КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови...

24
КПУ, 2016 Материјал за слушателите Страница 1 од 24 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Табела 1.1. – Преглед на видови на измами Вид на измама Сторител Жртва Објаснување Проневера од вработен Вработени во организација Работодавецот Вработени ги користат сопствените позиции за да стекнат или пренасочат одредени средства, а кои му припаѓаат на работодавецот. Ова е најчестиот вид на измама. Измама од добавувач Добавувачи на организацијата Организацијата на која добавувачот и продава добра или услуги Добавувачите или наплаќаат повеќе или обезбедуваат добра со помал квалитет или обезбедуваат помала количина на добра од договореното. Измама од клиенти Клиенти на организацијата Организацијата која им продава на клиентите Клиентите не плаќаат или плаќаат помалку или добиваат повеќе од самата организација по пат на заблуда. Измама од менаџментот (Измама во финансиските извештаи) Менаџментот на компанијата Акционерите и/или кредиторите и регулаторите (овластени за оданочување) и т.н. Финансиските извештаи се манипулирани од страна на менаџментот со цел компанијата да се направи да изгледа подобро отколку што е. Ова е најскапиот вид на измама. Измами со инвестиции и други измами на потрошувачи Сторители на измами – сите видови Неупатени инвеститори Овие видови на измами се вршат на интернет и лично и ја обезбедуваат довербата на поединци за да се вовлечат во инвестирање на пари во шеми кои се безвредни. Други (разни) видови на измами Сите (во зависност од ситуациите) Сите (во зависност од ситуациите) Во секое време, секој може да стекне предност врз довербата од друга личност со цел истата личност да ја измами.

Transcript of КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови...

Page 1: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 1 од 24

ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ

Табела 1.1. – Преглед на видови на измами

Вид на измама Сторител Жртва Објаснување

Проневера од

вработен

Вработени во

организација Работодавецот

Вработени ги користат сопствените

позиции за да стекнат или пренасочат

одредени средства, а кои му припаѓаат на

работодавецот. Ова е најчестиот вид на

измама.

Измама од

добавувач

Добавувачи на

организацијата

Организацијата

на која

добавувачот и

продава добра

или услуги

Добавувачите или наплаќаат повеќе или

обезбедуваат добра со помал квалитет или

обезбедуваат помала количина на добра

од договореното.

Измама од

клиенти

Клиенти на

организацијата

Организацијата

која им продава

на клиентите

Клиентите не плаќаат или плаќаат помалку

или добиваат повеќе од самата

организација по пат на заблуда.

Измама од

менаџментот

(Измама во

финансиските

извештаи)

Менаџментот

на компанијата

Акционерите

и/или

кредиторите и

регулаторите

(овластени за

оданочување) и

т.н.

Финансиските извештаи се манипулирани

од страна на менаџментот со цел

компанијата да се направи да изгледа

подобро отколку што е. Ова е најскапиот

вид на измама.

Измами со

инвестиции и

други измами на

потрошувачи

Сторители на

измами – сите

видови

Неупатени

инвеститори

Овие видови на измами се вршат на

интернет и лично и ја обезбедуваат

довербата на поединци за да се вовлечат

во инвестирање на пари во шеми кои се

безвредни.

Други (разни)

видови на измами

Сите (во

зависност од

ситуациите)

Сите (во

зависност од

ситуациите)

Во секое време, секој може да стекне

предност врз довербата од друга личност

со цел истата личност да ја измами.

Page 2: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 2 од 24

Проневера од вработен

„Проневера од вработен“ е најчест вид на професионална измама. Кај овој вид

на измама, вработените ги мамат своите работодавци преку земање на средствата на

компанијата.

Проневерата може да биде директна и индиректна.

Директната проневера/измама настанува кога вработениот краде пари, залихи,

алатки, стока, или други средства од компанијата. Директна измама настанува и кога

вработениот основа т.н. „параван“ компании и ги плаќа тие вработени за стока која

всушност и не е испорачана. Преку директната измама, средствата на компанијата

директно одат во џебот на сторителот, без вклучување на трети страни.

Индиректната проневера/измама од вработени од друга страна пак настанува

кога вработен зема мито или поткуп (провизија) од добавувач, клиент или некој друг кој

е надвор од компанијата1, со цел да дозволи погодности како на пр. - пониски продажни

цени, повисоки набавни цени, добрата и услугите не се испорачуваат, или испорака на

добра со помали вредности и/или квалитет од нарачаните. Кај вакви случаи, ваквото

потплаќање на вработениот/сторител, вообичаено се врши од страна на организација

која соработува со работодавецот, кон вршителот на измамата (вработениот), но не и

директно со вработениот.

Во продолжение ќе го пренесеме случајот на „CVC Construction“, кој обезбедува

пример2 за директна измама од вработен:

CVC Construction е фирма специјализирана за изградба на нови единици за домување

како и обновување на стари куќи. Иако CVC Construction имаше голем удел на пазарот,

за жал тие имаа и тешки времиња во остварувањето на профит. Истрагите

извршени поради случаите кои се разоткрија кога се откри дека неколку вработени

кај CVC Construction ги користеле материјалите на компанијата како и нејзината

опрема заради нивни лични преземени обврски за реконструкции вршени настрана

1Појаснување: Во последните написи од Fraud Magazine на ACFE - http://www.fraud-magazine.com/article.aspx?id=4294989601 се оперира со терминот „money mule“ со кој се означуваат лицата кои ја обавуваат оваа функција на „посредници“ помеѓу вработен/и во компанија и добавувач, клиент или друг, меѓу кои се врши индиректната измама. Овој термин е пандан на терминот „drugs mule“ кој е препознатлив во трговијата со дрога каде се најмуваат лица за пренос на дрога. 2 Извор на податоци: „Fraud Examination “- Fourth Edition, W. Steve Albrecht Brigham Young University, Chad O. Albrecht, Utah State University, Conan C. Albrecht, Brigham Young University, Mark F. Zimbelman, Brigham Young University - Chapter 1: The Nature of Fraud, pg. 11

Page 3: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 3 од 24

(заб. на прев. - од фирмата за која работат), како и профитот кој си го ставале во

џеб. Само еден вработен имал украдено средства вредни повеќе од 25.000 долари, а

кои средства всушност се на компанијата.

За да ја нагласиме индиректната измама, да го разгледаме случајот12 на Mark кој

извршил измама против својот работодавач – фирмата “Big D Advertising“:

Во улога на агент за набавка, Mark користејќи ги своите овластувања и платил на

една компанија во New York City близу 100.000 долари за работа која е предмет на

договор и која би требало да чини околу 50.000 долари. Договорената страна потоа

на Mark му исплаќа провизија од приближно 30.000 долари. Единствено, откако некој

забележал дека квалитетот на работата која е извршена од компанијата од New

York City, значително е полош од договорениот, измамата била насетена и најпосле

откриена.

Измама од добавувач

Вообичаено, измамата од добавувач за резултат ги има следните случувања:

претплаќање на набавената стока, испорака на стока со понизок квалитет, или стоката

воопшто не се испорачува иако плаќањето е извршено.

Измама од добавувач која во САД е екстремно воопштена, се случува во две

вообичаени форми:

Измама извршена од добавувачи кои работат сами и

Измама извршена преку соучесништво помеѓу купувачите и добавувачите.

Најпрепознатливите шеми за измама од добавувачи вклучуваат неколку

активности, а кои секоја компанија треба да ги има предвид и секако да ги вклучи во

своите проценки за можни ризици од измама, а особено во својата стратегија.

Вообичаено кај ваквите измамнички шеми се препознаваат следните активности

кои се вршат од страна на самите добавувачи:

Преплаќање: добавувачот поднесува надуени фактури за своите добра или

услуги. Во некои случаи фактурите можат да бидат одраз на фактурирање на

поголем број на добра од бројот на добра кои клиентот вистински ги примил;

Местење на тендер: Добавувачот/или повеќе добавувачи заедно со вработен/и

од компанијата клиент, постигнуваат таен договор за да ги насочат набавките на

Page 4: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 4 од 24

компанијата клиент кон тендер на кој наддава добавувач што нуди добра и

услуги по повисока цена.

Фиксни цени: ова претставува договор помеѓу конкуренти добавувачи за

фиксирање на иста цена за добра или услуги без оглед дали заеднички го

воспоставуваат опсегот на цени или воспоставуваат минимална цена.

Поткуп/Рушвет: во овој случај вработен/и прифаќаат и примаат нелегални

средства понудени и дадени од добавувачот, а заради олеснување на

измамата/криминалот;

Според ACFE, ризиците кои една организација треба да ги има предвид, а кои

укажуваат на можна измама од добавувач и која организациите би ги чинела скапо, се

следните:

Фиктивни или параван компании – високата технологија која денес го управува бизнис

работењето и растот на глобалните оперативни модели претставуваат рај за

измамниците. Формирање на фиктивни или параван компании, вообичаено со звучни

или имиња кои потсетуваат на веќе познати компании на добавувачи е мошне честа

појава во светот. Ваквите компании можат да се појават на јавен тендер, да го добијат,

да достават фактури за кои клиентот ќе плати, но никогаш повеќе нема да слушне за нив.

Едноставно параван фирмите никогаш нема да бидат откриени и ќе исчезнат. Вработени

поединци можат да спроведат нивна сопствена шема или да се договорат со

добавувачот за да му помогнат истиот да ги избегне воспоставените интерни контроли.

Всушност, според Kroll’s 2012-2013 Global Fraud Report3, компаниите кои биле

набљудувани, покажале дека внатрешните вработени се клучните сторители во две

третини од сите случаи на измама кои не се откриени.

Поплаки, правни и законски прашања - во денешно време многу од компаниите

посветуваат големо внимание на поплаките/жалби од клиенти, се почесто

воспоставувајќи и посебни служби за поплаки. Дали е важно да знаете дали и вашите

добавувачи ја споделуваат истата определба? Дали некои од нив се соочиле со истечени

лиценци или непотребни акти? Дали имаат полиси за осигурување или осигурителни

3 Извор на податоци: http://www.kroll.com/en-us/intelligence-center/reports/global-fraud-report - Извештајот покажува дека за Европа процентот на фирми кои искусиле измама во 2013/2014 година е 73% за разлика од 2011/2012 година кога тој процент бил 63%. Од овој процент на судирот на интереси се должат дури 21% за разлика од учеството на финансиските измами со 17%.

Page 5: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 5 од 24

одредби со кои ги штитат своите клиенти од погрешни одлуки? Што во однос на

даночните обврски – лоши кредитни рејтинзи дадени од владини институции заради

рушење или непочитување на законите и прописите во однос на даночните обврски?

Возможни се дури и најлошите сценарија – фирмата добавувач од вашата база на

податоци всушност да е поврзана со тероризам или со перење пари на глобално ниво!

Судир на интереси - дали во вашата фирма се вршат проверки на главните добавувачи

со податоците на вашите вработени и тоа го спроведувате на редовна основа? Дали ги

истражувате резултатите? Доколку одговорот е негативен тогаш скапо ќе ве чини

отсуството на овие контроли кои укажуваат на конфликтот на интереси. Да

претпоставиме дека сопругот на една вработена во вашата фирма води една ИТ

компанија, а која врши услуги и за вашата компанија. Би било добро да погледнете

подетално заради стекнување на уверување дали ваквиот однос е во согласност со

политиките на фирмата. Дали вработената, според доверените задачи е целосно

одвоена од процесите кои се користат при избор на добавувач (во случајов нејзин

сопруг) како и од процесот на одобрување на фактурите за плаќање? Дали износите на

фактурите за плаќање се исти со договорените износи? Во ваш најдобар интерес е како

и во интерес на вашите вработени, во вакви случаи да истражите подлабоко, особено

кај случаи кога постои потенцијален судир на интереси и да вреднувате дали секоја

ваква ситуација е правилна и правилно спроведена.

Овде ќе пренесеме еден случај од измамите од добавувач12, а кој имаше голема

медиумска покриеност на глобално ниво и повторно стана актуелен со текот на времето,

особено поради значајните претплати од страна на главните добавувачи кои се открија

при процесот на одбрана и други договори од владата на САД.

Еден неодамнешен случај во Министерството за одбрана на САД го осветлува

типичниот вид на измама од добавувач. Како резултат на заедничка истрага од

страна на FBI и DoD (заб. на прев. - Department of Defence – Сектор за одбрана при МО),

една корпорација од Illinois се изјасни за виновна за лажните тврдења и обвиненија за

заговор кои се однесуваа на пречекорувања на трошоците и извршени трошоци за

извршниот персонал, наплатени од Министерството за одбрана. Корпорацијата се

сложи да направи реституција (заб. на прев. - враќање, враќање во нормалниот

деловен живот без пишани траги за сторена измама) на 115 милиони САД долари во

буџетот. Подоцна корпорацијата се сложи за дополнителни плаќања во износ од

Page 6: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 6 од 24

71,3 милиони долари за да ги реши тековните административни и проблеми кои не

беа поврзани со криминал, како и да ги отпушти одредени вработени (офицери) за

кои се докажа нивната криминална вина, преку спроведената истрага.

Во последните неколку години, Halliburton – голем добавувач од областа на

одбраната, беше обвинет за проневера, местење на тендери, малверзации во

војската како и разни други тврдења, бидејќи овој договарач имаше сигурни договори

за градење во Ирак. Само во еден единствен случај, наводно Пентагон тајно направил

дознаки во милијарди долари за ирачко нафтено поле на Halliburton, без да им даде

шанса на другите натпреварувачи да се јават на тендерот за добивање на

работата. Тврдењата на штета на Halliburton се сметаат за вид на измама од

добавувач, бидејќи тврдењата вклучуваат и повеќе други добавувачи и страни.

Измама од клиент

Кога се случува измама од клиент, вообичаено настануваат следните ситуации:

клиентите или не плаќаат за нарачаните стоки или добиваат нешто за ништо.

На пример13, размислете за банкарски клиент кој влегува во некоја филијала

на голема банка во сабота наутро и го убедува менаџерот на филијалата да исплати

банкарски чек на 525.000 долари, дури иако клиентот има само 13.000 долари на

неговата сметка. Менаџерот верува дека клиентот е мошне богат и не сака да ја

изгуби неговата бизнис зделка. За несреќа на банката, клиентот е крадец во „бела

јака“ (анг. “whitecollar”) и продолжува да ја манипулира банката за повеќе од 500.000

долари.

Кај друг пример за измама од клиент, шест лица се наоѓаат во центарот на

Чикаго во хотелска соба, претставувајќи се како претставници на големи

корпоративни клиенти, вршат три повици кон банка во Чикаго и вршат банкарски

трансфер од близу 70 милиони долари на своите сметки во друга финансиска

институција од New Jersey. Еднаш кога парите се префрлени во New Jersey, веднаш се

пренесени во Швајцарија, повлечени и употребени за набавка на руски дијаманти.

Измама од менаџментот

Измама од менаџментот често се нарекува и измама на финансиски извештаи и

се разликува од другите видови на измами, како според природата на извршителите

така и според методата на заблуда.

Page 7: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 7 од 24

Во нејзината најопшта форма, измамата од менаџментот вклучува манипулации

со цел создавање заблуда од врвниот менаџмент кај финансиските извештаи.

Меѓу другите, во последните години добро се познати глобалните примери за

наводни измами од менаџментот кои ги вклучуваат компаниите како: WorldCom, Enron,

Waste Management, Sunbeam, Rite-Aid, Phar-Mor, Parmalat, ZZZZ Best, ESM Government

Securities, Regina Vacuum Company, и MiniScribe Corporation.

За да ја илустрираме измамата од менаџментот, да го разгледаме случајот13 на

John Blue, CEO на брзорастечки синџир на музички продавници.

Компанијата отвора нови музички продавници, скоро секој месец. Оваа компанија има

свои лојални муштерии и беше позната по ниските цени. Кога компанијата се појави

во јавност, уделите во акциите пораснаа. За жал, новите акционери не знаеја дека

синџирот продава музички производи под цената на чинење и дека всушност губи

пари по секоја продадена ставка. Џон и другите извршни директори ги криеја

загубите по пат на надувување на залихите и забележување на фиктивни приходи.

На крајот измамата се откри тогаш кога главниот сметководител извести за ова.

Кога веста протече, уделите на акциите на компанијата станаа безвредни, речиси

преку ноќ.

РАЗМИСЛЕТЕ

Зошто сметате дека за топ менаџментот е полесно да ги манипулира

финансиските извештаи, отколку за другите вработени во организацијата?

Дали следната активност во една институција ќе ја дефинирате како измама во

која иако согласно систематизацијата на работни места и определените задачи на

извршниот менаџмент за креирање на соодветна методологија (за кое се зема плата и

креирани и пополнети се повеќе работни места), истите лица се ангажираат со договор

за дело за вршење на истите задачи, а за кои ангажмани дополнително им се плаќаат

хонорари? Според вас, кој е жртвата во овој случај? Дали овој случај ќе го дефинирате

како „измама“ или друг вид на криминал?

Измами со инвестиции и други измами од клиенти

Тесно поврзани со измамите од менаџментот се и измамите од инвестиции. Кај

овие измами, лажни и вообичаено безвредни инвестиции се продаваат на инвеститори

кои не се сомневаат. Измамата во телемаркетингот припаѓа на оваа категорија бидејќи

Page 8: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 8 од 24

продава безвредно партнерство како и други инвестициски можности. Како што беше и

претходно наведено Charles Ponzi се смета за татко на овие инвестициски измами.

За жал, нему не му недостигаа имитатори. Неговата форма на заведување денес

е екстремно воопштена. Всушност, истражувањата упатуваат дека еден на секои три

американци за време на својот живот ќе падне како жртва на овој вид на измама.

Од страна на FBI се сугерираат следните нај воопштени, најчести шеми на измами

на клиенти4:

Понзи шема. Како што претходно беше дискутирано во оваа глава, овие шеми се

наречени според Charles Ponzi и се мошне едноставни: ги наведуваш инвестициските

фондови од жртвите и потоа им исплаќаш на жртвите премија или камата и тоа од

парите добиени од следните инвеститори.

Телемаркетинг измами (телефонска продажба или понуда). Кога настануваат

телемаркетинг измами, жртвите испраќаат пари на луѓе кои не ги познаваат добро или

даваат лични финансиски информации до непознати јавувачи. Вообичаено, овие кои се

јавуваат ги притискаат жртвите да „дејствуваат веднаш бидејќи понудата нема да трае“

или на некој начин ги убедуваат дека жртвата освоила бесплатен подарок, на пример

како патување со брод или одмор. Со цел да ја откупи наградата, жртвата мора да плати

за поштарина и/или да ги испрати бројот на кредитната картичка и личните информации

на вршителот на измамата.

Нигериско писмо или парична измама. Овој вид на измама вообичаено се случува кога

потенцијалната жртва прима e - mail или друга форма на комуникација со која и се

ветува на жртвата дека ќе има голема финансиска исплата во замена на помош при

пренос на голема сума на пари од една земја во друга. Авторот на писмото, вообичаено

изјавува дека се потребни плаќања на предоперативни трошоци заради такси, поткуп

на владини службеници или плаќање на други законски давачки.

Кражба на идентитет. Кражба на идентитет настанува кога некој претпоставува дека

идентитетот на друга личност заради набавка на добра, може да го

ангажира/злоупотреби во криминални активности или да изврши измама.

Извршителите го крадат личниот идентитет преку пристап до лични, финансиски

4 Извор на податоци: Federal Bureau of Investigation, Common Fraud Schemes, достапно преку: https://www.fbi.gov/scams-safety/fraud, August, 2015.

Page 9: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 9 од 24

информации како информации кои се наоѓаат во изјави за кредитни картички,

социјално осигурување како и во други лични документи како на пример возачка

дозвола. Извршителите овие информации ќе ги добават, на пример преку пребарување

на поштенското сандаче на жртвата или нејзиниот отпад.

Измама со надомест кој се плаќа однапред. Овој вид на измама настанува кога жртвата

на измама плаќа однапред за стоки и услуги кои никогаш не се испорачани. Кај овој вид

на измама, жртвата однапред ги плаќа трошоците за да ги осигури идните плаќања,

заеми, договори, инвестиции или подароци. На крајот, кога извршителот ќе ги прими

парите, жртвата веќе не е во можност да го контактира вршителот така што жртвата ја

губи целата сума која била префрлена.

Откупување/аргументи во прилог на создавање конфузија/измама со обврзници. Кај

оваа измама, вршителите тврдат дека Владата на САД ги контролира сметките на

одредени банки кои можат да бидат достапни преку поднесување на документација од

страна на претставници на владата. Со цел да се постигне пристап до овие документи,

жртвата мора да купи скап сет за обука кој ги обучува индивидуалците на кој начин да

имаат пристап до овие фондови. Кога жртвата веќе не е во можност да пристапи до овие

владини фондови, вршителот на измамата ќе нагласи дека документацијата не е

правилно пополнета и најчесто ќе наплати дополнителни такси потребни за дообука.

Измама со акредитиви. Акредитивот е законски документ издаден од страна на

банките заради гарантирање на некое плаќање за стоки кои се превезуваат во

меѓународната трговија. Со цел да се измамат жртвите, извршителите на измамата

често пати ќе создадат лажни писма – акредитиви и потоа ќе ги продадат на жртвите

кои не се сомневаат. На жртвите им се кажува дека ќе можат овие писма да ги користат

како инвестиции кои ќе донесат високи, секако нереални поврати/исплати.

Интернет измама. Според North American Securities Administrators Association (NASAA –

Северно американско здружение за управување со хартии од вредност), интернет

измамите станаа бизнис во подем. Неодамна, во САД, федералната држава, локалните

и странски претставници на полицијата ги таргетираа интернет измамниците за време

на т.н. операција „cyber sweep“ или операција „сајбер чистка“. Во рацијата, полицијата

идентификуваше повеќе од 125.000 жртви со проценети загуби од повеќе од 100

милиони долари и изврши 125 апсења. Повеќето од ваквите интернет измами кои

Page 10: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 10 од 24

тековно се случуваат, едноставно се нови верзии на шеми кои со години биле извршени

надвор од контролата на компјутерските мрежи.

Како пример за тоа како може да настане измама на клиенти, ќе го посочиме примерот

со Brian, успешен студент кој беше жртва на инвестициска измама.

Во тек на денот Brian го посетува колеџот, додека навечер заради своите потреби

работи како келнер во еден ресторан во центарот. Кога некоја вечер била добра

Brian носи дома и по 100 долари од напојници. Во период од три години, Brian

заштедува скоро 1.200 долари. Еден ден за време на ручекот еден негов пријател

Lance му кажал за една штотуку основана компанија во Канада. „Доколку влезеш

сега“ му рекол Lance „ќе бидеш на дното“. Твоите пари ќе ги зголемиш најмалку три

пати повеќе за период од само неколку недели. Истата вечер Brian во придружба на

Lance оди на состанок закажан заради појаснување на инвестициските можности.

Следниот ден секој од нив инвестирал по 1.000 долари. Ниту Brian ниту Lance некогаш

биле толку многу возбудени. Мислеле дека можностите се премногу добри за да

бидат вистински – и за жал биле во право. Инвестицијата била измама, така што и

Brian и Lance никогаш повеќе не ги видоа своите пари, а камоли некакви високи

заработки кои им беа ветени.

ВНИМАВАЈТЕ

Неодамна сте примиле меил со следна содржина:

„Ве молиме бидете љубезни да ме контактирате колку е можно порано, заради

можен деловен договор кој вклучува пренос на пари во вредност од 22.000.000 долари.

При спроведување на ревизија кај финансиски институции открив „заспана“ сметка

со состојба од 22.000.000 долари до која немало пристап во последните три години.

Од моите истражувања како и конфирмации, имателот на оваа сметка е странец

по име John Doe5 кој умрел без да остави тестамент. Сега се наоѓам во Лондон,

работам како консултант за инвестиции со горе споменатата банка во нивната

канцеларија во Лондон и подготвен сум да ја сработам својата работа доколку

можеме да го извршиме овој бизнис. Во моментов, ограничен сум да испорачам повеќе

5 Заб. на авторот: вообичаено во англискиот јазик како синоним за лице „НН “или непозната жртва се ословува како John Doe

Page 11: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 11 од 24

детали за оваа зделка се додека не го добијам вашиот одговор. Бидејќи претходно се

немаме сретнато ќе ви ја дадам секоја една поединост која треба да ја знаете, а која

се однесува на зделката, како и за мене, како што понатаму ќе напредуваме со

зделката. На крајот од оваа зделка ќе ви бидат дадени 35% од вкупната сума, 60% ќе

бидат за мене а 5% ќе бидат за трошоци.

Ќе биде потребно да ми испратите информации за вашата банкарска сметка и

подолу да нагласите каде сакате парите да бидат префрлени, за јас да можам да

испратам апликација за итно ослободување на фондовите со информацијата за

вашата сметка.

Име на корисник _______________

Име на банка ____________________

Адреса на банка__________________

Број на сметка ___________________

SWIFT код/број _____________________

Рутинг број ________________________

Држава ___________________________

Број на мобилен/факс _______________

Би ме радувало наскоро да слушнам вести од вас.“

Очигледно дека овој меил кој всушност е дел од многуте случаи на вистински

настани, претставува обид вашите пари да се украдат на измамнички начин. Што е она

во овој меил кое укажува дека не треба никогаш да учествувате во вакви шеми?

Погледнете го следниот e – mail кој е испраќан неколку пати односно точно во

одреден ден и час на адресата на еден од авторите на материјалот:

Почитуван кориснику на Google,

Бевте избрани како победник заради

користење на услугите на Google. Повеќе

детали ќе најдете во прикачувањето кон овој

меил.

Честитки,

Matt Brittin.

CEO Google UK.

©2015 Google - Terms & Privacy

Dear Google User,

You have been selected as a winner for using Google

services. Find attached email with more details.

Congratulations,

Matt Brittin.

CEO Google UK.

Page 12: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 12 од 24

Точно, постои лице со исто име и презиме во

менаџментот на Google, дали вие ќе поверувате

во овој допис и вашата ненадејна „среќа“?

Што ќе преземете во ваков случај?

©2015 Google - Terms & Privacy

Запомнете го ова ......

Измамите можат да бидат класифицирани на неколку начини: според жртвата,

според извршителот, или според шемата. Најчести се измамите против организација, но

измамите кај финансиските извештаи најчесто се и најскапи.

Измама во здравствената заштита и во здравственото осигурување. Во последните

години на „пазарот на измами“ се појави и измама која се однесува на една масовна

област - здравственото осигурување и здравствената заштита6 и тоа од повеќе аспекти.

На пример, FBI укажува на измами со медицинска опрема, според кои

производителот/застапникот на таква опрема „нуди“ бесплатни производи на своите

клиенти. Подоцна од осигурениците се наплаќа за ваквата опрема, а која всушност и не

им била потребна, а возможно е истата да не биде и воопшто испорачана. Ваквиот начин

на „испорака“ на пакет на „бесплатна“ медицинска опрема беше случај од пракса и во

Македонија според кој добавувачот на медицинска опрема за голема здравствена

установа покрај набавената опрема за потребите на установата, во својот пакет поради

„добрите деловни односи“, доставува и друга опрема која не била нарачана од

установата или им овозможува други „погодности“ за вработените како на пример

учество на семинари и конгреси на негова сметка.

Размислете за следното: Во услови на располагање со скромни финансиски средства на

здравствената институција со која управувате, еден од добавувачите покрај опремата

6 Извор на податоци: https://www.fbi.gov/scams-safety/fraud/fraud#hcf;

Page 13: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 13 од 24

која сте ја нарачале во знак на „добра деловна соработка“ ви испорачува и

дополнителна опрема која не сте ја нарачале, а секако дека е неопходна за нормално

функционирање на установата. Што ќе направите во ваков случај? Имате две опции – да

ја прифатите опремата или не! Како овие опции ќе се одразат на вашето управување и

на вашето менаџерско портфолио?

Можеме да претпоставиме колкави се размерите на една шема за измама во

областа на здравството, особено во систем како САД. Во средината на 2015 година FBI

известува15 за следното поврзано со масовноста на овој вид на измама:

„Повеќе од 240 лица – вклучително лекари, медицински сестри како и други

лиценцирани лица, уапсени се во месец јуни 2015 година поради нивното наводно

учество во измамничката шема наречена Medicare, која вклучува приближно 712

милиони САД долари извршени наплати за медицински услуги кои се лажни7. Лицата

беа притворени како дел од координирана операција во 17 градови во САД спроведена

од тимовите на Medicare Fraud Strike Force – Установа за борба против измами во

здравството, FBI – Федералното биро за истраги, Department of Health and Human

Services (HHS) – Министерство за здравство и услуги, Department of Justice (DOJ) –

Министерство за правда, како и асистенција од локалната полиција. Мисијата на

Medicare Fraud Strike Force е борба против измами во здравствениот систем,

нанесување на штета и негова злоупотреба. “8

Измамничка шема наречена „тркалачка лабораторија“ (Rolling Laboratory). Во

здравствени организации, старечки домови или шопинг молови се спроведуваат

непотребни и лажни здравствени тестови, а за кои услугите се наплаќаат од

осигурителните компании или здравствените установи во кои пациентите се пријавени.

Здравствените услуги воопшто не се испорачуваат: давателите на здравствени услуги им

наплаќаат на осигурениците за услуги кои никогаш не се испорачани или по пат на

замена на сметките или поднесување на лажни сметки. Да се потсетиме на некои

настани од нашето опкружување: често пати во изминатите години беа спроведени

7 Појаснување: FBI известува дека лажните наплати се однесуваат на услуги како набавка на лекови на рецепти, домашна посета како и услуги од менталното здравје, како и лажни тврдења за потреба од медицинска нега. Вредноста на откриените измами за 2014 година, FBI ја проценува на 3.3 милијарди САД долари; 8 Извор на информации: https://www.fbi.gov/news/stories/2015/june/health-care-fraud-takedown/health-care-fraud-takedown

Page 14: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 14 од 24

масовни прегледи на крвен притисок или дијабетес особено за повозрасни групи на

граѓани, организирано како превентивни програми на здравството. Дали се

обелоденија ефектите, дали се обелоденија трошоците наспроти резултатите, дали се

обелодени целта и користа како за граѓаните така и за здравствената сфера на овие

акции, дали воопшто, како и кој ги плати испорачаните услуги?

Медицинска измама: медицинската измама може да поприми форма на било која

друга измама со осигурување која беше претходно спомената. Граѓаните во години,

често пати се најголемата група на жртви на овие медицински шеми, спроведени

особено од производителите на медицинска опрема, а кои на оваа старосна група на

граѓани им нудат бесплатни медицински производи за возврат на нивните лични

податоци – осигурителен или број од здравствено осигурување и сл. Во САД лекарот

мора да го потпише формуларот со кој се потврдува дека опремата која е потребна или

истата е во фаза на тестирање, пред самите корисници на здравствено осигурување да

платат за истата, измамниците кои во голема мера се и своевидни уметници, лажно ги

потпишуваат овие формулари или пак ги подмитуваат корумпираните лекари за возврат

на нивниот потпис. Кога веќе потписот е ставен на формуларот, производителот

поднесува документација за наплата до здравствената институција за купување на

опрема или услуги кои не биле потребни или воопшто не биле нарачани. FBI заради

масовноста на оваа појава, на повозрасните граѓани им дава и неколку совети како да

ги избегнат ваквите ситуации, како на пример:

да не потпишуваат празни формулари за осигурителни изјави;

никогаш да не ставаат потпис на донесен формулар за наплата на медицински

услуги кои наводно се испорачани;

да се информираат кај испорачателот на медицински услуги што ќе им биде

наплатено и што да очекуваат да платат, а кое е надвор од вообичаениот

здравствен пакет;

внимателно да го погледнат објаснувањето дадено во осигурителните

документи, особено во изјавата за погодности. Најдобро е да се обратат до

своите осигурителни компании или осигурителни агенти;

да не се вклучуваат во никакви бизниси „на врата“ или преку телефон особено со

лица кои нудат „бесплатна“ медицинска опрема;

Page 15: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 15 од 24

да ја даваат својата здравствена легитимација или осигурителни броеви само на

оние кај кои веќе здравствени услуги се обезбедиле и претходно;

да водат точни евиденции за сите закажани здравствени прегледи;

да се информираат дали нивниот лекар можеби нема нарачано некаква

медицинска опрема на нивно име;

Измами во пензиските фондови. Измамничките шеми во пензиските фондови или уште

познати како измами на возрасни граѓани, исто така се чести активности во опусот на

разните видови на измами.

Оваа старосна група на граѓани токму поради ранливоста која доаѓа со годините,

често пати е жртва на измамниците. Најчесто измамниците ја одбираат жртвата –

пензионер, поради неколку причини9:

Во одредена возраст повозрасните имаат веќе свиено гнездо и поседуваат куќи

или заштеди што ги прави атрактивни и потенцијални жртви;

Луѓето кои се родени и растеле во ’50, ’60, ’70 години од минатиот век, генерално

се воспитани на добро однесување, добродушност и доверба. Измамниците ги

користат овие нивни особини, знаејќи дека за ваквите личности и формирани

карактери, мошне тешко е да реагираат безобразно и да одбијат некакви понуди

или едноставно да им го спуштат телефонот;

Повозрасните лица најчесто не се волни да известат за одредени сомнежи на

измама, а ниту пак се доволно информирани каде и како тоа да го сторат. Често

пати не се ниту свесни дека биле предмет на измама. Најчесто ниту со своите

блиски нема да споделат информации дека биле измамени, плашејќи се од

негативната перцепција на своите деца дека можеби веќе не поседуваат

ментални способности и капацитети да различат што е вистина, а што е измама,

ниту да управуваат со своите финансии.

Во еден случај од мојата практика, на пријателка на мојата мајка на врата и се

нуди медицинско помагало од две млади „студентки“ кои наводно работат за

претставништвото на производителот. Медицинските помагала жената ги купува и ги

преплаќа пет пати повеќе отколку што слични на нив навистина чинат во аптеката.

9 Извор на податоци: https://www.fbi.gov/scams-safety/fraud/seniors/seniors#target

Page 16: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 16 од 24

Госпоѓата која беше жртва на класична измама беше типичен профил за ваков пример:

финансиски независна и добростоечка, образована и воспитувана да ги почитува

другите, исклучително љубезна и со доверба, но сепак стана жртва. За овој настан не

сакаше да извести, ниту кај надлежните ниту кај своето семејство, токму од причините

наведени погоре.

И кога повозрасните граѓани би известиле за сторена измама, тие најчесто не се

сигурни сведоци, токму поради намалените физички и ментални способности за

забележување на детали, а кое всушност не е во функција на понатамошна истрага.

Можат да поминат недели и месеци пред самата жртва да сфати или да се сети дека

била предмет на измама.

Сторителите на измами добро знаат дека повозрасните граѓани најчесто се

заинтересирани за производи кои на пример го подобруваат помнењето, или

медицински помагала (како во вистинскиот случај споменат погоре), справи за

одржување на физичката кондиција и некои други понуди. Тие добро го познаваат

профилот на овие луѓе и знаат дека секој еден во одредена возраст ќе купи и проба се

што ќе му се понуди заради продолжување на сопствената физичка и ментална сила

односно подобрување на квалитетот на својот живот. Затоа не е воопшто чудно што

овие измамници „уметници“ продаваат производи со кои ја постигнуваат својата цел.

Имајќи го предвид ова што претходно го споменавме за профилот и користењето

на ранливоста за оваа возрасна група на граѓани, не се непознати и измамите кои се

случуваат и кај пензиските фондови. Овде ќе пренесеме еден неодамнешен случај со

обид за масовна измама на пензии, ни помалку ни повеќе туку во пензискиот фонд на

ООН10.

Извршниот директор измамата ја извршил, со наводна измена на документацијата

и намера да ангажира лице на 90 години старост на одредена позиција. Очигледно

дека измамата својот врв го достигнува и станува јавна кога синдикатот

обелоденува дека сума од 54 милијарди САД долари со која располага пензискиот фонд

на ООН, се причината за поттикнување на промени во управувањето со фондот,

како и обвинувања дека извршниот директор можеби извршил „масовна измама“. Во

10 Извор на податоци: http://www.ai-cio.com/channel/regulation,-legal/un-pension-accused-of--massive-fraud-/?p=2;

Page 17: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 17 од 24

почетокот на 2015 година се одржува состанок на кој вработени во ООН како и

претставници на синдикатот ги детализираат обвинувањата против високиот

менаџмент на пензискиот фонд, вклучително и упад во документацијата,

необелоденети судири на интерес, поделба на договори на делови заради

избегнување на контрола, како и овозможување на одредени лица да работат и

покрај законски определената возраст за пензионирање. Од страна на извршниот

директор на пензискиот фонд ваквите обвинувања биле наречени „малициозна

кампања“. Членството сметало дека „ова уште не се случаи на истрага, туку само

обвинувања за измама, доставени од т.н. „свиркачи“11. Утврдени се четири

категории на интерес: неправилности кај човечките ресурси кои се однесуваат на

унапредувањата и користење на одморите; неправилности кои се однесуваат на

набавките, управување со проекти како и случаите на судир на интереси. Едно од

прашањата кое беше особено популарно и кое беше презентирано, беше обидот на

извршниот директор на пензискиот фонд на ООН да објави краткорочна функција во

фондот за „лице кое е старо скоро 100 години“ и кое претходно веќе издало

референца за извршниот директор при неговото вработување во фондот.

Тековната законска граница за пензионирање во фондот е определена на 62 години

возраст. „Лицето едноставно беше премногу старо“, изјавија членовите и се

прашуваа „каква работа овој старец ќе врши?“. Извршниот директор по основ на

обвинувањата испраќа допис до вработените со кое „ги уверува дека сите

обвинувања кои летаат наоколу се неосновани и дека фондот продолжува да работи

во добра финансиска кондиција“. Вработените не одговараат на барањето на

извршниот директор за понатамошна дискусија околу тврдењата или забелешките

за оваа ситуација. Наводните тврдења за измама секако дека не можат да се

верификуваат преку јавните документи. Тековно, администрацијата на фондот

функционира независно, извршниот директор ги надгледува оперативното и

профитното работење, додека извештаите од секторот за инвестиции се упатени

11 Појаснување: терминот употребен во македонскиот јазик е буквален превод од англискиот збор „whistleblower“. Во Македонија, во моментот е актуелна јавната и НВО дебата околу промени во регулативите и заштита на овие лица кои би биле во улога на „дојавувачи“ и оттука терминолошки се уште не е одреден соодветен израз на македонски јазик кој би ја означил оваа активност. Проектот „Застапување за заштита на пријавувачите вклучувајќи ги медиумите и граѓанското општество“ се одвива преку Transparency International Macedonia, поддржано од Kingdom of the Netherlands;

Page 18: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 18 од 24

директно до претставниците на ГС на ООН. Според записниците на ООН, извршниот

директор претходната година предлага промени во политиките, според кои

овластувањата над финансиските и управувачките практики би се префрлиле од

надлежност на канцеларијата на ГС на ООН во надлежност на канцеларијата на

извршниот директор. Ова вклучувало и интерно пополнување со вработени, услуги

од јавните набавки, склучување на договори со кои се покрива идниот буџетски

период, подготовка и ревизија на буџетот на организацијата, одобрување на

специјални дознаки и аванси. Извршниот директор ваквите барања за промени во

политиките ги поткрепува со изјавата дека овие промени „подобро ќе го

мотивираат и дополнително ќе го развијат и онака високо стручниот кадар“.

Според него овие промени би придонеле кон дополнителни можности за

унапредувања, исклучување на барањата за мобилност, продолжување на возраста

за пензионирање и рационализација на класификацијата на работни места. Бидејќи

овие измени во политиките на фондот биле предложени за прв пат од извршниот

директор, организациите кои пензискиот фонд на ООН ги покрива и чии

претставници се дел од фондот, жестоко се спротивставиле на овие аспекти од

човечките ресурси. Овие организации издадоа онлајн петиција со која го повикаа ГС

на ООН да ги блокира предложените реформи и „инсистираа на тоа дека било какви

промени во политиките на менаџирање на човечките ресурси, ќе бидат предмет на

преговори со синдикатите на вработените, со цел тие да можат да се уверат дека

се применети вистински проверки и урамнотежувања“. Оваа петиција беше

потпишана од повеќе од 13.000 лица. Комитетот кој е надлежен за синдикатите во

ООН, во 2014 година објавува изјава на годишното собрание на одборот на ООН, во

која се обвинува извршниот директор на фондот за активности кои водат кон

„распаѓање на синдикатите“ и непотизам, како што се вели и во извештајот на

ООН. „Пријателите на извршниот директор и неговата свита кои би можеле многу

лесно да бидат заменети, останаа да работат и покрај исполнување на условите за

нивно пензионирање, а изјавите се чувале празни веќе подолг период, така што

неговите миленици можеле да бидат назначени на привремени должности, без да

постои вистински процес на конкурентност“ – изјавува Комитетот. Тие изјавуваат

дека 60.000 активни членови на фондот „исто така се загрижени за очајните и

страшни релации помеѓу вработените во фондот и менаџментот кој го бутка

Page 19: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 19 од 24

моралот на вработените и им дава за право на вработените да го гледаат својот

менаџмент со недоверба“. Еден од претставниците на кадарот на фондот во

синдикатот изјавува дека „новите политики и правила ќе имаат за цел да ја

концентрираат моќта во рацете на еден човек: ИД, „со овие правила се намалуваат

контролите и опасно се зголемуваат различни флексибилности во финансиската

сфера. Кој знае во иднина дали вработените во овој пензиски фонд и понатаму ќе

бидат во позиција да се обидуваат да се борат за зачувување на фондот од

приватизирање и рационализација? Некои од раководителите им велат на своите

вработени дека фондот не е ООН, туку дека е финансиска институција, но веројатно

затоа некои од колегите го нарекуваат и „фонд на тензии“.“ Епилогот од оваа

приказна завршува со именување на нов ИД со долго искуство и познавање од областа

на пензиските фондови. Надлежностите за контрола над управување со

средствата, стратегиите и политиките поврзани со фондот тежок над 54

милијарди САД долари е позициониран кај претставник на ГС на ООН. ООН по овој

случај пристапува и кон рационализација на организациската структура на фондот

која претходно била мошне комплицирана како и кон рационализација на операциите

кај активностите на фондот.

Измами кај јавните набавки

Јавните набавки како активност во последните десетина години, во практика ја

покажаа својата податност како област погодна за измами. Особено оние јавни набавки

кои се спроведуваат за големи градежни работи или за набавка на софистицирана и

скапа опрема, јавни набавки кои се големи по својата вредност. Но секако измамата не

отсуствува и кај јавните набавки кои не се значајни по својата вредност, но предмет на

набавка се стоки или услуги кои претставуваат честа потреба, кои се набавуваат

циклично или се дел од друг процес.

На пример, размислете за јавните набавки на оброци во училиштата или

здравствените установи односно за нивната вредност и број? Колку оброци дневно

треба да се подготват само за учениците во основните училишта или само за децата во

претшколските установи? Какви се можностите истите да бидат предмет на измама? Кои

се можни сторители? Каде се можностите за измама во ваквите големи набавки?

Page 20: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 20 од 24

Размислете за јавна набавка за потребите на градење на автопат или железнички

пруги? Колку процеси постојат од започнување до генерирање на крајниот производ –

автопат или железничка пруга особено ако истите се градат за првпат? Или за набавка

на медицински средства заради спроведување на законски задолжителна имунизација

на одредена старосна група на население (програми за вакцинација кај групи од 0 – 10

години или програми за вакцинација кај групи над 65 годишна возраст)?

Ова се податни примери за можни измами, но очајно тешки за организирање и

спроведување на активности на контрола и превенција од измама.

Впрочем, според истражувањата спроведени од PwC од кои како производ

произлезе истражувањето „2014 Global Economic Crime Survey“12 или Истражување за

глобалниот криминал во економијата за 2014, највисокиот процент на измами по кои е

известено (поткуп и корупција), припаѓа на сферата на инженерството и

градежништвото со утврдена стапка од 69% на злоупотреба на средства, утврдени преку

случувања на измами со поединечна зачестеност (заб. на прев. – т.н. „episodic crime“).

Истата студија покажува дека измамите во јавните набавки припаѓаат во т.н. група на

„систематски криминал“ и учествуваат со процент од 29% во вкупните видови на измами

или со зачестеност на случување на ниво на системот. Според поделбата на повремени

и системски измами, според резултатите од истражувањето, се констатира дека вторите

влијаат врз „целокупна ерозија на интегритетот на сите вработени“.

Од неодамна во В. Британија од владата е основано специјално тело за измами

т.н. „National Fraud Authority“ – NFA, кое има за цел да ја подигне свеста за измами, но

истите и да ги открива, истражува, превенира како и да соработува по прашањата за

измами со сите други надлежни и овластени институции. Во 2011 година оваа

институција има издадено извештај кој се осврнува на т.н. „измами во јавните набавки

кај јавниот сектор“. Наодите на NFA се објавуваат јавно со цел распространување на

информациите до сите заинтересирани страни, заради подобрување на одговорот и

преземените дејствија како одговор на измамите од овој вид. Еден од заклучоците13 во

овој извештај е дека и покрај прецизните и детални политики на ЕУ за намалување на

12 Извор на податоци: http://www.pwc.com/gx/en/economic-crime-survey/index.jhtml 13 Извор на податоци: https://www.gov.uk/government/uploads/system/uploads/attachment_data/file/118460/procurement-fraud-public-sector.pdf, - Procurement fraud in the public sector October 2011, pg. 6;

Page 21: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 21 од 24

случаите на измами кај набавките во јавниот сектор, сепак измамите во овој домен се

појавуваат и тоа во секоја област од јавниот сектор. Сакајќи да ги потенцира значајноста

и да направи паралела за вредноста на измамите, овој извештај нагласува дека во 2009

– 2010 година локалната самоуправа потрошила 236 милијарди фунти за набавени стоки

и услуги. Со 150 милијарди фунти, потрошокот на владата на централно ниво преку јавни

набавки, речиси го достигнува нивото од една четвртина од сите трошоци на владата на

централно ниво за истиот период.

Овој извештај, измамата кај јавните набавки ја дефинира како „смислено

заведување, наменето да влијае врз било која фаза на животниот циклус на јавните

набавки, а со цел да се направи финансиска корист или да се предизвика штета“.

Ваквиот вид на измама може да биде извршен од страна на договорувачите или

под договорувачите кои се надвор од организацијата, како и од страна на вработените

во организацијата.

Природата на овој вид на измама се разликува помеѓу двете клучни фази од

животниот циклус на јавните набавки – фазата на пред договор и фазата после договор.

Измамата во фазата на пред договор претставува покомплексна работа, но

секако вклучува активности како што се непосредни договарања и корупција, а кои

можат тешко да бидат откриени. Практиката покажува постоење на фиксни цени

договорени помеѓу добавувачи заради осигурување на бизнисот како и максимизирање

на маргините на профит и местење на тендери како и „покривање на цените“ каде

добавувачите поднесуваат лажни наддавања како осигурување за тоа кој ќе го добие

бизнисот. Вакви примери во В. Британија се откриени во областа на градежништвото и

здравството.

Измамата во фазата после договор се разликува значително. Бидејќи веќе постои

форма на пишан и потпишан договор, повеќето случаи на вакви измами имаат

интенција да вклучат поголеми плаќања до договорувачите преку издавање на лажни

или двојни фактури како и плаќања за работи кои не се извршени или не се извршени

на договорениот начин според условите во договорот. Практиката и дејствијата кои се

незаконски секако вклучуваат преплаќање за добрата и услугите, односно плаќање на

значително повисоки цени за добра и услуги чии цени се веќе утврдени (преку

дополнителни договори, анекси или дополнителни работи) или чии цени на пазарот се

релативно еднакви.

Page 22: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 22 од 24

Пример од практика14: Фиксирање на цени од институцијата за национално здравје –

NHS – National Health Service.

Кон крајот на 90 – те години од минатиот век оваа институција забележала нагло

зголемување на цената на повеќе генерички лекови. Генеричките лекови според

цената се до 1/5 поевтини од оние кои се патентирани. Оваа институција

потврдила износ од 150 милиони фунти против седум производители на лекови,

обвинувајќи ги за завера со цел да воспостават вештачки високи цени за одредени

лекови. Потпомогнати од тврдењето на еден „свиркач“ кој присуствувал на повеќе

тајни средби одржани помеѓу добавувачите, последователно била спроведена

истрага од страна на NHS и Serious Fraud Office. Никогаш не било покренато

обвинение, но три од седумте фирми вонсудски се спогодиле без да признаат

одговорност.

Пример од практика: Лажно фактурирање врз основа на постоечки договор за

набавки.

Еден инженер во NHS стапил во контакт со добавувачот со цел да поднесе лажни

нарачки на опрема, наводно за потребите на NHS. За возврат, заради набавката на

ставките под лажен изговор, инженерот ги примал ставките од добавувачот „за

лична употреба“. Истрагата која била спроведена од страна на NHS открила дека

законските официјални барања биле заменети со лажни нарачки во вредност од

80.000 фунти. На судењето инженерот на болницата добил 2,5 години затворска

казна заради стекнување на сопственост по пат на измама. Биле идентификувани

бројни слабости од кои најзначајна била таа што самиот службеник за

официјалните барања имал преголема слобода при изборот на добавувач како и тоа

што одобрените официјални барања веднаш биле враќани до службеникот следејќи

ја тежината на потписот, наместо да бидат препратени до секторот за набавки.

Стоките и опремата кои биле примани биле заведувани исто така од службеникот

за официјални барања наместо од лице независно од овој процес на набавки.

Клучната разлика од дадените примери помеѓу измамите во фазата на пред

договор и во фазата на исполнување на договор, претставува самата можност измамата

14 Извор на информации: https://www.gov.uk/government/uploads/system/uploads/attachment_data/file/118460/procurement-

fraud-public-sector.pdf, p.8, p.10;

Page 23: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 23 од 24

да биде откриена, иако истата веќе настанала. Повеќето јавни институции користат

електронски систем на набавки (како и нивно плаќање) кое всушност значи дека

структурираните податоци кои се произведени, можат да бидат следени и секако да

бидат и предмет на ревизија. Со правилен аналитички пристап, секоја измама од овој

вид може да биде откриена, измерена и во однос на тоа да бидат преземени соодветни

активности.

Примери од практиката и спроведени истражувања по основ на имплементација

на законските одредби кај јавните набавки како и сознанијата кои произлегуваат од

анализите, можните аномалии кои укажуваат на потреба од понатамошно вклучување

на надлежни институции за натамошно процесуирање на откриените неправилности во

Република Македонија, можат да се најдат и на линкот

http://www.ccc.org.mk/images/stories/24m.pdf, Центар за граѓански комуникации –

Мониторинг на процесот на јавни набавки во РМ, кој квартално ги објавува резултатите

од извршените мониторинзи почнувајќи од 2008 година наваму.

За шемите на измами кај јавните набавки кои најчесто се случуваат и можат да

бидат препознаени, Меѓународниот центар за антикорупциски извори - International

Anti Corruption Resource Center15, укажува на следните шеми кои се најчести и

препознатливи:

коруптивното плаќање или подмитување;

коруптивното влијание;

наддавања кои се претходно договорени;

злоупотреба со ex - poste промена на договор;

приватно дружење/комуникација помеѓу договорувачите;

судир на интереси;

исклучување на квалификувани понудувачи;

неуспешно исполнување на одредби од договори;

поднесување/плаќање на лажни, надуени или двојни фактури;

издавање на лажни изјави и тврдења;

злоупотреба на готовина;

15 Извор на податоци: http://iacrc.org/procurement-fraud/the-most-common-procurement-fraud-schemes-and-their-primary-red-flags/

Page 24: КПУ, 2016 ВИДОВИ НА ИЗМАМИ И ПРИМЕРИ Сторител ...’идови на... · 2016. 11. 28. · КПУ, 2016 атеријал за слушателите

КПУ, 2016

Материјал за слушателите Страница 24 од 24

протекување на информации пред одржување на наддавањето, манипулации

при наддавањето;

фиктивни добавувачи;

замена на производ или услуга од преддоговор или договор;

набавки за лични потреби или препродажба;

наместени/лажирани спецификации за набавка, поделени нарачки;

наддавања кои не се избалансирани;

неоправдани награди на поединци од фирмата (било во пари, бонуси или

унапредувања), нарачки на непотребни добра и услуги.

Сите овие наведени случаи се показатели за измамнички шеми кај јавните набавки,

а за кои подоцна во материјалот ќе укажеме и на нивните „црвени знамиња“ според

кои истите можат да бидат препознаени.

Вообичаено треба да имаме предвид дека генерално и злоупотребата како и

нанесувањето штета, се активности кои сигурно водат и до измамата.