АМАК ПРЕС 123

40
ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 123, Октомври 2010, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... •Како “Титаник“ потона хотел “Палас“ •Варош небезбеден во случај на пожар!

description

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

Transcript of АМАК ПРЕС 123

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 123, Октомври 2010, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

Охридското Езеро на сателитот Титан на Сатурн

•Како “Титаник“ потона хотел “Палас“•Варош небезбеден во случај на пожар!

2

4

ИЗДАВА: ОХ-1 Продукција Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува еднаш месечно Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоуфото:

Александар Ковачески Томислав Кипријанов

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Петруш Јовески 075/ 476-158

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Збор на уредникот

Дали постои совршенство на овој Свет? Има ли субјект без мана, има ли објект без дамка? Одговорот секако е НЕ. Но ние како поединци или припадници на некоја општествена група мора да се стремиме кон најдоброто, кон она што е барем мал-ку приближно до совршеното. Ако подлабоко размислувам ќе кажам дека совр-шени се природните појави. Сонцето и од запад да изгрева сепак е сонце, водата и кај нас и во Африка и низ целиот Свет е вода. Без сонце и вода живот нема. Без се друго може да се живее.... Всушност секој човек како и се друго на овој Свет се раѓа и умира како единка. Но тоа не значи да се живее изолирано туку напро-тив со другите но притоа секој да пронајде енергија за да се потпира самиот на себе си а не на другите. Недостатоци имам и јас како личност но и Вие како група затоа што ниту јас ниту Вие сме совршени. Но сите заедно треба да целиме кон најдоброто за нас. Како медиум и “Охридските Новини“ за некого се добри а за друг не. Но овој месечник е тука да го забележи се она што е важно за Охрид, да укаже на нештата кои се лоши за охриѓани па сите заедно да ги коригираме за на сите нас да ни биде подобро. Изминатиов период градов го преплавија низа настани и случки позитивни и негативни ,и тогаш секако секој вртеше грб пред негативните. Сите бегаа подалеку од одговорност па и надлежните, наместо да погледнат во очи на проблемот, заедно да го решат и сите да ја обезбедат за-едничката, добра иднина. Како што кажав ништо не е најубаво но треба да го бараме приближното на него. Заедно да ги решаваме проблемите не завис-но на националната , верската и политичката припадност. Затоа што сите ние и христијаните и муслиманите, и Македонците и Албанците и приврзаници-те на ВМРО или СДСМ сакале или не му припаѓаме на ова секојдневие. Кога

си во продавница, и јас и ти и сите ние чекаме на ред, привилегирани нема како што нема ни пред претпоставениот на работното место. А пред Бог, сите ние сме исти ете тогаш пред него нема ни Влас ни позиција ни опозиција. Всушност и кралот и пита-чот се раѓаат како единки и така заминуваат од овој Свет. Затоа сите заедно да се потру-диме да ни биде подобро секое наредно утро од денешново. Секако ,најдоброто- совр-шеното никогаш го нема но барем да се потрудиме да го обезбедиме приближното.

Како што најубавата ружа не расте без трња, така и на овој Свет нема совршенство и идеалност!

Како што најубавата ружа не расте без трња, така и на овој Свет нема совршенство и идеалност!

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридЖиви ЛегендиИнтервјуРепортажаВи најавуваме...Чест ни е...Охридски легендиНаша гордостАктуелноПрашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Хороскоп

Правни забелешки

Списанието “Охридски Новини“ излегува еднаш месечно со одо-брение на сопственикот. Информа-циите во него имаат информати-вен и едукативен карактер. Точно-ста на информациите е проверена пред процесот на печатење.Забрането е репродуцирање и употребување на печатените сод-ржини на “Охридските Новини“ во комерцијални цели без претход-но писмено одобрување од изда-вачот и од Главниот и одговорен уредник на “Охридските Новини“.Уредништвото нема одговорност за ненамерните печатни грешки.“Охридските Новини“ се дел од ре-гистрираната продукциска куќа ОH-1 продукција.

Спонзор на ‘‘Охридските Новини‘‘

5

Наш Охрид

Големиот човек и новинар замина во легендите

Колку чуден е животот. Не-предвидлив, полн со изненадувања некогаш уба-ви а другпат не. И тогаш

“среде розовиот рај гром ќе те стре-се“, ќе голтнеш грутка тежина кога осознаваш дека губиш нешто ска-поцено и вредно. А има ли нешто повредно од човечкиот животот или од човекот кој пред се е човек ? Секако дека не! Ете тогаш кога го гу-биш она вистинското и највредното ги осознаваш сопствените пропу-сти односно, зажалуваш што не си сторил нешто токму во има на највредното.“Сум пишувала текстови за многу луѓе. Сум брзала истите да ги стиг-нам пред да се качат на последни-от воз кој ќе ги однесе далеку од нас, а тоа не го сторив за Вас“. Мој драг, почитуван колега, Никола Ма-невски, ова е мислата која ме из-

мачува откако Вие го напушти овој Свет. Оправдување за самата себе-си наоѓам во фактот дека заминав-те одеднаш, неочекувано, се уште полн со ентузијазам, богат со нови идеи кои ги реализиравте на работ-ното место каде Ве затекна смртта извршувајќи ја функцијата рако-водител на одделението за одно-си со јавноста при Локалната Са-моуправа. Вашата огромна волја за живот и љубовта кон новинарска-та професија, Вашето присуство на секој настан или случка мене ми влеваа надеж дека за Вас има уште многу,многу време. Денес сум во медиумот каде ја имав првата средба со Вас, почитуван колега. Денес повеќе не се сомне-вам во сопствените способности, туку се сомневам во достоинство-то на овој текст. Дали тој ќе биде доволно добар, затоа што е посве-

тен за Вас- доајенот на македонско-то и охридското новинарство. И до-дека го пишувам овој текст кој ќе биде објавен во “Охридските нови-ни“ – весникот кој заедно со Госпо-динот Венко Шапкар го формиравте токму Вие, јас се враќам во старите добри времиња и го чувствувам Ва-шето присуство крај мене... Беа тоа времиња на не заборав, убави- златни времиња.... Ноември-ско дождливо утро во 2003 годи-на. Јас како “падната од Марс“ што-туку вратена од студии, маки мачев пред компјутерот во редакцијата на Радио Охрид да напишам едноста-вен текст кој беше претежок за то-гашните мои пишувачки способно-сти. Важно ми беше само мојот труд да им се допадне на моите постари, искусни колеги. Вратата се отвори и тогаш насмевка се разлеа на лико-вите од моите постари колеги.

“Како е “Радио Охрид“?беше прашањето што ја распара редак-циската штама и ми помогна полес-но да се справам со мачнината и агонијата што тогаш ме обземаа. И уште пред да сфатам што се случу-ва, крај мене се приближи човек ин-тересен како појава со црн кожен мантил и црвен шал од кашмир околу вра-тот. И додека јас се преиспитував себе си од каде ми е познат овој чо-век, поет ли е или можеби писател ? Тој љубезно ми подаде рака и учти-во се претстави.“ Драга госпоѓице и почитувана ко-лешке јас сум Никола Маневски“, рече тој и откако направи шеги на сопствена сметка кажа дека го при-готвува тогаш новиот број на АМАК ПРЕС- Охридски Новини. Тогаш во ниеден момент не претчувствував дека еден ден јас ќе го наследам

Никола Маневски доајен на македонското и охридското новинарство и првиот уредник на Охридските Новини

6

Сеќавање...

неговото место но се радував што еден од моите први “мачни“ тексто-ви го прочита токму тој.“Аха..., уба-во не лошо во Вас има потенцијал, образована сте и начитана, а јас сум човек што може да има симпатии кон сите, но ги почитувам оние “што се фатиле за ука“. Тоа значи дека до-колку имате некоја мака со оваа ра-бота слободно можете да ми се об-ратите“, рече тој тапкајќи ме по ра-мото и додаде, “ Не сум најпаметен но се снаоѓам некако“, Негови-те комплименти за она што сум го сработила , неговото “почитува-на колешке“тогаш како на секој по-четник и мене ми значеа многу ми влејаа самодоверба и некако ја рас-тргаа мојата уплашеност.Тој ми остави прекрасен впечаток уште на првата средба. Едноставен пријатен човек, со ведар мил лик. Премногу скромен за своите огром-

ни познавања, за се она што се слу-чува околу нас. Тоа беше човек кој му подаваше рака не само на они што ги почитувал како што самиот велеше, туку и на сите други кои ја пробале среќата во новинарство-то. Сите настојуваше да ги исправи на нозе и насочи на правиот пат. Не-себично го делеше своето знаење со другите затоа што беше премно-гу сигурен во сопствените способ-ности и знаеше дека квалитетот ни-когаш не може да биде заменет со квантитет. А знаете ли кое е најголемото за-доволство за новинар? Да се учи од најдобриот учител, да се седи крај мудриот човек кој милувајќи ја својата брада и задоволно вовлекувајќи чад од цигарата неу-морно ги исправаше новинарските текстовите. Некогаш и истите ги ки-неше затоа што исправките со ма-

стилото што тој ги повлекуваше че-сто ја обземаа белината на цели-от лист хартија. Честа да учам од него ја имав и јас... Се уште во мојата меморија се свежи сеќавањата од сопствениот прв работен ден во АМАК –Прес Охридски Новини. Вработувањето беше неочекува-но и изненадувачко и за мене. Бев на кафе посета во редакцијата на АМАК Прес. Кога ме здогледа по-читуваниот Маневски по крат-ко време се состана со сопствени-кот на медиумот, бизнисменот Вен-ко Шапкар, и половина час подоц-на озарен од среќа повторно вле-зе во редакцијата. Како вчера да беше сончевото мајско претплад-не во таа 2006 година, кога големи-от новинар влезе во просторијата и обземен од среќа и радост тој рече: “Драги колеги, од денес имате нова колешка посакајте и добредојде“.

Често размислувам, зошто тој тол-ку искрено се израдува на моето вработување, и одговорот го наоѓам само во фактот дека тој беше исклу-чително голем човек кој се раду-ваше на сечија среќа и настојуваше да го доведе квалитетот на медиу-мот на највисоко можно ниво. Че-сто ме подучуваше да работам теми кои не се дневни туку како такви ќе останат интересни за навек. “Тоа нека ти биде приоритет, запомни ние сме периодично гласило, затоа нам ни е потребна разработка на битни, важни теми кои во континуи-тет се интересни за Охрид. За наши-ов град помалку важна е политика-та од останатите случувања, пред се култура, музика и спорт“ дофрла-ше тој. Но тоа не значеше дека на-шиот почитуван Уредник изоставу-ва дневни настани. Напротив, ние бевме буквално сегде па дури и на

7

Сеќавање...Сопственикот на Охрид-ски Новини г. Венко Шап-кар, првиот уредник Нико-ла Маневски и сегашниот уредник Ангела Белевска

Присутен на секој јавен настан

банални едноставни настани. Пишу-вавме за секое случување иако зна-евме дека помалку битните теми за Охрид нема да бидат објавени на страните од овој весник. Во такви ситуации на нашиот учител му беше важно само да научиме правилно новинарски да пишуваме и изразу-ваме. Денес, пишувајќи го текстот посветен токму за него, јас сфаќам дека всушност тој со таквите свои ставови влијаеше на мојот стил на пишување и на некој начин со тоа го формираше костурот на совре-мените “Охридски новини“. ....Денови, минати, летни денови кои тогаш ми изгледаа без потреб-но напорни и мачни. Веќе ближе-ше пладне а јас и моите тогашни ко-леги чувствувавме како врел сач да паднал врз нас. Жештината ни уди-раше во глава а моравме да бидеме доволно концентрирани за да сле-диме што прикажува големиот Ма-невски. Тој пак “занесен “ во муабе-тот безгрижно вовлекуваше од лу-лето и брзаше кон печатницата “Ко-ста Абраш“ каде како тогаш, така и сега се печати овој весник. Кол-ку јас и моите колеги тогаш ја мра-зевме улицата “Кленоец“ не можам да ви доловам со зборови. Одевме пеш по неа затоа што нашиот учи-тел ни велеше дека како новинари мораме да забележуваме буквално се. “ Што може да се види од авто-мобил?, ништо. Затоа ќе одиме пеш “, дофрлаше тој. А приказна сама по себе беше нашето колективно при-суство во печатница. Тогаш таму технички се средуваше весникот а ние помладите со часови “висев-ме“ над Манески кој му покажува-ше на еден од печатарите кој текст или фотографија треба да ги поста-ви на оваа или онаа страна. Денес јас ги осознавам добрите намери од неговите постапки. На таков начин тој етапно не запознаваше со цела-та постапка на создавање печатен медиум....Се уште во себе како да ја чувству-вам горчината и стравот од по-мислата “ Што ќе биде со нас?“кога дојде време почитуваниот Никола Маневски да замине од уредувач-

ката функција на весникот за да ја

извршува функцијата Портпарол во Локалната Самоуправа. Тогаш тој топло ни се насмевна и одмав-на со рака,како да сакаше да каже “Без грижа, се ќе биде во ред, Вие продолжувате понатака.“ И нависти-на беше така. Големиот новинар за-мина од овој медиум кога проце-на дека својот колектив добро го потковал, дека истиот е способен да го гради патот чии темели тој ги постави. Неговото заминување од АМАК Прес беше само формално, зошто тој и понатака се интереси-раше за се што се случува во него, за секоја поединост за секоја но-вост. На секоја манифестација, на секоја прослава или забава врзана за “Охридските новини“ беше при-сутен токму тој. А колку беше ин-тересно да се другарува со човекот Маневски знаат само оние кои што имале привилегија да бидат во не-гово присуство. Неуморно, со ќеф и мерак работе-ше како новинар и Главен и Одгово-рен Уредник на АМАК Прес- Охрид-ски Новини. Несебично го делеше своето знаење на помладите нови-нари. Тој беше новинар од стара-та генерација , од времето кога не секој можел да се занимава со оваа професија. Премногу начитан и со-одветно образован, новинар со ре-номе и како таков респектиран и почитуван од сите. Тоа беше иску-сен професионалец кој беше довол-но вешт секогаш да ја претставува Локалната самоуправа во најубаво светло, како нејзин гласноговорник. Тоа беше човек кој не познаваше незгодни ситуации зошто беше пре-многу умешен да им погледне во очи и на најнезгодните проблеми. Никола Маневски засекогаш останува забележан како жива енциклопедија и вистински хрони-чар на Охрид последниве 40 годи-ни. Со неговата смрт, Медиумската за-едница во Охрид загуби исклу-чително ценет колега, врвен но-винар и човек. Бликаше со ве-дрина и енергија, зборувајки за колегијалноста и волшебството на-речено Новинарство . За нас тој ќе биде запаметен како човек кој се-

когаш беше расположен да помог-не, да даде совет и насока несебич-но делејки го своето богато иску-ство. Ќе го паметиме како ведар шегаџија кој многу ќе недостасува на јавната сцена во Охрид.

Почитуван Никола Маневски, привршувајќи го овој текст, јас ги прелистувам пораките што Вие сте ги пратиле на мојот телефон-ски број а јас сум ги сочувала како значајни за мене. Тука се две дра-ги пораки едната од 2006-та годи-на кога Вие ми честитате за една од емисиите “Одбројување“ што тогаш се прикажуваше на еден од елек-тронските медиуми. Втората е со содржина која се однесува на мо-ето унапредување во “Охридски-те Новини“. Велам дека овие пораки ми се особено драги затоа што пре-ку нив Вие искусен колега ја пока-жувате Вашата несебичност, Ваша-та среќа за напредокот на другите, затоа што преку нивната содржи-на Вие покажувате дека во контину-итет ја следите работата на вашите ученици. Тоа Вам ве прави голем чо-век и незаменлив новинар. Вашиот лик, голем човеку беше единствен склоп на пожртвуван тат-ко, добронамерен човек, беспре-корен професионалец и вистински пријател. А има ли смрт за големи-те луѓе каков што бевте Вие? Секако дека не! Вие сте физички далеку од нас, но преку Вашите дела духовно сте постојано присутни со нас. Почивај во мир голем човеку! Кратка белешка

Никола Маневски , доајенот на охридското и македонско новинар-ство почина ненадејно утрото на 1-ви август, во својата 60-та годи-на од животот. Смртта го затекна во извршување на функцијата раково-дител на Одделението за Односи со јавност во Општина Охрид.

Маневски е роден на 18.07.1950 го-дина во Охрид. Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Факултетот за поли-

тички науки во Белград, Србија.Во својата долга и плодна кариера, тој ги измина сите скалила на нови-нарската професија, постигнувајќи завидни резултати и поставувајќи високи критериуми во новинарски-от еснаф. Почетоците беа во тогашното оп-штинско радио, првиот медиум на овој простор «Радио Охрид», потоа следеа «Вечерње новости» и «Бор-ба». Тој беше и основач на информа-тивната служба на фабриката «ОТ-ЕКС».Подоцна заедно со бизнисме-нот Венко Шапкар го покрена вес-никот АМАК Прес –Охридски нови-ни, најпрво како гласило за врабо-тените во компанијата АМАК СП, но со несебична работа, успеа да фор-мира екипа, која весникот го пре-твори во градско списание.

Манески се смета за основопо-ложник на охридското новинар-ство и извонреден советник за од-носи со јавноста во кабинетот на охридскиот градоначалник. Тој ќе биде запаметен како човек кој оста-ви неизбришлива трага и печат во новинарството, човек кој во се-кое време беше расположен да даде вистински насоки, несебич-но делејки го своето знаење со дру-гите и човек кој секогаш имаше од-говор на безбројните прашања на љубопитните новинари.

Романот “Чувства без наслов“од Никола Маневски ќе биде објавен постхумно

«Чувства без наслов» е рома-нот на Никола Маневски, кој ќе биде објавен постхумно . Митре Велјаноски кој беше голем пријател и соработник на Маневски, вели дека многу жали што не бил довол-но упорен и не успеал да го убеди Никола ова дело да биде објавено уште пред една година. “Негови-от единствен роман ќе биде објавен постхумно како и делата на многу светски великани и тоа ќе биде на-правено со најголем пиетет и она-ка како што тој заслужи“ - додава Велјаноски.

8

Сеќавање...По заминувањето од Охридските Новини беше Потпарол во Локалната Самоуправа

РИБЕН РЕСТОРАН резервации:046/269-200

77

10

Октомвриско сончево утро. Скопје се будеше од сон а јас потоната во сопствените мисли ја

проверував личната меморија и движејќи се по улицата “Пар-тизанска“ се препрашував себе си. Кое презиме стоеше зад име-то на познатата југословенска ак-терка Неда на која и припадна че-ста да го глуми ликот на позната-та пливачка и најдобар спортист на 20 -от век Атина Бојаџи ,во кул-тниот филм “Исправи се Делфи-на“ посвестен токму за неа?.... Ја решив загатката си помислив за миг, Арнериќ, беше тоа и брзајќи накај населбата Лептокарија се загледував во убаво уредени-те со зеленило и цвеќе парко-ви. Воодушевена од шаренило-

то и утринскиот мир кој му дава по-себен шмек на нашиот главен град во есен, се сретнав со легендарна-та а сепак наша, Атина Бојаџи. Же-ната која ги сруши сите светски ре-корди во пливање. Жената која по-кажа дека е похрабра и посилна од маж затоа што успеа само таа и еден Египќанец да ја препливаат патека-та на маратонот во Средоземното море. Уште поголема е честа за нас, Македонците што е наша, меѓу нас е, единствената дама во Светов која го преплива застрашувачкиот ка-нал Ламанш..... “Охриѓанка пречекува охриѓанка во Скопје“, низ насмевка прокомен-тира госпоѓата Бојаџи и движејќи се накај нејзиниот дом и раскажу-вав за случувањата во нејзиниот роден и сакан Охрид а меѓу другото

и спомнав и за мојата дилема која ме мачеше во моментите пред на-шата средба.“Драга моја, филмот “Исправи се Делфина“ мене во исто вре-ме ме прави поносна и горда но и несреќна и тажна. Во него реал-но е прикажан мојот професиона-лен но не и приватен живот“, рече тетка Атина и замислувајќи се за миг продолжи, “ ... Мојата мајка која го носеше твоето име Ангела, а тат-ко ми Анастас ја имаа преточено сета нивна позитивна енергија во мене. Тие беа доста добри и пож-ртвувани родители кои секогаш ме учеа дека јас сум доволно силна и можам да направам се што ќе нау-мам. Јас никогаш нема да го забо-равам трепетот во гласот на мајка ми која пред иконите и запалено-

Ламанш, предизвик за најхрабрите и авантуристите

Атина Бојаџи – спортист на сите времиња

За неа и нејзините успеси на професионален план се зборувало и пишувало многу. Нејзиниот живот е мотив за многу документарни и еден игран филм. Жената која беше на речиси секоја насловна страна од југословенските списанија и магазини затоа што ги сруши сите светски рекорди во пливање, легендарната Атина Бојаџи, денес за охриѓани во “Охридските Новини“ ја раскажува својата животна приказна. Младата, храбра охриѓанка која е и единствената жена во Светот што го препливала Средоземното море и каналот Ламанш а со тоа и го обезбеди првото место на Македонија во светскиот спортски живот, денес живее скромно надвор од родниот град. Судбината, а не таа сакала да биде така, зошто Атина не верува дека ќе се најде Влада која ќе и подари дом во родниот Охрид. Дамата за чиј успех светот и симнува капа, жената која од либанскиот претседател е одликувана со орден на храброст денес живее во Владин стан од кој секоја Власт може да ја протера кога и да го науми тоа. Неа пак, најверојатно нема да и се исполни желбата, остатокот од животот да го помине и да умре во родниот град. Единствената во многу нешта, пожртвуваната мајка и пред се голем човек, легендарната Атина Бојаџи која е прогласена за спортист на 20-от век, за своите постигнати професионални успеси добила огромен број награди и признанија, медали и пехари кои се златни или сребрени, зошто на која и трка да учествувала го освојувала првото или второто место.“Јас не сакам бисти и споменици да ми се подигнуваат по мојата смрт. Ние Македонците треба да се научиме дека вистинските вредности треба да ги негуваме додека ги имаме а не откако ќе ги изгубиме“, вели Атина Бојаџи

ЛокалЛокалЖиви легенди

11

то кандило во семејната куќа сме-стена спроти црквата Св. Софија во Охрид, се молеше за мене, да и из-лезе ќерката здрава и жива од вода по првата трка. Да, првиот Охрид-ски пливачки маратон во 1962 годи-на беше мое прво јавно сериозно зачекорување во мојата кариера. На овој маратон односно прв натпре-вар за мене јас ја понесов победа-та. Секако мајка ми беше горда и по-носна што јас, нејзината мала Ати-на бев победник во конкуренција на 40-ина искусни пливачи од цел Свет. Но таа беше најсреќна што јас бев здрава и жива. За жал поради нејзината парализа што ја носеше од моето рано детство таа не беше меѓу тогашната бројна маса луѓе што ги пречекуваше маратонците на целта. Болеста не и дозволуваше да се прави “важна и поносна“ со соп-ственото чедо пред толпата насо-бран народ. Татко ми, почина млад и успеа да ги види моите успеси на кратки патеки и да се гордее што ете неговата ќерка стана светски првак во слатки води, но за жал не ги доживеа моите најголеми успеси на долги патеки кои ме прославија во светов, препливувањето на Сре-доземното море на Либанскиот ма-ратон и испливувањето на каналот Ламанш. Атина Бојаџи во меморијата на нејзините врсници останува запа-метена како живо љубопитно дете. Кога охриѓани ја коментираат ве-лат дека најверојатно прво пропли-

вала а потоа проодела, затоа што по иницијатива на нејзиниот брат Дики кој е пет години постар од неа и кој исто така е светски познат пли-вач, почнала да тренира пливање.“ Имав 11 години кога заедно со брат ми Дики влегов во базенот кој се наоѓаше пред градското при-станиште во Охрид да тренирам пливање. Базенот беше импрови-зиран долг 50-ина метри. Ние не-мавме услови за работа како дру-гите, трениравме само преку лето. Кога завршив гимназија се омажив и престанав да спортувам. Во 1962 година брат ми Дики веќе беше на Капри, пливаше таму. Велат, судби-ната си го прави своето. На мене извршија притисок да учествувам како што претходно спомнав на првиот Охридски пливачки мара-тон на кој освен мене не учествува-ше ниту една жена од Југославија. Искрено, не знам ни јас каде ми беше паметот затоа што неколку го-дини не сум тренирала пливање. Тренинзите за маратонот траеја само 2-3 месеци. На некој начин сите се смееја , новинарите пишу-ваа со иронија како можам да побе-дам со толку малку подготовки. Но ете, се случи тоа што се случи, побе-див. Јас мислам дека мојот карактер е таков каков што е, ако се зафатам за нешто морам да го завршам. То-гаш се пливаше многу подолга пате-ка од денешната која е долга од Св. Наум до Охрид. Тогашната маратон-ска патека беше од село Пештани

до Струга и од Струга до Охрид. При поминувањето на целото езеро пливавме и низ реката Црн Дрим каде има струење и поради тоа пли-вачката патека е многу потешка. На првиот пливачки маратон во Охрид имаше пливачи од цел свет. Стартот беше рано утрото. Верувајте дека ни јас не верував кога на таблата од чамецот што ме следеше видов дека сум прва во женска конкуренција. Нормално во пливањето има и кри-зи во кои треба духовно да биде-те многу силни. Јас бев психички подготвена да пливам и морав да дојдам прва на целта. Јас си имав зацртано во својата глава дека не смеам да ги разочарам охриѓани и македонскиот народ. Бев прва. Чув-ството беше прекрасно, ни сама не верував дека ја испливав патека-та и бев прва. Станав светски првак во пливање во слатки води. Бев по-пуларна и славна. Денес ми е драго што јас како охриѓанка и Македон-ка постигнав светски успех што до-сега ниту една друга жена не го има постигнато.“ Атина Бојаџи два пати била прва на Охридскиот пливачки маратон. Всушност,таа на сите натпревари на кои учествувала освојувала или зла-тен или сребрен медал. Во тој ме-теж на меѓународни натпревари во меѓувреме го раѓа синот, на доче-кот на Новата 1965 Година и затоа го носи името Новак. Кога тој бил 8-9 месечно бебе Атина заминува да плива на Капри Наполи што како

натпревар се одржува до денес.Но, сепак она што Бојаџи ја возви-шува и секогаш и го дава прима-тот во светската спортска историја е маратонот на Средоземното море во Либан и препливувањето на ка-налот Ламанш. “На мојата кариера белег остави ма-ратонот на кој се пливаше од Сајда до Бејрут мислам дека се одржува-ше истата година како и Охридскиот пливачки маратон 1962 година. Но ако пливачкиот маратон во Охрид се одржа во месец август тој се од-ржуваше во октомври или ноем-ври. Во Бејрут отидовме цела еки-па во која беа и Климе Савин и Нико Нестор. Во спортот не зависно за кој вид станува збор, 2-3 часа пред натпреварот не смеете да јадете за-тоа што храната треба да биде до-бро сварена. Ние вечеравме подоц-на, јадевме покалорична храна со намера да имаме доволно енергија за натпреварот чиј старт беше за-кажан за утредента со почеток во 6 часот. Значи се пливаше на Средо-земно Море, се стартуваше од едно пристаниште во едно мало либан-ско гратче и од таму требаше да се стигне до Бејрут. Вечеравме покало-рично затоа што утрото пред стар-тот можевме да се напиеме само вода или сок. Тогаш не примавме никакви стимулации за да може-ме да издржиме. Јас и денес сум на ставот дека ако си спортист докажи го тоа без никакви стимулации. От-како се подготвивме за она што не

Живи легенди

12

чекаше утредента си туривме чај, вода или сок и само што потонував-ме во сонот, околу 23 часот органи-заторите на трката не разбудија и ни рекоа дека стартот се презака-жал и ќе биде за еден час точно на полноќ. Тоа беше шок за сите учес-ници, стартот не беше осветлен. Имаше еден импровизиран мост од каде требаше да се скокне во вода. Сите 30 учесници скокнавме од тој мал мост а јас при скокањето си ја повредив ногата. Во таа темни-на не можев убаво да го видам ча-мецот кој ме пратеше за време на трката а светилката која беше по-ставена на него често се губеше од мојот видик. Трката почна,... бевме оддалечени 4-5 километри од бре-гот. Јас почнав и да повраќам за-тоа што стартот на трката беше мно-гу брзо по вечерата а имаше и мно-гу бранови. Во чамецот што го сле-ди пливачот секогаш има двајца ин-тернационални судии, тренерот и веслач. Сите тие кои мене ме пра-теа цело време ме бодреа и ми ве-леа ,“Ајде пливај, ништо не ти е“... Јас бев навистина во лоша состојба, пливав и повраќав, значи целосно исцрпена бев во водата која беше доста студена. Некако успеав да се средам со стомакот, ми дадоа чај и продолжив да пливам, меѓутоа во таа исцрпност не можам ни јас да се опишам во каква состојба бев. Ед-ноставно имав чувство дека спијам а во исто време и пливав. Бев во бу-нило ... Наеднаш ги отворив очите и пред мене видов само огромни бра-нови кои најверојатно го одвеле ча-мецот што ме следеше, тој како да исчезна ,го снема.... Тогаш бев тол-ку исцрпена, не го гледав брегот, не знаев во кој правец да тргнам, пра-во, лево или десно, каде да одам.. ми се случи една конфузија во гла-вата. Во еден момент го слушнав свирчето на тренерот. По полови-на или еден час меѓусебно барање

се најдовме. Во време на трката так-во загинување ни се случи на два пати. Се раздени го дочекавме утрото а јас непрестајно пливав, не можам ни да набројам колку кри-зи сум имала колку пати сум пла-чела. Викав, дека ќе излезам, дека не можам повеќе но од чамецот ги слушав за мене познатите гласови кои ми возвраќаа “ Не, ти можеш,ќе успееш!“. Пливав, пливав до утре-дента односно до вечерта. Некаде околу 19.30 часот излегов од вода-та. Бев победник во трката и од сите 30-мина покрај јас исплива и еден Египќанец, сите други се откажаа. Таква трка повеќе никогаш не се од-ржа...,“ ми раскажа тетка Атина и сакајќи да ги сокрие солзите и тре-петот од спомени што ја враќаше во бурното минато, стана за миг и оти-де во соседната просторија да стави турско кафе. За тоа време јас ги гледав фотогра-фиите на кои се овековечил спо-менот кога претседателот на Ли-бан и доделува признание и ме-дал за храброст на 18 годишната охриѓанка Бојаџи која успеа да ја преплива маратонската патека на Средоземното море. Всушност ста-нува збор за медал што се става на ревер а обично го добиваат за-служни војници по завршување на некоја голема војна. Носејќи ги двата филџани со кафе тетка Атина продолжи да ја раска-жува животната приказна за која многу филмски работници велат дека е привлечна за режирање филм.“Кога се вратив од Бејрут во род-ната Македонија и тогашната Југославија веќе бев ѕвезда. Доче-кот што ми го приредија на аеро-дром не се опишува со зборови и во тој период бев речиси на секоја на-словна страна од тогашните весни-ци, списанија и магазини. Јас мис-лам дека тој успех што го постиг-

нав тогаш не го има повторено ниту еден друг пливач, затоа што не ста-нуваше збор за должината на пли-вачката патеката туку за огромно-то невреме кое не снајде при трката на либанскиот маратон. Тоа е една трка која и ден денес ја паметам. Тоа беше мој голем успех за моите 18-19 години кои тогаш ги имав“.Во месец септември или октом-ври 1965 година Атина со сопру-гот и синот се преселуваат во Бел-град. Нејзиниот сопруг кој бил во-ено лице а потоа завршил уште еден факултет станал професор на бел-градската академија. За Атина пак, спортскиот живот одлично продол-жува таму. За нејзе се пишувало и зборувало низ сите тогашни меди-уми и секаде се потенцирало дека таа е Македонка. Нејзините тамош-ни тренинзи почнуваат во спорт-скиот клуб “Црвена ѕвезда“ каде имала многу подобри услови за тренирање отколку во Охрид затоа што постоел летен и зимски базен. Постојано една патека била пуш-тена исклучиво само за Атина, дру-гите пливачи не смееле да влегува-ат во неа.“ Тогаш кај еден мој драг пријател а

голем новинар, Драгутин Грегориќ се роди идејата да го препливам ка-налот Ламанш преку кој се поврзу-ваат Англија и Франција. “Зошто да не и Ламанш?“, ми велеше тој кога доаѓаше да се рекреира на базенот. Јас на почетокот велев, “Ма каков Ламанш не доаѓа во предвид.“ Сето тоа го кажував затоа што колку тол-ку сум читала и знам што значи Ла-манш дека водата е екстремно сту-дена. Меѓутоа Грегориќ почна да си работи на случајот, да се распра-шува ,затоа што на Ламанш пора-ди природните тешкотиите што во него постојат не се одржуваше пли-вачки натпревар во форма на трка, туку таму одите индивидуално па дури и плаќате еден вид котизација за пливањето на Федерацијата, на капетанот и луѓето кои за време на трката ве следат со брод... Јас на крај попуштив пред судбината и почнав психички да се подготвувам и да тренирам за натпреварот што ме чекаше на Ламанш. Мојот сопруг како воено лице не смееше да ја на-пушти Југославија, затоа извади ци-вилен пасош и на Ламанш ме следе-ше како тренер. Во бродот заедно со него беа еден новинар, фото ре-

Живи легенди

На првиот охридски мара-тон Атина ја понесе побе-дата

Атина со брат и Дики и пре-ставничката од Холандија на маратонот во Капри

Одликувана со орден за храброст од либискоит претседател

13

портер, лекар, капетан. Во Англија отидовме на почетокот од месец ав-густ 1969 година и чекавме речи-си месец дена да ни закажат тер-мин за пливање затоа што Ламанш е нешто невидено, неверојатно. Јас прв пат кога влегов во таа вода из-држав пет минути а потоа брзо из-легов и влегов во када. Плачев, за-тоа што мислев дека нема да успе-ам, не ќе можам да издржам. Таму ја имате таа неверојатна плима и осека,поради која во рок од 24 часа морето се повлекува. На пример, надоаѓа кон Англија и се повлекува од Франција по 300 метри. Ете, тоа е тежината на Ламанш. Ако ве фати таа осека при пливањето едностав-но како правосмукалка ве враќа на-зад во Франција и тогаш кога вие веќе го гледате брегот. Тоа на жа-лост ми се случи мене. Еден ден по едномесечно чекање ни кажаа дека дента треба да бидеме во Франција затоа што утредента ни бил стартот. Наводно времето ќе било погодно за старт. Целата екипа отидовме во Франција. Утрото пред влегувањето во вода ми пристапи човек во ин-валидска количка пратен од Аме-риканскиот претседател Никсон и ми рече на македонски јазик: ( тоа го научил од луѓето околу мене) “Пливаш, сигурно до Англија,....Бра-во Атина....ајде, можеш“, тие него-ви зборови секогаш ќе останат за-печатени во мојата меморија. На са-миот брод што ме следеше имаше поставено чамец затоа што бродот не можеше да исплови до брегот и токму затоа во чамецот беа суди-ите кои ми го означија стартот со цел трката да биде регуларна . От-како ме премачкаа со маст која не е кој знае каква заштита, стартот поч-на во 6 часот и 10 минути. Искре-но да ви кажам беше доста напор-но. Водата беше многу ладна и не знам од каде Господ ми даде снага и сила да успеам. Постојано во гла-вата ми се вртеа овие мисли: “Ати-на, мораш тоа да го издржиш“ јас не смеев да го разочарам македонски-от и југословенскиот народ. Пред заминувањето по сите медиуми се најавуваше моето учество на Ла-манш. Поради тоа јас не смеев да си дозволам никаков пораз. Добро па-метам дека во тоа време атлети-чарката Вера Николиќ беше прва на светското првенство во Мекси-ко, меѓутоа на натпреварот во Лон-дон таа се откажа. Дали поради таа нејзина постапка или поради дру-ги причини некои луѓе и новина-ри не веруваа дека ќе успеам да го препливам Ламанш. Имав огром-на волја да испливам и да стигнам на целта. Пливав, пливав, и на речи-си два километри од брегот кога ќе ја кренев главата си велев себе си

“Еве, тука сум уште малку“, меѓутоа тогаш се случи нај непосакувано-то, ...настапи таа несакана осека и едноставно почна да ме влече на-зад во Франција. Тоа беа најтешките моменти во мојата кариера.... По-тоа откако излегов на копно ми ка-жуваа дека капетанот на бродот Ха-чинсон , велел :“Јас се ќе напра-вам се да испливаш до целта Ати-на, нема шанси да излезеш надвор кога стигнавме до тука!“, и нависти-на тој го заврти бродот накај бре-гот. Јас испливав за едно 9 часа и 30 минути до тука а вкупно за 13. часа и 30 минути до целта. Значи замис-лете, поради осеката тие последни два километри сум ги испливала за 4 часа што во други околности без несакани појави ги препливував за неколку минути. Тоа беа психички најтешките моменти за мене, го гле-дам брегот а не можам да излезам. Значи тие последни часови до бре-гот беа пеколни . Со мака успеав да испливам до огромното англиско пристаниште во Довер кое е многу длабоко навлезено во морето пора-ди тие осеки и на тоа пристаниште преку токи- воки, Хачинсон пови-ка на помош неколку бродови што беа тука закотвени. Тие се поставија во таква положба што ми направија патека и полека, полека го дофа-тив дното. Станувам, и повторно во-дата како да ме влече назад. Сепак на сета мака останав присебна и почнав да одам четвороношки, за-тоа што според пропишаните про-позиции мора да се исправите да одите на суво за да ви важи побе-дата. Јас успеав....., излегов од вода-та, се исправив ја поминав целта..... и паднав. Но го постигнав она што го имав зацртано. Го препливав Ла-манш.... Настапи огромна еуфорија . Со пливањето јас и мојата екипа стигнавме од Франција во Англија. Ме качија на бродот и тргнавме да ја поминеме царината односно да се вративме во Франција. Стиг-навме во хотелот, сите уморни лег-наа да спијат а јас од преголем за-мор не можев да заспијам си сле-гов кај портирите и цела ноќ си раз-говарав со нив. Се уште не свес-на од случувањата јас станав слав-на. Новинарот и фото- репортерот си заминаа за Југославија наред-ниот ден по трката а јас и доктор-ката се вративме во Белград после два дена. Таму ни приредија величе-ствен дочек . На аеродромот не пре-чека огромна маса луѓе а јас изне-надена од брзината со која ми при-стапуваше мојата популарност и слава, ја прашав докторката: “Вес-на за кого се собрале олку луѓе, кој патуваше со нас?“. Таа се насмевна и ми рече “ Тие се тука за тебе“. Пред полетувањето за Југославија, пи-

лотите на авионот ми укажаа дека им е чест да ме возат мене и ме по-викаа да одам во пилотската каби-на. Како што кажав дочекот во Бел-град беше величествен, аеродромот беше преполн со луѓе. Цела една свита од коли и пешаци се движеше зад мене. Дојдовме до нашиот дом во Белград и јас веднаш си го поба-рав синот Новак кој тогаш за време на моето отсуство престојуваше кај свекрва ми во Сараево. Новак то-гаш немаше ни полни 4 години, тој за сето тоа време ми недостигаше најмногу од се. Ми ласкаше огром-ниот автомобил кој беше полн со цвеќе и букети кои беа толку на број што не знаев каде да ги ставам, но моја вистинска радост беше средба-та со син ми. Се изолирав од сите и целиот ден му го посветив на Новак.

По враќањето од Англија, Атина со помош на претставници од вес-никот “Илустрована политика“ кој целосно застанува зад неа и фи-нансиски ги покрива трошоците за нејзиното учество на Ламанш, доаѓа во родниот Охрид. Храбрата и популарна сограѓанка охриѓани ја пречекуваат спектакуларно. “ Јас секако го зедов и Новак а ма-жот ми поради работните обврски не можеше да дојде во Охрид. Доче-кот беше прекрасен, од селото Ко-сел до плоштадот во центарот на Охрид имаше колони од луѓе. Јас седната во кабриолет во таа гуж-ва го слушав гласот на син ми кој во плач викаше: “Мајко, кои се овие луѓе, што е ова?“. Јас навистина до ден денес нема да го заборавам тој дочек, беа излезени речиси сите

охриѓани.“ Меѓу бројните натпревари и тре-нинзи Атина успева да заврши Виша тренерска школа и педагогија и по завршувањето на пливачката кариера почнува да се занимава со просветителска дејност во Белград. “Еден период отидов во Амери-ка како туриста, и по иницијатива на моите пријатели се задржав по-долг период. Веројатно во мене има некој авантуристички дух, јас зе-дов неплатено шест месеци од ра-ботното место. Тогаш зборував до-бро француски и италијански јазик а англиски “чад –пат“. Отидов на курс и во прво време почнав да рабо-там во едно многу богато еврејско семејство. Бев придружничка на старата госпоѓа и во меѓувреме тол-ку се спријателив со членовите од

семејството што тие сакајќи да оста-нам крај нив ме подучија да ја но-стрифицирам дипломата за тренер. Тоа го сторив и така почнав да ра-ботам во еден спортски центар. Ра-ботев на струката. Во клубот бев до-бро прифатена и стално примав по-фалби од сопствениците. Добив зе-лен картон односно го легализирав својот престој во САД и само што требаше да го добијам пасошот се случи тоа што се случи, најголемата глупост на бившите југословенски простори, војната во Босна и Хер-цеговина ,Републиката во која жи-вееше мојот син Новак. Во тоа вре-ме немаше тешкотии да се добива-ат визи за Америка како што е тоа случај денес. Јас напишав писмо до гувернерот на Калифорнија со сод-ржина во која велам : каква држа-

Живи легенди

Ламанш го испливав за 13 часа и 30 минути, имам испли-вано 48 километри, поради силните струји и осеката што ме имаше зафатено.

14

ва е таа која зборува за човекови-те права а реално ништо не превзе-ма за нивна заштита. По една не-дела јас добив одговор на писмо-то односно беше повикан мојот син да оди во американската амбаса-да во Босна каде ќе го чека виза-та. Меѓутоа мојот син си е мој син, тврдоглав, одби да дојде во Аме-рика. Јас како мајка распродадов и подарив се што имав, се спаку-вав и во месец ноември 1991 го-дина слетав на сараевскиот аеро-дром. Една година подоцна започна војната, вистинско лудило кое тра-еше три години. Само што го сре-див станот во кој живеевме јас и син ми, добивме предупредување најпрво од сосетките дека е добро да го напуштиме станот затоа што зградата се наоѓаше во муслиман-скиот дел на градот и дека сигурно завојуваните страни воените пре-сметки ќе ги реализираат токму од него. Најопасно беше за син ми, тој премина во Ниџе а јас останав да го чувам станот. Три години ужасен пекол. Ние христијаните кои оста-навме во тој дел од Сараево бев-ме повеќе гладни отколку сити од-носно јадевме само кога Хумани-тарната организација ќе ни доде-леше храна. Немавме ни вода, ис-тата ја набавувавме од место од-далечено околу четири километри од зградата. Немавме вода, храна и струја,... буквално немавме ништо. Тоа што сум го доживеала таму не се опишува со зборови и на нико-го не му го посакувам. Три годишен ужас во кој не знаев дали ми е си-нот жив а и тој ништо не знаеше за мене. Ете, тоа е најголемата казна за една мајка да не знае ништо за своето дете а неизвесноста ја уби-ва мајчината психа. Затоа што не-маше телефони јас на мојот девер преку црвен крст му испратив по-рака дека повеќе не можам да из-држам. Имав изгубено многу кило-грами од мојата телесна тежина. Ед-наш бев викната од тогашните вла-сти на сослушување кои ми кажаа дека јас како нивно богатство од-носно најпознат спортист ќе би-дам заштитена. Меѓутоа чувствував дека е време да го напуштам станот иако се ближеше крајот на војната. Организирано како на филм успе-ав да се префрлам во српскиот дел од Сараево на Ниџе каде што беше син ми. Убаво се сеќавам дека тоа беше на 13-ти јануари на дочекот на Православната Нова Година. Си-нот не знаеше за моето доаѓање, го изненадивме а тоа беше средба која не може со зборови да се раскаже. За жал го изгубивме огромниот стан во Сараево. Среќа во несреќа беше што јас успеав да ги спасам пехари-те што сум ги добила. Односно прет-

седателот на клубот беше Србин а жена му Хрватка. Со нивна помош јас успеав да си ги задржам награ-дите кои за вложениот труд сум ги добивала. Мојот непрежален колега и пријател кој беше пред се голем чо-век, Климе Савин беше иницијатор да се вратам во Македонија и да ра-ботам како Генерален секретар на Охридскиот пливачки маратон. То-гаш јас привремено престојував во Македонија односно по завршувањето на работните обвр-ски околу маратонот јас се враќав во Сараево. Ние Македонците за жал ја имаме таа нота на љубомора, за жал јас тоа го почувствував на моја кожа и тоа многу тешко го до-живував па често се прашував себе си. Зошто се љубоморни на мене , па ја се сум изгубила. Во 1996 го-дина тогашниот претседател на Р. Македонија, Киро Глигоров ме по-вика во Македонија, побара мое-то постојано место за живеење да биде во Македонија. Станов во кој престојувам а го добив со залагање на Глигоров е Владин па кој и да науми од власта може да ме из-брка кога ќе посака. Ми беше вете-но дека ќе добијам стан во родниот Охрид јас чекав, чекав но ништо не бидна од ветеното до денес.“ рече Атина привршувајќи го разговорот. ....Нашата гордост, живата леген-да, жената со светска слава , наши-от спортски амбасадор во светот кој ни отвори врати за секој спорт-ски настан, зошто не верувам дека

има човек на планетава Земја кој не знае за Македонката што го пре-плива Ламанш, денес живее скром-но во едно собниот стан во населба-та Лептокарија во Скопје. Со оглед на тоа што Македонците го носат

синдромот на деградирање на ви-стинските вредности дури ги има-ат крај себе, Атина не верува дека ќе и се исполни желбата остато-кот од својот живот да го мине и да умре во родниот Охрид. Темпера-ментното девојче кое детството го мина трчајќи низ охридските сока-ци, младата девојка со која се гор-дееше Охрид на првиот Охрид-

ски пливачки маратон, жената која беше одликувана со орден за хра-брост од либанскиот претседател затоа што го преплива Средоземно-то море, дамата која го преплива Ла-манш а охриѓани кои таа ги промо-вираше со гордост кажуваа дека е

нивна сограѓанка, денес живее над-вор од родниот и сакан Охрид, не по нејзина желба туку по налог на судбината. Досега не се најде ниту една Влада која ќе и подари дом во Охрид на охриѓанката која целиот свој живот го посвети за позитив-но промовирање на Охрид и татко-вината низ целиот свет. Денес, Ати-на Бојаџи ретко доаѓа во Охрид во спокојството од секојдневието се враќа во деновите од својата мла-дост, во детството на својот син, ги разгледува фотографиите кои ги ме-морирале нејзините професионал-ни успеси. Тогаш кога не го прави тоа ужива во содржината од некој добар роман во кој се раскажува судбината од некои, некого, ваша или наша... Маратонска кариера на Атина Бојаџи трае цели 12 години. По многуте трки се враќала во род-ната земја со бројни признанија и награди, златни или сребрени ме-дали. Имала приеми кај претседа-тели и државници кај претседате-лот на СФРЈ Јосип Броз Тито и мно-гу други. Меѓу бројните награди што ги има е наградата за животно дело од Пливачката федерација на Македонија, ја добила и наградата Крсте Петков Мисирков. Од читате-лите на “Утрински Весник“ е избрана за спортист на 20-от век, а во 1998 година од Олимпискиот Комитет на Македонија е избрана за Великан на Македонскиот Олимписки Комитет.

Живи легенди

‘‘Пливаш, си-гурно до Англија...Бра-во Атина...ајде можеш‘‘ се зборови-те од човекот што ми по-сака среќа а беше пратен од американ-скиот претсе-дател Никсон

11

16

Интервју

Сите проблеми во Охрид се резултат на нецелосната децентрализација на власта

Александар Петрески – градоначалник на охрид

Разговорот го започнуваме со безбедносната состојба во Охрид. Колкава одговорност на тој план носи локалната самоуправа? Сите ние сме сведоци на неми-лиот настан кога до смрт беше претепан српскиот турист Дејан Новаковиќ. - Ова е широка тема .Сигурно дека ако еден градоначалник збору-ва за безбедносната состојба и не би било толку во ред. Состојбата за безбедноста треба пред се да ја це-нат Министерката за Внатрешни ра-боти, Министерот за одбрана и Пре-миерот. Мислам дека сепак градо-началникот има други активности и теми на кои би требало да зборува. Безбедносната состојба во градот не е под ингеренции на Локалната Самоуправа. Според мене подобро би било тема на разговор со еден градоначалник да е јавниот ред и мир и сообраќајниот ред и мир. Си-гурно дека безбедносната состојба треба да ја проценуваат други. Ако е верно она што го слушнавме пред неколку денови кога Министерката Јанкулоска кажа дека безбедносна-та состојба во Македонија е одлич-на јас нема што да додадам на тоа. Тие се меродавни за безбедноста. Штом тие ценат дека безбедноста ни е одлична јас им верувам а си-гурно дека и граѓаните им веруваат, иако многу настани укажуваат дека не е така. Јас повеќе би се осврнал на актуелните теми и од каде тие доаѓаат. Главен проблем во целава наша држава е децентрализацијата па и децентрализација на полицијата. Знаеме кој ја цени без-бедносната ситуација . Секаде во светот тешките криминали ги рабо-ти еден друг дел од полицијата која треба да биде под министерството за Внатрешни работи, само кај нас

тоа не е така. Затоа ние се повеќе и повеќе тонеме, затоа што во сите полиња на децентрализација ние убедливо сме последни во Евро-па. И во законот за полиција сме последни. Делот од полицијата што е за јавен ред и мир, што е за сообраќајни прекршоци секаде во Европа и Светот е под надлеж-ност на Градоначалникот и Советот, само кај нас е под надлежност на Централната власт. Тоа предизви-кува вистински проблеми, ние како охриѓани најдобро ги гледаме про-блемите во градов. Секаде во Све-тов има градска полиција и држав-на која работи на потешки случаи и криминали. Крупните кримина-ли треба да бидат под надлежност на МВР а градската полиција треба да биде под надлежност на општи-ната. Градоначалникот да го поста-вува командирот во соработка со градскиот совет. Тогаш ќе може да кажеме дека сме демократско оп-штество и да понесуваме одговор-ност за нашава работа. Политички-те противници настојуваат да по-сочат дека ние бегаме од одговор-ност. Не, ние не бегаме од одговор-ност, ние бараме одговорност. Ба-раме ние да одговараме за овие ра-боти. Бараме градската полиција, командирот да е под надлежност на Општината. Ете тогаш за се што е лошо ќе биде крив градоначал-никот а ќе биде заслужен за се што е добро. Тогаш ќе имаме одговор-ност. Истото тоа го барам и за кул-турата и другите области. На при-мер Охридската капетанија треба да биде под надлежност на Општи-ната. Тогаш ние ќе бидеме одговор-ни за водениот сообраќај, за педа-линките, глисерите, односно за се што е убаво и лошо. Значи, ние ба-раме одговорност а не бегаме од

неа. На Вашето прашање јас би ре-кол дека не можам да ја ценам без-бедноста. Граѓаните гледаат што се случува. Ние правевме и правиме се да привлекуваме српски туристи во градов, но една несреќа од ти-пот на групната тепачка каква што беше онаа во која туристот Дејан Новаковиќ го загуби својот живот, може да упропасти се. Вакви случаи на нарушување на туристичката се-зона знаеме дека имало и во Еги-пет и Турција.

Темите безбедност и туризам се условени една со друга и тесно се поврзани. Експертите од Цента-рот за развој на туризмот и уго-стителството кои беа дојдени во Охрид, порачаа да се овозмо-жи поголема безбедност како за охриѓани така и за туристите. Од друга страна пак Охрид постојано се рекламира пред Светот преку телевизиски спотови и други ви-дови промоции. Тоа Ве наведу-ва и Вас и другите претставници

од власта постојано да најавувате дека оваа односно наредната го-дина се очекува поголем број ту-ристи. Но тоа сепак не се случува, туристи нема. Според Вас каде се крие проблемот за развој на ту-ризмот?-Главниот проблем е во непостоењето на Стратегија за развој на туризмот. Државава нема направено таква стратегија а тоа се гледа и од нејзините настапи. Таа на пример на SNN плаќа ре-клама за Охрид од 2 милиони евра. Тоа е промашена работа на денеш-но време. Со тие пари Владата мо-жеше да го субвенционира авион-скиот сообраќај, и да имаме дирек-тни линии Амстердам –Охрид, Бер-лин- Охрид, Истанбул- Охрид. Со сите тие пари можевме да имаме директни линии до Охрид. Еве Вие одговорете ми, дали би било подо-бро тие пари од реклами да ги ис-користиме за обновување на пат-ната инфраструктура или не?Луѓето за да дојдат во Охрид треба некако

17

Интервју

да стигнат. А како ќе стигнат до кај нас?Авионски превоз немаме, патот Скопје- Охрид е вистинско мачење, особено од Гостивар навака. Ми-нативе години од домашните го-сти нај бројни беа скопјани. И тие повеќе не се одлучуваат за нас, лош им бил патот. Вистинско мачење е да доаѓаш во Охрид по сите криви-ни и да ги минуваш сите дупки. А за враќање назад не би коментирал се чека во колона од 6-7 часа. За про-должениот викенд за 8-ми септем-ври, македонски возила за влез во Грција чекаа 5-6 часа. Буквално Ма-кедонците се “тепаа“ за влез во Грција. Не се прави кампања од ти-пот на :“ Не одете во Грција,Грција вака, Грција така...“. Секој има пра-во да одлучи каде ќе летува за-висно од парите со кои распола-га. Но ете и покрај таа негатив-на кампања голем број Македон-ци заминаа за Грција. Сето тоа тре-ба да ни биде поука за нас. Ние тре-ба да им создадеме услови на ту-ристите да дојдат кај нас. Треба да поставиме приоритети. Приорите-тите треба да ни се патните прав-ци кои водат кон Охрид. Да се доне-сат автопатски решенија. Ако на са-мите нас ни е тешко да се возиме по тие патишта, што станува за Сло-венците, Хрватите, Холанѓаните. По-минаа времињата кога со автобу-си доаѓаа гости. Сега тие најчесто се превезуваат со авиони или ав-томобили. Железница немаме. За-тоа треба најпрво да направиме автопат Охрид- Битола. Но наме-сто автопат, и патот што го имав-ме кај Битола се сруши па сега поч-на да се прави откако заврши тури-стичката сезона. Истото тоа се слу-чи и со бродовите. Бродот “Галеб“ доби дозвола за работа откако по-мина туристичката сезона и тоа за-тоа што дипломатско лице сака-ло да прави свадба на брод. Јас жа-лам што зетот и невестата не се ре-шиле два месеци порано да прават свадба. Најверојатно така побрзо ќе обезбедевме бродски сообраќај. Значи кај нас има два основни проблеми:комуникацијата со цен-тралната власт и инфраструктура-та. Ниеден турист од Франција или Холандија нема да дојде ако за кај нас му се потребни 17-18 часа пат. Пресметајте и сами,поради таа при-чина колку мал број туристи ќе се одлучат да дојдат. Навистина ние како Локална самоуправа треба да ги поправиме работите. Да не из-гледа градот како панаѓур. Но тоа се ситни работи што можеме вед-наш да ги средиме кога ќе се сре-дат крупните проблеми. Прво тре-ба крупните работи да ги средиме а за ситните лесна работа. Важен фак-тор за туризмот е одредување на приоритетите и обезбедување без-

бедност на туристите. Мислам дека Охрид е безбеден, мирен град. Во минативе 20 години не се слушна-ло да има кражба на автомобил или нешто друго, што било случај со други туристички центри.

Што се случува со дивоград-бите. Минатиот септември Ло-калната самоуправа најави рушење на сите нелегално из-градени објекти. Проектот се одолговлекуваше. До каде е таа работа?Покрај тоа Локалниот ин-спекторат пред почетокот на се-зоната најави дека по кејот на езерото ќе бидат поставени само фрижидери за сладоледи и тез-ги за книги. Ветеното не се испол-ни. Зошто ?- Сигурно дека можевме да руши-ме многу повеќе нелегално из-градени објекти во Охрид, да по-дигнуваме нелегално поставе-ни шанкови, маси или столици. Но верувајте, се уште по малце за-мижуваме на некои работи поне-сени од социјалната состојба на граѓаните. Ние сме свесни дека го-лем број од луѓето кои што се тех-нолошки вишок или без работен стаж, отвораат објекти на диво во кои работат. Некои од нив возат так-си, други се сопственици на шанко-ви или продаваат очила и сувени-ри на нелегално поставените тез-ги. Тоа им е единствениот начин за егзистенција.

Охриѓани имаа замер-ка до Локалната во однос на поставувањето на автомобили-те за деца во градскиот парк кој е прибежиште за повозрасните охриѓани. Зошто длабоките сенки ги препуштивте на ваков детски возен парк?- Сопственичката на количињата е возрасна жена. Нејзиниот син бо-ледува од тешка неизлечлива бо-лест. Тие детски коли за нив двајца се единствен извор на егзистенција. Токму од тие хумани причини ние не ги тргнавме детските автомоби-ли од паркот.

Неодамна Општина Охрид, беше финансиски покровител на драм-ската претстава “Среќни дено-ви“. Дали тоа значи дека вие како институција конечно ќе го поди-гнете на нозе Професионалниот театар во Охрид, кој иако важен неколку пати пропаѓаше како проект?- Нашата стратегија е дека Охрид треба 12 а не 2 месеци културно да пулсира. Од тие причини смета-ме дека охридскиот театар мора и треба да се возобнови и функци-онира преку цела година. Имајќи го во предвид она што го збору-

вав за децентрализацијата повтор-но ќе истакнам дека неа во општо ја немаме во културата. За се тре-ба пари. Како Општина не добива-ме ни најмал дел за развој на Кул-турата. Сите тие пари одат на смет-ка на Министерството за култура. Ние не смееме да ги трошиме пари-те не наменски. Парите што ги со-бираме се наменети за инвестиции за инфраструктурата. Ние и покрај тоа се трудиме и даваме максимал-на поддршка за сите културни на-стани, концерти, изложби, промо-ции на книги или други поголеми културни манифестации. Театарот е посериозна работа, прво за него е потребен објект, зошто знаеме дека и ЦК “Григор Прличев“ и Охридско Лето се под Министерство за култу-ра. Го баравме Домот на Армијата за тука да го сместиме охридскиот професионален театар но не го до-бивме. Тука, во строгиот центар на Охрид отворија факултет а касар-ните ќе седат празни. За факултет не е битна толку локацијата битна е програмата што се нуди. Охридски-от театар е избришан од Централ-ната власт. Ако на тетовскиот театар му даваат 5 милиони денари за ра-бота тогаш не знам зошто на охрид-скиот театар не му даваат ни денар. Ние и покрај тоа со заложба на Оп-штината и Лајанс клубот ќе напра-виме се колку толку да имаме по не-колку претстави годишно со цел да не изумри Охридскиот професиона-лен театар.

Локалната го започна проек-тот за средување на локали-тетот “Воска“. Започнавте со расчистување на плажата а најавивте дека овој дел од Вос-ка со камена патека ќе биде повр-зан со плоштадот. Иако жите-лите на Воска се израдуваа и го поздравија вашиот став, проек-тот како да пропадна во вода од-носно беше стопиран од страна на Управата за Културно истори-ско наследство. Ваш став за овој проблем?

- Овој проект се прекина со зака-ни и кривични пријави. И во овој случај мојот успех Централната Власт го смета за нејзин неуспех. И додека така ги гледаме работите ништо нема да направиме. Мислам дека овие проблеми ќе се надминат. Проектот е изработен, се се прави за доброто на Охрид. Во случајов немаме никакво уништување на жи-вотната средина. И се што е добро треба да се прави и поддржува не-зависно дали тоа добро го прави Централната или локалната власт тоа е небитно. Тој проект ќе про-должи во најскоро време да се ре-ализира.

Од друга страна, Вие нео-дамна дадовте согласност за отстапување на корисничкото право на градежното земјиште на Плаошник, сето тоа на барање на Завод и Музеј од Охрид. Вие од-говоривте веднаш и тоа позитив-но. Зошто?-Јас секогаш кажувам дека се она што е добро за Охрид ќе го под-држувам максимално. Овде не се работеше само за вербал-на поддршка туку поддршка со донесување конкретни одлуки на Советот и градоначалникот за тој проект да успее. Јас сакам да успее тој проект, сосема друго прашање се приоритетите. Доколку зборува-ме за нив јас би рекол дека најпрво сакам да отвориме реални, ствар-ни а не виртуелни универзитети. Меѓутоа секој добар проект што е за доброто на Охрид јас сум го под-држувал и ќе го поддржувам секо-гаш. Ништо што е добро за Охрид нема да го спречам. Од тие причи-ни дадов максимална поддршка за проектот и истиот ќе го поддржам во неговата реализација. Сега само се постави камен темелникот. Доп-рва треба да се добие одобрение за градба.

18

Наш Охрид

Како “Титаник“ потона хотел “Палас“

Напуштен и оставен на заборав. Огрден со графити и непристојни пораки, неко-гашниот најпознат туристички бренд на Охрид , хотелот “Палас“ повеќе години е непристапен за јавноста и затворен за прием на бројните туристи. Грамадни-от објектот сместен во строгиот центар на Охрид во кој се снимаа сцени на ле-

гендарното филмско дело “Долго топло лето“, денеска наместо прибежиште на гости ста-на собиралиште на стаорци и лилјаци. Сепак,иако забавен случајот не остана заборавен. Неодамна наследниците на семејството Доко, по мачна и долга денационализација, по Ру-менови, добија решение за враќање на дедовиот имот каде пред еден век бил хотелот “Турист“, со што двете парцели од 800 метри квадратни , на најатрактивниот дел од езер-скиот кеј се приватна сопственост. Какви ќе бидат сега оправдувањата на сопствениците на “Палас“ и групацијата М6 на чело со Свето Јанески кои без никакви инвестиции оставија да пропадне хотелот ќе по-каже времето. Но чудно е зошто државата дозволи да потоне некогаш најпознатиот охридски хотел сместен во срцето на градот. Отворено е и прашањето зошто Управа-та за Заштита на културното наследство го заштити објектот без можност за надворешно менување, а уште почудно е и што Локалната власт не превзема ништо за одбрана на кул-турниот дел од Охрид.За наследниците на земјиштето апсурдно е што новиот Детален Урбанистички План кој сега се менува, не предвидува изградба на хотел на нивниот простор, за кој тие тврдат дека бил вцртан со маркичка во се уште важечкиот ДУП, за што имаат и пресуда од врхов-ниот суд, поради што земјиштето како градежно, неизградено единствено можело да им се врати со денационализација.“Поранешните и идни сопственици со денационализацијата на земјиштето бараат на тој простор вцртување објекти, а министерствата и сопствениците на “Палас“се про-тив никнување објекти на тој простор. Јасен е ставот на Министерствата за Транспорт и врски и за Животна средина дека не е добро тука, пред “Палас“ да има објекти“, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.Спротивставените ставови проблемот со хотел “Палас“ не само што не го решаваат туку го усложнуваат. Каде и да лежи одговорноста, за државата е недопустливо да дозволи да се валка една од најубавите приказни за Охрид, во која се вградени илјадници лични и ко-лективни судбини. Жално е да се остави на заборавот на времето “скапоцениот камен“ кој има непроценлива вредност.

Наша гордост

19

Наш Охрид

Едно од езерата на сателитот Титан ќе биде именувано како Охридско Езеро, соопшти Планетарумот при Младинскиот културен центар, истакнувајќи дека информацијата е објавена од страна на Ра-ботната група за номенклатура на планетарниот систем. Езерото има пречник од 17,3 километри и веќе се наоѓа на соодветните мапи на Титановата повр-

шина. Титан е најголемиот сателит на планетата Сатурн и е единствениот во Сончевиот систем кој има ат-мосфера. На неговата површина се откриени езера и мориња од течен метан и етан за кои во тек е проце-дурата за именување.Планетарумот при Македонскиот културен центар во јуни годинава до Работната група за номенклатура на планетарниот систем предложи неколку имиња кои се поврзани со културата, традицијата и природ-ните богатства во Македонија.

Охридското Езеро на сателитот Титан на Сатурн

Охрид се прослави во вселената

Во Охрид се зголемува бројот на корисници на опојни дроги, но и на оние кои бараат помош од стручни лица

Бројот на корисници на опојни дроги во Охрид е значително по-голем во однос на лани. Нема конкретни податоци од која на-

селба или мала доаѓаат најбројните ко-рисници, но со сигурност се знае дека нема населено место во градов без за-висник од опојни дроги.“Според нашите податоци до овој мо-мент регистрирани се вкупно 383 лица нарко зависници. Зборувам за бројка која што е седла, значи ги опфаќа ли-цата кои се официјално регистрира-ни како нарко зависници. Секако дека темната бројка е поголема но она што е приоритетна задача е да се про-должи со нашата активност и рабо-та во делот на превенирањето но и на санкционирањето на овој вид кримина-литет. Оваа бројка од 383 регистрирани нарко зависници е поголема во однос на онаа што беше регистрирана во те-кот на минатата и пред минатата година.

Имено, претходната бројка беше вкуп-но 370 нарко зависници. Сепак она што е посебен императив за нас тоа е дека во поглед на старосната структура на нарко зависниците кои што се регистрирани имаме видно намалување. Така до 2008 година таа бројка изнесуваше 11, доде-ка оваа бројка сега е само 4. Во однос на видот на наркотична дрога која што е злоупотребувана би сакал да напомнам дека согласно нашите евиденции имаме регистрирано 243 нарко зависници ко-ишто злоупотребуваат марихуана и 130 на хероин.“, изјави портпаролот на Сек-торот за Внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски. Не попусто се рекло дека во секое зло има и добро, зошто фактите покажуваат дека последниве неколку години се зго-лемува бројот на корисниците на дроги кои стануваат свесни за сопствената по-ложба и излез од ситуацијата бараат од стручни лица.

“Бројката на корисници на нашите услу-ги не застанува и таа бележи прогрес“, вели Горан Поп Маров социјален работ-ник во Дневниот центар за корисниците на дроги при Центарот за Социјални ра-боти од Охрид.“Бројката на регистрирани лица кои од нас бараат помош е околу 200, а на чле-нови на нивните семејства е над 100. Предност на овој центар е што непо-средно во наша близина е метадонски-от центар што работи во рамки на Ме-дицинскиот Центар. Нормално за нас е пожелно да работиме со пациен-ти кои веќе се под лекарска, метадон-ска терапија. Таквите пациенти се мно-гу подобри за работа кога веќе се ста-вени под контрола и режим“, истакнува Поп Марков. На прашањето дали се размислува овој дневен центар да се премести на дру-го не населено место, со оглед на тоа што жителите на тој простор со пе-

тиции години наназад бараа негово преместување, Поп Марков вели.“Дневниот центар е тука каде што е, ние работиме на ова место години на назад. Проблемот со нарко зависниците е реа-лен проблем и сите треба да се соочиме со него за да го решиме, а не да бегаме од него“, додава Поп Марков. Дневниот центар за корис-ници на дроги и членови на нивните семејства постои шест години. Во цен-тарот, корисници на услугите се не само охриѓани туку и Стружани и Кичевчани. Социјалните работници апелираат до надлежните власти посериозно да раз-мислат за отворање на вакви институ-ции во Струга и Кичево. Со тоа би се рас-теретил Охридскиот центар. Поголемо внимание и време би се посветувало на секој корисник а по дадената услуга ре-зултатите би биле далеку по позитивни.

Да не даде Господ да избие пожар во Ста-риот дел од Охрид. За возилата на про-тивпожарната служба тешко проодна е населбата “Месокастро“, но проблемот

е најсериозен во Варош . Тесните скалести улич-ки и градските сокачиња дополнително ја вло-шуваат состојбата во случај на опожарување на некоја куќа. Поради подигнатите тунели, улицата “Коста Абраш“ и познатиот простор кај темници-те на“ Сараиште“ се ниски за минување на про-тив пожарните возила. На листата на тешко про-одни се најдоа улиците:“ Коста Абраш“, “Илинден-ска“,“ Аргир Маринчев“, “Петар Чаулев“, “Григор Прличе“,“ Христо Узунов“,“ Климентов Универзи-тет“,“ Боро Шаин“,“ Браќа Миладиновци“,“ Кочо Ра-цин“ и “Самуилова“. “ Целосно непристапни се три улици во гра-дов, тие се претесни за минување на големи-те против пожарни возила. Во таков случај

пламените јазици ги гаснеме со млазо-ви вода кои ги движиме од двете на неа најблиски паралелни улици “, вели команди-рот на одделението при Територијалната по-жарна Единица од Охрид, Љубин Блаже-ски, додавајќи дека најпроблематични се улиците:“Рашанец“,“Охридска Архиепископија“ и “Методиј Патче“.“ Таму не поминува ништо. Во случај на нивно опожарување интервенираме од улиците што се одма до нив. На пример во случај на пожар на улица “Рашанец“ ние дејствуваме од улица-та “Климентов универзитет“од горниот дел и од “Петар Чаулев“ од долниот дел. За ваков зафат нормално ни е потребна поголема опрема и повеќе црева за вода“, додава Блажески. Ули-цата Кочо Рацин, е пристапна до скаличките кои надолу водат до плажите “Потпеш“ и “Канео“. Тежок за интервенција е токму тој скалест про-

стор кој води до населбата“ Канео“ како и истои-мената црквата посветена на Свети Јован Богос-лов. Летово токму на тој простор против пожар-ната служба направи неколку превентивни веж-би. “Самите граѓани треба да се свесни за опасноста во случај на пожар во вака тешко проодни ме-ста. Но тие наместо да помогнат ја отежнуваат ситуацијата кога од двете страни на тесните улич-ки ги паркираат своите возила. Во таков случај на тесниот простор не поминува ни “Фиќо“ камо ли некое од нашите возила. Варошани треба да се свесни дека пожарите изненадуваат а огнот не може да ги чека, за тие во критичниот момент да ги препаркираат возилата“, истакнува пожарни-карот Љубин Блажески. Пожар во последните две години не е регистри-ран во стариот дел од Охрид. Тешката пристап-ност во овој предел беше причина за три сери-озни пожари кои во минатото се случиле на ули-цата “Самуилова“ кога до темел изгореле куќите на охриѓанецот познат како Јајчар. Веројатно од ваквите немили настани не се опаметиле ниту Охриѓани зошто и понатака ги паркираат свои-те автомобили од двете страни на тесните варош-ки улици а не се опаметиле ни надлежните зош-то во Охрид има мал број хидранти. Тие се бројат буквално на една рака иако се доста полезни во случај да избие пожар на тешко проодни ме-ста. Два од вкупно петте хидранти во градов се наоѓаат пред Поштата и пред спортската сала Билјанини Извори.

Варош небезбеден

во случај на пожар!

20

Наш Охрид

НАЈПОВОЛНИавио билети

за сите дестинации

Автобуски билетиза сите компании

и дестинации

Крстарења,билети за траект

и патувања со брод

Организација на настани,семинари, конгреси и деловни средби,

школски екскурзии, тематски екскурзии,разгледи, излети, деловни патувања,

Рент а кар услуги...

Пополнување на документиза Австралиска, Америчка и

Канадска виза

046 255 600www.vispoj.com.mk

Ваша агенција!

НАША ПОНУДАЗА ВАША ОДЛУКА

КАДЕ НА ОДМОР ОВА ЛЕТО?

Грција, Турција, Бугарија,Италија, Албанија, Шпанија,Египет, Хрватска, Србија,Црна Гора...

... и многу други!

ВИС ПОЈ

Туристичка агенција

22

Кога ќе го премотате филмот на-зад на кој момент од детството се сеќавате најчесто, што е она што никогаш нема да се избрише од Вашата меморија?Најчесто се сеќавам на Охрид од моето детство. Мирен град, со многу зеленило и прекрасно уре-ден градски парк надалеку по-знат по своите рози. Улици без ав-томобили, полни со разиграни па-лави деца. Другарство без грани-ци, ручек кај едниот другар, вече-ра кај другиот другар, задолжител-но делење на парчето леб со мар-малад на улица по системот „дај ми еден касај“. Заедничките лет-ни одмори кога доаѓаа роднини од цела Југославија и спектакуларни-те семејни ручеци за 20-30 души. Плажата пред хотел „Палас“ и пред „ПТТ“, „купачите“ шиени од платно кои се врзуваа со врвки од страни-те. Доаѓањето на шеикот со харе-мот како покровител на Охридски-от пливачки маратон. Вечерните семејни прошетки до Билјанини Из-вори, опојниот мирис на леите со петунии засадени по целиот пат...

Каде себе си се гледавте во мла-доста, што по завршувањето на средното образование? Како “падна“ одлуката да студира-те медицина која подоцна стана Ваша професија?Во средношколските денови пројавував интерес за многу об-ласти. Бев одличен ученик, мно-гу читав, еден период и пишу-вав и бев активен член на лите-ратурниот клуб „Сердарот“. Иако добро ми „одеа“ и општествени-те науки (социологија, филозофија, психологија, јазици), сепак на крајот претежна интересот за при-родните науки и медицината, пред се заради нејзиниот хуман карак-тер, заради можноста да им се по-могне на луѓето и заради фасцини-раноста од идејата да се проник-не во тајните на функционирањето на најсложениот организам -чове-ковиот.

Зошто се одредивте за политика кога Вашата животна професија има хуман карактер? Кога прв пат сериозно запловивте во по-литичките води, односно како Ви се случи политиката? Како се најдовте таму?За политиката почнав да се интере-сирам уште од студентските денови (средината на седумдесетите годи-ни од минатиот век).Уште тогаш бев, според тогашните мерила „опози-ционо“ настроен (за повеќе парти-ски систем, слободни избори, при-ватна сопственост...), што во земја со еднопартиски систем и едноу-мие можеше да биде и опасно. Ни-когаш не се зачленив во ССМ (Сојуз на социјалистичката младина) ниту во СКМ (Сојуз на Комунистите на Македонија). Со почетокот на плу-рализмот во деведесетите години и формирањето на ВМРО-ДПМНЕ која ја воскресна идејата за самостојна, независна, демократска Републи-ка Македонија, веднаш се опреде-лив за таа опција, најпрво како сим-патизер, а покасно и како член. Два моменти беа пресудни за мое-то поактивно учество во политика-та: формирањето на Советот на ин-телектуалци на ВМРО-ДПМНЕ , ле-тото 1998 година, во предвечерие-то на парламентарните избори и до-бронамерниот совет на тогашниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Рубенс Наумовски, дека со седење по страна и академски дискусии не се придонесува во изградбата на државата како со директно учество во креирањето на политиките.

Денес сте пратеник во македон-ското Собрание од редовите на ВМРО –ДПМНЕ . Политичкиот ан-гажман како народен избраник налага Ваше често отсуство од Охрид. Колку во вакви ситуации е важна поддршката од сопругата и останатите членови од потесното семејство?Поддршката од целото семејство, а особено од сопругата, е несомнено

Среќен ме прават мали работи, среќата на најблиските, цвеќето во мојот дом...

Д-р Владо Стефаноски- пратеник во Македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Оние кои лично го познаваат го оценуваат како добар, едноставен човек кој знае што сака од животот. Тој пак за себе вели дека ужива во малите работи во друштво на сопругата и двете деца Никола и Дана. Успешен е како доктор и политичар но одлично се снаоѓа и во кујна. “Можеби нема да верувате, но јас знам да зготвам речиси се, специјалност ми е италијанската кујна а омилено јадење турли-тава“, вели д-р Владо Стефаноски пратеник во Македонското Собрание.

Од друг агол

23

од непроценлива важност. Можеби изгледа како клише, но навистина е така. Работата во Собранието е на-порна, често и стресна, потребни се долготрајни подготовки за пленар-ните седници и седниците на коми-сиите, на што се придодава напорот и стресот од постојаните патувања. Во таква ситуација, доколку не ужи-вате постојана и безрезервна под-дршка од семејството, тешко или никако нема да успеете да го зачу-вате семејството или функцијата. Периодов сте често на релација Охрид- Скопје и обратно. Имате ли време за семејна идила и од каде наоѓате енергија да постиг-нете се?Семејна идила- што беше тоа? Се шегувам (иако не е далеку од висти-ната), се уште остануваат заеднич-ките семејни ручеци во недела и за празници, повремените заеднички патувања и ретките излегувања во кафеана. Вие сте доктор, пратеник, сопруг , но и татко. Каков однос градите со своите деца? Како се снаоѓате во таа улога?Синот Никола е апсолвент на Ин-форматика на ПМФ, а ќерката Дана е втори клас во Гимназија. Иако не се на возраст кога постојано би се „дружеле“ со родителите, сепак се трудам и покрај обврските да би-дам секогаш слободен за нив и нив-ните потреби. Со децата немам патријархален однос во кој родите-лот наредува и секогаш е во право. За сите работи дискутираме отворе-

но од позиција на рамноправни со-говорници и доколку ме убедат со силата на аргументите дека се во право, спремен сум да ги подржам и да застанам на нивна страна.

А што е со кујната, знаете ли не-што да зготвите, да пречекате го-сти кога сопругата е отсутна од дома? Ваше омилено јадење...Можеби ќе Ве изненадам, но знам да зготвам скоро се (освен тор-ти и колачи). Сепак, потесна „специјалност“ ми се италијанските јадења, печењата и риба на скара. Омилено јадење ми е турли-тава. Вашата професија а и пратенич-киот ангажман налагаат секогаш да бидете уредно облечени. Кој се грижи за вашиот изглед?Иако претежно сам ја избирам об-леката, често примам сугестии од сопругата и децата. Сопругата знае да ме изненади со по некое пар-че облека (кошула, вратоврска, ко-лан, чевли), со што значајно придо-несува во комплетирање на мојот изглед.

Како пратеник во македонското Собрание, за што првично се за-лагате, а сметате дека е за добро-то на родниот Охрид?Од почетокот на мандатот се зала-гав за враќање на сјајот на Охрид како универзитетски центар, статус кој го имал уште пред десет векови. Новооснованиот Универзитет за ин-форматички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, заедно со обновата на Свети Климентовиот Универзитет

на Плаошник и постоечкиот Факул-тет за туризам и угостителство, се добра основа за прераснување на Охрид во универзитетски центар со мноштво факултети на кои младите

од регионов и поширко ќе се обра-зуваат во еден неповторлив амби-ентален спој на природните убави-ни, културата и традицијата. Јас сум еден од предлагачите на Законот за управување со светското природ-но и културно наследство во Охрид-скиот регион кој сега е во собрани-ска процедура и кој заедно со За-конот за заштита на старото град-ско јадро на Охрид ќе придонесе во зачувувањето на вредностите зара-ди кои Охрид со право е не само на листата на UNESCO, туку и во срца-та на охриѓани и вљубениците во Охрид ширум светот. Како лекар и пред да станам пратеник, а особе-но сега, се залагам за изградба на нов,современ Здравствен дом во кој охриѓани и многубројните туристи ќе можат да добијат здравствени услуги според светски стандарди. И уште еден проект без кој Охрид и особено охридската ривиера нема-ат перспектива: изградба на нов ре-гионален пат Охрид-Св. Наум.

Работи кои Ве прават среќен? Среќата често се состои од мали работи: пријатни мигови со семејството и пријателите, успеш-но завршена работа, цвеќињата во мојот двор, успехот на моите деца, радоста на лицата на луѓето околу мене...

Од друг агол

Сопругата ми ја дава најголемата поддршка во-работата

Со сопругата и ќерката Дана

24

Неодамна Драмскиот театар од Скопје реализираше проект со кој преку одржување претстави оваа институција ротираше низ градо-вите ширум Македонија. Како Ви се допаѓа оваа тура, односно вак-виот начин на работа?-Ние како пракса ова многу од дамна го воведовме особено со претстава-та „Умри машки“. Апсолутно функци-онира овој концепт на работа и сега, и пред 12 години кога прв пат беше прикажана претставата. Оваа прет-става, овој текст со оваа подела по-минува секаде одлично. Нема каде не сме поминале добро. Значи со претставата сме биле низ сите гра-дови во Македонија. Бевме и во Ка-нада, Австралија. Дефинитивно овој начин на работа функционира, иако го започнавме во 1995 година и мо-жеби некој ќе рече дека е ретро и бајато но тоа нема врска. Постојано актуелна тема се машко- женски-те односи. Тој љубовен триаголник

меѓу сопруг, сопруга и љубовник нема за кога не е возбудлив и инте-ресен. Тој е добар и за на сцена.

Што мислите за драмскиот живот во Македонија,постои ли тој?- Апсолутно да. Видете драмата од-носно театарот е огледало на оп-штеството и е жив организам. Јас слушам во последниов период раз-ни изјави од колеги- душебрижни-ци кои се грижат за театарот и велат дека тој е во ваква или онаква криза. Јас можам да кажам дека театарот е огледало, односно во каква состојба е општеството во таква состојба е и театарот. Ние сме жив организам го отсликуваме она што се случу-ва, апсолутно мислам дека во наша-ва држава се случува театар. Од лич-но искуство, не зборувајќи на памет, од моите патувања гледам дека мо-жеме да се носиме со сите светски и европски трендови. Значи она што се случува како театар кај нас било

жанровски да го определам од ко-медиите кои што ги работиме или од сериозните драми, апсолутно сме во светски тренд.

Што е со младите актери и оние кои допрва завршуваат на факул-тетот за Драмски уметности. Дали според Вас има услови за добра иднина за помладите колеги?- Младите актери си имаат про-блеми. Јас можам да кажам за себе дека сум во една средна генерација во Драмскиот театар и после мене во оваа институција се вработија уште 10-ина луѓе што е една завид-на бројка и мислам дека секој оној кој е добар и квалитетен ќе најде ра-бота на струката. Зошто секако по-сле завршувањето на факултетот се прави уште еден филтер, значи не секој по завршувањето на соодвет-ното високо образование станува актер. Значи, да се разбереме секоја година на ФДУ дипломираат од 10 до

15 актери а ние не сме мал пазар. Се-пак станува збор за народ од 2 ми-лиони жители со 10 театри низ држа-вава од коишто условно два или три се престижни. Во Драмски Театар има млади луѓе вработуваме онол-ку колку што дозволува не Мини-стерството за култура туку за финан-сии. Има простор,секој може да си го најде своето место особено што сега сме во една фаза кога се пра-ват копродукции. Не е само она по-ранешното кога сме биле навикнати само на конформизам односно кол-ку ќе даде државата толку ќе срабо-тиме туку сега сме во една фаза каде што сме ентузијасти ќе се собереме ќе направиме една претстава па ете и не е многу важно да заработиме колку што е важно да се пробиеме да не видат. Јас сум сигурна дека за секој добар актер има место особе-но во Драмски театар. Ние сме жел-ни за добар кадар.

Јелена Жугиќ – македонска актерка

ЛокалЛокалНа кафе со...

Ако не бев актерка ќе бев новинарка

Една од најпознатите македонски актерки Јелена Жугиќ која периодов е популарна по турската хит серија “1001 ноќ“, во која таа го позајмува својот глас за убавата архитектка Шехерезад вели дека со оваа серија таа и нејзините колеги ја достигнале онаа популарност што ја имале пред 15-на години кога Јелена ја имала една од главните улоги во македонската тогаш хит серија “Салон хармони“.“ Во турската серија ние само ги синхронизираме и позајмуваме своите гласови. Тоа пак е уште еден доказ дека нашата македонска публика е желна за домашно производство. Има една стара поговорка која вели: “Најдобриот светски бес целер е помалку гледан од најголемата домашна глупост“. Тоа значи дека народот повеќе си го сака своето од туѓото“, вели Жугиќ.

19

Ваша прва претстава, со која по-сериозно сте зачекориле во оваа професија?- Па еве, улогата на Ева во драмска-та претстава “Умри машки“.Јас до оваа претстава имав статирано во претставите на Ункоски,Љубиша Ге-оргиовски, но претставата “Умри машки“,ме пласираше. Значи далеч-ната 1995 година беше пресудна за мене, тогаш прв пат беше поставе-на оваа претстава во која јас ја играв главната улога. Ја глумев контро-верзната Ева. После неа следеа ис-

клучиво главни улоги. Мојата кари-ера ја стартував со комедија иако во четиригодишното студирање комедијата многу помалку се изучу-ва и работи а многу повеќе се зад-ржувавме на делата создадени од Шекспир,Чехов, Ибзе, Стримберг. Меѓутоа комедијата беше таа што ме пласираше. Во сите жанрови до-бро пливам, го држам репертоарот на Драмски и уживам во тоа што го работам.

Ако не бев актерка ќе се опреде-лев за.....-Веројатно ќе запишев некоја кни-жевност, тоа ми беше некоја алтер-натива. Јас не бев од оние актери кои “пошто пото“ настојувале да ста-нат тоа . Завршив средно образова-ние, насока математика и инфор-матика. Кога на моите најблиски им кажав дека ќе се запишам на ФДУ сите се чудеа, не им беше јасно од каде па сега тоа. Намерата ми беше ако не успеам да се запишам во јунскиот испитен рок тогаш сигурно ќе запишам нешто друго во септем-ври. Новинарството, книжевноста, читањето е она што и ден денес ми е некое хоби.

Улогата на Шехерезад во по-пуларната турска серија “1001

ноќ“, ... се најдовте ли себе си во оваа улога со оглед на тоа што го позајмувате својот глас токму за оваа улога. Каков е Вашиот став токму за ваков вид серии?- Ма знаете што? Сите ние бев-ме под голем стрес кога почна синхронизацијата затоа што знаевме дека на овој народ тешко можеш да му понудиш нешто ново. Во суштина сите ние сме скептични за нови ра-боти. Меѓутоа кога како екипа ја по-гледнавме серијата сфативме дека 100 % треба да застанеме зад неа. Во суштина намерата на проектот беше да се сочува и негува македонскиот јазик. Со таа мисија тргнавме сите, многу професионално и пријдовме на синхронизацијата, со гледање цедиња со однапред преведени тек-стови. Јас морам да Ви кажам дека лично многу уживав во Шехере-зад. Целата серија како продукција како кастинг како инвестиција во серијата, и турските актери кои се фантастични беа причината јас Ше-херезад уште од старт да ја засакам. Серијата е многу актуелна мислам дека стана толку голем хит затоа што секој во оваа држава си се пронајде во некој лик . Таа е многу свежа и модерна серија која се занимава со многу модерни проблеми кои ги имаат многу мажи и жени во светов.

Мило ми е што серијата помина така како што помина. Никој не очекува-ше дека една синхронизација ќе не направи олку популарни, оти ние не сме актери од вчера. Еве овие де-нови гледам дека на програмата од еден електронски медиум репризно се прикажува серијата “Салон хар-мони“ во која играме јас и моите ко-леги. Денес со “1001 ноќ“ мене и на моите колеги ни се случува популар-носта што тогаш ја имав со токму таа македонска серија “Салон Хармони“, иако во турската серија само ги син-хронизираме и позајмуваме своите гласови. Тоа пак е уште еден доказ дека нашата македонска публика е желна за домашно производство. Ние едно време имавме продукција, се снимаа некои филмчиња и се-рии. Тоа замре на нас останува само да се надеваме дека телевизиските куќи ќе смогнат сили да почнеме да снимаме и ние, зошто има една ста-ра поговорка која вели “Најдобриот светски бес целер е помалку гледан од најголемата домашна глупост“. Тоа значи дека народот повеќе си го сака своето од туѓото.

ЛокалЛокалНа кафе со...

Уживав кога го позајмував гласот за Шехерезад во серијата ‘‘1001 ноќ‘‘

26

Amor patriae nostra leh -Љубовта спрема таткови-ната е нашиот закон, вели латинската поговорка.

Само човек кој си ја познава татко-вината се осознал самиот себе си. Не можеш да ја презентираш пред другите сопствената земја ако сами-от не ги познаваш нејзините корени. Светот не можеш да го разбереш ако не ја познаваш татковината. Чо-век кој не го знае своето се вооду-шевува од туѓото и тогаш кога тоа е погрдо и посиромашно.По летните горештини и благо-то разладувањето тргнавме на пат низ источниот дел од Македонија. Со намера наша прва дестинација да биде градот Демир Капија, во-дени од љубопитството зошто сите возила со странски регистарски та-блички наместо право на автопатот Скопје- Гевгелија скршнуваат на лево и ние се придвиживме по нив и се упативме до познатиот архео-лошки локалитет Стоби. На огромниот локалитет кој дати-ра од хелинистичкиот период одно-

сно од 2 век пред новата ера , пери-одов се извршуваат истражувања на тукушто откриените делови од богатото пространство кое доп-рва треба да се разоткрива. Мно-гу е интересна локацијата на Сто-би. Се наоѓа на стратешка позиција. Тоа е град од сите страни ограден со тврдина кој се наоѓа на пресекот меѓу две реки Вардар и Црна. Кога сте на Стоби во својата глава пра-вите цел еден филм за животот во дамнешното време. Среде големи-те антички столбови ги замислува-те огромните одаи во кои седна-ти среде раскошот полека го вку-суваат секој грозд од македонско-то грозје тогашните дами, а мажите пијат црвено рујно вино, затоа што тој регион од Македонија како сега така и тогаш изобилувал со винова лоза. Во една од господските палати се наоѓаат прекрасни мозаици. Во градот жителите имале јавни бањи, машка и женска. Во новиот дел што се уште не е отворен за јавност пронајдена е рано христијанска ба-зилика со крстилница во која има

остатоци од мозаици. Пронајдени се многу камења со обележја и крсто-ви. Во секој случај интересно е да се

оди таму а убаво е што во секое вре-ме ти стои водич на располагање.За среќа времето ни се погоди. По-

На пат низ Македонија Репортажа

Турската бања во Банско

27

сле тоа отидовме во Демир Капија. Патот не однесе таму. Ако мислите дека нема што да се види во Демир Капија се лажете себе си. Таму ја има најубавата винарија во Македонија ,“Попова Кула“, што навистина знае да продаде добра приказна пред се туристичка приказна. “Попова Кула“ е мала винарија и она што за нас беше воодушевување беа по-стапките на странските туристи кои стационирани со своите мини бусо-ви кампуваа околу винаријата. Са-мата винарија се наоѓа на една ви-сочинка над градот и има прекра-

сен поглед на демиркаписката кли-сура, на лозјата и на пространото зеленило кое оддава посебен мир и спокојство. На самиот влез од кула-та не пречека водич и откако ни по-сака добредојде не прошета низ це-лата визба ни го покажа начинот и тајните на производство на вино. Тука ќе откриете дека има многу го-леми разлики во производството на црвено и бело вино. На пример, осознавате дека белото вино нико-гаш не смее да стои подолго од 3-4 години. Значи ако за црвеното вино важи правилото, колку постаро тол-

ку поубаво, за белото важи обрат-ното, односно белото вино се пие најкасно до третата или четвртата година од моментот кога е флаши-рано. Тука ќе ја разбиете заблудата дека со риба не се пие црвено вино, напротив таму зависно од видот на рибата препорачуваат соодветен вид црно вино. Значи,постои орга-низирана дегустација за сите нивни вина со соодветно јадење. Во вин-скиот подрум има и вина отстое-ни во буриња тоа е барик вино. При производството особено на бело-то вино се ослободувала толку голе-ма количина на јаглероден диоксид што ако тогаш сте во таа просторија во период од три секунди настану-ва смрт. Значи кога винарите сле-гувале во подрумските визби до бурињата за ферментација, слегу-вале со свеќи, ако истата изгасну-ва човек не смее да слегува долу. Визбата се вика Попова Кула за-тоа што во турско време тука има-ло кула која подоцна била сруше-на. Во визбата меѓу другите, едно од најспецифичните е виното Стануши-на, сорта која е една од најстарите и најретки во Македонија. Тој вид вино бил исчезнат. Претставници од винаријата оделе по полињата и барале запустени пенушки и отка-ко ги пронашле почнале да ги од-гледуваат за да можат да го про-изведуваат ова вино. Во склоп на винаријата има преубави хотел и ресторан . Амбиентот на ресто-ранот е во дамнешен –старински стил, храната е многу вкусна, ста-

нува збор пред се за македонски специјалитети. На врвот од кулата од каде има преубав поглед кон Де-мир Капија е опремена просторија за забави. Собата од сите чети-ри страни има прозорци, стилот на просторијата е ориентален, со миндариња со ниски маси- соф-ри. Секоја соба пак во хотелот си носи име според некој вид вино. На пример соба на мерлот, на каберне совињон , на станушина. Секоја соба се разликува од другата, затоа што сите од нив носат по една боја од едно вино. Цените за сместување во хотелот се високи и се одредени зависно од местоположбата и уре-деноста на собата но се движат од 50 до 130 евра за ноќевање по чо-век. Во винаријата се купува вино по навистина ниска- промотив-на цена. Во Демир Капија има ком-плетно осмислена туристичка про-грама и понуда . Ви нудат цело-дневна забава и станува збор за развој на елитен туризам. Тргнавме за Струмица во мо-ментов центарот на градот е во реконструкција. Она што за тури-стите е поатрактивно се наоѓа над-вор од Струмица. Во Банско има два големи хотели кои за жал не се ре-новирани. Тука се наоѓаат термал-ните извори, а постои и стара тур-ска бања. Пред 10 – 15 години по археолошките ископувања биле от-криени Римски бањи- римска тер-ма во која старите римјани има-ле подигнато базени. Значи она што ние го викаме современи спа цен-три во античко време го имале ста-рите римјани. Во римската терма водата извира од стебло. На тоа ме-сто има стотици мали изворчиња од кои тече топла вода. Во близи-на на Банско има два убави водопа-ди. Едниот е во село Смоларе а дру-гиот во село Колешино. Двата водо-пади се наоѓаат во пазувите на пла-нината Беласица. Атрактивна е це-лата локација преку која се стигну-ва до Колешинскиот водопад. Доби-ваш впечаток дека се наоѓаш во со-сема друг дел од светот. Природа-та е жива,наместа чудна и интерес-на. Таму не важат ни законите на фи-зиката затоа што дрвјата, до некоја висина растат вертикално нагоре а потоа стеблата се насочуваат хо-ризонтално, се искривуваат. Шума-та е густа, украсена со бројни стеб-ла под кои се чувствува добра ла-довина и тогаш кога температура-та на воздухот во градските населби е 40 *С. Колешинскиот водопад тре-ба да се види и да се доживее, чув-ството на восхит што го буди, со за-страшувачката вода која достоин-ствено паѓа надолу не се опишу-ва со зборови. Кога си крај овој во-допад имаш чувство дека си дел од

Репортажа

Римјаните знаеле за Спа центар, Римската бања-терма во Банско

Тука се произведува најреткото вино ‘‘Станушина‘‘- винаријата Попо-ва Кула во Демир Капија

28

Репортажа

некоја бајка, дека си во светот на Том Соер . Околу водопадот изгра-дени се убаво уредени пешачки па-теки кои овозможуваат посебно ин-тересен пристап до него. Овој пре-дел од струмичкиот регион е особе-но интересен за луѓе со авантури-стички дух кои сакаат да планина-рат по стрмните високи карпи. Дол-ги години за Колешинскиот водо-пад се раскажува една легенда спо-ред која селаните од село Колеши-но секоја година на селската сла-ва колеле овен, само една година ја прескокнале традицијата односно не го заклале ветеното животно. То-гаш, неочекувано реката и водопа-дите пресушеле. Селаните се чуде-ле на случувањето и само на една старица и текнало дека причина за пресушувањето било не колењето на овен. Наредната година ја повто-риле традицијата која не е прекина-та до денес, и од тогаш реката и во-допадите течеле без проблем.Смоланскиот водопад е во селото Смоларе. Пределот до водопадот е доста стрмен и затоа до него се на-правени камени скали кои можат да ги изодат луѓе со добра кондиција. Самиот водопад е меѓу два ридо-ви. На простор каде не очекуваш

да видиш нешто, наеднаш како го-лем дијамантски камен пред очи ти блеснува Смоларскиот водопад. Кога сончевите зраци ќе се прек-ршат на карпата, таа станува тол-ку мазна и се прелева во толку раз-лични нијанси што имаш впечаток дека е стаклена. За разлика од Коле-шинскиот кај Смоларскиот водопад нема посебно обележана пешачка зона. Има само еден мост од кој ди-ректно може да се следи падот на водата. Попатно од село Смоларе се спуштате во село Ново Село во кое најверојатно се собрале сите штрко-ви од нашава земја. Гнездата им се огромни а во нив тукушто се родиле малите штркови.Жално е да се биде во Струми-ца а да не се посетат едни од најпознатите и најстарите манасти-ри во Македонија. Манастирот во Водоча и манастирот во Вељуса. Манастирот во село Водоча е маш-ки и го носи името на Свети Леонтиј. Можеби овој светец не е познат за широките народни маси затоа што и самата православна црква многу подоцна има сознанија за овој све-тец кој бил Епископ по потекло од Струмица. Машкиот манастир е се-диште на струмичката епархија и на

митрополитот струмички г. Наум. Станува збор за комплекс од во-дочки цркви бидејќи се пронајдени четири базилики. Едната од нив е рано христијанска и во моментов таа се истражува. Во црквите, фре-ско живописот е конзервиран и из-ложен на начин нешто слично како на Плаошник. Манастирот е затво-рен за јавност во делот каде се реа-лизира активен монашки живот.Во близина на Водочкиот се наоѓа Вељушкиот манастирот сместен во село Вељуса. Тоа е женски мана-стир. Црквата е од 11 век и е един-ствена црква на Балканот што има фасада. Обоена е во црвена боја. Локацијата на која е сместена пле-ни со природна убавина која ви да-рува душевен мир и спокојство и токму од таа планинска височи-на како на дланка го гледате цело-то струмичко поле. И во овој мана-стир има активен црковен живот на бројните калуѓерки што живеат во него. Калуѓерките се добронамерни и љубезни и повеќе од очигледно е дека сите се високо образовани за-тоа што токму од тој манастир се од-ржува компјутерскиот систем и веб страната на Македонската Право-славна Црква. Калуѓерките се зани-

маваат со изработка на ракотворби, произведуваат мед од липите кои се засадени во дворниот простор од манастирот.За да стигнете од Струмица до Беро-во мора да минете низ преубав пла-нински предел. Тука некаде е сме-стена елитната туристичка насел-ба со убави бројни викендички. Ете тука ќе се изнадишете од најчистиот и најсвеж планински воздух, кој за-чинет со ладно ветре ви удира сту-дени шлаканици по лицето и сре-де лето. Тоа се планински предели на висока надморска височина од 1 000 до 1 050 метри обраснати со густа борова шума. Берово е мало гратче кое нуди исклучителен мир и спокојство. Во моментов во Бе-рово како форма на хотел постои само еден сместувачки капацитет наречен е “Манастир“ според мана-стирот “Св. Архангел и Михаил“ кој се наоѓа во негова непосредна бли-зина. Хотелот нуди занимливости и за најстарите и за најмладите гости. Убавите вкусни јадења што се ну-дат во хотелскиот ресторан а кои се сервирани во земјени и бакарни са-дови кои потекнуваат од старо вре-ме не дозволуваат да подлегнете на рестриктивен режим во исхрана-

Колешинскиот водопад Смоларскиотводопад

29

Репортажа

та. Таму нема држење диети за вит-ка линија. Меѓу убавите јадења не заборавајте да нарачате парче од неколкуте видови вкусни пити, на-далеку познатото беровско сирење и јагнешкото месо приготвено на специфичен начин. На крај оброкот завршете го со парче од Бабината торта. Овој вкусен десерт направен е по традиционален рецепт налик на баклава но не е тоа иако и таа се прави од домашни сучени кори и ореви но не се попарува. Во хоте-лот има игралиште за деца, мал спа центар,базен, фитнес клуб. Двор-ниот простор е еден вид зоолош-ка градина низ која се шетаат пау-ни и фазани. Манастирот “Св. Архан-гел Михаил“ сместен непосредно до хотелот има интересна приказна. Во

15-от век луѓето од Берово немале црква и затоа религиозните обреди ги вршеле на отворено. За да изгра-дат црква им била потребна соглас-ност од турскиот големец кој имал седиште во Радовиш. Кога попот Пејо отишол кај турскиот валија да побара дозвола за градба тој му ре-кол дека ќе даде дозвола но докол-ку бидат исполнети неколку усло-ви. Прво, црквата да биде многу ни-ска и никој да не може да ја види од надвор, второ да биде изградена за 40 дена и последниот услов бил валијата да ја земе поповата ќерка Султана во својот сарај. Попот Пејо ги прифатил сите услови. Целото ра-ботоспособно население учествува-ло во изградба на црквата. Прво ко-пале надолу со намера таа да не се

гледа од над-вор, значи за да се влезе во црквата мора најпрво да се слезе надолу по скали. Градбата е само 1 метро над земја. Затоа што не можеле да ја из-градат целата црква под земја гра-дителите околу неа направиле ѕид и го исцрнеле со катран и саѓи со намера да биде неугледен. По шест неделна макотрпна работа храмот бил готов. Кога валијата видел дека црквата повторно се гледа се налу-тил, ја грабнал поповата ќерка и го затворил попот Пејо. Ќерката успе-ала да избега од сарајот и според кажувањата на старите беровци таа се омажила во угледна беровска фамилија. Попот пак, по неколку го-дишна затворска казна бил пуштен на слобода, добил помилување от-како радовишкиот валија погинал во некоја од битките што се воде-ле тогаш. Најважно од се било што луѓето добиле црква што тука оста-нува за на век. Со оглед на тоа што во Берово станува збор за развој на елитен ту-ризам и со оглед на богатата тури-стичка понуда, цената од 40-50 евра за закуп на апартман за една ноќ не е висока. Но најдобрата пону-да во Берово е убавата, чиста при-рода. Беровското Езеро е вештач-ка акумулација закитена со уба-ва шума. Сместувачките капаците-ти кои некогаш постоеле околу езе-рото денес се уништени. Крај Беров-ското Езеро во тек е градба на го-лем хотелски комплекс. Објектите чиј конечен лик наскоро треба да се моделира се градени од исклучи-телно природни материјали камен и борово дрво. Од таа височинка на која е хотелскиот комплекс пред

очи ви излегуваат, покрај Беровско-то Езеро и бројните бачила колиби и стада од овци растурени на зеле-ната рамнина.На пат меѓу Берово и Кочани ќе стигнете до малото гратче Виница со прилично развиена индустрија. Тука се сместени погоните на “Ме-бел Ви“, на “Винчини“- фабрика за производство на кондиторски про-изводи.Преку Виница се стигнува до Коча-ни. Можеби е смешно и чудно, но и охриѓани одат на риба во Коча-ни. Еден од највкусните крапови ќе го вкусите во рестораните сместени крај Кочанско Езеро. Ако сте биле во Кочани тогаш не одминувајте го и соседниот град Штип. Градот на познатата штипска пастрмалија .Тука во овој град, веројатно жи-веат најљубезните Македонци во државава зошто тие капа симну-ваат и прават се особено ако сте охриѓани за престојот кај нив да ви биде пријатен и незаборавен. Во Штип постои добар ноќен жи-вот, преполни кафулиња, ресторани и дискотеки а цените за добиените услуги во нив се багателни, ниски па дури и смешни за охриѓани.На пат за родниот Охрид не следе-ше силен дожд. Тој не избрка нас, но и селаните кои од нивите трчајќи бегаа накај дома со натажен из-раз на лицето и страв дека можни-от град што го најави ужасното не-време е сериозна закана за плодо-вите добиени по цело годишниот вложен труд .

Машкиот манастир Св.Леонтиј во с.Водоча, за-творен за јавност во делот каде се реализираат мона-шките активности

Женскиот мана-стир во с.Вељуша е единствениот храм на балканот со фасада

Беровското Езеро

Иван Боев - едриличар и спортски работник

Во Охридскотo едрење и јавноста речиси подзаборавено е името на еден од нај трофејните едриличари од градот Иван Боев, кој не само што додека живеел во Охрид бил најдобар едриличар, туку благодарение на него по 1998 година од минатиот век повторно оживеа едрењето во Охрид. Иван Боев и покрај се што постигнал и направил за овој спорт, благодарение на молкот на луѓето кои во 2004 и 2005 година евоцираа спомени пред авторите на монографиите дури не е ни спомнат во двете монографии издадени за едриличарството во Охрид. Дали некој го премолчил неговото име од завист и љубомора или не сакал да ја отвори Пандорината кутија за матните игри кои во едриличарството се играле од 1998 до 2002 година е прашање на кое и не мора да се најде одговорот, но по интервјуто со Иван Боев некои работи дефинитивно ќе испливаат на површина.

Вие лично кон крајот на 90 тите се по-трудивте и успеавте да го обновите едрењето во Охрид со тогашниот клуб Стрмец. Јавноста за жал не е запознае-на со случувањата во едриличарството од тоа време. Како дојде до обнова на овој спорт во тој период ?

Можам да кажам дека јавноста скоро ништо не знае за случувањата во едри-личарството, од распадот на тогашна Југославиѕа, до краѕот на 90 тите год., од-носно до превземањето од страна на Вен-ко Шапкар и тоа не на стариот клуб, за сите нас познат “ЕК Стрмец”, а веќе ново создадениот “Бофор”.Но, јас ќе започнам малку од порано, од почетокот на 80 тите год. Годините кога јас и луѓето кои денес го водат едрењето тргнавме, да се занимаваме, прво рекреа-тивно, а после некои од нас и посериозно со едрењето. Започнавме како деца на 7-8 годисхна возраст и првите стапки ни беа во класата “Оптимист”. Ќе се задржам мал-ку на ова, за да Ви стани јасно кои луге денес го водат едрењето во Охрид и дали воопшто имаме спорт едрење.На клубските трки почнав да постигнувам најдобри резултати, во класата “Оптимист”. Зад мене беа Димитар Паунчевски- Скит-ник и Владимир Чакаров. Клубот никогаш не разполагал со професионален тренер, основните насоки ги добивме од постари-те генерации, а тактиката и правилата ги учевме од една мала книга (брошура) “Учи-мо једрити”. Кога велам постарите генера-ции, во никои случај не мислам на Љупчо Поп Стефанија, бидеќи во тоа време Љупчо располагаше со помалку од основ-но познавање, а не верувам дека и денес нешто повеќе знае . Само за информација, на Љупчо му требеа неколку години за да го совлада основниот курс за едрење на даска. Од постарите генерации најдобри резултати постигнуваја: Торжански Иво во класата “Европа”, а потоа и во класата “Ла-сер” и Владе Маленков во класата “Ласер”. Приоритет во учеството на меѓународни регати имавме ние, класата “Оптимист” и затоа успесите и афирмацијата што клу-бот ја доби во Охрид во тоа време се те-мели на моите постигнати резултати на меѓународно ниво. Клубот беше награден

со 7-мо Ноемвриска награда , јас бев избиран три години по ред во десетте нај добри спортисти на град Охрид.Човекот кој што нај повеќе се залагаше за развивање на едрењето во Охрид, во тоа време беше Климе Василески- Четкар. Него му го должиме и учеството на сите регати, ама буквално на сите, од локално до меѓународно ниво. Климе е нај големи-от “виновник” за едрењето во Охрид, Кли-ме ги донесе тие неколку оптимисти, ев-ропи и ласери, кои и ден денес ги гледате во езерото.Нај големата кочница во клубот беше и до ден денеска е вечниот претседател Љупчо Поп Стефаниа (ако не на клубот, на сојузот) , успешно го растури во Охрид, а послед-ниве години е тргнат тотално да го згас-не во Македонија. Во успехот не му се со-мневам, му успеа во почетокот на 90тите, ќе му успее и сега, бидејќи сега има и мно-гу помошници, луѓе од негов ранг во едрењето . Луѓе што не постигнале никак-ви резултати, ама баш никакви, ни како спортисти, а уште помалку како органи-затори или афирматори на едрењето во Охрид. Но се разбира и тие како него за некоја година ќе бидат наградени за “по-стигнати резултати”, пак со некоја измисле-на награда. Освен Љупчо за кратко време пред рас-падот, претседател на клубот беше Кире Наумоски (брат на поранешниот градо-началник Никола Наумоски), во тоа вре-ме Претседател на Извршен совет, а него-виот син Климент Наумоски едриличар во класата “Оптимист”. Но Климент беше да-леку зад мене во резултати. На клубски-те трки неможеше ни на сон да ме побе-ди, а камоли пак на меѓународните ре-гати. За да постигни некакви резултати, мене ме префрлија во класата “Европа”, но тој беше пак доста назад со резултати. Ев-ропите беа само 3 , а од мојата генерација бевме повеќе едриличари, и се разбира и другите требеше да бидет префрлени. И јас набрзо преминав во “Ласер” и во овие две класи не заостанував со резултати. Но Климент го немаше никаде. Му се купи нов “Оптимист” и така “дотурка” до некакви ре-зултати.Резултатите од претседателствувањето на Кире Наумоски, беа “изгубени” седум

едрилици. За да допропадни едрењето се врати наново вечниот Љупчо. Едрили-ците се расфрлени на Сарајиште, еден дел од опремата ја нема никаде, една при-колка “украдена”, остатокот од опремата и документацијата на клубот “грижливо” ги имаше зачувано, не дома кај него, а во ста-рата кука (денес-Вила СВ. Софија).Едрењето беше згаснато наполно, цели 9 год. Но клубот правно не беше згаснат, двете сметки беа активни (во тоа време клубовите беа со две, буџетска и приват-на), дури и секој месец клубот добиваше пари, а 9 години Љупчо, лажно претсаву-ваше документи, дека се води некаква ак-тивност и се организираат некакви рега-ти, за државата да му ги исплаќа тие пари и за да е поубедлив во сето тоа, сам си свик-веше собранија и сам си се назначуваше за претседател и се разбира сам располага-ше со средствата на клубот.Луѓе од вашата потесна фамилија тогаш беа на видни функции во власта. Кол-ку тоа го употребивте за обнова на овој спорт в Охрид и што се се сработи око-лу тоа? Се организираа ли тогаш Илин-денските регати и како се правеше сето тоа ?1998 год стрикоми беше назначен за ми-нистер за Млади и Спорт, а татко ми за ди-ректор на спортската сала. Веднаш поч-нав со возобновуванѕето на овој спорт. Од министерот ни беше ветена секаква под-крепа, беше кажано лично од него на но-вото оснивачко собрание (оснивачкото со-брание беше заради пререгистрација, за промените во законот за спорт). Од тат-ко ми ни беше одстапена канцеларијата за да има каде да ги правиме состано-ците и припремите за регатите. Едрили-чите беа собрани од Сараиште, опрема-та што им недостасуваше успеав да ја на-бавам од Италија и Бугарија. Ги одне-сов со мое возило во спортскиот центар и ги ставивме под трибините, а опрема-та и документацијата во спортската сала во фитнес просторијата. И покрај тешки-те услови почнавме да работиме со полна пара. Но целиот терет го понесов јас, ниту еден од денешните пауни со (туѓи перја) барем еднаш не дојдоа да ја закачет при-колката со едрилици со нивни сопстве-ни возила и да ја извлечкет до локацијата

каде што се денес, а камоли за некаде по-далеку. Све тоа беше правено со мои воз-ила и за учеството на регати. Се возобно-ви традиционалната “Илинденска Регата” и беше под покровителство на Министерот за Млади и Спорт – Георги Боев, кој лично ѕа отвараше. Целата организација беше од мене, а денешните пауни само ги пополну-ваа местата во Регатниот брод и пропрат-ните кајчиња. И од горе на сето тоа вле-гував во едрилица (ласер) и после пауза од толку години носев пак врвни резулта-ти-(1 место на државно првенство во Стру-га и 1 место на Илинденска во Охрид). Ги искористив позициите на моите за да со-берам спонзорства и донации, оддел-но министерот ни одобри средства за возобновувањето на Илинденската регата. Старата локација на клубот ја оспособив за чување на глисери и да може и од таму да се собираат средства, но во вид на дона-ции.Таа не можеше да се користит за едри-лиците, бидејќи е внатре во каналот и бук-вално нема услови за излегување со нив. Локацијата на која што се денес едрилича-рите, е пак благодарение на мене. Кога се изготвуваше проектот (деталниот план) на крајбрежјето и просторот околу Труд-беник, од проектантската фирма “План” од Охрид, проектантката Манева (една од из-готвувачите на проектот), се согласи со мо-ите сугестии и цврсто застана и го впи-ша тој простор, односно го вцарта за “Јахт клуб”. Но тогашниот главен архитект Мит-ко Паскали, постојано не лажеше и ја одол-говлекуваше постапката за доделување на просторот.Се направи школата за едрење, из-легоа и првите нови кадри, пробав да го ангажирам професионално Иво Тордјански(едрилицхар со врвни ре-зултати, во тоа време невработен), но најголема пречка ни беше локацијата. Веќе не можевме да ја користиме фитнесс просторијата во спортската сала (се спре-маше европското во кошарка), едрилици-те и опремата ги префрливме на локација пред Горица , на мој приватен имот. Опти-мистите во летниот период беа на прикол-ка до езерската полиција, за да може да функционира школата за едрење.Само за споредба, последните неколку го-дини едрењето во Охрид ги имаше нај до-

30

Интервју

брите услови, идеална локација, нови едрилици, финансии за регати и за шко-лата за едрење. Сето тоа им го обезбеди господинот Венко Шапкар, без тие да си мрднет со малото прсте.Но повторно работата условно кажано тргна наопаку. Што се случи и зошто сето што тогаш се постигнало се униш-ти? Како дојде до тоа да згасне клубот Стрмец и како настана клубот Бофор ?Работата започна од истите тие луѓе кои и денес го упропастуваат едрењето, од Љупчо Поп Стефанија и Ставре(в)(ски) Стевчо - Диво (Презимето му беше-“Ставрески”, како деца кога учествувавме на регати, а сега мислам дека му е про-менето во “Ставрев”). По инициатива на Стевчо- Диво беа собрани потписи (не-легални, затоа што не беа потврдени со членски карти на клубот), за вонредно собрание. Истите тие луге кои три години ги немаше никаде или идаа само од вре-ме на време, да си се повозет со некое бродче , да ручхаат и се друго на смет-ка на клубот. Односно да продефилираат како “пауни” на грбот на други кои успе-але да обезбедет финансии и да ги орга-низираат регатите.На луѓето за да се потпишат им беже кајувано дека има малверзации од моја страна со финансиското работенѕе. На вонредното собрание кое се одржа во Ривиера и траеше до 2 часот на полноќ беше разгледувано моето финансиско работење, но не беа најдени никакви се-риозни грешки или малверзации. Тоа го потврди дури и тогашниот инспек-тор од СВР Охрид Гоце Недески (ако не се лажам, тогаш инспектор за стопан-ски криминал), како учесник во вонред-ното собрание и дел од групата на Стев-чо- Диво. Од него ми беше кажано бук-вално со овие зборови:- “Гледам дека е се во ред со финансиското работење од твоја страна, но некако треба да те сме-ниме”. Дека тоа е вистина ќе го потврдав со фактот, што на тоа вонредно собрание јас не бев сменет. На собранието се оти-де до таму да ми се каже лично од Стевчо Јованоски:- “Зошто да те држиме претсе-дател, те искористивме дури беше стри-ко ти министер. Што пари донесе ти? Ние меѓу нас ќе ги собериме во секое време. Ево јас од автопералната секоја година ќе давам по 500-600 евра спонзорство”. Сигурен сум дека само тој од тогаш до де-неска три пати по толку годишно имат трошено средства од клубот, а не дава-но. Само да појаснам, од моето нецело 3 годишно работење како претседател на клубот ЕК”Стрмец”, првите 2 години може да се кажи дека бев формално, односно немав направено примо-предавање со стариот претседател и немав депонира-но потпис, во тогашната СОК Банка каде беа двете жиро сметки. Тоа го направив на нецела година пред моето напуштање или ајде да качеме смена. Потписи депо-ниравме заедо со Стевчо- Диво, бидејќи законски беше да се двајца потписни-ци на сметките. Фактички две години јас само носев средства, а Љупчо си продол-жи да работат со сметките.Како што кжав вонредното собрание заврши со пораз на групата на Стевчо Ставрев-Диво. Но бргу измислија нова тактика и свикаа ново вонредно собра-ние и бидејќи лугето од неговата група беа во органите на клубот, поднесоа ко-лективна оставка . И јас како претседател

поднесов оставка и гласав за новото ра-ководство и за новиот претседател Стев-чо- Диво. Од тој момент јас се повлеков од едрењето и покрај тоа што некои од луѓето сакаа да се превземат други мер-ки. Јас им кажав дека нито нема да пра-вам. И ги посоветував да си останат во клубот, ако јас сум бил пречка, ќе се по-влечам, можеби едрењето ќе има повеќе среќа понатаму, им кажав.Што се случи потоа ? Како дојде до тоа Вие лично да се најдете под обвине-ние ? Паралелно со овие настани се водеше притисок врз мене и од друга страна. Ми беше испратена инспекција од управа-та за Јавни приходи. Контролата трае-ше цели две недели, заради “ГОЛЕМИТЕ” стредства со кои разполагаје клубот. И од страната на Управата за ѕавни прихо-ди не беа најдени сериозни нарушувања од моја срана за да ми се подигне некак-во обвинение. Единственото нешто схто беше направено од управата за јавни приходи, односно нејзиниот инспек-тор, беше неприфажувањето на сред-ствата потрошени за набавка на едро за ласер од Грција во вредност од око-лу 1300.00 германски марки, набавено од страна на Љубчо Поп Стефанија, бидејќи не беа платени царина и данокот. Сред-ствата потрошени за гориво, за учество и организиранѕе на регати, бидејќи на сметките немаше наведена регистрација на возилата користени за влечење на едрилиците. И исто така не беше прифа-тено исплажањето со каса-прими на чу-варите ангажирани за време на Илинден-ските регати и парите исплатени на Тор-жански Иво за неколкуте стручни подго-товки на младите едриличари пред сами-те регати.За тоа следеше глоба за клубот и беше пресметан данок со затезни камати, се разбира сметките веднаш беа блокирани. Со тоа некои луѓе свесно или несвесно му ставија крај на стариот ЕК”Стрмец”. Така беше регистриран новиот клуб “Бофор”.Значии “Бофор” не можит да е наследник на едрилиците, ако е наследник на едри-лиците на “Стрмец”, тогаш требит да е на-следник и на долговите од “Стрмец”. На-следник на тие едрилици во ваков случај е Општина Охрид. А на локацијата пред-видена за “Јахт клуб” имаат право сите клубови од Охрид што ќе го развива-ат едрењето во градот. Или да се даде на концесионер кој што професионално ќе го развива едрењето како спорт, во на-шиот град. А не на сегашното раковод-ство, за кое едрењето од сегогаш било само хоби и начин на ситно профитер-ство. Докажувајќи го со нивната досегаш-на работа, за кое говорат и резултатите постигнати на домашно и меѓународно ниво.После две години од моето повлекување од едрењето јас го напуштив Охрид и се префрлив да живеам во Италија. Ова мое отсуство беше искористено од некои луѓе во Охрид, за политички и клубски реван-шизам. Но за ова ќе проговорам во дру-га прилика, каде што ќе бидат доставе-ни сите документи за мојот случај. Темата е поопширна и многу деликатна, бидејќи тука ќе бидат спомнати: адвокати,судии, бивши претседатели на суд, инспектори, полицајци и други луѓе.Мислите ли дека тогаш имало полити-ка во овој процес кој се водел ?

Апсолутно тврдам дека имаше многу по-литика во мојот случај. Ниту еден норма-лен суд неможе да донеси пресуда само на базата на исказите на двајца сведо-ци. Од кои едниот, Љупчо Поп Стефанија е извршител на кривичното дело и тоа му се повторува наназат во неговото работење уште најмалку два пати и вто-риот сведок е Стевчо Ставрев- Диво, а да бидет отфрлени сите докази: вирман потпишан од Љупчо, картон за депони-рани потписи во СОК банка, изводи од жиро сметките и пасош со кој се дока-жува дека во периодот кога е изврше-но кривичното дело јас престојувам во Р.Бугарија. И замислете за време дури се води случаѕот ниту една единствена по-кана не беше пристигната на мојата адре-са во Охрид или било кој од моите роди-тели, кои живеат на истата адреса да би-дие известен. Како завршил целиот спор тогаш ? Пресудата ми беше 3(три) месеци затвор и бидеќи беше во отсуство, вед-наш беше распишана потерница. За тие 3 месеци јас повеќе од 4 години не влегов во Македонија, дури не застари случајот. Молбата за повлекуванѕе на потерни-цата беше решена, но решението беше “загубено” во нечии фиоки, за да се за-бавит неговото префрлање во Охрид-ската полиција, односно да се забавит повлекувањето на потерницата.Го следевте ли едриличарскиот спорт во Охрид годиниве од како не сте во него во Охрид и не сте во самиот град? Знаете ли што се случи во меѓувреме, за подемот и за најновите состојби кои по се изгледа се само реприза на тоа што се случило порано ? Едрењето во нашиот град го следам постојано. Во годините кога не бев во Охрид го следев преку веб портали-те на клубот “Бофор”, на сојузот и пре-ку медиумите. Контактирам со луѓе кои се таму, а и со луѓе кои денес не се повеќе во едрењето. Знам дека со лич-но залагање на господинот Венко Шап-кар им беше доделена веќе предвиде-ната локација. Од страната на фирма-та “Амак” им беа постојано одделувани средства за учество и организирање на регати, за функционирање на школата за едрење и нај важно од се им беа купе-ни нови едрилици со нај високи карак-теристики. Како во мојот период, така и во периодот на “Амак” Илинденските ре-гати им биле, буквално организирани од луѓе вработени во Амак, а тие си ја повто-рувале сликата како порано, биле само “пауни”. Дека некој друг им ја вршел ра-ботата е повеќе од очигледно, поглед-нете ги сајтовите на клубот и на сојузот и ќе видите од кога не се обновени. Да не зборувам пак за ново формираниот “Стрмец”, кој воопшто нема сајт, а збору-ваме за спорт. На денешно време нема аматерска организациѕа (здружение), без сопствен интернет портал. Факт е дека едрењето за времето на “Амак” и Вен-ко Шапкар ги имаше нај добрите усло-ви и вазможности досега, но факт е и тоа, за истиот тој период имајќи предвид се што е вложено и направено, едрењето за тој периот ги има нај слабите резулта-ти, од неговото постоење до денес. Зна-чи не е раководството на клубот кој што треба да го променит спонзорот, туку е “Амак” на чело со Венко кој што треба да го променит раководството на клубот, бидејќи не му се оправдани средствата и

залагањата вложени во тој спорт. Моѕата желба и залагање беше и е, да се разви-ват едрењето во Охрид како спорт, во кој ќе учествуваат вистински професио-налци. Не да се фрлаат средства во името на спортот, а тоа да е само атракција. Де-нешното раководство немат капацитет за повеќе, бидејќи е составено само од ама-тери. Тоа го имаат повеке од докажано. Таа група на ситни души и профитерчиња треба веќе еднаш за секогаш да преста-не да биде кочница во развивањето на едрењето како спорт, ќе повторам како СПОРТ. Ако се толку загрижени за бе-лиот украс на езерото и сакаат да се за-пази, тогаш секој од нив нека купи по една едрилица со сопствени средства, ќе одвојуват по малку слободно време за едрење по езерото и ќе го имаме исти-от ефект. ќе ги укотвуваат на местата каде се укотвени глисерите, ке плаќаат нека-ков надомест на клубот кој сериозно ќе го развиват едрењето како спорт. А не нај големите кочничари во едренѕето, да ни глумет дека се нај загрижени за негови-от развиток.Имате ли желба повторно да сте едри-личар во родниот град и дали воопшто комуницирате со луѓето кои денес се во овој спорт во Охрид ?Правото да бидам едриличар не можит да ми го одземит никој. Јас бев, сум и ќе бидам едриличар. Ќе бидам во Охрид, бидејќи сум роден во Охрид и при секое мое доаѓање, слободното време ке го ко-ристам за едрење. А, ако мислите за не-каков професионалне ангажман, тоа во моментов не е возможно, бидејќи не жи-веам во Охрид.Ви недостигаше ли Охрид низ години-те додека бевте приморан да не сте во него ?Јас не познавам Охриѓанец, кој кога е надвор од Охрид, да не му недосува гра-дот и езерото.За крај , дали ви е жал што се уништил трудот кој го постигнавте со тогашните активности и дали се чувствувате изи-гран и искористен по се што сте прет-рпеле ? Воопшто не ми е жал за трудот што го вложив, бидејќи се обнови едрењето во Охрид, старите едрилици се активни, а имат и нови. Ако не го направев тоа , то-гаш ќе пропаднеше трудот вложен од страната на Климе Василески- Четкар, кој во споредба со мојот е многу, многу по-голем и воопшто неможи да се мери. Си-гурно и Венко Шапкар немаше да се ан-гажира, ако не беше запознаен со то-гашната активност. А и денеска нема-ше да бидит тема на ова наше интервју, кое се надевам дека ќе делуват позитив-но на одредени луѓе, за да помогнет да се надминат сите недоразбирања, да би-дат отсранети кочниците и пијавиците во едрењето, а тоа да тргнит во вистин-ска насока. Ѕас не го правев тоа за себе-си, за да остварам некаков профит, па да се чувствувам изигран. Изигран е градот и сите ние граѓаните на Охрид, бидејки последните неколку години толку многу се вложи во едрњето, а градот е пак без спорт едрење. И за крај нека повели кој сака од денешното раководство да ме де-мантират, стојам на располагање, горе ка-жаното (напишаното) од мене да го пот-крепам со документи.

31

Интервју

24

КашлањеМедот го смирува кашкањето, јаболковиот оцет ги разредува сите телесни течности, па така и секретот кој се собира во белите дробови и го олеснува искашлувањето. Вообичаено земање на јаболковиот оцет и мед во чаша со вода го лекува кашлањето.- Доколку ве мачат тешки кашлици можете да направите ефикасен лек. Се ставаат 3 лажици јаболков оцет во кој се додаваат 30 гр. глицерин. Се меша во чаша со истата количина мед (пола –пола) и се мати. Се зема по 1 лажица, 4-5 пативо текот на денот. Пред земање на лекот, изматете го.- Во многу семејства се користи овој стар народен лек: една главица кромид, заедно со лушпа-та се сече на три дела и се става во сад, се додаваат и три чешниња лук пресечени на два дела и се ста-

ва 3 дл. дестилирана вода. Се става на огин да поврие 2-3 мину-ти. Потоа се трга по што треба да одстои 15-ина минути. Се цеди и се додава 1 лажица јаболков оцет и 2-3 лажици мед. Се препо-рачува кај грип и настинки , исто и кај бронхитис и астма. Во вак-ви случаи важно е да се користи саќе, да се џвака 2-3 пати днев-но по едно парче (како локум во времетраење од 5 минути) и да се прават инхалации.

БуБрези, БешиКа, простатаКај сите воспаленија на бубрезите, слузокожата, бубрежната карлица, бешиката, мочните канали, простатата, гени-талните тегоби, треба да се зема три пати дневно по 1 лажица јаболков оцет и 1-2 лажици мед, разматени во чаша со малку топла вода. Кај ваквите заболувања мешавината треба да се зема половина час пред јадење . корисно е да се зема и лук.

Употреба на јаболковиот оцет и медот

Здрав живот

Хипократ вели дека секој човек во себе носи лекар и дека му треба само мала помош за да се откријат сите благодети кои се кријат во него

33

Чир на желудниК,гастритисВо случај на чир,гастритис и зголемена желудочна киселина, треба да се земаат по 2 лажици јаболков оцет со 2 лажици мед, разматен во половина чаша вода , двапати дневно, наутро и навечер пред јадење. Кај сите овие тегоби подобрувањето веднаш ќе се почувствува, а чирот ќе го снема за некол-ку недели, под услов да внимавате малку и на исхраната.

деБелина Јаболковиот оцет се користи и при проблеми .со тежината. Во ваквите ситуации треба да се зема 2-3 пати на ден по една лажица од јаболковиот оцет во чаша со вода пред или по јадењето. Тоа овозможу-ва полесно разлагање на масните наслаги и ја намалува желбата за храна. За да се постигнат подобри резултати, треба и да се внимава на исхраната, но лицата треба и физички да се активни. Долготрајната употреба на јаболковиот оцет особено поволно делува кај подебелите луѓе. Тој не дава фантастични резултати, но поентата е што со него многу подобро се одржува телесната тежина и по-слабо качувате тежина.

рецепти за леКување со јаБолКов оцет, мед и БилКиОблоги за болни места 1-2 лажици комова ракија, по 1 лажица оцет и мед. Овие состојки се мешаат и со газа натопена во таа смеса се превива болното место, два пати на ден. Преку облогите се става сува крпа. Терапијата се повторува.

Оцет за нега на непцата и забите-една лажица нане и корени од капина поединечно се ставаат во 1 литар јаболков оцет. По екстракција од неколку часа во топол оцет, се применува разблажено.-против забен камен се препорачува раствор добиен од 3 лажици кичица (црвен кантарион) или 3 лажици корен од чичок кои се екстрахирани во топол јаболков оцет (1/2 литри). Екстрактот треба да се разреди и со него да се испере усната шу-плина. Запира крвавење од рани и исеченици Повреденото место се полева со засолен, разреден јаболков оцет. Важно е разблажувањето да биде такво за третманот да биде пријатен, топол и притоа водата за разблажување да е хигиенски исправна а садот во кој се прави разблажнувањето – чист. Облоги против отоци на нозете По 50 гр. листови и пупки од бела врба, листови рузмарин, цвет кантарион и листо-ви од коприва, се ситнат и се сипуваат во 1 литар топол јаболков оцет. По неколку дена, почнете со земање на количина која ви е потребна за тој ден. На пример, малку отсипете и разбла-жете со вода, во однос 1:7 и ставајте на нозете до 30 минути. Така правете 10-ина дена, или зависно од потребите.

Лек против икање Доколку лицето кое ика, земе лажица јаболков оцет, икањето ќе престане.

Здрав живот

34

Прашање: Имам 64 години и веќе неколку дена чувствував силни болки во појасот од десната страна на телото. Бол-ките беа неиздржливи а бидејќи пред три години ми беше пронајдено камче од таа страна во бубрегот мојот мати-чен лекар се посомнева дека пак се работи за “напад на бубрези“ и ми ординира инјекции и инфузии. Но, и покрај силната терапија болките незначително се смируваа. Едно утро на местото каде чувствував болка забележав црвена линија посипана со ситни меури, тој простор незначително ме печеше. Матичниот лекар ме прати на дерматолог кој ми по-стави дијагноза: herpes zoster lumbalis и ми назначи сосема друга терапија. Признавам дека малку сум збунета, па ме ин-тересира од што практично јас боледувам.

Одговор: Од анамнестичките податоци што ги дават, сигурно се работи за herpes zoster и со назначената терапија болеста ќе се санира. За појаснување на болеста која често започнува со силни болки кои можат да го “заведат“ лекарот и да имитира било која друга болест како што кај вас е случај (бубрежна колика ). Ќе речам дека herpes zoster е втора инфекција со varicebla- zoster вирус со еднострано или двострано зафаќање ( најчесто е унилатерално) на еден или повеќе кожно- нервни сегменти и се одликува со болни, групирани везикули на еритемна основа.Zosterot е широко распространета и спорадична болест. Се јавува кај возрасни луѓе меѓу 50 –та и 70-та година и остава доживо-тен имунитет. Првата инфекција од погоре споменатиот вирус сте ја имале во детството кога сте прележале овчи сипаници (varicella) и оваа ви е втора инфекција од истиот вирус кога боледувате од zoster. Втората инфекција настанува во случај кога прележувањето на првата инфекција остава нецелосен, делумен имунитет или има заостанување на латентни вируси во организмот.Инкубацијата на инфекцијата трае од 7 до 18 дена со некарактеристични симптоми (истоштеност, замор,невралгични болки) и на остро ограничен еритем се развиваат ситни ( како главичка од шпенадла до зрно ориз) бистри, напнати, перловидни везикули. Избивањето на меурчињата завршува во тек на 2-3 дена а целосното заздравување се одвива за 2-3 недели , обично ако се следат инструкциите од дерматологот без никакви последици (лузни).Zoster инфекцијата може да го зафати било кој нервен сегмент а не е редок и на вратот, лицето и главата. Клиничката слика е доволно карактеристична за поставување сигурна дијагноза а терапијата се заснова на апликација на вирусостатици (TB2. ACICLOVIR),витамини од B групата, аналгетици за невралгиите (болките) и локална ТН за засушување на меурчињата.

HERPES ZOSTER ИЛИ ПОЈАСНА РОЗА

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовене-ролог

Прашање: Имам 26 години и имам хронична кандида. Сум правела испитувања и неколку ПАПА тестови кои се позитивни односно според нив ја немам оваа болест. Но и покрај се таа се манифестира кај мене периодично. Кога се појавува користам крем Канестен кој привремено ми помага. Ве молам кажете ми кој е најдобар начин за лекување на хроничната кандида? ОДГОВОР: Кандидата преставува габична инфекција на женскиот генитален тракт во услови кога е намалена ки-селоста на вагиналниот секрет било поради зголемен вагинален секрет или поради намалена продукција на млеч-на киселина од страна на лактобацилусите. Инфекцијата се забележува по карактеристичните симптоми: чешање, болка во вид на горење, карактеристичен габичен мирис, вагинален секрет кој е обично бел или во вид на извар-ка, непријатност или болка за време на мокрење и, или сексуален однос. Повторувачките габични инфекции неко-гаш се поврзани со ниски нивоа на железо во организмот. Железото им е потребно на белите крвни клетки за да направат хемикалии кои ја уништуваат кандидијалната инфекција. Поради тоа во случај на чести габични инфек-ции се проверува нивото на протеинот Феритин во крвта за да се види колку има складирано железо во организ-мот. Ако е ниско треба да се даде терапија со железо. Дијагнозата на Кандида само врз основа на симптомите и преглед не е секогаш најточна бидејќи и други состојби како на пример бактериска вагиноза предизвикуваат слични симптоми а се лекуваат поинаку. Ако постојат гени-тални симптоми, најдобро е да се посети специјалистичка гинеколошка или уролошка ординација за поставување на точна дијагноза. Постојат разни антигабични лекови кои се достапни на рецепт или без рецепт. Некои лекови како на пример кло-тримазол и миконазол се користат како кремови или вагиналети. Орални антигабични инфекции (флуконазол и итраконазол) се исто така достапни. Но каков и да е начинот на користење, потребни се два до три дена за да се повлечат симптомите, бидејќи болното место треба да се опорави после уништувањето на габите. Сексуални-те контакти треба да се избегнуваат додека не се повлечат сите симптоми. Во случај на хронична кандидијаза по-сле давањето на вообичаена терапија од три дена потребно е продолжено лекување во наредните три недели со земање на антибиотици на секој втор ден. Партнерот исто така треба да биде лекуван со антибиотик како и со ан-тигабичен крем.

Дијагнозата на Кандидата само врз основа на симптомите и преглед не е секогаш најточна

спец. д-р. Иво Захари-евскигинеколог

ЛокалЛокалПрашање-одговор

35

спец.д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Прашање: Чувствителна сум на променливото време. Во есен секогаш боледувам од настинки а некогаш и грип. Како да се заштитам од вие болести?

Одговор: Есента е време на настинки и грипови. Од нив не се бега, но мора да се вни-мава на здравјето. Превенцијата почнува уште во летниот период. За оние со осетли-во здравје препорачливо е во лето барем 5-6 дена да одат на одмор на море. Кога вре-мето заладува добро е да се консумира многу овошје и зеленчук а доколку тоа не се прави истите да се примаат преку мулти витамински таблети. Потребно е да се пијат многу течности, многу вода и чаеви. Секако мора да се јаде здрава храна, така орга-низмот станува поотпорен на секоја временска промена. Во случај на заболување мора да се посети матичниот лекар за да ја препише соодветната терапија.

Есента период на настинки и грипови!

д-р. Трпко Угриноски спец. по општа меди-цина

ЛокалЛокалПрашање-одговор

Во пролет и лето, имам проблеми со очите. Тие се постојано црвени, ме чешаат па некогаш ми се и отечени. Како можам да го решам овој проблем

Најчести заболувања на очи во пролет и лето се алергичните коњуктивити. Има неколку негови видови:атопичен ( акутен и хро-ничен ), контактен, микробен, алергичен и пролетен.Во основата на алергичните коњуктивити лежи алергична фамилијарна историја на болеста. Други причини за појава на алер-гичните коњуктивити се:контакт со козметички средства, лак за коса, креон за очи, сапун, пластични рамки од очила, чад од цигари, домашна прашина, габични и микробни инфекции. Во пролет сето ова се потенцира со цутењето на дрвата и многуте цвеќиња.Симптоми на алергичниот коњуктивит се силен јадеж и болка во очите.

СОВЕТ: ладни облоги на очите, кортизонски препарати, антихистаминици а при компликации и антибиотици под кон-трола на очен лекар.

Постои изрека што вели дека очите се “огледало на душата“. Очите се сензорен орган од кој најмногу зависиме и затоа е потреб-но повеќе да се грижиме за нив и не треба да ги запоставуваме. Иако се поотпорни отколку што мислиме, потребно е да и за-штитиме од прав, загадување, нечистотија, дим од сончевите зраци и секако од заостанатата шминка. Кожата околу очите е мно-гу деликатна(чувствителна), бидејќи во овој дел не постојат масни или потни жлезди што ја хранат. Затоа ова е првото место каде се појавуваат брчки.Грижата за очите е многу едноставна, но потребно е редовно да се применува. Секогаш кога ќе ја чистите и навлажнувате кожа-та околу очите треба да бидете многу нежни. За чистење секогаш користете памучно топче натопено во гел за чистење. Никогаш не употребувајте, сапун бидејќи сапунот ги отстранува природните масти од кожата. Темелно исчистете ја нечистотијата и шмин-ката. Потоа употребете навлажнувач што ја омекнува кожата и ја спречува појавата на брчки и тенки линии. Одберете крем што е богат со витамин А, алое вера и камилица, затоа што овие состојки ја обновуваат и заздравуваат кожата. Избегнувајте употре-ба на кремови или навлажнувачи збогатени со многу состојки бидејќи големото количество масти ја прави кожата околу очите надуена. Исто така немојте да користите средства за затегнување на кожата и кремови против пеги на овој дел на лицето.

Неколку совети за тоа како да се грижите за вашите очи:

-пијте од осум до десет чаши вода дневно.-јадењето овошје ја прави вашата кожа чиста и здрава. Научно е докажано дека овошјето го намалува ризикот од појава на бо-лести на очите.-ако вашето тело ја задржува водата тогаш треба да почнете да користите и хранлив додаток што ќе ви помогне и ќе ви ги обе-збеди потребните витамини и минерали потребни за вашиот организам.-за да се ослободите од надуеноста околу очите едноставно натопете две памучни топчиња во ладна вода од роза или во сок од краставица. Затворете ги очите и оставете да делува околу 10 минути.- за да имате густи и здрави трепки секоја ноќ пред спиење ставајте по една капка маслиново на коренот на трепките. По само неколку дена ќе забележите промена.- секогаш кога излегувате носете очила за сонце со 100 % заштита од UV- зраците. Кога користите крема за заштита од сонце, нежно нанесете и на очните капаци.

Нега на очи

28

definitivno www.don.com.mk

37

Факти

Факти за прељуба

Кој еднаш изневерил, пак ќе изневери!Флертувањето и не е секогаш толку наивно како што мислиме. Честото играње со оган резултира со прељуба, а последиците можат да бидат многу незгодни. Еве неколку факти што некои одбиваат да ги прифатат: познатиот психолог од Гетинген, Рагнар Бир направил истражување во кое уче-ствувале 2 600 мажи и жени кои ги изневериле своите партнери или партнерки барем еднаш и кои биле изневерени . Меѓу другото, резултатите покажале дека повеќе од 80% од прељубниците го сакаат својот партнер/партнерка.

“Екскурзиите“ главно траатИстражувањето покажало и дека прељубата која вклучу-ва секс за една ноќ е поретка , бидејќи само 12 % жени и 15 % мажи изјавиле дека на тој на-чин направиле прељуба. Речи-си 60 % признале дека аферата им траела повеќе од еден ме-сец, а на преостанатите им тра-ела повеќе од една година.

Неверството продолжува...Освен тоа, тие што изневериле еднаш, ќе изне-верат повторно! Дури 49% неверни мажи и 55% неверни жени го сториле тоа само еднаш, доде-ка 12 % мажи двапати, а 22% повеќе од три пати. Жените не заостануваат многу зад мажите: 20% од мажите ги изневериле два пати, 10 отсто три

пати, а 15 отсто повеќе од три пати.

А причините за неверство се...Досадата најчесто е главната причина за прељуба. Податоците покажале дека 31% од прељубничките и 25 % од прељубниците сакале да разговараат за сексуалните потреби. А само 27 проценти од жените и 17 % од мажите знаат как-ви се потребите на нивните партнери/ партнер-ки .

Прељубниците најчесто сами се откриваат44отсто од неверните мажи и 46 отсто од невер-

ните жени самите си ка-жале. Само 3 отсто од ма-жите и 6 отсто од жени-те дознале од некој друг дека се изневерени. А 21% мажи и 19 % жени случајно откриле дека партнерката/ партнерот ги изневерува.

Неверството не се забо-рава и не се простува Надежта дека неверство-

то ќе ви биде простено и заборавено е залудна. 43% од мажите и 61% од жените ни по полови-на година не биле во состојба да простат и да го заборават неверството. А 11% од изневерените мажи и 20 % од изневерените жени ги замразиле партнерите по неверството.

Болна статистика Последните статистички податоци се нависти-на поразителни. Тие укажуваат на тоа дека мла-дите луѓе се помалку се решаваат на брак, па со тоа го одложуваат и времето да станат родите-ли, па затоа наталитетот е во опаѓање. Најновите податоци сведочат дека мажите прв пат се женат на 29- 30 години а жените на 26-27 години. За ур-баната популација овие податоци се уште по шо-кантни . Со цел д се наживеат и да испробаат се што им нуди животот младите тој став го зазема-ат и до 40-та година. резултат се постари родите-ли и помалку деца, бидејќи речиси никој кој на 40 години добил прво дете , не се решава на уште едно. Пораст на бројот на родени деца е забеле-жан во 2001 и 2003 година, а од 2004 година се бележи константно опаѓање на бројот на ново-родени. Според последните истражувања, мажи-те стануваат татковци со просечни 29-30 години, а жените со 26-27.

-Речиси никој кој на 40 години ќе добие прво дете не се решава на уште едно дете .-Склучувањето брак и создавањето семејство веќе не се приоритети.

38

ДРАГИОТ ЛИК НА НАШИОТ ИСКРЕН ДРУГАР И ПРИЈАТЕЛ

ВЛАДИМИР ВЛАДЕ КОСТОВСКИ

ОСТАНУВА ТРАЈНО ВО НАШЕТО СЕЌАВАЊЕ

СЕМЕЈСТВО ПЕРИШИЌ БЕЛГРАД

ОВЕН ( 21. 3. - 20. 4. ) Работа- Поволен период за хороскоп-скиот знак Овен бил меѓи 11 и 14 октом-ври. Може да добиете работни понуди на 26 и 31 овој месец. Јарците и Вагите ќе Ви бидат добра потпора, но не и Во-долиите и Рибите затоа што нема да би-дат одговорни и сигурни во заедничко-то работење. Љубов - Очекувајте многу средби, а слободните Овни можат да се надева-ат на познанства кои ќе се запаметат. Во љубовта ќе бидете премногу попустли-ви, а партнерот ќе биде тој што ќе поста-вува услови. Ова е прилично бурен пе-риод, затоа што две личности истовре-мено ќе ви се додворуваат. Неодлуч-ни сте, бидејки интимно сакате едно, а совеста ќе Ви наложува нешто дру-го. Доколку сте во дилема помеѓу Ваши-от постојан партнер и некој нов, добро размислете пред да донесете било как-ва одлука, затоа што Меркур Ви носи и погрешни одлуки, го намалува прагот на Вашата толеранција и ве прави конфуз-ни и склони за самосожалување. Чувајте се од љубомората на некој друг Овен. Здравје - Можни се болки во стомакот и лоша дигестија.

БИК ( 21. 4. - 21. 5. )Работа - Периодот кој следува Ви овоз-можува подготвени да започнете некоја ризична работа. Подобро би било да останете мудри, посебно ако се рабо-ти за некој проект кој сте го заштитиле како авторско дело или го сметате за ав-торски проект. Меркур во полето на кре-ативноста може да Ви донесе одредени проблеми заради вашата наивност или претераниот ентузијазам. Вашиот опти-мизам и добра волја не се доволни за да успеете во се што сте планирале, за-тоа што нема да ги добиете сите потреб-ни одобренија. Може да имате среќа на лотарија во друштво на Јарец, Рак или Овен. Љубов - Прилично сте збунети и не мо-жете да одолеете на некој кој Ви се до-дворува. Доколку сте помлади, ќе бидете многу наивни и неспремни да се поста-вите како што треба. Искреноста нема да ви биде од корист. Би требало да се па-зите да не дојде до скандал, особено ако не сте во брак.Здравје- Чести главоболки и намалето го стресот.

БЛИЗНАЦИ (22. - 21. 6. )Работа - Имате впечаток дека сите окол-ности и случувања се свртени против Вас и ништо не ви оди од рака. Тоа осо-бено се однесува на Близнаците кои се родени во втората половина на јуни. Не се препорачуваат патувања до сре-дината на септември, но доколку мора-те да одите на некој службен пат пазете што потпишувате и немојте да им веру-вате на соработниците кои сакаат да ве придобијат со својата лукавост. Играјте игри на среќа особено околу 7 октом-ври.Љубов - Периодот Ви започнува со возбудувања и обиди да го придобие-те вниманието на некој кој ве избегну-ва, но не без причина. Ако е во прашање тактика, тогаш Ви се враќа за нешто што сте направиле не многу одамна. Мора-те да ја платите цената за вашите пала-

вости и можно е да бидете критикувани не само од партнерот, туку и од негова-та фамилија. Близнаците кои се во врска или брак можат да покажат незаинтере-сираност за партнерот или тоа да го де-монстрираат со стил на живот кој не им одговара. Вагите, Овните, Водолиите и Стрелците остануваат ваши верни обо-жаватели, со уште еден Лав кој ќе се оби-де да влијае на вашиот избор во врска со вашата работа или со некои ваши на-вики кои никако нема да ви одговараат.Здравје- Немојте да јадете на киосците.

РАК (22. 6. - 22. 7. )Работа - Следниов период ќе биде најлош за сите оние на кои работата им е поврзана со медиумите, туристичките заедници или работа каде што многу па-туваат. Би требало целосно да се ангажи-рате во некоја работа која ја работите од пролетта или од минатата година и која никако не можете да ја завршите.Љубов - На Вас, како и на Близнаци-те, ситуацијата дома не ви е убава. Мо-рате да се прилагодите на некои нови услови кои Ви ги поставува партнерот или фамилијата. Може и новото работ-но место да бара од Вас да го смените начинот на живот. Жените Ракови ќе би-дат спремни да преземат голема одго-ворност за се што се случува дома, до-дека машките ракови ќе бидат пасивни. Слободните Ракови ќе посакаат да вле-зат во брак. Здравје- Би било пожелно да држите диета.

ЛАВ(23. 7. - 22. 8. )Работа - Претставниците на овој знак се под големи работни предизвици и искушенија. Можно е да добите две па-ралелни понуди за различни работ-ни места. Доколку сте вешти со уметно-ста, медиумите или туризмот искористе-те го тоа на најдобар можен начин. Може да Ви искрсне сјајна шанса за работа во странство или работа која би Ви овозмо-жувала често да патувате. Љубов - Доколку сте во врска, а Лаво-вите не сакаат да бидат сами, можни се расправии со партнерот по одредени прашања за кои никогаш не сте успева-ле да направите договор. Доколку пар-тнерот е во знак или подзнак Близнаци или Девица ќе ви се противставува за секоја ситница. Лавовите кои се во врска или брак, немаат чувство дека партне-рот ги разбира, затоа што добиваат впе-чаток дека тој/таа се во некој свој свет, окупурани со своите проблеми. Вас ќе ви изгледа дека е во прашање некој друг кој го привлекува вниманието на Вашиот партнер а всушност сами се лажете во пребрзиот заклучок.Здравје- Можна е повреда при работа.

ДЕВИЦА (23. 8. - 22. 9. )Работа- Доколку сте млади, веројатно сте амбициозни, но немате чувство дека некој сака да Ви пружи шанса. Докол-ку се обидете работите да ги земете во свои раце, обидете се со приватен биз-нис, може да имате среќа.Љубов- Најконтроверзниот представ-ник на Зодијакот, истовремено фата-лен заводник и традиционалист, духо-вит шармер и намќорест индивидуа-лец, се се ова особини кои многу успеш-

но ќе ги пласирате на некој кој ќе поса-ка да побегне колку го држат нозете, но нема да успее. Здравје- Пазете во сообраќајот.

ВАГА (23. 9. - 22. 10. )Работа – Иако Венера и Марс се во Ва-шиот знак и вообичаено Ви помагаат од-луките да ги донесувате лесно. Ваги кои се занимаваат со адвокатура можат да очекуваат успех. Вагите кои често па-туваат заради работа или работат со странци можно е да имаат проблеми. Љубов – Ако сте слободни ќе бидете во можност да влезете во врска со некој кој е многу помлад од вас и таа врска од не-кои причини ќе мора да биде тајна. Мож-но е тоа да биде Ваш избор додека не одлучите што ќе правите со својот жи-вот. Здравје – Можна повремена малакса-лост.

ШКОРПИЈА - (23. 10. - 22. 11. )Работа – Секои две години Марс, плане-тата која владее во Вашиот знак и е мно-гу моќна, ви носи засилена енергија, ентузијазам и борбеност. Што се однесу-ва до парите, во главно стоите добро и финансиското прашање не ви е приори-тетно, освен ако не сте премногу млад и не почеток на кариера или брак, па па-рите Ви се потребни за заеднички живот, за уредување на просторот за живеење или за започнување на свој бизнис.Љубов – Ова би можело да биде мно-гу романтичен период за Вас доколку го искористите сето она за што другите мо-жат само да сонуваат. Голем број прет-ставници од овој знак имаат некој коп-неж по личност која што не е слободна. Чувајте се вакви љубовни варијанти, за-тоа што и колку да сте вешти да се извле-чете од ситуација,постојаниот партнер внимава на ВасЗдравје – Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ (23. 11. -21. 12.)Работа – Би сакале да започнете некоја нова работа, но ситуацијата не Ви оди во прилог заради ретроградниот Мер-кур. Тоа конкретно значи дека ќе морате да се борите за своето место под сонце-то и конкуренција ќе ви биде некој кој го сметате за недораснат на Вас. Љубов – Скоро цело време во овој пе-риод Марс, симболот на страста ќе биде

во коњукција со Венера, планетата на љубовта, постои можност, посебно ако сте машко, да се заљубите во исклучи-телно атрактивна дама, а доколку сте дама Стрелец, можно е да ве заинтриги-ра некоја Вага или Овен.Здравје - Внимавајте од можна повреда.

ЈАРЕЦ (22. 12. - 20. 1.)Работа – Можни се мали потреси на ра-ботното место, дури и на оние рутин-ски работи кои од секогаш во одеа од рака. Доколку Вашата работа бара ману-елни вештини, музикалност или способ-ност за добра комуникација, познавање на странски јазици, може да бидете не-сигурни во себе и прилично мрзоволни затоа што работите не се одвиваат како што сакате. Вашиот перфекционизам ќе Ви создаде непријатели и таму каде што тоа не е потребно.Љубов – Ова би можело да биде мно-гу пријатен период за Вас доколку не сте многу воздржани, напротив ако бидете подготвени да се препуштите на магијата на социјалниот живот. Здравје – Рекреирајте.

ВОДОЛИЈА (21. 1. - 19. 2.)Работа – Влегувате во период на голе-ми случувања. Не влегувајте во сомни-телни финансиски трансакции. Не само што ќе Ве нервира атмосферата на рабо-та, туку сакале или не ќе морате да би-дете дел од некој тим кој во многу нешта не ви одговара.Љубов – Подготвени сте да влезете во сериозна врска, друга врска или пак во втор брак. Сепак астролошкото поле на љубомората, посесивноста и уште мно-гу од тоа што ви пречи да бидете среќни со партнерот, може многу да Ви го загор-чи животот. Здравје – Намалете ги оброците.

РИБИ (20. 2. -20. 3.)Работа – Полната Месечина во Ваши-от знак на смаиот почетокот и на крајот на периодот ви носи одлични можно-сти за заработка или во врска со проме-на на работата. Имате голема поддршка од угледни личности кои ќе сакаат да ра-ботат со Вас.Љубов – Доколку сте слободни, Ви прет-стои познанство со нова личност. Може да бидете многу успешни во заведување на некој Бик, Вага, Овен или Јарец.Здравје – Внимавајте во сообраќајот.

ЛокалЛокалХороскоп

27

Железара

Ул. Марко Цепенко бр.3 тел. 046/269-763

32

Спорт