ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

24

description

Издание - Декември 2010

Transcript of ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

Page 1: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010
Page 2: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010
Page 3: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

3www.primeko.com.mk

Содржина

ЕКОНОМСКИБИЛТЕН

Содржина на рубрики

Финансиско известување 5Спроведување на пописот за 2010 годинаБранко Костовски

Девизи и Девизно РаБотење 24FX МОНИТОРСаша Грујевски

влаДин БаРометаР 27Виртуелна абдикација на владата: Судбина на јавните претпријатијаПроф. д-р Зоран Ивановски

Финансиски менаЏмент 29 Вреднување на акцииПроф. д-р Зоран Ивановски

интеРна РевизиЈа 33Прирачник за интерна ревизијаПроф. д-р Зоран Ивановски

БеРзански инФоРмаЦии 47

економиЈа на Јавен сектоР 50Цели и функции на економијата на јавен секторм-р Надица Ивановска

Финансиски ПазаРи и институЦии 53Репо договориПроф. д-р Зоран Ивановски

тРГовско ПРаво 63Вложување на нерезидент во Република МакедонијаПроф. д-р Зоран Ивановски

Page 4: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

4 www.primeko.com.mk

Уредник

Почитувани,

Многу често колегите ми го поставуваат следното

прашање: “Дали постои сметководствена професија во Република Македонија?“. Како одговор, безмалку секогаш им ја раскажувам следната случка.

“Разговараат двајца колеги. Колегата ја прашува колешката: Колешке, што работите вие? Работам како сметководител, одговорила колешката. Колешке, за леб да трпите, сметководство да не работите, возвратил колегата.“Овој краток дијалог ја опишува суштината на состојбата со “сметководствената професија“ денес во Република Македонија. Што е уште поиндикативно, огромното мнозинство на сметководители се согласуваат со становиштето на колегата од дијалогот. Тоа покажува дека тие работат како сметководители, само затоа што немаат друг избор, инаку сосем извесно, би се занимавале со некоја друга работа.

Зошто е тоа така? Според моето мислење, следните причини се клучни за ваквата перцепција:

– не постои никаков критериум за тоа кој може да обавува сметководствена дејност;

– претходното води до драстичен пад на угледот на сметководителите во јавноста и до понудените пазарни цени за сметководствените услуги;

– како резултат, сметководителите не се во можност адекватно да го финансираат своето професионално усовршување, без кое со текот на времето нивните компетенции и конкуретност се деградираат;

– во контекст на наведеното, постои голем јаз помеѓу она што сметководителите го вложуваат (труд, едукација, огромна одговорност) и она што како надомест го добиваат за својата работа;

– притисокот на надлежните контролни органи секогаш е насочен кон сметководителите, така да тие се секогаш “дежурни криминалци“ во компаниите;

– работата на сметководителите секогаш е зависна од разни писмени “ставови“, “мислења“, “толкувања“ (кои многу често не се јавно достапни) издадени од државни органи и институции, кои иако не се овластени, сепак си дозволуваат премногу слободно да ги толкуваат законите (по правило секогаш во интерес на буџетот);

– - кога професионалниот суд на сметководителот ќе дојде во судир со “став“, “мислење“ или “толкување“ на некој државен орган, менаџментот (сопственикот) по правило го обвинува сметководителот за некомпетентност, што може да резултира со сериозни санкции по сметководителот (од две страни: казни од државата и казни од менаџментот). Значи, не постои симетрија на одговорноста помеѓу сметководителот и неодговорниот државен орган. Дури и кога е во право (докажано со судска пресуда којзнае кога подоцна), сметководителот веројатно веќе ја загубил својата работа и углед, а пак државниот службеник кој го потпишал актот, погодувате, и понатаму си е државен службеник.

Имајќи го сето наведено во предвид, ние сме целосно свесни дека вам, како на наши претплатници, Ви ја должиме целосната поддршка за разрешување на проблемите со кои сте секојдневно соочени во вашата работа.

Со почит, Бранко Костовски

ЕКОНОМСКИ БИЛТЕНсписaние на ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје

Издавачки совет:проф. д-р Зоран Ивановски (претседател)проф. д-р Мирољуб Шукаровм-р Саша ТвртковиќКрсто НесторовСашa Грујевски

Главен и одговорен уредник:м-р Бранко Костовски

Лектoр:Маја Костадиновска

Компјутерска обработка и графички дизајн:

Печати:ГЕНЕКС - Кочани

Издавач:ПРИМЕКО БИЗ ДООбул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 СкопјеТел./факс: 02/ 2465-919www.primeko.com.mk

Даночен број: МК-4032010509991Трансакциска сметка: 300-0000031599-08Банка депозитор: Комерцијална банка АД, Скопје

Списанието излегува еднаш месечно. Годишната претплата за списанието се врши на трансакциска сметка: 300-0000031599-08 ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје. Списанието се доставува по пошта. Ракописи, прилози и мислења се испраќаат на адреса: ПРИМЕКО БИЗ ДОО, бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје или по e-mail: [email protected] Ракописите не се враќаат.

Издавачки одборБранко Костовски

Главен уредник

Page 5: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

5www.primeko.com.mk

Финансиско известување

ПишуваБранко Костовски [email protected]

СПроВЕдуВаЊЕ на ПоПиСоТ За 2010 Година

1) ПОПИСОТ (ИНВЕНТАР) КАКО СМЕТКОВОДСТВЕН ИНСТРУМЕНТ

Имперфектноста на сметководствениот систем и постапка меѓу другото се огледа и во фактот што тие овозможуваат опфатност само на оние деловни настани и трансакции кои се документирани односно за кои е испоставена исправа која има карактер на сметководствен документ. Според тоа, финансиските извештаи кога би биле изготвени единствено со респектирање на сметководствената документирана евиденција би ги инкорпорирале само оние промени на средствата, обврските, капиталот, приходите и расходите кои се документирани, а не и оние кои фактички се случиле, а за кои не постои документациона основа. Од овие причини пописот во сметководството се јавува како коректив со кој се овозможува усогласување на сметководствената со фактичката состојба. Впрочем како основни задачи на пописот во рамките на системот на двојно сметководство стручната литература ги наведува:

– Составување на почетен биланс на новоосновано друштво врз основа на пописот како документациона основа и

– Утврдување на недокументираните промени на имотот на друштвото со цел изработка на годишен (краен) биланс кај друштвата кои континуирано делуваат.Од наведеното е сосем јасно дека пописот како сметководствен

инструмент е во функција на утврдување на што е можно пореални финансиски извештаи. Состојбите утврдени со пописот во сметководствената евиденција се инкорпорираат преку спроведување на предзаклучните книжења со што практично се врши усогласување на сметководствената со фактичката состојба.

Како основни причини за несогласување помеѓу сметководствената и фактичката состојба во литературата се наведуваат следните:

– Погрешни книжења во сметководството; – Постоење на недокументирани промени на средствата

(имотот) кои не се сметководствено евидентирани. Станува збор за кусоци и вишоци кои се јавуваат, а не се опфатени со приходите и расходите;

– Нереални вредности на одделни сметки поради:

Page 6: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

24 www.primeko.com.mk

ПишуваСаша Грујевски [email protected]

Девизи и девизно работење

Глобалниот девизен пазар тековно и очекувањата за 2011 годинаВо ноемврискиот број на овој билтен беа наведени нашите очекувања за претстојните монетарните збиднувања, поточно импликациите на монетизацијата на долгот во САД (QEII) врз другите економии. Беше наведено дека:

ũ зголемената ликвидност во САД ќе се прелее во БРИК и останатите азиски земји во развој;

ũ еврото најнапред ке порасне до 1,43$, а потоа ќе следи пад до 1,33 и подоцна до 1,23$ како резултат на неразрешените фискални проблеми во еврозоната;

ũ веројатно ќе следи и зголемување на референтните каматни стапки во земјите во развој, а со тоа постепено намалување на економската активност како резултат на обидот да се осуети можната инфлација.

Во неделата на почетокот на декември, најважните теми на фианнсиските пазари беа скокот на репо каматните стапки во Кина и извештајот за финансиската стабилност на Португалија. На овие теми претходеше и уште едно многу важно случување, а тоа е финансиската помош на Ирска, која наспроти првичните одбивања за задолжување преку европскиот стабилизационен фонд (што подразбира зголемување на даноците и губењето на статусот на земја со најниски даноци во евро зоната), под притисок на речиси заглавениот домашен банкарски систем, беа принудини на склучување на договор за заем од 85 мрд евра.

Приказната со Ирска ги смири финансиските пазари и посебно еврото, (првата реакција по QEII на 3ти ноември беше зголемување на вредноста на еврото од 1,40$ на 1,4270$, а потоа во сенка на ирскиот проблем, следеше пад до 1,29$ за евро) кое на 29 ноември се тргуваше за околу 1,3140$. Финансиските турбуленции во Португалија најверојатно ќе завршат со сличен аранжман како и Ирска, што ќе има дополнителен позитивен ефект врз евро-зоната. Меѓутоа, додека тоа не се случи и како реакцијата на одлуката на рејтинг агенцијата S&P за ставање

FX mониТор

Page 7: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

www.primeko.com.mk26

Девизи и девизно работење

дестабилизација во ЕУ.

3. Во претходните текстови ја напоменавме можноста за прогласување на Кина за валутен манипулатор. Меѓутоа поединечните национални економии, општо гледано, се наоѓаат во состојба на изнаоѓање решение за тековните перформанси на економските субјекти преку регулирање на вредноста на

националните валути. Ова може да доведе до нагласено негодување меѓу трговските партнери, непочитување на меѓународните правила и конечно до трговски војни. Во последната таква отворена трговска војна меѓу САД и Јапонија во средината на деведесетите, јенот ја зголеми својата вредност за 40% од 140 јени за долар на 102 јени. Овој пат на удар се очекува да бидат пред се земјите од BRIK.

REVIZIJA

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

Page 8: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

27www.primeko.com.mk

Владин барометар

Во државата не стивнува дебатата околу надворешното задолжување на РМ, за капиталните инвестиции на Владата во културата, спомениците, лавовите......

Од една страна, добро е што конечно економските теми доаѓаат на прво место, од аспект на интересот на јавноста, што навистина досега изгледаше многу чудно, дотолку повеќе што живееме во земја, која има катастрофално висока стапка на невработеност и нуди низок животен стандрад. Причините за таквиот став се познати и се должат на “напорните” теми од партиските кујни и нивни бесконечни “препукувања”, на што обично се додаваат национализмот и националните права, кои од страна на политичарите се “засладувани” со безбедносни закани и други “црни сценарија”.

Од друга страна, изгледа дека и во споменатите случаеви, политиката повторно го “одработува” своето и јавноста се наведува на погрешна насока.

Така, во јавноста недостасува една отворена полемика околу (не) успешноста на економската политика, слабите резултати на претпријатијата од јавниот сектор и можноста да одговорат на потребите на еден динамичен развој.

Во ова прилика нашиот фокус и иницијатива ќе биде на јавните претпријатија.

Имено, јавното производство на стоки и услуги е нешто од што се „срамат и бегаат” најголемиот број на економисти. Тоа постои и најверојатно ќе се зголемува, што е всушност е многу тешко да се објасни. Некоја прифатлива економска теорија за јавниот сектор сеуште и не е објавена. Сепак, мора да се признае дека постои широко распространета перцепција помеѓу луѓето дека огромниот раст на јавните претпријатија не беше проследен со еднакво импресивни резултати и перформанси на таквите претријатија. Таквата перцепција влијае многу луѓе да веруваат дека јавните претпријатија и нивните менаџери се „по дифолт” неефикасни.

Пишува проф. д-рЗоран Ивановски [email protected]

ВирТуЕЛна абдикаЦиЈа на ВЛадаТа: СудбинаТа на ЈаВниТЕ ПрЕТПриЈаТиЈа

Page 9: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

29www.primeko.com.mk

Во претходните броеви на Економскиот Билтен прикажавме два примери на вреднување на компанијата Алкалоид АД Скопје, со примена на методите на релативно вреднување

и вреднување со дисконтирани готовински текови. Од овој број започнува серијалот за вреднување на акции, со цел подлабоко да навлеземе во проблематиката на вреднувањето. Во овој број ќе биде даден пример на вреднување на акциите на истата компанија со методот на дисконтирање на дивиденди. Во наредните броеви постојано ќе вреднуваме акции на компании кои котираат на македонската берза.

ВРЕДНУВАЊЕ НА АКЦИИ

Според законот на една цена, цената на хартијата од вредност треба да биде еднаква на сегашната вредност на очекуваните готовински текови кои инвеститорот ќе ги добие заради сопственоста врз хартијата од вредност. При вреднувањето на акциите ќе ја користиме таа идеа. Така, за да вреднуваме акција, потребно е да ги знаеме очекуваните парични текови кои инвеститорот ќе ги добие и соодветниот трошок на капитал, со кои ќе ги дисконтираме тие парични текови.

Двете од овие големини се предмет на проценка. Анализа на вреднувањето ќе започне со идентификување на релевантните парични текови и развојот на алатки кои практичарите ги користат за евалуација на акциите. Анализата тргнува од разгледувањето на дивидендите и капиталните добивки кои ги примаат инвеститорите, кои ги чуваат акциите различни временски интервали, од што се развива модел на дисконтирање на дивиденди. Вреднувањето ќе продолжи со примена на методите кои се користат и во капиталното буџетирање, односно вреднување на акциите со методи на дисконтирани готовински текови, како и вреднување кое се базира на споредливи фирми (пазарно ориентирано вреднување).

ЦЕНИ НА АКЦИИ, ПРИНОСИ И ИНВЕСТИЦИОНЕН ХОРИЗОНТ

Анализа на вреднувањето на акции ја започнуваме со

Пишува проф. д-рЗоран Ивановски [email protected]

ВрЕднуВаЊЕ на акЦии

Финансиски менаџмент

Page 10: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

www.primeko.com.mk32

Финансиски менаџмент

Дата на вреднување – 25.04.2010.

Компанијата оствари раст од 16% на приходите од продажби во 2009 година. Оперативната добивка е повисока за 3%, додека нето добивката бележи раст од 11%. Компанијата бележи и намалување на нето маргината која сега изнесува 10,22%. Книговодствената вредност по акција е зголемена за 8% и сега изнесува 4407 денари, при што повратот на капиталот е зголемен на 8,91%. Со дадените претпоставки за раст на EPS се добива фер вредност на акцијата од 5.000 денари. Во споредба со неколку клучни показатели, акцијата на Алкалоид е потценета во однос на просекот од индустријата.

INTERNATIONAL SCIENCE

JOURNAL

✓ Согласно Уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовни установи и за вршење на високобразовна дејност (Сл. Весник на РМ бр. 103, од 30.07.2010 година), во членовите 15, 16, 17 со кои се регулира организирање на трет циклус на универзитетски студии, се пропишува дека менторот на докторскиот труд треба да има најмалку пет објавени рецензирани научно-истражувачки трудови во меѓународни

научни списанија, во дадено поле, во последните пет години и најмалку три учества на меѓународни собири во последните четири години. ✓ Високообразовната установа нема да дозволи одбрана на докторски труд на кандидат кој пред одбраната на докторскиот труд нема објавено два

рецензирани научно-истражувачки труда како прв автор во меѓународни научни списанија. ✓ Меѓународно научно списание во смисла на оваа уредба е списание кое има меѓународен уредувачки одбор во кој учествуваат најмалку пет земји

при што бројот на членови од една земја не може да надминува 40% од вкупниот број на членови.

Во согласност со законските одредби, формиран е ПРИМЕКО – International Science Journal, со меѓународен издавачки совет во состав: проф. д-р Зоран Ивановски, проф. д-р Тилчо Иванов (Универзитет за национално и светско стопанство – Софија, Бугарија), проф. д-р Елена

Кристина Лакатуш (Политехника, Букурешт, Романија), проф. д-р Хајнрих Бух (Бундесвер академија, Минхен, Германија), проф. д-р Масимо Бракале (Европски универзитет во Рим, Италија).

Списанието е така структурирано да има две одделни едиции на оригинални научно-истражувачки текстови и студии. ✓ Првото издание е ЕКОНОМИЈА И ПРИМЕНЕТА ТЕХНОЛОГИЈА

(ECONOMICS AND APPLIED TECHNOGY) со рок за доставување трудови до 02.01.2011,

✓ Второто издание е за МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, ПРАВО И БЕЗБЕДНОСТ (INTERNATIONAL RELATIONS, POLITICS, LAW AND SECURITY)

со рок за доставување трудови до 02.01.2011.

Списанието ќе биде издавано на англиски јазик и освен во печатена форма ќе биде достапно и електронски на сајтот на ПРИМЕКО (www.primeko.com.mk). Трошокот за објавување е 100 € + ДДВ и го плаќаат само оние кои ќе добијат известување дека трудовите им се

прифатени, износ со кој се покриваат трошоците на рецензирањето, печатењето и дистрибуцијата на списанието.

INTERNATIONAL SCIENCE

JOURNAL

✓ Согласно Уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовни установи и за вршење на високобразовна дејност (Сл. Весник на РМ бр. 103, од 30.07.2010 година), во членовите 15, 16, 17 со кои се регулира организирање на трет циклус на универзитетски студии, се пропишува дека менторот на докторскиот труд треба да има најмалку пет објавени рецензирани научно-истражувачки трудови во меѓународни

научни списанија, во дадено поле, во последните пет години и најмалку три учества на меѓународни собири во последните четири години. ✓ Високообразовната установа нема да дозволи одбрана на докторски труд на кандидат кој пред одбраната на докторскиот труд нема објавено два

рецензирани научно-истражувачки труда како прв автор во меѓународни научни списанија. ✓ Меѓународно научно списание во смисла на оваа уредба е списание кое има меѓународен уредувачки одбор во кој учествуваат најмалку пет земји

при што бројот на членови од една земја не може да надминува 40% од вкупниот број на членови.

Во согласност со законските одредби, формиран е ПРИМЕКО – International Science Journal, со меѓународен издавачки совет во состав: проф. д-р Зоран Ивановски, проф. д-р Тилчо Иванов (Универзитет за национално и светско стопанство – Софија, Бугарија), проф. д-р Елена

Кристина Лакатуш (Политехника, Букурешт, Романија), проф. д-р Хајнрих Бух (Бундесвер академија, Минхен, Германија), проф. д-р Масимо Бракале (Европски универзитет во Рим, Италија).

Списанието е така структурирано да има две одделни едиции на оригинални научно-истражувачки текстови и студии. ✓ Првото издание е ЕКОНОМИЈА И ПРИМЕНЕТА ТЕХНОЛОГИЈА

(ECONOMICS AND APPLIED TECHNOGY) со рок за доставување трудови до 02.01.2011,

✓ Второто издание е за МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, ПРАВО И БЕЗБЕДНОСТ (INTERNATIONAL RELATIONS, POLITICS, LAW AND SECURITY)

со рок за доставување трудови до 02.01.2011.

Списанието ќе биде издавано на англиски јазик и освен во печатена форма ќе биде достапно и електронски на сајтот на ПРИМЕКО (www.primeko.com.mk). Трошокот за објавување е 100 € + ДДВ и го плаќаат само оние кои ќе добијат известување дека трудовите им се

прифатени, износ со кој се покриваат трошоците на рецензирањето, печатењето и дистрибуцијата на списанието.

Page 11: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

33www.primeko.com.mk

Согласно измените на Законот за трговски друштва и новите членови од 415-а, б, в и г (Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година), потсетуваме на обврската

за организирање на служба за внатрешна ревизија, со точно детерминирани обврски и надлежности.

Имено, органот на надзор на акционерското друштво кое е голем трговец, како и на друштво чии акции котираат на берза, односно друштво кое согласно со Законот за хартии од вредност е со посебни обврски за известување, е должен да организира служба за внатрешна ревизија, како независна организациска единица во друштвото. Организациската поставеност, правата, одговорностите и односите со другите организациски единици на друштвото, како и одговорноста и условите за назначување на раководителот на службата за внатрешна ревизија ги уредува органот на надзор.

Во овој број на списанието Економски Билтен даваме скратен прирачник за Интерна ревизија.

ПРИРАЧНИК ЗА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА

Вовед

Интерната ревизија ја обавуваат интерни ревизори, кои се вработени во самото друштво (претпријатие). Предмет на интерната ревизија е примарно проверување и оценка на работењето, организираноста на деловните функции, начинот на донесување на деловни одлуки и функционирање на информацискиот систем. Заради тоа, менаџментот одлучува за организација на интерната ревизија како еден вид надзор на сметководствениот систем и системот на интерната контрола и врската со екстерната ревизија (било да е таа државна или комерцијална). Интерните ревизори ги доставуваат своите извештаи на усвојување на ниво на менаџмент.

Предметот на интерната ревизија претставува хетерогена и сложена област, на која современата теорија и пракса од областа на интерната ревизија и посветила значајно внимание. Тоа не е нималку случајно кога се почитува фактот, дека, врз основа на резултатите добиени со спроведување на интерната ревизија

Пишува проф. д-рЗоран Ивановски [email protected]

ПрираЧник За инТЕрна рЕВиЗиЈа

Интерна Ревизија

Page 12: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

www.primeko.com.mk46

ефикасноста и квалитетот на работењето на организациониот дел-предметот на ревизија;

– Кога има забелешки, каде ризикот може да се оцени како лимитиран (или локализиран);

– Доколку недостатоците не се отстранети за време на траење на ревизијата, очекуваме дека ќе бидат отстранети во разумен период.

Низок ризик

– Кога нема директна опасност за остварување на финансиска загуба за компанијата;

– Кога наодите не се сериозни, но нивното отстранување е значајно за подобрување на системот на интерна контрола, усогласеност со интерните барањата, безбедноста,

Интерна Ревизија

and executive level)

www.primeko.com.mkwww.primeko-revizija.comwww.primeko-audit.com

Page 13: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

www.primeko.com.mk 47

Берзански информации

бЕрЗанСки информаЦии

Page 14: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

48

IZDANIJAНАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА

ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети

- Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

2. Финансиски менаџмент- Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

IZDANIJAНАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА

ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети

- Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

2. Финансиски менаџмент- Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

IZDANIJAНАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА

ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети

- Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

2. Финансиски менаџмент- Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијатаРаботиме според највисоките професионални и етички стандардиПриклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги

Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.come-mail Address: promocijaPassword: primeko

www.primeko-revizija.comREVIZIJA

Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијатаРаботиме според највисоките професионални и етички стандардиПриклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги

Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.come-mail Address: promocijaPassword: primeko

www.primeko-revizija.comREVIZIJA

Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијатаРаботиме според највисоките професионални и етички стандардиПриклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги

Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.come-mail Address: promocijaPassword: primeko

www.primeko-revizija.comREVIZIJA

Page 15: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010
Page 16: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

50 www.primeko.com.mk

Списанието Економски Билтен отвара серијал на текстови посветени на Економијата на јавниот сектор и Политиката и менаџментот на јавните

претпријатија. Основната цел е имплементација на современите сознанија во економската област и нивна примена во секторот за кој одговорност носи државата. Современите економии можат да се оценат како успешни единствено како конзистентен спој на динамичен бизнис сектор и ефикасен јавен сектор.

Цели и функции на економијата на јавен сектор

Економијата на јавен сектор ги инволвира елементите на економската логика и економските методи во организацијата и функционирањето на јавниот сектор (државната администрација, јавните претпријатија, агенции, служби и др.). Како и во другите области на економиката, се испитуваат четирите основни проблеми на економиката: 5) алокативната ефикасност на ресурсите, суштествено

прашање за една национална економија, како и за глобалната економија;

6) дистрибуцијата, која секогаш е актуелна кога се анализираат импликациите на материјалните средства врз работењето на јавниот сектор. Поради фактот што сите решенија зависат од финансиите, дистрибуцијата е во тесна врска со алокативните прашања;

7) стабилноста, која е важна да се сочува и да не дојде до промена на рамнотежата помеѓу секторите во една национална економија;

8) политиката на цени, нивниот тренд како и одржувањето на рамнотежата, која може да биде пореметена од јавните расходи.

Особено интересно поле на економијата на јавниот сектор е анализата на влијанието на јавните расходи врз економскиот развој, влијанието на развојот на јавниот сектор врз развојот на националните економии и сл.

Интересот за економијата на јавниот сектор се јавува после

Пишува м-рНадица Ивановска

ЦЕЛи и функЦии на ЕкономиЈаТа на ЈаВЕн СЕкТор

Економија на јавен сектор

Page 17: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

www.primeko.com.mk52

Економија на јавен сектор

современата економска димензија во сферата на нивно делување, воведување на најдобрите практики од комерцијалниот сектор и целосно елиминирање на нивниот фетишизиран статус на заштитен привилегиран сектор. Од друга страна, намалувањето на процентуалното учество на јавниот сектор во националните економии, како резултат на особено интензивните и масивните процеси на приватизација на јавниот сектор, го генерираат предизвикот за пронаоѓање и унапредување на ефикасноста на работењето на “преостанатиот” дел на јавниот сектор. Ограниченоста на ресурсите во националната економија, особено на намалените буџети со кои се финансира јавниот сектор, ја наметнуваат потребата од изнаоѓање на соодветни системи на менаџмент со јавниот сектор и јавните претпријатија, поефикасна и порационална употреба на средствата и државниот капитал, на економиката на трошоците на јавниот сектор и намалување на ризикот од кумулирање на загуби и намалување на јавното богатство. Намалувањето на јавниот сектор, исто така, влијае на фискалниот систем, развојот, дефицитот, билансот на плаќањата и каматните стапки, а од друга страна, државата мора да оствари оптимален сооднос и

соодветна композиција помеѓу приватниот и јавниот сектор во националната економија.

да реагира на секојдневните пазарни сигнали и промени.

Постојат повеќе причини за таквиот неуспех на државата. Едната е немањето на мотив на бирократот да преземе некоја економска акција. Втората е можеби незнаењето. Сепак и самиот политички процес претставува еден вид на ограничување за успешноста на државата во економијата. Имено, оние што се избрани (некои по “клуч”, други со непотизам, трети заради “заслугите” како партиски послушници-апаратчики) и што треба да служат во јавен интерес, понекогаш се поттикнати од различни причини да служат за специјални интересни групи.

Државата треба да има изработена и усвоена стратегија за економски развој, особено во делот на функционирањето на јавниот сектор, со јасно детерминирани приоритети и инструменти за нивна реализација. Економската политика на државата треба да се базира на објективните потреби и можности на земјата, а не да биде резултат на политичката рамнотежа и констелациите на силите во земјата.

Големината и значењето на јавниот сектор ја наметнуваат потребата за интензивно инволвирање на

Генерален дистрибутер на производите на:

Procter & Gamble

KRAFT FOODS

SC Johnson

SSL

JAFFA Crvenka

Dr. Oetker

Neoplanta Novi Sad

BAMBI

ТД НЕЛТ СТ ДООЕЛУл. 32 бр. 20, 1041 Илинден, СкопјеТел. +389 (0)2 2581 900Факс. +389 (0)2 2581 999

Магацин Битола: Индустриски пат бб(Јавор репроматеријали), 7000 БитолаТел. +389 (0)47 224 622Факс. +389 (0)47 202 685

Page 18: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

53www.primeko.com.mk

Репо-пазарот е значаен сегмент на пазарите на пари, којшто овозможува поевтино и посигурно позајмување на финансиски средства од страна на банките и другите

финансиски институции во споредба со необезбеденото (неколатерализираното) тргување. Репо-трансакциите претставуваат и флексибилен инструмент за ликвидносно управување, којшто овозможува ниска изложеност кон кредитен ризик.

Со оглед на предностите на репото во однос на необезбеденото позајмување и позајмувањето со залог, репо-операцииите имаат сѐ позначајна улога и при спроведувањето на монетарните операции од страна на централните банки. Во таа смисла, НБРМ активно учествуваше во поставувањето правила за тргување и порамнување на пазарите преку шалтер и во изготвувањето генерален репо-договор, како клучни елементи за развој на репо-пазарите.

И покрај воспоставената регулаторна и инфраструктурна рамка, репо-трансакциите отсуствуваат во меѓубанкарското тргување во Р. Македонија, при што банките наведуваат неколку причини за ваквата состојба, коишто се разработени во рамки на овој текст. Дополнително, во текстот е даден осврт на основните карактеристики на репото, најновите трендови на репо-пазарите во развиените економии и на крајот, е обработен практичен пример за склучување и сметководствено евидентирање репо-трансакции.

2. Теоретски аспекти на репо-трансакциите

Репото претставува договор за моментна (промптна) продажба на хартии од вредност со обврска за нивно повторно купување, или пак договор за моментно (промптно) купување хартии од вредност со обврска за нивна повторна продажба на некој иден датум по однапред договорена цена.

Значи станува збор за две трансакции во пакет. Кај првата трансакција едната договорна страна продава хартии од вредност по утврдена цена на другата договорна страна за што добива одреден износ на парични средства на кои плаќа договорена репо-камата. По истекот на договорениот рок, се извршува втората

Пишува проф. д-р Зоран Ивановски[email protected]

рЕПо доГоВори

Финансиски пазари и институции

Page 19: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

www.primeko.com.mk 61

или обврски, т.е. доаѓа само до трансформација на средствата од паричен облик во заеми по репо-договори.

Финансиската состојба на договорната страна-купувач може да се илустрира на следниов начин:

Пред склучување на репо-трансакцијата

По склучување на репо-трансакцијата

Наслов

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

USLUGI

Page 20: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијатаРаботиме според највисоките професионални и етички стандардиПриклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги

Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.come-mail Address: promocijaPassword: primeko

www.primeko-revizija.comREVIZIJA

Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијатаРаботиме според највисоките професионални и етички стандардиПриклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги

Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.come-mail Address: promocijaPassword: primeko

www.primeko-revizija.comREVIZIJA

Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијатаРаботиме според највисоките професионални и етички стандардиПриклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги

Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.come-mail Address: promocijaPassword: primeko

www.primeko-revizija.comREVIZIJA

Заедно со Васwww.tehno-cist.com.mk

e-mail: [email protected]

Бизнис Центар АДИНГУл. Кузман Шапкарев Бр. 5, Тел./Факс.: +389 9 203 1424

Тел./Факс.: ++389 2 203 5170, 203 5149 e-mail: [email protected] | www.bc-a.com.mk

Page 21: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

63www.primeko.com.mk

Речиси да нема ден кога состојбата во економијата не се оценува и поврзува со движењето на странските директни инвестиции. Нема сомнение дека станува збор

за исклучително важен аспект на макро и микроекономската економска политика, особено (како што е случајот со Република Македонија) кога земјата располага со недоволно ниво на домашна акумулација за финансирање на инвестициони проекти. Без инвестиции нема развој, без развој нема бизнис и нови работни места. Така започнува всушност и да се одмотува зачараниот круг на сиромаштијата и високата стапка на вработеност.

Странските директни инвестиции претставуваат форма на меѓународно движење на капитал, преку кое се рефлектира целта за остварување на долгорочен интерес помеѓу директниот инвеститор (резидент од една економија) и директно инвестираното претпријатие (резидент на друга економија). Странските директни инвестиции, покрај иницијалната трансакција на вложување, во себе ги инкорпорираат и сите последователни инвестирања помеѓу нив и нивните афилијации. Долгорочниот интерес може да биде присуство на странскиот инвеститор во форма на стратешки или финансиски инвеститор, од што зависи и управувањето со друштвото во кое го вложил капиталот.

Целта на анализата е да се појасни целокупниот процес на вложување на странскиот инвеститор во ново или постоечко друштво.

Кој може да основа друштво?Друштво може да основаат домашни и странски физички или правни лица. Учеството на странско лице во новоосновано и во постојано друштво не е ограничено, освен ако со закон не е определено. Имотот создаден со вложување во трговското друштво се изразува со пари и ја представува основната главнина на друштвото.

Услови под кои странско лице може да биде основач на друштвото, акционер односно содружникСогласно член 30 од Законот за трговски друштва, содружник,

Пишува проф. д-р Зоран Ивановски[email protected]

ВЛожуВаЊЕ на нЕрЕЗидЕнТ Во рЕПубЛика макЕдониЈа

Трговско право

Page 22: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

66 www.primeko.com.mk

and executive level)

www.primeko.com.mkwww.primeko-revizija.comwww.primeko-audit.com

Page 23: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010

Ресторан НационалАлександрија А - ДООЕЛ Скопје

Ул. Никола Русински 3А 1/11000 Скопје

Р. МакедонијаТел: ++389 2 3214 200

++389 2 3214 400 ++ 389 2 3214 500

Факс: ++389 2 02 3214 200e-mail: [email protected]

NationalNational restaurant

O�ers you all kinds of specialities of the national food

ТОП-ТУРС д.о.о.е.л. - СкопјеТранспортна фирма која врши превоз на стоки во меѓународниот друмски сообраќај веќе 15 години.КонтактАдреса: Ул „Скоевска” Бр. 10а1000 Скопје

Тел/Факс: 02/2461205Блаже: 070 221 478Виктор: 070 270 098e-mail: [email protected]

RESTORANGURMET

Ресторан ГУРМЕТРаде Кончар бр.3

1000 СкопјеРаботно време:

09:00 - 24:00/ 09:00 - 01:00e-mail: [email protected]

www.gurmet.restorani.com.mkТел: +389 2 3211 484

АЛКОПЛАСТ 03Ул. Киро Фетак бр. 20,

Населба Драчево 1000 СкопјеТел: 02/2796 934, Факс: 02/2796 934,

Моб: 075/423 873, 075/423 874e-mail: [email protected] web: www.alkoplast03.com.mk

Alkoplast 03

Page 24: ПРИМЕКО Економски Билтен - Декември 2010