Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9...

77
1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо Василевски – заменик претседател, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по жалбата на жалителот –„ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИНГ“ ДОО Скопје, наш број 08-435/1 од 21.07.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-461/37 од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.02/2016 за набавка на услуги – процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува друштвото на договорниот орган АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 40 -та Седница одржана на ден 04.08.2016 година го донесе следното: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата на жалителот „ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИНГ“ ДОО Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05- 461/37 од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.02/2016 за набавка на услуги – процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува друштвото на договорниот орган АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. 2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно. О б р а з л о ж е н и е Економскиот оператор „ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИНГ“ ДОО Скопје, изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-461/37 од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.02/2016 за набавка на услуги – процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува друштвото на договорниот орган АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, бидејќи смета дека погрешно е применето материјалното право, погрешно и непотполно е утврдена фактичката состојба и сторени се суштествени повреди на постапката, поради што предлага жалбата да се уважи, да се поништи одлуката за избор на најповолна понуда, како и да се поништи постапката за јавна набавка.

Transcript of Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9...

Page 1: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

1/9

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

Василевски – заменик претседател, Елита Шуки – член и Томо Томовски –

член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по

жалбата на жалителот –„ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИНГ“ ДОО Скопје, наш

број 08-435/1 од 21.07.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на

најповолна понуда бр.05-461/37 од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за

доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.02/2016 за

набавка на услуги – процена на вредноста на деловен простор со кој

стопанисува друштвото на договорниот орган АД за стопанисување со

деловен простор во државна сопственост - Скопје, врз основа на член 220

став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник

на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и

бр.120/2016), на 40-та Седница одржана на ден 04.08.2016 година го донесе

следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИНГ“ ДОО

Скопје, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-

461/37 од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор

за јавна набавка со Отворена постапка бр.02/2016 за набавка на услуги –

процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува друштвото на

договорниот орган АД за стопанисување со деловен простор во државна

сопственост - Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИНГ“ ДОО Скопје,

изјавил жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-461/37

од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна

набавка со Отворена постапка бр.02/2016 за набавка на услуги – процена на

вредноста на деловен простор со кој стопанисува друштвото на

договорниот орган АД за стопанисување со деловен простор во државна

сопственост - Скопје, бидејќи смета дека погрешно е применето

материјалното право, погрешно и непотполно е утврдена фактичката

состојба и сторени се суштествени повреди на постапката, поради што

предлага жалбата да се уважи, да се поништи одлуката за избор на

најповолна понуда, како и да се поништи постапката за јавна набавка.

Page 2: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

2/9

Во писмениот одговор на жалбата бр.08-435/2 од 25.07.2016 година,

договорниот орган АД за стопанисување со деловен простор во државна

сопственост – Скопје, наведува дека жалбата е неоснована, поради што

предлага истата како таква да се одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата доставена

од жалителот, писмениот одговор на жалбата доставена од договорниот

орган, одлуката за јавна набавка, тендерската документација, записникот

од отворање на понудите, извештајот од спроведената постапка, одлуката

за избор на најповолен понудувач, како и останатата документација

приложена во предметот при што врз основа на член 220 став 1 алинеја 4 од

Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја

утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган АД за стопанисување со деловен простор во

државна сопственост, спровел постапка по Огласот за доделување на

договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.02/2016 за набавка на

услуги – процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува

друштвото, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.05-

461/3 од 12.02.2016 година. Постапката за јавна набавка била објавена на

ЕСЈН на Бирото за јавни набавки и во Службено гласило на Европската

унија. Набавката била неделива, а договорниот орган во тендерската

документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се

користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе

заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било

побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност.

До крајниот рок за поднесување на понудите 28.03.2016 година,

пристигнале вкупно 16 (шеснаесет) понуди, за што бил составен Записник од

отворањето на понудите бр.05-461/5 од 06.04.2016 година. Комисијата за

јавни набавки при договорниот орган изготвила Извештај од спроведена

Page 3: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

3/9

постапка пред поднесување на конечна цена бр.05-461/17 од 27.06.2016

година во кој ги утврдила прифатливите односно неприфатливите понуди,

по што единствениот прифатлив понудувач го поканила на електронска

аукција. Во изготвениот Извештај од спроведена постапка по поднесување

на конечна цена бр.05-461/34 од 01.07.2016 година, комисијата дала

предлогот за избор на најповолна понуда. Договорниот орган на 12.07.2016

година донел Одлука за измена и дополна на планот за јавни набавки на АД

за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје за

2016 година со која извршил измена на проценетата вредност на јавната

набавка. Воедно на 13.07.2016 година донел Одлука за измена на Одлуката

за јавна набавка бр.05-41/3 од 12.02.2016 година за Процена на вредноста на

деловен простор со кој стопанисува друштвото. Врз основа на предлогот

даден во извештајот од спроведена постапка, одговорното лице на

договорниот орган донело Одлука за избор на најповолна понуда бр.05-

461/37 од 13.07.2016 година со која за најповолна понуда ја избрал понудата

на понудувачот „СИНОПСИС“ ДООЕЛ Скопје.

Незадоволен од донесената Одлука за избор на најповолна понуда

бр.05-461/37 од 13.07.2016 година, жалба до Државната комисија за жалби по

јавни набавки поднесе економскиот оператор „ГРАНТ ТОРНТОН

КОНСАЛТИНГ“ ДОО Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека ја поднесува поради погрешна

примена на материјалното право, погрешно и непотполно утврдена

фактичка состојба и неприменување или погрешна примена на

критериумите за избор на најповолен понудувач и со тоа биле сторени

суштествени повреди на постапката. Со тоа биле сторени материјални

повреди и прекршувања на одредбите од Законот за јавните набавки како и

на другите закони поврзани со предметот на јавната набавка, особено

Законот за процена, како и прекршувања на критериумите за избор на

најповолен понудувач. Жалителот смета дека, иако во текот на постапката

договорниот орган одлучил дека жалителот не е квалификуван за учество

на електронската аукција како последна фаза од набавката, истиот тврди

дека ги исполнува сите услови предвидени во тендерската документација и

согласно документите наведени во понудата по сите критериуми треба да

остане како квалификуван понудувач. Во известувањето кое договорниот

орган го испратил до жалителот, како причина за дисквалификација е

наведено дека во листата на поединечни цени, ниту една понудена цена кај

Page 4: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

4/9

помошните простории (гаража или подрум) не е во дијапазонот од 640,00 до

800,00 денари и за кое проценил дека не е во согласност со Правилникот за

начинот на пресметување на наградата за извршена работа и надоместокот

за реално потребните трошоци за вршење на процена на недвижен имот. Во

Правилникот точно е наведено дека за еден објект се пресметува висина на

награда од 800,00 денари, со максимален попуст од 20% (640,00 денари),

додека за секој нареден објект наградата е 300,00 денари или со

максималниот попуст од 20% може да биде 240,00 денари. За сите останати

објекти жалителот наведува дека понудените цени се во согласност со

Правилникот за начинот на пресметување на наградата. Понатаму

договорниот орган во известувањето навел дека во Точка 1.3 и Точка 1.6 од

тендерската документација е наведено дека процената на вредноста на

деловниот простор треба да се врши согласно Законот за процена и

подзаконските акти. Спротивно на наводите за дисквалификација,

презентирани во известувањето, жалителот тврди дека договорниот орган

направил суштествена повреда на постапката при што кога побарал во

Листата со поединечни цени - Базата на деловниот простор од сите работни

единици за процена, задолжително да се пополни од страна на

економските оператори. Договорниот орган истото не го сторил со тоа што

не извршил издвојување во делот на помошни простории (гаража или

подрум) на еден посебен објект за кој ќе се применува висина на награда од

800,00 денари без попуст, а понатаму сите останати објекти да ги дефинира

како следни објекти каде наградата е 300,00 денари без попуст. Оттаму,

договорниот орган нејасно и нецелосно ја дефинирал нарачката за

проценка без издвојување на еден објект за кој ќе се применува награда во

висина од 800,00 денари без попуст и потоа одредување на сите останати

објекти за кои ќе се применува награда од 300,00 денари без попуст.

Листата со поединечни цени која била прилог на тендерската

документација експлицитно не била објавена како нарачка за процена туку

само како индикативна листа. Согласно одредбите на Законот за процена,

член 2 став 1 точка 1 како и член 4 став 2 и гореспоменатиот правилник,

висината на наградата се одредува за извршена процена. Соодветно

„извршена процена“, според правилникот и законот е кога се доставува

извештај за процена согласно добиената нарачка за процена. Договорниот

орган доставил само листа со поединечни цени - База на деловниот простор

од сите работни единици за процена, каде имало само индикативна листа

која не може да се смета за нарачка за процена и со самото тоа пресметката

на висината за наградата на проценителот била отежната зошто било

нејасно како да се дефинира предметот и обемот на работа и да се понуди

соодветна цена согласно правилникот. Договорниот орган направил

суштествена повреда со тоа што доколку во неговата нарачка јасно било

Page 5: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

5/9

дефинирано кој објект ќе се смета за посебен со понудена цена од 800,00

денари без попуст и 300,00 денари без попуст за сите наредни објекти, во тој

случај и понудата на жалителот ќе соодветствувала на нарачката на

договорниот орган. Со ова жалителот бил доведен во заблуда при што

понудената цена била дадена на начин за кој сметал дека е најсоодветен на

добиената нарачка. Со гореспоменатите дејствија договорниот орган

направил повреда на материјалното право и суштествена повреда на

постапката во целост. Договорниот орган во Листата со поединечни цени

имал направено уште неколку суштествени повреди на постапката и со тоа

ги довел економските оператори до заблуда. Имено видно од прилогот

даден до економските оператори во електронска форма (ехсе1 табела) „База

на деловен простор од сите работни единици за процена“, жалителот

наведува дека воочливо е постоењето на скриени колони од L до AI каде

има податоци за кои жалителот не знаел дали се релевантни за понудата

или не. Постоењето на податоци кои се наоѓаат во скриени колони ги

доведува во заблуда економските оператори и со тоа не можело да се оцени

која е намерата на договорниот орган, која е целта на ова дејствие, а воедно

и причината поради која договорниот орган ги сокрил овие колони и дали

ова дејствие е направено намерно или од небрежност. Со тоа се довеле во

прашање етичките и законските норми на самата тендерска постапка и

тенденциозно се довеле во заблуда економските оператори, кои

учествувале во постапката. Понатаму, договорниот орган во листата со

поединечни цени имал направено уште неколку суштествени повреди на

постапката и повторно и со тоа дејствие ги довел економските оператори до

заблуда. Имено во гореспоменатиот прилог - База на деловен простор од

сите работни единици за процена се јавувале објекти под нејасни називи за

кои не се знае на што се однесуваат. Како пример, жалителот ги навел:

„заед.“, „ХС.Санит“, „котлара со цистерна“, „скрив.“, „тер.“, „Скали“, „Пар.мес.“,

поими кои во Правилникот за начинот за пресметување на наградата за

извршена работа и надоместокот за реално потребните трошоци за вршење

на процена на недвижен имот, воопшто не постојат. Договорниот орган во

листата морал да ги класифицира овие објекти со цел да бидат во

согласност со наведениот правилник. Со ова економските оператори биле

доведени во заблуда каков третман и пристап да имаат кон дефинирањето

на овие простории и објекти, во која категорија на објекти да ги распоредат

и со тоа биле во неможност да дефинираат понудена цена која ќе биде во

согласност со Законот за процена и Правилникот за начинот за

пресметување на наградата за извршена работа и надоместокот за реално

потребните трошоци за вршење на процена на недвижен имот. Воедно,

договорниот орган при одредувањето на висината на предвидениот буџет

за реализација на договорот, воопшто не ги земал предвид одредбите на

Page 6: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

6/9

Законот за процена, Методологијата за процена на пазарната вредност на

недвижен имот, како и Правилникот за начинот на пресметување на

наградата за извршена работа и надоместокот за реално потребните

трошоци за вршење на процена на недвижен имот. Имено, предвидените

6.000.000,00 денари за реализација на тендерската постапка се пониски од

законски потребните средства за реализација на договорот за јавна

набавка, согласно прилогот листа со поединечни цени. Понатаму,

договорниот орган тенденциозно од истата или слична причина ги

дисквалификувал и останатите 14 економски оператори кои учествувале во

постапката пред закажувањето на електронската аукција со свои понуди и

останал само со еден квалификуван економски оператор т.е. со

економскиот оператор кому му е доделена јавната набавка. Жалителот

наведува дека со ова се наметнувало прашањето дали сите 15 останати

економски оператори не ги исполнувале условите предвидени во

тендерската документација и биле со причина дисквалификувани и само

економскиот оператор кому му бил доделен договорот за јавна набавка на

услуги во целост ги исполнувал критериумите. Земајќи го наведеното

предвид, жалителот смета дека договорниот орган погрешно и нецелосно

ги применил критериумите за избор на најповолен понудувач и погрешно и

непотполно ја утврдил фактичката состојба за избор на најповолен

понудувач. Соодветно на горенаведеното, жалителот смета дека има услови

да се применат одредбите од членот 220 став 1 точка 5 и Државната

комисија за жалби по јавни набавки, да ја укине одлуката на договорниот

орган и да ја поништи постапката за јавна набавка и истиот во целост да ја

повтори постапката.

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека

жалбените наводи се неосновани. Имено, сите сега наведени забелешки на

жалителот во врска со тендерската документација, односно

спецификацијата која е составен дел на тендерската документација не

треба да се земат предвид од причини што жалителот ги пропуштил

роковите за жалба во однос на забелешки поврзани со тендерската

документација, а согласно член 216 став 2 алинеја 2 и 3 од Законот за

јавните набавки. Договорниот орган наведува дека го потврдува неговото

мислење дека финансиската понуда на жалителот не е во согласност со

Правилникот за начинот на пресметување на наградата за извршена работа

и надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на процена на

недвижен имот, од причини наведени во известувањето доставено до

жалителот, а за што и самиот жалител во жалбата се произнел дека во

предметниот Правилник, точно е наведена висината на наградата. Во однос

на забелешката дека во Листата со поединечни цени не било извршено

Page 7: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

7/9

издвојување на помошните простории за секој посебен објект, договорниот

орган потенцира дека во истата листа за секој деловен простор или

помошна просторија има наведено адреса на објектот и број на секој

посебен објект како и расположливи катастарски индикации, а тоа значи

дека за секоја помошна просторија се знае во кој објект се наоѓа. Во однос

на тоа дека пресметката на висината на наградата на проценителот била

отежната поради нејасно дефинирање на предметот и обемот на работата,

договорниот орган напомнува дека согласно член 39 од Законот за јавните

набавки, жалителот можел да побара дообјаснување на нејаснотиите кои ги

наведува во жалбата шест дена пред крајниот рок за поднесување на

понудите. Договорниот орган наведува дека жалителот не поставил

прашање за одредени нејаснотии кои ги наведува во жалбата што значи

дека сегашните спорни работи тогаш му биле јасни. Горенаведеното се

однесува и на забелешката на жалителот дека во табелата било воочливо

постоење на скриени колони (како што ги нарекува жалителот), а се работи

за колони во кои се наоѓаат податоци потребни за тековно работење на

Акционерското Друштво (договор за закуп, закупец, тужба, извршување,

спогодба и друго), односно податоци кои се ирелевантни за постапката на

предметната јавна набавка, а кое исто така не било проблем до моментот на

јавното отворање. Договорниот орган наведува дека колоните во

техничката спецификација си имаат свој назив и воопшто не е битна

буквата од excel табелата. Истото произнесување на договорниот орган се

однесувало и за заедничките простории - котларата, скривниците, терасите

и скалите кои исто така не преставувале проблем до моментот на

поднесување на понудата. Што се однесува до предвидениот буџет за

реализација на договорот, договорниот орган наведува дека донесена е

одлука согласно Законот за јавните набавки за промена на Планот за јавни

набавки и зголемување на вредноста на предметната јавна набавка од

предвидените 6.000.000,00 денари на 7.052.640,00 денари, колку што е

износот на понудата на најповолниот понудувач. Комисијата за јавни

набавки, воедно ги проверувала сите поединечни ставки од доставените

понуди на секој економски оператор дали се во согласност со Правилникот

за начинот на пресметување на наградата за извршена работа и

надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на процена на

недвижен имот и ги известила сите економски оператори кои не биле

квалификувани за учество на електронската аукција, при што во секое

посебно известување прецизно ги навела причините за

неквалификуваноста, односно позициите во листата со поединечни цени

кои не одговараат на горенаведениот Правилник. Врз основа на

горенаведеното, договорниот орган предлага Државната комисија за жалби

по јавни набавки, согласно член 220 став 1 алинеја 4 од Законот за јавните

Page 8: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

8/9

набавки да ја одби жалбата како неоснована, а одлуката за избор за

најповолна понуда да остане во сила.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните

набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за

спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди

дека жалбата е неоснована.

Државната комисија не ги прифати жалбените наводи дека

договорниот орган погрешно ја утврдил фактичката состојба. Комисијата за

јавни набавки на договорниот орган постапила во согласност со член 140

став 7 и 8 од Законот за јавните набавки согласно кој, неприфатливите

понуди не ги евалуира и евалуацијата на понудите се врши исклучиво во

согласност со условите наведени во тендерската документација и објавени

во огласот за доделување на договорот за јавна набавка. Имено, согласно

документите со кои располага за конкретната постапка, Државната

комисија утврди дека жалителот не ги доставил цените согласно со

Правилникот за начинот на пресметување на наградата за извршена работа

и надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на процена на

недвижен имот. Иако во наведениот Правилник во делот за помошни

простории е наведено дека за еден објект цената е во маргини од 640,00 до

800,00 денари, а секој нареден во маргините од 240,00 до 300,00 денари, во

листата на поединечни цени нема ниту еден објект со цена од 640,00 од

800,00 денари, односно сите цени се по 240,00 денари. Согласно наведеното,

Државната комисија за жалби по јавни набавки одлучи да ја одбие жалбата

како неоснована.

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка,

трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени,

согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Page 9: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

9/9

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство:Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член

20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може

да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на

приемот на решението.

Бр.08-435/7

04.08.2016год.

С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

м-р Мишо Василевски

Доставено до:

- Архива;

- „ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИНГ“ ДОО Скопје, ул.Мито Х. Јасмин бр.52б – 1/18, 1000 Скопје, и

-АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје,ул. Стале Попов бр.9

мезанин - локал 5, 1000 Скопје

Page 10: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

1/10

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

Василевски – заменик претседател, Елита Шуки – член и Томо Томовски –

член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по

жалбата на жалителот – „НИКОБ“ ДОО Скопје, изјавена преку

полномошник Емил Гашев адвокат од Скопје, против Одлуката за избор на

најповолен понудувач бр.10-116/8 од 16.03.2015 година, донесена по

Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.10-116/2/2015

година, согласно член 17 став (1) алинеја 2 од Законот за јавните набавки, за

набавка на усуги – физичко обезбедување при транспорт на пари на

договорниот орган – ЈП „Градски паркинг“ Скопје, врз основа на член 220

став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки (Службен весник

на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и

бр.120/2016), на 40-та Седница одржана на ден 04.08.2016 година го донесе

следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „НИКОБ“ ДОО Скопје, изјавена преку

полномошник Емил Гашев адвокат од Скопје, против Одлуката за избор на

најповолен понудувач бр.10-116/8 од 16.03.2015 година, донесена по

Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.10-116/2/2015

година, согласно член 17 став (1) алинеја 2 од Законот за јавните набавки, за

набавка на усуги – физичко обезбедување при транспорт на пари на

договорниот орган – ЈП „Градски паркинг“ Скопје, СЕ ОДБИВА КАКО

НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „НИКОБ“ ДОО Скопје, изјавил жалба против

Одлуката за избор на најповолен понудувач бр.10-116/8 од 16.03.2015 година,

донесена по спроведена постапка за доделување на договор за јавна

набавка бр.10-116/2/2015 година согласно член 17 став (1) алинеја 2 од

Законот за јавните набавки, за набавка на усуги – физичко обезбедување

при транспорт на пари на договорниот орган – ЈП „Градски паркинг“ Скопје,

поради битни повреди на постапката при спроведување на јавна набавка,

повреда на материјалното право, неправилна примена на законот, при што

Page 11: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

2/10

бара од Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи

жалбата и да донесе решение со кое ќе ја укине оспорената одлука и

предметот ќе го врати на повторно одлучување и притоа ќе го задолжи

договорниот орган да му ги надомести на жалителот трошоците во

жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган бара Државната

комисија истата да ја одбие како неоснована и смета дека не се основани

жалбените наводи за наводните незаконитости при спроведување на

постапката на кои се повикува жалителот.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата доставена

од жалителот, писмениот одговор на жалбата доставена од договорниот

орган, одлуката за јавна набавка, огласот за јавна набавка, тендерската

документација, записникот за отворање на понудите, извештајот за

спроведена посапка, одлуката за избор на најповолен понудувач, како и

останатата документација приложена во предметот при што врз основа на

член 220 став 1 алинеја 4 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја

утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел јавна набавка врз основа на член 17 став

(1) алинеја 2 од Законот за јавните набавки, со објавување на Тендерската

документација во делот „Други огласи“ на Веб-страната на Бирото за јавни

набавки, за набавка на услуга – физичко обезбедување при транспорт на

пари од Агенција за обезбедување имот и лица, за што претходно е

донесена Одлука за јавна набавка бр.10-116/1 од 06.03.2015 година.

Набавката не била делива и истата не завршувала со е-Аукција. Како

критериум за избор договорниот орган предвидел најниска цена – 100 бода,

а договорниот орган во тендерската документација побарал од

понудувачите да достават изјава за независна понуда и изјава за

сериозност на понудата.

Page 12: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

3/10

До крајниот рок за поднесување на понудите на 13.03.2015 година биле

доставени вкупно 2 (две) понуди, на економските оператори: „НИКОБ“ ДОО

Скопје, и „ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ“ Скопје, кои биле отворени во

присуство на овластени претставници на понудувачите, за што бил

изготвен Записник од јавното отворање на понудите бр.10-116/5 од 13.03.2015

година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила

евалуација на понудите, при што двете понуди ги оценила како прифатливи

и ги евалуирала согласно критериумот најниска цена, по што со Извештај

од спроведена постапка бр.10-116/7 од 16.03.2015 година, ја предложила за

избор како понуда со пониска цена, понудата на економскиот оператор

„ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ“ Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен

од одговорното лице на договорниот орган и била донесена сега оспорената

одлука за избор на најповолен понудувач.

Незадоволен од вака донесената одлука за избор на најповолен

понудувач, жалба до Државната комисија изјави економскиот оператор

„НИКОБ“ ДОО Скопје.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

изјавената жалба донесе Решение бр.09-173/7 од 01.04.2015 година со кое

жалбата на жалителот „НИКОБ“ ДОО Скопје се одбива како неоснована.

Незадоволен од вака донесеното решение на Државната комисија за жалби

по јавни набавки останал економскиот оператор „НИКОБ“ ДОО Скопје кој

изјавил тужба до Управниот суд на Република Македонија. До Државната

комисија на 19.10.2015 година доставена е Пресуда У-5 бр.635/2015 со која

тужбата на тужителот „НИКОБ“ ДОО Скопје се уважува, а Решението на

Државната комисија за жалби по јавни набавки бр.09-173/7 од 01.04.2015

година се поништува. Проверувајќи ги повторно жалбените наводи на

жалителот, Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе

Решение бр.09-568/6 од 11.11.2015 година со кое жалбата на жалителот

„НИКОБ“ ДОО Скопје повторно ја одби како неоснована. Незадоволен од

Решението бр.09-568/6 од 11.11.2015 година, тужба до Управниот суд на

Република Македонија изјави тужителот „НИКОБ“ ДОО Скопје, која со

Пресуда У-5.бр.1711/2015 од 07.07.2016 година е уважена, а Решението на

Државната комисија бр.09-568/9 од 11.11.2015 година е поништено.

Page 13: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

4/10

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека незадоволен од одлуката за

избор на најповолен понудувач, а согласно член 212 од Законот за

јавните набавки ја поднесува жалбата бидејќи смета дека се сторени

битни повреди на постапката при спроведување на јавната набавка,

односно суштествени повреди на постапката за прибирање на понуди со

објавување предвидена во глава 6 дел 2 и член 239 од Законот за јавните

набавки, а со тоа и погрешна примена на материјалното право.

Жалителот смета дека е сторена повреда на материјалното право и

неправилна примена на законот, како и во постапката која му

претходела на актот не било постапено според правилата на постапката,

па согласно на тоа и фактичката состојба не била правилно утврдена,

односно од утврдените факти бил изведен неправилен заклучок во

однос на фактичката состојба. Жалителот истакнува дека во член 239 од

Законот за јавните набавки, јасно било наведено: договорниот орган е

должен да користи електронска аукција согласно со Главата VI Дел 2 од

Законот за јавните набавки, и тоа: во најмалку 30% од проценетата

вредност на планираните постапки за доделување на договори за јавни

набавки од 1 јануари 2010 година. Во најмалку 70% од бројот на објавени

огласи за отворена постапка, ограничена постапка, постапка со

преговарање со претходно објавување на оглас и за постапка со барање

за прибирање на понуди со објавување на оглас од 1 јануари 2011 година

и во 100% од бројот на објавени огласи за отворена постапка, ограничена

постапка, постапка со преговарање со претходно објавување на оглас и

за постапка со барање за прибирање на понуди со објавување на оглас од

1 јануари 2012 година. Со оглед на тоа, факт е дека договорниот орган не

го зел во предвид член 239 од Законот за јавните набавки, со што се

нарушува начелото за конкурентност, од причина што со електронската

аукција се обезбедуваат условите под кои понудувачите ќе можат да

наддаваат, а особено минималните разлики кои се дозволени во

процесот на негативно наддавање. Воедно, ваквата обврска на

договорниот орган е задолжителна кога се спроведува постапка за

прибирање на понуди по претходно објавен оглас, бидејќи предметот на

договорот за јавна набавка е услуга која не е исклучена со член 123 од

Законот за јавните набавки. Жалителот наведува дека имајќи го во

предвид фактот дека покрај понудата на избраниот понудувач имало и

други понудувачи, договорниот орган бил должен да ја запази

утврдената постапка, односно да спроведе електронска аукција. Со оглед

на сето горенаведено, подносителот на жалбата и предлага на Државна

Page 14: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

5/10

комисија, да ги поништи Одлука за јавна набавка бр.10-116/1 од ден

06.03.2015 година и Огласот бр.10-116/2/2015, како и Одлуката за избор на

најповолен понудувач бр.10-116/8 од ден 16.03.2015 година.

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган наведува

дека жалбата на жалителот е неоснована. Имено, договорниот орган на

ден 06.03.2015 година донел Одлука за спроведување на постапка за

доделување на договор за јавна набавка на услуги - физичко

обезбедување при транспорт на пари. Во одлуката договорниот орган

навел дека набавката ќе се изврши по пат на барање за прибирање на

понуди согласно член 17 од Законот за јавните набавки. Согласно

Уредбата за услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки,

договорниот орган се повикал на категорија 23 во која се наведени

безбедносните услуги. Договорниот орган на ден 09.03.2015 година го

објавил огласот за наведената набавка во електронскиот систем за јавни

набавки во делот други огласи, каде што се објавуваат огласите за услуги

согласно член 17 од Законот за јавните набавки. На ден 13.03.2015 година

Комисијата за јавни набавки извршила отворање на пристигнатите

понуди ги разгледала истите, направила евалуација на понудите

согласно член 140 од Законот за јавните набавки и изготвила извештај од

спроведената постапка во кој му предложила на одговорното лице да

донесе одлука за избор за најповолен понудувач за понудата доставена

од „ПерпетуумобилеСекјутити“. Согласно препораката од Комисијата за

јавни набавки Директорот на ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје на ден

16.03.2015 година донел Одлука за избор за најповолен понудувач, со која

одлука за најповолна понуда се избира понудата на Друштво за

производство, трговија и превоз „ПерпетуумобилеСекјурити“ ДООЕЛ

Скопје. Договорниот орган смета дека наводите во жалбата се во целост

неосновани од причина што договорниот орган во целост обезбедил

конкуренција и еднаков третман на економските оператори. Имено,

согласно член 17 став (3) од Законот за јавните набавки при доделување

на договор за јавна набавка на услуги со проценета вредност до 20.000

евра се применуваат членовите 2 и 103 од Законот за јавните набавки

што во целост било почитувано од страна на договорниот орган при

спроведување на оваа набавка. Договорниот орган наведува дека како

единствен услов за учество во објавениот оглас побарал да биде

доставен доказ за способност за вршење на професионална дејност,

односно Решение за дозвола за работа за вршење на дејност издадена од

Министерството за внатрешни работи. Договорниот орган никаде во

тендерската документација не навел дека ќе спроведе електронска

аукција, туку напротив навел дека критериум за доделување на договор

Page 15: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

6/10

е најниска цена, односно дека за носител на набавката ќе биде избран

оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во поднесената

понуда. Договорниот орган смета дека како потврда на ова тврдење бил

и фактот дека, доколку договорниот орган објави оглас согласно член 17

од Законот за јавните набавки во делот други огласи во електронскиот

систем за јавни набавки, самиот систем не нуди можност за закажување

на електронска аукција. Поради се погоре наведено, договорниот орган

предлага жалбата на жалителот да се одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а

врз основа на доказите во предметот од спроведената постапка за

доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е неоснована.

Имено, неосновани се жалбените наводи за сторени битни повреди

на постапката за доделување на договор за јавна набавка, за погрешно и

нецелосно утврдена фактичка состојба и за погрешна примена на

материјалното право на кои се повикува жалителот.

Државната комисија смета дека договорниот орган при

спроведувањето на конкретната јавна набавка се придржувал до Законот за

јавните набавки, односно до постапката за набавка на услуги и ја спровел

истата согласно одребите од членот 17 став (1) алинеја 2 од Законот за

јавните набавки кој ги уредува постапките за набавка на неприоритетни

услуги.

Од увидот во приложената документација, Државната комисија

утврди дека договорниот орган при спроведувањето на целокупната

постапка и евалуацијата на понудите се придржувал до одредбите од член

17 став (1) алинеја 2 од Законот за јавните набавки.

Согласно член 17 став 2 од Законот за јавните набавки, при

доделување на договор за јавна набавка на услуги од ставот 1 алинеја 2, од

Законот за јавните набавки со проценетата вредност над 20.000 евра во

денарска противредност без ДДВ, се применуваат членовите 2, 33, 34, 35, 36

и 55 од Законот за јавните набавки.

Согласно член 17 став 3 од Законот за јавните набавки, при

доделување на договор за јавна набавка на услугите од ставот 1 алинеја 2 на

овој член со проценетата вредност до 20.000 евра во денарска

противредност се применуваат членовите 2 и 103 од Законот за јавните

набавки.

Page 16: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

7/10

Во член 17 став (4) од Законот за јавните набавки е предвидено: (4)

„Услугите од ставот (1) на овој член поблиску ги пропишува Владата.“.

Во член 3 став 1 од Уредбата за услуги кои се предмет на договорите

за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр.157/2007 и

бр.18/2009) е утврдено: „Услугите од член 17 став (1) алинеја 2 од Законот за

јавните набавки се: ... - истражни и безбедносни услуги, освен услуги за

транспорт со блиндирани возила – категорија 23;“.

Во Уредбата за општиот поимник за јавни набавки („Службен весник

на Република Македонија“ бр.168/2008), Категорија 23 Истражни и

безбедносни услуги, освен услуги за превоз во оклопни возила 873 (освен

87304), во ОПЈН/CPV се наведени повеќе шифри меѓу кои и следните:

79700000-1 Услуги за истрага и безбедност, 79710000-4 Услуги за безбедност,

79711000-1 Услуги за следење и алармирање, 79713000-5 Чуварски услуги,

79714000-2 Услуги за надзор ... 79715000-9 Услуги за патролирање ... “.

Во член 122 од Законот за јавните набавки е наведено дека

договорниот орган не смее да користи електронски аукција со цел да ја

попречи, ограничи или наруши конкуренцијата или да го измени предметот

на договорот за јавна набавка и во тендерска документација.

Имено, договорниот орган успеал во постапувањето да обезбеди

транспарентност преку објавувањето на јавниот повик на Веб страната на

Бирото за јавни набавки во делот „Други огласи“, тендерската

документација за јавната набавка овозможила недискриминација и

слободна можност за доставување на понуди од страна на економските

оператори, понудите јавно ги отворил пред претставници на понудувачите,

а и евалуацијата на понудите била извршена согласно однапред објавениот

критериум за избор на најповолна понуда.

Од увидот во понудата на избраниот понудувач, Државната комисија

утврди дека тој ги исполнувал условите поставени во тендерската

документација, а неговата понуда била со пониска цена од онаа на

второрангираниот понудувач, сега жалител.

Државната комисија постапувајќи по службена должност согласно

член 211 од Законот за јавните набавки, проверувајќи ги писмените докази

од целокупната спроведена постапката за доделување договор за јавна

Page 17: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

8/10

набавка, не најде сторена битна повреда на постапката за доделување

договор за јавна набавка од член 210 од Законот за јавните набавки.

Согласно член 2 од Законот за јавните набавки: Со овој закон особено

се обезбедува: -конкуренција меѓу економските оператори, -еднаков

третман и недискриминација на економските оператори, -транспарентност

и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки и -

рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за

доделување договори за јавна набавка“.

Во член 17 став (1) алинеја 2 од Законот за јавните набавки е наведено:

„Предмет на договорот за јавна набавка на услуги претставува

обезбедување на една или повеќе услуги, и тоа: -услуги за железнички и

воден транспорт, услуги за привремено вработување, хотелски,

угостителски, правни, истражни, образовни, здравствени и социјални,

рекреативни, културни, спортски и други услуги кои не се опфатени со

ставот (1) алинеја 1 на овој член.“.

Согласно член 103 од Законот за јавните набавки: (1) „Договорниот

орган е должен да води евиденција на постапките со барање за прибирање

на понуди. (2) Договорниот орган доставува примерок во електронска

форма од евиденцијата на постапките со барање за прибирање на понуди

во ЕСЈН најдоцна до 31 јули и до 31 јануари за договори за јавни набавки

склучени во претходните шест месеца.“.

Воедно, Државната комисија за жалби по јавни набавки, до Бирото за

јавни набавки при Министерството за финансии, испрати Барање на

мислење бр.09-431/3 од 25.07.2016 година, дали за набавката на услуги –

физичко обезбедување при транспорт на пари, може да се примени член 17

став 1 алинеја 2 од Законот за јавните набавки, односно дали предметот на

набавката е дел од услугите вброени во наведениот член и дали за

постапките кои за предмет на набавка ги имаат услугите наведени во член

17 став 1 алинеја 2 од Законот за јавните набавки, треба да се спроведува

електронска аукција, ако се има предвид член 123 став 1 од Законот за

јавните набавки.

По однос на поднесеното Барање за мислење, Бирото за јавни

набавки при Министерството за финансии даде свое мислење бр.09-431/4

од 28.07.2016 година во кое наведува дека:

Page 18: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

9/10

Согласно со член 17, став 1 алинеја 2 од Законот за јавните набавки,

предмет на договорот за јавна набавка за услуги претставува набавка на

една или повеќе услуги, и тоа, услуги за железнички и воден транспорт,

хотелски, угостителски, правни, истражни, образовни, здравствени и

социјални, рекреативни, културни, спортски и други услуги.

Со Уредбата за Општиот поимник за јавни набавки донесена од

страна на Владата на Република Македонија на 31 декември 2008 година, се

утврдува Општиот поимник за јавни работи како референтна номенклатура

што се применува во постапките за доделување на договори за јавни

набавки, за означување и опис на предметот на јавната набавка.

Согласно со член 3 точка 40 од законот, Општиот поимник за Јавни

набавки е референтна номенклатура што се применува во постапките за

доделување на договори за јавни набавки и кој обезбедува еднообразност

со останатите постоечки номенклатури.

Овој детален шифрарник е развиен од страна на Европската комисија

и со неговото користење, овозможено е електронско пребарување на

објавените огласи за јавни набавки врз основа на внес на единствена

шифра со која се идентификува предметот на договорот.

При пребарување на Општиот поимник за јавни набавки, наведените

услуги, вклучувајќи го и транспортот на пари не може да се пронајдат во

категориите 1-26 од истиот, со кои се опфатени наведените услуги во член

17 став 1 од законот. Во таков случај, сметаме дека конкретниот предмет на

набавка спаѓа во категоријата други услуги наведена во член 17 став 1

алинеја 2 од законот, односно се работи за неприоритетна услуга од

категорија 27.

Кога станува збор за овие услуги наведени во член 17 став 1 алинеја 2.

односно член 3 од Уредбата, треба да се има предвид дека поради нивната

специфичност со законот е пропишан полиберален режим за набавка кој се

согледува преку одредбите од член 17 став 2 и 3 од законот. Предвидениот

полиберален режим за нивна набавка не значи и нивно изземање од нивна

примена од законот.

Согласно со член 17 став 2, при доделувањето на договор за јавна

набавка на овие услуги, со проценета вредност над 20.000 евра во денарска

противвредност без вклучен ДДВ, се применуваат членовите 2, 33, 34, 35, 36

и 55 од законот. Согласно со член 17 став 3, доколку проценетата вредност

Page 19: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

10/10

на договорот за јавна набавка на услуги е до 20.000 евра во денарска

противвредност без вклучен ДДВ, се применуваат членовите 2 и 103 од

законот.

Според тоа, доколку во конкретниот случај договорниот орган го

искористил полибералниот режим за предметот на набавка, на мислење

сме дека во тој случај истиот не бил обврзан да го применува член 123 од

законот, односно во тој случај немал можност и обврска за спроведување на

електронска аукција, бидејќи одредбите од законот со кои се уредува

обврската за спроведување на електронска аукција во конкретниот случај

не се применуваат.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство:Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член

20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може

да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на

приемот на решението.

Бр.09-431/8

04.08.2016год.

С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

М-р Мишо Василевски

Доставено до:

- Архива,

- Адвокат Емил Гашев - Скопје, ул.„Салвадоре Аљендре“ бр.79 лок 3 и 4, Скопје

- ЈП „ГрадскиПаркинг“-Скопје, ул. „Македонија“ бр.11 А, Скопје

Page 20: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

1/8

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

Василевски – заменик претседател, Елита Шуки – член и Томо Томовски –

член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по

жалбата на жалителот – „АЛКАЛОИД КОНС“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 08-

443/1 од 27.07.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна

понуда бр.20-1310/20 од 19.07.2016 година за Дел 2 и Дел 14, донесена по

Огласот за доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка

бр.34/2016 за набавка на лекови за лекување на ретки болести на

договорниот орган Министерство за здравство на Република Македонија,

врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 и став 3 и 4 и член 228 став (2) и (7) од

Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија

бр.27/2015, бр.78/2015, 192/2015, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 40-та Седница

одржана на ден 04.08.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „АЛКАЛОИД КОНС“ ДООЕЛ – Скопје,

изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.20-1310/20 од

19.07.2016 година за Дел 2 и Дел 14, донесена по Огласот за доделување на

договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.34/2016 за набавка на

лекови за лекување на ретки болести на договорниот орган Министерство

за здравство на Република Македонија, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ УКИНУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.20-

1310/20 од 19.07.2016 година за Дел 2 и Дел 14, донесена по Огласот за

доделување на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.34/2016 за

набавка на лекови за лекување на ретки болести на договорниот орган

Министерство за здравство на Република Македонија и предметот се

враќа на повторна евалуација.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги

надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на

име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од

24.600,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Page 21: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

2/8

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена

постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот

за јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „АЛКАЛОИД КОНС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавил

жалба против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.20-1310/20 од

19.07.2016 година за Дел 2 и Дел 14, донесена по Огласот за доделување на

договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.34/2016 за набавка на

лекови за лекување на ретки болести на договорниот орган Министерство

за здравство на Република Македонија, бидејќи смета дека се сторени

суштествени повреди на постапката, погрешно и нецелосно е утврдена

фактичката состојба и погрешно е применето материјалното право, поради

што предлага Државната комисија жалбата да ја уважи, оспорената одлука

за Деловите 2 и 14 да ја поништи и да го врати преметот во фаза на

повторна евалуација, како и да го задолжи договорниот орган да му ги

надомести на жалителот трошоците на жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата бр.08-433/2 од 29.07.2016 година,

договорниот орган Министерство за здравство на Република Македонија

наведува дека жалбата за Дел 2 е неоснована, поради што предлага истата

како таква да се одбие, додека за Дел 14 наведува дека жалбените наводи се

основани, поради што предлага за Дел 14 постапката да се врати во фаза на

повторна евалуација.

Државната комисија за жалби по јавни набавки, во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата доставена

од жалителот, писмениот одговор на жалбата доставен од договорниот

орган, огласот, тендерската документација, записникот за отворање на

понудите, извештајот од спроведената постапка, одлуката за избор на

најповолен понудувал, како и останатата документација приложена во

предметот при што врз основа на член 220 став 1 алинеја 5 од Законот за

јавните набавки најде:

Page 22: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

3/8

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја

утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган Министерство за здравство на Република

Македонија, спровел постапка со објава на Оглас за доделување на договор

за јавна набавка со Отворена постапка бр.34/2016 за набавка на стоки –

набавка на лекови за лекување на ретки болести, за што претходно била

донесена Одлука за утврдување на потреба од јавна набавка бр.20-1310/1 од

12.02.2016 година, по што бил спроведен технички дијалог за кој бил

изготвен Записник од технички дијалог бр.20-1310/2 од 19.02.2016 година.

Комисијата за јавни набавки при договорниот орган до Советот за јавни

набавки по трет пат поднела Барање за добивање на согласност за

користење на барањата во техничките спецификации за поединечен дел за

јавна набавка на стоки, а Советот по основ на поднесеното барање, донел

Решение бр.10-4889/10 од 06.04.2016 година, со кое „дал условена

согласност“. По направените измени и коригирањето на техничката

спецификација по добивање на решението од Советот за јавни набавки и

изготвената тендерска документација, постапката за јавна набавка била

објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки и во Службенo гласило на

Европската Унија. Набавката била делива на дваесет и еден дел, а

договорниот орган во тендерската документација и огласот предвидел дека

како критериум за избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се

спроведе во хартиена форма и ќе заврши со спроведување на електронска

аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна

понуда, Гаранција на понудата (3,00%) и Гаранција за квалитетно

извршување на договорот (5.00%).

До крајниот рок за поднесување на понудите 25.05.2016 година,

пристигнале вкупно 7 (седум) понуди на понудувачите: „ПРОМЕДИКА“

ДООЕЛ Скопје, „АЛКАЛОИД КОНС“ ДООЕЛ Скопје, „МАКЕДОНИЈА ЛЕК“,

АД „Д-Р ПАНОВСКИ“ Скопје, „ЗЕГИН“ ДОО Скопје, „ЕЛ ИМПЕКС ФАРМ“

Page 23: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

4/8

ДОО Скопје и „ФЕНИКС ФАРМА“ ДООЕЛ Скопје, за што бил составен

Записник од отворањето на понудите бр.20-1310/12 од 25.05.2016 година.

Комисијата за јавни набавки на договорниот орган извршила првична

проверка на комплетноста и валидноста на понудите, при што

прифатливите понудувачи ги поканила на е-аукција, а за одредени делови

ги поканила да поднесат конечни цени. По завршувањето на е-Аукциите и

поднесувањето на конечните цени, врз основа на Извештаите за текот на е-

аукцијата, Извештаите од поднесување на конечни цени и Извештајот од

спроведена постапка бр.20-1310/19 од 11.07.2016 година, Комисијата за јавни

набавки дала предлог за избор на најповолни понуди за 16 делови од

предметот на набавката, а за Деловите 2, 4, 10, 12 и 16 дала предлог

постапката да се поништи. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на

одговорното лице на договорниот орган, по што била донесена Одлука за

избор на најповолна понуда бр.20-1310/20 од 19.07.2016 година.

Незадоволен од донесената Одлука за избор на најповолна понуда

бр.20-1310/20 од 19.07.2016 година за Дел 2 и Дел 14, жалба до Државната

комисија за жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор

„АЛКАЛОИД КОНС“ ДООЕЛ Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека ја поднесува жалбата против

одлуката за избор на најповолна понуда за Дел 2 и Дел 14 поради сторени

суштествени повреди на постапката, погрешно и нецелосно утврдена

фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Во поглед

на Дел 2, жалителот смета дека договорниот орган спротивно на Законот за

јавните набавки, ја поништил постапката за избор на најповолен понудувач,

наведувајќи како основ дека понудувачите понудиле цена и услови за

извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните

цени на пазарот. Жалителот во целост го спори овој навод, со оглед дека

цената на предметот на набавката за Дел 2 со која учествувал во постапката

е утврдена согласно Методологијата за начинот на формирање на цените на

лековите која е пропишана од Владата на Република Македонија, а која за

конкретниот предмет на набавката е утврдена од страна на Агенцијата за

лекови и медицински средства на Република Македонија по единечна цена

од 84.558,15 денари за вијала. Имено, цената на предметот на набавката,

согласно Методологијата, е утврдена на ниво најмногу до просекот од

најниските две големо продажни цени во 12 референтни земји, вклучително

и Турција. По закажаната е-Аукција за предметот на набавката за Дел 2,

Page 24: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

5/8

постигната била цена од 77.970,85 денари, што очигледно е под нивото на

големо продажната цена утврдена од Агенцијата за лекови и медицински

средства на Република Македонија. Со оглед дека цената на предметот на

набавката е постигната на е-Аукција, во услови на постоењето на

конкуренција, укажува на фактот дека не може да стане збор за нереални

цени и услови на пазарот. Со тоа, жалителот смета дека договорниот орган

погрешно ја утврдил фактичката состојба и врз основа на погрешно

утврдена фактичка состојба, ја поништил постапката за избор на Дел 2. Во

поглед на Дел 14, договорниот орган извршил избор на неприфатлива

понуда, а во врска со техничката спецификација во тендерската

документација. Имено, врз основа на информација добиена за време на

отворањето на понудите, избраниот понудувач за Дел 14, учествувал во

постапката за доделување на договор за јавна набавка на лекови за

лекување на ретки болести со лек чија јачина се разликува од онаа која е

пропишана во техничката спецификација на тендерската документација за

Дел 14. Имено пропишаната јачина на лекот изнесува 20 mg. Со тоа

договорниот орган направил битна повреда на Законот за јавни набавки

согласно член 210 став 1 точка 12. Во врска со горенаведеното, жалителот

предлага во однос на Дел 2, со оглед на погрешно утврдената фактичка

состојба и неоснованото поништување на постапката, Државната комисија

за жалби по јавни набавки да го уважи жалбениот навод за Дел 2 од оваа

жалба и да ја поништи одлуката за поништување на постапката за овој дел

и да му наложи на договорниот орган да констатира и изврши избор на

најповолна понуда согласно резултатите од реализирана аукција. Во однос

на Дел 14, со оглед дека договорниот орган извршил избор на неприфатлива

понуда, жалителот предлага Државната комисија за жалби по јавни

набавки да го уважи жалбениот навод, да ја поништи одлуката за избор на

најповолен понудувач за Дел 14 и да му наложи на договорниот орган да

изврши повторна евалуација и избор на најповолната прифатлива понуда

за именуваниот дел, како и да го задолжи договорниот орган да му ги

надомести на жалителот трошоците сторени во жалбената постапка.

Во одговорот на жалбата договорниот орган наведува дека жалбата

за Дел 2 е неоснована. Имено, наводите на жалителот се неосновани, од

причина што за Дел 2, договорниот орган ја поништил постапката согласно

член 169 став 1 алинеја 6 од Законот за јавните набавки, односно од причина

што понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за

јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот. Договорниот

орган истакнува дека за истиот лек кој бил набавен во отворена постапка во

2015 година, истиот бил набавен со цена од 64.400,00 денари по вијала,

Page 25: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

6/8

додека сега на овој оглас, жалителот по завршување на е-аукцијата понудил

цена од 77.970,00 денари по вијала, што значи зголемување од 13.571,00

денари по вијала или годишно зголемување на цената во вкупна вредност

24.210.400,00 денари, имајќи ги предвид годишните количини од 1784

вијали. На вака зголемена цена по вијала која што реално би се одразувала

и на буџетот наменет за овие лекови за лекување на Министерството за

здравство, договорниот орган ја поништил постапката за Дел 2 и наведува

дека повторно помеѓу останатите делови истата ќе биде повторно објавена.

Во поглед на жалбениот навод за Дел 14, договорниот орган наведува дека

истиот е основан, со оглед на тоа што по извршениот увид во Решението за

промет на лек издадено од Агенцијата за лекови за Дел 14 од отворената

постапка 34/2016, Комисијата за јавни набавки утврдила дека понудената

јачина од страна на сега избраниот понудувач „МАКЕДОНИЈА ЛЕК“ за

лекот Sildenafil бил 25 mg, а не 20 mg колку што било барано во техничката

спецификација, врз основа на што предлага дека Државната комисија за

жалби по јавните набавки за Дел 14 да ја уважи жалбата и постапката за

истиот дел да ја врати на повторна евалуација. Врз основа на

горенаведеното, а поради тоа што подносителот на жалбата не докажал и

не го сторил веројатно постоењето на фактите, повредите на постапката

истакнати во жалбата за Дел 2, договорниот орган предлага, Државната

комисија за жалби по јавни набавки, жалбата на жалителот за Дел 2 да ја

одбие како неоснована, додека за Дел 14 истата да ја уважи и постапката за

Дел 14 да ја врати на повторна евалуација.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните

набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во предметот за

спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди

дека жалбата е основана.

Државната комисија ги прифати наводите на договорниот орган

наведени во образложението во одговорот на жалбата за дел 14. Имено,

договорниот орган по извршениот увид во Решението за промет на лек

издадено од Агенцијата за лекови за Дел 14 од отворената постапка 34/2016,

утврдил дека понудената јачина од страна на сега избраниот

„МАКЕДОНИЈА ЛЕК“ за лекот Sildenafil бил 25 mg, а не 20 mg колку што

било барано во техничката спецификација, Државната комисија го

прифати предлогот на договорниот орган за наведениот дел да го врати

предметот на повторна евалуација.

Page 26: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

7/8

Државната комисија ги прифати жалбените наводи на жалителот

кои се однесуваат за Дел 2, за кој договорниот орган ја поништил

постапката повикувајќи се на член 169 став 1 алинеја 6 од Законот за јавните

набавки, согласно кој понудените цени и услови за извршување на

договорот за јавна набавка се понеповолни од реалните на пазарот.

Државната комисија за жалби по јавни набавки не го прифати наводот на

договорниот орган даден во одговорот на жалбата во кој наведува дека

истиот лек бил набавен во отворена постапка за јавна набавка во 2015

година со цена од 64.400,00 денари по вијала, а сега за конкретната

постапка, жалителот по спроведената е-Аукција понудил цена од 77.970,00

денари по вијала. Имено, договорниот орган не доставил докази во врска со

основот за поништување за дел 2 дека понудените цени се понеповолни од

реалните на пазарот. Цените добиени и формирани во претходната

постапка од 2015 година на кој се повикува договорниот орган, не се

релевантен доказ по кој договорниот орган може да ја поништи постапката.

Постојат начини и механизми за да се докаже дали понудените цени за

конкретната постапка се или не се понеповолни од реалните на пазарот.

Од тие причини Државната комисија за жалби по јавни набавки

одлучи жалбата на жалителот да ја уважи, договорниот орган да изврши

повторна евалуација за Дел 2 и Дел 14 од Огласот за доделување на договор

за јавна набавка со Отворена постапка бр.34/2016 за набавка на лекови за

лекување на ретки болести. При повторно постапување, договорниот орган

да ја има предвид Методологијата за начинот на формирање на цените на

лековите која е пропишана од Владата на Република Македонија која може

да се најде на веб страната на Агенцијата за лекови и медицински средства

на Република Македонија и да изврши евалуација само на понудите кои во

целост ги исполнуваат условите од тендерската документација и

техничката спецификација. На тој начин договорниот орган ќе донесе

правилна и законита одлука.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, трошоците

на постапката за правна заштита ќе му бидат надоместени, согласно со

член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки.

Page 27: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

8/8

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член

20 од Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може

да поднесе тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на

приемот на решението.

Бр.08-443/7

04.08.2016 год.

С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

м-р Мишо Василевски

Доставено до:

- Архива,

- „АЛКАЛОИД КОНС“ ДООЕЛ Скопје, бул. „Александар Македонски“ бр.12, 1000 Скопје

- Министерство за здравство на Република Македонија, 50-та Дивизија бр.14, 1000 Скопје

Page 28: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

1/11

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

Василевски – заменик претседател, Томо Томовски - член и Елита Шуки –

член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по

жалбата на жалителот – ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје, наш број 08-

441/1 од 25.07.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна

понуда бр.05-1257/2 од 14.07.2016 година, донесена по Барањето за

прибирање на понуди со објава на оглас бр.08/2016, за набавка на

осигурителни услуги, на договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и

Методиј“, Технолошко – металуршки факултет Скопје, врз основа на член

220 став (1) алинеја 7, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за

јавните набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015,

бр.78/2015, бр.192/15, бр.27/2016 и бр.120/2016), на 40-та Седница одржана на

ден 04.08.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје,

изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-1257/2 од

14.07.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава

на оглас бр.08/2016, за набавка на осигурителни услуги, на договорниот

орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Технолошко – металуршки

факултет Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ ПОНИШТУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-

1257/2 од 14.07.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди

со објава на оглас бр.08/2016, за набавка на осигурителни услуги, на

договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Технолошко –

металуршки факултет Скопје.

3. СЕ ПОНИШТУВА постапката по Барањето за прибирање на понуди

со објава на оглас бр.08/2016, за набавка на осигурителни услуги, на

договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Технолошко –

металуршки факултет Скопје.

4. Се задолжува договорниот орган да му ги надомести трошоците на

жалителот - „ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје, во износ од 250,00

денари на име административна такса и износ од 6.151,00 денари на име

надомест за водење на жалбена постапка, и тоа во рок од 15 дена од денот

нa приемот на решението.

Page 29: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

2/11

5. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена

постапка за доделување договор за јавна набавка согласно Законот за

јавните набавки.

6. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје,

изјавил жалба, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-1257/2

од 14.07.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со

објава на оглас бр.08/2016, за набавка на осигурителни услуги, на

договорниот орган Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Технолошко –

металуршки факултет Скопје, бидејќи смета дека има суштествени повреди

на постапката, погрешно биле применети одредбите од Законот за јавните

набавки, како и погрешно утврдена фактичката состојба, поради што ѝ

предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата да ја

уважи и предметот да го врати во фаза на повторно одлучување, како и да

се повтори електронската аукција.

Во писмениот одговор на жалбата бр.05-1299/2 од 29.07.2016 година,

договорниот орган ги негира жалбените наводи и предлага жалбата да се

одбие како неоснована.

Свој одговор на жалбата во писмена форма даде и избраниот

понудувач АД „АЛБСИГ“ Скопје, кој исто така ги негира сите жалбени

наводи, смета дека донесената одлука е законита и поради тоа предлага

Државната комисија да донесе решение со кое ќе ја одбие жалбата како

неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот

одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, писмениот

одговор на жалбата доставен од страна на избраниот понудувач, одлуката

за јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од

отворањето на понудите, извештај за текот на е-Аукцијата, одлуката за

избор на најповолна понуда, понудите на понудувачите, како и останатата

документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220

став (1) алинеја 7 од Законот за јавните набавки најде:

Page 30: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

3/11

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја

утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка со Барање за прибирање на

понуди со објава на Оглас бр.08/2016 за набавка на осигурителни услуги, за

што претходно донел Одлука за јавна набавка бр.05-1166/1 од

29.06.2016година. Набавката не била делива, предвидено било да се

спроведе во хартиена форма и да заврши со користење на е-Аукција, како

последна фаза од постапката. Како критериум за избор било предвидено да

биде најниска цена, а во огласот и тендерската документација од

понудувачите било побарано да достават Изјава за независна понуда и

Изјава за сериозност.

До крајниот рок за поднесување на понудите 06.07.2016 година до

12:00 часот, пристигнале вкупно 4 (четири) понуди: „ЕВРОИНС

ОСИГУРУВАЊЕ“ Скопје, „АЛБСИГ“ АД Скопје, „ВИНЕР ВИЕНА ИНШУРЕНС

ГРУП“ Скопје и „ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА“ АД Скопје,за што бил составен

Записник од отворањето на понудите бр.05-1166/2 од 06.07.2016 година.

Комисијата за јавни набавки извршила проверка преку ЕСЈН дали за некој

од пондувачите има издадено негативна регференца, па пристапила кон

првична проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди,

при што утврдила дека сите понудувачи се прифатливи и истите ги

поканила на е-Акција која била закажана и одржана на ден 08.07.2016

година со времетраење од 13:30:00 до 14:30:00 часот. По спроведувањето на

е-Аукцијата, комисијата за јавни набавки изготвила Предлог за донесување

одлука за избор на најповолна понуда бр.05-1257/1 од 14.07.2016 година во

кој била предложена како најповолна да се избере понудата на

економскиот оператор „АЛБСИГ“ АД Скопје, а Државната комисија во

предметот не пронајде Извештај од спроведената постапка. Ваквиот

предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган

и била донесена сега оспорената Одлука за избор на најповолна понуда

бр.05-1257/2 од 14.07.2016 година.

Page 31: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

4/11

Незадоволен од донесената одлука останал жалителот „ЕВРОИНС

ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје, кој поднел жалба до Државната комисија за

жалби по јавни набавки.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот изјавил жалба бидејќи останал незадоволен од

донесената одлука за избор на најповолна понуда од страна на договорниот

орган Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје – Технолошко -

металуршки факултет Скопје со која како најповолна била избрана

понудата на економскиот оператор „АЛБСИГ“ АД Скопје. Имено, жалителот

смета дека има суштествени повреди на постапката, погрешно применети

биле одредбите од Законот за јавните набавки, како и погрешно била

утврдена фактичката состојба, поточно смета дека договорниот орган

сторил битни повреди на Законот за јавните набавки на постапката

утврдени во член 210 став 1 алинеја 6 и алинеја 12 од Законот за јавните

набавки. При спроведување на постапката, договорниот орган сторил

пропусти во процесот на евалуација на понудите и погрешно го применил

критериумот за избор на најповолен понудувач, а со тоа и погрешно ја

избрал за најповолна понудата на „АЛБСИГ“ АД скопје, а која понуда

договорниот орган воопшто и не требало да ја разгледува во

понатамошната фаза на евалуација на понудите, согласно напатствијата и

препораките од тендерската документација и позитивните законски

прописи со кои е регулирано задолжителното осигурување во Република

Македонија. Жалителот истакнува дека цената на понудата на „АЛБСИГ“

АД Скопје била во спротивност со Тарифата на премии за осигурување на

сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани

на трети лица донесена од страна на Комисијата за осигурување од

автомобилска одговорност при Владата на Република Македонија на

седница одржана на 06.05.2006 година (Тарифа АО) и Одлуката на Владата

на Република Македонија со која е донесена тарифата за

минимална/максимална стапка на техничката премија за осигурување од

автомобилска одговорност. Понудата на „АЛБСИГ“ АД Скопје жалителот ја

смета за неприфатлива во смисла на член 210 точка 12 од Законот за јавните

набавки. Согласно член 8 став 1 од Тарифата на премии за осигурување на

сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани

на трети лица од мај 2006 година: „На договарачот на осигурувањето кој во

континуитет имал склучено осигурување за шест или повеќе моторни

возила и кај кого меродавниот технички резултат во изминатите три

години изнесува помалку од 80%, му се одобрува попуст на премијата за

Page 32: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

5/11

следниот период на осигурување во висина од една половина од разликата

помеѓу 80% и процентот на остварениот технички резултат.“.Договорниот

орган барал понуда за осигурување на две возила кои согласно бонус- малус

системот имаат за минатите три години утврден процент бонус, над кој

износ за попуст нема основа, односно максималниот бонус за осигурување

на возилата на договорниот орган наведени во понудата е бонусот согласно

системот на бонус малус на НБО. Процентот на попуст кој избраниот во

конкретниот случај го одобрил, е поголем од максималниот попуст кој

согласно наведената Тарифа АО друштвото смеело да го понуди. Понудата

на „АЛБСИГ“ АД Скопје првично била 45.477 денари, по е-аукцијата била

избрана како најповолна понуда со 42.801 денари. Со оглед да јавната

набавка била составена од 3 ставки, со понудата на избраниот понудувач во

делот на осигурување автомобилска одговорност веќе била прекршена

Тарифата АО, односно понудената цена за осигурување на автомобилска

одговорност била пониска од дозволената во Тарифата АО, а додека по

завршувањето на електронската аукција, пресметаната цена со соодветното

пропорционално намалување согласно точка 11.6 од поедноставената

тендерска документација во секој случај биле одобрени поголеми попусти

од оние кои ги дозволува Тарифата АО. Бидејќи индикациите за

прекршувањето на „АЛБСИГ“ АД Скопје, жалителот ги утврдил откако

завршила е - аукцијата, побаран бил увид во тендерската документација на

кој увид било утврдено прекршувањето на Тарифата АО од страна на

избраниот економски оператор. Жалителот понатаму укажува дека од

доставените понуди од страна на сите економски оператори, неговата

понуда била економски најповолна и воедно делот за автомобилска

одговорност бил во согласност со Тарифата АО, бидејќи доставил почетна

понуда на вкупен износ од 45.401 денари која била прворангирана (по

цената на првично доставените понуди), а истиот аукцијата ја завршил со

максимално намалена премија пропорционално согласно со член 8 од

Тарифата за премии за осигурување на сопствениците на моторни возила

од одговорност за штети предизвикано од трети лица донесена од страна на

Влада на Република Македонија. Согласно наведеното договорниот орган

сторил битна повреда на постапката за доделување на јавна набавка од

член 210 точка 6 и 12 од Законот за јавните набавки од причина што ваквото

постапување довело до избор на неприфатлива понуда која е во

спротивност со законската регулатива. Со оглед на се наведено, жалителот

предлага жалбата да се уважи, а да се укине одлуката за избор и да се

повтори електронската аукција.

Договорниот орган во одговорот на жалбата дава хронологија на

постапката. Имено, договорниот орган истакнува дека согласно со Законот

Page 33: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

6/11

за јавните набавки со донесување на одлука за потреба од јавна набавка, ја

започнал постапката за осигурителни услуги и по донесување на одлуката

за јавна набавка, спровел анализа на пазарот пред објавување на огласот.

Договорниот орган наведува дека изготвил тендерска документација

според неговите потреби, а како критериум за избор предвидел цена за

осигурување на три дела: Дел 1 - Осигурување на имот; Дел 2 - Осигурување

на возила од автоодговорност и Дел 3 - Осигурување на парични средства.

Постапката била неделива, а по објавување на огласот, пристигнале 4

(четири) понуди, при што комисијата за јавни набавки пристапила кон

нивна евалуација и закажала електронска аукција за цената, односно

премијата. Договорниот орган смета дека се неосновани жалбените наводи

дека се сторени повреди на член 210, став 1, алинеја 6 и алинеја 12 од

Законот за јавните набавки, затоа што ги евалуирал заедно сите три дела од

набавката, односно се евалуирала документацијата од економските

оператори и вкупната цена (премија) понудена за сите три дела на

осигурување во вкупен износ. По завршената електронска аукција, согласно

извештајот за е-Аукцијата на осигурителните услуги, добиена била вкупна

цена од 42.801,00 денари од економскиот оператор „АЛБСИГ“ АД Скопје

како најповолна. Договорниот орган појаснува дека добиената цена

(премија) процентуално кога ќе се намали за дел 2 - осигурување на возила

од автоодговорност, се добивала цена која Технолошко- металуршки

факултет и претходната година (2015) ја платил за осигурување на

службените возила. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган врз

основа на електронската е-Аукција, донела предлог за донесување одлука

за избор на најповолна понуда и врз основа на горенаведеното и дадениот

предлог од Комисијата, деканот на Технолошко - металуршкиот факултет

донел Одлука за избор на најповолна понуда за набавка на осигурителни

услуги бр.05-1257/2 од 14.7.2016 година и истата била доставена до сите

економски оператори учесници во јавната набавка. Во врска со изјавената

жалба, договорниот орган смета дека истата е неоснована бидејќи

постапкатаза јавна набавка била водена согласно со Законот за јавните

набавки. Договорниот орган во сите фази на постапката постапил согласно

на законските прописи, па предлага Државната комисија за жалби по јавни

набавки да ја одбие жалбата на жалителот како неоснована.

Избраниот понудувач АД „АЛБСИГ“ Скопје до Државната комисија

достави писмен одговор на жалбата во кој наведува дека се неосновани во

целост жалбените наводи на економскиот оператор „ЕВРОИНС

ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје дека договорниот орган сторил повреда на

одредбите на Законот за јавните набавки во постапката за доделување на

договор за јавни набавки, односно на одредбите на постапката од член 210

Page 34: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

7/11

став 1 алинеја 6 и алинеја 12 од Законот за јавните набавки. Избраниот

понудувач смета дека договорниот орган и Комисијата за јавни набавки

постапиле во согласност со Законот за јавните набавки, како и дека

тендерската документација е во согласност со прописите кои ја регулираат

материјата која е предмет на набавка за осигурување на две возила во која

како единствен критериум за избор на најповолна понуда била најниската

цена, а понудата на АД „АЛБСИГ" Скопје на електронската аукција била со

најниска цена. Понудата на избраниот понудувач била поднесена во

утврдениот рок и во потполност ги исполнила сите барања од тендерската

документација и техничките спецификации и одговара на сите

критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на

понудувачите, а со тоа е во согласност со законските и подзаконските акти

на Република Македонија, што ја прави избраната понуда најповолна во

смисла на член 160 став 1 од Законот за јавните набавки. Во конкретниот

случај, договорниот орган барал понуда за осигурување на две возила, кои

согласно бонус - малус системот, односно максималниот бонус за

осигурување на возилата на договорниот орган наведени во понудата е

бонусот согласно системот на бонус малус на НБО. Процентот на попуст кој

АЛБСИГ во конкретниот случај го одобрил е во рамките на дозволен

возможен бонус (50%) согласно Тарифата за Авто одговорност, бидејќи се

работи за две возила, за кои АЛБСИГ АД не можел да го знае точниот износ

на бонус кој им следува на предметните возила, затоа што НБ не дава

Извештај за помалку од 6 (шест) возила. Согласно член 7 од Тарифата на

премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од

одговорност за штети предизвикани на трети лица од мај 2006 година во кој

е наведено дека максималниот процент е 50%, во конкретниот случај по

одржување на е-аукцијата, понудата на АЛБСИГ била со даден

дополнителен попуст на АО под истиот процент, односно % пресметана

цена со соодветно пропорционално намалување согласно тендерската

документација. Во членот 8 став 1 од Тарифата на премии за осигурување на

сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани

на трети лица од мај 2006 година, се предвидува: „На договарачот на

осигурувањето кој во континуитет имал склучено осигурување за шест или

повеќе моторни возила и кај кого меродавниот технички резултат во

изминатите три години изнесува помалку од 80%, му се одобрува попуст на

премијата за следниот период на осигурување во висина од една половина

од разликата помеѓу 80% и процентот на остварениот технички резултат.“.

Аналогно на наведеното, сосема јасно било дека наведениот попуст е за

шест или повеќе моторни возила, односно процедурата за 6 (шест) и над 6

(шест) возила е сосема различна во однос на конкретниот случај каде што

станувало збор за само две возила, па оттука нејасно е како ЕВРОИНС го

Page 35: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

8/11

пресметале бонусот за двете возила, односно како добиле извештај

(потврда) за бонус за предметните возила од НБ, а со тоа дошле до

заклучокот дека понудата на АЛБСИГ е нерегуларна.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните

набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од

спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди

дека жалбата е основана.

Имено, во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено

дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и

услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување

на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка

24 е наведено: 24.„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во

утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите

барања од тендерската документација и техничките спецификации и

одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за

способноста на понудувачите;“.

Во член 100 став (1) од Законот за јавните набавки е утврдено:

„Договорниот орган може да спроведе постапка со барање за прибирање на

понуди со објавување на оглас во ЕСЈН кога проценетата вредност на

договорот за јавна набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска

противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без

вклучен ДДВ.“.

Во член 101 став (1) од Законот за јавните набавки е предвидено: „Во

постапката со барање за прибирање на понуди договорниот орган

изготвува поедноставена тендерска документација која задолжително

содржи технички спецификации на предметот на договорот за јавна

набавка и информации за начинот на подготовка и рокот за поднесување

на понудите.“.

Согласно член 102 став (1) од Законот за јавните набавки: „Во

постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата

вредност на договорот за јавна набавка е до 5.000 евра во денарска

противвредност, без вклучен ДДВ, не се спроведува јавно отворање на

понудите. (2) Договорниот орган во постапката со барање за прибирање на

понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка е до

5.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, не смее да бара

Page 36: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

9/11

гаранција на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани

средства. (4)Во постапката со барање за прибирање на понуди економските

оператори својата лична состојба ја потврдуваат со поднесување на изјава.

(5) Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда,

економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен до

комисијата за јавна набавка да ги достави документите за потврдување на

неговата лична состојба, дефинирани во поедноставената тендерска

документација. (6) Комисијата за јавна набавка прифаќа документи за

утврдување на личната состојба од ставот (5) на овој член кои се издадени и

по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на

донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. (7) Ако

економскиот оператор не ги достави документите од ставот (5) на овој член

во рокот утврден од страна на комисијата за јавна набавка, или истите се

невалидни или несоодветни за утврдување на личната состојба, комисијата

за јавна набавка го поканува наредниот рангиран економски оператор или

дава предлог за поништување на постапката.“.

Согласно член 143 став (1) алинеја 1 од Законот за јавните набавки: „(1)

Критериуми за утврдување на способност на економскиот оператор се:-

личната состојба“.

Согласно член 210 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на

законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: -

постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без

одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови (2) и

(3) на овој закон, -постапката за доделување на договор за јавна набавка е

спроведена без да се спроведе технички дијалог во случаите каде што

неговото спроведување е задолжително согласно со овој закон, -

тендерската документација на постапката за доделување на договор за

јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да

доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на

пазарната конкуренција, -не е постапено согласно со член 54 став (2) од овој

закон, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на

понудите, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на

понудите, -не е постапено согласно со членот 140 ставови (11) и (12) од овој

закон, -не е постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од

овој закон, -е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се

обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е

задолжително согласно со овој закон, -не е постапено согласно со

решението на Државната комисија, -е извршен избор на понуда која не е

најповолна и -е извршен избор на неприфатлива понуда“.

Page 37: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

10/11

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката

за правна заштита Државната комисија постапува во границите на

жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди

пропишани во член 210 од овој закон“.

Државната комисија постапувајќи по жалбените наводи за сторени

битни повреди на законот во постапката за доделување на договор за јавна

набавка, како и по службена должност врз основа на член 211 од Законот за

јавните набавки, утврди дека договорниот орган сторил битна повреда на

законот во постапката за доделување на договор за јавна набавка од член

210 став (1) алинеја 3 од Законот за јавните набавки, односно тендерската

документација ја изготвил спротивно на законот што довело, односно

можело да доведе до дискриминација и нееднаквост на економските

оператори.

Имено, од увидот во тендерската документација изготвена спротивно

на законот, односно во тендерската документација, договорниот орган не

предвидел понудувачите да ја докажат својата лична состојба согласно

член став 102 став (5) и 143 од Законот за јавните набавки. Докажување на

личната состојба е задолжително за секој учесник во јавна набавка и таа

мора да биде дефинирана во поедноставената тендерска документација.

Оттаму, имајќи ја предвид фактичката состојба утврдена во

конкретниот предмет, ценејќи ги сите приложени докази, а како

договорниот орган со ниту едно друго дејствие нема да може да ги исправи

наведените повреди на постапката, Државната комисија одлучи да ја уважи

жалбата, да ја поништи тендерската документација и воедно да ја поништи

целокупната постапка за доделување на договор за јавна набавка.

При евентуално повторно објавување на истата постапка

договорниот орган е должен да ги почитува ставовите на Државната

комисија за жалби по јавни набавки, при што ќе изготви законита

тендерска документација со целосно точни важечки обрасци на изјави како

составен дел од тендерската документација, која ќе му овозможи да

спроведе целосно законита и објективна постапка за доделување на

договор за јавна набавка.

Page 38: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

11/11

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно

член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија

одлучи на жалителот да му го надомести трошоците на жалбената

постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од

Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе

тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-441/9

04.08.2016 год.

С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

М-р Мишо Василевски

Доставено до:

- Архива;

- Технолошко – металуршки факултет Скопје ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр.16 Скопје, и

- „ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје ул. „Скупи“ бр.12 Скопје

Page 39: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

1/10

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав м-р Мишо

Василевски – заменик претседател, Елита Шуки – член и Томо Томовски –

член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по

жалбата на жалителот – „НЕТ-ЕЛЕКТРОНИКС“ ДООЕЛ – Скопје, наш број 08-

434/1 од 20.07.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна

понуда бр.20-948/21 од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување

на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.24/2016 за набавка на

медицинска опрема – Ехо-ултразвучен кокор доплер за потребите на ЈЗУ

„Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички

болести“ – Скопје на договорниот орган – Министерство за здравство на

Република Македонија, врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 и став (3) и (4)

и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки (Службен весник на

Република Македонија бр.27/2015 бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и

бр.120/2016), на 40-та Седница одржана на ден 04.08.2016 година го донесе

следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „НЕТ-ЕЛЕКТРОНИКС“ ДООЕЛ – Скопје,

изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.20-948/21 од

13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за јавна

набавка со Отворена постапка бр.24/2016 за набавка на медицинска опрема –

Ехо-ултразвучен кокор доплер за потребите на ЈЗУ „Универзитетска клиника

за ендокринологија, дијабетес и метаболички болести“ – Скопје на

договорниот орган Министерство за здравство на Република Македонија, СЕ

УВАЖУВА.

2. СЕ УКИНУВА Одлуката за за избор на најповолна понуда бр.20-

948/21 од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување на договор за

јавна набавка со Отворена постапка бр.24/2016 за набавка на медицинска

опрема – Ехо-ултразвучен кокор доплер за потребите на ЈЗУ „Универзитетска

клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички болести“ – Скопје на

договорниот орган Министерство за здравство на Република Македонија и

предметот се враќа на повторно одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести

трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на име

административна такса и надомест за водење на постапка во висина од

12.320,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Page 40: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

2/10

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена

постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за

јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „НЕТ-ЕЛЕКТРОНИКС“ ДООЕЛ – Скопје, изјавил

жалба и дополнување на жалба, против Одлуката за избор на најповолна

понуда бр.20-948/21 од 13.07.2016 година, донесена по Огласот за доделување

на договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.24/2016 за набавка на

медицинска опрема – Ехо-ултразвучен кокор доплер за потребите на ЈЗУ

„Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички

болести“ – Скопје, на договорниот орган Министерство за здравство на

Република Македонија, бидејќи смета дека се сторени суштествени повреди

на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно е утврдена фактичката

состојба и погрешно е применето материјалното право, поради што предлага

Државната комисија да ја уважи жалбата, оспорената одлука да ја укине и

предметот да го врати на повторно одлучување.

Во писмениот одговор на жалбата, договорниот орган наведува дека

жалбата е неоснована, поради што предлага Државната комисија за жалби

по јавни набавки истата како таква да ја одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на жалбената

постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот одговор на

жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за јавна набавка,

огласот, тендерската документација, записникот од отворањето на понудите,

понудите на понудувачите, одлуката за избор на најповолна понуда, како и

останатата документација приложена во предметот, при што врз основа на

член 220 став (1) алинеја 5 од Законот за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Page 41: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

3/10

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја утврди

следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Отворена

постапка бр.24/2016, за набавка на медицинска опрема – Ехо-ултразвучен

кокор доплер за потребите на ЈЗУ „Универзитетска клиника за

ендокринологија, дијабетес и метаболички болести“ – Скопје, за што

претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.20-984/1 од 02.02.2016

година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки и во

Службено гласило на Европската унија. Договорниот орган поднел барање за

добивање на согласност за користење на барањата во техничките

спецификации за поединечен дел за јавна набавка на стоки до Советот за

јавни набавки, кој донел Решение бр.10-3843/11 од 22.03.2016 година со кое ја

дал бараната согласност. Во однос на критериумите за утврдување на

способност, договорниот орган спровел истражување на пазарот при што

утврдил дека има доволен број на економски оператори кои што можат да ги

исполнат предвидените критериуми за утврдување на способност, поради

што не поднел барање за добивање на согласност до Советот за јавни

набавки. Набавката не била делива, а договорниот орган во тендерската

документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се

користи најниска цена и истата ќе заврши со спроведување на електронска

аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна

понуда, Изјава за сериозност на понудата и (5%) Гаранција за квалитетно

извршување на договорот.

До крајниот рок за поднесување на понудите 18.04.2016 година,

пристигнале вкупно 9 (девет) понуди и тоа на економските оператори:

„СОНИКС АНАСТАСИЈА“ ДООЕЛ, „НЕТ ЕЛЕКТРОНИКС“ ДООЕЛ, „УНИ-

МЕДИКАЛ ПСТ“, „БИНЕТ МЕДИКАЛ“ ДОО, „ЛАБТЕХ“ ДООЕЛ „ЕКСПЕКТА

МЕДИКАЛ“ ДООЕЛ, „СПАРТА“ ДООЕЛ, „БИ-МЕК“ ДОО И „ДОМИНО“ ДООЕЛ,

за што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.20-948/11 од

18.04.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган

извршила проверка на комплетноста и валидноста на понудите, при што три

понуди на економските оператори: „УНИ-МЕДИКАЛ ПСТ, „ЛАБТЕХ“ ДООЕЛ и

„ЕКСПЕКТА МЕДИКАЛ“ ДООЕЛ ги оценила како неприфатливи, а останатите

прифатливи понудувачи ги поканила на е-Аукција. По завршувањето на е-

Аукцијата, која се одржала на ден 29.06.2016 година, во периодот од 15:00:00

часот до 15:30:13 часот, врз основа на електронски генерираниот Извештај за

текот на е-Аукцијата и Извештајот од спроведена постапка бр.20-948/20 од

Page 42: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

4/10

08.07.2016 година, Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како

најповолна да биде избрана понудата на економскиот оператор „БИНЕТ

МЕДИКАЛ“ ДОО – Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на

одговорното лице на договорниот орган по што била донесена сега

оспорената Одлука за избор на најповолна понуда бр.20-948/21 од 13.07.2016

година.

Незадоволен од донесената одлука, жалба до Државната комисија за

жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „НЕТ-

ЕЛЕКТРОНИКС“ ДООЕЛ – Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган извршил

повреда на постапката во однос на евалуација на понудите на понудувачите

согласно член 33 од Законот за јавните набавки, односно неисполнување на

техничката спецификација од избраната најповолна понуда за оваа јавна

набавка. Во рамки на условите за исполнување на техничката спецификација

во дел 1 од тендерската документација прецизно било наведено: Дел 1 точка 1.

ЕХО ултразвчуен колор доплер количина 1, точка 2. Напредни функции кои

треба да ги поседува ЕХО ултразвучниот колор доплер, точка 3. Архивирање

и умрежување кои треба да ги поседува ЕХО ултразвучниот колор доплер,

точка 4. Сонди и прибор. На електронската аукција, за која покана добил и

жалителот, како најповолен понудувач бил избран „Бинет Медикал“ ДОО

Скопје со цена од 1.292.000,00 денари. На жалителот, познавајќи ги приликите

на глобално ниво добиената цена му била сомнителна затоа што бараната

техничка спецификација побарувала повисоки стандарди од вообичаените

спецификации за ЕХО ултразвучен колор доплер апарат кој договорниот

орган го наменил за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за

ендокринологија, дијабетес и метаболички болести - Скопје. Врз основа на

неговите сомневања, жалителот побарал увид во тендерската документација

кај договорниот орган кој му дозволил увид во доставените понуди и му дал

копија од доставените каталози, каде жалителот утврдил пропуст направен

од страна на договорниот орган. Во техничката спецификација се барало 1

(еден) апарат кој ги задоволува сите точки и потточки од предмет на оваа

јавна набавка. Според жалителот, за да може да се задоволи техничката

спецификација во еден единствен апарат, истата побарува повисока

технологија која ја исполнуваат само неколку водечки производители на

глобално ниво. Жалителот смета дека избраниот понудувач воопшто не го

исполнува критериумот од точка 2 потточка 2.9 кој гласи: „Можност на

Page 43: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

5/10

надоградба на апаратот со програма и опрема за фузионен имиџинг каде на

апаратот се вчитува одреден преглед со КТ или МР и тогаш на екранот на

апаратот паралелно се прикажува истиот анатомски регион скениран во

реално време со ултразвучна сонда и со вчитаната снимка (КТ или МР)“.

Воедно, жалителот напоменува дека апаратот треба да има можност да

вчитува КТ (Компјутерски Томограф) и МР (Магнетна Резонанса). Жалителот

наведува дека од стручен и медицински аспект ова се сериозни алатки за

дијагноза. Избраниот понудувач кој настапил со ЕХО ултразвучен колор

доплер од производителот SAMSUNG модел H60, според жалителот не го

исполнувал овој услов кој е потребен за дијагноза и како дополнување

мислејќи дека ќе ја исполни потточка 2.9 нудел можност за дополнителен

апарат од производителот KOELIS модел TRINITY кој содржи МР фузионен

имиџинг, но овој дополнителен апарат се користел исклучиво за биопсија на

простата и не вчитувал одреден преглед на пациент КТ фузионен имиџинг.

Со дополнителниот апарат добиената слика не била во реално време и не се

вчитувала на еден екран, ниту имало можност на екранот на апаратот

паралелно да се прикажува добиената слика, а воопшто нема можност за

надградба на постојниот програм, како што се барало во техничката

спецификација, туку можеби можност да се поврзе со моделот TRINITY кој

всушност е ЕХО апарат првенствено за биопсија на простата и нема никакво

значение за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија

дијабетес и метаболички болести - Скопје. Оттука, според жалителот

произлегува дека и останатите економски оператори можеле да нудат

најниска класа на Ехо апарат и со разни аксесори да ја надополнуваат

техничката спецификација. Жалителот нагласува дека потточката 2.9 е

сериозен инструмент за утврдување на дијагноза кај пациентите и оваа

алатка ниту со еден дополнителен уред не може да помогне во утврдувањето

на дијагнозата како на веќе постоечкиот ЕХО ултразвучен колор доплер.

Понатаму, жалителот наведува дека не навлегол во останатиот дел на

исполнување на техничката спецификација, затоа што потточката 2.9 ја

правела оваа спецификација уникатна, која во пазарни услови бараниот ЕХО

ултразвучен колор доплер го прави поскап од останатите модели, а

избраниот понудувач го прави неконкурентен (затоа што не ја задоволува

техничката спецификација) во однос на другите економски оператори

доколку нуди опрема според доставените каталози. Договорниот орган

оценил дека понудата од избраниот понудувач е прифатлива, најверојатно

воден од фактот дека економскиот оператор дал свесно Изјава за сериозносг

на понудата како и понудената ниска цена, но понудените модели според

жалителот не ја задоволуваат техничката спецификација со што избраниот

понудувач го прекршил Законот за јавните набавки, а договорниот орган

евалуирал понуда која не ја исполнува техничката спецификација. Пропустот

Page 44: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

6/10

на договорниот орган е дека не требало да ја евалуира понудата на „Бинет

Медикал“ ДОО како што не ги евалуирал понудите на eкономски оператори

наведени во oдлуката, а кои во техничката спецификација не задоволувале:

резулуција на екран, опсег на сонди, длабина на скенирање и слично кои се

барале во техничката спецификација, а од друга страна дозволил пропуст кој

e наведeн во жалбата. Исто така, жалителот наведува дека во листата за цени

и рокови на испорака немало графа за понудениот модел на кој би се

базирале понудените каталози како би се видела јасно понудената

медицинска опрема без можност за манипулација и вешто избегнување на

истата. Врз основа на наведеното, жалителот предлага Државната комисија

за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата, оспорената одлука да ја

укине и предметот да го врати на повторно одлучување.

Во дополнувањето на жалбата, жалителот наведува дека понудената

опрема од избраниот понудувач не ја исполнува ниту точка 1.2 во делот на

интегриран монитор со дијагонала од минимум 19 инчи. Понудената опрема

модел SAMSUNG H60 поседувала монитор од 18.5 инчи. Поради тоа, жалителот

смета дека техничката спецификација објавена од договорниот орган воопшто

не е задоволена и пропустот од нивна страна е евидентен. Исто така, според

жалителот повреден е член 140 став 8 од Законот за јавните набавки, со тоа

што евалуираната понуда е спротивна на критериумите барани во техничката

спецификација. Во Одлуката за избор на најповолна понуда бр.20-948/21

донесена од договорниот орган наведено било дека понудите на економските

оператори: „УНИ-МЕДИКАЛ“ е отфрлена и неприфатлива за Дел 1 точка 4,

потточка 4.1 и потточка 4.2, понудата на „ЛАБТЕХ“ е отфрлена и неприфатлива

за Дел 1 потточка 1.3 и понудата на „ЕСПЕКТА МЕДИКАЛ“ исто така е

отфрлена и неприфатлива за Дел 1 точка 1 потточка 1.12, точка 4 потточка 4.1 и

потточка 4.2. Врз основа на истиот принцип, жалителот предлага и понудата

на „БИНЕТ МЕДИКАЛ“ ДОО исто така да биде отфрлена и неприфатлива затоа

што истиот не ги исполнува критериумите во Дел 1 точка 2 потточка 2.9 како и

условот од Дел 1 потточка 1.2.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека

жалбата на жалителот е неоснована од причина што eвалуацијата на

понудите од страна на Комисијата за јавни набавки се вршела врз основа на

доставената документација како и преку побараните појаснувања од страна

на Комисијата доставени од понудувачите. Исто така, од страна на

договорниот орган до понудувачите биле доставени барања за дообјаснување

на техничката понуда, каде самите дале појаснување на истата. Врз основа на

извршената евалуација сите понудувачи кои ги исполнувале условите биле

поканети на е-Аукција и врз основа на критериумот најниска цена бил

Page 45: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

7/10

избран понудувачот „БИНЕТ МЕДИКАЛ“ ДОО. Договорниот орган наведува

дека од извршената евалуација било утврдено дека „БИНЕТ МЕДИКАЛ“ ДОО

ги исполнува барањата и условите наведени во техничката спецификација во

делот на „Можност на надоградба на апаратот со програма и опрема за

фузионен имиџинг каде на апаратот се вчитува одреден преглед со КТ или

МР и тогаш на екранот на апаратот паралелно се прикажува истиот

анатомски регион скениран во реално време со ултразвучна сонда и со

вчитаната снимка (КТ или МР)“ и условот од точка 1.2 во делот на интегриран

монитор со дијагонала од минимум 19 инчи. Врз основа на наведеното, а

поради тоа што жалителот не докажал и не го сторил веројатно постоењето

на фактите и повредите на постапката истакнати во жалбата, договорниот

орган предлага, Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата на

жалителот да ја одбие како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, а

врз основа на доказите доставени во предметот од спроведената постапка за

доделување договор за јавна набавка, утврди дека жалбата е основана.

Имено, согласно член 2 од Законот за јавните набавки е утрвдено: „Со

овој закон особено се обезбедува: -конкуренција меѓу економските

оператори, -еднаков третман и недискриминација на економските оператори,

-транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за

јавни набавки и -рационално и ефикасно искористување на средствата во

постапките за доделување договори за јавна набавка.“.

Во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено дека:

„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои

претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата

за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка 24 е наведено:

„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е

утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската

документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми,

условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите“. Точка 25.

„Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамките на износот што го

утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го

дообезбеди согласно со членот 28 став (4) од овој закон.

Согласно член 140 став (1) од Законот за јавните набавки: „(1) Предмет на

евалуација не може да бидат понуди кои не се отворени на јавното отворање.

(3) Комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или

дополнат документите за утврдување способност во рокот од ставот (2) на

Page 46: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

8/10

овој член. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден

економски оператор со користење на бараните појаснувања или

дополнувања. (4) Никакви промени во техничката и финансиската понуда не

смеат да се бараат, нудат или да се допуштаат од страна на комисијата, освен

појаснување на понудата по претходно писмено барање на комисијата и

исправка на аритметички грешки. (5) Комисијата го утврдува рокот за

доставување на дополнителното појаснување и дополнување кој не смее да е

покус од пет работни дена, односно три работни дена кај постапката со

барање за прибирање понуди од денот на приемот на барањето од страна на

понудувачот. (6) Комисијата може директно од понудувачот, а со цел за

објаснување на понудата, да бара превод на делот од понудата кој е во врска

со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил

истата да биде изработена на странски јазик и за истото да одреди примерен

рок. (7) Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. (8)

Евалуацијата на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите

наведени во тендерската документација и објавени во огласот за доделување

на договорот за јавна набавка.“.

Согласно член 210 од Законот за јавните набавки: „Битни повреди на

законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: -

постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без

одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови (2) и

(3) на овој закон, -постапката за доделување на договор за јавна набавка е

спроведена без да се спроведе технички дијалог во случаите каде што

неговото спроведување е задолжително согласно со овој закон, -тендерската

документација на постапката за доделување на договор за јавна набавка не е

во согласност со овој закон и довела или можела да доведе до

дискриминација на економските оператори или ограничување на пазарната

конкуренција, -не е постапено согласно со член 54 став (2) од овој закон, -се

сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на понудите, -се

сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите, -не е

постапено согласно со членот 140 ставови (11) и (12) од овој закон, -не е

постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од овој закон, -е

објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се обезбеди

согласност во случаите каде што добивањето согласност е задолжително

согласно со овој закон, -не е постапено согласно со решението на Државната

комисија, -е извршен избор на понуда која не е најповолна и -е извршен избор

на неприфатлива понуда“.

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката за

правна заштита Државната комисија постапува во границите на жалбените

Page 47: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

9/10

наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди пропишани

во член 210 од овој закон“.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

жалбата и жалбените наводи утврди дека жалбата е основана.

Имено, Државната комисија го провери жалбениот навод за тоа дека

производот на избраниот понудувач не ги задоволил барањата на Техничката

спецификација од Точка 1.2 - Интегриран монитор со дијагонала од минимум

19 инчи, односно дека моделот SAMSUNG H60 поседувал монитор од 18.5

инчи, при што утврди дека споменатиот апарат има Интегриран монитор со

дијагонала од 21,5 инчи.

Што се однесува до вториот жалбен навод, Државната комисија не ги

прифати објаснувањата на договорниот орган дека до избраниот понудувач

биле доставени барања за дообјаснување на техничката понуда, каде самиот

понудувач дал појаснување на истата, односно навел KOELIS.

Имено, во појаснувањето избраниот понудувач нудел можност за

дополнителен апарат од производителот KOELIS модел TRINITY, видно од

приложениот проспект кон дополнението на жалбата, кој содржел МР

фузионен имиџинг, но овој дополнителен апарат најверојатно е наменет за

биопсија на простата и најверојатно не вчитувал одреден преглед на пациент

КТ фузионен имиџинг. Со дополнителниот апарат добиената слика не била

во реално време и не се вчитувала на еден екран, ниту имало можност на

екранот на апаратот паралелно да се прикажува добиената слика, а

најверојатно и нема можност за надградба на постојниот програм, како што

се барало во техничката спецификација, туку можеби можност да се поврзе

со моделот TRINITY кој всушност е ЕХО апарат првенствено за биопсија на

простата.

Поради сето ова, а со оглед на тоа дека договорниот орган до

Државната комисија не доставил уверливи докази за целосно исполнување

на техничките спецификации на понудениот апарат од страна на избраниот

понудувач, Државната комисија одлучи да ја уважи жалбата, да ја укине

оспорената одлука за избор на најповолна понуда и предметот да го врати на

повторно одлучување.

При повтореното одлучување договорниот орган е потребно на сигурен

и недвосмислен начин да утврди дали моделот на апарат кој го понудил

избраниот понудувач „БИНЕТ МЕДИКАЛ“ го исполнува условот од Точка 2,

Page 48: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

10/10

потточка 2.9 од Техничката спецификација: „Можност на надоградба на

апаратот со програма и опрема за фузионен имиџинг каде на апаратот се

вчитува одреден преглед со КТ или МР и тогаш на екранот на апаратот

паралелно се прикажува истиот анатомски регион скениран во реално време

со ултразвучна сонда и со вчитаната снимка (КТ или МР)“, по што

договорниот орган ќе донесе целосно законита одлука со која ќе ја заврши

постапката за јавна набавка, со детално образложение за своето постапување

согласно член 167 и 168 од Законот за јавните набавки.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно

член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија

одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од

Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе тужба

до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Бр.08-434/8

04.08.2016 год.

С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

М-р Мишо Василевски

Доставено до:

- Архива,

- Министерство за здравство на РМ, ул.50-та Дивизија бр.14, Скопје

- „НЕТ-ЕЛЕКТРОНИКС“ ДООЕЛ – Скопје, ул.Скупи бр.55, Скопје

Page 49: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

1/12

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

Василевски – заменик претседател, Елита Шуки – член и Томо Томовски –

член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по

жалбата на жалителот – „СТЕРНА“ ДОО – Скопје, наш број 09-439/1 од

22.07.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна понуда

бр.05-1074/5 од 15.07.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на

понуди со објава на Оглас бр.15/2016 за набавка на фотокопири за

потребите на договорниот орган АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје, врз

основа на член 220 став (1) алинеја 5, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од

Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија,

бр.27/2015, бр.78/2015, бр.192/2015, бр.27/2016 и 120/2016), на 40-та Седница

одржана на ден 04.08.2016година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „СТЕРНА“ ДОО – Скопје, изјавeна против

Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-1074/5 од 15.07.2016 година,

донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на Оглас бр.15/2016

за набавка на фотокопири за потребите на договорниот орган АСУЦ „Боро

Петрушевски“ - Скопје, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ УКИНУВА Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-

1074/5 од 15.07.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди

со објава на Оглас бр.15/2016 за набавка на фотокопири за потребите на

договорниот орган АСУЦ „Боро Петрушевски“ - Скопје, и предметот се

враќа на повторно одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги надомести

трошоците на жалбената постапка во висина од 250 денари на име

административна такса и надомест за водење на постапка во висина од

6.160,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена

постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот

за јавните набавки.

Page 50: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

2/12

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „СТЕРНА“ ДОО – Скопје изјавил жалба, против

Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-1074/5 од 15.07.2016 година,

донесена по Огласот за Барање за прибирање на понуди бр.15/2016 за

набавка на фотокопири за потребите на договорниот орган АСУЦ „Боро

Петрушевски“ - Скопје, бидејќи смета дека се сторени битни пропусти кои

се однесуваат на евалуацијата на понудите, поради што предлага

Државната комисија да ја уважи жалбата и да ја поништи оспорената

одлука.

По извршениот увид во документацијата пред Државната комисија,

жалителот достави Дополнение на жалбата со кое го прецизира жалбеното

барање во однос на пропустите кои ги направил избраниот понудувач при

пополнувањето на понудата, што ја прават неговата понуда неприфатлива.

Во писмениот одговор на жалбата бр.05-1162/1 од 26.07.2016 година,

договорниот орган наведува дека жалбата е неоснована. поради што

предлага Државната комисија за жалби по јавни набавки истата како таква

да ја одбие.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот

одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за

јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од

отворањето на понудите, извештај за текот на е-Аукцијата, извештај од

спроведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, понудите на

понудувачите, како и останатата документација приложена во предметот,

при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 5 од Законот за јавните

набавки најде:

Page 51: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

3/12

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја

утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка за јавна набавка со Оглас за

Барање за прибирање на понуди бр.15/2016 за набавка на стоки -

фотокопири, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка

бр.02-2243/20 од 28.12.2015 година, а која постапка била објавена на ЕСЈН на

Бирото за јавни набавки. Договорниот орган согласно член 36-а став (1)

поднел барање за добивање на согласност за користење на барањата во

техничките спецификации за поединечен дел за јавна набавка на стоки до

Советот за јавни набавки, по што Советот донел Решение бр. 10-9024/9 од

21.06.2016 година со кое ја дал бараната согласност, додека во тендерската

документација договорниот орган не поставил други критериуми за

утврдување на способноста, освен лична состојба и способност за вршење

професионална дејност, поради што и не побарал согласност од Советот за

јавни набавки. Набавката не била делива, а договорниот орган во

тендерската документација и огласот предвидел дека како критериум за

избор ќе се користи најниска цена, постапката ќе се спроведе со користење

на електронски средства и ќе заврши со спроведување на електронска

аукција. Од понудувачите било побарано да достават Изјава за независна

понуда и Изјава за сериозност на понудата.

До крајниот рок за поднесување на понудите 07.07.2016 година,

пристигнале вкупно 6 (шест) понуди од економските оператори „ТЕЛКОМ

ММ“ ДООЕЛ –Скопје, „РИКОМАК КОПИР-СЕРВИС“ ДООЕЛ – Скопје, „ДУНА

КОМПЈУТЕРИ“ ДОО – Скопје, „ЕВИ ИНТЕРНАТИОНАЛ ТРАДЕ“ ДООЕЛ –

Скопје, „СТЕРНА“ ДОО – Скопје и „СТУДЕНТСКИ СЕРВИС“ ДОО Скопје, за

што бил составен Записник од отворањето на понудите бр.05-1074/1 од

07.07.2016 година. Комисијата за јавни набавки на договорниот орган

извршила проверка на комплетноста и валидноста на понудите, по што

утврдила дека понудите на „ЕВИ ИНТЕРНАТИОНАЛ ТРАДЕ“ ДООЕЛ –

Скопје и „СТУДЕНТСКИ СЕРВИС“ ДОО Скопје, содржат формални

недостатоци и како такви ги отфрлила од понатамошна фаза на

Page 52: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

4/12

постапката, додека останатите понуди ги оценила како прифатливи и

понудувачите ги поканила на е-Аукција. По завршувањето на е-Аукцијата

која се одржала на 14.07.2016 година од 10:00:00 часот до 10:30:00 часот, врз

основа на електронски генерираниот Извештај за текот на е-Аукцијата,

Извештајот од спроведена постапка бр.05-1074/2 од 10.07.2016 година и

вториот Извештај од спроведена постапка бр.05-1074/4 од 15.07.2016 година,

Комисијата за јавни набавки дала предлог за избор како најповолна понуда

да биде избрана понудата на економскиот оператор „ТЕЛКОМ ММ“ ДООЕЛ

–Скопје. Ваквиот предлог бил прифатен од страна на одговорното лице на

договорниот орган по што била донесена сега оспорената Одлука за избор

на најповолна понуда бр.05-1074/5 од 15.07.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука, жалба до Државната комисија за

жалби по јавни набавки поднесе економскиот оператор „СТЕРНА“ ДОО –

Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган при

евалуацијата на понудите направил пропуст кај економските оператори

кои биле рангирани за електронската аукција, кои всушност не ги

исполнуваат во целост бараните минимални технички карактеристики и не

се во целост пополнети обрасците на понуда во делот на техничка понуда

(составен дел на образецот на понуда) со што сторил суштествени повреди

од Законот за јавните набавки. Со оглед на фактот дека договорниот орган

го повредил член 210 алинеја (6) од Законот за јавните набавки, односно

сторени биле битни пропусти кои се однесувале на евалуацијата на

понудите и имајќи го предвид претходно наведеното, а пред се фактот дека

во техничката понуда (составен дел на образецот на понуда) на избраниот

економски оператор не е наведено што конкретно нуди за предметната

набавка, жалителот смета дека понудата не е прифатлива и истата треба да

биде отфрлена. Жалителот наведува дека при отворањето на понудите

констатирано е дека образецот на понудата на сега избраниот економски

оператор како најповолен понудувач во делот на техничка понуда (составен

дел на образецот на понуда) не е пополнет и не се наведени моделите кои ги

нуди. Економскиот оператор имал само прикачено каталози со повеќе

различни модели од производителот на опремата на кој било јасно видливо

дека има повеќе модели со различни технички карактеристики кои не ги

исполнуваат сите во целост барани технички карактеристики. Според

жалителот, доколку економските оператори немаат јасно пополнето

Page 53: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

5/12

образец на понуда како и делот за техничка понуда кој е составен дел на

образецот на понуда значи дека договорниот орган треба да ја отфрли

понудата како неприфатлива од причина што не може да направи

евалуација на понудата во делот на техничките спецификации. Доколку

договорниот орган побара од економскиот оператор дополнително да

наведе кој модел го нуди тогаш во целост се повредува членот 140 став (4) од

Законот за јавните набавки, бидејќи самата понуда трпи промена што е

спротивно на наведениот член. Жалителот наведува дека од исклучителна

важност е економските оператори правилно да ги пополнат обрасците на

понуда како и делот за техничка понуда (составен дел на образецот на

понуда) со точен назив на сите понудени стоки и услуги, со што договорните

органи полесно би ја извршиле евалуацијата на понудите. Исто така, со

пополнување на образецот на понуда како и делот за техничка понуда,

според жалителот ќе се намали и можноста за злоупотреба на понудените

стоки при испорака на истите од страна на економските оператори.

Согласно наведеното, жалителот смете дека се исполнети законските

услови во оваа постапка договорниот орган, согласно член 221 од Законот за

јавните набавки, одлуката да ја стави вон сила, да изврши повторна

евалуација на понудите на економските оператори согласно Законот за

јавните набавки, неприфатливите понуди да ги отфрли и да ги покани на

електронска аукција економските оператори кои ги задоволуваат во целост

бараните минимални технички карактеристики од техничките

спецификации зададени во тендерската документација и по завршувањето

на електронската аукција да донесе нова одлука за избор на најповолен

понудувач. Жалителот смета дека овие пропусти имаат битно влијание на

постапката, евалуацијата на понудите, нивното рангирање за електронска

аукција како и избор на најповолен понудувач. Врз основа на наведеното,

жалителот предлага Државната комисија да ја уважи жалбата и да ја

поништи оспорената одлука.

По извршениот увид во списите на предметот жалителот ја дополни

жалба со објаснување на жалбените наводи, каде наведува дека при увидот

во списите на предметот јасно било видливо дека Техничката понуда

(составен дел на образецот на понуда) на избраниот економски оператор не

е пополнета со моделите што ги нуди. Сите економски оператори се должни

да го пополнат детално образецот на Понуда во кој се вклучени и

Техничката и Финансиската понуда. Избраниот економски оператор

никаде во делот на Техничка понуда немал пополнето што нуди и покрај

фактот што во самата Техничка понуда треба да се пополни: „Согласни сме

да ги понудиме следниве стоки/услуги/работи:...“, и во табеларниот приказ

во Колона 1 е наведено „ОПИС“, каде што во вториот ред економскиот

Page 54: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

6/12

оператор треба да го пополни и наведе конкретно што нуди. Во конкретната

ситуација каде што договорниот орган има во техничката спецификација

наведено и дополнителни опционални решенија што треба да ги понудат

економските оператори за кои треба да се засмета ДДВ од 18%, економските

оператори се должни истите детално да ги наведат во своите понуди со

конкретни називи и модели за понудените опционални решенија се со цел

договорните органи да знаат што треба да очекуваат при испораката на

опремата. Од погоре наведеното значи дека понудата на сега избраниот

понудувач не е пополнета и нема ништо наведено што нуди за предметната

набавка. Затоа жалителот смета дека неговата понуда не требало да биде

рангирана за електронска аукција бидејќи истата е неприфатлива.

Жалителот смета дека договорниот орган направил случаен пропуст при

евалуацијата на доставените понуди. Доколку економските оператори не ги

пополнуваат правилно и точно обрасците на понуда како и техничките опис

на понудите кои се составен дел на образецот на понуда во тој случај

договорните органи може да бидат оштетени при испораката на

стоките/услугите/работите. Избраниот економски оператор доставил до

договорниот орган дополнување на понудата што според жалителот значи

промена на техничката понуда со модели кои подоцна се предмет на

евалуација и затоа сметам дека договорниот орган не смеел да го прифати

дополнувањето и да ја евалуира неговата понуда, бидејќи директно се

повредува членот 140 од Законот за јавните набавки. При увидот во списите

на предметот жалителот не можел да ја пронајде копијата од поставеното

прашање од страна на договорниот орган кон економскиот оператор.

Договорниот орган исто така направил случаен пропуст при

разгледувањето на понудата на сега избраниот економски оператор во

делот на Табеларниот приказ на понудата. Имено, економскиот оператор

пополнил во колона 3-количина: 2; во колона 4 - единечна цена без ДДВ:

681.070,00; во колона 6 - Вкупна цена без ДДВ (3*4): 681.070,00, тоа значи дека

кога ќе се помножи колона 3 и 4 ќе се добие сосема друг резултат во

колоната 6 (Вкупна цена без ДДВ 3*4) односно ВКУПНО =1.362.140,00 денари.

Од технички аспект понудите, односно понудените апарати кои во целост

не ги исполнуваат бараните минимални технички карактеристики не треба

да бидат предмет на евалуација. Од приложеното сосема не е јасно дали

апаратот за првата група ја исполнува бараната карактеристика финишер

со хефталка за минимум 1000 листа + минимум 50 хефтање, бидејќи во

понудата не е наведен “Finisher-от“ како и типот на финишер кој

евентуален е понуден. За истиот апарат не се наведени и дополнителните

касети за хартија “Ѕheet1 РарегDrawer“ кои се опционално/дополнително

решение и требало засебно да се наведат во понудата со конкретен модел

за да при евалуацијата на понудата договорниот орган можел да процени

Page 55: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

7/12

дали е исполнета бараната минимална карактеристика. Според жалителот,

јасно било видливо од приложениот каталог од производителот на

опремата дека понудените апарати не ги исполнуваат во целост бараните

минимални технички спецификации, односно не ги подржуваат во целост

бараните формати на хартија за копирање, печатење А3, А4, А5 и А6. Во

каталогот на производителот е наведено следното: Рарег Ѕize (Мin-Мах)

Drawer А5R - АЗ Мulty-bypass А5R – АЗW, a тоа значи дека апаратите не го

подржуваат бараниот формат на хартија а6 и понудата на економскиот

оператор треба да биде отфрлена бидејќи не ги исполнува бараните

минимални технички спецификации и истата е неприфатлива. Исто така,

од приложеното сосема не за жалителот не било јасно дали апаратот за

втората група ја исполнува бараната карактеристика за ТВРД ДИСК од

минимум 250 GВ. Во каталогот е јасно видливо дека HDD*4 (орt) всушност

опционално решение и не е вклучен во апаратот за што економскиот

оператор е должен да го наведе во својата понуда. За истиот апарат не е

наведена и дополнителната касета за хартија „500-Ѕхеет Рареr Drawer“ која

е опционално/дополнително решение и треба засебно да се наведе во

понудата со конкретен модел. Од исклучителна важност е економските

оператори правилно да ги пополнат обрасците на понуда вклучувајќи го

делот за техничка понуда (составен дел на образецот на понуда) со точен

назив на сите понудени стоки и услуги како и Финансиската понуда, со што

договорните органи правилно би ја извршиле евалуацијата на понудите.

Согласно Законот за јавни набавки член 140 став 4 „Никакви промени во

техничката и финансиската понуда не смеат да се бараат, нудат или да се

допуштаат од страна на комисијата, освен појаснување на понудата по

претходно писмено барање на комисијата и исправка на аритметички

грешки“. Овие пропусти имаат битно влијание на постапката, евалуацијата

на понудите, нивното рангирање за електронска аукција како и избор на

најповолен понудувач.

Договорниот орган во писмениот одговор на жалбата наведува дека

неосновани се наводите на жалителот дека комисијата спровела постапка

спротивна на одредбите од Закон за јавните набавки и притоа во фазата на

евалуација направила повреди во поглед на евалуацијата на понудите и

вреднувањето на минималните технички карактеристики. Имено,

договорниот орган наведува дека во фазата на евалуација извршила

детална анализа на пристигнатите понуди од економските оператори и

притоа понудата на „ЕВИ ИНТЕРНАТИОНАЛ ТРАДЕ“ ДООЕЛ Скопје ја

сметала за неприфатлива, бидејќи еден од понудените модели на

фотокопири не ги исполнувал минималните технички карактеристики

барани во тендерската документација (понудениот модел Konica Minolta

Page 56: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

8/12

bizhub 454e не ги исполнувал минимално бараните технички

карактеристики во поглед на големината на меморијата (HDD), односно

наместо минимум 320 GB HDD, понудениот модел бил опремен со 250 GB

HDD. Понатаму, договорниот орган наведува дека понудата на економскиот

оператор „СТУДЕНТСКИ СЕРВИС“ ДОО Скопје била отфрлена по основ на

непотпишана понуда. Економскиот оператор ја немал потпишано понудата

со валиден електронски потпис. Договорниот орган смета дека неосновани

и нелогични се наводите на жалителот дека се сторени пропусти кои се

однесуваат на евалуација на понудата на економскиот оператор кој по е-

Аукцијата бил избран како најповолен понудувач и со тоа била направена

повреда на член 140 став (4) од Закон за јавни набавки. Имено, Комисијата

за јавни набавки при договорниот орган во фазата на евалуација на

понудата на „ТЕЛКОМ ММ“ ДООЕЛ Скопје утврдила дека понудата е уредно

пополнета, електронски потпишана, пропратена со каталог за понудените

фотокопири, но бидејќи со истиот наведени биле повеќе модели, во

согласност со член 140 став (3) побарал од економскиот оператор

појаснување на понудата, на кое во утврдениот рок бил добиен одговор во

кој избраниот понудувач навел дека понудата е доставена за следните

модели: ЅНАRР МХ-М565N и ЅНАRР МХ-М316N. Воедно, договорниот орган

напоменува дека никакви промени во техничката и финансиската понуда

не биле барани, или допуштени од страна на комисијата, освен појаснување

на понудата по претходно писмено барање на комисијата. Врз основа на се

погоре наведено, договорниот орган и предлага на Државната комисија за

жалби по јавните набавки да ја одбие жалбата како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните

набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од

спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди

дека жалбата е основана.

Имено, во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено

дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и

услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување

на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка

24 е наведено: 24.„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во

утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите

барања од тендерската документација и техничките спецификации и

одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за

способноста на понудувачите;“.

Page 57: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

9/12

Во член 100 став (1) од Законот за јавните набавки е утврдено:

„Договорниот орган може да спроведе постапка со барање за прибирање на

понуди со објавување на оглас во ЕСЈН кога проценетата вредност на

договорот за јавна набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска

противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без

вклучен ДДВ.“.

Во член 101 став (1) од Законот за јавните набавки е предвидено: „Во

постапката со барање за прибирање на понуди договорниот орган

изготвува поедноставена тендерска документација која задолжително

содржи технички спецификации на предметот на договорот за јавна

набавка и информации за начинот на подготовка и рокот за поднесување

на понудите.“.

Согласно член 102 став (1) од Законот за јавните набавки: „Во

постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата

вредност на договорот за јавна набавка е до 5.000 евра во денарска

противвредност, без вклучен ДДВ, не се спроведува јавно отворање на

понудите. (2) Договорниот орган во постапката со барање за прибирање на

понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка е до

5.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, не смее да бара

гаранција на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани

средства. (4) Во постапката со барање за прибирање на понуди економските

оператори својата лична состојба ја потврдуваат со поднесување на изјава.

(5) Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда,

економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен до

комисијата за јавна набавка да ги достави документите за потврдување на

неговата лична состојба, дефинирани во поедноставената тендерска

документација. (6) Комисијата за јавна набавка прифаќа документи за

утврдување на личната состојба од ставот (5) на овој член кои се издадени и

по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на

донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. (7) Ако

економскиот оператор не ги достави документите од ставот (5) на овој член

во рокот утврден од страна на комисијата за јавна набавка, или истите се

невалидни или несоодветни за утврдување на личната состојба, комисијата

за јавна набавка го поканува наредниот рангиран економски оператор или

дава предлог за поништување на постапката.“.

Page 58: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

10/12

Согласно член 140 став (3) и (5) од Законот за јавните набавки: „(3)

Комисијата задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или

дополнат документите за утврдување способност во рокот од ставот (2) на

овој член. Комисијата не смее да создава предност во корист на одреден

економски оператор со користење на бараните појаснувања или

дополнувања. (5) Комисијата го утврдува рокот за доставување на

дополнителното појаснување и дополнување кој не смее да е покус од пет

работни дена, односно три работни дена кај постапката со барање за

прибирање понуди од денот на приемот на барањето од страна на

понудувачот.“.

Согласно член 210 од Законот за јавните набавки: „ Битни повреди на

законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: -

постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без

одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови (2) и

(3) на овој закон, -постапката за доделување на договор за јавна набавка е

спроведена без да се спроведе технички дијалог во случаите каде што

неговото спроведување е задолжително согласно со овој закон, -

тендерската документација на постапката за доделување на договор за

јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да

доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на

пазарната конкуренција, -не е постапено согласно со член 54 став (2) од овој

закон, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на

понудите, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на

понудите, -не е постапено согласно со членот 140 ставови (11) и (12) од овој

закон, -не е постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од

овој закон, -е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се

обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е

задолжително согласно со овој закон, -не е постапено согласно со

решението на Државната комисија, -е извршен избор на понуда која не е

најповолна и -е извршен избор на неприфатлива понуда“.

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката

за правна заштита Државната комисија постапува во границите на

жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди

пропишани во член 210 од овој закон“.

Page 59: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

11/12

Oсновани се жалбените наводи за сторени битни повреди на законот

во постапката за доделување на договор за јавна набавка во делот на

евалуација на понудите, односно за избор на понуда која е неприфатлива.

Имено, од увидот во понудата избраниот понудувач „ТЕЛКОМ ММ“

Државната комисија утврди дека истиот во Дел II – Техничка понуда,

Колоната 1 – Опис, од Техничката спецификација, не пополнил ништо,

односно полето било празно.

По барање на договорниот орган да појасни понуда, избраниот

понудувач ги навел моделите SHARP MX-M565N и SHARP MX-M316N кои

исто така не ги исполнувале во целост барањата на техничките

спецификации.

Сите услови кои се поставени во тендерската документација или во

техничката спецификации кои најчесто се нејзин составен дел,

понудувачите се должни да ги исполнат и пополнат во целост, онака како

било прецизно барано, за да може нивната понуда да се смета за

прифатлива и биде земена предвид во натамошната евалуација. Ова значи

дека доволно е понудувачите да не исполнуваат и само еден од поставените

услови за способност или барање од техничката спецификација на јавната

набавка, или техничката или финансиска понуда да не биде пополнета

целосно во согласност на прецизните објаснувања на договорниот орган во

тендерската документација, за да таквата понуда се смета за неприфатлива

и истата да биде исклучена од натамошната постапка.

Оттаму, имајќи ја предвид фактичката состојба утврдена во

конкретната постапка, Државната комисија ценејќи ги погоре наведените

жалбени наводи, одлучи да ја уважи жалбата, да ја укине оспорената

одлука за избор и предметот да го врати на повторно одлучување.

При повторно одлучување договорниот орган е должен да ги

почитува ставовите на Државната комисија и да изврши повторна

евалуација на понудите, при што понудата на економскиот оператор

„ТЕЛКОМ ММ“ да ја исклучи поради тоа што техничката спецификација е

неправилно пополнета и понудените производи не ги задоволуваат во

целост барањата на техничките спецификации, по што останатите целосно

прифатливи понудувачи ќе ги покани на нова е-Аукција и по нејзиното

завршување ќе донeсе целосно законита одлука со која ќе ја заврши

постапката за доделување на договор за јавна набавка и детално ќе ја

образложи согласно член 167 и 168 од Законот за јавните набавки.

Page 60: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

12/12

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно

член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија

одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство:Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од

Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе

тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.09-439/8

04.08.2016 год.

С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

М-р Мишо Василевски

Доставено до:

- Архива,

- АСУЦ „Боро Петрушевски“ Скопје Бул.„Едвард Кардељ“ бр.26 б Скопје

-„СТЕРНА“ ДОО Скопје ул.„Шекспирова“ бр.7-2 Скопје

Page 61: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

1/9

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

Василевски – заменик претседател, Елита Шуки – член и Томо Томовски –

член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по

жалбата на жалителот – „КОЦАРЕ ПРИНТ“ ДООЕЛ Охрид, наш број 08-448/1

од 29.07.2016 година, изјавена против Одлуката за избор на најповолна

понуда бр.02-3/308-3 од 25.07.2016 година и Одлуката за поништување на

постапката за доделување на договор за јавна набавка бр.02-3/308-4 од

25.07.2016 година, донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава

на Oглас бр.35/2016, за набавка на стоки – печатени материјали и CD-R за

дигитални РТГ снимки, на договорниот орган ЈЗУ Специјална болница за

ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид, врз основа на член 220

став (1) алинеја 5, став (3) и (4) и член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните

набавки (Службен весник на Република Македонија, бр.27/2015, бр.78/2015,

бр.192/2015, бр.27/2016 и 120/2016), на 40-та Седница одржана на ден

04.08.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „КОЦАРЕ ПРИНТ“ ДООЕЛ Охрид, изјавена

против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-3/308-3 од 25.07.2016

година и Одлуката за поништување на постапката за доделување на

договор за јавна набавка бр.02-3/308-4 од 25.07.2016 година, донесена по

Барањето за прибирање на понуди со објава на оглас бр.35/2016 за набавка

на стоки – печатени материјали и CD-R за дигитални РТГ снимки на

договорниот орган ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија

„Св. Еразмо“ - Охрид, СЕ УВАЖУВА.

2. СЕ УКИНУВАAT Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-

3/308-3 од 25.07.2016 година и Одлуката за поништување на постапката за

доделување на договор за јавна набавка бр.02-3/308-4 од 25.07.2016 година,

донесена по Барањето за прибирање на понуди со објава на оглас бр.35/2016

за набавка на стоки – печатени материјали и CD-R за дигитални РТГ снимки

на договорниот орган ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и

трауматологија „Св. Еразмо“ -Охрид, и предметот се враќа на повторно

одлучување.

3. Се задолжува договорниот орган на жалителот да му ги

надомести трошоците на жалбената постапка во висина од 250,00 денари на

име административна такса и надомест за водење на постапка во висина од

6.150,00 денари, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

Page 62: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

2/9

4. Договорниот орган е должен да постапи по решението на

Државната комисија, во спротивно ќе се смета дека не е спроведена

постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот

за јавните набавки.

5. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „КОЦАРЕ ПРИНТ“ ДООЕЛ Охрид изјавил

жалба, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.02-3/308-3 од

25.07.2016 година и Одлука за поништување на постапката за доделување на

договор за јавна набавка бр.02-3/308-4 од 25.07.2016 година, донесена по

Барањето за прибирање на понуди со објава на Oглас бр.35/2016, за набавка

на стоки – печатени материјали и CD-R за дигитални РТГ снимки, на

договорниот орган ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија

„Св. Еразмо“ - Охрид, бидејќи смета дека има суштествени повреди на

постапката, поради што и предлага на Државната комисија за жалби по

јавни набавки жалбата да ја уважи и да ги поништи Одлуката за избор на

најповолна понуда и Одлуката за поништување на постапката за

доделување на договор за јавна набавка, како и да му ги надомести

трошоците сторени со жалбената постапка.

Во писмениот одговор на жалбата бр.17-3/338-2 од 01.08.2016 година,

договорниот орган не ги прифати жалбените наводи и предлага жалбата да

се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот

одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за

јавна набавка, огласот, тендерската документација, записникот од

отворањето на понудите, извештај за текот на е-Аукцијата, извештај од

спроведена постапка, одлуката за избор на најповолна понуда, одлука за

поништување на постапката, понудите на понудувачите, како и останатата

документација приложена во предметот, при што врз основа на член 220

став (1) алинеја 5 од Законот за јавните набавки најде:

Page 63: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

3/9

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбата е основана.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја

утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган спровел постапка со Барање за прибирање на

понуди со објава на Оглас бр.35/2016 за набавка на стоки – печатени

материјали и CD-R за дигитални РТГ снимки, за што претходно донел

Одлука за јавна набавка бр.02-353/16 од 24.03.2016 година. Набавката била

делива на два дела и тоа: Дел 1 – печатени материјали и Дел 2 – CD-R за

дигитални RTG снимки, предвидено било да се спроведе во хартиена форма

и да заврши со користење на е-Аукција како последна фаза од постапката.

Како критериум за избор било предвидено да биде најниска цена, а во

огласот и тендерската документација од понудувачите било побарано да

достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност.

До крајниот рок за поднесување на понудите 11.07.2016 година до 13:00

часот, пристигнале вкупно 4 (четири) понуди: „СУПЕРСОНИКС“ ДООЕЛ

Охрид, „СЕРВИСБИРО ЏАНИ“ ДООЕЛ Охрид, „КОЦАРЕ ПРИНТ“ ДООЕЛ

Охрид и „КОСТА АБРАШ“ АД Охрид, за што бил составен Записник од

отворањето на понудите бр.17-3/308-2 од 11.07.2016 година. Комисијата за

јавни набавки извршила проверка преку ЕСЈН дали за некој од

понудувачите има издадено негативна референца, па пристапила кон

првична проверка на комплетноста и валидноста на пристигнатите понуди,

при што утврдила дека сите понудувачи се прифатливи и истите ги

поканила на е-Аукција која била закажана и одржана на ден 22.07.2016

година со времетраење од 10:00:00 до 10:20:00 часот. Врз основа на

електронски генерираниот Извештај за текот на е-Аукцијата и Извештајот

од спроведена постапка бр.17-3/308-2 од 25.07.2016 година, Комисијата за

јавни набавки дала предлог за Дел 1 – печатени материјали од јавната

набавка да се донесе Одлука за поништување на постапката, бидејќи биле

поднесени повисоки цени од реалните на пазарот, додека за Дел 2 – CD-R за

дигитални RTG снимки дала предлог да биде избрана понудата на

економскиот оператор „СУПЕРСОНИКС“ ДООЕЛ – Охрид. Ваквиот предлог

бил прифатен од страна на одговорното лице на договорниот орган по што

Page 64: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

4/9

биле донесени сега оспорените Одлука за избор на најповолна понуда бр.02-

3/308-3 од 25.07.2016 година и Одлука за поништување на постапката за

доделување на договор за јавна набавка бр.02-3/308-4 од 25.07.2016 година.

Незадоволен од донесената одлука, останал жалителот „КОЦАРЕ

ПРИНТ“ ДООЕЛ Охрид, кој поднел жалба до Државната комисија за жалби

по јавни набавки.

Проверувајќи ги жалбените наводи на жалителот, Државната

комисија за жалби по јавни набавки го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека договорниот орган донел

Одлука за избор на најповолна понуда бр.02-3/308-3 од 25.07.2016 година со

која ја избрал понудата од понудувачот „СУПЕРСОНИКС“ ДООЕЛ Охрид за

набавка на стока од спецификација 3 што претставувало Дел 2 од

постапката. Имено, договорниот орган ја прифатил првично поднесената

цена од 252.000,00 денари за која понудувачите не учествувале на е-Аукција

бидејќи не направиле намалување на истата. За Дел 1 од постапката било

наведено дека „постапката ќе биде поништена бидејќи понудувачот

понудил повисока цена од реалната на пазарот“. Договорниот орган донел

Одлука за поништување на постапката за доделување на договор за јавна

набавка број 02-3/308-4 од 25.07.2016 година во која било наведено дека

„поради недоставување на ниту една прифатлива понуда се поништува дел

од постапката за доделување на договор за јавна набавка на печатени

канцелариски материјали од спецификација бр. 1“. Жалителот смета дека

образложението на договорниот орган не било во согласност со законските

прописи со оглед на тоа дека постапката завршила со е-Аукција во која

учествувале два економски оператори. Имено, по извршената е-Аукција

била поднесена намалена цена од 224.900,00 денари и тука не станувало

збор за „недоставување на ниту една прифатлива понуда“ како што навел

договорниот орган во Одлуката за поништување на постапката, бидејќи

двете прифатливи понуди од страна на договорниот орган биле поканети

на е-Аукција по извршена евалуација од негова страна. Ваквиот став на

договорниот орган за неприфатливи понуди, жалителот смета дека е

спротивен на законските норми, бидејќи само понудувачите кои поднеле

прифатливи понуди договорниот орган ги поканува на електронска

аукција, согласно член 125 став (2) Законот за јавните набавки. Жалителот

смета дека договорниот орган направил повреда и на член 210 став 1

бидејќи понудата им ја отфрлил после е-Аукцијата како не прифатлива, а

всушност тоа било прифатлива понуда за која договорниот орган можел да

дообезбеди средства согласно член 28 став (4) од Законот за јавните

Page 65: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

5/9

набавки. Воедно, за жалителот е нејасно по кој основ договорниот орган

донел одлука за избор на најповолна понуда од 252.000,00 денари за Дел 2

за кој никој не ја намалил првично поднесената цена и дали таа понуда е

реална за договорниот орган, а го поништил делот од намален износ на е-

Аукција од 224.900,00 денари за печатени материјали. Согласно ова,

жалителот смета дека договорниот орган извршил фаворизирање на

одреден економски оператор спротивно на член 2 и 3 од Законот за јавните

набавки. Поради се погоре наведено, жалителот ѝ предлага на Државната

комисија за жалби по јавни набавки да ја уважи жалбата и да ги поништи

Одлуките за избор на најповолна понуда за Дел 2 и Одлуката за

поништување на постапката за Дел 1, како и да му се надоместат трошоците

сторени со жалбената постапка.

Договорниот орган во одговорот на жалбата наведува дека објавил

оглас за јавна набавка на печатени канцелариски материјали и ЦД-Р за

дигитални РТГ снимки со проценета вкупна вредност на набавката од

347.026,13 денари без ДДВ од кои за печатени канцелариски материјали

биле предвидени 95.026,13 денари и за ЦД-Р биле предвидени 252.000,00

денари. Имено, договорниот орган наведува дека подносителот на жалбата

на одржаната електронска аукција имал понудено пониска цена од првично

поднесената, но цена која и понатаму била повисока од проценетата

вредност со Одлуката за јавна набавка. Согласно член 28 став 4 од Законот

за јавните набавки во кој е предвидено „Доколку во текот на постапката за

доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда

согласно со условите на постапката е со цена повисока од износот на

средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да

ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на

договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните

цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот

на постапката согласно со овој закон“. Договорниот орган наведува дека

постапил согласно погоре наведениот член и не ја изменил Одлуката за

јавна набавка од причина што понудените цени на жалителот биле

повисоки од реалните на пазарот како и со оглед на тоа дека нема да може

да дообезбеди финансиски средства за набавка на печатени материјали со

вака високи цени. Договорниот орган смета дека исто така неосновани биле

забелешките на жалителот за Дел 2 каде што бил направен избор, бидејќи

избраниот понудувач поднел цена која е реална на пазарот и била во

рамките на предвидената цена со Одлуката за јавна набавка. Понатаму,

договорниот орган наведува дека не фаворизирал ниту еден понудувач,

бидејќи делот за печатени канцелариски материјали, е со намера повторно

да го објави и да им се даде можност на повеќе понудувачи да учествуваат

Page 66: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

6/9

во изборот на најповолна понуда која ќе биде во рамките на предвидениот

буџет. Договорниот орган предлага Државната комисија за жалби по јавни

набавки да ја одбие жалбата на жалителот како неоснована.

Државната комисија постапувајќи по жалбата и жалбените наводи,

како и по службена должност согласно член 211 од Законот за јавните

набавки, а врз основа на доказите приложени во предметот од

спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка, утврди

дека жалбата е основана.

Имено, во член 3 точка 11 од Законот за јавните набавки е утврдено

дека: „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и

услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување

на пријавата за учество, односно понудата“, додека во истиот член во точка

24 е наведено: 24.„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во

утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите

барања од тендерската документација и техничките спецификации и

одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за

способноста на понудувачите;“.

Согласно член 32 став (1) од Законот за јавните набавки, „(1)

Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе

барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел

да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни

информации во врска со начинот на спроведување на постапката за

доделување на договор за јавна набавка.“.

Во член 100 став (1) од Законот за јавните набавки е утврдено:

„Договорниот орган може да спроведе постапка со барање за прибирање на

понуди со објавување на оглас во ЕСЈН кога проценетата вредност на

договорот за јавна набавка на стоки и услуги е до 20.000 евра во денарска

противвредност, а на работи до 50.000 евра во денарска противвредност, без

вклучен ДДВ.“.

Во член 101 став (1) од Законот за јавните набавки е предвидено: „Во

постапката со барање за прибирање на понуди договорниот орган

изготвува поедноставена тендерска документација која задолжително

содржи технички спецификации на предметот на договорот за јавна

набавка и информации за начинот на подготовка и рокот за поднесување

на понудите.“.

Page 67: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

7/9

Согласно член 102 став (1) од Законот за јавните набавки: „Во

постапката со барање за прибирање на понуди каде што проценетата

вредност на договорот за јавна набавка е до 5.000 евра во денарска

противвредност, без вклучен ДДВ, не се спроведува јавно отворање на

понудите. (2) Договорниот орган во постапката со барање за прибирање на

понуди каде што проценетата вредност на договорот за јавна набавка е до

5.000 евра во денарска противвредност, без вклучен ДДВ, не смее да бара

гаранција на понудата во форма на банкарска гаранција или депонирани

средства. (4) Во постапката со барање за прибирање на понуди економските

оператори својата лична состојба ја потврдуваат со поднесување на изјава.

(5) Пред донесување на одлуката за избор на најповолна понуда,

економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна е должен до

комисијата за јавна набавка да ги достави документите за потврдување на

неговата лична состојба, дефинирани во поедноставената тендерска

документација. (6) Комисијата за јавна набавка прифаќа документи за

утврдување на личната состојба од ставот (5) на овој член кои се издадени и

по денот на јавното отворање на понудите, но не подоцна до денот на

донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. (7) Ако

економскиот оператор не ги достави документите од ставот (5) на овој член

во рокот утврден од страна на комисијата за јавна набавка, или истите се

невалидни или несоодветни за утврдување на личната состојба, комисијата

за јавна набавка го поканува наредниот рангиран економски оператор или

дава предлог за поништување на постапката.“.

Согласно член 140 став (7) и (8) од Законот за јавните набавки, „(7)

Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. (8) Евалуацијата

на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во

тендерската документација и објавени во огласот за доделување на

договорот за јавна набавка.“.

Согласно член 169 став (1) алинеја 6 од Законот за јавните набавки:

„Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на

договор за јавна набавка, ако: - понудувачите понудиле цени и услови за

извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните

на пазарот,“.

Согласно член 210 од Законот за јавните набавки: „ Битни повреди на

законот во постапките за доделување на договор за јавна набавка се, ако: -

постапката за доделување на договор за јавна набавка е спроведена без

одлука за јавна набавка со елементите пропишани во членот 28 ставови (2) и

(3) на овој закон, -постапката за доделување на договор за јавна набавка е

Page 68: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

8/9

спроведена без да се спроведе технички дијалог во случаите каде што

неговото спроведување е задолжително согласно со овој закон, -

тендерската документација на постапката за доделување на договор за

јавна набавка не е во согласност со овој закон и довела или можела да

доведе до дискриминација на економските оператори или ограничување на

пазарната конкуренција, -не е постапено согласно со член 54 став (2) од овој

закон, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на отворањето на

понудите, -се сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на

понудите, -не е постапено согласно со членот 140 ставови (11) и (12) од овој

закон, -не е постапено според членот 215, а во врска со членот 222 став (4) од

овој закон, -е објавен оглас за доделување договор за јавна набавка без да се

обезбеди согласност во случаите каде што добивањето согласност е

задолжително согласно со овој закон, -не е постапено согласно со

решението на Државната комисија, -е извршен избор на понуда која не е

најповолна и -е извршен избор на неприфатлива понуда“.

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката

за правна заштита Државната комисија постапува во границите на

жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди

пропишани во член 210 од овој закон“.

Државната комисија од увидот во Одлуката за потреба од јавна

набавка бр.02-353/16 од 24.03.2016 година утврди дека во точка 3 од истата

договорниот орган за реализација на целокупната јавана набавка

обезбедил 347.026,13 денари, без притоа да изврши поделба на средствата

по делови и покрај тоа што јавната набавка била делива на 2 дела.

Со оглед на тоа, а поради недостаток на било каков доказ дека цените

понудени на е-Аукцијата за Дел 1 од јавната набавка навистина се

понеповолни од оние на пазарот, Државната комисија одлучи да ја укине

оспорената Одлука за поништување на постапката за Дел 1 – Печатени

материјали и да ја укине Одлуката за избор за Дел 2 – CD-R за дигитални

РТГ снимки и предметот да го врати на повторно одлучување.

При повторното одлучување договорниот орган е должен да ги

почитува ставовите и упатствата на Државната комисија за жалби по јавни

набавки и при постапувањето да обезбеди писмени веродостојни докази за

цените на пазарот, како и за тие цени кои ќе се постигнат на завршените е-

Аукции. По завршувањето на е-Аукциите, врз основа на Извештајот од

спроведената постапка, да се достават соодветни предлози за ефективно

завршување на постапката за двата дела, со детални образложенија во

Page 69: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

9/9

известувањето до сите економски оператори согласно член 167 и 168 од

Законот за јавните набавки.

Со оглед на фактот што жалителот успеал во постапката, а согласно

член 228 став (2) и (7) од Законот за јавните набавки, Државната комисија

одлучи да му ги надомести трошоците на жалбената постапка.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од

Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе

тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-448/7

04.08.2016 год.

С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

М-р Мишо Василевски

Доставено до:

- Архива,

- ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид ул. Гоце Делчев бб.

Охрид

- „КОЦАРЕ ПРИНТ“ ДООЕЛ Охрид ул. „Пирин Планина“ бр.67 Охрид

Page 70: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

1/8

Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав: м-р Мишо

Василевски – заменик претседател, Томо Томовски - член и Елита Шуки –

член, врз основа на член 200 од Законот за јавните набавки, одлучувајќи по

жалбата на жалителот „ДОМ ДИЗАЈН“ ДОО Скопје, изјавена преку

полномошник Адвокат Даниела Михајловска од Скопје, наш број 08-440/1

од 22.07.2016 година, против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-

461/37 од 13.07.2016 година донесена по Огласот за доделување на договор за

јавна набавка бр.02/2016 за набавка на услуги – процена на вредноста на

деловен простор со кој стопанисува друштвото на договорниот орган – АД

за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, врз основа

на член 220 став (1) алинеја 4 и став (3) од Законот за јавните набавки

(Службен весник на Република Македонија бр.27/2015, бр.78/2015,

бр.192/2015, бр.27/2016 и 120/2016), на 40-та Седница одржана на ден

04.08.2016 година го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата на жалителот „ДОМ ДИЗАЈН“ ДОО Скопје, изјавена преку

полномошник Адвокат Даниела Михајловска од Скопје, против Одлуката за

избор на најповолна понуда бр.05-461/37 од 13.07.2016 година донесена по

Огласот за доделување на договор за јавна набавка бр.02/2016 за набавка на

услуги – процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува

друштвото на договорниот орган – АД за стопанисување со деловен простор

во државна сопственост, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

2. Решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е

конечно.

О б р а з л о ж е н и е

Економскиот оператор „ДОМ ДИЗАЈН“ ДОО Скопје, изјавил жалба

против Одлуката за избор на најповолна понуда бр.05-461/37 од 13.07.2016

година донесена по Огласот за доделување на договор за јавна набавка

бр.02/2016 за набавка на услуги – процена на вредноста на деловен простор

со кој стопанисува друштвото на договорниот орган – АД за стопанисување

со деловен простор во државна сопственост, во која наведува дека

договорниот орган сторил битни повреди при евалуација на понудите па ѝ

предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки жалбата да ја

уважи, да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна

набавка.

Page 71: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

2/8

Во одговорот на жалбата договорниот орган АД за стопанисување со

деловен простор во државна сопственост смета дека жалбените наводи се

неосновани и смета дека жалбата треба да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на

жалбената постапка ги изведе писмените докази и тоа: жалбата, писмениот

одговор на жалбата доставен од страна на договорниот орган, одлуката за

јавна набавка, тендерската документација, огласот, записникот од

отворањето на понудите, понудите на жалителот, избраниот и другите

учесници во постапката, извештајот од спроведена постапка, одлуката за

избор на најповолна понуда, како и останатата документација приложена

во предметот, при што врз основа на член 220 став (1) алинеја 4 од Законот

за јавните набавки најде:

Жалбата е дозволена, навремена и изјавена од овластен

подносител.

Жалбaта е неоснована.

Од увидот во доставените списи на предметот и испитувајќи ги

жалбените наводи, Државната комисија за жалби по јавни набавки ја

утврди следната фактичка состојба:

Договорниот орган АД за стопанисување со деловен простор во

државна сопственост, спровел постапка по Огласот за доделување на

договор за јавна набавка со Отворена постапка бр.02/2016 за набавка на

услуги – процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува

друштвото, за што претходно била донесена Одлука за јавна набавка бр.05-

461/3 од 12.02.2016 година. Постапката за јавна набавка била објавена на

ЕСЈН на Бирото за јавни набавки и во меѓународно гласило на Европската

унија. Набавката била неделива, а договорниот орган во тендерската

документација и огласот предвидел дека како критериум за избор ќе се

користи најниска цена, постапката ќе се спроведе во хартиена форма и ќе

заврши со спроведување на електронска аукција. Од понудувачите било

побарано да достават Изјава за независна понуда и Изјава за сериозност.

До крајниот рок за поднесување на понудите 28.03.2016 година,

пристигнале вкупно 16 (шеснаесет) понуди, за што бил составен Записник од

отворањето на понудите бр.05-461/5 од 06.04.2016 година. Комисијата за

јавни набавки на договорниот орган изготвила Извештај од спроведена

Page 72: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

3/8

постапка пред поднесување на конечна цена бр.05-461/17 од 27.06.2016

година во кој ги утврдила прифатливите односно неприфатливите понуди,

по што единствениот прифатлив понудувач „СИНОПСИС“ ДООЕЛ Скопје

бил поканет да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во изготвениот Извештај

од спроведена постапка по поднесување на конечна цена бр.05-461/34 од

01.07.2016 година, комисијата дала предлог за избор на најповолна понуда.

Договорниот орган на 12.07.2016 година донел Одлука за измена и дополна

на планот за јавни набавки на АД за стопанисување со деловен простор во

државна сопственост - Скопје за 2016 година со која извршил измена на

проценетата вредност на јавната набавка. Воедно, на 13.07.2016 година

донел Одлука за измена на Одлуката за јавна набавка бр.05-41/3 од

12.02.2016 година за Процена на вредноста на деловен простор со кој

стопанисува друштвото. Врз основа на предлогот даден во извештајот од

спроведена постапка, одговорното лице на договорниот орган донел Одлука

за избор на најповолна понуда бр.05-461/37 од 13.07.2016 година со која за

најповолна понуда ја избрал понудата на понудувачот „СИНОПСИС“ ДООЕЛ

Скопје.

Незадоволен од Одлуката за избор на најповолна бр.05-461/37 од

13.07.2016 година, жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки

изјави економскиот оператор „ДОМ ДИЗАЈН“ ДОО Скопје.

Постапувајќи по жалбата и жалбените наводи, Државната комисија

го утврди следното:

Жалителот во жалбата наведува дека останал незадоволен од

донесената одлука за избор на најповолна понуда и смета дека се

сторени битни пропусти кои се однесуваат на евалуацијата на понудите.

Жалителот истакнува дека договорниот орган сторил битна повреда на

материјалното право од Законот за јавните набавки изготвувајќи

Известување 05-461/26 од 28.06.2016 година, во кое било наведено дека

жалителот не бил квалификуван за учество на електронската аукција

како последна фаза во оваа постапка, со образложение дека во листата

со поединечни цени, на повеќе места имал понудено една заедничка

цена за висината на наградата за извршена проценка за повеќе објекти,

а не за секој деловен објект посебно, што не било во согласност со

Правилникот за начинот на пресметување на наградата за извршена

работа и надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на

процена на недвижен имот, односно понудените цени не

соодветствувале на пропишаните цени по видови на недвижен имот во

горе наведениот Правилник. Договорниот орган постапил спротивно на

Page 73: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

4/8

член 2 од Законот за јавните набавки смета жалителот, односно

договорниот орган не доставил доволно прецизни информации во

тендерската документација во која не дал целосни и точки информации

како што се барало во Законот за јавните набавки и економските

оператори ги довел во заблуда. Имено, жалбените наводи се однесуваат

на точка 1.3.1 од тендерската документација - Предмет на договорот за

јавна набавка е набавка на услуга – „Процена на вредноста на деловен

простор со кој стопанисува Друштвото. Подетален опис на предметот на

набавката: Процена на вредноста на деловен простор со кој стопанисува

Друштвото, согласно член 4 од Законот за процена (Службен весник на

РМ бр. 115/10,158/11,185/11,64/12,188/14,153/15 и 192/15) се врши на начин

пропишан со методологија, правила и стандарди за процена кои ги

вклучуваат Европски стандарди за проценување на вредноста - ТЕГОВА

и Меѓународни стандарди за проценување на вредноста - ИВСЦ како и

други закони со кои се регулира проценувањето на вредноста на

различни форми на сопственост и прописите донесени врз основа на

нив. Проценувачот е должен процената да ја достави до нарачателот на

процената во согласност со условите и роковите договорени од страна на

нарачателот и проценителот. Проценувачот треба, во електронска

форма, да достави слика за секој проценет деловен објект, како и

Извештај - пресметка за проценетата вредност за секој деловен објект

поединечно. Процената важи една година сметано од денот на

поднесувањето на извештајот за извршена процена.“. Понатаму, во врска

со наводите дека „ДОМ ДИЗАЈН“ ДОО Скопје не е квалификуван за

учество на електронската аукција со образложение дека во листата со

поединечни цени, на повеќе места имал понудено една заедничка цена

за висината на наградата за извршена проценка за повеќе објекти, а не

за секој деловен објект посебно, што не е во согласност со Правилникот

за начинот на пресметување на наградата за извршена работа и

надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на процена на

недвижен имот, односно понудените цени не содејствувале на

пропишаните цени по видови на недвижен имот од Правилникот,

жалителот смета дека се неосновани од причина што во Законот за

процени и Правилникот за начинот на пресметување на наградата за

извршена работа и надоместокот за реално потребните трошоци за

вршење на процена на недвижен имот, не постоела законска одредба за

неможност да се понуди една заедничка цена за висината на наплатата

за извршена проценка за повеќе објекти, а не за секој деловен објект

посебно, кога станувало збор за објекти кои се на иста КП, иста КО и на

ист ИЛ. Жалителот истакнува дека во целост постапил согласно со

Правилникот за начинот на пресметување на наградата за извршена

Page 74: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

5/8

работа и надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на

процена на недвижен имот. Имено, жалителот на повеќе места имал

понудено една заедничка цена за висината на наградата за извршена

проценка за повеќе објекти, а на повеќе места за секој деловен објект

посебно, во зависност од тоа дали објектот се наоѓа на иста КП, КО и ИЛ

самостојно или со други објекти. Поради се наведено, жалителот ѝ

предлага на Државната комисија за жалби по јавни набавки да донесе

решение со кое ќе ја поништи Одлуката бр.05-461/37 од 13.07.2016 година

на договорниот орган и ќе ја врати постапката во фаза на повторна

евалуација.

Во писмениот одговор на жалбата договорниот орган наведува

дека жалбата е неоснована. Имено, сите наведени забелешки на

жалителот во врска со тендерската документација, односно

спецификацијата која е составен дел на тендерската документација не

треба да се земат предвид од причини што жалителот ги пропуштил

роковите за жалба во однос на забелешки поврзани со тендерската

документација, а согласно член 216 став 2 алинеја 2 и 3 од Законот за

јавните набавки. Договорниот орган истакнува дека финансиската

понуда на жалителот „ДОМ ДИЗАЈН“ ДОО - Скопје не е во согласност со

Правилникот за начинот на пресметување на наградата за извршена

работа и надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на

процена на недвижен имот (Службен весник на РМ бр.99/13 од 12.07.2013

година) од причини наведени во Известувањето бр.05-461/26 од

28.06.2016 година доставено до жалителот. Жалителот во својата понуда,

односно во листата со поединечни цени, на повеќе места имал понудено

една заедничка цена за висината на наградата за извршена процена за

повеќе објекти заедно, а не за секој деловен објект поединечно, а што е

во спротивност со Правилникот. Договорниот орган напомнува дека

целта на јавната набавка е да се прави проценка на деловните објекти со

кои стопанисува Акционерското друштво со цел продажба на деловните

објекти согласно планот на Владата на Република Македонија. Поради

тоа, потребно е да се добие цена за проценка за секој деловен објект

посебно затоа што ако се дава групна цена за повеќе објекти заедно,

нема да се знае по која цена ќе треба да се фактурира услугата ако

Владата на Република Македонија донесе одлука да се продаде само

еден или два објекта од неколкуте за кои во понудата на економскиот

оператор - жалител е дадена заедничка цена. Поради тоа, договорниот

орган мора да ги почитува регулираните цени за поединечните видови

на деловни објекти наведени во предметниот Правилник, со максимално

дозволениот попуст од 20% за висината на наградата, согласно член 3 од

Page 75: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

6/8

Правилникот, или пак зголемени за надоместокот за реално потребните

трошоци за вршење на процената наведени во член 4 од истиот

Правилник. Понатаму, договорниот орган укажува дека Комисијата за

јавни набавки ги проверувала сите поединечни ставки од доставените

понуди на секој економски оператор дали се во согласност со

Правилникот за начинот на пресметување на наградата за извршена

работа и надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на

процена на недвижен имот (Службен весник на РМ бр.99/13 од 12.07.2013

година) и ги известил сите економски оператори кои не биле

квалификувани за учество на електронската аукција, при што во секое

посебно известување прецизно ги навел причините за

неквалификуваноста, односно позициите во листата со поединечни цени

кои не одговарале на горенаведениот Правилник. Договорниот орган

предлага жалбата да се одбие како неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки постапувајќи по

жалбата како и по службена должност согласно член 211 од Законот за

јавните набавки, а врз основа на сите приложени писмени докази во

предметот за спроведената постапка за доделување договор за јавна

набавка, утврди дека жалбата на економскиот оператор „ДОМ ДИЗАЈН“

ДОО Скопје e неоснована.

Државната комисија за жалби по јавни набавки не го прифати

жалбениот навод според кој договорниот орган сторил битни пропусти кои

се однесуваат на евалуација на понудите и дека тендерката документација

била спротивна на Законот за јавните набавки. Имено, Државната комисија

за жалби по јавни набавки утврди дека во постапката на евалуација

понудата на жалителот била отфрлена како неприфатлива од страна на

договорниот орган бидејќи доставил понуда која во финансискиот дел не е

во согласност со самиот образец на понуда. Видно од оригиналната понуда

на жалителот, односно во листата со поединечни цени во образецот на

понудата, на повеќе места има понудено една заедничка цена за висината

на наградата за извршена процена за повеќе објекти заедно, а не за секој

деловен објект поединечно, како што е барано во тендерската

документација и предвидено во согласност со Правилникот за начинот на

пресметување на наградата за извршена работа и надоместокот за реално

потребните трошоци за вршење на процена на недвижен имот (Службен

весник на РМ бр.99/13 од 12.07.2013 година). Во однос на жалбениот навод

дека тендерската документација е спротивна на Законот за јавните

набавки, Државната комисија за жалби по јавни набавки утврди дека

истиот е задоцнет согласно член 216 став 1 алинеја 3 и став 5 од Законот за

Page 76: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

7/8

јавните набавки. Државната комисија за жалби по јавни набавки

постапувајќи по службена должност согласно член 211, а во врска со член

210 на Законот за јавните набавки не утврди повреди според кои

изготвената тендерска документација е спротивна на Законот за јавните

набавки.

Имајќи го предвид горенаведеното, Државната комисија за жалби по

јавни набавки одлучи како во диспозитивот на решението.

Согласно член 3 став 1 точка 11, 12, 24 и 25 од Законот за јавните

набавки: 11. „Тендерска документација“ е збир на документи, информации и

услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување

на пријавата за учество, односно понудата; 12. „Техничка спецификација“ е

збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално

се дефинираат минималните барања од технички аспект кои стоките,

услугите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги

задоволат; 24. „Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во

утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите

барања од тендерската документација и техничките спецификации и

одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за

способноста на понудувачите, и 25. „Соодветна понуда“ е прифатлива

понуда која е во рамките на износот што го утврдил договорниот орган со

одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со

членот 28 став (4) од овој закон.

Во согласност со член 32 став 1 од Законот за јавните набавки: (1)

Договорниот орган е должен во тендерската документација да ги наведе

барањата, условите, критериумите и други неопходни информации, со цел

да му обезбеди на економскиот оператор целосни, точни и прецизни

информации во врска со начинот на спроведување на постапката за

доделување на договор за јавна набавка.

Согласно член 140 став 7 и 8 од Законот за јавните набавки: (7)

Неприфатливите понуди комисијата нема да ги евалуира. (8) Евалуацијата

на понудите се врши исклучиво во согласност со критериумите наведени во

тендерската документација и објавени во огласот за доделување на

договорот за јавна набавка.

Во член 211 од Законот за јавните набавки е наведено: „Во постапката

за правна заштита Државната комисија постапува во границите на

Page 77: Р Е Ш Е Н И Е 1. Жалбата СЕ ОДБИВА КАКО ......2016/08/04  · 1/9 Државната комисија за жалби по јавни набавки во

8/8

жалбените наводи, а по службена должност и во поглед на битните повреди

пропишани во член 210 од овој закон“.

Во согласност со член 216 став 2 алинеја 3 и 5 од Законот за јавните

набавки: (2) Жалбата се изјавува во рок од осум дена односно три дена кај

постапката со барање за прибирање на понуди од денот на: отворањето на

понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија

поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето

на понудите, и став (5) Економскиот оператор кој пропуштил да изјави

жалба во однос на одредбите од ставот (2) на овој член, нема право на жалба

во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.

Со оглед на фактот што жалителот не успеал во жалбената постапка,

трошоците на постапката за правна заштита нема да му бидат вратени,

согласно со член 228 став (2) од Законот за јавните набавки.

Од причини погоре изложени, се донесе Решение како во

диспозитивот.

Упатство за правно средство: Согласно член 230 од Законот за јавните набавки и член 20 од

Законот за управните спорови, против ова решение незадоволната странка може да поднесе

тужба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 30 од денот на приемот на решението.

Бр.08-440/7

04.08.2016 год.

С к о п ј е

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ,

М-р Мишо Василевски

Доставено до:

- Архива,

- АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост ул. „Стале Попов“ бр.9

мезанин/локал 5 Скопје

- Адвокат Даниела Михајловска ул. „Боро Петрушевски“ бр.23/1-2 Скопје