докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација...

14
2016-2017 ДОКТОРСКА ПРОГРАМА

Transcript of докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација...

Page 1: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

2016-2017

ДОКТОРСКА ПРОГРАМА

Page 2: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ | ДОКТОРСКА ПРОГРАМА

На Универзитетот Американ Колеџ Скопје никогаш не се задоволуваме со тековното знаење и практика. Ако вашата амбиција е да го унапредите постојното знаење во која било сфера од економијата, бизнисот и правото, тогаш нема да најдете подобро образование од тоа на УАКС.

Нашата докторска програма има неколку важни предности.Фокусот врз истражувачката работа почнува од првиот ден на докторските студии. Имаме активни професори-истражувачи, кои постојано го унапредуваат своето знаење,наградувани се за своите истражувања и редовно публикуваат во меѓународни рамки. Нашиот докторски курикулум е дизајниран да ви овозможи надминување на границите од поединечните дисциплини. УАКС промовира колаборативна култура на дебата, постојана потрагапо нешто ново и критичко размислување.

Проф. д-р Марјан ПетрескиПроректор за научно-истражувачка работа

Page 3: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

03

Содржина

ОПШТ ПРЕГЛЕД НА ДОКТОРСКАТА ПРОГРАМА

УСЛОВИ НА СТУДИРАЊЕ

СТРУКТУРА НА ДОКТОРСКИТЕ ПРОГРАМИ

ДОКТОР ПО ЕКОНОМИЈА

ДОКТОР ПО БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА ДОКТОР ПО ПРАВО

AКРЕДИТИРАНИ МЕНТОРИ НА ДОКТОРСКИ СТУДЕНТИ

ОСТАНАТИ ПРОФЕСОРИ НА ДОКТОРСКИ СТУДЕНТИ

КАРИЕРА И РАЗВОЈ

УПИСИ И ШКОЛАРИНА

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

Page 4: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

Општ преглед на докторската програма

04

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ | ДОКТОРСКА ПРОГРАМА

1. Сè за истражување

Докторската програма на УАКС става посебен акцент врз оригиналноста на истражувањата. Како наш докторски студент, ќе можете да се фокусирате на вашите истражувачки интереси уште од првиот ден. Преку внимателно дизајнирани модули и интеракција со професорите и менторите, ќе развиете способност за критичко размислување и независна работа, како и капацитет за ефективно и креативно идентификување, анализа и решавање на проблеми.

2. Форум на идеи

Наместо строга хиерархија, во нашата истражувачка средина се негува духот на соработка. Без оглед дали идејата доаѓа од студент или професор, за неа секој може да дискутира, да ја продлабочи и развие. Така, кај нас напредуваат идеите. Ги тестираме теориите што ги обликуваат економските законитости и бизнис практиките. Нудиме интерактивни форуми и конференции на кои студентите предлагаат истражување, презентираат истражувачки наоди и резултати, дебатираат и ја рафини-раат својата мисла. Како докторски студент ќе учествувате на докторска мини-конференција на крајот од третиот семестар, како и на најмалку една меѓународна конференција за време на вашите студии. Во третиот семестар, ќе поминете најмалку една работна недела на истражувачки престој на странски универзитет, со кој УАКС соработува преку програмата Еразмус+ или преку други поединечни и билатерални програми.

3. Во училница

Во нашата истражувачко-едукативна средина се застапени дисциплините што се во основата на бизнисот: економија, менаџмент, маркетинг, бизнис информациски системи, право и статистика.

Во текот на наставата, ќе може да следите часови од реномирани професори, кои своето образование го стекнале во странство. Тие доаѓаат од УАКС, но и надвор од универзитетот – од практиката. Наставата е интерактивна и става акцент врз владеењето на темелните знаења, наместо меморизирање и повторување, а со цел да се спроведе квалитетно истражување што ќе ги помести границите на она што веќе го знаеме. Ќе учите во средина што нуди можности и алатки кои ви помагаат да ги следи вашите идеи, без оглед каде тие ќе ве одведат.

4. Интелектуална заедница

УАКС охрабрува интеракција и соработка како во рамки на секоја дисциплина, така и интердисциплинарно. Нашите канцеларии се интегрирани физички, без оглед кој на која дисциплина и припаѓа, а како докторски студент ќе можете да го користите истиот работен простор. Покрај тоа, ќе имате лесен пристап до гледиштата од целиот бизнис спектрум, како и од блиска, но сепак различна група колеги, кои ќе ви даваат инспирација и поддршка.

5. Реномирани професори

Професорите на УАКС се познати по истражување на феномени во транзициските економии и по публикување трудови во проминентни меѓународни списанија. Тие редовно добиваат награди за најдобро истражување, а нивните резултати и мислења се цитираат во домашни и регионални медиуми. Но, пред сè, како докторски студент, ќе можете да се потпрете на нивната извонредна пристапност, ентузијазам и посветеност на наставно-научната работа. Нашите професори избираат да предаваат на УАКС бидејќи знаат дека можат да очекуваат извонредни студенти, кои бараат предизвик, прашуваат и отвораат нови видици за време на предавањата и во своите истражувања.

`

Page 5: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

Услови на студирање

За да ја завршите докторската програма, потребно е да изберете една од следните дисертациски области, односно докторски програми:

• Економија• Бизнис администрација• Право

За секоја дисертациска област предвидени се различни курикулуми, потребно предзнаење и општи услови за испитување на знаењето.

Секој член на УАКС може да биде ментор во најмногу две дисертациски области, според план што ќе го добиете при уписот. Менторот ќе ви помага да ја испланирате својата тригодишна програма на студирање и ќе ве следи и советува за сите аспекти на вашето докторско истражување. Иако секоја програма има свои специфики, сите докторски студенти треба:

• да ги завршат трите општи модули• да ги завршат трите тематски модули• да подготват предлог-истражување• да остварат истражувачки престој во странство најмалку од една недела• да учествуваат на докторската мини-конференција на УАКС• да учествуваат најмалку на една меѓународна конференција• да напишат најмалку два истражувачки труда што ќе се квалификуваат за публикување во меѓународно

списание.

На следните страници, најпрво ќе ви го претставиме општиот курикулум за сите докторски програми, а потоа следува опис на секоја докторска програма поединечно.

05

АКАДЕМИЈА

Page 6: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

Структура на докторските програми

Докторските програми ве водат низ сите фази на научното истражување. По нивното завршување, се очекува да бидете активен член на истражувачката заедница. Истовремено, докторските програми се во согласност со прописите на Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Структурата на докторските програми е прикажана на следниот шематски приказ.

06

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ | ДОКТОРСКА ПРОГРАМА

Активност Цел

1

Општи модули

Семестар

Целта на овој семестар е да ве воведе во научно-истражувачката работа, преку внимателно избрана рамка од теми како академско пишување и референцирање; методологии, методи и техники; работа со податоци; квалитативни методи; и користење на информатички технологии за истражувачки цели.

2 Тематски модулиЦелта на овој семестар е да ви понуди избрани теми за проучување во дадено подрачје и дискусии за тековни прашања во областа, кои ќе ве мотивираат за вашето докторско истражување.

3

Подготовка на предлог истражување

Истражувачки престој

Целта на овој семестар е да ве воведе во подготовката на докторското истражување и да почне да ја гради вашата мрежа на истражувачки контакти. Предлогот за докторско истражување ќе ги развие вашите вештини за изложување на вашата идеја на кохерентен начин, а истражувачкиот престој во надворешна институција ќе ви помогне да се вмрежите и со своето истражување да се позиционирате во фелата.

4

Докторско истражување

Докторска мини-конференција

Целта на овој семестар е да се фокусирате на работа врз докторското истражување, како и да направите интерна презентација пред наставно-менторскиот кадар и колегите докторанди.

5

Докторско истражување

Меѓународна конференција

Целта на овој семестар е да го напишете првиот научен труд што ќе се квалификува за презентација на меѓународна конференција и за публикација во меѓународно списание. Преку работата на докторскиот труд, целта е понатаму да се вмрежите во истражувачката фела и да почнете да градите позначајни меѓународни истражувачки контакти.

6Докторско истражување

Јавна одбрана

Целта на овој семестар е пишување на вториот труд врз основа на докторското истражување, кој ќе се квалификува за публикација во меѓународно списание. Целта е семестарот да се заврши со јавна одбрана на вашата докторска теза.

Модул Наставник

DOCT 7001 Методологија на научно-истражувачка работа–докторско ниво Д-р Никица Мојсоска-Блажевски

Изборни

предмети

(се избира еден)

DOCT 7002

Анализа на податоци

Д-р Марјан Петрески

DOCT 7003 Квалитативни истражувања и студии на случај Д-р Иван Додовски

DOCT 7004 Информатичка технологија и истражување Д-р Адријан Божиновски

Општи модули во првиот семестар, кои важат за секоја докторска програма, се следните:Код

Page 7: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

Доктор по економија

Докторските студии по економија ќе ви ја претстават економијата како квантитативна наука. Од тој аспект, тие се единствени од таков вид во Македонија. Како доктор по економија од оваа програма, вие ќе може да спроведете оригинално истражување и ќе бидете вешт моделар на економските процеси во домашната, регионалната и глобалната економија.

Оваа програма е наменета за кандидати што имаат интерес за економска анализа базирана на статистичко-економетриски алатки. Тоа вклучува магистри по економија и финансии, математика и инженерство, како и вработени во сектори за економски и финансиски анализи: централни банки, економски министерства, банки и други финансиски институции, корпорации и претставништва на меѓународните финансиски институции.

Координатор на програматаД-р Марјан Петрески[email protected]

Единствена програма што нуди квантитативна економска и финансиска анализа

Професори со сертификат за менторирање од Универзитетот Стафордшир

Можност за студиски престој на универзитет или во централна банка

Модул Наставник

DECO 7110 Макроекономија: докторска теорија и практика Д-р Томе НеновскиД-р Марјан Петрески

Изборни предмети (се избираат 2)

DECO 7210 Напредна економетрија Д-р Марјан Петрески Д-р Бранимир Јовановиќ

DECO 7211 Микроекономија на иновации и конкурентност Д-р Никица Мојсоска-Блажевски

DECO 7212 Финансиска анализа Д-р Драгољуб Арсовски

DECO 7213 Менаџмент на банкарски ризици и стрес тест Д-р Евица Делова-Јолевска

DECO 7214 Меѓународни пари и финансии Д-р Игор Величковски

Тематски модули за оваа програма се следни:

07

АКАДЕМИЈА

Код

Page 8: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

08

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ | ДОКТОРСКА ПРОГРАМА

Доктор по бизнис администрација

Докторските студии по бизнис администрација ќе ви овозможат да бидете предводници на деловно размислување за организацијата, маркетингот и финансиите. Со оригинално истражување, ќе имате можност да разгледувате теми како реструктуирање и промена, разбирање на операциските процеси и развивање стратегии за успешни бизнис операции.

Оваа програма е наменета за кандидати што имаат деловен бекграунд, што вклучува магистри по менаџмент, маркетинг, операции, економија и финансии, како и главни и средни менаџери во фирми и компании од сите големини и индустрии, од мали семејни бизниси до големи корпорации.

Прва ДБА програма во Македонија!

Целосно заснована на Харварскиот метод на студии на случај, за кој се обучени нашите професори

Можност за студиски престој во бизнис окружување

Модул Наставник

DDBA 7110 Организациско лидерство: докторска теорија и практика Д-р Марјан Бојаџиев

Изборни предмети (се избираат 2)

DDBA 7210 Бизнис стратегија и иновации за конкурентска предност

Д-р Снежана Христова

DDBA 7211 Маркетинг: стратегиски иновации во глобално диверзифициран свет Д-р Илијана Петровска

DDBA 7212 Управување со деловни процеси Д-р Филип Ивановски

Тематски модули за оваа програма се следни:

Координатор на програматаД-р Снежана Христова

[email protected]

Код

Page 9: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

09

АКАДЕМИЈА

Доктор по право

Докторските студии по право (правни науки) ќе ви понудат теоретско знаење и вештини за успешна кариера вo сферата на правото и правните науки. Преку оваа програма ќе стекнете способност за критичка анализа, оценување и синтеза на постојната правна регулатива од различни области. Исто така, ќе имате можност да се вклучите и дадете придонес во истражувачки мрежи и научни проекти и да стекнете вештини за продлабочена анализа на правото и решавање правни проблеми.

Оваа програма е наменета за кандидати што имаат интерес за продлабочување на своите познавања и образование од областа на правото. Тоа вклучува, пред сè, магистри по право, бизнис, менаџмент и економија, како и судии и професионалци од различни нивоа на судскиот систем, адвокати, нотари, извршители и други правници и професионалци од големи компании.

Координатори на програматаД-р Зоран Михајлоски • [email protected]Д-р Марко Андонов • [email protected]

Единствена програма што комбинира истражување и правна практика

Курикулум што обединува различни домени на правото

Можност за вклучување во истражувачки мрежи и проекти

Модул Наставник

DLAW 7110 Напредно компаниско право Д-р Марко Андонов

Изборни предмети (се избираат 2)

DLAW 7210 Трудово право и социјално осигурување–докторско ниво

Д-р Зоран Михајлоски

DLAW 7211 Теории на казненото право Д-р Душко Стојановски

DLAW 7212 Основни теории на граѓанското субјективно право Д-р Кимо Чавдар

DLAW 7213 Меѓународно еколошко право Д-р Зоран Шапуриќ

Тематски модули за оваа програма се следни:Код

Page 10: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ | ДОКТОРСКА ПРОГРАМА

10

Aкредитирани ментори на докторски студенти

ДОКТОРСКА ПРОГРАМА ПО ЕКОНОМИЈА

Проф. д-р Никица Мојсоска-БлажевскиПрофесор по економија на трудот. Добитник на Награда за најдобар труд во макроеко-

номијата од Народна банка на Република Македонија.

Проф. д-р Томе НеновскиПрофесор по макроекономија. Добитник на државната награда „23 Октомври“ и

поранешен вицегувернер на Народна банка на Република Македонија.

Проф. д-р Драгољуб АрсовскиПрофесор по банкарство. Генерален директор на ТТК Банка АД Скопје.

Проф. д-р Нинко КостовскиПрофесор по менаџмент. Активен тренер и консултант во големи компании.

Проф. д-р Евица Делова-ЈолевскаПрофесор по банкарство. Генерален директор на вонтеренска супервизија при

Народна банка на Република Македонија.

Проф. д-р Анета КрстевскаПрофесор по макроекономија и банкарство. Главен економист на Народната банка на Република

Македонија.

Проф. д-р Богољуб ЈанкоскиПрофесор по монетарно-финансиски прашања. Шеф на кабинетот на Гувернерот на Народната банка

на Република Македонија.

ДОКТОРСКА ПРОГРАМА ПО БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА

Проф. д-р Марјан БојаџиевПрофесор по организациско однесување. Поранешен директор на компании во финансискиот

сектор и добитник на наградата „Професор на годината“ за регионот 8, доделена од Американскиот совет за акре-дитација на бизнис-школи и програми (ACBSP).

Проф. д-р Никица Мојсоска-БлажевскиПрофесор по економија на трудот.

Добитник на Награда за најдобар труд во макроеко-номијата од Народна банка на Република Македонија.

Проф. д-р Нинко КостовскиПрофесор по менаџмент.

Активен тренер и консултант во големи компании.

ДОКТОРСКА ПРОГРАМА ПО ПРАВО

Проф. д-р Зоран МихајлоскиПрофесор по трудово право.

Проф. д-р Марко АндоновПрофесор по деловно право. Предавач на Академијата за судии и обвинители.

Page 11: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

11

СВЕТ НА МОЖНОСТИ

Останати професори на докторски студенти

Проф. д-р Марјан ПетрескиПрофесор по применета макроекономија. Добитник на Јапонската награда за исклучително

истражување за развој во 2013 година.

Проф. д-р Ана Томовска-МисоскаПрофесор по организациско однесување. Истакнат истражувач на прашања во психологијата и

управувањето со човековите ресурси.

Проф. д-р Миодрага Стефановска-ПетковскаПрофесор по организациско однесување. Истакнат истражувач на прашања во областа на

организациски промени и здравствени ефекти.

Проф. д-р Илијана ПетровскаПрофесор по маркетинг. Поранешен директор на маркетинг сектор во

Стопанска банка АД Скопје.

Проф. д-р Игор ВеличковскиПрофесор по применета макроекономија. Добитник на наградата „Д-р Драгослав Аврамо-

виќ“ и директор на дирекција во Народна банка на Република Македонија.

Доц. д-р Бранимир ЈовановиќПрофесор по економетрија. Истражувач при Институтот за општествени и

хуманистички науки – Скопје.

Проф. д-р Зоран ШапуриќПрофесор по еколошко право. Поранешен министер за животна средина.

Page 12: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

УАКС е докажана средина за истражувачи. Капацитетот на нашите дипломци и магистранти за слободно и креативно размислување и нивната аналитичка способност да спроведат оригинално и иновативно истражување се широко препознаени од водечки институции во земјата и странство. Во последните пет години, дипломците и магистрантите од УАКС зазедоа значајни позиции во врвни организации:

Дојче банка, Јоханесбург, Јужна АфрикаНЛБ Банка АД, СкопјеСтопанска банка АД, СкопјеШпаркасе банка Македонија АД, СкопјеПивара Скопје АД, Скопје Алкалоид АД,СкопјеKPMG, СкопјеЦементарница УСЈЕ АД, СкопјеЕВН МакедонијаТАВ – Аеродром СкопјеПортлајн МакедонијаBTA МакедонијаОне.Вип ДОО СкопјеМакедонски Телеком АД-СкопјеДуна компјутери, СкопјеМајкрософт, МакедонијаЧуќиќ и Марков, адвокатска канцеларијаАдора инженеринг, Скопје

УАКС нуди и можности за научна надградба и меѓународно вмрежување. Во рамки на програмата за мобилност Еразмус+, докторските студенти можат да остварат истражувачки престој на некој од следните универзитети:

Staffordshire University, UK http://www.staffs.ac.uk/Universita di Foggia, Foggia, Italy http://www.unifg.it/Miguel Hernández University of Elche, Valencia, Spain http://en.umh.es/EDEM Escuela de Empresarios, Valencia, Spainhttp://www.edem.es/Inicio.aspxUniversidad a distancia de Madrid, Madrid, Spain http://www.udima.es/ESIC-Business and Marketing School, Malaga, Spainhttp://www.esic.edu/malaga/Gdansk Management College, Gdansk, Poland http://www.wsz.pl/Infrastructure and Management College, Warsaw, Poland http://www.wsiiz.pl/Polish Open University, Warsaw, Poland http://pou.pl/international/en/GEA College, Ljubljana, Slovenia http://www.gea-college.si/IBS International Business School, Ljubljana, Slovenia www.ibs.siPolitehnica University of Timisoara, Timisoara, Romaniahttp://www.upt.ro/english/Romanian American University, Bucuresti, Romaniahttp://www.rau.ro/index.php?newlang=englishEftimie Murgu University of Resita, Resita, Romania http://www.uem.roGazi University, Ankara, Turkey http://gazi.edu.tr/Aachen University of Applied Sciences, Aachen, Germany http://www.fh-aachen.de/en/

Како и престои на други универзитети, институти, централни банки, приватни компании и институции со кои УАКС има билатерална соработка или редовно распишуваат повици за гости-истражувачи.

Кариера и развој

12

УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ | ДОКТОРСКА ПРОГРАМА

Page 13: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

Уписи и школарина

Услови за упис

За секоја докторска програма постојат посебни услови пропишани со конкурсот за упис на докторски студии.

Аплицирање

За упис треба да се поднесе апликација, која можете да ја добиете на веб страната на УАКС или лично на УАКС. Апликацијата и сите придружни материјали се доставуваат до УАКС во рок што е предвиден со објавениот конкурс.

Школарина

Школарината за студирање на докторската програма е различна за секоја програма. УАКС нуди атрактивен пакет на попусти, што вклучува попуст за членовите на Деловниот совет на УАКС, попуст за кандидати од иста компанија/институција и семеен попуст.

СВЕТ НА МОЖНОСТИ

13

Page 14: докторски корекции 09-2016 - UACS · 2018. 4. 21. · презентација на меѓународна конференција и за публикација

„Веројатно нема друг универзитет во Македонија покрај Универзитетот Американ Колеџ Скопје каде што толку силно се поттикнуваат истражувања во општествените науки.“

Д-р Ел-Хаџ Бах, визитинг професор и истражувач

UACSkopjeUACS Skopje UACSkopjewww.uacs.edu.mk

Универзитет Американ Колеџ Скопје

Бул. Трета македонска бригада бр. 601000 Скопје, Р. Македонија

Телефон: + 389 (0) 2 2463 156; + 389 (0) 2 2463 159Е-пошта: [email protected]