Вовед во биомеханиката на џвакалниот систем

Post on 17-Jan-2016

95 views 0 download

description

Вовед во биомеханиката на џвакалниот систем. Prof. d-r Q. Guguv~evski. Вовед во биомеханиката на џвакалниот систем. - PowerPoint PPT Presentation

Transcript of Вовед во биомеханиката на џвакалниот систем

Вовед во биомеханикатана џвакалниот систем

Prof. d-r Q. Guguv~evski

Вовед во биомеханикатана џвакалниот систем

Биомеханиката на џвакалниот систем е посебен дел од стоматолошката протетика што се занимава со проучување на механичкиот карактер на функцијата џвакање и со биолошките својства на ткивата воџвакалниот систем. Основна цел на биомеханиката е изучување на био-лошките и физичките карактеристики на силата и ефектите што се јавуваат како резултат од мускулната контракција.

Вовед во биомеханикатана џвакалниот систем

Биомеханиката на џвакалниот систем се занимава и со проучување на мандибуларните движења како и нивното влијание врз ткивата во системот.

Проблемите во биомеханиката имаат важна улога во изработката на протетичките помагала.

Со правилната техничко-технолошка постапка при нивната изработка сепостигнува:

1. Рамнотежен сооднос меѓу функционално-механичкитевлијанија што се пренесуваат преку протетичката изработка и компензаторните биолошко-реактивни можностина ткивата во џвакалниот систем;

2. Оптимален рамнотежен сооднос меѓу протетичките рес-таврации, забните низи и меките ткива; и

3. Максимална стабилизација на реставрациите врз паро-донталните ткива и врз протезното поле.

Вовед во биомеханикатана џвакалниот систем

Gлавни фактори што допринесуваат во одржувањето на добра кондиција на џвакалниот систем кај човекот се однесуваат на магнитудата, правецот, фреквенцијата и должината на дејство на надворешните сили на кои е изложен системот.Правилната изработка на одредени протетички помагала во значителна мера допринесува кондобрата биомеханика на џвакалниот систем што од своја страна има силно влијание врз заштитата на ткивата што учествуваат во градба на овојсистем.

Вовед во биомеханикатана џвакалниот систем

Активниот физички фактор во механичкиот процес претставува џвакалната сила, која настанува како резултат од контракцијата на џвакалните мускули и движењата што ги изведува долната вилица. Оклузалните површини на горната и долната забна низа се соединуваат, па како резултат од тоа се формира процес на сили, односно се јавува џвакалната artikulacija.

Вовед во биомеханикатана џвакалниот систем

Основниот интерес во функцијата на џвакалниот систем се однесува на правилната оклузија, како една од фундаменталните појави во физиологијата на овој систем. Всушност, ќе бидат изнесени принципитена биомеханичкото инженерство, бидејќи џвакалниот систем може да се свати како механички систем, составен од структури и сили што дејствуваат врз него.

Masa na telata

Силата се дефинира како како причина да започне, да се промениили да престане движењето на одреден предмет

F = m . a

Ознаките во равенката се однесуваат: F е ознака за сила, m маса

на предметот и а забрзување

Тежината на телото или предметот претставува сила што дејству-ва кон земјиниот центар каде забрзувањето, е всушност, земјиното грави-

тационо поле

W = m . g Ознаките се: W тежина на предметот, m

масата на предметот и g земјиното гравитационо поле

Енергијата што сеослободува при контракцијатана мускулите ја движи долна-

та вилица и предизвикува поја-ва на притисок, како врз секал-ните рабови и оклузалните по-вршини, така и помеѓу забите.

Дијаграм на силите што дејствуваат врз блокот што мирува на површината од масата

Индивидуалните мускулни сили што дејствуваат врз долната вилица може да се прикажат со збирот на силите Fnet

Силата на предметот што тежи десет килограми може да се прикаже или како распределено или како точкесто оптоварување

Шематски приказ на различ-ни раце на ротација што се користат одразлични делови на слепоочниот мус-кул (заден, d1; преден d2) и урамноте-жена сила од оклузалното оптовару-

вање (d3)

Момент на сила

Моментот на сила или во физиката почесто користениот терминсила со тенденција да предизвика ротација се подразбира силата којашто дејствува врз предметот од одредено растојание.

Големина на силите

Покрај насоката, втората карактеристика на силите е нивната големина. Во биомеханиката, големината на силата што ја развива мускулотзависи од неговиот напречен пресек, конкретно од неговата дебелина. Познато е дека мускул што има површина од 1 sm2 напречен пресек може да развие максимална сила од околу 98 N1 , односно 10 kg.

Fs = Fm/L Ознаките во формулата се однесуваат на: Fs = специфична џва- кална сила, Fm = џвакална сила и L = должина на рамото на лостот

Стрес

σ = F/Z

Во формулата ознаките се однесуваат: σ = стрес (сигма), F = сила, Z = зона

Истегнување

ε = ΔL /L

Во формулата ознаките се: ε = истегнување (епсилон), ΔL = проме-

на во должината на предметот и L = почетната должина на предметот