Годишен извештај 2014

44
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2014 МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ ОД ТЕХНИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

description

 

Transcript of Годишен извештај 2014

Page 1: Годишен извештај 2014

1

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ2014

МЕЃУНАРОДНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ ОД ТЕХНИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ

Page 2: Годишен извештај 2014

2

СПОНЗОРСТВАГАЛИЧКА СВАДБА

ТВИН со Виена

НАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ

Млечен ресторан

“ЛА ДЕЛИШЕС”

Млечен ресторан

“ЛА ДЕЛИШЕС”Пекара

“КОЗЛЕ”

“ДИС-КОМ”

Page 3: Годишен извештај 2014

3

СОДРЖИНАЗА ИАЕСТЕ

ПРЕДГОВОРШТО Е ИАЕСТЕ

КРАТКА ИСТОРИЈАЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОД

РАБОТОДАВЦИТЕ

ИЗВЕШТАИФИНАНСИИ

СТРАНСКИ ПРАКТИКАНТИ ВО МАКЕДОНИЈАКАМПАЊА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРАКСИ

МАКЕДОНСКИ ПРАКТИКАНТИ ВО СТРАНСТВОМАРКЕТИНГ

КАМПАЊА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИМИНИ КАМПАЊА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ

СЕМИНАР ЗА ТРЕНИНГ И МОТИВАЦИЈАГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ЛЕТНА РЕЦЕПЦИЈА 2014ИАЕСТЕ ДЕН / ИАЕСТЕ РОДЕНДЕН

ЛК СКОПЈЕЛК ШТИП

ЛК ОХРИДЛК БИТОЛА

НАСТАНИЦЕЦ

ЕКС КОНФЕРЕНЦИЈАНАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ

СЕМИНАР ЗА РАЗВОЈ НА ИАЕСТЕNASA SPACE APPS

ТВИН СО ХОЛАНДИЈАТВИН СО АВСТРИЈА

ИСКУСТВОПРАКСА ВО БЕЛФАСТ,Обединето Кралство

ПРАКСА ВО МАНИПАЛ, Индија

СТАТИСТИКАПРАТЕНИ СТУДЕНТИ И НИВНИ

РАБОТОДАВЦИПРИМЕНИ СТУДЕНТИ И НИВНИ

РАБОТОДАВЦИ

55679

1111131415

1719202122232526272829

3131323334353637

393940

4141

42

Page 4: Годишен извештај 2014

4

ОДБОРНАЦИОНАЛЕН ОДБОР НА ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА И ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ СКОПЈЕ

Национален секретар:Ирена Дуковска - [email protected]

Претседател на ЛК Скопје: Маја Арсовска - [email protected]

Одговорен за финансии (потпретседател): Велина Русјакова - [email protected]

Одговорен за странските студенти во Македонија:

Филип Стаменков - [email protected]

Одговорен за македонските студенти: Елена Неделковска - [email protected]

Одговорен за маркетинг: Петра Бранковска - [email protected]

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ШТИП Претседател на ЛК Штип:

Моника Крстевска - [email protected]

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ БИТОЛА Претседател на ЛК Битола:

Благица Велковска - [email protected]

Одговорен за финансии: Весна Ристевска - [email protected]

Одговорен за странските студенти во Македонија:Христијан Ристевски - [email protected]

ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ОХРИДПретседател на Локален комитет Охрид:

Деспина Анастасова - [email protected]

Издавач: ИАЕСТЕ МакедонијаУредници: Ангела Ѓурчевска, Ива КолевскаЛектор: Маја Арсовска, Ирена ДуковскаДизајн на насловна страна: Ангела Ѓурчевска, Ива КолевскаТехничка обработка: Ангела Ѓурчевска, Ива Колевска

Адреса: Машински Факултет и Факултет за Електротехника и Информациски Технологии Орце Николов бб, 1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389 2 30 65 069 е-пошта: [email protected] веб страна: www.iaeste.org.mk

Page 5: Годишен извештај 2014

5

ЗА ИАЕСТЕ ПРЕДГОВОР

Завршувањето на факултетското образование означува еден значаен момент во животот на секој поединец, момент на подготвеност за соочување со идните предизвици на професионален план. За време на периодот, наречен академски живот, стекнувањето со теоретско знаење е само дел од целата приказна. Успешниот млад инженер на денешницата, поседува и практично искуство и отворен ум за свое постојано понатамошно надоградување.

Мисијата на ИАЕСТЕ како организација е на студентите да им го овозможи токму тоа - висококвалитетни стручни пракси во странски компании, образовни установи и институции. Преку својата практична работа, студентите за прв пат се здобиваат со можноста самите да дадат свој придонес во развојот на индустријата и науката. Тоа што дополнително го прави ова искуство непроценливо и единствено е престојот во странска земја, патувањата, запознавањето со нови култури и традиции, како и стекнувањето на нови многубројни пријатели од целиот свет.

ИАЕСТЕ Македонија, како дел од оваа голема интернационална мрежа, 22 години по ред им овозможува на идните инженери и научници да се здобијат со практично искуство во странство. Притоа, зазема значајна улога во професионалното

насочување на македонските студенти и во создавањето на високо квалификувани и мотивирани млади кадри.

Во текот на изминатата 2014 година, постојаното подобрување во сите сфери на работата на ИАЕСТЕ Македонија, беше главната мотивација на сите четири полноправни локални комитети, Скопје, Битола, Охрид и Штип, која резултираше со уште една успешна година, исполнета со бројни настани. Во поглед на интернациониот ангажман во ИАЕСТЕ, се кандидиравме да бидеме организатори на SID семинарот во 2016 година, одговорност која за жал, не ни беше доделена. Меѓутоа, имавме повеќе прилики да другаруваме со нашите ИАЕСТЕ пријатели од Холандија, Истанбул и Виена на неколкуте ТВИН средби кои ги организиравме. Националните активности кои се олицетворение на духот и суштината на ИАЕСТЕ, се одвиваа во најдобар ред, исполнети со многу насмевки и дружење. ИАЕСТЕ Македонија континуирано се труди да се вклучи во разни проекти со цел да им овозможи на студентите се` поголеми и подобри можности за реализирање на својот личен потенцијал. Така, оваа година учествувавме како коорганизатори на NASA Space Apps предизвикот и на бизнис план натпреварот на ЕВН за енергетска ефикасност.

ВО ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2014 ГОДИНА, КОЈ Е ПРЕД ВАС, МОЖЕ ПОДЕТАЛНО ДА ПРОЧИТАТЕ ЗА СИТЕ АКТИВНОСТИ, НАСТАНИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ СО КОИ ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГО ДАДЕ СВОЈОТ ПРИДОНЕС ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ЦЕЛИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И ОПШТО, НАПРЕДОКОТ НА ОПШТЕСТВОТО. Сето ова немаше да биде возможно без неизмерната поддршка од нашите работодавачи, спонзори, соработници и пријатели кои ја препознаа вредноста на волонтерската работа и големиот ентузијазам на нашите членови. Би сакале да Ви ја искажеме нашата благодарност и искрено се надеваме дека со овој извештај ќе ја оправдаме Вашата доверба во нас и дека ќе имаме можност истото да го направиме и во иднина.

Ирена ДуковскаНационален секретар

Page 6: Годишен извештај 2014

6

ЗА ИАЕСТЕ ШТО Е ИАЕСТЕ

ШТО Е ИАЕСТЕ? ИАЕСТЕ (International Association forThe Exchange of Students for TechnIcalExperience) e меѓународна организација за размена на студенти од техничкитефакултети, која е основана во 1948гoдина по иницијатива на Кралскиот колеџ од Лондон. Таа е неполитичка,независна, невладина организација која остварува контакти со повеќе агенции на un, како unesco, unido, fao, Ilo итн.

Меѓународната Асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) е здружение на Национални Комитети кои ги претставуват интересите на академските, индустриските и студентските кругови. Секој Национален Комитет е одговорен за раководење со размената во својата земја.

Националните Секретаријати и Комитети го сочинуваат членството на организацијата. Секоја година Годишната Конференција на едно место ги собира претставниците на овие тела за да се договорат генералните политики, а со помош на институциите за соработка на ИАЕСТЕ да дојде и до размена на понудите за пракса. Пред Конференцијата, секоја земја членка и институција за соработка прибира понуди од работодавачи подготвени да примат студенти од странство кои привремено би остварувале пракса и би добивале работно искуство во областа за која се образуваат, како надополнување на стручното или академското образование. Од компанијата или институцијата понудувач се очекува да обезбеди спонзорство за покривање на трошоците за сместување и живот за време на неговиот престој.

Понудите за пракса се разменуваат со други членки или институции за соработка на принцип на реципроцитет.

Преку универзитетите и институциите за стручно усовршување членките и институциите за соработка одбираат квалификувани студенти кои ќе ги пресретнат барањата на работодавачите наведени во понудата за пракса. Детали за избраните кандидати се испраќаат до компаниите на одобрување. Учеството во размената на ИАЕСТЕ е отворено кон студентите кои посетуваат настава на универзитетите, техничките институти и слични институции за високо образование.

ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА

ИАЕСТЕ Македонија е неполитичка, независна,невладина, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 300 члена.

Раководена е од Националниот Одбор на чело со Национален Секретар чија задача е да ги координира Локалните Комитети на ИАЕСТЕ Македонија, како и претставување на организацијата на меѓународно ниво. На чело на секој Локален Комитет стои Локален Одбор избран од страна на полноправните членови на соодветниот Локален Комитет, составен од пет члена: Претседател на Локалниот Комитет, Одговорен за финансии, Одговорен за македонските студенти кои остваруваат пракса во странство, Одговорен за странските студенти кои остваруваат пракса во Македонија и Одговорен за маркетинг. Сите имаат мандат од една година од моментот на изборот.

Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот на студирање, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може

етитенемзар ан отењарибзи ов тсондерп ижомзово ис адпракси пред другите студенти.

Доделувањето на праксите на студентите е рамноправно, чесно и транспарентно. Членарината во оваа организација е симболична и изнесува 500 денари годишно.

ЦЕЛИ Да им обезбеди на студентите од високото образование техничко искуство значајно за нивното образование Да им обезбеди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти Да биде извор за културно збогатување на практикантите и општеството домаќин МИСИЈАОбезбедување на разменска програма за високо квалитетна практична обука помеѓу членките со цел да се издигне техничкиот и професионалниот развој на студентите Промовирање на меѓународното разбирање и добра волја меѓу студентите, академските институции, работодавците и пошироката заедница.

Page 7: Годишен извештај 2014

7

ЗА ИАЕСТЕ КРАТКА ИСТОРИЈА

Почетоци 1992-1995Почетоците на ИАЕСТЕ Македонија датираат уште од 1952 г. К ако локален комитет на ИАЕСТЕ Југославија. Со здобивање на независност на Р. Македонија, група на студенти го формираат Националниот Комитет на ИАЕСТЕ Македонија во декември 1992 година. Во 1993 година на сите меѓународни настани учествува како придружна членка, а на Генаралната Конференција на ИАЕСТЕ во Мексико Сити во 1994 година, ИАЕСТЕ Македонија е примена како полноправна членка.

ЛК Битола 1996На иницијатива на Универзитетот во Битола формиран е нов Локален Комитет во Битола. За прв пат ИАЕСТЕ Македонија организира TWIN средба со ЛК од Цирих.

Семинари 1997За прв пат е организиран „Семинар за тренинг, мотивација и едукација на млади членови“, одржан на Матка во месец мај – убава традиција во нашиот Национален Комитет која трае до денес. ИАЕСТЕ Македонија ја превзема иницијативата за организација на семинарот JUMP во 1998 година.

ЈUMP 1998Меѓународниот семинар за тренинг и мотивација – JUMP ’98 е одржан во септември во Охрид. Дефинитивно најголемиот настан досега организиран од ИАЕСТЕ Македонија, со присуство на околу 40 учесници од сите страни на светот.

Презентација 1999Во ноември во хотел Александар Палас организирана е гала презентација на ИАЕСТЕ Македонија пред голем број соработници, членови и пријатели.

Година на успех 2000ИАЕСТЕ Македонија достигна рекордна бројка од разменети пракси со земји од целиот свет. Бројот на пракси е за десетпати зголемен од почетокот на своето постоење, со што ИАЕСТЕ Македонија со право го задржува епитетот најголема и најуспешна разменска организација во Македонија.

Континуитет 2001За вложениот труд и успехот во работата во 2001 можат да посведочат малиот број практиканти кои и покрај нестабилната политичка состојба во државата во тој период успеаја да го почуствуваат духот на летната рецепција со ИАЕСТЕ Македонија.

Враќање 2002Во 10-тата година од своето независно постоење: 10-ка за ИАЕСТЕ Македонија. По надминувањето на суштествените проблеми со кои се соочуваше Република Македонија, ИАЕСТЕ го покажа својот дух, стабилност и сериозен пристап на вистински начин: доделена е организацијата на семинарот SID, организирани се успешно 2 TWIN семинари со Австрија и Финска, а бројот на разменети пракси веќе ја надминува бројката 50.

SID 2003Скопје беше домаќин на меѓународниот Семинар за Развој на ИАЕСТЕ (SID- Seminar for IAESTE Develop-ment). Годината останува во сеќавањата на сите членови кои на таа манифестација присуствувале, а и сите нови членови порано или подоцна за тоа разбираат преку прераскажувањето на постарите. Импресии 2004За да не избледат импресиите од одлично организираниот SID во 2003, организирана е презентација пред повеќе од150 работодавачи и соработници во хотелот Александар Палас. Покрај тоа, организиран е и TWIN семинар со Норвешка.

Нови ветришта 2005Оваа година донесе многу нови идеи кои бараат време за реализација. Додека идеите созреваа беше организиран TWIN со Данска, а убавите впечатоци дадоа поттик за забрзување на развојот на ИАЕСТЕ.

Година на дружба 2006Одлични „Семинари за тренинг и мотивација“ на Матка и на Ниже Поле. Супер домаќини на Регионалната студентска конференција - ЕКС, гости на CEC во Крањска Гора. Внатрешни настани и јакнење на тимската работа.

Page 8: Годишен извештај 2014

8

Бурна 2007Голем број разменети и квалитетни пракси. Високопосетени CEC во Чешка и CEC во Австрија. TWIN со Австрија. Учество на „ЕКС”. Секаде нè имаше. Феноменална Летна рецепција! Година на големи и сериозно сработени настани: успешна кампања за нови членови, два семинари за тренинг и мотивација, TWIN и голема 55 и 15 годишнина со изложба! Стекнати стабилни партнери.

Промени 2008Најбитната промена во 2008 година беше промената на Статутот и воведувањето на посебна функција Национален Секретар (одвоена од Претседател на ЛК Скопје) изгласан на првото официјално

инедеворпс оншепсУ .еинарбоС онланоицаНКампања за нови членови, TWIN со Полска,CEC во Хрватска и Унгарија, за прв пат голема поддршка од Норвешката амбасада за присуство на SID во Норвешка, и многу поголема поддршка од долгогодишните соработници - МФС, за ГК 2009 во Полска, кои овозможија дури петчлена делегација на овој настан.

ЛК Штип и Охрид 2009Вклучување на ЛК на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и на новиот Универзитетот за Информациони Науки и Технологии-Охрид. Пораст на ЛК Битола. Новини во маркетинг со видео клипови и фантастична кампања за обезбедување на пракси во која, и покрај економската криз, беа обезбедени 75 пракси! Огромна благодарност до работодавачите за нивната соработка! TWIN на ЛК Скопје и ЛК Битола со ЛК Милано.

Нови рекорди 2010Рекорден број на полноправни членови - 58, број на примени практиканти - 48 и број на испратени македонски студенти на пракса - 61. Ја добивме честа за прв пат да ја организираме Генералната Конференција во 2012 година. Подготовките се во полн ек, очекуваме голема поддршка од нашите соработници, а ние ќе се погрижиме најпрофесионално да одговориме на најголемата задача досега за ИАЕСТЕ Македонија.

Подготовки за ГК 2012 - 2011Оваа година собравме рекорден број на пракси воисторијата на ИАЕСТЕ, вкупно 78 пракси, со цел дека успешно в ги размениме на Генералната Конференција, на која ние сме домаќини. Имавме 57 примени практиканти, а бројот на наши студенти кои заминаа во странство достигна 51.

65 години ИАЕСТЕ 2013Оваа година заедно со цело интернационално ИАЕСТЕ прославивме 65 години постоење. Го прошетавме Енг, едно од трите јубилејни ИАЕСТЕ мечиња, низ Македонија заедно со многубројните практиканти ова лето. Продолживме со успешната работа на сите полиња. Бевме домаќини на две TWIN средби, со ЛК Истанбул и ЛК Холандија.

2014 Четири полноправни комитетиСо стекнување на полноправност на ЛК Охрид, сите четири локални комитети во ИАЕСТЕ Македонија се полноправни - доказ за успешната работа на нашата организација. Се номиниравме да бидеме организатори на SID 2016, чест која за жал, не ни беше доделена. Покрај тековните ИАЕСТЕ настани се вклучивме и во органзиација на други проекти кои им помагаат на студентите во својот професионален и личен развој.

Page 9: Годишен извештај 2014

9

ЗА ИАЕСТЕ ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ОД РАБОТОДАВЦИТЕ

Каква организација сте и со што се занимавате?

ајицазинагро акстнедутс андорануѓем е ЕТСЕАИи главна активност и е размена на студенти за стручна пракса.

Дали е тоа нешто како студентска задруга за сезонска работа во странство?Платена стручна пракса е повеќемесечна работа во некоја компанија или институција која студентотја извршува, а е од доменот на неговите студии. За извршената пракса добива соодветен надоместок за покривање на трошоците за време на неговиот престој.

Колкав треба да биде надоместокот што треба да го добива студентот?Основно начело на ИАЕСТЕ е дека „платата“ што треба да ја добие студентот треба да ги покрива животните трошоци во земјата каде ја извршува праксата. Тоа вообичаено е просечен личен доход на земјата. Кај нас минималниот паричен надомест за извршената работа би била 13000 денари за секои 4 седмици. Освен надоместокот, во понудата може да биде вклучен и евентуален бонус или награда за залагање и добри резултати во работата.

Дали соработувам со сериозна организација?За успешноста и сериозноста на ИАЕСТЕ како светска организација постојат повеќе показатели. Така, во нејзиното 62 годишно постоење извршени се околу 400.000 пракси во над 100.000 компаниии институции во кое што учествувале над 80 земји од сите континенти. Тоа секако, ги збогатило животното и работното искуство на овие студенти со непроценлива вредност. И самиот број на разменети пракси на ИАЕСТЕ - Македонија, кој секоја година се зголемува, говори за подемот, успешноста и големината на организацијата. А покрај тоа, значајно е да се спомне и дека партнерите со кои соработуваме се меѓу најуспешните компании и институции во Македонија. Македонија е и во самиот врв според бројот на примени практиканти во однос на бруто националниот приход.

Што добиваме со давање пракса на некој странски студент?Хуманоста и волјата за соработка со студентите и нивно помагање при градење на инженерската кариера е една

од основните особини на компаниите и институциите кои соработуваат со ИАЕСТЕ.Треба да се знае фактот дека праксите што се разменуваат меѓу различните ИАЕСТЕ Комитети се на принцип на реципроцитет, што значи дека со секоја пракса што ја обезбедувате за некој странски студент, овозможувате еден македонски студент да престојува неколку месеци на работа во некоја странска компанија. Преку странскиот студент што ќе го примите на стручна пракса во Вашата компанија може да остварите соработка со некои странски компании и универзитети од земјата од која што тој даоѓа. При тоа имате можност да се запознаете со технологијата и проектите што таму се користат, а можеби и со некои нови методи кои што би биле интересни за вашата работа. Сето ова може да придонесе за стекнување на знаење со кое би ја унапредиле работата во Вашата компанија. Странскиот практикант претставува можност за учење и усовршување на странски јазик за вработените како и можност за нивно запознавање на културата и обичаите во соодветната земја. Со давање на пракса, вие ќе стекнете имиџ на современа компанија која мисли на младите генерации и им помага на идните инженери и ќе најдете место веднаш до добро познатите светски гиганти од калибарот на: MICROSOFT, INTEL, BOSCH, PHILIPS, VOLVO, SIEMENS, OPEL и многу други. Странскиот студент ќе внесе меѓународен дух во работата на компанијата, а тоа може да допринесе за дополнителна мотивација и на редовно вработените. И на крајот, странскиот студент може да помогне при извршувањето на тековните работи во летниот период кога голем дел од вработените се на годишен одмор.

Кој е периодот на извршување на праксата?Најчесто праксите се извршуваат во летниот периодот: од 1-ви јуни до 30-ти септември со цел да не се попречи редовното студирање на практикантите,но таа може да се одвива и во пролетниот или есенскиот период. Компанијата, во зависност од својот годишен план, треба да го одреди поширокиот термин кога студентот би ја извршувал праксата. Во договорсо ИАЕСТЕ Македонија можно е извршување на праксата во било кој дел од годината.

Колкава е должината на праксата?Должината на праксата ја одредува компанијата или институцијата работодавач во зависност од потребите, можностите и типот на понудената пракса. Минималната должина на праксите е 6 седмици. Оваа бројка доаѓа од податокот дека во земјите во кои

Page 10: Годишен извештај 2014

10

праксата е задолжителен дел од образованието, минималното времетраење е 6 седмици. Исто така, доаѓањето на студенти од подалечни земји, како на пример Бразил, Кина, Мексико, не би било оправдано поради патните трошоци за покус период на пракса. Вообичаената должина на времетраење е 8 седмици. Во светски рамки се почести се праксите од 3, 6 па повеќе месеци.

Кој странски јазик треба да го зборува странскиот студент при изведување на праксата во нашата фирма?Во описот на понудената пракса треба да го наведете јазикот со кој ќе се служат претпоставениот и блиските соработници на практикантот. Најчесто тоа е англискиот јазик, но може да побарате тоа да е француски, германски, а во договор со ИАЕСТЕ Македонија и на некој друг странски јазик.

Дали можеме да го специфицираме профилот на практикантот за пракса во нашата фирма?Да, Ваше право е да одредите од кој факултет да биде студентот, годината и насоката на студии, степенот на познавање на странскиот јазик со кој тој ќе се служи при изведување на праксата . Доколку енеопходно за успешно извршување на праксата, имате право да ги наведете и специфичните предзнаења од одредена област што треба да ги поседува студентот. Доколку сакате, можете да ги одредите и возраста и полот, како и земјата или регионот од каде што сакате да доаѓа практикантот.

Дали имаме други обврски кон практикантот?Не, затоа што се друго е обврска на ИАЕСТЕ Македонија. На пример: пречекот и испраќањето, сместувањето, носењето до работното место првиот работен ден, а и формалностите околу пријавувањето и одјавувањето на странскиот студент во соодветните државни органи. ИАЕСТЕ Македонија го организира неговото слободно време како и запознавање со земјата, културата и нашите обичаи. Сите странски студенти доаѓаат со целосно здравствено осигурување, сепак во случај на евентуални здравствени проблеми, целата грижа за студентот ја превзема ИАЕСТЕ Македонија.

Што треба да содржи описот на праксата?Во описот на работата треба да биде наведен типот на понудената работа, описот на проектот во кој практикантот би бил вклучен како и конкретните задачи кои истиот треба да ги извршува. Пожелно е да се напише накусо за типот на активностите во компанијата или работната

единица. Праксите кои содржат само општ опис на праксата се несериозни и постои многу мала веројатност истите да бидат разменети. Поради тоа, во Ваш интерес е да дадете што подетален опис на праксата, затоа што само така е овозможена успешна размена, а и студентот што ќе биде номиниран за таа пракса ќе има предвид за каква пракса сака да се номинира и подобро би се подготвил (со потребното предзнаење).Во временскиот интервал од склучувањето на договорот до нејзиното реализирање може да се променат некои околности во компанијата, па секако дека на студентот може да му се дадат некои други работни обврски или поактуелни задачи, сродни по научната област во која се изведува праксата.

Поради погоре споменатите причини т.е. поради подобрување на имиџот на компанијата би примиле студент, но навистина ние во летниот период немаме многу работа и не можеме да понудиме пракса на многу високо стручно ниво.Тоа воопшто не е причина за да не понудите пракса. Дури и во поразвиените земји праксите се случува да бидат прилично едноставни. Праксата не се извршува само заради стручното усовршување, туку и за запознавање на практикантот со реалните ситуации во животот кои се случуваат при вработувањето, кои што се новитет и нешто различно споредувајќи со факултетските клупи и студентскиот начин на живот.

Ние работиме многу и работиме сериозно, а работата е доста одговорна. Да се најде квалитетна работа за практикантотне е проблем. Но дали тој ќе покаже доволна ангажираност? Да не се случи да добиеме некој кој нема да работи и ќе биде незаинтересиран за работата?Тоа воопшто не се случува. Всушност ИАЕСТЕ- Македонија најчесто го има спротивниот проблем, нашите компании им даваат премалку работа на практикантите. За разлика од кај нас, во повеќето странски земји на практичната работа и се дава вистинското значење кое го заслужува. Практикантите од овие земји се наполно свесни за корисноста на максималната ангажираност при работата па тоа и го демонстрираат. Често странските студенти имаат обврска од матичниот факултет да напишат извештај за своите пракси и за тоа што тие сработиле за време на праксата, кое што им претставува и дополнителна мотивација за работа.

Page 11: Годишен извештај 2014

11

ИЗВЕШТАЈ ЗА ФИНАНСИИ

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ И ДО НАШИТЕ ДОЛГОГОДИШНИ ФИРМИ СОРАБОТНИЦИ, КАКО И НОВИТЕ ФИРМИ И ПАРТНЕРИ КОИ ЗАЕДНО СО ОДОБРЕНАТА ПРАКСА, ОДОБРИЈА И ФИНАНСИСКО СПОНЗОРСТВО.

На слика 2. се прикажани расходите на Иаесте Македонија во 2014. Најголем трошок за изминатата година претставува котизацијата која е потребно да

и окак ,ЕТСЕАИ отонланоицанретни ан италп есприсуството на тројца македонски делегати на Годишната Конференција 2015 за размена на пракси која оваа година се одржа во Загреб. Меѓу другото, во трошоците зема удел и учеството на конференцијата за развој на ИАЕСТЕ-SID, која се одржа во Бања Лука, и на која ИАЕСТЕ Македонија испрати двајца делегати. Средства беа одвоени и за развој на другите локални комитети во Македонија, како и семинари организирани од работен и забавен карактер во Битола, Охрид и Штип.

Во претстојната година се очекува реализација на поголеми проекти кои ќе ја зајакнат финансиската состојба на ИАЕСТЕ Македонија како и обезбедување на нејзина стабилност. Чест ми е да ја предадам функцијата на мојот наследник Владимир Ничовски, на кој заедно со целиот нов борд им посакувам голем успех во работата и да ја водат организацијата единствено по нагорна линија.

Велина РусјаковаОдговорна за финансии

Во изминатата година, главната работа за финансирање на организацијата ја обавуваше Fund Raising тимот составен од пет члена, на чело со координаторот Мартин Ристевстки. Најголем труд беше вложен во наоѓање на соработници и партнери на ИАЕСТЕ Македонија кои би можеле да ја поддржат организацијата со различни материјални како и финансиски спонзорства, со што се реализирани неколку договори за соработка. Меѓу другото тука се вбројува и печатењето на Годишниот Извештај 2013 кое беше покриено од Winner.

На слика 1. се прикажани приходите на ИАЕСТЕ Македонија во 2014. Главниот извор на финансии во изминатата година е котизацијата за праксите, на кои многубројни студенти добија шанса да го остварат своето професионално искуство во странство преку ИАЕСТЕ , на внатрешниот како и на надворешниот конкурс. Со мал процент во приходот допринесуваат и средствата од чланарината на нашите членови и финансиската поддршка во облик на спонзорства.

Page 12: Годишен извештај 2014

12

Page 13: Годишен извештај 2014

13

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАНСКИ ПРАКТИКАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА

СЕКОГАШ Е ЧЕСТ КОГА ЌЕ ПРИДОНЕСЕШ ПРИ ПРОФЕСИОНАЛНА И КУЛТУРНА РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ. ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО Е И ДА ИМ БИДЕШ ДОМАЌИН НА ОДРЕДЕНА БРОЈКА НА СТУДЕНТИ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ДОЈДАТ НА ВАКВО ИСКУСТВО ВО МАКЕДОНИЈА.

Делегатите на ИАЕСТЕ Македонија разменија 74 пракси на генералната конференција во Кито, Еквадор. Од 74 разменети пракси, добивме 67 номинации од кои беа прифатени 40 студенти во 3 градови (каде што имаме локални комитети) и тоа: Скопје, Битола и Охрид. Во Скопје дојдоа 28 практиканти, во Битола 7 практиканти и во Охрид 5 практиканти. Првиот практикант пристигна во Скопје во Мај, а последните си отидоа дури во Декември. За жал, 7 практиканти не можеа да пристигнат кај нас бидејќи имаа други обврски или проблеми со визата, па тие се откажаа од својата пракса. 20 практиканти беа одбиени од компаниите во кои аплицираа. Практикантите ни беа дојдени од 17 земји ширум 3 континенти. Останатите 5 пракси останаа неискористени.

За нивниот престој и пристигнување беа задолжени летните офицери во своите соодветникомитети. Летните офицери се тие, кои покрај бордот

на ИАЕСТЕ Македонија, се грижат да биде исполнето времето на практикантите, да бидат сите документи кои ги засегаат практикантите средени и да бидат во комуникација со компаниите за истите.

Бидејќи целата ангажираност околу практикантите додека се тие тука е навистина работа која бара посветеност и внимание, би сакал да се заблагодарам на сите кои учествуваа во работата и дружењето за време на престојот на практикантите. Се надевам дека после едно поминато лето и запознавање на практикантите во ИАЕСТЕ ќе ги мотивира нашите, како и странските студенти, да учествуваат во ваквата размена и ќе ги поттикне да аплицираат и стекнат искуство, како во Македонија така и ширум светот.

вокнематС пилиФОдговорен за странските студенти

Page 14: Годишен извештај 2014

14

ИЗВЕШТАЈ ЗА КАМПАЊА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРАКСИ

Кампањата за обезбедување на пракси претставува една од најважните активности на ИАЕСТЕ како студентска организација, чија основна цел е да овозможи студентите да отидат на платена стручна пракса во странство и да се стекнат со соодветно работно искуство. Со тоа на студентите им се дава можност за проширување на хоризонти, запознавање нови култури и најважно, реален поглед во индустријата на другите држави.

ЦЕЛТА НА ОВАА КАМПАЊА Е ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ДОВОЛЕН БРОЈ НА ПРАКСИ ОД МАКЕДОНСКИ ФИРМИ И ИНСТИТУЦИИ КОИ БИ ПРИМИЛЕ СТРАНСКИ ПРАКТИКАНТ. СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ОВОЈ БРОЈ, РАСТЕ И МОЖНОСТА НАШ СТУДЕНТ ДА ЗАМИНЕ ВО СТРАНСТВО. ФИРМАТА/ ИНСТИТУЦИЈАТА КОЈА ЌЕ ПРИМИ СТРАНСКИ ПРАКТИКАНТ ИМА ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕ СО КУЛТУРАТА НА ТОЈ СТУДЕНТ, ДА НАУЧИ ПОВЕЌЕ ЗА НАЧИНОТ НА РАБОТА ВО НИВНАТА МАТИЧНА ЗЕМЈА И СЕКАКО ДА ПРИМИ МЛАД И КВАЛИФИКУВАН ЧОВЕК ВО СВОЈОТ ТИМ НА РАБОТНИЦИ.

Кампањата започнува во септември секоја година, кога се организираат работни групи за запознавање на членовите со начинот на работа со цел да се оствари успешна и професионална соработка со фирмите/институциите. Секој студент контактира одредени работодавци на кои им го објаснува начинот на работа на ИАЕСТЕ Македонија и кои се предностите и бенифициите на двете страни од оваа соработка. Многу често деталното запознавање на работодавците со сите делови од договорот и начинот на кој што би се одвивала соработката се постигнува на состаноци инициирани од двете страни.

Македонските фирми/институции кои сакаат да примат странски практикант, потпишуваат договор со ИАЕСТЕ Македонија кој ги содржи сите спецификации за работодавецот како и потребните квалификации кои што треба да ги исполнува студентот.

ИАЕСТЕ Македонија ја презема одговорноста за наоѓање на сместување на студентот, негово носење до фирмата во која што работи како и организирање на неговото слободно време. Исто така, работодавците се охрабрени да се обратат на ИАЕСТЕ Македонија за било каков проблем поврзан со праксата. Потпишаните пракси се разменуваат со странски на Генералната конференција во јануари, со што и официјално се завршува оваа кампања.

Оваа година, кампањата резултираше со 62 пракси на национално ниво од кои 45 беа потпишани во Скопје, 5 во Битола и 12 во Охрид. Споредено со претходните години, успеавме да воспоставиме соработка 33 минатогодишни комапнии и 7 нови со кои се надеваме дека истата ќе трае и во иднина.

Снежана ДичевскаСања Петровска

Координатори на кампањата за обезбедување пракси

Page 15: Годишен извештај 2014

15

ИЗВЕШТАЈ ЗА МАКЕДОНСКИ ПРАКТИКАНТИ ВО СТРАНСТВО

ЕДЕН ОД МОМЕНТИТЕ КОИ СЕКОГАШ СЕ ПАМЕТАТ Е ДОБИВАЊЕТО НА НЕТРПЕЛИВО ОЧЕКУВАНИОТ ОДГОВОР ДЕКА СТЕ ПРИМЕНИ НА ПРАКСА. ЗАМИНУВАЊЕТО НА СТРУЧНА ПРАКСА ВО СТРАНСТВО Е ЖЕЛБА НА СЕКОЈ НАШ ЧЛЕН. ТОКМУ ЗАТОА ПРЕКУ ЦЕЛАТА ГОДИНА НАПОРНО СЕ РАБОТИ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРАКСИ ВО ЕМИНЕНТНИ МАКЕДОНСКИ КОМАНИИ И ИНСТИТУЦИИ.

Сите најдени пракси потоа се разменуваат на најголемиот интернационален ИАЕСТЕ настен, Годишната Конференција. Делегатите целат да најдат соодветни пракси кои ќе одговараат на профилите на нашите членови за што поголем дел од нив да аплицираат и да бидат примени на пракса. Но покрај членовите, може да аплицираат сите студентите од универзитетите опфатени со статутот на ИАЕСТЕ Македонија. За нашите студенти да имаат што попрофесионални апликации се одржуваат работни групи на кои постари членови кои веќе го имаат поминато тој процес обајснуваат и даваат совети за начинот на пишување на кратка биографија и мотивационо писмо.

Оваа година на Годишната Конференција во Кито, Еквадор беа разменети вкупно 65 пракси со 19 земји од целиот свет, од кои најмногу беа со Турција. Вкупно беа примени 36 студенти кои беа распоредени низ 12 земји меѓу кои и Австралија, Велика Британија, Норвешка. За жал 13 студенти беа одбиени заради неисполнување на потребите на работодавците, а уште 5 работодавци ги откажаа праксите. Исто така имаше и 4 пракси кои беа откажани од наши студенти иако веќе беа примени. Испратените студенти беа од повеќе факултети со различни специјализации. Покрај праксите од Годишната Конференција студентите можат во текот на целата година, преку интерниот систем на ИАЕСТЕ – Intraweb да бараат соодветна пракса. Иако порано скоро сите пракси се разменуваа одеднаш, сега се стремиме кон котинуирана размена во текот на годината, а не објавување пракси само еднаш годишно. На овој начин аплицираа 19 наши студенти, но за жал беа примени само 3. За дел од одбиените беа најдени соодветни замени. Се надеваме дека наредната година со разработка на новиот систем ќе имаме уште поуспешни бројки од оваа и дека се повеќе од нашите студенти ќе бидат примени на пракса.

Елена НеделковскаОдговорна на македонските студенти во

странство

Page 16: Годишен извештај 2014

16

Page 17: Годишен извештај 2014

17

ИЗВЕШТАЈ ЗА МАРКЕТИНГ

Семинар за Тренинг и Мотивација кој и оваа година се одржи на Попова Шапка.

Големо задоволство ми претставува да објавам дека медиумската покриеност и учеството на ИАЕСТЕ на најразлични конференции што ги засегаат нашите интереси беше на завидно ниво. Најпрво бевме поканети да земеме учество во Ad-vanced Business-University Cooperation организирано од Американската Комора во Македонија. Следен настан што доста не засегаше беше отворената трибина организирана од страна на Радио МОФ за Студентската Пракса каде ИАЕСТЕ Македонија има единствен поглед како организација која им овозможува на студентите квалитетна пракса во странство. Земавме учество и на останати

ан томеаС и DNOYEB KOOL окак иицнерефнокМладинска Работа каде имавме можност да се претставиме пред уште поголема публика од обично. ИАЕСТЕ Македонија како студентска и невладина организација имаше голем интерес од учеството на ENGAGE – конференцијата за друштвен активизам на која што имавме можност уште повеќе да ги прошириме видиците.

Како и секоја година, ИАЕСТЕ Македонија работи се понапорно за изградба на својот имиџ и медиумска покриеност како и соработка со многубројните студентски и невладини организации. 2014 не беше поразличнa од другите, па дури успеавме да ги оствариме нашите цели па и многу повеќе.

Во првиот дел од годината, најголем акцент беше ставен на промоцијата на Надворешниот Конкурс, за кој се направи целосна маркетиншка кампања. Со помош на напорната работа на дизајн тимот беа направени соодветни постери и флаери кои беа презентирани на факултетите, на ИАЕСТЕ веб страната и фејсбук страната. Голема медиумска помош имавме и од Студент ФМ, Факултети.мк, Радио МОФ, БракајРабота.мк и др.

Почетокот на Март значеше и почетокот на една од најмасовните кампањи, односно Кампањата за Нови Членови. Мотото на кампањата беше “Сакаш да пробаш?” па насоката на дизајнот на промотивните идеи асоцираше на сите придобивки кои студентите ги имаат со вклучување во нашата организација, па тоа ни помогна значително да го зголемиме бројот на нашето членство. Кампањата кулминираше со организирање на традиционалниот Дизајн : Филип Стаменков

Page 18: Годишен извештај 2014

18

ЕДНА ОД НАЈОРИГИНАЛНИТЕ ИДЕИ КОИ ДОЈДОА ДО РЕАЛИЗАЦИЈА ГОДИНАВА БЕШЕ ИСПРАЌАЊЕ НА РАЗГЛЕДНИЦИ ОД СТРАНА НА НАШИТЕ СТУДЕНТИ КОИ ЈА ИЗВРШУВААТ СТРУЧНАТА ПРАКСА ВО СТРАНСТВО ДО ФИРМИТЕ КОИ НЕ ПОДДРЖАА ОВАА ГОДИНА, КАКО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ ЗА УСПЕШНАТА СОРАБОТКА.

По завршетокот на летната рецепција, започна една од поновите но не помалку важни кампањи а тоа е мини Кампањата за Нови Членови. Мотото на кампањата беше “Куфер полн искуства” и со задоволство можам да кажам дека кампањата имаше ефект како што и ние не замислувавме, а со тоа добивме и многу нови квалитетни членови. Како јаготка на шлагот, годината ја завршивме со промоција на еден од најголемите настани кои ги засега сите студенти од централна и југоисточна Европа, а тоа е Online Career Fair – односно саем на кој што работодавци од овие земји нудат пракси на сите студенти. Имавме доста голем успех, така што неколку Македонски студенти беа примени на пракса во некоја од овие фирми.2014 беше година во која остваривме и повеќе од замислуваното, а во 2015 се надеваме токму на тоа и на повеќе со што желбата за работа и успех ќе биде исполнета.

Петра БранковскаОдговорна за Маркетинг и лице за односи со јавноста

Дизајн : Дајана Величковска

Page 19: Годишен извештај 2014

19

ИЗВЕШТАЈ ЗА КАМПАЊА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ

За подобро запознавање и дружење помеѓу старите и новите членови, се организираше забава на средината на кампањата во кафе „Деус“. Во неформална атмосфера, со нашата непосредност и отвореност успеавме да придобиеме уште повеќе членови. Целокупната кампања, како и секоја година, беше заокружена со семинарот за тренинг и мотивација.

Потврда за успешноста на кампањата е големиот број на нови членови кои го исполнија амфитеатарот на редовните состаноци и нивните прашања и желби за вклучување во претстојните активности. Сигурни сме дека ИАЕСТЕ ќе исполни многу повеќе од нивните очекувања.

Филип СимјановскиНадежда Аврамовски

Координатори на кампањата за нови членови

Искуствата кои се стекнуваат, знаењата кои се здобиваат и пријателствата кои се склопуваат преку ИАЕСТЕ се многу важен сегмент кој го збогатува студентскиот живот. Со цел да ги запознаеме сите студенти со бројните придобивки од членувањето во ИАЕСТЕ и оваа пролет традиционално се организираше Кампања за нови членови.

Координатори на оваа кампања кои ја имаа честа да бидат организатори на една од најважните активности во нашата организација беа Надежда Аврамовска и Филип Симјаноски. Кампањата се одржа во два дела во периодот од 16.14.2014 до 07.03.2014 и се состоеше во одржување на штандови на сите технички факултети. На овие штандови, студентите имаа можност да се запознаат со работата на ИАЕСТЕ Македонија. Преку пријателски разговор, тековните членови ги споделуваа своите искуства, раскажуваа за настаните кои постојано се одржуваат во рамки на организацијата, задолженијата на членовите и начините на кои што секој може да се вклучи во активности на ИАЕСТЕ. Се` што е потребно е желба за нови пријателства и искуства.

Овогодишната кампања беше осмислена под мотото „Сакаш да пробаш?“ и придружена со вкусни колачиња, кои беа прикажани и на самите промотивни материјали. Колачиња не беа неоподни да се привлечат нови членови, бидејќи ја имавме помошта и поддршката од сите членови кои несебично го ширеа ИАЕСТЕ духот.

Page 20: Годишен извештај 2014

20

ИЗВЕШТАЈ ЗА МИНИ КАМПАЊА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ

за нови членови на 13.10.2014 кој резултатираше со полн амфитеатар нови идни членови и членки.

Сумирајќи ги сите впечатоци, мини кампањата за нови членови 2014 беше навистина успешна кампања, која со големо задоволство ја водевме и со која привлековме нови и одлични иаестевци!

СЕКОЈА ИЗМИНАТА ГОДИНА ВО ИАЕСТЕ НОСИ НОВИ ПРОМЕНИ, НОВИ ИСКУСТВА, НОВИ ПАТУВАЊА, НОВИ ПРИЈАТЕЛСТВА И НОВИ ДОЖИВУВАЊА. СО ОВАА КАМПАЊА, НАША ПРИМАРНА ЦЕЛ Е ИАЕСТЕ ДА СЕ ЗБОГАТИ СО НОВИ ЛИКОВИ, КОИ ВО ИДНИНА ЌЕ ОСТВАРАТ УШТЕ ПОГОЛЕМИ ИСКУСТВА И ПРИКАЗНИ ЗА РАСКАЖУВАЊЕ ОД НАС, НАДГРАДУВААТ НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И КОИ ЕДЕН ДЕН ЌЕ СТАНАТ ГОРДИ ИАЕСТЕ АЛУМНИ.

Започнувајќи од 6 – ти октомври, па се до 14 –ти октомври 2014, го лоциравме иаесте духот во холовите на факултетите при УКИМ. Нашата цел беше на новите, па и оние постарите, понеинформираните студенти да им го покажеме магичниот „Куфер полн искуства“ во кој го спакувавме иаесте светот. На штандовите кои ги поставивме, секојдневно, голем дел од веќе оформеното членство, неисцрпно го објаснуваше концептот на нашата организација. Помеѓу видно заинтересираните понекогаш ќе се најдеше и некој професор, кој одново би седнал на студентските клупи за да ужива во духот на една студентска организација.

етинтиролок ,тоцнат етсеаи ан атакизуМштандови, насмевнатите и секогаш дружељубиви членови, кои покануваа на состанок за поголема дружба, неминовно го заинтересираа секој студент. Во склоп на целата кампања, како јаготка на шлагот се изведе фантастичниот информативен состанок

Дајана Величковска Филип Стојановски

Координатори на мини кампања за нови членови

Page 21: Годишен извештај 2014

21

ИЗВЕШТАЈ ЗА СЕМИНАР ЗА ТРЕНИНГ И МОТИВАЦИЈА

внимание со цел да оставиме впечаток на добри домаќини, со организација на разни настани и викенди за практикантите кои доаѓаат во Македонија за време на летниот период. На учесниците им беше потенцирано дека сепак се работи за организација од светски рамки и доаѓаат практиканти од сите континенти да работат во нашата земја. На работните групи новите членови се запознаваа со сите аспекти од работењето на ИАЕСТЕ, беа отворени разни дискусии, се даваа нови идеи и предлози и беа симулирани различни ситуации со кои би можеле да се сретнат.

Со задоволство може да се каже дека работните групи беа успешни, имаше голема заинтересираност и активност од страна на новите членови. И така заврши уште еден семинар за тренинг и мотивација, продуктивно, малце напорно, но сепак забавно и исполнето со многу нови запознавања и дружби. Се надевам дека ќе се видиме наредната година во уште поголем број и ќе организираме уште поуспешен СТМ!!

Ирина ДоброхотоваСтефанија Димеска

Координатори на Семинар за тренинг и мотивација

СТМ Е КРАТКО ОД СЕМИНАР ЗА ТРЕНИНГ И МОТИВАЦИЈА КОЈ ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА СЕКОЈА ГОДИНА ГО ОРГАНИЗИРА НА КРАЈ ОД КАМПАЊАТА ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ СО ЦЕЛ ДА ГИ ЗАПОЗНАЕ НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ СО РАБОТЕЊЕТО НА ИАЕСТЕ, НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ КАКО И ОФИЦИЈАЛНИТЕ НАСТАНИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ЕДНА ИАЕСТЕ ГОДИНА. ОВАА ГОДИНА СТМ СЕ ОДРЖА НА 26ТИ И 27МИ АПРИЛ ВО ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ “СМРЕКА” НА ПОПОВА ШАПКА.

На Семинарот се бараше рамнотежа меѓу забавен и работен карактер. Првиот ден започна со презентации од постари членови за работата на ИАЕСТЕ и нивното искуство. Забавниот дел започна со team building игри за полесно запознавање меѓу членовите и подигнување на атмосферата. Вечерта беше организирана забава каде учесниците имаа можност да го почувствуваат духот на организацијатаи да сфатат дека сепак се работи за невладина сту- дентска организација која иако има сериозна задача, работите ги извршува со доза на забавен карактер, што всушност и треба да претставува студентското дружење. Вториот ден беа одржани работни групи за Летната рецепција која се организира за странските студенти, job raising, односно собирање на пракси од македонски компании кои би примиле странски практикант, маркетинг, дизајн и fund raising. Секако голем акцент се стави на Летната рецепција каде ние како ИАЕСТЕ Македонија обрнуваме големо

Page 22: Годишен извештај 2014

22

ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА 2015

вирана за Гала вечерта на која се доделија награди накомитетите и членовите на бордот кои си ја завршија својата функција. На последниот ден се одржи завршната

етитагелед ,лаж аз ,ајок оп ајисес аксицнерефнокмораа да си заминат.

ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗАМИНАА СО 62 ПОТПИШАНИ ПРАКСИ ОД КОИ БЕА РАЗМЕНЕТИ 58, ВО ДРЖАВИ ШИРУМ 3 КОНТИНЕНТИ. САКАМЕ ДА ИМ ПОСАКАМЕ СРЕЌА НА СИТЕ ШТО ЌЕ АПЛИЦИРААТ НА ПРАКСА И СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЌЕ БИДАТ ПРИМЕНИ.

Впечатоците од Генералната конференција ни беа позитивни. Голема пофалба за ИАЕСТЕ Хрватска која успеа да ни придонесе незаборавно 7 дневно искуство со нивните напори. Не верувам дека пред се’ некој би ја заборавил Интернационалната вечер на која делегатите имаа можност да пробаат голем број на традиционални пијалоци и храна. Беа стекнати голем број на пријателства со кои се надеваме дека ќе имаме одлична соработка во текот на годината.

Напорно, работно, забавно и незаборавно се зборовите со кои најдобро би ја опишале Генералната конференција. Сите што се мислат да посетат некоја Генерална конференција, дури и како гости, потполно ги охрабрувам да го направат истото бидејќи нема да зажалат. Со сето тоа кажано, се гледаме следната година во Тунис!

На 23-ти Јануари се одржа најважниот настан во календарот на ИАЕСТЕ. Годишната конференција, која оваа година се одржа во Загреб - Хрватска, траеше до 31-ви Јануари. Локација на одржување на конференцијата беше прекрасниот хотел Esplanada во Загреб.

ИАЕСТЕ Македонија во Загреб испрати тројца делегати, и тоа: Ирена Дуковска, националенсекретар во заминување; Елена Неделковска, одговорен за Македонските студенти во странство во заминување и Филип Стаменков, следниот национален секретар.

Првично делегатите се запознаа на коктел кој се одржа во клубот на хотелот проследено со припреми на делегатите за првите разменски сесии кои се одржуваа следниот ден. Официјално се започна со отварање на Генералната конференција и првата разменска сесија. Вечерта ни беше резервирана со организирана вечера за сите делегати. Следните утра и пладниња ни беа резервирани со разменски и конференциски сесии. Вечерите беа организирани на следниот начин: Интернационалната вечер, која што не верувамдека некој не си помина супер; Регионалниот сос-танок, на кој државите од Балканот се договорија овогодинешниот EX да се организира на 17-ти Априлво Македонија; Хрватска вечер на која што се запознавме со традиционалната музика и обичаи на државата; Една слободна вечер, на која делегатите добија прошетка низ прекрасниот Загреб и финалната вечер беше резер-

Page 23: Годишен извештај 2014

23

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЛЕТНА РЕЦЕПЦИЈА

ДЕГУСТИРА СТРАНСКА ХРАНА ИЗГОТВЕНА СО МАКЕДОНСКИ НАМИРНИЦИ, А ДА НЕ СПОМНУВАМЕ ДЕКА САКА И ДА НАУЧИ ПО НЕКОЈ ЗБОР НА МАКЕДОНСКИ.

Идеално е ако сето тоа можеме да го направиме со група пријатели. Бонус би било ако некој од групата знае да ни покаже наоколу. ИАЕСТЕ Македонија го овозможува сето тоа. ИАЕСТЕ Македонија ја формира таа група пријатели кои се микс од сите практиканти и македонците кои се во државата тековното лето и се желни за дружба. Тоа и објаснува зошто Летната Рецепција во Македонија се смета за најдобро организирана.

Просечен работен ден на практикант е организиран на следниов начин: работа во утринските и попладневните часови, прошетка или журка во вечерните часови. Викендите се обично резервирани за посета на места кои се надвор од градот на живеење и работа на практикантот, особено оние продолжени викенди.

Летната Рецепција го покрива целиот втор период, односно летото во ИАЕСТЕ. Повеќето пракси, но не сите, се извршуваат во овој период. Тоа значи се дочекуваат сите странски студенти кои ја избрале Македонија за да ја извршат својата стручна пракса, а за време на траењето на истата ја запознаваат Македонија во вистинското светло. Сите сакаме кога ќе посетиме некоја нова држава, да ги видиме знаменитостите по кои е позната, да ги посетиме најдобрите гастрономски објекти и да ја вкусиме локалната храна, да ги посетиме местата наменети за забава. ТАКА, КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА МАКЕДОНИЈА, СЕКОЈ СТРАНЕЦ САКА ДА СЕ ПРОШЕТА НИЗ ОХРИД И ДА ВИДИ БАРЕМ ДЕЛ ОД 365-ТЕ ЦРКВИ, ДА СЕ ОСВЕЖИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ДА СЕ ПРОШЕТА НИЗ СТАРАТА ЧАРШИЈА ВО СКОПЈЕ, ДА ИСПИЕ КАФЕ НА ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛА, ДА ПРИСУСТВУВА НА “ГАЛИЧКА СВАДБА”, ДА ДЕГУСТИРА ОД МАКЕДОНСКАТА СКАРА И ПИВО НА ПИВОФЕСТ, ДА ДЕГУСТИРА ОД МАКЕДОНСКОТО ВИНО ВО КАВАДАРЦИ, ДА ГО ПОСЕТИ ИЗВОРОТ И ВОДОПАДОТ НА РЕКАТА БАБУНА, ДА СЕ ИСКАЧИ НА СОЛУНСКА ГЛАВА, ДА ГИ ПОСЕТИ ХЕРАКЛЕА И ПЕЛИСТЕР, ДА ГО ПОСЕТИ СВЕТИ НАУМ, ДА СЕ ПРОШЕТА НА МАТКА И ДА ГИ ВИДИ ПЕШТЕРИТЕ, ДА СЕ ИСКАЧИ НА ВОДНО, ПА ДУРИ И ДА

Page 24: Годишен извештај 2014

24

Изминатава година, заедно со Марио, ни беше доделена таа привилегија да ние бидеме Летни Офицери. Кои беа нашите обврски и зошто е тоа привилегија? Под ‘обврски’ се подразбираше координирање на практикантите и координаторите кои ги избиравме на секои две недели, да бидеме во постојан контакт со работодавците, присуство на повеќето настани кои се организираа.

Откако целото лето заврши, сфаќаш дека тоа не било обврска. Си видел дека контактирањето со работодавци не е така страшно како што звучи. Си оформил пријателства со луѓе низ целиот свет. Исто така, постојат места кои и покрај тоа што се во нашата држава не сме ги посетиле, па ни се укажува можност да ги доживееме и запознаеме убавините на нашата Македонија. Сфаќаш дека со иаесте си стекнал уникатно искуство и дека си на некој начин привилегиран што токму ти си ја добил таа шанса.

Лилјана ДимовскаМарио Порчич

Одговорни за Летна Рецепција

Page 25: Годишен извештај 2014

25

ИЗВЕШТАЈ ЗА ИАЕСТЕ ДЕН

ИЗВЕШТАЈ ЗА РОДЕНДЕН НА ИАЕСТЕ

21 октомври го бележи денот кога 87 земји низ целиот свет го слават таканаречениот ИАЕСТЕ ДЕН. Како и секоја, така и оваа година го прославивме овој ден, на кој членовите од техничките факултети во Македонија преку низа активности го одбележаа постоењето на оваа студентска организација.

Во чест на овој ден и понесени од мотото “Go IAESTE or go home”, денот го прославивме со голема забава во локалот Форца. Со цел да ја загрееме атмосферата и да имаме поинтересна журка, имавме и код на облекување кој гласеше: Athletes and Cheerleaders. На наше големо задоволство можеме да кажеме дека најголемиот дел од присутните го испочитуваа овој dress code, од храбри велосипедисти и пливачи до разиграни мажоретки. Покрај реквизитите со кои ја декориравме Форца, нашите мажоретки и спортисти придонесоа целокупниот настан да изгледа навистина многу убаво.

Во текот на вечерта присутните учествуваа и во неколку друштвени игри, направени со цел за полесно и побрзо нивно зближување и секако традиционалниот ИАЕСТЕ танц ( без кој не поминува ниедна забава). Си поминавме навистина убаво и на интересен начин го одбележавме интернационалниот ИАЕСТЕ ден.

Со цел, што повеќе студенти да се информираат за тоа што е ИАЕСТЕ ден, организиравме информативен штанд во холот на Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет, каде со промотивни материјали и насмеани лица ги запознавме заинтересираните со ИАЕСТЕ духот.

Бранка Ристовска Ангела Симоновска

Координатори на ИАЕСТЕ ден

Оваа година, ИАЕСТЕ Македонија обележи 22 години од своето постоење како една од водечките невладени студентски организации во Република Македонија. Горди на успешната работа што ја извршувавме во текот на целата година, организиравме забава во кафе Спалато со тема - 80’s New Wave во среда, 17-ти Декември, точно темпирано да ја пресечеме тортата во 00:00 часот. На наше огромно задоволство, на забавата присуствуваше голем дел од членството на ИАЕСТЕ како и дел од нашите алумни членови, редовни соработници па и поранешни практиканти од странство.

Инспирирани од музиката во 80тите години и секако коктелите што се точеа во големи количини, сите присутни го изиграа традиционалниот ИАЕСТЕ танц предводени од двајцата координатори на настанот, Кристијан Поповски и Никола Станчевски. На наше големо задоволство, атмосферата си го направи своето и ИАЕСТЕ членовите можеа да се запознаат со нивните постари претходници и да разменат идеи и искуства стекнати со годините во нашето мало семејство.

Успешната организација на овој настан и големата посетеност само го потврдува фактот дека ИАЕСТЕ е и ќе биде организација која ќе прослави многуцифрени родендени.

Никола СтанчевскиКристијан Поповски

Координатори на ИАЕСТЕ роденден

Page 26: Годишен извештај 2014

26

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ СКОПЈЕ

Локалниот комитет Скопје оваа година навистина се вклучи во повеќе проекти од различен карактер така што стекнавме нови познанства и го проширивме кругот на ИАЕСТЕ пријатели и соработници. Еден од тие настани претставуваше “Бизнис план натпревар за енергетска ефикасност’, којшто беше организиран од страна на Министерството за економија и EVN, а ИАЕСТЕ Македонија заедно со АИСЕК се вклучија во проектот како коорганизатори. Друг настан во којшто активно се вклучивме и во организација како и со учество на наши членови претсавува “NASA Space Apps Chal-lenge Macedonia”. Како и минатата година така и во 2014-та бевме дел од “СКЕЕОР”(Студентска Конференција за Енергетска Ефикасност и Одржлив Развој). Од настани на интернационално ниво, ИАЕСТЕ Македонија за прв пат беше дел од “Online Career Fair”, настан кој ги поврзува студентите, компаниите и универзитети на интернационално ниво.

По истекот на сите горенаведени настани, следи периодот на летната рецепција. Период во кој сите студенти,практиканти од ширум светот се во Скопје и сите ние заедно со нив се дружиме и забавувуваме, и навстина трудиме да им го прикажеме Скопје во најдобро можно светло.

Третиот период ни е целосно посветен на Job Raising капњата, каде контактираме компании, се со цел да обезбедиме стручни пракси за странски студенти. Навистина ми е драго што бројот на нови компании кои ја поддржуваат нашата организација,со обезбедување на пракси, се зголемува од година во година. Покрај зглемувањето на бројот на стручните пракси неминовно е да спомнеме дека и квалитетот на праксите и студентите кој ја обавуваат исто така се на високо ниво.

Навистина ми претставуваше големо задоволство што измината 2014та година беше исполнета со многу новости и активности. Локалниот Комитет Скопје ќе продолжи и понатаму да работи со голем ентузијазам и да се вклучува во нови проекти, а со тоа и да допринесува за развој на ИАЕСТЕ Македонија.

Маја АрсовскаПретседател на Локален Комитет - Скопје

Минатата, 2014-та година, ни започна со многу дружење, стекнување нови пријатели и зголемување на нашиот круг на ИАЕСТЕ пријатели. Сето тоа го започнавме со продолжување на една убава традиција, студентскиот василичарски оган, кој беше организиран од страна на ИАЕСТЕ, БЕСТ, ЕЕСТЕК, ЕСТИЕМ и СПФЕИТ. Настан од забавен карактер каде сите студентски организации и студентски парламенти сме едно големо семејство.

Првиот период , секоја година ни го одбележува кампањата за нови членови. За време на оваа кампања, штандови беа поставени на сите технички факултети каде можевте да ги сретнете нашите членови кои со голем ентузијазам и мотивираност го пренесуваа нивното ИАЕСТЕ искуство на остататите студенти, од кои дел од нив се денес дел од ИАЕСТЕ Македонија. Покрај штандовите, беа организирани и кратки презентации на дел од предавањата на техничките факултети, како и состаноци за нови членови каде на заинтерираните студенти им кажавме што значи да бидеш дел од студентска организација како што е ИАЕСТЕ и кои се нашите активности во текот на годината. За да сите се запознаеме и спријателиме, кампањата за нови членови ја завршивме со Семинарот за Тренинг и Мотивација (СТМ) кој се одржа во планинарскиот дом на Попова Шапка,Смрека. На семинарот присуствуваа нови членови како и активни членови од сите локални комитети: ЛК Скопје, ЛК Битола, ЛК Охрид и ЛК Штип.

Во овој период беа организирани два ТВИН-а, со ЛК Утрехт и ЛК Виена. Голем број од нашите членови го посетија локалниот комитет Утрехт во Холандија каде поминаа убав продолжен викенд исполнет со многу убави моменти, каде се стекнаа навистина убави пријателства. Покрај тоа, имавме можност да организираме еднонеделно дружење со локалниот комитет Виена од Австрија во Скопје, каде подоцна и наши членови беа во Виена. Покрај дружењето, успеавме и да споделиме искуства за работењето на локалните комитети и нивно подобрување, како и заедночки активности кои би можеле да се организираат.

Page 27: Годишен извештај 2014

27

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ШТИП

собрание во Скопје. Таму, меѓу другото, дискутиравме и за понатамошниот развој на нашиот локален комитет.

Роденденот на ИАЕСТЕ го прославивме и оваа година, но на малку поинаков начин. Го организиравме на 20ти декември во Домот на млади во Штип, за време на фестивалот RUN. Успеавме да обезбедиме и неколку спонзорства за истиот.

Оваа година беше успешна за ЛК Штип и секако се надеваме на уште поуспешна 2015та.

Моника КрстевскаПретседател на Локален Комитет - Штип

Во изминатата 2014та година ИАЕСТЕ ЛК Штип продолжи со својата работа и придонесе за поуспешна година.

На почетокот на годината, во април се одржа кампањата за нови членови (КзНЧ) со штанд и презентации на повеќе факултети, со што новозапишаните студенти имаа можност да се запознаат со целокупната работа на ИАЕСТЕ Македонија.

Поради оправдани причини и намалениот број на членови, никој од ЛК Штип не успеа да присуствува на Семинарот за Тренинг и мотивација кој и оваа година се одржа на Попова Шапка.

За време на летна рецепција, оваа година немавме практиканти. Почетокот на новата учебна година започна со нови активности во ЛК Штип. Повторно, во октомври, се одржа кампањата за нови членови (КзНЧ), која придонесе за зголемување на бројот на членството на комитетот за 5 нови членови.

Во ноември имавме промена на претседателство, кое го спроведовме регуларно, со што секој од старите и новите членови доби право на глас. За нов претседател бев избрана јас со мнозинство од гласовите.

Како нов претседател и претставник на ЛК Штип, присуствував на овогодинешното Национално

Page 28: Годишен извештај 2014

28

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ ОХРИД

на Универзитетот св. Апостол Павле можеа и да уживаат во убавините кои Охрид и Охридското Езеро ги нудат во лето. Доказ дека супер ги угостивме и се трудевме да им го направивме нивниот престој во Охрид незаборавен е фактот дека повеќето од нив останаа да уживаат во Охрид барем уште една недела плус по завршувањето на нивната пракса.

Третиот период го започнавме со кампања за нови членови под координаторство на Иван Узунов. После завршувањето на кампањата ЛКО доби 12 нови членови. Следно беше и Националното Собрание каде освен полноправните членови од ЛКО присуствуваа и неколку од новите членови кои што имаа желба што повеќе да се запознаат со работата на ИАЕСТЕ. Во 2014 Универзитетот за Информатички науки и Технологии св. Апостол Павле од Охрид ни потпиша 12 пракси, што се за 2 повеќе од минатата година и за нас претставува знак на одлична соработка меѓу Универзитетот и Локалниот Комитет.

2014 година ја завршивме со прославување на роденденот на ИАЕСТЕ (координатори Марија и Иван) со желби за што по успешна наредна година.

Деспина АнастасоваПретседател на Локален Комитет - Охрид

2014 година беше доста успешна за ИАЕСТЕ Л о к а л н и о т к о м и т е т в о О х р и д .Годината ни започна со организирање на мини кампања за нови членови (Мини КзНЧ) во периодот од 11-12 март. Во овие два дена студентите од Универзитетот за информатички науки и технологии св. Апостол Павле од Охрид, можеа подобро да се запознаат со работата на ИАЕСТЕ и секако активно да се вклучат.Координатори на оваа кампања за нови членови бевме јас- Деспина Анастасова и Беким Мавмудовски.

Потоа следуваше и Семинарот за тренинг и мотивација каде 5 членови од Локалниот Комитет од Охрид присуствуваа на овој семинар во периодот од 26-27 Април.На наше големо задоволство од 01-05 мај членовите на ЛК Охрид имаа можност да го посетат Истанбул во склоп на twining настанот кој што беше организиран. Со прекрасни импресии и незаборавно искуство ни се вратија 5те членови кои беа дел од овој twining.

За време на вториот период воедно и нашиот најпродуктивен следуваше и летната рецепција. Оваа година имавме 5 практиканти, двајца од Турција еден од Шпанија еден од Полска и еден од Германија. Во текот на летната рецепција беа организирани повеќе викенди надвор од Охрид меѓу кои и викендот во Битола и Скопје. Практикантите кои што ја извршуваа својата пракса во нашиот комитет освен работните часови што им поминуваа најчесто во просториите

Page 29: Годишен извештај 2014

29

ИЗВЕШТАЈ ЗА ЛОКАЛЕН КОМИТЕТ БИТОЛА

на нови членови кој што оваа година се одржа на Попова Шапка. Наши членови присуствуваа и на тој семинар и за нив тоа претставуваше едно ново и необично искуство.

И оваа година продолживме активно со емисијата “IAESTE beat” на универзитетсткото радио. Наши гости беа наши активни членови, поранешни членови, како и практиканти кои говореа за нивните искуства како дел од ИАЕСТЕ.

Вториот период од ИАЕСТЕ годината е Летната рецепција ( ЛР ) кој што вооедно претставува и еден од најубавите периоди исполнет со многу активности. Оваа година имавме 7 практиканти кои што ни доаѓаа од Полска, Велика Британија, Босна и Херцеговина, Хрватска. Првиот практикант дојде

.21.21 ан анимаз тнакиткарп тоинделсоп а ,60.51 анОва лето беше исполнето со многу активности, а

.аанимоп ис окак аот до инловодаз аеб етитнакиткарпТие својата пракса ја извршуваа во ЈП Водовод-Битола,ЈП Македонски шуми –Битола, КЈП Нискоградба-Битола, Технички факултет –Битола, РЕК Битола, АД Микросам-Прилеп. Наши членови

Локалниот Комитет Битола ( ЛКБ ) ја заокружи 2014та година како успешна и исполнета година. На почетокот на оваа година се избра и новото претседателство. Со новото претседателство дојдоа и новите обврски, задолженија и предизвици. Бевме водени од желбата да направиме нешто добро за нашиот клуб, но и од тоа да ги развиеме своите вештини и способности. Наши членови присуствуваа на семинарот за развој на локални комитети ( СРЛК ), кој што беше организиран на ниво на Македонија во Скопје.

Потоа следуваше кампањата за нови членови ( КзНЧ ). Оваа година нашите членови изработија кретивни флаери кои што беа поделени на ФАМИС, Технички факултет Битола и на Технолошко – техничкиот факултет во Битола. Беа поставени и информативни штандови на овие 3 факултети каде што студентите можеа да се информираат за тоа како можат да станат дел од ИАЕСТЕ. Наши членови одржаа и информативни предавања на факултетите, а заинтересираноста на студентите беше задоволителна. Кампањата за нови членови ја заокруживме со Семинарот за тренинг и мотивација

Page 30: Годишен извештај 2014

30

кои што имаа можност оваа искуство да го искусат лично извршувајќи стручна пракса во странство беа Весна Ристевска и Христијан Ристевски. Тие својата пракса ја извршија во Словачка и Турција.

Крајот на ИАЕСТЕ годината беше заокружена со Кампањата за собирање на пракси. Оваа година ЛКБ потпиша 5 договори. Голема Благодарност до сите компании и институции кои ни излегоа во пресрет.

За крај би сакала да изразам и голема Благодарност до членовите на ЛКБ за несебично издвоеното време и ангажираност, на сите компании и институции и поединци кои што ни излегуваат во пресрет на секаков начин и секако на медиумите кои што оваа година се потрудија максимално да не подржат и да ја пренесат нашата ИАЕСТЕ приказна преку гостувања во емисии. Се надеваме дека успесите ќе продолжат и понатаму и тоа во многу поголем број.

Благица ВелкоскаПретседател на Локален Комитет - Битола

Page 31: Годишен извештај 2014

31

НАСТАН ЦЕНТРАЛНО ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА

со работодавци и лица од компании. Предводена беше од член на Иаесте Чешка кој токму преку оваа организација успеа да напредува во кариерата и се вработи. Работилницата се одвиваше во форма на предавања и симулации на реални ситуации при раговор со претставник од фирма и беа одлично демонстрирани вештините потребни за да се реализира еден состанок успешно.

Конвенцијата беше крунисана секако со добро познатата интернационална вечер на која што прекрасно си поминав покрај сите специјалитети и прекрасното друштво кое уште еднаш ми ја покажа убавината и богатството да се биде дел од ИАЕСТЕ.

Снежана ДичевскаДелегат на Централно Европската Конвенција

Централно Европската Конвенција претставува настан на кој присутствуваат Иаесте земјите од целнтралниот дел на Европа и главна цел е споделување на идеи, взаемно едуцирање на локалните комитети и секако дружба и забава.

Оваа година CEC беше организиран од страна на локалните комитети од Унгарија и се одржуваше во градот Гјор. На настанот се организираа многу работилнци за унапредување на помалку развиените комитети, различни case studies и анализа на успешни настани како Job Fair, Company Shuttle, Online Career Fair организирани од страна на ИАЕСТЕ. Јас како повеќегодишен активен член во локалниот комитет Скопје, имав можност да присуствувам на овој настан и да бидам учесник на две работилници.

Во првата работилница членови на локалните комитети од Австрија и Германија го презентираа бизнис планот и процесот на организирање голем настан каков што е Company Shuttle. Останатите членови составуваа листи со потенцијални проблеми кои би можеле да настанат при организирање на таков настан и истите беа подоцна дискутирани со цел да се најде решение за нив. Оваа работна група многу ми се допадна бидејќи ми даде можност да согледам нови идеи и начини како Иаесте Македонија да се развие во повеќе насоки, кои би можела да ги споделам со останатите активни членови.Втората работилница ми овозможи да се надоградам на личен план. Главна тема беа бизнис разговорите

Page 32: Годишен извештај 2014

32

НАСТАН ЕКС КОНФЕРЕНЦИЈА

така се зборуваше за правење на интернационални викенди за време на летната рецепција. За тоа каде ќе се одржува следниот EКС не се одлучи. По официалниот дел, сите заедно продолживме со шетање. Домаќините не однесоа во Цетиње и до Скадарското Езеро. Заедно правевме скара и продолживме во дискотека до рано изутрина. Неделата беше ден за разделба но и надеж да се видиме пак.

Голема благодарност до сите учесници а најмногу секако, на организаторите кои ни ја приредија оваа конференција.

Велина РусјаковаБлагоја Трајковски

Делегати на ЕХ Конференција

Екс конференцијата е од регионален карактер каде се разменуваат работни искуства создаваат нови контакти и зближуваат локалните комитети од Балканските земји. Оваа година EКС конференција се одржа од 4ти до 6ти април во Црна Гора.

По пристигнувањето бевме сместени во хостел во околината на Подогрица што беше супер зошто бевме едиствените гости таму. Веднаш почна запознавање на сите што пристигнаа и тоа беше почеток на забавата. Првата вечер беше Интернационална вечер. Следниот ден сите заедно отидовме на Земјоделскиот Факултет во Подогорица каде се одржа и официјалниот дел на конференцијата. Најпрвин збор земаа представниците од Загреб кои зборуваа за предстојната разменска конфренција која ќе се одржи во тој град. Потоа се зборуваше за

.итенемзарен таавунатсо анидог ајокес иок етискарпИдеата беше да се разменат меѓу комитетите од бивша Југославија бидеќи сеуште има доста фирми каде вработените не зборуваат англиски јазик. Исто

Page 33: Годишен извештај 2014

33

НАСТАН НАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ

Штип и Охрид) итн. На вториот ден беа одржани изборите за нов национален секретар како и програмата за 2015 година и нивно усвојување. За нов национален секретар беше избран Филип Стаменков.

На крајот може да се заклучи дека 2014 година беше успешна за ИАЕСТЕ Македонија и за исполнување на нејзините главни цели на постоење за размена на што можно поголем број на пракси во интерес на нејзините членови.

Стефани ГелеваИрена Прошиќ

Координатори на Национално собрание

Националното собрание е еден од главните настани на ИАЕСТЕ и се одржува еднаш годишно. На него се врши евалуација на сработеното во текот на целата претходна година и генерални планови за наредната. Исто така се врши и промена на статутот и правилникот на организацијата. Со почитување на правилата наведени во овие документи ИАЕСТЕ ги исполнува своите цели. Токму поради важноста на ова, одржувањето на националното собрание е условено од присуството на поголемиот дел од полноправните членови кои играат директна улога во нивното креирање.

Годинешното Национално собрание беше одржано на 23.11 и 24.11 2014 година. Неговата организација беше помогната од координаторите Стефани Гелева и Ирена Прошиќ, како и повеќето членови кои со своите актвиности го дадоа својот придонес – пред, за време на и по завршувањето на собранието. Работата на собранието се одвиваше по претходно усвоениот дневен ред, каде по утврдувањето на исполнувањето на условот за присуство на полноправни членови истото беше прогласено за отворено од страна на националниот секретар на ИАЕСТЕ Македонија – Ирена Дуковска. На седницата стана збор за организацијата и функционирањето на ИАЕСТЕ Македонија (предлози и измени на статутот, националниот комитет и локалните комитети), дискусија поврзана со кампањата за нови членови, евалуација на членови, соработката меѓу локалните комитети (Скопје, Битола,

Page 34: Годишен извештај 2014

34

НАСТАН СЕМИНАР ЗА РАЗВОЈ НА ИАЕСТЕ

Strategic IAESTE Development (SID) претставува интернационален настан чија основна цел е развој и подобрување на ИАЕСТЕ на глобално како и на национално ниво, каде се разговара за досегашната и идната работа на ИАЕСТЕ.

Во 2014та организатор на 29-от SID семинар беше ИАЕСТЕ Босна и Херцеговина, ЛК Бања Лука. На истиот, присуствуваа двајца делегати од ИАЕСТЕ Македонија: Ирена Дуковска и Маја Арсовска.

На самиот семинар беа одржани работни групи од различни тематики, како: развивање идеи за подобар глобален маркетинг, годишно fee, користење на интернет- системот Intraweb и COBE праксите. На секоја од наведените работни групи беа дискутирани досегашните и идните планови за подобрување на истите. На завршната сесија беа изложени и објаснети идеите и начините за подобрување.

Овој настан е навистина значаен во поглед на разменување на знаењето и начинот на подобрување на секој од националните комитети, како и воспоставување на подобри меѓусебни односи и пријателства, како и натамошни соработки. ИАЕСТЕ Македонија беше еден од кандидатите за организатор на SID 2015та , заедно со ИАЕСТЕ Словачка. Верувајќи во своите организаторски способности како и добрата понуда и агенда која беше понудена од наша страна, за жал, не бевме избрани за организатор на SID 2015-та. Сепак, пофалбите за нашата заложеност, ангажираност и подготвеност од страна на сите, ни претставуваа големо задоволство и чест.

Со самото претставување на ИАЕСТЕ Македонија имавме можност да се запознаеме со претставници од други национални комитети, и преку работните групи, и преку кандидатурата на ИАЕСТЕ Македонија. Покрај работната атмосфера, во текот на вечерите беа организирани настани од забавен карактер како неизбежната “Интернационална вечер” каде се претставуваат обичаите на секоја од државите, традиционалната храна и пијалок.

Навистина ни претставуваше чест што бевме делгати на овој настан и што го претставивме националниот комитет ИАЕСТЕ Македонија во најдобро можно светло.

Маја АрсовскаИрена Дуковска

Делегати на Семинар за развој на Иаесте

Page 35: Годишен извештај 2014

35

НАСТАН NASA SPACE APPS CHALLENGE

маратон беше прогласен за започнат. За среќа, секој тим имаше свој ментор од водечки Македонски фирми кој помагаше во работата на учесниците и ги водеше во вистинската насока. Исто така беа достапнии скајп повици на кои можеше да се зборува за идеи со вистински астронаути.

Напорната работа траеше многу часови, се до 3 часот попладне следниот ден кога судиите ги слушаа нашите презентации за проектите кои ги изработивме и решаваа кои ќе продолжат на следното ниво од натпреварот. За жал, нашите два тима не беа едни од тие зошто не го поминавме 7мото место, но сепак не го доживеавме тоа како неуспех бидејќи забавата додека го подготвуваме проектоте награда само за себе.

На крајот, го напуштивме натпреварот со многу нови пријатели, познаници помеѓу менторите од многуте одлични фирми каде што еден ден би работеле како и нови идеи и гледишта. Севкупно, тој викенд беше исполнет со забава и работа односно викенд што е вреден за паметење и можноста да се чувствуваме како астронаути за еден ден.

Владимир НичовскиУчесник на NASA Space App Challenge

NASA Space Apps Challenge - Викенд поминат како астронаут

Една пролетна вечер, во текот на еден од многуте редовни состаноци во ИАЕСТЕ, се разви разговор за НАСА. И секако јас како и сите останати заинтересирано почнав да слушам. Веста беше дека НАСА ќе организира натпревар во Скопје и дека ИАЕСТЕ ќе биде дел од неговата организација. Во тој момент знаев дека ќе се вклучам во овој настан, прво како логистика, а потоа како натпреварувач. Секако, не бев сам но со уште 9 други ИАЕСТЕ-овци што сакаа да се натпреваруваат па за таа цел формиравме 2 тима од по 4-5 учесници. Едниот тим реши да развива игра за вселената, а другиот да го дизајнира новиот вселенски костим.

Потребни ни беа околу 2 недели за да се подготвиме, да најдеме потребни материјали, да осмислиме имиња на тимот и така натаму. Тимот што го правеше вселенскиот костим го избра името AWP - Astronauts Wear Prada ( Астронаутите носат Прада) додека другиот тим го избра името ABIT (каде А стои за водачот на тимот - Александар Богатинов).

Конечно, на 11ти март се упативме накај New Mans Business Accelerator, локалната компанија во чии простории се одржуваше настанот. Тоа беше прекрасно место со такви капацитети што се потребни за натпревар како овој, место за релаксација и за работа. Околу во 12 часот на пладне, дводневниот

Page 36: Годишен извештај 2014

36

НАСТАН ТВИН СО ХОЛАНДИЈА vol. 2

интернационална вечер, која се одржуваше во еден студентски дом. Наредниот ден имавме city challenge во добро познатиот и голем Амстердам, каде преку игра, го прошетавме целиот град и дознавме интересни и не толку познати факти за градот, кој верувам дека со обичен водич нема да се дознаат. Денот го завршивме во еден студентски паб, каде го почувствувавме студентскиот живот во Холандија во целост и имавме мал, традиционален холандски квиз. По традиционалниот доручек, наредниот ден, во едно од најубавите места во Утрехт, со поглед кон целиот град, тргнавме да се враќаме за Скопје.

Имавме многу среќа што не го фативме типичното холандско врнежливо време, па можевме пријатно да уживаме во убавините кои ги има оваа земја. Нашите пријатели од Холандија се покажаа како одлични домаќини!

Ова беше едно кратко, убаво искуство, во кое посетивме два прекрасни града, запознавме многу нови луѓе и стекнавме многу нови пријатели. Кој не би го посакал тоа?

Тамара ДимескаДелегат на Твин со Холандија

TWIN е интернационален настан којшто се одвива во два дела. Првиот дел беше кога неколку Холанѓани дојдоа да не посетат нас и нашата мила земја. Вториот дел беше кога ние ја посетивме нивната врнежлива земја.

По посетата на Холанѓаните во ноември минатата година, дваесет и двајца наши членови, од 21ви до 24ти февруари, заминавме за Утрехт. Утрехт е мало, студентско гратче во централна Холандија. Тука се наоѓа и најголемиот комитет на ИАЕСТЕ Холандија. Бевме одлично пречекани од Холанѓаните. Бевме сместени кај членови од Локалниот комитет што ни овозможи да се запознаеме со холандскиот начин на живот од блиску.

И покрај тоа што знаевме дека Холандија е земја каде што се возат мнооогу велосипеди, не бевме спремни за тоа дека цел викенд ќе го поминеме возејќи се со велосипед. Бевме позитивно изненадени од целата вело-култура која ја имаат.

Целиот викенд ни беше исполнет. Бидејќи пристигнавме доцна попладнето, првиот ден, односно вечер, имавме мала прошетка низ Утрехт, која продолжи и наредниот ден. За водич имавме локален член, студент по архитектура, кој убаво ни ја објасни историјата на градот и ни покажа дел од интересната архитектура. Оваа убава прошетка заврши во една ветерница, којашто е и најстарата ветерница во ова градче. Вечерта ја имавме добро познатата

Page 37: Годишен извештај 2014

37

НАСТАН ТВИН СО АВСТРИЈА

Понеделник и Вторник беа денови резервирани за градот којшто изнудува воздишки со еден поглед, Охрид. Заедно со луѓето од локален комитет Охрид се направи тура во којашто се посетија

лами иг иб ценартс јокес отшјок итсотинеманз етисво својата листа кога би дошол во Македонија: Св. Софија, Античкиот театар, Самуилова тврдина, Плаошник и Канео зрачеа заедно со сонцето којшто не пратеше поголемиот дел од неделата. Вечерната журка од еден клуб привремено се префрли и во едно кајче многу блиску до клубот во коешто се покажа и потврди дека луѓето уживаа, а пријателства веќе беа створени.

Во Среда Скопје реши да биде порој, за да совршената агенда биде не толку совршена, и да се одлучи тој ден ќе се ужива во малку поголемото сопче на ИАЕСТЕ каде се пушти новата епизода на нашата омилена серија. (Лош чекор бидејќи следуваа многу споилери, караници и уништени пријателства неколку часа потоа). Вечерта, пак се организираше интернационална вечер во којшто можеше да се пробат повеќето вкусни традиционални македонски јадења, по некоја убава македонска песна.

НА ИАЕСТЕ МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА НИ` БЕШЕ ДАДЕНА ПРИВИЛЕГИЈАТА ДА ОРГАНИЗИРАМЕ TWIN СО ЛОКАЛНИОТ КОМИТЕТ ОД ВИЕНА. ДОАЃАЈКИ ОД 13ТИ ДО 18ТИ АПРИЛ, СЕ НАПРАВИ АГЕНДА ВО КОЈАШТО БЕА ВКЛУЧЕНИ РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ЗНАМЕНИТОСТИТЕ НА ГРАДОТ, ЗБЛИЖУВАЊЕ НА ДВАТА КОМИТЕТИ НО И ЗАПОЗНАВАЊЕ НА НОЌНИОТ ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА.

За максимално исполнување на времето, како добредојде и запознавање на нашите традиции, логичен прв чекор беше прејадување со топени сирења и пиење пивце, за да укажеме што е најважното во Македонија, по рецептот на нашите баби, за притоа да успееме да се запознаеме и да го скршиме мразот, но и да го потврдиме фактот што го знаат сите во светот: Македонците сме топли луѓе! Со недоварена храна, решивме дека ќе се упатиме кон паркот и ќе продолжиме со запознавање на убавините коишто го красат нашиот град. Како завршеток на денот беше одењето во ноќен клуб за да се тестираат границите на трансформација во истиот како утрински клуб.

Page 38: Годишен извештај 2014

38

Во четврток, иако времето се` уште малтретираше со ниски температури, полуболни, но се` уште со потполно еднаков ентузијазам се упативме кон Водно, жичарата и милениумскиот крст. Во подоцните часови од денот беше организиран краток City Challenge со кратки прашања за старите градби (и старо-новиот барок, статуи и споменици) во Скопје за коишто Виенците требаа да ги прашуваат граѓаните по патот за да го најдат точниот одговор. Смеите беа неизбежни.

Петокот беше ден за збогување. Се собравме во собата уште еднаш, да се видиме, поразговараме .анеиВ ов ,ирвметпес ов анцодоп ичулс ес еќ отшјок нивт тоиневајан и актобарос анди аз емаритуксид и

Подароци беа разменети, како и благосрдни поздрави коишто само беа своевидна изјава дека очекуваме повторно разминување на патиштата со нив, а и тие со нас.

Михаил Петков Бојана Мицевска

Координатори на Твин со Австрија

Page 39: Годишен извештај 2014

39

ИСКУСТВО ПРАКСА ВО БЕЛФАСТ, ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО

тим составен од професори и постдипломци меѓу кои јас бев најмлада. Тоа се покажа едно многу едукативно искуство во кое успеав да научам нов софтвер за проектирање на елементи во различни полиња, мерење и истражување на резултати во лабораториски услови што ми помогна многу во мојот

аз акмар тсет ан нјазид – тоткеорп до ледрегистрирање на магнетни компоненти во блиското магнетно поле.

Но секако, работата не беше највозбудливиот .тсафлеБ ов овтсукси еом отолец до лед

Пријателствата со останатите практиканти со кои практично живеевме и патувавме заедно во Даблин, насекаде во Северна Ирска, Единбург и Лондон, огромниот број на забавни активности (летни фестивали секако) на кои што успеав да одам, што секако не би можела во Македонија, длабоката историја на Белфаст како центар на конфликти и најголемиот бродоградетелски град во минатиот век (огромен музеј посветен на Титаник, кој патем бил изграден таму) и секојдневно “демнење” на сетот на “Игра на Тронови” се само дел од работите кои ми надоаѓаат како сеќавања.

КОНЕЧНО, ИСКУСТВОТО ШТО ГО СТЕКНАВ, ПРОФЕСИОНАЛНО И ЛИЧНО, Е НЕПРОЦЕНЛИВО.

Петра БранковскаПрактикант во Queens University Belfast

What’s the craic?Oh, just a Northern Irish thing.

Ако со една реченица треба да го опишам моето искуство во Северна Ирска, тоа ќе биде токму насловот – галски сленг за забава. Не можам да опишам колку бев среќна што успеав да аплицирам токму во државата која беше на врвот на мојата wish list: Велика Британија, а кога добив одговор дека сум примена пак, се претворив во таа верзија од себе си што мора да испланира се каде ќе патува додека е таму, што ќе прави, локални настани, концерти итн.

Белфаст – совршена локација. На неполни 2 часа од Даблин и само еден канал што го дели со Шкотска, како и дом на продукцијата на “Игра на Тронови” најпрво не звучи како вообичаена дестинација која што некој сака да ја посети, но кога ќе се опфатат сите доблести станува неодолива прилика. Би требало тука некаде да го спомнам и моето работно место – Queen’s University Belfast. Овој универзитет кој не само што е еден од водечките во Велика Британија, поседува и најмногу земја од било кој после Кралицата (забавен факт!). Со самото тоа што нуди практична и добро платена работа на додипломци со можност за учење и надградба навистина пријатно ме изненади па и ги надмина моите очекувања. Ја имав таа чест како ментор да го нарекувам проф. Д-р. Алексеј Шитвов кој е водач на научно истражувачка група во област на електромагнетиката. 10 недели бев дел од неговиот

Page 40: Годишен извештај 2014

40

ИСКУСТВО ПРАКСА ВО МАНИПАЛ,ИНДИЈА

забавни индијци. Секој викенд се одеше до места кои што изгледаа како од енциклопедија, места кои ги гледаме на Discovery channel, места каде јаваш слонови, камили, се расправаш со куп мајмуни да не ти земат банана од рака, места каде Хинду религијата го достигнала својот максимум и не можат да се доловат во овој краток текст. Бидејќи е огромна земја и цел живот нема да ти стигне да видиш се што може да се види, кога завршив со праксата, направив така “скромна” тура во северна Индија од 6000km, поминувајќи низ најзначајните градови и храмови. Патување кое траеше 3 недели...станав светски патник.

САКАМ ДА ГО МОТИВИРАМ БИЛО КОЈ, ШТО ГО ЧИТА ОВА ДА ОТИДЕ ЧЕКОР ПОДАЛЕКУ, ДА ГИ ПРАТИ СВОИТЕ СОНИШТА И ЖЕЛБИ, ПАТУВАЊЕТО ВЕ ПРАВИ ПОБОГАТИ И ПОМУДРИ. КОГА ОДЛЕТАВ ОД ИНДИЈА БЕШЕ МНОГУ ТЕШКО, ДЕЛ ОД МЕНЕ ОСТАНА ТАМУ...СЕУШТЕ СЕ БЕШЕ ИСТО, МАГИЧНО РАЗЛИЧНО, НО ОВОЈ ПАТ ИСТОТО ВАЖЕШЕ И ЗА МЕНЕ.. И МНОГУМИНА МЕ ПРАШУВААТ ДАЛИ БИ ОТИШОЛ ПАК? ДА… УШТЕ 100 ПАТИ.. НА СИТЕ МЕСТА КОИ ШТО МНОГУМИНА СЕУШТЕ СОБИРААТ ХРАБРОСТ ДА ОДАТ. И TAJ MAHAL НЕ Е ПРЕЦЕНЕТ, НАВИСТИНА Е СВЕТСКО ЧУДО!

Филип СимјаноскиПрактикант во Manipal Institute of Technology

Namaste.

Ова беше далеку од обична пракса. Со 3 авиони, преку пустини, мориња и океани, слетав во земја каде се беше различно освен самиот јас. Дури и возат обратно по левата страна и не користат трепкачи.

Манипал е местото каде 2 месеци на еден од најдобрите приватни универзитети во Индија се надградив и учев, заедно со мојата професорка-ментор со која првата недела дознав за сите необични гестикулации на индијците. Лабораторијата беше супер, особено фактот дека мора да влезеш бос ! Различна култура и менталитет во секој смисол. НЕМА КОМАРЦИ СО ГОЛЕМИНА НА ГУЛАБ! Приказните за маларии и епидемии се работи кои во Индија биле почести многу одамна, ама до кај нас информациите бавно патуваат .Летно време таму е сезона на монсуните, па набрзо се откажав од носењето чадор, која во Индија е алатка која ја купуваш почесто од мастики.

Таму ме дружеа над 100 практиканти на истиот универзитет ,авантуристи, убави, амбициозни и прекрасни луѓе од целиот свет (буквално целиот). Некои од тие пријателствата се и ќе бидат плод на skype разговори и средби низ целиот свет. Времето на праксата помина за миг, со фантастичен спортски центар и базен за опуштање после работа, како и забавите кои секој ден ни ги организираа младите и

Page 41: Годишен извештај 2014

41

СТАТИСТИКА ПРАТЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ

СТУДЕНТ Земја Компанија/Институција Избран период

Велина Русјакова Белгија Vrije Universiteit Brussels 01.07.-31.08.2014

Ведрана Тозија Белгија VUB, research group SURF 01.07.-31.08.2014

Ирена Дуковска Швајцарија St. Gallisch-Appenzellische Kraftwerke AG 30.06.-19.09.2014

Филип Ристевски Германија Prof. Dr. H.-D. Engelmann HS Emden-Leer / FB T

15.05.-14.07.2014

Александар Тотевски Германија TU Clausthal Institut für Elektrische Energi-etechnik

01.09.-31.10.2014

Јулијана Василевска Германија TU Ilmena /Rechnernetze 01.08.-30.09.2014

Елена Неделковска Германија TTI GmbH - TGU Smartmote 30.07.-19.09.2014

Филип Стојановски Хрватска Faculty of Mechanical Engineering and Naval Archit

04.06.-15.07.2014

Мирза Мазникар Хрватска INFOSOL d.o.o. 01.09.-10.02.2015

Љубица Трајковска Хрватска Faculty of Natural Sciences 05.05.-16.06.2014

Стевица Божиноски Индија Manipal Institute of Technology 01.08.-30.09.2014

Филип Симјаноски Индија Manipal Institute of Technology 05.07.-29.08.2014

Тодорка Петровска Индија AB Initio Architects & Planners 09.11.-27.04.2015

Марија Пападимитриу Норвешка University of Oslo 01.08.-30.09.2014

Харун Бајрам Норвешка Gintel 15.09.-18.12.2015

Елизабета Анчевска Австралија Monash University 09.09.-15.02.2015

Тамара Димеска Полска MSM Studio 01.07.-24.09.2014

Надежда Аврамовска Полска Playsoft Sp. z o.o. 01.07.-20.09.2014

Ирена Љубиќ Полска Pearson IOKI Sp. z o.o. 01.08.-30.09.2014

Елена Ѓоргиевска Полска INFOX Henryk Kopiec Sp. Z O.O. 01.07.-20.08.2014

Софија Петрушевска Полска ITEO Sp z.o.o. 04.08.-15.09.2014

Ивана Ивчевска Полска Medical University of Lodz 26.05.-07.07.2014

Вања Станомир Србија ZAVOD ZA URBANIZAM 14.07.-22.08.2014

Весна Ристевска Словачка Technical University of Kosice 14.07.-25.08.2014

Мазес Мемед Tурција OZSAR Kebap Lokanta Gida Urun 11.06.-11.08.2014

Ана Неделкова Tурција Yaz Bilgi Sistemleri ve Tic. 01.06.-20.07.2014

Ивана Божинова Tурција Abidos Bilisim Teknolojileri A.S. 01.07.-01.09.2014

Христијан Ристевски Tурција Halkali Kagit Karton San. Tic. A.S. 07.07.-31.08.2014

Тијана Коцевска Tурција Candeniz Elektronik Sanayi ve Ticaret LTD. 01.06.-01.08.2014

Ангела Ѓурчевска Tурција Mars - Architects 01.07.-25.08.2014

Стефан Крстевски Tурција Tepe Betopan Yapi Malz. San. ve Tic. A.S 15.06.-15.08.2014

Петра Бранковска В. Британија Queens University Belfast 30.06.-29.08.2014

Снежана Дичевска В. Британија Napier University 30.06.-24.08.2014

Давид Зафировски Полска Asseco Poland S.A 07.07.-15.08.2014

Дајана Величковска Полска Neoteric 01.07.-02.09.2014

Александар

Аврамовски

Словачка Technical University of Kosice 01.07.-01.09.2014

Дамир Емин Aвстрија lT solutions 01.07.-30.09.2014

Стефана Филипова Швајцарија ABB 01.07.-19.12.2014

Page 42: Годишен извештај 2014

42

СТАТИСТИКА ПРИМЕНИ СТУДЕНТИ И РАБОТОДАВАЧИ

Компанија/Институција Земја Номиниран студент Избран периодТетрактис Slovakia Zuzana Klepacova 01/07 - 31/08/2014Тетрактис BiH Maja Ibrahimpasic 21/07 - 29/08/2014

ИЗИИС Croatia Filip Rupĉić-Polgar 23/06 - 01/08/2014Фармахем Switzerland Dimitra Junod 07/07 - 17/08/2014

Геохидроконсалтинг Latvia Janis Aleksans 04/08 - 12/09/2014Раде Кончар ТЕП Spain Xavier Agusti Sanchez 07/09 - 02/11/2014

Природно-математички факултет Switzerland Florence Meier 16/05 - 30/06/2014Природно-математички факултет Serbia Iva Rasic 25/08 - 03/10/2014

Сискон Poland Jaroslaw S. Brzezinski 07/07 - 20/08/2014Машински Факултет Скопје Turkey Tugce Sahin 18/08 - 18/09/2014Машински Факултет Скопје Belgium Lucas Holvoet 07/10 - 31/12/2014Машински Факултет Скопје Poland Arkadiusz Czarnecki 18/08 - 18/09/2014

Ассеко Сее Lebanon Carine Atie 07/07 - 29/08/2014Ариљеметал ДОО Turkey Mesut Akarsu 04/08 - 12/09/2014

Козара Turkey Muhammed G. Ozmen 30/06 - 08/08/2014Фармацевтски Факултет BiH Nina Đurić 16/06 - 25/07/2014Фармацевтски Факултет Switzerland Leandra Knecht 01/05 - 15/06/2014Технолошко-технички

Факултет Велес Croatia Martina Domiter 20/10 - 01/12/2014Нетцетера ДООЕЛ Belarus Uladzimir Malko 30/06 - 30/08/2014

Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер China Yucheng Jiang 13/08 - 24/09/2014

Бетон Czech Republic Marek Sadecky 16/06 - 25/07/2014ГИМ Belgium Ine Dirks 01/07 - 31/08/2014

ФЕИТ Australia Nicholas Pollard 18/08 - 29/09/2014ФИНКИ Belarus Vitali Karniyenka 04/08 - 14/09/2014

ЕЛЕМ - Треска Poland Rafal Swierczynski 30/06 - 10/08/2014Шпаркасе Банка Austria Wolfgang Karl 07/07 - 18/08/2014

Македонски Шуми BiH Đorđe Dujaković 01/06 - 15/07/2014Цементарница Усје Brasil Germano C. Ferreira 13/10 - 21/11/2014

РЕК Битола Croatia Mirna Olic 07/07 - 17/08/2014РЕК Битола Poland Barbara Borycka 01/07 - 01/09/2014

Нискоградба BiH Faris Shehovich 28/06 - 09/08/2014ТФБ Croatia Andrija Galvas 10/10 - 05/12/2014

Водовод Poland Agnieszka Eltman 05/07 - 01/09/2014Микросам United Kindom Katherine Harold 01/07 - 11/08/2014

Македонски Шуми Croatia Ivan Ljubic 08/06 - 20/07/2014Универзитет Св. Апостол Павле Poland Monika Kruczkowska 01/09 - 13/10/2014Универзитет Св. Апостол Павле Germany Franziska Joeckel 15/09 - 27/10/2014Универзитет Св. Апостол Павле Turkey Resul Aybar 05/08 - 12/09/2014Универзитет Св. Апостол Павле Spain Lot Carrera Otal 01/09 - 13/10/2014Универзитет Св. Апостол Павле Turkey Ozge TAN 15/08 - 26/09/2014

Page 43: Годишен извештај 2014

СПОНЗОРСТВА

43

СЕМИНАР за тренинг и мотивација

ИАЕСТЕ ДЕН и ИАЕСТЕ РОДЕНДЕН

КАМПАЊА за обезбедување пракси

Слаткарница

“АПЧЕ”

Слаткарница

“АПЧЕ”Фотокопирница

“КЛОНИНГ”Слаткарница

“МАКО”

Млечен ресторан

“ЛА ДЕЛИШЕС”

Page 44: Годишен извештај 2014