ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

18
Почитувани сограѓани, Демир Капија е една од најубавите природни средини за живеење во државата. За жал, живееме во време кога жителите на Демир Капија секојдневно се борат со беспарицата, невработеноста и сиромаштијата. Дојде време нашата Демир Капија да го врати стариот сјај, време е нашата општина повторно да стане достојно место за пристојно живеење. Место кое повеќе нема да го напуштаат младите луѓе, место со кое секој жител ќе се гордее. Коалицијата „Сојуз за иднината„ ви нуди програма со конструктивни решенија за сите локални проблеми. Програма која е составена од идејни проекти за решавање на многубројните проблеми со кои граѓаните секојдневно се соочуваат. Програмата која е пред вас претставува спој на креативни идеји со чија реализација Демир Капија ќе стане подобро место за живеење. Нашата програма нуди перспективни предлог решенија насочени кон економски развој на општината и истата се стреми кон посветла иднина за сите жители на општината. Сега е време да се направи вистинскиот избор. Пред вас е моментот на одлука, моментот на паметен избор. Дојде време да се избира помеѓу лаги, празни и неисполнети ветувања, наспроти чесност, искреност и посветеност. Дојде време за промени. Убеден сум дека граѓаните на Демир Капија ќе умеат да ја препознаат вистинската опција за подобра и посветла иднина на својот град.

description

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

Transcript of ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

Page 1: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

Почитувани сограѓани,

Демир Капија е една од најубавите природни средини за живеење во државата.

За жал, живееме во време кога жителите на Демир Капија секојдневно се борат со беспарицата, невработеноста и сиромаштијата.

Дојде време нашата Демир Капија да го врати стариот сјај, време е нашата општина повторно да стане достојно место за пристојно живеење. Место кое повеќе нема да го напуштаат младите луѓе, место со кое секој жител ќе се гордее.

Коалицијата „Сојуз за иднината„ ви нуди програма со конструктивни решенија за сите локални проблеми. Програма која е составена од идејни проекти за решавање на многубројните проблеми со кои граѓаните секојдневно се соочуваат. Програмата која е пред вас претставува спој на креативни идеји со чија реализација Демир Капија ќе стане подобро место за живеење. Нашата програма нуди перспективни предлог решенија насочени кон економски развој на општината и истата се стреми кон посветла иднина за сите жители на општината.

Сега е време да се направи вистинскиот избор.

Пред вас е моментот на одлука, моментот на паметен избор. Дојде време да се избира помеѓу лаги, празни и неисполнети ветувања, наспроти чесност, искреност и посветеност. Дојде време за промени.

Убеден сум дека граѓаните на Демир Капија ќе умеат да ја препознаат вистинската опција за подобра и посветла иднина на својот град.

Page 2: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

2

Во свое лично име и во името на мојот тим кој одговорно и посветено работеше на изработката на оваа програма би сакал да ве потсетам дека Вашиот глас одлучува за иднината на нашата општина. На 24-ти март Вашиот избор нека биде избор за подобро утре, избор за подобрата опција, избор за Сојузот на Иднината. Дајте го својот глас за вистинската опција и заеднички да ја направиме Демир Капија наша гордост.

Со почит,

Зоран Мишев

Page 3: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

3

Инфраструктура

Гасификација на општина Демир Капија

Гасификацијата е еколошки чист и економски најефтин и најисплатлив енергенс. Покрај растеретувањето на семејниот буџет, го поттикнува и локалниот економски развој, ги привлекува домашните и странските инвеститори, а со тоа овозможува и нови вработувања. Овој проект опфаќа:

Изработка на потребната документација

Изградба на гасификациона мрежа

Изградба на мерна станица

Искористување на обновливи извори на енергија

Општина Демир Капија располага со природни ресурси (сонце, ветар, вода итн), како потенцијал за искористување на обновливите извори на енергија. За жал досега не е покрената иницијатива за искористување на овие природни ресурси. Како е ова голем тренд во светот, вистински предизнвик за нас ќе биде да се вложат максимални напори за искористување на Европските фондови за реализација на овој проект.

Со аплицирање и добивање на средства од овие фондови ќе се овозможи низградба на еолски централи (ветерници), хидроелектрични централи и соларни централи кои ќе ја нзголемат енергетската ефикасност.

Водоснабдување

Проблемот со квалитетно водоснабдување како императив за секоја општина е исто така и дел од нашата програма. Овде се мисли како на квалитетна вода за пиење, така и на потребна количина на вода за наводнување на земјоделските површини. Проблемот со водоснабдувањето во Општина Демир Капија би го решавале во две фази:

Page 4: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

4

ЗАМЕНА НА АЗБЕСТНИТЕ ЦЕВКИ ОД ВОДОВОДОТ ВО ДЕМИР КАПИЈА СО PVC ЦЕВКИ И ВГРАДУВАЊЕ НА ЦЕВКИ ЗА ТЕХНОЛОШКА ВОДА

ПРОЕКТ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ – ДОШНИЦА

Проектот “Водоснабдување-Дошница” е во заедничка соработка како регионален проект со идните градоначалници на Неготио, Кавадарци, Росоман и Градско. Со реализација на овој проект би се обезбедила квалитетна вода за пиење и наводнување на целиот тиквешки регион како и одлични предуслови за развој на туризам.

Осветлување

Поради лошото менаџирање со средствата наменети за уличното осветлување моментално во градот има многу неосветлени делови и нерамномерна распределба на бројот на светилки. Овој проблем може да се реши со порационално искористување на светлечките тела кое нема да предизвика дополнителни финансискии трошоци.

Овој проект опфаќа:

Поставување улични светилки на сите оние места каде што ги нема

Замена на старите волфрамови светилки со нови штедливи светилки

Замена на прегорените светилки со нови

Редовно контролирање на состојбата со уличното осветлување

Урбанизам

Изработка на урбанистички план

Урбанизирање и планирање на градежни површини

Поправка на локалните улици(видете за детаљи во делот на моето маало)

Асфалтирање на локалните улици

Изградба на инфраструктура во градот и населените места

Page 5: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

5

Инфраструктурално уредување на постојните и новите индустриски зони

Овој проект опфаќа:

Инфраструктурално уредување на постоечките индустриски зони

Планирање и изградба на инфраструктура на нови индустриски зони

Ефикасни услугу за потребите на граѓаните и стопанството

Промовирање на економските можности и капацитети во општината со цел привлекување на домашни и странски инвеститори

Подобрување на социо-економскиот развој на општината и намалување на невработеноста преку привлекување нови инвестиции во стопанството со финансиско олеснување на име на намален надомест за комуналии, договор со банки за издавање на поволни кредити,изградба на инфрастуктура во индустиските зони како и поволни цени за откуп на земјиштето .

Изградба на обиколница од петлата до мостот на реката Бошавица

Непостоењето на оваа обиколница е проблем на Општината, а со тоа и на граѓаните на Демир Капија. Сите тешки возила (вклучувајќи ги и оние на ГП Гранит, кои транспортираат материјал од каменоломот Јаворица) минуваат низ центарот на градот и со тоа вршат двојна штета, затоа што го отежнуваат сообраќајот, а исто така и го оштетуваат и постојниот пат, па и мостот на реката Бошавица, кој што не е проектиран за толкава носивост.

Наш приоритет ќе биде изградба на една ваква обиколница (во должина од 3 км) и на тој начин ќе се намали фрекфенцијата на сообраќајот низ центарот на градот.

Рекострукција на постоечки мост на реката Бошавица

Самиот мост има релативно мала носивост до максимална тежина од 10 тони и поради неговата мала ширина оневозможено е непречено движење во две насоки.

За решавање на овој проблем предвидена е реконструкција на мостот што ќе овозможи непречено движење на тешки товарни возила во два нправци.

Page 6: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

6

Решавање на сообраќајниот хаос

Во градот нема ниту еден урбанизиран паркинг простор, а истовремено постои и забрана за паркирање по главната улица со што дополнително се отежнува изнаоѓање на простор за паркирање.

Овој проект опфаќа:

Изградба на паркинг простори (во градскиот центар во непосредна близина на кружниот тек, во близина на градската пошта, во близина на градскиот пазар)

Одбележување на хоризонталната сигнализација

Поставување сообраќајни елементи за забавување на сообраќајот (легнати полицајци)

Поставување табли за означување на улиците

Изградба на автобуска станица

Паркови и зеленило

Хортикултурното уредување вон градот е делумно покриено.Овој проект предвидува дополнително уредување на зелени површини (на влезот во Демир Капија, градските гробишта, подрачјето покрај речното корито на р.Бошавица).

Подобрување на хигиената во градот

Хигиената и чистотата во градот не е на задоволително ниво. За почиста нживотна средина предвиден е бпроект кој опфаќа:

Формирање на квалитетен стручен тим

Создавање на стабилно јавно претпријатие (преку навремена наплата )

Набавка на потребната механизација

Редовно собирање на сметот и чистење на јавно прометните површини

Набавка на современо возило за собирање на ѓубре

Page 7: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

7

Набавка на отпадни контејнери со поголем капацитет

Иницијатива за изградба на регионална станица за рециклирање на отпад со општините кои граничи Демир Капија

Page 8: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

8

Инвестиции и економски развоj

Капитални инвестиции

Изградба на градски стадион и помошни спортски објекти

Веќе повеќе од 10 години години Демир Капија нема градски стадион за фудбал, а важи за град во кој што владее спортски дух (фудбал, кајак, лов, риболов итн.). Моменталната состојба на невработеност и немање на вакви објекти, дополнително ги мотивира младите да го напуштаат градот и да бараат егзистенција на други места. Тоа создава амбиент да градот остане со популација од пензионери и стари изнемоштени лица.

Неминовно е еден од наштите приоритети да биде изградба на градски стадион во близина на речното корито на р.Бошавица.реактивирање на спортскиот живот во градот, а со тоа и спречување на горенаведените негативни појави.

Изградба на автобуска станица

Општина Демир Капија никогаш немала автобуска станица. Заради тоа секогаш е слепо црево за автобусите кои што се обраќаат на потегот Гевгелија-Струмица-Дојран. Со постоењето на автобуска станица, овој проблем би се избегнал и патниците нема да бидат транспортирани само до бензинската пумпа на Макпетрол која се наоѓа на автопатот, оддалечена на 4-ри километри од градот.

Изградбата на автобуска станица на влезот од градот ќе ги реши горенаведените проблеми на граѓаните кои користат јавен транспорт.

Економски развој

Решавање на проблемите со инфраструктурата преку создавање на современа и комплетна инфраструктура и ефикасни услуги за потребите на граѓаните и стопанството

Page 9: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

9

Подобрување на социо-економскиот развој на општината и намалување на невработеноста преку создавање на поволна бизнис клима којашто ќе резултира со нови инвестиции во стопанството

Привлекување на нови инвестиции и поддршка и развој на постоечките

Подобрување на информираноста на потенцијалните инвеститори (презентирање и лобирање)

Зајакнување и промовирање на релациите на партнерства помеѓу јавниот и приватниот сектор

Поттикнување на самовработувањето

Создавање услови за формирање на мали и средни бизниси

Формирање мрежа на јавно приватно партнерство

Развивање на меѓуопштинска соработка

Промовирање на економските можности и капацитети во општината, со цел да се привлечат домашните и странските инвеститори

Залагање за државното неизградено земјиште да биде сопственост на општината

Интензивирање на процесот на легализација на дивоградбите

Изработка на проекти за инфраструктурни објекти

Page 10: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

10

Квалитетен живот

Образование

Создавање услови за квалитетот и знаењето да доминираат во образовниот процес

Воведување систем на награда на сите оние наставници кои ќе покажат квалитет и резултати во своето работење

Поддршка на наставниот кадар за обука и професионално усовршување

Поддршка на талентирани ученици за настапи на наградни конкурси

Финансиска поддршка на талентирани ученици

Набавка на нови нагледни средства-смарт табли

Изградба на нова училишна зграда во с. Прждево

Набавка на нов училишен инвентар во подрачните училишта

Набавка на термопан прозорци во подрачните училишта

Изработка на нови фасади со енергетска ефикасност

Доопремување на детските игрални во детската градинка

Воведување на парична награда за најдобрите студенти

Воведување на стипендии за најдобрите студенти

Отварање на училишна кујна

Социјална заштита

Формирање на Центар за давање помош на стари лица во домашни услови

Изградба на пристапни патеки до сите јавни институции за лицата со посебни потреби

Изградба на Дом за стари лица

Page 11: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

11

Земјоделие

Формирање и активно работење на комисија за земјоделие во која ќе членуваат и претставници од здруженијата на земјоделци

Промовирање и поддршка на земјоделците за организиран откуп и производство на квалитетни производи

Поддршка за решавање на актуелните проблеми во лозарството и винарството

Помош и поддршка на земјоделците во изработка на квалитетни проекти со кои би аплицирале и би ги користеле грантовите и поволните кредитни линии од предпристапните фондови на ЕУ

Подршка и помош во доменот на маркетингот и градење на репутација на домашните производи

Организирање едукативна трибини за едукација на лозарите за постигнување на повисок квалитет на грозјето

Обезбедување правна помош и давање правни совети за лозарите

Спорт и рекреација

Изградба и доопремување на постоечките игралишта(училишно игралиште,фудбалски стадион и училишна спортска сала)

Враќање на интересот на младите кон спортот преку организирање и финансирање на најразлични спортски натпревари

Изградба на нови спортски игралишта тениски терени во близина на реката Бошавица

Зголемување на финансиските средства за спортот

Туризам

Означување на пешачки патеки до одредени дестинации (стари напуштени села с.Клисура и с.Бесвица,спелеолошките локалитети мал и голем Змеовец,по течението на реката Бошавица и археолошкиот локалитет Просек)

Page 12: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

12

Означување на велосипедски патеки

Покренување на иницијатива за развивање на туризам за набљудување на ретки видови на птици

Покренување на иницијатива за правење на туристички карти

Иницијатива за заживување на старите занаети(израбтка на народни рачни ракотворби,ковачкиот занает,столарски занает,грнчарски занает и копаничарството)

Ревитализација на планинарското друштво

Создавање на услови за спелеолошки туризам

Младинска политика

Подобрување на информираноста на младите

Формирање Младински информативен центар

Реализирање на локалната стратегија на младите

Финансиска поддршка за иницијативите на младите во областа на информирањето

Креирање на интернет страница за полесен пристап на младите до информациите

Развивање на свеста за здравиот начин на живеење и правилен психофизички развој на младите

Едукативни програми за здравиот начин на исхрана

Спроведување превентивна здравствена младинска политика

Едукативни програми, семинари, работилници, кампањи и советодавна работа за превенцијата на болестите на зависноста, сексуално преносливите болести, менталните проблеми во развојниот период, агресивното однесување и насилството

Финансиска помош за сите талентирани ученици и студенти

Финансиска помош на ранливите и маргинализираните групи

Враќање на интересот на младите кон спортот преку организирање и финансирање најразлични спортски натпревари

Page 13: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

13

Информирање на младите за можностите за вработување и усовршување во зависност од потребите на пазарот на трудот

Работа врз намалување на бројот на младите кои доаѓаат во конфликт со законот преку превентивно делување на клучните фактори (семејството, училиштата и останатите институции со вклучување на медиумите)

Обезбедување услови за гостување на препознатливите странски уметници кои би го збогатиле духот на културното живеење во општината со организирање изложби, концерти и заживување на театарот

Организирање најразлични културни манифестации

Организирање средби со видни личности од јавниот живот со младите, со цел да споделат искуства за постигнување животни успеси и промовирање на вистинските вредности

Подигање на еколошката свест кај младите

Зголемено учество на младите при донесувањето одлуки на локално ниво

Охрабрување на младите лидери за активно учество во донесувањето одлуки

Отворање канцеларија за младите при локалната самоуправа

Културa

Враќање на културно - уметничкиот живот во општината

Заживување на ликовната уметност, кинопретставите, театарските претстави, аматерскиот театар и детскиот театар

Поддршка на фолклорот и традиционалните вредности-занаети

Поддршка на музејската дејност со акцент на промоција и искористување на археолошкото наследство

Грижа за културно-историските споменици

Преточување на манифестацијата "Св.Трифун" во културно-уметнички настан кој ќе стане препознатлив по својата уникатност во рамки на дршавата но и пошироко во регионот.

Page 14: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

14

Заштита на животната средина

Иницијатива за изградба на регионална станица за рециклирање на отпад со општините кои граничи Демир Капија

Уредување на постоечката градска депонија во согласност со постоечките стандарди

Чистење на дивите депонии

Подигање на јавната свест за постапување со отпадот

Ориентација на земјоделското производство кон еколошко здрави технологии

Следење - мониторинг на квалитетот на почвата

Едукација на производителите за заштита на животната средина

Заштита на шумите и природата

Родова рамноправност и еднакви можности меѓу жените и мажите на локално ниво

Рамноправно учество и застапеност на жената во политиката и одлучувачките структури на локално ниво

Јакнењето на улогата на жената во јавниот и политичкиот живот

Женските права како неделив и интегрален дел од човековите права

Организирање едукативни трибини со цел охрабрување на жените да се кандидираат на изборите

Укинување на сите облици на дискриминација и нееднаков третман спрема жената

Подигање на свеста и едукацијата на жената за сопственото здравје и здравјето на своето потомство

Промовирање на учеството на жената во културниот живот

Поттикнување на женското претприемништво

Образование достапно за секого, без разлика на полот и местото на живеење

Page 15: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

15

Еднакви можности за образовен и културен развој за секого

Изработка и реализација на Локалниот акциски план за заштита од семејно насилство

Превенирање на појавата на семејно насилство преку зголемена информираност на населението за препознавање на семејното насилство, за потребата од негово навремено пријавување, како и за постојните можности за заштита од овој вид насилство

Организирање едукативни трибини со цел запознавање и охрабрување на жртвите на семејно насилство за пријавување на насилството

Page 16: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

16

„МОЕТО МААЛО"

,, МОЕТО СЕЛО"

1238 Специјален Завод

Решавање на проблемот со водоснабдувањето на ул. “Партизанска”

Уредување на ул. “Наум Наумов” и асфалтирање на деловите кои не се асфалтирани

Асфалтирање на ул. “Партизанска 2”

Реконструкција на каналот за наводнување со контролирано наводнување

Изградба на тротоарите на горенаведените улици

1239 Центар

Реконструкција и асфалтирање на ул. “Питу Гули”

Реконструкција и асфалтирање на ул. “Илинденска”

Асфалтирање и средување на обиколниот пат по насипот на реката Бошавица

Уредување на дел од речното корито во атрактивна градска плажа за летниот период

Уредување и изградба на спортски (трим) патеки и шеталишта по течението на реката Бошавица

Уредување и асфалтирање на ул. “Борис Кидрич”

Асфалтирање на неасфалтиран дел од ул. “8-ми Март”

Асфалтирање на 11Октомври и предворијето на зградите во истата улица

Решавање на проблемот со фекалната канализација на ул. “11-ти Октомви”

Изградба на тротоарите на горенаведените улици

1240 Пиперана

Реконструкција и асфалтирање на неасфалтираниот дел од ул. “Радњанска”

Page 17: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

17

Реконструкција и асфалтирање на неасфалтираниот дел од ул. “Маршал Тито”

Уредување на коритото од каналот за наводнување-одводнување

Реконструкција и асфалтирање на ул. “Гоце Делчев”

Изградба на тротоарите на горенаведените улици

1241 Бистренци

Реконструкција на фекалната канализација

Асфалтирање на селските улици

Реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор

Отварање на откупен пункт за пласман на земјоделски производи

Отварање на подрачна ветеринарна станица

Иницијатива за отварање на здраствена амбуланта

1242 Корешница

Поднесување на иницијатива за реконструкција на регионален пат Демир Капија-Корешница

Изградба на систем за наводнување

Асфалтирање на селските улици

Отварање на нови откупни пунктови за пласман на земјоделски производи

Отварање на подрачна ветеринарна станица

Иницијатива за отварање на здраствена амбуланта

1246 Прждево

Изградба на фекална канализација

Изградба на нова училишна зграда

Асфалтирање на селските улици

Поднесување на иницијатива за приклучок на главната делница на автопатот E-75

Page 18: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 - ДЕМИР КАПИЈА

18

Иницијатива за отварање на здраствена амбуланта

Дрен

Асфалтирање на селските улици

Изградба на фекална канализација

Челавец

Асфалтирање на дел од селските улици

Отварање на подрачна ветеринарна станица

Изградба на водоводна мрежа

Изградба на фекална канализација

Чифлик

Асфалтирање на дел од селските улици

Изградба на фекална канализација

Реконструкција на веќе постоечки мост

Барово

Асфалтирање на дел од селските улици

Изградба на водоводна мрежа

Изградба на фекална канализација

Бесвица

Асфалтирање на дел од селските улици

Изградба на водоводна мрежа

Изградба на фекална канализација