Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

39
Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91 -та годишнина од своето постоење БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 124 www.mchamber.mk 21.02.2013 ISO 9001 Quality Management bsi. FS 549642 КРИЗАТА ЈА СКРОТУВААТ ХРАБРИ МЕНАЏЕРИ КОИ ИНВЕСТИРААТ ВО СКУДНИ ВРЕМИЊА

description

Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

Transcript of Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

Page 1: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина

од своето постоење

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 124 www.mchamber.mk 21.02.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

КРИЗАТА ЈА СКРОТУВААТ ХРАБРИ МЕНАЏЕРИ КОИ ИНВЕСТИРААТ

ВО СКУДНИ ВРЕМИЊА

Page 2: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

INDUSTRIES

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

Page 3: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

ПОДВЛЕЧЕНО

Кризата на реалниот сектор веќе е прелеана во банкарскиот сектор, што се гледа преку зголемените нефункционални кредити, кои всушност зборуваат за неизмирување на обврските од страна на кредитокорисниците. Разликата меѓу банкарскиот систем и реалниот сектор е во регулираноста.

Кога кај банките ке се почувствува влијанието на кризата без оглед колку привлечно изгледа растот, банките започнуваат со забавена динамика да ги извршуваат поризичните активности, како на пример кредитирањето. Тоа се должи не само на обврската на банките да ги штитат депозитите на своите депоненти, туку и на регулативата пропишана од страна на НБРМ за управување со ризиците.

(Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка)

Пред околу две години објавивме бројка од околу 30.000 компании кои согласно со прописите исполнуваат услови за да се почне постапка за бришење. Законот е јасен и предвидува дека компаниите кои три години едноподруго не поднесувале годишна сметка треба да се избришат.

За нив УЈП треба да направи контрола дали имале некоја трансакција или не, да се утврди дали навистина не биле активни и доколку се потврди, се известува Центгралниот регистер (ЦР) кој ќе објави на веб-страницата и ќе ги повика доверителите во рок од 30 дена да достават известување дали ќе поведат некоја од законски дозволените постапки за затворање на друштвото, стечај или ликвидација. Доколку не добиеме известување дека ќе се поведе постапка, било од доверител или од директор или сопственик на друштвото, или ликвидација од страна на управител или сопственик на друштвото, ние ќе преминеме кон автоматско бришење на тие друштва. Тие во рок од една година ќе бидат задолжени да спроведат распределба на имотот кој ќе се најде во друштвото, односно доколку не го сторат тоа, паричните средства, ако ги има на сметката, ќе бидат префрлени во Буџетот на РМ, а имотот, исто така, ќе биде во сопственост на РМ. Доколку, пак, во тие 30 дена известат дека ќе поведат постапка, следува рок од 60 дена во кој ќе треба да примиме или пријава за почнување постапка за ликвидација или ќе чекаме решение од судот за почнување стечајна постапка. До крајот на овој месец треба да почнеме со друштвата, некаде околу 5.500, кои во времето кога требало да ги потврдат податоците, кога ги презедовме од судовите, не го сторија тоа, а наедно не поднесувале и годишни сметки. Нив, исто така, ги проверува УЈП, во тек е процедурата и до крајот на месецот очекуваме да ги објавиме на веб-страницата.

(Ванчо Костадиновски, директор на Централен регистер)

За неколку години „Дрисла“ ќе стане модерна депонија, која ќе рециклира 70 отсто од влезниот отпад и ќе произведува струја и топлина. Изградбата на капацитетите, вредни 73 милиони евра, ќе почне годинава. Инвеститор е италијанскиот конзорциум „ФЦЛ амбиенте“, кој неодамна потпиша договор со Град Скопје, според

кој ќе управува со депонијата во наредните 35 години и ќе воведе нови технологии, согласно екостандардите на ЕУ. Овој проект ќе биде од големо значење за Скопје и за скопјани, бидејќи градот конечно ќе добие современ начин на депонирање на отпадот. Финансиски ќе биде исплатливо и за Градот, бидејќи тој ќе има 20 отсто удел во проектот, односно толку ќе добива од вкупниот профит. „Дрисла“, Градот Скопје и „Kомунална хигиена“ планираат кампања за примарна селекција на отпадот, за што нашето претпријатие веќе обезбеди пари. Се

надеваме дека ќе успееме да ја разбудиме свеста кај граѓаните дека е неопходно да се двои отпадот во посебни контејнери. Со договорот за трансформирање на претпријатието, цената за третман на комуналниот отпад во наредните пет години е загарантирана, така што цената што ќе ја плаќаат граѓаните нема да се зголеми во овој период. Понатаму, како и досега, за цената ќе одлучува Советот на Град Скопје.

(Горан Ангелов, генерален директор на „Дрисла“)

Регулирана е цената на осигурувањето од автоодговорност и зелениот картон, но согласно со директиви на ЕУ, со кои сме во голем степен усогласени, моторното осигурување ние како идна членка ќе треба да го либерализираме, односно друштвата за осигурување треба слободно да ја формираат цената. Наместо

регулираниот режим, треба да преминеме кон слободно формирање на цената на автоодговорност. Ние на некој начин и сега работиме околу подготвителни активности, бидејќи како регулатор треба да бидеме подготвени за да не дојде до некој хаос на пазарот цените да се спуштат на толку ниско ниво па да дојде до нарушување на пазарот на автоодговорност и ликвидносни проблеми за друштвата, па да дојде и до банкротство. Значи не смееме да дозволиме цените да одат до недоглед надолу и ние користиме техничка помош од Светска банка преку која нивни експерти ни помагаат и на нас и на друштвата за осигурување за во еден транзициски период да преминеме од овој регулиран кон еден слободен режим на формирање на цената на автоодговорност. Тоа е откако ќе влеземе во ЕУ, но ние можеме и претходно да го воведеме. Во регионот земји кои не се во ЕУ како Хрватска, Србија, Албанија - веќе имаат либерализиран режим, Србија, исто така е во фаза на либерализирање, БиХ го следи нашиот пример ќе бара сега техничка помош од Светска банка која ќе и помогне во подготовката за таа либерализација, а Црна Гора има се уште регулиран режим, како и ние.

(Климе Попоски, претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето)

КРИЗАТА НА РЕАЛНИОТ СЕКТОР ВЕЌЕ Е ПРЕЛЕАНА ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР

ПОЧНУВА ПОСТАПКАТА ЗА БРИШЕЊЕ НА НЕАКТИВНИТЕ ФИРМИ

„ДРИСЛА“ ЌЕ СТАНЕ МОДЕРНА ДЕПОНИЈА

ПРЕТПАЗЛИВО КОН СЛОБОДНО ФОРМИРАЊЕ НА ЦЕНАТА НА АВТООДГОВОРНОСТ

Page 4: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење4

ПРОСЛАВИ

Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење со пригодна свеченост во Стопанската комора на Македонија

(18.2.2013 година). Годинава тоа беше направено со еден скромен собир на компаниите кои во услови на криза од 2008 година до денес се одважија да пркосат на истата и со нови инвестиции во производни капацитети и нови вработувања да докажат дека македонската економија има иднина. И што е уште позначајно, како што истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, присутните челници на овие компании, не само што инвестираа кај нас, туку изградија свои производствени погони и надвор од нашите граници. Навистина импресивно! Зошто е тоа за нас многу значајно? – запраша Азески. Стопанската комора на Македонија, нашата најзначајна бизнис-заедница, пред две години токму на овој ден го промовираше новиот модел за економски развој на нашата држава. Централно место во него заземаше определбата за зголемување на производството и извозот, значи, токму она што присутните компании го прават во изминатите години во услови на криза. Ние тоа мора да го респектираме, потенцираме и поддржиме.- подвлече Азески. -Денес, македонската економија егзистира во услови на три високи диспропорции: производството и потрошувачката, увозот и извозот и активното и издржуваното население.Ако на тоа се додаде секојдневното зголемување на влезните трошоци, а намалување на продажните цени на стоките и услугите, на секој наш граѓанин ќе му биде совршено јасно каков успех постигнало денешното друштво во Стопанската комора на Македонија. – додаде Азески. - Фактот дека констатираните слабости во македонската економија ќе мора да се менуваат во интерес на иднината, го потврдува значењето на денес изнесените инвестициони зафати, без разлика дали се домашни или странски. Одговорот на прашањето: колку наведените диспропорции ќе беа поголеми, доколку не бевте храбри да инвестирате и вработите, или колку ќе беа помали ако бевте двојно побројни - е аргумент кој, како што истакна Азески, потврдува дека државната политика треба да се сврти кон сите кои се двоумат својот расположив капитал да го инвестираат во производство. Одговорот е аргумент кој потврдува дека реализацијата на економската политика треба приоритетно да се потпре на вас. -Вие покажавте дека имате капацитет да го креирате и реализирате својот економски и конкурентен имиџ, справувајќи се со сите предизвици на глобалната економска криза. Успевате да ја задржите самодовербата, втемелена во сопствените ресурси и со примена на различни стратегии

КРИЗАТА ЈА СКРОТУВААТ ХРАБРИ МЕНАЏЕРИ КОИ ИНВЕСТИРААТ ВО СКУДНИ ВРЕМИЊА

четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Page 5: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење5четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

ПРОСЛАВИ

да ја остварувате својата визија во борбата за повисока конкурентност на либерализираниот пазар, со што го одржавте оптимизмот во бизнис-заедницата. Затоа, за македонската економија императив е да бидете многу побројни отколку што сте сега, а фирмите кои не се денес овде, што побрзо да ја остварат својата планирана инвестиција, да го остварат својот сон за поуспешен бизнис и да ни се придружат на следната годишнина. – порача Азески.

К о м о р а т а , беше нагласено, во рамките на своите законски овластувања ќе придонесува и ќе ги поддржува сите оние кои ќе се определат своите активности да ги насочат кон нејзините клучни определби:1. домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот;2. да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој;3. приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и да ја апсорбира високата невработеност. Стопанска комора на Македонија во оваа прилика им додели признанија на менаџери кои инвестирале во нови производни погони во

Република Македонија периодот од 2008 година до денес:

• БУЧИМ ДООЕЛ, Радовиш• ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт , Скопје• МЕГА СОЛАР ДООЕЛ, Скопје• ТЕКОМА ДОО, Штип• ЕЛЕМ АД, Скопје• АРЦЕЛОРМИТАЛ АД, Скопје• СКОПСКИ ЛЕГУРИ ДООЕЛ, Скопје• ЏОНСОН МЕТИ, Скопје• ИГМ-ТРЕЈД ДОО, Кавадарци• ВИНАРИЈА СТОБИ ДООЕЛ, Градско• ПЕКАБЕСКО АД, Скопје• ВИПРО ДООЕЛ, Гевгелија• АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА, АД Кавадарци• СОКОТАБ ДОО, Битола• ВЕЗЕ ШАРИ ДОО, Желино• МАКПРОГРЕС ДОО, Виница• РИМЕС ДОО, Скопје• МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО ДОО, Босилово• РИМА-СТИЛ ДОО, експорт-импорт Скопје• МИКРОСАМ АД, увоз-извоз Прилеп• АГРОМЕТАЛ ДООЕЛ, увоз-извоз Скопје• РАДЕ КОНЧАР ТРАНСФОРМАТОРИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ПОСТРОЈКИ -ТЕП ДООЕЛ, Скопје• СТИЛ КОН ДОО увоз-извоз, Куманово• РАДЕ КОНЧАР - СЕРВИС И ПОПРАВКИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРОИЗВОДИ ДОО, Скопје• АЛКАЛОИД АД, Скопје.

Page 6: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОПРОСЛАВИ

6 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Стопанската комора на Македонија ја одбележa

91-та годишнина од своето постоење

Признанија добија и менаџери од Република Македонија кои инвестирале во странство: • РЕНОВА ДОО, Тетово • УРБАН ИНВЕСТ ДОО, Кавадарци • АЛКАЛОИД АД, Скопје • АДИНГ АД, Скопје • БРИЛИЈАНТ ДОО, Штип • ПРОМЕС ДОО, Скопје • ДАСТО ДООЕЛ, Скопје • ДПТУ БРАКО ДОО, Велес.

Од добитниците на наградите на присутните им се обратија Глигур Цветанов од „Макпрогрес“ од Виница и Живко Мукаетов од „Алкалоид“ од Скопје.

Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ТУРЦИЈА, СЛОВАЧКА И ЧЕШКА Македонија има потенцијал да инвестира во странство, истакна Живко Мукаетов, директор на “Алкалоид“, при доделувањето на признанието од страна Стопанската комора на Македонија за храбри менаџери во услови на криза и компании кои инвестираат во странство. -Во изминатите пет години отворивме фирми во Русија, каде има 70 вработени, во Украина каде има 40, и во Словенија со 30 вработени, - рече Мукаетов, кој најави инвестиции во отворање на нови погони во Турција, Словачка и Чешка. Треба да се има на ум дека дека секој пазар има своја специфика, вели Мукаетов. -Доколку ги имаме сите потребни информации и доколку инвестираме во знаење и човечки ресурси може да се постигнат големи резултати,- додаде Мукаетов

Page 7: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

„Електрани на Македонија“ЗГОЛЕМEНА ИНСТАЛИРАНАТА МОЌНОСТ НА ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ

„Електрани на Македонија“ во изминатиот 5-годишен период инвестираше 140 милиони евра во три инвестиции. Ја пушти во употреба хидроелектраната Св.Петка, изврши ревитализација на третиот блок во РЕК Битола. Со овие инвестиции се зголеми инсталираната моќност на термоелектраните во Комбинатот за дополнителни 25 мегавати, а производството на електрична енергија се зголеми од 160 до 200 гигават часа на годишно ниво, без дополнително зголемување на потрошувачката на јаглен. Се реализираше и површински коп Брод - Гнеотино.

„Џонсон Мети”НОВА ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КАТАЛИЗАТОРИ

Во тек е изградба на нова фабрика за производство на катализатори за автомобилската индустрија. Инвестицијата на „Џонсон Мети” Скопје е вредна 63 милиони евра. Обезбедува две дополнителни линии за производство, односно двојно зголемување на производниот капацитет за производство на катализатори во однос на постојното.

„ИГМ Трејд“ од КавадарциЗА 5 ГОДИНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА

„ИГМ Трејд“ од Кавадарци во изминатите 5 години има реализирано инвестиции во вредност од 50 милиони евра, во просек по 10 милиони евра годишно. Инвестициите се реализирани во изградба на производствени хали, како и во производните процеси. Набавени се и пуштени во употреба: машини за профилирање цевки, машини за конфекционирање на цевки, компресорски станици и др.

„Сокотаб“ од БитолаФАБРИКА И ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА ТУТУНОТ

Во 2010 година, „Сокотаб“ од Битола пушти во работа комплетно нова фабрика за обработка на тутун со целосно нова технологија за обработка на тутунот согласно светските трендови. Со инвестиција од 33 милиони евра целокупното производство е наменето за извоз.

„Скопски Легури“РЕМОНТ НА ЛИНИЈАТА ЗА МАНГАН

Ремонт на линијата за манган со инвестиција околу 760.000 евра. Капацитетите во „Скопски Легури“ - Скопје се целосно подготвени. Отпочнувањето со работа треба да доведе до зголемување на извозот .

ПРИЗНАНИЈА четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 7

КОМПАНИИ КОИ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2008 ГОДИНА ДО ДЕНЕС

Page 8: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

„Стоби“ од ГрадскоВИНАРСКА ВИЗБА СО КАПАЦИТЕТ ОД 4,5 МИЛИОНИ ЛИТРИ

Во 2008 година, „Стоби“ од Градско пушти во работа винарска визба. Инвестицијата изнесува 20 милиони евра. Капацитетот на винарската визба е 4.500.000 литри, од кои 1.200.000 литри се предвидени за ферментација. Линијата за полнење вино е со капацитет од 5.000 шишиња на час.

„Фероинвест“ – СкопјеИЗГРАДЕНИТЕ 11 МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ

Изградените 11 мали хидроелектрани со 13,1 милион евра инвестиции, кои се веќе приклучени на електродистрибутивната мрежа и 3 мали хидроелектрани кои се во фаза на изградба, дел како сопствена инвестиција на групацијата „Фероинвест“ - Скопје, а дел во јавно-приватно партнерство, претставуваат значаен придонес во производството на енергија од обновливите извори во нашата земја. Струјата се испорачува во електроенергетскиот систем на државата.

„Пекабеско“ од СкопјеФАБРИКА ЗА МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ И ПАШТЕТИ

Во 2012 година, „Пекабеско“ од Скопје пушти во работа комплетно нова фабрика за месни преработки и паштети. Инвестицијата изнесува 13 милиони евра. 75% е наменето за домашниот пазар, а за извоз 25%.

„Бучим“ – РадовишФАБРИКА ЗА ЛУЖЕЊЕ И ПРОИЗВОДСТВО НА КАТОДЕН БАКАР

„Бучим“ – Радовиш, инвестира 11 милиони евра во нова фабрика за лужење и производство на катоден бакар, наменет за извоз како готов производ, кој се јавува за прв пат во Македонија. Со капацитет од 2.400 тони годишно, фабриката е пуштена во производство на крајот на 2011 година, за во 2012-та да реализира

извоз од над 8 милиони евра.

„Алкалоид“ од Скопје ИНСТИТУТ ЗА РАЗВОЈ И ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

„Алкалоид“ во земјата реализираше инвестиции во САП – информациски систем за обработка и за следење на сите процеси и податоци, континуирано, секоја година, вложување во производствена опрема и опрема за научно-истражувачка дејност и една од позначајните е инвестицијата вредна 9 милиони евра во Институтот за развој и за контрола на квалитет.

ПРИЗНАНИЈА четврток, 21 февруари 2013, Бр. 1248

КОМПАНИИ КОИ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2008 ГОДИНА ДО ДЕНЕС

Page 9: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

КОМПАНИИ КОИ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2008 ГОДИНА ДО ДЕНЕС

„АлајансУан Македонија“ од КавадарциФАБРИКА ЗА ОБРАБОТКА НА ТУТУН

Во 2011 година, „АлајансУан Македонија“ од Кавадарци пушти во работа комплетно нова фабрика за обработка на тутун. Целосно нова технологија за обработка која ги следи светските трендови во оваа индустрија. Инвестицијата изнесува 7 милиони евра. 100 % производството е наменето за извоз.

„Макпрогрес“ од ВиницаКАПАЦИТЕТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КОНДИТОРСКИ ПРОИЗВОДИ

Во 2008 и 2010 година, „Макпрогрес“ од Виница пушти во работа нов капацитет за производство на кондиторски производи. Инвестицијата изнесува 6 милиони евра.

„Римес“ – СкопјеПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО

Нов производствен погон за производство на преработки од месо. Започна со работа во април 2010 година и овозможи на компанијата поголем капацитет на производство за 4000 тони годишно, како и поширок асортиман на модерно спакувани производи. „Римес“ - Скопје во новиот погон инвестира околу 5 милиони евра.

Млекара „Здравје“ – РадовоИНВЕСТИЦИИ ВО ВРВНО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Во 2010 година, Млекара „Здравје“ - Радово пушти во работа нов капацитет за производство на ферментирано млеко и млечни производи во Скопје, Струмица и во Куманово. Во 2011 година започна со работа и новата фабрика во Струмица, со производство на нова палета производи, како што се: растителни кашкавали, фета сирење, млеко, павлака, кисело млеко и др. Инвестицијата изнесува 4 милиони евра.

„Арцелормитал“ од СкопјеМОДЕРНИЗИРАНА ЛИНИЈА ЗА ПОЦИНКУВАЊЕ НА ЛИМ

Изградена и пуштена во употреба реновирана, технолошки модернизирана линија за поцинкување на лим. Инвестицијата од 3,5 милиони евра, „Арцелормитал“ ја реализираше во 2012 година. Истата придонесе во зголемување на квалитетот на производот, а особено значајна од еколошки аспект преку интегрираното спречување и контрола на загадувањето.

ПРИЗНАНИЈА четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 9

Page 10: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

„Стил Кон“ од КумановоКОНФЕКЦИОНИРАЊЕ НА АРМАТУРНО ЖЕЛЕЗО

Во 2011 година „Стил Кон“ од Куманово заедно со фирмата „Герлико груп“ од Холандија пушти во производство погон за конфекционирање на арматурно железо, во шипка и котури, со капацитет над 10.000 тони годишно производство во една смена и погон за пескарење и фарбање на челични конструкции, со над 3.600 тони годишно производи. Новите погони се сместени во производни хали од 2.600 м2 и 8.000 м2 складишен простор. Инвестицијата изнесува 3,5 милиони евра.

„Агрометал“ од Скопје ЗАПЧАНИЦИ И ДЕЛОВИ ЗА РУДАРСТВОТО, ЕНЕРГЕТИКАТА...

Во 2010 година „Агрометал“ од Скопје пушти во работа нов погон за производство на запчаници и машински габаритни делови за рударството, енергетиката и друга индустрија, со капацитет од 2.000 тони годишно. Инвестицијата е околу 3,5 милиони евра.

„Везе Шари“ од ТетовоЛИНИЈА ЗА ДНЕВНО ПРОИЗВОДСТВО НА 110.000 ЈАЈЦА

Во 2010 година, „Везе Шари“ од Тетово пушти во работа нов погон за производство на јајца. Инвестицијата изнесува 2 милиона евра, со дневно производство од околу 110.000 јајца.

„Текома“ од ШтипИЗГРАДБА НА СОНЧЕВИ ЕЛЕКТРАНИ

Со инвестиција од околу 2 милиона евра и инсталиран капацитет од 777 KWh, „Текома“ - Штип е една од поголемите сончеви електрани во Македонија. Вредноста на инвестицијата е околу 2 милиона евра. Заедно со сончевата електрана „МАВИС“, во сопственост на истата компанија, инсталираниот капацитет изнесува над 1,1 KWh. Значаен придонес во производството на енергија од обновливи извори и прва од ваков обем во РМ.

„Випро“ од ГевгелијаФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРЕРАБОТКИ ОД ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Во 2012 година, „Випро“ од Гевгелија пушти во работа комплетно нова фабрика за производство на преработки од овошје и зеленчук. Инвестицијата изнесува 1 милион евра.

„Раде Кончар – сервис“ од СкопјеРЕГИОНАЛЕН ЕКОЛОШКИ ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ

Во 2012 година „Раде Кончар – сервис“ од Скопје го отвори првиот Регионален еколошки центар на Балканот за деконтаминација на полихлоридни бифенили во трансформаторските масла, како и склад на отпад контаминиран со ПХБ, од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово.

ПРИЗНАНИЈА четврток, 21 февруари 2013, Бр. 12410

КОМПАНИИ КОИ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2008 ГОДИНА ДО ДЕНЕС

Page 11: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Вредноста на инвестицијата е околу 1 милион евра, со капацитет за пречистување на 200 тони трансформаторско масло годишно. И покрај кризните услови за стопанисување, во период од 4 години „Раде Кончар – сервис“ целата добивка ја вложува во нови инвестиции кои изнесуваат околу 4 милиони евра.

„Раде Кончар ТЕП“ од Скопје ЛАСЕРСКО СЕЧЕЊЕ, РОБОТСКО ЗАВАРУВАЊЕ И СВИТКУВАЊЕ НА МЕТАЛИ

Во 2010 година „Раде Кончар ТЕП“ од Скопје пушти во погон линија за ласерско сечење, роботско заварување и свиткување на метали, со капацитет од 600 тони годишно. Изминатите години капацитетот се користи со околу 300 тони годишно производство. Инвестицијата е 750.000 евра.

„Хемија Комерц“ од ВелесНОВА ФАБРИКА ЗА КЕРАМИЧКИ ПРОИЗВОДИ

„Хемија Комерц“ – Велес, во 2010 година целокупното производство на украсни керамички производи за ентериер и екстериер, керамички садови за домаќинство и угостителство, го пресели во нова современо опремена фабрика со површина од 3000 м2, 60 вработени и вкупни вложувања од над 600.000 евра. Фабриката е опремена со најсовремена автоматизирана опрема, согласно европските стандарди. Покрај на домашниот пазар, производството го пласира во Косово, Албанија, Србија, Хрватска, Грција.

„Рима стил“ од СкопјеПРОИЗВОДСТВО НА ПРОФИЛИРАНИ ЛИМОВИ И ЕНЕРГЕТСКИ СЕНДВИЧ-ПАНЕЛИ Во 2009 година „Рима стил“ од Скопје заедно со фирмата „ММ инженеринг трејд“ од Австралија пушти во работа нов погон за производство на профилирани лимови и енергетски сендвич-панели, со капацитет од 4.000 тони преработка на лим и 20.000 м2 енергетски сендвич-панели за станбена површина. Инвестирани се 250.000 евра.

„Мега солар“ – СкопјеФОТОВОЛТАИЧНАТА ЦЕНТРАЛА

Фотоволтаичната централа, со инсталиран капацитет за производство на електрична енергија од 996,7 KWh, „Мега солар“ – Скопје денеска е најголема соларна електрана во РМ. Во неа се вградени 4.400 поликристални панели CanadianSolar. За приклучување на централата на електродистрибутивната мрежа изграден е кабелски приклучок во должина од 4,7 километри.

„Микросам“ од ПрилепИНСТИТУТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА Приватната научна установа, Институт за современи композити и роботика е основан во февруари 2009 година и воедно е прв приватен институт од овој вид на Балканот. Примарна активност на Институтот, основан од фирмата „Микросам“ од Прилеп, се магистерските студии од областа на композитни материјали и роботика, кои се организирани во согласност со Болоња принципите и македонската регулатива за високообразовните институции. Вкупно инвестирани околу 450 милиони евра.

ПРИЗНАНИЈА четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 11

КОМПАНИИ КОИ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2008 ГОДИНА ДО ДЕНЕС

Page 12: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

„Брилијант“ од ШтипНАЈСОВРЕМЕНАТА БАЗА НА СУРОВО МАСЛО НА БАЛКАНОТ ВО ПЕРНИК „Брилијант“ во 2009 година отвори фабрика за откуп и преработка на сончоглед и негова преработка до фаза на сурово масло, во Перник, Бугарија, кое потоа се преработува во фабриката во Штип. Вредноста на инвестицијата е 6 милиони евра, со капацитет за преработка на 250 тони семе на ден. Во следната 2010 година дополнително се инвестирани уште 1 милион евра за осовременување на технолошкиот процес, а во периодот 2011-2012 година изградена е најголемата и технолошки најсовремената база на сурово масло на Балканот, со капацитет од 100.000 метри кубни.

„Ренова“ од ЏепчиштеИНВЕСТИЦИИ ВО КОСОВО И АЛБАНИЈА Со визија за регионално проширување и освојување нови пазари, во 2001 година „Ренова“ од Џепчиште, инвестира 2,3 милиони евра во нова фабрика за суви малтери во Гуреза - Косово, со капацитет од 40.000 тони годишно. Во 2002 година за 1,2 милиони евра го купува најголемиот рудник за бел вар во Качаник, со годишно производство од околу 16.000 тони. Во 2008 година вложува околу 5 милиони евра во изградба на фабрика за рено-фикс малтери во Тирана, Албанија, со капацитет од 60.000 тони годишно.

„Алкалоид“ од СкопјеПРЕТСТАВНИШТВА, ПОДРУЖНИЦИ И ПОГОНИ ВО 14 ЗЕМЈИ „Алкалоид“ - Скопје, покрај тоа што во изминатиот петгодишен период отвори претставништва, подружници во 14 земји, отвори и производствен капацитет во Србија, кој се простира на површина од 916 м2, во вредност на оваа инвестиција од околу 750.000 евра.

„БРАКО“ од ВелесКАПАЦИТЕТ ЗА ПРОИЗВОДИ ОД ЖИЦА ВО ПАНЧЕВО Со визија да прерасне во балкански лидер во производството на производи од жица, во 2005 година „БРАКО“ од Велес технички и технолошки го помогна отворањето на производствени капацитети на пристаништето на реката Дунав во Панчево, Србија. Во 2011 година компанијата „Brako Wireproducts“ станува целосна сопственост на „БРАКО“ – Велес, со инвестиција од 400.000 евра, месечен капацитет на производство од 1200 тони на разни производи од жица, кои се пласираат на пазарите во Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Црна Гора, со визија за проширување во Австрија, Унгарија и Романија.

ПРИЗНАНИЈА четврток, 21 февруари 2013, Бр. 12412

КОМПАНИИ КОИ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ ВО СТРАНСТВО

Page 13: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

„Адинг“ – СкопјеПРОИЗВОДСТВО НА АДИТИВИ ЗА БЕТОН ВО ТЕХЕРАН „Адинг“ - Скопје изгради и пушти во употреба два производствени капацитета во странство: производствен погон во Перник, Бугарија, на површина од 1800 м², во вредност од 400.000 евра и Фабрика за производство на адитиви за бетон и прашкасти и пастозни производи во индустриската зона на Техеран, во вредност од 1,5 милиони евра, со капацитет на производствениот погон од 80.000 тони годишно.

„Дасто“ од СкопјеМОНТАЖА И СЕРВИС НА ТЕЛЕВИЗИСКА, РАДИО И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА ВО БЕЛГРАД Фирмата „Дасто Бетел“ во Белград, формирана од „ДАСТО“ од Скопје. Фирмата произведува, продава и врши монтажа и сервис на телевизиска, радио и телекомуникациска опрема.

„Промес“ од СкопјеДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР ВО АЛБАНИЈА Во 2008 година „Промес“ од Скопје отвора свој дистрибутивен центар во Албанија. Дел од сувомеснатите производи на оваа компанија во Македонија на овој начин се пласираат и на пазарот во Албанија. Вредност на инвестицијата е 100 илјади евра.

„Урбан Инвест“ од КавадарциПРОИЗВОДСТВО НА ПАВЕР-ЕЛЕМЕНТИ И МОЗАИК-ПЛОЧКИ ВО БУГАРИЈА Компанијата „Урбан Инвест“ - Кавадарци, долгогодишното искуство на домашниот пазар како еден од најголемите производители на павер-елементи и мозаик-плочки во Македонија го пренесува и на Балканот. Во Перник, Бугарија, инвестира во фабрика за производство на бекатон и мозаик-плочки од 200.000 м2. Заедно со бугарскиот партнер имаат удели од по 50%, пресликувајќи го know-how искуството од Македонија. Вкупно инвестирани околу 15,5 милиони евра.

ПРИЗНАНИЈА четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 13

КОМПАНИИ КОИ ИНВЕСТИРАЛЕ ВО НОВИ ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ ВО СТРАНСТВО

Page 14: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

СЕРИОЗНА ПОДГОТОВКА ЗА ДА НЕМА ПОСЛЕДИЦИ

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија беше една од главните теми на седницата на Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија, одржана на 20.02.2013 година. Согласно Законот за енергетика и подзаконските акти (Правилата за пазар на електрична енергија), се планира 140 компании од 01.7.2013 година да се

стекнат со право да набавуваат електрична енергија на слободен пазар и да бидат членови на балансна група на потрошувачи. Со цел примената на овие регулативи и особено претстојното часовно балансирање да обезбеди финансиско олеснување за компаниите, потребно е да се направат подготовки од страна на сите субјекти кои учествуваат на пазарот на електрична енергија, како и постојните и идни квалификувани потрошувачи, со цел да се избегнат евентуални негативни финансиски последици врз стопанските субјекти. Врзано со оваа проблематика, во дискусијата повторно се актуелизираа две битни прашања и тоа: часовното балансирање да стапи во сила истовремено кога ќе се либерализира пазарот на електрична енергија за сите потрошувачи и да се направат соодветни измени во врска со цените за набавка на регулирани системски услуги. За можноста која идните квалификувани потрошувачи ја добиваат од јули оваа година да набавуваат електрична енергија на слободен пазар и да се балансира преку балансна група, како и за начинот како тоа практично да го применат на најоптимален начин, пред се` од аспект на трошокот за компанијата, односно да се подготват за нивниот влез на пазарот на електрична енергија, Македонската енергетска асоцијација во соработка со Регулаторната комисија за енергетика на РМ во наредниот период ќе реализира серија

активности, истакна претставникот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Активностите ќе започнат на 5 март 2013 година, со воведен семинар наменет за сите заинтересирани учесници на пазарот на електрична енергија, по што се планира да следи серија обуки, зависно од потребата и интересот на компаниите. Присутните на седницата беа информирани за досегашните активности за формирање берза на електрична енергија, која повторно, ќе биде предмет на разгледување пред членките на МЕА. Факт е дека инцијативата за формирање берза на електрична енергија потекна токму од МЕА, но функционирањето на истата не би требало да влијае на зголемување на цената на електричната енергија, - истакна д-р Кочо Анѓушев. Македонската енергетска асоцијација на идни тематски седници ќе ги разгледа состојбите со либерализацијата на пазарот на нафтени деривати, отворените прашања при реализација на проекти од областа на обновливите извори на енергија, и како еден од приоритетите, ќе даде свое стручно мислење за прашањата со јагленокопите, од кои во најголема мерка зависи натамошната стабилност на електроенергетскиот систем. На седницата за нов претседател на Македонската енергетска асоцијација е избран д-р Кочо Анѓушев, на местото на д-р Димитар Хаџимишев, кој раководеше со овој сектор повеќе од петнаесеттина години.

Зорица Мешкова

АКТУЕЛНО Македонската енергетска асоцијација

расправаше за либерализација на пазарот на електрична енергија во земјава

14 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Page 15: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

ПОТПИСИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ДВЕТЕ БИЗНИС-ЗАЕДНИЦИ

Во рамките на првата седница на Меѓувладината мешовита комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, на 20.02.2013 година беше потпишан Меморандум за соработка меѓу бизнис-заедниците од двете земји. Од страна на Стопанската комора на Македонија, Меморандумот го потпиша Антони Пешев, претседавач

на Собранието на Комората, а од Стопанската комора на Унгарија, претседателот Лазло Параг. Потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу стопанските комори од двете земји претставува уште еден формален инструмент во функција на унапредување на соработката меѓу двете бизнис-заедници. На тој начин се испраќа силна порака за значењето на македонско-унгарската економска соработка како импулс во интензивирањето на стопанските врски, како и за можноста за подобро меѓусебно запознавање на националните стопанства. - Македонија и Унгарија освен соработката на ниво на министерствата, веќе ја интензивираат и соработката меѓу стопанските комори. Очекувам формализирање и конкретизирање на сите проекти што беа презентирани при оваа посета, со рок до последната недела на мај, кога делегација од Унгарија доаѓа во посета на Македонија заедно

со повеќе бизнисмени. Сметам дека тоа е можност за продлабочување на соработката меѓу компаниите од двете земји и можност за заеднички настапи на трети пазари, - рече Сарачини. Македонија и Унгарија имаат одлични политички и пријателски односи и сметаме дека тоа треба да се рефлектира и на економската соработка. Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на заедничката прес-конференција со Петер Сијарто, министер за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на премиерот Виктор Орбан, по потпишувањето на Договорот за соработка во областа на туризмот и на Меморандумот за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и на Унгарија. Вкупната размена меѓу Република Македонија и Република Унгарија е со релативно мал обем и во последните години се движи меѓу 54 и 58 милиони американски долари, со константен дефицит од македонска страна. По завршувањето на официјалниот дел, раководствата на двете стопански комори остварија одвоена средба, на која се разговараше за идите заеднички активности во наредниот период, со цел интензивирање на меѓусебната економска соработка.

РЕЛАЦИИ Во Будимпешта потпишан Меморандум за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Унгарија

четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 15

Page 16: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОРЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп и локалната самоуправа делегација од Прилеп престојуваше во Истанбул

на 11 и 12 Фебруари 2013. Делегацијата ја предводеа градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и извршниот директор на регионалната комора, Ристо Најдоски. Во составот на делегацијата беа и генералниот директор на Тутунски комбинат, Александар Дерменџиев,комерцијалниот директор на Мермерен комбинат, Мехмет Гунајдин , главниот менаџер и косопственик на конфекцијата Комфи Ангел, Ирена Јакимовска, економскиот промотор од Агенцијата за странски инвестиции на РМ, Филиз Вели,како и генералниот конзул на РМ во Турција, Зеррин Абаз. Во организација на Македонско-Турскиот деловен совет, во просториите на ДЕИК, пред голем број на турски стопанственици и потенцијални инвеститори, беше одржана презентација на поволностите за инвестирање во Прилеп во Технолошко - индустриската развојна зона „Алинци“, во индустриските зони Прилеп1, Прилеп 2 , потоа за инвестирање во градежништвото за изградба на станбената населба „Градина“, изградба на приватна болница и високошколска установа и др. Исто така, присутните беа запознати за природните ресурси со кои Прилеп располага и е надалеку препознатлив - тутунот и мермерот.

На почетокот од презентацијата македонската делегација беше поздравена од копретседателот на Македонско-Турскиот деловен совет, Хасан Хошбен, кој истовремено изрази големо благодарност до турските компании и лица за големиот интерес за посетата на деловните луѓе од Прилеп. За време на презентацијата од страна на економскиот промотор од Агенцијата за странски инвестиции на РМ, Филиз Вели, присутните беа запознати со сите поволности што ги нуди Република Македонија ако се инвестира во ТИРЗ (безцаринските зони), поконкретно за зоната во „Алинци“, која се протега на 65 хектари градежно земјиште и каде е отпочната изградбата на инфраструктурата. После извршената презентација голем дел од присутните компании искажаа голем интерес за

инвестирање во експлоатација и преработка на мермери, гранити и рециклирање на секундарни сировини.Со Хасан Хошбен договорено е во почетокот на месец мај поголема група на заинтересирани турски инвеститори да го посетат Прилеп и на лице место се уверат во понудените локации и услови за долгорочно инвестирање. На крајот од посетата, по препорака од нашиот иселеник кој ужива голем авторитет во Истанбул, Мустафа Берекетли ,делегацијата беше примена од страна на градоначалникот на Општина Бакиркои, Атеш Унал Ерзен, при што двете страни се договорија за продлабочување на соработката на економски, културен и спортски план и во што пократок временски период да ги отпочнат процедурите за побратимување на Прилеп и Бакиркои.

Ристо Најдоски

16 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

ТУРСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРЕРАБОТКА

НА МЕРМЕРИ, ГРАНИТИ И РЕЦИКЛИРАЊЕ НА СЕКУНДАРНИ СИРОВИНИ

Делегација од Регионалната

комора со седиште во Прилеп и

локалната самоуправа во

посета на Истанбул

Page 17: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Во серијата посети на турски бизнис-делегации во регионот на Битола и во рамките на кампањата за привлекување странски инвестиции и напорите што ги прави Амбасадата на Република Македонија во Република Турција во таа насока, беше остварена посета на основачот, сопственик и претседател на Управниот одбор на компанијата „Хисарлар“, Фазли Туркер, придружуван

од менаџментот на компанијата (14.02.2013 година). На средбата со стопанствениците од регионот, гостите ги пречека и им посака добредојде претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, заедно со членови на Управниот одбор. На средбата беше присутен и амбасадорот на Република Македонија во Република Турција, Горан Таскоски. Во официјалниот дел од средбата која се одржа во хотелот „Милениум“, учествуваа компании од областа на земјоделството, производството на земјоделска механизација и од дополнителната дејност на оваа гранка, како и претставници на високото образование. Во поздравниот говор Мирко Велковски ги запозна гостите со економските можности на регионот, со посебен акцент на земјоделието и неговата перспектива во иднина. Горан Таскоски накратко ги претстави гостите и компанијата „Хисарлар“, а зборуваше и за нејзиното место кое го зазема во турската економија и градот Ескишехир. Тој е сместен во северозападна Турција и е главен град на покраината Ескишехир, на 330 километри од Истанбул и 233 километри од Анкара. Својот интензивен раст го бележи уште во далечната 1894 година, со изградбата на пругата Берлин-Багдад. Денес Ескишехир е значаен едукативен центар, еден од најразвиените индустриски центри во Турција, со популација од околу 650.000 жители. Позначајни индустриски гранки се производството на камиони, бела техника, локомотиви, мотори за борбените авиони, земјоделска опрема, текстил, тули, цемент, хемикалии и рафиниран шеќер. Покрај компанијата „Хисарлар“, други познати брендови кои се базирани или присутни во Ескишехир се ETI од кондиторската индустрија и ARCELIK брендот на апарати за домаќинство. Градот Ескишехир е исто така пионер на модерната железница во Турција. Првата траса на брзи возови Анкара-Ескишехир беше пуштена во употреба на 13 март 2009 година. Излагање имаше Фазли Туркер, кој им се заблагодари на домаќините за гостопримството. Активностите на компанијата беа презентирани преку краток видео материјал, со коментар на претставник на компанијата „Хисарлар“. Таа е основана 1973 година од Фазли Туркер, како локална каросериска работилница за автобуси и камиони. Како што истакна гостинот, белезите на неговите рацете од тие почетнички денови се` уште се присутни. Поминувајќи низ разните фази на развој „Хисарлар“ денес брои преку 800 вработени, од кои 650 се директно инволвирани во производствениот процес, а останатите работат како административен персонал. Производството во „Хисарлар“ започнува со налегнување на челичните лимови на производствената лента кои преку процесот на детално отстранување на рѓата, роботско кроење, пресување, заварување и потполно автоматизиран процес на боење завршуваат како земјоделска механизација, кабини за градежни машини и трактори. Половина од тракторите произведени во Турција се опремени со кабините на „Хисарлар“. Компанијата изработува и шасиски и каросериски компоненти за земјоделски и градежни машини, автобуси, камиони и други возила. Во нејзините погони се произведува пргавото теренско возило, кое го носи името „Туркар“, сместено во меѓукласата на пик-ап и камион, со погон на четирите тркала, со постојаната шасиска и подвозна основа, со вкупно 65 надградби и наоѓа примена во разни области - од цивилни услуги, во индустријата и во армијата. „Хисарлар“ денес е партнер и подизведувач на светски реномирани компании, од чија соработка како најнов производ е приклучната машина за берење памук направена за тракторите на John Deer. По презентацијата на гостите од компанијата „Хисарлар“, следеа средби со компании од битолскиот регион на кои беа разменети мислења и видувања за идна соработка.

М-р Никола Димковски

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 17

НАЈАВИ ЗА ИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА

Посета на претставници на компанијата „Хисарлар“

од градот Ескишехир, од Република Турција на Регионалната комора со

седиште во Битола

Page 18: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Иако обуката за управител со отпад не е законска обврска за компаниите кои складираат, третираат или преработуваат отпад, може да биде корисна и за нив и за вистинско функционирање на целиот систем за управување со отпад.

Кои се задачите на управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да

се грижи за правилното постапување со отпад;• да води евиденција и да изготвува извештаи;• да ја спроведува годишната програма на својата компанија;• да го контролира видот и количеството на отпадот што се

создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад;

• да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија.

Што треба да поседува управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување

со отпад. Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука, на која се стекнува со Потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад.

Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во

вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето ова ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата.

Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 4 февруари 2013 година. Времетраење на обуката: 9 работни средби, вкупно 50 часа.

Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mcham-ber.mk Контакт:

М-р Анита Митревска Даниела Михајловскател: 02 32 44 057 тел: 02 32 44 021факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 [email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

„ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД”

6 февруари – 3 април 2013 година, 10:00-15:00 часот, (6,13,20,27 февруари, 6,13,20,27 март и 3 април 2013 година)Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 19: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија. Учесниците на овој семинар наменет за банкарскиот сектор, ќе научат да го препознаат ризикот на претпријатието/кредитобарателот. Ќе научат да го оценат ризикот од финансирање на конретното барање, да го оценат квалитетот на конкретниот проект/барање, односно битните елементи кои упатуваат на квалитетот на претпријатието. Исто така, ќе научат како да подготват и да изработат кредитна апликација. Ќе научат како да се процени квалитетот на проценетите средства обезбедени по кредитното барање.

Предавач: Биљана Рутиќ, дипломирала на Економскиот факултет во Белград, отсек надворешна трговија, магисрирала Деловна економија на Универзитетот „Сингидунум“.

Работен јазик на семинарот е српски јазик.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување до 11 март 2013 година.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 19

Советување

„АНАЛИЗА НА КРЕДИТНИ БАРАЊА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА”

21-22 март 2013 година, 9:00-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Kонтакт:

Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Ленче Зикова

Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Page 20: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Управата за финансиско разузнавање во соработка со Стопанската комора на Македонија, на 21-22 февруари 2013 година, организира дводневна обука за банкарскиот сектор на тема: „Спречување финансирање на тероризам. Целта на овој семинар е да се изврши обука на банките, во насока на подигнување на степенот на знаење, утврдување на проценки и ризици од финансирање на тероризам, како и заштита на користење на банкарскиот сектор за финансирање на терористичките активности.

Предавачи:

1. Доц. д-р Методи Хаџи - Јанев, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски” – Скопје; 2. Горан Николовски, началник на Одделот за меѓународен тероризам, во Одделот за координација и поддршка

при Управата за безбедност и контраразузнавање – МВР; 3. Доц. д-р Ивица Симоновски, советник за следење на сомнителни трансакции – Управа за финансиско

разузнавање (МФ) и 4. Игор Андов, Управа за финансиско разузнавање (МФ).

За учесниците на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; сертификат за присуство на семинарот. Оваа дводневна обука е бесплатна, односно без котизација за предавањето, а трошоците за хотелското сместување и организираниот превоз се на товар на учесниците..

Kонтакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Обука

„СПРЕЧУВАЊЕ ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ”21 - 22 мај 2013, Маврово, Хотел Бистра (****) Македонија

Page 21: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Семинарот кој ќе се одржи на 15 февруари во Стопанската комора на Македонија ќе претставува иницијално запознавање и едукација, како и подготовка на локалната власт во Република Македонија да одговори на законските барања во врска со обврските на општините по прописите од областа на здравството и тоа во делот на спроведувањето на превентивните мерки за заштита од појавата и ширењето на заразните болести (дезинфекција, дезинсекција и дератизација) на населените места и другите јавни површини, правата на пациентите, правата на пациентите со ментална болест, и други области. Обврските на општините кои произлегуваат од прописите од областа на здравството, претставуваат работи од јавен интерес, кои општините во согласност со закон имаат право да ги вршат на своето подрачје и се одговорни за нивното извршување. Надзор над законитоста на работата на органите на општините вршат органите на државната управа. Надзорот над спроведувањето на прописите од областа на здравството од страна на општините го врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

ПРОГРАМА• Обврските на општините согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, со посебен осврт на

превентивната дезинсекција и дератизација;• Извештај по извршениот инспекциски надзор над спроведена превентивна дезинсекција и дератизација за

2011/12г.;• Законска регулатива за заштитата на правата на пациентите;• Извештај за инспекциски надзор согласно Законот за заштита на правата на пациентите;• Законот за ментално здравје и состојбата со психијатриските болници во Република Македонија.

Семинарот е наменет за претставници на единиците на локалната самоуправа, општините, членови на советите на општините, членови на комисиите формирани на ниво на општините од наведените области и други заинтересирани лица.

Предавачи: - д-р Весна Николоска Димитровска, раководител на одделение во ДСЗИ, Министерство за здравство; - д-р Оливера Стојковска, раководител на оддление во ДСЗИ, Министерство за здравство; - д-р Вера Менковска, раководител на сектор во ДСЗИ, Министерство за здравство.

Пријавање до 13-ти февруари 2013 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Анита Митревска

Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 21

Семинар

„ОБВРСКИ НА ОПШТИНИТЕ

ПО ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО”

15 февруари 2013 година, 9:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Page 22: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Стопанската комора на Македонија, на 26 февруари 2013 година, организира еднодневен семинар на тема: „Создавање облигации преку договори и можности за нивно завршување, со посебен осврт врз употребата на договорите од страна на трговските друштва”.

Програма:• Договорот- основен

инструмент за влегување во правен промет;

• Правни рамки во кои може да се движи слободата при склучувањето на договорите;

• Видови договори што ги нуди законодавството и елементи на кои треба да се внимава, а најчесто се греши при нивното склучување;

• Посебен осврт врз договорите кои ги склучуваат правните лица и на фактурата како изворна обврска;

• Причини за завршување на создадените обврски и начини на раскинување на договорите;

• Правни последици од раскинување на договорите;

• Краток осврт врз Конвенцијата за меродавното право за договорните односи - правната сигурност при склучувањето договори со странци.

Предавачи: Слаѓана Серафимова и Тања Петковска, адвокатки од Скопје.

Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании-членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Kонтакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

22 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Семинар

„СОЗДАВАЊЕ ОБЛИГАЦИИ ПРЕКУ ДОГОВОРИ И МОЖНОСТИ ЗА НИВНО ЗАВРШУВАЊЕ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ ВРЗ УПОТРЕБАТА НА

ДОГОВОРИТЕ ОД СТРАНА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА”26 февруари 2013 година, 9:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Page 23: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешна ревизија, или само стандардите, се дел од Меѓународната рамка на професионална пракса (The IPPF). Овие стандарди ја поставуваат основата по којашто работат внатрешните ревизори низ целиот свет и секој внатрешен ревизор треба да ги знае. Но, едноставно да се познаваат стандардите, навистина и не е доволно – ние треба да знаеме да ги интерпретираме во ситуации од вистинскиот свет. Тоа е и целта на оваа обука. Покрај тоа, законските одредби бараат внатрешните ревизори да работат во согласност со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија – дали ги исполнувате тие одредби?

Програма: -Меѓународна рамка за професионална практика на внатрешна ревизија (The Interna-tional Professional Practice Framework - the IPPF); - атрибутивни стандарди; - стандарди на спроведување; - останати насоки во рамките на IPPF; - вежби, прашања и одговори; - се` што сакате да знаете за внатрешната ревизија, а не сте имале каде да прашате.

Предавач: Слободан Димитровски, сертифициран внатрешен ревизор (CIA), сертифициран професионалец за ревизија во јавен сектор (CGAP), раководител на одделение за внатрешна ревизија на спроведувањето на мерките финансирани од ЕУ, АФПЗРР, обучувач за сертификација на внатрешни ревизори преку IIA и преку CIPFA. Семинарот е наменет за сите организации кои имаат служба за

внатрешна ревизија. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Пријавување најдоцна до 26 февруари 2013 година. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:Анита Митревска

Тел: ++ 389 2 3244057Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054

Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015

E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 23

Семинар

„МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА И ТОЛКУВАЊЕ НА НАЈНОВИТЕ ПРОМЕНИ НА СТАНДАРДИТЕ“28 февруари 2013 година, од 10:00часот до 16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 24: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Од 4 до 6 март 2013 година Ве водиме во Белград на саем за храна и пијалаци

CULINARIA FINE Во периодот од 4-6 март 2013 година, по трет пат се одржува Саемот за храна и пијалаци CULINARIA FINE FOOD, во Белград. На овој настан можете да остварите важни деловни контакти во областа на прехранбената индустрија, добавувачи, купувачи, извозници, увозници, шпедитери, опрема за продавници, трговски друштва, рекламни агенции и други целни групи кои се од суштинско значење за вашиот бизнис. Географската положба на Србија и нејзиниот главен град Белград дава ширина на побарувачката и понудата во Европа.Овој саем има за цел да поврзе и да претстави на едно место одбрани производители на храна и пијалаци со професионални купувачи од регионот и од Европа, куќи и агенти за увоз-извоз и трговија, угостителски компании и ресторани, големи ланци на супермаркети и специјализирани продавници. На оваа саемска манифестација, ќе имате можност да видите и да вкусите: - регионални специјалитети; - органска храна; - чај и кафе; - пиво, вино и жестоки пијалаци; - производители на газирани и негазирани сокови и вода; - деликатесна храна; - месо и месни преработки; - кондиторски производи; - зимница; - зеленчук и овошје; - мед; - зачини; - млечни производи. Посетителот ги покрива трошоците за пат и трошоците за сместување во износ од 109 евра по лице кои вклучуваат:

- повратен автобуски превоз Скопје - Белград - Скопје; - сместување во хотел со 3 ѕвезди на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а резервација на еднокреветна соба е 129 евра.

Оваа цена важи за група од минимум 18 патници. Исто така, ги покрива и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 25.02.2013 година. Контакт : Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

Седмиот по ред саем “Olio Capitale - екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет “ ќе се одржи во период од 1 до 4 март во Трст, Италија. Изложбата за промоција на екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет е организирана од страна АРИЕС ТРИЕСТЕ Стопанската комора, и на истата ќе бидат присутни повеќе од 200 производители. На манифестацијата освен изложбен дел, ќе бидат организирани и сесии за дегустација, програми за купувачите, курсеви за готвење базирани на маслиново масло, семинари и ток-шоуа.

Kонтакт: Васко Ристовски, тел: ++ 389 2 3244 014, факс: ++ 389 2 3244 088, [email protected]

Од 1 до 4 саем во Италија

“OLIO CAPITALE “ ВО ТРСТ

Page 25: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enter-prise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организираат посета и учество на бизнис-средбите CeBIT - Натпревар на иднината 2013 во Хановер СР. Германија CeBIT е најголемиот светски компјутерски саем во Хановер, а оваа година е 15-то издание на една од најголемите и најуспешните меѓународни брокерски настани во Enterprise Europe Network. Од 1999 година на Натпреварот на иднината е овозможено излагачи и посетители на Саемот да најдат партнери за соработка, на пример, за развој на производи, истражување и развој, заеднички вложувања, производство, маркетинг и / или договори за лиценци. Над 390 компании и истражувачки организации од 39 земји учествуваа на Натпреварот на иднината во 2012 година и реализираа над 1.500 билатерални средби. За подетални информации и пријавување, посетете ја веб-страната: http://www.b2match.eu/futurematch. Партиципацијата за Саемот е 110,00 евра и вклучува слободен влез за сите дена на Саемот, за 2 лица. Краен рок за регистрација е 18 февруари 2013 година.

Зошто да учествувате? • За да ги добиете последните информации за ИКТ-трендовите и иновациите; • за да ги промовирате вашите производи, технилогии и знаења; • за да најдете комерцијални и технолошки партнери; • за да разговарате за нови проектни идеи.

Во рамките на класичниот брокерски настан има широк спектар на дополнителни услуги, како тури и советодавни услуги за финансирање и интелектуална сопственост, кои ќе Ви бидат понудени во рамките на манифестацијата. Ново: клиентите од други сектори, кои бараат ИТ-прилагодени решенија или партнери за меѓусекторски проекти, можат да се регистрираат бесплатно по електронски пат и да испратат свои барања. Затоа, ИТ-експерти ќе презентираат соодветни технологии и производи. Индустриски сектори: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА.

Контакт: Лазо Ангелевски Софче Јовановска тел. (02) 3244-090 тел. (02) 3244-060 [email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 25

Од 5 до 9 март Бизнис-средби CeBIT во Германија

НАТПРЕВАР НА ИДНИНАТА 2013

Page 26: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Јадранскиот саем се наоѓа во Будва, туристички и бизнис-центар на Црна Гора. Неговата позиција, во близина на најпознатата плажа на црногорскиот брег, во срцето на градот, нуди единствена опција за бизнис и трговски активности. За своите 40 години постоење, Јадранскиот саем стана поим за најуспешните бизнисмени и колективно претставување на најновите достигнувања во вселената, иновациите, креативноста и важни бизнис-контакти. Јадранскиот саем има околу 22.000 м2 земјиште на најатрактивна локација во Будва, на Словенска плажа. Користи 11.000 м2 изложбен простор. Располага со затворен изложбен простор од 3000 м2. За настаните кои бараат поголем простор, во можност се за поставување на дополнителен капацитет од 8000 м2 изложбен простор од затворен тип кој особено е наменет за туристички саеми, машини и опрема, мебел и градежништво. Стопанската комора на Македонија ве поканува на организирана бизнис-посета на најважниот настан во областа на прехранбената индустрија во Будва, Црна Гора. Меѓународното и регионалното значење на овој традиционален саем го потврдува и присуството на голем број компании-излагачи и посетители во и од регионот. На Саемот за храна, што се одвива под знакот на UFI, ќе учествуваат излагачи од областа на: • прехранбената индустрија; • земјоделството; • медитерански култури; • органска храна; • вино и грозје; • слатки; • пакување и контејнери; • кафе; • преработка на риба; • производители на индустриска и минерална вода; • увозници и дистрибутери на земјоделска опрема.

Водечки настан во областа на агробизнисот во Црна Гора, познат по своите промотивни и комерцијални резултати на учесниците, овој пат со активно учество на туризмот, нуди атрактивна бизнис-средина за маркетинг на производи и услуги, ланци на дистрибуција, опрема за обработка и професионално готвење, опрема за продавници и магацини и др. На истото место и во ист временски период, паралелно со 39. Саем за храна, се одржуваат и 22. Саем за туризам и 19. Саем за екологија, на кој начин се поврзуваат туристичката и прехранбената индустрија и екологијата во уникатен, конкурентен и одржлив настан со производи и услуги со високи стандарди за квалитет. Квалитетот на настанот ќе придонесе различни тематски настани, во соработка со професионалните здруженија и професионалци, да ги задоволат вашите промотивни потреби и тековните економски трендови.

22. Саем за туризам - METUBES е најважниот настан во областа на промоција и продажба на туристичките капацитети во Црна Гора. Таа ги обединува заедно најважните носители на туризмот на едно место и сеопфатно ја прикажува вкупната моментална понуда за претстојната туристичка сезона. Нејзиното оправдано одржување е фактот дека се одржува секоја година повеќе од две децении и бележи успешна традиција, поддржувајќи ја потребата понудата и побарувачката во туристичкиот пазар да се сретнат во реалниот простор и амбиент на услугата. Заеднички проекти во туризмот и поврзување на регионот како туристичка дестинација, како и директни изложувачи на METUBES се водечки компании, агенции, националните туристички организации и здруженија во регионот. 19. Саем за екологија го опфаќа современиот концепт на конзервација и заштита на животната средина и на природните ресурси кои се` повеќе се зголемуваат во сите области на животот. Саемот е во насока на излагачи кои создаваат производи и услуги од областа на заштитата на животната средина, со посебен акцент на бизниси кои се занимаваат со: • управување со отпад; • обновливи извори на енергија; `• рециклирање; • производител на здрава органска храна.

Саемот за екологија е добра можност домашните учесници да се запознаат со современите и ефикасни стандарди за зачувување и заштита на животната средина. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучува повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 4 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 139 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 25.3.2013 година. Лице за контакт : Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Од 11 до14 март 2013 година во Република Црна Гора се одржуваат три саемски манифестации

ХРАНА, ТУРИЗАМ И ЕКОЛОГИЈА ВО БУДВА

Page 27: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 27

Во периодот од 13 до 15 март 2013 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат 14. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства - ISTANBUL WINDOW 2013, 5. Меѓународен саем за врати, блиндирани врати, панел, системи и помошни средства за врати - DOOREXPO ISTANBUL 2013 и Саемот за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии - GLASSEXPO ISTANBUL 2013. Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании.

Во делот на прозорци: - алумински профили, дрвени профили, механизми за прозорци, ПВЦ-механизми за прозорци, механизми за алумински и дрвени прозорци, рачки и шарки за прозорци, безбедносни системи, брави; - пневматски системи, хидраулични, електро и рачни алати, ролетни, вентилација за прозорци, безбедносни системи, завртки, фасадни системи, ПВЦ-стакло, изолација за топлина, звук, пожар; - машини за преработка на алуминиумски прозорци, механизам за алуминиумски прозорци и др.

Во делот на врати: - ПВЦ-врати, челични, стаклени, дрвени, гаражни, вртечки, панел-врати, врати од ковано железо, индустриски врати, секциски врати, надворешни и внатрешни врати за куќи, безбедносни врати, врати отпорни на оган, врати за болници, изолациони врати, лизгачки врати, врати за возила; - рачки, рамки, шарки за врати, клучни системи за врати, автоматски врати, технологија за преработка на врати, електронски системи за врати, врати за градина, аларм за врати, блиндирани врати и др.

Во делот на стакло: - производи од стакло, рамно стакло, повеќеслојно, калено, изолационо стакло, стакло за автомобили, стакло за мебел, стакло отпорно на оган, витраж, матирано и заштитно стакло, лабораториско стакло, кристал, рачно изработено стакло, оптичко стакло, непробојно стакло, огледало, конкавно стакло; - машини за миење стакло, машини за сечење, машини за келење, машини за заварување и полирање на стакло; - изолационен материјал, пескарење, дихтунзи, завртки, резервни делови; - лепливи производи, хемикалии за чистење стакло, молекуларни сита, стаклени бои, течно стакло и др.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 13 до 15 март 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедени се: бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25.02.2013 година.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064Моб 070/295-439Факс:++ 389 2 [email protected]

Од 13 до 15 март 2013 година Ве водиме во Република Турција на три саемски манифестации WINDOW, DOOREXPO И GLASSEXPO ISTANBUL 2013

Page 28: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Можност за излагање и презентација на македонски производи на бесплатни штандови преку Стопанската комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија во соработка со Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони, организираат посета и учество на 8. Меѓународен гастрономски натпревар „Бисер на морето“, што ќе се одржи од 20 до 24 март 2013 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар, на островот Брач во Република Хрватска. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од високо образовните школи, средните угостителски училишта, хотели и ресторани, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето рецепти од македонското поднебје. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд, обезбеден од Комората, за компаниите-членки. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во трите категории (предјадење, главно јадење и десерт) учениците, студентите, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено: - бесплатно сместување - 5 ноќи, so два оброка на ден во хотелот.

Трошокот за организиран автобуски превоз е на товар на учесниците на настанот. Сите заинтересирани лица кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација како натпреварувачи, излагачи на обезбедените беспалтни штандови, или како посетители, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 11.02.2013 година. Повеќе информации, Пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт: Наташа Стојаноска Венера Андриевскател: 3244064;факс 3244088 тел: 3244037; факс:3244088моб.: 070/295-439 моб.070/[email protected] [email protected]

Од 20 до 24 март 2013 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Република Хрватска

„БИСЕР НА МОРЕТО“ ВО СУПЕТАР, НА ОСТРОВОТ БРАЧ

Page 29: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 29

Јадранскиот саем се наоѓа во Будва, туристички и бизнис-центар на Црна Гора. Нејзината позиција, во близина на најпознатата плажа на црногорското крајбрежје, во срцето на градот, нуди единствена опција за бизнис и трговски активности. За своите 40 години постоење, Јадранскиот саем стана синоним за најуспешните бизнисмени и колективно претставување на најновите достигнувања во вселената, иновации, креативност и важни бизнис-контакти. Јадранскиот саем има околу 22.000 м2 земјиште на најатрактивна локација во Будва, со 11.000 м2 изложбен простор. Располага со затворен изложбен простор од 3000 м2. За настаните кои бараат поголем простор, имаат можност за поставување на дополнителен капацитет од 8000 м2 изложбен простор од затворен тип, кој особено е наменет за туристички саеми, мебел и градежништвото. Стопанската комора на Македонија ве поканува на организирана бизнис-посета на најважниот настан во областа на производството и прометот на мебел во Будва, Црна Гора. Меѓународното и регионалното значење на овој традиционален саем го потврдува и присуството на голем број компании и како излагачи и како посетители. Големата посетеност на овој саем е како резултат на бројот на излагачи, кој секоја година се зголемува во директната продажба и промотивните акции на самиот настан, кои резултираат со подобрување на позицијата на пазарот и признание од голем број посетители, идни потенцијални клиенти и бизнис-партнери. Саемот се одржува во период на интензивни инвестиции во простор, внатрешна декорација, опремување на угостителски и сместувачки капацитети, како и во подготовка на туристичката сезона, која им овозможува на изложувачите да се сретнат со значително голем број заинтересирани купувачи, инвеститори, бизнис-партнери, а со промоциите обезбедува добри деловни резултати, задоволување на потребите, размена на искуства и др. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучува повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 4 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 139 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15.3.2013 година.

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Ванчо Спасевски Тел: ++ 389 2 3244064 Тел: ++ 389 2 3244095 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: [email protected] E-адреса: [email protected]

Од 27 до 31 март 2013 година, во Будва, Република Црна Гора

САЕМ ЗА МЕБЕЛ, ДОМАЌИНСТВО, КАНЦЕЛАРИИ И ВНАТРЕШНА ДЕКОРАЦИЈА И ДИЗАЈН

Page 30: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на винотоХОРЕКА - Меѓународна изложба за опрема за хотели, ресторани, кафетерии и трговски објектиФУДТЕКС - Меѓународна изложба за храна и пијалаци, пакување, машини и технологии

На изложбената програма на Меѓународниот саем во Пловдив, Република Бугарија, вклучени се многу саеми од различни дејности, со специјализирани изложби, коишто ги опфаќаат клучните сектори на бугарската економија. Тука се одржуваат најзначајните трговски форуми во земјата, на кои бугарските производители излегуваат на меѓународниот пазар. Саемите и специјализираните саеми ги дефинираат параметрите на развојот на бугарската економија и интересот на странските бизниси во земјата и во регионот. Вкупната изложбена површина изнесува 159.100 метри2, од кои 64.500 метри2 покриен простор. Саемот има современ Меѓународен конгресен центар, со 5 модерно опремени сали, од 20 до 600 места. На располагање се и други 10 сали во одделни комори, со 2 до 100 места. ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното. Бугарија е меѓу земјите со долгогодишна традиција во областа на винарството. Таа е почитувана во светската елита на овој софистициран бизнис, а ВИНАРИЈА е една од неговите najрепрезентативни изложби. Низ неа поминува патот на успехот на стотици производители и трговци. Изложбата собира компании-лидери од главните индустриии поврзани со одгледување на лозја и производство на вино и алкохолни пијалаци. Таа е центар за размена на информации, иновации и технологии преку мноштвото настани - конференции, семинари, презентации, дегустации и средби, вклучени во деловната програма. ХОРЕКА нуди: се` за хотелите, рестораните, баровите и трговските објекти - од инструменти, додатоци и целосен асортиман и техника, до опремување и безбедност; профитабилни идеи за проширување на производството и трговијата, средби со професионална публика, со што се обезбедуваат директен маркетинг и клиенти: • опрема за хотели, ресторани и барови; • инструменти и садови; • опрема за дуќани и магацини; • мебел за хотели и ресторани; • апарати и опрема за вентилација, ладење и климатизација; • професионална опрема за чистење; • системи за безбедност и пропратни услуги за нив.

ФУДТЕКС е една од најрепрезентативните бугарски саемски изложби на прехранбената индустрија, која ги собира компаниите-лидери во областа на: • здравата исхрана;

• нови стандарди за квалитет на храната, со уникатен вкус на регионалните кујни; • машини и технологии; • инвестиции за усовршување на производството; • најбезбедни и атрактивни амбалажи.

На саемската манифестација ќе учествуваат: • Здружението на месопреработувачи во Бугарија; • Асоцијацијата на млекопреработувачи во Бугарија; • Унијата на преработувачите на овошје и зеленчук во Бугарија; • Федерацијата на производители на леб и бели печива и слаткари во Бугарија; • Здружението на производители на безалкохолни пијалаци во Бугарија; • Бугарската асоцијација Биопродукти /БАБ/; • Бугарската асоцијација на професионални готвачи и др.

Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот во Пловдив, организираат посета и учество на ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното, ХОРЕКА - Меѓународна изложба за опрема за хотели, ресторани, кафетерии и трговски објекти, ФУДТЕКС - Меѓународна изложба за храна и пијалаци, пакување, машини и технологии. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучива повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 3 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 124 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување до 20.3.2013 година.

Подетални информации, пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk .

Контакт: Наташа Стојаноска тел: 3244064;факс 3244088 моб.: 070/295-439 [email protected]

Од 3 до 6 април 2013 година три саемски манифестации во Република Бугарија

„ВИНАРИЈА“ , „ХОРЕКА“ И „ФУДТЕКС“ ВО ПЛОВДИВ

Page 31: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Успехот на Hannover Messe 2012 потврдува уште еднаш дека најважната светскa технологија е моќен двигател на инвестициите во новите развои и автоматиката. Глобалните мега трендови како што се намалените ресурси, одржливоста, мобилноста и урбанизацијата ја принудуваат индустријата да ги прифати брзите промени и да инвестира во иднината. Со својот јасен фокус на јадрото на технологиите и услугите кои им овозможуваат на индустриското производство, иновациите и ефикасноста, Саемот во Хановер е ценет од страна на компаниите и организациите низ целиот свет, како премиер во светот за тоа што знаат и укажуваат индустриските технологии. Во 2013 година 11. Саем ќе се фокусира на последните случувања во секој од понудените сектори, пред се` на индустриската автоматизација - изградба на системи за автоматизација и решенија. Индустриска автоматизација им нуди на своите посетители и излагачи моќна синергија со сите клучни индустрии. Во центарот на вниманието ќе биде интегрираната автоматизација на процесите со теми, како: Вградени системи и Smart производство. Пораката е дека интелигентните системи за производство, процесите и реализацијата и координацијата на мрежни, географски дистрибуирани се од витално значење за правење „Интегрирана индустрија”. Тематските презентации на Индустриска автоматизација се следни: • индустриски ИТ; • индустриска безбедност и заштита на производи; • безжична автоматика & M2M; • идентификација, барање и следење; • роботика, автоматика & визија; • MicroTechnology - паметни системи за автоматизација; • мобилни роботи и автономни системи; • интегрирани решенија; • АМА - центар за сензор, мерење и тестирање технологии.

МЛД – Движење, возење & автоматика или моќ на трансмисија и контролa ќе ги изложи електричните и механичките преноси на електрична енергија и контрола на технологии од целиот свет, како и најновитете иновации во хидрауликата и пневматиката. Клучните категории на производи за моќ на трансмисија и контрола вклучуваат валчести лежишта, опрема, тркала, пумпи, мотори, менувачи, возни компоненти на системот, спојки и сопирачки системи. Енергија - Саем за обновлива и конвенционална енергија, напојување, пренос, дистрибуција и складирањe. Манифестацијата документира целосна вредност додавајќи синџир во енергетскиот сектор - од генерација, снабдување, пренос и дистрибуција, трансформација и складирање на електрична енергија. Нуди енергетски микс за иднината што е ефикасен, одржлив, безбеден и најекономичен. Ќе имате можност да ги видите најновите достигнувања од обаста на: трансферна енергија, децентрализирана енергија – договорна, паметни мрежи, геотермална енергија, централен инженеринг, водород + гориво, системи за супер спроведување на енергија во градот. Ветер - Саем за ветер, технологија, компоненти и услуги Силата на ветерот е една од најбрзо растечките сегменти на енергетската индустрија. Cаемoт за ветер претставува комплетен спектар на растителни, компоненти и услуги за индустриски апликации. Изложбата ја прикажува од секој аспект енергијата на ветерот – почнувајќи од процесот од фабриката за дистрибутивни мрежи, од напојување и други концепти. Во оваа област излагачи се производители, добавувачи на делови и услуги, подизведувачи, инженери и финансиери на проекти, специјалисти и др. MobiliTec - Саем за хибридни и електрични Powertrain Technologies, мобилно складирање на енергија и алтернативни решенија за мобилност. Овој водечки саем цврсто е етаблиран како бр. 1 бизнис-платформа за хибридни и електрични мобилни технологии. Ова е местото каде што клучните договори се потпишани, проектите започнати и заедничките вложувања понатаму се развиваат. MobiliTec ќе има специјални презентации: Е-МОТИВ - ќе ги покаже

иновативните производи за возила на електриен погон. MobiliTec – тест-патека - хибридни возила ќе бидат демонстрирани за нивната практична корист. MobiliTec Форум - На корисниците ќе им понуди искуства од експерти од индустријата, политиката и науката кои ќе разговараат за технолошки предизвици и можности за бизнис на електромобилноста. Дигитална фабрика - Саем за интегрирани процеси и ИТ-решенија. Централната ИКТ-платформа во Хановер наоѓа прикази на индустриска автоматизација и технологија. Во срцето на водечкиот трговски саем за интегрирани процеси и ИТ-решенија фокусот ќе биде на процесот на интеграција и интердисциплинарен развој на производот, на решенија за КПУ, менаџмент за животниот цилкус на производот (PLM), реализација на производство (МОН) и ресурси за глобално планирање (ERP) и др. ComVac - Саем за компримиран воздух и вакуум-технологија. Купувачи од целиот свет се во потрага по енергетски ефикасни и одржливи решенија за компримиран воздух и вакуум-технологија. И тоа е токму она што ќе се најде во ComVac. Сите области на интерес се покриени на овој меѓународен водечки саем - од генерација и третман на компримиран воздух за негова дистрибуција и употреба во машини и системи. Индустриска набавка - Саем за склучување индустриски договори. Тука може да се видат иновативни производи и решенија за секоја фаза од индустрискиот синџирот на снабдување, лесни градежни решенија, површински и серија за тематски паркови, вклучувајќи SystemPartner, цврсто формирање, gegossene Technik, затворени системи, инженерство на керамика и сл. SurfaceTechnology - Саем за површинска технологија, што е идеална платформа за апликации и ориентирани решенија, презентација на иновативни производи и технологии за сликарство, галванизација и др. Industrial Green Tec – богат Саем за еколошка технологија.По успешното лансирање во 2012 година, Саемот за еколошка технологија и понатаму се проширува со техники за заштита на воздухот и водата и индустријата за рециклирање. Привлекува голем интерес кај посетителите и медиумите. Зелените технологии, развиени од страна на индустријата, ќе го формираат јадрото на изложбата во 2013 година. Истражување и технологија - Саем за R & D и трансфер на технологија. Тоа е водечки саем за истражување, развој и трансфер на технологии и врвни индустриски иновации. Акцентот е на трансфер на технологија меѓу научната заедница и светот на бизнисот. Тоа е совршен пример за иновации. Носители на одлуки од сите делови на индустријата доаѓаат тука во потрага по нови идеи во иднина.

Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - бесплатен локален транспорт во Хановер.

Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 01.03.2013 година.

Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација можете да видите на следниов веб сајт http://www.hannovermesse.de/home Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

31четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Од 8 до 14 април 2013 година ве носиме на исклучително позната саемска манифестација во

Германија по повластени услови - ПОСЕТА НА HANOVER MESSE

Page 32: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

32 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Гигантски машини, на 555.000 метри ² изложбен простор, со 3.256 изложувачи и 420.170 посетители, БАУМА 2013 е најголем и можеби најимпресивен саем во светот. Сепак, неоспорен е фактот дека е водечки меѓу националните саеми и истовремено највлијателен магнет за посетители со неговата сеопфатна понуда. Се одликува со сите сектори, присуство на сите лидери на пазарот од овие области и многу иновации.

БАУМА 2013 е водечки меѓународен саем со апсолутно широк спектар на експонати.Секој поединечен производ во група е претставен и јасно структуриран во четири тематски ориентирани сектори кои служат како основа на БАУМА 2013.

Се` за градилиштата:• рударството, екстракција и обработка на суровини;• производство на градежни материјали;• компонента и давателите на услуги;• градежни возила, камиони;• градежни возила, камиони и трактори;• камиони со полуприколка; • камион вагони со посебно тело за чистачи на патот; • товарни возила со приколки за прикачувања;• градежни машини;• апарати и транспортери;• градежна опрема, алатки и специјални системи.

Рударството, екстракција и обработка на суровини:• ракување и обработка на бетон и малтер на градилиштата;• мапи на инсталации;• машини за екстракција на суровини и рударство;• ракување со суровини; • минерални суровини.

Производство на цемент, вар, гипс и соединенија за градежни материјали:• производство на готов бетон, бетонски производи и фабрикувани компоненти;• производство на асфалт;• производство на сув малтер, гипс;• производство на гипс и гипсени плочи;• градежен материјал, ракување и пакување.

Давателите на услуги:• пренос, инженеринг, технологија и производство на електрична енергија;• менувач за тркала;• оски;• управувачки механизми;• спојки;• сопирачки;• пневматски диск и контрола на процесен инженеринг;• производство на електрична енергија, мобилни и стационирани единици;• фреквенција и струјни трансформатори;

• батерии;• електрична опрема за возила;• дистрибуција на електрична енергија, елементи и осветлување;• опрема и додатоци;• додатоци и делови;• услуги;• тест, мерење и контрола на процесот инженеринг;• комуникација и навигација;• безбедност при работа.

Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 1.03.2013 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал:http://www.bauma.de/en/vier_bereiche_der_bauma_1/vier_bereiche_2.php

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 15 до 21 април 2013 година посета во СР Германија на Меѓународен саем за машини за изградба, градежен материјал, рударски машини, градежни возила и градежна опрема

„БАУМА 2013“ ВО МИНХЕН

Page 33: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 33

CONSTRUCT EXPO, со своите 20 години постоење, стана квалитетна платформа за претставување на ефикасни решенија во полето на градежништвото во Романија. Романија претставува еден од најважните пазари во Европската Унија, за урбанистички и инфраструктурен развој и, како резултат на тоа, побарувачката за најновата градежна опрема, технологии и материјали постојано расте. Во 2012 година, на самската манифестација се собраа 300 компании од 22 земји, на површина од 15.000 квадратни метри, со вкупно 15.000 посетители. Обезбедени се бесплатни влезници за саемската манифестација за посетителите во организација на Стопанската комора на Македонија. Посетителот ги покрива трошоците за пат и сместување во износ од 155 евра чија цена вклучува: - повратен автобуски превоз Скопје – Букурешт - Скопје, - сместување во хотел со 3 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а за еднокреветна соба цената изнесува е 169 евра).

Оваа цена важи за група од минимум 18 патници. Пријавување најдоцна до 1.04.2013 година.

Контакт: Наташа Стојаноска Марија Петроскател: 3244064;факс 3244088 тел: 3244017; факс:3244088моб.: 070/295-439 моб.070/[email protected] [email protected]

Од 18 до 20 април 2013 година Меѓународен саем за градежништво технологии, опрема и материјали во Романија

CONSTRUCT EXPO 2013 ВО БУКУРЕШТ

Page 34: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Од 15 до 17 мај 2013 во Босна и Херцеговина прв Саем за Халал индустрија

SAHAF ВО САРАЕВО SAHAF - Сараево е прв Халал саем и форум и е единствен настан кој ги обединува сите претставници на Халал индустрија од Југоисточна Европа, како и претставниците на водечката глобална халал индустрија и мултинационални компании.Саемската манифестација ќе се одржи во Центар “Скендерија” – Сараевскиот Саем кој на годишно ниво е посетен од над 150.000 посетители и преку 1500 излагачи на 20 организирани саемски манифестации. Интерес за излагање на оваа саемска манифестација досега покажале голем број на компании од земјите во нашиот регион, како и компании од Германија, Австрија, Турција, Малезија, Индонезија и други земји од Блискиот Исток кои поседуваат халал сертификат за производи и услуги . SAHAF е првиот специјализиран халал саем во Југоисточна Европа, кој обезбедува увид во трендовите на развојот на халал индустријата. На пазарот веќе постојат значителен број на компании кои го имплементирале халал сертификатот и нивните производи успешно се пласираат не само на локално и регионално ниво, туку и на халал пазарите во светот. SAHAF ќе им овозможи на халал производителите и даватели на услуги да ја покажат својата понуда за локалните купувачи и потенцијални купувачи и дистрибутери од странските земји. Посетителот ги покрива трошоците за пат и трошоците за сместување во износ од 125 евра по лице кои вклучуваат: - повратен автобуски превоз Скопје - Сараево - Скопје; - сместување во хотел со 3 ѕвезди на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, а резервација на еднокреветна соба е 139 евра.

Оваа цена важи за група од минимум 18 патници. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25.4.2013 година. За повеќе информации за саемската манифестација SAHAF 2013, посетете ja веб-странata www.sahaf.ba или контактирајте не`.

Контакт: Наташа Димеска СтојаноскаТел: ++ 389 2 3244064Моб. 070/295-439Факс:++ 389 2 3244088E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

34 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Page 35: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124 35

Printtek 2013 е еден од најквалитетните настани за печатарската индустрија која им обезбедува ефикасна и специјализирана маркетинг платформа на изложувачите во халите наменети за групи производи кои им нудат на посетителите цела палета на продукти и иновации под еден покрив. Во делот на Саемот за печатење посетителите ќе видат: - боја за печатење, дигитален фото апарат, скенери, монитори, принтери, ласерски системи, мултимедијален софтвер, кодирање на софтвер, печатење и систем за печатење, машини за печатење, сублимација, тонер за печатење, синтетички филм и матрица; - машини за пакување, печатарски машини, фолија за машини за печатење, ламинатори, дигитални печатарски машини, електронски печатарски машини, термо трансфер принтер, опрема за ладење, опрема за тестирање, машини за лепење, обврзувачки машини, бар код системи, преработка на хартија, мастила, дигитални мастила, мастила за тампон печатење, хемикалии, лепила, фотографски материјали, печатење на хартија, картони за книга, весник и списанија; -етикети, алтернативни материјали, складирање и логистика, автоматски системи и роботи, клима уреди и влажност на системи, регулатор, генератор, печатени апликации, декоративно осветлување; -канцелариски материјал, компјутери, печатач, скенер маси и др.

Во делот на ИПТ посетителите ќе видат:

- хартија, картон, машини за обработка на картон, машини за производство на хартиени вреќи, фолдинг машини, машини за апликации, помошни материјали, балирање и преси, дизајн, автоматизација, софтвери и др.

Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија.

Обезбедени се: - бесплатно сместување во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди, две ноќевања со појадок; - трансфер од хотелот до Саемот; - влезници за Саемот.

Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 5.900.00 денари за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20.4.2013 година. За повеќе информации за PRINTTEK 2013 и IPT ISTANBUL 2013, посетете ги веб-страните www.printtekfair.com , www.iptis-tanbul.com или контактирајте не`.

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Ванчо Спасевски Тел: ++ 389 2 3244064 Тел: ++ 389 2 3244095 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: [email protected] E-адреса: [email protected]

Од 17 до 22 мај 2013 година Стопанската комора на Македонија ве поканува на две саемски манифестации во Република Турција

PRINTTEK И IPT ISTANBUL 2013

Page 36: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Од 21 до 23 мај 2013 година бизнис форум во Пекинг, Кина

“2013 ASIA-EU MATCHMAKING EVENT BEIJING”

Стопанската комора на Македонија во соработка со ЕЕН Мрежата за мали и средни претпријатија (ЕЕN Enterprise Europe Network), ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан што ќе се одржи од 21-23 мај 2013 година во Пекинг, Народна Република Кина. Организатори на настанот се Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија во соработка со ЕЕН за централна Кина, а коорганизатор е Европскиот институт (EЕН Шведска), Оддел за наука и технологии. Главни области на овој настан: - електронски информации и комуникации; - модерно инженерство и производство; - нови материјали, нови извори на енергија; - модерно земјоделство и зелена технологија; - биоинженерство и фармација.

Контакт лице

Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Подетални информации:може да видите : www.b2bmatchmakingbeijing2013.com

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

36 четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Page 37: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) [email protected]

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

ПОВИК

37четврток, 21 февруари 2013, Бр. 124

Page 38: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФО

Грчка компанија бара соработка со македонски производители на гипс картон за пласман во Грција.Валидност дo: 8.5.2013 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија високонапонски и нисконапонски линиски изолатори.Валидност дo: 8.4.2013 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира грејни тела на дрва, гас и струја во Република Македонија.Валидност дo: 8.6.2013 година

Грчка компанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на опрема за лабoратории.Валидност дo: 8.4.2013 година

Компанија од Германија нуди услуги во областа на информирање за профилот на најпогодни фирми за соработка во разни области погодни за македонските компании.Валидност дo: 8.4.2013 година

Компанија од Иран бара дистрибутер во Република Mакедонија за пласман на медицинска опрема за ортопедија, ендоскопија и урологија.Валидност дo: 12.6.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лекови, репроматеријали за стоматологија, производи за хигиена и медицински средства за дезинфекција и чистење.Валидност дo: 11.5.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е за инвестирање и отвoрање на производствен погон во Велес или друг град, кој нуди

користење на природен гас за производство на керамички производи од висок квалитет.Валидност дo:11.8.2013 годинаКомпанија од Белорусија бара соработка со текстилни фабрики во Република Македонија за проиводство на облека - трикотажа од памук, вискоза, ткаенини од памук, вискоза и полиестер и увоз на текстилни производи од Република Македониjа.Валидност дo: 11.5.2013 година

Компанија од Полска заинтересирана е да пласира во Република Македонија производи од хартија, кеси, украсна хартија, хартиени чаши и тањири и други производи.Валидност дo: 12.6.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за бањи.Валидност дo: 13.4.2013 година

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на полиетиленски и полипропиленски вреќи за различни намени. Во согласност со барањата на клиентите, се печатат во 6 бои; пластични кеси за пакување облека; различни сигнал-ленти со натписи („СТОП” и др.); кеси за отпадоци во ролни. Валидност дo: 13.6.2013 година

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на материјали од плaстика за пакување и фолии за пластеници во земјоделството. Валидност дo: 13.4.2013 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на картонски кутии и етикети.Валидност дo: 13.4.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на органска храна.Валидност дo: 14.4.2013 година

Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Co-ca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дрвени палети.Валидност дo: 15.4.2013 година

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКАчетврток, 21 февруари 2013, Бр. 12438

Контакт:

Мирјана КоцеваТел: (02) 3244-035Факс: (02) 3244-088 [email protected]

Page 39: Бизнис ИНФО број 124 од 21.02.2013 година

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

ISO9001Quality Management

bsi.

FS 549642

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK