Изборна Програма Локални Избори 2013

19

description

Изборна Програма Локални Избори 2013

Transcript of Изборна Програма Локални Избори 2013

Page 1: Изборна Програма Локални Избори 2013
Page 2: Изборна Програма Локални Избори 2013

Драги сограѓанки и сограѓани,

Локалните избори се демократска придобивка на граѓаните кои одлучуваат со својот глас за својата иднина и иднината на местото во која живеат.

Реалниот живот исполнет со секојдневието и проблемите со кои се соочува секој човек се решаваат во нивната општина.

Затоа е потребно првиот човек на општината, Градоначалникот да биде човек од народот, кој ги разбира проблемите на своите сограѓани и кој знае како да помогне.

Должноста како Градоначалник ќе ја извршувам чесно, одговорно , со голема љубов и посветеност.

Градоначалник за сите, кој ќе се раководи од потребите, барањата и проблемите, а не од лични, тесно-партиски и политички интереси.

Нема да правам никакви поделби, нити по етничка, верска или партиска определба, ниту пак според социјалната, половата или старосната припадност.

Мојата визија е Пехчево да бида убава, посакувана општина за живеење, економски развиена.

Општина на задоволни и среќни граѓани. Општина со квалитетни услуги за своите граѓани, квалитетно образование, богат културен живот, убави плоштади, улици, тротоари, зеленило, спортски игралишта, детски забавни паркови, добра социјална сигурност, чиста и здрава вода за пиење.

Page 3: Изборна Програма Локални Избори 2013

2

Поради големата невработеност и сиромаштија, наша најважна задача ќе ни биде преродба на економијата. Тоа ќе го направиме со подобрување на локалната бизнис клима, поволни локации, ослободување од комуналии, доградба на инфраструктура и проширување на постојните и изградба на нови индустриски зони.

Почитувани сограѓани, овие локални избори се клучни за опстанокот и иднината на нашата општина.

Затоа не смееме да дозволиме повторно некој да си поигра со нашата општина, нашата иднина.

Затоа со чиста совест ја барам вашата поддршка. Заедно да ја направиме нашата општина, европска општина со високи вредности и стандарди, со достоинствен живот, општина по мерка на своите граѓани со која сите ќе се гордееме.

Општина Пехчево е поважна од сé и мора да оди во вистинска насока.

Ве повикувам да излезете на гласање. Без страв од притисоци, со чиста совест и здрав разум, гласајте за нас, за сигурна, поубава иднина за Вашите деца.

Гласајќи за нас гласате за себе.

Иднината сега!

Време е!

Искрено Ваш,

Драган Тренчовски

Page 4: Изборна Програма Локални Избори 2013

3

Инфраструктура

Осветлување

Проблем

Осветлувањето како во Пехчево така и во селските населби е незадоволително, а на поедини улици и не постои. Општо познато е дека Локалната самоуправа за таа цел од граѓаните наплатува финансиски средства, а ефектот е никаков.

Решение

Уште ВО ПРВАТА ГОДИНА во сите населени места во општината ќе биде направена евиденција за потребите од дополнителни светлечки арматури. Потоа, по утврден приоритет ќе започнеме со вградување на светлечки тела. Средства за таа намена ќе се издвојуваат од општинскиот буџет, а ќе се бараат средства и од странски амбасади кои финансираат такви проекти, за кое нешто имаме позитивни искуства. Во тој контекст ќе бидат префарбани постоечките канделабри во Пехчево.

Водовод и канализација

Проблем

Покрај тоа што подолго време се финансира во водоснабдителниот систем ,,Жтачка Река,, , жителите на Пехчево и околните населби Чифлик, Умлена, Робово и Негрево не добиваат вода од тој систем. Како резултат на лошата изведба на цевководот и зафатот, несоодветниот надзор над изведбата на работите и неадекватното залагање на локалната самоуправа, проблемот со водоснабдувањето се уште не е решен за нашата општина.

Решение

До КРАЈОТ НА 2013 ГОДИНА тој проблем ќе биде надминат засекогаш, со издвојување средства од буџетот на општината, ангажирање на стручни лица од таа област и реализација од фирма за такви објекти.

Проблем

Жителите на село Црник, со вода за пиење се снабдуваат од сопствен водовод, релативно нов зафат на вода и резервоар, изградени во времето кога СДСМ беше на власт во Локалната самоуправа. Од тогаш до ден денес по тоа прашање ништо не е превземено од Локалната самоуправа. Разводната мрежа во селото е дотраена и е од азбесни цевки, има губитоци и е со несоодветни пресеци, контролни шахти и без доволно вентили.

Page 5: Изборна Програма Локални Избори 2013

4

Решение

Во втората година од мандатот на нашиот градоначалникот од редовите на Сојуз на иднинатаградоначалник, тој проблем ќе биде надминат со изградба на нова мрежа, врз база на проектна документација. Со оглед на мултиетничкиот состав на населението од тоа село, средства за реализација на тој проект ќе бидат обезбедени од донации, пред се од страни донатори.

Проблем

За време на дождови голем дел од улиците на Пехчево се претвораат во реки. Тоа се случува и кога нема големи врнежи поради немањето на атмосферска канализација. Актуелната власт за тој проблем нема превземено ништо во претходните три мандати.

Решение

Нашата идна Локална самоуправа на чело со градоначалникот од редовите на Сојуз на иднината, во првата година од својот мандат ќе изготви проект за тој проблем, а до крајот од мандатот со сопствени и републички средства тој проблем ќе биде надминат.

Проблем

Отпадните води од Пехчево во моментот се вливаат во Пехчевска река. На само три километри од Пехчево е село Чифлик, а и од Чифлик отпадните води се влеваат во истата река.Така загадената река се упатува кон с.Цмојмирово и се влева во Брегалница.

Решение

Во мандатот што ни престои, за решавање на проблемот ќе изготвиме проект, бидејќи реализацијата на проектот зависи од поголеми финансиски средства истите ќе се бараат од повеќе места и тоа: од министерствата, републичките фондови, страни донации и сопствени средства.

Конечното завршување ќе се реализира до крајот на мандатот на нашиот градоначалник.

Урбанизам

Проблем

Иако Пехчево е гратче со добро решена сообраќајна инфраструктура, кога се возиме со автомобил по поголемиот број на улици исто како да се возиме по шумски пат. Ако се земе во предвид дека актуелната Локална власт во целокупното свое владеење од цели 12 години

Page 6: Изборна Програма Локални Избори 2013

5

асфалтира 1-2 км улици, повеќе од јасно е колку внимание посветиле на тој проблем. Поголем број од учениците во Пехчево и не знаат како изгледа „асфалтерка“.

Решение

Приоритет ќе дадеме на секундарни улици и тоа:

Истра,

Буковик,

Гоце Делчев,

Ванчо Китанов,

Првомајска,

Симо Андоновски.

Наброените улици, и не само тие, ќе бидат асфалтирани до крајот на мандатот, по претходно направен приоритет.

Финансиски средства ќе бидат обезбедени од фондот за патишта, средства од Локалната самоуправа и евентуални донации.

Проблем

Патот што ги поврзува селата Робово и Умлена, направен е пред петнаесетина години од периодот кога градоначалникот беше од СДСМ. Од тогаш, па се до сега патот е неодржуван и е во многу лоша состојба.

Решение

Споменатиот пат ќе биде асфалтиран во третата година од мандатот на нашиот иден градоначалник, Драган Тренчовски од редовите на Сојуз за иднината. Средства за реализација на тој проект ќе бидат обезбедени од Републичкиот фонд за патишта.

Проблем

На оддалеченост од 10 километри од Пехчево се наоѓа Туристичкиот локалитет Равна Река, на кој локалитет егзистираат два мотели, два активни рибника и еден пасивен, шеесетина викендички и други содржини. Ако Пехчево претендира да стане атрактивен туристички крај во Македонија, а државата и странски донатори веќе издвојувале средства за уредување на водопади во тој локалитет, за уредување на зелени површини како и за патна инфраструктура, ред е тој дел да биде и електрифициран.

Page 7: Изборна Програма Локални Избори 2013

6

Решение

Идниот градоначалник од редовите на Сојуз на иднината, Драган Тренчовски максимално ќе се заложи уште во ПРВАТА ГОДИНА од својот мандат да се изготви проект за таа проблематика, а до крајот на мандатот тој проект да биде и реализиран. Средства за реализација на тој проект ќе бидат барани од Министерствата како и од ЕВН на Македонија.

Проблем

Во сите селски населби кои гравитираат кон Пехчево и се во состав на Општина Пехчево, уличната мрежа е во катастрофална состојба. Жителите од селските населби како да се граѓани од втор ред.

Решение

Во координација со жителите од селските населби и утврдените приоритети, во секоја населба, со средства од Министерството за транспорт и врски, ќе бидат во прва фаза ошлунчени по две улици во секое село, а во иднина и асфалтирани. Ошлунчувањето ќе биде завршено до крајот на мандатот.

Проблем

Јавните површини, сега запуштени и оставени сами на себе, даваат грда слика на нашето гратче. Иако за таа намена локалната власт во содејство со ЈКП прибира средства од граѓаните, површините сепак се срам за нашиот град.

Решение

Со ангажирање на лица за јавни работи за кои Републиката одвојува средства, тој проблем ќе се решава во континуитет, а ЈКП ќе се задолжи таквите и слични површини соодветно да ги одржува. Со решавање на овој проблем, ќе се започне ВЕДНАШ.

Проблем

Со изградба на плоштадот, ќе се уништи и единствениот парк во Пехчево. Градска средина која нема уредени зелени површини е непријатно живеалиште за нејзините граѓани.

Решение

Во близина на Здравствениот дом во Пехчево, во времето на првиот мандат на претходниот градоначалник, државата додели средства на општината, но од нив на лице место останаа десетина камења што тешко ќе се пронајдат низ грмушките. Постоечкиот проект за таа

Page 8: Изборна Програма Локални Избори 2013

7

намена ќе биде ревидиран и дополнет, а со средства од буџетот на општината и ангажирање на работна рака по програма за јавни работи, во третата година од мандатот на кандидатот за градоначалник Драган Тренчовски тој проект ќе биде реализиран.

Проблем

Градската депонија, моментално претставува депонија во депонија. Истата може да послужи за учебници - како не треба да се организира една депонија.

Решение

Се до изградбата на Регионална депонија таа мора да функционира. Со механизација од општинските ЈП и средства од Министерството за екологија, истата ќе ја доведеме во пристојна состојба за нејзино функционирање. Тоа ќе го направиме во првата година од нашиот мандат.

Проблем

И покрај тоа што е формирано ЈП Рвен пред се за погребални услуги, за намената за кое е формирано како и да не постои. Гробиштата во права смисла на зборот се гробишта, неуредени, со хигиена на многу ниско ниво, стихијно се формираат нови гробови, нема паркинг простор, од инфраструктура постојат само две чешми кои често и не се во функција. Со еден збор, хаос.

Решение

Во првата година од мандатот, ќе пристапиме кон изготвување на урбанистички проект, по претходно донесена проектна програма од стручна комисија. Реализацијата ќе ја изврши ЈП за кое нешто е и формирано, се разбира и со негови средства.

Проблем

Месноста ,,Елата,, заградена со самиот пат Пехчево-Делчево, последниот дел на ќуќи на ул. ,,Вељко Влахович,, и патот за мандрата или поточно некогашното глиниште во моментот е депонија, односно тотално деградиран простор.

И покрај заложбите на членовите од СДСМ во Советот на општина Пехчево, ништо позитивно не се случува на тој простор.

Page 9: Изборна Програма Локални Избори 2013

8

Решение

Со механизација од јавните претпријатија, со гориво од Bomex (фирма која ја експлоатираше глината), саден материјал од Македонски шуми и менаџирање од страна на градоначалникот, тој простор уште во ПРВАТА ГОДИНА од мандатот ќе се култивизира и пошуми.

Сообраќај

Проблем

За време на било какви активности во центарот на Пехчево, поточно во моментите кога сообраќајот за моторни возила во тој дел е забранет, населбата ”Говедарник“ е целосно отсечена.

Решение

Согласно ДУП на Пехчево, во мандатот што ни претстои ќе изготвиме проектна документација, а во текот не мандатот, ако се создадат финансиски услови тој проблем на општо задоволство на жителите на Пехчево ќе биде надминат. Конкретно се работи за поврзување на улицата Осми Март и улицата Борис Кидрич, заедно со изградба на мост на реката Писа.

Проблем

Една од малкуте непробиени улици во Пехчево е улицата што води до куќата на Јовевски Јордан, која е изградена согласно ДУП на Пехчево и со платени комуналии. И покрај честите барања од страна на фамилијата, за пробивање на улицата, актуалната власт како да нема слух за тој проблем.

Решение

Уште во првата година од нашиот мандат ќе биде изготвена техничка документација, ќе бидат решени имотно правните односи, а во втората година истата ќе биде и реализирана. Средства за таа намена ќе бидат издвоени од општинскиот буџет.

Проблем

Просторот пред стадионот и гробиштата во моментот е локација за депонирање на шут, а во еден дел на трупци, дрва, песок и слично.

Page 10: Изборна Програма Локални Избори 2013

9

Локалната власт за тој проблем е незаинтересирана, како тој простор да се наоѓа некаде далеку од Пехчево, а не само на триста метри од центарот.

Решение

Согласно постоечки урбанистички проект, во текот на 2014 година ќе превземеме градежен зафат за реализација, со што пред се ќе се добие паркинг простор за гробиштата и стадионот. Во еден дел ќе се организира мини парк со соодветна урбана опрема.

Пазари

Проблем

Градското пазариште изградено во времето на СДСМ на времена локација, се уште е во функција, но во него не се финансира ниту денар, па условите за негово функционирање, поточно за продавачите и купувачите, се незадоволителни.

Решение

Уште во Првата година Градоначалникот Драган Тренчовски, од редовите на Коалицијата „Сојуз за иднината“ ќе издаде наредба до ЈКП, да во рок од една година бидат обновени старите и набавени нови тезги, вкупно педесет, колку што дозволува просторот.

Паралелно со таа активност службите при локалната самоуправа уште во Првата година од мандатот ќе започнат постапка за изготвување на елаборати и решавање на имотно-правните односи за локацијата предвидена за пазар согласно ДУП на Пехчево. Во идниот мандат ќе се започне и со реализација.

Речно корито

Проблем

Нерегулираниот дел на речното корито на Реката Писа се почесто наликува на депонија и извор на заразни болести. Тој проблем како де не е обврска на Локалната власт.

Решение

Со оглед на тоа дека се работи за капитален објект во однос на финансиските можности на Општина Пехчево, за решавање на тој проблем ќе бидат обезбедени средства од повеќе извори и тоа: Републички фонд за води, и по пат на донации. Првата Фаза од проектот ќе биде завршена до крајот на мандатот.

Page 11: Изборна Програма Локални Избори 2013

10

Проблем

Речното корито во с.Црник, почесто наликува на депонија и на излеана река отколку на речно корито. Честопати несреденото речно корито оневозможува премин на жителите кои живеат од другата страна на реката. Локалната власт на тоа поле одвои минимални средства со кои е направен несоодветен мост.

Решение

Со реализација на Главниот Проект, подготвен од страна на поранешниот Градоначалник од редовите на СДСМ, проблемот ќе биде надминат до крајот на мандатот, а сретства за истиот ќе се обезбедат од Локалната Самоуправа, Републичкиот Фонд за води и странски донатори.

Page 12: Изборна Програма Локални Избори 2013

11

Инвестиции и економски развоj

Капитални инвестиции

Проблем

Пристапните селски патишта, со мал исклучок се во очајна состојба. Актуелната власт освен тоа што ветува друго речиси и не прави.

Решение

Со оглед на тоа дека се работи за капитална инвестиција, тој проблем ќе се решава континуирано, по претходно утврден приоритет. Сретства за таа намена ќе се бараат од Републичкиот фонд за патишта.

Проблем

Актуелната власт иако во неколку наврати ветува дека ќе го изгради плоштадот во Пехчево, од тоа се уште ништо.

Решение

Уште во првите шест месеци од својот мандат, градоначалникот од Коалицијата „Сојуз за иднината„ Драган Тренчовски, ќе распише конкурс за изработка на Проект за централното градско подрачје, по претходно изготвена проектна програма. Со Републички средства, средства од Шведска (веќе ветени), и со учество на Општината, во мандатот што претстои, проектот, во голема мерка, ќе биде реализиран.

Проблем

Пред триесетина години во Пехчево функционираше Градски базен. Во моментот тој наликува на депонија, а воопшто не е третиран од Локалната власт.

Решение

Во комплексот на спортските терени: градски стадион, тениско игралиште, спортска сала и

школско игралиште, поточно пред влезот на стадионот, уште во Првата година од нашиот

мандат ќе биде изготвен Проект врз база на веќе постоечки Урбанистички проект. До крајот

на мандатот проектот ќе биде реализиран по пат на јавно приватно партнерство.

Page 13: Изборна Програма Локални Избори 2013

12

Економски развој

Проблем

Една од постоечките индустриски зони е месноста ,,Чуката,, на која постоечките објекти не се градени по урбанистички план.

За истите секој инвеститор во голема мера сам си ја градел инфраструктурата, со мали исклучоци.

Решение

Во текот на мандатот на тој дел од градот ќе се ангажираме да изградиме дел од инфраструктурата, пред се улична мрежа, барем до фаза на тампонирање.

Средства ќе бидат обезбедени од легализација на дивоградбите.

Во Втора фаза ќе бидат изградени: водовод, канализација и електрификација.

Проблем

Голем дел од работоспособното население во континуитет се исселува од Општината поради неможноста за вработување, односно отежната егзистенција.

На тоа поле Локалната власт веќе 12 години не превзема ништо, како да не се работи за млади лица од нашата Општина.

Решение

Уште во првата година од мандатот, во Програмата за уредување на градежно земјиште ќе бидат стимулирани потенцијалните инвеститори на инфраструктурни објекти, и тоа: секој кој ќе изгради индустриски капацитет и вработи над пет лица, ќе биде ослободен од плаќање на комуналии за објектот и дополнително ќе биде стимулиран.

Page 14: Изборна Програма Локални Избори 2013

13

Подобри услуги за

граѓаните

Администрација

Проблем

Граѓаните на општина Пехчево се крајно незадоволни од работењето на општинската администрација која е многубројна, партизирана и неефикасна.

Граѓаните на општина Пехчево заслужуваат ефикасна општинска администрација која ќе биде механизам за реализација на зацртаните проекти и носител на сите работни задачи сврзани со остварување на функциите на локалната самоуправа.

Решение

Ќе се надминат појавите на неефикасност и лош квалитет во работата.

Ќе се дефинираат стандардите и процедурите за работа и ќе се бара поголема одговорност во навременото и квалитетно извршување на обврските и давањето услуги на граѓаните и другите субјекти во постапките пред органите на единиците на локалната самоуправа.

Ќе се раководи со администрацијата со почитување на стручните квалитети на вработените, без проценка на политичките определби на поединецот.

Неопходните вработувања ќе се вршат само на начин пропишан со закон со примена на критериуми за селектирање на потребниот кадар со приоритет на потребните стручни квалитети.

Задолжителни континуирани обуки на вработените во општина Пехчево за строго почитување на работното време, љубезен однос со странките и слободен пристап до информации од јавен карактер.

На секое барање на граѓанин упатено до идниот градоначалник од Коалицијата „Сојуз за иднината„ како и до Советот на општина Пехчево ќе му биде одговорено во рок од најмногу 15 дена.

За издавање на уверение и потврда од општинската администрација, граѓаните нема да чекаат подолго од 7 дена.

Page 15: Изборна Програма Локални Избори 2013

14

Квалитетен живот

Образование

Проблем

Повеќе од пет години во ООУ ,,Ванчо Китанов,, Пехчево, учениците од 6-18 години, наставата ја посетуваат во иста зграда, истовремено. Локалната власт по тоа прашање веќе долг период не превзема ништо, со што допринесува за голема загриженост кај родителите и кај наставниците.

Решение

Во првите сто дена од мандатот на градоначалникот и советот на општина Пехчево од од 6-18 годишна возраст, ке ќезапочне изградба на нови 8 училници во старото школо со што би се надминал проблемот.

Спорт

Проблем

Сите спортски објекти во Пехчево се во лоша состојба, па дури и новата спортска сала. Стадионот и школското игралиште се тотално запуштени и оставени на забот на времето.

Решение

Со средства од Агенцијата за спорт и млади наведените објекти ќе бидат обновени, корегирани, довршени, по претходно изготвени програми и проекти по нарачка на општината и по претходно утврден приоритет, проблемот ќе се решава во континуитет.

Проблем

Во Пехчево постои едно детско игралиште, изградено одамна од страна на СДСМ, а и тоа не се одржува и дел од реквизитите не се во функција.

Решение

Согласно ДУП на Пехчево ќе се заложиме да биде обновено постоечкото и да се изградат уште три и тоа: едно во Населбата Борис Ќосев, едно во состав на толку многу споменуваниот парк „Езерце„, за кој ќе изнајдеме можности да го реализираме, и едно во

Page 16: Изборна Програма Локални Избори 2013

15

состав на паркот до Здравствениот дом. Средства за таа намена ќе се бараат од странски донатори и Амбасади. До крајот на мандатот истите ќе бидат реализирани.

Проблем

Во вториот мандат од работата на локална власт, згасна Фудбалсиот Клуб ,,Напредок,,- Пехчево, како и женскиот ракометен клуб РК „Пехчево„ единствената надеж за младите, но и за повозрасните, за кои секој нивни натпревар преставуваше празник за очи. И покрај напорите на членовите во Советот на општина Пехчево од редовите на СДСМ, за издвојување на средства во Буџетот на општина Пехчево за таа намена, не наидовме на разбирање и дрско бевме одбиени.

Решение

Во првите сто дена од мандатот на нашиот Градоначалник од Коалицијата „Сојуз за иднината„ и Советот на општина Пехчево, ќе вложиме максимален напор за реактивирање на ФК ,,Напредок,, и РК ,,Пехчево,, кои ќе бидат финансирани од Буџетот на општина Пехчево, а во понатамошен период ќе ги трансформираме во акционерски друштва со мнозински пакет на општината од 51%. Преостанатиот процент се планира да бидат фирми кои ќе финансираат во клубовите.

Култура

Проблем

Актуелната власт е веќе 12 години на чело на Општина Пехчево, а во поглед на афирмација и нега на културното наследство не превзема ништо.

Решение

Во текот на мандатот од нашиот Градоначалник Драган Тренчовски и Советот на општината од Коалицијата „Сојуз за иднината„ целосно ќе се посветиме на зачувување, реклама и афирмација на културното наследство на општина Пехчево. Ќе се залагаме за:

- Отварање на археолошко, историски и етнолошки музеј на град Пехчево.

- Напор за откривање на епископското седиште Малеш, како и локациите Равен.

- Ќе продолжиме со афирмација и нега на празникот на градот ,,Павловден,, пропратен со голем број на манифестации.

Средства ќе бидат обезбедени од Министерство за Култура, донации и од Буџетот на општина Пехчево.

Page 17: Изборна Програма Локални Избори 2013

16

Моето маало Во состав на општина Пехчево влегуваат шест населени места и тоа: с.Чифлик, с.Умлена, с.Робово, с.Негрево, с.Панчарево и с.Црник.

За сите населени места повеќе од неопходна е изградба на пречистителна станица за отпадни води.

Исто така повеќе од неопходно за сите населени места е реконструкција на Културните Домови.

Чифлик :

Опесочување и асфалтирање на улицата до задружниот дом, која е паралелна на главната

улица која минува низ селото.

Изградба на канализациона мрежа, со што ќе се избегне фекалните води да одат во каналот

кој се протега од мишевското маало, покрај училипното игралиште, кое претставува жариште

на зараза за најмладите во селото.

Поправка на пристапните патишта околу селото.

Умлена :

Асфалтирање на улицата која што води до гробиштата.

Асфалтирање на улицата што започнува од Домот на Културата и води лево према реката.

Реконструкција на фекалната канализација.

Поставување на заштитни огради на мостовите и реконструкција на мостот на влезот од селото.

Поставување на контејнери.

Поставување на дрворед за заштита од еродирање на речното корито.

Робово :

Реконструкција на улицата од куќата на Мачевци до школото.

Page 18: Изборна Програма Локални Избори 2013

17

Реконструкција на улицата од куќата на калушинци до куќата на Пандурци.

Асфалтирање на спортско игралиште.

Чистење на речното корито.

Поправка на пристапните патишта окулу селото.

Осфетлување во центарот на Робово.

Негрево :

Изградба на улицата од плоштадот до куќата на Рендевци.

Осветлување

Панчарево

Реконструкција на патот од чекалната до мостот Лаго.

Тампонирање на улицата којашто води од школото до мостот на Врановското маало.

Целосно осветлување на селото.

Активирање на лекар во селото.

Црник

Реконструкција на улицата која води до црквата, поминува преку местото викано Штабот и завршува кај Митковската чешма.

Доизградба на школското игралиште со соодветно осветлување.

Активирање на лекар во селото.

Активирање на заболекар во селото.

Активирање на матична служба во селото.

Дислокација на дивата депонија од месноста викана ,,Суидол,,.

Целосно осветлување на селото.

Асфалтирање и дооформување на училишното игралиште.

Page 19: Изборна Програма Локални Избори 2013