индустрија и останатите сектори од оваа гранка. За време на манифестацијата ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Влатко Стојановски

Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и ПортугалијаРАЗМЕНАТА МАЛА, СУФИЦИТИОТ НА МАКЕДОНСКА СТРАНА

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Португалија во 2010 година достигна вредност од 25,9 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 18,7 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 7.2 милиони САД$. Евидентиран е позитивен биланс во трговската размена од 11.5 милиони САД$. Покриеноста на увозот со извозот е 260,2%.

Обем на трговската соработка за период 01-12.2010 годинаВо САД $

ИЗВОЗ УВОЗ ВКУПНО БИЛАНС

18.708.014,00 7.188.270,00 25.896.284,00 + 11.519.744,00

Компаративен приказ на трговската размена со Португалија - 2009 / 2010 годинаВо САД $

Вкупна размена Извоз Увоз

2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс 2009 2010 Индекс

38.235.375 25.896.284 67.7 24.685.269 18.708.014 75,8 13.550.106 7.188.270 53,0

Вкупната надворешно-трговска размена меѓу двете земји иако во последните години бележи континуиран раст, сепак во 2010 година евидентирани се негативни тенденции како во извозот, така и во увозното салдо. Така извозот за посочениот период е намален за 5,9 милиони САД$, што претставува пад од 24,2%, додека кај увозот има пад од 6,3 милиони САД$, или пад од 47%. . Вкупната размена е намалена за 12,3 милиони САД$, или пад од 32,3%.

Споредбен приказ на трговската размена со Р.Португалијаво мил. САД долари

Година 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009

Извоз 4,46 1,59 6,63 7,49 7,49 7,10 9,5 20,6 24,7

Увоз 1,24 0,24 0,46 1,51 1,51 3,96 5,1 5,2 13,5

Вкупно 5,7 1,83 7,09 9,00 9,00 11,06 14,6 25,8 38,2

Суф./деф. +3,22 +1,35 +6,17 +5,98 +5,98 +3,14 4,4 +15,4 11,2

Структура на трговската размена Република Македонија остварува континуирано суфицит во трговијата со Португалија, но диверзифицираноста на производите е мал, односно неколку групи на македонски производи се извезуваат на португалскиот пазар (топловалани производи од железо, мермер и травертин, како и делови на шински и трамвајски локомотиви). Во 2010 година најмногу во извозот се застапени: производи од црната металургија (топло валани производи од железо – 16,7 милиони САД$) и тутун неизжилен во вредност од 1,7 милиони САД$. Увоз: главно се состои од памучни ткаенини, ткаенини од волна и синтетика, хартија и картон за печатење и во помала вредност пумпи за гориво. Реално, има простор за на трговската размена и воспоставување на повисоки облици на соработка меѓу двете земји преку поголема промоција на економските потенцијали за инвестирање во стопанските сектори како и преку директни контакти и средби на бизнис заедниците од двете земји. Во 2008 година директните инвестициите од Португалија во Република Македонија вкупно се регистрирани во износ од 2,3 милиони евра.

ДОСИЕ: ПОРТУГАЛИЈА

Page 27: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 14 април 2011

Бројки и факти РЕПУБЛИКА ПОРТУГАЛИЈА

Локација: Југозападна Европа, помеѓу Атлантски Океан и Шпанија

Површина:вкупно: 92.391 кмвода: 440 кмземјиште: 91.951 км

Гранични премини: вкупно: 1.214 км

гранични земји: Шпанија 1.214 км

Природни ресурси: риба, дрва(плута), железна руда, бакар, цинк, калај, волфрам, сребро, злато, ураниум, мермер, глина, гипс, сол, плодна почва, вода.

Популација: 10.735.736 (Јули 2010)

Етнички групи: Португалци, Шпанци, Италијанци, Французи

Име на земјата: користена долга форма: Република Португалија користена кратка форма: Португалија

Устав: Усвоен 2 Април 1976, кој е во сила од 25 Април 1976, подобрен повеке пати.

Законски систем: Базиран на системот на граѓанско право, Уставниот суд ја прегледува(испитува) уставноста на законодавството; задолжително прифатено ICJ законодавство со исклучоци

Економски приказ:

Од кога стана члека на Европската Унија во 1986 година, Португалија стана земја со разновидна и се повеќе услужно-базирана економија. Во изминатите две децении, владите во Португалија, сукцесивно ги приватизираа повеќето од државно-контролираните фирми и ги либерализираа клучните области во економијата, вклучувајќи ги финансискиот и телекомуникацискиот сецтор. Земјата по исполнување на условите, во 1998 година, влезе во Европската Монетарна Унија (EMU) и на 1 Јануари 2002, заедно со уште 11 земји членки на Европската Унија, почна со пуштање во оптек на Еврото. Економскиот раст во поголемиот дел од 90-тите беше над просекот на ЕУ, но забележа пад во периодот од 2001 до 2006 година. БДП per capita застана на околу две третини од просекот на Европската Унија (EU-25). Сиромашниот образовен систем е пречка за поголема продуктивност и поголем економски раст. Португалија се повеќе и повеќе е засенета како, мета за странски директни инвестиции, од ниската цена на производството во Централна Европа и Азија. Буџетскиот дефицит во 2005 година бил најголем, и тоа 6% од БДП, но во 2006 бил намален на 4.6% од БДП. Владата на Португалија се соочува со тежок потфат, да ја подигне конкурентноста на португалската економија, а во исто време да го задржи буџетскиот дефицит близу европскиот т.е. 3% од БДП.

БДП: паритет на куповна моќ - 232,6 милијарди долари (2009)

БДП – реалнастапка на пораст:

-2,7% (2009)

БДП - по жител: паритет на куповна моќ - 19.800$ (2006)

БДП - по сектор: земјоделие - 2,7%, индустрија - 23%, услуги - 74,3% (2009)

Стапка на инфлација: 2.5% (2006)

Работна сила: 5.58 милиони (2009)

Стапка на невработеност:

9,5% (2009)

Земјоделски производи:

житни растенија, компири, домати, маслинки, грозје, овци, говеда, кози, свињи, живина, млечни производи, риба.

Индустриски производи

Текстилни производи и облека, обувки, дрво, хартија , хемија, метали, млечна индустрија, керамика, телекомуникации, туризам

Извоз: 43.71 милијарди долари ф.о.б (2009)

Извозни артикли: Облека и обувки, машини, хемикалии, производи од плута и хартија, кожа

Извозни партнери: Шпанија 26.2%, Германија 13%, Франција 12%, Ангола-7,2%, В.Британија 5,5%

Увоз: 67.6 милијарди долари ф.о.б (2009)

Увозни артикли: машини и транспортни средства, хемикалии, нафта, текстил, земјоделски производи

Увозни партнери: Шпанија 31,6%, Германија 12.4%, Франција 8.6%, Италија 5.5%, Холандија 5.3% (2009)

Правната рамка во која се одвива (одвивала) стопанската соработка меѓу Република Македонија и Република Португалија

Економската соработка и трговската размена со Р.Португалија се одвива согласно Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Р.Македонија и Европската Унија . Помеѓу Република Македонија и Португалија не постои правната рамка во која би се одвивала стопаската соработка, пред се се мисли на Договор за одбегнување на двојното оданочување и Договорот за заштита на инвестиции.

ДОСИЕ: ПОРТУГАЛИЈА

Page 28: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 14 април 2011

Оценка на Светската трговска организација (СТО) ЗАБАВЕН РАСТ НА ТРГОВИЈАТА ГОДИНАВА

Растот на светската трговија оваа година ќе забележи забавување и ќе достигне ниво од 6,5 проценти, по рекордната експанзија од 14,5 проценти во 2010 година, прогнозираше Светската трговска организација. Големиот минатогодишен раст на светската трговија е закрепнување во однос на рекордниот пад од 12 проценти во 2009 година, како последица на глобалната финансиска криза. - Се уште постои голема разлика меѓу тоа

каде сме сега и каде би биле да не беше кризата. Тој јаз веројатно ќе остане уште некое време, укажа генералниот директор на СТО, Паскал Лами. СТО предупреди дека без оглед на натпросечниот раст на вкупната светска

трговија во 2011 година и натаму постојат мошне силни ризици.

ОЕЦД: Мексиканците работат најмногу, а Белгијците најмалку ЕДНИ ПО ДЕСЕТ ЧАСА ДНЕВНО, ДРУГИ ПО СЕДУМ Мексиканците имаат најдолго, а Белгијците најкратко работно време, покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено во 29 индустриски земји од страна на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Со тоа се урива стереотипот за мексиканскиот менталитет „манана“, што значи „утре ќе“. Мексиканците во просек работат платена или неплатена работа, како што се работите во домаќинството, по 10 часа дневно. Белгијците на сите платени или неплатени работи трошат просечно по седум часа на ден, што е речиси за еден час под просекот на поголемиот број земји членки на ОЕЦД. Истражувањето е спроведено на луѓе на возраст од 15 до 64 години во 27 земји членки на ОЕЦД, како и во Кина, Индија и Јужна Африка. Од испитаниците е побарано речиси на секои пет минути да пријавуваат на што го трошат времето. Во истражувањето биле опфатени и пензионерите, а сметани се и деновите за одмор со што излегува дека помалку се работи во земјите кои имаат подолги годишни одмори и во кои луѓето порано заминуваат во пензија. Милиони Мексиканци работат во сивата економија и многу често за мали примања. Тие користат само неколку слободни денови годишно, а работат до длабока старост, додека Белгијанците вообичаено имаат неколку недели годишен одмор,

а се пензионираат на околу 60 години. Доколку се земе во предвид само платената работа, најмногу работат Јапонците, во просек нешто повеќе од шест часа дневно. По нив следат Јужнокорејците и Мексиканците. Најмалку работат Данците со помалку од четири часа на ден. Домашни работи најмногу ги извршуваат Мексиканците, просечно повеќе од три часа дневно, а најмалку Јужнокорејците со околу еден час и деветнаесет минути. Најмалку време на готвење трошат Американците, во просек околу половина час дневно, а најмногу Турците кои поминуваат просечно по 74 минути на ден. ОЕЦД заклучува дека вредноста на неплатената работа во 25 земји опфатени од истражувањето е еднаква на третина од бруто домашниот производ на сите земји членки на оваа организација.

Во февруари во БиХ НАД ПОЛОВИНА МИЛИОН НЕВРАБОТЕНИ

Во Босна и Херцеговина на крајот на февруари биле регистрирани 527.749 невработени, а нивниот број во споредба со претходниот месец е зголемен за 1.048 лица или за 0,20 проценти, соопштува Танјуг. Во февруари,за прв пат како невработени во земјата се регистрирале 12.443 лица. Меѓу невработените најмногу има неквалификувани работници - околу 161.000 лица или 30,6 проценти. Меѓу лицата кои бараат работа 263.477 лица се жени или 49,92 проценти.

Сараево Според важечките законски одредби, парични надоместоци за невработеност во февруари во БиХ побарале 11.690 лица или само 2,2 проценти од вкупниот број на невработени во земјата.

СВЕТ

Page 29: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 14 април 2011

Кризата во арапскиот свет и нафтатаДОЛГОТРОЈНИ ПОСЛЕДИЦИ НА ЕНЕРГЕТСКИОТ ПАЗАРПоранешниот алжирски министер за енергетика Нордин Ет Лаусин, за време на Самитот во францускиот главен град, предупреди дека политичката и социјалната криза во арапскиот дел од светот со години ќе има „драматични“ последици врз енергетскиот пазар.Иако резултатот од арапската револуција е „далеку од познат“ веќе е очигледно дека се во тек значајни промени кои ќе имаат долготрајно влијание на пазарот на енергија, изјавил Ет Лаусин на еднодневната конференција на претставниците на земјите-производители на нафта и гас, вклучително и Ирак и Нигерија и претставници на индустријата.Немирите во Либија, Тунис, Египет и другите земји од регионот го потресоа глобалниот пазар на нафта, со што цената на нафтата на берзата во Њујорк достигна околу 108 САД долари за барел, што е највисока од 2008 година. Целокупното либиско производство на нафта од 1,6 милиони барели на ден е запрено од февруари поради немирите во земјата. - Заминувањето на западните нафтени компании, воената интервенција и санкциите и во следните месеци негативно ќе влијаат на извозот на нафта од Либија, изјавил директорот на пазари на енергија во Меѓународната агенција за енергетика. - Се` уште не е познато какви ќе бидат дологотрајните последици од нестабилноста на Блискиот Исток, катастрофата во Јапонија и експлозијата во Мексиканскиот Залив. Сето тоа може да влијае на прогнозата на идната побарувачка на нафта, - изјавил на Конференцијата во Париз ирачкиот заменик-премиер Хусеин ал Шахристан.

Предупредување на ММФ СЕ ПОМАЛКУ НАФТА ВО СВЕТОТ, ЗА ДВЕ ДЕЦЕНИИ ЦЕНАТА ЌЕ СЕ ДУПЛИРАМеѓународниот монетарен фонд (ММФ) процени дека во следните 20 години ќе дојде до забавување на растот на производството на нафта, што ќе го направи овој енергенс се поредок на пазарот, но тоа нема да има големи последици врз светската економија.Цената на нафтата за 20 години, според истата прогноза, ќе биде двојно поголема.ММФ, исто така, оценува дека порастот на цената на нафтата ќе доведе до глобални приспособувања во светската економија и ќе влијае на текот на капиталот.

Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ)ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА НАФТАТАСЕ ШТЕТНИ ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ) во својот најнов месечен извештај ја задржи претходната прогноза за глобалната побарувачка на сурова нафта во 2011 година, но предупреди дека цената над 100 долари за барел почнува да и штети на светската економија.

Во „Извештајот за пазарот на нафта“ на МАЕ се наведува дека светската потрошувачка на „течното злато“ оваа година ќе се зголеми за 1,4 милиони барели дневно или 1,6 отсто, достигнувајќи 89,4 милиони барели на ден.Првичните податоци сепак „покажуваат знаци на забавување на порастот на побарувачката на нафта“, а глобалните резерви на оваа најважна енергетска суровина почнуваат да се намалуваат, бидејќи конфликтот во Либија негативно влијае на резервните производствени капацитети на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), соопшти МАЕ.- Постојат реални ризици дека долгорочното ниво на цената на нафтата над 100 долари за барел би можело да се покаже некомпатибилно со моментално очекуваната брзина на економското заздравување, се додава во извештајот.Со суровата нафта на Њујоршката берза моментално се тргува по цена од околу 109 долари за барел, а на 7 април беше надминат износот од 110 долари за барел првпат во последните 30 месеци, откако силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи почнаа да ги бомбардираат нафтените наоѓалишта во земјата.

Малите испумпувачи на нафта пред колапс НОВИТЕ ПРАВИЛА ЌЕ ГО „ИЗГОРАТ“ ОПСТАНОКОТСе јавувам од платформата СТ-204Б во Мексиканскиот Залив. Оваа платформа за нафта и гас до не така одамна вриеше од активности. Петнаесетина работници секојдневно во 24часовни работни смени испумпуваа и по 12.000 барели висококвалитетна сурова нафта дневно од резервите под морето.Денес, платформата оддалечена 43 милји од брегот на Луизијана е морничаво тивка. Шестмина работници повремено ги проверуваат пумпите и дизел-машините. Се испумпуваат само 6-7 барели нафта дневно.Резервоарот е речиси празен и без нова федерална дозвола за да направат нови наоѓалишта на нафта во областа платформата останува скоро неискористена, - велат сопствениците од „Писес енерџи“.„Се обидуваме да ја одржуваме се` додека не добиеме дозволи да почнеме да дупчиме таму“, - вели Семи Бреу, главниот оператор на платформата. „Чекаме ден по ден“.Построгите правила за дупчење во морето по минатогодишната нафтена катастрофа на „Бритиш петрол“ (БП) во Мексиканскиот Залив, го продлолжи процесот на издавање дозволи и донесе поголема контрола во дупчењето и барањето нафта во морето. Но новиот процес ги гуши малите независни компании, како што е „Писес“, кои мораат континуирано да испумпуваат за да преживеат, - велат аналитичари и менаџери во оваа индустрија.Полошо отколку во намалувањето на профитот, зголемената федерална строгост и` се заканува и на културата на малите нафташи - независните нафтени компании кои бараат сурова нафта и природен гас во областите каде што вообичаено не бара никој друг. Малите нафташи ја донесоа суровата нафта на потрошувачите во САД пред повеќе од еден век, вели Дајана Дејвис Хинтон, професор по историја на Унивезитетот на Тексас во басенот Пермина, која напиша неколку книги за малите испумпувачи на нафта.„Ова ја прави неизвесна перспективата на малите испумпувачи“, - рече таа.Малите испумпувачи бараат нафтени извори во регионот откако првата сурова нафта се испумпа во Спиндлтоп во Тексас, во 1901 година, - вели Хинтон. Малите испумпувачи, кои тогаш тешко ги наплатуваа своите услуги, беа смели

ВО ФОКУСОТ: ЕНЕРГИЈАТА ГО МЕНУВА СВЕТОТ

Page 30: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 14 април 2011

пионери, бараа нафта секаде каде што ќе забележеа потенцијал, или пак бараа на места каде што другите не се осмелуваа да го прават тоа, дури и во брдата.„Некои независни испумпувачи правеа случајни тестови од кои на крајот имаше ефект“, - рече таа.До 20-тите години на минатиот век, малите испумпувачи ја користеа геологијата во потрагата по нафта. Тие правеа мали бизниси и ја следеа фамата за нафтата во околината на Луизијана, а од неодамна почнаа подлабоко да бараат наоѓалишта на нафта и во Заливот, - рече таа. Денес, прашливата слика за испумпувачите на нафта кои како копачи лутаат по рамнините на Тексас, е заменета со луѓе во одела кои контролираат милионски вредни наоѓалишта на нафта и работат во најексклузивните канцеларии во облакодерите во Хјустон.

Малите испумпувачи скоро исчезнаа во 70-ите и 80-ите, кога нагло падна цената на суровата нафта, а овој пазар им остана на мултинационалните компании, - вели Хинтон. Нивниот број може повторно пак да опадне под условите на новите правила, - вели таа.„Еден важен дел од овој сектор на индустријата може да се изгуби ако можностите за независните испумпувачи се скусат до гола кожа“, - вели Хинтон.

Онаму каде што другите не одат

ВиТ офшор, со седиште во Хјустон, веќе 25 години испумпуваат нафта и природен гас во сенка на големите нафтени компании, а истовремено ги следат и големите компании - од мочуриштата во Луизијана до длабочините на Мексиканскиот Залив, вели Трејси Крон, основач и генерален директор. Компанијата се одржува со нафтени наоѓалишта во области кои големите компании ги промашиле или намерно не одат таму, - вели тој.Новиот процес на одобрувања на дозволи ги успори операциите на ВиТ скоро до застој, - вели тој. Компанијата чека одобрување за три наоѓалишта на нафта во плитки води и едно во длабоки води. Правилата прават да биде скоро невозможно за помалите фирми да бараат резервоари од едно

место во Заливот во друго, - вели тој. Сега, ВиТ преместува дел од нивните операции на копно, во потрага по природен гас.„Не можеме да ги замениме нашите барања наоѓалишта на нафта во морските резерви под сегашните услови“, - вели Крон. „Никој не може“.Федералните служби велат дека преземаат мерки за да се спречат катастрофи како онаа од минатата година, во која платформата „Дипвотер хорајзон“ експлодираше и потона на брегот на Луизијана, при што загинаа 11 члена од екипата и во морето се излеа најголема количина нафта во историјата на САД. Ова наоѓалиште на нафта под лизинг го користеше БП, што подразбира дека тие се одговорни за излевањето. БП беа силно критикувани за несоодветно планирање при евентуална катастрофа.Подигнатиот степен на правила по излевањето вклучува компаниите да исполнат високи безбедносни услови и да имаат планови за заштита на околината кои претходно не беа обврзувачки, како и зголемена контрола во плановите за барање наоѓалишта на нафта од службите во Бирото за регулирање и спроведување менаџирање на океанската енергија, кое ја надгледува оваа индустрија.Зголемената строгост сепак не го успори толку многу процесот за издавање дозволи, - вели директорот на агенцијата Мајкл Бромвич. Агенцијата издава просечно по 6 дозволи месечно, додека пред излевањето просекот беше осум дозволи, - вели тој. Досега по излевањето се издадени 39 дозволи за барање наоѓалишта на нафта во плитки води и 6 за длабоки води.„Сметаме дека овие промени, ревизии и реформи беа екстремно потребни за да се направи барањето безбедно“, - вели Бромвич. „Ако ова влијае врз малите компании, тоа секако не е нашата намера“.

Притисокот е во сила

Мултинацоналните компании како што се БП и „Ексон“ подобро од малите независни компании ги поднесуваат поголемите трошоци поврзани со одложувањата предизвикани од новите правила, вели Брајан Алмер, аналитичар од Хјустон во „Глобал хантер сикјуритис“.Некои независни компании се повлекуваат од Заливот како резултат на одолговлекувањата, - вели тој. Културата на малите испумпувачи - кои зависат од приходот во готово за да ги финансираат нивните следни наоѓалишта на нафта - се сериозно под закана, - вели тој.

Потешко е да се започнат помали операции

По излевањето, бројот на мобилни наоѓалишта на нафта во морето управувани од независните компании опадна од 47 на 32, стои во извештајот на „ОДС Петродата“, фирма за енергетска анализа од Хјустон. Една компанија, хјустонската „Сихок дрилиг“, во февруари прогласи банкрот.„Ова навистина ги збришува малите играчи“, вели Алмер за новите правила. „Шансата да основате мала компанија која ќе порасне и која ќе стане голем играч во длабоките води е сега навистина многу, многу, многу мала. И пред оваа ситуација беше многу тешко. Сега е скоро невозможно“.Бил Греј, генералниот директор на „Писес енерџи“, вели дека многу од нивните операции во Заливот застанаа додека компанијата чека одобрувања за неколку нови барања наоѓалишта на нафта, вклучувајќи го и она на платформата „СТ-204Б“.Но, во меѓувреме новите правила ја примораа „Писес“ да го зголеми осигурувањето на едно од нивните наоѓалишта на нафта од 35 милиони на 150 милиони САД долари, со што компанијата е присилена на многу повисоки премии, - вели тој.„Многу сме фрустрирани“, - вели Грејс. „Знаевме дека излевањето на нафтата од БП ќе донесе многу проблеми и неизвесности. Но, не знаевме дека сето ова ќе трае толку долго “.

Гужвата на водата е смирена

На платформата „СТ-204Б“, Тери Ферис, оператор по договор, ги проверува очитувањата на анализаторот за проток што ги мери количините на сурова нафта испумпана тој ден од резервоарите кои се наоѓаат 50 метри под површината на водата. Дигиталниот мерач покажува „0000“.„Не е добро“, - вели тој.Тери Ферис кажува дека исто така забележал намалена активност во водите околу него - првокласната област за испумпување нафта која некогаш вриеше од бродови кои ја пренесуваа испумпаната сурова нафта кон брегот и хеликоптери кои непрестајно брмчеа пренесувајќи ги менаџерите од едно наоѓалиште на нафта до друго.„Сега нема бродски активности. Не гледате ниту хеликоптери. Не се гледа никакво барање на нови нафтени наоѓалишта“, вели Ферис, што работи на нафтени наоѓалишта во морето веќе две децении. „Никогаш досега не сум видел толку мала активност“.„АТП нафта и гас“, хјустонска независна команија за производство, по излевањето мораше своите наоѓалишта

ВО ФОКУСОТ: ЕНЕРГИЈАТА ГО МЕНУВА СВЕТОТ

Page 31: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 14 април 2011

на нафта да ги тргне од длабоките води, вели Џери Шлиф, главен консултант за компанијата која чека дозволи за три нови нафтени наоѓалишта во Заливот. Трошоците од преместувањето на наоѓалиштата, доцнењата и намалувањето од приходите на заработувачката од испумпувањето од платформите ја чини компанијата повеќе од 350 милиони САД долари, - вели тој. Менаџерите на компанијата неодамна изјавија дека ќе ги преселат операциите во крајбрежјето на Израел, - рече тој.„Новиот процес едоставно не` уништува“, - вели Шлиф.

Повеќе документација, помалку активности

Една личност која е невообичаено зафатена по излевањето во Заливот е Џон Мартин, инспектор кој работи со повеќе мали компании. Мартин неодама бил на увид на неколку наоѓалишта на нафта за да провери дали се придржуваат кон новите правила.Иако бизнисот цвета, Мартин вели дека ги жали малите компании кои страдаат од новите правила.Пред некој ден Мартин ја посетил и платформата „СТ-204Б“ во проверка на состојбата на машините. Неговите зачестени посети на таа и на други платформи ги чинат компаниите како „Писес“ милиони САД долари и им се заканува опстанок на нивната работата, - вели тој.„Ова веќе не е забава“, - вели Мартин. „Има многу помалку можности, а се бара повеќе документација. Повеќето од овие мали компании едвај издржуваат“. (Ју-Ес-Еј тудеј)

Државите се` повеќе се свртуваат кон обновливи извори на енергијаВЕТЕР МЕСТО АТОМИ

На само 50 километри од Виена, кон границата со Словачка има многу ветерници, а од нив има двојна корист и енергетска и туристичка. По јапонската нуклеарна криза, во светот се преиспитува безбедноста на нуклеарките. Се затвораат старите реактори и се прекинува изградбата на

нови. Државите се` повеќе се свртуваат кон обновливи извори на енергија. Екипа на РТС ги посети ветро-парковите во Австрија, која е меѓу најголемите заговорници за чиста енергија, а заинтересирана е да инвестира во Србија. На само 50 километри од Виена, кон границата со Словачка има многу ветерници, а од нив има двојна корист и енергетска и туристичка. Во населбата Берга ветро-парковите ги направија инвеститори, а во Брук мештаните со самопридонес. - Кога почнавме, 14 луѓе инвестиравме во проектот и добивме дозвола за изградба на ветро-парк. Го финансиравме заедно со банката, -

рече Готфриц Пшил од „Енерџи паркот“ во Брук. Деловниот ризик се исплатеше, па во близина изградија уште ветро-фарми кои ги продадоа. Со ветерниците велат ги покриваат потребите за струја и делумно за затоплување. Една ветерница со моќност од 3 мегавати може да снабди со струја околу 1.200 домаќинства. Во Европа енергијата на ветерот за сега најмногу ја користат Германците, Шпанците и Данците. Инвеститорите велат дека земјите во светот забрзано планираат проекти за изградба на нови ветро-паркови. - И пред нуклеарната хаварија во Јапонија, по меѓународната финансиска криза инвестициите повторно се зголемуваат, се зголемува интересот за инвестирање во чиста енергија, во обновливи извори на енергија, рече Роланд Лауш, директор за енергија и животна средина на „Рајфајзен банката“. Австриските производители на ветро-турбини се меѓу водечките во светот. Некои веќе работат на техничкиот дел за инвестиции и во нашата земја, па посетија потенцијални локации за ветро-паркови. - Во Србија сме присутни, бидејќи вашата земја има големи потенцијали за развој на оваа област. Во контакт сме со повеќе изведувачи и потенцијални инвеститори за фарми на ветерници во

Србија, рече Штефан Илијас-Мажор, претставник на „Вестас“ за Србија и Југоисточна Европа. Инвеститорите планираат во енергија на ветер во Србија да инвестираат 1,5 милијарди евра и првиот ветро-парк Србија може да го добие за две години. Прво во Вршац, а потоа во Инџија, Пландиште и Ковин. (РТС – Белград)

Владата го осуди планот вреден 6 милијарди фунти за одложување на нуклеарниот отпадПЛУТОНИУМ ГИ „ЗРАЧИ“ ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ

* Еден месец по јапонското цунами, најголемите светски резерви на отпад од плутониум ја достигна својата критична точка. Беше предвидено да биде репроцесиран и продаден - но сега ниедна држава не го сака. Па каде се наоѓа овој куп? Не во Фукушима, туку во Селафилд во Камбрија – Велика Британија

Нуклераната криза во Јапонија му се заканува на внимателно кореографираниот план на британската Влада да ја намали најголемата планина од отпад од плутониум складиран во местото Селафилд во областа Камбрија.Јапонската нервоза за нуклеарната енергија по која следеше скоро растопување во нуклеарката Фукушима доведе до замрзнување на меѓународната трговија со обработено нуклеарно гориво кое Владата на Британија го гледа како критично во решавањето со нејзиниот плутониум.Владата претпочита стратегија за елиминација на британскиот растечки куп од плутониум и се потпира на технологијата која беше развиена за да се задоволат барањата на јапонскиот пазар, иако таа сега стравува дека Јапонија ќе го врати горивото назад на производителот.Надежта дека Јапонците ќе договорат со Селафилд да се направи мешан оксид (Мокс), ќе помогне економскиот и политичкиот случај да го намали британскиот куп плутониум со градење на втора повеќе милијарди фунти вредна фабрика за преработка на Мокс во Камбрија.Сепак, јапонските енергетски компании на Селафилд му јавија дека се загрижени оти Фукушима ги приморала за неодредено време да ја одложат пратката од француското Мокс нуклеарно гориво, кое требаше да

ВО ФОКУСОТ: ЕНЕРГИЈАТА ГО МЕНУВА СВЕТОТ

Page 32: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 14 април 2011

биде пренесено со британски бродови организирани од Селафилд.Одлагањето е значајно затоа што пратката Мокс не беше стриктно определена за реакторите во Фукушима управувани од „Токио електрик“, туку за неоштетените реактори во Хамаока, управувани од „Чубу електрик“, истата компанија која требаше да биде една од првите клиенти на постојната фабрика „Селафилд Мокс“ (СМФ).„Чубу електрик“ и десет други јапонски електрокомпании исто така

наведоа дека заради проблемите од долготрајниот процес на призводство кои се случија во СМФ, дека сега нема да земат никакво преработено гориво од Британијам барем не до крајот на деценијата - а тоа е речиси 20 години откако фабриката почна со работа за да му служи на јапонскиот пазар.Ова значи дека постојната Мокс-фабрика во Селафилд, која беше направена за да произведе повеќе од 1.000 тони Мокс за десет години, изгледа дека ќе произведе само еден мал дел од тоа пред да биде уништена, што претставува огромна штета за британските даночни обврзници.На оваа непријатност се гледа како на огромна штета за бизнисот за производство и продавање на Мокс-гориво, за кое Владата тврдеше дека е најдобриот начин да се справи со купот од плутониум, кој сам по себе е продукт на репроцесирање на нуклеарниот отпад во Селафилд.Министрите на Владата, службеници и советници - сите се убедени дека „рециклирањето“ на плутониумовиот отпад во нуклеарно гориво кое може да биде „горено“ во нуклеарните реактори претставува најбезбедена и најевтина опција во справувањето со купот.Консултациите на Владата за купот од плутониум завршуваат следниот месец, но министрите веќе одлучија дека „опцијата Мокс“ е нивното решение, иако можеби ќе биде потребна и втора Мокс-фабрика во Селафлид која ќе чини 3 милијарди фунти по дисконтни цени - сегашната цена на животот на фабриката е отприлика 6 милијарди фунти.Постојната „Селафилд Мокс“ фабрика,

отворена во 2002, до денес чини повеќе од 1,3 милијарди фунти, иако во деветте години произведе само 13,8 тони Мокс-гориво во споредба со предвидените 120 тони годишно. Во еден „истечен“ документ од Американската амбасада во Лондон се вели дека фабриката за Мокс во Селафилд „е бел слон“, кој чини околу 90 милиони фунти годишно и британската Влада ја смета за „една од најголемите срамови во историјата на британската индустрија“.Сепак, министрите сега се согласија дека ќе притиснат за да ја известат јавноста за потребата од уште поголема Мокс-фабрика за справување со растечкиот куп на британски плутониум, кој се очекува да достигне 109 тони во следните неколку години.Независните научници, почнувајќи од сер Дејвид Кинг, поранешниот главен научник, до колегите во Кралското здружение, ја поддржаа новата Мокс-фабрика и веруваат дека за неа не постои подобра алтернатива.Како и да е, експертите за нуклеарна енергија за „Индепендент“ изјавија дека постојната фабрика „Селафилд Мокс“ е сериозен вентил за „цедење“ на буџетот на Агенцијата за уништување на нуклеарното гориво, кое управува со фабриката во Селафилд од 2005 година. Тие велат дека власта би сакала да ја затвори фабриката, но ако се стори тоа, тоа ќе биде катастрофално во време кога Владата се подготвува да изгради нова фабрика.Во јануари, пред нуклеарната криза во Фукушима, Џонатан Марланд, помлад министер во Владата, во Домот на лордовите кажа дека новата фарбика во Селафилд ќе го претвори најголемиот куп на плутониум во светот во корисен приход и дека одлуката дали и кога да се гради новата фабрика ќе биде донесена до крајот на годинава. Лордот Марланд призна дека постојната Мокс-фабрика не е доволна, па затоа Агенцијата за уништување на нуклеарното гориво се поврза со француската нуклеарна компанија „Арева“, која врз основа на британската Мокс-стратегија сака да гради втора Мокс-фабрика во Маркуи на југот на Франција.Иако Владата се` уште не ги заврши консултациите за иднината на купот од плутониум, веќе е јасно дека долготрајното собирање и складирање на плутониумот ќе биде уште поскапо отколку изградбата на втора фабрика која ќе го претвора во Мокс-гориво.

Прашања и одговори: Зошто дојде до ова?

Што е британска „планина од плутониум“?

Тоа е националниот куп од радиоактивен плутониум, кој се чува како прав од плутониум диоксид, спакуван во специјални буриња и складиран во Селафилд во Камбрија. Еден помал дел е складиран во нуклерната централа „Данреј“ во Шкотска, озлогласено место каде што се одвива програмата за брзо растење на гориво за нуклеарни реактори. Зошто купот од плутониум е толку голем?Ова е цивилен плутониум, а не воен. Главно тоа е резултат на одлуката од 60-ите години од минатиот век плутониумот да се издвојува од потрошеното нуклеарно гориво и кој ќе се употребуваа во реакторите за брзо растење, кои пак комерцијално никогаш не беа произведени. Британија продолжува да го акумулира цивилниот плутониум кој сега изнесува 84 тони, заедно со плутониумот во туѓа сопственост, кој изнесува 28 тони. Крајното количество на британски

плутониум ќе изнесува 109 тони, кога репроцесирањето на горивото од постојните нуклеарни реактори ќе биде комплетирано. Зошто треба да правиме нешто друго со него? Плутониумот останува радиоактивен уште илјадници години - заиси од кој изотоп е. Експертите велат дека ако ништо не се прави со купиштата тоа не е никаква опција - сегашниот метод на складирање во следните децении може да стане небезбеден. Плутониумот или треба долгорочно да се складира со перспектива за негово перманентно уништување во цемент или во стаклени блокови, или да биде употребен, а со тоа ќе стане „побезбеден“, како што е можноста во претворање во Мокс-гориво кое се употребува во реакторите.Дали претворањето на плутониумот во Мокс-гориво е безбедно?Плутониумот е екстремно опасен по здравјето ако навлезе во телото - тоа емитува алфа-честички кои се крајно опасни ако навлезат низ кожата, бидејќи тие ги оштетуваат ДНК-клетките и предизвикуваат рак. Исто е ризичен по безбедноста заради неговата употреба во нуклеарните оружја и „валканите“ бомби. Со претворање

ВО ФОКУСОТ: ЕНЕРГИЈАТА ГО МЕНУВА СВЕТОТ

Page 33: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 14 април 2011

во Мокс-гориво и употреба на ова гориво во реакторите, некои експерти веруваат дека плутониумот - а ова е баш иронично - ќе стане побезбеден бидејќи кога ќе биде порадиоактивен, ќе може потешко да се контролира. Противниците оспоруваат дека производството на Мокс-гориво неизбежно ги зголемува ризиците по безбедноста и тоа не само заради транспортот на прачките со Мокс-гориво, туку и со плутониумот диоксид кој може да биде цел за терористички напади или несреќи. Дали е лесна употребата на Мокс-горивото во реакторите? Некои реактори употребуваат Мокс-гориво, но само во мал процент (околу 30 отсто) во вкупното гориво. Остатокот од горивото е конвенцонален ураниум оксид. Поддржувачите на Мокс предлааат новата генерација на нуклеарни реактори кои ќе бидат изградени во Британија, да можат да го горат Мокс-горивото и така да го намалат купот од плутониум. Сепак, новите реактори се направени да горат само ураниумско гориво и ниту еден не е дизјаниран да користи само Мокс, што е во секој случај далеку поскапо отколку конвенционалното ураниумско гориво.

(„Индепендент“ – Лондон)

ПОСЛЕДИЦИ Во Србија трошоците за автомобил за година дена пораснаа за 450 евраАВТОМОБИЛОТ СТАНУВА ЛУКСУЗ

Прескапо – паричниците се празнат од регистрациите, новите таблици и дозволи, зимските гуми, бензинот... Возач на „Пунто“ на годишно ниво плаќа 44.720 динари повеќе од порано (101,3 динари – 1 евро).Во последната година трошоците за автомобил се зголемени за речиси 450 евра и тоа сметајќи според пример на „Пунто“. Законот за безбедност на сообраќајот донесе големи трошоци за опремата, а тука се и трошоците за нови документи и таблици, поскапениот „зелен картон“, но и бензинот кој чини многу повеќе од пред една година, На сето тоа најавени се и поскапување на техничкиот преглед и полисите за осигурување. Возачите сега со право се прашуваат дали возењето на автомобил стана луксуз во Србија. Факт е дека некои од трошоците се оправдани, но факт е и дека многу трошоци можеа да се избегнат или да се одложат.

Вложување во опрема - Кога се работи за вложување во опремата, тие пари ќе ни се вратат. Тоа е вложување во сопствената безбедност и повеќе се исплатува од наплата на штета или лечење. На тој начин добиваат возачите и осигурителните куќи, бидејќи бројот на сообраќајните несреќи се намали, а со тоа и бројот на наплатените

штети. Значи, осигурителите треба на возачите да им изразат благодарност со тоа што ќе ја намалат цената на полисите за осигурување минимум за 30 отсто. Каде е тогаш логиката во најавеното поскапено осигурување од 20 отсто? - се прашува Дамир Окановиќ, директор на Комитетот

за безбедност во сообраќајот. Белград

Кога се работи за трошоци за регистрација на возилата, со воведувањето на новите прописи тие се многу зголемени, посебно ако се имаат предвид новите таблици, новите сообраќајни дозволи и задолжителните налепници. - Ако го земеме предвид возилото „Фиат Пунто“ од 1.244 кубици произведено во 2010 година, регистрацијата со данокот, осигурувањето, таблиците, сообраќајната и налепницата, би чинело 17.999 динари. На тоа треба да се додаде техничкиот преглед кој кај нас за ова возило се`уште е 1.200 динари, како и трошоците за пошта, - наведуваат во АМСС. Меѓутоа, во оваа цена не се пресметани најавените поскапувања за технички преглед и осигурување за 20 отсто. Како што дознаваме во Здружението на осигурители на Србија, на Управниот одбор се разговарало за тоа да се поднесе предлог до НБС за зголемување на полисата, но никој не сака да го открие точниот процент за поскапувањето. Исто така, новиот правилник за техничкиот преглед, кој е во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот, ќе биде објавен овие денови. Цените на техничкиот преглед за автомобилите за сега се движат од 750 до 2.500 динари, а во иднина треба да бидат многу повисоки и формирани според кубикажата на возилото.- Целиот пакет нови мерки ја поскапе регистрацијата за околу 4.600 динари во однос на истото време лани. Данокот, комуналните и еколошките такси се зголемија во последната година за 10 отсто, што е околу 1.000 динари. Немаме прецизни информации за колку ќе поскапе осигурувањето и техничкиот преглед, но извесно е дека ќе поскапат, велат од една агенција за регистрација на возила во Белград. Во АМСС истакнуваат дека за патување во странство поскапени се потребната меѓународна дозвола и зелениот картон и тоа дури 100 отсто. Меѓутоа, треба да се има предвид дека новите чипувани дозволи не важат во странство и дека за добивање на меѓународна дозвола, покрај нејзината цена треба да се плати и потврда во МВР на Србија која чини 420

динари.

А ратите за кредитот?Горивото е посебна приказна. Минатиот април на пример, обичен безоловен бензин чинеше 112 динари, додека денес на бензинските пумпи е 126. - Просечно семејство кое вози „пунто“ месечно поминува околу 1.000 километри, т.е. троши од 60 до 70 литри бензин. На ова ниво на цените, тоа е месечен трошок од 7.000 до 10.000 динари, вели Милан Ракиќ, претседател на Здружението на приватни бензински пумпи на Србија. Економистот Зоран Попов смета дека поседувањето на возило за речиси две третини жители во Србија е луксуз. - Само една третина од населението живее над границата на просекот, многу малку се во средниот слој, додека сите останати можат да се сметаат за сиромашни. Тие го немаат тој луксуз да возат автомобил, но нашата јавност тоа не сака да го прифати. На овие трошоци треба да се додаде и ратата за поскромен автомобил од околу 10.000 евра, кој веројатно е купен на кредит, - вели Попов.

Можна РТВ претплата од 1.000 динари за автомобилНа возачите им претстои уште еден можен дополнителен трошок, бидејќи прописите предвидуваат и плаќање на РТВ претплата од 1.000 динари за приемници во автомобилите, кои би ја плаќале на Радио-телевизија на Србија. Законот за радиодифузија предвидува „претплатата за приемник во моторно возило да се плаќа годишно, на посебна уплатница, при регистрација на моторното возило“. При технички преглед на возилото при регистрацијата треба да се утврди дали во него постои приемник или не, за да се утврди основ за наплата на таа претплата. Оваа обврска до сега не се применуваше, бидејќи пред тоа неопходно е Владата на Србија да донесе закон со кој ќе ја регулира наплатата. - Постои законска обврска возачите да плаќаат претплата, но воведувањето на таа мерка не зависи од РТС туку од Владата. Ние повеќе пати праќавме дописи до Владата во врска со тоа, но таа зазема став дека тоа во време на криза би било дополнителен товар за населението. Последната година не добивме никаков одговор од нив, - наведува Александар Тијаниќ, генерален директор на РТС. Експертите проценуваат дека поради неплаќање на РТС претплата на возачи кои имаат радио-апарати во автомобилите, Јавниот сервис до сега изгубил околу 35 милиони евра, бидејќи годишниот приход може да биде и до пет милиони евра годишно. Со измените и дополнувањата на Законот за радиодифузија кои се најавени, попрецизно ќе се одреди плаќањето на овој вид на претплата и ќе се отвори можност возачите во иднина при регистрација да ги плаќаат и овие нови давачки. (Прес“ – Белград)

ВО ФОКУСОТ: ЕНЕРГИЈАТА ГО МЕНУВА СВЕТОТ

Page 34: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 14 април 2011

Назив на Проектот Проект за поддршка на регионални и локални патишта

Референца WB1687-797/11

Финансиска референца

Loan No. 7532-0 MK; Project ID No. 107840 - MK

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 6.4. 2011 година

Краен рок за апликација

16.5. 2011 година

Сектори Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот Реконструкција на локални патишта-втора фаза Лот1- реконструкција на 10 локални патишта во североисточен и источен регион Лот2- реконструкција на 11 локални патишта во регионаот Вардар и југоисточниот регион

Контакт Агенција за државни патишта Даме Груев бр.14 1000 Скопје, Република Македонија Лице: Мишко Арсов Tel.: +389 2 3118-044. Fax.: +389 2 3220-535. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот Подготвителни работи за заштита и обнова на културното наследство во конфликтни области на Западен Балкан за 2010 година

Референца EuropeAid/131266/C/ACT/MULTI

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги, грант

Финансиер Европска комисија

Земја Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија

Објавено на 6 .4. 2011 година

Краен рок за апликација

20.5. 2011 година

Сектори Животна околина Општествени служби

Опис на Проектот Подготвителни работи за заштита и обнова на културното наследство во конфликтни области на Западен Балкан за 2010 година

Контактh�ps://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm

Назив на Проектот HR-Загреб:изградба на гасовод

Референца EIBZ64205

Финансиска референца

2011/S 67-107660

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер ЕИБ

Земја Хрватска

Објавено на 6.4. 2011 година

Краен рок за апликација

23 .5. 2011 година

Сектори Градежништво-инженеринг енергетика

Опис на Проектот Изгрдаба на главен гасовод, секција 4 за Лика и Далмација

КонтактPLINACRO, Ltd. Address: Savska cesta 88a, 10000Zagreb, Croa�a. Tel No.: ##385-1-6301 769, fax: ## 385-1-6301 790

Назив на Проектот MK-Битола: фармацевтски стоки

Референца ECZ64230-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 67-109421

Вид на набавка испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 1.4.2011 година

Краен рок за апликација

25.5. 2011 година

Сектори здравство

Опис на Проектот LOT 1. Pharmaceu�cal products for hospital use LOT2. pharmaceu�cal product nega�v list LOT 3. InsulinLOT 4. Niskomolekularni heparin LOT 5. Bifosfona�

КонтактКлиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Партизанска бб7000 Битола Република Македонија Tel. +389 47251211 +389 47251211 E-mail: [email protected] +389 47253435Internet address(es) h�p://www.kbb.org.mkAddress of the buyer profile h�p://www.kbb.org.mk

Назив на Проектот Проект за обнова на патишта

Референца EBRDZ64201

Финансиска референца

6351-IFT-37543

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Босна и Херцеговина

Објавено на 5 .4. 2011 година

Краен рок за апликација

26.5. 2011 година

Сектори Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот M6 Lastva – Dolovi & M20 Radovan Ždrijelo – Trebinje , должина 17.27 km; M14.1 Turic – Pelagicevo во должина од 9.81 km; M18 Dobrinja - Kula - Krupac – Boga�ci во должина од 17.02 km;M19 Rocevic – Karakaj во должина од 17.60 km; R450 Roga�ca – Borike во должина од 14.65 km

КонтактЛице за контакт: Mladen Lazendic B.Sc.Civ.Eng Organisa�on: Public Company Republic of Srpska Roads-PITAddress: 8/X Republic of Srpska Square/Room No. 178000 Banja Luka / Republic of Srpska Bosnia and Herzegovina Telephone: (+) 387-51-334-500 Facsimile number: (+) 387-51-334-545

Назив на Проектот MK-Скопје: Изградба на зграда

Референца ECZ64255-земји кандидати

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Page 35: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 14 април 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија

превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Финансиска референца

2011/S 68-111235

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 5.4.2011 година

Краен рок за апликација

9 .5. 2011 година

Сектори Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот Градежни и занаетчиски работи за административна зграда за владини интитуции – јавна администрација и факултет за драмски уметности.

КонтактСлужба за општи и заеднички работи на Владата на РМКузман Јосифовски Питу, 17, MK-1000 СкопјеA�n: Соња Полизовска1000 СкопјеРепублика МакедонијаTel. +389 22465225 +389 22465225 E-mail: [email protected] +389 22465225 +389 22465225

Назив на Проектот 750 kV Rivne – Киев - Изградба на далекувод надополнување

Референца EBRDZ16009

Финансиска референца

5565-GPN-37598; 6352-GPN-37598

Вид на набавка Услуги, испораки, изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Украина

Објавено на 5.4. 2011 година

Краен рок за апликација

5.4. 2012 година

Сектори Градежништво-инженеринг Енергетика

Опис на Проектот LOT 1. Design (detailed design for construc�on andland alloca�on project), Construc�on, Installa�on,Tes�ng and Commissioning of 353 km of HVL 750kV Rivne NPP - ST Kievska. LOT 2. Design (detailed design for construc�on and land alloca�on project),Construc�on, Installa�on, Tes�ng and Commission-ing of 135 km diversion of HVL 750 kV Khmelnitsk NPP - Chernobyl NPP to ST 750 kV Kievska. LOT 3. Expansion and modernisa�on of SS Kyivska throughinstalla�on of the second AT 750/330 kV LOT4. Construc�on of two 60 km 330 kV lines from750/330 kV Kyiv substa�on

КонтактNPC “Ukrenergo” office25 Kominternu St., Kyiv, Ukraine A�n: Mr. Oleg Levitskyi,Head of Capital Construc�on DepartmentTel: +38-044-238-30-35 Fax: +38-044-238-32-90Email:[email protected] A�n: Mr. Viktor Lyssykh,Head of Investment and Credit Policy DepartmentTel: +38-044-238-30-14 Fax: +38-044-238-39-81Email: [email protected]

Назив на Проектот Laser printers, Barcode scanners, Barcode printers

Референца UNDPZ64274

Финансиска референца

RfQ11/00331; 6846

Вид на набавка испораки

Финансиер УНДП

Земја Молдавија

Објавено на

Краен рок за апликација

21.4. 2011 година

Сектори Информатичка технологија:

- Hardware / Equip-ment / So�ware

Опис на Проектот Laser printers, Barcode scanners, Barcode printers

КонтактRodica GrecuE-mail: [email protected]

Назив на Проектот MK-Скопје: градежни работи

Референца ECZ64303-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 69-11280

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 6.4.2011 година

Краен рок за апликација

24.5. 2011 година

Сектори Градежништво-инженеринг Општествени служби

Опис на Проектот Изградба на нова зграда на Турски театар - Скопје

КонтактТурски театар - Скопје Ул. Никола Мртиновски.41контакт: Анита Латифи1000 Скопје Република МакедонијаTel. +389 23296581 +389 23296581 E-mail: anitala�[email protected] +389 23296581 +389 23296581

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАКонтакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

е-маил[email protected]

Page 36: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 14 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 20 и 21 јуни 2011 година при официјалната посета на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република АвстријаАВСТРИСКО-МАКЕДОНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ ВО ВИЕНА

Во рамките на најавената официјална посета на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Австрија, на 20 и 21 јуни 2011 година, планирано е одржување на Австриско-македонски бизнис- форум, во Виена, доколку за истиот постои интерес од страна на македонските компании. Бизнис-форумот претставува можност за продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји.

Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу македонски и австриски компании. За успешна реализација на настанот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со австриски компании најдоцна

до 13.4.2011 година, преку пополнување на пријавниот лист кој може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија www.mchamber.mk, со цел конкретна финализација на билатералните средби. Врз основа на наведениот интерес на македонските компании, ќе бидат идентификувани посочените сектори и соодветно на тоа ќе се обезбеди учество на австриски компании.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Еднодневен семинар„НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ КОЈШТО ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ОД 1 ЈУЛИ 2011 ГОДИНА“(18 април 2011 година, 09:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 кат)

Предавачи: Ранко Максимовски, Фиданчо Стоев и Теофил Томановиќ, судии во пензијаОд 1 јули 2011 година ќе се применува Законот за измени и дополнување на Законот за извршување. Со овој закон нотарите

добиваат нови надлежности да одлучуваат по предлози за донесување на решенија за извршување врз основа на веродостојни исправи. Исто така со примената на овој закон од 1 јули 2011 година сите извршни предмети кои во овој момент се наоѓаат кај извршните основни судови ќе бидат предадени на

натамошно постапување како повереници на судовите.Со цел полесно толкување и спроведување на Законот за извршување, Стопанската комора на Македонија на 18 април 2011 година организира еднодневен семинар.

ПРОГРАМА

1.Надлежност на нотарите во извршувањето (извршната постапка)-Нотарска оцена на Предлогот за извршување, неговата допуштеност, основаност и уреденост, пред донесување на решение

-Донесување решение за дозвола за извршување на парично побарување врз основа на веродостојна исправаПредавач: Фиданчо Стоев 2.Поим и видови на веродостојни исправи врз основа на кои нотар донесува решение за дозвола за извршување -Доставување на писмената, судска такса, нотарска награда и надомест на трошоци во постапката Предавач: Ранко Максимовски3.Приговор против нотарско решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа-Потврда на правосилност и извршност-Преземање на извршените предмети од судовите (член13) Предавач: Теофил Томановиќ Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 15 април 2011 година.Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари (4500+ДДВ) за компании-членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Ленче Зикова Елизабета А. Ефтимовател: 02 32 44 054 тел: 02 32 44 074факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 [email protected] be�@mchamber.mk

Можност за македонските компании во Република ТурцијаКУПУВАЧКИ МИСИИ ВО ИЗМИР И ТРАБЗОН

* Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција!

Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира две купувачки мисии за компаниите од Македонија и тоа: - Купувачка мисија во Трабзон, од 27 до 30.4.2011 година, во рамките на 2. Самит на патот на свилата, наменет за компании од секторите: земјоделие, прехрана, градежни материјали, машини и опрема и - Купувачка мисија во Измир, од 10 до 13.5.2011 година, наменет за компании од секторите: земјоделие, прехрана, градежни материјали, дрвна индустрија и мебел, текстил и конфекција, автомобилска и машинска индустрија. Во рамките на овие мисии планирани се билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи. Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании потребно да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија (преземанје од веб порталот на Стопанската комора на Македонија - www.mchamber.mk) и да ги достават до Стопанската комора на Македонија, најдоцна до наведените рокови во нив.

Контакт:Влатко СтојановскиТел: 3244 004; факс: 3244 088 [email protected]

Page 37: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 14 април 2011

Еднодневен семинар „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТРУЧНИТЕЛИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“19 април 2011 година, 8:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа.Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за безбедност и здравје при работа (БЗР), со основните минимални законски барања од областа на безбедностa и здравјето при работа кои треба да се применуваат на работните места.Обучувачи на семинарот ќе бидат: eминентниот предавач од Државниот инспекторат за труд, Слоботка Таушанова-Стојановска, додека од МЗЗПР ќе бидат дипломираниот инженер по ЗПР, Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа, како и Игор Стојчески, стручно лице за безбедност при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Законот за безбедност и здравје при работа, со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците.Во делот на законските акти и прописи, присутните ќе имаат можност да се запознаат со толкувањето на најважните барања од:- Законот за безбедност и здравје при работа;- Правилникот за инспекциски надзор;- Правилникот за проценка на ризик и- подзаконските акти што ќе произлезат како прашања на самата обука.

Подготвувањето на изјавата за безбедност и проценката на ризик, се сметаат за една од најголемите новини на Законот за БЗР, па затоа и на оваа обука посебно внимание ќе се посвети на оваа тема, а воедно ќе биде презентиран и Европскиот водич за проценка на ризик на работно место. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 април 2011 година. Сите учесници на обуката ќе добијат збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за ОНЅАЅ 18001, презентација за ОНЅАЅ 18001, а на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber .mk

Контакт:Ленче Зикова Анита Митревска тел: 02 32 44 054 тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088e-mail:[email protected] [email protected]

Од 20 до 22.4.2011 година во Република Црна ГораСАЕМ ЗА ЕКОЛОГИЈА ВО БУДВА

Саемот е наменет за презентација и комерцијализација на опрема, уреди и средства за рециклажа и заштита на животната средина, алтернативни извори на енергија, обновлива енергија, опрема и средства за заштита и уредување на урбаните населби, природни реткости и културно богатство.

Интерес за учество на овој саем посебно изразуваат креатори на еко-проекти, производители на еко-храна, еколошки сојузи и стручни здруженија.Посебен интерес за оваа саемска манифестација има и кај креаторите на политиките за животна средина, од ресорни министерства, до специјализирани агенции, јавни претпријатија и институции. Низ претставување на проекти за мониторинг-системи за заштита на животната средина, како и стратегии и едукативни програми, значително се придонесува кон зголемување на свеста за екологијата, како предуслов за општествено-економскиот развој.Во рамките на оваа манифестација, традиционално ќе се одржи и 6. Саем за вода, водовод и санитарна технологија.Заинтересираните за подетални информации може да го контактираат саемскиот организатор на тел. +382 33 410 405 или на e-mail: marke�[email protected]Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Еднодневен семинар “НОВИОТ ЗАКОН ЗА ХЕМИКАЛИИ И ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА REACH”27 април 2011 година (среда), од 9:00-16:00 часотСала 4 на V кат, Стопанска комора на Македонија

Новиот Закон за хемикалии кој ги транспонира европските регулативи REACH и CLP ќе влијае на скоро секој бизнис-сектор во Македонија, од трговците на мало до градежниците, производителите на храна до фотокопирниците, т.е. сите бизниси кои користат некаква форма на хемикалии во своите секојдневни работни активности. Бидејќи секоја компанија може да биде засегната од измените направени во Законот за хемикалии со имплементацијата на REACH, особено важно за компаниите и индустријата во целост е да разберат кои се нивните должности според него. Одредувањето на местото на компаниите во синџирот на набавка е многу важно, бидејќи ова ќе ги дефинира нивните обврски. Хемикалиите се поприсутни во работењето на компаниите отколку што тие се свесни за тоа. Многу компании кои не мислат дека се занимаваат со хемикалии може да бидат засегнати од новиот Закон за хемикалии и REACH. Запознавањето и едукацијата на бизнис-секторот во Македонија е од есенцијално значење особено заради фактот што имплементирањето на новиот Закон за хемикалии и REACH претпоставува пренасочување на обврските за управување со хемикалиите од надлежниот орган кон самата индустрија. Компаниите треба да бидат комплетно свесни за нивната улога во системот за менаџирање со хемикалиите што има основна цел - намалување на штетното влијание на хемикалиите врз човечкото здравје и животната средина.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 38: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 14 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРОГРАМА• Обврски на правните лица и производителите согласно Законот за хемикалии• Класификација и означување на хемикалиите согласно Глобалниот хармонизиран системПредавач: Лидија Савиќ, шеф на Секторот за хемикалии, Биро за лекови, Министерство за здравство на РМ

• Запознавање со REACH и обврските на производителите, увозниците и корисниците на хемикалии кои следуваат од оваа регулативаПредавач: Драгана Јанева, административно лице во Проектот за тренинг и едукација на надлежните органи во соработка со Европската агенција за хемикалии.

• Систем за ставање на биоцидите во промет• Законски обврски за ставање на детергентите во промет• Законски обврски на индустријата согласно конвенциитеПредавач: Лидија Савиќ, шеф на Секторот за хемикалии, Биро за лекови, Министерство за здравство на РМ

Семинарот е наменет за компаниите, aкционерските друштва, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои што работат директно или индиректно со хемикалии.Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и ќе им бидат презентирани новите информативни брошури наменети за едукација на индустријата.Пријавување најдоцна до 21 април 2011 година. Пријавниот лист и Агендата за семинарот може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Зорица Мешкова Ленче Зикова тел: 02 32 44 019 тел: 02 32 44 054факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088 [email protected]; [email protected];

На 3 мај 2011 година МАКЕДОНСКО-ГРЧИ БИЗНИС-ФОРУМСО КОМПАНИИ ОД РЕГИОНОТ ИМАТИЈА

*Доаѓаат компании од земјоделскиот сектор, прехранбената индустрија и производители на земјоделска механизација(Стопанска комора на Македонија, 11:00 часот)

Стопанската комора на Македонија е домаќин на Македонско-грчки бизнис-форум што ќе се одржи на 3 мај 2011 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-форумот претставува можност за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи меѓу компании од двете земји.Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу македонски и грчки компании. Бизнис-делегацијата предводена од претставници на грчката Регионална комора на Иматија е составена од реномирани компании главно од земјоделскиот сектор, прехранбената индустрија и земјоделска механизација, кои се сериозно заинтересирани за соработка со деловни партнери од Македонија. Македонските компании кои се заинтересирани за учество на Бизнис-форумот, можат да се пријават најдоцна до 21.4.2011 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Од 7 – до 11.5.2011 година во Република ИталијаСАЕМ ЗА ХРАНА “TUTTOFOOD 2011”ВО МИЛАНО

Во периодот од 7 до 11 мај 2011 година, Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на Меѓународниот саем за храна “TUTTOFOOD 2011” во Милано, Република Италија.Оваа саемска манифестација со својата разновидна концептуалност, професинална публика и излагачи, меѓу кои и најголемите светски трговски синџири го зазeма приматот на една од најзначајните манифестации од меѓународен карактер за прехранбена индустрија.

“TUTTOFOOD 2011” ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на сите видови прехранбени производи и тоа:- леб, замени за леб и пекарски производи; ориз, житарки и додатоци; какао, шеќер и засладувачи; кафе; млечни производи; кондиторска индустрија и додатоци; слаткарство; диететска и храна за бебиња; месо, сувомесни производи, јајца и масла за јадење; свежа и замрзната храна; гастрономија; здрава и органска храна; суровини, полупроизводи и адитиви; вино, алкохолни безалкохолни пијалаци; кетеринг-услуги и др.Идеалниот амбиент за ваков реномиран настан може да биде само Италија, каде што потрошувачката на храна претставува еден од најважните економски извори на земјата, а посебно Милано, кој е познат како светски гастрономски центар. Стопанската комора на Македонија организира заедничка посета на македонски компании на овогодинешното издание на “TUT-TOFOOD 2011”, со организиран авионски превоз и хотелско сместување. Посетата на Саемот ќе се одржи од 7 до 11 мај 2011 година (четири ноќевања), а трошоците за превоз и сместување ги покриваат учесниците. Сите заинтересирани компании своето учество на Меѓународниот саем за храна во Милано, можат да го пријават најдоцна до 6.4.2011 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

Page 39: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 14 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 12 - 14.5.2011 годинаСАЕМ ЗА КАЛАПИ ВО БУРСА, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈАОрганизирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во периодот од 12 до 15 мај 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржат четири меѓународни саемски манифестации:• 5. Саем за технологија на калапи;• 10. Саем за пакување, пластика и гумена индустрија;• 4. Саем за автомобилска индустрија, гаражи и опрема, бензински пумпи и нивна опрема и ЛПГ-системи и• Саем за безбедносни системи и индустриско чистење.

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор, АДОНИС ГРУП, организира посета на саемската манифестација со групен автобуски превоз од 12-14 мај 2011 година.Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфер од аеродром до хотел и од хотел до саем, како и бесплатни влезници за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци за саемскиот организатор Адонис, 95 евра по лице со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 април 2011 година. Пријавен лист и детали на веб сајтовите: www.mchamber.mk и h�p://www.mouldeurasia.com/ Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 14 - 21.5.2011 година во Република Србија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО НОВИ САД

*Стопанската комора на Македонија организира учество на македонските компании на заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови !Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад е најважен саемски настан во регионот и еден од најголемите во Европа од агроиндустрискиот сектор. Новосадскиот саем на едно место ги собира најзначајните компании од Европа од земјоделскиот сектор, аграрното производство, механизацијата, најдоброто во сточарство итн. На овогодинешното издание на Саемот ќе бидат претставени стопански сегменти од областа на: прехранбената индустрија; органска храна; земјоделски производи; вино ; земјоделска механизација; сточарство; агрохемија и билкарство; индустриски машини и градежништво; амбалажа и пакување и др.

Се очекува оваа година да настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и др.

За време на манифестацијата ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Португалија.Стопанската комора на Македонија, имајќи ја предвид одличната соработка со Новосадскиот саем, обезбеди заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови за македонските компании (10% попуст за неопремен штанд во хала 3 и 80 евра попуст за задолжителна објава во каталог (како соизлагач). Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад за заинтересираните македонски компании со организиран превоз и сместување. Вкупните трошоци за превоз и сместување, како и на внатрешното уредување (стандардната опрема) на штандот се на товар на секој учесник/фирма. Стопанската комора на Македонија ги повикува заинтересираните македонски компании да го пријават своето учество на Саемот најдоцна до 12 април 2011 година.

Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]Контакт : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 10 до 12 мај 2011 година Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа во Република Србија„SEE AUTO COMPO NET 2011“ ВО КРАГУЕВАЦ

Од 10 до 12 Мај 2011 година во Крагуевац, Република Србија, ќе се одржи Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа „SEE Auto Compo Net 2011“. На овој саем ќе се престават нај еминентните производители, добавувачи, купувачи и корисниците на производите и услуги за производство на компоненти од Србија и Југоисточна Европа. Со неговото повторно одржување овој саем станува централно место на кое учествуваат добавувачи, купувачи и монтажери, производители на опрема и машини заедно со корисниците на производите и услуги за производство, одржување и сервисирање на автомобили и комерцијални возила. Саемот „SEE Auto Compo Net 2011“ ќе се одржи на 1.600 м2 изложбен простор. Саемот ќе трае три дена, при што е планирано во рамките на истиот да се организираат и одржат многубројни манифестации од типот на тркалезни маси, презентации, програм за развој на добавувачите, средби со купувачи и сл. Со учество на оваа

Page 40: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 14 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

манифестација на која производителите на компоненти можат да ги презентираат своите производи, ќе можат да остварат деловно комерцијални резултати. На првиот ден на Саемот ( 10 мај 2011 година) како централен настан се најавува „Средба со купувачите“, што ќе го привлече вниманието на производителите на компоненти од земјата поради можноста за директни деловни средби со производителите од Југоисточна Европа. Исто така, во рамките на саемот ќе се одржи средба на коморите и автомобилските кластери од регионот. Подетални информации може да се добијат во Стопанска комора на Македонија.Контакт:Војкан Николовски,тел.02 3244068E-mail [email protected]

Од 18 до 21.5.2011 година во Република КосовоСАЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА, ДРВНА ИНДУСТРИЈА „EXPOKOS 2011“ ВО ПРИШТИНА

*За излагачите 10 отсто попуст на саемскиот аранжман *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни

влезнициСтопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организираучество и посета на

македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2011“ во Приштина, Косово.„EXPOKOS 2011“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, електроиндустрија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти.Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат

да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 15 април 2011 година.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 28 до 31 мај 2011 година Меѓународен саем за текстил, предива, трикотажа и машини во Република Турција “TEXPO EURASIA 2011’’ ВО ИСТАНБУЛ

*Организирана посета за македонски компании на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување !Во периодот од 28 до 31 мај 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат три меѓународни саемски манифестации и тоа:• 28. Саем за текстил, ткаење, предива, плетење, везење, трикотажа и машини за текстил „TEXPO EURASIA 2011“;• 8. Меѓународен саем за предива „INTERNATIONAL ISTAN-BUL YARN RAIR“ и • Саем за ткаенини „FABRIC EXPO 2011“.

Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации на којашто ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: текстилни ткаенини, текстилни предива, трикотажа, машини за шиење, везење, боење и печатење, текстил за домаќинство, теписи и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 28-30 мај 2011 година, со автобуски превоз.Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до саем и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25 април 2011 година.Контакт: Влатко Стојановски Венера Андриевска Тел.02 3244 004 тел.02 3244 037Факс:02 3244 088 факс:02 3244 088mail: [email protected] mail: [email protected]

Регионалната комора со седиште во Скопје, ве води на Меѓународниот саем за висока технологија во НР Кина, од 18 do 21 мај 2011 година „CHITEC 2011” ВО ПЕКИНГОбезбеден бесплатен штанд за излагачите!

Во периодот од 18 до 21 мај 2011 година, Регионалната комора со седиште во Скопје, во соработката со Стопанската комора на

Page 41: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО 41четврток, 14 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Белград и Стопанската комора на Пекинг, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за висока технологија “CHITEC 2011”, во Пекинг, Народна Република Кина.

Саемот за висока технологија во Пекинг е исклучителен настан во својата област, се простира на површина од преку 60 илјади м2, а на кој преку 2000 организации и компании вообичаено учествуваат секоја година. Саемската манифестација ја посетуваат над 200 илјади луѓе од Кина и од светот.На Саемот се излагаат најновите достигнувања во индустријата на високата технологија, вклучувајќи ја електрониката, комуникациските и информатичките технологии, енергијата и заштитата на животната средина, во биомедицината, технологијата за автомобилската индустрија, индустријата за рециклажа, зелени и иновативни технологии, а присутни се и компании кои бараат инвеститори и вложувања во постојни проекти.Регионалната комора со седиште во Скопје врз основа на својата соработка со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, која е еден од организаторите на Саемот, обезбеди бесплатен штанд за излагачи кои ќе се претстават на колективниот штанд на Стопанската комора на Белград. Покрај тоа, на сите излагачи им се нуди можност за организирање деловни средби со кинески стопанственици и презентација на нивните производи, идеи, проекти и изнаоѓање на адекватни партнери за соработка.Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2011 година. Пријавниот лист, регистрациониот формулар и програмата може да се преземат од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk

Контакт:Венера АндриевскаТел:02 3244037; Факс:02 [email protected]

Од 4 до 13 ноември 2011 година во ШвајцаријаСАЕМ ЗА ПРЕХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН * Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за прехрана и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови:- бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување;- во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој

ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалоци;- за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна;- за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно). „COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: - месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници;- млеко и млечни производи;- риба; - какао, бонбони, чоколади, сладолед;- брашно и производи од брашно;- диетална, макробиотичка храна;- производители на здрава, био и органска храна;- пакување (хартија, фолија, пластика);- конзервирана храна;- природна минерална и изворска вода;- безалкохолни и енергетски пијалаци;- сокови сирупи и екстрати;- пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво;- вина од сите винарски земји и региони;- вински и овошни ликери, овошни и други ракии;- јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство;- опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбенатаиндустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни) туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMP-TOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 15.3.2011 година.

Контакти:Венера Андриевскател:3244037; факс:3244088E-mail:[email protected]

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) [email protected]

Page 42: Бизнис ИНФО број 49  од 14.04.2011 година

БИЗНИС ИНФО42 четврток, 14 април 2011

Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни и абразивни материјали, ауто и електро делови

Валидност до:9.05.2011

Турска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на мебел

наменет за хотели и становиВалидност до:9.05.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини

за обработка на лим, специјализирани за производство на преси,ножички и други видови

на машини за сечењеВалидност до:10.05.2011

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

стоматолошки инструменти за микро хирушки третман

Валидност до:10.06.2011

Бугарска компанија бара соработка со производители на сончогледово масло во

Република МакедонијаВалидност до:14.12.2011

Македонска компанија нуди на продажба на објекти лоцирани на 14 км од градот Делчево,

во с. Бигла на 800 м надморска височина, постојат 3 производствени погони и повеќе услужни објекти ( портирница,ресторан со

кујнаи магацин,котларница за јаглен и магацин за готови производи)

Локацијата зафаќа површина од 1.850 м2 под објекти и вкупна површина на останато

земјиште од 26.841м2.Валидност до:15.11.2011

Македонска компанија нуди на продажба фабрика лоцирана во градот Гостивар 60 км од Скопје фабриката е соодветно поврзана

со патишта и железница во рамките на Македонија и меѓународно преку соседните

земји Грција,Бугарија,Србија, Црна Гора и Албанија,комплексот зафаќа површина

147.000 м2 а опфаќа производни,услужни и административни објекти со вкупна

површина од 30.095 м2 и вкупна површина на останато земјиште од 115.100м2.Во рамките

на локацијата е изградена и станица за складирање, дистрибуција и полнење на течен

нафтен гас(пропан -бутан) сопственпост на компанијата

Валидност до:15.11.2011

Компанијата ИМПУЛС ДОО Скопје од Република Македонија-компанија за телекомуникации

бара соработници за отварање свое претставништво во Белград, Приштина и Тирана

за дистрибуција и продажба на мобилни телефонски апарати на големо и мало

Валидност до:18.11.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

козметички препарати, ролони,парфеми, дезодорански

Валидност до:01.05.2011

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индустриски четки

за машиниВалидност до:01.09.2011

Грчка компанија бара соработка со производители на ѓумур во Република

Македонија за пласман во ГрцијаВалидност до:01.09.2011

Компанија од Србија бара да откупува ориз од Република Македонија, оризот треба да биде со округло зрно со низок процент на влажност под 14% а неговата намена е за добивање на

суровина за кондиторската индустрија (за призводство на чоколади, мусли и др.)

Валидност до:04.12.2011

Компанија од Италија заинтересирана е да соработува со компании од Република

Македонија во областа на обновлива енергијаВалидност до:04.12.2011

Компанија од Белгија заинтересирана е да инвестира во туризмот и хотелиерство во

Република МакедонијаВалидност до:04.12.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

алуминиумски профили за изолационо стаклоВалидност до:04.09.2011

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

делови за земјоделски трактори, серво управувач,хидраулични пумпи,амортизери,

разни делови на моторВалидност до:04.09.2011

Компанија до Германија бара соработка со македонски компани во млечната индустрија

особено во примена на традиционални рецепти за производство на висококвалитетно сирење

Валидност до:07.12.2011

Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка со туристички агенции во Република

Македонија за испраќање на македонски туристи во Црна Гора

Валидност до:07.12.2011

Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка во откуп на свежо овошје и зеленчук

, режано цвеќе од Република МакедонијаВалидност до:07.12.2011

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини

за рециклирање на отпадВалидност до:07.12.2011

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на памучни пешкири, бањарки,постелнини и прекривачи и

памучни ткаениниВалидност до:16.05.2011

Турска компанија бара да увезува јагнешка, овча и говедска кожа од Република Македонија

Валидност до:16.12.2011

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на системи

за пратење и мониторинг на такси возилаВалидност до:21.05.2011

Компанија од Грција бара застапник за продажба на машки чевли во Република

Македонија, Валидност до:2.07.2011

Компанија од Србија бара пласман на опрема за наводнување во Република Македонија

Валидност до:2.08.2011

Компанија од Србија бара пласман на амбалажа за пакување во кондиторската

индустрија,козметика, зачини во Република Македонија

Валидност до:2.07.2011

Компанија од Хрватска бара партнери за соработка во Република Македонија за

пласман на лекови,козметика,чаеви и средства за општа употреба(ханзапласт и др.)

Валидност до:3.09.2011

Компанија од Америка производител на медицински уреди за здравствениот сектор бара соработка со македонски компании

кои дистрибуираат лекови, односно бараат пласман на најнов производ MEDPOD уред

за навремено користење на лекови од страна на пациентите кои имаат тешки и хронични

болестиВалидност до:25.09.2011

Компанија од Индија заинтересирана е да инвестира во изградба на Спа Центар во

Република МакедонијаВалидност до:28.12.2011

Компанија од Индија заинтересирана е да инвестира во градежништвото во Република

МакедонијаВалидност до:28.12.2011

Германска компанија заинтересирана е за био производство на житни

култури,малини,боровинки и др. видови на овошје во Република Македонија

Валидност до:28.12.2011

Компанија од Германија бара соработка за користење на 100 ха земјоделско земјиште за одгледување на култури потребно за нивното

производствоВалидност до:29.12.2011

Компанија од Германија бара застапник во Република Македонија за пласман на ефикасни

комбинирани електрани за топлинска и електрична енергија со јачина од 10 до 400

КЊ(ел) а врши и нивно одржувањеВалидност до:29.06.2011

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да откупува бучимски кромид и столно грозје од

Република МакедонијаВалидност до:07.12.2011

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mkКонтакт:

Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) 3244036факс: (02) 3244088

[email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски